You are on page 1of 1

ТРЗАЧКИ ИНСТРУМЕНТИ

Трзачки инструменти се они кај кои тонот се добивање со трзање по жиците на инструментот со
перце (трзалка) или со прсти.
Во трзачки инструменти спаѓаат: харфа, гитара и мандолина.

Харфа
Според историските податоци, харфата е најстар жичен инструмент. Денешната харфа датира од
XIX век. Има форма на тристрана рамка и е составена од следните делови: постамент, мост,
резонантно тело, врат, чивии, жици и педали. Харфата има од 46 до 48 жици со различна дебелина
на кои се свири со повлекување со прстите на двете раце. Некои жици се црвени или сини со што
се олеснува ориентацијата на изведувачот при свирењето.
Изведувачот свири во седечка положба, поптирајќи го инструментот на рамо и колено.
Првите харфи се користеле како инструменти за придружба, но со нивното усовршување
стануваат дел од оркестарот. Поради богатата колористична и лирска звучност, харфата наоѓа
примена во делата на Хендл, Моцарт, Вагнер, Берлиоз, Дебиси, Равел и други композитори.
Наша најпозната македонска харфистка е Мерсиха Шукри.

Гитара
Гитарата е многу распространет инструмент. Тонот кај гитарата се произведува со тргање на
жиците со прстите од десната рака или со перце (трзалка), а со левата се притискаат жиците кај
вратот.
Гитарата е составена од повеќе делови, а ќе издвоиме неколку поважни и тоа: труп, врат, глава,
кобилица, штимери и жици. Има 6 жици и се распоредени по следниот редослед:
Е(ми) А(ла) D(ре) G(сол) H(си) E (ми)
Гитарата е музички инструмент, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така
познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен
инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок музиката, со други зборови кажано, може да се сретне
во сите видови на музички жанрови.
Покрај акустичната гитара исто така популарна е и електричната гиттара.
Познати светски гитаристи се: Jimi Hendrix, Eric Clepton, B.B.King, Carlos Santana, Paco de Lucia
итн.
Најпознатиот македонски гитарист е Влатко Стефановски

Мандолина
Мандолината (мал бадем), е трзачки инструмент кој се појавил во XVI век во Италија. Популарен
инструмент во фолклорот на многу земји. Најголема примена има наполитанската мандолина со
четири дупли жици. (вкупно 8). Распоредот на жиците е ист како кај виолината G, D, A, E. Тонот
се добива со повлекување на двете жици одеднаш, со трзалка, со брзо движење на десната рака
нагоре-надоле.

Овој инструмент може да биде солистички, камерен и оркестарски. Освен во фолклорот, се


применува и во уметничката музика. Голема примена има во народните и во училишните
оркестри.

Најпознат мандолински оркестар во Македонија е оркестарот под раководство на Рамадан


Шукри

You might also like