You are on page 1of 2

ИСТОРИЈА НА ФИЛОЗОФИЈАТА

Историја на филозофијата е составен дел на филозофијата!

-КАДЕ СЕ ЈАВУВА ФИЛОЗОФИЈАТА:

Филозофијата се јавува во целиот свет.Филозофската идеја се пројавува во секоја


изградена цивилизација каде што човекот достигнал висок степен на развиток.
Со поврзување на целио свет,се добжуваат како културите така и и релиѓиите и се повеќе
се поврзува во нив филозофскиот дух на човештвото. Се открива дека погледите од
другите краишта на светот имаат значење и за нас, а идеите од нашиот свет се шират низ
цел свет. Токму ова е едоказ дека нема човештво без филозофија и дека истата е
единство насекаде во светот.

-ИСТОРИЈА НА НАУКИТЕ И ИСТОРИЈА НА ФИЛОЗОФИЈАТА

Секој од нас живее во сегашноста, за да дојде утре , но секогаш се потпира на минатото.


За да биде успешен , на човекот му се потребни многу сознанија.Затоа човекот долго
учи, студира, за негови потреби се создадени библиотеки,училишта, универзитети,
енциклопедии, интернет, затоа штп луѓето се интересираат за сите проблеми во кој е
засегнат и за сите сознанија.
Посебно значење има историското значење, затоа што од тука не се превземаат сите
историски случувања туку се превзема и историјата на идеите а секако тука е најзначајна
и најважна историјата на филозофијата.
Идеите во филозофијата погодуваат во сршта на проблемот и секогаш се актуелни ,
дури и да се стари или во некоја смисла да се надминати.Тие остануваат како сведоштво
за ориѓиналноста на мислителот , како доказ на човековата духовна сила и моќта на
размислувањето и како доказ за некој проблем за чие таквото филозофско решение
тогаш било актуелно.

-ШТО СЕ УЧИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ФИЛОЗОФИЈАТА

Во историјата на филозофијата се учат раѓањата на идеите од некоја епоха и култура.


Посебно се става важност од неопходната и универзалната потреба на филозофијата.Во
самата историја на филозофијата, грижливо дури и детално се претставуваат
филозофските системина најразлични мислители, односно како тие ѓи поставувале
филозофските прашања и како одговарале на нив, како зборувале за битието,
сознанието,вредностите, моралот,творештвото,заедничкиот живот за ширење на
знаењето и образованието.
Со прашањето дали историјата на филозофијата има цел каде што завршува?
Одговорот е – нема! Од самите почетоци на филозофијата секогаш е присутна целата
вистина а секогаш преостанува она што уште не е: она отвореното.
Една од најпознатите дела е :Светот на Софија: од Јустајн Гордер каде што преку
интересен приказ е прикажана историјата на филозофијата.
Историјата е сведоштво за времињата, светлината на вистината, диво паметење,
учителка на животот. Марко Тулиј - Кикерон

-ПРОБЛЕМИ НА ФИЛОЗОФИЈАТА

Како секоја наука , така и филозофијата има многу методски и содржински


проблеми.Нивното решавање е од зависност од : за кој филозоф станува збор, какво и
колкаво е неговото дело, , колку е влијателен неговиот труд ...итн.
Пред историчарот на филозофија излегуваат ред прашања: по кој пат да се оди при
истражувањето , дали да се одберат само најзначајните мислители, или и нивното
опкружување и сите на кои имале нивно влијание?Дали да се одбираат филозофи кои му
се допаѓаат на истражувачот или да биде пообјективен и кон идеите кои не у се
допаѓаат.
Целта на историјата на филозофијата е пред се , низ вековните погледи да ѓи извлечеме
Погледите на доброто и злото, за среќата и радоста,за љубовта и за вистината која ке им
се најде на луѓето при нивните животни ориентирања.

За таа цел , филозофијата е претставена како мудрост,а филозофите како мудреци, како
наука, а филозофите како научници, како особен метот( пат на сознанието) а
мислителите како создавачи на најзначајни методи ,како толкувачи на светот а
филозофите како толкувачи на светот, како наука за доброто, а филозофите како
најзначајни посочувачи на етичките и животните принципи и вредности.

Филозофијата е начин на кој што човекот станува свесен за суштествувањето на


светот и на себе...Затоа филозофијата е стара колку и човекот. Карл Јасперс

You might also like