You are on page 1of 4

дишење име и презиме______________________________

1. Кои се крајни продукти во процесот на дишење


А Кислород, вода и енергија 1
Б Гликоза, кислород и енергија
В Јаглерод диоксид, вода и енергија
Г Јаглерод диоксид, вода и гликоза

2. Во која од наведените органели се врши клеточно дишење?


А Голџиев апарат
Б Лизозом
В Рибозом
1
Г Митохондрија

3. Од процесот на дишење произлегува дека за да добиеме енергија потребни ни се три системи


А дигестивен, респираторен и крвоносен
Б респираторен, систем за лачење и крвоносен
1
В дигестивен, систем за движење и крвоносен
Г дигестивен, циркулаторен и екскреторен

4. ,,Без кислород нема живот,,- затоа што


А во негово присуство во клетките се создава гликоза и се ослободува енергија
Б во негово присуство хранливите материи се разложуваат и се добива енергија 1
В во клетките не може да се врши транспорт на хранливите материи
Г во клетките не може да се врши синтеза на белковини

5. Во зима кога надвор температурата е под нулата, нашето тело ја задржува телесната
температура околу 37 o С затоа што:
А телото е обвиткано со кожа која не дозволува температурата да се намали
Б крвта циркулира до сите клетки и ја разнесува топлината насекаде 1
В дел од енергијата од клеточното дишење се користи за затоплување на телото
Г е намалено потењето

6. Организмите енергијата за живот ја добиваат од храната која согорува во процесот на


А оксидација
Б дишење
В фотосинтеза
1
Д дигестија

7. Во кој дел од системот за дишење се произведува глас?


А Грклан
Б Голтка 1
В Грло
Г Душник

8. Која е улогата на капачето на гркланот?


А Да го затвора хранопроводот кога вдишуваме 1
Б Да го спречува влегувањето на храна во душникот
В Да го спречува влегувањето на воздух во хранопроводот
Г Да го спречува влегувањето на воздух во душникот

9. Кој од наведениве дишни патишта завршува со воздушни кесиња изградени од алвеоли?


А Гркланот
Б Душникот 1
В Бронхиите
Г Бронхиолите

10. Во кој од наведените возрасти сметате дека фрекфенцијата на дишење ќе биде најголема
при нормални услови?
А Новороденче 1
Б Дете
В Мајка
Г Баба
11. Зошто животните (кокошки, свињи) ги колат во пределот на вратот?
А Затоа што е најзгодно брзо да се оддели главата 1
Б Во него е сместен рбетниот мозок
В Во него е сместен продолжениот мозок
Г Затоа што во малиот мозок е центарот за дишење

12. Човекот не може да диши во водна средина, затоа што


А во водата нема доволно кислород, и не настанува дифузија 1
Б хемоглобинот на човекот не може да го врзе кислородот од водата
В парцијалниот притисок на О2 во водата е помал и не може да дифундира
Г во водата има само водород

13. Кој од наведените елементи НЕ учествува во пренесувањето на кислородот?


А Хемоглобинот
Б Еритроцитите 1
В Лимфата
Г Крвната плазма

14. Размената на гасови во белите дробови и ткивата се врши на основа на разликата на


А парцијалниот притисок
Б воздушниот притисок 1
В белодробниот притисок
Г осмотскиот притисок

15. Дијафрагмата и меѓуребрените мускули се стегаат при


А мирување
Б вдишување
1
В издишување
Г стоење

16. Размената на гасовите во ткивата помеѓу крвните капилари и клетките се врши со посредство на
А лимфата 1
Б ткивната течност
В крвната плазма
Г крвен серум

17. Откако кислородот од алвеолите ќе навлезе во капиларите тој се врзува за хемоглобинот и преку
белодробните вени се транспортира до
А срцето
Б ткивата
В бубрезите
1
Г клетките

18. Помошни органи со кои се извршува механизмот на дишење се


А граден кош, стомачни мускули и дијафрагма 1
Б меѓуребрени мускули, дијафрагма и граден кош
В ребра, градна коска и дијафрагма
Г ребра, стомачни мускули и карлица

19. Ако концентрацијата на кислород во алвеолите е 14%, а во крвните капилари 13% тогаш
А кислородот од алвеолите ќе помине во капиларите затоа што има поголем парцијален притисок
Б кислородот од капиларите ќе помине во алвеолите затоа што има помал парцијален притисок 1
В нема да има дифузија на кислород додека парцијалните притисоци на гасовите не се изедначат
Г кислородот од капиларите ќе навлезе во алвеолите затоа што има помал парцијален притис

20. Ако човек престојува подолго време во затворена гаража каде работи моторот на афтомобилот, постои опасност
од задушување. Зошто?
А Издувните гасови од афтомобилот ќе го уништат количеството на кислород во просторот
Б Ќе се ослободи преголемо количество на јаглерод диоксид кој е штетен гас 1
В Хемоглобинот има поголем афинитет да се врзе со јаглерод моноксид(СО), отколку со О2
Г Кислородот ќе се уништи и ќе исчезне
21.Размената на гасови помеѓу алвеоли и белодробни капилари се врши по пат на:
А. осмоза
Б. дифузија
1
В. клеточно дишење
Г. вентилација

22.Зошто алвеолите секогаш да содржат помалку воздух, дури и при длабоко издишување:
А. да не се предизвика излив на крвта 1
Б. да не се залепат и да дојде до гушење
В. да не дојде до инфаркт
Г. да не се создаде тромб

23.Ако работниците во текстилна индустрија работат без заштитни маски и не проветруваат, тогаш постои опасност да
заболат од болеста:
А. скифоза 1
Б. силикоза
В. остеопороза
Г. осмоза

24.При вдишувањето:
А. градната коска се движи кон внатре 1
Б. дијафрагмата се подига
В. меѓуребрените мускули се опуштаат
Г. дијафрагмата се спушта

25. При повреда на лице од електричен удар, по отстранување на кабелот од телото се пристапува кон постапка
А масажа на срце
Б вештачко дишење 1
В и двете постапки
Г закопување во земја

26. Со која вакцина се стекнува имунитет против туберкулоза?


А Џанерова вакцина
Б БСЖ вакцина 1
В ХПВ вакцина
Г полио

27. Каде е сместен центарот за дишење?


А рбетен мозок
Б продолжен мозок 1
В голем мозок
Г мал мозок

28. Болеста грип се јавува при:


а) болести блиску до увото
б) воспаление на горните делови на дишни патишта
в) воспаление на белите дробови
г) течење на носот

29. Размената на гасовите во белите дробови се врши во:


а) гркланот
б) бронхиолите
в) бронхиите
г) алвеолите

30. Комбинирана постапка од масажа на срце и вештачко дишење се нарекува :


А) реставрација
б) реанимација
в) рекомбинација
г) ревитализација
31. Вентилацијата на белите дробови се врши во 2 фази:
а) вдишување и издишување
б) дифузија на гасови и пренесување
в) ресорпција и вентилација
г) систола и дијастола

32. Размена на гасовите се врши како резултат на парцијалните притисоци на гасовите во :


А) Крвта и алвеолите на белите дробови
Б) Крвта и бронхиите на б. дробови
В) Крв та и бронхиолите на б.дробови
Г) крвта и душникот

33. Кислородот во белите дробови се поврзува за :


а.алвеолите
б.хемоглобинот
в. еротроцитите
г.артериите

34. Мускулите за својата работа трошат енергија која ја добиваат во процесот на:
а.излачување
б. исхрана
в.контрактилност
г.клеточно дишење

35. Кој е најважниот мускул што учествува во дишењето ?


а.мегуребрен мускул
б. граден мускул
в. дијафрагма
г.стомачен мускул

You might also like