You are on page 1of 6

ВЛАСТ

Ефрем Кулаков IXв


Што е власт?
■ Власт е институционална моќ, а заснована е на нормативни претпоставки кои имаат авторитет, кој произлегува од волјата
на граѓаните или општествените организации. Нормативниот поредок е основа на конституирањето на власта. Без
организација нема власт. Власта е легитимен облик на моќ. Власта претставува воспоставени односи помеѓу правата и
должностите на нејзините носители, но и на оние кои нејзе и се потчинети.

■ Поделба на власта:

Спрема обликот на владение:

Во овој облик се набљудуваат особините кои ги имаат носителите на власта, начинот на доаѓање на власт и односот на власта
кон граѓаните.

-Спрема општественото уредување:

Овде станува збор за карактерот на внатрешното уредување на државата и за тоа дали внатрешните механизми се едноставни
или сложени. Разликуваме едноставни и сложени држави.

-Спрема типот на политички систем:

Станува збор за односот на граѓаните спрема државната власт.

-Спрема степенот на централизација:

Оваа поделба се занимава со односите помеѓу централната и локалната власт. Во центристичките држави, локалните органи
имаат мал степен на самостојност. Во децентрализираните држави, локалните власти се носители на децентрализацијата и на
локалната власт. Денес не постои исклучиво една или друга варијанта, во сите држави постои мешавина од овие под системи.

-Спроведување на закони:

Владите користат разни методи да одржат ред и мир, како што се полиција и војска (посебно во деспотизмот и полициските
држави), договори со други држави, и одржување на подршката во државата. Типични методи за одржување подршка и
Поделба
на власта:

-Законодавна

-Извршна

-Судска
Законодав ■ Законодавната власт е една од трите власти. Главна задача

на на законодавната власт е донесување закони. Во системите


со либерална демократија граѓаните на избори ги избираат
своите претставници во законодавното тело и на таков

власт
начин ги овластуваат да донесуваат закони во нивно име.
Законодавното тело може да биде еднодомно или дводомно.
■ Собранието на Република Македонија е претставнички орган
на граѓаните и носител на законодавната власт. Собранието
е еднодомно и според Уставот на Република Македонија
може да биде составено од 120 до 140 пратеници, но во сите
досегашни состави беа избирани по 120 пратеници. По
Парламентарните избори од 2011 година, бројот на
пратеници се зголеми на 123. Пратениците се избираат на
општи и непосредни избори со тајно гласање. Право да биде
избран за пратеник има секој државјанин на РМ кој наполнил
18 години живот, има деловна способност и не се наоѓа на
издржување на казна затвор за сторено кривично дело.
Пратениците во Собранието на РМ ги претставуваат
граѓаните во Собранието, при што одлучуваат по сопствено
уверување. Мандатот на пратениците трае четири години и
тие не можат да бидат отповикани. Моментален претседател
на собранието е Трајко Вељановски.Организацијата и
функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на
Република Македонија и Деловникот на
Собранието.Собранието заседава во Скопје.
Извршна
■ Извршната власт е гранка на државната
власт чија должност е да ги спроведува
законите што ги донела законодавната

власт власт. Во зависност од бројот на органи


што се носители на извршната власт,
извршната власт во одредена држава
може да биде моноцефална (едноглава)
или бицефална (двоглава).
Моноцефална извршна власт има кога
постои само еден носител на извршната
власт (шефот на државата) и во тој
случај тој истовремено стои и на чело на
владата (или кабинетот). Бицефална
извршна власт има кога покрај шефот
на државата, носител на извршната
власт е и претседателот на владата.
■ Извршната власт во Република
Македонија е бицефално организирана
и ја вршат Владата и претседателот на
државата.
Судска
■ Во Република Македонија според Законот за судови од
1995, постојат 27 судови на прва инстанца, четири
апелациони судови и Врховен Суд на Република
Македонија. Покрај тоа, има и Уставен суд чии судии се

власт избираат од страна на Собранието.


■ Судовите се автономни и независни. Судовите судат врз
основа на Уставот и законите и меѓународните договори
ратификувани во согласност со Уставот.
■ Типовите на судови, нивните сфери на надлежност,
нивното уредување, укинување, организација и состав,
како и процедурата која ја следат се регулирани со
закон, кој се усвојува со дво-третинско мнозинство од
вкупниот број пратеници во Собранието на Република
Македонија.
■ Судиите имаат имунитет. Собранието одлучува за
имунитетот на судиите. Извршувањето на судската
функција не е компатибилно со извршување на други
јавни функции, професии и членство во политичка
партија. Политичко организирање и активност на
судството е забрането.
■ Врховниот Суд на Република Македонија е највисокиот
суд во републиката и обезбедува униформност во
имплементацијата на законите од страна на судовите.
■ Судскиот совет на Република Македонија (претходно,
Републичкиот судски совет) е органот кој ја контролира
судската власт.

You might also like