You are on page 1of 36

1.

Regio temporalis

Одговор: regio temporalis, претставува парен бочен предел на черепот, ограничен :


однапред со regio frontalis и regio parietalis, одзади со regio zygomatica и оддолу со
regio paratideomasseterica.

Граници: површинските граници на слепоочниот предел се означени : нанапредсо


задногорниот заб на зигоматичната коска, зигоматичниот израсток на челната коска и
нејзината слепоочна линија; одгоре и одзади со горната слепоочна линија од
париеталната коска; оддолу со темпорална линија на зигоматичната коска и
јаболковиот лак.

Надворешен изглед: задниот дел на регијата е покриен со коса, додека предниот


непокриен дел нагорно вијугаво се протега челната завршна гранка од a. temporalis
superficialis.

Слоеви:

 Кожа
 Поткожно масно ткиво
 Површински садови и нерви
 Поткожен мускулноапоневротичен слој
 Подапоневротичен слој
 Слепоочна фасција - fascia temporalis
 M. temporalis
 Длабоки садови и нерви
 Коскен слој
 Менингеален слој

2.Regio Parotideomasseterica

Regio parotideomasseterica ја сочинуваат меките слоеви што ја покриваат латералната


страна на виличната гранка и го исполнуваат просторот меѓу гранката и мастоидниот
израсток на слепоочната коска . Заради своето практично значење , оваа региа се
дели на два помали предели:

А) Масетерична региjа: ја сочинуваат меките делови што ја покриваат латералната


страна на ramus mandibulae. Таа се наоѓа зад пределот на образот , под слепоочниот
предел и над trigonum submandibulare.

Граничи со : Површински пределот е ограничен - однапред со предниот раб на


m.masseter. Одгоре со arcus zygomaticus, одзади со заден раб на ramus mandibulae и
m.masseter а оддолу со долниот раб на мандибулата. Во длабочина се протега до
надворешната страна од Ramus mandibulae.
Надворешен изглед : масетеричната региа е рамна или лесно подиспакната. Во
задногорниот агол под кожата лесно се опипува caput mandibulae, додека во
преднодолниот агол на долниот раб од мандибулата се палпира пулсот на n.facialis.

Слоеви:

 кожа - која кај мажите е препокриена со влакна


 поткожен слој- преку кој преминуваат : a.transversa fascie, стебла од a. et v.
facialis, средната група од завршните гранки на n.facialis, масетеричниот
продолжеток од паротидната жлезда и ductus parotideus.
 фасцијален слој
 мускулен слој, изграден од m.masseter.
 периост - што ја препокриваа надворешната страна од ramus mandibulae
 коскен слој- претставен со надворешната страна од ramus mandibulae и
articulatio temporomandibularis.

Б) Паротидна регија - го претставуваат паротидната жлезда и другите меки делови


што ја исполнуваат задвиличната јама . Регијата се наоѓа зад масетеричната регија ,
пред мастоидниот израсток и над стерноклеидомастоидната регија.

Граници: површинските граници се означени : однапред со задниот раб на ramus


mandibulae, одгоре со надворешниот ушен канал и задната страна на виличниот
зглоб , одзади со предниот раб на мастоидниот израсток и стернклеидомастоидниот
мускул и долу со хоризонтална линија растегната од виличниот агол до предниот раб
на m.sternocleidomastoides. Во длабочина паротидната регија се протега до
стилоидниот израсток , стилоидните мускули и врски коишто ја делат регијата од
парафарингеалниот простор.

Надворешен изглед : наликува на надолжна бразда што се протега под ушната


школка и тоа меѓу виличната гранка и мастоидниот израсток .

Слоеви :

 кожа
 поткожно ткиво
 фасцијален слој

3. Regio infratemporalis

Новата анатомска номенклатура ја вбројува подслепоочната регија во пределите на


черепот . Потслепоочната регија е претставена со меките делови што ги исполнуваат :
fossa infratemporalis, fossa pterygopalatina. Во состав на потслепоочната регија влегува
и помал коскено - мускулен предел - spatium pterygomandibulare.

Граници: се наоѓа медијално од ramus mandibulae којшто ја одделува од


масетеричната регија. Според тоа површинските граници на потслепоочната регија
одговараат на тие од масетеричната регија. Во длабочина преку птеригопалатинската
јама, потслепоочната регија се протега до задниот дел на носната празнина и до
бониот ѕид од фаринксот.
Ѕидови: ограничена е со коскените тидови од потслепоочната јама и
крилестонепцевата јама. На потслепоочната јама се разликуваат два ѕида:

Долен ѕид - претставен со долниот дел на m.pterygoideus medialis

Заден ѕид - го гради задната страна од m.pterygoideus lateralis и задниот раб од


m.pterygoideus medialis.

Содржина :

- m.pterygoideus lateralis et medialis

- a. maxilaris

- vv. maxillaris и plexus pterygoideus

- n.maxillaris

- n.mandibularis

4. Spatium parapharyngeum et retropharyngeum

a) spatium parapharyngeum - претставува јасно ограничен коскено-мускулен простор,


кој е локализиран во латерланиот дел од инфратемпоралната регија. Тој наликува на
тристрана призма со латерален, медијален и горен ѕид. Латерланиот ѕид го гради
внатрешната страна од ramus mandibulae. Горниот ѕид го претставува m.pterygodeus
lateralis, а медијалниот ѕид го гради m. pterygoideus medialis . Во овој простор се
наоѓаат:

- n. et a. alveolaris inferior

- n. lingualis

b) spatium retropharyngeum - претставува горен дел од ретровисцеларниот простор


на вратот. Се наоѓа зад фаринксот, а пред пред'рбетните мускули покриени со
истоимениот лист од вратната фасциа. Горе просторот се протега до задниот дел од
черепната база а долу до долниот раб на фаринксот. Надолу тој продолжува во
ретровисцеларниот простор на вратот локализиран зад вратниот дел од голтникот.

Ѕидови:

- Преден ѕид, кој го гради задната страна од фаринксот покриена со фасција

- заден ѕид е претставен со lamina prevertebralis од вратната фасција којашто ги


покрива пред'рбетните мускули

- бочни ѕидови - ги градат обете надолжни прегради, левата и десната septum


longitudinale.

Содржина: исполнет е со растресито и лабаво клеточно ткиво, кое обезбедува


движења на фаринксот. Во ткивото се наоѓаат крвни садови и тоа мали гранчиња од
фарингеалните артерии и 1-2 лимфни јазли.
5. Regio coli anterior ( trigonum submandibulare et caroticum)

* Составена е од меки делови што го покриваат од предната страна вратниот дел од


'рбетниот столб и тоа меѓу обата стерноклеидомастоидните мускули.

Регијата наликува на триаголник со врв ориентиран надолу а базата е долниот раб од


мандибулата

Состав:

 кожа
 поткожно ткиво
 површински лист ( lamina superficialis) од вратната фасција
 mm. suprahyoidei
 lamina pretrachealis
 infrahyoidei
 a.carotis communis, a.carotis externa et interna , v.jugularis interna
 длабоки лимфни јазли
 длабоки нерви на вратот
 подвиличната плунковна жлезда
 тироидната и паратироидните жлезди
 гркланот и вратниот дел од дишникот
 вратниот дел од голтникот и хранопроводот
 пред'рбетните мускули

Во предната вратна регија се издвојуваат според своето практично значење два


триаголника и тоа:

1) trigonum submandibulare - претставува парен триаглест простор локализиран во


горниот дел од предната вратна регија. Одгоре триаголникот е ограничен со долниот
раб од телото и гранката на мандибулата ; однапред со задниот вентер од
m.digastricus. Врвот на триаголникот е ориентиран надолу и одговара на
меѓутрбуваната тетива од m.digastricus, додека неговата база е претставена со
долниот раб на мандибулата. На триаголникот се раззликуваат следните слоеви:

 кожа
 поткожно ткиво
 површински садови и нерви: артериите се гранчиња на a.submentalis, вените
претставуваат почетни притоки од v.jugularis anterior . Сензитивните нерви
потекнуваат од N. transversus colli а моторните од r.colli на n.facialis.
 фасцијален слој
 мускулен слој: претставен со натхиоидна мускулна група( m.digastricus,
m.stylohuoideus, m.myohioideus, m.geniomyoideus).
 подвилична жлезда (glandula submandibularis)
 длабоки садови и нерви: артериските садови се: a.facialis и a.lingualis
длабоките вени се v.dacialis, v.lingualis. нерви се: n.mylohyoideus и
n.hypoglossus.
2) trigonum caroticum - е парен, триаглест топографски простор локализиран во
предниот предел на вратот . Однапред и горе е ограничен со venter posterior
m.digastrici; однапред и долу е ограничен со venter superior m.omohyoidei ; а одзади со
соодветниот дел на предниот раб од m.sternocleidomastoideus. Врвот на триаголникот
е свртен нанапред и одговара на телото од хиоидната коска, додека неговата база
претставена со предниот раб од стерноклеидомастоидниот мускул .

Во пределот на каротидниот триаголник се наоѓаат бројни садовнонервни елементи од


кои најзначајни се : завршниот дел од a.carotis communis и почетните делови на
а.carotis externa et interna. Во пределот на овој триаголник се наоѓа задниот јазичен
триаголник на Beclars - trigonum linguales posterior Beclers. Тој е ограничен со Venter
posterior m.digastrici, задниот раб од m.hyogglossus и големиот рог на хиоидната коска.

6. Regio sternocleidomastoidea, regio coli lateralis et posterior

---Regio sternocleidomastoidea- претставува парен предел на вратот што одговара на


истоимениот мускул и наикува на издолжен правоаголник ограничен однапред со
предниот раб на m.sternocleidomastoideus, а одзади со неговиот заден раб. На долниот
крај таа поседува плитка кожна вдлабнатина , означена како мала натклучна јама -
Fossa supraclavicularis minor, локализирана над стерноклавикуларниот зглоб. Таа е
ограничена со обата долни припои на стерноклеидомастоидниот мускул, а во
нејзиното дно се наоѓаат големите крвни садови на вратот. Во состав на
стерноклеидомастоидниот предел влегуваат:

 кожа со платизмата
 поткожно ткиво
 површински лист од вратната фасција
 m.sternocleidomastoideus
 длабоки крвни садови и нерви: a.carotis communis, a.subclavia, v.jugularis
interna, n.vagus, absa cervicalis и vratniot simpatikus.

--- Regio colli lateralis - претставува парен триаглест простор локализиран над телото
на клавикулата и зад m.sternocleidomastoideus. Бочната регија е ограничена однапред
со задниот раб од m.sternocleidomastoideus, одзади со предниот раб од m.trapezius а
оддолу со средниот дел од телото на клавикулата. Бочниот вратен предел наликува
на триаголник со база свртена надолу и претставена со клавикулата , додека врвот е
ориентиран надоре и одговара на спојот од горните краишта на
m.sternocleidomastoideus и m.trapezius. во горниот дел регијата е лесно испакната а во
долниот дел и тоа над клавикулата кожата е вдлабната во т.н. голема натклучна јама -
fossa clavicularis major. Venter inferior m.omohyoidei го дели бочниот вратен предел на
два помали триаголници:

а) trigonum omoclaviculare - однапред е ограничен со долниот крај на задниот раб од


m.sternocleidomastoideus; одгоре со venter inferior m.omohyoidei, а оддолу со
клавикулата. Кожата на триаголникот е вдлабната во fossa supraclavicularis major. Во
тој дел се наоѓаат од практична гледна точка значајни елементи:

 кожа
 поткожно клеточно ткиво
 lamina superficialis, fascia cervicalis
 venter inferior m.omohyoidei и lamina pretrachealis fasciae cervicalis
 длабоки крвни садови и нерви: a.subclavia, a.superscapularis, a.cervicalis
profunda, v.subclavia

б) trigonum omotrapezoideum - претставува горен значитело поголем дел од бочната


вратна регија локализиран над venter inferior m.omohyoidei. кај овој триаголник во
слоевите отсуствува средниот лист од вратната фасција. Во неговото дно се наоѓаат
следните мускули: m.levator scapulae, mm.scalenii. Низ мускулите поминуваат:
r.externus n.accessorii, rr.ventrales nn.cervicalium и n.phrenicus.

---Regio colli posterior - непарна вратна регија, сместена меѓу обете бочни вратни регии
а ја градат меки делови што ја покриваат задната страна од вратниот дел на рбетниот
столб. Бочно е ограничен со предните работи од трапезните мускули, а горе и долу со
соодветните делови од вратните грници.

Составен е од следниве слоеви:

 кожа
 поткожно ткиво
 површинска вратна фасција
 задна вратна врска lig.nuchae
 задни мускули на вратот
 длабоки крвни садови и нерви : a.occipitalis, a.vertebralis, a.cervicalis profunda,
r.superficialis, a.transversae colli, v.occipitalis, n.suboccipitalis, n.occipitalis major,
n.occipitalis tertius.

7.КРАНИОМЕТРИСКА ТОПОГРАФИЈА: краниометриска топографија е површинска


проекција на мозокот и од практична гледна точка знајачните елементи содржани во
черепната празнина.
Краниометриски точки и линии: проекцијата на черепната содржина на надворешната
површина од черепот се одредува според: краниометриски точки и линии.
КРАНИОМЕТРИСКИ ТОЧКИ: најзначајни точки се: nasion; inion; bregma; lambda;
asterion; главичката од мандибулата и горниот раб од надворешниот ушен отвор.
1. НАЗИОН (NASION): антрополошка точка којашто одговара на коренот на носот.
Таа лежи на пресекот од средната линија од черепниот покрив со челноносниот
шев (sutura frontonasalis).
2. ИНИОН (INION): се наога на средиштето од надворешното окципитално
испакнување (protuberantia occipitalis externa).
3. BREGMA лежи на средната линија од черепниот покрив на спојот мегу
коронарниот или челнотемениот шев (sutura coronalis) и сагиталниот шев
(sutura sagittalis). Од практична гледна точка, брегмата служи како
ориентациона точка за одредување на проекцијата на челниот рог од бочната
мозочна комора (cornu anterius ventriculi lateralis).
4. LAMBDA одговара на горниот крај од истоимениот шев sutura lambdoidea, лежи
на средишната линија од черепниот покрив над инионот.
5. ASTERION лежи на спојот од следните три шева: ламбдоидниот (sutura labdoidea)
париетомастоидниот (sutura parietomastoidea), и окципитомастоидниот шев
(sutura occipitomastoidea). Asterion ја означува границата помегу темпоралниот и
окципиталниот дел на конвексната страна од мозокот. Преку астерион
поминува заданта или ретромастоидната Kronlein – ова вертикална линија.
6. ГЛАВИЧКАТА ОД МАНДИБУЛАТА (CAPUT MANDIBULAE) е значајна топографска точка,
а преку неа поминува средната Kronlein – ова вертикална линија.
7. ГОРНИОТ РАБ ОД НАДВОРЕШНИОТ УШЕН ОТВОР (PORUS ACUSTICUS EXTERNUS) е
значаен за краниометријата заради постојаната положба, а неговата највисока
точка е означена како порион. По горниот раб на ушниот отвор поминува
долната Kronlein – ова хоризонтална линија. Горниот раб од надворешниот
ушен отвор служи како ориентациона точка при пункција на долниот или
темпоралниот рог од бочната комора (cornu inferius ventriculi lateralis).
КРАНИОМЕТРИСКИ ЛИНИИ НА ЧЕРЕП: тоа се: средишна линија на черепен покрив;
бочна носноламбдоидна линија; биаурикуларна линија; горниот раб од arcus
zygomaticus и Kronlein – овите краниометриски линии.
1. СРЕДИШНА ЛИНИЈА НА ЧЕРЕПНИОТ СВОД е сагитална линија што го поврзува
nasion со inion. Таа е значајна за одредување на положбата на сагиталниот
синус, горниот раб од мозочните хемисфери и мегухемисферичната пукнатина.
2. БОЧНАТА НОСНОЛАМБДОИДНА ЛИНИЈА претставува хоризонтална линија што се
протега по бочната страна од черепот од nasion до lambda. Со еден свој дел
таа одговара на задната гранка од Sylvius – овата бочна пукнатина на мозокот.
3. БИАУРИКУЛАРНАТА ЛИНИЈА е поставена во фронталната рамнина, а ги спојува
обата надворешни ушни отвори. На нејзиниот пресек со средишната линија се
наога bregma.
4. ГОРНИОТ РАБ ОД ARCUS ZYGOMATICUS одговара на долната Kronlein – ова
хоризонтална линија и служи како точка на потпирка за одредување на долниот
крај од Roland – овата бразда (sulcus centralis) а исто така и за одредување
положба на бочната мозочна комора и големите субкортикални сиви маси
corpus striatum и thalamus.
5. KRONLEIN – ОВИТЕ КРАНИОМЕТРИСКИ ЛИНИИ формираат линиски систем составен
од пет линии и тоа две водорамни и три вертикални. Секоја линија поминува
преку ориентационите точки од скелетот на черепот.
KRONLEIN – ОВИТЕ КРАНИОМЕТРИСКИ ЛИНИИ ги склучуваат следните линии:
-долна или ушноорбитална хоризонтална линија (linea horizontalis
auriculoorbitalis) што поминува однапред преку margo infraorbialis, а одзади преку
горниот раб од надворешниот ушен отвор.
-горна или супраорбитална хоризонтална линија (linea verticalis
zygomatica) која поминува преку средината на горниот раб од arcus zygomaticus
сечејки ги под прав агол обете хоризонтални линии.
-средна или зглобна вертикална линија (linea verticalis articularis) која
одговара на виличниот зглоб, а поминува преку испакнувањето предизвикано од caput
mandibulae.
-задна или задмастоидна вертикална линија (linea verticalis retromastoidea)
која поминува преку задниот крај од базата или горниот раб од processus mastoideus,
односно преку астерионот.
Kronlein – овиот краниометриски систем има големо практично значење при:
-одредување местоположба и насока на Roland – овата централна бразда
(sulcus centralis),
-одредување на задната гранка од Sylvius – овата бочна мозочна бразда (r.
posterior sulci cerebri lateralis)
-одредување на точките за одредување на положбата на предната и задната
гранка од a. meningea media при нивно подврзување
-одредување на места за трепанација на черепот.
8.Pharynx- голтник 15-12 цм

o Претставува мускулно лигавичест орган . Се протега пред првите 6 вратни


пршлени сместени делумно во главата а делумно во вратот. Наликува на олук,
сместен идејќи од горе надолу зад носната празнина, усната празнина и
гркланот. Горната граница на фаринксот е претставена со fornix pharyngis
локализиран на долната страна од тилната коска, а неговата дилна граница ја
означува долниот езофагусен отвор на голтникот- ostium esophageum pharyngis.
Должината на фаринксот во мирување изнесува околу 15цм а при контракција
на неговата мускулатура таа изнесува 12цм. Во височина на носната празнина
ширината е 6-7 цм, кај хиоидната коска 4-4,5 цм а на долниот крај таа изнесува
само 2 цм. Длабочината на голтникот во сагитална насока и таа на горниот крај
изнесува околу 2цм.
Морфолошки особености и соодноси: наликува на мускулнолигавичен олук.

На него се разликуваат:

- задна страна

- бочни страни кои се протегаат од предните рабови до бочните агли од


голтникот

- задни агли , левиот и десниот одговараат на спојот од задната со соодветните бочни


страни. Од површината на аглите се одделуваат две фасцијални прегради. Едната е
septum longitudinale којашто го поврзува голтникот со предрбетниот лист од вратната
фасција. Втората е fascia stylopharyngea растегната од бочниот агол на голтникот до
m.stylopharyngeus.

- предни работи

- горен крај

- долен крај

Состав на голтникот :

- tunica mucosa, го обложува голтникот од внатрешната страна ограничувајќи наедно


лигавична празнина- cavum pharyngis. Голтниковата празнина се дели на три ката или
дела:

1) pars nasalis

2) pars oralis

3) pars laryngea

- tela submucosa, се наоѓа меѓу лигавицата и неговиот мускулен слој

- tunica muscularis pharyngis , кои од физиолошка гледна точка се делат на:


a) Мускули констриктори на голтникот:
 m.constrictor pharyngis superior - најдлабок и најтенок. Неговите влакна се делат на
четири припојни делови:
- pars pterygopharyngea

- pars buccopharyngea

-pars mylopharyngea

-pars glossopharyngeal

 m.constrictor pharynges medius- се дели на два дела:


-pars chondropharungea
-pars ceratopharungea

 m.constrictor pharynges inferior-се дели на два дела:


-pars thyropharingea
-pars cricopharyngea

b) Мускули подигнувачи на голтникот


 M.palatopharingeus
 M.stylopharungeus

Носниот кат од голтникот артериски садови добива од а.canalis pterygoidei и


a.pharyngea suprema гранка од а.maxilaris. Другите делови на голтникот се
васкуларизирани од:a.pharyngea ascendes od a.carotis externa, a.palatina ascendens od
a.facialis, rr.pharyngei od a.thyroidea inferior. Венските садови во ѕидот на голтникот
формираат два сплета: подлигавичен и надворешен голтникков сплет. Сензитивните и
моторните нерви за голтникот доаѓаат од Plexus pharyngeus. Oд мускулите посебна
инервација добиваат m.stylopharyngeus од n.glossopharyngeus и m.constrictor pharynges
inferior од n.vagus.

9.Cavum nasi- е локализирана над усната празнина а под предната и средната


черепна јама. Со помош на septum nasi е поделена на две шуплини, лева и десна ,
коишто нанапред преку соодветниот vestibulum nasi комуницира со надворешната
средина. Наназад обете носни празнини преку хоаните комуницираат со Pars nasalis
pharyngis. На коскената носна празнина обложена со tunica mucosa nasi се
разликуваат 4ѕида: горен, долен, латерален и медијален ѕид. Носната лигавица
покрувајќи ги наброените елементи формира и одделни творби и тоа:

 Limen nasi

 Agger nasi

 Concha nasalis inferior

 Concha nasalis media

 Concha nasalis superior


Идејќи однапред наназад носната преграда е составена од три дела:

 Pars memranacea

 Pars cartilaginea

 Pars ossea

На предната и задната страна носната празнина е отворена и тоа со:

 Преден отвор или внатрешна носница- кој овозможува комуникација со


предворјето на носната празнина.

 Заден отвор или хоаните- наликува на правоаголник. Обете хоани се одделени


со задниот раб во вомерот. Тие образуваат комуникција на носната празнина со
носниот кат од готлникот.

Tunica mucosa nasi- според градбата и функцијата се дели на два дела:

 Респираторен предел или region respiratoria

 Region olfactoria

Артериските крвни садови доаѓаат од a.ethmoidalis anterior (од а.opthalmica),


a.sphenopalatina и a.palatine descendens (од a.maxillaris). Во преднодолниот предел од
рскавичниот дел на носната преграда и тоа над spina nasalis anterior се наоѓа
артериски сплет во клиниката познат како садовна дамка или Kiesselbach-ово поле.
Тие садови се причина за опасни по живот крварења од носот. Венските садови од
носната празнина градат во лигавицата од школките кавернозни венски сплетови.
Нервите на носната празнина се сензитивни (n.ethmoidalis anterior, rr.nasales posteriors
laterals et mediales), секреторни (потекнуваат од n.facialis, преку n.petrosus major и
ganglion pterygopalatinum), сетилни (n.olfactorii).

10.Sinus paranasales- на носната празнина се придодадени параназалните синуси кои


претставуваат шуплини локализирани во соседните коски. Исполнети се со воздух и
тоа преку одделни отвори или канали се отвараат во носната празнина. Коскените
ѕидови се обложени со лигавицата од носната празнина. Според локализацијата во
коските постојат 4 параназални синуси:

 Sinus frontalis- парна празнина на челната коска обично локализирана на


спојот помеѓу вертикалниот и водорамниот дел од коската. Според димензиите
можат да се поделат на- мали со големина на грашок сместени во pars nasalis
од челната коска, и големи обата синуси со помош на septum sinuum frontalium
се одделени меѓу себе. Челниот синус има варијабилна пирамида со база
свртена медијално, а врв латерално. Според тоа на синусот се разликуваат
четири страни или ѕидови: преден,заден,долен и медијален. Садовите и
нервите за фронталниот синус доаѓаат од носната лигавица. Венските садови
се од особено значење затоа што преку нивните врски со диплоичните вени и
преку лимфните садови гнојните воспаленија на синусот можат да пренесат:
наназад на венските синуси, надолу на вените од орбитата и нанапред во
поткожното ткиво од веѓата.
 Sinus maxillaries- најголема параназална празнина сместена во телото од
горната вилица. Кај децата формата и големината на максиларниот синус
покажуваат чести варијации. До петтата година кај децата наликува на
тристрана пирамида со врв насочен кон foramen infraorbitale. Кон садмата
година синусот расте и ја менува својата форма. Тој и натаму наликува на
тристрана пирамида но врвот и е насочен кон Processus zүgomaticus.
Развитокот на максиларниот синус е во тесна заемна врска со растот на
горната вилица и сo никнувањето на забите. На синусот се разликуваат четири
ѕидa: преден заден горен и медијален ѕид и два раба- преден и долен раб.
Артерисните садови кои што го васкуларизираат максиларниот синус главно
претставуваат гранки од a.sphenopalatina, a делумно гранки од a facialis
,a.infraorbitalis,a alveolaris superior posterior et a buccalis. Beнските садови ги
придружуваат артериите, а претстапуваат притоки на plexus pterygoideus и
v.fасiаliѕ односно v.јugularis. Вените од синусот анастомозират со површинските
и длабоките вени од лицето и сo венската мрежа од dura mater. Нервите на
максиларниот синус имаат различно потекло. Надворешните делови од
синусната лигавица се инервирани од rr.alveolares Superiores posteriors,
r.alveolaris superior medius rr.alveolares superiores аnteriores. Внатрешните
делови се инервирани од rr.nasalesposteriores superiores lateralis и rr.nasales
posteriors inferiors lateralis.

 Sinus ethоmaidalis -е составен од бројни мали пневматски празнини наречени


cellulae ethmоldаlеѕ локализирани во лабиринтот од етмоидната коска.
Етмоидните ќелии кои го претставуваат етмоидниот синус според својата
местоположба и отворање во носната празнина се делат на три групи: cellulae
anteriores.cellulae mediae, cellulae posteriors.

 Sinus sphenoidalis- локализиран е во телото од истоимената коска. Тој е парна


празнина разделена на лев и десен синус со помош на septum sinuum
sphenoidallum. Од дидактична гледна каска празнината на сфеноидниот синус
може да се спореди со шуплива коска. Според тоа, на синусот се разликуваат
шест ѕидови: преден, заден, долен, горен, латерален, медијален .
Артеристиките садови на синусот доаѓаат преку лигавицата на покривот на
носната празнина. Венските садови се придружнички на артериите ,а одделни
вени доаѓаат и од кавернозниот и кружниот синус. Преку нив е можно и
пренесување на инфекцијата од синусот на венските синуси од dura mater.
Нервите доаѓаат од n.ethmoidalis posterior и rr.nasales posteriors superiores.
11.Larynx грклан- претставува почетен проширен дел од долните дишни
патишта.Истовремено служи и како орган за формирање на гласот.

 Морфолошки особености и местоположба на гркланот:

-Кај возрасен човек гркланот се протега од горниот раб на епиглотисот до долниот


раб на крикоидната рскавица. Неговата должина изнесува 7цм а неговиот најголем
пречник околу 3цм. Кај жените димензиите на гркланот се помали во споредба со
мажите. Должината е 5цм, а пречниците се разликуваат за 0,5цм.

-Во горниот дел гркланот наликува на тристрана призма, а во долниот дел на


цилиндар. Локализиран е во висцеларната ложа на вратот зад подхиоидните мускули.

-Скелетотопски гркланот се проектира од горниот раб на 4 до долниот раб на 6 вратен


пршлен.

-На предниот дел од вратот се наоѓа испакнување особено изразено кај мажите кое се
означува со терминот адамово јаболко или prominentia laryngea.

-Задната страна од гркланот е одделена од пбетниот столб и тоа идејќи однапред


наназад со фаринксот, ретрофариенгиалниот простор, предрбетниот лист од вратната
фасција и предрбетните мускули.

 Состав на гркланот- рскавици, споеви од рскавиците, мускули, фиброеластична


мембрана и лигавица.

I: Cartilagines larynges(рскавици на гркланот)- според големината, бројот составот и


присутноста тие се делат на парни и непарни, големи и мали, постојани и непостојани,
хијални и еластични рскавици.

 Cartilago thyroidea(тироидна рскавица)-најголема непарна а по градба хијална


рскавица. Составена е од lamina dextra et sinistra кои се споени по должината на
предниот раб и формираат тап агол отворен наназад. На надворешната страна
од двете плочи се забележува linea oblique која служи за припој на
m.sternorhuroideus и m.thyroideus, а зад нив се припојува pars thyropharyngea od
m.constrictor pharynges inferior. На средината од горниот раб на тироидната
рскавица се наоѓа засек означен како incisura thyroidea superior. Долниот раб е
исто така засечен со incisura thyroidea inferior. Задните рабови завршуваат со
рокови. На горниот крај се наоѓа cornu superior, а на долниот крај се наоѓа cornu
inferius.
 Cartilage cricoidea(прстенеска рскавица)-Непарна хијална рскавица која е
сместена е најдолу и наликува на хоризонтално поставен прстен. На
рскавицата се разликуваат два дела: преден дел-arcus cartilaginis cricoidea и
заден дел-lamina cartilaginis cricoidae.
 Cartilage epiglotica(капакова или епиглотична рскавица)-Непарна и по градба
еластична рскавица. Учествува во градбата на епиглотисот. Наликува н алист
со широкиот дел ориентирана нагоре. Рскавицата е прикрепена со една врска
за задната страна на аголот на тироидната рскавица и тоа по incisura thyroidea
superior.На рскавицата се разликуваат следниве делови: горен и долен
крај,предна и задна страна и бочни рабови.
 Cartilage arytenoidea(аритеноидна рскавица)-единствена парна, голема
рскавица.На неа се опишуваат:база, врв и три страни( преднонадворешна,
внатрешна и задна страна).
Базата-basis cartilaginis arytenoidea е свртена надолу и на неа се разликуваат
два израстока:processus vocalis(служи за припој на lig.vocale I m.vocalles) и
processus muscularis.
Врвот-apex cartylaginis arytenoidea e насочен нагоре, наназад и медијално.
Facies anterolateralis поседува едно испакнување во горниот дел- collculcus за
припој на lig,vestibulare.
Facies medialis et Facies posterior.

 Cartilage corniculata(конусна рскавица)-мала, парна и еластична рскавица.


 Cartilage cunciformis(клинеста рскавица)-парна, еластична рскавица која личе на
кусо стапче
 Cartilage sesamoidea-Непостојани рскавицa

II: споеви на рскавиците од гркланот

А) внатрешни споеви на гркланските рскавици:

 Зглобови- articulation cricothyroidea, articulatio cricoarytenoidea, articulation


 Влакнести врски- lig.vocale, lig.vestibulare, lig thyroepigloticum, lig.cricothyroideum

Б) надворешни споеви на гркланските рскавици:

 Membrane thyroidea
 Lig.Hyoepiglotticum-ја поврзува средината од предната страна на епиглотичната
рскавица со телото од хиоидната коска
 Lig. Glossoepigloticum- го поврзува горниот дел од предната страна на
епиглотичната рскавица со фибрзониот подлигавичен слој од јазикот
 Lig. Cricotracheate –ја поврзува крикоидната рскавица со првата рскавица од
трахеата.

III: Мускули на грклан (muskuli larynges)- според дејството на гласните жици и


горниот грклански отвор се делат на следните 5 групи:

А) затегнувачи на plica vocalis(mm.tensores plica vocalis)

 M.vocalis(директен затегнувач)
 M.cricotyroideus(индиректен затегнувач)

Б) оддалечувачи на plica vocalis(m.abductor plicae vocalis)

 M.cricoartenoideus posterior
В) приближувачи на plicae vocalis(mm.adductores plicae vocalis)

 M.cricoarytenoideus lateralis
 M.arytenoideus obliquus
 M.arytenoideus transverses
 M.thyroarytenoideus

Г) отварач на aditus laryngis

 M.thyroepigloticus

Д) затворач на aditus laryngis

 M.aryepigloticus

Мускулите на гркланот добиваат инервација од n.vagus.

IV Фиброеластична мембрана на гркланот(membrane fibroelastica laryngis)

На неа се разликуваат следниве три дела:

 Membranа quadrangularos- одговара на горниот кат или тремот на ларингсот.Со


својата надворешна површина ги покрива од длабоката страна тироидната,
епиглотичната, аритеноидната рскавица и мускулите од таа регија. На
мембраната разликуваме 4 раба.
 Среден дел од фиброеластичната мембрана одговара на средниот кат од
ларингсот, а се протега од lig.vestibulare до lig. Vocale
 (еластичен конус) Conus elasticus- го претставува долниот најдебел дел од
фибриеластичната мембрана на гркланот.

V Лигавица на гркланот(tunica mucosa laryngs)

Cavum layngs ја ограничува лигавицата што ги обложува ѕидовите од внатрешната


страна, односно прирасната за фиброеластичната мембрана таа ограничува гркленска
празнина(cavum laryngis). На гркленската празнина се разликуваат 3 ката и тоа:

1. Горен кат или предворје-(vestibulum laryngs) кој се протега од влезниот


отвор(aditus laryngs) надолу до двете plica vestibularis. Празнината наликува на
инка и на неа се разликуваат:

 Epiglottis
 Plica aryepiglotica
 Incisura interarytenoidea

2. Среден кат на гркланот- горе е ограничен со двете plica vestibularis а долу со


двете plica vocalis. Средниот и долниот кат комуницираат преку rima glottides.
3. Долен кат или cavum infragloticum
VIСадови и нерви на гркланот

 Артерии кои потекнуваат од a.laryngea superior et inferior


 Вени кои се придружнички на артериите а притоки се на v.jugularis interna ili na
v.brachichepalica
 Нерви-N. vagus и тоа преку n.laryngeus superior et inferior

12.Тироидна и паратиродни жлезди

Тироидната е најголема вратна жлезда со внатрешна секреција.Со помош на


фиброзни влакненца се поврзува за предната и бочните страни на гркланот и
душникот.Затоа при голтање и зборување се движи заедно со нив.

Морфолошки особености

 Lobus dexter-поразвиен во однос на левиот


 Lobus sinister

-Обата лобуса имаат височина од 4-8cm, ширина од 2-4cm и дебелина од 1,5-2cm.


Обата лобуса се асиметрични и имаат форма на тристрани пирамиди со врв насочен
нагоре. Со внатрешните страни лобусите се прикрепени за бочните од гркланот и
душникот и достигнуваат со врвовите до тироидната рскавица, а со базите до V и VI
рскавица од душникот.

-Жлездата кај новороденчиња тежи 1-3 грама, а кај возрасни се движи од 30-60 грама.

 Надворешна страна- конвексна и покриена со M.sternothyroideus, а над него и


M.sternohyoideus. Латерално надворешната страна е покриена со
m.sternocleidomastoideus.

 Внатрешна страна- конкавна, а со предниот дел таа лежи на гркланот и


душникот покривајќи дел од тироидната рскавица, дел од крикоидната
рскавица и првите 5-6 рскавици од душникот.

 Задна страна

 Isthmus glandulae thyroidea- средишно стеснување на жлездата кое ги поврзува


обата лобуса.

 Lobus pyramidalis- претставува непостојан средишен лобус од жлездата.


Обично тој се издвојува со својата база од горниот раб на стеснувањето, или од
левиот лобус.

Б) Обвивки на тироидната жлезда:

-надворешна или фасцијална обвивка

-внатрешна или capsula fibroza


В) Состав – тироидната жлезда е составена од:

 Сврзно ткиво и

 Жлездено ткиво

Г) Крвни садови и нерви

 Артерии: потекнуваат од а.thyroidea superior et inferior. Завршниот дел од


долната тироидна жлезда доаѓа во сооднос со n.laryngeus recurrens.

 Вени: v.thyroidea superior, vv.hyroidea mediae et vena thyroidea inferior. Горната и


средните тироидни вени се притоки на v.jugularis interna, додека долната се
влива обично во v.brachiochephalica sinistra.

 Нервите: потекнуваат од n.vagus преку неговите гранки n.laryngeus recurrenss


et n.laryngeus superior и вратниот дел од симпатикусот преку сплетовите околу
артериските садови на жлездата.

Паратироидни жлезди- претставуваат мали епителни жлезди со внатрешна секреција.


Тие лежат на задната страна од бочните лобуси на тироидната жлезда. Хормонот на
овие жлезди има значајна улога во метаболизмот на калциум и фосфор.

А) морфолошки особености:

 Обично се 4 на број и тоа две горни и две долни. Кај одделни случаеви може
да недостасува една од горните и тогаш бројот им се редуцира на три.

 Тие наликуваат на зрно од леќа или грав со димензии: 2x4x8 мм.

 Горните жлезди, левата и десната најчесто се наоѓаат зад задната страна од


соодветниот бочен лобус од тироидната жлезда. Тие лежат непосредно под
крикоидната рскавица а латерално од n.laryngeus recurrens.

 Долните паратироидни жлезди, десната и левата се наоѓаат под и латерално


од горните и тоа зад долниот крај или базата од соодветниот лобус на
тироидната жлезда. Тие се локализирани под завршниот раздвој на a.thyroidea
inferior, a латерално од n.laryngeus recurrens

 Кај оперативни зафати на тироидната жлезда, паратироидните жлезди како и


n.laryngeus recurrens треба да се сочуваат.

 Васкуларизацијата и инервацијата на паратироидните жлезди потекнува од


истите крвни садови и нерви како и кај тироидната жлезда.
13.УСНА ПРАЗНИНА ( CAVUM ORIS )

Усната празнина претставува почетен проширен дел од системот за варење . Освен


за џваканье и голтанье на храната таа служи и за артикулација и резонанција на
гласот . Во усната празнина се наоѓа и сетилото за вкус . Cavum oris претставува
шуплина со неправилна форма . Од напред е отворена со усниот отвор ( rima oris ) ,
додека одзади комуницира со фарингсот со голтниково стеснување ( isthmus
faucium ) . Со помош на обата забни лакови и гингивата усната празнина се дели на
преден тесен дел или предворје на усната празнина ( vesti bulun oris ) и заден
просторен дел или права усна празнина ( cavunt oris proprium ) .

 ПРЕДВОРЈЕ НА УСНАТА ПРАЗНИНА ( VESTLBULUM ORIS )

Предворјето или тремот на усната празнина претставува тесен простор периферно од


забните лакови . Од предната страна тој е ограничен со усните ( labia oris ) , а од
бочната со образите(buccae ) . Задниот ѕид од тремот е цврст и претставен со забните
лакови и гингивата . Vestibulum oris комуницира со cavum oris proprium преку
меѓузабните пукнатини ( tremata ) , тесни триаглести простори ограничени со два
соседни заба нормално се исполнети со мегузабните папили ( papillae іntеrdеntаlеs ) и
со задмоларниот простор ( spatium retrotolare ) . Тој се наоѓа зад последниот катник , а
пред предниот аб од ramus mandibulare и може да се ползува за вештачка исхрана и
давање лекови кај болни со тетанус или заболување на виличниот зглоб . Лигавицата
што ги покрива усните и образите преминува во лигавицата од гингивата ограничувајќи
на преминот два свода горен тремен свод ( formix vestibili superior ) и долен тремен
свод ( fornix vestibuli inferior ) . Сводовите доаѓаат во близок сооднос со забните корени
преку забните алвеоли . По должината на средната линија обата свода поседуваат по
една лигавична дипла . Во горниот е дипла на горната усна ( frenulum labii superioris ) ,
а во долниот се наоѓа послабо изразена дипла на долната усна ( frenulum labii inferioris
) . Во fornix vestibuli superior во височина на вратот од вториот катник се наоѓа
паротидна папила ( papilla parotidea ) . На неа се отвора изводниот канал од
паротидната плунковна жлезда ( ductus parotideus - Stenoni ) . Кај силно отворена уста
на задниот ѕид од ретромандибуларниот простор се забележува
птеригомандибуларна диплa ( plica pterygomandibularis ) . Таа е предизвикана од rарhе
pterygomandibularis , а се спушта од палатинската страна на последниот горен молар
до лингвалната страна на последниот долен молар . Диплата и предниот раб од ramus
mandibulae ограничуваат триаглеста лигавична вдлабнатина со база ориентирана
нагоре , а затапениот врв зад последниот долен молар . Птеригомандибуларната
дипла и опишаното триаглесто вдлабнување служат како патоказ за пристап при
спроводна анестезија на n . lingualis и n . alveolaris inferior

o УСНИ ( LABIA ORIS )

Усните учествуваат во ограничувањето на vestibulum oris и тоа од неговата предна


страна . Се разликуваат горна усна ( labium superius ) и долна усна ( labium inferius ) .
Морфолошки особености . Усните претставуваат дигли на кои што се опишуваат две
страни , предна и задна и слободен раб . Предната страна е покриена со кожа .
Предната страна од горната усна показува бразда што се протега нагорно и бочно до
носот тоа е носно - усна бразда ( sulcus nasolabialis ) . Таа наедно ја одделува горната
усна од образот . Од коренот на носната преграда се спушта плитка бразда наречена
филтрум ( philtrum ) , а под неа се наоѓа испакнување на горната усна ( tuberculum labii
superioris ) . Од брадата предната страна од долната усна е одделена со насочена
надолу брадноусна бразда ( sulcus tentоlаbiаllis ) . Задната страна од обете усни е
покриена со лигавица со зрнести нерамнини предизвикани од усните жлезди . Обете
усни споени се со гингивите по доласината на средната линија со соодветни дипли и
тоа горна и долна ( frenulu labii superioris et inferioris ) . Слободните рабови од үсните
се дебели испакнати со розова боја . Обата раба на краиштата се истенчуваат и
формираат меѓу себе усен агол ( angulus oris ) , а латерално од него усните се споени
со помош на усна комисура ( соmіѕѕurа lаbіorum ) .

Слободните рабови од обете усни и усниот агол ограничуваат морфолошки


варијабилен и растеглив усен отвор ( rima oris ) .

Состав . На секоја усна се разликуваат по пет слоја и тоа од напред наназад тоа се :
1 ) кожа , 2 ) поткожен слој , 3 ) мускулен слој , 4 ) подлигавичен слој и 5 ) лигавица

1 ) Кожата од үсните ги покрива од предната страна . Таа е дебела и содржи лојни и


потни жлезди , како и влакна .

2 ) Поткожниот слој е добро развиен само во бочните делови ол усните

3 ) Мускуленот слој на усните е претставен главно со кружниот мускул на устата ( m .


orbicularis oris ) , а учествуваат и влакна од други поткожни мускули.

4 ) Подлигавичниот слој претставува растресено сврзно ткиво со бројни плункови


железди ( glandulae labiales ) групирани околу үсниот отпор .

5 ) Лигавозата на усните ги покрива нивните задни страни , а на нивните слободни


рабови таа продолжува во коката , Границата мегу нив тешко се забележува
макроскопски . На слободните рабови лигавицата е значително потенка и розова по
боја заради богатите капилари што се прозираат под неа .

Садови нерви - Усните се богато васкуларизирани и инервирани Артериските садови


главно доаѓаат од a . labialis superior et inferior коишто формираат артериски прстен во
үсните локализиран меѓу мускулниот и лигавичниот слој и тоа околу нивниот слободен
раб . При крвавење од артерискиот прстен треба да се опфати со шев целата
дебелина на усната , а не само нејзините предни површински слоеви . Вените на
усните формираат богата и развиена венска мрежа под кожата . Тие претставуваат
притоки на v . facialis . Лимфните садови од горната усна се вливаат во подвиличните
лимфни јазли ( nodi lymphatici submandibulares ) . Садовите од долната усна се
вливаат во подвиличните и подбрадните лимфни јазли . Треба да се напомене дека
честопати одделни садови од долната үсна преминуваат на спротивната страна . Тоа
е значајно при пренесување на карциномите од полната үсна на подвиличните
лимфни јазли .

Нервите на усните се моторни и сензитивни . Моторните што служат за инервација на


мускулниот слој потекнуваат од n . facialis . Сензитивните нерви за горната усна се
гранки од n . infraorbitalis , а за долната од n. mentalis . Комисурите се инервирани
покрај споменатите и од гранчиња од п . buccalis .
o ОБРАЗ ( BUCCA )

Образите го ограничуваат vestibulum oris од бочните страни .

Состав . Од надвор навнатре на образите исто така се разлику ваат пет слоеви : 1 )
кожа , 2 ) поткожен слој , 3 ) мускулатура , 4 ) подлигавичен слој и 5 ) лигавица .

1 ) Кожата е тенка и добро васкуларизирана , а кај мажите покриена со влакна ,

2 ) Поткожниот слој е претставен со сврзни влакна и масно ткиво со варијабилна


дебелина . Во задната третина од образот се наоѓа масно тело на образот ( corpus
adiposum buccae ) . Тоа го исполнува меѓупросторот ограничен внатре со m . buccinator
, а латерално со кожата . Масното тело е најразвиено кај новородените и децата до
третата или четвртата година . Топчесто по форма тоа лежи површински пред m .
mаѕѕеter и ја испакнува кожата од образот . Кај возрасни масното тело е со големина
на бадем . Се смета дека неговата функција е механичка , а кај новородените
учествува во цицањето . 3 ) Мускулниот слој на образот го претставува m . buccinator ,
единствен поткожен мүскүл обвиткан со фасција . Преку фасцијалната дупликатура
поминува изводниот канал од паротидната жлезда . Површински од m . buccinator се
наоѓаат и други поткожни мускули на лицето .

4 ) Подвиличниот слој од образот содржи малубројни и ситни образни жлезди ( gli ,


buccules ) коишто се отвораат на лигавицата . Најбројни и најразвиени жлезди се
среќаваат околу отворот на паротидниот канал .

5 ) Лигавицата на образот е мазна и цврсто срасната за внатрешната страна од m .


buccinator , којшто ја заштитува од повреди од забите при џваканье . Лигавицата на
горниот и долниот крај образувајќи ги обата тремни сводови ( fornix vestibuli superior et
inferior ) преминува во лигавицата од гингивата . Садови и нерви . Артериските садови
на образот потекнуваат главно од a . buccalis и a . transversa faciei , а учествуваат и a.
facialis , a . infraorbitalis и a . alveolaris inferior . Bенските садови се притоки на v . facialis
и v . transversa faciei. Преку v . angularis вените на образот се поврзани со v .
ophthalmica и sinus cavernosus . Таа анастомоза може да доведе до пренесување на
инфекциите од образот и горната усна на кавернозниот синус и мозочните обвивки .
Лимфните садови од образот потекнуваат од површинските , поткожните и длабоките
подлигавични мрежи , а се вливаат во паротидните , подвиличните и подбрадните
лимфни јазли .

Нерви . Моторните нерви наменети за поткожните мускули потекнуваат од n . facialis ,


а сензитивните доаѓаат од n . buccalis n . infraorbitalis .

o ВЕНЦИ ИЛИ ЖЛЕБ ( GINGIVAE )

Венците претставуваат дел од лигавицата на үсната празнина што ги покриваат


алвеоларните израстоци од вилиците како и вратовите од забите . Морфолошки
особености .

На гингивите се разликуваат две страни надворешна и внатрешна како и слободен раб


. Надворешната страна преминува во пределот на тремните сводови во лигавицата од
усните и образот . Внатрешната страна на гингивата од горната вилица продолжува во
лигавицата од непцето , додека во долната вилица преминува во лигавицата од
подјазичниот предел ( regio sublingualis ) , на подот од усната празнина .

Слободниот раб од гингивата е назапчен . Тој е составен од куси лакови и запци.


Лаковите ги опфаќаат вратовите од забите ( colluni dentis ) , a зaците што се наоѓаат
меѓу лаковите означени се како мегузабни ' папили ( papillae іntеrdеntаlеѕ ) . Тие се
вовлекуваат во меѓу забните простори ( tremata ) исполнувајќи ги сé до допирните
места на два соседни заба . Состав .

Гингивата според својата градба се разликува од другата лигавица на усната празнина


.Таа е значително подебела со по богато сврзно ткиво и цврсто прирасната е за
периостот од соодветните делови на вилиците и забните вратови . Поседува силно
развиени садовни папили заради што многу лесно крвави и освен тоа гингивата нема
жлезди .

Садови и нерви .

Артериските садови за горната вилица потекнуваат од a . alveolaris superior posterior va


. infraorbitalis , а од внатрешната страна доаѓаат гранчиња од a . palatina major и аа .
palatinae minores . За гингивата од долната вилица артериските садови потекнуваат од
a . alveolaris inferior и a . facialis , а од внатрешната страна од a , alveolaris inferior ( r .
mylohyoideus ) и a , sublingualis . Bените на гингивата претставуваат притоки на v .
Facialis и vv . maxillares . Лимфните садови се вливаат во nоdi lymphatici
submandibulares .

Нерви .

Гингивата од горната вилица е инервирана од гранките на plexus dentalis superior .


Освен тоа таа добива и гранки од n . nasopalatinus и n . palatinus major . Гингивата од
долната вилица добива гранки од plexis dentalis inferior , а исто така и од n . buccalis ,
n . mentalis и n . lingualis .

o ЗАБИ ( DENTES )

Забите претставуваат цврсти органи , Всадени во алвеолите на алвеоларните


израстоци од обете вилици , максилата н мандибулата тие формираат два
параболични лака , горен забен лаk ( arcus dentalis Superior ) и долен забен лак ( cas
dentalis inferior ) . Кај човекот во текот на животот забите избиваат двапати . Прво се
појавуваат 20 на број млечни заби ( dentes decidui ) , а потоа 32 постојани заби ( dentes
permanentes ) .

Морфолошки особености и поделба на забите .

Според формата и функцијата перманентните заби се делат на : секачи ( dentes


incisivi ) , песјаци ( dentes canini ) , преткатници ( dentes premolares ) и катници ( dentes
molares ) . Млечните заби 20 на број се 8 инцизиви , 4 канинуси и 8 молари .
Перманентната дентиција со 32 заба поседува 8 инцизиви , 4 канинуси , 4 премолари и
12 молари . Честопати се среќаваат аномалии во смисла на бројот на забите и тоа и
во млечната и во постојаната дентиција . Времето и редоследот на никнување на
одделните млечни заби покажува значајни индивидуални варијации .
Никнувањето на млечните заби најчесто настанува по следниот редослед : 1 ) првите
инцизиви никнуваат меѓу VI - от и VIII - от месец , 2 ) вторите инцизиви меѓу VII - от и Х
- от месец , 3 ) канинусите меѓу XVI — XX месец , 4 ) првите катници меѓу
дванаесеттиот и шеснаесеттиот месец и 5 ) вторите қатници меѓу дваесеттиот и
триесеттиот месец .

Никнувањето на перманентните заби настанува по следниот редослед : 1 ) првите


молари никнуваат во шестата година , 2 ) медијалните првите инцизиви во седмата
година , 3 ) вторите инцизиви во осмата година , 4 ) првите премолари во деветтата
година , 5 ) вторите премолари во десеттата година , 6 ) канинусите во единаесеттата
година , 7 ) вторите молари во дванаесеттата година и 8 ) третите молари или
умниците ( dens serotinus ) меѓу дварсетата и триесеттата година .

Од општ морфолошки аспект на секој заб се разликуваат три дела : забна коронка ,
забен врат и забен корен Забната коронка ( coront dentis ) претставува проширен
слободен дел од забот . На неа се разликуваат пет површини или страни . Страната
свртена кон забите од спротивната вилица е мастикаторна ( facies masticatoria ) .
Страната свртена кон усните и образот е усна или образна страна ( facies labialis s .
buccalis ) . Таа одговара за вестибулумот и затоа е означена и како вестибуларна
страна . Кон јазикот е свртена јазичната страна " ( facies lingualis ) . Допирната или
контактната страна ( facies contectus ) е допрена на соседниот заб . Кај инцизивите и
канинусите медијалната страна е наречена внатрешна страна ( facies medialis ) , а
дисталната е надворешна страна ( facies lateralis ) . Кај другите заби медијалната
страна е свртена нанапред и претставува предна страна ( facies anterior ) , додека
дисталната страна е задна ( facies posterior ) .

Забниот врат ( collum dentis ) се наоѓа меѓу забната коронка и коренот , а покриен е со
гингива . Забниот корен ( radix dentis ) е делот што е всаден во соодветна коскена
јамичка . Бројот на корените кај одделни заби варира . Инцизивите , канинусите ,
долните премолари и вторите горни премолари најчесто поседуваат само по еден
корен . Првите горни премолари и долните молари имаат по два корена , додека
горните молари имаат по три корена . Бројот на корените кај үмниците е мошне
варијаби лен ( 1-5 ) . Забниот корен завршува со врв на забниот корен ( apex racticis
dentis ) , Забот претставува шуплив орган , во неговата коронка се наоѓа забна
шуплина ( саvum dentis ) . Во коренот шуплината се стеснува во коренов канал ( canalis
radicis dentis ) којшто се отвора со отвор на забниот врв ( farameн apіcіs dentis ) .
Забната шүглина е исполнета со забна пулпа ( pulpa dentis ) составена од растресено
сврзно ткиво богато со крвни садови и нерви . Забот во вилицата е фиксиран со помош
на алвеоларниот периост — периодонциум ( periodontium ) , а исто така и со
гингивата . Периодонциумот содржи крвни садови , нерви и бројни колагени влакна .
Колагените влакна претставуваат всушност Sсhаrреу - ови сврзни влакна които
излегуваат од ѕидот на алвеолата , протегајќи се радијално кон забниот корен
завршуваат во неговиот цемент . Во горниот дел од алвеолата колагените снопчиња
се распоредени напречно , а идејќи во длабочината тие се накосуваат надолу . Тие го
пренесуваат притисокот на целата алвеола спречувајќи го нејзиното проширување и
забивање на забот при џвакање . Крвните садови од периодонциумот го исхрануваат
забниот цемент при девитализација на забот .
Посебна морфологија на забите . Инцизивите наликуваат на длето со корен плоскат во
трансверзална насока , бидејќи имаат задача да ја сечат храната . Коронката на
канинусите наликува на четиристрана пирамида со затапен врв , а нивниот корен е
долг и јак . Канинусите се најразвиени кај месождерите и служат за кинење на
храната.Премоларите и моларите служат за ситнење на храната и нивната коронка
наликува на конус или цилиндар со четири страни и мастикаторна површина . Ha
мастикаторната површина од премоларите се наоѓаат два түберкулума ( tubercula
coronae dentis ) и тоа букален и лингвален . Мастикаторната површина од горните
молари има четири туберкүлүма два букални и два лингвални , а на истата од долните
молари се разликуваат пет түберкулума два лингвални и три букални . Третиот молар
( dens serotinus ) е најваријабилен по својата форма .

Градба на забот .

Надворешниот цврст дел на забот е изграден од три слоја : дентин ( dentinum ) , забна
глеѓ или емајл ( enamelum ) и забен цемент ( сеmеntum ) . Во забната шуплина се
наоѓа забната тулпа ( pulpa dentis ) . Дентинот ( dentinum ) претставува цврста
супстанција што ги гради најголемиот дел од коронката , вратот и коренот од забот .

Забниот глеѓ или емајлот ( enameluni ) ја покрива површината од коронката и


претставува најцврст дел од забот . Најдебел е емајлот на мастикаторната површина ,
а се истенчува идејќи кон забниот врат тука тпј се губи во забниот цемент.

Забниот цемент ( cementum) претставува жолтеникав коскен слој што го покрива од


надворешната страна забниот корен , односно неговиот дентин . Цементот е најдебел
во пределот на врвот од забниот корен , а се истенчува идејќи кпн вратот . Неговата
исхрана се врши преку крвните садови на периодонциумот. Забната пулна (pulpa
dentis ) претставува пивтиеста супстанција со црвенкаста боја . Таа е изградена од
мрежа на тенки колагени влакна , сврзни клетки , одонтобласти и сплет од крвни
садови и нерви .

Артериските садови навлегуваат преку отворот од забниот врв . Тие се терминални


артерии и затоа секое нивно зачепување доведува до гангрена на соодветниот дел од
ткивото . Нервните влакна губејќи ја миелинската обвивка се гранаат во пулпата
завршувајќи меѓу одонтобластите коишто се распределени во еден слој на ѕидот од
cavum dentis .

Садови и нерви на забот .

Артериските садови на забот потекнуваат од гранките на a , maxillaris . За горните заби


артериските садови претставуваат гранчиња од a . alveolaris superior posterior и rr .
alveolares superiores anteriores . A. alveolaris superior posterior дава гран чиња за
васкуларизација на премоларите и моларите , а rr . alveolares superiores anteriores за
инцизивите и канинусите . Долните заби се васкуларизирани од a . alveolaris inferior со
исклучок на инцизивите коишто добиваат гранчиња од нејзината завршна гранка a .
incisiva. Rr , dеntаlеѕ од гореспоменатите артерии се насочуваат кон забниот врв и
даваат гранчиња за периодонциумот , алвеолите , коскеното ткиво од вилиците ,
гингивата и забната пулпа . Тие што се наменети за забната пулпа навлегуваат во
сavum dentis преку foramen apicis dentis .
Венските садови од обете вилици се придружнички на соодветните артериски садови .

Лимфни садови . Се смета дека во пулпата се наоѓаат мал број лимфни садови и
ресорпцијата на ексудатот главно се врши преку венските садови . Нервите за забите
потекнуваат од n . maxillaris и n . mandibularis . Горните заби се инервирани од plexus
dentalis superior . Од него освен за гингивата , алвеолите , ѕидиштата од максиларниот
синус се издвојуваат и гранки ( rr . dеntаlеs superiores ) за горните заби . Покрај
богатите анастомози меѓу гранките што учествуваат во градбата на plexus dentalis
superior одделни заби од горната вилица имаат посебни нерви за инервација . Обично
горните молари се инервирани од rr . alveolares superiores posteriores , премоларите од
r . alveolaris superior mеdius , а канинусот и инцизивите од rr . alveolares superiores
anteriores . Во инервацијата на првиот инцизив учествува и n . nasopalatinus Долните
заби се инервирани од n , alveolaris inferior и неговата завршна гранка n. incisivus . Тие
нерви со своите гранки rr . dentales inferiores формираат богат сплет plexus dentalis
inferior . Моларите и вториот премолар се инервирани директно од n . alveolaris
inferior , а другите од n . incisivus .

 ПРАВА УСНА ПРАЗНИНА ( CAVUM ORIS PROPRIUM )

Правата усна празнина се наоѓа зад забните лакови . Од горе таа е ограничена со
непцето ( palatum ) , претставено со тврдото и мекото непце ; долу се наоѓаат
мускулите што го традат подот од усната празнина , потоа подјазичниот предел ( regio
sublingualis ) и јазикот ( lingua ) ; а одзади усната празнина комуницира со голтникот
преку голтниковото стеснување ( isthmus faucium ) .

o ТВРДО НЕПЦЕ ( PALATUM DURUM )

Тврдото непце ги зафаќа предните две третини од покривот на cavum oris propriunm , а
задната третина е претставена со мекото непце ( palatum molle ) . Границата меѓу
обете непца претставува лесно забележителна лаковидна линија .

Морфолошки особености .

Тврдото непце всушност е претставено со коскеното непце покриено со лигавица . Тоа


покажува два конкавитета во фронтална и сагитална рамнина . По должината на
неговата средишна линија се забележува белознава , фиброзна непцева преграда
( raphe palati ) . Таа може да биде вдлабната налик на бразда или испакната заради
јако развиеното средишно испакнување наречено непцев гребен ( torus palatinus ) .
Лигавицата , што го покрива испакнувањето цврсто е прирасната за покосницата , не
содржи жлезди и не поднесува појак притисок при цвакање . На предниот крај од rарhе
palati меѓу обата инцизива се наоѓа малечка лигавична инцизивна брадавица ( papilla
incisiva ) која што ја покрива истоимената коскена јама fossa incisiva .

o МЕКО НЕПЦЕ (PALATUM MOLLE)

Мекото непце ја претставува задната подвижба третина од покривот на усната


празнина. Тоа се наога мегу усната празнина и голтникот, а насочено косо надолу и
наназад под агол од 45. При голтање непцето се подигнува и заземајки хоризнотална
положба го одделува усниот од носниот кат од голтникот.
Морфолошки особености. Мекото непце наликува на четвртеста плоча со 2 страни,
горна и долна и 4 рабови, преден, заден, и 2 бочни. Долната страна на мекото непце
е свртена кон усната празнина и при мирување е лесно вдлабната. Таа е насочена
нанапред и надолу, а по нејзината средишна линија продолжува raphe palati. Горната
страна е свртена кон голтникот, а нанапред продолжува во подот на носната
празнина. Предниот раб е прикриен за задниот раб од palatum osseum. Задниот раб
е слободен и од неговата средина надолу се насочува мускулно лигавичен
продолжеток uvula. Која е со варијабилна должина од 10-15 см. Бочно од неа се
протегаат долу 2 напцеви лакови и тоа arcus palatoglossus I arcus palatopharyngeus.

Бочните рабови од непцето се прикрепени за аголот мегу водорамниот и


вертикалниот лист од непцената коска, на птригоидинот израсток и бочниот голтников
ѕид.

Состав. Мекото непце е составено од 4 слоја: лигавица, подлигавичен слој, фиброзен


и мускулен слој. Лигавицата ги покрива обете страни од мекото непце. Епителот од
горната страна е цилиндричен со трепки, а од долната тој е многу слоен плочест.
Границата мегу обете епитела се наога на задниот раб од непцето. Подлигавичниот
слој е составен од сврзно ткиво растресено во пределот на увулата што доведува до
нејзин оток. Во подлигавичниот слој се наогаат и непцени жлезди (grandule palatinae)
инервирани како и тие од тврдото непце. Фиброзниот слој од мекото непце е
преставен со цврста тетивна плочка, односно непцена апоневроза изградена од
хоризонтални тетивни влакна што потекнуваат од m. tensor veli palatine.
Аопоневрозата се прекинува на задниот раб ок коскеното непце, а служи за припој на
мускилите од мекото непце. Мускулниот слој од мекото непце го претставуваат
следните 5 парни мускули: 1- затегнувач на мекото непце, 2- подигнувач на мекото
непце, 3- мускулот на ресичката, 4- неоцевојазичниот мускул, 5- непцевоголтниковиот
мускул.

1. ЗАТЕГНУВАЧ НА МЕКОТО МЕПЦЕ (M. TENSOR VELI PALATINI)

Тој се протега од големото крило од сфеноидалната коска и рскавичниот дел на


слушната труба надолу до непцената апоневроза. На средишната линија се спојува со
мусколот од спротивната страна.

Припои. Мускулот горе се пропојува на подслепоочното поле од големото крило на


сфеноидната коска на работ на foramen spinosum, на птеригоидниот израсток на fossa
scaphoidea и на рскавичниот ден од слушната труба. Мускулните влакна конвергираат
надолу и нанапред кон hamulus ptrygoideus. Завршната тетива на мускулот свртува
околу куката и се насочува навнатре во мекото непце. Тѕка се проширува лепезесто и
се припојува долу на непцената апоневроза и на хоризоналниот лист на непцената
коска. Инервацијата на m. tensor veli
palatini доага истовремено од n. tensoris veli palatini oд n. mandibularis. Функција.
Самиот назив на мускулот покажува дека е затегнувач на мекото непце. Покрај тоа при
голтање тој ја отвара tuba auditiva овозможувајки премин на воздух од голтнкот во
cavum tympani.
2. МУСКУЛ ПОДИГНУВАЧ НА МЕКОТО НЕПЦЕ (M. LEVATOL VELI PALATINI)

Тој се протега од долната страна на пирамидата од слепооочната коцка до мекото


непце. Припои. Горе тој се припојува на долната страна на пирамидната страна пред
надворешниот отвор на каротидниот канал и рскавичниот дел од слушната трѕба. Се
насочува кон мекото непце и подигајки го бочниот тид од носниот кат на голтникот
предизвикува испакнување (torus kevatorius). Тоа го ограничува голтиноковиот отпор
на слушната труба од долната страна. Долу мускулот завршува на непцената
апоневроза. Инервација мускулот добива од plexus pharyngeus.

3. МУСКУЛ НА РЕСИЧКАТА (M. UVULAE)

Претствува мал мускул што учестувува во градбата на ресичката. Припои. Горе се


пропојува на spina nasalis posterior и непцена апоневроза, а долу се истенчува и
завршува во лигавицата од вратот на ресичката. Инервацијата ја добива од plexus
pharygenus

4. НЕПЦЕВОЈАЗИЧЕН МУСКУЛ (M. PALATOGOLOSSUS)

Се протега од непцената апоневроза до задниот крај од јазикот предвизувајки arcus


palatoglossus којшто го ограничува Isthmus facium од бочната страна.
Припои. Горе мискулот се припојува на долната страна од непцената апоневроза а
потоа се спушта по бочната страна ма isthmus faucium пред непцевиот крајник
предизикувајќи во веќе споменатиот лак arcus palatiglossus. Долу мускулот доага до
задниот крај од јазикот и се дели на два снопа надолжен и напречен. На надолжнот
сноп се протега до вратот на јазикот а напречниот влегува во составот на m.
transversus linguae а завршува на јазичната преграда. Иневацијата ја добива од plexus
pharyngeus. Функција. Обостраната контракција на мускулните доведува до
стеснување на isthmus faucium со што врши подигнување на јазикот а спуштање на
мекото непце.

5. НЕПЦЕВОГОЛТНИКОВ МУСКУЛ (M. PALATOPHATYNGEUS)

Тој се протега од непцената апоневроза до голтникот кадешто влегува лепезесто во


составот на неговиот заден ѕид. Непцевоголтиниковиот мускул исто
таканпредизбикува лигавична дипла и тоа arcus palatopharyngues што го ограничува
isthmus faucium од бочната страна и тоа зад непцевиот крајник.
Припои. Горе мускулот се припојува на непцевата апо невроза , а долу лепезесто
проширен се припојува на гарhе pharуngis и на задната страна од тироидната '
рскавица на гркланот. Инервацијата како и претходните ја добива од plexus
pharyngeus . Функција . При обострана контракција го стеснува isthmus faucium
спуштајќи го мекото непце и приближувајќи ги обата лака ( arcus palatopharyngeus). Ако
точката на потпирката се наоѓа на мекото непце тогаш тој го подигнува фарингсот и
ларингсот .
Садови и нерви на мекото непце . Артериските садови се гранки од аа . palatinae
minores ( од a . palatina descendens ) и a . palatina ascendens ( од a . facialis ) . Вените
се притоки на plexus pterygoideus . Лимфните садови на мекото непце формираат
богата мрежа , а се вливаат во длабоките лимфни јазли на вратот . Нерви . Мекото
непце добива моторни нерви воглавно од plexus pharyngeus и од m. tensoris veli
palatini. Сензитивните нерви потекнуваат од n . palatini minores кои што претставуваат
и вегетативни влакна од ganglion pterygopa latinum за инервација на плунковните
непцеви жлезди.

ЈАЗИК ( LINGUA )

Јазикот е лигавично мускулен орган којшто учествува во градбата на подот од үсната


празнина . Тој учествува во џвакање , голтање , цицање и фонација , а со неговите
папили прима впечатоци за вкус и површински сензибилитет , односно допир , бол и
температура . Морфолошки особенсти . На јазикот се разликуваат два главни
составни дела јазично тело и јазичен корен . Јазичното тело (согрuѕ linguae) го
претставува предниот подвижен дел од јазикот . На него се опишуваат: горна и долна
страна , врв , раб и гранична бразда . Горната страна (dorsum linguae ) се протега од
врвот на јази кот наназад до граничната бразда (sulcus terminalis ) . Лигавицата што ја
покрива горната страна е покриена со број ни јазични папили (papillae linguales ) што й
даваат кадифест изглед . Од граничната бразда нанапред се протега средишна
јазична бразда ( sulcus medianus linguae) . Долната страна (facies inferior linguae)
лежи на подот од усната празнина . На средината и таа поседува надолжна бразда
ограничена од обете страни со по едно испакнување предизвикано од гениоглосниот
мускул. Под лигавицата на истакнувањето се забеле жува стеблото од v . sublingualis ,
а исто така се забележуваат и ли гавични ресички . Лигавицата на средината од
долната страна формира дипла наречена јазична үздичка (frenulum linguae), Таа ги
ограничува одделните прекумерни движења на јазикот особено на напред и наназад ,
Лигавицата што ја покрива долната страна е провидна , тенка І мазна . Врвот на
јазикот ( apex linguae ) е ориентиран нанапред и по неговата средишна линија се
протега плитка бразда . Јазичниот раб (margo linguae) е дебел и претставува
спојница на обете јазични страни . Граничната бразда (sulcus terminalis) се наоѓа на
dorsum linguae , а наликува на буквата е со теме отворено нанапред . Таа ги одделува
телото од коренот на јазикот . Во темето од граничната бразда се наоѓа слеп отвор
( foramen cecum linguae). Јазичен корен ( radix linguae) . Коренот ја претставува
задната вертикална третина од јазикот . Зад граничната бразда се протега слободната
површина од јазичното тело на коренот . Таа е насочена наназад кон шүтлината од
голтникот и при отворена уста не е видлива . Нејзината површина е зрнеста заради
присуството на бројни јазични фоликули ( foliculi linguales ) составени од лимфно ткиво
, а групирани во парен јазичен крајник ( tonsilla lingualis ). Слободната површина
наназад се протега до гркланскиот ка пак ( epiglottis ) . Од јазичниот корен до горната
страна до епиглотис ната ' рскавица се протега глосоепиглотичната врска ( lig.
glossoepi glotticum ) поделена на три снопа , средишен и два бочни . Покриени со
лигавица тие формираат три надолжни дипли , едната средишна глосоепиглотична
диплa (plica glossoepiglottica mediana) и две бочни глосоепиглотични дипли ( plica
glossoepiglottica lateralis ) . Трите дипли мегу себе ограничуваат две спиглотични
плитки јамички ( vallecula epiglottica ) . Во нив во одделни случаи се задржуваат түѓи
тела при голтањето . Состав на јазикот . Јазикот е составен од : 1) лигавица , 2)
фиброзен скелет и 3) мускули . 1 ) Лигавицата на јазикот ( tunica mucosa linguae )
го покрива неговото тело и најголемиот дел од коренот . Лигавичниот епител е
многослоен плочест како во другиот дел од үсната празнина . Бојата од лигавицата на
dorsum linguae кај здрави луѓе е розово бела , а црвенкава на рабовите и долната
страна од јазикот . Лигавицата од јазичното е дебела и непо движна , а на dorsum
linguee таа е рапава налик на кадифе заради присуството на бројни јазични папили
( papillae linguales ) . Папилите се делат на : опкружени ( papillae vallatae ), листeсти
( papillae foliatae ), габовидни ( papillae fungiformes ), кончести ( papillae filiformes )
и ко нични ( papillae соnicae ) . Првите три вида папили ( papillae valatae , foliatae
et fungiformes ) служат за прием на впечатоци за вкус бидејќи содржат густативни
папки (cаlіculus gustatorius). Од papillae vallatae и papillae foliatae тргнуваат
гүсторецепторните влакна од n. glossopharyngeus , додека од papillae fungiformes
тргнуваат влакна од n. facialis. Papillae filiformes и papillae соniсае не содржат
гүcтативни піапки туку пренесуваат впечатоци за површински сензибилитет . Тие се
инервирани од n. lingualis. Опкружени напили ( papillae vallatae ) се локализирани
пред sulcus terminalis, а на број се обично 9—11 . Најголемата папила лежи кај foramen
cecum, а другите се распределени бочно од неа пред рабовите од sulcus ternminalis.
На секоја папила се разликува сре дишно испакнување опкружено со браздичка.
Листeстите папили ( papilae foliatae ) се локализирани на зад ните делови од
јазичниот раб пред sulcus terminalis. Тие кај човекот се закржлавени и претставуваат 8
—10 лигавични диплички, а мал дел од нив содржат гүcтативни папки .
Габовидните папили (papillae fungiformes) се најбројни, обично околу 200, а
распределени се по dorsum linguae и тоа предимно на врвот и бочниот раб од јазикот.
Тие наликуваат на габи, а содржат гүcтативни папки локализирани на нивната горна
слободна површина.
Кончестите папили ( papillae filiformes) претставуваат најситни и најбројни папили
распределени по целата површина од dorsum linguae и работ давајќи му кадифест
изглед на јазикот. Тие не coдржат гүcтативни папки , а на површината епителот е
покриен со орожен слој којшто ги обојува белүзлаво . Кај случаите кога слојот е
поразвиен јазикот станува „обложен“. Кончестите папили по форма наликуваат на
конуси со врвови поделени на повеќе кончести продолжетоци.
Коничните папили ( papillae соnicae ) се поголеми и помалуброј ни во споредба со
кончестите, а нивните врвови се оpожени. Тие се разместени меѓу кончестите папили
по dorsum linguae. Лигавицата од коренот на јазикот покажува бројни зрнести творби
со точкасти вдлабнатини означени како јазични фоликули (folliculi linguales). Tие
претставуваат здружени лимфни јазли што го градат заедно јазичниот крајник (tonsilla
lingualis). Во раната детска возраст настапува инволуција или исчезнување на
лимфоидното ткиво од крајникот, така што кај возрасните се среќаваат само неколку
фоликули што формираат 2—3 групи. Под лигавицата се наоѓаат мали плунковни
јазични жлезди (glandulae linguales). Според локализацијата тие се делат на :
предна , бючни и задни .

Предната жлезда е парна, локализирана под врвот на јазикот до средишната линија.


Таа е мешовита и нејзините изводни канали ( 3—5 ) се отвораат на долната страна од
јазикот . Бочните жлезди чисто мукозни се локализирани на задниот дел од работ на
јазикот. Задните жлезди исто така чисто мукозни се наоѓаат под лигавицата од коренот
на јазикот. Одделна група од нив е придода дена на papilae vallatae и тие се чисто
серозни. Нивниот секрет ги исполнува браздите околу папилите и ги чисти истите
оспособувајќи ги за прием на густативните впечатоци. 2) Фиброзен скелет на
јазикот. Тој служи за припој на јазичните мускули,а составен е од : а) јазична
апоневроза , б) јазично подјазична мембрана и в) јазична преграда . а) Јазичната
апоневроза ( aponeurosis linguae ) лежи под лигавицата од dorsum linguae и
јазичниот врв . Таа претставува вкрстени сврзни снопови и бројни еластични влакна
цврсто споени за горната страна од јазичната мускулатура . б) Јазично подјазичната
( глосохиоидна ) Мембрана се наоѓа под лигавицата од коренот на јазикот претста
вувајќи заден продолжеток од јазичната апоневроза . Долү таа се прикрепува на
хиоидната коска. Глосохиоидната мембрана е поста вена вертикално како и јазичниот
корен , а на нејзината предна страна по должината на средишната линија се припојува
задниот крај од јазичната преграда . в ) Јазичната преграда ( septum linguae )
претставува цврста фиброзна плоча поставена во сагитална рамнина , делејќи ја
јазичната мускулатура на два дела . Таа наликува на срп со врв ориентиран
нанапред , додека базата освен на глосохиоидната мембрана се прикрепува и на
хиоидната коска . На нејзините бочни стра ни се припојуваат јазичните мускулн .
3) Јазични мускули ( musculi linguae ). Мускулатурата на јазикот е составена од 8
мускули и тоа 7 парни , а еден непарен. Сите се инервирани од n. hypoglossus .
Според припоите мускулите се делат на две групи : а) надворешни мускули и б)
внатрешни мускули.

а) Надворешни мускули на јазикот

Надворешните мускули со едниот крај се припојуваат на со седните коски , а тоа се : 1)


гениоглосен мускул , 2) хиоглосен мускул , 3) хондроглосен мускул и 4) стилoглосен
мускул .

1) Генчоглосниот мускул ( m. genioglossus ) претставува парен и најголем јазичен


мускул . Тргнувајќи од spina mentalis неговите влакна распрснуваат налик на лепеза и
тоа предните влакна се на качуваат нагоре кон врвот на јазикот , средните влакна кон
јазичната апоневроза , а задните наназад кон xиоидната коска. Припои . Нанапред тој
се припојува на spina mentalis ; на длабоката страна од јазичната апоневроза ; внатре
на oдзади на предната страна од тениоглосната мембрана и телото од хиоидната
коска. Функција. Точката на ослонот на m . genioglossus претставува spina mentalis ,
според тоа предните влакна го вовлекуваат врвот од jазикот , средните го истураат
јазикот нанадвор , а задните ја подигаат хиоидната коска . Кај обострана контракција
јазикот станува плоскат и налегнува на подот од үсната празнина .

2) Хиоглосниот мускул (m. hyoglossus) претставува парен тенок мускул со


четвртеста форма . Припои , долу се припојува на телото и големиот рог од
хиоидната коска . Неговите влакна се насочуваат нагорно и нанапред и се припојуваат
горе на бочниот раб од јазичната апоневроза . Хиоглосниот мускул со површинската
страна го гради дното од trigonum submandibulare , наедно и дното од предниот и
задниот јазичен триаголник на Pirogoff и Beclard . На таа страна од m. hyoglossus лежи
glandula submandibularis , n. hypoglossus и неговата вена придружничка ( v . comitans
n . hypoglossi ) . Под мускулот , односно на неговата длабока страна налегнува a .
lingualis . Предниот раб од in . hyoglossus и задниот раб од m . mylohyoideus
формираат меѓу мускулна пукнатина за премин на изводниот канал од подвиличната
жлезда ductus submandibularis како и n. hypoglossus и неговата при
дружна вена. Функција . Хиоглосниот мускул го повлекува јазикот наназад и надолу во
усната празнина .
3) Хондроглосниот мускул (m. chondroglossus ) претставува тенок мускулен сноп.
Припои. . Долу се припојува на малиот рог од хиоидната коска , а горе меѓу влакната
од хиоглосниот и долниот надолжен јазичен мускул. Функција . Го повлекува јазикот
наназад и надолу .

4 ) Стилoглосниот мускул ( m . stylоglossus ) претставува парен, долг мускүл што се


протега од стилоидниот израсток на слепоочната коска до задниот крај од јазичниот
раб каде се дели на два снопа , надолжен и напречен. Припои . Одзади тој се
припојува на processus styloideus и на горниот крај од lig . stylоmаndibulare . Се
насочува потоа на долу , нанапред , латерално и во височина на arcus palatoglossus се
раздвојува во два снопа . Надолжниот сноп се протега по јазичниот раб до јазичниот
врв спојувајќи се со истоимениот мускүл од спротивната страна . Напречниот сноп се
насочува навнатре и се припојува на јазичната преграда . Функција. Кај обострана
функција стилоглосниот мускул со надолжниот сноп го повлекува јазикот нагоре и
наназад , а напречниот сноп го подигнува коренот од јазикот и ја проширува горната
јазична површина.

б) Внатрешни мускули на јазикот

Внатрешните мускули на јазикот се припојуваат со обата краја на неговиот фиброзен


скелет . Во таа група спаѓаат четири муску ли : 1) горен надолжен мускул, 2) долен
надолжен мускул, 3) напре чен мускул и 4) вертикален мускул .

1 ) Горниот надолжен мускул (m. longitudinalis superior) претставува единствен


непарен мускул на јазикот . Наликува на широка и тенка плоча којашто го претставува
површинскиот слој од јазичната мускулатура. Припои. Одзади мускулот се припојува
на предната страна од глосохиоидната мембрана и на малите рогови од xиоидната
коска . Неговите надолясни влакна се насочуваат нанапред завршуваат под
лигавицата на јазичниот врв . Функција. Го скусува јазикот повлекувајќи го неговиот
врв нагоре и наназад .

2) Долниот надолжен мускул (m. longitudinalis inferior) претставува парен


лаковиден мускул локализиран под хиоглосниот мускул. Припои. Одзади се припојува
на предната страна од гло сохиоидната мембрана и аналиот рог од хиоидната коска .
Однапред завршува под лигавицата од јазичниот врв. Функција. Го скусува
јазикот повлекувајќи го неговиот врв наназад и надолу. 3) Напречниот
мускул на јазикот (m. transversus linguae ) е парен мускул со напречно поставени
мускулни снопови . Тој се припојува на бочната страна од septum linguae , а неговите
напречни снопови завршуваат под лигавицата од јазичниот раб . Функција. Го
издолжува јазикот .

4) Вертикалниот мускул на јазикот (m. verticalis linguae) е парен мускул претставен


со вертикално насочени влакна . Тие се про егаат од горната до долната страна на
јазикот , пробивајќи ги дрүгите мускули. Функција. Го прави јазикот плоскат
зголемувајќи ја неговата ширина . Садови и нерви на јазикот . Артериските садови на
јазикот претставуваат главно гранки од a . lingualis , а тоа се: rr ,dorsales linguae за
коренот на јазикот ; a.profundа linguae за васкуларизација на телото и врвот од
јазикот . На долната страна од јазичниот врв a.profundа linguae анастомозира со
спротивната истоимена артерија, но анастомозата нема практично значење кај
еднострана лигатура на a. lingualis бидејќи не обезбедува колатерален крвоток .
Вените на јазикот се : vv . dorsales linguae , v . comitans , n . hypoglossi и v . pro
fundа linguae . Наброените вени претставуваат притоки на v . lingualis . Лимфните
садови имаат големо практично значење заради ширење на малигните заболувања на
јазикот . Лимфните садови се делат на три групи : а) предна , б) бочна и в) задна група
. Предната гру па тргнува од врвот и предниот дел на јазикот придружувајќи ја главно
a . profundа linguae . Тие садови се вливаат во горните лимфни јазли распределени по
долината на v . jugularis interna . Повеќето од садовите се дренираат во
nоdus lymphaticus juguloomohyoideus и директно или пак индиректно преку
подбрадните и подвиличните јазли. Мал дел од садорите се спуштаат низ frenulum
linguae во nodi lymphatici submentales . Бочната група на лимфни садови се вливаат
во поdi lymphatici submandibulares или во горните лимфни јазли распределени по
должината на v . jugularis interna. Задната група на лимфни садови ја дренираат
лимфата од јазичниот корен придружувајќи ги артериите гг . dorsales linguae , а потоа и
a . lingualis завршуваат во горните лимфни јазли околу v . jugularis interna . Еден од тие
јазли ( nodus lymphaticus jugulodigastricus ) се издвојува по своето значење заради
ширење на карциномите од јазикот и непцевиот крајник . Нерви на јазикот. Моторните
потекнуваат од m. hypoglossus којшто ги инервира сите јазични мускули . Кај слүчаите
со еднострана парализа заради повреда на n . hypoglossus при исплазување на јазикот
тој се врти на спротивната страна . Сензитивните нерви што спроведуваат површински
сензибилитет доаѓаат од n.lingualis, n. glossopharyngeus и
n. vagus . Лигавицата од предните две третини на јазикот до sulcus terminalis е
инервирана од n. lingualis , Таа од коренот на јазикот , зад sulcus terminalis се до
близина на епиглотисот инервација добива од n.
glossopharyngeus. N. vagus преку својата бочна гранка n. laryngeus superior ја инерви
ра лигавицата од долниот дел на коренот на јазикот и тоа во пре делот на
епиглотичните јамички ( vallecula epiglottica ). Дразнење на таа инервалиона регија
предизвикува рефлексно кашлање и повраќање . Дразбите се пренесуваат преку
стеблото од n.vagus до рефлексните центри за кашлање и повраќање локализирани
во medulla oblongata , Сетилни нерви на јазикот за инервација на гүcтативните папили
се n. glossopharyngeus и n. facialis.

ПОДЈАЗИЧЕН ПРЕДЕЛ ( REGIO SUBLINGUALIS )

Подјазичниот предел претставува слободен дел од подот на усната празнина ,


сместен зад гингивата , а пред неподвижниот дел од јазикот . Тој е видлив само при
подигнување на јазикот . Лигавицата на регијата е тенка , мазна и подвижна . На
средишната линија се забележува веќе опишаната јазична үздичка (frenulum linguae).
Од обете страни на френулумот се наоѓа по едно лигавично испакнување подјазична
брадавица (caruncula sublingualis). На врвот од секоја карункула со заеднички отвор се
изливаат подвиличниот канал (ductus submandibularis) и големиот подјазичен канал
(ductus sublingualis major). Наназад и латерално од карунку лите се протега од обете
страни по една надолжна лигавична подјазична диплa ( plica sublingualis ) . Под
диплата се наоѓа подјазичната плунковна жлезда и затоа на нејзината површина со
помош на лупа се забележуваат неколку ситни отвори од малите подјазични канали
(ductus sublinguales minores).

ГОЛТНИКОВО СТЕСНУВАНЬЕ ( ISTHMUS FAUCIUM )


Задниот отвор на усната празнина или голтниковото стеснување се наоѓа на границата
меѓу үсната празнина и средниот кат од голтникот . Од горе стеснувањето е
ограничено со задниот слободен раб од мекото непце и ресичката; долу co dorsum
linguae, бочно го граничат arcus palatoglossus и arcus palatopharyngeus . . Меѓу обата
лака се наоѓа непцевиот крајник ( tonsilla palatina ) . Непцевојазичниот лак (arcus
palatoglossus) претставува лигавична дипла предизвикана од истоимениот мускул ( m
. palatoglossus ) . Диплата се протега од бочниот крај на задниот раб од мекото непце
до задниот дел на јазичниот раб и тоа на предниот крај од sulcus terminalis .

Непцевоголтниковиот лак (arcus palatopharyngeus) претставува лигавична дипла


предизвикана од истоимениот мускул ( m . palatopha гуngeus ) . Тој се протега од
бочниот крај на задниот раб од мекото непце до бочниот ѕид на голтникот . Обете
дипли arcus palatoglossus и arcus palatopharyngeus co задниот крај на јазичниот раб
ограничуваат триаглеста лигавична вдлабнатина или крајникога јама (fossa tonsillaris)
за непцевиот крајник (tonsilla palatina) .

НЕПЦЕВ КРАЈНИК (ТОNЅІLLA PALATINA) Непцевиот крајник претставува


лимфоидноепителен орган , сместен во fossa tonsillaris . Кај деца речиси наполно ја
исполнува , а возрасни лица над крајникот останува мала празнина означена како
надтонзиларна јама ( fossa supratonsillaris ) . Крајникот наликува на мигдал и неговата
внатрешна слободна страна се испакнува кон голтниковото стеснување . На неа се
забележуваат 10—15 мали вдлабнатини наречени крајнички јамички (fossulae
tоnѕіllares) . Латералната страна од крајникот директно на легнува на усниот кат од
голтникот и букофарингеалниот дел ( pars buccopharyngea ) од горниот констриктор на
фарингсот ( m . constrictor pharyngis superior ) : Опишаниот мускулен ѕид го одделува
крајникот од предстилоидниот дел на парафарингеалниот простор и крвните садови и
нерви содржани во него. Од големо практично значење претставува блискиот сооднос
на крајникот со a . carotis externa и a. carotis interna. Тие се наоѓаат латерално и зад
него на околу 2 cm , додека првата кривина од a . facialis е во непосредна близина со
дол ниот крај на крајникот. Кај хируршки зафати на крајникот треба да се внимава на
тие соодноси . Состав. Непцевиот крајник е изграден од а) крајнички јамички б)
лимфоидно сврзно ткиво .

а ) Крајничките јамички ( fosstulae tоnѕіllares ) претставуваат 10 до 15 мали отвори


налик на пукнатини распоредени на слободната површина од крајникот . Тие во
внатрешноста навлегуваат како каналчиња завршувајќи слепо со днo или крипти
( cryptae tоnѕіllares ). б ) Лимфоидното сврзно ткиво гради дебела обвивка околу
криптите и во него се наоѓаат бројни лимфни јазли ( folliculi lymphatici).

Садови и нерви на крајникот. Артериите за крајникот потек пуваат од: 1) a.palatina


ascendens преку нејзината гранка г. tоnѕilla ris ; 2) a, lingualis npeky rr . dorsales linguae
; 3) a. pharyngea ascendens 4 ) aa , palatinae іmіnоrеѕ . Bените формираат венски
сплет чиишто гранки се притоки на vv . pharyngeae и plexus pterygoideus . Лимфните
садови се вливаат во подвиличните јазли како и јазлите по должината од v . jugularis
interna. Hервите на крајникот потекнуваат од n . glossopharyngeus , n . lingualis si nn .
palatini minores.

ПЛУНКОВНИ ЖЛЕЗДИ НА УСНАТА ПРАЗНИНА (CLANDULAE ORIS)


Плунковните жлезди придодадени на усната празнина според големината се делат на
малки и големи, а според секрецијата тие можат да бидат серозни , мукозни и
мешовити.

МАЛИ ПЛУНКОВНИ ЖЛЕЗДИ

Малите плунковни жлезди се распределени по ѕидовите на усната празнина и тоа во


одлигавичниот слој. Според местоположбата се делат на : 1) усни жлезди (gll.
labiales) сместени во подлигавичниот слој на усните и тоа групирани околу үсниот
отвор ; 2) образни жлезди ( gli . buccales ) локализирани во подлигавичниот слој на
образите ; 3) моларни жлезди ( gll . molares ) исто така сместени во подлигавич ниот
слој на образите и тоа во пределот на катниците ; 4) непцеви жлезди ( gli . palatinae)
локализирани во подлигавичниот слој од твр дото и мекото непце ; 5) јазични жлезди
( gli. linguales ) и 6) предна јазична жлезда (gli . lingualis anterior) опишана кај
јазикот .

ГОЛЕМИ ПЛУНКОВНИ ЖЛЕЗДИ

Големите тілунковни жлезди се наоѓаат околу усната празнина , а нивните изводни


канали се вливаат во неа . Тие се три парни жлез ди и тоа : 1) подјазична , 2)
податлична и 3) доушна или паротидна жлезда

ПОДЈАЗИЧНА ЖЛЕЗДА (GLANDULA SUBLINGUALIS)

Подјазичната жлезда претставува мешовита или соромукозна жлезда локализирана во


подјазичниот предел подигајќи ја лигавицата во таканаречената подјазична диплa
(plica sublingualis). • Морфолошки особености и соодноси. Подјазичната жлезда е
најмала од големите плунковни жлезди долга 25—30 mm , широка 6—8 mm , а висока
10—12 mm . Наликува на плоската маслинка со две страни, надворешна и внатрешна
и два краја преден и заден . Таа лежи под лигавицата од подот на усната празнина во
една коскено мускулна подјазична ложа ограничена латерално со fovea sublingualis,
долу m . mylohyoideus, а медијално m. genioglossus . Надворешната страна од
подјазичната жлезда лежи во соодветната јамичка ( fovea sublingualis ) од
мандибулата , а внатрешната страна налегнува на n.genioglossus . Меѓу мускулот и
жлездата по минуваат следните елементи: завршните гранки од n. hypoglossus ,
податличниот канал ( ductus submandibularis ), n. lingualis и подја зичните крвни садови
( а . сt v . sublingualis ) . Задниот крај од слездата лежи под вториот долен капак на
задниот раб од m . mylohyoideus , обично доаѓаат во сооднос со пред имот
продолжеток од подвиличната жлезда . Предниот крај доаѓа до caruncula sublingualis.

Изводни канали. Glandula sublingualis поседува еден главен или голем изводен канал
и повеќе мали или споредни изводии канала . Големиот изводен канал на Bariholin
(ductus sublingualis major) се издвојува од средниот дел на внатрешната страна од
жлездата. Се насочува потоа нанапред и навнатре и заедно со подвиличниот изводен
канал ( ductus submandibularis ) се отвора во саruncula sublingualis . Малите изводни
канали на Rivirus ( ductus sublinguales minores ) , на број 12—15 претставуваат куси
каналчиња што излегуваат од малите подјазични жлезди распределени по должината
на надро решната страна од сублингвалната жлезда. Тие се издвојуваат на горниот
раб од надворешната страна и се насочуваат нагоре отрорајќи се поодделно по
должината на подјазичната диплa ( plica sublingualis). Некои од каналчнньата се
отвораат непосредно и во го лемиот изводен канал .

Садови и нерви . Артериските садови на жлездата потекнуваат од a . sublingualis .


Bените се притоки на v . sublingualis и v . profunda linguae . Лимфните садови се
вливаат во подвиличните лимфни јазли . Нервите потекнуваат од вегетативниот
подвиличен ганглион ( ganglion submandibulare ) придодаден на n. lingualis .
Парасимпатичките влак на доаѓаат од n.facialis преку chorda tympani, а симпатичките
влакна од симпатичкиот сплет околу a . facialis .

2. ПОДВИЛИЧНА ЖЛЕЗДА ( СТ.ANDULLA SUBMANDIBULARIS )

Подвиличната жлезда исто така претставува мешовита серомукозна жлезда .


Локализирана е во trigonum submandibulare и тоа обвиткана во фиброзна капсла од
површинскиот лист на вратната фасција . Морфолошки особености и соодноси .
Подвиличната жлезда има неправилна форма . Нејзината должина изнесува 30- 40
mm , а најголемата дебелина 15—20 mm . На жлездата се разликуваат три страни :
горнонадворешна , долнонадворешна и внатрешна , како и два краја , преден и заден .
Горнонадворешната страна лежи во коскената подвилична јама ( fovea
submandibularis) . Долнонадворешната страна е палпаторно пристапна и лесно е
испакната . Идејќи од површината таа е покриена со кожата , платизмата , стеблото на
v . facialis и површинскиот лист од вратната фасција . Страната доаѓа во сооднос и со
поdi lymphatici submandibulares . Внатрешната или длабоката страна на жлездата
лежи на надво решната страна од m. hyoglossus и на долните краишта од m .
stylоglossus и venter posterior m. digastrici покривајќи ја исто така и интермедијалната
тетива од дигастричниот мускул. Длабоката страна од gl , submandibularis ги покрива
двата ја Зични триаголници , предниот на Pirogoff и задниот на .Вéclard. Во таа регија
преку тенкиот m. hyoglossus се пристапува на стеблото од a.lingualis . Во пределот од
предниот јазичен триаголник на Pirogoff длабоката страна од жлездата доаѓа во
сооднос со n. hypoglossus и неговата вена придружничка ( v . comitans , n . hypoglossi).
Предниот крај од жлездата што лежи на задните снопови од m . mylohyoideus и од него
се издвојува еден преден продолжеток. Тој се протега под изводниот
субмандибуларен канал честопати до пирајќи до задниот крај од сүблингвалната
жлезда. Задниот крај се протега до виличниот агол и tractus angularis . Снопот ја
одделува сүбмандибуларната од паротидната жлезда. Зад ниот крај на
gl.submandibularis со својата длабока страна доаѓа во сооднос со a . facialis којашто
остава отпечаток во жлезденото ткиво . Тој сооднос е од големо практично значење
при хируршки зафати на жлездата , Од задниот крај исто така во одделни случаи се
издвојува жлезден продолжеток . Тој се протега обично нагоре и наназад , кон
голтникот вовлекувајќи се меѓу внатрешниот птеригоиден мускул и горниот
констриктор од голтникот. Задниот продолжеток може да ја подигне лигавицата од
үсната празнина од јазичноалвеоларната бразда во висина на последниот долен
катник .

Подвиличен канал на Wharton ( ductus submandibularis ). Изводниот канал на


подвиличната жлезда се издвојува од средниот дел на длабоката страна на жлездата .
Неговата должина изнесува 4-5 cm , а пречникот 3 mm . Тој се протега нанапред и
навнатре и заедно со n . hypoglossus и неговата вена придружничка поминува низ меѓу
мускулниот простор ограничен со задниот раб од m.mylohyoideus и предниот раб од
m. hyoglossus . Доаѓајќи потоа во подјазичниот предел каналот врви над n. hypoglossus
и a. sublingualis и тоа меѓу m . genioglossus и gl. sublingualis . жлездата лежи
латерално од каналот , а под него поминува n.lingualis , вкрстувајќи ја неговата долна ,
страна . Подвиличниот канал завршува заедно со ductus sublingualis major на caruncula
sublingualis . Завршниот дел од каналот е стеснет за што треба да се води сметка при
убризгување на контрасни сред ства при рендгенско снимање на жлездата . Крвни
садови и нерви . Артериските садови потекнуваат од а . facialis и , од нејзината бочна
гранка a . submentalis . Bените се при дружнички на артериите и се вливаат во v .
facialis , а одделни и во v . comitans n . hypoglоѕѕі . Лимфните садови се вливаат во
nodi lymphatici submandibulares . Нервите како и за gl. sublingualis доаѓаат од ganglion
submandibulare . Парасимпатичките влакна потекнуваат од n. facialis преку chorda
tympani , додека симпатичките влакна доаѓаат од plexus facialis .

3. ДОУШНА или ПАРОТИДНА ЖЛЕЗДА ( GLANDULA PAROTIS )

Паротидната жлезда претставува најголема исклучиво сероз на плункова жлезда . Таа


лежи во паротидната ложа.

Морфолошки особености и соодноси . Паротидната жлезда ја исполнува речиси во


потполност паротидната ложа и поради тоа таа поседува иста форма како и ложата .
На жлездата се разликуваат три страни : надворешна , предна и задна , како и два
краја , горен и долен . Страните се споени со преден , заден и внатрешен раб . На
паротидната жлезда обично се разликуваат два резена или дела : 1) површински дел
( pars superficialis ) и 2) длабок дел ( pars profundа ) . Обата дела меѓусебно се
споени со тесен дел од жлездено ткиво. Меѓу раrѕ superficialis и раrѕ profundа се наоѓа
слој клеточно масно ткиво , а низ него врви стеблото од n. facialis . Паротидната
жлезда преку своите страни и рабови доаѓа во сооднос не само со ѕидиштата од
паротидната ложа , туку и со ор ганите содржани во неа. Надворешната страна од
жлездата срасната е со fascia paroti dеа и покриена е со кожа . Таа доаѓа во сооднос
со n . auricularis magnus и r. colli n. facialis коишто поминуваат преку поткожното ткиво
на пределот . Од предниот дел на жлездата се издвојува предниот масетериен
продолжеток којшто се протега преку m . mаѕѕеtеr. Тој е со триаглеста форма со врв
ориентиран нанапред . Кај одделни случаи продолжетокот може да биде издвоен во
одделна со варијабилна големина помошна паротидна жлезда ( glandula parotis
accessoria ) . Одзади паротидната жлезда обично се протега за неколку ми лиметри
преку надворешната страна од m. sternocleidomastoideus , а во одделни случаи може
да премине и на надворешната страна од мастоидниот израсток . Предната страна од
паротидната жлезда поседува добро изразена надолжна бразда предизвикана од
задниот раб на виличната гранка ( ramus mandibulae ) и мускулите припоени на неа
( m. masseter и m . pterygoideus medialis ) . Задната страна од паротидната жлезда
доаѓа во сооднос со елементите што го градат задниот ѕид од паротидната јама .
Идејќи од површината кон длабочината тоа се : предниот раб од m .
stеrnocleidomastoideus , processus mastoideus од слепоочната коска , venter posterior
m . digastrici , како и мускулите и врските што се припојувaaт на processus styloideus
( m . stylohyoideus , m . styloglossus , m . sty lopharyngeus , lig . stylohyoideum и lig
. stylоmаndibulare ) . Горниот крај од паротидната жлезда доаѓа во сооднос со ви
личниот зглоб и надворешниот ушен канал ( meatus acusticus externus ). Кај одделни
случаи жлездата е срасната со зглобната капсла и тој со однос овозможува
пренесување на инфекции од жлездата на зглобот и спро тивно . Долниот крај од
жлездата достигнува до фиброзниот сноп tractus angularis којшто го одделува од
задниот крај на gl. submaridibularis . Предниот раб од паротидната жлезда
претставува спој меѓу нејзината надворешна и предна страна . Од него тргнува
предниот масетеричен продолжеток од жлездата. Внатрешниот раб се протега од
виличниот зглоб надолу по стилоидниот израсток истиломандибуларната врска до
виличниот агол . Работ делумно се вовлекува во парафарингеалниот простор како
голтников продолжеток којшто доаѓа во сооднос со големите крвни садови и нерви на
просторот ( а. carotis interna , v. jugularis intern а и последните четири церебрални
нерви ). Задниот раб од паротидната жлезда одговара на предниот раб од m .
sternocleidomastoideus. Внатрешни соодноси . Преку ткивото од паротидната жлезда
поминуваат повеќето крвни садови и нерви , а тоа се : а . сarotis externa , v. jugularis
externa , n . auriculotemporalis u n . facialis . А. carotis externa откако ќе помине меѓу m ,
ѕtуlоglossus и m . stylohyoideus доаѓа под gl. parotis . Врвејќи нагорно по должината на
задниот раб од виличната гранка таа прво остава отпечаток во жлезданото ткиво , а
потоа формира и свој канал заземајќи длабока положба . V. jugularis externa , односно
у . retromandibularis настанува во ткивото од жлездата со спојување на vv . temporales
superficiales и vv . maxillares . Вената потоа се спушта надолу латерално од a . carotis
externa , а медијално од завршниот раздвој на n . facialis . Излегувајќи на долниот крај
од жлездата вената зазема површински тек . N. auriculotemporalis од
инфратемпоралната јама поминува зад collum mandibulae и доаѓа во паротидната
ложа . Свртувајќи по тоа нагоре поминува преку горниот дел од жлездата и навлегува
во браздата меѓу трагусот од ушната школка и виличниот зглоб . Силните болки во
темпоралниот предел кај извесни заболувања на паротидната жлезда настануваат
поради компресија на нервот. N. facialis напуштајќи го својот канал преку
стиломастоидниот отвор доаѓа во паротидната ложа зад жлездата . Вкрстувајќи ја по
тоа надворешната страна од стилоидниот израсток и поминувајќи меѓу m .
stylohyoideus и venter posterior m . digastrici влегува во жлездата преку нејзиниот
задновнатрешен дел . N. facialis поминува преку клеточно масното ткиво меѓу
површинскиот и длабокиот дел од паротидната жлезда. Насочувајќи се косо нанапред
и латерално тој постапно зазема површински тек . Во самата жлезда нервот се наоѓа
латерално од a . carotis externa и v . jugularis externa ( односно v . re tromandibularis ) и
во таа височина тој се раздвојува на своите две завршни стебла , Во паротидната
жлезда n. fасiаliѕ е изложен на повреди при хируршки зафати на gl. parotis.

Паротиден или Stenon - ов канал ( ductus parotideus). Изводниот канал на


паротидната жлезда се издвојува од нејзиниот преден или масетеричен продолжеток
обично на 1,5 cm под arcus zygomaticus . Неговата должина се движи околу 45—50 mm
, а пречникот околу 3 mm . По излегувањето од жлездата каналот се насочува
нанапред преку латералната страна од m . imаѕѕеter и пробивајќи го m. buccinator се
отвора во vestibulum oris. На својот пат паротидниот канал покажува повеќе практички
значајни соодноси . На својот почетен дел ductus parotideus лежи на латералната
страна од m . mаѕѕеtеr обвиткан со неговата фасција . Тука тој е покриен со кожа и
одделни влакна од m . rіѕоrius, а го вкрстуваат и неколку завршните граки од n. facialis .
Потоа ductus parotideus гіоминува преку надворешната страна од масното перниче на
образот ( corpus adiposum buccae ) и на крај го пробива m . buccinator и доаѓа под
лигавицата на образот . Се отвора во fornix vestbuli superior и тоа обично во височина
на вратот од вториот горен молар и тоа на околу 35 mm зад angulus oris . Отворот во
одделни случаи е издигнат формирајќи лигавична паротидна папила ( papilla
parotidea ) . Патот на ductus parotideus се проектира на кожата од образот по
должината на една замислена линија што го поврзува трагусот од ушната школка со
средината на горната усна или усната комисура . Познавањето на проекцијата е од
значење при хируршките зафати во таа регија од лицето . Садови и нерви .
Артериските садови за gl . parotis потекну ваат од гранките на a . carotis externa и a .
temporalis superficialis ( а. auricularis posterior , rr . parotidei и a . transversa faciei) .
Bените претставуваат притоки на v . jugularis externa , односно v . retromandibularis .
Лимфните садови завршуваат во nodi lymphatici parotidei. Нервите за паротидната
жлезда потекнуваат од n . auricularis magnus и n. auriculotemporalis коишто носат
сензитивни влакна N. auriculo temporalis пренесува и секреторни парасимпатички
влакна од n. glossopharyngeus преку Jacobson - овата анастомоза , додека
симпатичките влакна доаѓаат од сплетот околу a . temporalis superficialis.

You might also like