You are on page 1of 10

Дигестивен систем кај

човекот!
Дигестивен систем кај човекот:
Дигестивниот систем кај човекот
има за задача соодветно да ја
преработи храната која ја
внесуваме за да може истата да
биде искористена од нашиот
организам. Оваа преработка на
храната се нарекува дигестија,
однсно “варење на храната“ и
токму затоа и дигестивниот систем
уште се нарекува и како систем за
варењe.
Варење на храната:
Дигестијата (варењето на храната) е При дигестијата протеините се разградуват
процес со кој се овозможува издвојување на нивните составни аминокиселини,
на основните хранливи материи сложените јагленохидрати (скробовите) се
(протеините, јагленохидратите и мастите) разградуваат на елементарните
од храната која ја внесуваме и нивно моносахариди (глукоза), мастите
разложување (разградување) на поситни (триглицеридите) се разградуваат на масни
честички (соедниненија), погодни за киселини и глицерол. Покрај овие основни
апсорбирање во крвотокот и нивно хранливи материи, преку храната во
понатамошно соодветно искористување. крвотокот се апсорбираат и други
Ваквото разложување на хранливите соединенија без кои не може да опстане
материи е неопходно, бидејќи истите како човекот, а тоа се витамините, минералите
такви не се растворливи во вода и не и водата. Но за овие соединенија не е
можат да поминат преку ѕидовите на потребна нивна разградба за да бидат
апсорбирачките клетки (рески) од тенкото успешно апсорбирани во крвотокот.
црево.
Уста:
Почетниот дел на дигестивниот систем е претставен
со усната шуплина која алтернативно е и почетен
дел на респираторниот систем. На базата таа е
ограничена со јазикот, лево и десно со образите,
горе со тврдото и мекото непце, а напред со усните.
Наназад е отворена и води во голтникот. Во неа се
сместени забите, јазикот и отворите од каналите на
плунковните жлезди. Тука доаѓа до првичната
физичко-хемиска обработка на храната. Кај
новороденчињата постои вроден рефлекс за
употреба на устата за цицање кој со текот на
времето исчезнува со употреба на поцврста храна и
промена на начинот на хранење.
Голтник:
Голтникот претставува заеднички орган на горните
делови од дигестивниот и респираторниот систем.
Сместен е во внатрешноста од вратот. Горниот дел
почнува од мекото непце, а долниот завршува со
раздвојување што оди кон дишникот и
хранопроводот. Во него се наоѓаат крајниците.
Голтникот ги насочува храната и воздухот кон
хранопроводот односно дишникот, а има важна
улога и при говорот.Во голтникот се одвива втората
фаза од голтањето кое во почетокот е рефлексно, а
потоа свесно контролиран акт. Со стегање на
кружните мускули залакот се истуркува кон
хранопроводот. На крајот од усниот дел од
голтникот постои мембранозна творба наречена
епиглотис која има функција на капаче, кое заедно
со надолжните мускули од голтникот спречуваат
навлегување на храна во дишните патишта при
процесот на голтање.
Плунковни жлезди:
Надвор од усната шуплина во регионот околу долната
вилица и под јазикот и внатре во неа, во лигавицата од
устата и на јазикот се сместени плунковните жлезди.
Тоа се жлезди со надворешно лачење што го помагаат
процесот на подготовката на храната за натамошна
обработка и почетно разградување на одделни
хранливи материи. Најголеми се плунковните жлезди
сместени надвор од усната шуплина, задушните,
подвиличните и подјазичните. Задушните жлезди се
најголеми, сместени се околу гранката на долната
вилица, по една лево и десно, имаат форма на
пирамида и се протегаат кон ушите. Плунката се влева
преку канал во устата, лоциран на ниво на горните
катници. Подвиличните жлезди се две, сместени под
подот на усната шуплина и се влеваат во устата низ
заедничкиот канал со подјазичните жлезди преку два
симетрични отвора под јазикот. Двете подјазични
жлезди се лоцирани под јазикот, а пред подвиличните
жлезди.
Хранопровод:
Хранопроводот е мускулен орган во форма на цевка со
должина од 25 до 30 см што го поврзува голтникот со
желудникот. Сместен е во три анатомски регии на телото:
вратот, градниот кош и стомакот. Ѕидот на хранопроводот е
изграден од четири слоја: надворешен, мускулен,
подслузокожен и слузокожен. Мускулниот слој е составен од
два типа мускули: напречно пругави, надолжно поставени
надворешно и мазни, внатрешно поставени кружно. Во
горната третина на хранопроводот се сместени само пругави
мускули, во средната комбинација на пругави и мазни
мускули, а во долната третина има само мазни мускули. Со
таквата градба се овозможува перисталтиката и се спречува
враќање на храната од желудникот во хранопроводот. Во
подслузокожниот дел се сместени езофагеалните мукозни
жлезди, а слузокожата е така изградена што обезбедува
доволна заштита од поминувањето на големиот волумен
храна и плунка.Функцијата на хранопроводот е да ги
спроведува плунката и голтнатата храна од голтникот во
желудникот со помош на перисталтички движења и да
оневозможува враќање на желудочната содржина.
Навлегувањето на храната во желудникот или враќањето на
содржината од желудникот во случај на повраќање е
регулирано од долниот мускул стегач на хранопроводот.
Тенко црево,Дебело црево и
Желудник:
Тенко црево:
Претходно сварената храна од желудникот преку тенкото
црево се ресорбира во крвта преку која се носи до сите
органи во телото. Нив хранливите материи им се потребни,
бидејќи од нив си создаваат енергија со помош на која
функционираат.
Дебело црево:
Дебелото црево ги транспортира непотребните материи и
мала количина вода до аналниот отвор, преку кој храната
ќе се исфрли како измет.

Желудник:
Желудникот е мускулест орган сместен во левиот дел од
стомачната празнина. Во него храната се вари- дигестира
под дејство на желудечната киселина, но исто така и се
дроби со стегање и опуштање на желудникот како
мускулест орган
Црн дроб и Панкреас:
Црн дроб:
Црниот дроб лачи жолчка која учествува
во варењето на маснотиите.
Исто така тој како лабараторија во нашето
тело врши разградување на хемикалии,
лекови, алкохол и др.
Панкреас:
Панкреасот е жлезда со две функции. Тој
лачи панкреасен сок кој ги разградува
хранливите материи. А исто така лачи
хормон инсулин кој го разградува шеќерот
во крвта.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ВНИМАНИЕТО:

Изработиле:Мила Кибтановска,Ива Илиќ,Михаела Панчевска и


Деспина Тодороска!

You might also like