You are on page 1of 13

УНИВЕРЗИТЕТ„Св.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ –
БИТОЛА

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛЕТ- БИТОЛА

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:

ЕТИКА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

ТЕМА.

ЕТИЧКОТО УЧЕЊЕ ВО ДЕЛАТА НА ФРИДРИХ НИЧЕ

СТУДЕНТ: ПРОФЕСОР:

ЈАНА ПАШОВСКА 5755 Проф.Др. ВАЛЕНТИНА ГУЛЕВСКА

БИТОЛА

МАЈ, 2020
Содржина
1 ВОВЕД.....................................................................................................................................2

2 ЖИВОТОТ НА НИЧЕ............................................................................................................3

3 ЕТИЧКОТО УЧЕЊЕ НА НИЧЕ...........................................................................................4

4 ЗАКЛУЧОК.............................................................................................................................8

5 БИБЛИОГРАФИЈА................................................................................................................9

1
1 ВОВЕД

Ниче извршил огромно влијание врз модерната и постмодерната западна култура на


XX и XXI век, а посебно врз филозофијата, науката и уметноста. Тоа влијание се
чувствува и денес и покрај тоа што гласи за еден од најнеразбирливите т.е неговата
филозофија е окарактеризирана како неразбирлива.

Делото на Ниче и понатаму останува контроверзно, постои големо несогласување


околу неговите дела, околу нивното толкување и значење. Дел од тешкотиите во
толкувањето на Ниче произлегуваат од неговиот особено впечатлив филозофски стил на
пишување. Ниче е критички настроен кон христијанството, а според некои толкувачи и
воопшто кон религијата. Стилот на Ниче е во спротивност со традиционалните вредности
во филозофското пишување, што го отуѓува од интелектуалниот академизам, како во
неговото време така и денес.

Во својата филозофија Ниче ги поврзува волунтаризмот и дарвинизмот, од друга


страна неговото учење е нихилизам, релативизам и аристократски индивидуализам.
Ничевата филозофија е несистематска и афорична, а во себе содржи и противречности.
Она што го истакнува како врвен филозоф, е неверојатно поетскиот и длабок стил на
филозофирање.

Слика 1 Ниче со својата мајка

2
3
2 ЖИВОТОТ НА НИЧЕ

Фридрих Ниче е роден во градот Рекен, во протестантско семејство со потекло од


Полска (грофови Нички). Во 1864 година, Ниче ги започнува студиите по теологија и
класична филологија на Универзитетот во Бон. По еден семестар, ги прекинува
теолошките студии и ја губи верата. Ниче потоа се сосредоточил на проучувањето на
филолошките науки кај професорот Фридрих Вилхелм Ритхел при Универзитетот во
Лајпциг, кого го сметал за „единствениот генијален научник кој сум го видел до
денес“.1Во 1865 година Ниче започнува темелно да ги проучува делата на Артур
Шопенхауер, чие влијание особено ќе се чувствува во подоцнежните дела на Ниче. Од
друга страна тој бил под влијание и на теоријата на Чарлс Дарвин и материјализамот. Во
1868 Ниче повторно се вратил кон своите студии, по што успешно ги завршил следната
година, кога се запознал со Рихард Вагнер, кој имал големо влијание врз делото на Ниче. 2
По завршувањето на студиите, Ниче добил понуда да стане професор по класична
филологија на Универзитетот во Базел.

Во 1872 година, Ниче ја објавил својата прва книга, Раѓањето на трагедијата. Помеѓу
1873 и 1876 година, Ниче објавил четири долги есеи: Давид Штраус: Исповедник и
писател, за употреба и злоупотреба на Историја за животот, Шопенхауер како просветител
и Рихард Вагнер во Бајројт. Во еден период Ниче се одалечил од Вагнер поради
различните мислења околу германската култура. Во 1879 година дошло до влошување на
неговото здравје и тој бил принуден да поднесе оставка на неговата позиција во Базел. На
3 јануари 1889 година, Ниче доживеал ментален колапс. Ниче потоа се нашол во
психијатриска клиника, во Базел. Оттогаш Ниче покажува сериозни психички
нарушувања. Во 1893 година од Парагвај се враќа Елизабета, сестрата на Ниче, и таа
започнува да ги проучуваа делата на Ниче и ја презема контролата за нивното објавување.
Од 1897 година Ниче живее во Вајмар, каде што Елизабета се грижи за него. Во август

1
Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића,
1918, стр. 65.
2
Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918,
стр. 57.

4
1900 година Ниче имал уште еден мозочен удар и умрел околу пладне на 25 август.
Елизабета го погребала покрај нивниот татко.

5
3 ЕТИЧКОТО УЧЕЊЕ НА НИЧЕ

Стилот на Ниче е во спротивност со традиционалните вредности во филозофското


пишување, што го отуѓува од интелектуалниот академизам, како во неговото време така и
денес. Идеалот за натчовекот, нихилозмот, вечната борба меѓу доброто и злото, двата вида
на морал на господар и морал на роб, смртта на Бог, вечното враќање, аполонско-
дионизиската поделба се мотивите околу кои Ниче ја градел својата философска мисла.

Тој е голем противник на класичната филозофија и жесток критичар на стариот морал


и христијанството. Тој е против секој морал, збир на правила кои и се налагаат на
личноста и ја врзуваат, ја уништуваат нејзината слобода. Христијанството го смета за
обичен инструмент со кој слабите, кои ги има многу повеќе, ги држат во ропство силните,
смелите и талентираните личности. Ниче е жесток критичар на христијанството, а посебно
на протестантизмот за кого тврди дека „делумно ги парализирал христијанството и
разумот.“[CITATION Нич09 \l 1071 ] Натаму тврди дека протестантизмот е најзаслужен за
моралното и духовното пропаѓање на германскиот народ.

Ниче постулира дека алтернатива на христијанството постои во будизмот. Според


него будизмот претставува „вистинска позитивистичка вера..., сто пати пореалистична,
одошто христијанството..., објективно и умерено свртена кон проблемите благодарение на
успешното справување со самозалажувањето кое е содржано во моралните
поими...“[CITATION Нич09 \l 1071 ]

Слика 2 Цитат на Ниче за моралот-“Стравот е мајка на моралот“-

6
Една од големите заслуги на Ниче е што проблемот на етиката го третира во целост
како проблем на културата, сфатена како институција за создавање на највисоки духовни
вредности во уметноста и науката и чиешто постоење зависи во целост од постоењето и
активноста на генијалниот човек, а чија единствена цел е создавање на поединечни големи
луѓе, но не како дело на еднаквост, туку како производ на аристократското општество.3

Оттука, неговата несреќа или можеби повеќе среќа–да живее во време кога
модерната европска култура запаѓа во хронична криза, а во кризите и транзициите,
најчесто се доведуваат под прашање сите животни вредности (материјални и морални) кои
се негувале, почитувале, чувале, развивале дотогаш и во кои се верувало – го прави еден
од оние кои на филозофијата ѝ даваат терапевтско влијание: „да се занимаваш со
филозофија, значи да го избереш својот начин на живот“.4

Имено, во животот нема друга цел освен постојаната борба за живот и


самоодржување, и во таа борба за живот опстануваат и победуваат само најсилните и
најспособните и затоа само тие заслужуваат морална и секоја друга поддршка. Слабите и
просечните пак, скромните и немоќните, се осудени на пропаст и исчезнување, а оттука
моралот е прикриена волја за моќ, израз на завист и побуната на слабите и неспособните
кон и против моќните луѓе, кај кои животот е развиен на повисок и поголем степен.
Возвикувајќи дека моралот е измислица на слабите и слабаците кои го измислиле
христијанството и тоа на трагата на Сократ, Ниче смета дека вистинските вредности на
антиката се остварувале во времето пред Христос, односно пред Сократ, во времето кое
било јуначко и дионисиско.

И токму во овој обид, да се пишува во епоха на морален вакуум кога и се најавуваат


моралните и материјалните катастрофи на XX век, философските ефекти од творештвото
на Ниче сеголеми. Иако „перманентно лизга во речиси тотален релативизам инихилизам ,
неговата филозофија, односно етика, е често несистематска и латентно противречна, но
напишана со поетски дух и со голема философска длабочина“, сепак, како таква, „не
можеме да ја игнорираме нејзината „дијагностика“ и лошо претчувство“.[ CITATION
Дон19 \l 1071 ]

3
Fridrih Niče, Sumrak idola, Grafos, Beograd, 1980.
4
Ферид Мухиќ, op. cit, стр. 197.

7
Моралноста во односот господар-роб, е лајтмотивот во делата Фридрих Ниче, особено
во неговиот прв есеј, Генеологија на моралот. Во овој есеј тој расправа за два вида на
морал, господарскиот и оној на робот. Господарскиот како вредности ги има гордоста и
моќта, додека робовскиот како вредности ги има љубезноста, емпатијата и
разбирањето.Господарскиот морал суди што е добро а што лошо, пр. класичните доблести
на благородниците наспроти недоблесната толпа. За разлика од робовскиот морал, кој
суди според степенот на намерата да се прави добро или зло, пр. христијанските доблести
и пороци, Кантовата деонтологија и др.

Ненадминлив документ за етичките и вредносните размислувања на Ниче претставува


епското дело Така говореше Заратустра, во кое Ниче гледа ново евангелие и морален
водич на човекот во времето кое следи. Ниче во сопствената аксиолошка мисла не ја крие
негацијата на сите моралните појави. Според него постојат само морални интерпретации
чиј извор се наоѓа надвор од моралот. Моралните интерпретации доминираат во повеќето
морални доктрини кои, по правило, проповедаат априорност, трансцендентност и
неменливост на моралот.[ CITATION ЦАК \l 1071 ]

Оттука, според Ниче, моралот претставува најконтроверзен, најхетероген и


најнестабилен производ на културата. Доказ за тоа е постоењето на различни морали кај
различни народи. Ниче воедно визионерски предупредува на опасноста од воведување
општо важечки морал кој, во основа, претставува инструмент на политичкиот хегемон.
Универзалниот морал води кон насилна униформност налуѓето чија психолошка цена е
трајна загуба на творечкиот потенцијал и идентитетот. Ниче го релативизира моралот
согласно со општиот принцип на универзумот: „Како што во царството на ѕвездите
патеката на една планета понекогаш е определена од две сонца, како што во одредени
случаи врз една планета светнуваат сонца со различни бои, еднаш со црвено, друг пат со
зелено светло и заедно ја преплавуваат со јарки бои, така и ние, современите луѓе,
благодарение на сложениот механизам на нашите „небески ѕвезди“, сме определувани од
различни морали; нашето дејствување наизменично свети со различни бои, ретко со
единствена – а чести се и случаевите кога нашето однесување е разнобојно.“[CITATION
Нич161 \l 1071 ]

8
Критикувајќи го етичкиот трансцендентализам Ниче ги открива вредностите во
самото јадро на човекот. Човекот е единствен извор на вредности. Неговите вредности се
прилагодени кон актуелните потреби и антиципираните цели. Во тој креативен процес
значајно место им придава на надворешните услови на живеење. Со други зборови,
човекот живее и се реализира во интеракција со природниот и социјалниот свет. Вака
разбраната интеракција имплицира дијалектичко единство помеѓу човекот и околниот
универзум: човекот е извор и носител на вредностите, додека универзумот без вредности е
творец на човекот и сето постоечко. Оспорувајќи го етичкиот трансцендентализам Ниче ја
негира тезата за вончовечко создавање на вредности, без оглед дали станува збор за
авторитет, институција или надприродна сила. Оттука и неговата максима дека сите нешта
се крстени на изворот на вечноста и од онаа страна на доброто и злото.[ CITATION Нич \l
1071 ]

Сепак Ниче признава дека природниот ред и универзалните закони се надредени на


вредносните закони на човекот. Ова, пред сè, се однесува на универзалното влијание на
случајноста, невиноста, спонтаноста и буењето. Со други зборови, светот и човекот како
дел од природата се подредени на универзалниот ред на нештата. Затоа Ниче ги критикува
метафизичарите за недоволното разбирање на односот човек – свет и нивната заблуда за
постоењето спротивставени вредности. „Прво, постои сомневање дали вредносните
противречности воопшто постојат и второ, дали вреднувањето кај луѓето и вредносните
разлики, за кои говорат метафизичарите, не произлегуваат од површноста и
прелиминарната перспектива.“[CITATION Нич161 \l 1071 ]

Слика 3 Цитат на Ниче за моралот-“ Моралниот систем што важи за сите во основа е неморален

9
4 ЗАКЛУЧОК

Во филозофијата на Ниче како најсилен лајт-мотив се провлекува идејата или можеби


е подобро да се каже вечниот идеал за натчовек кој ќе биде поголем од Бог. Многу
размислувал за овој порив на поединци во општеството поврзувајќи го со волјата за моќ.
Ниче истакнува дека таа е вистината и вистинската реалност. Волјата за моќ е израз на
исклучителните луѓе, а таквите луѓе имаат животна енергија, духовна сила да творат и да
создаваат. Наспроти нив се луѓето со слаба волја за моќ, кои проповедаат морал на
еднаквост, демократија и социјализам. Меѓудругото Ниче истакнува дека за иднината
треба да се одржуваат само луѓе кои се способни да се соочат со иднината, кои ќе ги
отфрлаат сите вредности и ќе си поставаат правилата што мнозинството ќе ги следи, а со
тоа се појавува идејата за натчовекот (Übermensch). За Ниче натчовек е слободна личност
која себеси се потврдува преку борбата, тој е воин и гениј, смел и храбар, творец и
возвишен, создава и урива, не подлегнува на никакви правила, освен на тие што сам си ги
поставил. Од аспект на денешниот постојан морал натчовекот прави зло, но тој ги отфрла
наметнатите вредности, тоа е аморализмот на Ниче. Натчовекот на Ниче е од онаа страна
на доброто и злото во вообичаената смисла на зборот.

Осамен, длабоко повлечен во себе и зафатен само со своите слики на светот, земајќи
се единствено себе како почетоки и како последна точка на сè, без никакви релации кон
другите, Ниче го создал својот идеализиран тип на натчовек, кој по своите важни особини
не е само асоцијален, туку и антисоцијален, а според својата апсолутна волја не само
невозможен, туку и опасен.

10
Слика 4 Гробот на Ниче во Рекен

5 БИБЛИОГРАФИЈА

Bernd, M. (2020, March 27). Friedrich Nietzsche-German Philosopher. Повратено од


Encyclopædia Britannica: https://www.britannica.com/biography/Friedrich-Nietzsche

D’OLIMPIO, L. (2019, April 4). BIG THINKER: FRIEDRICH NIETZSCHE. Повратено од


THE ETHICS CENTRE: https://ethics.org.au/big-thinker-friedrich-nietzsche/

Leiter, B. (2020). "Nietzsche’s Moral and Political Philosophy". The Stanford Encyclopedia of
Philosophy.

Донев, Д. (2019). Прирачник по етика. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во


Скопје.

Ниче. (2012). Така зборуваше Заратустра. Скопје: Ѓурѓа.

Ниче, Ф. (2009). Антихрист. Скопје: Ѓурѓа.

Ниче, Ф. (2016). Отаде доброто и злото. Скопје: Ѓурѓа.

Цакирпалоглу, П. (2019). Психологија на вредности и вреднување : психолошки осврт кон


современата аксиологија. Скопје: Филозофски факултет – Скопје.

11
12

You might also like