You are on page 1of 119

А.

Џамбазовски - Кинезиолог

1. ВОВЕД
Теоретско-праксолошките истражувања потврдуваат дека човечкиот организам се
наоѓа во постојана рамнотежа со средината во која живее, од моментот на неговото
еволутивно стварање, од моментот на раѓањето до крајот на неговото постоење. Тоа е
заемен однос на движење од потчинета закономерност за единство на организмот со
природата која го обусловува опстанокот на живата материја 1. Природните услови на
земјинава кугла се основната средина за создавањето на надворешната средина, за
појавата на живата материја во која се извршуваат постојаните процеси на перманентна
еволуција и создавање на живиот свет2. Особено значење за животната дејност на човекот
имаат постојаните промени во метеоролошките услови како што се: сончевото зрачење,
температурата, влажноста на воздухот, дождовите, атмосферскиот притисок, кои се
основни услови за создавање на живиот свет, заедно со движењето и времето во општата
еволуција настанало создавање на човекот, а заедно со него и создавање на физичката
вежба3. Според силата на природните фактори и интензивноста на нивното одвивање
продолжението на делување доаѓало до општи и специфични промени и реакции од
физиолошки, биохемиски, а подоцна психолошки, па сѐ до карактерни облици на
менување.
Познато е дека од создавањето на земјината кугла па до денес поминале преку
четири милијарди и шестотини години, според некои теоретски претпоставки се смета
дека потребни се повеќе од 50 000 години за да се појават забележителни промени во
структурно-функционалниот развој во растителниот и животинскиот свет 4. Така во спрега
на материјата, времето и условите постанал живиот свет кој низ времето перманентно ја
менувало структурата и функцијата за да стигне до денешниот степен на развој. Во
времето различни форми на живи материи различно напреднувале структурно и
функционално. Во таа сурова борба посилниот ја користел природата сѐ повеќе за себе и
ја прилагодувал по сопствен вкус. Така, владеејќи со својот разум, човекот постанал
господар насветот. Во однос на животните, кои ги има преку милион различни врсти,
човекот претставува малцинство и новак на овој свет, односно на оваа планета. За време
на целокупното свое постоење, човекот морал постојано да се бори со животните и
секогаш бил во психичка напнатост. Човекот отсекогаш ги јадел животните и внимавал да
не биде изеден. Првото оружје, првите украси, првите културни вредности се развиле во
тесно партнерство со животинскиот свет. Првите облици на физичката вежба, исто така,
биле тесно поврзани, во почетокот со инстинктот, односно со опстанокот, а покасно со
трудот5. Човекот успеал да ги совлада различните видови животни, кои претставувале
физичка опасност за него, односно видлива големина, но сѐ уште се бори и не успеал да
1
D.T.Gisch: Стварање или еволуција, стр.3-9, Вашингтон, 1978
2
D.T. Gisch: Стварање или еволуција, стр.14-17, Вашингтон, 1978
3
Karl Marx, Friedrich Engels: Дела, Томс, стр.27-35, Просвета, Белград, 1974
4
D.T. Gisch: Стварање или еволуција, стр. 27-30, Вашингтон, 1978
5
Wiedler-Smith: Herkunft und Zukunft des Mensches, стр. 10-15, Hanslaer Verlag-neunhausen – Stuttgart, 1976

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ги совлада невидливите форми на опасност како што се вирусите и бактериите кои се


резистентни на денешните облици на отстранување.
Во таа борба човекот доминантно се издвоил и како најсовршена форма на
материја се стремел да ја менува природата за лични потреби и да завладее со неа. Така
низ милјарди години, минувајќи низ различни степени на разој, човекот како форма на
жива материја, која еволутивно се развивала и создавала во внатрешната средина преку
движење и време, покасно преминал на морфолошко усовршување не по инстинктивен
пат туку по пат на програмирање на разни покрети, односно повторување на разни
вежби6. Човекот, како форма на жива материја, се смета дека почнал да потсетува на лик
на денешниот човек пред повеќе милиони години. Разумот на човекот ги создал првите
колективни форми на живеење при што луѓето заедно полесно се спротиставувале на
опасностите на кои биле изложени, сѐ од колективниот опстанок до создадвање на
првите фази на дивијаштво и варварство, кои траеле околу милион години. Во овие фази
на постоењето на човекот кога доминирале законите на посилниот и меѓу самите луѓе;
физичката вежба била нужно средство за опстанок и се користела инстинктивно. Од
фазата на дивијаштвото и варварството се стигнало до првите родовски цивилизирани
форми на живеење; така се оформило и робовладетелството, кое се појавило пред
неколку илјади години. Така низ времето и со работа, преку движењето за опстанок е
создаден денешниот систем на човек, кој ја завладеал планетата Земја 7. Од првобитната
заедница, низ различните општествени формации, се стигнало до последниот облик на
општественото уредување, социјализмот. Така, колку што е старо постоењето на светот
толку е старо и постоењето на движењето и кога човекот станал свесен за своето
постоење, се создала и првата физичка вежба, која својата форма и содржина ја менувала
така што се менувал трудот и културата, односно производните сили и производните
односи. Со создавањето на физичката вежба, човекот забележал дека усовршувањето на
поодделни движења имало корисно значење во смисла на одбранбената способност,
опстанок, исхраната и воопшто за неговата егзистенција. Со појаватана поделбата на
трудот се издвоиле најверојатно и првите експерти за човечките телесни движења,
односно физичката вежба. Така со првата цивилизација дошло и до појавата на првите
стручни лица од подрачјето на физичката вежба односно културата. Воведувањето на
физичката вежба во теорија и пракса, усвојувањето на различни вештини, различни
форми на движење, кај цивилизираниот човек прво биле од областа на воените вештини
тесно сврзани со опстанокот, потоа со различни обредни ритуали, различни танци и игри
кои има натпреварувачки карактер, како и воведување на физичката вежба со цел за
лекување. Сето тоа денес претставува огромна наука која исклучиво се бави со
проучуваање на можните движења односно вежби и нивното влијание на човечкиот

6
Wielder-Smith: W.J. Onwenel: Evolution, str. 39-40, Ernst-Paulu-Verlag, Neustadt, 1974.
7
Wielder-Smith: W.J. Onwenel: Evolution, str. 43-44, Ernst-Paulu-Verlag, Neustadt, 1974,

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

организам разгледуван од многу аспекти. Денес физичката вежба претставува основа на


сите потсистеми во физичката култура и тоа е нејзиното основно средство за работа 8.
Физичката култура како таква повеќе не задоволува во смисла на специјално
научно поле. Таа физичка кутура денес мора да се трансформира од култура во комплетно
самостојна наука со специјално име, а тоа правилно име е АНТРОПОЛОШКА
кинезиологија која спаѓа во биомедицинските науки, а ккао научно поле мора да се
дефинира како КИНЕЗИОЛОГИЈА. Инаку кинезиологијата е најстарата биомедицинска
кинетичка наука.

8
Јанко Лескошек: Физичка култура, Енциклопедија физичке културе, Југословенски лексикографски завод,
Загреб, 1975, книга 5, стр. 245-251.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

2. ПРЕЛИМИНАРНИ ДЕФИНИЦИИ
Со првата поделба на трудот, со развојот на науката и техниката, се зголемувале
производните сили, кои почнале да создаваат оргомна економска, материјална и духовна
база, сврзени во едно општо име култура. Така со општествените потреби, особено во
секојдневниот живот, физичката вежба навлегувала сѐ повеќе во порите на животноит пат
на човекот и била основно средство во изведбата на различни танци, обреди, различни
ритуали, борби, игри, театри, кина, балети, циркуси, здравствтени потреби и друго. Со тоа,
таа навлегувала и во секојдневната културна примена и била тесно поврзана со културата
на човекот во целост9. Сето ова довело до создавање на нови научни дисциплини па и
нова терминологија. Така потребата ја наложила и појавата на името физичка култура.
Овие поими не се вечни, туку пролазни и привремени, одговараат обично на степенот на
моменталното интерпретирање, а можат да бидат различно толкувани во зависност од
тоа што е предмет на работа, цел и содржина што се проучува. Со оглед на тоа дека сите
општествени движења се тесно поврзани од стартот на создавањето па сѐ до бескрајноста
на нашето постоење, се издиференцирале следните поими кои тесно биле поврзани со
целокупната култура на човекот: физичкото движење, физичкото образование, физичкото
воспитување, физичката вежба, физичкото вежбање, физичкото развивање, локомацијата,
а сето тоа познато под едно општо име – физичка култура или во последно време се
појаввуа спорниот термин – кинезиологија.
Поимот физичка култура е општествена појава и е историски обусловен и
претставува вкупно наученото од создавањето на човекот па до денес, а самиот збор
култура значи: негување, одгледување, обработување, обогатување, создавање на
материјални и духовни добра10. Во дадени моменти, периоди од развојот, доминирала
физичката култура, подоцна доминирала духовната култура, особено во развојот на
црквата кога телото било запоставено. Затоа првите социјалистички мислители, а подоцна
и дијалектичкиот материјализам на физичкото развивање на личноста гледа како на дел
од општа култура на човекот. Поконкретно под поимот култура подразбираме
целокупност на духовно-материјалните добра кои се создавале низ вековите на
историјата, што се создавале на нови вредности кои произлегуваат од работата; додека
поимот физичка култура се однесува на промените што се случуваат на човечкото тело,
што значи менување на човечките сили и способности, создавање на нови вредности.
Така се доаѓа до противречност што од една страна создаваме физички, а од друга страна
научни вредности, што значи проучување на програмирани човечки движења и
создавање на нови вредности и поими, како што се поимот физичко воспитание, физичко
образование, кои се во едно дијалектичко единство и означуваат поглед на светот. Притоа

9
Лукиќ, С.: Култура меѓу народима, Радничка штампа, Београд, 1982.
10
Лукиќ, С.: Култура меѓу народима, Радничка штампа, Београд, 1982.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

воспитувањето фо опфаќа образованието, т.е програма за пренесување на знаења,


здобивање на знаења11.
Поимот физичка вежба за прв пат е спомнат во 1485 година од швајцарецот Cvngli
Ulrich. За овој поим постојат многу дефиниции, а се применуваат со одредено дејство врз
човечкиот организам, со што создавачката активност би била на што повисоко ниво. Така
се создавале и другите поии како што се: физичкото развивање, локомоцијата,
различните култоролошки правци во физичката култура кои на различните континенти,
согласно со географско-климатските услови, се создавале и создале различни правци и
системи. Така, во Индија е создаден системот на јогите, во Америка културализмот, во
Кина многу рано се развила кинезитерапијата, во Европа се содале различни системи како
што се: германскиот, англискиот, францускиот, чешкиот, рускиот кои во зависност од
тогашните сфаќања, односно култура, различно се изведувале. Во историјата се познати и
системите на спартанската, атинската, римската и општо физичката култура на земјите од
Балканот и Далечниот Исток. Така, името физичка култура не дошло случајно туку се
појавило уште во периодот на почетоците на хуманизмот и ренесансата кога првите
прогресивни мислители, социјал-утопистите давале голем отпор на црвката тврдејќи дека
покрај духовното развивање на личноста потребно е и физичкото развивање, со што го
негирале мислењето на црквата нека не е важен физичкиот изглед и дека човекот е само
гостин на Земјава. Со ваквото мислење на црквата не можеле да се согласат многу
прогресивни мислители, а подоцна Маркс и Енгелс, Ленин и други дијалектичари како
треба да изгледа комплетното воспитување на личноста 12. Што значи дека културно-
историски гледано, човековите телесни движења минале низ различните општествено-
политички формации и секоја од тие формации имала и свој одраз врз формата,
содржината, техниката на изведба и друго.
Така, Миливоје Матиќ кај нас вели: „Физичка кутура је друштвена појава, т.ј из
генеричких корена човека израсла је његова свесна, планска, слободна, целисходна,
самостваралачка друштвена делатност (потреба и задатак) тиме и самосвојна стручно-
професионална (значи: теориско-епистемолошко-методолошко-праксеолошка)
самосвест, те (и по тоа) програм за овладување (дакле: за коришчење, чување,
надградњу, умножавање, то че речи, за сазнавање и управљање материјалним и
духовним добрима људских (у друштвеној збиљи) структурних као физичко васпитање,
спорт и спортска рекреација13. Физичката култура није постојала пре у културе, односно
култивисање тела и покрета није могло претходним култивацији друхгих облика људске
егзистенције. А под културом упоште, у најширем смислу термина, обично се
подразумева укупност неученог (а не инстинктивног) понашања са свим производима тог
понашања. Дакле култура обухвата све човекове активности у области материјалног и
духовног рада, као и творевине, промене које су настале у природи, друштву и људском
11
Општа енциклопедија, књига 4, Југословенски лекикографски завод, Загреб, 1987.
12
Карл Маркс: Капитал, Просвета – БИГЗ, Белград, 1973.
13
Матиќ, М.: Закон и Ледина, Физичка култура – број 4, Белград 1986.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

мишљењу као последица тих активности 14. Според професорот Богдан Максимовиќ 15, се
смета дека физичкото воспитување е обогатување и усовршување на човечката моторика
за полесно прилагодување на сите видови моторички движења по области при што се
води сметка за трансферот на совладувње на сите видови моторички учења. Поимот
физичко воспитување и физичко образование се во дијалектичко единство.
Професорот Јанко Лескошек вели: Физичка вежба се сите оние движења што
човекот свесно ги користи за својот развиток и усовршување во духот на општествената
обусловена воспитна цел16. Физичката вежба е моторна активност за трансформација на
човекот, под физичка вежба се подразбира движење, мускулна работа со строго
одредена форма и содржина или пак слободно изведени движења кои се применуваат со
одредено делување врз човековиот организам. Или физичката вежба претставува
движење на мускулниот апарат со одредено делување на организмот со што
создавачката активност на човекот би била на што повисоко ниво. Сама за себе физичката
вежба претставува процес на развивање и менување на биолошките форми и функции на
човечкиот организам17.

14
Општа енциклопедија, књига 4, стр. 676, Југословенски лексикографски завод, Загреб, 1987.
15
Богдан Максимовиќ: Теорија физичког васпитања, цит.издање, стр. 12-16
16
Јанко Лескошек: Теорија физичке културе, НИП „Партизан“, Београд, 1976.
17
Heinrich Rech: Das große Sportlexikon, Seite 193, Ex Libris, Zürich, 1973.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ИСТОРИСКИ АСПЕКТИ ЗА ТЕЛЕСНИТЕ ДВИЖЕЊА –


ВЕЖБИ
Досегашни истражувања во смисла на појавата на физичката вежба од историски и
теоретски аспект има многу. Но, сите тие се парцијални и не претставуваат еден збир на
генерализирани и систематизирани сознанија. Така, тие некаде се разгледувани од
културно-историски аспекти, сврзани со разни претставници на уметноста, некаде од
општествено-производни аспекти, а најмногу ги има во смисла на воведувањето на
физичката вежба како средство на класата која е на власт. Потоа, за значењето на
движењето и неговото воведување во секојдневниот живот доста е пишувано. За
примената и значењето на физичката вежба уште пред нашата ера пишувал Конг Фу (3.000
години пред нашата ера) во книгата „Искуството на човекот“. Пишани споменици на плочи
се најдени во Индија за време од 1.800-800 година пред нашата ера од Ајур Веда и
Сакрута, кои особено го истакнуваат значењето на физичката вежба како средство за
гимнастика и лекување18. Посебно се оцртувани индиските јоги и дихателната гимнастика.
Индиските јоги имале уште тогаш познавања од анатомија, физиологија и познавање на
крвотокот. Во Тибет се појавил будизмот и браманизмот, кои се опишани во книгата на
Цожед Шон Ну и кои вршеле истражувања, односно набљудувања за примената на
физичката вежба и значењето на вежбите за здравиот и болниот организам. Хомер
пишува, исто така, за физичката вежба во Илијадата и Одисеја. Херодот во Грција прв
почнал да применува организирани физички вежби. Хипократ прв ги применил во стара
Грција физичките вежби за лечителни цели и ја развил мислата „Primum non Nocere“, што
значи „Пред сѐ, не штети.“
Во Рим се појавило материјалистичкото учење на Епикур и Акслепиад од 128-56
година пред нашата ера. Целс (првиот век пред нашата ера) препорачувал задолжително
шетање и гимнастика за господарската класа, а потоа и Гален (131-201 год.) Авицена (980-
1037г.) зборува за значењето на движењето. Позитивни влијанија во XIII, XIV и XV век имал
развојот на мануфактурата. Особено познати имиња од тоа време се Галилеј, Њутн,
Кеплер, Лавоазје и други19. Во Италија, во 1573 година се појавило делото на
Меркуриалис „De Arte Gymnastika“ (Искуство на гимнастиката). Напишал сѐ што можел да
собере за значењето и појавата на физичката вежба. Во Германија познат бил Фридрих
Хофман (1660-1742год.). Во Франција, Жозеф Тисо и Анри. Во Шведска, Хенрих Линг. Во
1864 година, во Европа познати се имињата на Г.Бранд, Ертел, Френкел, подоцна
Хофбауер, Цандер, Крукенберг. Во Советскиот Сојуз како и за време на царска Русија
посебно се истакнуваат имињата на Остроумов, Мудров, Боткин, Барсов, Анохин, Залесов,
Лесгавт, Никитин, Мошков, Павлов, Ленин и многу други кои пишувале за појавата и
значењето на физичката вежба разгледувајќи ја примената и појавата на телесното
движење од многу аспекти. Исто така, познато е име на Манчева и соработниците.
18
Манчева Н.: Лечебна фискултура, Медицина и фискултура, Софија, 1971.
19
Манчева Н.: Лечебна фискултура, Медицина и фискултура, Софија, 1971.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Особено со оваа проблематика се занимавал источно-германскиот професор Курт


Мајнел20.
Како што беше нагласено во почетокот, сите овие лица кои се занимавале со
проблематиката на телесните движења, теоретско-праксолошки, третирајќи ја физичката
вежба и од историско-културолошки апскети, не се наведени во смисла на тоа да
претставуваат едно генерализирано и систематизирано сознание за појавата на физичката
вежба во целост од стварањето на првобитниот човек, па до денес. Постојат многу
истражувања за телесните човечки движења и кај нас, меѓутоа сите тие се повеќе во друго
значење и имаат допирни точки со културно-историските и теориско-практичните аспекти
на човековите телесни движења, односно вежби во смисла на влијанието на телесните
вежби врз човечкиот организам. Така, со примената на статистиката во физичката култура,
доаѓа до еден интензивен научен развој при што кај нас особено се истакнуваат
истражувањата на факултетите за физичка култура, заводите за школство и спортска
медицина21. Меѓутоа, сите овие истражувања не се заокружен збир на систематизирани и
генерализирани сознанија за човековите телесни движења – вежби, односно за Теоријата
на физичката култура.

20
Kurt Meinel, Bewegungslehre, Leipzig, 1977.
21
Матиќ М.: Час телесног вежбања, Партизан-Београд, 1978.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ПРЕДМЕТ И ЦЕЛ НА ОВОЈ ТРУД


Предметот што го опфаќа овој труд е систематизирање на: појавата на свесните
телесни движења (согледани историско-културолошки) и промените коишто настанувале
на човекот како резултат на движењето, односно физичката вежба од неговата првобитна
појава, па до денес; прикажување на еволутивните закони и фази низ кои минал човекот и
човековите телесни движења, формитеи содржините, значењето на многустраноста и
движењата сврзано со трудот и орудијата за работа; основно и генерално за развојот на
човековите телесни движења од теоретско-практично и историско-културолошки аспекти
низ сите општествено-политички формации; движењето како средство за развој,
усовршувањето на човекот. Овој труд претставува едно генерализирано и
систематизирано теоретско дело, кое ќе има особено значење, за теоријата и практиката,
за поимањето на движењето од стредство за опстанок до создавање на наука, на
кинезиологијата и појавата на нејзините потсистеми како и значењето на физичката вежба
некогаш, сега и во иднина, гледано низ призмата на историско-културолошките аспекти.
Трудов ќе биде патоказ од праксата до теоријата и од теоријата пак до применетата
пракса, анализирајќи ја целокупната моторичка онтогенеза на човекот и значењето на
програмираните човечки телесни движења за растот и развојот, за подобрувањето на
производните сили и за потребите на медицината, односно значењето на човечките
телесни движења за еволуицјата и инволуцијата на човекот.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

КУЛТУРНИ АСПЕКТИ НА ТЕЛЕСНИТЕ ДВИЖЕЊА –


ВЕЖБИ
Анализирајќи го светот дијалектички ќе видиме дека тој претставува перманентна
форма на движење, која минува низ епохите и претставува, преку движењето, семе на
вечноста. Обична телесна вежба која во почетокот инстинктивно морал човекот да ја
изведува заради неговиот опстанок, подоцна преминала во свесна форма на примена
тесно поврзана со сѐ она што го создал човекот 22. Поврзана е и вертикално и
хоризонтално со уметноста и целокупната култура – духовна и материјална 23. Таа почнала
да се развива најверојатно тогаш кога човекот станал свесен за своето постоење 24.
Различни археолошки ископини како и слики на камења, ѕидови и друго датираат многу
порано во минатото. Минувајќи низ различните фази на културен развој и различниот
степен на производни односи, физичката вежба постојано го менувала својот карактер,
кој строго бил зависен од потребите на човекот, од производните сили и односи. Така,
телесната вежба како основно средство за опстанок, стана предмет на проучување на
наука наречена засега физичка култура со различни потсистеми и правци, која треба да се
трансформира во кинезиологија.
Сите потсистеми во физичката култура како основно средство за работа го користат
телесното вежбање. Од средство за опстанок и уметност, радост, обред, спорт, дојдено е
до наука која денес се дели на различни потсистеми и тоа физичко воспитување (и
образование), (врвен) спорт и рекреација и кинезитерапија, наука за проучување на
движењето кинезиологија. Денес, секој од овие потсистеми може сам да биде посебно
организиран и успешно изведен и со посебно значење за теоријата и праксата во
перманентното развивање и надраснување на самиот себе во смисла на визичката
култура како наука. Таа наука оформила свои потсистеми на кои им е позната содржината,
формата, предметот на работа, задачите кои стојат пред неа и кои треба да се
реализираат, но сеуште името на кадрите кои се занимавале и се занимаваат со неа не е
адекватно одредено. Промените кои што се случувале и се случуваат во земјината кугла
секогаш биле строго сврзани со времето и потребите за егзистирањето на човекот. Заедно
со тоа што е денес. Неговите потреби го диктирале развојот на сѐ што е создадено до
денес, постојано надраснувајќи ги сопствените постигнувања во било која и да е научна
дисциплина. Во краен размер, економското развивање е основа на секој општествен,
културолошки и производен развој. Физичката култура не прави исклучок од општите
дијалектички законитости и е подвргната на менување како и средствата со кои се
реализира содржината, целта и задачите, па и нејзиното име. Таа треба да им служи на
законите на подобриот опстанок и прилагодување на природата. За сопственото подобро
живеење, прилагодувајќи ги законитостите на движењата кон човекот за здравствен,

22
Матиќ М.: Час телесног вежбања, Партизан-Београд, 1978.
23
Лукиќ С.: Култура меѓу народима, Радничка штампа, Белград, 1982.
24
Kurt, M.: Bewegungslehre, Leipzig, 1978.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

морфолошки, агонитстичко-биомоторички аспект, превентивно и куративно менувајќи ја


формата и содржината, целта и задачите да одговараат на историската обусловеност и да
биде адекватно име25. Оттука произлегуваат и огромните заслуги на физичката култура за
подобрувањето на производните сили, со што тоа има и директно влијание врз
продуктивноста на човекот, што значи финансирањето во неа има огромна општествена
оправданост.

25
Kurt Meinel: Bewegungslehre, Volks und Wissen, Berlin, 1977.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ЗНАЧЕЊЕТО НА ТЕЛЕСНИТЕ ДВИЖЕЊА ЗА ЧОВЕКОВОТО


РАЗВИВАЊЕ И ОФОРМУВАЊЕ ОД НЕКОГАШ ПА ДО ДЕНЕС
Хипотетски се смета дека телесните движења имаат огромна заслуга за
развивањето и оформувањето на човекот од психолошки, морален, естетско-културен,
физиолошко-здравствен, морфолошки, карактерен аспект, интелектуални и други
димензии кои делуваат врз комплетното оформување на личноста. Познато е дека секое
движење, секоја физичка вежба која има своја определена цел, врши влијание од
психолошка и физичка природа. Тоа претставува единство во дејствувањето на човекот
како систем, што било причина човекот да се разликува од неговите движења од
животните што човекот го развиле и осигурувањето на неговата егзистенција. Како
човекот во раните периоди од неговиот развој се здобил со појавата на мислењето и
говорот, се случиле најважното во историскиот развој на човекот – преминување од
животно во човек; неговото целокупно однесување се разликувало од другите живи
суштества. Човековата моторика е продукт на работата, а работата на човекот успеала да
завладее со природата, што значи, човекот создавал преку работата продукцијата која
била неизводлива без телесните движења. Таа продукција има социјални корени кои се
специфични за разните моторички усовршувања на луѓето и носи класен карактер во и за
различни фази на развојот низ кој минал и минува човекот. А тоа значи дека централна
категорија или централна претпоставка за постанокот на човекот, за постанокот на
физичката вежба е работата. Работата е свесна дејност помеѓу човекот и природата, таа е
основна причина за развојот на човековите телесни движења – за развојот на физичките
движења – вежби, а самата физичка вежба – движење е во строга зависност од
продуктивноста на трудот и усовршувањето на производството. Така, врската помеѓу
работата и движењето била присутна отсекогаш, што значи деека вреднувањето на
денешната рекреација во работните колективи не е ништо ново. Според тоа, потребата од
воведување на наставен предмет денес по физичко воспитување и образование е
неопходна потреба на секој систем. Вложувањето во физичката култура има огромна
финансиска оправданост од аспект на еволуцијата на човекот, инволуционите процеси,
производните сили, одбраната, личната и општа на земјата, социјализација и
ресоцијализација на личноста, превентивата, куративата и друго.26

26
Kurt Meinel: Bewegungslehre, Volks und Wissen, Berlin, 1977.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

РАБОТАТА И ГОВОРОТ – ОСНОВА ЗА РАЗВОЈОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ


ТЕЛЕСНИ ДВИЖЕЊА
Работата и говорот биле најважните средства со кои човекот во почетокот на
неговиот развој се служел заедно со телесните движења, при што го совладувал
просторот и пространувањето околу себе. Првобитниот човек морал да применува
несфатливо многу мускулна сила за совладување на природните опасности и тоа во
почетокот без орудија за работа, а подоцна со примитивни алатки со кои се служел и
коишто барале многу физички напор. Можеме да си претставиме каков физички напор,
каква функционална усовршеност и каков квалитет на телесните движења постоеле.
Одлучниот чекор кон создавањето на човечките движења во физичката вежба се случил
тогаш кога човекот се подигнал и се исправил на двете нозе и раката била слободна за
работа, за движење, а не за одење. Така, раката постанала орган за работа, орган за
продукт. Но, раката не била сама, таа била само извршител на желбите на целото тело со
што настанувале надворешни и внатрешни промени на човекот кои се пренесувале од
генерација на генерација27. Продукцијата на првите средства за потребите на човекот ги
развила движењата што денес се вика координација. Но, не само раката туку и ногата
морала да се усовршува; така, човекот морал да се качува, симнува, рипа, скока, лови,
бори, фрла; сето тоа ја развило и рамнотежата и прецизноста, а и останатите
биомоторички способности автоматски морале да бидат присутни. Понатаму, преку
работата интензивно се развила и сензориката кај човекот, што значи развојот на сите
моторички човекови движења бил тесно поврзан со секојдневната војна за опстанок при
што човекот морал да скока, да се качува, да фрла, да гаѓа одредена цел, да плива, да
трча, да се бори и што ли не. Така, ударот со рака со тупаница се развил многу рано или
прв кај првобитниот човек. Основните телесни движења се развиле согласно со желбите
на човекот да се направи некое орудие за работа или совлада природата 28. Така,
постојано раката или ногата учеле од главата, а главата од раката или ногата, рекол
Маркс29. Со илјадници различни манипулации на раката, со слободната рака се развиле
потребните човечки движења, во почетокот колективно, а подоцна и индивидуално. Со
развивањето на работната моторика се развивал и мозокот, рака за рака со горните
екстремитети, рекол Енгелс30. Така се развиле сите рецептори и анализатори од
површината на телото кон внатрешноста и обратно. Човекот почнал да ги осознава и
разликува предметите околу себе и станал свесен за своето постоење. Почнал да го
запознава светот со што се создадени совршени услови за неговиот интензивен
еволутивен развој. За тоа уште повеќе да се усовршуваат човечките движења, особено
придонела појавата на говорот.

27
Карл Маркс, Фридрих Енгелс: Дела, Том-5, Просвета, Белград, 1974.
28
Живко Радан: Преглед хисторије тељесног вјежбања и спорта, Школска књига, Загреб, 1981.
29
Kurt M.: Bewegungslehre, Leipzig, 1977.
30
Енгелс Ф.: Улога рада у процесу претварања мајмуна у човек, Белград, 1951.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Сеченов вели дека говорот е сигнал, резултат на вториот сигнален систем тесно
поврзан со движењето што го поврзува човекот со минатото и иднината, планирање и
регулирање на движењата, размена на искуство. Рационалноста која се овозможува преку
зборот е незаменливо средство за усовршување на човекот во целина 31. Преку
развивањето на говорот сѐ повеќе се развило мислењето кое, без двоумење, го развило и
човечкото движење, односно моториката (АНОХИН) 32. Така вели Енгелс: Работата и
говорот го создале богатството од човековите движења и вовеле потреба од едукативен
пристап на физичката вежба. Понатамошниот развој на телесните движења бил
обусловен и од телесните движења под формата на танци.

ПРОИЗВОДНИТЕ СИЛИ – ОСНОВА ЗА РАЗВОЈ НА ТЕЛЕСНИТЕ ВЕЖБИ


Свесна примена на телесните движења, на телесните вежби се појавила тогаш кога
тие повеќе не биле тесно поврзани со продуктивноста и опстанокот. Како физички вежби
во вистинска смисла се појавиле подоцна кога телесните движења го изгубиле
продуктивниот какрактер и станале привилегија на некои групи луѓе кои обично биле на
власт. Така, телесната вежба станала привилегија на господарската класа и ѝ служела за
воени потреби со што патиштата меѓу класите се одделувале сѐ повеќе и повеќе. Преку
вежбање, тренирање, човековата подвижност денес има највисоко совршенство од било
кога во процесот на човечкиот развој, што се занимава исклучиво со проследување на
човечкиот развој и влијанието на движењето врз човековиот организам, како и значењето
на човечкото телесно вежбање за човекот и општеството како и оправданоста за што
поорганизирано финансирање на физичката култура во целост.

УМЕТНОСТА, ТАНЦИТЕ И РИТУАЛИТЕ – ПОНАТАМОШНО СРЕДСТВО


ЗА РАЗВОЈ НА ТЕЛЕСНИТЕ ЧОВЕКОВИ ДВИЖЕЊА
Физичката вежба била и во тесна врска со магиските танци на првобитниот човек
при што по строго предвиден ритуал се танцувало, при што се развиле почетоците на
уметноста во различни форми на цртежи и слики во природни бои кои претставувале и
интерпретираат и денес апстркција на тогашната психологија на првобитниот човек.
Особено се карактерични истражувањата на Лехман за фантазијата и уметничката работа,
при што тој врши анализа на првобитниот човек и врската помеѓу телесната вежба и
работата, науката и уметноста, при што ја објаснува нивната поврзаност во смисла со
поврзаноста на телесните движења и нивниот развој во целост. Движењето во форма на
телесна вежба е резултат на праксата, а од неа се родиле фантазијата и уметноста како
31
Сеченов И., Павлов М.И., Воденкиј Н.В.: Физиологија нервној системи избраное, Медгиз, Москва, 1949.
32
Anochin, P.K.: Das Funktionale System als Grundlage, psyhologischen Architektur Verhaltensaktes, Berlin, 1967.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

резултат на човековата апстрактна фантазија33. Како резултат на уметничката фантазија, на


многу слики се среќаваат ритмички движења, динамични по форма и содржина. Се смета
дека и корените на рационалната наука се тесно поврзани со логиката на најрационално
извршена моторичка работа, што значи, преку производството и примената на
инструментите и алатите за работа, човекот почнал да ја менува природата по сопствена
волја, а со тоа и самиот себе. Тоа, пак, било почетокот на научната механика. Тоа го
натерало човекот рационално да мисли, со што создавал наука од закони за движење на
материјата. Тоа го поврззувало постепено човекот со видот на системот на анализаи
синтеза при што во центарот на извршувањето го ставал целото тело да функционира како
еден сложен систем кој перманентно се усовршува во неговото бескрајно постоење.
Корените на статиката и динамиката лежат во дормата, произведена и применета од
различни апарати, кои човекот ги создал. Уметноста заедно со работата и продуктивноста
на човекот создавала наука, трупала материјални и културни, односно духовни добра, кои
станале извор за создавање на човековите движења. Така се развиле сѐ подобро сите
мерни инструменти на човекот, а заедно со тоа и интелектот постојано растел. Човекот
почнал не само да се занимава со лов туку и со припитомување на животни, т.е со
сточарството и земјоделството. Тоа уште повеќе ја обогатило подвижноста на човековото
тело. Создадени се општествени формации кои барале квалитет во производството со што
се створила мануфактурата која уште повеќе ги усовршила телесните движења 34. Тие
движења сѐ до денес се пренесувале од татко на син.

ИНДУСТРИЈАТА – ПРИЧИНА ЗА ПОНАТАМОШНО УСОВРШУВАЊЕ НА


ЧОВЕКОВИТЕ ТЕЛЕСНИ ДВИЖЕЊА И ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО
ЦЕЛИНА
Со работата се создала индустријата која дала големи збогатувања на телесните
движења и преку неа се создале различните научни дисциплини. Појавата на техничката
револуција од своја страна, исто така, делувала на интензивното збогатување на
телесните движења. Подоцна индустријата почнала негативно да се одразува на
човечките движења зашто човекот бил принуден да седи цел ден покрај машина, да
произведува и да повторува едни исти движења. Тоа, пак, подоцна ги создава основните
предуслови за развојот на физичката култура во наука за движењето. Така се создал
спортот како средство за компензација на недоволното движење на човекот,
рекреацијата, производната гимнастика, физичкото воспитување во училиштата и друго.
Тоа недоволно физичко оптеретување создавало и создава различни органско-
функционални пореметувања, кое од своја страна придонело за развојот на физичката

33
Lehmann, G.: Phantasie und kunstlerische Arbeit, Berlin-Aufbau-Verlag, 1978.
34
Meinel K.: Arbeitsmotorik und sportliche Motorik, Korpererziehung, Berlin, 1975.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

вежба за лечителни цели и со тоа се развила кинезитерапијата која денес се користи како
куратива и превентива35.
Така се родиле различните занаети и специјализации што придонело за уште
поголемо усовршување на телесните движења. Со практичното искуство се создавала и
теоријата на физичката култура која од работните трудови и активности преминала во
генерализирани и систематизирани сознанија извлечени од пракса за теорија и таоерија
за пракса. Со ваквата промена на производните сили се создава огромна база за развој на
телесните вежби во наука која денес ја претставува физичката култура, односно
применетата кинезиологија. Така, значењето на телесната вежба сега, па и во иднина, ќе
биде сѐ поголемо, со тоа и потребата на диференцијацијата на телесната вежба за
различните потсистеми во физичката култура, за лечителни цели и општо за индиректното
подобрување на целокупниот психосоматски статус на човекот. Потребата од движење не
може да биде запоставена, зашто човекот претставува дел од природата, а како таков не
може и не смее да прави исклучок. Техниката која создавала сиромаштија од двиење
мора да биде заменета од вештачки форми на движења кои ќе бидат опфатени со
различните часови за физичко усовршување на човекот било во училиштата, работните
места или во местото на живеење. Спортот, исто така, се појавува од работната активност
која човекот ја користел и користи во секојдневниот живот како што се: одење, трчање,
скокање, туркање, фрлање, фаќање, качување, поместување, пливање, лизгање и други
форми на движење од работната моторика односно од неопходните потреби на човекот.
Во денешно време се развиваат специјални форми на спортот како што се: скијањето,
возењето на водни скии, хокеј на мраз, вежбање на справи и друго, што создава услови за
зголемување на човековите способности да изведува телесни движења со реквизити, без
реквизити и со различни справи36. На тој начин, уште повеќе се обогатувала моториката на
човекот и се создаваат услови за закалување и усовршување на човекот во смисла на
морфолошки, функционален, интелектуален, карактерен и социјален аспект, закалување
на волјата, моралот и друго. Со тоа, моториката во иднина ќе опфаќа сѐ поголем простор
во животот на човекот. Технологијата го ослободила човекот од големиот напор што
морал да го извршува заради неговиот опстанок, тој напор, кој доминирал како мускулен,,
сега е заменет со машините за производство што создало и создава сега и во иднина
голем развој на кинезиологијата на физичката култура. Сега тој напор ќе мора да биде
заменет со спорт и кинезиолошка рекреација, дозиран со лечително оптеретување и
спортот кој ќе се изведува за задоволување на сопствените потреби, за радост и лично
задоволство. Тоа движење е особено важно за усовршување на детскиот организам и од
школската возраст не го губи своето значење сѐ до крајот на човековиот живот. Колку
повеќе се развива општеството, толку повеќе ќе треба да се финансира физичката култура.
Дадените инвестиции имаат повеќекратна оправданост.

35
Wells, K.F.: Kinesiology, Philadelphia-London, 1968.
36
Levin, K.: Untersuchungen zur Genese der Bewegungskoordination, Theorie und Praxis der Korperkultur, Berlin,
1971.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ПОТРЕБАТА ОД СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ТЕЛЕСНИ


ДВИЖЕЊА
Движењето и општо физичката култура има за цел да го зголеми растојанието на
човекот од моментот на неговото раѓање, па до моментот на неговото умирање 37. За да
можат да се реализираат задачите на движењето како средство за усовршување на
човековиот систем потребни се познавања од биолошко-медицинските, општествените и
хуманитарните науки со што би се создавале и специјално за тоа подготвени кадри кои ќе
можат да одговорат на потребите за развој на човечкиот организам и физичките вежби
кои ќе бидат применувани за сестраното оформување на идниот човек. Со тоа потребно е
создавање на специјални кадри кои ќе го водат управувањето на кинезиолошкиот процес
по потсистеми по дисциплини, кои ќе бидат професионалци и кои ќе можат да одговорат
на потребите на движењето, на потсистемите во физичката култура од морфолошки,
здравствен, функционален, каркатерен и натпреварувачки аспект со што ќе помогнат за
усовршување на човечката личност и продолжувањето на активно продуктивниот век на
траење парцијално и во целост. Тие би се грижеле за постепено реализирање на задачите
поставени од физичката вежба како основно средство во физичката култура за сите
потсистеми кои постојат и кои ќе се развиваат во иднина. Иднината бескомпромисно ќе ја
вреднува физичката вежба не само како средство за задоволување на моторичките
потреби туку како превентивно и куративно средство во регулирањето не само на
моториката туку и регулирањето на разни нарушени органи и системи во човечкиот
организам38. Физичката култура во иднина ќе претставува животна потреба која е
диктирана од начинот на производството. Таа потреба ќе бара квалитетни спортски
педагози кои ќе можат да одговорат на разновидните потреби што ќе ги побарува
сложениот систем – човек. Така, во иднина ќе се чувствува сѐ повеќе значењето на
науката за движење, која треба да придонесува за интеграција на општествено-научните
познавања и структурите кои подлежат на законитостите во нивниот развој било во
спортот или општо за движењето; која треба да придонесе за практичниот развој на
едуцирањето на кадрите во целост, за одржување на нивната моторичка способност, за
подобрување на производните сили и односи. Сето ова што е погоре кажано е уште едно
потврдување за оправданоста од финансирањето во физичката култура.

37
Манчева, Н.: Лечебна фискултура, Медицина и фискултура, Софија, 1971.
38
Џамбазовски, А.: Планирање и програмирање на наставниот процес по кинезиолошка медицина, Елан,
Брезовица, 1986.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ТЕОРИСКО-ФИЛОЗОФСКИ АСПЕКТИ НА ТЕЛЕСНИТЕ ДВИЖЕЊА –


ВЕЖБИ
Телесните движења – вежби се конструирале во вековното искуство на различните
општествено-политички формации, при што се создале одредени законитости кои
настанле под дејство на практичните и апликативните примени на телесните движења,
при што се создаал одреден предмет на работа и усовршување, а тоа била праксата на
физичкото воспитување со неговите комплетни проблеми. Од друга страна, тоа
универзално телесно движење, минувајќи низ вековната историја, создало
интердисциплинарен однос на телесните движења со што се создале спортовите од една
страна, а од друга, имаме појава на рационализирана пракса за телесните движења и
појава на физичкото воспитување. Анализирајќи ги телесните движења научно од
појавата до денес ќе видиме дека тие претставуваат високо-организирана пракса која
обезбедува теоретски законитости, а истовремено и оперативна основа за сите видови
движења. Биолошко-социјалната и психолошка природа како и самите организациски
структури, системски карактеристики, методски специфичности – различно комбинирани
човекови телесни движења – вежби претставуваат комбинирани воспитни средства во
чија основа лежи на секој потсистем, како основно средство, физичката вежба.

ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ
Физичкото воспитување е планска и системската активност која условно може да
биде анализирана како: умна, физичка, морално-политичка и естетска активност.
Физичкото воспитување и физичкото образование се интегрално дијалектичко единство и
се составен дел на физичкото воспитување. Тоа е двоен процес и претставува
пренесување на знаењата, вештините, навиките на другите, т.е на оние кои се воспитуваат
и образуваат. Значи, стекнување на знаења, вештини и навики, со систематско
совладување на телесни движења, односно вежби. Тоа значи здобивање на знаења за
владеење со сопственото тело и неговото постојано усовршување. Според тоа, физичкото
воспитување е одреден воспитен процес.

ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
Физичкото образование е составендел од физичкото воспитување кое е насочено
на здобивање на подвижни способности и оспособување за нивна самостојна примена во
животот. Всушност, тоа значи здобивање на моторни знаења, вештини, навики, теориски
познавања кои помагаат за усвојувањето на физичките вежби. Физичкото воспитување и
физичкото образование се две страни на единствен педагошки процес при што

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

образованието значи добивање на вештини, знааења и навики преку физички вежби или
накратко преку теловежбена активност. Физичкото вежбање е целокупен процес во кој со
помош на физичките вежби се решаваат одредени задачи од физичкото воспитување и
образование, спортот, рекреацијата и кинезитерапијата.

СПОРТ
Денес спортот претставува основно средство преку кое се пренесуваат телесните
форми на движење на широките народни маси. Така, телесната вежба од средство за
егзистенција стигнала до средство за разонода, за забава, за сестраност, за хигиена на
телото со што остава печат во сите домени на човековиот живот, одбрана на земјата,
интернационални врски, комуникации, пренесување на култура. Различните одмерувања
на силите преку натпреварувања претставуваат погодни основи за создавање на морално
единство кај луѓето.

ВИДОВИ НА ТЕЛЕСНИ ДВИЖЕЊА ВО СПОРТОТ


Било кој спорт да се исполнува – извршува, во него лежи основата на човековите
телесни движења – вежби кои на различни континенти се развиле во различни спортови
чии елементи се земени од секојдневниот живот и главно можат да се вбројат на
движења со моноструктурни – циклични и ациклични, во кои спаѓаат индивидуалните
спортови; потоа, на движења со ациклични полиструктурни активности во кои спаѓаат
боречките спортови; полиструктурни комплексни движења во кои спаѓаат сите игри и
конвенционални игри, по однапред направен план и програма.

. ПОДЕЛБА НА СПОРТОВИТЕ
Создадени се спортските игри со предмет и без предмет, со сопствена сила (во
поново време со туѓа сила), со сопственото тело. Постојат колективни спортови,
индивидуални спортови, рекреација, појава и потреба на физичките вежби како и
средство за превентива и куратива, појава на културизмот, јогите и други правци во
физичката култура.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

РЕКРЕАЦИЈА
Самиот збор, рекреација, потекнува одноволатинскиот збор RE-CREARE што значи
обновува, креира, создава, повторно. Па, според тоа, правата смисла на овој збор би
била, обновување на психофизичката сила со средства на науката, културата, уметноста и
средствата на телесните движења – односно телесните вежби.

ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА РЕКРЕАЦИЈАТА


Познати се повеќе форми на работа, а најпознати се: редовни часови по спортска
рекреација, самостојни занимања, производна гимнстика, спортско-рекреативни
натпревари, излети и слично.

КИНЕЗИТЕРАПИЈА
Кинезитерапијата претставува посебен облик на дозирани телесни движења која
има за цел да ја подобри целокупната здравствена природа на човековиот организам и
може да делува како куративно и превентивно средство со строго одредено дозирање за
лекување на поедини органи и системи, а не само за регулирање на моториката. Посебно
го проучува влијанието на телесните движења врз здравјето на човекот.

ПОДЕЛБА НА КИНЕЗИТЕРАПИЈАТА
Денес кога телесната вежба има така широка примена во сите потсистеми на
физичката кутура како основно средство за работа, стигнала до таму да во поедини земји
веќе се дели на школска и клиничка кинезитерапија. Клиничката кинезитерапија се дели
на: ортопедска кинезитерапија, интерна, кинезитерапија во психијатријата (што значи
психијатриска кинезитерапија), механотерапија, трудо-кинезитерапија, хидро-
кинезитерапија и друго.

. КИНЕЗИОЛОШКА МЕДИЦИНА
Значи нова медицинска дисциплина која за лечителни цели ги користи
програмираните телесни движења во комбинација со природните фактори – вода, сонце,
воздух како и физикалнните агенси – топло, студено; различните манипулации на телесен

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

допир како што се репозициите, пресурите, масотерапијата, електротерапијата и друго.


Како потсистем може да биде засебно организиран, како што е денес стоматологијата.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

НАУЧНИ ОСНОВИ НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА


Физичката култура како дел на културата на сите етапи од општествениот развиток
имала своја содржина, свои методи, кои биле израз и последица на конкретните процеси
и односи на едно општество. Елементарните форми на првобитната физичка култура се
појавуваат во најраното стапало на развојот на човештвото. Оттогаш физичката култура
минува низ одредени етапи, се развивала како што се развивало општеството, добивала
нови квалитети, нови содржини и нови белези. Во социјалистичкото општество се
појавила и потребата од создавање и на нова наука која ќе ги соедини во себе
практичните достигнувања и искуства на физичката култура. Всушност, со формирање на
посебна наука се започнува уште при крајот на XIX век, но вистинскиот развој на науката
за физичката култура го достугнува дури во социјалистичкиот општествен систем.
Физичката култура како подрачје на општествената пракса и теорија, нераскинливо
е поврзана со идеологијата и политиката. Занимањето на теоријата на физичката култура
претставува истовремено и идејно ангажирање и борба за критично анализирање на
праксата и теоријата на физичката култура, прифаќање на теориите за физичката култура
кои настанале во претходните општествено-економски формации, а посебно за критички
осврт на теориите кои настанале во буржоаското општество. Физичката култура во
буржоаското општество го доживува својот забрзан развој токму во XIX век, но таа
физичка култура се карактеризира со класичен карактер. Нејзиниот класен или сталешки
карактер се гледа во различните можности за развој на ФК на класата која е на власт и
класата која ја немала таа власт. Најголемо внимание во општеството се обрнува на
спортот, на спортските резултати, со цел да се развие личноста на човекот, со цел преку
спортските дисциплини да се зголеми работната способност на луѓето како услов за
постигање на подобри резултати во работата, во фабриките и претпријатијата. Со новите
општествени промени, со распаѓањето на источно-социјалистичките држави,
капитализмот влегува во реформа и прима сѐ што е позитивно од т.н „комунистички“
земји. Со тоа се создаваат нови услови за физичката култура и таа се става во функција на
новото време, во уште подобра функција на човекот.

ПРЕДМЕТ, ЦЕЛ И ЗАДАЧИ НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА


Теоријата на физичката култура е релативно млада наука. Како самостојна наука на
запад, почнала интензивно да се развива околу 30-тите години од нашиот век, особено
голем подем постигнала во Англија и САД, каде што биле применети современите
меттоди на истражување – факторска регресиона, каноничка и други анализи. Кај нас како
посебна наука поврзана со примена на научни методи започнала интензивно да се
развива при крајот на педесетите години во овој век. Во источните земји, теоријата на
физичката култура се третирала како дел од педагошките науки и нејзината цел била
свртена најмногу кон проучување на физичкото воспитување. Меѓутоа, во последно време

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

и во овие земји во теоријата на физичката култура почнале да се применуваат методи кои


биле слични на западните методи. Постојат разни имиња за теоријата на физичката
култура како наука. На Западот постепено се пробило името Кинезиологија, некаде
Антропо-кинезиологија (наука на движење на човечкото тело). На Истокот постепено
почнала да се диференцира теоријата на физичката култура и науката за теоријата на
физичката култура. Разликата меѓу теоријата на физичката култура и науката за физичката
култура е во тоа што во првата не се применуваат статичко-математички методи, туку до
вистината се доаѓа преку размислување. Науката за физичката култура ги разгледува
подеднакво разните области на физичката култура (физичкото воспитување, спортот,
спортската рекреација, кинезитерапијата).
Теоријата на физичката култура најмногу обрнува внимание на физичкото
воспитание и образование и во таа област постигнала забележителни резултати. Предмет
за проучување на науката за физичката култура се физичките активности, физичкките
вежби и нивното влијание врз здравствениот, морфолошкиот и социолошкиот статус на
човекот. Со други зборови, предметот на проучување на науката за физичката култура се
трансформационите процеси кои настануваат во психофизичкиот развој на човекот под
влијание на специјално-условени движења односно телесни активности. Иако повеќе
науки се занимаваат со физичките и психичките промени на човекот, ниту една од нив не
го проучува влијанието на вежбите врз човекот, како и влијанието на психофизичките
особини на човекот во развојот на физичките активности. Исто така, предмет на
проучување на науката на физичката култура се и разните средства, методи, форми и
принципи кои се применуваат во разните области на физичката култура со цел
поефикасно организирање на наставните и тренерсите процеси.
Науката за физичката култура во главни црти ја проучува и суштината, постанокот и
развојот на физичката култура во разните општествени економско-политички формации.
Таа е во тесна врска со општествените науки: социологијата, психологијата, педагогијата,
филозофијата заради тоа што се занимава со проблемите на воспитувањето на човекот.
Таа, исто така, е во тесна врска и со биолошките науки: биологијата, анатомијата,
физиологијата, кинезитерапијата, заради тоа што се занимава со проблемот на
морфолошките карактеристики на човекот, на функционалните способности и структурата
на човечкото тело. Во последно време, науката на физичката култура сѐ повеќе се
приближува до егзактните науки: физиката, биохемијата, биомеханиката, математиката,
статистиката, така да било кое или какво научно истражување од оваа област не може да
се замисли без примена на математичко-статистичките методи. Поради својата блискост и
користењето на достигнувањата на споменатите науки, науката на физичката култура има
интердисциплинарен карактер. И покрај јасниот и самостојниот предмет на проучување,
науката за физичката култура и денес, сеуште од одделни авоти, е оспорувана како
самостојна наука со што овие теоретичари ја намалуваат улогата на физичката култура во
општествените рамки како и нејзиното влијание во развојот на личноста.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Но, сепак физичката култура – која се занимава со проучување на влијанието на


различно програмираните телесни вежби врз човечкиот организам. Со јазниот предмет на
работа, со давањето на конкретно кинеизолошко образование и со нејзината апликативна
кинезиолошка природа со што ги прати промените кои што настануваат врз човечкиот
организам под влијание на некаков кинезиолошки програм и целата нејзина пракса еп
рименета кинезиологија, со тоа таа има право на комплетно самостојно постоењео со
свое име, а тоа е кинезиологијата и стручното лице кинезиолог. Тоа е, всушност,
антрополошка кинеизологија, со тоа физичката култура се трансформира од култура во
кинезиологија и од интередисциплинарна наука во засебна наука.

МЕТОДОЛОШКИ ОСНОВИ НА ТЕОРИЈАТА НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА


Како и секоја наука така и теоријата на физичката култура треба да има методи на
истражување, методи со чија помош ќе може да прибира податоци, да ги обработува и да
донесува соодветни заклучоци. Научните методи служат, исто така, да ги потврдат или
отфрлат одредените хипотези, поставени пред почетокот на секое истражување. Постојат
повеќе научни методи, но во главните се сведуваат: историската метода, дескриптивната
и експерименталната метода.
Историската метода обично се употребува кога треба да се истражува минатото.
Дескриптивната метода се употребува кога треба да се истражува сегашноста, а
експерименталната метода кога треба да се истражува причинско-последичната појава.
Во разните науки во зависност од својот предмет на истражување доминираат различни
научни методи. На пример, скоро кај сите математичко-технички науки се применува
експерименталната метода. Кај историските науки најчесто се применува историската и
дескриптивната метода. Во нашата наука за физичката култура наоѓаат примена сите
методи, но во последно време сѐ повеќе се применува експерименталната метода. ВО
основа важи правилото во проучувањата во кои не се бара причинско-последичната врска
меѓу појавите се применуваат првите две методи. Во проучувањата во кои се бара
причинско-последичната врска меѓу појавите се применуваат експерименталните методи.
Во проучувањата во кои се бара причинско-последичната врска меѓу појавите обавезно се
применува експерименталната метода. Историската метода во нашата наука се
применува тогаш кога треба правилно да го сфатиме постанокот на физичката култура во
разните општествено-политички формации.
Основите на историската метода кои се применуваат во нашата наука главно се
засноваат на истрискиот материјализам, кој како научна теорија го објаснува постанокот и
развојот на општеството. Според историскиот материјализам, целиот материјален и
духовен живот на луѓето (во чии рамки спаѓа и физичката култура) зависи од начинот на
производството на материјалните добра, потоа од условите во кои живеат луѓето, од
културното ниво, како и од местото и времето во кое живеат. Според тоа, физичката
култура како општествена појава е органски поврзана со материјалниот живот, во кој таа

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

се појавила и развивала. Начинот на производството, односно трудот, културата,


географските и климатските услови во кои живеат луѓето ставаат свој печат врз
различните облици на физичка култура. Втората појдовна позиција на историскиот
материјализам, кој како метод се користи во ФК, е разгледување на физичката култура во
зависност од историската епоха во која се раѓа и развива. Тоа значи физичката култура
која била карактеристична за феудалното општество не наоѓа свое место во
капиталистичкото општество, затоа што се смета за застарена. Во зависност од
историската епоха се менувале и организациските форми на физичката култура, се
менувале методите и принципите. Според тоа, во различните општествено-политички
формации никнала и соодветна физичка култура со нови форми, нови методи и со нови
средства. На секоја општествено-економска формација одговара типична за неа
физичката култура. Во својот развиток општеството минало низ 4 периоди на
производство и навлегува во петтиот. Овие периоди наречени уште општествено-
економски формации и историски епохи познати под името првобитно, робовладетелско,
феудално, капиталистичко и социјалистичко општество, развиваат посебни специфични
форми, методи и средства на физичката култура. Со менувањето на општествено-
економската формација се менува и физичката култура, а менувањето започнува уште во
пазувите на старата формација. Така, на пример, идеите и системите на физичката култура
во капиталистичкото општество се раѓаат уште во пазувите на феудалното општество.
Слично е и со социјалистичкото општество. Идеите и почетоците на социјализмот
физичката култура се појавуваат во капиталистичкото општество. Во рамките на секоја
општествено-политичка формација физичката култура има свои специфичности кои
зависат од степенот на развојот на производните сили, од техничките достигнувања, од
науката и културата во тоа општество.
Развојот на физичката култура не бил насекаде рамномерен. Кај некои народи,
физичката култура се развивала посебно, кај некои побрзо што зависело од општиот
социјално-економски развој на одредени народи. Меѓутоа, има промени во физичката
култура кои не се во зависност од општествено-економските формации, па дури ни по
времето не се поклопуваат со преминот од една формација во друга. Тие промени се во
тесна врска со општиот развој на науката и техниката и со техничкиот прогрес. Тоа се
однесува на телесните вежби како техничко средство на справите, терените, па дури и на
некои методи за усвојување на физичките вежби. Меѓутоа, само оваа особина, техничката
страна не е во состојба да ја открие содржината на физичката култура како општествена
појава при разни општествено-економски формации. Решавачко значење при
одредувањето на целта, задачите и принципите на физичката култура како и нејзината
основна содржина имаат општествено-економските односи, во одделни економски
формации. Земено во целина, физичката култура секогаш носела одлики на она
општество во кое се раѓа и развива. Во класните општества физичката култура имала
секогаш класен карактер и физичката култура секогаш била во функција на општеството, а
во последно време сѐ повеќе во лична функција на човекот.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Физичката култура како општествена појава е условена од појавата и развојот на


општеството, а пред сѐ од развојот на производните сили и производните односи. Со
своите активности, физичката култура делувала позитивно врз развојот на човекот, а
преку него и врз развојот на целото општество. Оваа законитост меѓу физичката култура и
општеството била присутна во сите економско-општествени формации. Затоа може да се
каже дека ФК постои оттогаш од кога постои човечкото општество, за истата денес да
стигне до култура во наука и од интердисциплинарна или мултидимензионална во
унифицирана самостојна наука Антрополошка кинеизологија односно кинезиологија која
спаѓа во биомедицинските науки.

ГЕНЕРАЛИЗИРАНИ И СИСТЕМАТИЗИРАНИ СОЦНАНИЈА ЗА


ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО РОДОВСКОТО ОПШТЕСТВО
Родовското општество е најпримитивен облик на организација на едно човечко
општество. Се појавува пред околу милион или 700 илјади години и траело најдолго
време, повеќе илјади години. Во него немало сопственост на средствата за производство,
немало класна поделеност, луѓето живееле во родовски заедници, заеднички
обезбедувале храна и се грижеле за сите животни потреби. Во ова општество без класи,
во кое опстанокот на луѓето зависел од физичките способности, физичката култура
претставувала главна содржина на целокупното воспитување. Родовското општество
минува низ три периода и тоа:
1. породовско општество,
2. родовско општество и
3. распаѓање на родовското општество.
Во првата фаза, физичката култура била најтесно поврзана со работата, со процесот
на трудот. Воспитанието во кое влегувала и физичката култура се реализирало во
процесот на работата. Затоа и игрите и останатите активности во овој период ги носат
силно сите белези на активноста на трудот. Игрите и физичките вежби имале
натуралистички карактер, односно тие сосема верно ги имитирале работните активности,
како што бил ловот, притоа биле одгледувани животни кои во процесот на играта биле
гонети и убавини од оние орудија што се употребувале при работата. Таков
натуралистички карактер имале и воените игри, во кои се одразувале елементите на
борба при што се нанесувале и смртни удари. Спроед тоа, играта и физичките вежби биле
општ метод и средство за усвојување елементарни работни навики. Во овој период нема
посебни реквизити, посебни уреди за игрите, за таа цел се употребувале орудијата кои
служеле за работа или кои се употребувале во војна.
Во вториот период се појавиле нови форми на општествени организации кои
нашле свој одраз во физичката култура. Членовите на родот меѓусебно биле крвно
сврзани и со заеднички работни активности. Физичките вежби и игрите исто така

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

навлегуваат во нова фаза од својот развиток и сега добиваат симболичен карактер. Оваа
измена настанала како последица од развојот и усовршување на средствата за
производство, како и на појавата на нови стопански гранки кои од своја страна придонеле
да се развие свеста и умните способности на луѓето од родовското општество. Игрите и
физичките вежби биле предавани симболично, односно наместо прави животни тие биле
заменувани со животни направени од дрвен материјал. Наместо орудија на трудот кои во
претходниот период се употребувале при игрите и физичките вежби, сега се употребуваат
слични предмети кои немале убојно средство. Иако применува свои средства, физичкото
воспитување останува во состав на општото воспитување. Се појавуваат посложени игри
кои го симболизираат ловењето и припитомувањето на животните и слично. Се појавуваат
и првите уреди и реквизити за физичко воспитување, се појавува и кожената топка, па
така игрите и физичките вежби не биле насочени само кон развивање на физичките
квалитети, туку развивање и на моралните квалитети. Поради тоа, многу популарно било
трчањето, борењето, вежбите со тегови, фрлањата и игрите со топка.
Третиот период е врзан со промените кои се јавуваат во начинот на производство,
како последица на пронајдувањето на металните орудија. Во овој период доаѓа до
поделба на трудот: на земјоделие и сточарство, а постепено се издвојува и родовската
аристократија. Физичкото воспитување следејќи ги промените на општеството навлегува
во третаата фаза од совјот развиток, односно прима сѐ повеќе натпреварувачки каркатер.
Во овој период започнал и процесот на диференцијација на општото воспитување, па така
и фиичкото воспитување се одвојува како посебен вид. Тоа придобива општествено-
апстрактен вид и сѐ повеќе ја губи врската со производната работа односно со трудот.
Напоредно со ова, се проширувале и диференцирале и активности физичка култура, со
кои се занимавале машките и женските, односно меѓу овие два пола се појавиле
забележителни разлики во игрите и во другите физички вежби. Во литературата има
многу податоци за постоењето, за развојот и состојбата на физичката култура кај разни
народи во периодот на родовското општество. Особено богати податоци за овој период
ни даваат поемите на ХОМЕР, „ИЛИЈАДА“ и „ОДИСЕЈА“. Во „Илијадата“ тој детално ги
опишал физичките вежби на грчката воено/родовска аристократија за време на
распаѓањето на родовското општество. Во „Одисејата“ тој на уметнички начин ги
прикажал натпреварувањата и игрите кои имале воено-практичен карактер и кои биле
многу популарни меѓу воената родовска аристократија.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ТЕОРЕТСКИ ПРЕГЛЕД НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО


РОБОВЛАДЕТЕЛСКИОТ ПОРЕДОК
Со развојот на родовската аристократија, со појавата на приватната сопственост, со
развојот на средствата за производство, постепено се развиваат и новите општествено-
економски односи меѓу луѓето што постепено довело до појава на нови општествени
односи (довело до појава на нов робовладетелски општествено-економски поредок).
Заедно со формирањето на робовладетелската класа, физичката култура го губи
својот универзален карактер, престанува да биде достапна за целиот народ. Таа
придобила сталешко класен карактер. Започнува сѐ повеќе да служи за воени цели и да
потпаѓа под влијание на религијата. Настапува диференцирање на физичкото
воспитување за оние кои биле на власт и оние кои биле обезвластени.

ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО ДРЖАВИТЕ НА СТАРИОТ ИСТОК


Со појавата на приватната сопственост и експлоатација меѓу луѓето, уште за време
на бескласното општество се создале услови за преминување на народите во нова
општествено-економска формација, во робовладетелското општество. Оваа промена во
државите и стариот исток станала во четвртиот и третиот милениум и траела сѐ до VI век
пред нашата ера и ги опфатила земјите на Блискиот и Далечниот Исток: Асирија, Вавилон,
Египет, Персија, Кина и Индија. Тие се воедно и првите класни општества кои се
карактеризираат со присвојување на работната сила на средствата за производство од
страна на аристократијата.
Овие промени на општеството нашле одраз и во сите области на општествениот
живот на човештвото, вклучувајќи ја тука и физичката култура. За да го зајакне своето
политичко и економско господство, класата на робовладетелите од овие земји, ги
користеле средствата на физичката култура. Таа во овие земји се развива во зависност од
потребата на новата класа, а со своите средства и методи се става во служба на класата
која е на власт. Физичката култура станува привилегија на класата која е на власт и добива
класен карактер.
Физичкото воспитување не било достапно за сите деца во сите општества.
Робовладетелите ги имале сите можности да се развиваат физички, за да можат подоцна
овие физички способности да ги применат за воено-практични цели. Народот, меѓутоа,
имал свои форми на физичкото воспитување кои најчесто биле сврзани со работните
активности. Многу од нив – разни игри, танци и други физички вежби примиле магиски
каркатер и се применувале на религиозни свечености и други празници. Најмногу
податоци за физичката култура во овие држави што ги споменавме ни даваат цртежи,
слики, релјефи, пронајдени во гробниците во Египет, како и натписите кои се пронајдени
во археолошките споменици во Асирија, Вавилонија итн.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Сите овие податоци зборуваат за големото општествено значење што ги имала


физичката култура во животот и времето од робовладетелското општество. Истовремено
овие податоци ни зборуваат и за класниот карактер на физичката култура, за нејзината
воена усмереност и за нејзиното оддалечување од работниот прогрес. Инаку во земјите
од стариот Исток било познато пливањето, веслањето, борењето, мечувањето,
стрелањето со лак, ловот.

. ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО СТАРА ГРЦИЈА


Времето од VII-II век пред нашата ера бил типичен пример за приспособување на
народната физичка култура, за потребите на класата која била на власт, односно за
потребите на робовладетелите. Процесот на распаѓањето на родовското општество и
развојот на робовладетелските односи на територијата на стара Грција започнал во
средината на IX век, односно многу подоцна, отколку во земјите на Блискиот и Далечниот
Исток. Во тој период се појавиле првите робовласнички држави кои имале карактер на
воено-организирани градови-држави. Во овие држави робовладетелите ги имале
робовите во полна покорност, а физичкото воспитување добило големо значење за
робовладетелската класа. Исто така и воената подготовка која се базирала на физичките
способности станала основна гранка на класата која била на власт, при што се појавила и
задолжителна воена служба за сите робовладетели, која служела како средство за
одржување на класното господство.

СПАРТАНСКИ СИСТЕМ НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА


Според историските податоци, Спарта се создала околу средината на IX век п.н.е. и
се одржува до V век п.н.е. Според Фридрих Енгелс, таа била држава во која се зацврстила
поделбата на општеството на класи и држава во која важеле правата на богатите. Целата
власт била во рацете на Спартанците. Нивната земја била еднакво поделена помеѓу нив, а
обработувана од покореното население кое било претворено во робови и полуробови.
Плашејќи се од постојаните востанија на робовите кои ги имало некаде околу 250.000 и
водејќи постојано војни, Спартанците кои ги имало околу 9.000, ја изградиле својата
држава на цврста воена основа и создале здрав и задолжителен систем на воена
подготовка за својата младина. Единствено во Спарта и девојките имале воена
подготовка. Нивниот систем, познат по својата строгост, не обрнувал скоро никакво
внимание на умното развивање на општата култура туку на воената вештина, на
физичкото воспитување и танците. Тоа зборува за ограничен и едностран систем, во кој
доминирало физичкото воспитување, а најпопуларни биле сите оние вештини кои биле
поврзани со воената обука (фрлање на копје, диск, борење, бокс, песничење, трчање,
скокање, лов и други воени игри).

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ТЕОРЕТСКИ ПРЕГЛЕД НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО АТИНА


Најразвиен град во стара Грција во V век п.н.е била Атина. Таа била типична
робовладетелска република со конечно ликвидирани остатоци од родовското живеење.
Додека Спарта бил преимно конзервативна земјоделска држава, со силно изразено воено
уредување, Атина била држава со развиено морепловство, трговија и занаетчиство. Во
неа секој робовладетел имал право да учествува во општествениот живот и во
управувањето со државата. Меѓутоа, оваа демократија се однесувала само на
робовласниците. Сето тоа наложувало во Атина да се создаде нов систем на воспитување,
во кој атинската робовладетелск младина требало да стекне сестрано хармоничен развој.
Атина направила прв сериозен обид да иматаков систем на воспитување во кој складно ќе
се надополнуваат умното со физичкото воспитување, моралното со естетското
воспитувањее, со цел да се добие таков човек кој ќе биде спремен за работа и кој ќе биде
спременда ја брани својата татковина. И во Атина физичкото воспитување било од воен
карактер, но имало и елементи од воената обука. Тоа во основни линии било насочено
кон развивање на физичката сила, брзината, снаодливоста. За разлика од Спарта,
системот на воспитување во Атина дава можност за поцелосно усовршување на младите
робовладетели, додека децата на робовите биле оставени без образование.
Како последица на кризата која се јавуваа во робовладетелското општество во
стара Грција во III и II век п.н.е, постепено почнува опаѓањето на силата и моќта на
Атинската држава. Во таквите услови и физичката култура почнала да го губи своето
значење. Тоа потенцирало со решението на грчките држави-полиси да создадат постојана
наемна војска, што довело до осетни промени во системот на физичкото воспитување.
Робовладетелската аристократија не обрнува внимание на физичката култура затоа што
наемната војска ги зела обврските да војува. Содржината на физичкото воспитување била
наменета со лесни пријатни игри. Ова придонело да се промени и содржината на
олимписките игри, при што аристократијата била заменувана со професионални
учесниици. Наместо почесни, на учесниците им се делеле скапи награди, што довело до
професионализам. Таквото физичко воспитување во кое се барало специјализирано
усовршување ги одвојувало учесниците од другите видови воспитување, а тие останувале
умно сиромашни. Општата криза што го зафатила робовладетелството ја доведува Грција
до пропаѓање, а со тоа и физичката култура до полно пропаѓање. Ова било уште појако
потенцирано и со појавата на христијанството, која ја негира грчката култура и со својот
аскетизам се објавува против секаква физичка култура.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ПРЕГЛЕД НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО СТАРИОТ РИМ ОД VIII-VI ВЕК


П.Н.Е.
Стариот Рим води свое потекло од околу 740 години п.н.е во периодот од VIII-VI
век настанало распаѓање на родовскиот строј и појава на патријархални робовладетелски
односи. Во овој период, наречен период на царевите, физичкото воспитување било многу
популарно, а посебно вежбите кои служеле за воена подготовка, потоа игрите, танците и
другите биле со силен воен каркатер. Широко распространети биле и натпреварите со
борни коли, борењето, боксот, фрлањето на копје. Во нив обично учесници биле од
владејачката класа – патрициите, кои за време на војна ја формирале коњаницата.

. ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ЗА ВРЕМЕ НА РЕПУБЛИКАТА ОД VI-I ВЕК П.Н.Е


Во овој период физичката култура се развива напоредно со општо физичката и
воената подготовка. Познато е дека во овој период Римјаните воделе завојувачки војни и
за оспособување на робовладетелите за добри војници, било од неизбежна важност
физичкото воспитување. За разлика од Грција каде физичкото воспитување било целосно
под надзор на државата, во Рим физичкото воспитување се вршело во кругот на
семејството. Во 16-17 година младите стапувале во редовите на армијата каде морале да
поминат низ многу тешка обука, која по својата суровост можела да се спореди со
спартанската. Во тие воени лагери, младите се здобивале со основна физичка подготовка.
Тие морале добро да го совладат мечувањето, борењето, боксот, трчањето, а посебно
трчањето со оружје. Освен физичкото воспитување кое се практикувало во военин логори,
во Рим биле популарни игрите кои се одржувале за време на некои свечености. Овие игри
добивале сѐ поголемо значење и за нивно одржување се граделе посебни згради
наречени циркуси. Во II век п.н.е, поради појавата на професионалната војска, физичкото
воспитување го губи своето поранешно значење. Робовладетелската аристократија
гоменува системот на физичкото воспитување и го прилагодува кон ново-настанатите
услови. Тоа сега било свртено кон подобруваањето на здравјето и попримило карактер на
забава и разонода.
Во тој период (II век п.н.е) се заостриле класните противречности, не само меѓу
двете антагонистички класи туку и меѓу самите робовладетели. Тие почнале меѓу себе да
се борат за власт. Побогатите робовладетели организирале бесплатни приредби за
населението, со цел да ги придобијат нивните гласови. Таквите игри имале мошне суров
каркатер, се организирале т.н гладијаторски борби, во кои робовите се бореле до смрт. Во
нив учествувале и по неколку стотици гладијатори – робови кои личеле на вистински
војни. Сето ова довела до тоа да сѐ помал број на луѓе да се занмиава со физичкото
воспитување.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ЗА ВРЕМЕ НА ИМЕПРИЈАТА ОД I ВЕК П.Н.Е ДО IV


ВЕК ВО НАШАТА ЕРА
Во овој период во Рим настапува воена диктатура во која армијата сосема се
професионализира, а во таа професионална армија стапуваат и ослободените робови,
осиромашените селски маси и осиромашеното градско население. Како последица на
диктатурата и појавата на професионална војска и физичкото воспитување претпрува
големи промени. Тоа систематски се применува само во војската и има исклучиво воено
значење. Другите слоеви на населението ги задржуваат своите народни форми на
физичкото вежбање, во кое било застапено слободното борење, натскокнувањето,
натфрлувањето, кои обично се применувале за време на верските свечености.
Робовласниците обрнувале повеќе внимание за негување на своето тело, масажи, капење
и физичкото воспитување повеќе им служело за забава или разонода, а не за стекнување
на воено-практични навики. За ваквата положба придонесува социјалната разлика меѓу
робовладетелите кои имале огромно богатство, а сирмасите морале да се занимаваат со
сѐ потешка работа. Тие спротивности довеле и до слабеење на римската војска, на
нивните војсководители, што довело до сѐ почести востанија на робовите. Најпознато
било Спартаковото востание. За постепено пропаѓање на Римската Империја придонело и
навлегувањето на варварските племиња на крајот од IV век од север. Колку физичкото
воспитување изгубило од своето значење се гледа од бројот на деновите што се
одредувале за игри, за разонода, кои во III век биле 175 дена во годината, а во IV век 135
дена во годината. При крајот на IV век и христијанската религија станува државна религија
која негативно се одразила на физичката култура. Околу 395 година биле укинати
олимписките игри, а 10 години подоцна биле укинати и гладијаторските борби, а 476
година Римската држава била заземена од варварските племиња во кои спаѓале
германските и словенските племиња.

ПРЕГЛЕД НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО ФЕУДАЛНОТО ОПШТЕСТВО


Феудалното општество е класно општество и во него има две класи, класа на
феудалци и класа на селани (кметови). Тоа минува низ три периоди на развојот:

 прв период, формирање на феудализмот,


 втор период, развивање,
 ртето период, слабеење на феудализмот.
Основната каркатеристика на феудализмот како општествено уредување е
сопственоста на феудалецот над средствата на производство (пред сѐ на земјата) и
непотполна сопственост на производителите. Развојот на феудализмот се следи најдобро
во Западна Европа. Неговиот почеток се одредува околу V век. Првиот период е период на
формирање и утврдување на феудалните односи. Во повеќе европски земји тој
продолжува до IX век. Периодот на развиениот феудализам го опфаќа времето на

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

развојот на феудалното општество и во Западна Европа тој трае до XV век. Касниот


феудализам е период на пропаѓање и појава на нови капиталистички производни односи.
Тој период продолжува до XVIII век, сѐ до појавувањето на буржоаските револуции кои
имаат за цел да ги променат економските и политичките односи во Западна Европа. Овој
период е познат како преродба или ренесанса, се реализира феудалната расцепканост и
се создаваат централизирани европски држави. За ваквите промени придонеле и развојот
на средствата за производство, се појавува мануфактурата, се развива прекуморксата
трговија, се создаваат колонии.

. ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ЗА ВРЕМЕ НА ПРВИОТ ПЕРИОД/РАНИОТ


ФЕУДАЛИЗАМ
За разлика од робовладетелското општество во кое робовите биле сопственост на
своите господари, во феудализмот слободата на селаните била поголема, а и военото
подготвување на повисоко ниво. Биле многу популарни во ова време народните игри и
форми на физички вежби, борењето, боксот, јавањето, како и натпреварите во трчање,
фрлање и скокање. Во овој период христијанската религија ја зацврстувала својата власт и
над формите од физичката култура. Таа ги забранува сите активности што биле во врска со
развојот на телото, кое го сметала за извор на гревови. Меѓутоа, друг однос таа имала кон
воспитувањето на феудалците и им дозволувала да се занимаваат со разни форми на
физичко воспитување.

ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО ПЕРИОДОТ НА РАЗВИЕНИОТ ФЕУДАЛИЗАМ


Развиениот феудализам се карактеризира со зацврстување на феудалниот начин
на производство и засилена класна борба меѓу двете антагонистички сили. Тоа дава одраз
и во физичкото воспитување. Типично за оваа епоха е военото физичко воспитување на
феудалците, најјако изразено во рицарскиот воспитен систем. Главната содржина било
усвојувањето на седум рицарски вештини, и тоа: јавање, на коњ, пливање, стрелање,
мечување, лов, шах и пишување на стихови. Своите рицарски способности тие ги
покажувале на рицарските турнири чие организирање почнало во IX век. Овие турнири
имале јасно потцртан класен карактер и служеле за заштита на феудалната класа.
Турнирите имале и големо воено значење и служеле за воени подготовки. Постојаниот
развиток на занаетчиството и трговијата предизвикува нагло зголемување на градовите и
појава на нова класа, БУРЖОАЗИЈА. Во овие градови да се здаваат и првите друштва за
мечување и стрелање, во кои почнало и организирано да се спроведува физичкото
воспитување. Се појавиле и првите школи за мечување, исто така почнале да се
оградуваат и специјални места во кои можела да се вежба и игра. Се појавуваат и првите
почетоци на спортските игри, во Англија XV-XVI век. Се појавуваат и почетоците на
тениската игра, а останатите форми на физичката култура и тоа не само меѓу селаните туку
и меѓу градското население. Со појавата на барутот и огненото оружје, кое во основа го

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

изменува начинот на водење на војна, престанало влијанието на рицарите и нивниот


систем постепено опаѓа.
ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО ПЕРИОДОТ НА РАСПАЃАЊЕТО НА
ФЕУДАЛИЗМОТ
Кон крајот на XV век во Западна Европа настануваат измени од политички,
економски и културно-образовен карактер. Тие промени се поврзани со развојот на
трговијата, занаетчиството, со развојот на мануфактурата и со постепеното создавање на
нов поекономичен начин на производство. Силен подем во развојот на економијата и
трговијата дале големи географски откритија (на пример откриена е Америка 1492 год.).
Потребата на новата класа која се раѓа, т.е на буржоазијата, од наука и
образование станува сѐ поголема. Така, пропаѓањето на феудализмот е придружено со
брзиот развиток на економското производство, со развојот на науката, уметноста и
образованието. Доаѓа до создавање на нови погледи на светот, се раѓа хуманизмот, што
значи чувство за величење на човекот (хуманитас – човечност). Едновремено со чувството
на човечност, хуманизмот имал за задача да воспитува исоздава високо морални
квалитети. Затоа и во делата на хуманистите главно место зазема човекот и грижата за
неговото сестрано воспитување. Меѓутоа, педагошките идеи на хуманстите биле сепак
далеку од народните маси. Тие биле предодредени за новата класа која се раѓала, како и
за феудалците кои сеуште биле господари. Сепак голема заслуга на педагозите-хуманисти
била во тоа што на физичкото воспитување му придавале голема важност и го
спорведувале со другите видови воспитување, со умното, естетското, моралното. Во
своите дела тие препорачувале младите да се бават со секојдневни физички вежби,
особено со мечување, стрелање, пливање, борење и слично. Познати хуманисти од тој
период биле: Битерино Делфелтре, Јероним Меркуријалис, Франсоа Рабле и Јан Амос
Коменски. Се појавиле и идеите за правилна исхрана, правилен и хигиенски режим на
живеење со цел да се зајакне телото на човекот, хуманситите сметале дека во здравото
тело е и духот здрав.
Како заклучок можеме да кажеме дека физичката култура во феудалното
опшѓтество имала класен карактер што значи дека младите немале ист старт. За разлика
од од робовладетелскиот строј во феудализмот паралелно постоела и физичката култура
на експлоатираната класа. Во целиот период на феудализмот, физичката култура служела
на класата која била на власт. Па затоа, физичките вежби и другите активности служеле
како средство за воено-физичка подготовка на феудалците. Физичката култура на
владејачката класа била најмногу изразена во рицарскиот воен систем, кој се оформил
како резултат на начинот на водењето на војните. Во периодот на доцниот феудализам се
појавиле и напредните идеи на хуманистите. Исто така, при крајот на овој период се
појавуваат и т.н социјалисти-утописти кои се застапувале за еднаквост во воспитувањето
на сите деца, односно се застапувале за бескласно воспитување.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ТЕОРЕТСКИ ПРЕГЛЕД НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО РАНИОТ


КАПИТАЛИЗАМ (ФК ОД 1648-1871)
За почеток на капиталистичкиот опшетствен строј се смета буржоаската револуција
во Англија која избувнала во 1648 год. Со неа започнува развојот, зацврстувањето и
продорот на капиталистичкиот начин на производство. Продолжува сѐ до 1871 година
кога избувнува Париската комуна. Развојот на физичката култура во првата фаза од овој
период бил тесно сврзан со воената обука. Со појавата на военото огнено оружје се
изменила и тактиката на војување во кое многу внимание се обрнува на разните
престројувања, префрлувања и прегрупирање на војската. Таквиот начин на војување
наоѓа свој одраз и во содржината на физичкото воспитување во кое главно место земале
долгите маршеви и строевите вежби. Големо влијание во развојот на буржоаскиот систем
на физичката култура имале и развојот на науката и културата. Особено место им припаѓа
на развојот на физичката култура на природните науки и медицината, се појавиле и
научни трудови кои ја збогатиле теоријата на физичката култура.
Развојот на капиталистичкото производство било проследено со постепено
создавање на пролетеријатот како нова класа, која била непосредно творец на
материјални добра. Формирањето на двете основни класи е сврзано и со идеите на
класната борба, која била присутна и во воспитувањето. Оваа идеолошка борба нашла
свој одраз и во разните теории за воспитувањето, а во рамките на таа борба дошло и до
промени во теориите за физичката култура. Во текот на XVII век се појавуваат и големи
педагози и мислители кои во своите дела голем простор ѝ посветуваат на физичката
култура. Скоро сите овие истакнати личности го потенцираат огромното значење на
физичката култура – воспитување за општествено воспитување, за зачувување на
здравјето и за одржување на моралните квалитети. Најистакнати од нив биле: Џон Лок
1632-1704, кој во неговото дело „Мисли за воспитувањето“ се залага за поголемо
влијание на физичката култура во воспитувањето на младото поколение. Тој ја обновува
мислата „Во здраво тело – здрав дух.“. Вториот претставител е Жан Жак Русо 1712-1778 –
роден во Женева, бил голем приврзаник на слободното воспитување, неговото капитално
дело – ЕМИЛ или за воспоставувањето во природата со цел да се челичи организмот, да
се направи телото отпорно против разни болести и физички влијанија. Неговата девиза е
враќање кон природата. Тој го разгледува физичкото воспитување како неопходен услов
за понатамошното умно и морално воспитување. Заслуги за развојот на теоретската мисла
на физичката култура имал и Јохан Хајнрих – Песталоци 1746-1827, кој покрај другите дела
е и автор на книгата „Основи на физичкото воспитување“ во која се залага за паралелен
развој на телото и духот. Своите облици за физичкото воспитување тој ги применува во
неколку образовни установи, коишто самиот ги формира и раководи.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ПОЈАВА И РАЗВИТОК НА БУРЖОАСКИТЕ СИСТЕМИ ЗА ФИЗИЧКОТО


ВОСПИТУВАЊЕ
Развојот на капитализмот и формирањето на назионалните држави го условиле
создавањето на националните гимнастички и спортски системи. Предусловите кои довеле
за нивно создавање биле сврзани со потребите наусовршување на предвојничката обука
и неопходноста за создавање на масовни армии. Затоа, една од главните задачи од тие
системи била претходна воено-физичка подготовка, не само на младите туку и на целото
население кое можело да носи оружје. За развојот на овие системи многу придонеле и
развојот на другите науки, особено на природните науки, анатомија, физиологија.

ПРЕГЛЕД ВО РАЗВОЈОТ НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО ГЕРМАНИЈА


Развојот на теоретската мисла и пракса на физичкото воспитување во Германија во
почетокот на XIX век е сврзано со општествено-економскиот и политичкиот развој на
земјата. Прогресивните идеи на Француската револуција 1789 година за слобода и
рамноправност нашле свој израз и во Германија и ја поттикнале борбата во против-
феудалниот поредок во сите области на животот. Исто така, и идејата за обединување на
Германија во една држава земала сѐ поголем замав. За да се оствари оваа идеја биле
потребни повеќе услови меѓу кои и создавање на гимнастички организации во кои покрај
физичкото воспитување ќе се негува моралното и патриотското чувство. Реализатор на
оваа идеја бил Фридрих Јан кој своите идеолошки сфаќања ги изложува во книгата
„Германската народност“. Во неа Фридрих Јан го разгледува физичкото воспитување како
одлично средство за воспитување на народот. Тој создал свој систем, во кој се ангажирал
за природните форми на движењето и за вежби на справи и за прв пат како справа ги
воведува кариките, разбојот и коњот. Тој ги групирал вежбите во две големи групи:
гимнастички вежби во кои влегувале природните вежби (форми), борење, атлетски
дисциплини и вежбите на справи. Втората група биле гимнастички игри. Посебно
внимание во овој систем им било посветено на вежбите на справи кои во времето на Јан
Фридрих видно напредувале. За разлика од системот на ГУЦ-МУЦ, кој на игрите им давал
посебна вредност и предност, игрите на Фридрих Јан, по негово сфаќање, биле на втор
план и под негово влијание почнале да се формираат гимнастички организации. Освен
физичкото воспитување, се негувало интензивно и патриотското чувство кое било израз на
политичкото влијание на земјата.
Позитивноста на овој систем на физичката култура и воспитувањето е во следното:
1. Овој систем укажува од неопходностана секојдневно физичко вежбање;
2. Воведува нови справи и ги изведува вежбите за оформување на телото во посебни
групи;
3. Укажува на важноста од правилниот начин на живеење и на промена на свесност и
дисциплинираност;
4. Ја унапредува методиката на учењето на вежбите на справи;

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

1.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Негативните страни на овој систем биле:


1. Занемарување на природните форми на движење и нивното заменување со
гиманстички вежби и вежбите на справи;
2. Потценување на воспитното значење на игрите;
3. Премногу фросирање на строевите вежби и крутост со војничка дисциплина;

ПРЕГЛЕД НА РАЗВОЈОТ НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО АНГЛИЈА


(АНГЛИСКИ СИСТЕМ ЗА ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ)
Се појавува во првата половина на XVIII век и била тесно сврзана со
специфичностите на економскиот, културниот и политичкиот развој во Англија. Се
одликува по својата слобода во изборот на средствата, методите и во изборот на
формите. Во неа биле вклучени сите физички вежби и разновидните игри кои секогаш
имале натпреварувачки карактер. Поради таа особина, англискиот систем за физичкото
воспитување го нарекле спортски систем. Заслуга на овој систем е што применил и
обработил многу народни игри, многу физички активности кои со својата емоционалност
биле мошне добро примени од учениците. Тој натпреварувачки карактер се повлекувал
не само во игрите, туку и во сите други активности, а стремежот за подобри реезултати ги
развивале и неопходните физички и морални квалитети на луѓето, т.е на учесниците. На
тој начин, англискиот систем имал за цел, преку спортот, да го развие организмот на
човекот и да го оспособи за високи физички напори.
Основна слабост била во тоа што целосно ја елиминирал гимнастиката како
средство за воспитување физичка култура. Ја негирал улогата на учењето на одделни
вежби и важноста на гимнастиката за коректното држење на телото.

5.11.4. ФРАНЦУСКИ СИСТЕМ ЗА ФИЗИЧКОТО ВОСПИТУВАЊЕ


Развитокот на педагошките мисли во дореволуционерна Франција и специјално
идеите на Жан Жак Русо имале големо влијание во создавањето на францускиот
гимнастички систем. За основач на овој систем се смета шпанецот Франциско Амороз
(1770-1848), офицер по професија. Основна карактеристика на францускиот систем е то
ашто бил уште послободен од англискиот гимнастички систем и дека се заложил за
слободен природен развој на човекот. Затоа, овој систем е познат како достапен
универзален систем. За ваквата оценка придонела содржината на овој систем. Основното
методолошко барање на овој систем било: активностите да спроведуваат на отворено, на
чист воздух, на сонце, средствата кои се применувале биле природните форми на
вежбање, кои можеле лесно да ги применуваат, кои можеле лесно да ги усвојуваат и кои
биле достапни за различните возрасти. За прв пат, французите примениле и медицинска

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

контрола, односно контрола која била поврзана со земањето на податоци за здравјето на


учениците и за нивната физичка развиеност. Вака поставеното физичко вежбање,
комбинирано со медицинска контрола, создало услови на организирано поставување на
физичкото воспитување на научни основи. Меѓутоа, една од основните слабости на овој
систем е негирањето на спортот, негирањето на неговото воспитно значење и
елиминирањето на вежбите на справи, а до некаде и на игрите, што довело до
шаблонизирање и еднообразност на монотонија. На тие занимања било принцип да се
дадат вежби од различни групи, кои поради временската ограниченост многу брзо се
менувале.

ШВЕДСКИ ГИМНАСТИЧКИ СИСТЕМ


Се оформува како самостоен систем при крајот на XVIII и почетокт на XIX век со
задача да постави рационална гиманстика со разумно избрани и конкретни вежби, кои ќе
имаат конкретна функција за телото. Затоа и биле потребни извесни медицински и
анатомски познавања. Основно средство во шведскиот гимнастички систем биле вежбите
за оформување на телото. За да се зголеми физиолошкиот ефект на овие вежби, тие се
изведувале комбинирано – во патови и со специјално изградени реквизити. Се внимавало
на точноста на вежбите, на правилното дишење и на правилното држење на телото. За
разлика од германскиот систем, во Шведска справите што се употребувале биле многу
полесни, можело да се праваат различни комбинации како што се рипстолот, шведската
клупа, јажиња за качување и други реквизити. Била позната како хигиенски гимнастички
систем, имала корективен и терапеутски карактер и за нејзиното спроведување било
потребно претходно предзнаење од анатомија и физиологија.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

5.11.6. ЧЕХО-СЛОВАЧКИ ГИМНАСТИЧКИ СИСТЕМ


Се јавува во втората половина на XIX век под влијание на идеите за национално
ослободување од австро-унагрско ропство. Се развивала под силно влијание на
германскиот систем, но сепак во својот развиток внесува нови елементи. Развојот на овој
систем е сврзан со името на Мирослав Пирж (1832-1884). Овој систем, исто како и
германскиот, ја проширува својата активност преку многубројните гимнастички друштва,
благодарение на двојната задача – да го сочува здравјето на учесниците и да ги негува
патриотските чувства кај чехо-словаците. Чехо-словачкиот гимнастички систем бил
сврззан со надворешните форми на вежбите. Обрнувале големо внимание на групните
вежби. Вежбите често имале манифестационен карактер, слабоста е во тоа што се оди на
премногу фросирање на вежбите, за сметка на игрите, а особено за сметка на спортските
игри. Потчинувањето на содржината на вежбите над формата придонело до создавање на
формалистички став при овие вежби кои немале некое поголемо физиолошки
оптеретување на организмот.

5.11.7. КАПИТАЛИЗАМ
За капитализмот уште е карактеристично што во Германија се појавиле оригинални
просветни движења со специфични училишта наречени ФИЛАНТРОПИУМИ што значи:
ФИЛА – БРАТСТВО и АНТРОПО – ЧОВЕК. Како основач на ФИЛАНТРОПИУМОТ во Германија
се смета Јохан Базедов кој во градот Десау го формирал првиот филантропиум во 1774
година. Голема заслуга за развојот на теоријата на физичката култура во Германија има
педагогот ГУЦ-МУЦ (1759-1839) кој бил автор на повеќе книги за физичкото воспитување
од кои посебно се издвојува: Гимнастика на младите, која била преведена во многу
европски земји и извршила големо влијание за развојот на гимнастиката. Со работата на
филантропите било сврзано и името на Герхард Фит – негова најпозната книга е Обид за
една енциклопедија на телесните вежби, која на многу објективен начин го објаснува
историскиот развој на физичкото воспитување. Неговите погледи и идеи за врската на
физичкото воспитување со останатите видови воспитувања и со влијанието на работната и
воената способност биле многу блиску до современите сфаќања на физичката култура и
воспитанието.

5.11.8. ПРОДОР НА СОЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ ТЕОРИИ ВО ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА


Тешката положба на работниците и нивната експлоатација биле основна причина
за појавата на социјалистичкиот утопизам, кој се јавува во почетокот на XIX век. Идеите на
социјалистичкиот утопизам биле насочени кон создавање на бескласно општество,
општество во кое нема да има експлоатација и поделба на класи и општество без
социјални разлики кое се создава по пат на еволуција. Разбирливо е дека овие идеи во
времето на подемот на капитализмот не можеле да бидат реализирани (утопија – нешто
што не постои. Томас Мор за прв пат го употребува тој збор, напишал книга која се вика

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Утопија). Социјалистите-утописти не можеле да го најдат правиот излез од таквата


состојба, не биле во состојба да го објаснат наемниот труд во капитализмот, ниту пак да
објаснат која и каква сила е потребна за да го променат постојното општествено
уредување. Утопистите-социјалисти немале подлабоки врски со луѓето – работниците, од
работничката класа и работничкото движење стоеле на страна во практична смисла.
Сепак, нивните напредни идеи биле подоцна преземени од социјалистичките мислители.
РОБЕРТ ОВЕН – 1871 година се обидел да ги примени овие педагошки идеи во една
фабрика за текстил чиј сопственик и управник бил тој. Особено внимание обрнал на
физичкото воспитување. Сметал дека човекот може да биде среќен само ако му е телото
здраво и духот спокоен. Го искористува и огромното значење на физичкото воспитување
во понатамошниот развиток и во поврзувањето на производниот труд со учењето и
гимнстиката како единствен метод за создавањето на сестрано развиена личност. И
покрај идеалистичката идеја на неговите сфаќања, неговите педагошки идеи имале
големо значење за развивањето на социјалистичката мисла на личноста и голем придонес
во марксистичкото развивање на човекот. СЕН СИМОН и ЖАН ФУРИЕ биле французи и
делувале за развојот на социјалистичкиот утопизам во Франција. Подоцна доаѓаат идеите
на Карл Маркс и Фридрих Енгелс.
Во XIX век развојот на капитализмот довел и до зголемување на работничката
класа. Основни идеолози биле: Маркс (1813 – 1873) и Енгелс (1820-1895). Нивната
историска заслуга се состои во тоа што тие создале наука за развој на природата и
општеството, наука за пролетерската револуција и победата на социјализмот. Исто така,
тие ја создале и утврдиле и теоријата на научниот социјализам. Од делата на Маркс и
Енгелс на многу места се зборува за воспитувањето вклучувајќи го и физичкото
воспитување. Тие први укажале на уништувачката улога на капитализмот за физичкиот и
духовниот развиток на работната класа. Капиталистот во желбата да ја зголеми печалбата
го зема сето слободно време на работникот, не оставајќи му ништо за културниот развој,
за одмор, за слободни игри подносно за образување интелектуално и физички.
Во своето део Антидиринг – Енгелс укажува на негативното влијание на поделбата
на трудот, за интелектуалното развивање на работниците и селаните. Во врска со лошите
услови во кои живеел антлискиот пролетеријат, Енглес во својата книга „Положбата на
работничката класа во Англија“ пишува дека буржоазијата ѝ давала на работничката класа
онолку колку да може да ги врши основните работи. Тој потцртува дека буржоазијата
воопшто не се грижи за физичкиот и интелектуалниот развој на работниците.
Маркс и Енгелс – во својот „Манифест на комунистичката партија (1848) го
потенцирале прашањето на физичкиот развој на населението, на работниците. Тие се
залагале за смалување на работниот ден, како еден од условите за подобрувањето на
умните и физичките способности на работниците и да се укине трудот на децата, сметале
дека долгиот работен ден пречи, биле на мислење дека децата треба да се занимаваат со
игри и други активности погодни за нивната возраст. Во својата инструкција до делегатите

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

на Женевскиот конгрес во 1866 Маркс ја истакнува и неопходноста за создавање на


нормални услови за работа на младите и за соединување на нивниот труд со учење и
гимнастика. Според Маркс, овие услови би се реализирале само преку класна борба на
пролетеријатот со буржоазијата. Во истата инструкција за време на Женевскиот конгрес,
Маркс за прв пат ја определува содржината за сестрано воспитување на човекот. Ја врши
следнава поделба: умно воспитување т.е образование, физичко (подразбирал гимнастика
и воени вежби), политехничко образование – запознавање со работни активности.
Голема заслуга на Маркс и Енгелс е во тоа што тие ја поврзале борбата на
работничката класа за сестрано воспитување на младите за соборување на буржоаското
општество. Според тоа, физичкото воспитување на работничката класа како дел од
општото воспитување станало политичко оружје во нивната борба. Во процесот на таа
борба, работничката класа создава и свои масовни организации, вклучувајќи ги тука и
организациите од областа на физичката култура. Се појавиле и првите гимнастички
работнички организации. Овие организации (работнички) имале за цел, покрај стручната
и политичката работа, задача за класно насочување на општеството. Така во 1861 се
создава гимнастичкото друштво во Лајпциг наречено Турн Ферхајн. Подоцна Маркс и
Енгелс поточно ја одредиле сестрано развиената личност, каде покрај умственото,
физичкото и техничкото воспитување го вклучиле и моралното и естетското воспитување.
Енгелс посебно се залагал за сите возрасти во училиштата да се воведе гиманстиката и
воените вежби со цел дасе зајакнат физичките способности на работничката класа во
нејзината борба со буржоазијата. Ова дело е огромен придонес за физичката култура во
социјалистичките држави и општо. Оваа поделба од Маркс и Енгелс останува актуелна до
денес и ќе биде актуелна и во иднина.
Како плод на долгогодишната работана дијалектичарите доаѓа до појава на
социјалистичко-комунистички светски систем кој повеќе од 80 години беше на светската
сцена, а некаде сеуште се навласт. Но, за некои генијално замислените теории за
реализирањето на социјализмот, односно комунизмот не успеаја да се реализираат до
крај, за што Маркс, Енгелс и Ленин и нивните современици не се виновни. Со тоа, нивните
замисли за развојот на општеството и државата, како и планетата Земја да им припаѓа на
земјаните – на човекот, останува краен дострел на очовечувањето на човекот и во
очовечувањето на моторичката онтогенеза. Сепак социјалистичкиот – комунистички
систем во неговото досегашно делување како светски систем изврши огромни промени на
класичниот капитализам и капитализмот од таков каков што биле, доби нов квалитет и
прими сѐ што беше позитивно во социјалистичко-комунистичките држави иго задржа
пазарното стопанство, слободата, демократијата, со што пазарното општество се покажа
како незаменлив систем за производство и благосостојба. Сегашниот комунистички
систем се трансформира во нов социјалистичко-пазарен систем каде поново се става
капиталот во функција, за еден ден кога планетата Земја ќе припаѓа на човекот поново да
го изгуби своето примарно значење.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

5.11.9. ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО ВТОРИОТ ПЕРИОД ОД КАПИТАЛИЗМОТ


(1871-1917)
Овој период од Париската па до Октомвриската револуција е познат како втор
период на новото време; во овој период капитализмот преминал во нова фаза наречена
империјализам. Оваа епоха имала своја идеологија, со која класата која била на власт се
стремела преку различни политички и религиозни обиди да ги штити своите интереси во
согласност со променетите услови. Така сѐ поочигледна била тенденцијата на
буржоазијата, физичката култура и спортот да ги насочи во правец во кој би се
елиминирала класната определеност на учесниците. Тоа значи дека спортот би служел за
забава и би имал за цел да ја одврати работничката класа од класната борба.
Најголема популарност во епохата на империјализмот добиле буржоаские теории
за аполитичноста на физичката култура и нејзината неутралност. Суштината на овие
теории била, преку физичка култура, да се прикрие политичкиот живот и класната борба.
Умешно се прикривале сѐ позабележителните тенденции за користење на физичката
култура како средство за милитаризирање на младите во условите на тешката класна
борба. Во многу фабрики сопствениците формирале специјални спортски клубови кои
требало да бидат нагледни агитатори на класната соработка и за аполитичноста на
спортот. Голем одраз врз буржоаската физичка култура во овој период имале и промените
на начинот на војуваање кои барале многу потемелна воена обука. Тоа ги принудило
буржоаските влади да пуштат повеќе средства за физичко воспитување во училиштата и
да имаат поголемо влијание целите, задачите и содржината на работата во
општествените организации за физичка култура.
Во втората половина на XIX век по примерот на Англија сѐ повеќе се пробива
спортот, така што во тој период се формирале и првите спортски сојузи, односно првите
меѓународни организации. Така на пример, во Англија биле формирани: Детскиот сојуз –
1861, Фудбалскиот сојуз - 1863. Исто така, при крајот на XIX век се појавиле и повеќе
видни теоретичари кои се залагале за рамноправното применување на физичката култура
и за двата пола. Тие теоретичари всушност ги поддржувале идеите на Жан Жак Русо – за
слободно воспитување на машките и женските деца. Крупни промени настанале и во
содржината на другите западни системи, сите тие постепено се ослободувале од крутите
правила за вежбање и применувале сѐ послободни вежби. Строевите вежби биле
отфрлени и заменети со игри и танци. Промени настанале и во насочувањето на одделни
гимнастички системи кои, за разлика од порано, давале многу поголеми и пошироки
можности за физичко воспитување.
Раѓањето на работничкото спортско движење. – Како резултат за засилената класна
борба и јакнењето на работничкото движење при крајот на XIX век, започнале да се
создаваат работнички спортски организации, како што се Колајпциг кое набрзо било
растурено од страна на буржоазијата, но се формирале такви други друштва по Европа. Во
1893 г. се формирал Првиот работнички гимнастички сојуз во Германија. Во 1912 година,

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

во Париз започнале подготовките за свикување на Меѓународен работнички спортски


конгрес кој во наредната година се одржал во Белгија.
ЗАКЛУЧОК – може да се каже дека и во капиталистичкото општество и теоријата и
праксата на физичката култура биле определени од класните цели, односно тие имаат
класен карактер. За разлика од претходните општествени уредувања, овој класен
карактер на физичкото воспитување не бил така тесен и ограничен. Физичкото
воспитување постепено станува достапно за сѐ поголем круг на луѓе, затоа што
буржоазијата го фросирала главно економскиот аспект, што важи и денес во целина.

5.11.10. ПРЕГЛЕД НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКОТО


ОПШТЕСТВО
Доаѓа како историски наследник на капитализмот, главна каркатеристика е тоа што
средствата за производство се во рацете на работникот, т.е во општествена сопственост.
Фабриките, рудниците, железници, банки, претпријатија, т.е целокупните средства за
производство, па и општествената надградба се општествена сопственост. Што значи, со
нив во опширна смисла на зборот управува целото општество. На тој начин требаше да
биде укината можноста за експлоатација на човек од човек, можноста за создавање на
големи социјални разлики, а исто така да се оздадени условите за бескласното општество.
Според тоа и физичката култура како дел на културата на едно општество, требаше да
станува бескласна, односно достапна за сите граѓани во социјализмот. Периодот на
социјалистичката физичка култура започнува во 1917 година. Тој период се проширува
постепено во повеќе европски земји.
Од Октомвриската револуција, главна одлика на социјалистичката физичка култура
е постигањето на целта на социјалистичкото воспитување, а таа е создавање на сестрано
образована личност. Таа физичка култура е свртена кон човекот, кон подигањето на
сестрано образована личност, подигање на не само физичките и здравствените, туку и на
неговите културни и производни квалитети. За да се постигне оваа цел, социјалистичката
заедница пружи голема морална и материјална помош. Работничката класа е свесна дека
со помош на физичката култура се развиваат и работните и одбранбените квалитети, кои
исто така треба да бидат својство на социјалистичкиот човек. Социјалистичкото општество
се грижи да создаде еднакви услови за образование и воспитување, се грижжи да ја
приближи физичката култура до сите слоеви на населението, односно се стреми
физичката култура да биде општествена сопственост на сите, физичката култура да биде
целосно свртена кон човекот и неговите потреби и за неговите можности. Оваа убава
замисла не успеа да се реализира иако се создаваа сѐ подобри услови за спорт и
рекреација.
За разлика од поранешниот капитализам, каде физичката култура служеше како
средство за експлоатација на работните луѓе, во социјализмот и во новиот социјал-

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

капитализам, таа служи за создавање на подобри меѓучовечки односи, за подобри


контакти меѓу луѓето, за подобро меѓусебно познавање. Социјализмот се стреми да му
обезбеди на секој човек исти можности да учествува во разни физички активности според
своите можности и потреби. Физичката култура се стреми да ги спои двете страни на
човечката личност, природната и општествената во една дијалектична целина, а тоа значи
и со помош на средствата за физичка култура да се обрне еднакво внимание на човекот
како биолошко суштество и како општествено суштество. Целта на целокупната наука и
технологија е да го ослободи човекот од неговата зависност, од природата и природните
закони и да му овозможат полесно да се вклопи во општеството.
Целта на новите услови на стопанисување е да се создаде свет без граници.
Планетата Земја да им припаѓа на земјаните. Да настапи меѓународна поделба на трудот.
Да го изгуби значењето на луѓето кој од која националност е и кој од која вера.
Негативците кои вршат деструкција на општеството треба нагласено да се потенцираат не
како Словени, Муслимани или Германи, или како Христијани и Католици, туку со лично
име и презиме, само заради тоа истите да се казнат независно од нивниот исход, вера,
писмо и партиска определеност и да се предизвикаат позитивни промени.

5.12. ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО РЕПУБЛИКА


МАКЕДОНИЈА
Физичката култура спаѓа во непроизводниот дел на општеството и е интегрален
дел на секое општество. Ако општеството го гледаме како сложен систем, тогаш и
физичката култура како дел на тој систем би сочинувала еден потсистем. Под зборот
систем разбираме збир на активности поврзани помеѓу себе така да сочинуваат едно
единство или органска целина. Земено одделно, физичката култура би претставувала
сложен систем кој се состои од четири потсистеми: физичко воспитување и образование
(едукација), спорт, спортска рекреација и кинезитерапија.
Наведените потсистеми претставуваат специфични видови на дејности на човекот
во физичката култура. Тие имаат многу заедничко, како на пример, средствата со кои се
служат, но меѓусебно се разликуваат по задачите кои ги имаат, по формата на работа, по
методите и сл. Треба да се знае дека физичката култура како сложен систем со нејзините
потсистеми не се статички категории и не се дадени еднаш засекогаш. Таа променливост
се врши под влијание на активноста на човекот, на условите и на потербите, така што
некои непотребни елементи во системот испаѓаат, а други нови влегуваат во него.
Затоа поделбата на физичката култура во четири потсистеми треба да се сфати
условно. Тргнувајќи од некои претпоставки, сега веќе може да се констатира дека во
блиска иднина во сложениот систем на физичката култура ќе се диференцира уште еден
потсистем односно подрачје – кинезитерапијата. Ова ќе се реализира со современиот
начин на живеење, човекот ќе биде принуден сѐ повеќе да ги користи средствата на

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

физичката култура и при лекувањето и рехабилитацијата. Како што физичката култура во


целост беше третирана како сложен систем составен од повеќе потсистеми, така и секој
потсистем се состои од повеќе делови. Така на пример, структурата на потсистемот
физичко воспитување и образование е составен од пет делови:

 физичкото воспитување и образование во предучилишната возраст,


 физичкото воспитување и образование во основните училишта,
 физичкото воспитување и образование во средните училишта,
 физичкото воспитување и образование во високото школство,
 физичкото образование и воспитување во армијата
 физичкото воспитување во полицијата.

Во потсистемот СПОРТ влегуваат 4 специфични дејности, и тоа:


1. Пионерски спорт
2. Младински спорт
3. Јуниорски спорт (сениорски),
4. Професионален спорт.

Потсистемот РЕКРЕАЦИЈА се дели на спортска рекреација во процесот на работата


и спортска рекреација во слободно време. Карактеристично е што секое од овие подрачја
може за себе да егзистира и одвоено да се организира.
Функциите кои се реализираат во сложениот систем на физичката култура можат
да се поделат на неколку потсистеми, и тоа:
1. Потсистем на организација на физичката култура во работните колективи,
2. Потсистем на школување на стручни кадри,
3. Потсистем на финансирање,
4. Потсистем на натпреварување,
5. Потсистем на планирање, програмирање и управување на организацијата.

Секој од овие потсистеми се сретнува во едукацијата, во спортот и во рекреацијата.


Меѓутоа и покрај многу заеднички елементи, тие имаат и меѓусебни разлики, особено
разлики во начинот на финансирање, во натпреварите, во формите и методите кои се
применуваат во нив. Основни принципи врз кои се темели нашата физичка култура се:

 принципот на задолжителност и
 принципот на доброволност.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Во првиот принцип – принцип на задолжителност се организираат сите потсистеми


на физичкото воспитување и образование. Според овој принцип се организира активноста
на физичката култура во армијата. Другиот принцип (на доброволност) важи за спортот и
спортската рекреација. Тоа се вончасовните активности. Меѓутоа, то ане значи дека овде
не може да се примени принципот на задолжителност, како што е во потсистемот
образование. Во Европа, па и општо на планетата Земја, главно се застапени овие два
принципа на организација на физичката култура, која ќе мора да се трансформира во
кинеизологија.

5.12.1. УСТАНОВИ ВО КОИ СЕ РЕАЛИЗИРА АКТИВНОСТА НА ФИЗИЧКАТА


КУЛТУРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Активностите со кои се занимава физичката култура, т.е со кои се занимаваат
децата, младината и работните луѓе се одвиваат во основни единични келии кои го
сочинуваат системот на организациите за физичка култура. Тие се воспитни организации
кои ја одвиваат наставата по физичко воспитување, со одреден наставен план и програм и
под стручно раководство на педагози по физичка култура. Тука спаѓаат предучилишните
установи, градинките, основните училишта, средните училишта, факултетите, армијата во
кои се реализираат разни активности од областа на физичката култура, преку редовни
часови, преку утринска гимнастика, преку разни натпревари.
Во општествените организавии за физичка култура, активности се остваруваат
преку организациони форми на работата односно преку тренирања, наставни часови,
натпревари, зимски и летни спортски логорувања. Тие организации се: активи, секции,
клубови, друштва, спортски организации и др.

5.12.2. СТРУЧНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ДРУШТВА


Имаат за цел практично и теоретски да ги унапредуваат разните потсистеми на
физичката култура. Непосредно раководат со стручната работа, со спортските клубови,
друштва и сојузи. Тоа се на пример: Атлетскиот сојуз, Боречкиот сојуз, Фудбалскиот сојуз
итн. Тие се грижат за унапредување на соодветните спортови, за унапредувње на
стручната работа, за унапредување на стручни кадри, натпревари и сл. Тука спаѓаат и
стручните задолженија, како што се здруженија по физичка култура, здруженија на
спортските лекари, здруженија на тренери од разни области, здруженија на педагозите по
физичка култура, средни школи за физичка култура, факултети за физичка култура,
постдипломски студии и докторанти од физичката култура.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

5.12.3. ОПШТЕСТВЕНИ И ПРИВАТНИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ФИЗИЧКАТА


КУЛТУРА
Општествените организации во Република Македонија за физичката култура можат
да се организираат под два принципа:
1. Организација по територијален систем на локална самоуправа.
2. По производен систем, т.е принцип.

По принципот на територијална организација, општествените организации на


физичката култура се формираат во подрачјето на цела општина. По принцип, се
формираат по работните (општествените и приватните) работни организации. Работните
организации за физичка култура, кои се формираат по територијален и производен
принцип, меѓусебно се здружуваат по две основи: 1. по исто име и 2. врз основа на
слична дејност, подрачје, основа и содржина. Врз основа на истиот назив, различните
огранизации за физичка култура се здружуваат во спортски школи – друштва, на пример:
Партизан, Вардар, Работнички, Студент, Пелистер итн. Овие спортски друштва негуваат
разни спортски активности – фудбал, шах, мечување. Врз основа на сличната дејност,
основните организации за физичка култура се вклучуваат во соодветните спортски одбори
или сојузи. Овие сојузи можат да се формираат во поголемите места, како општински
сојуз на организациите за физичка култура, понатаму се здружуваат во републички сојуз
за физичка култура. Овие организации за физичка култура кои се здружуваат по слични
активности се договараат меѓусебно за системот и начинот на работата, за начинот на
натпревари, за организацијата на стручната работа и сл.
Најодговорни стручни организации за целокупното организирање и изведување на
физичката култура треба да бидат факултетите за физичка култура, Министерството за
образование и физичка култура, Владата односно државата, како и Македонскиот
олимписки комитет, или пак ако има посебно Министерство за спорт, како и сојузите за
организација на физичката култура (СОФК), сојузи на спортските педагози и др. Најдобро е
да биде вклучена политиката на државата, грижа за примената на физичките активности
за потребите на населението и општеството: политика на државата, Министерството за
здравство, Министерството за образование, а да се реализира преку школството,
армијата, производството, здравството, задоволството на народот, а тоа е спортот. Сите
овие организации за физичка култура можат да бидат и приватно организирани и
реализирани.

5.12.4. ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Физичката култура спаѓа во непроизводствениот дел на општеството, но и
интегрален дел на секое општество. Општеството се дели на: општествената основа и
општествената надградба. Општествената основа ја сочинуваат: индустријата,

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

сообраќајот, занаетчиството, земјоделието, сточарството и сите производни дејности. Во


општествената надградба спаѓаат сите непродуктивни дејности кои се општествено
корисни. Тие се: школството, здравството, правосудството, армијата и сите други културни
дејности.

5.12.5. ПОТСИСТЕМ ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ


Потсистемот физичко воспитување и образование може да се сфати како плански и
систематски процес во кој со примена на различни кинезиолошки активности се цели да
се одржи биолошкиот статус на човекот, да се подобрат неговите биомоторички
способности, неговите когнитивни, т.е интелектуални способности и неговите конативни
т.е карактерни особини и да помогне во неговата подобра социјална адаптација. Со други
зборови, овој процес има за цел да го оспособи човекот за самостоен и заеднички живот
во општеството, одржувањето и усовршувањето на биолошкиот статус кај човекот што е
тесно поврзан со:

 правилниот раст на човекот и усовршувањето на неговиот организам,


 со правилниот развиток на виталните органи и нивните функции,
 со правилниот развиток на локомоторниот апарат и неговите нормални функции,
 правилно држење на телото,
 зголемуввање на отпорноста на организмот, борба против болестите и разни
негативни влијанија, како и редовна примена на хигиенски навики е одржувањето
и усовршувањето на биомоторичките способности.

Втората биолошка задача е тесно сврзана со усвојувањата на теоретските и


практичните задачи – знаења за суштинско дејство на начинот на користење на
кинезиолошките активности во секојдневниот живот. Во оваа задача спаѓаат и
усовршувањето на движечките уменија и навики, кои имаат непосредна примена во
работната и општонародната активност. Оваа задача помага правилно да се развијат
моторните способности и умешно да се користат во секојдневниот живот. Во однос на
развојот на конативните способности и когнитивните способности дава придонес за
развојот на потребните морални особини кои би требало да дадат придонес за подобро
социјализирање на личноста. Помага да се развиваат хумани односи меѓу луѓето, да се
развиваат колективните интереси, позитивниот однос кон колективот, да го развива
братството и единството, со еден збор, да го следи целокупниот процес на еволуцијата на
личноста.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

5.12.6. ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ КОИ СЕ ПРИМЕНУВААТ ВО


ПОТСИСТЕМОТ ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ
Активноста во потсистемот физичко воспитување и образование се остварува со
примена на различни форми на работа. Како основна форма во овој потсистем се јавуваат
часовите по физичка култура – активности познати како вончасовни, кои можат да се
изведуваат во рамките на училишното спортско друштво, во рамките на спортски секции –
преку натпревари, излети и логорувања. Основната каркатеристика е следната: часот
задолжително се раководи од педагог по физичко воспитување, има свое времетраење
кое зависи од возраста на учениците и трае од 20-45 минути. На часот се реализираат
одредени задачи предвидени со наставната програма. Часот обично има постојано место
во училишната програма. Во зависност од возраста, часот може да има 3-4 дела, кај
најмладите возрасти часот содржи 3 дела, а кај постарите 4 дела. Меѓутоа, без оглед на
возраста на секој час се применуваат одредени принципи, за кои треба а се придржува
педагогот по физичко воспитување: секогаш да се тргне од полесното кон потешкото, од
познатото кон непознатото, од поедноставното кон посложеното или од активностите со
помалку оптеретување кон активности со поголемо оптеретување. Меѓу секоја напорна
активност потребна е пауза или по секое статичко да се даде динамично оптеретување,
тоа значи вежби со релаксирачки карактер.
Во помладите возрасти деловите на часот би биле: воведен – главен – завршен, а
во постарите групи би биле: уводен – подготвителен, главен и завршен. Таму каде што
часот има три дела, загревањето на организмот се врши комбинирано со вежби за
оформување на телото. Таму каде што часот има 4 дела, вториот дел е резервиран за
вежби за оформување на телото.
Уводниот дел на часот има за цел да го воведе ученикот во работата, да го
подготви за работа и да создаде ведра атмосфера, расположеност и интерес. Со
средствата што се употребуваат во овој дел на часот се подготвува ученикот за работа, без
големо психичко оптеретување. Тоа се обично разни трчања, применети изведени во
разни форми и насоки и изведени со умерени оптеретувања.
Вториот дел од часот има за задача, со помош на вежбите за оформување на
телото, да ги обработи оние мускули и оние делови на телото кои најмногу ќе бидат
ангажирани во третиот дел од часот, да се обработат оние делови кои ќе бидат одговорни
за правилното држење на телото. Обемот, интензитетот и времето во кое ќе се
применуваат, зависи од возраста и нивната физичка подготвеност.
Во главниот дел на часот, учениците свесно и активно усвојуваат различни телесни
вежби, разни спортови, ги развиваат моторните способности, самостојно ги применуваат
научените активности во сложени и секојдневни услови.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Средствата кои се користат за решавање на задачите се мошне различни и зависат


од програмата коа е предвидена за одредената возраст.
При помладите возрасти треба да преовладуваат динамичните активности, а кај
постарите возрасти преовладуваат атлетските дисциплини, гиманстичките елементи, т.е
оние активности кои имаат општо-обрзовно значење. Во средните училишта, па и во
високо-образовните установи, преовладуваат спортските игри, гимнастиката, атлетиката,
со подвлечен спортски карактер. Последниот дел од часот има за цел да го смири
организмот, да ги смири неговите функции, да ја регулира неговата емоционална
состојба, со цел да го подготви за другите часови да биде смирен. Погодни вежби се
најчесто вежбите за релаксација, лабавење, дишење и други.

15.12.7. ВОНЧАСОВНИ АКТИВНОСТИ


Вончасовните активности се применуваат како едно од можните средства за
физичка активност надвор од одредените часови по наставниот план. Тие се замислени
како можност да се компензира, да се надополни физичката неактивност на учениците на
другите часови и како можност да се учествува во одредени форми на работа, кои не
можат од некоја причина да се применат на редовните часови. Во разни теории се мисли
на различни форми на вончасовни активности. Меѓутоа, туе можат да се сублимираат или
набележат како работа во спортски секции или учество во спортско друштво, училишно
друштво за физичка култура, учество во различни натпревари, во логорување и др. Таму
каде што за тоа има услови, вончасовните активности ги опфаќаат часовите по корективна
гимнастика.

5.12.8. УЧЕСТВО ВО УЧИЛИШНОТО ДРУШТВО ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА


Оваа форма на работа се јавува во поразвиените училишта. Во работата на
училишното спортско друштво се вклучуваат, освен учениците и наставникот по физичко
образование и другите фактори кои можат да придонесат за подобрување на
материјалната состојба на друштвото. Работата во училишните друштва за физичка
култура се одвива по спортски секции во кои членуваат и оние ученици со посебни
физички способности, а и оние со помали физички способности. Принципот е да се
учествува во работата на спортското друштво, а системот на натпревари треба да биде
така направен да пружи можност на сите оние кои сакаат, да учествуваат во одредени
дисциплини, т.е да се натпреваруваат по одделни дисциплини. Во нашата република, овој
систем на натпревар е популарен и започнува од одделението преку школите, преку
општините, зоните и завршува со републиките. Овој систем е наречен инаку мали
олимписки игри и кај нас етзистира повеќе години.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

5.12.9. ИЗЛЕТИ КАКО ЕДНА ОД ФОРМИТЕ НА ВОНЧАСОВНА АКТИВНОСТ


Имаат големо воспитно значење и се организираат обично целодневно, во
околината на местото на живеење. Најчесто се практикуваат со пешачење, а можат да
бидат и комбинирани. Местото каде што учениците одат на цеодневни или полудневни
излети треба да има терени за одвивање на некои спортски активности или да се блиску
до некои историски места.

5.12.10. ЛОГОРУВАЊА
Можат да бидат зимски и летни. Се применунваат онаму каде што има услови за
спроведување на часовите по физичко воспитување во изменети услови, а се применуваат
оние елементи што се учеле на часовите по физичко воспитување. Нивното времетраење
е обично седум дена. Летните логорувања обично се применуваат покрај река, море,
езеро, а зимските се сврзани со актинвостите на снег. Зимските логорувања потешко се
организираат и се сврзани со материјални трошоци, за нив е потребна скијачка опрема,
санки и сл. И во едната и во другата форма еднаквоо е важен и образовниот и воспитниот
елемент. Организацијата на логорувањето е тесно сврзана со учеството на повеќе фактори
– управата на логорите, родителите и др.

5.13. МЕТОДИ ЗА ОГРАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС


Активноста на овој потсистем може да се организира на разни начини. Таа работа
може да биде организирана индивидуално или колективно. Од тоа дали часот или во
потсистемот ќе се работи со сите ученици, заедно или одделно разликуваме:

 фронтален метод на работа,


 метод на работа по групи – одделенија,
 кружен метод на работа и
 метод на станици.

5.13.1. ФРОНТАЛЕН МЕТОД НА РАБОТА


Има поширока приена во потсистемот физичко воспитување и образование,
особено во работата со помладите возрасти, а структурата на часот најчесто се применува
во првиот и вториот дел од часот. Со овој метод на работа се опфатени истовремено сите
ученици, односно сите усвојуваат одредена задача, а наставникот раководи истовремено
со сите ученици или учесници. Ваквиот метод на работа им овозможува на сите учесници
истовремено обучување на одделни елементи или дисциплини. Меѓутоа, примената на
овој метод бара и соодветни материјални услови, поголем простор и справи.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Практичната страна на овој метод е што учениците можат во секое време да ги


употребуваат своите моторни способности заедно со своите другари, а тоа најчесто
делува стимулативно, сите ученици што побрзо да ја усвојат поставената задача.
Во постарите возрасти со овој метод, најчесто се организира дел од атлетските
дисциплини, дел од спортските игри, народните ора и друго.

МЕТОД НА РАБОТА ПО ОДДЕЛЕНИЈА


Има широка примена во сите возрасти, школски посебно. Во него работата е
организирана по групи, кои се формираат според моторните способности, според полот и
според задачата која ќе се применува на часот. Групите најчесто составени од 8-10
учесници во кои има и подобри и послаби. Обично за раководител се одликува со
неговите физички способности. За време на активноста секое одделение има своја задача,
свое работно место. Работат под контрола на наставникот и со помош на предводниците
на групата. Предноста на овој метод е во тоа што може да е примени во скромни
материјални услови, а со менување на групите од едно материјално место на друго,
постојните правила и реквизити порационално се користат. Обично работата по
распределените работни места трае 10 минути, односно толку учениците имаат можност
да ја повторат задачата неколку пати, што е честа примена кај спортската гимнастика,
некои атлетски дисциплини и во спортските игри.

КРУЖЕН МЕТОД НА РАБОТА


Овој метод е преземен од системот спорт со цел да се интензивира наставата по
физичко воспитување. Двајца англиски педагози Јадансон и Морган дошле до идеја да го
прилагодат овој кружен метод за потребите во наставата по физичко воспитување, што е
модификација на т.н интервален метод на тренирање кој широко се применува во
спортот.
Вежбањето или активностите се одвиваат во серии со мали паузи и смени. Целта
на овој метод е самостојно или индивидуално вежбање, индивидуално следење на
своите резултати и индивидуално дозирање на оптоварувањата. Во него најчесто се
употребуваат познати активности кои имаат за цел да ја подигнат општата физичка
подготвеност на учениците.
Заради тоа и работните места се поставени во круг каде што се постаени и
реквизитите за исполнување на задачата, учесниците преминуваат во круг од едно
работно место во друго и ги исполнуваат задачите, било поединечно или истовремено, а
наставникот помага во правилното изведување на вежбите или активностите. Тогаш
наставникот применува максимален текст кој се состои од максимално повторување на
одредени вежби за одредено време или до отказ. Како почетно оптеретување

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

наставникот одредува пола од максималниот тест, учесниците во текот на работата ова


половина од максималниот тест постепено ја зголемуваат со текот на вежбањето. За да се
мотивираат со работата, секој ученик води евиденција, во која ги бележи постигнатите
лични резултати за одделните часови. Притоа, работните места треба да бидат
организирани на тој начин најизменично да се менуваат вежбите со интензивен напор,
вежбите за сила да се сменат со вежбите за релаксација.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

МЕТОД НА СТАНИЦИ
Сличен е на кружниот метод на работа, всушност е една модификација на
кружниот метод на работа, во него има повеќе работни места наречени станици, на кои се
поставени одредени реквизити за исполнување на задачата. Учениците се распределени
по групи на секоја станица. Станиците можат да бидат 6-10 или повеќе или помалку
учесници. Учесниците посчнуваат на знак на наставникот и сите ја исполнуваат својата
задача во усогласеност со своите индивидуални способности. На знак на наставникот се
врши промена на станиците. Станиците се поставени така што секоја станица носи сѐ
поголем интензитет. Потоа, доаѓа станица со помал интензитет. За да не дојде до некоја
повреда, се препорачува претходно добро загревање на организмот. Методот на станици
и кружниот метод обично се применуваат во постарите училишни возрасти, каде што
учениците можат самостојно да ги извршуваат задачите.

ДИФЕРЕНЦИРАНИ ПРОГРАМСКИ СОДРЖИНИ ВО ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА


Физичката култура е значајна општествена дејност која е во функција на
задоволуваањето на есенцијалните потреби на човекот како неминовност во севкупното
културно живеење. Перманентниот општествено-економски подем условува и сѐ
поинтензивен развој на кинезиологијата како сеопшта наука за движењата и
трансформациските промени кај човекот. Во тој состав, физичката култура зазема свое
посебно место како дејност во која се развиваат повеќе подрачја. Тоа значи, физичката
култура како полидисциплинарно подрачје на кинезиологијата е човековата
биопсихосоцијална нужност.
Физичката култура изобилува со форми, содржини и методи распоредени во
четири значајни подрачја: физичко воспитание, спорт, спортска рекреација и
кинезитерапија. Така, физичката култура со својот предмет, цел и методи на истражување,
ссо експерименталните третмани и сл. поставки, се вбројува во мултидимензионалните
научни подрачја. Таа е тесно поврзана со другите науки. Истражувањата со различни
форми на кинезиолошки третмани, на различни популациони примероци во сите
подрачја, ја истакнуваат потребата и за различни програми и програмски содржини.
Вообичаена појава е програмите во физичката култура да се разликуваат во одделните
подрачја. Така, целите и задачите во физичкото воспитување определуваат посебни
содржини. Тоа е присутно и во спортот, спортската рекреација и кинезитерапијата.
Кинезитерапијата, како подрачје на физичката култура, развива активност со
посебни, специјалистички програми со корективно влијание. Се диференцираат
многубројни комплекси на вежби за отстранување на деформитетите на човековиот
организам.
Во спортот, програмските содржини се насочени за што поуспешен тренажен
процес за постигнување на врвни спортски резултати. Меѓутоа, олипмиските циклуси и

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

програмската работа во нив, годишните проргамски тренажни активности,


микроциклусите и другите организаиони форми во спортот, од една страна и различните
физички способности на спортистите, односно различната спортска форма од друга
страна, ја наметнуваат потребата од диференцирана работа со спортистите. Тоа значи
дека врвниот спорт бара индивидуални и диференцирани програми во денешниов
тренажен систем.
Развојот на спортската рекреација како специфично подрачје на физичката култура
ја предизвика потребата за постоењето на различните програми. Во зависност од
возраста, полот, физичките способности и други фактори, се изготвени голем број
програми за задоволување на потребите на човекот од движењето во функција за
подобро здравје со подобра физичка, односно биопсихосоцијална состојба.
Во физичкото и здравственото воспитување, како посебно подрачје вклучено во
редовниот воспитно-обрзовен систем, активноста се одвива низ програми кои се
наменети за различните возрасни категории. Приграмите по физичко и здравствено
воспитување се богати со разни содржини кои позитивно влијаат врз развојните процеси
кај учениците. Меѓутоа, во ученичката популација се има ученици со намалени, со
просечни и со зголемени физички способности. Така, има ученици кои имаат помали
способности поради пречки во нормалниот развој, тука спаѓаат учениците со пречки во
психичкиот развој, ученици со намалени способности или оштетен вид, слух, говор и сл.
Оваа попреченост на нормалниот развој и оштетувањата воопшто ја нарушуваат општата
способностна овие учесници поради што тие не се во состојба да ги следат редовните
програми во воспитно-образовниот систем. Затоа се диференцираат посебни програмски
содржини кои се во функција на нивото на способностите на учениците, за да се
задоволат биопсихосоцијалните потреби и потребите на трансформациските процеси.
Основен критериум при програмирањето, односно диференцијацијата на
содржините во физичкото и здравственото воспитување се карактеристиките кои ги
манифестираат учениците со намалени способности. Притоа, во најголема мера потребно
е познавање на трансформацискиот потенцијал и влијанието во одредени услови на
содржините по физичко воспитување за да влијаат рехабилитационо и да бидат во
функција на здравјето.
Популацијата на ученици, која е со нарушено здравје од привремен или постојан
карактер, не може да ја совлада наставната програма за здравите ученици. Тие имаат
доста каркатеристики што значително го отежнува и процесот на диференцијација на
содржините. Притоа, битно е познавањето на влијанието на содржините нафизичкото
воспитание, степенот на нарушеното здравје, каркатеристиките на болеста и способноста
на наставникот да ги дозира содржините и да го определи нивниот обем. Притоа, основно
правно правило е содржините да се во функција на здравјето на ученикот.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Ваквите поставки се во корелација со хуманситичките принципи во воспитно-


образовниот систем. Имено, во процесот на наставата да се понудат содржини кои ќе
бидат на ниво на можностите на ученикот, кои здравствено ќе влијаат, ќе ги исполнуат
трансформациските задачи.
Ослободувањето на ученици од настава по физичко и здравствено воспитување е
постапка која денес е надмината. Секој ученик со нарушено здравје, којшто го посетува
училиштето, може да се активира врз основа на способностите, активностите кои ќе бидат
во функција на здравјето.

СОВРЕМЕН ПРИОД ВО УЧИЛИШТАТА ЗА УЧЕНИЦИ СО ПРЕЧКИ ВО


РАЗВОЈОТ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО
ВОСПИТУВАЊЕ
Системот на училишното физичко воспитување кај нас е потчинет на методските,
методолошките, антрополошките и организационите основи што всушност се актулени
принципи за современо изведување на наставата по овој предмет. Училишното физичко и
здравствено воспитување во училиштата за ученици со пречки во развојот се темели врз
основните принципи на физичкото и здравственото воспитување, и тоа:
1. сестрано развивање и перманентно усовршување на личноста од моментот на
неговото раѓање па до крајот на животот;
2. здравствено-превентивна насоченост на примената на телесните движења;
3. примена на физичкото воспитување за подобрување на производните сили и
производствените односи;
4. примена на телесните движења за потребите во армијата и развивање на
интернационализмот преку спорт, како и создавање на фина работна моторика и
фини човечки телесни движења;
Науката којашто се занимава со проучувањето на наставната проблематика со
различни психофизички нарушувања кај децата се вика дефектологија и претставува
подгрупа на специјалната педагогија. Во зависност од специфичноста на појавените
дефекти, таа ги има следниве подгрупи:

 ОЛИГОФРЕНО-ПЕДАГОГИЈА – е дел во кој се изучуваат проблемите на


образованието и воспитувањето кај децата со психичка недоразвиеност, односно
умствен недостаток.
 СУРДОПЕДАГОГИЈА – ги опфаќа децата кои не можат да слушнат и зборуваат,
односно глувонемите.
 ЛОГОПЕДИЈА – се занимава со децата кои имаат говорни недостатоци.
Ова прашање не ќе можеме целосно да го решиме на ова советување. Меѓутоа,
значајно е што отворивме процес за создавање на диференцирани програми со кои ќе ги

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

остваруваме целите и задачите на физичкото воспитување, користејќи ги научните


сознанија и другите можни патишта.
Во овој процес неминовно е потребно вклучување на лекарите – специјалисти по
спортска и училишна медицина, дефектолозите, наставниот кадар по физичка култура и
други кадри од воспитно-обрзовниот систм. Тоа е гаранција за успешна работа со
учениците со нарушеното здравје, со попречен развој, односно со монолошки
способности.
5. ТИФЛОПЕДАГОГИЈА – е дел којшто се занимава со образованието и воспитувањето
на децата со повреден вид, односно слепи деца.
Овој вид настава се изведува во посебни училишта и е составен дел од системот за
образование и воспитување во нашата земја. Целата оваа специфична и тешка задача е во
улогата на целиот наставен кадар и особенона наставникот по физичка култура, кој пред
себе има многу посложена проблематика која треба да ја реши во применетата
кинезиологија која бара, од своја страна, едуцирање на специјални кадри од областа на
физичката култура.

ГЕНЕРАЛИЗИРАНИ И СИСТЕМАТИЗИРАНИ СПЕЦИФИЧНОСТИ НА ЧАСОТ


ПО ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА СО ПСИХОФИЗИЧКИ ПРЕЧКИ
За наставникот по физичко воспитување од посебна важност е да биде
информиран дека психичкото недоразвивање кај децата (олигофренија) се изведува во
училиштата за ученици со пречки во развојот и кај нив се присутни две основни црти:
општа физичка недоразвиеност што ги засега неспецифичните мозочни функции како што
се говорот и мислењето.
При општото психофизичко недоразвивање е засегната, пред сѐ, способноста кај
детето за анализа и синтеза на мисловните процеси, како и целиот организам, вклучувајќи
ја целокупната моторика, физичкото развивање, физичката работоспособност,
издржливоста, силата, брзината, координацијата, ориентацијата во просторот и во целост
владее намалена способност на целиот организам наречен дизонтогенија.
АНТРОПОЛОШКИТЕ димензии на децата со психички пречки не се разликуваат
многу од децата со нормален психички развој како што се растот, волуменот и масата,
трансферзаллните димензии. Според некои автори, од антрополошките димензии
посебно дискриминира поткожното масно ткиво кое е поприсутно кај овие деца. Ваквиот
компаративен приод е карактеристичен до 12-годишна возраст. Откако децата ќе
навлезат во пубертетот, овие антрополошки димензии претрпуваат измени така што
децата со психичка недоразвиеност покажуваат отстапувања, како што се
лонгитудијалните, трансферзалните, па и волуменските димензии (низок раст, тесен или

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

широк граден кош, многу мала или голема обиколка на главата, куси горни или долни
крајници, преголем труп и други аномалии).
МОТОРИКАТА – е еден од најраните признаци на психичко недоразвиените деца:
доцно проодување, пречки во седењето и лазењето, подигање на главата уште во првите
месеци од детскиот живот.
Децата со психички пречки брзо се изморуваат, имаат лоша координација,
проблеми со облекувањето и посебен проблем претставува примената на телесни вежби
со сложена координација или со качување на висини што посебно е важно за наставникот
по физичкото воспитување, којшто треба да го има тоа предвид. Нарушеноста кај овие
деца се забележува и во системот на управувањето на движењето, така што неправилно
ги распределуваат биотоковите на мозочните импулси и тешко влегуваат во фазата на
автоматизација на телесните движења. Лошо ја преценуваат тежината на поставените
задачи и не можат да ги распределат силите во согласност со нивните можности.
Вложуваат често напори поголми таму каде што не се потребни и обратно, не остануваат
физички силни за таму каде што е потребно. Се смета дека овие специфичности се
функционално обусловени од несовршеноста на моторичката зона во мозокот.
Поради споменатите причини, специфично за овие деца е то ашто наставникот по
физичко воспитување мора да има посебна стрпливост во методскиот и методолошкиот
пристап кон овие деца. Така, при прилагодена методика на работа, овие деца можат да
совладат определене моторички задачи со што преку телесните програмирани алгоритми
ќе се создават такви стереотипи кои ќе бидат корисни во реализирањето на секојдневните
потреби кај нив, како што се умешност, правилно телодржење, примена на рекреативниот
спорт во секојдневниот живот и друго. Од степенот на психичкото заостанување зависи и
моторичкото заостанување. Колку детето има помал коефициент на интелигенија толку се
и помал неговите физички способности. Во пубертетскиот период овие деца реагираат со
голема лабилност на централниот нервен систем, при што треба тоа посебно да се има
предвид и да се бара специфичен метод и приод кон нивното физичко усовршување.
Особено е важно за овие деца што порано да се почне со програмиран час по физичко
воспитување и тогаш можат да се очекуваат подобри резултати во нивниот психофизички
развој.

АНТРОПОЛОШКИ И ПСИХОМОТОРИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ


ГЛУВОНЕМИТЕ ДЕЦА
Важно е наставникот по физичко воспитување да биде информиран за основните
каркатеристики во биомоторичкиот развој кај глувонемите деа кои исто така се школуваат
во училишта за ученици со пречки во развојот. Ова заболување се јавува на два начина.
Првиот начин е од вроден оштетување на слухот и вториот начин е кога детето го губи
слухот пред да ги изговори првите зборови. Постои полна глувост кај двете форми.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Притоа, децата не се во состојба да си го слушат својот глас како и гласот или шумот на
другите. Затоа и остануваат неми. Овој недостиг создава тежок живот за детето. Овие
деца се повлечени во себе, осамени, а причината е нивната невозможност за нормална
комуникација со средината којашто ги заобиколува. Невозможноста да се применат
вообичаените методи на обучување, образување, воспитување создава пречки и во
мисловните, односно психичките процеси. Недостигот на слухот, организмот се труди да
го компензира со перцепција на кожата и коските, но тоа не е доволно да се создаде
вистинска компензација и да го замени слухот. Овие деца ја користат мимиката како
основно средство за комуницирање која се усвојува во училиштата за ученици со пречки
во развојот. Меѓутоа, треба да се напомене дека овие деца моторички би можеле добро
да се развиваат доколку со нив се работи уште од првите училишни денови. Познато е
дека пречките на моторичката зона доаѓаат како резултат на вестрибуларниот апарат –
анализатор. Карактеристични се бавност во движењето и нарушена координација. Како
резултат на изоставувањето на моторичката активност, експлозивната сила, снаоѓањето во
просторот и времето се слабо развиени. Познавајќи ги овие специфичности, наставникот
по физичко воспитување треба сите методски, методолошки и организациони средства да
ги прилагоди, односно да ги подобри оние димензии преку програмираните телесни
движења што изостануваат од нормалниот развој.
Теоретско-практичните генерализирани и систематизирани сознанија не
потврдуваат големи разлики помеѓу нормалните и глувонемите деца во смисла на
антропометриските димензии како што се волуменот и масата, поткожното масно ткиво,
лонгитудијалните и трансферзалните димензии. Како што беше веќе напоменето,
исклучок прават координацијата во времето и просторот, односно
простотрновременските елементи. Снаоѓањето во просторот и изведбата на телесните
вежби се забавени.

АНТРОПОЛОШКИ И ПСИХОМОТОРИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ СЛЕПИТЕ


ДЕЦА
Основен проблем во изведувањето на физичките активности со овие деца е што не
се во состојба да го примаат живиот одраз на предметите што ги опкружуваат во
просторот и времето во средината каде што живеат. Како резултат на тоа, кај овие деца се
развиваат компензаторните механизми, како што се слухот и говорот.
Проприорецептивните механизми во кожата и коските се добро развиени, втор сигнален
систем, исто што значи нормална психичка активност. Претставите за средината што ги
обиколува ги создаваат со компензаторните механизми. Преку континуираното
усовршување на корелацијата помеѓу слухот, осетот, вкусот – кинтеичките
проприорецептори детето може да создава претстави за околината што го опкружува, за
формата, големината, мирисот, вкусот итн. Наставниците и родителите во создавањето на

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

претставите имаат исклучиво важна улога во смисла на боите и временско-просторните


елементи.
Во предучилишната возраст се усовршуваат основните движења на долните и
горните екстремитети, координацијата на прстите и пространствените елементи.
Координацијата на движењата им е целосно нормална. Антрополошки разлики во
компарација со другите деца кои посетуваат училишта за ученици со пречки во развојот
нема. Моторички се со послаби резултати од децата со нормален вид. Специфичност во
наставата по физчко воспитување им е тоа што ги избегнуваат телесните движења со
голема амплитуда, кое произлегува од тоа што немаат точна претстава за предметите кои
се наоѓаат околу нив. Погодна форма за физичко воспитување е основната гимнастика во
место и народните ора, односно фолклорот. Часот по физичко воспитување кај овие деца
треба да биде насочен кон веќе споменатите елементи од телесните движења на човекот.
Наставата кај децата со говорни пречки се изведува како икај другите деца со стандарден
– нормален психофизички развој.

ИНДИВИДУАЛНА ПРИМЕНА НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО УЧИЛИШТАТА


ЗА УЧЕНИЦИ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ
Во наставниот процес по физичко воспитување во училиштата за ученици со пречки
во развојот, покрај образование, воспитните и здравствените задачи се решаваат со
специфични задачи. Овие специфичности кои произлегуваат од можностите на учениците,
односно од карактерот на нивните психофизички пречки, класичната медицина не е во
состојба да ги реши целосно, туку делумно. Затоа се јавува потребата од овие училишта
од тимска и системска работа со лекувачко-педагошки задачи, со корекционо-
компензаторно дејство врз учениците. Решавањето на овие задачи значително го
отежнува часот по физичко воспитување, односно наставниот процес. Затоа, училиштата
од овој вид треба да имаат своја наставна програма по физичко воспитување, со
специфична содржина, обем на материјална база, сопствени нормативи за интензивноста
и специфична сопствена методика на работата во зависност од дефектот.
Во таа смисла, корекционите и компензаторните задачи на физичкото воспитување
во овие училишта со децата со умствен недостаток би требало да ги програмираат
телесните вежби во смисла на усовршување на движењата и отстранување на пречките во
физичкиот развој да ја подобруваат целокупната моторика и да го отстрануваат лошото
телесно држење. Високата ефективност е зависна од откривањето на точниот телесен
дефект од прв ред, втор ред, до корекција на целото тело. Овие ученици имаат потреба
од специјален приод и мотивирање за секоја вежба, потреба од перманентна корелација
за формирање на правилно темпо на работа, внимание во распределувањето на силите,
трошењето на енергијата. Се јавуваат проблеми во различна психичка недоразвиеност,
при што наставникот треба даги класифицира овие деца во подгрупи со слични можности,
кои не треба да бидат поголеми од 3-5 ученици. Моторичките способности се изведуваат

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

по намалени нормативи, приложувањето на општите дидактички принципи се врши


индивидуално. Единствен пат за постигнување на висок успех во усовршувањето на
телесно вежбање и корегирање на наставно-лекувачкиот процес според индивидуалните
аномалии на децата. Овој наставен процес по физичко воспитување задолжително треба
да се комбинира со групи од кинезитерапија и примена на применета кинезиологија со
клиничко-корективни третмани на скелетно-мускулниот апарат преку специјално
мануелно програмирано третирање кај децата со поголеми деформитети, осовено таму
каде што има повеќе од 20 степени на искривување на ниво од колумна вертебралис.
На овие часови по физичко воспитување треба да се води сметка за
интелектуалната активност преку специјално обучување за запомнување на хронолошката
примена на вежбите, да се поддржува вниманието за приклучување од една вежба во
друга, перманентно да се даваат инструкции, објаснувања, поттикнувања.
Успехот на часот по физичко воспитување зависи од рационалноста на примената
на вежбите, бројот на вежбите не треба да биде голем. Материјалната основа треба да
биде голема, развновидна, интересна за децата, да создава интерес, расположение.
Пожелно е да се употребува огровниот метод за развој на координацијата и прецизноста,
како што се фрлање во кошаркарски кош, примена на различни елементи од ракометната
игра, одбојкарската игра, елементи од игрите прилагодени на способноста и возраста на
децата. Методски треба особено да се внимава наставникот да не се вовлекува во
игровните елементи поради тоа што може да се случи да се изгуби контролата во
оптоварувањето на децата.
Во наставниот процес со глувите деца, решавачка улога уграат нагледните методи,
односно видот. Преку видот се реализира животниот одраз на околната средина и
целокупната демонстрација на наставната работа што детето ја реализира врската со
предметите коишто го опкружуваат, како и врската помеѓу ученикот и наставникот. При
разработувањето на општите дидактички и специјално методолошките принципи треба
да се има предвид следново: системно да се следи и активира работата на учениците на
часот по физичко воспитување, усвојувањето на наставниот материјал, да се почитуваат
принципите на нагледност и достапност, да се реализира теоретско-практичната замисла
од конкретното кон апстракното. Да се оформуваат знаења и умеења од областа на
корисноста на примената на телесните движења, самостојна примена на стекнатите
знаења и умеења по физичко воспитување и да се изведуваат самостојно.
Треба да се решаваат следниве корекциско-воспитни задачи: вниманието на
децата да се насочува прво кон голбалното и грубо усвојување на телесните движења, да
се создава смисла за правилна претстава на движењата, да се создава можност за свесно
применување на телесните движења, а особено да се води сметка за примената на
телесните вежби да не биде механичка и визуелна пресура. Специфична задача на часот
по физичко воспитување е да се помага за развивање на перцепцијата на другите
рецептори. Пеку посебен избор на елементи од фолклорот придружени со звуковни

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

сигнали (музички инструменти) да се поддржува планирано темпо и ритам, иако се


глувонеми. Да се развиваат допирните чувства преку допир од страна на наставникот на
телото од ученикот како сигнал за корекција на движењето. Се планираат посебни вежби
за развивање на целокупната моторика на физичката способност и прилагодување за
потребите на производствениот труд кај овие деца. Специјално треба да се работи за
зголемување на издржливоста, а тоа може да се реализира кога се работи
продолжително со здравите анализатори. Исто така, на часовите по физичко воспитување
треба да се води сметка за развивање на вестрибуларниот апарат за координација. Овој
начин на задолжителна настава на часот по физичко воспитување треба да се комбинира
и со вончасовни активности со специјално разработена програма од физички елементи,
прилагодена кон нивните способности. Тоа помага за подобрување на функциите и на
говорно-моторичкиот анализатор.
Часот по физичко воспитување со слепите деца е тесно сврзан со тешкотии кои
произлегуваат од недостигот на видот. Посебно треба да се има предвид ограниченоста
на движењето во просторно-временските елементи и предметите кои се наоѓаат околу
овие деца, непознавањето на околината што ги опкружува. Од тука произлегуваат
теоретско-практичните сознанија за специфичностите на часот по физичко воспитување со
цел преку програмираните телесни вежби, да се даде што поголем придонес, заедно со
другите наставни кадри (педагог, психолог, лекар, наставник по физичко воспитување,
применет кинезиолог, социјален работник и другите општествено-политички структури) за
социјализирање на слепиот човек, односно да се вклучи во општествениот живот.
Во таа смисла, преку физичкотовоспитување потребно е кај овие деца да се
создава претстава за правецот на движење, за положбата на телото, за амплитуда на
движењето, за преодните фази на движењето.
За да може да се постигнат вака поставените задачи, потребно е да се развиваат
способностите за ориентирање во просторот и слободно, самостојно движење во
средината во која се наоѓаат, почнувајќи од помали растојанија до совладување на
поголеми, борба со пасивноста на некоординираните движења, формирање на
специфични умеења и знаења, физичка корекција, односно отстранување на телесните
деформитети, правилно телодржање.
Тешкотии во обучувањето на овие деа има многу, особено по физичко
воспитување, бидејќи методот на демонстрирање не може да се користи, а тоа
овозможува големо губење на време, особено во почетокот на усовршувањето на кое
било телесно движење. Освен тоа, сопствената самоконтрола е невозможна за начинот на
изведба на телесните движења што бара континуирана корекција со збор од страна на
наставникот. Треба да се има предвид дека не треба на часот по физичко воспитување да
се изучуваат повеќе од две задачи. Усвојувањето на ново градиво и повторувањето треба
да се работи при оптимално физичко оптоварување и да се користат елементи од
гимнастика, спортски игри, танци, строеви, вежби, одење на ниско поставена греда, разни

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

игри со барање на предмети, како и елементи од ритмичко-спортска гимнастика. Кај овие


деца ехолакацијата е особено развиена и тоа треба умешно да се користи од наставникот.
Од посебно значење е способноста на наставникот вешто и рационално да се служи со
говорниот метод, да умее јасно да објаснува, раскажува, опишува, објаснува.
Преманентните укажувања, корегирања, непрекинато го збогатуваат слепото дете со нови
знаења.
Целата оваа работа треба да биде потпомогната и од блиските на овие деца, а
особено од родителите, како и од целото општество со постојано зголемување на
материјалната основа која е многу важна во целокупното нивно приспособување и
социјализирање.

СОПСТВЕНО ИСКУСТВО ЗА ЧАСОТ ПО ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ КАЈ


ДЕЦЦАТА СО ПСИХОФИЗИЧКИ ПРЕЧКИ ( od prof.d-r. academic Angel
Dzambazovski)
Сопственото искуство добиено од Институтот за кинезиологија и физиотерапија
„Emil Mezanauer“, Zürich – Winterthur Schweiz – Швајцарија. Во овој институт, покрај
општата рехабилитација со општи клинички случаи, соработувавме и со
специјализираните училишта при што често се јавуваме како инструктори во
изведувањето на наставата по физичко воспитување и отстранување на некои
поспецифични форми на телесни деформации и држење кое не беше можно да биде
опфатено од страна на наставникот. Овие случаи беа опфаќани од институциите во кои
изведувавме специјална рехабилитација, индивидуално. На тој начин, се надополнуваше
часот по физичко воспитување во смисла на комплетно подобрување на изгледот на овие
деца и се даваа специјални програми, изработени индивидуално кои ги добиваа и
наставниците по овој предмет и родителите. На тој начин се зголемуваше можноста за
подобрување на телесните движења и кај овие деца. Освен тоа, кај некои деца се
изведуваше индивидуална настава во вода. Се водеше сметка секое дете да научи да
плива, кко и да го усвојува наставното градиво предвидено со програмата. Во
изведувањето на наставата со овие деца, материјалната основа на училиштето е основен
фактор (покрај стурчните лица) за постигнување на солидни резултати во процесот на
нивното движење. Од нашата посета на повеќе специјализирани училишта во СФРЈ, а
конкретно во Република Македонија, материјалната основа во која се изведува наставата
по физичко воспитување е многу лоша. Но, и во вакви услови за работа, сепак премногу
труд се вложува од страна на наставниците и директорите на училиштата и се
постигнуваат забележителни резлутати.
Од сето ова што беше изнесено, може да се заклучи дека единствен пат за
постигнување на перфекција на телесните движења кај децата со психофизички пречки е
тимската работа и индивидуалниот пристап испрограмиран според психофизичката
оштетеност кај детето. Овој вид работа треба да наоѓа сѐ поголем приод и кај децата од

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

стандардните училишта кај нас, особено со оние деца што заостануваат со телесниот
развој. Наставникот по физичко воспитување треба да биде стручно добро информиран за
разликите во методолошкиот и методскиот приод помеѓу здравите и болните деца и да ги
следи генерализираните и систематизираните сознанија за теоретско-практичните
специфичности за часот по физичко воспитување. Истражувањата за влијанието на
телесните движења врз децатасо психофизички пречки на нашите популации се малку,
скоро непознати или анонимни. Во таа смисла треба да се извршат одделни истражувања
и да се оформи институт за применета кинезиологија, кој ќе биде во состојба да ги
доусовршува оние наставници (а и да придонесуваат и самите наставници) што се
определиле за оваа работа или тоа е нивна случајна „судбина“ што ги натерала да ги
делат „маките“ со овие деца.
Да бидеш педагог во вакви училишта, тоа воопшто не е лесна работа. Наставниците
од овие училишта заслужуваат посебно внимание и се со натпросечни вредности, кои со
нивниот труд, со нивната работа, придонесуваат особено многу за перфекцијата на овие
деца и општо за нивното социјализирање, вклучување во општествениот живот.
Во таа смисла, наставата по физичко воспитување треба да биде испланирана така
што децата со психофизички пречки ги осетат благодетите на здравите деца и да се
приближуваат кон нив, а здравите деца да ги осетат тешкотиите на децата со
психофизички пречки и така да се вклучат во помошта на стручните лица за полесно нивно
социјализирање. Потребата од институтот за применета кинезиологија, за теоретско-
практичната примена на телесните движења во сите потсистеми е сѐ поголема.
Потребата од специјализации во физичката култура е веќе неизбежна потреба и
стручното лие од овие подрачја треба да биде максимално информмирано и оспособено
за науеното да го применува во практиката. За телесните модели на движење сеуште
треба многу да се направи во смисла на разработување на конструктивни модели кои ќе
бидат од особен интерес и значење за превентивата, за здружениот труд, за здравството,
за школството, за врвниот спорт, за герентологијата. Сите кадри треба да дадат придонес
за да се реализираат вака поставената замисла на теоријата на методиката на физичката
култура во овие училишта, особено сега кога се бара наставата по физичко воспитување
да се води на високо научно ниво и тоа ниво да одговара на потребите и можностите на
учениците.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ПОТСИСТЕМ СПОРТ
Самиот збор спорт произлегува од латинскиот спорт die sporto што значи
разнесувам, развејувам, во преносна смисла би значело да се пренесат грижите, да се
развесели, да се забавува. Според тоа дефиницијата за спортот би била дека претставува
забавна активност со изразен натпреварувачки каркатер. Спортот е синоним за сите
телесни активности во кои има елементи на натпревар.
Спортот е потсистем на физичката култура, во кој крајниот резултат се оценува со
одредено мерни вредности, односно со секунди, килограми, со сантиметри или пак со
постигнати бодови. Спортската активност е тесно сврзана со тесно насочување и има за
цел да го подготви организмот за постигање на максимални спортски резултати во
одредени спортски дисциплини. Главни мотиви да се занимава некој со спорт е
постојаниот стремеж за лично усовршување во одредена спортска гранка, желбата за
лична афирмација, желбата за одмерување на силата. Заз да се реализираат овие мотиви,
спортистот треба систематски совесно да извршува огромна напорна и еднолична работа.
Спортистот треба строго да се придржува на строго одреден режим на работа и живеење,
и да биде редовен на тренинзите кои често се одржуваат секојдневно, кое бара големи
жртви, голема упорност и голема постојаност. Постојана желба да се надминат
претходните резултати го отежнува правилното дозирање што може негативно да се
одрази на здравјето на спортистот. Во спортот, основна цел е постигање на резултати, тоа
е и основната цел на вложениот психофизички напор за време на тренингот.
Спортската активност најчесто се одвива по уреден план и програмата и трае
повеќе години, затоа оваа активност треба да се раководи од високо-стручни кадри, чија
работа ќе се заснова врз последните постигнувања на спортската наука.
Спортот или спортските активности немаат практична примена, тие во принцип не
донесуваат никаква непосредна корист, туку во својата основа имаат карактер на забава и
разонода, која во повисокиот степен на активност добива карактер на творештво.
Современата девијација на спортот нема никакви врски со изборниот принцип на спортот,
спортот бил замислен како активности која би имала изразито динамичен каркатер и би
важеле законите на аматерскиот спорт.

СПОРТОТ ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКОТО ОПШТЕСТВО


Како составен дел на физичката култура, спортот во социјалистичкото општество ги
има испитните основни задачи, како што ги има и физичката култура, а тоа е создавање на
сестрано развиена личност, која активно ќе се вклучи во општествениот живот, која би
придонесувала физички и интелектуално на своето работно место, да ги задоволи
субјективните потреби на човекот, односно постигнување на врвни резултати и да ја
задоволи неговата желба за натпревари.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА ПОТСИСТЕМОТ СПОРТ


Постојат повеќе форми на организација во потсистемот спорт, со помош на кои се
организира спортската активност и со помош на кои спортистите се подготвуваат за
високи спортски достигнувања. Една од основните форми на работа која наоѓа најголема
примена во сите спортски дисциплини е спортскиот тренинг кој може да се развива преку
редовно одредени часови или пак, преку слободното организирање на спортистот.
Постојат повеќе организациски форми на тренингот, главно тоа зависи од избраната
спортска дисциплина. Меѓутоа, во секоја форма на тренингот се содржат основните
активности, а тоа се:

 физичка подготовеност,
 техничкча подготовеност,
 тактичка подготвеност,
 морално-волева подготвеност и
 теоретска подготвеност.
Инаку самиот збор „тренинг“значи „дресирање, вежбање, повторување“, всушност
до скоро и така се гледало на тренингот, како средство за совладување на одредени
знаења од разни спортски дисциплини. Денес зборот спорт е синоним за вежбање, за
подготовка,, учење, а самиот тренинг претставува педагошки процес, кој е насочен за
подготвување на функционалностите, а посебно на моторичките способности на
спортистот под стручно раководство на спортски педагози, спортски лекари и психолози и
други. Вреди да се каже дека со спортот се развиваат и когнитивните и конативните
фактори на личноста.

ФИЗИЧКА ПОДГОТВЕНОСТ
Во зависност од периодот на тренингот, кој обично се дели на подготвителен,
натпреварувачки и преоден период, се применува и физичката подготвеност и тоа како
општа физичка подготвеност и како специјална. Општата физичка подготвеност има за цел
да му даде на спортистот основна моторна подготвеност – општа сила, брзиниа,
координација, општа еластичност, тоа се применува во сите периоди на тренинг, најмногу
во подготвителниот период на тренингот.
Специјалната физичка подготвеност има тесна и конкретна насоченост, со
нејзината помош се усовршуваат оние моторни способности кои се карактеристични за
избраната спортска дисциплина. Тоа најчесто се применува во преднатпреварувачкиот
период и за време на натпреварите. Обично се препорачува средствата кои се
применуваат во специјалната физичка подготвеност да го достигнат оној интензитет кој

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

најчесто се добива на натпреварите, па дури и во некои случаи и да го надминат. Со


специјалната физичка подготвеност се започнува тогаш кога ќе се освои основната
подготвеност што претставува основа за понатамошна надградба на спортистот. Со
зголемувањето на спортските квалификации се зголемува и улогата на физичката
подготвеност, при што односот меѓу специјалната физичка подготовка и општата се
менува, само што односот помеѓу годишните циклуси се менува.
Односот на основната физичка подготвеност и специјалната физичка подготвеност
изразен во % изгледа вака:
основна физичка подготвеност -спортисти - 90.80.70.60.40.20
специјална физичка подготвеност -спортисти - 10.20.30.40.60.80

ГОДИШЕН ЦИКЛУС НА ТРЕНИНГ

Преоден подготвителен натпреварувачк


период период и период
основна физичка подготвеност 80.60. 30 20
специјална физичка подготвеност 20.40. 70 80

ТЕХНИЧКА ПОДГОТВЕНОСТ
Техничката подготвеност е насочена кон совладување на спортската техника. Под
спортска техника се подразбира рационално исполување на физичките вежби со цел да се
постигне максимален ефект или на друг начин речено, под спортска техника
подразбираме можност со минимална потрошувачка на енергија да се постигне
максимален работен ефект. Од физиолошка гледна точка, процесот на учењето и
усовршувањето на спортската техника се одвива во неколку фази и тоа:
1. Фаза на ирадијација, односно браздата која доаѓа преку рецепторите се
проширува во централниот нервен систем и зафаќа повеќе зони, па затоа и
движењето е неусогласено и некоординирано.
2. Фаза на диференцијација – во која дразнењата се испраќаат на оние места во
централниот нервен систем кои се одговорни за давање на правилен одговор.
3. Фаза на концентрација – каде движењата се точно насочени кон извршување на
одредена задача, односно со повеќекратно повторување на вежбата на
активноста, дразбите кои доаѓаат преку рецепторите се концентрираат во
централниот нервен систем, движењата стануваат поусогласени, поточни и се
исполнуваат без поголемо напрегање.
4. Фаза на стабилизација – во која движењата се изведуваат во изменети услови со
мала потрошувачка на енергија и

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

5. Фаза во која настанува постепено автоматизирање на движењето.


При формирањето на спортската техника, спортскиот педагог треба да ги земе во
предвид индивидуалните особености на спортистот, односно неговата конструкција,
неговите конативни особини, неговите интелектуални способности за да може полесно да
ја одреди техниката, која била најпогодна за тој спортист. Инаку, усвојувањето на
техниката е тесно сврзано и со физичката подготовка на спортистот, затоа што често пати
совладувањето на одделни технички елементи е сврзано со подготовката на спортот,
затоа што совладувањето на одделни технички елементи е сврзано со физичката
подготвеност на спортистот.
На пример, фрлачот на кугла не би можел да постигне добар резултат само со
усвојување на техниката, туку е потребна одредена основна физичка подготвеност,
односно одредени општи моторни способности.

МОРАЛНО-ВОЛЕВО ПОДГОТВУВАЊЕ
Подигање на моралните квалитети е свесна психичка дејност сврзана со
совладувањето на тешкотиите при достигнувањето на одредена цел. Таа се изразува во
создавање на такви квлаитети на волјата, кои ќе бидат од големо значење за подобри
резултати во спортот и за победа над противникот. Тоа се на пример: смелост, упорност,
самостојност, решителност, агресивност, екстраверзност и други слични квалитети.
Всушност, морално-волевата подготовка е насочена кон воспитување на волјата и кон
завцврстување на оние каркатерни особини кои се потребни во спортот. Со ова
подготвување треба да се почне во најрана возраст, односно тогаш кога каркатерните
особини се подложни на менување, затоа што подоцна менувањето на морално-волевите
квалитети на спортистот е многу тешко.
Најчесто средствата за зголемување на овие квалитети се постојаното совладување
на тешкотиите кои произлегуваат во спортот, позитивното влијание на спортскиот педагог,
социјалната средина и укажување на примери од врвните спортисти со високо морални
квалитети.

ТЕОРЕТСКА ПОДГОТОВКА
Се работи за проширување на знаењата на спортистот од изборната спортска
гранка – дисциплина. Теоретските знаења треба да ги следат или да бидат пред
практичните достигнувања на спортистот, да ги анализираат евентуално недостатоците во
техничката подготвеност и да укажат на одредени законитости важни за избрната
спортска активност.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Пожелно е овие предавања да бидат прилагодени според знаењето на спортистот,


така што кај помладите предавањата ќе бидат проследени со повеќе демонстрирања, а
кај постарите со повеќе стручност во излагањето.

МЕТОДИ НА РАБОТА ВО ПОТСИСТЕМОТ СПОРТ


Во спортската пракса познатисе повеќе методи на работа кои зависат од спортската
дисциплина и од годишниот циклус на тренинг. Постојат методи кои се насочени кон
подигање на општата физичка подготовка, методи кон развивањето на функционалните
способности на спортистот, методи за развиваање на техничките и тактичките
способности, но сите тие можат да се групираат во три групи и тоа:

 методи на работа во кои се практикуваат континуираните напори,


 методи при што се применуваат променливи напори (со различен интензитет),
 методи на работа со паузи или интервален напор.

МЕТОДИ НА РАБОТА СО КОНТИНУИРАНИ НАПОРИ


Најчесто се применуваат во цикличните спортови, атлетски трчања, веслање,
велосипедизам. Тие се главно и најстарите методи кои се применуваат во стартот.
Суштината на работата во оваа гупра е што работата се одвива континуирано со постепено
реализирање на зголемувањето на напорите, со цел да се постигнат подобри
функционални и моторички способност, да се подигнат на такво ниво кое ќе овозможи да
се применуваат напори со субмаксимален интензитет. Тие, всушност, служат како основа
на која подоцна ќе се применува специјалната подготовка карактеристична за одделни
спортови. Активностите се изведуваат најчесто на отворено, во природа, во т.н аеробни
услови – бескислородни со создавање на кислороден глад, што е поволно за развој на
внатрешните органи и прилагодување на организмот, особено на срцето и на белите
дробови. Со примена на овие методи се развива и апаратот за дишење, односно коските
и мускулите. Бидејќи се работи со едно умерено темпо, овој метод на работа е погоден за
усовршување на техниката на спортистите. Обично се смета дека оптимални услови за
работа се тогаш кога фреквенцијата на срцето не надминува над 120-140 отчукувања во
минута. При овие методи, количеството на извршената работа е многу поголемо во
споредба со интензитетот на работа.

МЕТОД НА РАБОТА СО ПРОМЕНЛИВИ НАПОРИ


Се применуваат како надградба на првата група методи и служат за развивање на
брзинската издржливост. За прв пат применети во атлетиката и тоа во Финска, чии
атлетичари постигнале мошне добри резултати. Како што и самото име кажува, суштината

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

е во примената на интензитетот на работа, зголемвуање на интензитетот за сметка на


обемот на извршената работа, обично се применувата три фази на работа во оваа група
методи и тоа:
ПРВА ФАЗА: По загревањето на огранизмот, се применуваат вежби и активности со
субмаксимален и максимален ефект, т.е интензитет.
ВТОРА ФАЗА: Се применуваат вежби со умерен интензитет.
ТРЕТА ФАЗА: Се даваат повторно активности со субмаксимален и максимален
ефект, т.е интензитет.
Ваквиот начин на работа, кој е близок до секојдневната работа на човекот, создава
мошне добри услови да се подигнат функционалните и моторичките способности на
спортистот и да се подготви за максимални достигнувања. И при овој меетод, главен
показател за спремноста на спортистот е фреквенцијата на пулсот, па се смета дека
главните напорти треба да почнат откако пулсот ќе ја достигне величината до 140 удари
во минута, а за време на интензивната активност, пулсот достигнува до граница од 250, т.е
од 200-230 удари во минута. Со овој начин на работа, особено добри резултати
постигнале чехословачките ателтичари, меѓу нив и Емил Затопек, претставнинк на
„Чехословачката локомотива“.

. ИНТЕРВАЛЕН ТРЕНИНГ
Овој метод се работи главно по интервали, односно после секоја работна отсечка
настапува пауза во која организмот треба делумно да ја надополни потрошената енергија,
а работните отсечки и интервали меѓу нив се строго одредени, како и растојанието што
треба да се помине, интензивноста со која треба да се исполни таа активност, како и
времето за кое треба да се обнови организмот. Значи дека овој метод е строго
програмиран, многу напорен и бара од спортскиот педагог добор запознавање на
каркатеристиките и функционалните способности на организмот. Регулирањето на
интензитетот на работа се врши со мерливи инструменти, како и со контролирање на
пулсот. Се смета дека активните делници треба да бидат изведени со максимален и
субмаксимален ефект каде пулсот достигнува од 180-200 удари, а паузите да не бидат
пасивни, туку исполнети со активен одмор, т.е интензитет при што пулсот ќе биде под 120
удари во минута. Според тоа, целата активност во интервалниот тренинг се одвива во
фреквенција од 120-200 удари во минута.
Спроед советскиот тренер ОЗОЛИН, основно во интервалниот тренинг е да се
одреди односот меѓу работата и паузите како и интензитетот на работата во активните
фази.
Според англиските тренери – РЕИНДЕЛ и РОКСАМ, најважниот дел во
интервалниот тренинг треба да бидат паузите во кои се вршат физиолошките и

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

структурните промени. Тие предлагаат активните периоди да бидат исполнети со


маскимален интензитет, па уди и да се одвиваат во анаеробни услови. Тие се застапници
на контролирањето на пулсометарот, т.е на работата на срцето.
За разлика од нив, шведските тренери АСТРАНД и КРИСТИЈАНСЕН сметаат дека
односот пулс-работана фаза со пауза треба да биде 1-1, работата да се одвива во
субмаксимален ефект, според нив, главните промени кои настануваат во организмот
треба да се вршат во активните фази. Овој метод наоѓа примена скоро во сите спортски
дисциплини, посебно во атлетиката, веслањето и се применува главно со постифнување
општа, специјална и брзинска издржливост. Позитивната страна на овој метод е што
однапред е сѐ испрограмирано, што ќе се работи, меѓутоа, успехот сепак најмногу зависи
од спортскиот тренер кој мора индивидуално да одреди програм на тренирање за секој
спортист.

. ДРУГИ МЕТОДИ НА ТРЕНИНГ КОИ СЕ ПРИМЕНУВААТ ВО РАЗНИ


СПОРТСКИ ДИСЦИПЛИНИ
Натпреварувачки метод – Најчесто се применува во преднатпреварувачкиот
систем, т.е циклус на тренинг. Има за цел да го подготви спортистот психички и физички за
натпреварите кои ги/го очекуваат. Вушност, со негова помош, спортистот треба да се
доведе до такви услови кои се слични со време на натпреварите. Овој метод се користи
посебно со млади спортисти за да се прилагодат самите психолошки услови, при што се
проверува техниката, тактиката, физичката и моралната подготеност.
Фартлег – има спротивна ел од натпреварувачкиот метод, цел е да го ослободи
спортистот од физичка и психичка напнатост, која е присутна за време на тренинзите кои
се одржуваат во затворените простории. Активностите во овој метод на работа се
извршуваат исклучиво во природа, на река, езеро, зелена површина, активностите кои се
применуваат се делумно слични на избраната спортска медицина. Главната активност е
насочена кон освежување на организмот, кон создавање на општа физичка култура, па
затоа и начинот на работа и интензитетот на работата како и средствата се комбинираат
многу послободно при што на спортистот се остава можност сам да го одреди
интензитетот и обемот на работата. Најголема примена нашол во Шведска, што всушност
е и шведски збор и значи игра на брзината.
Футинг – е метод наработа и се применува за подигање на општата физичка
подготвеност на спортистот, обично во преодниот период на тренингот, а понекогаш и во
натпреварувачкиот период и е сличен на методот Фартлег. Се изведува надвор во приода
и активностите кои се применуваат само делумно се слични на избраната спортска
дисциплина. Инаку и овде интензитетот и обемот на напорите што треба да се совладат
не се строго одредени како кај интервалниот метод, тие се послободно компонирани, а

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

често пати се остава слобода на спортистот сам да го дозира интензитетот и


времетраењето на работата.
Најголема примена во боречките спортови, атлетиката и другите спортови за
психичка релаксација. Други методи се: кружен, аналитички, синтетички и комплексен
метод.

СПОРТСКА ЕТИКА
Според етичкиот „буквар“ за спортот кој е издаден од Министерството за
образование и спорт во Лисбон, 1991 година по повод на сталното кршење на правилата
на спортот во цел свет, а во последно време посебно во Европа, па и во сите наши
поранешни републики како и во суверена Македонија, се јавува потребата од стурчните
лица, од подрачјето на физичката култура посебно да бидат запознати со десетте
заповеди за ферплеј во спортот и тоа за: публиката, за спортистот, за тренерот, за
судијата, за спортскиот лекар и спортскиот физиотерапеут, за спортскиот менаџер и за
спортскиот новинар.
Цел е стручните лица да придонесат постојано да се подобрува колективната
потсвест кај сите кои учествуваат во спортот, тргнувајќи од публиката, па се до сите
стручни лица погоре споменати.
Целта на спортот е да биде хуман, да биде отстрането злото од него, да биде чесно
изведуван насекаде во светот.
За да се реализира оваа убава замисла, како што е и замислен спортот, потребно е
перманентно воспитување на сите оние кои учествуваат (директно и индиректно) во
спортот, а посебен придонес во таа смисла за воспитувањето на личноста покрај другите
стурчни лиа му припаѓа на спортскиот педагог. Спортскиот педагог преку личниот пример,
преку разни предавања, може многу да придонесе за разумното однесување на масите и
резултатите во спортот да се примаат како реалност, што значи очовечување на човечката
моторика, односно на исполнувањето на повелбата на ферплејот на спортот во Европа.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ДЕСЕТ ОПШТИ ПРАВИЛА НА ФЕР-ПЛЕЈОТ ВО ЕВРО-СПОРТОТ


I. Фер-плејот е над сѐ, строго почитување на сите правила. Фер-плејот не е наменет
за лажење или мавање.
II. Фер-плеј значи почитување на судиите. Присутноста на судиите и консултантитее
од пресудно значење за секоја спортска приредба. Судијата има непријатна улога.
Тој заслужува посебно почитување.
III. Фер-плејот е прифаќање на сите одлуки од судијата, без психичко и физичко
заканување.
IV. Фер-плеј е пристојно признавање на надмоќноста на противникот ако се губи.
V. Фер-плеј е скромно прифаќање на победата, а не да се понижува противникот.
VI. Фер-плеј е свест за квалитетот на противникот.
VII. Фер-плеј е натпреварување со противникот под исти услови, со примена на
вештина и ефикасност за да се победи.
VIII. Фер-плеј е одбивање да се дојде до победа со примена на удари и насилство.
IX. За судијата, фер-плеј е детално познавање на сите правила на играта и нивно чесно
применување.
X. Фер-плеј е чување на своето достоинство под сите околности, а не губење на
самоконтролата, а тоа значи одбивање на секакво физичко и вербално насилство.

Овие десет општи правила на фер-плејот во спортот треба да бидат патоказ на


секој поединец кој учествува во спортот, било како публика или како директен или
индиректен учесник. Од тука произлегуваат и десетте правила на гледачот.

ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ ЗА ГЛЕДАЧИТЕ


1. Не заборавајте дека спортскитесредби се исклучително културни манифестации.
2. Идеалите за спортските натпревари се од посебно значење, не само за
спортистите, туку и за гледачите.
3. Запомнете дека позитивниот став на гледачите се пренесува на спортистите кои се
натпреваруваат.
4. Охрабрете ги со воодушевувања и истрајност оние спортисти и тимови на кои им се
восхитувате и немојте да дозволлите во вас да завладее некоректен однос.
5. Бидете објективни во очекувањето на резултатите и не заборавајте дека и
спортистите се луѓе. Резултатите кои тие ги постигнуваат се обусловени од
психичките и физичките законитости.
6. Имајте доверба во чесноста на судијата и почитувајте ги неговите одлуки.
7. Славете го победникот и признајте го трудот и вредноста на поразениот.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

8. Почитувајте ги различните мислења.


9. Фер однесувањето на спортските натпревари го зголемува успехот во спортот и ја
олеснува работата на организаторот.
10. Трудете се ефикасно да ги заштитете принципите на фер-плејот за доброто на
човекот.

ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ ЗА СПРТИСТОТ


1. Секогаш бидете чесни.
2. Секогаш давајте сѐ од себе на натпреварите, дури и тогаш кога ја пропуштате
победата.
3. Останете мирни во текот на натпреварот и немојте да дозволите да направите
нешто без да размислите.
4. Без оглед на околностите, строго почитувајте ги спортските правила и почитувајте
ги правилата на здравиот спортски живот.
5. Ценете ја вредноста на својот противник и честитајте му на победникот. Немојте да
барате изговор за својот пораз и не бидете лути.
6. Ако сте вие победник, останете скромни и ценете го трудот на победникот.
7. Почитувајте ги судиите, спортските работници, организатори и публиката.
8. Не го занемарувајте личниот живот, бидејќи тој е гаранција за идниот успех во
општеството. Не правете од спортот професија.
9. Не заборавајте дека е вашата одговорност за заштита на принципите на фер-плејот
во спортот поголема доколку постигнувате подобри резултати, на младите ќе им
служите за пример.
10. Борете се само заради спортот и постојано трудете се да бидете подобри.

ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИОТ СПОРТИСТ


1. Почитувајте ги своите спонзори, организатори, тренери, колегите во тимот и секој
друг кој е на било кој начин вклучен во вашата спортска активност, бидете љубезни
и лојални во односот спрема нив.
2. Бидете покорни на вашите покровители и техничко-стручни лица задолжени за
вашата спортска активност.
3. Чувајте го другарството во својот тим, односно со своите колеги.
4. Водете сметка да бидете во добра форма, што е потребно за вашата спортска
активност.
5. Бидете верни на вашиот спортско-работен договор, како и на неговите одредби.
6. Придржувајте се на спортските правила, посебно на одредбите што се однесуваат
на вашата активност.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

7. На теренот, почитувајте ги судиите, противниците и публиката, бидејќи вашето


однесување може да делува на публиката и да биде пример за гледачите.
8. Соочете се со поразот што помирно. На патот до успехот стојат бројни пречки.
9. Професионалниот спортист може на секого да му биде пример за углед.
10. Мора да бидете во согласност со принципите на професионалниот живот:
обзирност, другарство и скромност.

ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ ЗА ТРЕНЕРОТ


1. Постојано имајте на ум дека вие сте најодговорен за образованието на спортистот
во согласност со спортските идеали.
2. Не заборавајте дека вие сте жив пример за сите спортисти кои подоцна ќе работат
исто како и вие.
3. Никогаш немојте да заборавите дека прво морате да создадете личност
образована, а потоа шампион.
4. Потрудете се да сфатите сите дека спортот не е цел, туку средство за унапредување
на личноста.
5. Не заборавајте дека човекот не е машина, туку живо суштество кое мисли,
чувствува и работи.
6. Водете сметка за развојот на физичките вештини кај спортистот, а паралелно и за
развивањето на неговите интелектуални способности.
7. Секогаш учете го спортистот, под сите околности, строго да ги почитува правилата
на игра.
8. Не заборавајте дека еднострана насоченост на изведувањето не е знак за
ефикасност.
9. Почитувајте ги правилата на спортските официјални лица, иако со нив не се
согласувате.
10. Обидете се во пракса да ги применете воспитните принципи на спортските идеали.

ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ ЗА СУДИЈАТА


1. Потрудете се до тенчина да ги знаете сите правила за арбитража.
2. Бидете свесни за состојбата на вашата кондиција, што е важен елемент за
извршување на вашата работа.
3. Воведете сметка вашето однесување секогаш да биде во согласност со принципите
за донесување исправни одлуки.
4. Спрема своите директори и лидери треба да имате цврст и достоинствен став.
5. Во текот на натпреварот имајте самоконтрола, бидете упорни и праведни.
6. Јасно казнувајте го тоа што не е фер-плеј и јакнете го самопочитувањето.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

7. Никогаш не се двоумете да ги охрабрите, мотивирате и информирате младите


колеги.
8. Не ги критикувајте јавно вашите колеги и спречувајте и другите тоа да не го прават.
9. Подготвено прифаќајте ги техничките ставови на трети лица, бидејќи тоа
произлегува од гледањето на вашата работа и може да придонесе за вашето
техничко усовршување.
10. Нека критиката ви биде причина за анализа на својата работа и анализирање, а не
за лутење, нерасположение или насилство.

ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ ЗА ЛЕКАРОТ И ДРУГИОТ СТРУЧЕН КАДАР


1. Бидете етички одговорни за физичките и металните побарувања кои се за
спортистите одредени при изведувањето на спортските активности.
2. Морате да обрнете внимание на развојот и растот на детето, посебно во
пубертетот.
3. Морате да се грижите за професионалното медицинско насочување кое се
однесува на поедини спортисти.
4. Морате да се спротивставите на употребата на секој метод кој не е во согласност со
професионалната етика или можат да нанесуваат штета на спортистот, како што се:
употреба на дрога, аналгетици, разни хемиски средства кои делуваат
преисцрпувачки на нервниот систем, преголеми тренинзи, погрешен начин на
живеење и друго.
5. Морате да ги известите одговорните, па и другите заинтересирани страни за
последиците на методот за кој се противите, да преземете мерки да се избегне
губењето на работата, да ги придобиете и другите институции кои имаат иста цел,
морате да го поддржите спортистот и да го заштитите од притисок да користи
такви методи кои не се во интерес на неговото здравје.
6. Морате јасно, прецизно и без двоумење да го дадете своето детално мислење за
психофизичката состојба во која се наоѓа спортистот.
7. Вашата должност е да одредите дали спортистот може да остане на теренот или
мора да го напушти. Тоа не смее да оценува никој друг. Во ваше отсуство, другите
треба да се придржуваат по упатствата кои сте ги оставиле. Приоритет мора
секогаш да има здравјето на спортистот, а не победата.
8. За да ги извршите моралните обврски мора да обезбедите признавање на својот
авторитет, безусловно и без приговор, особено ако е во прашање здравјето,
сигурноста и вистинските интереси на спортистот кои не смеат да се повредат за
сметка на туѓите интереси, без оглед за никакви интереси се работи.
9. Во ваквиот однос со спортистот морате да се трудите да ги дадете сите корисни
информации за начинот на неговото тренирање, третирање, да побарате соработка
со спортистот за да се спречи евентуалното негово здравствено нарушување.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

10. Морате да ја почитувате професионалната тајна.

ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ ЗА СПОРТСКИОТ МЕНАЏЕР


1. Вашите постапки секогаш мораат да имаат за цел чувањето на спортските идеали и
заштита, во прв ред, интересот на спортот.
2. Извршете ги во целина, доброчудно задачите кои сте ги прифатиле.
3. Одлуките донесете ги после добро размислување и барајте да ги почитуваат сите.
4. Работете на основа на претходно смислен програм да не ви случи во одреден
момент да реагирате непромислено.
5. Извршете го точно она што сте го планирале за секоја манифестација.
6. Одржувајте најдобри односи со своите колеги, не само во своите организации, туку
и во другите, како би можеле да послужите за пример на другите членови.
7. Бранете го спортот над сѐ.
8. Во текот на спортските натпревари и разни ситуации држете се секогаш на етички
усогласените конвенционални ставови.
9. Повторувајте им на изведувачите и членовите на клубовите дека генерално
нивното однесување се одразува на репутавијата или на губењето на угледот на
здружението кои тие го претставуваат.
10. Другарство, сериозност, одмерен настап во јавното делување ќе осигура
почитување на вашата личност и ќе го истакне вашиот етички профил.

ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ ЗА СПОРТСКИОТ НОВИНАР


1. Барајте слободен пристап за сите изворни информации и право да критикувате, но
пишувајте, зборувајте, снимајте, фотографирајте, снимајте филмови за вистински
случки, за да можете да ја заштитете вистината, без оглед на ризикот.
2. Проверете ја вистинотоста на изворната информација, пред да дадете
информација. Ако е потребно не се плашете да исправите било каква грешка. Не се
служете со незаконити методи за да дојдете до информација, слики или филмови и
не ја злоупотребувајте било која доверба.
3. Избегнувајте плагирање, клеветење и неаргументирано оптужување. Чувајте ја
професионалната тајна за информаицоните извори. Ако е потребно, дајте го името
на оној кој го снимил текстот или фотографијата за вашите спортски вести.
4. Освен во исклучителни ситуации, немојте да дозволите на службените лица на
клубовите или федерацијата да ја блокираат вашата работа: секоја спортска област
е јавна област за која вие морате и имате право да пишувате.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

5. Барајте простор во кој би можеле да извршите интервју со спортистите,


организаторите, судиите и други.
6. Почитувајте го приватниот живот на спортистот, менаџерот и насекој што е вклучен
или поврзан со информациите или дискусиите.
7. Бидете внимателни на секој вид притисок што произлегува од спортската приредба
и од политиката на маркетингот. Одбивајте ги компромисите и спогодбите.
8. Прифатете ги советите или упатствата кои се однесуваат само на вашата потесна
професија.
9. Имајте на ум дека колективната и индивидуалната свест се најдобра гаранција за
професионална независност, што е резултат на солидна култура и обарзованост.
10. Дополнете ги своите знаења од подрачјето за кое пишувате, така што вашата
критика ќе покаже дека сте познавач на тоа што го пишувате и дека во вашата
работа може да се има доверба.

За да можат овие заповеди да преминат во стварност, потребно е, покрај


спортскиот педагог, активно да бида вклучени и социолозите, дневниот печат, училиштето
и сите просветни работници кои се занимаваат со воспитувањето и образованието на
помладите генерации, како и политиката на државата, организаторите на спортските
натпревари, делувајќи на секој учесник во спортот и гледачите за нивно коректно и фер-
плеј однесување, за запазување на десетте заповеди на сите кои учествуваат во
спортските манифестации.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

СОВРЕМЕНИ СФАЌАЊА ЗА МОТОРИЧКИТЕ СПОСОБНОСТИ ИЛИ


АНТРОПОМЕТРИСКИ СПОСОБНОСТИ
Современите сфаќања за изолирање на моторичките способности се заснова на
примената на математичко-статистичките методи во областа на кинезиологијата, при што
се бара корелација на масата и волуменот на телото. Во ваков сооднос се со
трансферзалните и лонгитудијалните димензии и морфологијата за најадекватната
селекција на типот на спортист за различни спортски дисциплини. Тие способности се
сврзани со извршувањето на секојдневните спортски манипулации со помошта на кои се
изразува: брзината, силата, еластичноста, снаодливоста, координацијата и друго. Дела од
овие способности се стекнати, а дел вродени. За спортскиот педагог е од посебна
важност, доколку поодделни моторички способности изразени во коефициенти се
наследни, колку изразено во проценти е можно да се подобруваат со програмираните
кинезиолошки активности. Се смета дека најголем процент на наследност има брзината и
таа е подложна најмногу на промени. Силата може многу да се менува. Инаку за
управување на поодделните моторни способности и поодделните механизми сеуште
малку се знае иако физиолошко-анатомската лоцираност строго е позната.
Интересот за проучување на моторните способности кои инаку се наречени
латентни скриени способности, се јавил уште во почетокот на претходниот век. Првите
обиди поткрепени со статистичко-математички истражувања се појавиле во 1902 година
кога Сарџент конструирал батерија од моторни тестови, со помошта на кои сакал повеќе
да дозне за овие способности. Интензивни проучувања во областа на мотторичката сфера
се започнати во 1930тите години на претходниот век кога за прв пат е применета
факторска анализа од Мекло со цел да ги пронајде скриените механизми кои управуваат
со овие способности. Истата анализа била применета од повеќе автори меѓу кои посебно
се издвојуват Ларсен, Флајшман, Мавер, Паџен и други. Кај нас на Балканот за прв пат
факторска анализа е применета од група автори од Факултетот за физичка култура во
Загреб. Така се поставиле основите за проучување на моторните способности и нивната
биометричка поврзаност со различните димензии на телото, со што покрај факторската
анализа почнале да се применуваат и другите статистичко-математички методи како што
се каноничката анализа, регресионата анализа, мултиваријантните анализи и други.
Во Белград, Факултетот за физичка култура во 1975 година група автори од нашата
бивша земја меѓу кои посебно се истакнуваат Курелиќ, Момировиќ, Стојановиќ и други,
сакале да формираат моторички способности според нивните функции. Така во
истражувањето вклучиле ученици меѓу 11-20-годишна возраст од главните градови на
нашата земја со покраините и како резултат на тоа истражување издале книга „Структура
и развој на морфолошките и моторичките способности“ при што се проучуваат врските
помеѓу морфолишките карактеристики со моторните и морфолошките димензии за
поодделни спортски дисциплини.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Така стигнале до еден хиерархиски модел кој всушност е хипотеза при што
изолирале еден генерален моторен фактор кој е одговорен за регулирање на движењата
и се дели на два механизми од кои првиот е: механизам за структуирање на движењата
кој во себе ги вклучува координацијата на нозете, рацете, телото, фактор на брзина за
комплексни движења, фактор за реорганизација на стереотипните движења, фактор на
агилноста, фактор за координација на ритмот, способност за учење, фактор за брзина на
фреквенцијата на движењата. Овој механизам за структуирањето на движењата
исклучиво е важен во спортот и секој спортски педагог треба да обрати посебно внимание
на веже споменатиот фактор.
Вториот механизам наречен механизам за регулирање на мускулниот тонус на
синергетската регулација во себе ги вклучува механизмите за брзина на едноставните
движења, флексибилниот, рамнотежа со отворени и затворени очи, прецизност.
Вториот моторен фактор е регулирање на енергијата кој од своја страна условно ги
вклучува механизмите за регулирање на траењето на енергијата кои се сврзани со
репетитивна сила и статистичка сила тополошки за различни делови од телото и
мехнизам на регулирањето на траењето на енергијата кој е тесно сврзан со механизмите
за динамометриска сила и експлозивна сила.
Така во досегашните истражувања од многу автори во светот, па и кај нас се се
потврдило дека одделните моторни фактори се зависни истовремено од повеќе
механизми и се формираат како последица на повеќе моторни механизми што денес е од
особено значење за спортската пракса. Во досегашните истражувања најдобро е проучен
факторот за сила, брзина, еластичност, координација, а моторната способност,
прецизност, е делумно потврдена.
СИЛА – Оваа моторна способност е најдобро проучена и се изолирани следниве
фактори на сила: акциони фактори на сила и тополошки фактори на сила. Во акционите
фактори на сила спаѓа експлозивната сила, статистичката кила и репетитивната сила. За
одбојкарската игра од особено значење е експлозивната сила која има висок коефициент
на вроденост и се движи некаде околу 80%, што значи дека програмираните
кинезиолошки активности може да се подобри за уште 20%. Другите фактори на сила
можат да се подобрат до 50% што значи коефициентот на вроденост е некаде околу 50%,
така што при програмирани добри тренинзи оваа моторичка способност може да се
подобри и до 100% само за три месеци. Истото го потврдиле Флајшман и кај нас Хорват од
Факултетот за физичка култура во Загреб, кој најмногу се занимавал со оваа моторичка
способност. Репетитивната сила е во тесна корелација со кардиоваскуларниот систем,
респираторниот систем и мотивационите фактори. Инаку, силата практично може да се
рече дека е динамичка и статичка, може да биде тополошки разгледувана и како сила на
тело или како сила на мускулен пресек кој на еден квадратен сантиметар изнесува од 8-12
килограми.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

БРЗИНА – Таа е основна моторичка способност исклучиво важна за сите спортови.


Во досегашните истражувања изолирани се 4 фактори на брзина. Првиот фактор е
наречен фактор на брзина на едноставните движења при што се мери брзината на
реаkција на поодделни движења. Вториот фактор е фактор на краткиот шпринт, кој се
мери со брзо трчање на 60 метри, е во тесна врска со факторот за експлозивност и
факторот за репетитивна сила. Третиот фактор е фактор на агилноста при што доминира
способноста за промена на насоката на движење кој е во тесна врска со координацијата.
Четвртиот фактор кој исклучиво е важен за спортските игри е фактор на брзина за
изведба на комплексни моторни задачи. Се мери со сложени моторни тестови кои треба
да се изведат за одредено време. Овој фактор е тесно поврзан со способноста за брза
изведба на едноставните движења со факторот за фреквенција на движењето. Тоа, пак,
зависи од способноста на организмот да врши контрола на механизмите за регулирање на
ритамот кој е во зависност од алтернативната измена на функциите на синергетските
мускули и брзата смена на активна со пасивна фаза.
ФЛЕКСИБИЛНОСТ-ЕЛАСТИЧНОСТ-ГИПКОСТ. Оваа моторна способност е релативно
слабо истражувана затоа што голем број автори сметаат дека еластичноста не му припаѓа
на моторичкиот простор. Инаку, тоа е способност за изведба на движењата со
максимална и субмаксимална амплитуда. Како моторна способност, таа е многу зависна
од анатомската структура на зглобовите, од нивниот квалитет и од меѓусебната соработка
на мускулите што го опкружуваат зглобот односно зглобовите.
Еден од првите автори што ја истражувал флексибилноста бил Флајшман кој во
1964 година изолирал два фактори на еластичност и ги нарекол фактор на динамичка
еластичност и фактор на пасивна еластичност. Динамичка еластичност претставува фактор
во кој движењата се изведуваат со голема брзина и субмаксимална амплитуда. Пасивна
еластичност е изведување на движења со максимална амплитуда и со кратко задржување
во таа положба. Зациорски исто така ја истражувал еластичноста и во 1966 година
изолирал два фактори и ги нарекол фактор на пасивна еластичност и фактор на активна
еластичност. Пасивната еластичност сеизведува со помош на туѓа сила, а активната со
сопствена сила. Подложена на развивање е до 16 години и е зависна од морфолошката
конструкција на зглобот.
РАМНОТЕЖА. Се грижи за одржување на телото и неговите делови на подигнати и
намалени површини во избалансирана положба. Тоа е способност за одржување на
телото во рамномерна положба која може да биде нарушена под дејство на надворешни
сили или под дејство на земјината тежа. Според некои автори, разликуваме рамнотежа со
отворени очи, рамнотежа со затворени очи, други автори рамнотежата ја делат на
статичка и динамичка како и на рамнотежа со балансирање на предмети. Рамнотежата
зависи од функциите на малиот мозок, наследна е до 80% и со помош на кинезиолошките
активности може да се подобри до 20%.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ПРЕЦИЗНОСТ. Тоа е способност за изведување на точно насочени движења со цел


да се погоди одредена точка, одредена мета подвижна или неподвижна и е тесно сврзана
со просторно-временскиот елемент на движења, т.е одредена моторичка задача и е во
зависност од центарот за перцепција и ретикуларната формација или систем.
Прецизноста може да се разгледува од два аспекти и тоа како прецизност на
погодување, каде предметот со кој се води непосредно кон таа цел се држи, враќа и има
возможност да се ескивира или корегира за време на акцијата што ја презема телото
ивтор момент – кога телото предметот што го води не му се поддава на корекции. Колкав
е коефициентот на наследност точно не се знае.
КООРДИНАЦИЈА. Под координација се подразбира способност за брзо и
рационално изведување на сложени моторички задачи во кои постојано се менуваат
просторните и временските услови, како што е најчесто случај во спортските игри. Се
смета дека е многу сложена способност составена од повеќе фактори кои се меѓусебно
поврзани. Ги опфаќа оние моторни задачи кои се сврзани со брзо снаоѓање во просторот
и времето. Се смета дека во оваа моторна способност учествуваат вишите оддели на
централниот нервен систем, таламусот, хипоталамусот, кортексот и субкортексот.
Со истражувањето на координацијата се занимавале повеќе автори и ги изолирале
следниве фактори:
1. координација на движењето за целото тело,
2. фактор за координација на горните екстремитети,
3. фактор за учење на сложени моторни задачи,
4. фактор за учење на слоени моторички задачи – од типот на агилноста,
5. фактор за реорганизација на моторни стереотипи,
6. фактор за координација на ритмички движења,
7. фактор за брзинска изведба на комплексни моторни задачи.
И покрај огромните истражувања, подрачјето за коордниација сеуште не е доволно
истражено и се смета дека е во тесна врска со интелигенцијата и нејзиниот наследен
фактор. Факторот е поголем доколку интеилгенцијата е поголема, а може да биде општа и
специјална.

ПОЛОЖБА НА ТЕЛОТО
Секое движење има свој почеток, свој развој и свој крај, па според тоа телесната
вежба ги има следните структури или елементи: почеток, преодна положба, завршна
положба.
Почетната положба ни дава податоци за почетокот на вежбата, ни дава
информациј за изведбатана квалитетот на телесните вежби.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Различните телесни вежби имаат и различни почетни положби кои даваат


оптимални услови за оптимална изведба, ефикасноста на вежбата. Спортскиот педагог
треба добро да ги познава почетните состојби, да ги анализира и одредува таквите
ситуации кои ќе одговараат на биомеханичките закони на телото како и на законите на
движењето. Колку е важна почетната положба се гледа од почетната положба на
пливачот, боксерот каде што телото е така поставено за да може да обезбеди не само
најефикасен почеток на движењето туку и поефикасно одвивање на т.н преодна положба.
Преодната положба ни дава податоци за редоследот на движењата. Преодната положба
ни дава податоци за редоследот на движењата, за правилно сменување на елементите
кои се предвидуваат со вежбата и правилно одредување на одделните делови на телото
во преодната фаза. Завршната фаза – положба ни дава податоци за стабилноста на
вежбата, за сигурноста на изведбата, па според овие фази се одредуваат конечните
резултати.
ВТОРИОТ ЕЛЕМЕНТ е правецот на движењето. Секое движење има свој правец кој
може да биде праволиниски, кружен. Телесната вежба, исто така, има свој правец кој во
одделните спортски дисциплини се разликува. Задачата на спортскиот педагог е да го
најде најефикасниот, најрационалниот, најправилниот правец на движењето на
спортистот. Секое движење има единствен најправилен правец на движењето на
спортистот, што значи доколку спортистот е порационален дотолку и резултатот е
подобар. За одредување на најрационалниот правец на движењето се служиме со
органите за вид како и со сите други механизми кои овозможуваат побрзо снаоѓање во
просторот.
АМПЛИТУДА НА ДВИЖЕЊЕТО. Ни дава податоци за движењето, за обемот на
движењето на одделните делови на движењето, т.е телото. Амплитудата на движењето
на телото зависи од анатомската структура на зглобот, од врските кои го зацврстуваат
зглобот, од лигаментите, како и од увежбаноста на спортистот. Па така, разликуваме
нормална амплитуда и резервна амплитуда. Под нормална амплитуда подразбираме
амплитуда која се употребува во секојдневниот живот, а под резервна се подразбира
максимална која се постигнува со систематско редовно вежбање. Спортскиот педагог
треба добро да ја познава анатомијата на зглобот како и што е тоа оптимална и
максимална амплитуда која најмногу ќе одговара на одредени вежби. Другите податоци
се добиваат со мерење изразено во степени, при што се мери еластичноста на телото.
ВРЕМЕНСКИ КАРКАТЕРИСТИКИ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ДВИЖЕЊЕТО се темпо на
движењето и ритам. Временските карактеристики се условно вброени во временските
елементи на движењето, инаку тоа според некои автори, нѐ информира за временските и
просторните елементи на движењето.
1. Времетраењето на движењето или должината на исполнувањето на вежбата
зависи од интензитетот на нервно-мускулатурното напрегање и од задачата што
треба да се исполни или треба да се совлада.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

2. Според траењето, вежбите ги делиме на движења со: кратко, долго и средно


траење.
Постои друга поделба која се заснова на интензитетот односно напорот со кои се
изведени движењата, па се поделени на:
1. Вежби со максимален интензитет кои траат обично 10-20 секунди. Тоа се обично
трчања на 100-200 метри.
2. Вежби со субмаксимален интензитет во кои спаѓаат активности изведени од 20
секунди и траат 2-3 минути.
3. Вежби со среден интензитет, или релативен, чие времетраење е од 2-3 минтуи, па
до 30 минтуи и
4. Вежби со умерен напор кои траат повеќе од 30 минути. Спортскиот педагог треба
да одреди правилно времетраење на секоја вежба заземајќи го во предвид и
интензитетот односно напорот со кој треба да се изведе вежбата.
ТЕМПО НА ДВИЖЕЊЕТО. Темпо значи време, брзина на изведбата на работата за
единица време, фреквенцијата на движењето. Во теоријата на физичката култура со темпо
се означува фреквенцијата на движењата за единица време. Па така, имаме фреквенција
на трчањето на завесалите, на пливањето и секаде каде што имаме циклично редување
на движењето.
Фреквенцијата е тесно поврзанасо масата на телото, па се смета дека поголемата
маса може да развие поголема фреквенција, а помалата маса помала фреквенција.
Фреквенцијата е многу слична со брзината на движењето, но не е иста, т.е идентична.
Фреквенцијата на трчањето на 100 метри е број на чекорите, а времето за кое е поминато
растојанието е брзината. Може да се случи двајца атлетичари да имаат иста брзина, а
различна фреквенција.
Спортскиот педагог мора добро да ја познава конструкцијата на спортистот и да ја
одреди онаа фреквенција што ќе биде најефикасна и ќе донесе најдобри резултати. Ритам
е грчки збор кој доаѓа од зборот ритмос, усогласеност, одмереност, рамномерност. Во
теоријата на физичката култура, ритамот означува одмерено рамномерно движење во кој
правилно се сменвуаат фазите на работа во фазите на одморот. Секое ритмичко движење
е истовремено и усогласено движење со внатрешни и надворешни услови. Ритамот ни
помага правилно да ја извршиме смената на активната фаза и фазите на одморот и е
карактеристичен како за цикличните така и за ацикличните движења.
Движењата кои се изведени со правилен ритам на одделните телесни вежби може
лесно и брзо да се автоматизираат и бидат поефикасни. Спортскиот педагог треба да го
познава ритамот на одделните телесни вежби и на тој начин да го усогласува ритамот на
движењето, т.е пронајдува најоптимален ритам кој е карактеристичен за одделни
движења.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ПРОСТОРНО-ВРЕМЕНСКИ ЕЛЕМЕНТИ – БРЗИНА


Во брзината која е својствена на секое движење се одразува интензитетот на
движењето и големината на просторот што телото го поминало за одредено време.
Според тоа, ако сме во состојба да ја одредиме брзината со која се движи некое тело, ќе
можеме да донесеме извесни заклучоци на тоа тело, за интензитетот на движење, за
неговиот обем и за влијанието што го предизвикува. Брзината на движењето се изразува
со изминатиот пат за единица време и се искажува со временски единици за кое било
совладано одредено растојание. Пример: трчање на 100 м. за 12 сек. Инаку брзината
како физичка сила се определува: величината, со соодносот на големината на изминатиот
пат и времето за кое треба да се измине тој пат изразено со формулата
V = S/t
Инаку разликуваме движења со рамномерна брзина и движења со нерамномерна
брзина важи формулата V=S/t тоа се обично циклични движења со рамномерен ритам, кој
претставува усогласени движења.
Движењата со нерамномерна брзина, односно променлива брзина се изразуваат
со формулата Vsr=S/t. Со sr се означува дека тоа претставува средна брзина. Движењата на
нашето тело се најчесто со променлива брзина. Обично брзината зависи од масата на
телото, од брзината на контракцијата на мускулите, од нивната сила, како и дејството на
надворешните сили. Брзината, исто така, зависи и од состојбата на нервните центри и од
нивната активност како и одбрзината на кои се одвиваат процесите на дразнења и кочење
во централниот нервен систем. Брзината игра главна улога во сите спортски дисциплини,
било да се работи за оптимална брзина која е одговорна за усогласеноста и ритамот на
движењата или да се работи за максимална брзина која е одговорна за постигнување на
максимални спортски резултати. Вообичаено е физичките вежби, а особено вежбите со
цикличен карактер да се поделат во четири групи:
1. вежби со максимална брзина (активноста трае 20-30 сек.),
2. вежби со субмаксимална брзина (активноста трае од 30 сек. до 3 мин.),
3. вежби со среден интензитет, т.е средна брзина (активноста трае од 3-30 минути),
4. вежби со умерена брзина каде што активноста трае над 30 минути.
Во зависност од интензитетот и траењето на нервно-мускулниот напор одделни
автори во енергетските елементи на телесната вежба го вбројуваат и карактерот на
движењето, па според тоа се разликуваат вежби со:

 динамично нервно-мускулно напрегање (динамични вежби),


 статичко нервно-мускулно напрегање (статички вежби)

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Динамичните вежби се карактеризираат со најизменично скратување, лабавење и


растегање на мускулите коишто се ангажирани во одредена вежба. Како резултат на
динамичното нервно-мускулно напрегање на мускулите (изотонично) доаѓа до
поместување на телото во просторот, или на одделните негови делови. Овие движења
можат да бидат динамично позитивни кога движењето се врши во спротивен правец од
правецот на земјината тежа и динамички негативни кога движењата се вршат во ист
правец со правецот на земјината тежа.
Динамично позитивно движење е на пример: прваата фаза на скокот во височина,
преминот висење на згиб на вратило, дигање на товар над глава.
Динамично негативно движење е: спуштање на товарот, спуштање на вис од
вратило, премин од стоење во клек и др. Статичките вежби се карактеризираат со
статичко односно изометриско напрегање на мускулите со кое всушност и нема движење
гледано од аспект на физиката. Во овие вежби телото или неговите дело остануваат
фиксирани со цел да се задржи одреден товар, или да се спротистави наа некои
надворешни отпори. Во спортската пракса наоѓаат примена како динамичните така и
статичките вежби, но сепак предност имаат динамичните вежби во кои не доаѓа до
престанување на работата на крвните садови и на дишењето. Изометрија значи иста
должина – изотонија значи иста напнатост.

ПОДЕТАЛНО ЗА МОТОРИЧКИТЕ СПОСОБНОСТИ – БИОМОТОРИЧКИ


СПОСОБНОСТИ ИЛИ АНТРОПОМЕТРИСКИ СПОСОБНОСТИ
Тоа е всушност способност или способноста која ни ја овозможуваат секојдневните
работи, манипулации на телото со помошта на кои се изразува брзината, силата,
еластичноста, снаодливоста, координацијата и друго. Дел од овие моторни способности
се стекнати, а дел се вродени, но и едните и другите со примена на систематски
кинезиолошки активности се подложни на промени. Инаку, со механизмите на
управување на моторните способности премалку се знае, за нив се знае само преку
манифестационите моторни способности, па затоа овие способности се наречени
латентни скриени способности. Интересот за проучување на моторните способности се
јавил мошне рано, меѓутоа, првите обиди поткрепени со емпириски поткрепувања биле
извршени во 1902 година кога Сарџент конструирал бактерија со моторни тестови, со
помошта на кои сакал повеќе да дознае за овие способности. Интензивното проучување
започнало во 1934 година кога МекКлеј за прв пат подготвил факторска анализа со цел да
ги пронајде скриените механизми кои управуваат со овие моторни способности.
Факторската анализа ја применил и Ларсен во 1938 година, меѓутоа, голем
напредок е извршен во 1956 година од Флајшман кој, исто така, применува факторска
анализа, но за разлика од МекКлеј, тој испитувал способности на многу повеќе
испитаници и со повеќе моторни варијабли. Кај нас, факторската анализа во

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

проучувањето на моторните способности била применета во 1958 година од Институтот за


физичка култура – Загреб, први кои ја примениле биле Момировиќ, Мавер и Паџен.
Потоа, проучувањето на моторните способности, кои веќе биле оставени на научна
основа, започнале да се вршат на поголем број испитаници и со повеќе мерни
инструменти т.е тестови. Непосредно по примената на факторската анализа во
истражувањето на моторните способности, почнала да се применува и регресивната и
каноничката анализа.
Факторската анализа, всушност, е статитстичко-математичка метода која прво се
применувала во психологијата и нејзиниот автор бил психологот Спирман, кој ја применил
при мерењето на интелигенцијата. Со помош на оваа факторска анализа се барат
одредени фактори кои условуваат појави и менување на одредени способности кај
човекот. Со други зборови, со помош на оваа факторска анализа се бараат структурните
елементи кои се одговорни за одредени манифестации и нивното менување. Од таму
доаѓа и името факторска анализа.
Флајшман испитал 20 000 испитаници машки и женски од 12-20 години и применил
60 тестови. Во 1975 година, група автори на Факултетот за физичка култура во Загреб се
обиделе да ја одредат хиерархиската структура во моторните способности и за таа цел, на
примерок од 900 испитаници на возраст од 19-27 години и со примена на 110 моторни
тестови и со помош на т.н факторска анализа, од тие 110 моторни тестови биле изолирани
23 примарни моторни фактори. Авторите нив ги нарекле фактори од прв ред, потоа биле
изолирани 4 фактори од втор ред наречени механизми, после добиле 2 фактори од трет
ред исто наречени механизми. Врз основа на тие фактори, добиле еден генерален фактор
на моторички движења т.е способности.
Група автори во 1975 година, Курелиќ, Момировиќ, Стојановиќ, Гредело, Метикош,
Висиќ-Шталец сакале да формираат моторни способности според нивните функции. За
своето истражување земале помлади лица од 11-20 години, неколку илјади лица од
главните градови на републиките и покраините. Како резултат на тоа истражување,
издале книга „Структура и развој на морфолошките и моторните способности“, така што
во ова истражување се изучувале морфолошките карактеристики со примена на
морфолошките варијабли.

Хипотетски генерален моторен фактор


Механизми за структури на движењата
1. координација на рацете,
2. координација на нозете,
3. координација на телото,

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

4. фактор на брзина на комплексните движења,


5. фактор на реорганизавија на стереотипните движења,
6. факотр на агилноста,
7. фактор на координацијата на ритамот,
8. фактор на едукација,
9. фактор на брзината на фреквенцијата на движењата.
Овие фактори се однесуваат за механизмот за структура на движењата.

Механизам за регулирање на мускулниот тонус за енергетска регулација


1. фактор за брзина на едноставни движења,
2. флексибилност,
3. фактор на рамнотежа со отворени очи,
4. фактор на рамнотежа со затворени очи,
5. прецизност со нишање,
6. прецизност со погодување

II. Регулирање на енергијата


Механизам за регулирање на траењето на енергијата
1. фактор на динамометриска сила,
2. фактор на експлозивна сила,
3. фактор на репетитивна сила на рацете и раменскиот појас
4. фактор на репетитивна сила на карлицата и долните екстремитети
5. фактор на статичка сила на трупот,
6. факотр на статичка сила на карлицата и долните крајници.
Ова се однесува на механизмот за регулирање на интензитетот на енергијата.

СИЛА – силина – снага


Во досегашните истражувања се докажало дека одделните моторни фактори не се
зависни само од еден механизам, туку на нив делуваат истовремено повеќе механизми.
Тоа значи дека моторните способности се формираат како последица на влијанието на

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

повеќе механизми. Сепак, од досегашните истражувања, со сигурност, е потврдена


егзистенцијата на четири латентни фактори т.е моторни способности и тоа:
1. фактор на сила,
2. брзина,
3. флексибилност – еластичност,
4. координација.
Моторната способност како чиста димензија не е потврдена. Од сите моторни
способности, силата е најмногу истражувана, па затоа и нејзините фактори се најдобро и
најчисто изолирани. Сознанијата до кои се дошло врз основа на испитувањето на силата
можат да се групираат во две групи:

 акциони фактори на сила,


 тополошки фактори на сила.
Во акционите фактори на силата спаѓа експлозивноста – динамичката сила, а во
тополошките фактори на силата спаѓаат статичката и репетитивната сила на рацете и
раменскиот појас, карлицата и долните крајници. Експлозивната сила се дефинира како
способност да се вложи максимална енергија во едно експлозивно движење. Според
други автори, под поимот експлозивна сила се подразбира – способност за мобилизавија
на максимална енергија за единица време. Втората дефиниција е поточна, затоа што
експлозивната сила не може да се ограничи на едно единствено експлозивно движење.
Добри показатели на експлозивната сила можат да бидат и неколку експлозивни
движења поврзани во една целина. Затоа, во некои возрасти, експлозивната сила се мери
со такви активности како што се трчање на 20-50 метри, кои според некои автори,
претставуваат низа експлозивни движења поврзани во една целина. Поради овие
причини, пооправдани е експлозивната сила да се дефинира како способност за
краткотрајна максимална мобилизација, на мускулите со цел да се помести телото во
просторот или да делува на предметите во околината.
РЕПЕТИТИВНАТА СИЛА е способност за изведување на максимален број
контракции потребни да се совладат одредени отпори. Тоа е способност да се подигне
телото и помести повеќе пати во просторот. Овој фактор веројатно има извонредна врска
со моторните способности – издржливост која досега не е дефинирана во рамките на
факторската структура, како нејзино подрачје е дефинирана од физиолошка гледна точка.
Репетитивната сила е обично подложна на влијанието на други фактори, особено под
влијание на кардио-васкуларниот систем и респираторниот систем, а исто така е зависна и
подложна на мотивационите фактори.
СТАТИЧКАТА СИЛА е способност на спортистот телото да го одржува во т.н статичка
состојба со помош на т.н изометриско напрегање на мускулите. Статичката сила може да
се дефинира и како способност за изведување на максимални изометриски контракции со

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

максимално траење. Статичката сила кај помладите возрасти е најчесто поврзана со


репетитивната сила, што значи дека постои одредено поврзување со факторите помеѓу
репетитивната сила и статичката. Подоцна, оваа разлика е потенцирана особено кај
машките, додека кај женските таа е и понатаму слабо изразена. Сличноста на овие
фактори доаѓа оттаму што и кај едната и другата сила се работи за посебно совладување
на отпори во приближно слични услови. Освен овие т.н акциони видови на силата,
динамичка и статичка сила, во повеќе истражувања се изолирани т.н тополошки фактори
на сила, каде што силата се дефинира според локацијата на ангажираните мускули, па
така имаме тополошки репетитивни фактори и тополошки статички фактори.
БРЗИНА – како моторна способност
Од досегашните истражувања на брзината на моторната способност како моторна
способност се добиени мошне различен број фактори. Според истражувањето на група
автори, на чело со Курелиќ и соработниците, успеале да изолират четири фактори на
брзината и тоа:
1. Фактор на брзината на едноставните движења и фреквенцијата на движењата била
одредена со моторните тестови во кои се испитувале максималната фреквенција
на движењата со константната амплитуда за одредено време, а исто така и со
тестовите во кои се испитува брзината на едноставните движења.
2. Фактор на краткиот шпринт или фактор на БРЗИНАТА на трчањето и бил испитуван
со помош на моторните тестови кои содржеле брзо трчање или шпринт. Овој
фактор бил многу близу со факторот за експлозивноста и репетитивната сила што
оди во прилог на самостојноста на факторот на краткиот шпринт.
3. Фактор наречен фактор на агилноста означува моторна агилност во која доминира
способноста за промена на насоката на движењето на телото во обележан простор
и овој фактор бил многу близу до факторот за координација на движењата.
4. Фактор кој е дефиниран како фактор на брзина на изведбата на комплексни
моторни задачи е испитуван со помош на моторните тестови кои содржеле
сложени моторни задачи кои требало да се совладаат за одредено време.
Всушност и овој фактор само по името му припаѓа на составот од моторната
способност брзина, затоа што е многу поблизок со факторот за координација.
Најновите истражувања покажале од Хофман Емил дека постојат два примарни
фактори:

1. фактор наречен како способност за брза изведба на одговорните движења. Овој


фактор зависи од морфолошката каркатеристика на спортистот, од мускулната сила
и од способноста на мускулите за синхронизираност.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

2. фактор – способност за изведба на едноставни движења со голема фреквенција, па


бил наречен фактор на фреквенцијата на движењето. Овој фактор има многу
посложена структура. Тој зависи од регулацијата на алтернативната измена на
функциите на синергетските мускули т.е групи кои работат под контрола на
механизмот за регулација на ритамот и е поблиску од факторот на координација.
Поради тоа, фреквенцијата на движењето зависи во мера на оние регулативни
системи или механизми кои учествуваат во реализацијата на сложените движења.
Според тоа, моторната способност брзина не е едноставна ниту елементарна
моторичка способност, без оглед на предвидната едноставност на движењата, т.е
движечките структури употребени за нејзината проценка.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ – еластичност – гипкост


Просторот на флексибилноста во споредба со другите моторни способности е релативно
помалку испитувана способност, затоа што голем дел автори сметаат дека таа не припаѓа
кон моторичкиот простор. Инаку, еластичноста се дефинира како способност за изведба
на движења со максимална или субмаксимална амплитуда. Како моторна способност, таа
е мошне зависна од анатомската структура на зглобовите, нивниот квалитет и од
меѓусебната соработка на мускулите кои ги опкружуваат зглобовите. Еден од првите
автори кои ја истражувал флексибилноста бил Флајшман кој во 1964 година изолирал два
фактори на еластичностаи ги нарекол фактори на динамичка еластичност во кои
движењата се изведуваат со голема брзинаи субмаксимална амплитуда и фактор на
статичка еластичност во кој движњата се изведуваат со максимална амплитуда и со кратко
задржување во таа положба. Зацироски во 1966 година, исто така, ја истражувал
еластичноста и изолирал 2 фактори и ги нарекол фактор на активна еластичност во кој
максималната амплитуда се изведувала со помош на мускулната сила и вториот фактор е
фактор на пасивна еластичност во кој максималната амплитуда на движења се изведува
со помош на надворешната сила. Наш истражувач Кос, во 1968 година, дошол до слични
резултати, односно изолирал исти фактори што изолирал Флајшман и тоа фактор на
динамичка и статичка еластичност. Оваа димензија елстичност е подложна на развивање
до 15 години. Инаку е тесно сврзана со морфолошките карактеристики на човекот.
РАМНОТЕЖА – се грижи за одржвуање на телото и неговите делови од
избалансирана положба во случаи кога се наоѓа на подигнати и намалени површини. Тоа
е способност за одржување на телото во рамномерна положба која може да биде
нарушена, спречена под дејство на земјината тежа или други фактори или сили. Според
Флајшман, кој ја истражувал рамнотежата, ја изолирал во два фактори и тоа рамнотежа со
отворени очи и рамнотежа со затворени очи. Други автори, во своите истражувања, ја
делат рамнотежата на динамичка и статичка. Тие главно се најмногубројните и во своето
истражување изолирале два фактора на рамнотежа и ги нарекле:

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

1. Фактор на статичка рамнотежа на телото која се дефинира како способност на


телото да се одржи што подолго време во статичка положба и на намалена
отпорна површина.
2. Динамичка рамнотежа на телото која се дефинира како способност на телото да се
задржи во што подолги избалансирани серии во движење при кое вертикалната
проекција на тежиштето на телото излегува од отпорната површина.
Тестовите кои се употребуваат за одредување на првиот фактор можат да бидат со
отворени и затворени очи, во кои телото стои на една нога со отворени и затворени ичи
во кои телото стои на една нга на подигната и намалена површина.
Според трети автори, постои трета димензија на рамнотежа и е наречена фактор на
рамнотежа со балансирање на предмети. Од нашите автори кои ја истражувале
рамнотежата биле Ткалцик, Хошек во 1973 и др. Тие изолирале два фактори и ги нарекле
фактор на рамнотежа со отворени очи и фактор на рамнотежа со затворени очи. Инаку,
рамнотежата е под влијание на генетските фактори, меѓутоа со помош на кинезиолошките
активности може многу да се подобри. Рамнотежата зависи од функциите на малиот
мозок каде се преработуваат информациите добиени од вестибуларниот апарат.
Прецизност = 3.
е моторна способност која во досегашните истражувања е делумно потврдена, што
значи, во некои истражувања е потврдена и е изолирана како посебен актор, а во други
не успеале да ја добијат како изолирана. Инаку, факторот на моторната способност
прецизност се дефинира како спосовност за изведување на точно насочени движења со
цел да се погоди одредена точка, одредена мета, подвижна или неподвижна и е тесно
поврзана со просторно-временскиот елемент на движења т.е одредена моторичка задача
и е зависна од центарот на перцепција и адекватноста на ретикуларната формација или
систем.
Прецизноста може да се разгледува од два аспекти и тоа, како прецизност на
погодување, каде предметот кој треба да се погоди целта се води непосредно кон таа
цел, на пример боксот, мечувањето, што значи, предметот се држи во раката и има
можност да се ескивира или да се корегира за време на акцијата што ја презема телото.
Вториот момент е кога телото предметот што го води или управува после
исфрлањето не му се поддава на корекции. Според овие форми на прецизност, постои
битна разлика затоа што при првата форма при непосредното водење на предметот кон
целта може да се управува со корекциските процеси, додека при втората форма не може
да се управува. При сите тестови на истражување, тестовите за прецизност покажале
ниска веродостојност.
КООРДИНАЦИЈА е способност за брзо и рационално и ефикасно исполнување на
слложени моторни задачи и задачи во кои постојано се менуваат просторните и

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

временските услови. Се смета дека координацијата е мошне сложена способност


составена од повеќе фактори кои меѓусебно се различно поврзани. Така, на пример, во
координацијата спаѓа и факторот за изведба на одделни моторни задачи, како и факторот
за решавање на најсложени моторни задачи во кои е потребно учество на механизмот за
преструктуирање на движењата. Тоа значи дека координацијата ги опфаќа оние задачи
кои се сврзани со брзото снаоѓање во просторот и времето.
Се смета дека во оваа способност учествуваат и највисоките центри во централниот
нервен систем. За посложените движења и пониските центри во централниот нервен
систем одговорни за поедноставните движења или моторни задачи особено важна улога
во реализирањето на оваа способност имат кората на големиот мозок конкретно
кортексот и субкортексот, особено нивните моторни зони и ретикуларната формација што
се наоѓаат во големиот мозок. Како мошне сложени моторни способности го
привлеквуале вниманието на повеќе истражувачи како во странство така и во нашата
земја. Така, на пример, во 1934 година МекКлеј успеал со помош на факторската анализа
да изолира фактор кој го нарекол фактор на моторичката едукатибилност – што значи
способност на усвојување на ново движење.
Обемни истражувања на координацијата извршиле Хемпел и Флајшман во 1955
година кои под поимот координација разбирале способност за складни движења на
големите мускулни групи. Во нашата земја со истражувањата на координација се
занимавале Метикош, Хошек, Момировиќ, Стрел и др. Со помош на факторската анализа
во која примениле повеќе моторни тестови, авторите успеале да изолират 6 фактори на
координација и тоа:
1. фактор на координација на движењата на целото тело,
2. фактор на координација на движењето на рацете,
3. фактор за брзо учење на сложени комплексни моторни задачи,
4. фактор за реорганизација на моторни стереотипни движења,
5. фактор за координација на ритмички движења (во ритам),
6. фактор за брзинска изведба на комплексни моторни задачи.
И покрај обемните истражувања, подрачјето на координацијата сеуште не е
доволно истражено, па затоа е и доста неодредено.
ВЛИЈАНИЕТО НА ТЕЛЕСНИТЕ ВЕЖБИ НА МОТОРНИТЕ СПОСОБНОСТИ
Системските кинезиолошки активности, доколку се прифатени слободно и свесно,
може да извршат големо влијание во подобрувањето на повеќе моторни способности.
Иако големиот дел од моторните способности се потполно или поголемо влијание на
наследните особини, сепак, со систематски телесни активности скоро сите моторни
способности можат да се подобрат. Развојот на моторните способности на човекот е
сличен со развојот на другите способности – интелектуални, конативни, биолошки и сл. По
раѓањето, тие побавно се развиваат, а во основното училиште и пубертетот нивниот развој

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

е мошне интензивен, по пубертетот настапува извесна стагнација на моторните


способности, дури некои од овие способности го достигнуваат својот максимум,
конкретно еластичноста. Другиот дел од моторните способности продолжува да се
развива сѐ до 20 година и трае сѐ до 40 год., после тоа настапува стагнирање. После 40
година настапува периодот на стареење и постепено опаѓање на сите моторни
способности, што значи нивното одржување зависи само од редовно одржување на сите
систематски телесни активности, од соодветни тренинзи. Според некои автори, моторните
способности достигнуваат свој максимум до 25 години, што зависи од повеќе фактори,
меѓу кои како најважен се смета редовното тренирање.
СИЛА – е моторна способност која подлежи најмногу под влијание на
кинезиолошките активности, така на пример, репетитивната сила и статичката сила се
наследува во мал процент и се смета дека изнесува 50%, па затоа и можностите да се
зголеми со кинезиолошките активности е многу голема. Според истражвуањата на некои
автори, статичката и репетитивната сила можат да се зголемат за 100% со помош на
систематски тренинзи за време од 5-6 месеци, дури и некои автори, на пример Хетингер и
Милер, сметаат дека е доволно 3-4 месеци за да се удвои статичката сила со примена на
т.н изометриски метод на работа. Нешто потешко се развива експлозивната сила, бидејќи
процентот на вредноста е поголем и изнесува 80%, па се препорачува развивањето на
оваа способност да почне од 9-10 години. Својот максимум го достигнува на 20-22 години,
додека репетитивната и статичката сила некаде околу 30 години. Обично вредноста на
силата се проценува со тестови во кои треба да се совладаат одредени отпори за
одредено време.
БРЗИНА. Наследниот процент изнесува 90-95% и може да се подобрува во
најмладата возраст. Најголемо подобрување може да се постигне во 11 година, а подоцна
подобрувањето на брзината се врши за сметка на експлозивната сила и техниката. Тоа
значи дека оваа моторна способност е најмалку подложна под влијание на телесните
вежби. Својот максимум го достигнува околу 19-20 години кај девојките и 20-22 години кај
машките и се проценува со моторните тестови во кои се мери времето на изминатото
растојание.
ЕЛАСТИЧНОСТА – како моторна особина може да се развива до 16 години, а потоа
може само да се одржува на тоа ниво. Коефициентот на наследност е околу 70% и е
подлежна на влијанието на кинезиолошките активности. Се мери во степени и е
поизразена кај девојките.
ПРЕЦИЗНОСТ. Како моторна способност потешко се менува под влијание на
моторните телесни вежби и зависи од наследниот коефициент (85%).
РАМНОТЕЖА. Како моторна способност е зависна од повеќе фактори, особено од
вестибуларниот апарат и органите за вид, со телесни активности може многу да се
подобри, што значи коефициентот навредност не е толку висок.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

КООРДИНАЦИЈА. Овозможува изведба на сложени движења и е во тесна врска со


интелигенцијата, коефициентот на наследноста ѝ е 80-85%, така да можните подобрувања
со кинезиолошките активности не се многу големи. Својата максимална вредност ја
достигнува од 22-25 години. Подобрувањето на координацијата е можно во раната
возраст, се проценува со специјални тестови во кои се мери брзината на изведбата и
правилноста на изведбата на одделните моторни задачи.
ИЗДРЖЛИВОСТ. Како моторна способност во досегашните истражувања не е
дефинитивно истражена, сигурно постои и е зависна од повеќе фактори. Најважни се
системот за крвоток и системот за дишење и централниот нервен систем, зависи од
волјата и од мотивираноста. Се смета дека оваа моторичка способност може доста да се
подобри со систематските тренинзи и физичка работа. Се проценува со потрошениот
кислород за единица време по килограм телесна тежина или со извршената работа за
одредено време.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ПОТСИСТЕМ СПОРТСКА РЕКРЕАЦИЈА


Самиот збор рекреација потекнува од новолатинскиот збор re-creare што значи
обновува, креира, создава повторно. Па, според тоа, правата смисла на овој збор би била
обновување на психичката и физичката сила на човекот со помош на средствата од
науката, културата, уметноста и средствата од физичката култура. Под обновување на
физичките и психичките сили на човекот обично се подразбира подигање на оние негови
скриени способности кои доаѓаат до израз во секојдневната работа. Исто така, како
рекреативни актовности се сметаат оние активности коишто човекот сам ги бира по
своите интереси. Така, на пример, познато е дека човекот во секојдневната работа нема
можност да се занимава со оние активности кои ќе му причинуваат задоволство.
Од сите овие рекреативни активности, најинтересна е спортската рекреација. Тоа е,
всушност, слободно избрана активност во која со средствата на физичката култура се
постигнува подобра психо-физичка состојба кај човекот. Поради тоа што е слободно
избрана, а не наметната активност, влијанието е многу поголемо и придонесува за
здравјето и производството што наоѓа голема примена во работните колективи.

ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА СПОРТСКА РЕКРЕАЦИЈА


Познати се повеќе форми на работа во спортската рекреација. Поважни од нив би
биле:

 редовни часови по спортска рекреација,


 самостојни занимања со спортска рекреација,
 производна гимнастика (рекреативна пауза)
 спортско-рекреативни натпревари

РЕДОВНИ ЧАСОВИ ПО СПОРТСКА РЕКРЕАЦИЈА


Обично, часовите по спортска рекреација може да бидат со однапред подготвена
програма или со слободна сопствена програма. Во првиот случај, часовите по спортска
рекреација најчесто се раководат од спортскиот педагог, кој по одреден план и програма
работи континуирано преку целата година. За овој начин на работа се определуваат оние
кои покрај забавата и разонодата имаат желба да ја подобрат својата физичка кондиција
и своите моторни способности.
Во другиот тип часови, каде што програмата не е однапред одредена, се
определуваат лица кои сакаат повеќе да се релаксираат на тие часови. Во составувањето
на програмата учествуваат со предлози сите учесници, а групите се формираат според
афинитетот за одредени спортски дисциплини. Меѓутоа, ова не значи дека на овие часови
само ќе се работи програмата по желба на учесниците, туку ќе се применуваат и другите

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

активности кои имаат големо значење за обновувањето на психо-физичките сили на


учесниците. Со овие часови раководат кадри кои се школуваат во високите школи во
соодветните смерови за спортска рекреација.
Организацијата на спортската рекреација, како потсистем на физичката култура, е
главно под раководство на подсојузот на физичка култура и спортска рекреација
„Партизан“. Исто така, со систематската активност со спортска рекреација се занимаваат и
работните колективи во кои има вработено и посебно референти за физичка култура. Како
покровител на спортската рекреација обично се јавува сојузот на синдикатите кој се
грижел за редовно одржување на активностите, особено за спортско-рекреативните
натпревари.

САМОСТОЈНИ ЗАНИМАЊА ПО СПОРТСКА РЕКРЕАЦИЈА


Се подразбира активност која обично се одвива за време на викендите и која има
индивидуален белег. Содржината на активностите на оваа форма на работа обично е по
избор или пак во соработка со стручни лица.
Во понапредните туристички места, индивидуалните рекреативци се опфаќаат од
специјални инструктои кои се организираат во групи спрема интересите и така работат
под одредени форми. Овој начин на рекреирањет најмногу е застапен во Хрватска и
Словенија, каде во туристичките места има т.н центри за рекреација, при што се
изменуваат реквизитите, каде можат да се организираат и стручни лица.

ПРОИЗВОДНА ГИМНАСТИКА (рекреативна пауза)


Најчесто се организира во работните колективи и во работно време. Има за цел да
го одмори организмот на работникот, да го оттргне од секојдневната работа, да го освежи
и да го обнови по можност неговиот работен потенцијал. Вежбите кои се применуваат
најчесто се спротивни од работнот карактер на работникот, што значи ако работата е
поврзана со стоење, вежбите треба да бидат изведени од седење, да бидат динамични.
Ако работниот процес е поврзан со седење, треба да се применуваат вежби за јакнење на
грбните мускули. Се применува обично во критично време, некаде средината од
работното време, трае триесет минути и се раководи од стручни лица; за поголем
емоционален ефект тие се придружени со музика. Многубројните истражувања во нашата
земја и во странство потврдиле позитивно влијание на спортско-рекреативната пауза,
како во релаксирањето на организмот, така и во зголемувањето на работните
способности. Кај нас, со проблемите за рекреација се занимавале најмногу Факултетите за
физичка култура од Загреб и Нови Сад: Мирко Релац, Митхад Благајац, Бранко Свибен и
др.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИ НАТПРЕВАРИ
За разлика од спортските натпревари, каде што крајната цел на спортистот е
победа над противникот, во спортската рекреација целта не е на победа, туку учеството на
рекреативците во натпреварувањето. Според тоа и системот на натпревари во спортската
рекреација е така направен да оди повеќе во широчина, односно да се опфатат што
поголем број луѓе во месните заедници, во општините, а не да се организираат скапи
натпревари по систем лига, т.е лига систем. Многу повеќе се присутни општински
натпревари, односно републичките и меѓурепубличките натпревари и спортските
дисциплини кои се употребуваат во спортско-рекреативните натпревари најчесто се
прилагодени спрема полот, возраста, што значи дека натпреварите се играат со скратено
време на помали површини и со изменети поедноставни правила. Победниците најчесто
се наградуваат со дипломи, значки, а дипломи се даваат на сите учесници.
Во нашата република мошне популарни се работничките спортски игри,
партизански повеќе бои и спортско-рекреативните натпревари за село и други.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

КИНЕЗИТЕРАПИЈА – КИНЕЗИОЛОШКА МЕДИЦИНА


Тоа е медицинска дисциплина која се занимава со проучувањето на влијанието на
телесните човечки движења врз човекчиот организам, односно трансформационите
процеси настанати во организмот на човекот под влијание на програмираните
кинезиолошки стимулси. Кинезитерапијата или кинезиолошката медицина е дел од
медицината применета за лечнички цели и е посебен потсистем од општата
кинезиологија. Кинезиологијата како наука во својата пракса, во својот
трансформационен процес, во откривањето на причинско-последичните врски кои
предизвикуваат промени врз системот човек, од една страна како влезни кинезиолошки
големини, а од друга страна како излезни за децата е да се опфататкинезиолошки
големини, се доближува сѐ повеќе до егзактните науки. Притоа, има сопствени методи на
истражување, сопствени мерни инструменти и точно ги регистрира промените во
човечкиот организам настанати како резултат на моторичката или немоторичката
ефикасност. Таа сопствена методологија на истражување, сопствен предмет, цел и задачи
ѝ го обезбедува правото на науката, на научна дисциплина која треба да има свое име и
право на сопствено независно постоење.
Имајќи го предвид процесот на автоматизација, цивилизациските болести, во прв
ред хипокинезиите, заморот во производниот процес кои се главен предмет на
разгледувањ на кинезиолошката рекреација, потоа деформациите на ‘рбетот, како и сите
патокинезиолошки процеси клинички и агонистички кои се предмет на кинезитерапијата,
односно на кинезиолошката медицина, некои форми на претренираност и замор во
врвниот спорт се предмет на разгледување баш на спортскиот педагог – кинезиолог.
Кинезиологијата со сите свои потсистеми се става во функција на човекот од аспект на
превенција, од аспект на врвен спорт, од аспект на кинезиолошка рекреација, здружен
труд, здравство, социјален аспект, економски и директно куративен третман.
Најважен дел од човечкиот организам, кој е мост на сите физиолошки процеси, на
сите нервни процеси, надворешни и внатрешни е ‘рбетот. ‘Рбетот, како таков орган, кој е
најмногу оптеретен, треба и најмногу да се чува, штеди во начинот на постапувањето, во
процесот на секојдневното работење. Тоа е можно кога нашите идни генерации од
најмладата возраст ги обучуваме правилно да седат, работат, вежбат. На тој начин,
современата потреба за децата е да се опфатат во специјални спортски организации каде
би имале можност под раководство на стручни лица да го тренираат својот организам. На
тој начин да се зголеми отпорноста на човечкиот организам од најрана возраст. За да се
создаде правилна превентива, потребно е да се организираат специјални групи за
гиманстика со секоја бремена мајка. Со тоа, превенцијата треба да започне уште кога
новата генерација се наоѓа во утробата на мајката. Тоа може да се реализира преку општ
тренинг и преку специјален тренинг. Различни вежби за симетрија, земени од
секојдневните активности, од работниот процес и од конкретната потреба на лицето што
учествува во кинезиолошкиот процес.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Покрај сето општествено и стручно ангажирање, сепак, процесот на деформирани


деца кај наси во светот е висок. Многу деформитети кои се појавуваат манифестно од
првите 10 години од детскиот живот се вродени. Овие деформитети како сколиози,
кифози, лордози можат полесно да се стопираат во процесот на нивното напредување
само со благовремено откривање. Процентуално, по различни автори, вродените
деформации на ‘рбетот изразени во проценти, се некаде од 4-6% од кои на идиотски
сколиози (злочудни деформации наречени уште јувенилни) отпаѓаат околу 0,3-0,4%. Тука
деструкциите на тврдите ткива се така изразени што тешко можат да се корегират со
засега познатите методи на работа во целата медицинска пракса. Една друга група на
телесни лоши движења, до кои се стигнало како резултат на слаба мускулна активност,
неправилно седење, работење, лоши навики и друго, создале една друга група на телесни
деформации наречени хабитуелни. По својата природа на добивање, може да бидат
рефлекторни, паралитични, цикатриксални.
По својата тополошка расположеност, може да бидат вратни, грбни, нумбални,
крсни, комбинирани. По своето име се странични наречени сколиози, при што имаме
отстапување во телесното држење спрема фронталната рамнина, потоа предно-задни
наречени кифози или лордози, при што имаме отстапување на ‘рбетот во сатигалната
рамнина.
Основни причини за појавата на хабитуелните сколиози се: преживеани оболувања
од типот на рахитис, туберколоза, сегментарна расположеност на грбните пршлени,
различни причини за преживеани парализи и парези, воспалувања на градниот кош,
хируршки интевенции, трауматски повреди на телото и нервниот систем. Сите овие
причини, па и други, може да предизвикуваат функционално искривување односно
функционален недостиг на отпорно-мускулниот апарат.

МЕТОДИ НА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ТЕЛЕСНИТЕ ДЕФОРМАЦИИ


Постојат повеќе при што деформациите се истражуваат во метрински единици и
тоа во степени и сантиметри. Како мерни инструменти во светската пракса се
воспоставени следниве апарати:
1. квадратна мрежа,
2. измерување во вис,
3. сколиозомер кој се состои од систем на лостови,
4. кифозомер кој исто така се состои од систем на лостови,
5. четириаголник по професорот Мошков,
6. ренгентски слики.
Најточен начин на мерења е преку рентгенскит слики, при што точно се мери
аголот помеѓу самите пршлени и се стигнува до точната цифра на деформацијата.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Во смисла на превентивата на сите телесни деформации, подобро средство за


нивното отстранување од програмираното движењње за сега не постои. Исто така, за
отстранувањето на сите болести на цивилизацискиет придобивки како што се:
преухранетост, кардио-васкуларни пречки, општи пречки во крвотокот, крвоизливи во
мозокот, функционални пречки на сите внатрешни органи, неврози, психо-неурози и на
крајот перманентна примена на движењето во дефектологијата.
Значењето на движењето, за опстанокот на човекот и за тоа човект да стане она
што е денес, е огромно. Без движењето, човекот, па и целиот жив свет, однапред се
осудени на пропасст. Најразлични пречки и функционални и структурни, треба да се
третираат тогаш кога се во почетната фаза од својот развој. ОВаа задача кинезиологијата
си ја става пред себе со акцент за превентивно делување во сите домени на човечкиот
живот, за отстранување на болестите на цивилизациските придобивки. Во таа смисла,
кинезиологијата ќе ги анализира сите проблеми кои настануваат во процесот на
човековото работење и можноста за навремена превентива анализирана од аспект на
движењето, значењето на движењето за опстанок на човекот. Навремено инвестирање во
превенцијата, во почнувањето со вежбањето уште за време на бременоста на мајката, во
раното дијагностицирање и во тимска работа на сите медицински кадри. Активирање на
воспитачите, педагозите, лекарите по детските градинки, забележуваме на моторичките
дефективо најрана возраст. Поставање на точна дијагноза и друго.
Почнување со рано телесно вежбање, со вежби за симетрично тело, вежби за
длабоката и површната мускулатура, сегментирани ротации, вежби за прецизност, за
координација. Проргамирано оптеретување на апаратот за движење. Рано распознавање
на општетената моторика, што е симптом за патолошки појави во психо-моторичкиот
простор кај детето. Тука веднаш треба да се вклучи психо-моторната превенитва. Рано
откривање на лошата статика на детето, брзо превентивно делување, создавање на прави
претстави за движењето во мозокот, за тополошко-нервно лоцирање на пречката,
точното нејзино осонзавање и точното нејзино регистрирање во мозокот. Создавање на
точната претстава за грешката на моторичката акција и реакција. Само така можеме да
имаме успех. Давање на вежби за развивање на органите за дишење, за развивање на
кардио-васкуларниот систем, отстранување на последиците од различни механички
повреди, враќање на еластичноста на организмот, на сегментот. Правилно оптеретување
на телото при седење, работење, носење, борба за отстранување на сите хипокинезии,
кои се главна причина за создавањето на болестите на цивилизацијата.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ТЕЛЕСНА ВЕЖБА
Меѓу средствата кои се уптребуваат во физичката култура, телесната вежба зазема
видно место и таа всушност претставува основно средство за реализација на задачите од
физичкото воспитување, задачите од спортот, спортската рекреација, и кинезитерапијата.
Потеклото на телесните вежби треба да се бара уште во првобитното општество,
тогаш кога било идентично со работната активност на човекот и може да се каже дека во
тој период, телесната вежба произлегувала од работата. Човекот увидел дека честите
повторувања на одредени движења донесуваат и поголем успех во работата, ловот,
риболовот. Всушност и првите искуства претставуваат скратен пат на работната активност
за да се дојде до поголеми резултати. Телесните вежби, како дел од тој работен процес,
се увежбувале во непосредната пракса и се усовршувале и менувале напоредно со
усовршувањето на средствата за производство.
Така на пример, фрлањето на камен или копје имало исклучиво практичен
карактер, се увежбувало за време на ловот. Слична е ситуацијата со стрелањето,
трчањето, качувањето. Меѓутоа, со развојните средства настанува диференцирање помеѓу
работните активности и телесната вежба. Средствата за производство почнале многу
побрзо да се развиваат, се појавиле нови посовршени алати за производство, па според
тоа, се појавила и потребата за многу посовршени движења. Тоа го принудило човекот да
одвојува повеќе време за своето физичко и психичко усовршување, па така почнал да
повторува повеќе одредени движења кои немале директна врска со производниот
процес, на кои преку индиректен начин придонесувале човекот да ја подобрува својата
моторика.
Во понатамошниот развој, со појавата на современите средства за производство,
настапува уште поголема разлика помеѓу работната активност и телесната вежба.
Работната активност била сѐ помалку сврзана со физичките способности на човекот, а сѐ
повеќе зависна од усовршувањето на средствата за производство. Тоа мошне лошо се
одвивало на моториката на човекот која учествува сѐ помалку во производниот процес.
Во овие нови услови на живеење, движењето, кое во почетокот на еволуцијата на
човекот претставувало органска потреба, стимул за неговиот развиток и средство за
неговиот опстанок, брзо се намалува и го доведува до прашање биолошкиот развиток на
човекот. За да се заштити од неговите негативни последици, наречени хипокинезии,
човекот повторно е принуден да ги актуелизира факторите на физичкото воспитување кои
ќе бидат употребувани како едни од средствата против негативните последици на
современиот начин на живеење. Според тоа, физичкото воспитување веќе нема
непосреден практичен карактер, туку тоа е применето со цел да предизвика одредени
позитивни промени во организмот на човекот, во неговите други димензии, да му
помогне полесно да се адаптира во околината во која живее. Така би дошле до
современата дефиниција за телесната вежба која вели дека:

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Телесната вежба е движење со одредена форма, содржина и интензитет, која се


применува со цел да се предизвикаат одредени промени во психосоматскиот статус на
човекот.
Елементите, кои ги користи телесната вежба, се земени од секојдневниот живот,
тоа се т.н природни движења (одење, трчање, скокање, лазење, качување), потоа
елементи од работните активности, како и елементите од војно-практичните активности
(борење, бокс, стрелаштво), елементи од религија (обредни танци) или пак, елементи кои
специјално се конструираат (вежби на справи за оформување на телото итн.).
Разликуваме два вида телесни вежби:
1. Составени од строго одредени движења, со одредена форма и содржина, вежбите
за оформување на телото, гимнастички вежби.
2. Движења кои имаат поразновидна стурктура, различна содржина и интензитет
(спортските игри, боречките спортови и др. активности).
Секое движење на човекот се одвива во одредено време и одреден простор.
Телесната вежба која претставува движење на човекот се одвивала во просторот и
времето, според тоа и основните структурни елементи би биле:

 временски елементи,
 просторни елементи и
 просторно-временски елементи.
Понатаму во просторните елементи на движењето разликуваме:

 положба на телото,
 правец на движењето,
 амплитуда на двиежњето.
Во временските елементи на движењето разликуваме:

 траење на движењето,
 темпо-ритам на движењето.
Во просторно-временски елементи спаѓа брзината.

ЕЛЕМЕНТИ НА ТЕЛЕСНА ВЕЖБА


просторни елементи + временски елементи = просторно-временски елементи
1. положба на телото 1. времетраење 1. брзина
2. правец на движењето 2. темпо на движењето
3. амплитуда 3. ритам на движењето

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

СОВРЕМЕН ПРИОД ВО УЧИЛИШТАТА ЗА УЧЕНИЦИ СО ПРЕЧКИ ВО


РАЗВОЈОТ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО
ВОСПИТУВАЊЕ
Системот на училишното физичко воспитување кај нас е потчинет на методските,
методолошките, антрополошките и организационите основи што всушност се актулени
принципи за современо изведување на наставата по овој предмет. Училишното физичко и
здравствено воспитување во училиштата за ученици со пречки во развојот се темели врз
основните принципи на физичкото и здравственото воспитување, и тоа:
6. сестрано развивање и перманентно усовршување на личноста од моментот на
неговото раѓање па до крајот на животот;
7. здравствено-превентивна насоченост на примената на телесните движења;
8. примена на физичкото воспитување за подобрување на производните сили и
производствените односи;
9. примена на телесните движења за потребите во армијата и развивање на
интернационализмот преку спорт, како и создавање на фина работна моторика и
фини човечки телесни движења;
Науката којашто се занимава со проучувањето на наставната проблематика со
различни психофизички нарушувања кај децата се вика дефектологија и претставува
подгрупа на специјалната педагогија. Во зависност од специфичноста на појавените
дефекти, таа ги има следниве подгрупи:

 ОЛИГОФРЕНО-ПЕДАГОГИЈА – е дел во кој се изучуваат проблемите на


образованието и воспитувањето кај децата со психичка недоразвиеност, односно
умствен недостаток.
 СУРДОПЕДАГОГИЈА – ги опфаќа децата кои не можат да слушнат и зборуваат,
односно глувонемите.
 ЛОГОПЕДИЈА – се занимава со децата кои имаат говорни недостатоци.
Ова прашање не ќе можеме целосно да го решиме на ова советување. Меѓутоа,
значајно е што отворивме процес за создавање на диференцирани програми со кои ќе ги
остваруваме целите и задачите на физичкото воспитување, користејќи ги научните
сознанија и другите можни патишта.
Во овој процес неминовно е потребно вклучување на лекарите – специјалисти по
спортска и училишна медицина, дефектолозите, наставниот кадар по физичка култура и
други кадри од воспитно-обрзовниот систм. Тоа е гаранција за успешна работа со
учениците со нарушеното здравје, со попречен развој, односно со монолошки
способности.
10. ТИФЛОПЕДАГОГИЈА – е дел којшто се занимава со образованието и воспитувањето
на децата со повреден вид, односно слепи деца.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Овој вид настава се изведува во посебни училишта и е составен дел од системот за


образование и воспитување во нашата земја. Целата оваа специфична и тешка задача е во
улогата на целиот наставен кадар и особенона наставникот по физичка култура, кој пред
себе има многу посложена проблематика која треба да ја реши во применетата
кинезиологија која бара, од своја страна, едуцирање на специјални кадри од областа на
физичката култура.

5.13.7. ГЕНЕРАЛИЗИРАНИ И СИСТЕМАТИЗИРАНИ СПЕЦИФИЧНОСТИ НА


ЧАСОТ ПО ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА СО ПСИХОФИЗИЧКИ
ПРЕЧКИ
За наставникот по физичко воспитување од посебна важност е да биде
информиран дека психичкото недоразвивање кај децата (олигофренија) се изведува во
училиштата за ученици со пречки во развојот и кај нив се присутни две основни црти:
општа физичка недоразвиеност што ги засега неспецифичните мозочни функции како што
се говорот и мислењето.
При општото психофизичко недоразвивање е засегната, пред сѐ, способноста кај
детето за анализа и синтеза на мисловните процеси, како и целиот организам, вклучувајќи
ја целокупната моторика, физичкото развивање, физичката работоспособност,
издржливоста, силата, брзината, координацијата, ориентацијата во просторот и во целост
владее намалена способност на целиот организам наречен дизонтогенија.
АНТРОПОЛОШКИТЕ димензии на децата со психички пречки не се разликуваат
многу од децата со нормален психички развој како што се растот, волуменот и масата,
трансферзаллните димензии. Според некои автори, од антрополошките димензии
посебно дискриминира поткожното масно ткиво кое е поприсутно кај овие деца. Ваквиот
компаративен приод е карактеристичен до 12-годишна возраст. Откако децата ќе
навлезат во пубертетот, овие антрополошки димензии претрпуваат измени така што
децата со психичка недоразвиеност покажуваат отстапувања, како што се
лонгитудијалните, трансферзалните, па и волуменските димензии (низок раст, тесен или
широк граден кош, многу мала или голема обиколка на главата, куси горни или долни
крајници, преголем труп и други аномалии).
МОТОРИКАТА – е еден од најраните признаци на психичко недоразвиените деца:
доцно проодување, пречки во седењето и лазењето, подигање на главата уште во првите
месеци од детскиот живот.
Децата со психички пречки брзо се изморуваат, имаат лоша координација,
проблеми со облекувањето и посебен проблем претставува примената на телесни вежби
со сложена координација или со качување на висини што посебно е важно за наставникот
по физичкото воспитување, којшто треба да го има тоа предвид. Нарушеноста кај овие
деца се забележува и во системот на управувањето на движењето, така што неправилно

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

ги распределуваат биотоковите на мозочните импулси и тешко влегуваат во фазата на


автоматизација на телесните движења. Лошо ја преценуваат тежината на поставените
задачи и не можат да ги распределат силите во согласност со нивните можности.
Вложуваат често напори поголми таму каде што не се потребни и обратно, не остануваат
физички силни за таму каде што е потребно. Се смета дека овие специфичности се
функционално обусловени од несовршеноста на моторичката зона во мозокот.
Поради споменатите причини, специфично за овие деца е то ашто наставникот по
физичко воспитување мора да има посебна стрпливост во методскиот и методолошкиот
пристап кон овие деца. Така, при прилагодена методика на работа, овие деца можат да
совладат определене моторички задачи со што преку телесните програмирани алгоритми
ќе се создават такви стереотипи кои ќе бидат корисни во реализирањето на секојдневните
потреби кај нив, како што се умешност, правилно телодржење, примена на рекреативниот
спорт во секојдневниот живот и друго. Од степенот на психичкото заостанување зависи и
моторичкото заостанување. Колку детето има помал коефициент на интелигенија толку се
и помал неговите физички способности. Во пубертетскиот период овие деца реагираат со
голема лабилност на централниот нервен систем, при што треба тоа посебно да се има
предвид и да се бара специфичен метод и приод кон нивното физичко усовршување.
Особено е важно за овие деца што порано да се почне со програмиран час по физичко
воспитување и тогаш можат да се очекуваат подобри резултати во нивниот психофизички
развој.

5.13.8. АНТРОПОЛОШКИ И ПСИХОМОТОРИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ


ГЛУВОНЕМИТЕ ДЕЦА
Важно е наставникот по физичко воспитување да биде информиран за основните
каркатеристики во биомоторичкиот развој кај глувонемите деа кои исто така се школуваат
во училишта за ученици со пречки во развојот. Ова заболување се јавува на два начина.
Првиот начин е од вроден оштетување на слухот и вториот начин е кога детето го губи
слухот пред да ги изговори првите зборови. Постои полна глувост кај двете форми.
Притоа, децата не се во состојба да си го слушат својот глас како и гласот или шумот на
другите. Затоа и остануваат неми. Овој недостиг создава тежок живот за детето. Овие
деца се повлечени во себе, осамени, а причината е нивната невозможност за нормална
комуникација со средината којашто ги заобиколува. Невозможноста да се применат
вообичаените методи на обучување, образување, воспитување создава пречки и во
мисловните, односно психичките процеси. Недостигот на слухот, организмот се труди да
го компензира со перцепција на кожата и коските, но тоа не е доволно да се создаде
вистинска компензација и да го замени слухот. Овие деца ја користат мимиката како
основно средство за комуницирање која се усвојува во училиштата за ученици со пречки
во развојот. Меѓутоа, треба да се напомене дека овие деца моторички би можеле добро
да се развиваат доколку со нив се работи уште од првите училишни денови. Познато е

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

дека пречките на моторичката зона доаѓаат како резултат на вестрибуларниот апарат –


анализатор. Карактеристични се бавност во движењето и нарушена координација. Како
резултат на изоставувањето на моторичката активност, експлозивната сила, снаоѓањето во
просторот и времето се слабо развиени. Познавајќи ги овие специфичности, наставникот
по физичко воспитување треба сите методски, методолошки и организациони средства да
ги прилагоди, односно да ги подобри оние димензии преку програмираните телесни
движења што изостануваат од нормалниот развој.
Теоретско-практичните генерализирани и систематизирани сознанија не
потврдуваат големи разлики помеѓу нормалните и глувонемите деца во смисла на
антропометриските димензии како што се волуменот и масата, поткожното масно ткиво,
лонгитудијалните и трансферзалните димензии. Како што беше веќе напоменето,
исклучок прават координацијата во времето и просторот, односно
простотрновременските елементи. Снаоѓањето во просторот и изведбата на телесните
вежби се забавени.

5.13.9. АНТРОПОЛОШКИ И ПСИХОМОТОРИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ


СЛЕПИТЕ ДЕЦА
Основен проблем во изведувањето на физичките активности со овие деца е што не
се во состојба да го примаат живиот одраз на предметите што ги опкружуваат во
просторот и времето во средината каде што живеат. Како резултат на тоа, кај овие деца се
развиваат компензаторните механизми, како што се слухот и говорот.
Проприорецептивните механизми во кожата и коските се добро развиени, втор сигнален
систем, исто што значи нормална психичка активност. Претставите за средината што ги
обиколува ги создаваат со компензаторните механизми. Преку континуираното
усовршување на корелацијата помеѓу слухот, осетот, вкусот – кинтеичките
проприорецептори детето може да создава претстави за околината што го опкружува, за
формата, големината, мирисот, вкусот итн. Наставниците и родителите во создавањето на
претставите имаат исклучиво важна улога во смисла на боите и временско-просторните
елементи.
Во предучилишната возраст се усовршуваат основните движења на долните и
горните екстремитети, координацијата на прстите и пространствените елементи.
Координацијата на движењата им е целосно нормална. Антрополошки разлики во
компарација со другите деца кои посетуваат училишта за ученици со пречки во развојот
нема. Моторички се со послаби резултати од децата со нормален вид. Специфичност во
наставата по физчко воспитување им е тоа што ги избегнуваат телесните движења со
голема амплитуда, кое произлегува од тоа што немаат точна претстава за предметите кои
се наоѓаат околу нив. Погодна форма за физичко воспитување е основната гимнастика во
место и народните ора, односно фолклорот. Часот по физичко воспитување кај овие деца
треба да биде насочен кон веќе споменатите елементи од телесните движења на човекот.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Наставата кај децата со говорни пречки се изведува како икај другите деца со стандарден
– нормален психофизички развој.

5.13.10. ИНДИВИДУАЛНА ПРИМЕНА НА ФИЗИЧКАТА КУЛТУРА ВО


УЧИЛИШТАТА ЗА УЧЕНИЦИ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ
Во наставниот процес по физичко воспитување во училиштата за ученици со пречки
во развојот, покрај образование, воспитните и здравствените задачи се решаваат со
специфични задачи. Овие специфичности кои произлегуваат од можностите на учениците,
односно од карактерот на нивните психофизички пречки, класичната медицина не е во
состојба да ги реши целосно, туку делумно. Затоа се јавува потребата од овие училишта
од тимска и системска работа со лекувачко-педагошки задачи, со корекционо-
компензаторно дејство врз учениците. Решавањето на овие задачи значително го
отежнува часот по физичко воспитување, односно наставниот процес. Затоа, училиштата
од овој вид треба да имаат своја наставна програма по физичко воспитување, со
специфична содржина, обем на материјална база, сопствени нормативи за интензивноста
и специфична сопствена методика на работата во зависност од дефектот.
Во таа смисла, корекционите и компензаторните задачи на физичкото воспитување
во овие училишта со децата со умствен недостаток би требало да ги програмираат
телесните вежби во смисла на усовршување на движењата и отстранување на пречките во
физичкиот развој да ја подобруваат целокупната моторика и да го отстрануваат лошото
телесно држење. Високата ефективност е зависна од откривањето на точниот телесен
дефект од прв ред, втор ред, до корекција на целото тело. Овие ученици имаат потреба
од специјален приод и мотивирање за секоја вежба, потреба од перманентна корелација
за формирање на правилно темпо на работа, внимание во распределувањето на силите,
трошењето на енергијата. Се јавуваат проблеми во различна психичка недоразвиеност,
при што наставникот треба даги класифицира овие деца во подгрупи со слични можности,
кои не треба да бидат поголеми од 3-5 ученици. Моторичките способности се изведуваат
по намалени нормативи, приложувањето на општите дидактички принципи се врши
индивидуално. Единствен пат за постигнување на висок успех во усовршувањето на
телесно вежбање и корегирање на наставно-лекувачкиот процес според индивидуалните
аномалии на децата. Овој наставен процес по физичко воспитување задолжително треба
да се комбинира со групи од кинезитерапија и примена на применета кинезиологија со
клиничко-корективни третмани на скелетно-мускулниот апарат преку специјално
мануелно програмирано третирање кај децата со поголеми деформитети, осовено таму
каде што има повеќе од 20 степени на искривување на ниво од колумна вертебралис.
На овие часови по физичко воспитување треба да се води сметка за
интелектуалната активност преку специјално обучување за запомнување на хронолошката
примена на вежбите, да се поддржува вниманието за приклучување од една вежба во
друга, перманентно да се даваат инструкции, објаснувања, поттикнувања.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Успехот на часот по физичко воспитување зависи од рационалноста на примената


на вежбите, бројот на вежбите не треба да биде голем. Материјалната основа треба да
биде голема, развновидна, интересна за децата, да создава интерес, расположение.
Пожелно е да се употребува огровниот метод за развој на координацијата и прецизноста,
како што се фрлање во кошаркарски кош, примена на различни елементи од ракометната
игра, одбојкарската игра, елементи од игрите прилагодени на способноста и возраста на
децата. Методски треба особено да се внимава наставникот да не се вовлекува во
игровните елементи поради тоа што може да се случи да се изгуби контролата во
оптоварувањето на децата.
Во наставниот процес со глувите деца, решавачка улога уграат нагледните методи,
односно видот. Преку видот се реализира животниот одраз на околната средина и
целокупната демонстрација на наставната работа што детето ја реализира врската со
предметите коишто го опкружуваат, како и врската помеѓу ученикот и наставникот. При
разработувањето на општите дидактички и специјално методолошките принципи треба
да се има предвид следново: системно да се следи и активира работата на учениците на
часот по физичко воспитување, усвојувањето на наставниот материјал, да се почитуваат
принципите на нагледност и достапност, да се реализира теоретско-практичната замисла
од конкретното кон апстракното. Да се оформуваат знаења и умеења од областа на
корисноста на примената на телесните движења, самостојна примена на стекнатите
знаења и умеења по физичко воспитување и да се изведуваат самостојно.
Треба да се решаваат следниве корекциско-воспитни задачи: вниманието на
децата да се насочува прво кон голбалното и грубо усвојување на телесните движења, да
се создава смисла за правилна претстава на движењата, да се создава можност за свесно
применување на телесните движења, а особено да се води сметка за примената на
телесните вежби да не биде механичка и визуелна пресура. Специфична задача на часот
по физичко воспитување е да се помага за развивање на перцепцијата на другите
рецептори. Пеку посебен избор на елементи од фолклорот придружени со звуковни
сигнали (музички инструменти) да се поддржува планирано темпо и ритам, иако се
глувонеми. Да се развиваат допирните чувства преку допир од страна на наставникот на
телото од ученикот како сигнал за корекција на движењето. Се планираат посебни вежби
за развивање на целокупната моторика на физичката способност и прилагодување за
потребите на производствениот труд кај овие деца. Специјално треба да се работи за
зголемување на издржливоста, а тоа може да се реализира кога се работи
продолжително со здравите анализатори. Исто така, на часовите по физичко воспитување
треба да се води сметка за развивање на вестрибуларниот апарат за координација. Овој
начин на задолжителна настава на часот по физичко воспитување треба да се комбинира
и со вончасовни активности со специјално разработена програма од физички елементи,
прилагодена кон нивните способности. Тоа помага за подобрување на функциите и на
говорно-моторичкиот анализатор.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

Часот по физичко воспитување со слепите деца е тесно сврзан со тешкотии кои


произлегуваат од недостигот на видот. Посебно треба да се има предвид ограниченоста
на движењето во просторно-временските елементи и предметите кои се наоѓаат околу
овие деца, непознавањето на околината што ги опкружува. Од тука произлегуваат
теоретско-практичните сознанија за специфичностите на часот по физичко воспитување со
цел преку програмираните телесни вежби, да се даде што поголем придонес, заедно со
другите наставни кадри (педагог, психолог, лекар, наставник по физичко воспитување,
применет кинезиолог, социјален работник и другите општествено-политички структури) за
социјализирање на слепиот човек, односно да се вклучи во општествениот живот.
Во таа смисла, преку физичкотовоспитување потребно е кај овие деца да се
создава претстава за правецот на движење, за положбата на телото, за амплитуда на
движењето, за преодните фази на движењето.
За да може да се постигнат вака поставените задачи, потребно е да се развиваат
способностите за ориентирање во просторот и слободно, самостојно движење во
средината во која се наоѓаат, почнувајќи од помали растојанија до совладување на
поголеми, борба со пасивноста на некоординираните движења, формирање на
специфични умеења и знаења, физичка корекција, односно отстранување на телесните
деформитети, правилно телодржање.
Тешкотии во обучувањето на овие деа има многу, особено по физичко
воспитување, бидејќи методот на демонстрирање не може да се користи, а тоа
овозможува големо губење на време, особено во почетокот на усовршувањето на кое
било телесно движење. Освен тоа, сопствената самоконтрола е невозможна за начинот на
изведба на телесните движења што бара континуирана корекција со збор од страна на
наставникот. Треба да се има предвид дека не треба на часот по физичко воспитување да
се изучуваат повеќе од две задачи. Усвојувањето на ново градиво и повторувањето треба
да се работи при оптимално физичко оптоварување и да се користат елементи од
гимнастика, спортски игри, танци, строеви, вежби, одење на ниско поставена греда, разни
игри со барање на предмети, како и елементи од ритмичко-спортска гимнастика. Кај овие
деца ехолакацијата е особено развиена и тоа треба умешно да се користи од наставникот.
Од посебно значење е способноста на наставникот вешто и рационално да се служи со
говорниот метод, да умее јасно да објаснува, раскажува, опишува, објаснува.
Преманентните укажувања, корегирања, непрекинато го збогатуваат слепото дете со нови
знаења.
Целата оваа работа треба да биде потпомогната и од блиските на овие деца, а
особено од родителите, како и од целото општество со постојано зголемување на
материјалната основа која е многу важна во целокупното нивно приспособување и
социјализирање.

Вовед во кинезиологијата
А. Џамбазовски - Кинезиолог

1.

Вовед во кинезиологијата

You might also like