You are on page 1of 17

Физичките вежби, всушност, се функција на

локомоторниот систем. Коските, мускулите и зглобовите се


органи кои најнепосредно се изложени на дејство на
физичките вежби. Со забрзување на крвотокот при движење
доаѓа до промени на метаболизмот на цлиот локомоторен
систем со позитивно дејство врз неговата функција. Помеѓу
движечките мускули и кората на големиот мозок течат
непрекинати аферентни и еферентни импулси. Секое
движење настанува под влијание на движечките импулси
испратени од кората на големиот мозок. Под влијание на тие
импулси во мускулот се случуваат низа биохемиски
промени. Штом соодветен импулс ќе стигне во мускулот, во
него почнува разлагање на аденизинтрифосфорната
киселина и гликогенот и притоа се создава движечка
енергија. Краен продукт од разлагањето на гликогенот е
млечната киселина. Ова е бескислородна фаза на
процесот. Штом се зголемува содржината на киселите
продукти во мускулите, доаѓа до дразнење на
хеморецепторите, кое се предава во центарот за дишење и
вазомоторните центри на ЦНС. Тоа по рефлекторен пат го
задлабочува и забрзува дишењето.
Забрзаното дишење условува и забрзана работа на
срцето. Се подобрува крвотокот во мускулите, што дава
зголемен проток на хранливите материи и нивното
подобро искористување, а отпадните состојки брзо се
отстрануваат од мускулот. Ако вежбите се редовни,
мускулните влакна најадруваат, ја зголемуваат својата
еластичност, им нарастува силата, стануваат
поиздржливи и поработоспособни.
Доколку мускулот се остави долго време без
движење (гипс и сл.), аферентните и еферентните
импулси го забавуваат своето протечување. Тоа
доведува до избледување или угаснување на условно
рефлексните врски. Крвотокот во мускулот се забавува,
со тоа приливот на хранливите материи се намалува и
хранењето се влошува. Мускулните влакна се
истрануваат, атрофираат и доколку мирувањето
продолжи долго време, во мускулните влакна се
развиваат дегенеративни промени.
Под влијание на вежбите се подобрува и
метаболизмот на Ca и неговото подобро и
поинтензивно таложње на коските. Забрзаната
циркулација ја збогатува и исхраната на коскеното
ткиво. Поради тоа тие стануваат поздрави и
поиздржливи. И обратно, долго мирување доведува
до разредување на коскеното ткиво – остеопороза
која ги прави покршливи и го забавува низвното
зараснување што е особено важно при фрактури на
коските.
Под влијание на вежбите настануваат и голем
број промени во зглобот, кои изостануваат кога тој
мирува. Зглобовите се споеви на две коски кои
овозможуваат движење.
Краевите на коските не се споени, туку одвоени
со зглобен простор и покриени со зглобна ‘рскавица
која го намалува триењето. ‘Рскавицата се храни од
синовијалната течност по пат на осмоза. Однадвор
зглобот е прекриен со зглобна капсула коа е
еластична и содржи многу сврзни влакна.
Синовијалната обвивка ја прекрива зглобната капсула
одвнатре и создава синовијална течност од нејзините
крвни садови.
Со движење, синовијалната обвивка добро се
снабдува со крв и притоа се одделуваат доволни
количества синовијална течност. ‘Рскавицата се
храни добро, се зачувува меѓузглобниот простор во
нормални граници, што му овозможува добра
подвижност на зглобот.
Ако зглобот се обездвижи за подолго време,
синовијалната обвивка не се оросува со свежа крв.
Поради тоа се намалува синовијалната течност.
Зглобната ‘рскавица не се храни добро и во неа
настануваат дегенеративни процеси, исчашување и
развлакнување. Полека се намалува меѓузглобниот
простор, а од синовијалната обвивка, точно таму каде
што се допира со ‘рскавицата, почнува да расте
сврзно ткиво. Зглобната капсула се збрчкува, ја губи
еластичноста и полека се намалува подвижноста во
зглобот. При подолго мирување настапува фиброзна
анкилоза со потполно губење на функцијата на
зглобот.
Движењето е живот за локомоторниот систем.
Патериците и бастунот претставуваат помошни
средства со кои се подобрува рамнотежата, се растоваруваат
долните екстремитети од тежината на телото при стоење и
одење.
Се употребуваат најразновидни патерици и бастуни,
но најчесто потпазувни патерици, кои можат да бидат со
постојана, фиксирана или променлива должина.
За одредување на должината на патериците или
бастунот, неопходно е претходно мерење. Мерењата можат
да бидат во легната положба, но најдобро е ако пациентот
стои. Се мери должината од предната аксиларна бразда до
врвот на чевлите, а за болните кои лежат до врвот на петите.
Мерењата за носење бастун се прават од врвот на трохантер
мајор до подот.
Кај болните кои носат патерици најпрво се почнува со
вежби за јакнење на мускулатурата на рацете и рамениот
појас, а потоа вежби за рамнотежа и координација.
На каков начин ќе оди пациентот со две
патерици многу зависи од патолошката промена.
Доколку се работи за фрактура која нема калус (на
долните екстремитети), тогаш пациентот се учи за
одење без нагазнување и притоа тој треба природно
да ја држи ногата како би се избегнало создавање
лоша шема за одење кога пациентот ќе оздрави.
Во процесот на создавање на калус кога тој се
уште не е солиден се дозволува лесен нагаз (со
лизгање на подот). Тогаш, кога калусот ќе биде
солиден, нагазот е полн и слободен. Во зависност од
создавањето на калусот и под надзор на лекар се
отфрла најпрво едната, па потоа и другата патерица.
Одењето со патерици се врши на повеќе
начини и секој пациент треба да знае барем два.
1. Наизменично двотактно одење
Десната патерица и левата нога истовремено,
левата нога и десната патерица истовремено.
2. Тритактно одење
Двете патерици напред истовремено, потоа болната
и најпосле здравата нога.
3. Четиритактно одење
Тоа е наизменично и личи на нормалното одење.
Десната патерица – лева нова, лева патерица –
десна нога.
4. Одење со нишање на телото (со замав)
Ваквиот начин на одење има две варијанти, и тоа:
- Двете патерици истовремено напред, го
наведнува трупот кон напред и тежината од
телото ја пренесува на рацете и рамениот појас,
ги одделува нозете од подот и во замав ги
пренесува до патериците.
- Двете патерици истовремено напред, наклон на
телото кон патериците и со замав се пренесуваат
двете нозе пред патериците – пендуларно одење.
- Десна патерица, лева патерица, потоа целото
тело со влечење по подот на стапалата до
патериците.
Носењето бастун е за делумно растоварување
на повредениот долен екстремитет, а истовремено
да се зачува болниот ексремитет од преголемо
оптоварување.
При носење бастун основно правило е
бастунот да се носи со спротивната рака од
повредениот екстремитет и тоа поради следново:
Нормално движечките навики на човекот при
одење се такви што истовремено со чекорот напред
на едната нога, оди напред и спротивната рака. Тоа
го помага и потребната деротација на трупот при
секој чекор.
Подготовката на пациентот за носење
патерици започнува уште во креветот на болниот.
Вежба 1. Пп: Лежечка на плеќи, рацете се покрај телото,
нозете испружени. Болниот притиска со карлицата на
душекот. Со оваа вежба се намалува инклинацијата на
карлицата и се подобрува нејзиниот баланс за носење
патерици.

Вежба 2. Пп: Лежечка на плеќи, пациентот полека ја


поместува карлицата налево, а потоа надесно и притоа
колку што може повеќе да ја приближува до ребрата. Со
оваа вежба се вежбаат латералните мускули на стомакот кои
во голем дел учествуваат при одењето со патериците.

Вежба 3. Пп: Лежечка со рацете покрај телото. Пациентот


ги притиска рацете на душекот и полека ја подигнува
главата и горниот дел од телото, притоа лактите остануваат
свиткани. Лактите полека се исправаат и пациентот доаѓа до
седната положба. Вежбата ги засилува депресорите на
рамената и екстензорите на лактите.
Вежба 4. Пп: Седечка со дланките на душекот,
рацете исправени. Полека ја подигнува карлицата и
целото тело нагоре и притоа се потпира на рацете.

Вежба 5. Пп: Лежечка со лицето кон душекот,


рацете свиткани во лактите и потпрени на душекот
во висина на градниот кош
1. Пациентот полека го дига телото нагоре,
потпрен на рацете.
2. Се враќа во почетна положба.
Нервниот систем го сврзува човечкиот организам
како целина, а и со околната средина, по пат на
безусловни и условни рефлекси. Дразнењето на екстеро-,
проприо- и интерорецепторите се трансформира во
импулси кои одат до кората на големиот мозок и ги
возбудуваат соодветните центри. Нивното постојано
бомбандирање при физички напор го стимулира ЦНС во
сите негови функции. Се подобрува циркулацијата, а со
тоа и неговата исхрана. Се стимулира работата на кората
и супкортикалните центри со засилување на постојаните
и воспоставување на угаснатите условно рефлексни
врски, па дури и создавање нови, слични на оние кои се
изгубени поради болест, а блиски по функција и положба
на изгубените и со тоа се создаваат нови центри во
кората. Се создаваат нови движечки навики (стереотипи)
во чија основа лежи големата функционална пластичност
на кората на големиот мозок.
Движењето предизвикува редица безусловни рефлекси
и создава во кората многу нови условно-рефлексни врски.
Сето тоа го развива и усовршува рецепторниот механизам
на организмот на болниот. Во голем степен се регулираат,
подобруваат и усовршуваат кортико-висцералните и
висцеро-кортикалните рефлекси. Засилениот проток на
импулсите низ нервните патишта доведува до нивно
функционално засилување и зголемување на
спроводливоста. Импулсите се предаваат брзо. Кога
вежбите се изведуваат долго и систематски се создава
состојба на тренираност на целиот нервен систем.
При долго мирување настануваат обратни процеси.
Рецепторите не се дразнат поради неактивност. Се
намалуваат или престануваат да течат аферентните и
еферентните импулси меѓу рецепторите и кората на
големиот мозок, поради што избледуваат или угаснуваат
условно-рефлексните врски.
Во важните центри на нервниот систем можат да
се развијат процеси на потискање, така што
физиолошките механизми во организмот се сведуваат
на животен минимум. Хармоничното заемно дејство
меѓу органите и системите се нарушува. Нервниот
систем губи возможност да реагира на соодветната
дразба. Како последица на тоа настапува нарушување
на главните системи – кардиоваскуларниот и
респираторниот, а и на другите системи.
Движењето поволно дејствува и ја тонизира во
позитивна смисла психичката состојба на пациентот.
Позитивните емоции кои се создаваат при вежбите ги
потиснуваат негативните, создадени од болеста.

You might also like