You are on page 1of 14

ФЕРМЕНТОРИ

Градба ,опрема,работа со ферментори


Дефиниција за ферментор
 Ферменторот претставува сад за култивирање на микроорганизми ,кој
покрај тоа што не дозволува контаминација ,овозможува услови кои се
потребни за да се добие максимално производство на потребните
продукти.
 Ферменторот овозможува организмите да пораснат во идеална
средина со оптимална рН ,температура ,кислород и други услови кои
ги има во нормална средина.Во хемиската индустрија ,садовите во кои
се одвиваат реакциите се нарекуваат реактори.
 Затоа ферменторите се наречени и БИОРЕАКТОРИ.
ФЕРМЕНТОР СО СЕРИСКИ РЕЗЕРВОАР КОЈ ГО МЕША
ВОЗДУХОТ
Типичниот ферментор од овој вид е со цилиндричен резервоар затворен
одозгора и е опремен со четири или повеќе влезни или излезни цевки кои се
наоѓаат на страната на sидот на резервоарот ,водна цевка или намотка за
загревање и/или ладење ,уред за присилна аерација познат како
спаргер,механички агигатор кој вообичаено има еден или повеќе парови на
кола ,средства за внесување на организми и хранливи материи и за земање на
примероци ,излези за издувните гасови и мешач.
Материјали за производство на ферментор

• Многу пивари што произведуваат ферментирани пива ,долго време користат


отворени ферментори.
• Индустриските квасци кои се користат како храна за животните можат да се
происведуваат во отворени ферментори.
• Во индустријата за антибиотици ,се користат ферментори кои се строго
стерилни и со контролирана природа и се користи материјал кој може да
обезбеди чиста стерилизирана пареа .
• Онаму каде што се користат високо-корозивни материјали , на пр. Лимонска
киселина ,ферменторите мора да бидат од нерѓосувачки челик.
• Некои материјали на пр.железото можат да ја инхибират продуктивноста на
организми во некои ферментори.Поради ова причина некои ферментори од
полипласт или челик се обложени со стаклени или пластични материјали на
пр. Фенолепоксидни премази.
• Стаклени премази се користат само кај мали ферментори бидејќи се скапи и
постои голема можност да се искршат.
Аерација и агитација во ферментор
• Кислородот е неопходен за раст и принос на метаболити кај аеробните
организми.Во таквите ферментори во кои се користат аеробни организми
снабдувањето со кислород може да биде критично.

• За некои аеробни ферментации ,како на пример производсвото на квасец или


лимонска киселина ,кислородот е критичен дури и ако комината која е целосно
заситена со кислород ,би можела за само 15 секунди анаеробиоза ,да престане
снабдувањето на организмите со кислород. За други видови на ферментации
,аерацијата не мора да биде толку интензивна ,но мора да биде присутна до
одредено ниво.

• Во големи ферментори аерацијата може да биде комбинирана со монтирање на


мешалки –агигатори ,кои овозможуваат добро мешање и изедначување на
хранливите материи и воздухот со истовремено раскршување на воздушноте
меурчинња .

• За да се разбере важноста на малите меурчиња важно е да се проценат неколку


бариери.
Тие бариери се следниве :

1. Гасов-флуиден биофилм отпор помеѓу гасовата и флуидната зона

2. Отпор помеѓу гасот и течноста

3. Течен филм отпор помеѓу интерфејсот и поголемиот дел од течноста

4. Отпор на течењето карактеризиран со остаток на кислороден градиент

5. Течен –филм отпор околу клетката или клеточниот талог

6. Интра клеточен или интра таложен отпор

7. Отпор- рекација на кислород со клеточни респораторни ензими


Наблудување и контрола

Идеално ферментацијат е добро контролирана ако има можност за континуриано


следење на промените на рН вредноста ,концентрацијата на кислород , порастот
на клеточната биомаса ,концентрацијата на суптратот ,метаболичката состојба и
протокот на хранливи материи.
• Повеќето од физичките параметри ,како што се темп. ,притисокот
,моќноста ,брзината на растење ,протокот на гасови и медиуми ,можат да се
мерат прецизно без инванзивни инструменти.
• Наједноставно е следењето промените на рН ,РО (растворен кислород) и
издувните гасови .
• Вишокот температура се контролира со помош на ладна вода која циркулира
во надворешната страна или внатре во ферменторот.
• Квалитетот на супстратот може да се регулира со помош на т.н. Повратни
контролни механизми на рН вредноста ,РО ,или анализа за издувните гасови
или пак дирекнто пресметување на физиолошките параметри .
Контрола на стерилизација и контаминација

Контаминацијата на ферментациониот процес може да ги намали


продуктивноста и производството или целосно да го уништи циклусот.
Стерилизацијата е процес на остранување на сите живи организми од опремата
и материјалите. За ферментација во фабрика ,ова бара:
• Престерилизација на опремата ,филтрите за воздух ,за вода идр.
• Стерилизација на компонентите на медиумот се врши во садот за
ферментација или се користи континуиран стерилизатор
• Одржување на асептични услови во тек на целата ферментација
Контиунирата стерилизација најчесто се користи за стерилизација на
ферментационата комина ,но многу почесто се користи за стерилизација на
суровините кои се додаваат во култура ,особено за сериските и континуираните
ферментации.

Контролата од контаминацијата е секојдневна и тековна активност.


За контрола на контаминацијата најчесто во праксата се користи микроскопски
преглед и зајесување на ферментационата комина врз хранлив агар ,и тоа
почнувајќи од првата тресечка колба па се до производната комина во
ферменторот.
Отпад
Индустриските ферментации исто така произведуваат значителен обем на
отпад и повеќето бараат третман од страна на објекти за отпадни води .
Пареа
Е потребна за стерилизација на медиумот или ферментаторот или пак целата
постапка се иведува преку континуирано стерилизирање.
Вода за ладење
По спроведената стерилизација ,ферменторите треба да се оладат пред да се
инокулираат.Ладната вода исто така е потребна во текот на обработка за
кристализаторите и за кондензаторите кои ја ладат комината во враќање на
ладната вода за сметка на испарената.
Поцесирана вода
Поголемиот дел од ферментационата комина е вода .Водата исто така се
користи за одржување на тековни процеси и за чистење и испирање на
ферментаторите .
Електрична енергија
Мешалките ,компресорите за воздух ,системите за ладење ,пумпите и др, се
трошат големи количини на електрична енергија .Онаму каде што има
можности ,комбинираното производсто на пареа и електрична енергија е
многу поефикасно.
Третман на отпадните води

Ферментационата индустрија генерира отпадни води со висок БПК , главно во


форма на вишок клеточна биомаса или клеточни нус производи.
Клеточната биомаса е богата со протеини и витамини, и затоа понекогаш може
да се користи како храна за животните .
Големите волумени од отпадните води може да бидат регенерирани со примена
на современи технологии за третман на отпадните води и повторно
реискористени во технолошкиот процес . За таа цел се користат технологии кои
опфаќаат примарен и секундарен третман на отпадните води.

Контрола на температура во ферментатор


Многу процеси во ферментацијата ослободуваат топлина ,која мора да се
острани за да може да се одржи оптималната температура која е неопходна за
продуктивност на организмот. Во мали лабораториски ферментатори може да
се постигне со потопувањето на ферментаторот во сад со вода , во
ферментатори со средна големина контролата може да се постигне со сад полн
со ладна вода. Во големите ферментатори ,температурата се одржува до течење
на разладена вода во цевки внатре во самиот ферментатор и понекогаш и
надвор од него .
Просиводство на пена и контрола
Пените се дисперзии на гас во течност.Во ферментација тие вообичаено
се јавуваат како резултат на агитација и аерација.
Постојат три видови на пена : стабилни ,хестабилни и течни пени .
Модели на расцепување :
• Во првиот тип пената отанува непроменета во текот на
ферментацијата
• Во вториот тип пената проаѓа од доста високо стабилно до ниско
стабилно ниво
• Во третиот тип времетраењето на пената најпрвин ослабнува,
подоцна се подигнува , при што стабилизаторите на пената во
оригиналната комина се метаболизираат , а истовремено проиведуваат
метаболити кои ја стабилизираат создадената пена .
• Во четвртиот тип во почетокот комината содржи многу мала количина
на стабилизатори на пена кои подоцна се зголемуваат, а причина за тоа
е автолиза на работниот мицелиум .
Типови на ферментори
Анаеробни ферментори :
Некои микробни процеси немаат потреба од аерација . Овие групно се познати
како ‘’анаеробни ‘’ ферментации иако во погруби услови некои можат да бидат и
микроаерофилни. Анаеробните ферментори не се користат во индустријата .
Два строго анеробни ферментациони процеси вклучуваат ацетон –бутанол
ферментација(clostridium acetobytilicum) и анти-тетанус
производство(Clostridium tetani).

Врз ознова на номенклатурата во биохемиското инжиниерство ,ферменторите се


групирани во четири групи:
1. Серија ферментори (сериски поврзани ферментори)
2. Ферментори со континуирано прихранување
3. Тубуларни ферментори
4. Ферментори со флуиден носач
Континуирани (постојани) ферментации
Континуираните ферментации се оние кои постојано се додаваат свежи
хранливи материи , а продуктите се острануваат. Континуираните
ферментации се чиста спротивност на дисконтинуираните ферментации каде
процесот се спроведува само во еден циклус .

Класификација на континуираните микробни процеси :

• Едно –фазна континуирана ферментација :


Целата операција се врши во еден сад.Овој систем е погоден за ферментации
поврзани со растење на микробна биомаца , како квасец ,алкохол или
органски киселини.
• Дво-фазна континуирана ферментација : овој вид на ферментација се
состои од последователно меѓусебно поврзани ферментациски садови.е
користен за ферментации каде краен продукт е некој примарен или
секундарен метаболит.
• Континуирана ферментација со единечно или повеќекратно
рециклирање: ферментираната комина со помош на центрифугирање се
ослободува од работниот м.о . .
• Семи-континуирани ферментации: функционират на принципот
истовремено додавање на хранливи материи со наизменично излекување
на финалниот производ. Два типа: циклична –континуирана и микробо
реискористување.
Апликации на континуирана култивација
Целулозата се смета за многу значајна суровина за континурано прозиводство
на ферментациони прозиводи .
Континуираните ферментации во прехранбената индустрија се користат за
умножување на стартер култури за производство на сирење ,јогурт , а како
суровина за нивно производство се користат лактозата и сирутката.

‘’Fed-batch ‘’ ферментација : претставува модификација на сериско


култивирање каде хранливите материи се додаваат наизменично во секоја од
сериско поставените садови.

Ферменторот со мешалка на дното (The stirred Tank Batch Fermentor ) веќе е


опишан како најчесто користен тип на ферментор

You might also like