You are on page 1of 2

Фолклор

Во фолклор спаѓаат приказните, музиката, танцот, легендите, раскажаната историја,


хуморот, популарните верувања, обичаите, и сè она што го опфаќаат културата,
подкултурата и традицијата на одреден народ. Исто така, тоа претставува склоп на
обичаи преку кои овие изразни жанри се споделуваат. Академските и етнографските
студии на фолклорот се нарекуваат и фолклористика.

Зборот фолклор, за првпат бил употребен од англискиот антиквар Вилијам Томс, значи
folk - во превод од англиски народ и lore - знаење, мудрост, во едно писмо објавено од
лондонскиот весник Athenaeum во 1846 година[1]. Кога се употребуваат термините
фолклор и митологија ќе се забележи дека не постои некоја значителна разлика.

Фолклорна музика
Поимот народна музика потекнува од 19 век како термин за музички фолклор. Таа се
дефинира на неколку начини: музика пренесена усно, музика на пониските класи, музика
од непознат изведувач. Таа е спротивност на класичната и на комерцијалната музика. Кон
средината на 20-от век оваа музика била искористена за да опише еден вид на популарна
музика која е базирана на традиционална музика. Поджанри на оваа музика се : фолк
рок , електро фолк, фолк метал, и прогресив фолк музика.

Корените на фолк музиката


Мислењата на пренесувачите се разликуваат во поглед на корените на фолк музиката
поред некои ,таа е уметничка музика која е изменета и обезвреднета со усното
пренесување, а според други таа е одраз на карактерот на народот кој ја создава. Самиот
натпревар помеѓу индивидуалниот и колективниот збир на теории од една страна
поставува разлика меѓу разграничувањето и поврзаноста на фолк музиката со музиката
од племенските општества а од друга страна поставува разграничување и поврзаност на
фолк музката со уметничката музика.Традиционалните култури кои не се потпираат на
напишана музика или кои имаат помало општествено раслојување не можат лесно да се
категоризираат. Во изобилството на популарни музички жанрови, дел од музиката била
категоризирана како:

-светска музика (популарна музика насекаде во светот)

-стара изворна музика на еден народ

Многу е мала разликата помеѓу вистинскиот фолк и народните и популарни


песни,особено во Америка и Германија – на пример,славни писатели како Стивен Фостер
во Америка се поврзани со поимот фолк..Дефиницијата на Меѓународниот совет за фолк-
музика дозволува терминот фолк да се однесува на музика која потрекнува од конкретен
изведувач но со текот на времето се претворила во непишана традиција која живее во
рамките на едно општество. Но,овој поим не се однесува на песна, танц или мелодија
која била преземена како готова и не е воопшто променета.
Заживувањето на фолкот во Америка и Британија во периодот по Втората Светска Војна
му даде ново значење на овој збор. Фолкот почна да се гледа како музички стил, како
етничка антитеза на модерната и поп музиката, додека викторијанскиот поглед на
„фолкот“ секогаш бил полн со сомнежи.

Фолклористика е наука која се занимава со проучување на фолклорот. Што впрочем


влегува во фолклор е предмет на спор дури и во рамките на оваа дисциплина, но
воопштено може да се рече дека фолклорот се задржува на уметничкиот израз кој се
пренесуван во рамките на една група. Низ историјата, фолклорот се пренесувал усмено
(од колено на колено) во облик на приказни, сказни, митови и други народни умотворби,
или пак, како што е случај со материјалната култура, по пат на обичаи и традиции (на
пр. носии, предмети и сл.)

Научниците кои се занимаваат со фолклористика се нарекуваат фолклористи. Во


Западниот свет, во доцниот XIX и раниот XX век тие често се нарекувале „антиквари“
(„старинари“). Оние научници кои особено проучуваат митови се нарекуваат „митолози“.

You might also like