You are on page 1of 2

Музика во среден век-После распаѓањето на римското царство 476, настапува нов

период кој ќе биде познат под името Среден век.Првата асоцијација на Среден век,
многу често е –мрачен век,големите преселби на народите,христијанска црква,војни и
болести,феудализам.Иако робовладетелското уредување завршува и се појавува
феудализот како уредување,нема огромна разлика во поделбата на
музиката.Повторно музиката е наменета за владеачката класа(феудалци и кметови)од
една страна, и музиката за многубројните широки народни
маси( селани)Времетраењето на средниот век е од 5 до 15 век,но средновековната
естетика се чувствува и по неговото официјално завршување.Барем во музиката,но ако
погледнеме пошироко и во другите сфери.Европската култура и цивилизација се
развиваат како дел од христијанската цивилизација.Христијанството е главна идеја и
сила и црквата настојува да привлече поголем број на верници така што религијата ја
вметнува низ сите сфери во секојдневниот живот-наука,техника ,обичен
живот,уметност.Во музиката се развиваат и негуваат два типа на музики1.Духовна
музика,за црквени потреби која се изведувала на латински јазик2. Световна
музика,музика која била наменета за народот/Духовна музикаКако што се намалувала
моќта на Римската империја,црквата станувала подоминантна во средновековното
општество.Манастирите,црквите станувале центри на богослужба но и на
музика.Свештените лица биле единствените луѓе што знаат да читаат и пишуваат па
затоа и сите формално образовани музичари биле свештеници.Музиката ја изведувале
мажи и момчиња и ја пееле на латински јазик.Музиката била едногласна а темите биле
црковни.Во официјалната музика било забрането да се употребуваат
танцот,пантомимата и музичките инструменти.Световна музика-Средновековната
световна музика ја изведувале луѓе што ја напуштиле школата или манастирот и
важеле за отпадници од воспитното кредо.Затоа биле сметани за луѓе од втор ред и
биле прогонувани од Црквата.Биле нарекувани патувачки театри.Тие,во своите настапи
ги употребувале сите елементи кои биле забрането во духовната музика-
танцот,пантомимата и музичките инструменти.Најчесто темите за кои пееле во своите
песни биле теми од секојдневен живот-балади,романси,љубовни песни,војнички,детски,
приспивни и друго.Статусот на патувачките театри донекаде се менува во 12 и 13 век
бидејќи биле прифатени како забавувачи на дворовите.Носители на овој тип на музика
биле:жонглери,скомрахи,шпилмани,трубадури и трувери.Најупотребуван инструмент
била лаутата, но се употребувале и други инструменти –хорна,труба,ударалки, sвонци
и слично.Појава и дефинирање на нотното писмоВо среден век се наметнала
потребата за прецизно запишување на црковните напеви.Постоеле знаци,црти, кои
отприлика ја покажувале висината и траењето на тоновите.Тие знаци биле наречени
НЕВМИ.Бидејќи овој начин на работа го усложнувал процесот на учење и
интерпретирање на музичките напеви во 9 век,Гвидо Аретински го дефинира нотното
писмо и тоновите од скалата.
 

You might also like