You are on page 1of 1

Музиката кај старите цивилизации

Историски документи од овој период водат потекло 3-4 илјади години п.н.е. Податоци за
пракично музицирање не постојат.Сочувани се само слики,релјефи,цртежи на кои се
претставени пејачи и свирачи пронајдени во дворовите и гробниците на владителите.Музиката
се базирала на пентатонска скала и е монофона(едногласна).
Музиката во Египет
Mузиката ја користат за манифестации,обреди,гозби и погреби.
Ѕидовите на гробниците се пеполни со цртежи од музичкиот живот поединечно и групно
музицирање,танц со музичка придружба.
Музиката била свечена.
Музички инструменти кои се користеле:
Ударни ( Тапан,Чинели и Ѕвона)
Жичени (Eгипетска лира,египетска харфа, и лаута)
Дувачки (Флејти и двојни обои)
Музиката во Индија
Индиската музика има околу 3000 години стара традиција.
Духовната музика ја викале САМАН-СМИРЕНОСТ,а световната РАГА-ВОЗБУДЕНОСТ-
СТРАСНОСТ.
Познавале 28 скали со 6 и 7 тонови,а октавата ја делеле на 22 дела.
Ударни инструменти (тапани,ѕвона,кастанети)
Дувачки (Флејти,обоа,Гајда,Рогови)
Жичени (Вина,Ситар,Раванаста)
Музиката во Кина
Кинезите верувале дека музиката е родена во човековото срце.
Се употребувала пентатонска скала.
Ударни инструменти : Гонг,конг,там-там и Ѕвона
Дувачки инструменти : Панова флејта, Бамбусова флејта , Шенг (Комбинација од панова и
бамбусова флејта)
Жични инструменти: Пип и пипа
Древноеврејска музика
Вавилонците одредени песни и напеви ги посветувале на планетите и месечината.Музичарите се
наоѓале веднаш до боговите и царевите.
Користеле пентатонска и хроматска скала.
Цар Давид кој самиот бил музичар подигнал храм во кој е формирано првото музичко собрание
во X век п.н.е
Инструменти : Удиралки.кастанети,систрум,цитра,цимбало.
Музиката во древна Грзија
Под поимот музика Грците подразбирале единство на поезија и музика во еден глас.
Грците од истокот ја исполнувале музиката во тетрахорди.
Ги превзеле ориенталните музички инструменти и кај нив музиката има големо значење во
општеството.
Музиката во стариот Рим
Рим во културен поглед бил под големо грчко влијание.Градот бил преплавен со грчки и
александриски пејачи како и свирачи од многу народности.Публиката сакала концерти кои ги
изведувале професионални музичари.Римјаните први го покажале системот на седум уметности
во кои музиката била во група со геометрија,аритметика,и астрономија.

You might also like