You are on page 1of 9

УНИВЕРЗИТЕТ „Св.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СКОПЈЕ


ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРАВЈЕ
______________________________________________________________________

Кандидат: Билјана Блажевска

Проектна задача

ТЕМА:
Трансформација на Факултетот за
Физичка Култура во Факултет за Кинезиологија

Предмет:
Теорија на кинезиолошката антропологија

Ментор: Проф. д-р. сци. Митричка Џ. Старделова

Скопје, февруари 2022 година


СОДРЖИНА

Вовед .....................................................................................................................................................3
Поим за кинезиологија и нејзин развој.........................................................................................3
Кинезиологијата како наука и нејзина поделба..........................................................................5
Кинезиолошки активности и нивна поделба според различни критериуми....................6
Трансформација на Факултетот за физичка култура во Факултет за Кинезиологија...8
Вовед

Потребата од трансформација на Факултетот за Физичка Култура во


Факултет за Кинезиологија е повеќе од очигледна и потребна, особено од аспект
што кинезиологијата претставува многу поширок и посеопфатен поим.
Воведувањето на нејзините принципи и методи се од особена важност имајќи ја во
предвид нејзината револуционерна улога во човековиот развој од биолошко кон
општествено суштество.

Поим за кинезиологија и нејзин развој

Кинезиологијата се нарекува наука за човековото движење и проучување на


механиката во човечкото тело во поглед на неговите перформанси и функција.
Поимот кинезиологија е составен од два збора, односно зборот „кинези“ што значи
движење и зборот логос што значи наука.
Предмет на интерес на кинезиологијата се проблеми од таква природа што
не можат да се опфатат од ниедна друга научна група, а воедно да се
разгледуваат како задолжително самостојни. Затоа кинезиологијата претставува
самостојна наука за движењето на човекот, нарекувајќи антрополошка
кинезиологија или само кинезиологија. Луѓето кои се занимаваат со истражување
на физичките вежби кои се во функција на човекот, се нарекуваат кинезиолози.
Развојот на кинезиологијата датира уште многу одамна, кога се појавиле
елементарните форми на физички вежби кои ги извршувал човекот, а кои
допринеле за негово развивање и усовршување како биолошко суштество. На
почетокот, физичките вежби биле непрограмирани, составени од различни
манипулации кои допринеле до развој и усовршување на екстремитетите, телото
и главата на човекот, за потоа квантитативните промени да прераснат во
квалитативни. Подобрувањето на квалитетот на живот на човекот под влијание на
кинезиолошките вежби се согледало во неговото усовршување како биолошко
суштество, кое пропратено со борбата за егзистенција биле причина за развој на
кинезиолошкото мислење.
Пренесувањето на знаењето, односно кинезиологијата првично се
пренесувала од татковците кои ги подучувале своите синови и свесно им ги
покажувале вежбите, што значи дека уште во тоа време се одржувале првите
организирани часови по кинезиологија. Како последица на ова се развила
движечката работна моторика, односно способноста на човекот да покажува и да
дава различни објаснувања за различните вежби. На овој начин, покрај телото
непрекинато се усовршувал и мозокот, односно се развивала координацијата,
рамнотежата, точноста, спретноста итн. за во еден момент човекот се исправи и
престане да ги употребува горните екстремитети при движење, да збори и да
размислува.
Всушност, со развојот на кинезиолошкото мислење човекот почнува да се
разликува од животните, т.е. од мајмуните. Развојот на свеста и интензивниот
развој на работната моторика кај човекот извршило револуционерно
трансформирање на човекот во биолошко сушстество – процес кој сė уште трае,
односно не е завршен.
Развивањето на кинезиолошкот мислење и неговото влијание врз
човековата трансформација, појавата на првите организирани часови по
кинезиологија претставуваат причина за развој на првите две најстари научни
дисциплини: кинезиолошката психологија и кинезиолошката педагогија – темелите
на кинезиолошкото образование и образованието воопшто. Првите кинезиолози
биле лекари, филозофи, учители итн., а развојот се одвивал од елементарните
форми на почетната кинетичка култура па сė до физичка култура, односно
богатство од вежби, различни форми на кизеиолошко образование. Во процесот
на самиот развој на човекот, од физичко оптоварување се преминува на
психолошко оптоварување, што значи дека денес физичката култура се
трансформира од култура во наука за човековите вежби која ги проучува свесните
и несвесните форми на вежбите, нивното влијание и дејство врз човекот како
систем, како и што се случува со човекот под влијание на тие вежби.
Според ова можеме да потврдиме дека кинезиологијата не е
интердисциплинарна ниту мултидисциплинарна, туку претставува самостојна
наука со своја движечка сила на влијание врз човекот како систем. Таа ги
анализира промените кои настанале под нејзино влијание, односно под влијание
на кинезиолошките движечки активности, хипер или хипо кинезии и колку и како
влијае врз човечкиот организам како организирана практика. Овие резултати се
мерливи, што ја прави кинезиологијата блиска до егзактните науки, со свој
предмет на истражување, точно определени задачи и методи на работа.
Кинезиологијата не претставува спорт сама по себе, иако ја опфаќа
движечката онтогенеза и филогенеза. Таа влијае на зголемување на животниот
век на човекот, а нејзината крајна цел е да го да го усовршува човекот како
биолошко суштество и да го трансформира во општествено суштество.
Кинезиологијата игра голема улога во социјализацијата и ресоцијализицијата на
личностите на повеќе нивоа, не само локално, туку во рамки на државата, па и
интернзационално, рушејќи ги територијалните граници. Пример за ова влијание
на кинезиологијата се различните спортски манифестации: олимписки игри,
натпревари, итн.
Кинезиологијата како наука и нејзина поделба

Како што кажавме, конезиологијата претставува научна дисциплина која ги


означува, анализира и евидентира промените кои настанале во организамот на
човекот под влијание на различните кинезиолошки активности. Овие резултати се
мерливи, односно мерливи се излезните резултати од кинезиолошките стимули
кои се прават врз човечкиот организам, односно стимилите кои имаат свој
иницијален почеток на влијание. Влијанието што одредените кинезиолошки
активности спроведени низ повеќекратни тренинзи го имаат врч човечкиот
организам се согледаат во одредреден период, на пример: една седмица, еден
месец, година итн. Односно кинезиологијата ја евидентира почетната состојба и и
анализира каде, т.е. на кое кинезиолошко ниво се наоѓаат моторно
функционалните разлики за одредено време, односно ги потврдува законите на
движечката ефикасност или неефикасност, односно процесот на тренирање,
оценувајќи ги како слаби, јаки и супер јаки кинезиолошки програми.
Кинезиологијата, како и секоја друга научна дисциплина, се дели на:
 систематска кинезиологија
 специјална кинезиологија
 применета кинезиологија
Систематска кинезиологија е наука која ги општите закономерности на
максималната движечка ефикасност во кој што се вклучуваат фундаменталните
научни дисциплини: кинезиолошка теорија, физиологија, кинезиолошка медицина,
кинезиолошка методика, кинезиолошка статистика, кинезиолошка биомеханика и
други.

Систематската кинезиологија од своја страна се дели на:

 диференцијана кинезиологија која ги проучува разликите на движечката


филогенеза онтогенеза помеѓу машкиот и женскиот пол

 генетска кинезиологија која ги проучува различните движечки способности,


колку се тие наследни и колкава е можноста за подобрување со употреба
на средствата на програмираните кинезиолошки активности.
Специјална кинезиологија е наука која ги изучува биолошките,
психолошките, функционалните законитости на една специјалност како научна
дисциплина, на пример: кинезиолошка медицина, кинезсиолошка физиологија,
биомеханика, биохемија, кинезиолошка психологија. кинезиолошка педагогија.
Применета кинезиологија е наука која всушност се однесува на
практикувањето на различни спортови, како: атлетика, фудбал, одбојка, ракомет,
кошарка итн.
 праксолошка поделба кинезиологијата која од своја страна се дели на:
предучилишна и училишна, производна, спортска, рекреативна, воена,
сообраќајна, геронтолошка кинезиологија, медицинска кинезиологија и
журналистичка кинезиологија

Кинезиолошки активности и нивна поделба според различни


критериуми

Кинезиолошките активности според формата и содржината можат да се


поделат според тоа:
 дали резултатот на некоја кинетичка активист е мерлива величина;
 дали резултатот е од моноструктурна циклична природа;
 дали основната цел на една вежба е од полиструктурна природа и е од
ацикличен тип
 дали вежбите се од циклична или ациклична природа;
 дали целта на една вежба е погодување на една точка со топка, копjе, ѓуле,
куршум...;
 дали целта на една вежба е да се премине одредено растојание за
одредено време;
 дали целта на вежбите е изведување на конвекционални движечки модели;
 дали целта на некои вежби е: игра, борење, мечување е симб победа на
противникот;
 дали вежбите се со сопствена сила или со туѓа сила;
 дали вежбите се по договор, пример: уметничка гимнастика, спортска
гимaнcтика, основна гимнастика.

Додека, според формата и структурата, кинезиолошките активности


можат да се поделат на пет таксономски групи:

I. Mоноструктурни кинезиолошки активности oпфаќаат вежби кои се


изведуваат циклично или ациклично, а резултатите се независни од членовите на
колективот. Основна цел на вежбата е да се совлада времето и просторот.
Пример се индивидуалните спортови: атлетика, пливање, итн.
II. Полиструктурни кинезиолошки активности опфаќаат вежби каде
што се застапени движења од ацикличен тип, при што крајниот резултат е
симболична победа над противникот.
Пример се боречките вештини, џудо, карате, итн.
III. Полиструктурни комплексни активности опфаќаат вежби кои
претставуваат комбинација на активности со цикличен и ацикличен карактер. Кај
овие активности резултатот зависи од вложениот труд на секој член на тимот, а
главната цел е да се погоди голот.
Пример се фудбалот, ракометот, кошарката, итн.
IV. Полиструктурни конвенционални вежби опфаќаат вежби од
ацикличен тип, кои се изведуваат согласно претходно пропишан договор и
стандарди, а имаат за цел да се исполнат одредени естетски критериуми со
оценка на амплитудата на вежбите на редоследот на движечките фази, на
квалитетот со кој се извршува движечкиот модел, па сė до завршната фаза.
Пример се уметничката гимнастика, скокови во вода, итн.
V. Група на кинезиолошки активности кои се изведуваат со лична и
туѓа сила овие активности опфаќаат полиструктурни движечки активности во кои
крајниот резултат се зависен од личната сила и способност на поединецот и од
туѓата сила.
Пример се автомобилизмот, мотокросот, летањето, падобранството, итн.
Поделбата на кинезиолошките активности по интензивност опфаќа
поделба и според интензивноста на спроведувањето на тренинзите, нивниот
обем, односно според времетраењето на изведувањето на истите, според
ритамот и темпото со кои се изведуваат одредени задачи за движење на телото,
како и моделите на изведувањето, односно кинезиолошките програми.
Според интензивноста, кинезиолошките активности се поделени на:
 краткотрајни кинезиолошки активности со максимална интензивност каде
времетраењето на движењето е до 3 минути
 кинезиолошки активности со субмаксимална интензивност каде
времетраењето на движењето до 20 минути
 кинетоплошки активности со средна интензивност каде времетраењето на
движењата е над 20 минути
Кинезиолошките активности кои отстапуваат од максималната
интензивност, над и под, се нарекуваат хиперкинезија или хопокинезија,
респективно. Одговор на сите проблеми може да се најдат во антропополошката
кинезиологија, односно кинезиолошките активности.
Поделбата на кинезиолошките активности според манифестност и
латентност ја вклучува формата, структурата, амплитудата и интензивноста на
изведувањето на самите вежби. Она што е видливо при изведувањето на
кинетичките активности, како на пример: темпото, ритамот, движењето на телото,
насоката на движење на телото, времетраењето, естетиката, точноста на
движењата, рамнотежата, координацијата, правецот на движење, преодната
положба на телото и крајната положба на телото при завршувањето на
кинезиолошките активности, ја претставуваат сликата на изведбата на истите која
се нарекува манифестна кинезиологија.

Трансформација на Факултетот за физичка култура во Факултет


за Кинезиологија

Имајќи го во предвид предметот на изучување на кинезиологијата, методите


кои ги применува, принципите на кои се заснова, мерливите резултати и нејзината
револуционерна улога во човековиот развој од биолошко кон општествено
суштество, неопходно е нејзиното воведување и трансформација на образовниот
систем. Ова е од особена важност имајќи ја во предвид потценетоста на
физичкото образование во општеството.
Проблемите кои ги решава кинезиологијата се од единствена природа и не
може да се разгледуваат во рамките на ниедна друга наука, освен во рамките на
кинезиологијата како наука за човековото движење. Кинезиологијата претставува
хуманитарна наука изучувајќи го човекот во најширока смисла на промените кои
што настануваат во неговиот систем под влијание на кинетичките активности.
Луѓето што се занимаваат со истражување на физичките вежби кои што се во
функција на човекот се нарекуваат кинезиолози.
Од овде произлегува потребата од нова научна терминологија и
издвојување на кинезиологијата како самостојна наука. Примената на
кинезиологијата се служи со научни методи, за утврдување на промените кои
настануваат под влијание на средствата што ги користи. Промените кои се
анализираат како резултат на кинетолошките активости се мерливи и од нив може
да се донесат соодветни закони и законитости. На овој начин разликите кои сега
се јавуваат помеѓу физичката култура и нејзиниот низок научен статус во
општеството ќе бидат надминати со воведувањето на кинезиологијата и со
формирањето на многу повисок научен статус, што ќе допринесе за големување
на нејзината улога и значење во општеството, а со тоа автоматски ќе порасне и
социјалниот статус на структурата, односно угледот на професијата кинезиолог.
Согласно тоа, неопходната трансформација на Факултетот за Физичка
култура во Факултет за кинезиологија ќе го зголеми квалитетот наспроти
досегашниот квантитет во образованието, ќе допринесе и за проширување на
перспективите за развој и ќе овозможи дескрипција на појавите, односно ќе може
да ги предвиди промените кои настануваат под влијание на кинезиолошките
активности врз самиот човек.
Ова дополнително е поткрепено со фактот дека структурата на
кинезиолошките активности и нивното влијание врз човековиот организам се
налага потребата од трансформација на терминологијата за човековите движења,
започнувајќи со факултетите, титулите, правата и задолженијата кои
произлегуваат од новата терминологија во трансформацијата на Факултетот за
Физичка Култура во Факултет за Кинезиологија.
Промените кои би се опфатиле со трансформацијата на Факултетот за
Физичка култура во Факултет за Кинезиологија опфаќаат:
 Промена на звањата и титулите на дипломираните студенти во
Дипломиран Кинезиолог,
 Промена во називот на часовите по физичко образование во часови по
кинезиолошко здравствено образование и спорт,
 Промена на образовната програма која ќе вклучува програми со различни
по сила и структура дразби кои ќе влијаат и ќе предизвикаат промени во
функционалните, моторните, конгитивните, конативните способности на
човекот,
 Промена на учебниците, креирање на дополнителни помагала за сите
сфери и професии.
Промените кои ги опфаќа овој процес треба на широко да се
имплементираат во општеството, науката и образованието, а кинезиологијата како
самостојна наука ќе добие статус на дисциплина, како и останатите научни
дисциплини.

You might also like