You are on page 1of 49

АНАТОМИЈА 3 ИСПИТНИ ПРАШАЊА

1.Кожа

Кожа Integumentum commune


Кожата претставува површинска обвивка на телото и во неа е сместено сетилото
за површински сензибилитет. Ова сетило е изградено од многубројни т.н.
завршетоци и завршни нервни телца на сензитивните нерви, а тие всушност ги
пренесуваат дразбите центрипетално односно асцендентно па токму затоа
посодветно би било да се каже дека се ова нервни почетоци. Сензитивните нерви
во кожата служат за прием на впечатоци од сите категории на површински
сензибилитет и тоа: допир, болка, притисок и температура.
Улога на кожата: протективна од надворешни влијанија, метаболизам,
терморегулација.
Морфологија: дебелина 1-4мм (најтенка е на очните капаци и ушното тапанче,
најдебела е на дланките и табаните), подвижноста е променлива (зависи од
начинот на поврзување на длабоката страна на кожата со подлогата и е
најподвижна кога е поврзана со поголема количина растресито клеточно ткиво),
значителна еластичност (се намалува со годините), бојата зависи од количината и
распределбата на пигмент и од состојбата на крвните садови, надворената
површина енерамна и се забележуваат бројни гребени, жлебови, отвори или пори.
Хистологија на кожа: поврински слој епидермис граден од епител, крзно, кориум
или дермис граден од сврзно ткиво и хиподерм, поткожен слој или tela subcutanea.
2.Camera anterior bulbi камера антериор булби
Camera anterior bulbi предна очна комора предна комора на очното јаболко
-Претставува преден простор кој е ограничен од напред со задната страна на
корнеата а назад со предната страна на ирисот, кој простор е исполнет со очната
водичка. На предната комора се опичуваат две страни, еден аго и една врск.
А)Предна страна – која е претставена со задната страна на корнееата.
б)Задна страна – која е претставена со предната страна на ирисот
в) Иридокорнеален агол – претставува агол кос е формиран од спојот на комората
со корнеата и периферниот раб од цилијарното тело. Во близина на овој агол се
отвара Шлемовиот канал (преку него очната водичка се дренира во крвните
садови на склерата кои пак се влеваат во офталмичните вени).
г)Чешлеста врска Lig.pectineatum anguli iridocornealis oваја врска се наоѓа на
предниот ѕид од аголот која со своите блакна формира отвори р.е септи низ кој
очната водичка протекува.
Camera Posterior bulbi задна очна комора
-Комора која се наоѓа помеѓу задната страна од ирисот и предната страна од
леќата, како и предната комора и оваја е исполнета со очна водичка покрај неа во
оваја комора се сместени и zonula ciliares влакнестите врски за фиксација на
леката. На задната комора се опишуваат 4 ѕида и тоа:
Преден ѕид претставен со задната страна од ирисот
Заден ѕид претставен со предната страна од стаклетото тело, т.е делот кој
не е покриен со леќата.
Периферен ѕид претставен со corpus ciliare и processus ciliares.
Среден ѕид претставен со екваторот на леќата

3.Diencephalon диенцефалон
Mеѓумозок (diencephalon)
- Е сместен помеѓу средниот и големиот мозок. Во меѓумозокот се наоѓа третата
мозочна комора (ventriculuc tetrius). Тој се состои од таламоенцефалон и од
хипоталамус, таламоенцефалонот претстаува поголемиот заден дел од
меѓумозокот и се состои од: таламус,епиталамус и метаталамус.
Има вентрална и дорзална страна.
*Соодноси: Хемисферите на големиот мозок го опфаќаат меѓумозокот од сите
страни освен вентралната која е слободна и на која се наоѓа хипоталамусот.
Меѓумозкот е одделен од мозочните хемисфери со латералните мозочни комори,
а од базалните јадра со сноповите на внатрешната капсула. На вентралната
страна границата меѓу меѓумозкот и средниот мозок е претставена со две
мамиларни тела, а на дорзалната страна границата е покривната плочкана
средниот мозок или тектум месенцефали. Границата со големиот мозок е тешко
да се одреди, на вентралната страна тоа би било предниот раб од хиазма
оптикум.
*Таламус (Thalamus) е најголема парна сива маса на меѓумозокот со јајцевидна
форма. Тој е најважен субкортикален сензитивен центар.
*Епиталамус (Еpithalamus) е најмал дел од меѓумозокот. Најважен негов дел е
епифизата ендокрина жлезда.
*Метаталамус (Мetathalamus) се наоѓа под задниот пол на таламусот и е
претставен со две испапчувања, внатрешно и надворешно коленасто тело
предизвикано од истоимени сиви маси.
Хипоталамус (hypothalamus) е функционално најважен дел на меѓумозокот кој се
наоѓа под предниот дел на таламусот. Хпоталамусот е поврзан со петелка со
хипофизата-важна ендокрина жлезда. Во состав на хипоталамусот се наоѓаат
бројни јадра. Тука се наоѓа центарот за глад, жед и регулација на телесната
температура. Хипоталамусот е одговорен за изразување на емоции, нагони и
регулација на сонот.

4.Sclera склера
Sclera-го претставува поголемиот дел од фиброзната обвивка, чиј преден дел е
видлив и е обвиткан со tunica conjunctiva bilbi. Надворешната страна на белката е
прекрина со Fascia bulbi додека нејзината внатрешна страна е покриена со
Choroidea.
На белката се опишуваат неколку морфолошки отвори низ кој навлегуваат и
излегуваат садови и нерви.
-Отвор за оптичкиот нерв кој се наѓа на 4мм од задниот пол при кој орвор
заедно со n.opticus поминуваат и a. et v. centralis retinae.
-Отвор за a.ciliares posterior breves
-Отвор за aa.ciliares posterior longi
-Отвоr за Vorticosae
-Отвор за a.ciliares anteriores
-Canalis SCHLEMMI.
5.Долен ѕид на cavum tympani долен ѕид на кавум тимпани
Долен/југуларен ѕид paries jugularis го претставува дното односно е најнизок дел
од cavum tympani кој лежи под нивото на membrane tympani. Ѕидот е тенка
коскена плочка која ја дели тапанската празнина од vena jugularis interna, односно
доаѓа во сооднос со fossa jugularis каде е сместено горното проширување на
внатрешната југуларна вена или bulbus venae jugularis superior.
6.Четврта мозочна комора вентрикулус квартус
Ventriculus quartus (четврта мозочна комора)
-Е централна празнина на ромбестиот мозок исполната со мозочна течност (liquor
cerebrospinalis). Предниот ѕид на комората го формираат задните страни од
продлжениот мозок и мостот. Бочно е ограничена со горните и долните ножиња на
малиот мозок, а задниот го гради средишниот дел на предната страна на малиот
мозок. Комората функционира со третата мозочна комора преку мозочниот вод
(aqueductus cerebri) со централниот канал на ‘рбетниот мозок и со
субарахноидалниот простор.

7.Auris interna ВНАТРЕШНО УВО аурис интерна


Внатрешното уво според својата карактеристична градба е наречено лабиринт кое
е локализирано во pars pyramidalis од os temporale. Внатрешното уво се дели на
два дела и тоа на коскен лабиринт и на мембранозен лабиринт.
*Коскен лабиринт (LABYRINTHUS OSSEUS) labirintus osseus
-Овој лабиринт е сместен во пирамидалниот дел од слеепоолната коска и тоа
меѓу cavum tympani и дното од ходникот. Исто така на овој лабиринт се опишуваат
три дела и тоа:
1)Conchlea (полжав), 2.Vestibulum(трем), 3.Canales semicirculares ossei(коскени
полукружни канали)
1.Полжав Conchlea кохлеа
-Го прертставува предниот дел од коскениот лабиринт на кој се опишуваат
неколку морфолошки карактеристикиЧ
а)Стожер (Modiolus)
-Го претставува средишниот дел од полжавот и наликува на шуплив конус со база
свртена кон предно долнит квандрант од fundus meatus acusticus interni. Околу
стоѓерот свиткуваат спиралниот канл и коскената спирална плочка.
б)Спирален канал на полжавот(canalsi spiralis cochleae)
-Претставува коскен канал кој е свртен околу стожерот т.е cochlea при што
формира два и пол спирални свипци: базален,среден и купуларен. На базалниот
свиок се наоѓа отворот преку кој се востпоставува комуникација со тремот.
в) Коскена спирална плоча (Lamina spiralis ossea)
-Претставува коскена трака која е сместена во стожерот и е прикрепена на
неговата надворешна површина. Оваја ламина спиралниот канал го дели на два
не потполно оделени делови и тоа Scala vestibule et tympani.
2.Трем Vestibulum
-Тремот се наоѓа зад полжавот, а пред поликружните канали, кој претставува
јацевидна шуплина се сместени неколку делови од мембранозниот лабиринт и
тоа: ( Mешница UTRICULUS), (Ќесичка SACULUS) (Тремниот крај VEVUM
VESTIBULARE), (DUCTUS UTRICULOSACULARIS), (DCGTUS
ENDOLYMPHATICUS) И (DUCTUS REUNIENES). На тремот морфолоѓки се
опишуваат 6 ѕида и тоа:
Медијален кој е претставен со задната половина на fundus meatus acusticus interni.
На ѕидот налегнуваат во соодветни вдлабнувања утрикулусот и сакулусот.
Латерален ѕид кој е претставен со коскена плочка која спротивна страна го гради
медијални ѕид оd cavum tympani. На овој ѕид се наоѓаат fenestra vestibule et
cochleae.
Заден ѕид во чие дно се наоѓа отворот на ampula ossea posterior.
Преден ѕид кој е свртен кон полжавот
Горен ѕид на кој се отара ampula ossea anterior.
Долен ѕид на кој ѕид се отвара canaliculus cochleae.
3.Коскени полукружни канали Canales semicirculares ossei каналис
семициркуларис -Претставуваат три на број кој се сместени зад и над тремот и
тоа во три просторни рамнини според што се и именувани. Сите имаат
морфолошки различни краја, едниот крај е проширен како ампула, а другиот крај е
едноставен во вид на крак. Сите ампули од трите коскени полукружни канали се
отвораат на соодветно место во тремот. Во овие канали се сместени соодветните
мембранозни канали.
а)Canalis semicircularis anterior на кој се опишува (ampula ossea anterior) има
предна ориентација
б)Canalis semicircularis posterior на кој се опишува (ampula ossea posterior) има
задна ориентација
в)Canalis semicircularis lateralis на кој се опишува (ampila ossea lateralis) има
предно-латерална ориентација

*Мембраносен лабиринт (LABYRITHUS MEMBRANACEUS) labirintus membranosus


Мембранозниот лабиринт е составен од 5 делови кој се сместени во коскениот
лабиринт од внатрешното уво деловите кој се опишуваат се:
1.Мембранозен полжав (Ductus cochlearis)
Претставува свиена тристрано призматична цевка која е сместена во спиралниот
канал од полжавот, исклучок прави неговото слепо завршување кое лежи во
вестибулумот.
2.Ќесичка Sacculus
Претставува мала мембранозна вреќичка сместена во вестубулумот и тоа
прилепена за неговит внатрешен ѕид.
3.Мешница Utriculus
Претставува јајцевидно мембранозно ќесе кое е локализирано во горно задниот
дел од вестибулимот и тоа на неговиот медијален ѕид.
4.Мембранозни полукружни кана Ductus semicirculares membranacea
Претставуваат мембранозни канали кои одговаараат на коскените полукрижни
канали на кој исто така се опишуваат проширени делови ампула.
5.Ендолимфен канал и ендолимфно кесе Ductus endolymphaticus et saccus
endolymphaticus
-Овие две структуси се одговорни за регулирање на притисокот на ендолимфата.
6.Перилимфен простор Sptaium perilymhaticum
Претставува простор меѓу мембранозниот лабиринк и ѕидовите на коскениот
лабиринт.
*Спиралниот орган Organum spirale
-Се наоѓа на средната третина од paries tympanicus од мембранознито полжав

*Макулите Maculae и ампуларниот гребен Crista ampullaris


-Претставубаат творби на мешницата ќесичката како и од полукружните дуктуси.

Садови и нерви на внатрешното уво


Артерии:
-Васкуларизацијата на внатрешното уво е од a.labyrinthi која е бочна гранка на
a.basilaris
Вении
Притоки на v.labyrinthi,v.canaliculi cochleae I sinus petrosus inferior.
Нерви
n.vestibulocochlearis
Внатрешен ушен ходник Meatus acusticus internus
Овој ходник е сместен во пирамидата од слепоочната коска, кој претставува
коскен канал и долг 1цм. Низ овој ходник поминуваат: (n.facialis, n.intermedius,
n.vestibulocochlearis, a.labyrinthi. Исто така во овој ходник е смеестен и Ganglion
vestibulare.
8.Помошни органи на окото (ORGANUM OCULI ACCESSORIA )
1.Мускули на очното јаболко – кој се поделени во три групи
а) Прави Мускули
-m.rectus superior et inferior
-m.rectus medialis et lateralis
Горниот долниот и медијалнот мускул се инервирани од n.oculomotorius а
додека пак латералниот прав мускул е инервиран од n.abducens.
б) Коси мускули
-m.obliqus superior инервиран од n.trochlearis
-m.obliqus inferior инервиран од n.oculomotorius

в) Мазни мускули
-m.tarsalis superior
-m.tarsalis inferior
-m.orbitalis
2.Фасции на орбитата (Fasciae orbitalsi )
a)Tenon – ова фасцијална обвивака
-Претставува тенка цврста белкаста обвивка која ги препокрива задните4/5 од
очното јаболко, започнува од отворот на n.opticus се до libus corneae. Таја не
налегнува дирекно на склерата туку помеѓу нив има мал простор кој е исполнат со
мала количество на течност кое обезбедува слободно движење на очното јаболко,
фасциата на орбитата цврсто е срасната со масното ткиво на орбитата.
б)Мускулна фасција Fasciae muscularis
-Оваја фасција ги обвиткува правите и косите мускули како и m.levator palpebre
в) Орбитална преграда Septum orbitalis
-Претставува 4 аголна преграда која го затвора aditus orbitae со своите пероферно
рабпви се пропојува за влезот, а во средишната линија поседува хоризонтален
отвор кој одговара на меќу капаковиот отвор.

10.Medulla oblongata медула облонгата


-Продолжен мозок (Medulla Oblongata) или најдолниот дел од мозочното стебло
и е предно долниот дел на ромбестиот мозок, на кој кранијално се надоврзува
мостот а каудално ‘рбетниот мозок. Горниот проширен дел лежи на долната
половина на кливусот (clivus), додека долниот дел преку foramen magnum
навлегува во ‘рбетниот канал до arcus anterior на атласот.
Има две страни:
А. Предна или вентрална страна – од оваа страна излегуваат n. abducens, n.
facialis, n. vestibulocochlearis, n. hypoglossus.
Б. Бочна страна – од оваа страна излегуваат од горе кон доле n.
glossopharyngeus, n. vagus и radices craniales n. accesorii.
В. Задна или дорзална страна – има каудален дел кој е непосреден продолжеток
на рбетен мозок и рострален дел кој го гради долниот дел на ромбестата јама
fossa rhomboidea
- Градба
А. Неговата сива маса ја градат јадрата на кранијалнитe нерви (IX, X, XI, XII, и
делумно VII) и тоа nucleus n. hypoglossi, n. ambiquus, nucleus dorsalis n. vaginucleus
tractus spinalis n. trigemini. Учествуваат во регулација на некои рефлексни процеси
како саливација, мастикација, кивање, секреција на жлездите од фаринкс, ларинкс
и гастер, рефлекси на голтање, повраќање, каѓлање но и регулација на дишење,
срцева акција, крвен притисок.
Б. Ретикуларната формација има изглед на мрежа со островчиња од сива маса
во вид на јадра, се наоѓаат важни вегетатини витални центри (автоматски
центар за дишење кој е поврзан со моторните јадра наменети за инервација
на сите мускули кои учествуваат во процесот на душење, вазомоторен
центар со пресорен идепресорен дел, центри за регулација на срцева
работа, булбарен центар за потење и некои други центри за рефлексни
одбрамбени рефлекси)
В. Низ белата маса на продолжениот мозок минуваат голем број аферентни и
еферентни моторни патишта кои доаѓаат или одат кон рбетниот мозок.

11.Сетило за мирис
Орган за мирис Organum olfactorius
Локализиран е во олфакторниот предел од лигавицата на носот, а тоа
елигавицата која го покрива горниот ѕид или покривот на носната празнина,
горната носна школка и горниот носен ходник, горниот дел од конвексната страна
на средната носна школка и соодветниот горен делод носната преграда. Епителот
на олфакторната лигавица е изграден од потпорни и сетилни олфакторни клетки
чии дендрити се насочени кон самата лигавица, а долгите неврити влегуваат во
состав на nn.olfactorii, ја поминуваат lamina cribrosa од oss ethmoidale и
завршуваат во дендритите на клетките од bulbus olfactorius.

13.Сензориелни патишта
1.Оптички пат
- Виден пат, оптички пат – поаѓа од рецепторите во мрежницата на окото а
завршува во примарното оптичко поле area striata на окципиталниот лобус од
големиот мозок.
2.Слушен пат
- Слушен, акустички пат почнува од рецепторите во внатрешнто уво, а завршува
во примарното слушно поле, локализирано во горно внатрешниот дел од
темпоралниот лобус од големиот мозок.
3.Густативен
-Пат за вкус (густативен пат) од папилите на јазикот до посцентралната витка
(gyrus postcentralis)
4.Олфактивен
-Мирисен пат (олфактивен) од лигавиата на носната празнина до кортикалниот
центар (uncus gyri parahipocampalis)
5.Вестибуларен пат
-Пат за рамнотежа и орентација во просторот (вестибуларен пат)
Од внатрешното уво до јадрата во малиот мозок а потоа до кората на големиот
мозок и сивата маса на ‘рбетниот мозок.

14.Васкуларизација на ЦНС
-Мозокот го васкуларизираат: десна и лева внатрешна каротидна артерија (a.
carotis interna dextra et sinistra) и десната и лева ‘рбетна артерија (a. vertebralis
dextra et sinistra).
Внатрешната каротидна артерија завршува со предна и средна мозочна артерија
(a. cerebri anterior et media). Десната и левата вертебрална артерија се спојуваат
во базиларна артерија (а. Basilaris) која завршува двоејки се на десна и лева
мозочна артерија (a. cerebri posterior dextra et sinistra).
Артериите од каротидниот и вертебробазилниот систем меѓусебно се поврзани на
базата на мозокот, формирајки го артерискиот мозочен круг (circulus arteriosus
cerebri).
Венската крв од мозокот преку површини и длабоки мозочни вени доаѓа до
дуралните венски синису кои учествуваат во создавањето на внатрешната
југуларна вена (v. jugularis interna).

15.Латерален ѕид на cavum tympani


Латерален/мембранозен paries membranacea кој ѕид е преетставен со тапанчето и
на кој ѕид се опишуваат два дела : а) горен покус коскен дел, б)долен
мембранозен дел. Над тапанчето во градбата на овој ѕид учествува исто така и
pars squamosa од темпоралната коска

16.Содржина на очно јаболко


-Одејќи од напред кон назад во очното јаболко се опишуваат две комори предна и
задна кој се исполнети со очна водичка, леќа и стаклесто тело.
1.Camera anterior bulbi предна очна комора
-Претставува преден простор кој е ограничен од напред со задната страна на
корнеата а назад со предната страна на ирисот, кој простор е исполнет со очната
водичка. На предната комора се опичуваат две страни, еден аго и една врск.
А)Предна страна – која е претставена со задната страна на корнееата.
б)Задна страна – која е претставена со предната страна на ирисот
в) Иридокорнеален агол – претставува агол кос е формиран од спојот на комората
со корнеата и периферниот раб од цилијарното тело. Во близина на овој агол се
отвара Шлемовиот канал (преку него очната водичка се дренира во крвните
садови на склерата кои пак се влеваат во офталмичните вени).
г)Чешлеста врска Lig.pectineatum anguli iridocornealis oваја врска се наоѓа на
предниот ѕид од аголот која со своите блакна формира отвори р.е септи низ кој
очната водичка протекува.

2.Camera Posterior bulbi задна очна комора


-Комора која се наоѓа помеѓу задната страна од ирисот и предната страна од
леќата, како и предната комора и оваја е исполнета со очна водичка покрај неа во
оваја комора се сместени и zonula ciliares влакнестите врски за фиксација на
леката. На задната комора се опишуваат 4 ѕида и тоа:
Преден ѕид претставен со задната страна од ирисот
Заден ѕид претставен со предната страна од стаклетото тело, т.е делот кој не е
покриен со леќата.Периферен ѕид претставен со corpus ciliare и processus ciliares.
Среден ѕид претставен со екваторот на леќата.

17.Retina
Retina содржи три дела:
а)Pars iridica retinae
б)Pars ciliaris retinae
-Овие два дела од ретинаата не примаат светлосни дразби па затоа и се
нарекуваат Pars caeca retinae.
в)Pars optica retinae
-Претставува дел кој прима светлосни дразби и е изграден од stratum pigmenti. Во
овој дел е карактеристично што е смеестен и фото рецепторниот дел кој содржи
штапчиња и чепчиња. Овој дел е во сооеднос со стаклестот тело и на кој се
опишуваат две карактеристики:
-Papila seu discus n.opticus - или слепа точка која се наоѓа на 1мм
медијално од заедниот пол во чиј средишен дел се забележува едно вдлабнување
наречено excavatio papillae.
-Маcula lutea- или точка на јасен вид, се наоѓа точно на задниот пол и е
изградена само од клетки кои содржат само чепчиња, макулата во центарот е
длабната.

18.Менингии и простори кои ги ограничуваат


- Мозочните обвивки или менингите заедно со цереброспиналната течност
и мозочните комори имаат зедничка заштитна улога на централниот нервен
систем. Постојат 3 мозочни обвивки и тоа dura mater, pia mater I arachnoidea
encephali.
- Надворешна, тврда (dura mater) или тврда мозочна обвивка е белузлава,
цврста и нерастеглива мембрана, изградена од два листа, надворешен
периостален (претставува кранијална покосница) и внатрешен менингеален
лист (мазен и сјаен и налегнува на арахноидеата) и овие два листа во
черепната празнина се цврсто поврзани, освен по должината на дуралните
крвни садови. Внатрешниот лист формира дупликатури кои се вовлекуваат
меѓу поединечни структури на мозокот и ги одделуваат и со коските градат
коскено-сврзни простори:
1.Falx cerebri или српот на мозокот е медиосагитална дупликатура со
српест изглед, се наоѓа меѓу левата и десната мозочна хемисфера.
2.Tentorium cerebeli или шатор на малиот мозок е хоризонтално поставена
дупликатура меѓу малиот мозок и окципиталните резени на големиот мозок.
3.Falx cerebeli е мала српеста сагитално поставена дупликатура сместена
помеѓу хемисферите на малиот мозок.
4.Diaphragma sellae е хоризонтално поставена дупликатура што ја покрива
fossa hupophisialis во која лежи хипофизата.
5.Cavum trigeminale или тригеминална празнина се наоѓа во коскеното
вдлабнување impresio trigemini при врвот од предната страна на
пирамидата од темпоралната коска и овде лежи ganglion trigeminale.
- Средна, пајажеста (arachnoidea) е тенка мембрана без крвни садови и се
наоѓа помеѓу тврдата и мека мозочница. Од меката мозочница е одделена
со субарахноидален простор. Од нејзината внатрешна страна тргнуваат
тенки сврзни снопчиња кои меѓу себе се преплетуваат одат во
субарахноидалниот простор и завршуваат на меката мозочница, така
градат мрежа која содржи многу празнини кои меѓу себе комуницираат и на
тој начин градат субарахноидални цистерни. Арахноидеата по должината
на синусите гради зрнести формации (granulationes arachnoidales Pacchioni)
кои навлегѕуваат во луменот на синусите и се важни за ресорпција на
церброспиналниот ликвор.
- Внатрешна мека (pia mater) претставува тенка мембрана и ја обложува
целата повржина на мозокот. Содржи густа мрежа од крвни садови кои
продираат во мозочното ткиво, а таа околу нив образува периваскуларни
простори исполнети со ликвор. Значајно е да се каже дека на покривот од
третата и четвртата мозочна комора меката мозочница гради тенки
хориоидни дупликатури (tela chorioidea ventriculi tertii et quarti), а пак крвните
садови содржани во овие дупликатури прават соодветни сплетови plexus
chorioideus кои излачуваат цереброспинална течност.

19.Медијален ѕид на cavum tympani


2.Медијален/лабиринтен ѕид paries labyrinthicus кој е претставен со лабиринтот
на внатрешното уво и е од големо практично значење бидејќи го дели средно
одвнатрешно уво. На средината од овој ѕид се наоѓа средно испапчување
наречено promontorium кое е предизвикана од базалната кривина од полжавот на
внатрешното уво. Преку promontoriumot се спушта надолжна бразда наречена
sulcus promontorii низ која поминува тимпаничниот нерв n. tympanicus. Додека пак
над задниот дел од промонториумот се наоѓа овален отвор наречен fenestra
vestibule Кој служи за комуникација со scala vestibule, под задниот дел се наоѓа
fenestra cochleae. Fenestra vestibuli е затворен со базата на узенгијата или basis
stapedis. Лабиринтниот ѕид од тапанската празнина содржи испакнување
наречено prominentia canalis facialis предизвикано од вториот хоризонтален дел на
коскениот фацијален канал и проминира над промонториумот и fenestra vestibuli.
Во пределот на ова испакнување фацијалниот канал има многу тенок дури
дехисцентен коскен ѕид, особено кај деца и во овој дел лицевиот нерв е во
директен контакт со лигавицата на cavum tympani. Ова е особено важно за
патогенезата на парализа на лицевиот нерв, а исто така во овој дел тој е
подложен на повреди при хируршки интервенции.

20.Mesencephalon
- Е најмал дел на мозочното стебло, лоциран меѓу мостот и меѓумозокот. На
предниот негов дел се гледаат мозочните краци (crura cerebri) а назад два пара
брегчиња (colliculi) горни и долни кои преставуваат рефлексни центри за вид и
слух.
Средниот мозок е изграден од три дела. Прв, преден дел (crura cerebri), среден
дел или кров (tegmentum) и заден дел (tectum). Во најголемиот среден дел се
сместени јадрата на кранијалните нерви, ретикуларна формација и релејни јадра,
а најголемите се: црвеното (nucleus rubber) и црната маса (subtantia nigra).

21.Густативен пат
-Пат за вкус (густативен пат) од папилите на јазикот до посцентралната витка
(gyrus postcentralis)

22.Сетило за мирис
Локализиран е во олфакторниот предел од лигавицата на носот, а тоа
елигавицата која го покрива горниот ѕид или покривот на носната празнина,
горната носна школка и горниот носен ходник, горниот дел од конвексната страна
на средната носна школка и соодветниот горен делод носната преграда. Епителот
на олфакторната лигавица е изграден од потпорни и сетилни олфакторни клетки
чии дендрити се насочени кон самата лигавица, а долгите неврити влегуваат во
состав на nn.olfactorii, ја поминуваат lamina cribrosa од oss ethmoidale и
завршуваат во дендритите на клетките од bulbus olfactorius.

24.Што поврзува tuba auditive evstahieva tuba


- СЛУШНА ТУБА туба аудитива Слушната туба претставува коскено-
мембранозно-`рскавична цевка што ја поврзува cavum tympani со носниот дел од
фаринксот. Од физиолошко значење служи за спроведување на воздухот од
голтникот до празнината со цел да дојди до изедначување на притисоците од
двете страни на membrana tympani. Кај воспалителни процеси на тубата со што ке
доведе до затнување на тубата притисокот дејствува само од надворешната
страна на мембраната кое се резултира со болка и намален слух, исто така
процес кој е во голтникот многу лесно може да се пренесе преку тубата во
средното уво. Одејќи од надвор кон внатре тубата, надворешната третина е
изградена од коскен дел, а додека двете внатрешни третини се изградени од
`рскавично-мембранозен дел. Исто така на тубата се опишуваат и четири
карактеристични делови одејќи од cavum tympani кон pars nasalis pharynges.

26.Meatus acusticus externus


Претставува рскавично коскен канал кој се протега од школката до средното уво
на медијалниот крај завршува со тапаче. На каналот се опишуваат два дела
латерален кој е рскавичен и медијален коскен и обата дела бегу себе формираат
еден тап агол кој при преглед смета па затое се подига увото на горе и на назад
(при преглед на надворешен ушен канал или отоскопија).
Во градбата на овај канал се опишува:
-Рскавично мембранозен дел: неговиот преден дел е изграден cartiliago meatus
acustici externi а задниот дел е изграден од фиброзна мембрана
-Коскен дел: предниот и долен ѕид е граден од pars tympanica додека неговиот
задно горен дел од pars squmosa од слепоочната коска. Латералниот дел од
коскениот дел претставува porus acusticus externus додека на неговиот медијален
дел се прицврстува membrana tympani.
-Кожа која го обложува ушниот ходник која е срасната за коскениот и рскавичниот
дел која идејки кон длабочина таја постепено се истенчува и се префрлува на
андворешната страна од мембраната. Кожата на надворешниот ушен ходник
содржи бројни жлезди кои учествуваат во секретирање на секрет кој има масна
конзистенција. Излачена маст може да доведе до создавање на чеп која ке
предизвика затнување на ходникот и намалување на слухот.

27.Од кои нерви се инервирани папилите на јазикот


Инервација на папилите на јазикот
-Од сетилните нерви n.facialis I n.glossopharyngeus
28.Голем мозок
Големиот мозок претставува најсовршена форма на иолошка материја и
достигнал највисок степен на филогенетскиразвој. Тој Е непотполно поделен со
надолжни пукнатини (fissure longitudinalis) на две хемисфери (hemisherium).
Хемисферите имаат три страни: надорешна, внатрешна и долна страна.
Површината на хемисферите е поделена со бразди (sulci cerebri) на повеќе витки
(gyri cerebri). Повеќе витки сочинуваат резни (lobi cerebri) кои се нарекуваат
според коските со кои доаѓаат во сооднос. Така се разликуваат : челен резен
(lobus frontalis), темен резен (lobus parietalis), тилен резен (lobus occipitalis),
слепоочен резен (lobus temporalis) и острово (insula) кое претстаува препокриен
резен. Помеѓу лобусите се наоѓаат јасно видливи бразди: централна бразда
(sulcus centralis) која ги одделува челниот и темениот резен, бочна бразда
(sulcus lateralis) која ги двои слеоочниот и темениот реен и париетоокципитална
бразда (sulcus parietooccipitalis) која ги двои темниот и тилниот резен.
На секоја хемисфера на големиот мозоксе разликуваат:
 Три пола: polus frontalis, polus occipitalis, polus temporalis.
 Три страни: facies superolateralis (изразени испакната за да одговара на
конкавитетот на калваријата и е поделена на веќеспоменатите резни
односно лобуси и инсулата), facies medialis (сагитално е поставена и е во
сооднос со српестата дупликатура фалкс церебри, а во задниот дел нејасно
преминува во долна страна без потполна граница) и facies inferior (база на
мозокот, лежи напред на предната и средната черепна јама, а назад на
шаторот на малиот мозок.
Централна празнина меѓу двете хемисфери е бочната мозочна комора.

*Состав на Големит мозок


Сивата маса на мозокот е изградена од кора и супкортикалните јадра. Кората на
големиот мозок е површниот сив слој и се смета дека содржи 14 милијарди
неврони кои се способни за градат по 1000 синапси. Бројот на невроните не се
менува со вораста туку се зголемува нивната густина.
Кората (cortex cerebri) е поделена на функционални полиња:
- Примарни – се делат на моторни (ги контролираат основните моторни
функции) и сензитивни (добиваат информации од различни делови од
телото и се делат на примарно соматосензитивно поле, примарно оптичко
поле, примарно акустичко поле, примарно густативно, олфактивно и
вестибуларно поле)
 Примарното видно поле (area striata) е локализирано на натрешната страна
на тилниот лобус.
 Примарното акустичко поле е локализирано на горновнатрените делови на
слепоочниот резен – gyri temporalis transversi.
 Примарното моторно поле го завзема прецентралната витка (gyrus
precentralis) и предниот дел од парацентралниот лобулус (одговорно за
волеви движења на телото).
 Примарно соматосензитивно поле го зазема најголемиот дел од gyrus
postcentralis и задната третина од lobulus paracentralis, негова повреда
доведува до транзиторно нарушување на сензибилитетот на во
спротивната половина од телото.
 Примарно олфактивно полесе наоѓа во кората на лимбичкот мозок
 Примарно густативно поле се наоѓа во највентралниот дел на gyrus
postcentralis и соседните делови на оперкулум и инсула.
- Секундарни – се делат на моторни (се наоѓаат непосредно околу
примарните моторни полиња и праќаат аксони во нив но и во базалните
јадра) и сензитивни (се наоѓаат непосредно до или околу примарните
сензитивни полиња и добиват аксони од нив но и од таламусот).
Секундарните кортикални полиња се придодадени на примарните и се
распределени околу нив.
- Асоцијациони или терциерни – заземаат најголем дел од кората и во нив
се врши интеграција односно сложена обработка на сите информации од
внатрената и надворената средина какои припрема на одговор на тие
информации.
-
Супкортикални јадра т.е. Базални јадра (nuclei basales) претставуваат
големи формации сива маса кои се поставени под мозочната кора и тоа се:
- Испругано тело (corpus striatum): најголемо, градено од nucleus caudatus и
nucleus lentiformis
- Клауструм (claustrum)
- Бадемасто тело (corpus amigdaloideum).

*Белата маса на големиот мозок е градена од:


- centrum semiovale (најголем дел од белата маса,има форма на јајце и се
протега од базалните јадра до кората на големиот мозок),
- Комисури на големиот мозок и тие се: Жулесто тело (corpus calosum)-
интеграција и синхронизација на ф-иите на двете хемисфери, Мозочен свод
(fornix) и предна мозочна спојка (comissura cerebri anterior)
- мозочни капсли: capsula externa, capsula interna capsula extrema.
Ventriculus lateralis (Бочна мозочна комора) вентрикулус латералис
Во форма на потковица го опфаќа nucleus caudatus и таламусот.
Делови:
- Pars centralis
- Cornu anterius сместен во фронталниот резен
- Cornu posterius сместен во окципиталниот резен
- Cornu inferius локализиран во темпоралниот лобус.
Комората комуницира со третата мозочна комора преку foramen interventriculare.
Патишта на Големиот мозок
Патиштата ја градата белата маса на ЦНС.
Асоцијациони – кои ги поврзуваат различни делови на истиот дел од нервниот
систем. Поделени се на куси и долги.
Комисурални – кои ги поврзуваат симетричните делови од левата и десната
половина на нервниот систем.
Проекциони – долги патишта кои според функционалните особености се делат
на: моторни, сенситивни и сензориелни.
А)Моторни патишта
Моторните патишта се надолни (descendentni) или одводни (eferentni) нервни
патишта. Кој од своја страна се делат на свесни моторни патишта и не свесни
моторни патишта.
Во свесни моторни патишта спаѓаат долу наведените. Кој започнуваат од
пирамидната зона на мозочната комора. Преку кој се пренесуваат нервни
имплусни за волеви движења.
*Tractus corticospinalis – познат како пирамидален пат доаѓа од примарното
моторно поле, минува низ задниот крак на capsula interna, потоа низ crus cerebri од
средниот мозок.
*Ttractus cortionulcearis
Несвесни моторни патишта
Тие започнуваат од екстрапирамидните зони на мозочната комора, кој
пренесуваат имплуси за изразни и автоматски ланчести и сериски движења. Во
овој вид на патишта спаѓаат:
1.Tractus corticopontini
2.Fasciculi corticothalamici
3.Tractus corticohypothalamici
Б) Сензитивни патишта
Поделени во две големи групи:

Патишта за свесен сензибилитет:


- Tractur spinotalamicus
- Fasciculus gracilis – Goll
Патишта за несвесен рефлексен сензибилитет:
- Tractus spinocerebellaris anterior
- Tractus spinocelebellaris porteriur
В) Сензориелни патишта
1.Оптички пат
- Виден пат, оптички пат – поаѓа од рецепторите во мрежницата на окото а
завршува во примарното оптичко поле area striata на окципиталниот лобус од
големиот мозок.
2.Слушен пат
- Слушен, акустички пат почнува од рецепторите во внатрешнто уво, а завршува
во примарното слушно поле, локализирано во горно внатрешниот дел од
темпоралниот лобус од големиот мозок.
3.Густативен
-Пат за вкус (густативен пат) од папилите на јазикот до посцентралната витка
(gyrus postcentralis)
4.Олфактивен
-Мирисен пат (олфактивен) од лигавиата на носната празнина до кортикалниот
центар (uncus gyri parahipocampalis)
5.Вестибуларен пат
-Пат за рамнотежа и орентација во просторот (вестибуларен пат)
Од внатрешното уво до јадрата во малиот мозок а потоа до кората на големиот
мозок и сивата маса на ‘рбетниот мозок.

29.Tunica vasulosa bulbi I meninge туника васкулоза булби


-Претставува обвивка која се наоѓа помеѓу sclerata I retina на која обвивка се
опишуваат три составни морфолошки делови и тоа: (iris, corpus
ciliare,chondroidea)
*IRIS – го претставува предниот слободен дел од оваја обвивка на кој се
опишуваат неколку карактеристики:
а)Зеница Pupilla
-Претставува кружен отвор кој е на граница помеѓу двете комори, кој отвор
претставува комуникационен дел за двете комори.

б) Предна страна
-Оваја страна е видлива и се гледа преку корнеаа а воедно претставува заден ѕид
од предната комора, на која страна се забележуваат два јасно ограничени прстени
(annulus iridris minor e major)
в) Задна страна
-Претставува слободна страна која е обложена со пигментен слој.
г) Зеничен раб Margo pupilaris
-Претставува слободен раб кој ја ограничува зеницата pupilata
д) Margo ciliares
-Претставува периферен раб што го спојува irisot со corpus ciliare.
Градба на ирисот
-Во градбата на ирисот се разликуваат три слоја и тоа:
#Endothelium camera anterior
#Stroma iridris – Во кој слој се сместени и двата мускули на ирисот: m.sphinter
pupillae, m.dilatator
pupilae.
#Stratum pigmentum

*Corpus Ciliare – Претставува среден дел од средната обвивка кој дел се


наоѓа помеѓу ирисот и choroidea, кој лежи помеѓу склерата и ретината. На ова тело
се опишуваат:
а) Предна страна која претставува база која е споена со ирисот
б)Надворешна страна која е прилепена за склерата
в)Внатрешна страна која доаѓа во сооеднос со задната комора на која страна се
опишуваат processis ciliares од кој тргнваат влакнести врски за фиксација на
леќата тој дел се нареква zonula ciliares.
Градба на corpus ciliares во градбата на овај дел од средната обвивка се
опишуваат четири слој:
а)Мускулен слој кој е претставен со мазниот мускул m.ciliaris чиј влакна се во две
насоки.
б)Stratum vasculosum Тенок слој кој е составен од сврзно ткиво со крвни садови.
В)Lamina basalis
г) Stratum pigmentum corpus ciliare
*Choroidea- Претставува заден дел од средната обвивка во чиј состав влегуваа
сврзо ткиво со пигментни клетки и густа прежа од крвни садови. На овој дел
хистолошка градбена гледна точка се опишуваат:
-Lamina suprachondroidea
-Lamina vasculosa
-Lamina Choroidocapilaris
-Lamina basalis.
Садови и нерви на средната обвивка:
Артерии:
a.ciliares posterior breves
aa.ciliares posterior longae
aa.ciliares anteriores.
Нерви:
nn.ciliares breves.

30.Auris externa аурис екстерна


Органот за слух и рамнотежа е поделен на три дела auris externa, auris media,
auris interna.
Auris externa
Надворешното уво е составено од два дела ушна школка и наворешен ушен
ходник.
1.Aricula – претставува кожно рскавичен орган на кој е сместен на бочната страна
на черепот
. На кој се опишуваат две страни Надворешна и Внатрешна страна. На
надворешната страна се опичуваат неколку карактеристики и тоа:
-concha auriculae
-tragus
-anti targus
-helix
-anti helix
-lobulus auriculae
-scapha.
Внатрешната страна е целосно испапчена и е не рамна. Во градбата на
аурикулата се опишува, кожа, рскавица crtiliago auriculae, врски на аурикулата и
мускули на аурикулата.
2.Meatus acusticus externi
Претставува рскавично коскен канал кој се протега од школката до средното уво
на медијалниот крај завршува со тапаче. На каналот се опишуваат два дела
латерален кој е рскавичен и медијален коскен и обата дела бегу себе формираат
еден тап агол кој при преглед смета па затое се подига увото на горе и на назад
(при преглед на надворешен ушен канал или отоскопија).
Во градбата на овај канал се опишува:
-Рскавично мембранозен дел: неговиот преден дел е изграден cartiliago meatus
acustici externi а задниот дел е изграден од фиброзна мембрана
-Коскен дел: предниот и долен ѕид е граден од pars tympanica додека неговиот
задно горен дел од pars squmosa од слепоочната коска. Латералниот дел од
коскениот дел претставува porus acusticus externus додека на неговиот медијален
дел се прицврстува membrana tympani.
-Кожа која го обложува ушниот ходник која е срасната за коскениот и рскавичниот
дел која идејки кон длабочина таја постепено се истенчува и се префрлува на
андворешната страна од мембраната. Кожата на надворешниот ушен ходник
содржи бројни жлезди кои учествуваат во секретирање на секрет кој има масна
конзистенција. Излачена маст може да доведе до создавање на чеп која ке
предизвика затнување на ходникот и намалување на слухот.

31.Cerebellum церебелум
-Е најразвиен дел од rh0mbencephalon-от, сместен во задната черепна јама, се
наоѓа зад мостот и продолжениот мозок. Од останатите делови на ромбоестиот
мозок е одвоен со празнината на четвртата мозочна комора. Над малиот мозок се
наоѓа дуралната дупликатура. (tentorium cerebelli) која го одвојува од
окципиталните лобуси на големиот мозок.
Малиот мозок е поврзан со мозочното стебло со помош на три пара мозочни
ножиња кои се дел одбелата маса:
a.горно ноџе pedinculus cerebellaris superior-се протега кон среден мозок,
b.средно ноџе pedinculus cerebellaris medius-оди кон внатре кон мостот и
c.долно ноџе pedinculus cerebellaris inferior-насочено кон продолжен и рбетен
мозок.
На малиот мозок се опишуваат: помал средишен дел,црв (vermis) и две големи
мозочни хемисвери.
-На малиот мозок се разликуваат 3 страни: горна која лежи под тенториумот и
се наоѓа над нивото на пирамидите од темпоралната коска, долна или базална
страна која е конвексна и лежи во задната черепна јама (на оваа страна се
забележува засек на средната линија каде што се вовлекува falx cerebeli и на чие
дно се гледа црвот) и предна страна која е фронтално поставена
*Сивата маса на малиот мозок ја гради кората (cortex cerebelli) и јадрата на
малиот мозок кои се 4 пара на број (nucleus fastigi, nucleus globosus, nucleus
emboliformis, nucleus dentatus).
Во сивата маса се локализирани центри за регулација на мускулниот тонус,
рамнотежа и автоматски движење на телото.
*Белата маса ја градат патишта кои поврзуваат делови од едната хемисвера или
двете хемисвери (белата маса од вермис содржи патишта кои ги поврзуваат
централните делови на хемисферите на малиот мозок) и на тој начин ја
координираат нивната функција. Тука минуваат и голем број патишта кои го
поврзуваат малиот мозок со останатите делови на ЦНС. Делови од периферијата
на белата маса се разгрануваат и навлегуваат во сивата маса градејќи структура
налик на разгрането дрво и се именува дрво на животот arbor vitae cerebella.

32.Слушен пат - Слушен, акустички пат почнува од рецепторите во


внатрешнто уво, а завршува во примарното слушно поле, локализирано во горно
внатрешниот дел од темпоралниот лобус од големиот мозок. Акустичкиот пат ги
спроведува впечатоците примени преку невроепителните клетки на кортиевиот
орган на внатрешното уво до примарниот акустички центар или gyri temporalis
transversi-Heschl, кој се состои д невронска верига составен од 3 неврони и тоа
периферен, централен и кортикален неврон. Рефлексите во врска со акустичните
дразби се исто така сложени рефлексни лаци

33.Pons
-Мозочниот мост е предно-горниот широк, испапчен дел на ромбестиот мозок кој
се наоѓа кранијално од продолжениот, а каудално од средниот мозок. Лежи на
горната половина од кливусот.
На мостот се разликуваат: предна или вентрална, бочна или латерална и
задна страна.
На предната страна се протега базиларна бразда (sulcus basilaris) а бочно од
неа eminentia pyramidalis. На задната страна се наоѓа владбнатото тријаглесто
поле, дел од fossa rhomboidea.
Состав
- Сивата маса ја сочинуваат јадрата на канијалните нерви, ретикуларната
формација и релејните јадра. Овде се наоѓаат јадрата на (V, VI, VII и делумно
VIII) кранијален нерв и тоа: nucleus salivatorius superior, nucleus sensorius superior
n. trigemini, nucleus motorius n. trigemini, nucleus n. abducentis, nucleus n. facialis,
nucleus vestibularis superior, lateralis, inferior et lateralis. Овие јадра се одговорни за
мастикаторната моторика, инервација на солзна и плунковни жлезди,
рамнотежа, ориентација во простор, модификација на мускулен тонус.
Јадрата од ретикуларната супстанца (nucleus raphe pontis, nucleus centralis
superior, nucleus parvocelularis, nucleus pontis centralis lateralis, nucleus centralis
pontis caudalis, nucleus reticularis gigantocelularis) припаѓаат на
екстрапирамидалниот моторен систем и учевствуваат во некои рефлексни акции
(регуалција на мускулниот тонус и акустична ориентација во просторот).
-Белата маса на мозочниот мост ја градат повеќе нервни патита аферентни,
еферентни и напречни од кои последните овозможуваат врски на мостот со
кората на големиот и малиот мозок.
*Граница на понсот со продолжениот мозок: вентрална граница е sulcus
bulbopontinus, дорзална граница се напречните мозочни пруги на четвртата
мозочна комора striae medullares.
*Граница на понсот со средниот мозок: вентрална граница е меѓуножната јама
или fossa interpeduncularis, дорзална граница е каудалниот раб на покривната
плоча односно lamina tecti.

34.Катови на cavum tympani - Поделба на cavum tympani


Како од анатомска и од клиничка гледна точка cavum tympani е поделена на три
ката:
1.Горен кат Recessus epitymapnicus: е најраспространет дел од тапанската
празнина и се наоѓа над нивото на тапанчето. Се протега до покривот tegmen
tympani а одзади преку aditus ad antrum комуницира со шуплините на мастоидниот
израсток. Обложен е од лигавицата на тапанската празнина која овде формира
рецесуси вокои се задржува гноен секрет при восплителни процеси на тапанската
празнина.
-Во овој кат се содржат caput malles I corpus incudis.
2.Среден кат Mesotympanum
-Во овој кат се содржат сите делови од слушните ковчина со исклучок на горе
наведените делови кои се содржани во горниот кат.
3.Долен кат Recessus hypotympanicus лежи од нивото на тимпаничната
мембрана, а неговото дно е претставено со тенкиот југуларен ѕид на тапанската
празнина кој го одвојува од bulbus venae jugularis externa. Поради тоа што е
најнизок кат од тапанската празнина тука сенасобира гној при воспалителни
процеси во неа.

35.Membrana tympani мембрана тимпани– (во надворешно уво)Оваа


мембрана е цврсто прикрепена на медијалниот крај од надворешниот ушен ходник
која е поставена коса под агол од 45 степени. На мембраната се разликуваат два
дела:
а) Pars flaccida кој претставува лабав дел
б) Pars tensa кој претставува затегнат дел.
Исто така на мембраната се опижуваат и две страни надворешна и внатрешна.
*Надворешната страна е вдлабната како инка а нај длабокиот дел е означен како
папок на тапанчето umbo membranae tympani. Ова вдлабнувајне е предизвикано
од manubrium mallei, од папокот нагоре и нанапред се забележува stria mallearis
предизвикана од дршката на чеканот на горниот крај од стриата т.е пругата се
забележува prominentia malearis кое е предизвикано од processus lateralis од
чеканот.
Од практично т.е клиничко значење мембраната т.е надворешната страна со две
замислени линии е поделена на 4 квадрати едната линија поминува по пругата а
другата хоризонтално ја сече во висина на папокот, квадратите се именувани
предно-горен, предно-долен, задно-горен, задно-доле, квадрат.
*Внатрешна страна е целосно испапчена и е обложена со лигавица под
лигавицата поимеѓу двата дела затегнатиот и лабавиот дел поминува
тимпаничната врвца наречена chorda tympani која предизвикува plica chordae
tympani. Koја е поделена на две куси дипли предна и задна дипла plica mallearis
anterior et posterior.
*Градба на мембраната одејќи од површина кон длабочина на мембраната се
опишуваат неколку слоја и тоа:
-Кожен слој stratum cutaneum
-Сопствен слој на меммвраната Lamina propria membranae tympani кој претставува
среден фиброзен слој кој е само присутен во затегнатиот дел од мембраната во
кој се наогаат дршката од чеканот и неговиот латерален израсток.
-Лигавичен слој Tunica mucosa ја обложува длабоката страна на мембраната а
претставува дел од лигавицата на cavu tympani.

Садови и нерви на мембраната


-Артерии a.aurucularis profunda, a.tymoanica anterior, a.tympanica superior.
-Вени v.jugularis externa I plexus pterygoideus.
-Нерви nn.auriculares anterior

36.Обвивки на мозок
Мозочните обвивки или менингите заедно со цереброспиналната течност и
мозочните комори имаат аедничка заштитна улога на централниот нервен систем.
Постојат 3 мозочни обвивки и тоа dura mater, pia mater I arachnoidea encephali.
Надворешна, тврда (dura mater) или тврда мозочна обвивка е белузлава, цврста
нерастеглива мембрана, изградена од два листа, надворешен периостален
(претставува кранијална покосница) и внатрешен менингеален лист (мазен и сјаен
и налегнува на арахноидеата) и овие два листа во черепната празнина се цврсто
поврзани, освен по должината на дуралните крвни садови. Внатрешниот лист
формира дупликатури кои се вовлекуваат меѓу поединечни структури на мозокот и
ги одделуваат и со коските градат коскено-сврзни простори:
1.Falx cerebri или српот на мозокот е медиосагитална дупликатура со српест
изглед, се наоѓа меѓу левата и десната мозочна хемисфера.
2.Tentorium cerebeli или шатор на малиот мозок е хоризонтално поставена
дупликатура меѓу малиот мозок и окципиталните резени на големиот мозок.
3.Falx cerebeli е мала српеста сагитално поставена дупликатура сместена помеѓу
хемисферите на малиот мозок.
4.Diaphragma sellae е хоризонтално поставена дупликатура што ја покрива fossa
hupophisialis во која лежи хипофизата.
5.Cavum trigeminale или тригеминална празнина се наоѓа во коскеното
вдлабнување impresio trigemini при врвот од предната страна на пирамидата од
темпоралната коска и овде лежи ganglion trigeminale.
Средна, пајажеста (arachnoidea) е тенка мембрана без крвни садови и се наоѓа
помеѓу тврдата и мека мозочница. Од меката мозочница е одделена со
субарахноидален простор. Од нејзината внатрешна страна тргнуваат тенки сврзни
снопчиња кои меѓу себе се преплетуваат одат во субарахноидалниот простор и
завршуваат на меката мозочница, така градат мрежа која содржи многу празнини
кои меѓу себе комуницираат и на тој начин градат субарахноидални цистерни.
Арахноидеата по должината на синусите гради зрнести формации (granulationes
arachnoidales Pacchioni) кои навлегѕуваат во луменот на синусите и се важни за
ресорпција на церброспиналниот ликвор.
Внатрешна мека (pia mater) претставува тенка мембрана и ја обложува целата
повржина на мозокот. Содржи густа мрежа од крвни садови кои продираат во
мозочното ткиво, а таа околу нив образува периваскуларни простори исполнети со
ликвор. Значајно е да се каже дека на покривот од третата и четвртата мозочна
комора меката мозочница гради тенки хориоидни дупликатури (tela chorioidea
ventriculi tertii et quarti), а пак крвните садови содржани во овие дупликатури прават
соодветни сплетови plexus chorioideus кои излачуваат цереброспинална течност.

37.Tunica fibrosa bulbi (Надворешна обвивка) туника фиброза


булби
-Претставува цврста фиброзна обвивка која ја обезбедува формата на окото
спротиставивајќи се на внатрешниот интралобуларен притисок што е од големо
значење.На оваја обвивка се разликуваат два дела: а)Рожница Cornea б)Белка
Sclera.
Cornea- ја претставува предната петина од фиброзната обвивка која е
проѕирна и наликува на исечок од шиплива топка на која опишуваме неколку
морфолошки делови и тоа:
*Facies Anterior-страна која е испапчена а нејзиниот нај испапчен дел е ознален
како Vertex corneae.
*Facies Posterior-страна која е вдлабната и која воедно претставува пред ѕид од
предната комора.
*Limbus cornea-претставува периферен раб кој е засечен и е вдлабнат во Sclerata.
На корнееата се опишуваат 5слоја во нејзината хистолошка градба:
1.Epithelium anterior corneae
2.Lamina limitans cornea
3.Substantia propria cornea –Претставува посебен градбен слој кој од големо
значење за исхраната на корнеата изграден од фиброзни влакна меѓу кој се
смеестени ѕвездести клетки,ретки лимфцити и амиолински нервни влакна и
пукнатини значањи за исхрана.
4.Membrana limintas posterior
5.Epithelium camera anterior.
Крвни и нервни садови
-Нема крвни и лимфни садови исхраната се одвива преку нејзината посебна
супстанца т.е преку пукнатините во сибстанцата.
Нервите доаѓаат од периферниот нервен сплет кој е изграден од n.ciliares longi.
Sclera-го преетставува поголемиот дел од фиброзната обвивка, чиј преден дел е
видлив и е обвиткан со tunica conjunctiva bilbi. Надворешната страна на белката е
прекрина со Fascia bulbi додека нејзината внатрешна страна е покриена со
Choroidea.
На белката се опишуваат неколку морфолошки отвори низ кој навлегуваат и
излегуваат садови и нерви.
-Отвор за оптичкиот нерв кој се наѓа на 4мм од задниот пол при кој орвор
заедно со n.opticus поминуваат и a. et v. centralis retinae.
-Отвор за a.ciliares posterior breves
-Отвор за aa.ciliares posterior longi
-Отвоr за Vorticosae
-Отвор за a.ciliares anteriores
-Canalis SCHLEMMI.

38.Која комора е до теленцефалон ? Која комора е до telencephalon?

Ventriculus lateralis (Бочна мозочна комора)


Во форма на потковица го опфаќа nucleus caudatus и таламусот.
Делови: Pars centralis, Cornu anterius сместен во фронталниот резен
Cornu posterius сместен во окципиталниот резен
Cornu inferius локализиран во темпоралниот лобус.
Комората комуницира со третата мозочна комора преку foramen interventriculare .

Telencephalon
Големиот мозок е морфолошки и функционално најразвиениот дел на
енцефалонот скор целосно ја исполнува церебралната ложа на черепната
празнина. Тој го прекрива меѓумозок, средниот мозок и малиот мозок. Од
дорзалната страна на меѓумозокот и средниот мозок е одделен со напречно
поставена пукнатина – fissura transversa cerebri, a од горната страна на малиот
мозок со tentorium cerebelli. Големиот мозок има приближно форма на полутка од
ореова јатка, чија конвексна страна е во сооднос со калваријата. Базалната
страна, со предната третина лежи во fossa cranii anterior, со средната испапчена
третина во fossa cranii media, а со задната третина на tentorium cerebelli.
Надолжниот пречник е 16-17cm, 34 напречниот 13-14cm. Просечната тежина кај
мажи е 1100-1450грама, а кај жените 1000-1300грама. Од општата телесна
тежина, кај мажите големиот мозк изнесува 1/46, а кај жените 1/45, што укажува
дека жените имаат релативно нешто потежок мозок, максимална измерена тежина
кај возрасни е повеќе од 2000грами, а минимална околу 800грами. Големиот мозок
е непотполно поделен по сагиталната рамнина со fissura longitudinalis на две
симетрични, лева и десна хемисфера. Во надолжна пукнатина се интерпонира
творба на тврдата мозочница, наречен мозочен срп – falx cerebri, кој всушност и ги
одделува двете хемисфери. Во секоја хемисфера се наоѓа централна празнина
наречена бочна комора или VENTRICULUS LATERALIS.

39.Каква форма има теленцефалон? Каква форма има telencephalon?


Големиот мозок има приближно форма на полутка од ореова јатка, чија конвексна
страна е во сооднос со калваријата. Базалната страна, со предната третина лежи
во fossa cranii anterior, со средната испапчена третина во fossa cranii media, а со
задната третина на tentorium cerebelli

40.Леќа (lens) Претставува биконвексна леќа која ги прекршува зраците и


формирајќи превртена слика на ретината. Леќата со помош на zonula ciliares е
фиксирана за цилијарното тело. На леќата од гледна морфолошка точка се
опишуваат:
*Предна страна Facies anterior lentis -Страна која се наоѓа зад ирисот.
*Задна страна Facies posterior lentis -Страна која е повеќе испапчена и која
налегнува во Fossa hyaloidea која се наоѓа на стаклестото тело.
*Преден пол Polus anterior lentis -Претставува најиспапчен дел од предната
страна на леќата
*Заден пол Polus posterior lentis -Претставува најиспапчениот дел на задната
страна и кој пол налегнува во јамата.
*Оска на леќата Axis lentis -Претставува оска која ги спојува двата пола предниот
и задниот.
*Екватор на леќата Equtor lentis -Претставува периферен раб на оската.
Состав на леќата а)Capsula lentis б)Epithelum lentis в)Fibrae Lentis
*Според конзистенцијата на леќта таја е изградена од два јасно ограничени
делови
Cortex lentis Површонски дел и Nucleus Lentis Средишен дел

41.Canales semicirculares во која рамнина лежат


Каналес семициркуларес во која рамнина лежат
-Претставуваат три на број кој се сместени зад и над тремот и тоа во три
просторни рамнини според што се и именувани. Сите имаат морфолошки
различни краја, едниот крај е проширен како ампула, а другиот крај е едноставен
во вид на крак. Сите ампули од трите коскени полукружни канали се отвораат на
соодветно место во тремот. Во овие канали се сместени соодветните
мембранозни канали.

а)Canalis semicircularis anterior на кој се опишува (ampula ossea anterior) има


предна ориентација
б)Canalis semicircularis posterior на кој се опишува (ampula ossea posterior) има
задна ориентација
в)Canalis semicircularis lateralis на кој се опишува (ampila ossea lateralis) има
предно-латерална ориентација
Секој канал е поставен во различна просторна рамнина - една хоризонтална,
една вертикална блиску до сагитталната рамнина и една вертикална блиску
до короналната рамнина.

42. На која обвивка припаѓа Choroidea (садовница) - Претставува


заден дел од средната обвивка во чиј состав влегуваа сврзо ткиво со пигментни
клетки и густа прежа од крвни садови. На овој дел хистолошка градбена гледна
точка се опишуваат:
-Lamina suprachondroidea
-Lamina vasculosa
-Lamina Choroidocapilaris
-Lamina basalis.
Садови и нерви на средната обвивка:
Артерии:
a.ciliares posterior breves
aa.ciliares posterior longae
aa.ciliares anteriores.
Нерви: nn.ciliares breves.

43. Што лачи аденохипофизата


Во аденохипофизата се синтетизираат многу важните стимулирачки хормони:

 Соматотропин (STH)
 Адренокортикотропин (ACTH)
 Тиреотропин (TSH)
 Пролактин (LTH)
 Фоликулостимулирачки хормон (FSH)
 Лутеинизирачки хормон (LH)
Секрецијата на хормоните од аденохипофизата скоро целосно е контролирана од
хипоталамусот. 
44. Делови на Rhombencephalon
Ромбест мозок Rhombencephalon кој е составен од три дела и тоа:
-Продолжен мозок Medulla oblongata
-Мост Pons-Varoli
-Мал мозок Cerebellum
Локализиран е во церебралната ложа од черепната празнина и се состои од три
дела: 1.Medulla oblongata, 2.Pons, 3.Cerebellum
1.Medulla oblongata
-Продолжен мозок (Medulla Oblongata) или најдолниот дел од мозочното стебло
и е предно долниот дел на ромбестиот мозок, на кој кранијално се надоврзува
мостот а каудално ‘рбетниот мозок. Горниот проширен дел лежи на долната
половина на кливусот (clivus), додека долниот дел преку foramen magnum
навлегува во ‘рбетниот канал до arcus anterior на атласот.
Има две страни:
А. Предна или вентрална страна – од оваа страна излегуваат n. abducens, n.
facialis, n. vestibulocochlearis, n. hypoglossus.
Б. Бочна страна – од оваа страна излегуваат од горе кон доле n.
glossopharyngeus, n. vagus и radices craniales n. accesorii.
В. Задна или дорзална страна – има каудален дел кој е непосреден продолжеток
на рбетен мозок и рострален дел кој го гради долниот дел на ромбестата јама
fossa rhomboidea
- Градба
А. Неговата сива маса ја градат јадрата на кранијалнитe нерви (IX, X, XI, XII, и
делумно VII) и тоа nucleus n. hypoglossi, n. ambiquus, nucleus dorsalis n. vaginucleus
tractus spinalis n. trigemini. Учествуваат во регулација на некои рефлексни процеси
како саливација, мастикација, кивање, секреција на жлездите од фаринкс, ларинкс
и гастер, рефлекси на голтање, повраќање, каѓлање но и регулација на дишење,
срцева акција, крвен притисок.
Б. Ретикуларната формација има изглед на мрежа со островчиња од сива маса
во вид на јадра, се наоѓаат важни вегетатини витални центри (автоматски
центар за дишење кој е поврзан со моторните јадра наменети за инервација
на сите мускули кои учествуваат во процесот на душење, вазомоторен
центар со пресорен идепресорен дел, центри за регулација на срцева
работа, булбарен центар за потење и некои други центри за рефлексни
одбрамбени рефлекси)
В. Низ белата маса на продолжениот мозок минуваат голем број аферентни и
еферентни моторни патишта кои доаѓаат или одат кон рбетниот мозок.

46.Tuba auditiva (слушна туба)


-Слушната туба претставува коскено-мембранозно-`рскавична цевка што ја
поврзува cavum tympani со носниот дел од голтникот Pharynx. Од физиолошко
значење служи за спроведување на воздухот од голтникот до празнината со цел
да дојди до изедначување на притисоците од двете страни на membrane tympani.
Кај воспалителни процеси на тубата со што ке доведе до затнување на тубата
притисокот дејствува само од надворешната страна на мембраната кое се
резултира со болка и намален слух, исто така процес кој е во голтникот многу
лесно моѓе да се пренеси преку тубата во средното уво. Надворешната третина
од тубата е изградена од коскен дел, а внатрешните две третини се рскавично
мембранозни
МОРФОЛОШКИ ОСОБЕНОСТИ-слушната туба е цевчест орган на обата краја
проширен, а во средниот дел стеснет. Таа е долга околу 36мм од кои на коскениот
дел отпаѓа 12мм, а на рскавичниот 24мм.
Исто така на тубата се опишуваат и четири карактеристични делови одејќи од
cavum tympani кон pars nasalis pharynges.
1.Тимпаничен отвор на тубата (ostium tympanicum tubae auditivae)
-Отвор кој е локализиран на предниот ѕид од cavum tympani.
2.Коскен дел од тубата (pars ossea tubae auditivae)
-Локализиран е помеѓу латералната страна од pars petrossa и pars tympanica на os
temporalis.
3.Рскавичен дел на тубата (pars cartilaginea tubae auditivae)
-Овај дел е составен од: А) рскавица на тубата (cartilage tubae auditivae) која е
изградена од две `рскавични плочи (lamina cratilaginis lateralis et medialis).
Б)мембранозна плоча (lamina membranacea). `Рскавичниот дел со помош на
сврзно ткиво се припојува за базата на черепот.
4.Голтников отвор на тубата (ostium pharyngeum tubae auditivae)
-Локализиран на латералниот ѕид од фаринксот.

*МУСКУЛИ НА ТУБАТА
-Kако што е спомнато тубата во нормални услови е затворена но се отвара под
дејство на три мускули и тоа:
а)m.tensor veli palatine- се припојува на латералниот ѕид од рскавичниот дел на
тубата
б)m.levator veli palatine- се припојива на долната страна од пирамидата на
слепоочната коска и на долниот ѕид од од рскавичниот дел на тубата
в)salpingofaringealniot дел од мускулот m.palatopharyngeus- се припојива со својот
горен крај на рскавичниот дел од тубата

47.Medulla spinalis медула спиналис


Рбетен Мозок
Medula spinalis претставува цилиндрична формација со должина од 42-45 см,
локализирана во горните две третини на ‘рбетниот и крстниот канал протегајки се
од arcus anterior на атласот до вториот слабински прешлен L2. Има две
задебелувања, вратно (intumescentia cervicalis) кое се протега од C3-Th2 и
слабинско (intumescentia lumbalis) што се протега од Th9-L1. Делот на ‘рбетниот
мозок кој одговара на еден пар на спинални нерви се нарекува сегмент.
Рбетниот мозок кранијално продолжува со продолжениот мозок medulla oblongata.
Дебелинта на рбетниот мозок идејќи надолу минимално се намалува.
Под слабинското задебелување рбетниот мозок нагло се редуцира и завршува со
мозочен конус conus medullaris. Од конуснииот врв па се до тртичната коска во
должина од 15-16 цм се протега рудимент на ембрионалниит рбетен мозок
наречен завршно конче filum terminale кое нема нерви. Тежината на рбетниот
мозок изнесува 30-35 грами.

Надворешен изглед
-Површината на ‘рбетниот мозок надолжно е избраздана со повеќе бразди.
• предна средишна пукнатина (fissura mediana anterior)- се протега по
средишната линија од предната страна на рбетниот мозок
• преднобочна бразда (sulcus ventrolateralis)- е плитка бразда што се
наоѓа на границата меѓу предната и соодветната бочна страна од рбетниот
мозок
• заднобочна бразда (sulcus dorsolateralis)-се наоѓа на границата меѓу
задната и соодветната бочна страна на рбетниот мозок
• задна средна бразда (sulcus intermedius posterior)-постои само во
горниот дел од рбетниот мозок, до петиот граден сегмент
• задна средишна бразда (sulcus medianus posterior)-е плитка бразда што
се протега по средишната линија од задната страна на рбетниот мозок

*Сегменти на medulla spinalis


‘Рбетниот мозок е поделен на 31 сегмент меѓу кои нема видлива граница:

- 8 вратни сегменти (segmenta cervicalia)


- 12 градни (segmenta thoracica)
- 5 слабински (segmenta lumbalia)
- 5 крсни (segmenta sacralia)
- 1 тртичен (segmentum coccygeum)
Сегментите немаат иста височина. Највисоки се во градниот дел од рбетниот
мозок.

*Состав на `Рбетниот мозок


‘Рбетниот мозок се состои од сива (substantia grisea) која се наоѓа централно и
бела супстанција (substantia alba) периферна.
Морфологијата на сивата супстанца ја сочинуваат три надолжни столбови и
тоа:
- columna anterior
- columna posterior
- columna lateralis
По оската на сивата супстанца се протега canalis centralis.
Сивата супстанаца има форма на пеперутка на која се разликуваат:
- cornu anterius
 cornu posterius
 cornu latelare
Белата супстанца се наоѓа околу сивата поделена е на три надолжни парни
врвци:
• Funiculus anterior (која се наоѓа меѓу fissure mediana anterior и sulcus
latelaris anterior)
• Funiculus latelaris (која се наоѓа меѓу sulcus latelaris anterior и cornu anterius
од една страна и sulcus latelaris posterior и cornus posterius од друга.
• Funiculus posterior се протега од sulcus latelaris posterior и cornu posterius
до задната средишна преграда.

48.Auris media аурис медиа


Среднното уво е составено од повеќе празнини и канали сместени во воглавно во
pars pyramidalis од os temporale. Централниот дел од средното уво е претставен
со cavum tympani додека пред неа се наоѓа tuba auditiva која го поврзува со
носниот дел од голтникот, додека зад cavum tympani се наоѓаат шуплините кој се
локализирани во processus mastoideus од os temporale.
*Cavum tympani кавум тимпани оваа празнина која е сместена во внатрешноста
на пирамидата од слеепочната коска, се опишуваат 6 ѕида и тоа :
1.Латерален/мембранозен paries membranacea кој ѕид е преетставен со
тапанчето и на кој ѕид се опишуваат два дела : а) горен покус коскен дел, б)долен
мембранозен дел. Над тапанчето во градбата на овој ѕид учествува исто така и
pars squamosa од темпоралната коска.
2.Медијален/лабиринтен ѕид paries labyrinthicus кој е претставен со лабиринтот
на внатрешното уво и е од големо практично значење бидејќи го дели средно
одвнатрешно уво. На средината од овој ѕид се наоѓа средно испапчување
наречено promontorium кое е предизвикана од базалната кривина од полжавот на
внатрешното уво. Преку promontoriumot се спушта надолжна бразда наречена
sulcus promontorii низ која поминува тимпаничниот нерв n. tympanicus. Додека пак
над задниот дел од промонториумот се наоѓа овален отвор наречен fenestra
vestibule Кој служи за комуникација со scala vestibule, под задниот дел се наоѓа
fenestra cochleae. Fenestra vestibuli е затворен со базата на узенгијата или basis
stapedis. Лабиринтниот ѕид од тапанската празнина содржи испакнување
наречено prominentia canalis facialis предизвикано од вториот хоризонтален дел на
коскениот фацијален канал и проминира над промонториумот и fenestra vestibuli.
Во пределот на ова испакнување фацијалниот канал има многу тенок дури
дехисцентен коскен ѕид, особено кај деца и во овој дел лицевиот нерв е во
директен контакт со лигавицата на cavum tympani. Ова е особено важно за
патогенезата на парализа на лицевиот нерв, а исто така во овој дел тој е
подложен на повреди при хируршки интервенции.
3.Преден/каротиден ѕид paries caroticus овој ѕид е преетставен со коскеното
испапапчување на canalis carotucus Кој служи за премин на а.carotis interna. Во
горната половина од предниот ѕид се наоѓа отворот за слушната туба ostium
tympanicum tubae auditivae. Додека латерално од каротидното испапчување се
наоѓа fissura pterotympanica преку која chorda tympani или тимпаничната врска ја
напушта тапанската празнина.
4.Заден/мастоиден ѕид paries mastoideus одговара на мастоидниот израсток,
тесен е и наведнат косо надолу. На овој ѕид во горниот дел се отвара auditus ad
adantrum кој личи на тространо призматичен канал и води во мастоидната
пештера, а под овој влез се наоѓа fossa incudes. Под влезот се наоѓа
пиамидалното испакнување eminentia pyramidalis, мало и шупливо и сместено
непосредно зад промонториумот и во шуплината е сместен musculus stapedius.
5.Горен/покриен ѕид paries tegmentalis претставен е со tegment tympani кој е
составен дел од pars petrossa од os temporale. Преку овој ѕид тапанската празнина
комуницира со средната черепна јама односно темпоралниот лобус од големиот
мозок и мозочниците.
6.Долен/југуларен ѕид paries jugularis го претставува дното односно е најнизок
дел од cavum tympani кој лежи под нивото на membrane tympani. Ѕидот е тенка
коскена плочка која ја дели тапанската празнина од vena jugularis interna, односно
доаѓа во сооднос со fossa jugularis каде е сместено горното проширување на
внатрешната југуларна вена или bulbus venae jugularis superior.
СЛУШНИ КОВЧИНА
Во cavum tympani се сместени трите слушни ковчина (malleus,incus,stapes)
1.Чекан MALLEUS
-Претставува најголемо слушно ковче на кое се разликуваат следниве составни
делови:
a)caput mallei горенпроширен дел кој се зглобува со incusot, б)collum mallei
тесен дел кој служи за припој на m.tensor tympani, в)manibrium mallei насочен
надолу и е вткаен во фиброзниот дел од тапанчето а со својот врв рачката го
предизвикува папокот на мембраната, г)processus lateralis исто така и овој
израсток е втакаен во мембраната и го предизвикува prominentia mallearis,
д)processu anterior.

2.Наковална INCUS
-Се наоѓа помедијално и зад чеканот на него се разликуваат три дела:
a)corpus incudes, б)crus longum, в)crus breve.

3.Узенгија STAPES
-Ковче кое е најмедијално поставена на кое се опишуваат 4 дела и тоа:
а)caput stapedis б)crus anterior в)crus posterior г)basis stapedis

Зглобови на слушните ковчина

-Помеѓу себе овие ковчина се споени со помош на два зглобови.


1.аrt.incudomallearis кој ги спојува главата на чеканот и телото на incusot
2.art. incudostapedia Кој ги спојува долниот крак на наковалната со главата на
стапесот

Мускули на слушните ковчина


Во cavum tympani се наоѓаат два мускули (m.tensor tympani m.stapedius) кој со
своето рефлекторни и синергично дејство го регулираат пренесувањето на
звучните бранови инервација добиваат од истоимените нерви.
Поделба на cavum tympani
Како од анатомска и од клиничка гледна точка cavum tympani е поделена на три
ката:
1.Горен кат Recessus epitymapnicus: е најраспространет дел од тапанската
празнина и се наоѓа над нивото на тапанчето. Се протега до покривот tegmen
tympani а одзади преку aditus ad antrum комуницира со шуплините на мастоидниот
израсток. Обложен е од лигавицата на тапанската празнина која овде формира
рецесуси вокои се задржува гноен секрет при восплителни процеси на тапанската
празнина.
-Во овој кат се содржат caput malles I corpus incudis.
2.Среден кат Mesotympanum
-Во овој кат се содржат сите делови од слушните ковчина со исклучок на горе
наведените делови кои се содржани во горниот кат.
3.Долен кат Recessus hypotympanicus лежи од нивото на тимпаничната
мембрана, а неговото дно е претставено со тенкиот југуларен ѕид на тапанската
празнина кој го одвојува од bulbus venae jugularis externa. Поради тоа што е
најнизок кат од тапанската празнина тука сенасобира гној при воспалителни
процеси во неа.
ЛИГАВИЧЕН СЛОЈ НА CAVUM TYMPANI (Tunica mucosa cavi tympani)
Лигавицата од cavum tympani ги обложува нејзините ѕидови.Која лигавица напред
преминува во tuba auditiva а додека назад преминува во мастоидната празнина и
мастоидните колии, исто така таја преминува и на органите кои се содржани во
празнината. Премин на органите лигавицата формира лигавчни дипли кој дипли
заедно со ѕидовите ограничуваат неколку рецесуси. Од практична гледна точка
најзначајни рецесуси се 4 на број и тоа:
1. Епитимпаничниот лигавичен рецесус
-Кој е формиран од лигавицата што ги обложува коскените ѕидови на горниот кат
од cavum tympani. Со помиш на една лигавична дипла овој рецесус е поделен на
два дела: латерален и медијален дел. Латералниот дек кој уште е наречен pars
cupularis е практично позначаен кој одзади комуницира со мастоидната празнина
преку auditus ad antrum, горе преку петросквамозната пукнатина со черепната
празнина, а долу со Prussak-овиот рецесус.

2.Горен рецесус Recessus membranae tympani superior или Prussak-овиот


рецесус
-Претставува мала лигавична ложа која е локализирана медијално од Shrapnell-
овата мембрана.

3.преден рецесус Recessus membranae tympani anterior


-Претставува мала пукнатина која се наоѓа помеѓу membrane tympani и plica
mallearis anterior а се отвара во cavum tympani.
4.Заден рецесус Recessus membranae tympani posterior
-Лежи зад претходниот рецесус кој латерално е ограничен со membrane tympani,
медијално со plica mallearis posterior. А долу се отвара во празнината.

Садови и нерви на cavum tympani


1.Aртерии
-Главно артериирте за во празнината потекнуваат од а.carotis externa а делумно
потекнуваат од a.carotis interna.
2.Вени
-Вените претставуваа главно притики на v.jugularis interna
3.Нерви
-Лигавицата од cavun tympani е инервирана од plexus tympanicus. Додека
моторната инервација за мускулите во празнината потекнуваат од n.mandibularis I
od n.facialis.

49.Paracenteza (парацентеза)
е мала хируршка процедура која е потребна во случај кога конзервативните
третмани не помагаат при восплаенија на увото т.е апцеси... Во текот на
постапката во ушното тапанче се прави мал рез mikroskalpelem или специјална
игла, кој овозможува да се прикаже акумулираниот ексудат.

Суштината на таквата интервенција е за да се подобри состојбата на ушното


тапанче преку дренажа на гној.

. Итна хируршка интервенција може да биде неопходна ако се јават следните


симптоми: - мачна во увото која не поминува, намалување на слухот -
зголемување на температурата- гадење. повраќање, вртоглавица, главоболка и.

50.Сетило за допир кожа


Кожа Integumentum commune
Кожата претставува површинска обвивка на телото и во неа е сместено сетилото
за површински сензибилитет. Ова сетило е изградено од многубројни т.н.
завршетоци и завршни нервни телца на сензитивните нерви, а тие всушност ги
пренесуваат дразбите центрипетално односно асцендентно па токму затоа
посодветно би било да се каже дека се ова нервни почетоци. Сензитивните нерви
во кожата служат за прием на впечатоци од сите категории на површински
сензибилитет и тоа: допир, болка, притисок и температура.
Улога на кожата: протективна од надворешни влијанија, метаболизам,
терморегулација.
Морфологија: дебелина 1-4мм (најтенка е на очните капаци и ушното тапанче,
најдебела е на дланките и табаните), подвижноста е променлива (зависи од
начинот на поврзување на длабоката страна на кожата со подлогата и е
најподвижна кога е поврзана со поголема количина растресито клеточно ткиво),
значителна еластичност (се намалува со годините), бојата зависи од количината и
распределбата на пигмент и од состојбата на крвните садови, надворената
површина енерамна и се забележуваат бројни гребени, жлебови, отвори или пори.
Хистологија на кожа: поврински слој епидермис граден од епител, крзно, кориум
или дермис граден од сврзно ткиво и хиподерм, поткожен слој или tela subcutanea.

51.Што се наоѓа во задната страна од понсот


На задната страна се наоѓа владбнатото тријаглесто поле, дел од fossa
rhomboidea.

52.Проширување на medulla spinalis


Medula spinalis претставува цилиндрична формација со должина од 42-45 см,
локализирана во горните две третини на ‘рбетниот и крстниот канал протегајки се
од arcus anterior на атласот до вториот слабински прешлен L2. Има две
проширувања, вратно (intumescentia cervicalis) кое се протега од C3-Th2 и
слабинско (intumescentia lumbalis) што се протега од Th9-L1. Делот на ‘рбетниот
мозок кој одговара на еден пар на спинални нерви се нарекува сегмент.
54.Латерална мозочна комора вентрикулус латералис
Ventriculus lateralis (Бочна мозочна комора)
Во форма на потковица го опфаќа nucleus caudatus и таламусот.
Делови:
- Pars centralis
- Cornu anterius сместен во фронталниот резен
- Cornu posterius сместен во окципиталниот резен
- Cornu inferius локализиран во темпоралниот лобус.
Комората комуницира со третата мозочна комора преку foramen interventriculare.

55.Tunica interna bulbi туника интерна булби


Tunica interna bulbi Внатрешна обвивка

-Оваја обвивка е составена од два лисја надворешен и внатрешен лист:

Надворешен Stratum pigmenti овој лист е поделен на три дела и тоа:


а)Stratum pigmenti iridis
б)Stratum pigmenti corpus ciliare
в)Stratum pigmenti retinae
Внатрешен Retina на кој се разликуваат три дела:
а)Pars iridica retinae
б)Pars ciliaris retinae
-Овие два дела од ретинаата не примаат светлосни дразби па затоа и се
нарекуваат Pars caeca retinae.
в)Pars optica retinae
-Претставува дел кој прима светлосни дразби и е изграден од stratum pigmenti. Во
овој дел е карактеристично што е смеестен и фото рецепторниот дел кој содржи
штапчиња и чепчиња. Овој дел е во сооеднос со стаклестот тело и на кој се
опишуваат две карактеристики:
-Papila seu discus n.opticus - или слепа точка која се наоѓа на 1мм
медијално од заедниот пол во чиј средишен дел се забележува едно вдлабнување
наречено excavatio papillae.
-Маcula lutea- или точка на јасен вид, се наоѓа точно на задниот пол и е
изградена само од клетки кои содржат само чепчиња, макулата во центарот е
длабната.
Во градбата на ретината се опишуваат три основни слоја и тоа:
-Stratum neuro epitheliale
-Stratum ganglionare retinae
-Stratum ganglionare n. optici

56.Надворешен слушен канал


Meatus acusticus externi меатус акустикус екстерни
Претставува рскавично коскен канал кој се протега од школката до средното уво
на медијалниот крај завршува со тапаче. На каналот се опишуваат два дела
латерален кој е рскавичен и медијален коскен и обата дела бегу себе формираат
еден тап агол кој при преглед смета па затое се подига увото на горе и на назад
(при преглед на надворешен ушен канал или отоскопија).
Во градбата на овај канал се опишува:
-Рскавично мембранозен дел: неговиот преден дел е изграден cartiliago meatus
acustici externi а задниот дел е изграден од фиброзна мембрана
-Коскен дел: предниот и долен ѕид е граден од pars tympanica додека неговиот
задно горен дел од pars squmosa од слепоочната коска. Латералниот дел од
коскениот дел претставува porus acusticus externus додека на неговиот медијален
дел се прицврстува membrana tympani.
-Кожа која го обложува ушниот ходник која е срасната за коскениот и рскавичниот
дел која идејки кон длабочина таја постепено се истенчува и се префрлува на
андворешната страна од мембраната. Кожата на надворешниот ушен ходник
содржи бројни жлезди кои учествуваат во секретирање на секрет кој има масна
конзистенција. Излачена маст може да доведе до создавање на чеп која ке
предизвика затнување на ходникот и намалување на слухот.

57.Заден ѕид на cavum tympani заден ѕид на кавум тимпани


Заден/мастоиден ѕид paries mastoideus одговара на мастоидниот израсток,
тесен е и наведнат косо надолу. На овој ѕид во горниот дел се отвара auditus ad
adantrum кој личи на тространо призматичен канал и води во мастоидната
пештера, а под овој влез се наоѓа fossa incudes. Под влезот се наоѓа
пиамидалното испакнување eminentia pyramidalis, мало и шупливо и сместено
непосредно зад промонториумот и во шуплината е сместен musculus stapedius.

58.Продолжен мозок
1.Medulla oblongata
-Продолжен мозок (Medulla Oblongata) или најдолниот дел од мозочното стебло
и е предно долниот дел на ромбестиот мозок, на кој кранијално се надоврзува
мостот а каудално ‘рбетниот мозок. Горниот проширен дел лежи на долната
половина на кливусот (clivus), додека долниот дел преку foramen magnum
навлегува во ‘рбетниот канал до arcus anterior на атласот.
Има две страни:
А. Предна или вентрална страна – од оваа страна излегуваат n. abducens, n.
facialis, n. vestibulocochlearis, n. hypoglossus.
Б. Бочна страна – од оваа страна излегуваат од горе кон доле n.
glossopharyngeus, n. vagus и radices craniales n. accesorii.
В. Задна или дорзална страна – има каудален дел кој е непосреден продолжеток
на рбетен мозок и рострален дел кој го гради долниот дел на ромбестата јама
fossa rhomboidea
- Градба
А. Неговата сива маса ја градат јадрата на кранијалнитe нерви (IX, X, XI, XII, и
делумно VII) и тоа nucleus n. hypoglossi, n. ambiquus, nucleus dorsalis n. vaginucleus
tractus spinalis n. trigemini. Учествуваат во регулација на некои рефлексни процеси
како саливација, мастикација, кивање, секреција на жлездите од фаринкс, ларинкс
и гастер, рефлекси на голтање, повраќање, каѓлање но и регулација на дишење,
срцева акција, крвен притисок.
Б. Ретикуларната формација има изглед на мрежа со островчиња од сива маса
во вид на јадра, се наоѓаат важни вегетатини витални центри (автоматски
центар за дишење кој е поврзан со моторните јадра наменети за инервација
на сите мускули кои учествуваат во процесот на душење, вазомоторен
центар со пресорен идепресорен дел, центри за регулација на срцева
работа, булбарен центар за потење и некои други центри за рефлексни
одбрамбени рефлекси)
В. Низ белата маса на продолжениот мозок минуваат голем број аферентни и
еферентни моторни патишта кои доаѓаат или одат кон рбетниот мозок.

59.Центри на продолжен мозок ????


Функционалните одлики на продолжениот мозок се поврзани со регулацијата на
дишењето, срцевата работа, крвната циркулација, мускулниот тонус и слично.
Исто така функционалните одлики на продолжениот мозок се поврзани и со
моториката на главата, артикулацијата на говорот, актот на голтање и други.
Функционални испади при повреди на продолжениот мозок При повреда на
центрите за дишење и срцевата работа се СМРТОНОСНИ, поради респираторен
и кардијак арест. Заболување на моторните јадра пак доведува до парализи, кои
се манифестираат со дисфагија, дисатриа, потоа повреда на nucleus tractus
spinalis n.trigemini доведува до губење на осетот за болка и температура во
одредини делови од истата страна на лицето. Додека еднострано оштетување на
Едингер резултира со аналгезија и неосетливост на температурни дразби на
контралатералната страна од трупот и екстремитетите.
Ретикуларната формација има изглед на мрежа со островчиња од сива маса во
вид на јадра, се наоѓаат важни вегетатини витални центри (автоматски центар
за дишење кој е поврзан со моторните јадра наменети за инервација на сите
мускули кои учествуваат во процесот на душење, вазомоторен центар со
пресорен идепресорен дел, центри за регулација на срцева работа, булбарен
центар за потење и некои други центри за рефлексни одбрамбени рефлекси)

60.Со што се поврзува cavum tympani и ѕидови


Централниот дел од средното уво е претставен со cavum tympani додека пред
неа се наоѓа tuba auditiva која го поврзува со носниот дел од голтникот, додека зад
cavum tympani се наоѓаат шуплините кој се локализирани во processus mastoideus
од os temporale.

61. Очна водичка (Humor aquosus)


Очната водичка ги исполнува обете комори на очното јаболко.Таа претставува
бистра течност со најмал индекс на прекршување на светлосните зраци.Очната
водичка непрекинато се лачи во цилијарните израстоци (processus ciliares) коишто
се снабдени со богата капиларна мрежа.Нејзиниот тек е насочен од задната кон
предната комора.Главниот одводен пат од предната комора го претставуваат
шупликавите цилијарни простори на иридокорнеалниот агол (spatia anguli
iridocornealis). Преку нив очната водичка се филтрира во Schlemm-ови-от канал од
склерата, а од него преку трансклералните вени и венита на цилијарниот мускул
преминува во офталмичната вена.Споредниот одводен пат на очната водичка
води преку веќе опишаните меѓуклеточни отвори — крипти на ендотелот од
предната страна на ирисот. Потоа преку ирисната строма во нејзините венски
сплеrови.
Постојаното лачење и дренирање на очната водичка го одржува нормалниот
притисок во очното јаболко. Нарушеното истечување на водичката доведува до
зголемување на интраокуларниот притисок, најчесто место на патолошки промени
e angulus iridocornealis, при негово зачепување се оневозможува одводот на
очната водичка во Schlemm-двиот канал

62. Pons-varoli понс вароли (Мозочен мост)


Мозочниот мост е предно-горниот широк, испапчен дел на ромбестиот мозок кој се
наоѓа кранијално од продолжениот, а каудално од средниот мозок. Лежи на
горната половина од кливусот. На мостот се разликуваат: предна или вентрална,
бочна или латерална и задна страна.На предната страна се протега базиларна
бразда (sulcus basilaris) а бочно од неа eminentia pyramidalis. На задната страна се
наоѓа владбнатото тријаглесто поле, дел од fossa rhomboidea.
Состав
- Сивата маса ја сочинуваат јадрата на канијалните нерви, ретикуларната
формација и релејните јадра. Овде се наоѓаат јадрата на (V, VI, VII и делумно VIII)
кранијален нерв и тоа: nucleus salivatorius superior, nucleus sensorius superior n.
trigemini, nucleus motorius n. trigemini, nucleus n. abducentis, nucleus n. facialis,
nucleus vestibularis superior, lateralis, inferior et lateralis. Овие јадра се одговорни за
мастикаторната моторика, инервација на солзна и плунковни жлезди, рамнотежа,
ориентација во простор, модификација на мускулен тонус.Јадрата од
ретикуларната супстанца (nucleus raphe pontis, nucleus centralis superior, nucleus
parvocelularis, nucleus pontis centralis lateralis, nucleus centralis pontis caudalis,
nucleus reticularis gigantocelularis) припаѓаат на екстрапирамидалниот моторен
систем и учевствуваат во некои рефлексни акции (регуалција на мускулниот тонус
и акустична ориентација во просторот).
-Белата маса на мозочниот мост ја градат повеќе нервни патита аферентни,
еферентни и напречни од кои последните овозможуваат врски на мостот со
кората на големиот и малиот мозок.
*Граница на понсот со продолжениот мозок: вентрална граница е sulcus
bulbopontinus, дорзална граница се напречните мозочни пруги на четвртата
мозочна комора striae medullares.
*Граница на понсот со средниот мозок: вентрална граница е меѓуножната јама или
fossa interpeduncularis, дорзална граница е каудалниот раб на покривната плоча
односно lamina tecti.

63.Ventriculus lateralis
(Бочна мозочна комора)
Во форма на потковица го опфаќа nucleus caudatus и таламусот.
Делови:
Pars centralis
 Cornu anterius сместен во фронталниот резен
 Cornu posterius сместен во окципиталниот резен
 Cornu inferius локализиран во темпоралниот лобус.

Комората комуницира со третата мозочна комора преку foramen interventriculare.


64.Трета мозочна комора Ventriculus tertius
Е сагитално поставена празнина на меѓумозокот, помеѓу внатренит страни на
десниот и лев таламус. Комората е исполнета со ликвор и комуницира со
четвртата мозочна комора преку мозочниот вод (aqueductus cerebri) а со
латералните комори преку интервентрикуларните отвори (foramen
interventriculare).

65.Каде се создава humor aquosus


Очната водичка непрекинато се лачи во цилијарните израстоци (processus
ciliares) коишто се снабдени со богата капиларна мрежа.Нејзиниот тек е насочен
од задната кон предната комора.Главниот одводен пат од предната комора го
претставуваат шупликавите цилијарни простори на иридокорнеалниот агол (spatia
anguli iridocornealis).

66.Каде е поставено окото


Органот за вид е составен од а)око OCULUS и б) помошни органи на окото
ORANUM OCULI ACCESORIA.
ЛОКАЛИЗАЦИЈА
-Очното јаболко е смеестено во фасцијална капсла опкружено со мускули и
масно ткиво, а кое смеестено во предниот дел од орбитата.
ФОРМА
-Наликува на топка со испапчен преден дел.
ОРЕНТАЦИОНИ ТОЧКИ
 Polus anterior
 Polus posterior
 Equator
 Meridiani
 Axis opticus
 Axis bulbi exrernus
 Axis bulbi internus

67.Што треба да се направи на увото за да се израмни тапиот агол


кој го содржи meatus acusticus internus при преглед на membrana
tympani
Претставува рскавично коскен канал кој се протега од школката до средното уво
на медијалниот крај завршува со тапаче. На каналот се опишуваат два дела
латерален кој е рскавичен и медијален коскен и обата дела бегу себе формираат
еден тап агол кој при преглед смета па затоа се подига увото на горе и на назад
(при преглед на надворешен ушен канал или отоскопија).

70.Ventriculus quartus вентрикулус квартус четврта мозочна комора


Е централна празнина на ромбестиот мозок исполната со мозочна течност (liquor
cerebrospinalis). Предниот ѕид на комората го формираат задните страни од
продлжениот мозок и мостот. Бочно е ограничена со горните и долните ножиња на
малиот мозок, а задниот го гради средишниот дел на предната страна на малиот
мозок.
Комората функционира со третата мозочна комора преку мозочниот вод
(aqueductus cerebri) со централниот канал на ‘рбетниот мозок и со
субарахноидалниот простор.

72.Слушни ковчиња
Во cavum tympani се сместени трите слушни ковчина (malleus,incus,stapes)
1.Чекан MALLEUS
-Претставува најголемо слушно ковче на кое се разликуваат следниве составни
делови:
a)caput mallei горенпроширен дел кој се зглобува со incusot, б)collum mallei
тесен дел кој служи за припој на m.tensor tympani, в)manibrium mallei насочен
надолу и е вткаен во фиброзниот дел од тапанчето а со својот врв рачката го
предизвикува папокот на мембраната, г)processus lateralis исто така и овој
израсток е втакаен во мембраната и го предизвикува prominentia mallearis,
д)processu anterior.
2.Наковална INCUS
-Се наоѓа помедијално и зад чеканот на него се разликуваат три дела:
a)corpus incudes, б)crus longum, в)crus breve.
3.Узенгија STAPES
-Ковче кое е најмедијално поставена на кое се опишуваат 4 дела и тоа:
а)caput stapedis б)crus anterior в)crus posterior г)basis stapedis
-Помеѓу себе овие ковчина се споени со помош на два зглобови.
1.аrt.incudomallearis кој ги спојува главата на чеканот и телото на incusot
2.art. incudostapedia Кој ги спојува долниот крак на наковалната со главата на
стапесот
Мускули на слушните ковчина
Во cavum tympani се наоѓаат два мускули (m.tensor tympani m.stapedius) кој со
своето рефлекторни и синергично дејство го регулираат пренесувањето на
звучните бранови инервација добиваат од истоимените нерви.

73.Полукружни каналчиња и во која рамнина се поставени


-Претставуваат три на број кој се сместени зад и над тремот и тоа во три
просторни рамнини според што се и именувани. Сите имаат морфолошки
различни краја, едниот крај е проширен како ампула, а другиот крај е едноставен
во вид на крак. Сите ампули од трите коскени полукружни канали се отвораат на
соодветно место во тремот. Во овие канали се сместени соодветните
мембранозниканали.

а)Canalis semicircularis anterior на кој се опишува (ampula ossea anterior) има


предна ориентација
б)Canalis semicircularis posterior на кој се опишува (ampula ossea posterior) има
задна ориентација
в)Canalis semicircularis lateralis на кој се опишува (ampila ossea lateralis) има
предно-латерална ориентација

39.Rhinencephalon– мирисниот мозок е составен дел од теленцефалонот и


филогенетски претставува најстара формација на предниот мозок, со своите
делови се наоѓа на базалната и медијалната страна на мозочната хемисфера,
како и на дорзалната страна од жулестото тело, заземајќи релативно мал дел од
мозочната кора. Мирисниот мозок морфолошки се дели на – 1. Периферен дел на
мирисниот мозок – се наоѓа на базалната страна од фронталниот резен и се
состои од следниве делови – bulbus olfactorius(е олфактивен центар), tractus
olfactorius, trigonum olfactorium, stria olfactoria, substantia perforate anterior и gyrus
paraterminalis. 2. Централен дел на мирисниот мозок – се наоѓа на медијалната
страна од мозочната хемисфера и на дорзалната страна од жулестото тело, се
состои од надворешен или лимбички лак и внатрешен или интралимбичен лак.

Сетило за вкус орган за вкус


Локализиран е во густативните папили на јазикот и тоа - papillae vallatae, papillae
foliatae и papillae fungiformes. Овие папили содржат густативни пaпки во форма на
пупки од ружи, градени од епител, дел е потпорен епител, а дел вистински
густативни клетки. Густативните пупки се најбројни на папилите во пределот на
sulcus terminalis односно на papillae valatae. Густативните дразби од габовидните
папили се пренесуваат преку фацијалниот нерв, а оние од опкружените и
листестите папили преку глософарингеалниот нерв. Примарните вкусови се
слатко, солено, кисело и горчливо и се предизвикани од хемиски супстанции
растворливи во вода. Вкусот за слатко најмногу се чувствува на врвот на јазикот,
кисел вкус на задниот и бочните рабови од јазикот, а во пределот на граничната
бразда – sulcus terminalis најмногу се чувствува горчливо.

Ретина МРЕЖНИЦА(RETINA)- го претставува најдлабокиот лист од


внатрешната обвивка. Мрежницата се дели на три дела и тоа - pars iridica retine,
pars ciliaris retine и pars optica retine. Првите два дела претставуваат слеп дел
бидејќи не примаат светлосни впечатоци, а третиот дел се нарекува оптички дел,
додека меѓу овие два дела имаме ora serrata. Pars optica retine претставува
фоторецепторен дел кој содржи стапчиња и чунчиња. Кај жив човек оптичкиот дел
од ретината е процирен и е со розева боја која потекнува од родопсинот, односно
еритропсин. На внатрешната страна од ретината имаме елемента и тоа papilla seu
discus n.opticus и macula. На оптичкиот дел од ретината имаме три основни слоја и
тоа - stratum neuroepitheliale, stratum ganglionare retine и stratum ganglionare
n.opticus. Додека оптичкиот дел од мрежницата заедно со пигментниот слој е
составен од 10 слоја и тоа - 1.stratum pigmenti retine, 2.stratum bacillorum et
conorum, 3.membrana limitans externa, 4.stratum neuroepitheliale, 5.stratum reticulare
externus, 6.stratum ganglionare retine, 7.stratum reticulare internum, 8.stratum
ganglionare n.opticus, 9.stratum filorum n.opticus, 10.membrana limitans interna. Крвни
садови на ретината(vasa sanguinea retine) - главен артериски сад е a.centralis
retinae и од неа се оделуваат arteriola temporalis retine superior et inferior, arteriola
nasalis retine superior et inferior, arteriola macularis superior et inferior. Венски садови
- целата крв се влева во v.centralis retinae.

Преден ѕид на cavum tympani


Преден или каротиден ѕид - paries caroticus - овој ѕид е претставен со коскеното
испапапчување на canalis carotucus - кој служи за премин на а.carotis interna. Во
горната половина од предниот ѕид се наоѓа отворот за слушната туба ostium
tympanicum tubae auditivae. Додека латерално од каротидното испапчување се
наоѓа fissura pterotympanica преку која chorda tympani или тимпаничната врска ја
напушта тапанската празнина.

Што се наоѓа на задната страна од поносот


2. Задна или дорзална страна – на мостот поседува лесно вдлабнато триаглесто
поле. Всушност ова триаглесто поле го образува поголемиот дел од fossa
rhomboidea, a неговиот релјеф го сочинуваат горните половини на – sulcus
medianus, sulcus limitans, eminentia medialis и area vestibularis.

Каде се наога третата мозочна комора


ТРЕАТА МОЗОЧНА КОМОРА или VENTRICULUS TERTIUS – е сагитално
поставена пукнатина со форма на биконкавна леќа, која се наоѓа меѓу двата
таламуси. На неа разликуваме – ДОРЗАЛЕН ЅИД или покрив (го образува
хороидната покривка, којашто се наоѓа по жулестето тело и форниксот) потоа
ВЕНТРАЛЕН ЅИД или ПОДОТ (го образува хипоталамусот, на него се наоѓаат два
џеба, од кои предниот т.е reccessus opticus се наоѓа меѓу lamina terminalis и
chiasma opticum, додека задниот или reccessus infundibula е левкаста шуплина на
инфидибулумот), КРАНИЈАЛЕН ЅИД (го образуваат lamina terminalis, commissura
anterior и columna fornicis), КАУДАЛЕН ЅИД (го образуваат – reccessus
suprapinealis, commissura habenularum, reccessus pinealis, commissura posterior и
aqueductus cerebri – Sylvius) и БОЧНИОТ ЅИД (парен, најпростран и лесно
испапчен кон комората, него во горните 2/3 го образуваат внатрешната страна на
таламусот, долната третина на хипоталамусот, кои меѓу себе се одделени со
sulcuis hypothalamicus, притоа бочните ѕидови на третата комора, зад foramen
interventriculare, меѓусебе се поврзани во 70-85% од случаеви со напречно
поставена, како мост мозочна формација наречена ADHESIO INTERTHALAMICA,
која е обложена со коморниот епендим

Задебелување на medulla spinalis


Рбетниот мозок покажува 2 умерени задебелувања и тоа – 1. Вратно
задебелување (intumescentia cervicalis) – скелетотопски се протега од C3 до T2. 2.
Слабиснко задебелување (intumescentia lumbalis) – скелетотопски се протега од
T9 до L1. Горните задебелувања имаат по 7сегменти, т.е вратното задебелување
ги содржи од треттиот вратен до вториот торакален сегмент, а слабинското
задебелување од 12тиот торакален до вториот сакрален сегмент. Под
слабинското задебелување рбетниот мозок се редуцира и завршува со conus
medullaris., од конусниот врв па се до тртичната коска, се протега рудимент од
ембрио рбетен мозок, наречен завршно конче или filum terminale, кое пак нема
нервни елементи. Тежината на рбетниот мозок е 30-35g

Ѕидови на cavum tympani ѕидови на кавум тимпани


6 ѕида и тоа : 1. Латерален или мембранозен paries membranacea кој ѕид е
претставен со тапанчето и на кој ѕид се опишуваат два дела и тоа - а) горен
покускоскен дел и б) долен - мембранозен дел. Над тапанчето во градбата на овој
ѕид учествува исто така и pars squamosa од темпоралната коска. 2. Медијален или
лабиринтен ѕид - paries labyrinthicus кој е претставен со лабиринтот на
внатрешното уво и е од големо практично значење бидејќи го дели средно од
внатрешно уво. На средината од овој ѕид се наоѓа средно испапчување наречено
promontorium кое е предизвикана од базалната кривина од полжавот на
внатрешното уво. Преку promontoriumot се спушта надолжна бразда наречена
sulcus promontorii низ која поминува тимпаничниот нерв n. tympanicus. Додека пак
НАД задниот дел од промонториумот се наоѓа овален отвор наречен fenestra
vestibule - кој служи за комуникација со scala vestibule, ПОД задниот дел се наоѓа
fenestra cochleae. Fenestra vestibuli е затворен со базата на узенгијата или basis
stapedis. Лабиринтниот ѕид од тапанската празнина содржи испакнување
наречено prominentia canalis facialis предизвикано од вториот хоризонтален дел на
коскениот фацијален канал и проминира НАД промонториумот и fenestra vestibuli.
Во пределот на ова испакнување фацијалниот канал има многу тенок дури
десцедентен коскен ѕид, особено кај деца и во овој дел лицевиот нерв (n.facialis) е
во директен контакт со лигавицата на cavum tympani. Ова е особено важно за 11
патогенезата на парализа на лицевиот нерв (paralisis n.facialis), а исто така во овој
дел тој е подложен на повреди при хируршки интервенции. 3. Преден или
каротиден ѕид - paries caroticus - овој ѕид е претставен со коскеното
испапапчување на canalis carotucus - кој служи за премин на а.carotis interna. Во
горната половина од предниот ѕид се наоѓа отворот за слушната туба ostium
tympanicum tubae auditivae. Додека латерално од каротидното испапчување се
наоѓа fissura pterotympanica преку која chorda tympani или тимпаничната врска ја
напушта тапанската празнина. 4. Заден или мастоиден ѕид - paries mastoideus
одговара на мастоидниот израсток, тесен е и наведнат косо надолу. На овој ѕид во
горниот дел се отвара auditus ad adantrum кој личи на тристрано призматичен
канал и води во мастоидната пештера, а ПОД овој влез се наоѓа fossa incudes.
Под влезот се наоѓа пирамидалното испакнување eminentia pyramidalis, - мало и
шупливо и сместено непосредно ЗАД промонториумот и во шуплината е сместен
musculus stapedius. 5. Горен или покриен ѕид - paries tegmentalis - претставен е со
tegment tympani кој е составен дел од pars petrossa од os temporale. Преку овој ѕид
тапанската празнина комуницира со средната черепна јама односно темпоралниот
лобус од големиот мозок и мозочниците. 6. Долен или југуларен ѕид - paries
jugularis - го претставува дното односно е најнизок дел од cavum tympani кој лежи
под нивото на membranа tympani. Ѕидот е тенка коскена плочка која ја дели
тапанската празнина од vena jugularis interna, односно доаѓа во сооднос со fossa
jugularis каде е сместено горното проширување на внатрешната југуларна вена
или bulbus venae jugularis superior
Што се прави при преглед на слушна мембрана?
Се испитуваат евентуални промени на истата преку отоскопијата и преку аудио
тестови.

68.Мозоци и кои простори помеѓу себе ги ограничуваат


69.Преден паротиден ѕид
71.Pons auris vascularis

You might also like