You are on page 1of 2

ДИЈАГНОСТИЧКИ МЕТОДИ ВО КАРДИОЛОГИЈАТА

1.Електрокардиограм (ЕКГ) е стандардна метода на снимање на импулсите на


електричната активност на срцевиот мускул без кој не е можен основниот кардиолошки
преглед. Се врши на соодветен апарат кој на милиметарска хартија го бележи записот на
стандардни дванаесет канални (одводи). Посебните канали ја представуваат електричната
активност на поедини делови на срцето и срцевиот мускул. Еден срцев циклус ги содржи
следните ЕКГ елементи: -P бран: претставува резултат на активноста на синусниот јазол,
а е одраз на електричната деполаризација на преткоморите. Негови патолошки промени
се бележат при срцеви мани и други срцеви заболувања кои како резултат имаат
волуменско оптоварување на левата или на десната предкомора, па разликуваме -QRS
комплекс: претставува одраз на електричната деполаризација на коморите (и тоа
воглавно на левата која доминира со својата маса). Патолошки променет QRS комплекс се
сретнува при блок на гранка .Зголемената амплитуда е можен знак за коморна
хипертрофија. -ST сегмент: претставува интервал кој одговара на времето на механичка
систола. Неговата елевација (подигање над изоелектричната линија) означува миокардна
исхемија која може да прогредира во некроза, додека спуштањето под линијата,
субендокардна миокардна исхемија.-Т бран: претставува резултат на реполаризацијата
на коморниот миокард. Променет е при исхемија или некроза на поедини зони на
миокардот. Електрокардиографскиот запис се интерпретира по однос на основниот ритам,
фреквенција, спроводливоста и морфологијата на секој од сегментите и брановите кои го
сочинуваат.
2.Коронарен стрес тест - Претставува метод кој најчесто се користи за
дијагностицирање на миокардна исхемија . Се состои од физичко оптоварување, со одење
по подвижна лента (Treadmill) или статичен велосипед, при што програмирано и мерливо
се оптоварува срцето и се бележи одговорот со континуиран ЕКГ запис, се следат
хемодинамските параметри од типот на крвен притисок и пулс, како и симптоматската
состојба на пациентот.
3.Континуирано електрокардиографско мониторирање по Холтер -
Континуираното (Холтер) електрокардиографско мониторирање е неинвазивен тест,
широко користен за евалуација на електрокардиографските абнормалности кај разни
срцеви заболувања, пред се за детектирање на пореметувања во ритамот и
спроведувањето, како и за детекција на епизоди на асимптоматска-тивка миокардна
исхемија. Клиничката вредност на методот е во можноста континуирано да се иследува
пациентот во текот на подолг временски период, за време на секојдневните активности и
во различни услови на околината (физички и психолошки). За разлика од стандардниот
електрокардиограм шти овозможува 12 канална слика на електричната активност на срцето
во текот на период од десетина секунди, 24 часовното мониторирање овозможува
мониторирање на динамичките електрични феномени кои може да се транзиторни.
4. Ехокардиографијата - е метод за морфолошка и функционална проценка на срцевите
ѕидови, шуплини и на срцевите валвули, како и на перикардниот простор. Испитувањето се
врши со ултразвучен апарат при што се добива едно, дво и тродимензионална слика во
реално време. Овозможува динамична проценка на срцевата градба и функција, и
овозможува детекција на болести на срцевиот мускул, залистоците, перикардната обвивка,
како и почетниот дел на аортата. Доплер ехокардиографијата – го користи ултразвукот
за да го регистрира крвниот проток во КВС.
5. КТ (компјутеризирана томографија) - која изведена со контраст овозможува и
неинвазивна ангиографија и коронарографија, како и МР (магнетна резонанца),
претставуваат неинвазивни методи на визуелизација коишто даваат податок за
морфологијата-структурата на срцето, коронарните крвни садови.

You might also like