You are on page 1of 12

Генетски код, кодон

и антикодон
ГЕНЕТСКИ КОД
Биосинтезата на протеините има
суштинско значење за организмот,
бидејќи таа го овозможува животот.

Во хијалоплазмата кај секоја клетка, по


правило, се наоѓаат многу и различни
аминокиселини кои во процесот на
синтеза на протеини не се врзуваат
(вградуваат) безредно во протеинскиот
молекул.
Редоследот на една аминокиселина во
полипептидната низа го одредува
генетскиот код или шифрата на
генетската информација.

Секои три бази содржани во DNA на


структурниот ген (читани по редослед)
претставуваат генетски код.
КОДОН
Генетскиот код од DNA се пренесува
(препишува) како генетска информација
во iRNA како кодон.
Група од три последователни бази
(нуклеотиди) во молекулот на iRNA
претставува кодон.
Секој кодонски триплет е одговорен за
вградување на една специфична
аминокиселина.
Постојат вкупно 64 кодони кои
претставуваат комбинации по три од
четирите вида на нуклеотиди или 4³=64
Тие се доволни да обезбедат вградување
на сите 20 аминокиселини во
полипептидните низи на протеинските
молекули.
Постојат повеќе видови на кодони и
тоа:
Кодони – синоними – кодони кои се
одговорни за вградување на една иста
аминокиселина. Овие кодони се
разликуваат само во третата база.
Пример кодоните:GUU, GUC, GUA и GUG
носат информација за аминокиселината
валин.
СТОП кодони – кои не одговараат на
ниту една аминокиселина. Со нив
завршува процесот на синтеза на
протеинскиот молекул.
Тие уште се наречени бесмислени.
Има три СТОП-кодони:UAA,UAG и UGA
СТАРТ кодон – тоа е кодон со кој
започнува синтезата на протеините.
Таков кодон еAUG кој е одговорен за
вградување на аминокиселината –
метионин- почетна аминокиселина на
сите протеини.
АНТИКОДОН
Меѓу кодонот на iRNA и
аминокиселината на која тој
соодвестува не постои директно заемно
дејство, туку нивното сврзување се
остварува преку молекулите на tRNA.
Постојат најмалку по еден вид tRNA, за
секоја од 20 аминокиселини.
Молекулот на tRNA е од околу 80
нуклеотиди и има структура што може
да биде претставена во форма на лист
од детелина.
За сите молекули на tRNA е
карактеристично што имаат:
- крај со триплет од неспарени бази
(АСС) кој служи како место за
ковалентно врзување на дадената
аминокиселина и
- триплет од нуклеотиди во молекулот
на tRNA кој е комплементарен на
одреден кодон од iRNA и се нарекува
антикодон

You might also like