You are on page 1of 12

СОУУД “Димитар Влахов” - Струмица

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА

Тема: Шеќерна болест (Diabetes mellitus)

Ментор: Изработила:

Атанас Атанасов Тања Тилева

Март, 2022 - Струмица


Содржина

1.Вовед.......................................................................................................................................................3
2.Цел на проектот......................................................................................................................................4
3.Теоретски дел.........................................................................................................................................5
4.Клиничка слика.......................................................................................................................................6
5.Компликации..........................................................................................................................................6
6.Статистички податоци............................................................................................................................7
7.Дијагноза и терапија...............................................................................................................................8
8.Превенција..............................................................................................................................................9
9.Случај со пациент..................................................................................................................................10
10.Заклучок..............................................................................................................................................11
12.Користена литература........................................................................................................................12

2
1.Вовед

Шеќерната болест е една од најзастапените болести на човештвото. Речиси 200 милиони


луѓе во светот се заболени од дијабет, а во Република Македонија околу 46.000. Тоа е
последица на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни етиолошки
предизвикувачи, меѓу кои посебно се издвојува претераниот вишок на килограми.
Шеќерната болест најчесто се јавува во поодмината животна возраст како последица на
општите дегенеративни и склеротични промени во организмот (кои го зафаќаат и
панкреасот), а кај младите лица може да настане поради генетски пореметувања или
оштетувања на панкреасот кај одредени заразни заболувања. Хроничните компликации
на болеста претставуваат социјален и економски проблем во светот. Доволно е да се каже
дека најчестата причина за слепило во светот е токму дијабетичната ретинопатија. И
покрај преземените активности, преваленцијата на дијабетесот и неговите компликации
продолжуваат да растат во целиот свет, а прогнозата дека до 2045 година преваленцијата
на дијабетес мелитус кај возрасните ќе се зголеми на 10,9% е резултат на поголемата
зачестеност на факторите на ризик: прекумерна тежина и дебелина, стандарден начин на
живот и намалена физичка активност, стареење на популацијата, урбанизација на земјите
во развој, исхрана богата со масти и рафинирани јаглехидрати и сл. Во текот на
последните децении преваленцијата на дијабетесот е повеќе зголемена во ниско и
средноразвиените, споредено со високоразвиените земји.

3
2.Цел на проектот

Целта на овој проект е да се превенира состојбата која што сé уште не се појавила. Една од
поважните стратегии за борбата против дијабетесот како товар е скринингот кај
недијагностицираниот дијабетес и ризикот за развој на дијабетес во иднина кај одредена
популација. Раната дијагноза може да ги превенира или да ги одложи хроничните
компликации кај овие лица. Со развојот на скрининг програмите и пресметувањето на
ризик – скорот за дијабетес во неколку земји, се забележува прогрес во раната дијагноза
на дијабетесот. Справувањето со дебелината е најважната цел на примарната превенција.

4
3.Теоретски дел

Што претставува шеќерната болест?

Дијабетес мелитус или шеќерна болест претставува синдром на пореметен метаболизам


кој се карактеризира со зголемено ниво на глукоза (шеќер) во крвта како резултат на
намалена секреција или дејство на инсулин. Инсулинот е хормон кој се лачи од страна на
Лангенхансовите островца на панкреасот и го регулира нивото на шеќер во крвта, така
што го забрзува навлегувањето на гликоза во клетките на периферните ткива.

Постојат три типови на дијабетес и тоа се:

- Дијабетес тип 1 – се јавува кај лица до 35 години. Се карактеризира со недостаток


на стварање на инсулин и бара секојдневно земање на инсулин. Причината за
појава на дијабетес тип 1 сеуште не е позната и не може да се превенира со
досегашните сознанија. Симптомите вклучуваат: прекумерно излачување на урина,
жед, постојана глад, губење на тежина, промени во видот и замор. Овие симптоми
може да се појават ненадејно.
- Дијабетес тип 2 – појавата на овој тип на дијабет е по 40 – годишна возраст
(најчесто по 60 год.) и тука спаѓаат 90% од сите случаи на дијабет. Се јавува како
резултат од неефикасната искористеност на инсулинот од страна на телото.
Симптомите можат да бидат слични како и оние на дијабетес тип 1, но често се
помалку забележливи. Како резултат на тоа, болеста може да биде
дијагностицирана и до неколку години после почетокот, откако веќе се појавиле
компликации.
- Гестациски дијабет – се јавува за време на бременоста и за разлика од другите
типови на дијабетес не е постојан.
Предијабетес е состојба во која индивидуалци имаат покачен шеќер во крвта, но
сепак не можат да се вбројат во класата на дијабетичари. Овие луѓе имаат
зголемен ризик за појава на дијабет тип 2, срцеви заболувања или мозочен удар.

5
4.Клиничка слика

Дијабетесот е сериозно заболување кое најчесто почнува незабележливо и без симптоми.


Симптомите на дијабетес се појавуваат доцна, кога вредностите на шеќерот во крвта се
значително покачени – сува уста, земање големи количини течности, обилно и често
мокрење, слабеење и покрај зголемената глад и земање поголеми количини храна,
појава на чести инфекции на кожата и половите органи, чешање, бавно зараснување на
рани, слабост, изнемоштеност.

5.Компликации

Компликациите од дијабетес се чести. Се делат на:

- Акутни: дијабетична кетоацидоза, дијабетична кома, хипогликемија (нагло паѓање


на шеќерот во крвта)
- Хронични: оштетување на видот, слепило, гангрена, дијабетно стапало, мозочен
удар, инфаркт на срце, неплодност, дисфункција на бубрезите, неуропатија,
воспаление на непцата и парадонтопатија.

Сл. бр. 1 Приказ на главните симптоми Сл. бр. 2 Улцерирано стапало како
на дијабетес резултат на дијабетес

6
6.Статистички податоци

7
7.Дијагноза и терапија

Дијагнозата се поставува врз основа на наод на гликоза во крвта – нормалната вредност


на гликемијата на гладно е 3,6 до 6,1 mmol/l, ако се измери гликемија на гладно наутро
над 7,0 mmol/l во две последователни мерења се дијагностицира дијабетот. Гликоза во
урината е присутна ако гликемијата во крвта е над 10 mmol/l. Ацетон во урината се јавува
при високи гликемии и гладување, односно зголемена физичка активност.

Во лекувањето се применуваат следниве пет основни принципи:

1. Диета
2. Физичка активност
3. Едукација и самоконтрола
4. Орални антидиабетици (хипогликемици) – Daonil, Glibedal, Euglukon, Dipar,
Metformin, Glucophage, Buformin.
5. Инсулин се применува:
- Кај дијабетес тип 1 кај сите болни
- Кај дијабет тип 2 кога со претходните методи не е постигната задоволителна
гликорегулација
- Кај жени со гестациски дијабет за време на бременост и лактација
- Кај болни од дијабет тип 2 каде е потребно привремена терапија со инсулин за
време на потешки инфекции, операции и сл.
Според потеклото инсулинот може да биде од животинско потекло кој не се
применува денес и хуман инсулин добиен со биоинженеринг.
Според времетраењето на дејство може да биде инсулин со кратко дејство, со
средно, со бифазично и со долго дејство. Инсулинот се дава секојдневно, сo
субкутани инекции.

8
8.Превенција

Со цел да се превенираат сиве овие можни компликации кои се макотрпни и


претставуваат сериозен здравствен, социјален и економски товар, треба да се подигне
општата свест дека дијабетесот и неговите компликации можат да се превенираат во
голема мерка. Дебелината е поврзана со развојот на дијабет тип 2, затоа императив е
намалувањето на телесната тежина што води до подобрување на инсулинската
резистенција и намалување на хипертензијата. Физичката активност е еден од поважните
столбови во превенцијата на дијабетесот. Балансираната и здрава исхрана е од суштинско
значење за здравјето. Здравата исхрана ги намалува ризик-факторите за
кардиоваскуларните заболувања. Од другите фактори треба да се спомене пушењето, кој
е познат ризик-фактор за многу хронични заболувања вклучувајќи го и дијабетесот.
Пушењето ја зголемува акумулацијата на абдоминалните масти и инсулинската
резистенција. Затоа, сите пушачи треба да прекинат со пушењето. Стресот и депресијата
се поврзани со дијабетесот и кардиоваскуларните заболувања. Нарушувањето на сонот,
помалку од 6 часа и повеќе од 9 часа спиење, може да биде поврзано со зголемениот
ризик за развој на дијабетес. Доколку луѓето имаат сознанија дека некој во нивната
фамилија имал дијабет, треба да одат на редовни контроли за мерење на шекерот во
крвта.

Сл. бр. 3 Пирамида на исхрана кај дијабетес

9
Според Извештајот за националната статистика за дијабетес од 2017 година, проценето е
дека 12,2% од населението на САД со возраст над 18 години има дијабетес, додека
студија од 2016 година открива дека стапката на дијабетес тип 2 е седум пати поголема
кај возрасната кинеска популација од 55 фо 74 годишна воздраст, отколку кога тие биле
на возраст од 20 до 34 години.

9.Случај со пациент

10
10.Заклучок

Оптовареноста со дијабетес мелитус и дијабетичните компликации во Р.Северна


Македонија е голема и претставува приоритетен јавно-здравствен проблем. Потврдени се
две од четирите поставени хипотези на студијата. Таа е близу двојно повисока во однос на
оптовареноста во европскиот регион, како и оптовареноста на глобално ниво. 62,7% од
мажите и 48,4% од жените во Македонија се со зголемена телесна тежина (19,6% и 17,2%
соодветно се обезни). Дијабетесот е доживотна болест. Лекувањето, исто така е
доживотно. Дијабетесот е една од најмасовните болести на современиот човек и е шеста
причина за смрт во високоразвиените земји. Таа е агресивна и прогресивна болест што
има посебни одлики кај секоја индивидуа, што значи и дека пристапот кон лекувањето
кај секое лице со дијабетес треба да биде индивидуално, т.е. да се приспособи кон
посебните потреби. Поради тоа, сега, кога многу подобро ги знаеме знаците и
последиците од шеќерната болест, моја цел е што повеќе да ве запознаам со оваа болест,
така што, ќе можете сами да си помогнете. Запомнете: Шеќерната болест кај некои луѓе
од самиот почеток се лекува со инсулин, а кај други, лекувањето со инсулин ќе се
спроведе како неопходно по определен период. Колку порано поминете на лекување,
толку ќе биде подолг и поубав вашиот живот.

11
12.Користена литература

- “Интерна медицина” – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Медицински факултет


Скопје, Катедрав по интерна медицина – Академик проф. Д-р. Владимир
Серафимоски
- Интерна и Педијатрија со нега за трета година здравствена струка – Лилјана
Симоновска Хенту
- https://www.iph.mk/dijabet-sekerna-bolest/
- https://www.pzuprofdrbogoev.com/mk/stoetoasekernabolest/
- http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2020/07/%D0%9C
%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA
%D0%B8-%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B4-%D0%B4%D1%80.%D0%9A
%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0-
%D0%90%D0%B4%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B0.pdf
- https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf

12

You might also like