You are on page 1of 4

Патогеност и вируленција

Токсини, адхезија, отпорност

Способноста на микроорганизмите да предизвикуваат заболувања се


дефинира како патогеност. Патогеноста е генетска особина која се
манифестира на разни начини. Голем број патогени микроорганизми
дејствуваат после физички контакт со домаќинот, додека пак други тоа дејство
го реализираат преку токсините кои ги излачуваат во разни супстанци (храна),
но услов е таа супстанца да достигне до човекот или животното. Некои
мироорганизми имаат способност да предизвикаат заболувања само кај
човекот (антропонози), некои за одделни видови животни (зоонози), а некои
пак се патогени најправо за животните, но патогеноста од нив може да се
пренесе кај човекот (антропозоонози).

Патогеноста е постојана и неменлива особина. За да се манифестира


патогеноста потребно е да се воспостави контакт со домаќинот, односно
микроорганизмите мора да дојдат до т.н. влезни места. Такви се : кожата,
слузокожата на дишните патишта, органите за варење и др. Исто така потребно
е да имаат способност да навлезат во домаќинот, да живеат во него да се
размножуваат, да се шират, да излачуваат отровни супстанци и др.

Способноста на организмот на човекот да се одбрани на разни начини од


патогеноста и вируленцијата на миркоорганизмите се вика отпорност или
резистенција. Непостоење на отпорност кон заболувањата се вика осетливост
или чувствителност на организмот на човекот.

Фактори на патогеност кај микроорганизмите

Патогената активност на микроорганизмите е овозможена од две групи


фактори:

- Фактори на инвазивност
- Фактори на токсичност

Фактори на инвазнивност се следните:

1. Фактори кои овозможуваат адхезија на површината на домаќинот,


односно овозможуваат прилепување на слузницата и на други површини
на домаќинот. Тие се сместени во фимбриите на бактериите.
2. Фактори кои го помагаат навлегувањето во ткивата. За да може
микроорганизмите да се разможува потребно е да навлезе во ткиввото.
(само мал број имаат способност да се размножат на површината на
слузницата). Овие фактори не се доволно познати.
3. Фактори кои ги инхибираат микробицидните супстанци на организмот на
домаќинот. Се смета дека дејството на микробицидните супстанци на
домаќинот (лизозими, комплемент и др.) ја блокираат површинската
структура (капсулата, слузавата обвивка) на микроорганизмот.
4. Фактори кои ја спречуваат фагоцитозата. Овде се вбројуваат исто така,
површинската структура на микроорганизмот и ензимот на коагулоза.
Ензимот коагулоза доведува до коагулација на плазмата во ткивото и
околу микроорганизмот се формира обвивка која ефикасно го штити од
фагоцитоза. Леукотоксини се супстанци кои ги лачат некои бактерии, а
делуваат токсично на леукоцитите, па со тоа се намалува бројот на
фагоцитите.
5. Фактори кои го спречуваат уништувањето на микроорганизмите во
фагоцитите. Овие фактори не се доволно познати но евидентсно е дека
некои микро-организми може да се размножат во фагоцитите.
6. Фактори кои на различни начини ја помагаат инвазивноста на
микроорганизмите. Со помош на разни ензими (кинази: стрептокиназа,
стафилокиназа), кои имаат способност да го растворат коагулумот, кој се
создава во малите крвни садови како одбранбен механизам на
присуство на микроорганизмот. (Пр: хујалуронидазата ја разградува
хијалуронската киселина која ја гради цементната маса на сврзното
ткиво, па со тоа ткивото станува порастресито со што се овозможува
подлабоко навлегување на микроорганизмот во ткивото. Колагенезата го
разградува колагенот, а со тоа се овозможува навлегување на
микроорганизмите.

Фактори на токсичност

Факторите на токсичност се различни супстанци кои ги лачат микроорганизмите


(егзотоксини) или пак се врзани во некои структурни делови (ендотоксини).

Егзотоксините се најјаки до денес познати отрови. Како протеини


егзотоксините се добри антигени и може да доведат до силен имун одговор, кој
може во организмот на домаќинот да доведе до силен или слаб имунитет.
Егзотоксините покажуваат афинитет кон одредени ткива и органи па според тоа
се нарекуваат: невротоксини, кардиотоксини, нефротоксини. Некои егзотоксини
доведуваат до дегенерација на ткивата и органите, а некои делуваат како
ензими.

Ендотоксини. Најчесто се сотавни делови на клеточниот ѕид на бактеријата и


се послаби отрови од егзотоксините. Се ослободуваат само пре дезинтеграција
на бактериската клетка. Не делуваат специфично на одделни ткива и органи.
Овие токсини по состав се обично гликолипиди и се добри антигени, но не
стимулираат создавање на антитела. Не можат да преминат во анатоксини.

Анатоксини или токсоиди се егзотоксини кои под дејство на физички и


хемиски агенси ја изгубиле токсичноста, но ги задржале антигените особини.
Тие се користат за правење вакцини.
Разни токсични фактори: (хемолизини, леукоцидини, пирогени супстанции).

Филтрабилни хемолизини- ги лизираат еритроцитите кои се наоѓаат како


суспензија во физиолошки раствор на NaCL. Тие се протеински супстанции кои
имаат антигени особини и во организмот на човекот ја стимулираат
продукцијата на антихемолизинот.

Хемолизини се супстанци кои покажуваат активност на крвниот агар.


Хемолизините, околу колониите на крвниот агар кај некои видови бактерии
формираат проѕирен или матнозелен прстен. Хемолизата при која се формира
проѕиредн престен околу колониите се вика бета хемолиза, а онаа при која се
формира матно-зелен прстен се вика алфа хемолиза.

Леукоцидини- се супстанции кои ги убиваат леукоцитите.

Приогени супстанции- предизвикуваат зголемена телесна температура.

Вируленција на микроорганизмите

Вирулентен, атенуиран,

Вирулентност е степен на патогеност т.е. степен на способност на


микроорганизмот да предизвика заболување. Вируленцијата е стекната
особина на микроорганизмите. Во однос на поседувањето на факторот за
патогеност некои микроорганизми се означуваат како многу вирулентни
(предизвикуваат многу тешки заболувања), вирулентни (предизвикуваат лесни
заболувања), и слабо вирулентни или авирулентни (не предизвикуваат
заболување). Вируленцијата е променлива особина на микроорганизмите. Така
на пример еден вид на бактерии може да бидат во едни услови многу
вирулентни, а во други може да бидат и авирулентни. Тое е т.н. физиолошка
варијација. Бактериите ја губат својата вируленција ако подолго време се
чуваат на хранилишта. Вируленцијата е еден реверзибилен и динамичен
процес. Губењето на вируленцијата може да биде привремено или трајно.
Мироорганизмите кои привремено ја изгубиле вируленцијата се викаат
атенуирани микроорганизми. Одредувањето на мируленцијата е многу важен
податок за превземање на соодветни мерки за спречување и сузбивање на
заразата.

За точно одредување на вируленцијата се користат експриментални животни.


Кај нив се инокулира одреден број микроорганизми кои го убиваат или
оштетуваат животното. Најмал број на микроорганизми или најмала количина
на токсин кој доведува до оштетувањ или смрт на животното се нарекува
минимална ефективна доза (МЕД) или минимална летална доза (МЛД).

You might also like