You are on page 1of 10

Биографија

Крале Марко (околу 1335 - 17 мај 1395) бил последниот крал


што владеел во големиот дел од Македонија пред
повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат
јунак на епското народно творештво не само на Македонците,
туку и пошироко. Државата на Марко и Волкашин во некои
извори се нарекува Бугарија. Дел од историчарите сметаат дека
станува збор за географска и културолошка одредница, а не за
етничка . Бугарските историчари сметаат дека Марко владел дел
од единствената бугарската територија, а населението било
бугарско потекло.Меѓутоа таквата констатација е тешко
одржлива, бидејќи етногенезата на бугарскиот и македонскот
народ не била завршена во средниот век. Сепак, кралството на
Волкашин е со средиште во Македонија, и затоа се смета за
македонски крал.

Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Димитрија


Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата
Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а
во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева,
Вида, Угра, Шаина и Беда. Имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е
познато дали имал наследник.

За потеклото на фамилијата Мрњавчевиќ нема сигурни сознанија


бидејки современите пишани извори не даваат податоци. Најстари
податоци за оваа фамилија дава дубровничкиот писател Мауро Орбини
од XVII век. Според него, тие потекнувале од Ливно во Херцеговина од
сиромашниот властелин Мрњава, кого Душан (цар, 1346-1355) го повикал на својот двор и
многу го издигнал. Врз основа на ваквото пишување на Орбини прифатено е презимето
Мрњавчевиќ за оваа фамилија и како такво одамна е востановено во литературата.

За време на владеењето на неговиот татко, Марко ја имал титулата “млад крал“, односно
престолонаследник. Во Маричката битка во 1371 год., Марко не учествувал во бојот, туку
останал да управува со територијата на земјите на татка си и чичко си. По неа и по смртта на
браќата Мрњавчеви, тој станал крал и формално-правно совладетел на царот Урош. Според
некои научници, тој е и единствениот легитимен крал на Царство, по смртта на Урош и
замирањето на династијата Немањиќи.

Но, владеењето на кралот Марко се соочувало со постојани притисоци, како од страна на


српските големци, така и од страна на Турците, кои сe посигурно завладувале со Балканот.
Набргу некои територии му биле одземени од кнезот Лазар, Никола Алтомановиќ, Балша и
Турците. Тоа било време кога многу од владетелите склучувале мир со Османлиите, станувајќи
нивни вазали. Така и Марко ја признал врховната власт на Мурат I, се обврзал да му плаќа
данок и да служи на турската војска во нејзините воени походи.
Битката кај Марица
Маричката битка позната и како Черноменска битка или Втора Маричка битка, се одиграла
на реката Марица близу до селото Черномен (денес Орменио во Грција) на 26. септември 1371.
помеѓу Отоманската војска предводена од Лала Шахин Паша и македонската војска на
Волкашин Мрњавчевиќ и неговиот брат, деспотот Јован Углеша.

Деспотот Углеша сакал да ги нападнат турците ненадејно во нивното упориште Едрене, додека
султанот Мурат I бил во Мала Азија. Отоманската војска била многу помала македонската која
броела околу 70.000, но благодарение на тактиката со ноќен напад врз кампот на противниците,
успеале да ја поразат христијанската војска и да ги убијат кралот Волкашин и брат му Углеша.

Со ова, Македонија и делови од јужна Србија потпаднале под Отоманска власт. Битката била
дел од напредувањето на Отоманците во освојувањето на Балканот. Синот на Волкашин, Крале
Марко, го наследил татка си на престолот на прилепското кралство, но сега како вазал на
турците. Бугарија исто така останала во вазалска статус.

Битка кај Марица


Дату
26 септември, 1371
м:
МестМарица (блиску
о: Черномен во Грција)
Исхо
Османлиска победа
д:
Завојувани страни
Династија Османли
Мрњавчевиќ ска империја
Војсководци
Волкашин † Лала Шахин
Јован Углеша † Паша
Битката кај Ровине
Битката кај Ровине е водена 17.05.1395.
година недалеку од денешниот град во
Романија Арад меѓу влашкиот војводе
Мирче Постариот (1386—1418) и
отоманскиот султан Бајазита I (1389—
1403). Влашкиот војвода имал поддршка од
унгарскиот крал Зигмунд Луксембургшки
додека на отоманската страна се нашле
српските великодостоинственици
Стефан,Константин Драгаш а и Крале
Марко кои биле вазали на султанот Бајазит
I. Отоманската војска била поразена но не
претрпела некои големи загуби. Од друга
страна влашкиот војвода после битката се
обврзал да му плаќа данок на султанот.
Оваа битка е значајна затоа што покажала
дека Турците не се непобедиви.

Во битката кај кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот султан Бајазит I и борејќи се
против влашкиот војвода Јован Мирче, кралот Марко загинал, провоцирајќи низа шпекулации
како точно се случило тоа и каде било погребано неговото мртво тело. Според Мауро Орбини,
Крале Марко ја загубил битката против Мирчеа крај Кралево, а потоа побегнал во некоја шума
каде, по грешка, бил убиен од некој Влав кој мислел дека се работи за ѕвер. Неговото тело било
закопано во близина на Скопје, во манастирот Блачани. Други научници веруваат дека
мермерната плоча од ѕидот на трпезаријата во Марков манастир зборува дека неговиот гроб се
наоѓа токму на ова место. Ниту една од овие теории се уште не е потврдена од страна на
науката. Преданието вели дека непосредно пред битката, на деспотот на кумановско-
кратовската област Константин Дејанов, кој исто така се борел на страната на Османлиите и
загинал во битката, Марко му ги кажал следниве зборови: „Го молам Бога да им помогне на
христијаните, а јас прв да загинам во таа борба“.
Крале Марко во народните легенди и песни
Веројатно и не постои поконтроверзна човечка фигура во македонскиот средновековен
фолклор и историја од Крале Марко, национален јунак, човек со извонредна сила, надчовечка
моќ, мудрост, правдољубие, бранител на слабите и сиромашните, а истовремено суров, груб,
нечувствителен владетел...

Имал долги мустаќи, носел тежок


боздоган, можел да испие 10 буриња
вино, го штител народот од Црна
Арапина и Муса Кесеџија, имал кули
во Прилеп, манастир кај Драчево,
јадел и пиел обилно, но сé што имал
на маса делел со неговиот коњ
Шарец.

Во близина на граничниот премин со Грција, на неколку километри од селото Долно Дупени на


Препанското Езеро, се наоѓа месноста Маркова Нога. Местото името го добило заради каменот
на кој, според легендата, се наоѓа трага од неговото големо стапало. Според таа легенда, Крале
Марко се шетал покрај брегот на езерото и посакал да го види малото езеро што се наоѓа во
Мала Преспа (во денешна Албанија), па се поткачил на каменот и пореди својата надприродна
големина оставил траг на каменот од своето стапало.Каменот се наоѓа во дворот на караулата.
Ако на тоа место ја ставите ногата ќе забележите дека Крале Марко сигурно носел чевли околу
бројот 90.

Овој отпечаток се наоѓа во манастирот св.“Андрија“ во манастирскиот


комплекс Матка,и се верува дека его направил Крале Марко со едно
негово потпирање на ѕидот од манастирската црква.
Кога оделе сватови Покрај море, бре, покрај турски
дворје .
 
Ој покрај море, бре, покрај
Свршил Марко ќерка си Јана турски дворје,

многу надалеко, Го догледа, бре, турчинка


девојка.
преку три - четири гори,

во Црвено јаболко. Ој, ајде Марко, бре, и ти


потурчај се,
Кога оиле сватови

Марко му говори: ќе ти турим, бре, име најголемо.

- Китени сватови,  
Ој, сакаш Асан, бре, сакаш Асан
јадете и пијте, Бегот,

и збогум ојте си, Сакаш асан, бре, сакаш Асан


бегот.
Јана не ја давам
Ој, не се турчам, бре, турчин ја
оти не умее глава да си мие, да гледам,
ни па умее свекру чес да стори, Не се турчам, бре, турчин ја да
гледам.
Сватои станале,

сите си отишле,  
Ој, ајде було, бре, и ти покрстај
невеста не зеле. се,

Ќе ти турам, бре, име најголемо.

Ој, ќе ти турам, бре, име


најголемо,

Сакаш Анѓа, бре, сакаш


Анѓелина
Шетал Марко покрај
Бело море
Ој, шетал Марко, бре, покрај
Бело Море
Песна за Крали Марко
Прилеп ми е престолнина. како што се Маркој Кули,

Пелагонци од Хомера, мои реки и патишта цркви,

Македонци од Филипа, Мостој и градови насекаде до


Прилепа,
Филипа и Алексанар,
каде што се стопалата по ридови,
апостоли и светии
оставени жигој царски жигосани.
од Самоил собрани
Да брзаме да градиме
на истите Маркој Кули
зошто мене оставиле да им бидам за
кај Цепенко опишани. заштита,

Сета мудрост и умови од народот за заштита и утеха на се што е


мудрувани македонско:

од деца изучени и од цел свет резби, фрески, ора, песни и писмо


паметени. кириловско.

Ој ти вило Равијојло, Зошто Вило посестримо абер вчера


ми пристигна,
ој ти вило посестримо,
Крал В'лкашин мојот татко на
заврти ги потоците отвори ги Марица ми погина
изворите,
со се цела царска свита со се војска.
да потечи бујна река
Mашка рода нема веќе што да гине
и Маркова да се вика кај манастир
што се гради народ ми под заштита со моето
кралско име,
се со фрески моја лика,
со векови да се знае мојот народ кој
ќе брани.
СРЕДНОВЕКОВЕН ГРАД МАРКОВИ КУЛИ

Средновековниот град Маркови Кули за споменик


на културата е прогласен во 1953 година.
Значењето на тврдината Маркови Кули, а воедно
на средновековниот град Прилеп, во
долгогодишната историја на Балканот е големо,
пред се заради местоположба во Пелагонија.
Имено, низ оваа котлина врвеле важни
сообраќајници кои го поврзувале Јадранското
Море со Егејското Море. Во античко време патот
Виа Сердика, како поткрак на патот Виа
Милитарис (Singidunum(,Belgrad) - Constantinopolis), врвел низ Прилеп, а во
продолжение се приклучувал кон патот Via Egnatia (Durachium - Amfipolis).
Тврдината настанала и се развивала во периодот од IV век ст.е. до XIV век н.е.и
воедно претставува симбол на градот. Благодарение на тврдината, средновековен
Прилеп е познат на Балканот со својот доминантен одбранбен систем односно, таа
се вбројувала во петте најјаки и неосвоиви тврдини на
Балканот.
Според најстарите траги на потекло, оваа тврдина
најверојатно е градена за време на најмоќните македонски
кралеви. Дека била голема и постојано
населена населба, сведочат повеќето
некрополи кои потекнуваат од раниот
железен период, преку антиката до доцниот
среден век. Со време, градот израснува во
голем и значаен занаетчиско-трговски и
административен центар. За Маркови Кули како тврдина,
најстари пишани податоци се наоѓаат во византиските извори од
времето на императорот Василиј II (976-1025), од 1018 година.
Градот и тврдината, како Прилапон се спомнуваат и во Кратката Историја на
Јован Скилица, современик на цар Самоил, кој што после поразот на Беласица од
Василиј II, на 6 октомври 1014 година умира во Прилеп.
Други пишани податоци за Прилеп и тврдината, потекнуваат од времето на
византискиот император Алексиј III Ангел (1195-1203), а во врска со трговијата на
Венеција на овие простори кога Прилеп е во состав на феудот на Добромир Хрс.

Кога Византиската држава се распаднала во 1204 година под удар на


Крстоносците, градот потпаѓа под бугарска власт на чие чело бил царот Калојан
(1197-1207), се до 1207 година кога влегол во територијата управувана од
феудалниот владател, севастократот Стрез. Набрзо после смртта на Стрез во 1214
година, Прилеп потпаѓа под власта на епирскиот деспот Михаил I (1204-околу
1215). Во 1230 година по битката кај Клокотница помеѓу бугарската и епирската
војска и по поразот на епирците, Прилеп потпаѓа под бугарска власт до 1241
година. Кога умира бугарскиот цар Иван Асен II (1218-1241), градот повторно
минува во составот на Епирското Кралство за време на епирскиот деспот Михаил
II (околу 1237-1271), се до 1254 година кога потпаѓа под никејска власт т.е. под
возобновената Византиска Империја.
Во 1334 година Прилеп потпаѓа под српска власт. За средновековниот град
најмногу податоци има од времето на владеењето на српскиот крал, а подоцна цар
Душан (1331-1355). Од документите најдени во манастирот Трескавец, се дознава
дека Прилеп во тоа време бил големо и важно градско средиште и дека цар Душан
тука имал дворец.
Од 1350 година се спомнува името на Волкашин, кој подоцна во 1360 година од
страна на цар Урош добива титула деспот. По битката на Марица во 1371 година
против турците, загинува Волкашин. Него го наследува син му Марко, еден од
најлегендарните јунаци за кого што за жал, има скудни податоци. Се знае дека
Марко бил турски вазал и како таков учествувал во битката на Ровине против
влашкиот војвода Јован Мирче во 1395 година, каде што и загинува.
Пред тоа, во 1385 година за време на султанот Мурат I (1362-1389) Прилеп
потпаѓа под турска власт. Со смртта на Крали Марко завршува средновековната
историја на Прилеп.

You might also like