You are on page 1of 13

Машки репродуктивни органи

• Надворешни машки репродуктивни органи:


-Полов орган (пенис) со мочен канал
-Тестикуларна торба (скротум)
• Внатрешни машки репродуктивни органи:
-Семеници (тестиси)
-Натсеменици
-Семеводи
-Ејакулаторни канали
-Семени меурчиња
-Простатна жлезда
-Булбоуретрални жлезди (Куперови жлезди)
Полов орган (пенис)
• Пенисот е машки полов орган чија улога е спроведување на
спермата и урината преку мочниот канал и нивна ејакулација.
• Пенисот се состои од два дела: тело и глава.
• Изграден е од сунѓересто ткиво поделено на три дела (корпуси):
-две поголеми шупливи тела (ерективно ткиво)
-сунѓересто тело каде е сместен мочниот канал
Скротум (тестикуларна торба)
• Скротумот е двокоморна кеса од кожа и
мускули која се наоѓа меѓу пенисот и анусот.
• Функцијата на скротумот е да ја одржува
температурата на тестисите малку помала
од остатокот на телото.
• Повисоката температура може да влијеа на
семето. Поради тоа во зависност од
надворешната температура мускулите околу
скротумот вршат собирање или опуштање.
Семеници (тестиси)
• Семеници (тестиси) се машки полови жлезди
сместени во скротумот. Тие се јајцевидни органи
долги 3,7 до 5 cm и дебели и широки околу 2,5 cm.
• Секој семеник е поврзан со сперматична врвца
преку која се премесуваат сперматозоидите
надвор од семеникот.
• Изградени се од тенки спирализирани
семиноферни тубули (семени каналчиња).
Функција на семениците
• Сперматозоидите се создаваат во
клетките во ѕидовите на семените
каналчиња.
• Хормонот тестостерон се лачи како секрет
во интерстициелни (меѓуткивни) клетки
што се наоѓаат меѓу каналчињата.
Натсеменици (epidydmis)
• Сирализирани цевки (канали) долги 6
метри сместени во скротумот на
горниот дел од тестисите.
• Функцијата на натсемениците е
созревање на спермалните клетки со
што тие стануваат подвижни.
Семеводи
• Семеводите овозможуваат транспорт
на сперматозоидите.
•  Имаат форма на тенка цевка
(дијаметар околу 0,3 до 0,5 мм) и ги
поврзува тестисот и простатата.
Ејакулаторни канали
• Се создаваат кога семеводот ќе се спои со каналот од семените
меурчиња.
• Ејакулаторните канали ја спроведуваат спермата.
• Има два ејакулаторни канали кои минуваат низ телото на
простатата каде излегуваат во мочниот канал.
Семени меурчиња
• Семени меурчиња се извиткани мускулни
цевчиња.
• Нивната функција е од жлездестата обвивка
да излачуваат густ, жолт, базен секрет со прост
шеќер неопходен за исхрана на
сперматозоидите.
• Семената течност зафаќа голем дел од
волуменот на спермата.
Простатна жлезда (простата)
• Простата преставува жлездено мускулен
орган.
• Се наоѓа веднаш под мочниот меур.
• Каналите од простатата ги носат нејзините
секрети во мочниот меур.
• Создава алкален секрет кој помага при
неутралиација на киселоста од родницата и ја
зголемува подвижноста на сперматозоидите.
Булбоуретрални жлезди (Куперови жлезди)

• Булбоуреталните жлезди се наоѓаат на дното


на карлицата под простатата, прилепени за
уретрата каде што го излачуваат својот
секрет.
• Куперовите жлезди лачат мукозен секрет кој
го подмачкува мочниот канал и врвот на
пенисот при сексуална стимулација .
• Каналите на овие жлезди се долги 2,5 cm и
од двете страни се празнат во мочниот канал
Користена литература
• Учебник по Биологија за III година на реформираното гимназиско
образование (Јорданка Димовска, Славчо Митев и Ицко
Ѓоргоски).
• Википедија.
• Youtube:
- Female Reproductive System Made Easy – Organs & Functions
- Male Reproductive System Made Simple – Anatomy & Function

You might also like