You are on page 1of 2

Органски системи

 Систем за варење( Дигестивен систем)


 Систем за дишење( Респираторен систем)
 Систем за излачување( Екскреторен или Уринарен систем)
 Систем за движење( Локомоторен систем)
 Кожен систем
 Нервен систем
 Ендокрин систем
 Циркулаторен систем (крвоток)
 Репродуктивен систем

Систем за варење
Варење или дигестија претставува сложен физиолошки процес, каде што
хранливите материи, под влијание на физичката и хемиската обработка се
претвораат во форми погодни за ресорпција и транспорт преку крвта и лимфата.

Органите на системот за варење можат да се поделат на две групи:

 Дигестивен тракт, во чиј состав влегуваат: усна


празнина, голтка, хранопровод, желудник, тенко црево и дебело црево. По
должината на дигестивниот тракт се извршуваат двата основни
процеси дигестија и ресорпција на храната, а недигестираните материи се
исфрлаат од организмот.
 Дополнителни органи, кои учествуваат во процесите на дигестија преку
своите производи што ги излачуваат во дигестивниот тракт преку канали. Овде
спаѓаат плунковни жлезди, црн дроб и панкреас.

Систем за дишење
Системот за дишење или респирација е органски систем специјализиран за
овозможувањето на дишењето како еден од основните биолошки процеси кои го
условуваат животот. Кај посложено градените животни се јавуваат неколку видови
на органи за дишење, и тоа трахеи, кожа, жабри и бели дробови.
Трахеите се органи за дишење кај повеќето инсекти. Кожата служи и како орган за
дишење кај водоземците, додека жабрите се среќаваат кај рибите и
некои мекотели.
Органи: носна празнина, голтката, кој е заеднички орган за дигестивниот и респираторниот
систем, гласната кутија или гркланот, дишникот  и бели дробови , заедно со своите спроводни
цевки и воздушните торбички.

Систем на излачување
Системот за излачување или екскреторен систем е органски систем чијашто
основна функција е екскрецијата (излачувањето) на штетните или непотребни
материи (екскрети) од организмот. Негови основни органи се бубрезите,
мочоводите, мочниот меур и мочниот канал.

Систем на движење

Системот за движење, познат и како локомоторен систем, го


овозможува движењето на одделните делови на телото, како и движењето на
целиот организам во просторот. Кај без‘рбетниците, тој е претставен само и
главно со мускулниот систем, а кај ‘рбетниците со мускулен и со скелетен систем,
при што скелетот е пасивниот дел, додека мускулниот систем е активниот дел на
овој систем.

You might also like