You are on page 1of 5

ФИЗИОЛОГИЈА, 2 година

Ендокрин систем

1.Механизам на дејство на хормоните

– хормоните можат да дејствуваат на неколку начини. Со промена на пропустловста на


мембраната преку отворање и затворење на јонски канал. Можат да направат активирање или
инактивирање на ензимите внатре во клетката преку врзување на хормонот за некој мембрански
рецептор и создавање на т.н втор гласник.

Пр. cAMF (ЦИКЛИЧЕН АДЕНОЗИН МОНОФОСФАТ)

Систем на калциум – калмодулин кој вклучен во механизам на дејство на хормони кои учествиваат
во активноста на мазните мускули

Разградни продукти на мембранските фосфолипиди

Исто така поврзувањето на хормонот за интраклеточни хормони , комплексот хормон-рецептор ќе


се врзе или активира специфични точки на ДНК во јадрото. Потоа ќе настане транскрипција за
синтеза на мРНК и создавање на протеини како клеточен одговор.

2. Хормон за раст/ STH

- ссе лачи од аденохипофизаата, овој хормон влијае врз растот на ткивата во организмот преку
зголемување на волуменот на клетките, нивен број и нивна диференцијација.

Овој хормон има влијание врз метаболизмот на протеините при што предизвикува зголемена
синтеза на протеините насекаде низ телото, така што зголемува транскрипција на ДНК и
транслација на РНК. Исто така предизвикува зголемена мобилизација на масните киселина (МК)
од масното ткиво и нивна претворање ацетил-КоА.

Во однос на метаболизмот на јаглехидратите прредизвикува намалено искористување на


гликозата преку зголлемено одложување на гликоген што ќе резултира со хипергликемија.

3. Кортизол (жлезда, класификација, функција)

-е хормон кој се лачи од кора на надбубрежна жлезда, спаѓа во група на глукокортикоиди кои
имаат дејство врз метаболизмот на мастите, протеини и јаглехидрати.

Функции на кортизолот се: го зголемуваат катаболизмот на протеини при што се зголемуваат АК


при што можат да биидат искористени за синтеза на нови плазма протеини, учествуваат во
создавањето на глукоза (глуконеогенеза), предизвикуваат липолиза на триглицеридите, ја
зголемуваат отпорноста на стрес, има антивоспалителен ефект (намалување на ослободување на
хистаминот, отежнување на фагоцитоза и сл.), предизвикуваат супресија на имун одговор.
4. Инсулин и глукагон

- се хормони на ендокриниот панкреас.

Инсулинот е хормон кој го има хипогликемично дејствопреку зголемување на пропустливоста на


целните клетки за гликоза при што навлегува од крвта во клетките. Инсулинското дејство е
најизразено во мускулните клетки, хепатоциитите и адипоцитите. Во мускулите вишокот на
гликоза под дејството на инсулинот се трансформира во гликоген (важен енергетски извор). Исто
така инсулинот ги штеди мастите и ја стиимулира синтезата на МК и стимулира синтеза на
протеините во сите ткива.

Глукагонот е хормон на алфа клетките на панкреасот. Овој хормон има силно хипергликемично
дејство преку процесот на гликогенолиза и гликонеогенеза. Тој исто така кога е високи
концентрации во крвта го активира ензимот липазаи на тој начин придонесува за поголемо
количчество на слоободни МК на располагањње на енергетските системина телото.

5. Тиреодни хормони

- хормони на тиреодна жлезда се: тироксин и тријодтиронин. Се синтентизираат под дејство на


TSH со јод во атомски облик во АК тирозин. Во крвта се наоѓаат врзани за транспортни протеини,
тироксин врзувачки глобулин и албумин. Тиреодините хормони предизвикуваат интензивна
транскрипција на голем број на гени во јадрото при што предизвикуваат зголемување на
оксидативните процеси и базалниот метаболизам во организмот. Исто така заедносо STH и
инсулинот, тиреодните хормони го забрзуваат телесниот раст особено на нервното ткиво врз КВС
влијаат врз зголемување на срцева фрекфенција во РЕС, зголемување на дишна фрекфенција во
ГИТ, зголемено движење на цревата и ЦНС несоница.

6. Женски полови хормони

- се естроген и прогестерон. Нивните физиолошки дејства можат да се поделат на гонадални и


екстрагонадални дејства. Во гонаадални дејства спаѓаат зголемување на овариуми , тубите,
утерусот и вагината потоа вршат промена наепителот на вагината од кубичен во плочес т епител,
исто така во матката доаѓа до прилоферација на ендометриумот за да се овозможи исхрана на
оплодена јајце клетка. Од екстрагонадални дејства предизвикуваат забавен раст, надолжен раст
на коските , прееддизвикуваат намалување на LDL, ја прават кожата потенка и ги намалуваат
потните жлезди.

7. Машки полови хормони

- најзначаен машки хормон е тестостерон . од гонадалните дејства доведува до пораст на машките


полови органи, промена на гласот, создавање на погруба кожа и зголемено создавање на лојните
жлезди, зголемување на мускулна маса, забавен раст на коските, зголемен баазален
метаболизам, зголемен број на еритроцити во крвта.
РЕСПИРАТОРЕН СИСТЕМ

1.Белодробна вентилација?

- се одвива во 2 фази: фаза на инспириум и фаза на експириум. Овој процес се одвива на два
начина со спуштање и подигање на дијаафрагмата, и со подигање и спуштање на ребрата. При
првиот начин дијафрагмата се контрахира и ја повлекува долната површина на БД надолу. При
експириум дијафрагмата се релаксира, градниот кош и абдоминалната мусклулатура ги
компримира БД. Втор начин при инспириум ребрата се подигаат при што градната коска се
поместува нанапред. Мускулите кои го подигаат градниот кош се mm.intracotales externi,
mm.sternocleideimastoidei, mm.serati anteriores. Мускули кои го спуштаат градниот кош се
mm.intracostales interni, mm.recti abdominis.

2.Размена на гасови

-секој гас според Далтановиот закон се движи од местото со повисок кон местото кон понизок
парцијален притисок. Размената на гасови во белите дробови се одвива во респираторни
бронхиоли, алвеоларни дуктуси, атриуми и алвеоли. Парцијалниот притисок на кислородот во
алвеолите изнесува 104 ммХг, додека во капиларите изнесува 100 ммХг па затоа кислородот се
движи во правец на неговиот концентрациски градиент. Парцијалниот притисок на кислородот во
системската циркулација изнесува 95ммХг, додека во ткивата изнесува 40 ммХг и затоа
кислородот навлегува во ткивата. Парцијалниот притисок на јаглеродниот диоксид во ткивата
изнесува 46 ммХг, а во меѓуклеточната течност изнесува 45 ммХг. Така тој влегува во периферните
капилари и преку срцето крвта повторно доаѓа во белодробните капилари со што повторно
започнва процесот на оксигенација.

3.Транспорт на гасови

-постојт два начини преку кои О2 се пренесува од алвеолите во клетките: врзан за хемоглобинот
во форма на оксихемоглобин (97%) и во растворена состојба (3%) во плазмата.

Сатурација на хемоглобинот со кислород ја определува кривата на дисоцијација на


оксихемоглобинот. Колку е поголем парцијалниот притисок на кислородот, толку е поголемо
количеството на оксихемоглобинот. Процентот на крв кој го отпушта кислородот при поминување
на ткивата е коефициент на искористување и иззнесува 25%, но при физички напор може да
порасне до 70-80%.

Јаглеродниот диоксид се преенесува на три начини од клетките во алвеолите. Првиот е


растворена состојба (7%), облик на бикорбонати (70%), растворениот СО2 реагира совода и се
создава јагленова киселина која реакција е катализирана од ензимот карбоанхидраза. Јагленовата
киселина ги дисоцира брзо јони на водород и бикарбонати, водородот се врзува за хемоглобинот
додека бикарбонатите дифундираат од еритроцитите во плазмата, а јоните на хлоридите
дифундираат во обратен правец.
Исто така може СО2 да се транспортира врзан за хемоглобинот (23%) при што се создава
карбоаминохемоглобин.

КАРДИОВАСКУЛАРЕН СИСТЕМ

Нервен систем

1) Рефлексот е нервен круг при што започнува од рецепторите кои се надразнуваат и


информацијата преку аферентни сензитивни влакна се пренесува до ЦНС, а од ЦНС преку
еферентни моторни влакна се спроведува до орган ефектор а одговор на овој ефектор се
нарекува рефлексен одговор пример пателарен рефлекс, грч.
1.(едно есејско) Големиот мозок е изграден од сива маса(cortex) и бела маса(medulla). Во
белата маса се сместени базалните ганглии додека кортексот се состои од сензитивен,
моторен кортекс и асоцијативни подрачја. Физиолошки функции на големиот мозок се
програмирање и контрола на волеви движења, формирање на емоции,
когниција(внимание помнење учење).Во базалните ганглии се испраќаат инхибиторни
сигнали до скелетните мускули кои го намалуваат мускулниот тонус. Исто така во нив се
запаметени автоматските движења кои се научиле за време на детството а се изведуваат
без учество на свеста пр. Пишување,цртање,шиење,свирење на инструмент.
(едно есејско) Меѓумозок- Составни делови на меѓу мозокот се: хипоталамус и таламус.
Низ таламусот поминуваат сензитивни моторни патишта, а функции на хипоталамусот се
регулација на работата на внатрешни органи( симпатични и парасимпатични центри,
секреција на хормони, регулација на телесна температура,создавање на нагони(жед,глад и
полови нагони).
2) Мал мозок- изграден од сива и бела маса. Функции: моторни,учествува при планирање и
изведување на движењата, учествува при рамнотежа, ја координира контракцијата на
повеќе мускули за изведување на едно движење и ја регулира јачината на мускулните
контракции.
Продолжен мозок- функции: регулација на дишењето, крвен притисок, циклусот на
сон/будност и други вегетативни функции на органите на главата.

1) Мозочното стебло е составено од три дела: среден мозок, мост и продолжен мозок.
Функции се: ВЕГЕТАТИВНИ -регулација на дишењето, крвен притисок, циклусот на
сон/будност и други вегетативни функции на органите на главата. МОТОРНИ- рефлекс на
голтање, кашлање,повраќање, движење на очните булбуси,мимика на лицето,одржување
на рамнотежа и исто така учествува во регулација на површен или длабок сензибилитет на
главата и лицето.
Рбетен мозок: изграден од бела и сива маса. Функции се: рефлексни кои овозможуваат
одбрана од надворешни штетни дразби, рефлекси на флексија екстензија, чекорење,
трчање, регулација на должината на скелетни мускули и вегетативни функции уринирање
и дефикација(мочање и какање),кардиоваскуларни и гастроинтестинални функции.
2) Синапса- Синапсата претставува врска помеѓу аксонот на една нервна
клетка(претсинаптички дел) и дентдритите на друга нервна клетка (постсинаптички дел) а
меѓу нив се наоѓа синаптичка пукнатина.
Како се пренесува сигналот?
– Прво- настанува пренос на импулс до терминалните аксонски завршетоци на
пресинаптичкиот неврон.
-Второ – нервниот импулс предизвикува отварање на Ca-канали.
-Трето- Калциумот влегува во аксонските завршетоци и настанува слепување со
мембраната на синаптичките везикули/ацетилхолин.
-Четврт- Следува соединување или спојување на везикулите со клеточната мембрана
ослободување на молекулите на невротрансмитерот(ацетилхолин кај хемиските синапси)
-Петти- Невротрансмитерот се врзува за рецепторите на постсинаптичката мембрана)
-Шести- Доколку невротрансмитерот е ексцитаторен/надразнување се отвараат
Na/натриумови канали влегува во клетката во цитоплазмата на потсинаптичкиот неврон и
предизвикува ексцитација.
Во случај кога невротрансмитерот е инхибиторен тогаш калиумовите канали се отвараат
што ќе предизвика излагање на калиумот и нема да предизвика нервен импулс.

You might also like