You are on page 1of 2

Оплодување кај човекот

1. Сексуален однос

За да се оствари полов контакт потребно е пенисот да биде во ерекција. Пенисот


е изграден од сунѓерливо ткиво, кое има многу простори за крв, кои се релативно
празни кога органот е олабавен. Кога ќе се наполни со крв се зголемува и
зацврснува, што овозможува сексуален (полов) однос. Исфрлањето на семето во
родилниот канал на жената е наречен ејакулација.

2. Движење на спермата

Машкиот полов органи при односот испушта до 2 милиони сперматозоиди, кои


пливаат низ матката до јајцеводите кае што е јајце клетката. Од сите нив само
стотина преживуваат до крајната дестинација-јајце клетката. Исто така можат да
преживеат 2-3 дена во јајцеводите. Ако во јајцеводите има зрела јајце-клетка,
голем број спрематозоиди се насобираат околу неа. Користејќи ензими тие ја
раствораат обвивката околу јајце-клетката. Од пристутните само еден ќе навлезе
низ клеточната мембрана и ќе ја оплоди јајце-клетката.
3. Движење на јајце-клетката

За разлика од сперматозоидите, јајцце клетката тешко се движи, неа ја движат


трепчестите клетки на ѕидот на јацеводот. Тие се движат напред-назад и ја
туркаат јајце-клетката низ јајцеводот.

4. Оплодување (фертилизација)

При оплодувањето јадрата на сперматозоидот и јајце клетката се соединуваат и


се добива ополдна јајце-клетка или зигот. Соединувањето на машката и женската
полова клетка се врши на првата третина од јајцеводот. После неколку дена
зиготот се спушта во матката-вгнездување во матката и продолжува процес на
делење на клетките. Се формира ембрион кој после 11 недела од бременоста се
нарекува фетус и овој термин се употребува. Понекогаш наместо еден може да се
формираат два ембриони и да се добијат близнаци. Има две причини за тоа,
едната е кога зиготот ќе се подели на два идентични дела кои потоа
продолжуваат да се развиваат независно еден од друг во матката. Тие се
идентични и секогаш се од ист пол. Втората причина е кога како резултат на
созревање и овулација на две или повеќе јајце клетки истовремено. Ако бидат
ополдени, секоја од нив ќе даде ембрион што ќе се развие во фетус. Тие не се
идентични меѓу себе и да бидат од различен пол и да не личат помеѓу себе.

https://www.youtube.com/watch?
v=BFrVmDgh4v4&feature=emb_err_woyt&ab_channel=NucleusMedicalMedia

https://www.youtube.com/watch?v=nLmg4wSHdxQ&ab_channel=NucleusMedicalMedia

https://www.youtube.com/watch?v=mhmcTP_rz2M( 5 ka)

You might also like