You are on page 1of 6

Есеј

Тема: Сличности и разлики помеѓу филозофијата


на христијанството и филозофијата на исламот.

Професор: Изработил:
Вовед:
Во светот постојат многу различни религии кои се разликуваат по своите
темелни учења за сфаќањето на Бог или боговите, по обредите и прописите, но,
сепак, сите тие имаат неколку темелни заеднички црти кои ни овозможуваат да ја
откриеме нивната заедничка основа и суштина.

Христијанството е религија која настанува во I век од новата ера. Поточно,


годината на раѓањето на Исус Христос претставува година на новото сметање на
времето. Но, слободно може да се каже дека темелите на христијанството се
поставени 2000 години пред новата ера, со појавата на Аврам, Исак и Јаков.

Христијанството се појавува на тлото на Израел, кој тогаш бил окупиран од


Римјаните. За само три века од своето развивање, христијанството станало
званична религија на многу држави и народи. Тоа било организирано во
единствена религиозна заедница - црква.

Исламот е една од најзначајните религии на човештвото. Религијата


настанала помеѓу 610 и 632 година во Арабија. Исламот се истакнува како
совршена религија каде Алах му испраќал пораки на својот пророк Мухамед, тој
на нив им го пренесувал усно, а подоцна биле напишани во светата книга „Коран“.
Таа е книга на самиот Алах, „книга на вистината“ во која Алах го објавил
Патоказот.

Првите зборови што ги добил Мухамед од Алах почнуваат со изразот икре


(читај), учи, проучувај!) што зборува за просветителската и образувачка улога на
Објавата: Читај, во името на господарот твој кој создаде, го создаде човекот од
грушка на крв!
Христијанството:

Раното христијанство настанало како верско движење, односно секта внатре во


јудаизмот. Од повеќето народи во империјата, Евреите ги издвојувал
монотеизмот, односно верата во еден Бог. Првобитната христијанска црква (лат.
ecclesia – заедница) ја формирале учениците и апостолите на Исус, по неговата
смрт. Според списите на апостол Петар (15 – 67 г. од н.е.) многу јудаисти се
свртеле кон христијанството. Приврзаниците на Исус од Назарет во почетокот се
нарекувале назарени, за подоцна да го добијат името христијани. Заедницата во
самиот почеток ја сочинувале исклучиво Евреи, кои сметале дека Исус бил Месија
(односно Христос) чие доаѓање го најавува еврејската книга Танах, која
христијаните ја нарекуваат Стар Завет.

Христијанството претставувало прва универзалистичка религија, наспроти


дотогашните национални религии и проповедало еднаквост на сите луѓе пред бог:
Евреи, Грци, Римјани, сиромашни, богати, жени, мажи. Бидејќи се залагало за
еднаквост меѓу сиромасите многу брзо се раширило и било прифатено од нив.
Како религија христијанството се појавило во периодот на распаѓање на
робовладетелската држава, подоцна кога станала званична, државна религија,
христијанството ги врзало своите интереси со интересите на владејачката класа и
се оддалечило од идеалите кои ги проповедало евангелието. Догматските
расправи, како и политичките прилики и разните интереси довеле до тоа денес
христијанството да биде разединето. Во почетокот имало многубројни секти, но
подоцна, главно со заслуга на хеленистиката на образованиот проповедник –
Апостол Павле, се организирало во единствена религиозна заедница - црква.

Денес под христијанството главно се подразбираат три главни деноминации:


Православна, Римокатоличка и Протестантска (евангелици или лутерани,
реформирани или калвини, англиканци, баптисти, методисти, квекери, адвентисти,
пентекосталци, Јеховини сведоци).

Најзначајните аспекти на христијанскиот живот се постот, молитвата,


литургијата и причеста. И постот и молитвата имаат за цел да му помогнат на
човекот полесно да ги совлада сите тешкотии кои пред него се наоѓаат и да го
заслужи Царството Небесно.

Среден век. Во текот на Средниот век во Европа Римокатоличката црква


продолжила да ја зголемува својата моќ со папите кои го преземале авторитетот
на сите нивоа и кои живееле како кралеви. Корупцијата и алчноста во црквеното
водство биле вообичаени. Од 1095 до 1204 год. папите одобриле низа крвави и
скапи крстоносни походи со напор да го сопрат муслиманското напредување и за
ослободување на Ерусалим.
Исламот:
Секоја вероисповед - вистинита или лажна, секое здружение - корисно или
штетно, секоја партија - добра или зла, имаат свои идејни темели, како и
идеолошки поставки кои ја одредуваат целта и го насочуваат правецот, служејќи
како статут на нејзините членови и следбеници.

Човекот постоел пред раѓањето, ќе постои и после смртта. Не се создал тој


самиот, туку бил создаден уште пред да се спознае себе си. Не го создале
неоргански битија околу него, затоа што тој поседува разум, а тие не, туку него, а
и сите овие светови, од непостоење ги создал Единиот Возвишен Алах.
Единствено Тој оживува и усмртува. Тој е Оној Кој сè создава и ако сака сè
уништува. Овој Бог не е сличен на ништо од овие светови. Тој е од секогаш, не е
создаден, Тој е за секогаш, нема да исчезне. Моќен е, нема граници на Неговата
моќ. Сè знае и ништо не е скриено од Неговото знаење. Праведен е, но Неговата
праведност не се одредува со мерилата на човечката праведност.

На човекот му подарил разум кој размислува за многу нешта кои му ги


потчинил на неговиот разум, со кој го реализира она што ќе го избере. После овој
привремен живот создадал вечен живот - во идниот свет, во кој добротворот ќе
биде награден со џенет (Рај), а грешникот казнет со џехенем (пекол) .

Сите видливи битија кои со сетилата се чувствуваат, како и оние за нас


невидливи - Му припаѓаат Нему. Некои од нив се неживи, а некои живи, задолжени
со должности. На некои од тие битија својствено им е само доброто, а тоа се само
мелеците (ангели) ; на некои им е својствено само злото, а тоа се шејтаните
(ѓаволи, демони) , додека на некои им е својствено и доброто и злото, а тоа се
џините и луѓето. Тој, Возвишениот Господар одбира некои од луѓето и им испраќа
ангел со Неговиот закон, да им го предаде на луѓето, преку пратениците.

Овие Божји закони содржани се во книгите и посланијата кои се објавени од


небесата. Последната од нив ја поништува претходната или ја корегира.
Последната книга е Куранот. Сите книги пред него се изменети, или исчезнале и
се заборавени. Единствено Куранот останал сочуван од промени и пропаст. А,
последниот од спомнатите пратеници е Мухамед ибн Абдулах ел-Ареби ел-
Курејши. Со него се запечатени пратеништвата, а верите со неговата Објава, така
да нема веровесници и пратеници после него.

Куранот е исламски законик. Оној кој тврди дека Куранот е од Возвишениот


Господар, Алах, и верува во Него, како целина и во подробности, се нарекува
верник. Верувањето во оваа смисла не му е познато на никој освен на
Возвишениот Алах, затоа што луѓето не ги отвораат човечките срца ниту пак знаат
што има во нив. Поради тоа должен е, за муслиманите да го сметаат како еден од
нив, да го изјави тоа верување со изговарање на шехадетот (Сведочење, усно
сведоштво за припадност на исламот) . Шехадетот гласи: „Верувам дека нема
друго божество достојно за обожување освен Алах, и верувам дека Мухамед е
Алахов пратеник“.
Заклучок:

На крајот можеме слободно да кажеме дека христијанството и исламот се


идентични вери.

Под поимот „Аврамски религии“ се подразбираат еврејството, христијанството


и исламот. Причината за тоа е што сите три релгии го сметаат Аврам за прататко
на нивната вера. Христијанството се повикува на „аврамовиот благослов“. Сите
видови на Земјата треба да бидат благословени од него, а муслиманите се
поврзуваат со Аврам преку неговиот син Исмаил.

Вербата во бог како создател на светот и начелото „сакај го ближниот свој“ -


ова се фундаменталните сличности на двете најголеми монотеистички религии,
христијанството и исламот. За Рајнер Шварц од Христијанско-исламското
друштво, најважно е тоа што „сите веруваме во еден бог, иако го величаме на
различни начини и претставата за него во неколку точки се разликува“

Тоа значи дека христијаните и муслиманите, во прв ред, се сметаат себеси за


божји чеда. Меѓутоа, првите разлики се појавуваат во претставата за Бога. Во
исламот, на пример, Бог е возвишен создател, кој управува со животот на луѓето.
Тие не му се обраќаат со „оче наш“, како христијаните. За нив е особено значајно
кога зборуваат за Господ, да не го вбројуваат во ниту една човечка категорија.

You might also like