You are on page 1of 8

ВЗАЕМНИ ОДНОСИ

КАЈ КОНКРЕТНИ
ЕКОСИСТЕМИ
• Тема 2В: 6.6 Синџири на исхрана
Ученикот/ученичката:
• да осознаат како растенијата и животните се адаптираат кон
животната средина во различните живеалишта и како тие
зависат едни од други;
• Разбира и користи поими: биотоп, популација, биоценоза и
екосистем.
Опстанокот на секој жив организам е тесно поврзан со другите видови, но и со
животната средина. Живите организми не живеат и не можат да опстанат во изолација.
Во неа, организмите наоѓаат засолниште од предаторите и од временските непогоди,се
хранат и го одгледуваат потомството.
Затоа ќе се запознаеме со поимите ЕДИНКА, ПОПУЛАЦИЈА, БИОТОП, БИОЦЕНОЗА И
ЕКОСИСТЕМ.
 Секој организам од еден вид, без разлика дали станува збор за микроскопски
организам, како што е парамециумот, или големо животно на пример слонот, се
нарекува ЕДИНКА или (единка е претставник на одреден вид жив организам.)
 ПОПУЛАЦИЈА е група единки од ист вид, кои населуваат одреден простор.
 Пример единка е една панда во шума, а популација се сите панди во таа шума.

единка популација
 БИОТОП  е ЖИВЕАЛИШТЕТО (нежив дел од ЕКОСИСТЕМОТ) т.е одреден
простор каде живеат живи организми. Место каде владеат посебни еколошки
фактори (температура, влажност на воздухот, изложеност на сончева светлина,
ветер, надморска височина, различни количества врнежи итн.)
 БИОЦЕНОЗА е ЖИВОТНА ЗАЕДНИЦА на сите видови живи организми што
населуваат еден ист простор (биотоп). Биоценозата (животна заедница) е збир од
повеќе популации.
 ЕКОСИСТЕМ е биотопот(просторот со посебни услови), заедно со биоценозата
(заедницата на различни видови организми).
т. е БИОТОП + БИОЦЕНОЗА = ЕКОСИСТЕМ
ЕЗЕРСКИ ЕКОСИСТЕМ
ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМ
Во еден екосистем има еколошки фактори од
-нежива природа(вода-влага,почва,темература,воздух,светлина,) и
-еколошки фактори од жива природа
(односите влијанијата меѓу растенијата,животните ,растенијата и животните)

Велиме дека екосистемот е ФУНКЦИОНАЛНА ПОВРЗАНОСТ  на БИОТОП и


БИОЦЕНОЗА бидејќи животната заедница може да влијае да се промени
живеалиштето,но и промената на условите во живелиштето (промената на еколошките
фактори,темпертаура влага и др.)можат да влијаат на промена  на соствот на
животната заедница.

Пр.1 Ако имаме екосистем бара.Ако се исуши барата ќе се промени составот на живите
организми кои живееле таму односно промената на биотопот-барата довела до
промена на биоценозата=животната заедница.

Пр.2 Шума.Ако од некоја причина се намали бројот на дрва (настанува промена во


биоценозата),тоа ќе доведе до промена на живеалиштето биотопот.Како? Ги нема веќе
дрвата кои со своите корени ја задржувале почвата,па со самите дождови може
плодната почва да биде однесена и на тој начин да се промени самиот биотоп.
ЕКОСИСТЕМИТЕ СЕ РАЗЛИКУВААТ ПО ОДНОС НА ГОЛЕМИНА И СОСТАВ.
Екосистем може да биде бара,река,езеро,море,ливада, шума,пустина,поларен
екосистем итн.
Во една ливада БИОТОП  е неживиот дел од природата во тој простор каде
што се протега ливадата(почва,камења низ неа,влага,вода,воздух) , додека
сите видови растенија ,животни и други живи организми кои го населуваат тој
простор ја претставуваат БИОЦЕНОЗАТА односно ЖИВОТНАТА ЗАЕДНИЦА.
Во еден езерски екосистем самиот езерски простор е биотоп додека се што го
населува е биоценоза.

You might also like