You are on page 1of 22

I.

КУЛТУРАТА И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Kултурата претставува еден од најрационалните и највредните достигнувања на


човековиот живот (Мариноски и ост. 2006). Таа, во основа го претставува начинот на
живот на човекот, означувајќи го прифатениот начин на верување, однесување, и
обезбедување на општествена егзистенција. Културата ja претставува специфичноста на
општествениот живот, автентичноста на објективната стварност на човекот во која тој е
истовремено производител но и производ на културата. Во текот на својата еволуција
човекот ги развивал и усовршувал културните форми што резултирало со создавање на
негова специфична средина за живеење и работење, како и специфичен начин на негово
делување и опстојување. Културата всушност го означува општественото наследство на
човекот, неговиот начин на живеење и способност да креираат знаење кое може да им го
пренесуваат на другите генерации. Имено, во текот на својата еволуција човекот ги
развивал и усовршувал културните форми што резултира со создавање на негова
специфична средина на живеење и работење и специфичен начин на негово опстојување.
Преку културата односно преку способноста на човекот да креира знаење и него преку
воспитанието и образованието да им го пренесува на идните генерации, овозможила
човекот да се издвои од останатиот жив свет (Tоноски, 2000). Целакоски тврди дека
пренесувањето на одредени видови култура од една генерација на друга или од едно
општество во друго, претставува продолжување, на културата. Една од законитостите на
тој процес е заемното дејство на културата врз друга. Она што е најсилно, кај една
култура, континуирано може да делува во друга соодветна култура (Целакоски,
Коруновски, 1999).
Токму наследството кое претствува оставштина од минатото со кое денес живееме и
кое им го даваме на идните генерации е доказ за еволуцијата на човекот. Затоа, може да се
каже дека културното наследство претставува составен дел на културата на секоја земја,
додека културното наследство пак од било која земја е составен и нераскинлив дел од
културното наследство на светот (Целакоски, Коруноски, 1999). Културното наследство
низ историјата се развивало различно и хетерогено, создавајќија ја својата автентичност
карактеристична за одреден период, за одредена област, за одреден народ и денес

1
претставува национално богатство на народите и државите ширум светот. Токму со тоа се
валоризираат непроценливите вредности на културните богатства. Со нивната
специфичност од времето од кое што тие потекнуваат, како творци реализатори на овие
вредности (Целакоски, Коруноски, 1999).
Според претходно кажаното можеме да сублимираме дека културата и културното
наследство претставуваат фактор според кој се разликуваат различните народи нивните
обичаи и навики, нивната различност придонесува за развивање на чувството на потреба
за откривање на нови и епознати култури.

1. Поим за културата

Етимолошкото значење на поимот култура потекнува од латинскиот глагол colere.


Овој термин првобитно значел обработка, одгледување на земја. Тоа првобитно значење
потоа се заменува со изразот агрикултура, што значи земјоделие. Имајќи ја во предвид
комплексноста на суштината на културата голем број теоретичари се обиделе да дадат
свое објаснување за латинскиот збор cilere, меѓу кои е еден од еден од познатите
теоретичари на културата Германскиот филозоф Вилијам Максимилијан Вунт - Wilhelm
Maximilian Wundt кој го толкува како грижа за оплеменување и проучување на човековиот
живот.
Имајќи во предвид дека периодот на развој на поимот култура бил долг и во текот
на развојот на самиот поим се појавиле повеќе објаснувања кои се резултат на различното
толкување, поставување теории и критериуми за разбирање и оценување на човековата
активност во општеството, во продолжение на нашиот труд ќе се обидеме да направиме
една кратка анализа за настанувањето и развјот на самиот поим.
Поимот култура и неговата употреба се забележани уште од антиката, со значење
кое е приближно со значење на овој поим. Така Херодот, еден од најпознатите историчари
уште од 5 век п.н.е се заинтересирал за културата на народите од местата каде што
патувал, прашувајќи се што е она што овие народи ги прави различни меѓу себе.
Бележејќи ги нивните обичаи, навики, постапки, начини на пблекување и останатите
културни елементи,посебно задржувајќи се на верата и верските обичаи. Применувајќи ја
компаративната метода, утврдил дека помеѓу нив постојат круцијални разлики и се обидел

2
да даде одговор на прашањето што е причина за овие разлики. На овој начин тој е првиот
кој ги одредил критериумите на етникумот:исти претци, заеднички јазик, религија слична
облека и слично. Понатаму во историскиот развој на поимот култура би го спомнале и
размислувањето на софистите во Стара Грција (Сократ, Платон, Аристотел). Имено
софистите започнале подлабоко да се занимаваат со проучување на човекот, неговото
милење, политичко определување и иеали. Во своите расправи околу дефинирањето на
поимот култура тие посебно се задржале на прашањето дали поединечните елементи на
културата настанале поприроден пат или настанале како резултат на човековата
активност.Тие и самиот поим култура за разлика од дотогашните учења кои го поврзуваат
исклучиво со потеклото на индивидуата, тие сметаат дека културата произлегува и од
наследството на крвта, знаењето и образованието.
Првите промени во однос на толкувањето и употребата на поимот култура се
забележуваат со издигнувањето на Римската империја . Од тој аспект значаен е да се
спомене римскиот филозоф и говорник Марко Тулие Цицерон (106-43г.п.н.е.). Тој за прв
пат го употребува поимот култура аними, со што Цицерон гледал на културата како
култура на душата. Покрај ова, тој е и првиот кој го употребува поимот култура, со
значење приближно на она што го има и денес. Од овој период на историјата значаен е и
филозофот Лукрециј Кар (околу 98-55 п.н.е.), кој во неговото дело “За природата ”
зборува за природните закони кои го обликуваат светот и според кои се развива
човековата цивилизација. Тој во ова дело доаѓа до еден многу значаен заклучок:”Прво
кога луѓето оделе голи, живееле во пештери, не знаеле за оган, немале закони и влада, ни
брак. Потоа постанале ловци, правеле облека од кожа, основале семејство. А потоа, луѓето
почнале да се здружуваат (секако во мали групи), почнале да се служат со говорот, да го
употребуваат огнот, а потоа следува употребата на бакарот и железото ” , кој понатаму ќе
ја претставува основата на бројните еволуционистички тези за културата (Коруноски,
Коцески, 2009).
Средниот век е епоха на доминација на христијанската теолошка мисла и концепт
за човекот и светот. Како економска, политичка и духовна моќ, црквата севкупното
духовно творештво на времето го претворила во схоластичка филозофија. Ова е мрачен
период во кој сите науки биле ставени во функција на догматизмот на црквата. Поради тоа
и биле избегнувани филозофските и другите науки што претходно се занимавале со

3
проучувањето на културните содржини, онакви какви што денес ги разбираме. Но, за
среќа ваквиот приод бил надминат со доаѓањето на периодот на ренесансата. Ова е период
во кој повторно блеснува угледот на античката култура, период во кој се внесуваат нови
идеали во животот на луѓето, надвор од влијанијата и верувањата на црквата. Со ова
повторно била актуелизирана конвенционалната теорија за потеклото на културата и
општествените институции, поврзани со идејата за враќање на човекот кон природата,
пред се во делата на Ж.Ж.Русо.
Во периодот од романтизмот практичната употреба на поимот култура е да означи
елита и идеали, поврзувајќи го овој поим со активности како уметност, класична музика и
кулинарски вештини. Бидејќи овие форми на активност претставуваат дел од урбаниот
живот, културата се идентификува со поимот цивилизација. Додека пак идентификацијата
на културата со оние кои не биле елита се поврзува со интересите романтичкото движење
за фолклорот. Така да основната употреба на поимот култура била да се направи разлика
помеѓу владејачките социјални групи , како оние кои имаат висока култура и оние кои не
се дел од нив, односно имаат ниска култура. Идејата за “култура”која се развива во Европа
во 18от и раниот 19ти век претставува рефлексија на нееднаквоста на Европското
општество. Како највидно име во овој период, кој ваквата теорија понатаму ја разработил,
со што ја редефинирал културата е Тејлор. Така според него “онаа комплексна целина која
во себе ги вклучува значењето, верувањето, вештините, моралот, правото, обичајот и сите
други можности и навики, стекнати и прифатени од човекот како член на општеството”
Едвард Тајлер (Tyler, 1971). Оваа дефиниција се смета за главната смерница за модерното
сваќање и поимање на поимот култура.
За првпат поимот култура со значењето кое го има денес го употребил германскиот
преродбеник Хенри Јохан Хердер филозоф и историчар кој објавува книги во кои ја
обработува културата како се она што не може да се добие од природата. Според Хердер
поимот култура ги опфаќа сите културни вредности што ги создал човекот.
Во обидите што попрецизно и што посоодветно да го дефинираме поимот култура
ќе ја наведеме и дефиницијата, односно толувањето на Милош Илич (Ilić, 1983). Имено
Милош Илич (Ilić, 1983:14) смета дека“Под поимот култура се подразбира збирот на сите
оние процеси, промени и творби кои настанале како последица на материјалната и
духовната интервенција на човековото општество,а основната смисла на културата се

4
состои во тоа да се олесни одржувањето, продолжувањето и напредокот на човековото
општество”.
Според наше мислење дефиницијата на (Ilić, 1983:14) претставува една од
поточните односно попрецизните дефиниции од неколку аспекти.
1) Имено во оваа дефиниција поимот култура ја опфаќа духовната и материјалната
култура, бидејќи доколку се испушти од вид материјалната култура како
составен дел на културата, тогаш се губи смислата на најголемиот дел од
човековото творештво насочен кон производство на материјални добра за
задоволување ба биолошките, физичките и духовните потреби;
2) Културата на овој начин е третирана како историска и динамична, што значи
развојна категорија која треба да се изучува со оглед на временските и
просторните промени;
3) Од оваа дефиниција се исклучувааза цел или не придонесуваатт сите оние
процеси и творби кои немаат за цел или не придонесуваат, за одржување,
продолжување и напредок на човековиот род. Тоа се оние критериуми врз
основа на коиизвесни постапки и појави можат културно да се вреднуваат или
ценат како помалку културни или некултурни (Тоноски, 2000).
4) Со оваа дефиниција се потенцира улогата на трудот, а особено на свесниот труд
во културниот развој на човештвото во создавање на поповолни услови за
живот Милош Илич (Ilić, 1983:14).
Имајќи во предвид дека културната разновидност претставува движечка сила за
исполнување на интелектуалната, емоционалната, моралната и духовната страна во
животот, економските и општествените услови беа и се основните услови за развој на
културата. Од претходно, согледаното можеме да заклучиме дека културата претставува
процес на физичкиот, материјалниот и умствениот спој без кои нејзиниот развој не може
да се издигнува на повисок степен, и секако има суштинска вредност за развој како
социјална и економска кохезија, имајќи ги клучните елементи за развој на едно
општество.

5
2. Материјална и духовна култура

Како видовме во претходната точка самата културата е комплексен и


повеќедимензионален феномен на објективната и општествената стварност. Таа вклучува
во себе бројни елементи кои можат да се диференцираат во потенсно и пошироко
определевањеопределување.
Потесното определување се повикува на истражувањата на Едвард Тајлер (Tyler,
1976;76)Тајлер кој културата ја дефинира како “онаа комплексна целина копја во себе ги
вклучува знаењето, верувањето, вештините, моралот, правото, обичаитејот и сите други
можности и навики стекнати, пригфатени од човекот како член на општеството” Едвард
Тајлер (Tyler, 1976;76). Според застапниците на потесното мислење (Baldridge, Zanden,
Spencer) ја отфрлаат материјалната дефиниција на културата и се задржуваат на
нематеријалното знаење. Односно, според нив алатите, парите, механичките направи и
другите објекти не се култура, туку култура е знаењето на тие нешта, односно културата
претставува систем на знаење.
За разлика од застапниците на потесното определување на поимот култура
застапниците на поширокото определување (Light and Keller, Macionis) тие ги
вклучуваат не само знаењето, туку и на конкретните манифестации на знаењето. Во оваа
смисла тие сметаат дека културата е составена од два елементи: материјална култура која
ги вклучува материјалните творби и добра кои се резултат на човековата креација и
нематеријална култура која ги опфаќа духовните творби и добра, односно апстрактните
креации на општеството.
Во текот на историјата културата врз човековиот развој делувала на многу начини
кои придонесле општеството да се развие во степен во кој денeс ние делуваме. Културата
како највисок израз на создавањето на човекот подразбира постоење на интервенција во
природата и општеството. Таквата интервенција придонесла за настанување на
културното однесување, творење и дејствување на човекот како и развивање на
културното материјално и духовно наследство. Односно, како што како што видовме во
претходната точка културата ги опфаќа сите материјални и духовни вредности што

6
човекот ги создал во текот на неговата долговековна историја. Некои автори
материјалната култура,уште ја нарекуваат и со уште еден термин-цивилизација Барнс
(Barnes,1986).
Имајќи го во предвид горенаведеното во продолжение нашето внимание ќе го
насочиме кон анализа на материјалната и духовната култура, односно ќе се обидеме да ги
дефинираме овие поими, да ги утврдиме факторите кои влијаат врз нив,со цел да стекнеме
една поцелосна слика за културата како општестевeн феномен.

2.1 Материјална култура

Материјалната култура е продукт на материјалното производство и претставува


основа за градење на сопствен идентитет. Таа е она што претставува цврст доказ од
минатото за постоењето на одредено општество, неговата историја која овозможува
утврдување на автентичностаа за периодот во кој постоело постоела и ни дава можност за
анализирање со сегашноста. Материјалната култура опфаќа се што има материјална
форма, кое е продукт на човековиот труд, и се наоѓа во сферата на материјалното
производство и истата ги претставува суштествените изрази на човековата природа.
Материјалната култура ги опфаќа сите оние сфери од народната култура кои ја
претставуваат објективната стварност или реалноста, односно предметите кои што
постојат и кои што буквално го исполнуваат просторот. Според тоа, во рамките на
материјалната култура се вклучени следниве категории од народната култура: народното
стопанство, народната исхрана, народната куќа (народната архитектура) со покуќнината и
економските објекти, како и облекувањето со сите елементи на пропратното украсување
(Трпески, 2006).
Врз матријалната култура во процесот на нејзино создавањето и оформување
делуваат повеќе фактори, односно влијанија:
 природните Природните влијанија;
 климатските Климатските услови;,
 специфичностите Специфичностите на просторот.

7
Природните влијанија како што се: сушите, поплавите, природните пожари,
земјотресите, вулканите, одроните, силните ветрови и др. влијаат врз физичката состојба
на материјалната култура и материјалното културно наследство. Од промените кои тие ги
предизвикуваат и во колкава мера истото е подложно на природнте природните фактори
кои влијаат врз него зависи зачувувањето на изворното значење и автентичноста.
Климатските фактори во кои спаѓаат: географската ширина, копнените и водните
површини, релјефот, растителниот свет се влијанија кои го овозможуваат или спречуваат
настанувањето на материјалната култура или материјалното културно наследство.
Специфичностите на просторот во најголем број на случаи го наложуваат
начинот на кој ќе биде извршена една изградбата на одредени објекти. Специфичноста на
просторот исто така има влијание и врз местоположбата на која се гради материјалното
културно наследство и од која во најголем процент зависи неговата истрајност во текот на
времето.
Врз материјалната култура исто така делувааат и општествени фактори кои исто
така можат да придонесат за нејзиниот развој, афирмирање и зачувување:
 општествените Општествените услови;,
 социјалните Социјалните услови;,
 субјективниот Субјективниот фактор.
Општествените услови, се оние кои се однесуваат на заинтересираноста на
државните и локалните институции за инвестирање и поттикнување на свеста на
населението за нејзиниот развој,
Социјалните услови, како што се степенот на образование на локалното
население, материјалната состојба во која се наоѓа поголемиот процент од населението,
како и заинтересираноста за подигнување на свеста кај населението за вредноста на
материјалната култура.
Субјективниот фактор најчесто го претставува локалното население кое ја има
една од клучните улоги за зачувување и развој на материјалната култура, од неговиот
однос и начин на третирање на материјалните културни вредности може да се развие или
стагнира со својот развој одредена култура.

8
2.2 Духовната култура

Поседувањето на духовната култура го претставува степенот на свеста на секој


човек, пришто достигнувањето во духовната култура се наоѓа во нераскинлива врска со
нивото на развој на материјалната култура.
Од аспект на глобализацијата духовното културно наследство претставува важен
фактор во одржувањето на културната различност. Согледувањето на важноста на
духовното културно наследство помага за разбирањето на другите култури и нивниот
начин на живеење. Духовното културно наследство не ги претставува само културните
манифестации тоа е богатство од знаења и вештини кои се пренесуваат од една на друга
генерација.
Нематеријалното или духовното културно наследство се манифестира во повеќе
свери на општеството. Така УНЕСКО (UNWTO, н.д) на конвецијата одржана за
нематеријалното културно наследство во 2003 година меѓу другото ги се споменуваат
следните области (UNWTO, н.д):
1. Ракотворби и визуелните уметности, кaко и традиционалните занаети;
2. Гастрономијата и кулинарски практики;
3. Социјални практики, ритуали и свечена настани;
4. Музика и изведувачки уметности;
5.Усни традиции и изрази, вклучувајќи го јазикот како средство на
нематеријалното културно наследство;
6. Знаења и практики во врска со природата и универзумот.

Во последните децении се вршат истражувања и се изготвуваат стратегии на кој


начин да се заштити нематеријалното културно наследство од појавите на современото
општество, кои претставуваат опасност од искривување на неговата автентичност.
Заштитните мерки препорачани од страна на УНЕСКО (UNWTO, н.д)., следствено имаат
за цел обезбедување на одржливоста, на и континуирана рекреација. Иницијативите може
да вклучуваат: идентификување и документирање на културното наследство,
истражување, зачувување, промоција, подобрување, пренос-особено преку формалното и
неформалното образование и ревитализација(UNWTO, н.д).

9
Како резиме во овој дел на трудот можеме да кажеме дека и материјалната и
духовната култура претставуваат продукт на творештвото на луѓето. Двата видови
меѓусебно се надополнуваат, така како што материјалната култура не би можела да
функционира без претходна творечка функција на духовната култура, така и духовната
култура без потребни материјални средства не може истата да се развива, односно
духовната култура се надоградува над материјалната и израстува од неа. Само со нивна
меѓусебна интеракција го добиваме културното наследство кое го претставува минатото
на една земја и останува да сведочи во иднина за идентитетот, историјата и постоењето на
една култура.

3. Класификации на културното наследство

Културното наследство на секоја земја е составен и неразделив дел oд културата и


цивилизацијата на светот. Тоа ги претставува продуктите на една култура кои често пати
ја преживуваат епохата што ги произвела, односно опстануваат многу подолго од
духовната атмосфера во која се создадени. Автентичноста на културното наследство се
развивала различно и хетерогено, во одредени историски периоди и кај одредени народи,
и денес претставуваат национално богатство на народите ширум светот. Самиот поим
“Културно наследство” во изминатиот период еволуираше сменувајќи ја својата
содржина, што делумно се должи на нормативните инструменти развиени од страна на
УНЕСКО. Имено, културното наследство не завршува на споменици и збирови на
предмети. Тоа исто така вклучува традиции или изрази наследени од нашите предци кои
ќе се пренесат на нашите потомци. Таков вид на културно наследство претставуваат
усните традиции, изведувачки уметности, општествени пратки, ритуали, празнични
настани, знаење и практики во врска со природата и универзумот на знаење и вештини за
производство на традиционални занаети.
На конференција одржана во Париз, на која учествувале земјите членки на
УНЕСКО (UNESCO, н.д) во периодот од 17 Октомври до 21 ноември 1972 година е
донесена одлука за културно наследство да се сметаат: (UNESCO, н.д):
 Споменици: Археолошки работи, работи на монументална склуптура и
сликарство, елементи или објекти од археолошка природа, натписи,

10
пештери станови и комбинации на функции, кои се од исклучително
универзална вредност од точка на гледање на историјата, уметноста или
науката;
 Група објекти: Група на одделни или поврзани обекти, кои поради
нивната архиктектура, нивната хомогеност или нивното место во пејзажот,
се од исклучително универзална вредност од точка на гледање на
историјата, уметноста или науката;
 Места: Делата на човекот или комбинација на делата од природата и
човекот, и области вклучувајќи археолошки локалитети кои се од
исклучително универзална вредност од историска, етнолошка или
антрополошка гледна точка.
На истиот состанок секоја држава членка на оваа Конвенција признава дека има
должност да обезбеди идентификација, заштита, конзервација, презентација и пренос на
идните генерации на културното и природното наследство наведени во чл.еновите 1 и 2, а
се наоѓаат на нејзината територија, припаѓаат првенствено на таа држава. Таа ќе направи
се што може за таа цел, до крајот на сопствените средства, а каде што е соодветно, со било
која меѓународна помош и соработка, а особено финансиски, уметнички, научни и
технички, кои може да бидат можност да се добијат е(UNESCO, н.д).
Како што кажавме претходно добрата кои спаѓаат во културно -то историското
наследство константно се менуваат и прошируваат. Така во последните децении се
вклучува и наследството кое може да се наоѓа и во подводните површини, иако пристапот
до него е тешко достапен, и поради тие причини не е доволно афирмирано и заштитено.
Исто така и подводното културно наследство ги опфаќа сите траги на човековото
постоење, што се наоѓаат или лежат под вода и имаат културенни или историски карактер.
Согледувајќи го овој факт во текот на 2001 година УНЕСКО (UNESCO, н.д) истакнува
дека е потребно итно да се зачува и заштити подводното културно наследство, и истото е
елаборирано на Конвенцијата за заштита на подводно културно наследство, но сеуште не е
најден начин на кој би можело да се заштити овој вид на културно наследство.
Како резултат на се поголемото фокусирање на индивидуата во толкувњето на
поимот културно наследство, станува неопходно и вклучување на нематеријалните добра
на културното наследство, односно творбите на луѓето како важен доказ за разновидноста

11
на цивилизациите и културите. Како резултат на оваа потреба на Конвенцијата на
УНЕСКО(UNESCO, н.д) за заштита на нематеријалното културно наследство која се има
одржано во Париз на 16 октомври 2003 година, се дефинирани следните три концепти на
културното наследство (UNESCO, н.д)..
 Материјалнo културно и природно наследство: уметнички дела, споменици,
историски центри, паркови или природни локалитети во кои убавината на
природата е доминантен карактер;
 Нематеријално или усно културно наследство: усни традиции и изрази,
изведувачки уметности, пејзажи, социјални практики, традиционалното знаење,
компетенции;
 Материјалното културно наследство: стоки врз основа на материјалната култура
(функционални објекти, функционални артефакти) главно обезбедени од страна на
индустриски области: текстил, облека и модата, керамика и мебел, гастрономски
производи, итн.
Врз основа на горенаведента класификација од аспект на тоа дали материјалното
културното наследство може да се пренесува или не, истото може да се подели на движно
и недвижно.
 Во движно културно наследство спаѓаат, главно предметите кои се
карактеризираат со помали димензии и токму тоа е причината која им
овозможува да бидат пренесени од едно до друго место, од местото каде
што ќе бидат пронајдени до местото каде ќе се наоѓаат. Во еден нов
контекст кој е нарекуван музеолошки и понатаму да се третираат како
предмет на музејот.
Поради природата на движното културно наследство кое може да биде пренесувано
од едно место на друго, во одредени случаи истото може да биде злоупотребувано. Тоа се
однесува на случаите кога се експлоатира низ историјата и крајната локација во која ќе
биде сместено ќе биде намерно или ненамерно искривување на историјата за потеклото на
културното наследство.
 За разлика од движните предмети на наследството кои се карактеризираат со
својата преносливост и можност за пренесување од едно до друго место,
недвижното културно (духовното) наследство (претставено преку

12
споменици на културата) спротивно на нив е врзано за тлото, па затоа
просторната компонента игра сосема поинаква улога.
Просторот за недвижното наследство претставува трајна локација на која е
сместено, за разлика од движните предмети, за кои просторот е само место на кое е
сместено наследството за одреден временски период. Токму непренесливоста на
недвижното културно наследство му овозможува да биде заштитено од злоупотреба. Тоа
не може да се пренесе на друг простор со што се овозможува зашта на податоците за
неговото потекло, а во исто време можe да обавува одредена функција. Најголем процент
од таков вид на недвижно културно наследство претставуваат спомениците на културата
кои имаат специфична и атрактивна локација, како и спомениците кои се создадени од
цврст материјал. Овој вид на споменици на културата поради карактеристиките кои ги
поседува, можат да бидат подолго време изложени атмосверски атмосферски влијанија без
да претрпат промени во физичкиот изглед или во својставата на материјалите од кои е
изграден.
Следејќи ги искуствата на развиените земјите Република Македонија ја согледа
потребата од формирање на национална класификација на културното наследство која
овозможува негова заштита и соодветно третирање. Национална класификација на
културното наследство претставува стандардизирана форма на типолошко одредување и
систематизирање на културното наследство на Република Македонија кое произлегува од
чл.ен 33 од Законот за заштита на културното наследство (Mинистерство за култура,
2012). Според Законот за материјално и нематеријално културно наследство, во
националната класификација предвиден е систем на подредување на трите основни класи
на културното наследство (недвижно, движно и духовно) на видови, групи, подгрупи и
типови.
Класификацијата на недвижното културно наследство третира три основни
видови на добра: споменик, споменичка целина и културен предел (според чл. 12, 13 и 14
од Зак). Класификацијата на недвижното културно наследство во пошироки меѓународни
рамки до неодамна главно се однесуваше на спецификите на архитектонското и
археолошкото наследство. Притоа, архитектонското наследство се сместува во три
категории: поединечни споменици, групи на споменици и места (споменички целини), во
согласност со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на светското културно и природно

13
наследство ( Париз, 1972) и со Конвенцијата за заштита на архитектонското наследство
на Европа, (Гранада 1985). Археолошкото наследство е дефинирано во Европската
конвенцијата за заштита на овој вид наследство (Лондон, мај 1969) и во ревидираната
верзија (Валета, 1992).
Класификацијата на движното културно наследство е изготвена како типолошка
поделба на основните видови движни културни добра: археолошки предмети, етнолошки
предмети, историски предмети, уметнички предмети, технички предмети, архивска граѓа,
библиотечни добра, кинотечни добра и фонотечни добра (чл. 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22 и
23 од Зак.)
При класификацијата на духовното културно наследство прецизирани се
основните видови на добра: фолклорни добра, јазик и топоними (според чл. 24, 25 и 26 од
Зак.) (Министерство за култура, 2012). Треба да се напомене дека духовното наследство,
како „жива” материја, а според тоа тешко опредметувана во систем на прецизно
кодифицирање, како при домашната стручно-научна опсервација така и во меѓународни
рамки е со недоволно елаборирани а често пати и со различни приоди за различни видови
духовни добра, имајќи ги во предвид импликациите што таа ги има од историско-
културолошки и општествено-политички аспект (особено кога станува збор за заштитниот
третманот на јазикот и/или јазиците што се во употреба).
Можеме да кажеме дека без разлика на тоа дали калсификацијата на културното
наследство е меѓународна или национална, истата се базира на бројни карактеристики
што ги поседуваат и според кои се групираат различните видови културни, како и на
различните цели и потреби, според коишто се изготвуваат посебни организациони шеми
за соодветен третман и достапност на информации.

3.1 Видови културно наследство за потребите на туризмот

Во претходната точка направиме краток осврт на класификацијата на културното


наследство, односно се осврнавме на начинот на кој тоа е дефинирано од страна на
УНЕСКО. Исто така во претходната точка се осврнавме на национална класификација на

14
културното наследство во Република Македонија со цел да се согледа и овозможи негова
заштита и соодветно третирање.

Во оваа точка нашиот акцент ќе го ставиме врз класификацијата на културното


наследство од аспект на културниот туризам, односно ќе анализираме повеќе дефиниции
кои го класифицираат културниот туризам, со цел да се добие една основна слика на
различните категории на културното наследство, се со цел мапирање на културното
наследство кое ќе биде цел на туристичка валоризација.

Кај авторите кои се занимаваат со дефинирање и анализа на класификација на


културното наследство, а кои го засегаат културниот туризам, постојат различни мислења
за негова класификација, односно различни автори преферираат различни критериуми
како основа за класификација. Во овој труд ќе наведеме само некои од нив, со цел како
што кажавме претходно да добиеме една основна слика за различните видови, односно
класификации на културното наследство од аспект на културниот туризам.

Џон Сварбрук (Swarbrooke, 1997) културните атракции во туризмот ги групира во


три категории:

1. Градби, структури и места што не се создадени за да привлекуваат туристи, туку


тие се создадени за други цели и намени;

2. Градби, структури и места што изворно се создадени за да привлекуваат туристи; и

3. Специјални настани .

Во првата група спаѓаат: цркви, катедрали; грандиозни домови (замоци, пaлати);


историски куќи; антички споменици; археолошки локалитети; историски
паркови(локалитети); индустриска историја; стари железнички патишта (пруги за парни
локомотиви). Во втората група спаѓаат: музеи и галерии; тематски паркови (со историска
содржина); културни центри; изложбени центри; занаетчиски центри. Во третата група
спаѓаат : религиозни манифестации; уметнички фестивали; фолклорни манифестации;
саеми; историски изложби.

15
За разлика од Swarbrooke, Ричард Прентис (Prentice,1993) наведува повеќе
категории на културни атракции поврзани со туризмот и тоа:

1. Религиозни атракции-цркви, манастири, џамии,поклоненички свети места;

2. Воени атракции-замоци, утврдувања, места на значајни битки, воени музеи итн.

3. Градови-историски градови, комплекси на градби во урбани насeлеби;

4. Села и живеалишта - рурални населби претежно со народна архитектура;

5. Крајбрежни градови и пејсажи - крајбрежни области со специфична убавина;

6. Социо-културни атракции-историски места и изложби, музеи за социјална


историја, етнографски музеи, музеи за декоративни уметности;

7. Атракции придружени кон историски личности - места и објекти поврзани со


значајни со значајни уметници или историски личности;

8. Атракции поврзани со некои уметности- театри, опери

9. Тематски паркови-историско-забавни паркови

10. Атракции поврзани со примарно производство-рачна изработка на производи како


склуптури, грнчарија, стакло, метални предмети, дрводелство,ткаење;

11. Атракции поврзани со индустриското производство-стари винарии , стари


пиварници, дрводелски капацитети, воденици, музеи за економска историја;

12. Транспортни атракции- музеи за стари транспортни сретства, стари железници.

Ева Томич (Tomić, 2008) културниот туризам го класифицира според степенот на


мотивираност на туристите да се вклучат во туристичките патувања.

А) Примарен, доколку туристот ја посетува дестинацијата исклучиво со намера да


учествува во нејзиниот културен живот. Тоа е кога се посетуваат ссветски изложби,
музички фестивали, концерти и сл

16
Б) Попатен во случај кога туристот одредена дестинација ја посетува од друг примарен
мотив, а култуниот туризам има секундарно значење. Тоа значи дека туристот дошол во
дестинацијата поради одмор, работа или нешто друго, но попатно ќе посети некоја
изложба, споменик, музеј и сл

В) Случаен, во овој случај туристот нема намера да ја запознава културата на


дестинацијата, но во текот на престојот доаѓа во кoнтакт со локалното население и
ненамерно ги запознава нивните обичаи, наследства и сл

Како што видовме од претходните дефиниции културните туристички вредности,


односно клултурното наследство може да се подредуваат на различни начини и тематски
да се групираат според различни критериуми. Така, црквите на пример, можат да се
постават како културни историски вредности, како градби што изворно не се создадени за
да привлекуваат туристи или да се вбројат во религиозни атрактивности. Затоа
типологијата, како и дефиницијата на самото културното наследство, а со тоа и
културните туристички вредности, не претставуваат затворено поглавје, односно овие
поими постојано се осовременуваат и се прилагодуваат кон тековните цели и потреби.

4.Функционални аспекти на културата

Во претходните точки нашето внимание го насочивме кон проучување, односно


согледување на развојот на самиот поим на културата, нејзината поделба, поимот и
класификацијата на културното наследство. Во продолжение на оваа точка ќе ги
анализираме функциите на културата, односно нејзините функционални аспекти и како
тие можат да влијаат врз туризмот.

Во литературата фунциите на културата вообичаено се поделени на следниот начин


Ајау Бат (Bhatt, н.д).

(1) Културата е таа што го прави човекот да биде човек. Со него се уредува
неговото однесување и да се подготвува за живот во групата. Без култура, човекот ќе
беше принуденна да се најде свој начин кој ќе значеше загуба на енергија;

(2) Културата обезбедува решение за комплицирани ситуации. Културата му


овозможува на човекот начини на однесувања за тешки ситуации. Во отсуство на

17
културата човекот би бил збунет дури и во наједноставните ситуации. Културата не само
што дефинира, туку исто така го одредува она што човекот го јаде и пие, кога да спие ,
како да се смее и др

(3) Културата обезбедува традиционално толкување на одредени ситуации. Преку


културата човекот добива традиционално толкувања во многу ситуации врз основа на кое
толкување го определува неговото понатамошно однесување.

(4) Културата ја формира личноста. Ниту едно дете не ќе може да развие човечки
квалитети во отсуство на културна средина. Култура го подготвува човекот за живот во
општествотовотоштест. Култура е таа што обезбедува можности за развојот на личноста и
поставува ограничувања.

(5) Културата ги овозможува социјалните односи. Култура има значење не само за


мажите туку и за групата. Културата го подготвува човековот за живот во групата.
Животот во групата би бил сиромашен, неморален и кратокки доколку би немало
културни прописи. Групната солидарност се темели врз принципите на културата.

(6) Културата овозможува и дава визија на поединецот во контактите со останатите


луѓе. Имено, културата го учи на човекот да се размислува за себе како дел од поголема
целина . Преку културата се осознаваат концептите за семејство, држава, нација итн и го
се прави возможна координацијата и поделбата на трудот.

(7) Културата создава нови потреби потреби, на пример, жед за знаење и потреба за
патување и сл..

Како што можеме да забележиме културата има повеќе функции кoи што директно
или индиректно влијаат врз речиси сите аспекти од општествениот живот на човекот.
Бидејќи предмет од наш интерес е влијанието на културата и културното наследство врз
туризмот во продолжение на оваа точка накратко ќе анализираме како културата преку
горенаведените функции може да влијае врз туризмот, односно да овозможи негов развој.
Во последно време се повеќе се посветува внимание на развојот на културата која
има значајна функција за развојот на туризмот, кој со совојата масовност значително
допринесува за реализација на културните вредности. Со осмислено формулирање на

18
културните услуги што сакаме да ги вклучиме во туристичкиот производ, постигнуваме
повеќе значајни резултати и тоа: задоволен туристички потрошувач во општествена
смисла на зборот, како и подобри економски резултати во туристичката потрошувачка.
Културата е фактор во туризмот, и тоа на оној дел што се однесува на културните
вредности или добра, како можност за туристички патувања. Особено од почетокот на
1990-тите, кога социо-културната, економската соработка и интеграцијата беа иницирани
меѓу земјите. Во овој процес на интеграција, културата се појави како важна алатка, која
придонесе да се запознаат нови култури, а истовремено да се создадат и нови преку
меѓусебното испреплетување на различни култури, кои се всушност една од димензиите
на глобализацијата, туризмот е еден од најважните процеси и алатки кои ја овозможуваат
културната интеракција.

Затоа, сосема е разбирливо е дека туризмот со различните компоненти на понудата


има многи значаен придонес во популаризацијата и презентацијата на културните
вредности. Тоа е присутно во сите облици на туристичкото движење, кај секое
реализирано туристичко патување, без оглед дали мотивот на патување е врзан за
културен интерес или не. Ваквата карактеристика на туризмот дава основ за масовно
користење на културните достигнувања и услуги и претставува своевидна обврска и на
туристичките работници и на вработените од областа на културата. Всушност тоа е факт
дека туризмот и културата имаат изразито заеднички особини кои треба понатаму да се
продлабочуваат и откриваат. Со туристичката активност се овозможува запознавање на
појавите и односите во изворна форма, така добиените информации можат автентично да
се утврдат.

Мариноски и ост. (2006) имаат извршено одредени културолошки проучувања на


функциите на туризмот во, функцијата која културата ја има во туризмота се однесува на
комплетното дејство на сите учесници на туристичката активност. Таа треба да се свати
како надградба на различните нивоа, преку културното влијание на туризмот се манува
културата на сите учесници. Така се создаваат хумани односи кон средината и лицата кои
се дел од средината , нејзините општествени односи, природата и самата индивидуа која
се впуштила во потрага по културни придобивки.

19
За важноста која ја има културата врз развојот на туризмот зборува (Целакоски,
1997) кој наведува дека културата претставува еден од најзначајните фактори во
непосредното давање на услугите. Во оваа смисла културата се јавува како неопходен
фактор на повеќе случаи како што се:

 Гостопримството и културата на однесување што подразбира стручна


оспособеност со соодветно ниво на образование и специјализација на
вработените во капацитетите во кои се даваат туристички услуги,

 Одржување на нивото на уреденост на инфраструктурата и


супраструктурата во рамките на дозволените стандарди,

 Афирмација на културата на исхрана и во тој контекст гастрономската


понуда како дел од туристичката понуда,

 Ентериерна употреба на уметнички дела во сместувачките капацитети,

 Архитектонско обликување и прилагодување на сместувачките објекти кон


елементите на животната средина,

 Едуцирано рецептивното население кое ќе може успешно да се вклопи во


туристичката активност со своето однесување и односот кон туристичката
понуда,

 Културно-забавна анимација во сместувачките објекти и др.

Развојот на културата, согледувана од аспект на туризмот овозможуваат да се


зголеми квалитетот на однесувањето на туристичката клиентела која ги остварува
туристичките патувања, со што ќе се придонесе за поголем развој на туризмот како и
посветување на поголемо внимание на културните активности. Туризмот и културата не
само што не можат да се сметаат како издвоени појави, туку тие во сегашниот тренд
претставуваат интегрална појава со препознатливи специфики и веќе утврдени норми во
секојдневната пракса. Имајќи ја во предвид претходната констатација во наредните глави
од овој труд нашето внимание ќе биде насочено кон анализа на влијнието на културата врз
туризмот, ефектите кои што таа ги има врз развојот на туризмот

20
Литература

BARNES, H. E. (1986) Uvod u istoriju sociologije, Beograd, 1986, str. 188.


BHATT, A (н.д) ,http://www.preservearticles.com/201101173456/important-functions-of-
culture.html
MAРИНОСКИ, Н., КОРУНОВСКИ, С., БУНТАШЕСКИ, Б и МИЛАДИНОСКИ, С. (2006)
Културолошки проучувања на туризмот во Република Македонија: Факултет за туризам и
угостителство-Охрид, Охрид
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (2012) , достапно на
http://www.kultura.gov.mk/documents/Zakon_za_zastita_na_kulturnoto_nasledstvo.pdf
http://www.preservearticles.com/201101173456/important-functions-of-culture.html
ILIC, М. (1983) Sociologija kulture i umetnosti, naucna kniga, Beograd, str.13-14.
КОРУНОВСКИ, С. (2008) Културно Наследство: Факултет за туризам и угостителство,
Охрид,
КОРУНОВСКИ, С и КОЦЕСКИ, Ј. (2009) Храна и култура: Факултет за туризам и
угостителство, Охрид
PRENTICE, R. (1993) Tourizam and Heritage Attractions. Routledge
SWARBROOKE, J.S. (1997): The future ofheritage attractions, Insights January: Dl5-D20
ТОНОСКИ, Ѓ. (2000) Социологија: Факултет за туризам и угостителство, Охрид.
ТРПЕСКИ, Д. (2006) Виртуелни модели на живеалишта од македонското народно
градителство: Природно-математички факултет, Скопје стр. 18 .
TОMIC, Е. (2008) Селективни облици туризма: Факултет за услужни бизнис, Сремска
Каменица, стр. 196
TYLOR, B.E. (1971) Primitive Culture, Holt, New York, цитирано според: Baldridge J. Victor
Sociology-A Critical Approach to Power, Conflict, and Change, John Wiley and Sons,Inc, Newe
York 1975 pp.76
ЦЕЛАКОСКИ, Н. (1997) Културата и туризмот: Факултет за туризам и угостителство,
Охрид, стр.21-22
ЦЕЛАКОСКИ, Н и КОРУНОВСКИ, С. (1999) Културно Наследство: Институт за
туризам, Охрид

21
UNESCOhttp://pub.unwto.org/WebRoot/Store/Shops/Infoshop/50B8/AA74/FFA9/31D4/CE96/
C0A8/0164/14DB/121130_intangilbe_cultural_heritage_excerpt.pdf
UNESCO (н.д) http://whc.unesco.org/en/conventiontext/
UNESCO (н.д) http://unesdoc.unesco.org/images/0013/001321/132141e.pdf#page=16.

22

You might also like