Professional Documents
Culture Documents
Citologija So Humana Genetika
Citologija So Humana Genetika
Автор:
Доцент д-р Невенка Величкова
Наслов:
Цитологија со хумана генетика
Рецензенти:
Проф. д-р Никола Силјановски
Доцент д-р Татјана Рушковска
Доцент д-р Дарко Бошнаковски
Лектор:
Даница Гавриловска Атанасовска
Штип, 2012
576.3
575.1.61
ВЕЛИЧКОВА, Невенка
Цитологија со хумана генетика [Електронски извор] / Невенка
Величкова. - Текст, слики. - Штип : Универзитет "Гоце Делчев",
Факултет за медицински науки, 2012, 152 стр.
ISBN 978-608-4504-78-8
COBISS.MK-ID 92004362
ПРЕДГОВОР
СОДРЖИНА
Јадрен сок..............................................................................................................59
Јадренце (нуклеолус)..........................................................................................59
Хромозоми.............................................................................................................60
Морфологија на хромозомите...........................................................................61
Структурна организација на хромозомите....................................................61
Четковидни хромозоми......................................................................................73
Клеточен циклус..................................................................................................74
Интерфаза.............................................................................................................74
Митоза...................................................................................................................75
Мејоза.....................................................................................................................78
Crossing-over.........................................................................................................83
Гаметогенеза.........................................................................................................84
Сперматогенеза....................................................................................................84
Оогенеза.................................................................................................................85
Апоптоза................................................................................................................87
Вовед во генетиката............................................................................................88
Гени, Генотип и Фенотип...................................................................................89
Генетски код.........................................................................................................95
Синтеза на протеини...........................................................................................96
Транскрипција.....................................................................................................96
Транслација..........................................................................................................99
Множествени или мултипли алeли................................................................101
Резус фактор (Rh)...............................................................................................104
Наследување на квантитативните својства.................................................106
Генетичко оптоварување.................................................................................108
Близнаци.............................................................................................................110
Полов диморфизам............................................................................................111
Барово телце.......................................................................................................112
Полово сврзани болести...................................................................................114
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, Факултет за медицински науки 5
Цитологија со хумана генетика
Видови наследување.........................................................................................117
Ненаследни промени.........................................................................................120
Наследни промени или мутации.....................................................................121
Промени во бројот на хромозомите или нумерички аберации................121
Пренатална дијагноза.......................................................................................124
Дерматоглифи....................................................................................................126
Нумерички хромозомски аберации на половите хромозоми....................127
Клинефертелов синдром или машка хипергоносомија.............................127
Машка хипергоносомија или „супер машки”.............................................128
Хипогоносомија или Тарнеров синдром.......................................................129
Женска хипергоносомија или „супер женски”............................................130
Тестикуларна феминизација...........................................................................131
Вистински хермафродитизам..........................................................................131
Нумерички хромозомски аберации на автосомните хромозоми..............132
Даунов (Langdon-Down) синдром.................................................................. 133
Патау (Patau) синдром......................................................................................135
Едвардсов (Edwardsov) синдром.....................................................................136
Структурни хромозомски аберации..............................................................137
Мутации.......................................................................................................144
Генетички инженеринг.....................................................................................147
Литература..........................................................................................................152
Органски соединенија
/
Слика 1
(Available at http://www.40daydetox.com/blood-sugar-insulin-and-diabetes-day-29/insulin-cell-
receptors/)
Со спојување на две молекули на моносахариди се добива дисахаридот сахароза
или шеќер од шеќерна трска, кој е изграден од еден молекул на гликоза и еден молекул на
фруктоза. За разлика од нив полисахаридите, како јаглехидрати, се изградени од повеќе
моносахаридни единици, истите се помалку растворливи во вода и немаат сладок вкус.
Полисахаридите можат да бидат хомополисахариди, изградени од исти моносахаридни
единици и хетерополисахариди, изградени од различни моносахаридни единици. Многу
значајни и широко распространети хомополисахариди се гликогенот во животинските
клетки и скробот во растителните клетки. И едниот и другиот се изградени од поголем
број на молекули на гликоза и истите се среќаваат како резервни материи во клетките.
При нивното крајно разложување се ослободуваат јаглероден диоксид и вода, и притоа се
ослободува голема количина на енергија. Гликогенот претставува резервен животински
шеќер и истиот се депонира во црниот дроб и во мускулите. Од сето ова можеме да
констатираме дека јаглехидратите претставуваат:
- важен материјал за градбата на клетката;
- енергетски извор;
- нивното присуство условува процеси на катализа и
Слика 2
(Available at: www.medscape.com)
Одредени ткива во организмот, како што е масното ткиво, служат како складиште
на масни материи и истото претставуваа главен извор на енергија на клетките. Масното
ткиво во организмот на човекот е застапено најмногу на кожата во вид на сало. Освен како
резервна материја, мастите имаат структурна и заштитна улога во организмот.
Липоидите се вбројуваат во групата на сложени масни материи, бидејќи во својот
состав имаат и други нелипидни соединенија, како што се: фосфорна киселина,
јаглехидрати и др. Така на пр. фосфолипидите се липопротеини во чиј состав влегува
фосфорната киселина и истите се среќаваат во состав на клеточната мембрана. Во
градбата на клеточната мембрана влегуваат и липопротеидите кои имаат важна улога во
клеточниот транспорт.
Протеините или белковините се најзастапени материи во клетката, со
процентуална застапеност од околу 20%. Протеинскиот молекул главно го сочинуваат
следниве елементи: јаглерод (C), водород (H), кислород (O) и натриум (Nа), а кај некои се
среќаваат и сулфур (S) или фосфор (P). Како макромолекуларни или полимерни
соединенија се изградени од поголем број на мономери меѓусебно поврзани во долга
полипептидна низа. Секој монометар претставува една аминокиселина. Во природата, а
со тоа и во организмите се среќаваат вкупно 20 аминокиселини.
Alanine Ala
Arginine Arg
Asparagine Asn
Aspartic acid Asp
Cysteine Cys
Glutamic acid Glu
Glutamine Gln
Glycine Gly
Histidine His
Isoleucine Ile
Leucine Leu
Lysine Lys
Methionine Met
Phenylalanine Phe
Proline Pro
Serine Ser
Threonine Thr
Tryptophan Trp
Tyrosine Tyr
Valine Val
Histidine
Isoleucine
Leucine
Lysine
Methionine (and/or cysteine)
Phenylalanine (and/or tyrosine)
Threonine
Tryptophan
Valine
Слика 3
(Available at: http://commons.wikimedia.org/wiki/File:Protein-structure.png)
Ако структурата на протеинот се измени под дејство на некои физички или
хемиски фактори, тогаш тој се трансформира во неактивна форма и процесот се нарекува
денатурација (способност да ја менува природата). Одредени протеини имаат способност
по процесот на денатурацијата, под одредени услови, повторно да се вратат во
првобитната состојба, т.е. да се ренатурираат.
Протеините учествуваат во различни функции на клетката, како што се:
- изградба на повеќе структурни елементи на клетката;
- размената на материјата и енергијата;
- размножување и растење;
- овозможуваат различни движења на клетката (контрактилни протеини);
- имаат заштитна функција.
Нуклеински киселини
Слика 4
(Available at: http://www.austincc.edu/emeyerth/dna.htm)
При комплетирање на молекулот на нуклеинските киселини, неминовно е да се
споменат три нивоа на организација на молекулот. Имено, доколку дојде до меѓусебно
поврзување на молекулот на шеќерот со некој од азотните бази во тој случај станува збор
за формирање на нуклеозид. Потоа следува поврзување на нуклозидот со молекулот на
фосфорната киселина, при што се добива нуклеотид. Нуклеотидите претставуваат
основни градбени единици на нуклеинските киселини и истите се одговорни за чување и
пренесување на информациите, како и краткотрајно депонирање и транспортирање на
енергијата. Секој нуклеотид се состои од шеќер пентоза за чиј прв јаглероден атом е
врзана азотна база, а за петтиот јаглероден атом е врзана органска фосфатна група. Во
зависност од присуството на овие пентози (дезоксирибоза или рибоза), постојат и два вида
на нуклеотиди: дезоксирибонуклеотиди и рибонуклеотиди.
Нуклеинските киселини во живата материја се застапени во 1,1%. На нив се должи
животната активност на клетките, размножувањето и пренесувањето на наследниот
материјал. Станува збор за полимери изградени од поголем број на нуклеотиди кои се
поврзани во низа, при што формираат полинуклеотидни вериги. Нуклеотидите во состав
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, Факултет за медицински науки 23
Цитологија со хумана генетика
Слика 5
(Image adapted from: National Genom Research Institute,
Available at: www. proprofs.com)
ДНК
Слика 6
(Available at: http://fourier.eng.hmc.edu/bioinformatics/intro/node3.html)
Митохондријална ДНК
Репликација на ДНК
бази (слика 7). Ваквата репликација, кога се синтетизираат нови вериги врз база на
старите веќе постоечки вериги, се нарекува семиконзервативна репликација.
Слика 7
(Image adapted from: National Genom Research Institute,
Available at: http://www.genome.gov)
Постулатите на ваквата хипотеза ги дале научниците Meselson и Stahl. Двајцата
научници ова го докажале со помош на експеримент на бактеријата Echerichia coli,
одгледувајќи ја на хранлива подлога обележана со радиоактивен изотоп на N15. При нивно
пренесување на хранлива подлога со изотоп N14 веќе во првата генерација констатирана е
хибридна ДНК составена од по една верига од двата различни изотопи, N15 и N14. На овој
начин се докажува дека секоја нова верига е формирана т.е. е комплементарна на старата
верига. Експериментот на Meselson и Stahl претставува првиот и најсилен доказ за
моделот на Ватсон и Крик.
нуклотидот, кој се вградил во полинуклеотидната верига пред тоа. На тој начин истите
претставуваат самокоректорски ензими, со што создаваат висок степен на точност на
репликацијата (грешка се случува на еден од 108 до 109 нуклотиди).
Во расплетувањето на родителските двојни спирали и образувањето на
едноверижни матрици учествуваат три вида на ензими:
- Хеликази, кои ги расплетуваат родителските вериги и создаваат единечни
матрици;
- Хеликс дестабилизирачки протеини (SSB - single strand DNA binding), кои ги
врзуваат со матричните вериги и го спречуваат нивното повторно
спирализирање.
- Топоизимерази, кои ги намалуваат и спречуваат засукувањето на ДНК.
Слика 8
(Available at: http://library.thinkquest.org/C004535/dna_replication.html)
РНК
РНК претставува универзален феномен кај сите живи клетки и тоа кај најголемиот
број на клетки коишто се наоѓаат главно во: цитоплазмата, рибозомите и во јадренцето.
Бонер во 1965 год. содржината на РНК во состав на хромозомите ја нарекува хромозомска
ДНК, и РНК многу повеќе ја има во клетките кои се метаболички активни, т.е. на места
каде што има интензивна синтеза на протеини. Во состав на РНК влегуваат 4-6 илјади
нуклеотиди. Според резултатите добиени од рендген-дифракционите анализи се
констатирало дека во молекулот на РНК можат да се најдат и структури на двојна спирала,
во кои региони фактор на стабилизација се токму водородните врски. Во ваквите региони
не станува збор за две комплементарни полинуклеотидни низи, туку истите се формирани
со извивање на една полинуклеотидна верига. Имено, азотните бази на една иста верига од
РНК имаат афинитет за меѓусебно поврзување, при што формираат региони во
двоверижна или хеликсна структура. Постојат повеќе видови на РНК, кои суштински се
разликуваат помеѓу себе: по местото во клетката, бројот на нуклеотидите, како и по
структурата и функцијата во внатреклеточните процеси во клетката.
Слика 9
(Available at: http://library.thinkquest.org/C004535/dna_replication.html)
Транспортна (т-РНА) е застапена со 10%-15% и служи за транспортирање на
слободните аминокиселини до рибозомите, каде што се поврзуваат во долги
полипептидни вериги. Молекулите на т-РНК се релативно мали и истите се изградени од
70-80 нуклеотиди, која се синтетизира во јадрото. Во последно време со сигурност може
да се каже дека е познат редоследот на нуклеотидите за повеќето т-РНК. Со помош на
современите методи проучена е и секундарната градба на т-РНК и се констатирало дека
ваквата конфигурација многу потсетува на лист од детелина, на чијшто дводимензионален
модел се издвојуваат неколку активни места. Нејзината функција е да ги пренесува
аминокиселините до определено место на и-РНК и рибозомите, каде што се одвива
синтезата на протеините. Секој молекул на т-РНК обично се врзува за една
аминокиселина. За некои аминокиселини постојат два или три вида на т-РНК. За вкупно
дваесетте аминокиселини постојат 60 видови на т-РНК. Веригата на т-РНК има четири
петелки од кои на едната се наоѓа сегмент со три нуклотиди означени како антикодон,
преку кој молекулот на т-РНК се врзува за кодонот на и-РНК во текот на процесот на
синтеза на протеини (слика 10). На спротивната страна од антикодонот на 3’ крајот се
Слика 10
(Available at: http://universe-review.ca/F11-monocell.htm#RNA)
Клеточна организација
Клетката претставува основна организирана единица на живата материја, која е
способна за саморепродукција и биосинтеза. Во секоја жива клетка се одвиваат голем број на
многу сложени и меѓусебно синхронизирани процеси, кои обезбедуваат одржување на
нејзината структура и останатите животни функции. Со делбата на клетката, таа своите
структурни и функционални особини ги пренесува на следната генерација. Секоја клетка се
одликува со следниве особини:
- сите информации неопходни за одржување и контролирање на структурата и
функцијата на клетката се запишани во нејзините гени;
- сите клетки поседуваат своја метаболичка машинерија, т.е. метаболички систем,
преку кој клетката се снабдува со енергија од околината и истата ја користи за различни
животни функции;
- поседува полупропустлива ограда спрема надворешната средина, т.е. клеточна
мембрана преку која ги прима или ги исфрла сите потребни, односно непотребни материи од
клетката.
Основен механизам кој овозможува нормална функција на сите клетки е
хомеостазата. Под терминот хомеостаза подразбираме одржување на постојана внатрешна
рамнотежа во организмот. Клод Бернард во 1857 год. прв го промовирал терминот
внатрешна средина. Механизмот за обезбедување на услови за хомеостаза е преку
формирање на т.н. негативни повратни врски. Тоа значи дека ако некој супстрат е застапен
во поголемо количество во клетката истиот треба да се намали или обратно, ако го нема во
доволни количини треба да се зголеми неговото присуство во клетката.
Формите на организација на клетките се претставени како клеточни и неклеточни.
Во групата на неклеточни форми спаѓаат вирусите и истите немаат клеточна градба и
диференцирани органели. Додека, во групата на клеточните форми спаѓаат прокариотните и
еукариотните организми и истите имаат клеточна градба.
Слика 11
(Available at: www.humanillnesses.com/General-Information-and-Infectious-Diseases-A-Co)
Прокариоти
топчести (коки),
стапчести (бацили),
спирални (спирили и спирохети).
Освен овие форми, има и многу други т.н. преодни форми. Такви се на пример:
кокобацили,
вибриони,
стрептококи,
стафилококи итн.
Еукариоти
Морфологија на клетката
Големина на клетката
Големината на клетката може да варира, тоа значи дека различни типови на клетки
имаат различна големина.
Големината на клетките се изразува во мерни единици nm или µm.
Многу мали димензии има Leismania и тоа 2µm. Просечната големина на клетките
изнесува 7-20 µm. Белите и црвените крвни клетки спаѓаат во групата на исклучиво мали
клетки, за разлика од нервните клетки, кои можат да достигнат димензија и до 80-100 µm,
напречнопругастите мускулни клетки (m.musculus sartotius) кои достигнуваат димензии и до
12 cm. Големината на клетките за секој организам претставува константна големина.
Одредени клетки се видливи на светлосен, додека други клетки се видливи на електронски
микроскоп. Во контекст на ова на следнава слика е прикажан соодносот, или поточно
големината на различни органели и клетки видливи на СМ или на ЕМ (слика 12).
Слика 12
(Images from Purves et al., Life: The Science of Biology, 4th Edition, by Sinauer Associates)
(аvailable at: www.sinauer.com) and WH Freeman (аvailable at: www.whfreeman.com)
Сликата покажува дека клетките можат да се изучуваат само со помош на
електронски микроскоп. Исклучок прават клетките на лимонот, влакната на ленот, нервните
клетки на животните, како и јајцата на птиците кои можат да се забележат и со „голо око“
(слика 13).
Слика 13
(Images from Purves et al., Life: The Science of Biology, 4th Edition, by Sinauer Associates)
(аvailable at: www.sinauer.com) and WH Freeman (аvailable at: www.whfreeman.com)
Слика 14
(Image is from Molecular Expressions website, available at: http://micro.magnet.fsu.edu/index.html)
Клеточна мембрана
Сите клетки на својата површина имаат една многу тенка еластична мембрана, позната
под името клеточна мембрана или плазмалема. Ваквата структура на клетката и овозможува
главно заштита и контакт со надворешната средина.
Мембраната има клучно значење за постоењето на клетката како индивидуален систем.
Истата претставува полупропустлива бариера т.е. селективен филтер, кој овозможува
одржување на постојана разлика во јонската концентрација на материите, кои се наоѓаат
внатре и надвор од клетката. На тој начин клеточната мембрана обезбедува услови за постојан
опстанок на клетката. Освен тоа, со помош на клеточната мембрана клетката комуницира со
надворешната средина и реагира на променетите услови во неа. Покрај надворешна клеточна
мембрана, клетката поседува и внатрешна клеточна мембрана со која се завиткани повеќето
клеточни органели, како што се: ендоплазматичен ретикулум, Голџи систем, лизозоми,
пероксизоми и др. Клеточната мембрана има напречен пресек од 7,5-10 nm, и не може да се
забележи со светлосен микроскоп. Гледана на електронски микроскоп таа има триламинарна
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, Факултет за медицински науки 46
Цитологија со хумана генетика
градба, изградена од два надворешни и еден внатрешен слој. Ваквиот изглед е резултат на
различниот афинитет на хидрофилните делови на мембраната, како и на нејзиниот
хидрофобен слој спрема солите на тешките метали, при боењето на ултратенките пресеци.
Врз основа на хемиската организација на клеточната мембрана, изграден е и флуид-
мозаичниот (течно-мозаичниот) модел во 1972 год. од страна на Сингер и Николсон, како
најсоодветен модел за структурната градба на клеточната мембрана. Според него клеточната
мембрана се состои од три типа на органски соединенија: липиди, протеини и карбохидрати.
Липидите зафаќаат 50% од целокупната маса на мембраната. Во услови на водена
средина липидите спонатано формираат липиден двослој, во кој се разликуваат поларни и
неполарни делови (слика 15). Станува збор за хидрофилен и хидрофобен дел на липидите.
Надворешниот дел е обично хидрофилен, додека внатрешниот дел е хидрофобен. Ваквата
липидна структура ја сочинува базичната структура на мембраната. Кај сите животински
клетки липидниот слој главно го сочинуваат молекулите на фосфолипидите, а помалку
молекулите на холестеролот. Имено, тој претставува една третина од вкупното количество на
липиди на мембраната. За некои липидни молекули од надворешната страна се врзани
карбохидратни сиџири, формирајќи на тој начин гликолипиди. Липидниот двослој, вака
опишан, за првпат е откриен од страна на Гортел и Грендел во 1925 год.
Слика 15
(Image is from Biochemistry-ID: 1152796685.Bc, available at:
http://www.madsci.org/posts/archives/)
Протеините кои влегуваат во состав на клеточната мембрана во најголем дел се од
глобуларен тип. Во состав на клеточната мембрана постојат два типа на протеини: површински
- врзани за внатрешноста или надворешноста на липидниот двослој и интегрални - вклопени
во липидниот двослој. Само некои интегрални протеини се интегрирани по целата дебелина на
мембраната и истите се познати под името трансмембрански интегрални протеини (слика 16).
Површината на интегралните протеини, исто така се одликува со постоење на хидрофилен и
хидрофобен дел, во зависност од тоа дали се врзуваат за хидрофилниот или хидрофобниот дел
на липидите во состав на клеточната мембрана. За разлика од нив површинските протеини
имаат само хидрофилна површина.
Слика 16
(Image is from Biochemistry-ID: 1152796685.Bc, available at:
http://www.madsci.org/posts/archives/)
За разлика од липидите кои ја одредуваат базичната структура на мембраната, протеините
ја одредуваат функцијата на клеточната мембрана и на истата и даваат еластичност. Имено,
функцијата на протеините во состав на клеточната мембрана е следнава:
- учествува во транспортните активности на мембраната;
- претставуваат ензими;
- имаат улога на рецептори;
- овозможуваат поврзување на клеточната мембрана за други клетки;
- ги препознаваат антигените супстанци и туѓите клетки итн.
Функционално гледано поактивните мембрани вклучуваат поголем процент на протеини
во себе, отколку послабо активните мембрани. Карбохидратните молекули во составот на
клеточната мембрана се главно од типот на олигополисахариди, ковалентно врзани за
протеините или липидите. Карбохидратната компонента во составот на клеточната мембрана
учествува со 2-10%. Токму ваквиот тенок слој на клеточната мембрана е познат под името
гликокаликс. Ваквата структура е особено присутна во ентероцитите (епителните клетки од
луменот на цревата). Се смета дека гликокаликсот има првенствено заштитна функција,
меѓутоа истиот учествува и во процесите на меѓусебното распознавање на клетките, како и во
меѓуклеточната комуникација, има рецепторска, ензимска и адхезивна функција во клетката.
Преку клеточната мембрана клетката остварува заемно распознавање меѓу сродните клетки и
сврзувањето на сродните ткивни комплекси.
Ендоцитоза
Трансцитоза
Проста дифузија Олеснета дифузија
Фагоцитоза
Слика 17
(Аvailable at:http://www.emc.maricopa.edu/faculty/farabee/biobk/
Протоплазма
Цитоплазма
Хијалоплазма
Цитоплазматични органели
Јадро
Слика 18
(Аvailable at:http://www.macroevolution.net/prophase.html)
Геномот на сите еукариотски клетки е сместен токму во оваа органела со двојна
мембрана позната и под името нуклеус. По својата функција јадрото се смета за архив на
клетката, бидејќи во него се сместени сите нејзини генетски информации запишани во
структурата на една или повеќе ДНК молекули. На секое јадро во периодот на интерфаза се
разликуваат следниве структури: јадрена мембрана, јадрена плазма или нуклеоплазма, која го
исполнува внатрешниот простор на јадрото и во која се наоѓаат јадренцето, хроматинот и
јадрените рибозоми (слика 18). Во нуклеоплазмата се наоѓаат различни јони, молекули на
вода, аминокиселини и протеини.
За геномската ДНК на еукариотите е карактеристично што е поврзана со
протеински молекули познати под името хистони, кои имаат значајна улога во просторното
организирање на овие молекули. Покрај хистоните за молекулот на ДНК се поврзани и
нехистонски молекули. Ваквите протеини учествуваат во процесите на контрола на
транскрипцијата, репликацијата, во организирање на рибозомалните субединици и др. Ваквиот
нуклеопротеински комплекс со заедничко име се означува со терминот хроматин (од грч. збор
хрома = боја) и истиот зафаќа голем дел од јадрото. Хроматинот може да постои во две форми,
во зависност од тоа дали клетката се наоѓа во интерфазен период или во фаза на митоза.
јадрена обвивка
јадренце
нуклеарни пори
хромозоми хроматин
Слика 19
(Аvailable at:http://www.dynamicscience.com.au/tester/solutions/biology/cell/nucleus.html)
Слика 20
(Image adapted from Pante N, and Aebi, U. (1995) Toward a molecular understanding of the
structure and function of the nuclear pore complex. Int Rev Cytol 162B:225–255.Аvailable at:
http://physrev.physiology.org/content/81/1/1.full)
цитоплазматични филаменти
цитоплазматичен прстен
надворешна мембрана
внатрешна мембрана
нуклеарен прстен
нуклеарна кошница
дистален прстен
Слика 21
(Image adapted from Pante N, and Aebi, U. (1995) Toward a molecular understanding of the
structure and function of the nuclear pore complex. Int Rev Cytol 162B:225–255.Аvailable at:
http://physrev.physiology.org/content/81/1/1.full)
► Јадрен сок
Јадрениот сок уште е познат под името кариоплазма или нуклеоплазма. Во него се
сместени нуклеолусите, рибозомите и хроматинскиот материјал. Се смета дека хроматинот не
плива во ваквиот јадрен сок, туку тој е прицврстен за протеинска мрежа или решетка, која
служи како еден вид на динамична структура која овозможува одвивање на важни процеси од
клеточниот циклус. Јадрениот сок претставува многу динамична и променлива структура од
јадрото, каде што се сместени нехистонски протеини, ензими и други протеини. Јадрениот сок
главно влијае на активноста на гените, процесот на синтеза кај протеини, а со тоа и на
нуклеоцитоплазматичниот сооднос.
► Јадренце (нуклеолус)
Јадренцето или нуклеолусот кај повеќето еукариотски клетки јасно се забележува за
време на интерфаза, а се губи во текот на митоза. На светлосен микроскоп се препознава како
рефлекторно тело кое интензивно се бои со базични бои и обично е ексцентрично поставено.
На ултратенките пресеци се гледа дека нуклеолусот не е ограничен со мембрана. Бројот на
нуклеолусите е генетски детерминиран, обично хаплоидните клетки имаат по еден нуклеолус,
додека диплоидните клетки по два нуклеолуса. Тоа значи дека бројот на јадренцето корелира
со бројот на хромозомските гарнитури во јадрото.
Во клетките каде што има екстремно висока потреба од протеини т.е. рибозоми во тој
случај бројот на јадренцата се зголемува во рамките на една клетка. Зголемувањето на
димензиите на јадренцата е морфолошка карактеристика за клетките, кои се наоѓаат во фаза на
растење или пролиферација. Токму во таква состојба се клетките на ембрионот и на фетусот.
Постои енормно физиолошко зголемување на големината на јадренцето кај патолошки
изменети клетки, како што се клетките на малигните тумори кои се карактеризираат со
интензивен раст и брзи делби.
Хромозоми
Морфологија на хромозомите
протеини имаат структурна улога, бидејќи имаат способност да ја пакуваат ДНК молекулот во
хроматинот на јадрото и до неколку микрометри во дијаметар.
За разлика од хромозомите на прокариотите, хромозомите кај еукариотите имаат
посложена градба. Имено, во состав на хормозомите се констатира присуство на т.н.
нуклеопротеинско влакно или нишка составена од ДНК, како и протеини хистони и нехистони,
во однос 1:1. Во состав на хромозомот влегуваат и бројни ензими, како што се: полимерази,
ендонуклеази и лигази, одговорни за одржувањето на нормалната структура на хромозомите.
Молекулот на ДНК е спирално свиткана околу т.н. јадра од хистонски молекули. Ваквите
структури на ДНК и хистоните се познати под името нуклеозоми (слика 23). Улогата на
хистоните е да овозможат поголема стабилност на хромозомите и се од особена важност за
активноста на гените.
Со понатамошно спирално свиткување на ДНК заедно со нуклеозомите, синџирот
дополнително се скратува и се задебелува, при што се добива структура позната под името
хроматинско влакно. Структурни и функционални единици на хромозомите се токму
внатрешните хромозомски фибрили, наречени хромонеми. Молекуларната организација на
хромозомите покажува дека хромонемите се изградени од веќе споменатите структурни
подединици, нуклеозоми. Хромонемата или хроматинските фибрили имаат изглед на бројаници
составени од поголем број на нуклеозоми, со пречник од 10 nm, способни да се кондензираат во
повеќе нивоа. Понатамошното скратување и задебелување доведува до компримирање на
хроматинското влакно со дебелина од 700 nm и ваквата структура се нарекува хромозом
(слика 23).
Хромозомите по синтетскиот период во интерфазата се изградени од две хроматиди
(најдобро видливи во метафаза), додека секој анафазен хромозом е изграден од спирално
извиткана хромонема и матрикс. Хромонемата има способност да се спирализира и
деспарилизира, со што се менува должината на хромозомите. По должината на хромонемата се
забележуваат јазловидни задебелувања наречени хромомери, чијшто број, димензии и распоред
се постојани за секој хромозом. Една од најважните својства на хромозомот е неговата
способост за репликација или негово структурно удвојување од еднохроматидна структура во
двохроматидна структура.
Слика 22
Слика 23
(Image is from Essential Cell Biology, by Alberts et al., 1998, Available at:
http://homepage.smc.edu/hodson_kent/Cells/division/chromatin3.htm)
Слика 24
(Image is from Genetics Home Reference,
Available at http://ghr.nlm.nih.gov/handbook/basics/chromosome)
Центромерот игра важна улога во делбените процеси на хромозомите. Со помош на
центромерот хромозомите, при делбата на клетката, се поврзуваат со нишките на делбеното
вретено, со што се овозможува движење на хромозомите кон половите и нивен правилен
распоред во двете новодобиени јадра. Доколку отсуствува центромерот, хромозомите ја губат
способноста за делба и движење кон половите во текот на делбениот процес. Ултравиолетовите
зраци можат да предизвикаат разградување на центромерот и таквите хромозоми се неспособни
за делба и движење и на крајот исчезнуваат во цитоплазмата. Примарното стеснување или
Слика 25
(Available at: http://kimwootae.com.ne.kr/apbiology/chap8.htm)
Гледано под електронски микроскоп, кинтетохорот кај човек покажува трислојна или
триламинарна градба (слика 26). Тоа значи дека се состои од три дела: надворешен дел и
внатрешен дел, кои се електронски погусти и среден дел, кој е послаб и поблед во однос на
претходните два. За кинетохорот се прицврстуваат 4-40 микротубули и нивниот број е
определен од големината на кинетохорот. Микротубулите навлегуваат во кинетохорните
структури под агол од 90°.
хроматиди
кинетохор,
кинетохорни центромер
микротубули
хроматински
надворешна мембрана
влакна
(40-60 nm)
внатрешна мембрана
(40-60 nm)
Слика 26
(Available at: http://kimwootae.com.ne.kr/apbiology/chap8.htm)
Tijo и Levan (1956) утврдиле дека телесните клетки на човек содржат 46 хромозоми
и истите се класифицирани во седум групи (слика 27):
А - или прва група, ја сочинуваат три пара најголеми хромозоми. Првиот и
третиот хромозом се метацентрични, а вториот е субметацентричен. Досега е утврдено
дека на хромозомот број 1 се лоцирани околу 20 гени, меѓу кои генетски локуси
одговорни за Rh-факторот.
B - или втора група ја сочинуваат два пара субметацентрични хромозоми со
нешто помали димензии. Утврдено е дека на четвртиот пар од хромозоми се наоѓаат
лоцирани генетските локуси, кои ја детерминираат молекулот на хемоглобинот.
C - или трета група ја сочинуваат седум пара субметацентрични хромозоми со
средни димензии меѓу кои спаѓа и X-хромозомот. На деветтиот хромозом од оваа група се
наоѓа генот одговорен за ABO - системот.
D - или четврта група ја сочинуваат три пара акроцентрични хромозоми кои
најчесто поседуваат сателити на кусите краци.
Е - или петта група ја сочинуваат три пара субметацентрични хромозоми со
помали димензии од претходните.
F- или шеста група ја сочинуваат два пара најмали метацентрични хромозоми.
G - или седма група ја сочинуваат два пара акроцентрични најмали хромозоми,
меѓу кои спаѓа и Y-хромозомот и кој од другите хромозоми се разликува по тоа што нема
сателити.
Слика 27
(Available at: http://www.nyufertilitycenter.org/infertility_treatment/miscarriage)
Секој животински вид се одликува со одреден број на хромозоми и таквиот број не
зависи од неговите телесни димензии.
Збирот на сите хромозоми во телесните клетки на организмот, е карактеристичен
по својата морфологија и структура, познат е под името кариотип. Кариотип може да се
изработи од секое ткиво кое содржи јадрени клетки.
Ако хромозомите се поделат во групи, се исечат и претстават со микрофотографии
се добива кариограм. Направениот кариограм, претставен шематски се означува со
терминот идиограм.
Збирот на сите хромозоми во рамките на една клетка може да се поистовети со
терминот хромозомска гарнитура или сет. Кај животните и растенијата има два типа на
хромозомски гарнитури, хаплоиден (n) и диплоиден (2n). Сите организми кои се
размножуваат полово имаат гамети со хаплоиден број на хромозоми, додека соматските
клетки имаат диплоиден број на хромозоми.
Хаплоидниот број на хромозоми е основен број кој содржи комплетен сет на гени и
истиот се означува со терминот геном. Тоа значи дека во јадрото на зиготот, како и во
сите останати соматски клетки се наоѓаат два генома по потекло од двата родитела.
Притоа мора да се напомене дека кај диплоидните соматски клетки, секој хромозом од
едната хаплоидна гарнитура има соодветен партнер на хромозом од другата хромозомска
гарнитура. Таквите парови од хромозоми се нарекуваат хомологни хромозоми и истите
се еднакви по форма и големина и носат слични или исти гени.
Интересот за хромозомите се зголемува по 1956 година, кога е одреден бројот на
хромозомите кај човек (до тогаш се сметал дека тој изнесува 48). Оттогаш па наваму со
сигурност се знае дека тој број е 46, од кои 22 пара се т.н. автосоми, а еден пар се полови
хромозоми. Кај женските организми половите хромозоми како што веќе напоменавме, се
означуваат со XX, додека кај машките организми половите хромозоми се означуваат со
XY (слика 28).
Слика 28
Хуманите хромозоми се изучуваат со низа цитогенетски техники. Со помош на
овие техники или методи се изучува структурата на хромозомите, се утврдуваат различни
евентуални нумерички или структурни аберации и др. Препарати за анализирање на
хромозоми може да се добијат само од клетки во делба и тоа во метафаза. Клетки кои
можат да се употребат за правење на вакви препарати се следниве: клетки од коскената
срж, лимфоцити од периферна крв, култура на клетки од врзивно ткиво, базални клетки од
епидермис, клетки од коренот на влакното, клетки на гонадите и др. Најчесто
употребувани клетки за анализа на хромозоми во хумана популација се лимфоцитите од
периферната крв. Наједноставна метода за кариотипизација е методата на Morhead (слика
29). Лимфоцитите се диференцирани клетки и за да се индуцира делба тие мора да се
третираат со еден мутаген препарат, фитохемаглутелин (супстанција која се добива од
Слика 29
- Четковидни хромозоми
Слика 30
(Available at: http://kc.njnu.edu.cn/swxbx/shuangyu/8.htm)
Клеточен циклус
- Интерфаза
ДНК се удвојува во овој период т.е. од 2c се добива 4c, со напомена дека бројот на
хромозомите останува ист.
- G2 - постсинтетски период е најкраток период од интерфазата, во кој повторно се
акумулираат протеини, липиди, јаглехидрати и ДНК. Сите енергетски резерви се
акумулираат во ATП. Се претпоставува дека токму во овој период дел од протеините се
вклучуваат во структурата на хромозомите, а дел од протеините се инкорпорираат во
структурите на делбеното вретено.
Временски гледано интерфазата е 2/3 од целиот клеточен циклус.
По овие биохемиски процеси на клеточно ниво следи клеточна делба, чиј краен
резултат е рамномерно распоредување на ново формираните ДНК вериги (хеликси), во
секоја од двете новоформирани клетки. Завршната фаза од еден клеточен циклус на секоја
соматска клетка е клеточната делба митоза. Имено, делбата на клетката опфаќа два
процеси кои меѓусебе се синхронизирани и временски тесно поврзани, а тоа се делба на
јадрото и делба на цитоплазмата. Делбата на јадрото може да биде означена со терминот
митоза или мејоза во зависност од тоа дали се работи за делба на соматски или полови
клетки.
Митоза
Слика 31
(Image is from Iupui Department of Biology, Cell Reproduction: Mitosis and Cancer,
Available at http://www.biology.iupui.edu/biocourses/N100/2k4ch8mitosisnotes.html)
Мејоза
Слика 32
(Available at http://www.biyolojiegitim.yyu.edu.tr/k/leptnm/pages/leptoten_jpg.htm)
Слика 33
(Diagram and text captured from Molecular Biology of The Cell Fifth Edition, page 1274,
Available at http://popchromgenet.wikispaces.com)
Слика 34
(Available at http://www.glogster.com)
Споредба на митоза и мејоза
Активност Митоза Мејоза
ДНК репликација Интерфаза Интерфаза
Број на делби на кл. Една Две; нема репликација на ДНК
меѓу двете мејотски делби
Произведени клетки Две ќеркини клетки со Гамети со хаплоиден број на хромозоми
диплоиден број на
хромозоми
Функционирање Се врши за време на Гаметите се продуцираат со цел да се изврши
растење или репродукција кај единките
репарација на ткивото
Кросинговер
рекомбинација од 1%. Ако два гена се оддалечени 20 морганиди тоа значи дека 20% од
формираните гамети се со кросинговер.
Ако во текот на мејоза е присутен само еден кросинговер, на крајот од мејозата
меѓу четирите гамети, две ќе бидат со рекомбинација на родителските наследни фактори и
тоа се т.н. кросинговер гамети, додека две од нив се без рекомбинација и се наречени
некросинговер гамети.
Определувањето на честотата на кросинговерите меѓу различните гени од една
сврзана група на гени има посебно значење за правилното објаснување на сите
отстапувања, кои настануваат при наследувањето на одредени својства на потомството.
Врз база на добиените својства од кросинговерот се конструира генетска карта на
хромозомите и на истата се прикажани распоредот и растојанието на гените по должината
на хромозомите. Генетската карта кај човекот е најдобро проучена на X –хромозомот.
Гаметогенеза
Сперматогенеза
За разлика од оогнезата, сперматогенезата е континуиран процес, кој обично трае
60-65 дена. Сперматогенезата како процес се одвива во епителот на семените меурчиња.
Имено, за време на пубертетот кај машките деца сперматогониите по 30 митотски делби
поминуваат во стадиум на примарни сперматоцити (слика 35). Најнапред на мејотска
делба подлежат примарните сперматоцити и од нив настануваат две секундарни
сперматоцити. Тие подлежат на втора мејотска делба и од секоја секундарна мејоцита се
добиваат по две сперматиди со хаплоиден број на хромозоми.
Сперматидите не се зрели полови клетки и истите подлежат на дополнителен
процес на созревање. Ваквиот процес на диференцијација на сперматидите во зрели
сперматозоиди се нарекува спермиогенеза. При овој процес особено се активни следниве
органели: Голџиевиот апарат, кој учествува во активирањето на акрозомот на
Слика 35
(Available at:http://faculty.southwest.tn.edu/rburkett/A&P2_reproductive_system_lab.htm)
Оогенеза
мејотска делба се до пубертетот на женскиот организам. Тоа значи дека еден ооцит може
да биде во оваа фаза од 10 до 50 год. Во генеративниот период кај секоја жена само по
неколку примарни ооцити ги продолжуваат наредните фази од мејозата- 1. На крајот од
мејоза- 1, од секоја примарна ооцита се добива секундарна ооцита во која продолжува
мејозата- 2 и уште едно поларно телце, кое пропаѓа најчесто. Интересно е тоа што
секундарната ооцита минува низ профаза- 2 и метафаза-2 и тука запира. По ова
секундарната ооцита го напушта овариумот и навлегува во јајцеводот. Евентуалното
навлегување на сперматозоидот ја поттикнува да ги заврши и преостанатите две фази од
мејоза- 2, за на крајот да се добие зрела ооцита и поларно телце, кое пропаѓа.
Токму поради фактот што примарните ооцити остануваат во јајниците подолг
временски период, и во тоа време се подложни на низа физички, биохемиски и
физиолошки фактори, доведува до низа неправилни делби на ооцитите, а со тоа и појава
на зголемен ризик на хромозомски абнормалности, особено кај постарите жени.
Слика 36
(The diagram of oogenesis is from
http://www.biosci.uga.edu/almanac/bio_103/notes/apr_8.html.)
Апоптоза
Спонтаното физиолошко изумирање на клетката го означуваме со терминот
апоптоза (apo-лист, ptosis-отпаѓа). Тоа е процес со кој во адултниот организам се одржува
нумеричка рамнотежа во клеточните популации, односно се отстрануваат остарените и
истрошени клетки и клетките, кои ја извршиле својата функција. Овој процес уште се
нарекува и програмирана смрт на клетката и истиот е строго контолиран од одредени
фактори кои овозможуваат самоуништување, а клетката низ точно одредени етапи и во
строго зачувана клеточна мембрана. Клетките кои минуваат низ стадиум на апоптоза не
предизвикуваат уништување на околните клетки и затоа процесот на апоптоза многу често
се поистоветува со терминот клеточно самоубиство. Ваквиот процес многу се разликува
од процесот некроза кој обично настанува, како резултат на повреда на клетките или
инфекција на клетките предизвикана од некој хемиски агенс. Гените кои учествуваат во
апаоптозата не се гени убијци и тие сами по себе не предизвикуваат смрт во една витална
клетка, туку можат да се одговорни за некои други битни функции за клетката. Но,
нивната прекумерна експресија, нивното прекумерно активирање може да доведе до
процесот апоптоза.
Апоптозата како процес настапува во неколку етапи или фази.
Првата фаза е наречена фаза на иницијација во која клетката ги добива сигналите
за активирање на апоптозата и во оваа фаза не се забележуваат никакви морфолошки
промени во клетката.
Втората фаза е наречена ефекторна фаза и во неа се одвиваат низа на биохемиски
реакции, при што настануваат низа структурни нарушувања во клетката, но и понатаму не
се забележуваат морфолошки промени во клетката.
Трета фаза е наречена фаза на деградација, се случува веднаш по нарушувањето на
сите структурни компоненти на клетката во втората фаза и при оваа фаза видливи се низа
морфолошки промени во клетката, како што се: губењето на меѓуклеточните врски со
останатите клетки, набирање на плазмалемата, кондензација на хроматинот под јадрената
обвивка, како и фрагментирање на ДНК.
Интересно за крајната фаза од апоптозата е набирањето на плазмалемата и
формирањето на т.н. протрузии. Тоа се делови од цитоплазмата, кои содржат клеточни
органели и кои можат целосно да се издвојат од клетката како апоптични телца. Најчесто
појавата на апоптоза е проследена и со активирање на процесот фагоцитоза од страна на
околните клетки, сè со цел отстранување на сите клеточни остатоци од изумрените клетки.
Сите овие морфолошки промени на клетките, кои минуваат низ стадиум на апоптоза
можат најдобро да се забележат на електронски микроскоп (за детални информации на
процесот на апоптоза ќе се запознаете по курсот за Цитологија).
Нормалниот апоптичен процес е карактеристичен за секоја жива клетка, но
неговото нарушување денес се поврзува со следните болести: Алцхајмеровата болест,
канцерот, различни автоимуни болести и др.
Вовед во генетиката
Во 1903 год. Sutton предложил дека гените кај вишите организми се наоѓаат на
хромозомите. За првпат терминот ген е воспоставен од страна на биологот Johannsen во
1909 год. и овој термин се употребува и денес.
Гените се секвенци од нуклеотидни парови, лоцирани по должината на
хромозомите и истите се одговорни за синтезата на одредени протеини. Со други зборови,
гените претставуваат сегменти од ДНК. За секое наследно својство, кое ние обично го
наследуваме од нашите родители, постојат по два гени. Благодарение на различноста на
гените за едно исто својство се јавува хетерогеност на својствата кај различни луѓе. Со
други зборови, функцијата на гените се гледа во тоа шт, тие имаат способност да се
самореплицираат (способност која се надоврзува на способноста за саморепликација на
молекулата на ДНК), повремено да се менуваат (мутација) и овозможуваат контрола на
процесот на создавање на протеини. Секој ген, како фрагмент од ДНК се состои од 400 до
2.000 нуклеотиди.
Мендел во своите истражувања заклучил дека во гаметите на родителските форми
мора да постојат некои материјални фактори одговорни за одредени закономерности при
распределување на наследните особини кај потомците. Во 1904 година Boveri и Sutton ја
утврдиле врската помеѓу наследните фактори и хромозомите, а во 1911 год. (Morgan) секој
ген има определено место во хромозомот.
Секој ген, како фрагмент од ДНК, се состои од 400 до 2.000 нуклеотиди кои имаат
точно определено место и распоред по должината на хромозомите. Од друга страна,
молекулот на ДНК има способност да варира и да се менува, со што пооддалечени делови
на еден ист ген можат да се вршат рекомбинации, со што се докажува дека генот не е
неделива единица. Тоа значи дека редоследот на нуклотидите во еден ист ген кај различни
организми од еден ист вид не мора да биде потполно еднаков, со што потенцијално се
создаваат различни детерминирани способности на самиот ген. Таквите различни форми
на постоење на еден ист ген се нарекуваат алели. Гените, како основни единици на
наследувањето имаат линеарен распоред по должината на хромозомите. Генетски локус е
место каде што е лоциран генот на хромозомот. Секој хромозом поседува над илјада такви
генетски локуси, а распоредот и бројот на гените на еден хомологен хромозом е
идентичен. Од таа причина автосомните гени се сместени во парови (еден од мајката, а
другиот од таткото).
Слика 37
(Available at: http://www.answersingenesis.org/articles)
Улогата на генот регулатор се состои од производството и контролата на еден
специфичен протеин познат под името репересор (слика 38). Од една страна репресорот
има способност да се врзе за операторот, а од друга страна има способност да се врзе за
индукторот. Репресорот е всушност регулатор во смисла што неговото присуство или
врзување со операторот ја сопира транскрипцијата. Транскрипцијата започнува од едно
специфично место во оперонот познато под името промотор. За тоа место се врзува РНК
полимеразата, која има способност да се врзе за кој било дел од ДНК. Доколку е слободен
генот оператор, кој е лоциран, покрај промоторот транскрипцијата може да започне. Во
спротивно, доколку за генот оператор е врзан генот репресор, тогаш се кочи РНК
полимеразата и процесот на транскрипција престанува. Ваквиот процес се случува во
клетки кои се наполно заситени со одредени протеини (пр. ензимот лактоза, види слика
подолу!) и истите дејствуваат на генот регулатор да произведе цитоплазматичен репресор,
кој се вклучува на местото на операторот предизвикувајќи инхибиција на процесот на
транскрипција.
Слика 38
Генетски код
Секвенцата на нуклеотиди се преведува во секвенца на аминокиселини. Триплетот
од нуклеотиди кој е одговорен за синтезата на одредени аминокиселини се нарекува
генетски код. Ако еден нуклеотид е одговорен за синтезата на една аминокиселина,
тогаш логично е да се кодираат само четири аминокиселини, додека ако се потребни два
нуклеотида, тогаш ќе се кодираат само шеснаесет аминокиселини. Сите аминокиселини
освен метионинот и триптофанот имаат повеќе од еден кодон. Тоа значи дека повеќе
синонимни кодони се групирани во групи и се одговорни за синтезата на една иста
аминокиселина (слика 39).
Кодоните UUA, UAG и UGA не се кодирани за синтеза на ниту една
аминокиселина. Нивното појавување во текот на синтезата на протеините или т.н.
транслација условува крај на процесот на синтеза на протеини. Од оваа причина ваквите
кодови се наречени бесмислени (non sense) или стоп кодони.
(Слика 39)
(Available at:
http://classes.midlandstech.edu/carterp/Courses/bio225/chap08/Microbial%20Genetics%203.htm)
Синтеза на протеини
Транскрипција
познати под името стоп кодони, т.е. не се кодови за ниту една аминокиселина и со
нивното појавување процесот на синтеза на протеини запира.
Првиот чекор во синтезата на протеините е препишувањето на генетската
информација од ДНК, т.е. синтеза на соодветна РНК молекула по калапот, или примерот
на ДНК молекулот. Ваквиот РНК молекул, кој ја пренесува информацијата од ДНК во
јадрото, до местото на синтеза на протеините во цитоплазмата, се нарекува и- РНК или м-
РНК. Мора да посочиме дека на процесот транскрипција му претходи процес на
репликација на ДНК и синтеза на нуклеотиди.
Подредените рибонуклеотиди се спојуваат со помош на ензимот РНК полимераза
(слика 40), кој ги хидролизира нуклеотидните трифосфати и притоа се ослободуваат две
од терминалните фосфорни групи, а се спојува преостанатиот фосфат со ковалентна врска
со рибозата на соседниот нуклеотид. Независно што молекулот на ДНК се состои од две
вериги, сепак при секоја транскрипција се формира по една РНК молекулот. Која од двете
страни на ДНК молекулот ќе се користи, како пример за самата транскрипција зависи од
една специфична секвенца од ДНК нуклеотиди, која се нарекува промотор. РНК
полимеразата (или како што уште се нарекува ДНК зависна РНК полимераза) се спојува
токму во делот со промоторот. Местото од каде што започнува расплетувањето на ДНК се
нарекува репликон и од ова место започнува кинењето на водородните врски.
Ова иницира одделување на двете нишки на ДНК. РНК полимеразата се движи по
должината на страната од примерот, спојувајќи по еден рибонуклеотид (со брзина од 30
нуклеотиди во секунда) на РНК синџирот, кој во тој момент се формира. Кога ќе наиде на
стоп сигнал РНК полимеразата го ослободува новоформираниот РНК транскрипт. Потоа
серија од 100 до 200 аденин нуклеотиди му се додаваат на едниот крај, а со тоа се
формира А-опашка, која претставува сигнал кој и овозможува на РНК молекулот да излезе
од јадрото и да се сврзе со рибозомите во цитоплазмата.
Мора да се потенцира дека спарувањето на азотните бази оди по принципот на
комплементарност, т.е. дека новиот синџир на РНК не содржи идентични бази со ДНК,
туку комплементарни. Така ако кодирачката секвенца е ААCGTGCTAC иРНК ќе ја има
секвенцата TTGCACGATG, која е идентична со некодирачката секвенца на ДНК во
правец 5’-3’правецот и оваа иРНК се нарекува транскрипт. Заради принципот на
комплементарност, синтетизираниот молекул на иРНК има идентична структура со онаа
на ДНК молекул, кој служи како матрица, со единствена разлика во тоа што на местото на
базата тимин во РНК се среќава базата урацил. Секвенцата од иРНК молекулот, која
Слика 40
(Available at: http://intranet.canacad.ac.jp:3445/BiologyIBHL1/3096)
Транслација
Откако ќе биде скроена новата и-РНК, таа минува низ порите на јадрената обвивка
во цитоплазмата. Иако јадрените пори дозволуваат дифузија на мали молекули и јони меѓу
јадрото и цитоплазмата, јадрените пори имаат специфичен енергетски зависен систем за
селективен транспорт на големи молекули, какви што се молекулите на РНК и
протеините.
По навлегувањето во цитоплазмата и-РНК се врзува за рибозомот, кој од своја
страна содржи ензими и други компоненти потребни за кодирање на препишаната порака
во протеин. Клучната улога во овој процес се базира на молекулот на т-РНК, која има
можност да се комбинира со специфична аминокиселина и со кодон за таа аминокиселина,
благодарение на комплементарноста базирана на и-РНК сврзана со рибозомот. На овој
начин т-РНК овозможува врска меѓу аминокиселината и и-РНК кодонот за таа
аминокиселина. Т-РНК специфично се врзува за аминокиселината со помош на ензим
наречен аминоацил т-РНК синтетаза. Постојат 20 различни видови на вакви ензими секој
специфичен за соодветна аминокиселина. Следниот чекор во овој процес е врзување на т-
РНК, која со себе носи соодветна аминокиселина, за и-РНК кодон на таа аминокиселина.
Тринуклеотидната секвенца на една од страните на т-РНК, која може базно да се спари со
комплементарниот кодон на и-РНК, се нарекува антикодон.
Транслацијата како процес се состои од три фази: иницијација, елонгација и
терминација.
Иницијацијата како фаза започнува со сврзувањето на т-РНК која содржи
аминокиселината метионин со малата рибозомална субединица. За да се формира
понатамошниот т.н. иницијален комплекс потребни се неколку иницијални фактори. Во
иницијалниот комплекс влегува т-РНК молекул, што ja содржи аминокиселината
метионин и и-РНК кодонот AUG одговорен за синтеза на метионин, како место од каде
што ќе започне создавањето на протеинот. По ова се надоврзува и големата рибозомална
подeдиница, така што меѓу двете подединици на рибозомот се наоѓа и-РНК. Оваа фаза е
најспората фаза од процесот на синтеза на протеини.
По процесот на иницијација, протеинскиот синџир се продолжува со едноподруго
додавање на аминокиселини. Рибозомот има две места за врзување со т-РНК. За едното
место (место бр.1 или аминоацилно место) се држи т-РНК поврзана со делот на
протеинскиот синџир кој дотогаш е создаден, а со другото место (место бр.2 или
дека крвна група нулта (О) претставува универзален дарител, додека крвната група AB e
универзален примател.
Во наследувањето на крвните групи кај човекот се вклучени три алели, доминантни
се А и B, a рецесивен алел е О. Притоа крвните групи А и B можат да бидат хомозиготи
(А/А) и (B/B), и хетерозиготи (А/О) и (B/O), додека крвната група О е исклучиво
хомозиготна крвна група (О/О), а крвната група AB e исклучиво хетерозиготна (А/B). Тоа
значи дека во наследувањето на крвните групи се вклучени следните три алели
доминантните IA и IB и рецесивните ii. Алелите IА и IB се доминантни над алелот i, и
кодоминантни кога ќе се најдат во комбинација IA IB . Хомозиготно-доминантни алели се:
IAIA и IBIB, додека хетерозиготни се: IAi, и IBi, кога се во комбинација со рецесивните алели
i, кои ја определуваат крвната група О, која е исклучиво хомозиготна ii. Види табела!
n(n-1)
2 одговара на бројот на хетерозиготите
Слика 41
(Available at: http://www.carolguze.com/text/102-13-humangenetics.shtml)
Во првата бременост кај мајките со Rh- фактор, кај Rh+ фетус не настапува
еrythroblastosis, бидејќи во нејзината крв сè уште нема антитела D, но како резултат на
антигените кои преку плацентата навлегуваат во крвта на мајкaта тие предизвикуваат кај
мајката создавање на антитела D. Ваквите антитела остануваат во крвта на мајката, како
траен имунитет против антигените D. Во нередните бремености со Rh+ татко, Rh+ фетус ќе
доживее еrythroblastosis, бидејќи антителата D од мајката ќе стапат во имунолошка
реакција со неговите антигени.
Ако дарителот на крвта е Rh+ лице, а примателот Rh- лице, тогаш во крвта на
примателот се внесуваат D антигени кои ги стимулираат клетките од плазмата да
синтетизираат D антитела. Ако на истото лице повторно му се даде крв од Rh+ лице,
антителата создадени од првата трансфузија стапуваат во реакција со D антигените во
крвта, така што примателот може катастрофално да заврши.
Генетичко оптоварување
рецесивните гени доаѓаат до израз. Опишан е примерот кај една еврејска заедница
изолирана од верски причини, во која постојат голем број на бракови со блиско крвно
сродство. Кај нив доминира синдромот на џуџест раст, што се должи на една автосомна
рецесивна мутација, што се пренесува во хомозиготно потомство.
Хетерозиготноста денес е особено во пораст поради зголемениот пораст на
мешовити бракови меѓу различни раси во хуманата популација, а со тоа се намалуваат и
рецесивните наследни заболувања.
Секоја популација одржува одреден комплекс на гени, бидејќи единките од една
популација меѓу себе се комбинираат, а честотата на гените во одредени услови на
средината се одржува од една до друга генерација. Според законот на англискиот
математичар Харди и германскиот биолог Вајнберг (1908), генетската конституција во
популацијата се одржува низ повеќе генерации, доколку не настанат промени
предизвикани од надворешните фактори. Правилото на Харди-Вајберговиот модел е
претставено со следната формула (p+q)2, каде што со p се претставени доминантните
алели, а со q се претставени рецесивните алели. Генетичката рамнотежа на генотиповите
во популацијата зависи од честотата на алелите, што се изразува со формулата:
P2 AA+2pqAa+q2aa=1
Близнаци
Полов диморфизам
Слика 42
(Available at:
http://www.tokresource.org/tok_classes/biobiobio/biomenu/theoretical_genetics/index.htm)
покусиот крак на X-хромозомот. Според Mc. Kusicku постојат повеќе од 150 синдроми,
односно генетски болести кои се поврзани со генетските локуси на X-хромозомот. Тој на
X-хромозомот идентифицирал преку 95 генетски локуси со контрадикторни резултати, а
со методот на клеточна хибридизација утврдил само четири генетски локуси. Овој
хромозом покажува склоност за нумерички и структурни промени.
Y-хромозомот покажува афинитет за полиморфизам. Утврдено е дека дури 10% од
машките единки од популацијата поседуваат Y-хромозом кој е или подолг или пократок
од обичниот. Кусиот крак на Y-хромозомот содржи мал број на генетски алели
исклучително одговорни за машките полови карактеристики, поради што се означува со
терминот холандричен сектор и се пренесува од таткото на синот. Y-хромозомот носи
само неколку гени од кои најважни се генот за машка сексуална диференцијација, (SRY)
на кусиот крак, генот за сперматогенеза (H-Y антигенот) кој го стимулира развитокот и
диференцијацијата на примордијалните герминативни клетки и генот кој го инхибира
развитокот на Милеровите канали.
Со помош на одредини методи полот во хуманата популација може да се установи
уште во оплоденото јајце или во раните фази од ембрионалниот развиток.
Хромозомските болести кои се условени со промената на половите хромозоми се
нарекуваат гоносомии или полово сврзани болести. Промените кои се однесуваат на
половите хромозоми помалку се манифестираат фенотипски, за разлика од аберациите
(промените) кои се случуваат на автосомните хромозоми. Лица со отсуство на еден полов
X-хромозом можат да живеат, додека со отсуство на Y-хромозом не можат.
Барово телце
Слика 43
(Available at: http://www.carolguze.com/text/442-5-chromosome_abnormalities.shtml)
Хипотезата на Lyon укажува на тоа дека секагаш кај женски единки едниот X-
хромозом е генетски неактивен и ваквата инактивација се врши по случаен избор (random
sampling), при што 50% од инактивираните X-хромозоми потекнуваат од таткото, а
другите 50% потекнуваат од мајката. Врз база на овие сознанија Lyon ги изнела следниве
заклучоци:
- во периодот на интерфаза (за време на мирување на клетките) само еден X-
хромозом ќе биде активиран;
- останатиот X-хромозом (или останантите ако го има повеќе) генетски се
неактивни и го создаваат Баровото телце во периодот на интерфаза од делбата на јадрото.
Кој од X- хромозомот кај жените ќе се активира (дали тој од таткото или тој од мајката),
зависи од феномените кои се случуваат во раниот ембрионален развиток. Понатамошните
испитувања укажале на тоа дека токму неактивниот X-хромозом не е и нефункционален,
туку напротив учествува во рaзвојот на гонадите, како и во нормалниот раст и развој на
единките.
оваа хемофилија се користи фактор IX, наместо фактор VIII. Англиската кралица
Викторија била носител на хемофилија и оваа болест ја пренела на својот син, а ќерките
оваа болест ја пренеле во други кралски семејства низ Европа.
Слика 44
(Available at: http://www.faqs.org/health/Sick-V2/Hemophilia-Causes.html)
Слика 45
(Available at: http://www.riversideonline.com/health_reference/Disease-Conditions)
Видови наследување
во нивната клиничка слика. Доминантноста на едниот алел врз другиот алел може да биде
потполна или непотполна, тоа значи болеста да се манифестира или не. Автосомно
доминантно се наследува: Марфановиот синдром, полидактилијата, полицистичните
бубрези и др.
Марфановиот синдром се наследува автосомно-доминантно со голем степен на
пенетрабилност и променлива експресивна вредност. Се претпоставува дека староста на
таткото е една од причините за настанување на оваа болест. Лицата со Марфанов синдром
имаат ненормален колаген, како резултат на изментите попречни врски помеѓу одделни
молекули на колагенот, што само по себе предизвикува намалување на неговата цврстина
и стабилност. Ваквите лица се обично високи и многу слаби. На дланките и на стапалата
се забележува појава на „arachnodaktilia“ или пајаковидни прсти. Постои деформација на
градниот кош, со испакната градна коска и вовлечен среден дел. Постои хипоплазија на
масното ткиво и од тие причини овие луѓе се слаби. Мускулатурата е хипоптонична и
слаба. Зглобовите им се доста слаби и еластични. Најкарактеристичен знак за оваа болест
е луксацијата на леќата, како резултат на растегливоста на врзивно ткиво и
хипотоничноста на мускулите. Крвниот систем бележи проширување на аортата и
создавање на анеуризми. Кај 20% од болните луѓе постои умствена заостанатост.
Пренатална дијагноза не е можна.
Автосомно рецесивно наследување е тип на наследување во кој рецесивниот ген
не се исполнува, доколку се најде во хетерозиготна состојба, туку се исполнува само кога
ќе се најде во хомозиготна состојба, т.е. кога и двата алели се еднакви. За овој вид на
наследување потребни се два гени (полигенско наследување). При ова наследување детето
го добива изменетиот ген и од двата родители (хетерозиготи), кој во поглед на мутираниот
ген се наполно здрави личности. Ваквото својство или болест може подолго време да биде
скриена во семејството и да не ги манифестира своите својство (на пр. дневното слепило е
условено од рецесивни гени кои предизвикуваат недостаток за бои). Кога се зборува за
автосомно-рецесивно наследување се мисли на хоризонтален тип на наследување во кој е
неопходно и двата родители да се носители на дадениот мутиран ген и истиот тој ген да го
пренесат на потомството. Кај 25% од нивното потомство може да се сретне дадената
болест, 50% од потомството може да биде носител на дадената болест, поради присуство
на дадениот ген во хетерозиготна состојба, додека 25% од потомството може да биде
здраво без способност да го пренесе таквиот ген на наредните генерации. Доколку се
склопи брак меѓу две заболени лица, нивното потомство ќе биде болно. Болестите со овој
вид на наследување се особено чести при склопување на бракови на луѓе, кои се во крвно
сродство.
Пример за автосомно рецесивни заболувања се: цистичната фиброза,
хемоглобинопатии и др.
Интермедиерното наследување е тип на наследување при кое доаѓа до
исполнување на карактеристиките од двата родителски фенотипа. Ваквото наследување
претставува нецелосно доминантно или нецелосно рецесивно наследување, каде што
потомците претставуваат некоја средна варијанта од двајцата родители. На пример, од
мајка која има кадрава коса и татко кој има права коса детето ќе има брановидна коса,
како сублимат на карактеристиките од двајцата родители.
Кодоминантното наследување претставува специфичен однос на интеракција
меѓу алелните гени, при кои кај хетерозиготите фенотипски се исполнуваат и двете алели
присутни во генотипот. Ваквото наследување е присутно при наследувањето на крвните
групи.
Полово сврзаното наследување е посебен облик на наследување, главно врзано за
X-хромозомот и во најголемиот број на случаи има рецесивен карактер. Во најголемиот
број на случаи болестите се манифестираат кај машки единки, додека кај женски единки
болестите се манифестираат доколку мутираниот ген е присутен во хомозиготна или
хетерозиготна состојба. Ваквите болести татковците не можат да им ги пренесат на своите
синови, туку исклучиво на своите ќерки, кои претставуваат преносители на оваа болест.
Пренесувањето на овие болести врзан за X- хромозомот е косо (заболуваат внуките на
заболените вујковци). Најпознат пример за вакво наследување е хемофилијата. Мајката,
која е кондуктор за ваквата болест ја пренесува истата на 50% од синовите, а
кондукторството на 50% од своите ќерки.
Полигенско или мултифакторно наследување е наследување во кое за
исполнување на некое наследно својство се потребни повеќе од два гени, меѓутоа влијание
имаат и надворешните фактори. На овој начин се наследуваат: шизофренијата,
дијабетесот, луксацијата и други болести.
Вонхромозомското наследување е наследување кое се одвива во
цитоплазматичните органели. Експериментално е докажано дека во најголемиот број на
случаи на вон хромозомското наследување се случува во митохондриите и пластидите.
Ваквиот тип на наследување е искористен за пренесување на наследниот материјал во
бактериски клетки, преку процесот на трансформација или трансдукција.
Ненаследни промени
Пренатална дијагноза
Дерматоглифи
Слика 46
машка индивидуа има TRC=145, додека здрава женска индивидуа има TRC=127.
Вредноста на TRC е корисна ориентација кога се сомневаме за некоја гоносомопатија.
Откривањето на дерматоглифите претставува рутинска контрола со чија помош можеме
да поставиме сомнение за одредена хромозомопатија. Посебно се корисни критериумите
на Uchidini за цитогенетско испитување. За нивното откривање не е потребно
дополнително правење на отпечатоци, туку може без многу искуство да се отчитаат
промените на дланките и табаните. Се работи за следниве критериуми:
- десет или девет лаци на прстите посебно сигнификантни кај машки единки;
- радијална петелка на 4 и на 5 прст од рацете;
- отсуство на трирадиусот на дланките;
- една единствена бразда на петтиот прст на рацете.
Ваквите елементи откриени во дерматоглифите упатуваат на дополнителни
цитогенетски испитувања.
Слика 47
(Adapted from USA National Library of Medicine, Available at:
http://elcamino.dnadirect.com/content/chromosome-analysis-infertility/patient-site/common-sex-
chromosome-abnormalities.html)
следниве: низок раст од 140 до 150 cm, неразвиени полови органи (наместо полови органи
се наоѓа врзивно ткиво), недостасува жлездесто ткиво во дојките, промени на кожата
(растеглива кожа - cutis luxa), широк врат со набор на кожата почнувајќи од ушите до
акромионот, вродена срцева мана, ментална ретардација и психички промени. Според
фенотипските карактеристики станува збор за машки или женски Тарнеров синдром, од
кои првиот е многу почест. Цитогенетските анализи го покажуваат следниов кариотип
2n=45,XO и отсуство на Барово телце во букалната слузокожа. Во 10% од случаите може
да се јави и појава на мозаицизам со присуство на едно или две Барови телца. Најчесто
единките со Тарнеров синдром го продолжуваат својот животен век, многу ретко е
присутна неонатална смрт кај единките. Лекувањето на единките со Тарнеров синдром
може да започне во пубертетот со давање на естрогени хормони, со што се предизвикува
вештачко крвавење во вид на менструација, делумно се развиваат секундарните полови
карактеристики, а со тоа поволно се делува и на психичкиот развиток на единката и се
спречува и остеопорозата.
Тестикуларна феминизација
Вистински хермафродитизам
на еднa страна да е присутен овариум, а на друга тестис или обратно. Во таа смисла
правиот хермафродитизам може да биде латерален (на едната страна овариум на другата
страна тестис), билатерален (овотестиси и на двете страни) или унилатерален (овариум
или тестис на едната страна и овотестиси на другата страна). Цитогенетските методи
покажуваат различна типизација на овој синдром, од типично машки лица до типични
женски лица (2n=46,XX или 2n=46,XY). Лечењето, главно, се состои од корекција или
евентуално гонадоктомија, отстранување на гениталиите.
Слика 48
(Available at:http://palmreadingperspectives.wordpress.com/)
транслокациски тип е генетски најважен, бидејќи се јавува кај родители кои се мирни
носители на ваквата транслокациј, и кои со амфимиксија даваат гамети со еден хромозом
повеќе. Ваквиот тип може да се сретне и кај млади родители, меѓутоа многу почест е кај
млади мајки. Кај ваквиот тип на трисомија можеме да сретнеме поблаги или потешки
фенотипски карактеристики од Дауновиот синдром.
Децата кај кои е присутен ваквиот синдром личат еден на друг, како „јајце на јајце”
Соматскиот статус покажува низок раст (од 145-150 cm) во споредба со здравите лица.
Според некои автори Дауновиот синдром може да се утврди веднаш по раѓањето од
причина што ваквите деца обично се раѓаат предвреме со помала висина и телесна тежина.
Карактеристични клинички знаци за овој синдром се следниве: тркалезно лице со
монголоидно поставени очи, носот е краток со ноздри свртени кон напред, усните се мали
и многу често испукани, jазикот е избразден (lingua plicata), никнењето на забите обично
доцни (во текот на првата или втората година од животот, забите се со послаб квалитет,
гласот е груб со бројни говорни мани. Постои мускулна хипотонија и проширен абдомен и
хернија. На рацете се среќава „бразда на четирите прста”, позната како мајмунска бразда,
како и појава на „мајмунско стапало” (длабок засек и растојание меѓу првиот и вториот
прст на стапалото) (слика 49).
Слика 49
(Available at:http://palmreadingperspectives.wordpress.com/)
Слика 50
(Available at:http://nitro.biosci.arizona.edu/courses/eeb320-2005/lecture46/lecture46.html)
Types of Deletions
Слика 51
(Available at:http://nitro.biosci.arizona.edu/courses/eeb320-2005/lecture46/lecture46.html)
Слика 52
(Available at:http://nitro.biosci.arizona.edu/courses/eeb320-2005/lecture46/lecture46.html)
Слика 53
(Available at:http://nitro.biosci.arizona.edu/courses/eeb320-2005/lecture46/lecture46.html)
Волфов синдром е уште еден синдром во хуманата популација, кој настанува како
резултат на делеција на краткиот крак на еден од хромозомите во групата B. Симптомите
на оваа болест се ментална и психомоторна ретардација, лошо формирани уши, расцеп на
усните и непцето, грчеви и мускулна хипотонија и др. Иако симптомите на Волфовиот
синдром се многу слични со симптомите на мачкиното мјаукање, сепак кај лицата со
Волфов синдром никогаш не е забележан плач сличен на оној од мачкиното мјаукање.
Дупликацијата настанува кога фрагмент од еден хромозом ќе премине во рамките
на друг хомологен хромозом, при што вториот претрпува дупликација, а првиот делеција.
Во вториот хромозом некои гени двапати се повторуваат, што значи постои зголемување
на генетскиот материјал. Од тие причини се смета дека дупликацијата има важна улога во
текот на еволуцијата, бидејќи доаѓа до зголемување на бројот на гените. Причина за оваа
аберација е повторно неправилен кросинговер.
Најчесто структурните хромозомски аберации се случуваат на хромозомите 9, 18,
7, 10, 11 и 12. Обично трисомијата, како нумеричка хромозомска аберација, е проследена
и со структурни хромозомски аберации.
Слика 54
(Available at:http://nitro.biosci.arizona.edu/courses/eeb320-2005/lecture46/lecture46.html)
Слика 55
(Available at: http://www.ucl.ac.uk/~ucbhjow/bmsi/bmsi_7.html)
Кога гените при некоја структурна хромозомска аберација ќе заземат нова положба
во рамките на еден хромозом, многу често се изложени на дејството на гените, кои ќе се
најдат најблиску до нив, што може да се одрази и на фенотипот. Ваквата појава се
нарекува позиционен ефект и истата е многу добро проучена кај винската мушичка.
Транслокацијата е интерхромозомска аберација, која се случува, како резултат на
промена на положбата на хромозомските сегменти во рамките на два хромозоми, т.е. како
резултат на размена на делови помеѓу нехомологни хромозоми. Реципрочната
транслокација се случува кога ќе се јават две прекини на два различни хромозоми, по
што настапува реципрочна измена на прекинатите делови и до нивна структурна
прераспределба (слика 56). Балансната прераспределба не би требало да има штетни
фенотипски ефекти од причини што не доаѓа до губење или додавање на генетскиот
материјал.
Слика 56
(Adaptet from National Human Genome Research Institute (NHGRI) Available at:
http://www.genome.gov/12514471)
Слика 57
Мутации
Терминот мутација потекнува од латинскиот збор mutare, што значи менува.
Секоја промена во наследниот генетски материјал се означува со терминот мутација.
Мутацијата сама по себе може да биде:спонтана или индуцирана, трајна или повремена.
Постојат макромутации кои доведуваат до силни фенотипски промени поврзани најчесто
и со промени во одредени метаболички процеси. Ваквите макромутации најчесто
завршуваат летално. Микромутациите се многу мали промени во структурата на гените и
фенотипски едвај се отчитуваат. Доколку мутациите се случуваат во рамките на половите
клетки, истите ќе се манифестираат и во потомството. Доколку мутациите се случуваат во
соматските клетки, тие не мора да бидат пренесени на потомството, туку можат да влијаат
на фенотипот со тоа што ќе предизвикаат миксоплоидија на одделни ткива. Поголемиот
број од луѓето носaт скриени мутации од рецесивен карактер, кои кога ќе дојдат во
хомозиготна состојба може да имаат летално или штетно дејство. Постојат мутации кои не
се одразуваат врз фенотипот и таквите се означуваат со терминот нечујни (silent) мутации.
Ваквите мутации можат да доведат до низа морфолошки, физиолошки и биохемиски
промени во организмот.
Според причинителот на настанувањето, мутациите се делат на: спонтани или
индуцирани. Спонтаните или природните мутации се секогаш присутни во живиот свет, а
нивниот предизвикувач е непознат. Многу често вирусите и метаболичките процеси во
клетката можат да предизвикаат оштетувања на генeтскиот материјал и во таа смисла да
предизвикаат спонтани мутации. Способноста за мутирање на својот генетски материјал е
една од важните еволутивни придобивки на целиот жив свет. Ваквите промени најчесто
имаат штетно, отколку корисно дејство.
Грешките коишто се случуваат во рамките на ДНК молекулот може да бидат
резултат на:
- супституција на еден пар на азотните бази со друг пар на азотни бази во одреден
сегмент на ДНК. На пр. замената на C-G парот со T-A автоматски повлекува и синтеза на
друга аминокиселина во рамките на полипептидниот синџир. Ваквиот тип на мутација
уште се означува со терминот missense мутација. Пример за ваков тип на мутација е
појавата на српестата анемија, кога еритроцитите добиваат форма на срп.
- инсерцијата е друг тип на генетски мутации, кои се резултат на зголемување на
бројот на нуклеотидите во генот.
- делецијата е губење на одреден број на нуклеотиди во генот.
фенилпирогроздова хомогентизинска
киселина киселина
(фенилкетонурија) (алкаптонурија)
Генетички инженеринг
Слика 58
(Available at: http://www.3redravens.net/ibbio/Chap20notes.html)
Слика 59
(Available at:http://www.3redravens.net/ibbio/Chap20notes.html)
Литература
Diklić, V., Kosanović, M., Nikolić, J., Dukić, S. (2001): Biologija sa humanom
genetikom, Grafopan, Beograd
Gordana Matić (1997): Osnovi molekularne biologije: IP „Zavet”, Beograd