You are on page 1of 3

МУЗИКА

(Музи ( грч. Mousai) – божици заштитници на поезијата, уметноста и науката.


Имало девет музи ,ќерки на Зевс и Мнемозина , а нивен предводник бил богот
Аполон. Се верувало дека музите биле инспирација на сликарите, музичарите и
поетите, а зборот муза се користи во преносно значење за оној кој инспирира
уметност.)

Веќе предходно напоменавме дека музиката спаѓа во групата временски


уметности и претставува еден моќен јазик кој ни овозможува да се артикулираме
или поточно , да го кажеме поинаку она што го чувствуваме.Почнувајќи од
праисториските имитации на животните и магиските обреди и ритуали , до
специфичните ритми што ги збирале трупите за војна и ги престрашувале
непријателите.Малку време поминало од светите химни ,изведувани во големите
катедрали каде што се поклонувале на Бога, па се до поп музиката на стадионите
под диригентската палка на рок sвездите.
Ќе зборуваме за моќта на музиката и за една фасцинантна историја на музиката
која била неразделив дел од древната митологија,средновековната поезија и
религиозниот живот во среден век.Подоцна во 16 век, движењето на
Реформацијата ја потресло католичката црква до темел па сцената ја
припремило за еден великан –Јохан Себастијан Бах.
Ќе зборуваме и за моќта на просветителството во 17 век и неговата рефлексија
врз музиката гледано од аспект на тројцата музички великани Моцарт,Хајдн и а
најмногу од творештвото на Бетовен.Јазикот на музиката ќе го учиме/слушаме
заедно.
Во Античка Грција ,Платон ,еден од поважните филозофи од тоа време, запишал-
“Музиката му дава душа на универзумот ,крилја на умот,лет на имагинацијата и
шарм на животот за се ”

Многу векови подоцна, големиот композитор и лидер на својот бенд , Дјук


Елингтон го поставил можеби , најсуштинското прашање за музиката-
“Што ви значи Вам музиката? Што би биле вие без неа?”
Почетоци на музиката

Од кога почнува музиката ? Или можеби ,поважно е прашањето- зошто се


појавува музиката?
Овие две прашања долго време биле предизвик да се одговорат точно или
барем приближно точно.Имајќи предвид дека ,информациите за
минатото,историјата и со тоа и музиката, ги добиваме преку археологијата* и
етнографијата** ,може да кажеме дека овие добиени информации се
веродостојни бидејќи поминале научна анализа врз база на материјални
остатоци.Но одговорот на второто прашање засега ни е мистерија.Што мислел
праисторискиот човек или што чувствувал при создавањето на музиката?
Во средината на 19 век многу научници , музиколози и филозофи дебатираат
токму на погорепоставените прашања.

1.Херберт Спенсер тврдел дека музиката настанала како резултат на вишокот


енергија кај човекот
2.Чарлс Дарвин тврди дека музиката настанува како средство за привлекување
на спротивниот пол
3.Карл Бихер тврди дека музиката настанала во процесот на работа
4.Карл Штумф тврди дека музиката настанала како средство за комуникација
5.Најточната теорија за настанокот на музиката ја дал Жил Комбарје,кој тврди
дека музиката настанала во магиските обреди и ритуали.
Кај примитивниот човек, природни појави предизвикувале загрозување на
сопствениот живот, при што мислеле дека станува збор за невидливи моќни
суштества. Тој најпрво се плашел од нив, се трудел да им угоди, а подоцна и да
ги потчини. Во тие настојувања кај сите примитивни народи и племиња се
применуваат посебни ритуали како на пример цртање на песок, мешање на разни
напитоци, спалување, играње, но исто така и пеење. Свеста дека може да се
произведат такви тонови, друго живо суштество околу него не може, кај
примитивецот се создаваат посебни верувања со далекугледна цел на верувања.
Сите природни појави (дожд, ветер, грмотевица, сонце), човекот им ги
препишувал на натприродните сили. Да се заштити од нив изведувал примитивни
обреди, обраќајќи се на невидливи и моќни суштества со магична песна.
Магичната песна служела како за одбрана така и за напад, за повикување на
дожд, за сончево време, за припитомување на диви животни, за среќа во борба
со други племиња и др. Имајќи ја улогата на музиката во магиските ритуали, со
текот на времето во магиското пеење му се дава посебна важност за грижата на
ритуалната изведба, со еднакви динамички нијансирања.
Во магиските обреди и ритуали ,музиката се појавува заедно со другите
уметности,сликарството,танцот и пантомимата(зачеток на глумата како
уметност).Тој спој на повеќе уметности,во првобитната заедница, се вика
синкретизам.
4.Во магиските обреди и ритуали се користат и инструменти.Првиот инструмент
се човековите раце,како ударен инструмент,и човековиот глас како дувачки
инструмент.
5.Редоследно се појавуваат ударните,дувачките па на крај, жичаните
инструменти.Tие биле изработени од дрва,коски,трски,камења и се она што го
користеле во секојдневниот живот.

You might also like