You are on page 1of 36

ЦИТОКИНИ

ДОЦ. ДР. СОТИРИЈА ДУВЛИС


sotirija.duvlis@ugd.edu.mk
НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ ИМУНОЛОГИЈА 2019/2020
ЦИТОКИНИ

Развојот на ефективен имун одговор вклучува лимфоидни клетки, воспалителни клетки и


хематопоетски клетки а сложените интеракции помеѓу овие клетки се посредувани од група
протеини наречени цитокини (името ја означува нивната улога во комуникацијата клетка-со
клетка).
• Цитокините се регулаторни протеини со мала молекулска тежина или гликопротеини кои се
лачат од страна на лимфоцитите и разни други клетки во телото како одговор на бројни
стимули.
• Цитокините помагаат при регулирањето на развојот на имуните ефекторни клетки, а
одредени цитокини поседуваат и директни ефекторни функции.
Изразот цитокин ги опфаќа цитокините кои се лачат од страна на лимфоцитите (Т-по),
моноцитите (ДК) и макрофагите.
ЦИТОКИНИТЕ ПРИПАЃААТ НА НЕКОЛКУ ФАМИЛИИ
Видови цитокини
• Интерлеукини,
• Тумор- некротизирачки фактор,
• Интерферони,
• Хемокини,
• Колонија-стимулирачки фактор (CSF)...

ИНТЕРЛЕУКИНИ
името означува дека тие се излачени од некои леукоцити (бели крвни клетки) и дејствуваат врз други леукоцити. Пример
IL 2 влијае на раст и активација на клетките, IL4 диференцијација на Б клетките во плазма клетки
Опишани се интерлеукини означени со IL-1 до IL-29, можеби во иднина ќе се откријат и дополнителни цитокини.
• Некои цитокини се познати по нивните цели имиња, вклучувајќи ги тумор- некротизирачките фактори и
интерфероните, трансформирачки фактор на раст (TGF-β).
• Друга подгрупа на цитокини се хемокините, група на цитокини со мала молекулска тежина кои влијаат врз
хемотаксата и други аспекти од однесувањето на белите клетки
ТУМОР НЕКРОТИЗИРАЧКИ ФАКТОР
• Се продуцира од маст клтките, мајкрофаги и Т лимфоцити
• Најчестио е усидрен во клеточната мембрана
• Го регулира имуниот одговор и инфламацијата
• Одговорен е за апоптоз на многу клеточни типови
• Активација на неутрофили

ИНТЕРФЕРОНИ
• Интерферира со вирална репликација
• Два типа на интерферон
Тип 1 : IFNα, IFNβ……одговор на вирусна инфекција
Тип 2: IFNϒ.................зголемува фагоцитоза кај макрофагите

КОЛОНИ СТИМУЛИРАЧКИ ФАКТОР (Colony stimulating factors) Обезбедува доволен прилив на сите
неопходни крвни клетки и е неопходен за раст и диференцијација на незрели леукоцити во коскената
срцевина пр: црвените крвни клетки, моноцити гранулоцитите и лимфоцитите, обезвбедува доволен
прилив на сите неопходни крвни клетки
ОСОБИНИ НА ЦИТОКИНИ
• Цитокините покажуваат особини на плеотропност, редундантност, синергија, противништво и
каскадно поттикнување што им дозволува да ја регулираат клеточната активност на координиран,
интерактивен начин
• цитокин кој има различни биолошки ефекти врз различни целни клетки има плеотропно дејство.
• За два или повеќе цитокини кои посредуваат слични функции се вели дека се редундантни.
Редундантноста го отежнува припишувањето на одредена активност на еден цитокин.
• Цитокинскиот синергизам настанува кога комбинираниот ефект од два цитокина врз клеточната
активност е поголем од збирните ефекти на одделните цитокини
• Некогаш цитокините ивршуваат антагонизам, односно, ефектите на еден цитокин ги попечуваат или
неутрализираат ефектите на други цитокини
• Каскадна активација настанува кога дејството на еден цитокин врз целната клетка поттикнува таа
клетка да создава еден или повеќе други цитокини, кои во редослед можат да поттикнат други
клетки да создаваат други цитокини.
•Цитокините го регулираат интензитетот и траењето
на имуниот одговор преку стимулирање или
попречување на активацијата, пролиферацијата
и/или диференцијацијата на разни клетки и преку
регулирање на лачењето на противтела или други
цитокини

• врзувањето на даден цитокин со реактивните


целни клетки во основа стимулира зголемено
прикажување на цитокинските рецептори и лачење
на други цитокини, кои по ред влијаат врз другите
целни клетки

• дури и цитокините кои се излачени од мал број


лимфоцити активирани од антиген, можат да влијаат
врз активноста на бројните клетки вклучени во
имуниот одговор.
•цитокините кои се создадени од страна на
активираните Тпо клетки можат да влијаат врз
активноста на Б клетките, Тцт клетки , клетките
природни убијци, макрофагите, гранулоцитите и
хематопоетските матични клетки, оттука
мобилизирајќи цела мрежа на клетки кои стапуваат
во меѓудејство
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЦИТОКИНИТЕ

• Бидејќи цитокините делат голем број особини со хормоните и факторите за раст, разликата помеѓу
овие три класи на посреденици често се мешаат. Сите три се секретирани растворливи фактори кои
ги изнудуваат нивните биолошки ефекти при пикомоларни концентрации преку врзување за
рецептори од целните клетки. Сепак, одредени разлики во нивните општи особини ги одделуваат.
• трите посредници се разликуваат по нивните начини на прикажување: факторите за раст тежнеат да
се создаваат постојано, додека цитокините и хормоните се лачат како одговор на дискретни
стимулси, а лачењето е краткотрајна, обично се движи од неколку часа до неколку дена.
• За разлика од хоромоните, кои обично дејствуваат широко на ендокрин начин, повеќето цитокини
дејствуваат на кратко растојание преку автокрин или паракрин начин
• Според тоа, повеќето хормони се создадени од специјализирани жлезди и тежнеат да имаат
уникатно дејство врз еден или повеќе типови на целна клетка. Наспроти тоа, цитокините често се
врзуваат со и се создаваат од разни клетки.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЦИТОКИНИТЕ

• Осетливоста на целната клетка кон одреден цитокин е одредена со присуството на специфични


мембрански рецептори.

• цитокинските рецептори можат да бидат направени од неколку различни вериги и дека рецепторот за
даден цитокин може да постои во различни комбинации на овие вериги врз клеточната површина
• Овие комбинации на вериги варираат по афинитетот со кои тие се врзуваат за цитокинот и исто така
можат да варираат и во нивната способност да поттикнат сигнално пренесувачка патека по врзувањето

• Во основа, цитокините и нивните целосно групирани рецептори меѓусебно покажуваат доста голем
афинитет и доставуваат интраклеточни сигнали. Константа на дисоцијација на цитокините и нивните
оптимални рецептори се движи од 10-10 до 10-20 М
• поради мошне високите афинитети, цитокините можат да посредуваат биолошки ефекти при
пикомоларни концентрации.
цитокин Излачен од Цели и ефекти
ЦИТОКИНИ ОД ВРОДЕН ИМУНИТЕТ

IL 1 Моноцити, макрофаги, ендотелни клетки Крвни садови (воспаление), хипоталамус (треска), црн дроб( потикнување
епителни клетки протеини од акутна фаза)

TNFa Крвни садови (воспаление), хипоталамус(треска), црн дроб( потикнување протеини


Макрофаги, денедритски од акутна фаза), загуба на мускулна маса, телесни масти, неутрофилна активација,
потик на смрт кај разни клеточни видови
IL 12 Макрофаги, ендотелни КПУ, отикнува тх1 влиае на стекнат имунитет

IL6 макрофаги Црн дроб поттикнува протеини од кутна фаза, влијае на пролиферација и лаќење
на антитело пд Бкл

INFa макрофаги потикнува антивирусна состојба во повеќејадрените клетки, презентација на МХК

INFß фибробласти потикнува антивирусна состојба во повеќејадрените клетки, презентација на МХК

ЦИТОКИНИ ОД СТЕКНАТ ИМУНИТЕТ


IL2 Т кл Т кл пролиферација, потикнува АИЦД, активација и пролиферација на КПУ, Б кл
пролиферација
IL4 Тх2, мастоцоти Стимулира Тх2 дигференцијација, изотипско превклучување кон ИгЕ

IL5 Тх2 Еозинофилна активација

TFRb Ткл, макрофаги, други клеточни видови Инхибира Т кл пролиферација и ефекторни функции, спречува Б кл пролиферација
потикнува изотипско превклучување кон ИгА попречувае на макрофагите
INFɣ Тх1, CD8, КПУ Активира макрофаги, зголемува прикажување на КТК1 и 2 молекулите зголемува
антигенска презентација
ОСОБИНИ НА ЦИТОКИНИТЕ • Цитокините се врзуваат за специфични
рецептори врз мембраната од целните
клетки, поттикнувајќи ги сигнално
пренесувачките патеки кои на крајот ја
менуваат генскота експресија во целните
клетки

•Одреден цитокин може да се врзе за


рецептори врз мембраната од иста
клетка која го излачила, извршувајќи
автокрино дејство

• за рецептори од целната клетка во


блиската околина на создавачката
клетка, извршувајќи паракрино дејство

• Во неколку случаи, може да се врзе за


целните клетки во далечни делови од
телото извршувајќи ендокрино дејство
ЦИТОКИНСКИ РЕЦЕПТОРИ

Цитокинските рецептори припаѓаат на неколку фамилии

Рецепторите за различни цитокини се мошне разновидни по структура,


но скоро сите припаѓаат во една од петте фамилии на рецепторни
протеини
• Имуноглобулинска суперфамилија рецептори

• Класа1 цитокинска рецепторска фамилија (позната како


хематопоетинска рецепторска фамилија)

• Класа2 цитокинска рецепторска фамилија (позната како


интерферонска рецепторска фамилија)

• ТНФ рецепторска фамилија

• Хемокинска рецепторска фамилија


СИГНАЛНИ ПАТИШТА КОИ ГИ КОРИСТАТ СООДВЕТНИТЕ
ЦИТОКИН/РЕЦЕПТОР ИНТЕРАКЦИИ
ВИДОВИ ЦИТОКИНСКИ РЕЦЕПТОРИ
ИМУНОГЛОБУЛИНСКА ФАМИЛИЈА РЕЦЕПТОРИ

• Имуноглобулинска суперфамилија го вклучува рецепторот за IL-1. Две форми на IL-1, наречени


се IL-1алфа и IL-1бета се добро карактеризирани.
• Иако овие два протеина се само 30% идентични во секвенцата, тие се идентични по
функцијата и се врзуваат за истите рецептори и ги посредуваат истите реакции.
• Има два различни рецептори за IL-1, двата се членови од Иг суперфамилијата на протеините.
Типот 1 IL-1R е прикажан на многу клеточни видови, додека типот 2 IL-1R е ограничен на Б
клетките. Врзувањето на IL-1 за рецепторот од тип 2 не поттикнува одговор кој е типичен за IL-
1, укажувајќи дека тип 2 IL-1R претставува мамка која е потребна за да се отстрани IL-1, при
тоа спречувајќи го неговото врзување за рецепторите од тип 1. IL-1 игра клучна улога во
воспалението и е наречен провоспалителен цитокин.
• IL-18 е поврзан со IL1, и ја користи истата рецепторна фамилија и има слична функција.
ХОМОЛОЗИ НА ВИРУСНИ ЦИТОКИНИ
ЦИТОКИНИТЕ ИМААТ БРОЈНИ БИОЛОШКИ ФУНКЦИИ

Иако мноштво клетки можат да лачат цитокини, ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВЕДУВАЧИ СЕ Т-ПОМ КЛЕТКИ, ДК
И МАКРОФАГИТЕ.
• Цитокините кои се ослободени од овие видови на клетки активираат цела мрежа на клетки кои
стапуваат во интеракција.
• Меѓу бројните физиолошки реакции кои бараат цитокинско вклучување се: развојот на клеточните и
хуморалните имуни одговори,
• поттикнувањето на воспалителен одговор,
• регулирањето на хематопоезата,
• контрола на клеточната пролиферација и диференцијација и
• лекувањето на раните.
• Иако имуниот одговор кон специфичен антиген може да вклучува создавање цитокини, важно е дека
цитокините дејствуваат на антигените на неспецифичен начин.
• тие влијаат врз која било клетка со која ќе се сретнат која има соодветни рецептори и е во физичка
состојба која им овозможува да реагираат.
ПРОИНФЛАМАТОРНИ И АНТИИНФЛАМАТОРНИ ЦИТОКИНИ
ЦИТОКИНСКИ ПОВРЗАНИ БОЛЕСТИ

• Дефектите во сложените регулаторни мрежи кои управуваат со цитокините и цитокинските


рецептори се причина за развој на бројни болести.
• Генските дефекти во цитокините, нивните рецептори, или молекулите вклучени во сигналното
пренесување што следи по рецептор-цитокинската интеракција водат до имунонедостатоци ( тешкa
комбиниранa имунонедефициенција – SCID).
• Други дефекти во цитокинската мрежа можат да предизвикаат неспособност за одбрана против
специфични фамилии од патогени.
На пример, лицата со дефектен рецептор за IFN-ɣ се осетливи кон микобактериски инфекции кои
ретко се појавуваат кај здравата популација.
• Бактерискиот септичен шок се развива бидејќи ендотоксините од бактерискиот клеточен ѕид се
врзуваат за рецептори од Дендритски клетки и макрофагите, предизвикувајќи прекумерно
создавање на IL-1 и TNF-алфа до нивоа кои ПРЕДИЗВИКУВААТ СЕПТИЧЕН ШОК.
• Цитокинската активност е вклучена и во развојот на лимфоидните и миелоидните карциноми
ИНХИБИТОРИ НА ЦИТОКИНИ
• Постојат протеини кои ја инхибираат биолошката активност на цитокините и дејствуваат на еден
од двата начина:
• или директно се поврзуваат за цитокинскиот рецептор, но не ја активираат клетката
• или се врзуваат директно за цитокинот, попречувајќи ја неговата активност.
• Најдобро објаснет инхибитор е IL-1 рецепторскиот инхибитор, кој се врзува за IL -1 рецепторот,
но нема активност
• Врзувањето на IL-1 инхибиторот за IL-1 рецепторот го
блокира врзувањето на IL -1алфа и IL -1бета, поради неговите конкурентни особини.
• Постојат податоци дека создавањето на IL -1 инхибиторот
игра улога во регулирањето на интензитетот на воспалителниот
одговор.
ЦИТОКИН БАЗИРАНИ ТЕРАПИИ

• прочистени клонирани цитокини, моноклонални антитела насочени против цитокини и


растворливите цитокински рецептори даваат можност за специфични клинички терапии за
промена на имунот одговор.
• Неколку цитокин-базирани терпии - посебно, интерфероните, колонија стимулирачките
фактори (GM-CSF) и блокаторите на TNF-α активноста покажале терапевтска корист при
одредени болести.
• Пример: анти-TNF -алфа лекови ги намалуваат провоспалителните цитокини и резултирачкиот
воспалителен одговор. Овие лекови ја запираат болката, вкочанетоста и зглобните отоци и
поттикнуваат заздравување и ткивна репарација при лекување на ревматоидниот артрит
ТЕРПЕВТИЦИ КОИ ДАВААТ МОЖНОСТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМУНИОТ
ОДГОВОР
ЦИТОКИН БАЗИРАНА ТЕРАПИЈА НА КАНЦЕР

Interferon
IL2
TNF
ЦИТОКИН БАЗИРАНА ТЕРАПИЈА
агенс Природа на агенсот Клиничка примена
Енбрел Химеричен ИНФ рецептор/ИгГ Ревматоиден артрит
константно подрачје
Ремикејд и Хумира Monoklonalnoantitelo против ТНФа Ревматоиден артрит
рецепторот Кронова болест
Роферон Интерферон алфа 2а Хепатит Б, Влакнестоклеточна леукемија
Капоши сарком
Интрона Интерферон алфа 2б Хепатит Ц, Меланом
Бетасерон Интерферон бета 1б Мултипна склероза
Авонекс Интерферон бета 1а Мултипна склероза
Актиимун Интерферон ɣ1 бета Хронична грануломатозан болест (ХГБ)

Неупоген Г-КСФ (хематопоетски цитокини), Стимулира создавање на неутрофили, намалува


инфекции кај пациенти сорак кои се лекуваат со
хемотерапија, пациенти со СИДА
Леукин Г-КСФ (хематопоетски цитокини), Стимулира создавање на миелоидни клетки при
трансплатација на срце
Неумега Интерлеукин 11 (ИЛ11), хематопоетски Стимулира создавање на
цитокин крвни тромбоцити
Епоген Еритропоетин, хематопоетски цитокин Стимулира создавање на еритроцити
ХЕМОКИНИ
• Хемокините се суперфамилија од мали полипептиди, каде повеќето од нив содржат од 90 до
130 аминокиселински остатоци.
• Тие селективно ја контролираат адхезијата, хемотаксата и активирањето на многу видови на
популации и подпопулации од белите клетки. И се главните регулатори во сообраќајот на
белите клетки.
• Одредени хемокини примарно се вклучени во воспалителните процеси, додека други се
нормално експресирани врз клетките и играат значајна улога во хомеостазата и процесите на
развој
• Хемокините одржувачи се создаваат во лимфоидните органи и ткива или во нелимфоидните,
каква што е на пример кожата, каде што го насочуваат нормалниот собраќај на лимфоцитите,
упатувајќи ги кон потребните места новосоздадените со хематопоезата бели клети кои
пристигнуваат од коскената срцевина.
• Тимусните клетки нормално експресираат хемокини, а и нормалната Б-клеточна лимфопоеза е
исто така зависна од соодветнота експресија на хемокините.
ХЕМОКИНИ
• Ефектите посредувани од хемокините не се ограничени само врз имуниот систем. Глувците кај кои
недостасува или хемокинот CHCL12 (исто така наречен ФПС-1) или неговиот рецептор (покажуваат
големи дефекти во развојот на мозокот и срцето.
• Се покажло дека членовите од хемокинската фамилијата исто така играат регулаторни улоги во
развојот на крвните садови (ангиогенеза) и лекувањето на раните.
• Воспалителните хемокини обично се создаваат како одговор на инфекција. Контактот со патогените
или делувањето на провоспалителните цитокини, каков што е ТНФ-алфа, го зголемуваат создавањето
на воспалителните цитокини на местото каде се развива воспалението.
• Хемокините предизвикуваат движење на белите клетки во различни делови од ткивата, преку
овозможување на нивно прилепување за клетки на крвосадниот ендотел
• Откако ќе мигрираат во ткивата, белите клетки патуваат во правец на зголемените локални
концентрации на хемокините, што доведува до целно регрутирање фагоцитите и популациите на
ефекторните лимфоцити во областите на воспаление. Групирањето на белите клетки во областите на
инфекција организирано од хемокините, е неопоходен дел за покренувањето на соодветно фокусирана
рекација против инфекција.
ХЕМОКИНСКИ ФАМИЛИИ, ЛИГАНДИ И РЕЦЕПТОРИ
ВИДОВИ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ХЕМОКИНИ
• Фамилијата на хемокините се состои од најмалку 43 членови, со дополнителни варијации
предизвикани од страна на алтернативните патеки за прекројување на РНК при
препишувањето, пост-преведувачката обработка и изоформите Хемокините поседуваат
четири конзервирани (зачувани во текот на генерациите) цистеински остатоци и врз основа
на позицијата на два од четирите непроменливи цистеински остатоци скоро сите спаѓаат во
една од двете различни подгрупи:
• 1. Хемокини од подгрупа CC, каде зачуваните цистеини се соседни. Хемокини од подгрупа
CHC, каде зачуваните цистеини се одделени со друга аминокиселина (Х).
• 2. Исклучоци се CHCL1, кој им три амино киселини помеѓу зачуваните цистеини и ХЦЛ1 и 2, кај
кој недостасуваат два од четирите зачувани цистеини
ХЕМОКИНИ НА ПОВРШИНА НА ЛЕУКОЦИТИТЕ
ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ХЕМОКИНИТЕ
ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ХЕМОКИНИТЕ

• рецепторот врзан за соодветниот хемокин, активира хетеротримерниот голем Г протеин


поттикнувајќи процес на пренесување на сигналот, и создава мошне моќни секундарни
пренесувачи на пораки, како што се цикличниот cAMP, IP, Ca2+ , и активираните мали Г
протеини. А Како последица од активирањето од хемокинот во овие патеки за пренесување
сигналот, се јавуваат големи промени.
• За неколку секунди, со додавањето на соодветниот хемокин на белите клетки, може да се
предизивикаат нагли и опсежни промени во обликот, предизвикување на зголемена адхезија
за ендотелните ѕидови преку активирање интегрините врз белите клетки и создавањето на
микробицидни кислородни радикали во фагоцитите, како и ослободување содржината на
зрнцата, вклучувајќи го ослободувањето на протеазата од неутрофилите и макрофагите,
хистаминот од базофилитеи цитотоксичните протеини од езинофилите.
ФУНКЦИИ НА ХЕМОКИНИТЕ
ЕКСПРЕСИЈА НА РАЗЛИЧНИ ХЕМОКИНИ НА РАЗЛИЧНИ ЛЕУКОЦИТНИ КЛЕТКИ
• Најголема шареноликост на хeмокински рецептори се забележува кај активираните Т лимфоцити.
• Профилите хемокин-рецептор ја посредуваат активноста на белите клетки
• Меѓу големите популации на човечки бели клетки,
• - неутрофилите прикажуваат CHCR1 2 4, CCR1 CCR3) И CHCR1,2 и4,
• додека еозинофилите имаат CCR1 и CCR3
• Иако неискусните Т клетки во мирување прикажуваат CCR7, тој не е присутен во активираните Т клетки. Тие
можат да прикажуваат CCR1, -4, -5 и -8, CHCR3 и одреден број други молекули.
• клетката може да реагира со хемокинот само ако поседува рецептор кој го препознава
• Според тоа, разликите во прикажувањето на хемокинските рецептори од страна на белите клетки во
комбинација со создавањето различни профили на хемокини од целните ткива и места, овозможуваат
големи можности за диференцијална регулација на активностите од различни полуции на бели клетки и
навистина во популацијата активностите од различни пополуции на бели клетки. И навистина, во
популацијата на белите клетки настануваат разлики во моделите за прикажување хемокински рецептор.
• подгрупите на Тх клетки, Тх1иТх2, може да се разликуваат само по видот на цитокините кои ги излачуваат.
Овие подгрупи исто така прикажуваат различни профили на хемокински рецептори. Клетките Тх2
прикажуваат CCR4 и -8, како и одреден број на други рецептори кои не се прикажуваат од страна на Тх1
клетките. Од друга страна, Тх1 прикажуваат CCR1 и -5, како и CHCR3, кои повеќето Тх2 не ги прикажуваат.
ДЕЈСТВОТО НА ХЕМОКИНИТЕ Е ПОСРЕДУВАНО ОД РЕЦЕПТОРИТЕ ЧИИ
ПОЛИПЕПТИДНИ ВЕРИГИ МИНУВААТ НИЗ МЕМБРАНАТА СЕДУМ ПАТИ
• Овие рецептори се членови на Г-протеин-врзаната фамилијата низ мембраната 7 пати и се
групирани според видот на хемокини за кои се врзуваат. Рецепторите CC (CCR) препознаваат
CC хемокини, а CHC рецепторите (CHCR) препознаваат CHC хемокини. Како и кај цитокините,
взаемното дејство помеѓу хемокините и нивните рецептори е силно и мошне специфично.
• Повеќето рецептори се врзуваат за повеќе од еден хемокин. На пример, CHCR2 препознава
најмалку шест различни хемокини, а голем број на цитокини може да се врзат за повеќе од
еден рецептор
• Хемокините сигнализираат преку рецепторите кои се споени со хетеротримеричнитеголеми Г
протеини
• Врзувањето на хемокинот за неговиот рецептор активира голем број патеки за пренос на
сигналот, и води до голем број на модификации во физиологијата на целната клетка.
РЕЦЕПТОРИ ЗА ЕФЕКТОРНИ ФУНКЦИИ
Без рецептори цитокините се неефектни, пр дефициенција на рец за IL12 и INF-γ води то тешки комбинирани
имунодефициентни состојби
• 1. Некои цитокини имаат специфични рецептори, но повеќето имаат иста структурна верига ϒ верига во рец за
IL2,4,7,9,15 и 23
Затоа се класифицирани во 5 фамилии
• 2. Малку е познто а хемокинските рецептори (наречени маркери за диференцијација)
• 3. Рец за FcR дел од имуноглобулините најзначајни за ефекторните функции на фагоцитните кл и НК кл. Има
најмалку 3 вида - FcR ϒI – на макрофаги и неутрофили и со висок афинитет фагоцитооза кои ги врзуваат ИгГ, FcR ϒII –
со низок афините за макрофаги и неутрофили за фидбек на инхибиција на Bcl, FcR ϒIII – на НК
• 4. Рецeптори од комплементот за C3 фрагментите производ на активација нa комплементот (но постојат неколку
типа рецептори на комплементот:
- Во еритроцитите за транспорт на и отстранување на имунокомлекси,
- на Бкл и дендритски клeтки и во лимфните јазли кои заробуваат антигени за да стимулираат секундарна реакција (2),
- на мкрофаги, неутрофили и НК кои овоможуваат атхезија на овие подвижни клетки за ендотелиум и преминување
преку ткивата

You might also like