You are on page 1of 64

АНТИТЕЛА И

АНТИГЕНИ
ДОЦ.ДР. СОТИРИЈА ДУВЛИС
sotirija.duvlis@ugd.edu.mk
ВОВЕД
• Молекулите кои го обележуваат стекнатиот имун систем се антителото и Т-клеточниот рецептор.

• вродениот имунитет е програмиран за препознавање обрасци и на тој начин препознава особини споделени
од групи на надворешни молекули,
• додека антителото и Т-клеточниот рецептор прикажуваат повисок степен на специфичност, препознавајќи
одредени антигени одредници (детерминанти) или епитопи.

• Антителата - мембрански врзани соединенија врз Б клеткитеМембрански врзаните антитела поседуваат


антигена специфичност за Б клетките.
• растворливи молекули излачени од плазма клетките.
• Умножуваето на антиген-специфичните Б клеточни клонови е поттикнато од меѓудејството на мембранското
антитело со антигенот. Излачените антитела циркулираат во крвта, каде служат како ефектори на хуморалниот
имунитет со пребарување и означување антигените за отстранување.
• Сите антитела имаат слични структурни особини и се врзуваат за антиген и учествуваат во ограничен број
ефекторни функции.
ИМУНОГЕНОСТ НАСПРОТИ АНТИГЕНОСТ

• Имуногеноста и антигеноста се поврзани со различни имуни особини кои понекогаш се мешаат


• Имуногеноста е способноста да се поттикне имун одговор кој може да биде хуморален и/или
клеточно посредуван. Иако супстанцата која поттикнува специфичен имун одговор обично се
нарекува антиген, содветно е да се нарекува и имуноген.
• Антигеноста е способноста за да се комбинира специфичноста
со крајните продукти од горните одговори (т.е. излаченото
антитело и/или површинските рецептори во Т клетките). Иако
сите молекули кои имаат својството на имуногеност исто така
имаат и својството на антигеност, не може обратно.

• Хаптени Одредени мали молекули сами по себе се недоволни


за индукција на имну одговор, со коњугација со одредени
молекули може да стекнат имуногени својства и се користат
како истражувачки алатки
но не се способни самите да поттикнуваат специфичен имун
одговор. Со други зборови, немаат имуногеност.
ОСНОВНИ ПОИМИ АНТИГЕН АНТИТЕЛО
• АНТИГЕН претставува секоја супстанција (како што е имуноген или хаптен) која е надвор од телото и
предизвикува имунолошки одговор самостојно или по формирање на комплекс со поголема молекула
(како што е протеин) и која е способна да се врзува за производ (како што е антитело или Т-клетка) на
имуниот одговор.
• поточно антигените се специфични молекули кои стапуваат во интеракција со имуноглобулинскиот
рецептор од Б клетките или со Т клеточниот рецептор
• Антителата и Т-клеточните рецептори се главните алатки преку кои стекнатиот имунитет ја oстварува
својата функција
• Истите прикажуваат висок степен на специфичност во препознавањето на одредени антигенски
детерминанти означени како епитопи.
• Епитопите се имуни активни подрачја од антигенот кои се врзуваат за антиген специфичните
мембрански рецептори на лимфоцитите или антителата. Делот од антителото што се врзува за епитопот
е паратоп
Антителата се епитоп-врзувачки протеини кои се сретнуваат
• како мембрански врзани компоненти врз Б- клетките или
• како растворливи молекули излачени од плазма-клетките
• Т-клеточниот рецептор - препознава само преработени антигени фрагменти споени со ГТК молекули.
• антителата кои се создаваат како одговор на одредена антигена дразба која е хетерогена.
• Повеќето антигени се структурни комплекси, кои содржат многу различни епитопи, а имуниот систем
обично реагира со создавање антитела на дел од епитопите во антигенот при тоа неколку различни Б-
клеточни клонови се стимулураат и се размножуваат.
• Резултатот од плазма клетките во еден Б клеточен клон е моноклонално антитело кое специфично се
врзува за единечна антигена одредница.
• Излачените продукти од сите стимулирани Б-клеточни клонови и групата на моноклонските антитела ги
сочинуваат поликлонските и хетерогените серумски антитела како одговор на имунизирачкиот антиген.
АНТИТЕЛА И АНТИГЕНИ

Антиген

Антитела

Антиген
ОСОБИНИТЕ НА ИМУНОГЕНОТ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ИМУНОГЕНОСТА

• Туѓост (одредени молекули како колагенот и цитохром Ц се задржале во еволуцијата и покажуваат мала
имуногеност низ лози од различни видови)
• Големина (помали молекули се послаби имуногени, поголеми со над 1000 000 далтони се поимуногени.
• хемискиот состав (хетродимери се со поголем капацитет за имуногеност, липиди се слаби имуногени и делуваат
како хапени, но со додавање на носач - хемоцијанин се добиваат високоспецифични антитела за целните липиди)
• прифатливост и обработливост,
• генотип на животно примтел
• Дозирање и начин на внесување (интравенозно, интрадермално, поткожно, интрамускулно, интраперитонеално)
• Адјуванси (помагачи)- (опстојување на антигенот во циркулацијата продолженожо, овозможуваат
костимулаторни сигнали да бидат засилени, локалното воспаление е зголемено,
- Стимулирано неспецифично размножување на лимфоцити
- Алуминиум сулфат многу често се користи како адјувант
ТУЃОСТ
• За поттикнување имун одговор, молекулата мора да биде препознаена како туѓа од страна на биолошкиот систем.
Наспроти капацитетот за препознавање на туѓо, се наоѓа и поднесувањето на свое, специфична подносливост (толеранција)
на свои антигени

•способноста за поднесување свои антигени произлегува при развојот на лимфоцитот, кога незрелите лимфоцити се
изложени на своите делови. Клетките кои при овој процес препознаваат свои делови се неактивни.

•Тие кои ќе го преживеат процесот се ослободени. Антигените кои не биле прикажани врз незрелите лимфоцити во овој
критичен период подоцна од страна на имуниот систем може да бидат препознати како туѓи.

•Кога антигенот ке се внесе во организам, степенот на неговата имуногеност зависи од степенот на неговата туѓост.

•Колку е поголемо филогенетското растојание помеѓу два вида, толку е поголема структурната (а со тоа и антигената)
различност помеѓу нивните структурни молекули. На пример, вообичаениот експериметален антиген говедски серум
албумин (БСА) не е имуноген кога се внесува во кравата, но е мошне имуноген кога ќе се внесе во зајак.

•Освен тоа, се очекува дека ГСА ќе извршува поголема имуногеност кај кокошката отколку кај козата, која е потесно
поврзана со говедата. Постојат исклучоци од ова правило. Одредени макромолекули (на пример, колагенот и цитохромот
Ц) мошне се задржале при еволуацијата и затоа прикажуваат многу малку имуногеност низ лози од различни видови.

• Одредени внатрешни делови на пр. ткивото од рожницата и спермата ефикасно се изолираат од имуниот систем, така
што ако овие ткива се внесат дури и во животното од кое потекнуваат, ќе функционираат како имуногени.

•Пример симпатична офатлмија!!!


МОЛЕКУЛСКА ГОЛЕМИНА
• Постои поврзаност помеѓу големината на макромолекулата и неговата имуногеност.
• Најактивните имуногени тежнеат кон молекулска маса од 1000,000 далтони (Да). супстанциите со молекулска маса помала
од 5000 до 10000 се слаби имуногени, иако за одредени супстанции со молекулска масапомала од 1000 докажано е дека се
имуногени.
ХЕМИСКИСОСТАВ И ХЕТЕРОГЕНОСТ
• Големината и надворешноста не се доволни, сами по себе, за молекулата да ја направат имуногенична. Исто така потребни
се и други особини. На пример, синтетичките хомополимери (полимери составени од повеќе копии од една аминокиселина
или шеќер) тежнеат да немаат имуногеност без разлика на нивната големина. Хетерополимерите обично се по имуногени
од хомополимерите. Овие проучувања покажуваат дека хемиската комплексност придонесува за имуногеноста.
• сите четири нивоа од организација кај протеинот-примарна, секундарна, терциерна и кватенерна структура -придонесуваат
за структурната комплекснот на протеинот и на тој начин влијаат врз неговата имуногеност.
• Липидни антигени можат да поттикнат Б клеточни реакции. На пример, липидите може да служат како хаптени прикачени за
соодветни молекули носачи, како што се протеините хемоцијанин од морски полжав ( ХМП) или говедскиот серум албумин
(БСА). При имунизирање со овие липидно-протеински коњугати, можно е да се добијатантитела кои се високо специфични
за целните липиди. Со употреба на ово ј пристап, создадени се антитела кон многу различни липидни молекули, вклучувајќи
стероиди, комплекс масно-киселински продукти и масно-растворливи витамин како што е витаминот Е.
КОЊУГАТИ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ ОД НОСАЧ И ХАПТЕН ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИМУНОГЕНОСТ

• Таквитеантитела се од значителна практична вредност - многу клинички анализи за присуството


и количествата на медицински значајните липиди се базираат наантитела.
• (На пример, одредувањето нивоата на комплексната група липиди познати како леукотриени може да биде
корисно при испитување пациентите со астма
• Анализите кои се базираат на употребата на противлипидни антитела овозможуваат откривање
пикограмски количини на леукотриен С4. Бидејќи противлеукотриенот С4 малку реагира или не реагира
со слични соединенија, како што е леукотриенот D4 или Е4, може да се користи за мерење леукотриенот C4
кај примероци кои го содржат ова соединение и многу други структурно поврзани липиди.
• Друга медицинско значајна употреба вклучува откривање преднизон, имуносупресивен стероид кој често
се внесува како дел од програмата за супресија на отфрлањето пресаден орган. Одржувањето соодветни
нивоа во крв на овие и други имуносупресивни лекови е значајно за успешен резултат при пресадувањето,
а имуноанализите кои се базираат наантителата се користат рутински за да ги направат овие процени.
ПРИФАТЛИВОСТ ЗА ОБРАБОТКА И ПРИКАЖУВАЊЕ АНТИГЕН

• Развојот на хуморалните (антитело-посредувани) и Т-клеточно посредуваните имуни реакции


бараат меѓудејство на Т клетките со антигенот кој е обработен и претставен заедно со ГТК
молекулите.
• Големите, нерастворливи или насобраните макромолекули во основа се поимуногени од
малите, растворливи бидејќи поголемите молекули полесно се фагоцитираат и обработуваат.
Макромолекулите кои не може да се разградат и претстават со ГТК молекулите се слаби
имуногени.
• Бидејќи разградувачките ензими во АПК разградуваат само протеини кои содржат Л амино
киселини, полимерите со Д-амино киселини не може да се обработат и затоа се слаби
имуногени
БИОЛОШКИ СИСТЕМИ
• Дури и ако макромолекулата има својства кои придонесуваат за имуногеноста, нејзината способност за
поттикнување имун одговор зависи и од одредени особини на биолошкиот систем со кој се сретнува
антигенот.
• генотипот од имунизираното животно влијае врз типот на имуниот одговор кој животното го
манифестира, како и степенот на одговорот.
• Бројни експерименти покажуваа генетска контрола на имунолошката реактивност, главно посредувана за
гените во ГТК.
• продуктите од ГТК гените, кои функционираат во прикажувањето на обработениот антиген на Т клетките
играат централна улога во одредувањето степенот до кој животното реагира кон имуногенот.
• Реакцијата на животното кон антигенот зависи и од гените кои ги кодираат Б- и Т-клеточните рецептори и
од гените кои кодираат различни протеини вклучени во имуните регулаторни механизми.
• Генетската променливост на сите овие гени влијае врз имуногеноста на дадена макромолекула кај
различни животни.
ИМУНОГЕНСКО ДОЗИРАЊЕ И НАЧИНОТ НА ВНЕСУВАЊЕ

• Рекацијата на антителото се мери со одредување нивото на антителото кое е присутно во серумот од


имунизираните животни
• Проценувањето Т клеточните реакции е посложено но може да се одреди со проценување порастот на бројот на Т
клетките кои носат Т клеточни рецептори кои го препознаваат имуногенот.
• комбинација на оптимална доза и начин на внесување ќе поттикне највисок имун одговор кај дадено животно.
• недоволната доза нема да стимулира имун одговор бидејќи не може да активира доволно лимфоцити или
бидејќи, во ниски дози може да поттикнат состојба на имунолошка нереактивност, или подносливост.
• Но и значително високата доза исто така може да поттикне подносливост.
• Имунот одговор кај глушецот кон прочистениот пневмококален капсуларен полисахарид го прикажува значењето
на дозата. Доза од 0,5 мг антиген не може да поттикне имун одговор кај глувците, додека 1000 пати пониска доза
од истиот антиген (5 х 10-4 мг) поттикнува хуморален одговор на антитела. Една доза од најмногуте
експеримаентални имуногени нема да поттикне силен одговор,туку,повторно внесување во период од неколку
недели доколку има потреба затоа.
• Ревакцинација или повторен внес, или засилувачи, го зголемуваат клонскито размножување на антиген-
специфичните Б и Т клетки и на тој начин ја зголемуваат лимфоцитната популација која е специфична за
имуногенот.
НАЧИНОТ НА ВНЕСУВАЊЕ
• Има силно влијае кои имуни органи и клеточни популациите ќе се вклучат при одговорот.

• антигенот кој се внесува интревенозно прво се носи до слезината, додека антигенот кој се внесува подкожно прво оди
во локалните лимфни јазли. Разликите во лимфоидните клетки кои ги населуваат овие органи може да се влијаат врз
натамошниот имун одговор.

• Помагачи (Адјуванси) се супстанции кои, кога ќе се измешаат и се внесат со антигенот, ја зголемуваат имуногеноста на
тој антиген. Помагачите често се користат при истражување и клиничка подготовка за засилување имунот одговор кога
антигенот има ниска имуногеност или кога антигенот е достапен во мали количини.

• противтелниот одговор кај глушец по имунизација со БСА може да се зголеми до пет пати или повеќе ако БСА се внесе
заедно со помагач.

• Точно колку помагачите го зголемуваат имунот одговор не е целосно јасно, но дел од познатите помагачи (например,
синтетските полирибонуклеотидии бактериските липополисахариди) сега се утврдени како лиганди за толовидните
рецептори во стеблестите клеткии макрофагите и на то јначин стимулираат имун одговорпреку активирање
вродениотиумунолошки систем.
АДЈУВАНСИ

Помагачите ги предизвикуваат еден или повеќе од следниве ефекти:


• Опстојувањето на антигенот е продолжено;
• Костимулаторните сигнали се зголемени;
• Локалното воспаление е зголемено;
• Стимулирано е неспецифичното размножување на лимфоцитите.
• Алуминиум натриум сулфат (алум) го продолжува опстојувањето на антигенот и е единствениот
помагач кој е одобрен за општа употреба кај луѓето. Кога антигенот ќе се измеша со алумот, солта
го таложи антигенот. Внесувањето на овој алумен талог доведува до поспоро ослободување
антигенот од областа на внесување, така што ефективното време за изложување антигенот
сезголемува од неколку денови без помагач до неколку недели со помагач.
АДЈУВАНСИ
• Алумниот талог исто така ја зголемува големината на антигенот, со што ја зголемува можноста за фагоцитоза.
• Помагачите вода во масло исто така го продолжуваат опстојувањето на антигенот.
• Препаратот познат како нецелосен Фројндов помагач содржи антиген во воден раствор, растително масло и
емулузивно соединение како што е манид моноолеат, кои го распрснува маслото во мали капки кои го опкружуваат
антигенот.
• споро се ослободува од местото на внесување a содржи топлотно убиени туберкулозни бактерии (Мycobacteria), како
дополнителна состојка.
• Мурамил дипептидот, дел од микобактерискиот клеточен ѕид, ги активира стеблестите клетки и макрофагите,
правејќи го целосниот Фројндов помагач далеку помоќен од нецелосниот облик.
• Активираните стеблести клетки и макрофагите се пофагоцитни и лачат повисоки нивоа на целосниот Фројндов
помагач далеку помоќен од нецелосниот облик.
• Фројндовите помагачи стимулираат локален, хроничен воспалителен одговор кој ги привлекува и фагоцитите и
лимфоцитите. Ова навлегување на клетки во местото на внесувањето помагач често доведува до создавање густа,
макрофагно богата маса клетк и позната како гранулом
ЕПИТОПИ

• Имуните клетки не препознаваат цела имуногена молекула. Наместо тоа,


лимфоцитите препознаваат дискретни области на макромолекулата
наречени епитопи, или антигенски детерминанти

• Еден антиген може да има повеке епитопи

• Различни епитопи се врзуваат за различни рецептори или антиген


детепминирачмки места

• Б кл епитопи се хидрофилни и тежнеат да се достапн за


имуноглобулинските врзувачки места

• Т кл епитопи се пептиди произлезени од ензимско разградување на


патогените и се препознаваат од Ткл рец само врзани за ГХК најчесто се
хигрофобни

• Лимфоцитите може да стапат во интеракција со комплексен антиген на


неколку нивоа од структурата од антигенот. Епитоп во протеинскиот антиген
може да вклучи елементи од примарната, секундарната, терциерната
структура на протеинот
ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ И НЕПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ЕПИТОПИ
(ПРЕКИНАТИ И НЕПРЕКИНАТИ ЕПИТОПИ)

• Исптување на позицијата на
врзување на т.е. молекуларната
интеракција меѓу антигенот и
антителото покажуваат дека
одредени епитопи се формирани
од една континуирана линија
аминокиселини (непрекинат
епитоп)
• Но, почесто епитопот има
контактни резидуи добиени од
различни делови на протеинскиот
антиген кои се составени со
свиткување на полипептидната
верига (прекинат епитоп)
ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ НЕПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ЕПИТОПИ
• Антигените со БЦР се врзуваат кога се во природна конформација
• епитоп што содржат 6-8 или конформациски одредници кај
миоглбоинот се доста одалечени, но при терциерна структура се
зближуваат и само во таква прородна конформација се имуногени
• Разлика меѓу последователни и непоследователни епитопи е во тоа кога
протеинот ке се денатурира кај последователните епитопи антителото
сеуште може да се врзе за секој епитоп пооделно, додека кај
непоследователните тие делови денатурираат и не се остварува врската
• Врз имунодоминантност на одреден епитоп влијааат внатрешните
топографски карактеристики, како и регулаторните механизми на
животните
АНТИТЕЛА

• Антителата се класа серумски протеини создадени во контакт со антигенот и најголем дел се


наоѓаат во глобинската фракција од серумот
• Б клетките имаат антитело врзано за мембраната со Igα и Ig β, и се трансмембрански молекули за
пренос на сигнали за активирање на Б клетките и потребни за експресија на мембранските IgG
• Структура - четири полипептидни вериги
• МЕМБРАНСКИИ СЕКРЕТИРАЧКИ ИМУНОГЛОБУЛИНИ
• ИМУНОГЛОБУЛИНСКА ФАМИЛАИЈА НА СУПЕРГЕНИ
• РЕГИЈА ВО ОБЛИК НА ШАРКА
• ВАРИЈАБИЛНИ И КОСТАНТНИ РЕГИОНИ
БЦР И ТЦР
ИНТЕРАКЦИИ АНТИГЕН /Б И Т КЛЕТОЧЕН РЕЦЕПТОР
СТРУКТУРА НА АНТИТЕЛО
• Антителата имаат заедничка структура од
четири пептидни вериги. Оваа структура се
состои од две идентични лесни (L) вериги (околу
22000 Da) и два идентични тешки (H) вериги
(55000 Da или повеќе).

• Секој лесна верига се врзува за тешка верига


преку –S-S- врска и со нековалентни врски
(водородни, хидрофобни) и стапува во
интеракција за создавање хетеродимер (H-L)

• Слични нековалентни и –Ѕ-Ѕ-врски меѓусебно


ги поврзуваат и двете идентични тешки вериги
за да ја формираат основната структура на
антителото од четири вериги (H-L)2.

• Точниот број на прецизни позиции на –Ѕ-Ѕ-


врски меѓу димерите се разликува помеѓу
класите и поткласите на антителата

• Сите разлики во специфиноста прикажани од


различни антитела може да се сведат на
разлики во секвенците на амино киселините во
V подрачјата
ГЕНИ ЗА АНТИТЕЛА
Организација на имуноглобулински генски
сегменти
Хромозом 2 κ - kappa
Хромозом 22 λ - lambda
Хромозом 14 H Heavy

Број на имуноглобулински генски


kappa ланец lambda ланец heavy ланец
V 132/40 105/30 123/65
D 0 0 27
J 5 4 9
КОМПОЗИЦИЈА НА ВЕРИГИТЕ ВО ИМУНОГЛОБУЛИНИТЕ

IgG

IgM

IgA

IgE

IgD
КОП

• Коп врзува антиген


• Рендгенска дифракција покажала дека дека Аг/Ат и тоа
главно остатоци од коп од Вт домејнот придонесува
повеќе за за врзување на антиген отколку Вл домејнот
• Конформацские промени дополнително влијаат на
врување на антигенот
• Зглобните подрачја кај IgG, IgA и IgD имаат дополнителна
пептидна секвенца меѓу домејн C1 и Ch и нема
хомологија со други домејни која им дава флексибилност
на овие сегменти и можност за заземање различни агли
• Иако IgМ и IgЕ немаат зглобно место тие имаат
дополнителни 110 аминокиселини Ch2/Ch2
АНТИТЕЛА
• Препознавањето на имуногенот од површинските антитела во В клетките поттикнува размножување и диференцирање на памтечките В-
клетки и плазма-клетките.

• Плазма-клетките лачат растворливи антитело-молекули со специфичност за антигенот кој е идентичен со површинскиот рецептор од В-
клетката родител.

• Структурните карактеристики на антителата им овоможуваат да ги исполнат нивните две главни функции:

1. Врзување со надворешени антигени кои се сретнале со домаќинот

2. Посредување ефекторни функции за неутрализирање или отстранување на надворешните напаѓачи.

• Антителата се наоѓаат во крвниот серум и во други течности кои ги лачи телото: млеко, солзи, плунката, жолчката, итн.

• Гама-глобулинскиот дел од серумот содржи серумски антитела, кои се наречени имуноглобулини (за да се разликуваат од сите други
протеини кои се содржат во гамаглобулинскиот дел)

• 60% од лесните вериги се капа (κ), а 40% се ламбда (λ)

• Антителото може да има само еден вид лесна верига (или капа или ламбда, никогаш и двете)

• Постојат пет видови главни класи на тешки вериги

• Петте основни модели на секвенци, што одговараат на пет различни константни (С) подрачја со тешки вериги се: ми (μ), делта (δ), гама (γ),
епсилон (ε) и алфа (α).

• Секоја од овие пет различни тешки вериги го определува изотипот (класата) на антителото.
ГЕНЕРАЛНА СТРУКТУРА НА IGG АНТИТЕЛО

Домејни во константно подрачје прикажани во табелата


IgA, IgD, IgG IgE, IgM
Ch1/Ch1 Ch1/Ch1
Зглобно подрачје Ch2/Ch2
Ch2/Ch2 Ch3/Ch3
Ch3/Ch3 Ch4/Ch4

•Зглобно подрачје само кај IgG, IgA, IgD

Ефекторна улога, јаглехидрати


комуникацја со други
молекули и клетки
Б КЛЕТОЧЕН РЕЦЕПТОР

• Тешките и лесните вериги се здиплени во домени, при што


секој содржи околу 110 остатоци од амино киселини и
меѓуверижна дисулфидна врска која формира јамка од 60
амино киселини.

• Амино-крајните домени, кои одговораат на В подрачја, се


врзуваат за антиген.

• Ефекторните функции се посредени од другите домени. Ми


и епсилон тешките вериги содржат дополнителен домен кој
го заменува зглобното подрачје.
АНТИТЕЛА

• Во секој домејн дисулфидните врски прават јамkи од 60 аминокиселини


• 3 подрачја во тешките и 3 во лесните вериги се наоѓаат во јамката која ги врзува Vh и Vl домеините
• Широкиот опсег на специфичности од амино киселински секвенци на 6 КОП кои спаѓаат во Ф
антититело фрагментот. Подрачјето за конструкција дејствува како скеле кое ги подржува сите 6
јамки
• КОП на тешките вериги контактира потесно до антигенот отколку коп на л вериги, но не треба да
исклучи влијанието на коп на лесните вериги
• Комформациски промени по врзување Аг/Ат
СО ЕНЗИМСКИ МЕТОД Е ИЗУЧУВАНА СТРУКТУРАТА
• Протеолитичко разложување на имуноглобулините со
различни ензими дава можност за изучување на овие
молекули

• ензим папаин го разградува IgG на три дела, од кои два се


идентични, а третиот е мошне различен.

• Двата идентични делови (секој од 45000 Da) поседуваат


антиген врзувачка активност и се наречени Fab фрагменти
(„Fragment, antigen binding“).

• Другиот дел (50000 Da) воопшто не поседува активност за


врзување антигени. Бидејќи тој кристализира при чување на
ладно, е наречен Fc фрагмент („Fragment, crystallizable“).

• Местата каде Fab и Fc фрагментите се поврзуваат се наречени


врзувачки (hinge) региони.

• Тие ја даваат флексибилноста на молекулата, при што таа има


способност да се ориентира, односно Fab фрагментите можат
да заземаат различен агол и да се прилагодуваат со цел што
постабилно да се врзат за антигенот
КОМПЛЕМЕНТАРНО ОДРЕДУВАЧКО ПОДРАЧЈЕ- КОП

• Најмногу разлики помеѓу антителата се во области на В подрачјата наречени подрачје (КОП), и кај
лесните и тешките вериги, го сочинуваат антигено врзувачкото место на противтелната молекула.
• антителата се гликопротеини, со одредени исклучоци, областите на прикачување јаглехидратите се
ограничени на константниот регион.
• Не е разбрана целосно улогата која ја игра гликозилацијата на молекулите, но веројатно ја зголемува
растворливоста на молекулите.
• Несоодветната гликозилација или нејзиното отсуство влијае врз стапката со која антителата се чистат
од серумот и ја намалува ефикасноста на меѓудејствота помеѓу антителото и другите протеини со кој
стапува во сооднос
АНТИТЕЛО СТРУКТУРНИ ВАРИЈАЦИИ
КЛАСИ И ПОДКЛАСИ
• Класи и поткласи Тешки ланци во V регионот

• Вериги капа и ламбда


• Алелична ексклузија - процесс о кој кетката го користи генот или од мајката или од таткото,
но никогаш двата. Б клетки покажува алелна ексклузија во тешките и лесните ланци. Т
клетките исто така го покажуваат овој феномен во нивните TCRab и TCRϒδ
• Алотипови - варијанти резултат на разлики генетски во самите видови. Секоја единка има
посебена варијаната на Иг генски локус која често се разликува од од другите единки
• Рекурентен и доминантен идиотип
лесни ланци во V регионот
• Идиотипови – варијанти кои настануваат како резултат на структурна хетерогеност во Ig
(имуноглобулините) и во регионите на TCR , потребна за врзување на различни антигени.
Некои идиотипови се направени само од животни кои имаат посебни групи на Иг гени и се
наречени герминативни идиотипови
• Хиперваријабилни региони и структурни сегменти
• Регион кој ја одредува комплементарноста
• Групи и подгрупи на V домејни

Кабат и Ву дијаграм
Бројно место на остатокот
ИЗОТИПОВИ И ИДИОТИПОВИ
•Изотип Константниот регион на тешката верига ја
определува имуноглобулинската класа

•Алотип: Секоја индивидуа наследува различни алели кои


Разлики во константно подрачје на тешките ланци
определуваат различна аминокиселинска секвенца во
константниот регион.
•Константниот регион на тешките и лесните вериги го
определува алотипот.

•Идиотип: антигенски детерминанти кои се формираат од


Разлики во константно подрачје на тешките и лесни вриги
специфични аминокиселини кои се наоѓаат во
хиперваријабилниот регион. Секој идиотип е уникатен за
секоја клетка која продуцира антитела.
Варијабилниот регион на тешките и лесните вериги го
определува идиотипот.

Разлики во варијабилниот регион на тешките и на лените ланци


КЛАСИ И ПОДКЛАСИ
КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАЗЛИЧНИ КЛАСИ АНТИТЕЛА
ИНТЕРАКЦИИ АНТИГЕН АНТИТЕЛО
• Епитоп/паратоп номенклатура за опишување на интеракцијата антиген антитело
• Паратоп е формирани од варијабилните јамки на V домејните и е мал регион (од 5
до 10 аминокиселини) од Fv регионот на антителото, дел од фрагментно врзувачки
антиген (регион Фаб) кој содржи делови од тешки и лесни ланци на антителото. Секоја
рака на Y облик на мономер на антитела е натопена со паратоп, кој е збир на региони
за одредување на комплементарноста.
• Контакт резидуи - се аминокиселините од епитопт и паратопoт кои придонесуваат за
врската антиген антитело
• Врски со кои се врзуваат антиген со антителото се Вандервалсови сили, јонски сили,
водородни и хидрофобни интеракции
• Кристалографски студии покажуваат дека антителата реагираат со трите варијабилни
региони (VJ, VDJ) кои се со големина од 1000 а2 и се блиску до врзувачкиот центар
• хиперваријабилните региони од лесните и тешките ланци даваат контактни
резидуи
ТЕРМИНИ ВАЖНИ ЗА ОБЈАСНУВАЊЕ НА ИНТЕРАКЦИИТЕ
АНТИГЕН АНТИТЕЛО
• Неутрализација на полнежот (наелектризираните контактни резидуи на епитопот честопати се
наелектризирани од резидуи со спротивен полнеж на паратопот, што е посебно важно за за центарот на
врзувачкото место)
• Индуцирано пасување (свиткување на резидуите во хиперваријабилните јамки што се овозможува
оптимално врзување за епитопите)
• Афинтет на антителата (мерка за јачината на врзување на антиген/антителото). По секундарна реакција со
ист антиген афинитетот на ИгГ зрее поради хипермутација која ги прави антителата при нивно создавање
во геминативните центри уште поспециичнии во натпреварот на Б клетките за антигенот
• Валеција на антителата (број на врзувачки места на еден молекул. Пр, ИгГ има две места а, ИгМ има 10.
ефективниот број зависи од конфигурацијата на антигенот)
• Авидитет на антителата (вкупна јачина на врските антиген/антитело поврзана со афинитетот и валенцијата
• Вкрстена реакција (некои антисеруми не се комплетно специфични за нивниот антиген, но врзуваат сродни
антигени затоа што споделуваат заеднчки епитоп или затоа што молекуларните обрасци на вкрстено
реагирачките антигени се слични.
ИМУНОГЛОБУЛИНСКА СУПЕРФАМИЛИЈА НА РЕЦЕПТОРИ

CD4

CD2
CD3 CD8
ПОДТИПОВИ НА ИМУНОГЛОБУЛИН Г
ИМУНОГЛОБУЛИН M (IG M)
•Голем пентамер во кој 5 IgМ мономери се држат заедно преку
бисулфидни врски
IgМ е првата класа која се создава во
•Има 10 потенцијално врзувачки места првичниот одговор кон антигенот и исто
•5-10% од вкупните Иг така првиот Ig кој се синтетизира кај
•Секој пентамер од IgM содржи Fc врзан полипептид Ј (joing новороденчето.
length) кој е дисулфидно врзан
•Ј ланецот е важен за соодветна полимеризација
•IgM е првото антитело продуцирано од примарниот имунитет
•Мономерен IgM е антиген рецептор на B клетки
•Не поминува низ плацента

Секретирано IgM
Иако IgA сочинува само 10-15% од вкупниот
ИМУНОГЛОБУЛИН A (IGA) имуноглобулин, тој е доминантната Ig-класа во
секретите: мајчино млеко, плунка, солзите и слузта од
бронхијалниот, генитоуринарниот и ГИТ тракт. Во
мајчиното млеко содржи секреторен IgA и многу други
молекули кои помагаат да се заштити новороденчето
од инфекција во текот на првите месеци од животот

• Во серумот, IgA првично постои како мономер, но


потоа формира димерни форми.

• Не ја минува плацентата.
• Дневното производство на секреторни IgA е
поголемо отколку производството на сите други класи Ig
Секој ден, човекот доставува од 5 -15 g секреторен IgA
во секретите
• Плазма клетките кои лачат IgA се концентрирани по
површината на мукозната мембрана (најмногу тенкото
црево).
Секреторниот IgA се состои од најмалку две IgA
молекули, кои се ковалентно меѓусебно поврзани преку
Ј-ланец
ИМУНОГЛОБУЛИН D (IGD)
IgD прво е откриен кај пациенти со мултипен миелом
чијшто протеини не реагираат со антиизотипен антисерум
против познатите изотипови: IgA, IgM и IgG.

Новата класа антитела, наречена IgD, сочинува околу 0,2%


од целиот имуноглобулин во серумот.

• IgD, заедно со IgМ, е главниот мембрански врзан


имуноглобулин презентиран врз зрелите В-клетки, а
неговата улога во физиологијата на В-клетките сеуште се
истражува.
• Не е утврдена ефекторна функција за IgD.

• тој е мономер со застапеност од 0,2% во серумот,во


лимфата и на В клетките

• Полуживот: 3 дена

• Го иницира имуниот одговор


ИМУНОГЛОБУЛИН Е (IGE)

• Структурно сличен на ИгГ • Моќната биолошка активност на IgE му озмозможува да


• Има 4 константни региони биде идентификуван во серумот и покрај неговата
исклучително ниска просечна серумска концентрација.
• Полуживот е 2 дена
• IgE посредува при брзите хиперсензитивни реакции кои
• Термолабилен се разградува на се одговорни за симптомите за алергија на поленов прав,
56 астма, сипаници и анафилактичен шок.
• IgE се врзува за рецепторите на мемебраните од
• Концентрација 0,3мг/мк
базофили и ткивните мастоцити.
• Најчесто се презентира
екстрацелуларно • Поврзувањето на рецепторските IgE молекули со антиген
(алерген) предизвикува базофилите и мастоцитите да ги
• Не поминува плацента преселат нивните составни компоненти кон плазмената
мембрана и да ја ослободат нивната содржина во
вонклеточната средина, дегранулација.
• Како резултат на тоа, се ослободуваат голем број
фармаколошки активни посредници кои предизвикуваат
алергиски манифестации
Најзастапена класа Ig во серумот, сочинува околу
ИМУНОГЛОБУЛИН G (IGG) 80% од вкупните серумски имуноглобулини.

• Молекулата на IgG содржи две гама тешки


вериги и две κ или две ламбда лесни вериги.
Постојат четири хумани подкласи на IgG,

• малите разлики во аминокиселините помеѓу


подкласите влијаат врз биолошката активност на
молекулата: IgG1, IgG3 и IgG4 лесно минуваат
низ плацентата и играат значајна улога во
заштитата на ембрионот.
• IgG3 е најефикасниот активатор на
комплемент, кој следи по IgG 1.
• IgG2 е помалку ефикасен, а IgG 4 не може
воопшто да активира комплемент.
• IgG1 и IgG3 се врзуваат со висок афинитет за
рецепторите на фагоцитните клетки и на тој
начин посредуваат опсонизација.
• IgG4 има просечен афинитет за фагоцитните
рецептори, а IgG 2 има многу мал афинитет.
СТРУКТУРА НА Fc РЕЦЕПТОРИ КАЈ ЧОВЕК

FcγR1

FcγR2 FcεR1
FcR FcγR3 FcaR
n
АНТИТЕЛО ОСТВАРЕНИ ФУНКЦИИ

• Варијабилните подрачја се многу битни за специфичното врзување на антигенот за


антителото, но CH домејнот (константниот дел од тешките ланци) е уште позначаен
бидејќи на тоа се должи соодносот со мноштво различни молекули, протеини, клетки и
ткива на што се должи ефективност на антителата а се состои во
• 1. Опсонизација преку (Fс рецептори)
• 2. активација на комплементот (C3b се врзува неспецифично за клеточните антиген антитело
комплексите блиску на местото каде бил активиран комплементот). Многу кл еритроцити или
макрофагите имаат рецептори за С3b, и на тој начин врзуваат клетки и комплекси кон кои е
залепен С3b (антиген антитела комплексите за рецепторите за С3b). Соодносот меѓу антителото
и комплементниот систем се важни за отстранување на антигените и убивање на патогените

• 3. антитело зависна клеточно посредувана цитотоксичност


• 4. можност на некои антитела да поминат низ епителниот слој – трансцитоза
1. ОПСОНИЗАЦИЈА
• Освен макрофаги и неутрофили и клектки кои не се вклучени во фагоцитоза имаат Fc
рецептори кои го врзуваат константното подрачје на антителото
• Врзување на фагоцитните Fc рецептори со неколку антитела молекули и тоа во комплекс со
ист антиген, како што е бактериски ѕид, обезбедува патогеност врз фагоцитната мембрабна.
• Овој крос линк на Fc R + антитело потикнува сигнално пренослива патека и фагоцитоза на
Аг/Ат комплексот (ензимско разградување, оксидација мембранско нарушувачки реакции ма
бактериските пептиди)
• активација на
комплементот слика
ОПСОНИНИ
АНТИТЕЛАТА
• Регионот Fab на антителото се врзува за антигенот, додека Fc регионот на антителото се врзува за Fc рецептор на фагоцит, олеснувајќи ја фагоцитозата.
• Комплексот на антигенско-антитела исто така може да го активира системот за комплементарност преку класичната патека на комплементот.
Фагоцитните клетки немаат Fc рецептор за имуноглобулин М (IgM), што го прави IgM неефикасен само за помагање на фагоцитоза
• IgM е исклучително ефикасен при активирање на комплементот и затоа се смета за опзонин.
• IgG антителата се исто така способни да ги врзат имунитетните ефективни клетки преку нивниот домен Fc, предизвикувајќи ослободување на
производи за лиза од врзаната клетка на имунитетниот ефект (моноцити, неутрофили, еозинофили и природни клетки убијци). Овој процес, наречен
клеточна цитотоксичност зависна од антитела, може да предизвика воспаление на околните ткива и оштетување на здравите клетки.

КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ
• C3b, C4b и C1q се важни молекули на комплементот што служат како опсонини.
• спонтаното активирање на комплеска каскада го претвора C3 во C3b, компонента што може да послужи како опсонин кога е врзана за антигенска
површина.
Антителата, исто така, можат да го активираат комплементот преку класичната патека, што резултира во таложење на C3b и C4b на површината на
антигенот. Откако C3b се врзува на површината на антигенот, може да се препознаат преку фагоцитни рецептори што сигнализираат за фагоцитоза.
Комплементалниот рецептор 1 е изразен на сите фагоцити и препознава голем број на комплементарни опсонини, вклучувајќи ги C3b и C4b кои се двата
дела на С3-конверзазата. C1q, член на комплексот Ц1, е во состојба да комуницира со Fc регионот на антитела.
ЦИРКУЛАЦИОНИ ПРОТЕИНИ
• Пентраксините, колектините и фиколините се протеини кои циркулираат и се способни да послужат како опсонини. Тие се излачуваат рецептори за
препознавање на модели (PRR). Овие молекули ги обложуваат микробите како опосонини и ја зголемуваат реактивноста на неутрофилите против нив
преку голем број механизми.
АКТИВАЦИЈА НА КОМПЛЕМЕНТОТ
АНТИТЕЛО ПОСРЕДУВАНА ЦИТОТОКСИЧНОСТ

• Т клеточниот одговор настанува преку посредување на антителата од АПК на Т ли (хелпер и


цитотоксични ) кои се завсни од стимулација со АПК + Аг – ГХК (1/2)
АНТИТЕЛО ПОСРЕДУВАНА ЦИТОТОКСИЧНОСТ
ТРАНСЦИТОЗА

• Кај луѓето, IgA е главната класа на антитела која претрпува трансцитоза, иако и IgМ може да
се транспортира до мукозната површина.
• Трансферот на мајчините ИгГ започнува на околу 12 недели, но поголемиот дел од
мајчините ИгГ се пренесува по 32 недела од интраутериниот живот. Затоа на екстремно
предвремено родени бебиња им недостасуваат циркулирачките мајчини ИгГ при раѓање и се
подлижни на инфекции
• Пренесување IgG од мајката во ембрионот е форма на пасивна имунизација,
• Пасивниот имунитет претставува добивање имунитет преку примање претходно формирани
антитела наместо со активно создавање антитела по изложување кон антигенот.
• Способноста да се пренесат антителата од едно лице на друго е основа за терапијата со
антитела.
МОНОКЛОНАЛНИ АНТИТЕЛА

• антигените имаат повеќе епитопи и поттикнуваат размножување и диференцирање на повеќе


Б-клеточни клонови, при што секој е изведен од В клетката која препознава посебен епитоп.
• Серумските антитела кои се добиваат се хетерогени, сочинувајќи мешавина од антитела, при
што секое е специфично за еден епитоп, поликлонални антитела.
• Предности: ја олеснуваат локализацијата, фагоцитозата и комплемент- посредуваното
разградување на антигени,
• хетерогеноста на антителата која ја зголемува имунолошката заштита, ја намалува
делотворноста на антисерумот за другите негивни намени
• За повеќето истражувачки, дијагностички и терапевтски цели, моноклоналните антитела,
изведени од еден клон се покорисни.
МОНОКЛОНАЛНИ АНТИТЕЛА
• Моноклоналните антитела кои се изведени од една плазма-клетка, се специфични за еден епитоп во
комплексниот антиген.
• Со спојување (фузија) на нормално активирана, антитело-создавачка Б клетка со миеломска клетка
(малигна клетка), се добива хибридна клетка, наречена хибридом, која е безсмртна карактеристика на
миеломската клетка и излачува антитела како Б-клетките.
• Добиените клоновите од хибридомните клетки, кои лачат големи количини моноклонални антитела,
можат неограничено да се култивираат!
МОНОКЛОНАЛНИ АНТИТЕЛА, КЛИНИЧКА УПОТРЕБА
• Употребата на антителата во поновата историја има многу важно место. Можноста за нивно
„хуманизирање“ со техниките за генетски инжинеринг и модифицирање дава нов развој во оваа
област.
• Употреба на глувчешки моноклонални антитела за лекување луѓе носи ризик од силен одговор
против овие туѓи протеини.
• Најновите продукти се создаваат во човечки системи или се генетски модифицирани за вклучување
на варијабилните глувчешки региони од антителата во константните региони и скелетот на
човечките антитела, со што се намалува можноста за покренување на имун одговор против нив.
МОНОКЛОНАЛНИ АНТИТЕЛА ПРИМЕНА
Дијагностички
Терапевтски
Самостојно или Конјугати на моноклонални антитела – имуноконјугати (радиоизотопи, токсини,
лекови)
• Дијагностички: Мноштво лабораториски тестови за одредување на специфичен целен молекул
• (хормони, тумор маркери, тестовите за бременост, дијагностицирање на микроорганизми
индитректно преку детекција на антителата илиа пак директо детекција на антигени0
• дијагностицирање на кардиоваскуларни болести, определување на нивоата на различни лекови во
крвта,
• антигени за хистокомпатибилна совпадливост и откривање антигени кај некои тумори
(радиообележаните моноклонални антитела се користат in vivo за откривање или лоцирање туморски
антигени, овозможувајќи рана дијагноза на одредени првични или метастатски тумори кај пациенти.
ПРИМЕНА НА АНТИТЕЛА КАКО БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА
ЛЕКУВАЊЕТО НА МАЛИГНИ БОЛЕСТИ И БОЛЕСТИ ВРЗАНИ СО НАРУШУВАЊЕ НА ИМУНИТЕTОТ
ЗА ПОМНЕЊЕ

• Сите имуногени се и антигени, но обратно не сите антигени не мора да се антигени. Пример хаптените
се антигени со мали молекулии не можат да поттикнат имун одговор стануваат имуногени само ако се
врзаат за поголема молекула
• Имуногеноста е одредена од многу фактори-туѓост, молекулска големина, хемиски состав,
комплексноста, дозата, прифатливоста за обработување и прикажување на антиген, генотипот на
примателот посебно неговите ГХК гени, начинот на внесување и помагачите ( адјуванти)
• Антителата препознаваат широк ранг на антигени одредници или епитопи. Малите антигени често се
врзуваат во тесни вдлабнатини или длабоки прегради од антителото. Поголемите антигени како што се
глобуларните протеини стапуваат во меѓудејство со со поголема помазна комплементарна површина на
молекулот од антителото
• Антителото содржи две идентични лесни и тешки вериги поврзани со дисулфидни врски. Секоја верига
се состои од амино крајно варијабилно подрачје и карбоксилно крајно константно подрачје
• Кај кој било даден молекул константното подрачје содржи еден од петте основни секвенци со тешки
вериги наречени изотипови што ја одредува класата на антителото(IgM-ми, IgG-гама, IgD-делта, IgE
-епсилон IgA-алфа) и една од двете основни видови на секвенци од лесни вериги (капа и ламбда)
ЗА ПОМНЕЊЕ

• Петет класи на антитела имаат различни ефекторни функции, просечни серумски


концентрации и периоди на полуживот
• Секој од имуноглобулинските домејни има карактеристична терциерна структура наречена
имуноглобулинско диплење. Присуството на имуноглобулинскиот здиплен домејн исто така
го има во многу други протеински неантитела како членови на суперфамилијата
имуноглобулини
• Во амино крајното променливо подрачје на секој од лесните и тешките ланци се наоѓаат три
комплементарно детерминирачки подрачја (КОП). Овие полипептидни подрачја
придонесуваат за антиген врзувачкото место за антителото одредувајќи ја неговата
специфичност
• Имуноглобулините се лачат во две форми: излачено од плазма клетки и мембрански врзано
за Б клетки
ПРАШAЊА

• 1. што е разлика меѓу антигеност и имуногеност


• 2. што е хаптен
• 3. кој адјувант најчесто се користи за засилување на имуноста
• 4. Кој дел од антителото ја одредува класата
• 5. колку класи на антитела има
• 6. Што е епитоп
• 7. дали еден антиген продуцира едно антитело
• 8. Кои се лесните ланци од антитела.
• 9. кои се првите антитела кои се појавуваа по примарна инфекција
• 10. Кои антитела се пренесуваат трансплацентарно и од кој месец на бременоста започнува преносот и кога е
најголем
• 11. Кои антитела се активатори на комплементот
• 12. Кои се најважни антитело остварени функции
• 13. Што е хибридом

You might also like