You are on page 1of 1

Пасивен транспорт или дифузија на молекулите низ мембраната е поединечно движење на

молекулите, при што не се потребни носачи ниту пак се троши енергија. Таа претставува нето
проток на супстанцијата во правец на концентрациски градиент од средина со повисока кон
средина со пониска концентрација на истата таа супстанција. Енергијата што ја овозможува
дифузијата е кинетичка енергија што ја поседуваат молекулите кои непрекинато се движат.
Дифузијата низ клеточната мембрана може да се одвива на два начина: по пат на проста и
олесната дифузија.

Проста дифузија е кинетичко движење на молекулите и јоните низ порите или интермолекулските
простори на мембраната без потреба од врзување за носач. Може да се реализира како дифузија
низ интерстициумот на липидниот двослој на липосолубилните молекули. Примери за неполарни
молекули кои брзо дифундираат низ липидните делови на мембраните се кислородот,
јаглеродниот диоксид, масните киселини и стероидните хормони. Исто така има и проста
дифузија низ протеински канали кои постојано се отворени и тие функционираат како пори за
молекулите на водата и некои јони кои се опколени со водени диполи. Овие канали се селективно
пропустливи и пропуштаат зависно од дијаметарот, обликот и хидрираноста на јоните како и
електричниот полнеж.

Олесната дифузија е нето проток на молекули низ мембраната кој секогаш се одвива од повисока
кон пониска концентрација без да се користи енергија добиена од метаболизмот, низ канали со
порти или со користење на протеински носач. Оваа нето олесната дифузија трае се додека
концентрациите на супстанцијата од двете страни на мембраната не се изедначат. И тогаш
еднаков број на молекули се врзуваат за транспортерот на надворешната површина на клетката и
се внесуваат во неа исто колку и на внатрешната површина кои се исфрлаат надвор од неа. Друг
тип на олесната дифузија е дифузија низ протеински канали со порти. Портите на овие канали се
продолжетоци на транспортните протеини кои се активираат како резултат на конформациски
промени. Карактеристично за овие канали е тоа што тие можат да покажат селективност кон
типот на јоните кои можат да дифундираат низ неа.

You might also like