You are on page 1of 32

УСТАВНО ПРАВО

ТЕМА 9
Состав, структура и мандат на
Собранието на Република Македонија
СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

 Собранието на Република Македонија брои од 120 до 140


пратеници.
 Во однос на бројот на населението, Република Македонија има
релативно големо претставничко тело.
СТРУКТУРА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
 Собранието на Р. Македонија е еднодомно претставничко тело. Еднодомното
претставничко тело произлегува од теоријата за суверенитет на народот, чија волја е
неделива.
 Дводомноста е регуларна состојба во федеративните држави. Едниот дом ги
претставува граѓаните а другиот дом ги претставува федералните единки. Но,
дводомноста се јавува и во голем број на унитарни држави, без оглед на степенот на
децентрализација. Постоењето на втор дом ја заслабува моќта на првиот дом од кој
произлегува извршната власт.
 Комитетот за односи меѓу заедниците од 2001 година е тело договорено со Охридската
спогодба и уставните измени кои следеа по нејзиното донесување. Ова тело е замена
за Советот за меѓунационални односи, воведен со Уставот од 1991 година.
 Составен е од 19 членови, по 7 членови од редот на пратениците Македонци и Албанци
и по еден член од редот на пратениците Роми, Власи, Турци, Срби и Бошњаци. Ова
тело има претседател со мандат од една година.
 Ова тело треба да се редефинира во однос на составот и да се примени принцип на
паритет, за да се оневозможи мајоризација во меѓуетничките прашања.
 Основна функција на Комитетот за односи меѓу заедниците е разгледување на
прашања во врска со односите меѓу заедниците и давање мислења и предлози до
Собранието, кое е должно да ги разгледува и да одлучува во врска со нив.
 Од правен аспект, неодржливо е решението, Комитетот за односи меѓу заедниците
како политичко тело, да одлучува за процедурални прашања.
ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТ
 Пратеничкиот мандат се добива на избори. Мандатот е право на
пратеникот да ги претставува избирачите и да го врши суверенитетот
во нивно име. Времетраењето на мандатот изнесува 4 години.
 Мандатот на пратениците се верифицира на конститутивна седница,
по предлог на Верификациона комисија. Ја свикува Претседателот на
Собранието од претходниот состав најдоцна 20 дена по одржувањето
на изборите, но не подоцна од денот на истекување на мандатот на
пратениците од претходниот состав. Ако конститутивната седница не
се свика во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и
конституираат собранието на 21от ден завршувањето на изборите во
10 часот.
 Верификационата комисија се состои од претседател и четворица
членови. Таа му поднесува писмен извштај на Собранието, врз
основа на извештајот на Државната изборна комисија за резултатите
од парламентарните избори.
 Пратеникот чија верификација на мандат е одложена, може да
присуствува на седниците и да учествува во работата на Собранието
најдолго два месеци, но без право на глас.
ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТ
 Со верификација на мандатот, пратеникот се стекнува со
права и должности утврдени со Уставот, законот и Деловникот
на Собранието. На пратеникот му се издава легитимација.
 Пратеникот во Собранието одлучува по свое убедување –
слободен мандат и не може да биде отповикан. Ги
претставува сите граѓани а не само оние кои го избрале.
 На пратеникот може да му биде одземен мандатот: ако е
осуден за кривично дело или ако неоправдано отсуствува од
седниците на Собранието повеќе од шест месеци. Предлог за
одземање на мандатот поднесува Комисијата за деловнички и
мандантно-имунитетни прашања. По предлогот се води
претрес на седница на Собранието и се одлучува со
двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на
пратеници.
ПРАТЕНИЧКИ МАНАДАТ
 На пратеникот му престанува мандатот пред истекувањето на
времето за кое е избран – ако поднесе отставка, во слушај на
смрт, во случај на неспојливост со функцијата пратеник,
доколку е осуден за кривично дело за кое е предвидена казна
затвор од најмалку пет години или ако со провосилно решение
му е одземена деловната способност.
 Пратеничкиот мандат може да продолжи само за време на
воена или вонредна состојба. Одлука за тоа донесува
Собранието на Р. Македонија со обично мнозинство гласови.
 Мандатот на пратениците може да престане предвреме и во
случај на самораспуштање на Собранието ако за тоа се изјасни
мнозинството од вкупниот број пратеници.
НЕСПОЈЛИВОСТ НА ПРАТЕНИЧКА ФУНКЦИЈА
 Неспојливост на пратеничката функција со други функции е
утврдена првпат со законот за избор на пратеници во
Собранието на Р. Македонија од 2002 година.
 Пратеничката функција е неспојлива со следните функции:
Претседател на РМ, Претседател на Владата на РМ, министер,
судија Уставен суд на РМ, Јавен обвинител, Народен
правобранител, градоначалник и член на советот на
општините и градот Скопје, со извршување на стручни и
управни работи во органите на државната управа, со вршење
на стопанска или друга профитна дејност..
ПРАВА НА ПРАТЕНИЦИТЕ
 Правата на пратениците произлегуваат од карактерот на
пратеничкиот мандат како слободен мандат. Тие права се утврдени
со Уставот на РМ, Изборниот законик и Деловникот на Собранието.
 Пратеничките права пратеникот ги остварува самостојно и лично,
преку идивидуална активност или колективно, пример правото на
интерпелација, правото на поставување на прашање за недоверба
на Владата или правото да се формира анкетна комисија.
 Правото на парламентарна иницијатива го опфаќа правото на
пратеникот да предлага донесување на закон, деловник, одлука
или општ акт. Тој има право на предлагање на амандмани по
нацртот на овие акти и нивните предлози, пред чинот на гласање.
 Правото на информирање го опфаќа правото на пратеникот да
добива службени публикации шти ги издава Собранието, како и
информативни и документациски материјали што се доставуваат до
претставничкото тело заради негово информирање.
ПРАВА НА ПРАТЕНИЦИТЕ
 Правото на говор е право на пратеникот да учествува во
дискусијата и во одлучувањето. Како пратеник на народот,
пратеникот има целосна слобода на говор.
 Правото на глас значи право на пратеникот да учествува во
донесувањето на промените и другите акти. Пратеникот гласа
лично, јавно или тајно.
 Правото на здружување е право на пратеникот да се здружува со
другите пратениците со цел остварување на колективни права. На
пример, има право да се здружи со група на 30 пратеници за
давање предлог за пристапување кон измена на Уставот.
 Правото на надомест значи право на пратеникот да ги покрие
трошоците за вршење на пратеничката функција и право на плата.
 Пратенички имунитет значи поголема заштита на одредени права
на пратениците, слобода на мислата и нејзино изјаснување, право
на слобода во однос на другите граѓани заради слободно
дејствување и правна сигурност во вршење на пратеничката
функција.
ПРАВА НА ПРАТЕНИЦИТЕ
 Карактерот на пратеничкиот имунитет извира од граѓанскиот
суверенитет и начелото на подлеба на власта.
 Содржината на пратеничкиот имунитет опфаќа два елементи:
неодговорност (материјален имунитет) и неповредливост
(процедурален имунитет).
 Неодговорност на пратеникот значи неможност да биде повикан на
казнена одговорност поради искажано мислење, изразен став или за
даден глас во претставничкото тело. Материјалниот имунитет ја
гарантира слободата на говорот во парламентот.
 Неповредливостана пратеникот значи неможност на пратеникот да
биде лишен од слобода без одобрение на претставничкото тело.
Ваквиот имунитет се однесува на кд сторени надвор претставничкото
тело.
 Пратеникот може да биде притворен и без одобрение на
претставничкото тело ако биде затекнат во вршење на кд за кое е
предвидена казна затвор од најмалку пет години. Имунитетот на
неповредливост го штити пратеникот само за време на траењето на
неговиот мандат.
ПРАВА НА ПРАТЕНИЦИТЕ
 Согласно Деловникот на Собранието, барањето за одбрување
притвор на пратеник се поднесува до Претседателот на
Собранието на РМ, веднаш по изречената мерка притвор од
судот.
 Пратениците во Собранието на РМ не подлежат на обврска во
вооружените сили.
 На пратеникот не му се гарантира правото на стручна помош
од надворешни лица за подготовка на законодавни проекти.
 Пратеникот нема право на тужба против Претседателот на РМ
ако овој го прекрши Уставот или законите.
ДОЛЖНОСТИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ
 Должностите на пратениците се деловничка материја. Тие се предмет на
уставно или законодавно уредување.
 Се јавуваат во два облика: морални и правни должности. Моралните
должности не создаваат политички и правни последици за пратениците.
Повредата на правните должности доведува до губење на одредени права
на пратеникот, а понекогаш и губење на пратеничкиот мандат.
 Морална должност на пратеникот е да ги застапува интересите на
избирачкото тело или да се однесува како претставник на народот во
вистинска смисла.
 Правните должности на пратеникот: да присуствува на седниците на
Собранието, да го почитува парламентарниот ред и да ја чува тајната која
му е доверена.
 Присуство на седниците на Собранието е должност на пратеникот и може
да му се одземе мандатот ако неоправдано отсуствува повеќе од шест
месеци.
 Пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата треба навремено
да го извести Претседателот на Собранието. Претседателот на Собранието
го повикува и го информира ако три пати едноподруго отсуствуува од
седниците, без да го извести.
ДОЛЖНОСТИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ
 Почитување на парламентарниот ред значи должност на
пратеникот да го почитува редот на седницата. Претседателот
на Собранието може да го опомене и да му го одземе зборот
или да го отстрани од седницата.
 Пратеникот ќе биде опоменат ако земе збор без одобрение ако
му упадне во зборот на друг пратеник или со друга постапка го
нарушува редот на седницата. Ако откако е опоменет и му е
одземен зборот продолжи да го нарушува редот на седницата,
ќе биде отстранет од седницата и е должен да ја напушти
салата. Ако Претседателот на Собранието не може да одржи
ред, ќе одреди кус прекин на седницата.
 Чување на тајна е нова должност на пратеникот. Тој е должен
да ја чува државната, службената, деловната и воената тајна.
За тајна се сметаат податоците кои пратеникот ќе ги дознае на
седницата на Собранието или на работното тело во врска со
прашање за кое се расправа без присуство на јавноста.
ЗАСЕДАНИЕ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
 Внатрешната организација и работата на Собранието на РМ
подетално се уредени со Деловникот на Собранието на РМ од
2008 година.
 Тоа е акт кој се донесува со мнозинство гласови од вкупниот
број пратеници.
 Одредбите од Деловникот се однесуваат на собраниските
седници, пратеничките групи, работните тела и
функционерите на Собранието на РМ.
 Заседанието е период во кој Собранието може да се состане и
да работи.
СЕДНИЦИ НА СОБРАНИЕТО НА РМ
 Работата на Собранието на РМ се одвива на седници. Веќе не се
бара кворум за почеток на седницата и за работа на Собранието.
 Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните
пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број
пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.
 Кворумот е голема грижа на претседавачот на седниците кој
понекогаш е присилен да ја прекине седницата за да обезбеди
кворум.
 Седниците на Собранието се јавни. Собранието може да одлучи
да работи без присуство на јавноста, со двотретинско
мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
 Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на
Собранието, самостојно или по предлог на Претседателот на
Републиката, Владата на РМ или по барање на најмалку 20
пратеници. Него го заменува некој од потпреседателите или
пратеник избран на седницата на Собранието.
СЕДНИЦИ НА СОБРАНИЕТО НА РМ
 Пред утврдувањето на дневниот ред се усвојува записникот од
претходната седница. Пратеникот може да стави белешки на
записникот и да бара во него да се извршат изменувања и
дополнувања. За забелешките во записникот се одлучува без
претрес.
 Претрес по прашањата од дневен ред се врши по утврден
редослед. Претресот завршува со донесување на акт или на
заклучок.
 Претседателот на Собранието ја прекинува седницата ако нема
мнозинство на пратеници потребно за одлучување или е нарушен
редот на седницата.
 На седницата на Собранието никој не може да зборува без да
побара и да добие збор од Претседателот на Собранието.
 Пратеникот не може да биде прекинуван за време на дискусијата
ниту да се ограничува неговата слобода на говор.
 Пратеникот во текот на претресот може да говори еднаш во
траење од 10 минути.
СЕДНИЦИ НА СОБРАНИЕТО НА РМ
 Пратеникот има право на збор, ако сака да го изправи
погрешно пренесениот навод, или наводот кој предизвикал
недоразбирање.
 Пратеникот може да зборува само по прашање што е на
дневен ред.
 Во Собранието се гласа јавно, со употреба на технички
средства, а понекогаш и со кревање на рака.
 За работата на седницата се води записник. Записникот ги
содржи основните податоци за работата на седницата,
предлозите што се поднесени и заклучоците што се усвоени
во врска со прашањата од дневен ред. Во записникот се
внесуваат и резултатите од гласањето по прашањата од
днебмиот ред.
ПРАТЕНИЧКИ ГРУПИ
 Пратеничките групи се составен дел од внатрешната организација
на Собранието. Тие се врска меѓу политичките партии од една и
Собранието и неговите работни тела, од друга страна.
 Пратеничките групи се облик на политичко претставување на
партиите на парламентарно рамниште.
 Пратеничката група е “партија во мало” во парламентот. Таа е
овластена да ја артикулира државната волја во интерес на
партијата од која произлегува.
 Пратеникот доброволно се потчинува на партиската дисциплина и
на авторитетот на партиското водство.
 Пратеничките групи, од една страна, го олеснуваат и го забрзуваат
процесот на парламентарното одлучување, од друга страна, го
апсорбираат пратеникот како индивидуа.
 Пратеничката група во Собранието на РМ ја сочинуваат најмалку
пет пратеници кои припаѓаат на една или на повеќе политички
партии. Пратеникот може да биде член само на една пратеничка
група.
РАБОТНИ ТЕЛА НА СОБРАНИЕТО
 Собранието на РМ формира постојани и привремени работни
тела кои разгледуваат предлози за донесување на закони,
нацрти на закони, предлози на закони и предлози на прописи
и други општи акти што ги донесува Собранието.
 Постојаните работни тела се основаат со одлука на
Собранието. Такви се: Комисија за уставни прашања,
Законодавно-правна комисја, Комисија за политички систем и
односи меѓу заедниците, Комисија за одбрана и безбедност,
Комисија за надворешна политика, Комисија за избори и
именувања, Комисија за економски прашања, Комисија за
финансирање и буџет итн.
 Привремени работни тела на Собранието на РМ се анкетните
комисии. Тие се формираат со одлука на Собранието за
вршење на посебни задачи. Наодите на анкетните комисии се
основа за поведување постапка за утврдување на
одговорноста на носителите на јавни функции.
РАБОТНИ ТЕЛА НА СОБРАНИЕТО
 Работните тела имаат претседател и негов заменик, одреден број
челнови нивните заменици.
 Работното тело работи на седници. Работната седница се свикува
од претседателот на телото лично или на предлог на
Претседателот на Собранието или на една третина од членовите
на телото.
 На седница на работното тело присуствува претставник или
поверител на Владата, како и претставник на органите на
државната управа кога на сендицата се разгледува прашање од
нивниот делокруг.
 Заради извршување на работите и задачите од својот делокруг,
работните тела можат да бараат информации и податоци од
органите на државната управа и други органи и организации.
 Работното тело зазема став со мнозинство гласови од присутните
членови, а најмалку една третина од вкупниот број членови.
Извштајот од својата работа, работното тело го изнесува на
седница на Собранието, преку свој известител.
ФУНКЦИОНЕРИ НА СОБРАНИЕТО
 Функционери на собранието се носители на високи функции избрани
од редот на пратениците. Ги избира Собранието на пленарна
седница. Такви функционери се: претседателот и подпреседателите
на Собранието.
 Претседателот на Собранието се избира за период од четири години
со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, со јавно
гласање. По правило, се избира од редот на најголемата пратеничка
група во Собранието, на предлог на Комисијата за избори и
именувања или на најмалку 20 пратеници.
 Функцијата Претседател на Собранието е неспојлива со вршење
друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.
 Претседателот на Собранието го претставува Собранието, ги уредува
неговите работи, ги чува достоинството и правата на Собранието,
правично и непристрасно раководи со седниците на Собранието и се
грижи за куќниот ред во Собранието.
 Претседателот на Собранието распишува парламентарни,
претседателски и локални избори.
ФУНКЦИОНЕРИ НА СОБРАНИЕТО
 Потпреседателите на Собранието се избираат со мнозинство
гласови од вкупниот број пратеници, со јавно гласање, со
мандатен од четири години. Се избираат еден или повеќе
потпреседатели, по предлог од претседателот на Собранието,
од редот на различни пратенички групи.
 Потпреседателите му помагаат на Претседателот на
Собранието во работите од неговиот делокруг, а посебно во
водењето грижа за остварување на правата на пратениците и
планирањето на активностите на Собранието. Тие го
заменуваат во случај на негова спреченост, вклучуваќи го и
претседавањето со собраниските седници, според однапред
утврден редослед.
ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНИ ВО РСМ

 Собранието на Р.С. Македонија е носител на законодавната


власт во Републиката. Тоа ги донесува законите на седници, а
потребното мнозинство за донесувањето на законите е
утврдено со Уставот на Р.С. Македонија.
 Право да предлага донесување на закон има секој пратеник во
Собранието, Владата и најмалку 10.000 избирачи (овластен
предлагач на закон). Иницијатива за донесување на закон до
овластените предлагачи, може да даде секој граѓанин, група
граѓани, институции и здруженија.
СОДРЖИНА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ
 Предлогот на закон содржи назив на законот, вовед, текст на
одредбите на законот и образложение. Воведот содржи: оцена
на состојбите во областа што треба да се уреди со законот и
причините за донесување на законот; целите, начелата и
основните решенија на предлогот на закон; оцена на
финансиските последици од предлогот на закон врз Буџетот и
другите јавни финансиски средства и процена на
финансиските средства потребни за спроведување на законот
и начинот на нивното обезбедување, како и податоци за тоа
дали спроведувањето на законот повлекува материјални
обврски за одделни субјекти.
 Воведот може да содржи: преглед на регулативи од други
правни системи и усогласеност на предлогот на закон со
правото на Европската унија; преглед на законите што треба
да се изменат со донесувањето на законот и прописите што
треба да се донесат за спроведување на законот и други
последици од предложените решенија.
СОДРЖИНА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ
 Образложението содржи објаснување на содржината на
одредбите од предлогот на законот, меѓусебната поврзаност
на предложените решенијата и последиците што ќе
произлезат од нив. Ако предлогот на закон содржи одредби
кои имаат повратно дејство, предлагачот е должен да ги
образложи причините за нивното предлагање. Подносителот
на предлогот на закон со кој се вршат изменувања и
дополнувања на законот, кон предлогот на законот доставува
и текст на одредбите на постојниот закон што се менуваат,
односно дополнуваат.
ПОДНЕСУВАЊЕ И УПАТУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГОТ
НА ЗАКОНОТ
 Предлогот на закон се поднесува до претседателот на Собранието
кој веднаш, а најдоцна во рок од три работни дена од денот на
поднесувањето, го доставува до пратениците, во писмена или
електронска форма, со што започнува законодавната постапка.
 Предлогот на закон што не го поднела Владата, претседателот на
Собранието ќе го достави до Владата, заради давање на мислење.
 Постапката за донесување на законите е уредена со Деловникот
на Собранието.
 Прво читање започнува со разгледување на предлог на закон во
работните тела,при што Собранието, матичното работно тело и
Законодавно-правната комисија во првото читање одржуваат општ
претрес по предлогот на законот.
 Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и
може да се даде на натамошно читање се продолжува со
законодавната постапка, во Второ читање на предлогот.
ПОДНЕСУВАЊЕ И УПАТУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГОТ
НА ЗАКОНОТ
 Второто читање започнува во матичното работно тело и Законодавно-
правната комисија и се врши во рок од седум работни дена по одржаната
седница на Собранието за Прво читање по предлогот. Во ова читање се
поднесуваат амандмани. Амандман може да поднесе секој пратеник,
пратеничка група и работно тело. Амандманите се поднесуваат до
претседателот на Собранието, најдоцна два дена пред одржување на
седниците на матичното работно тело или на Законодавно-правната
комисија. Матичното работно тело и Законодавно-правната комисија за
секој амандман водат претрес и гласаат одделно. Матичното работно
тело и Законодавно- правната комисија по завршувањето на претресот
најдоцна во рок од пет дена подготвуваат текст на предлогот на законот
во кој се вградуваат усвоените амандмани (дополнет предлог) и
образложение и го доставуваат до претседателот на Собранието.
 Ако Собранието во второто читање не усвои ниеден амандман на
дополнетиот предлог на закон се преминува на гласање по предлогот на
истата седица. Ако се усвоени амандмани на повеќе од една третина од
членовите на дополнетиот предлог на закон, по завршеното второ
читање се подготвува и правно-технички се уредува текстот на законот
за трето читање.
ПОДНЕСУВАЊЕ И УПАТУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГОТ
НА ЗАКОНОТ
 Третото читање по правило се одржува на првата наредна седница по
второто читање. Амандмани може да се поднесат само на членовите на
кои биле усвоени амандмани во текот на Второто читање на седница на
Собранието, а амандман може да поднесе предлагачот и пратеник
најдоцна во рок од два дена пред денот определен за одржување на
седницата на Собранието. Во оваа фаза работните тела не расправаат.
Собранието расправа и одлучува само по оние членови за кои се
поднесени амандамани на дополнетиот предлог на закон за трето читање
и одлучува за предлог законот во целина.
 Законите се прогласуваат со указ, кој го потпишуваат претседателот на
Републиката и претседателот на Собранието. Ако претседателот на
Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот,
Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во
рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот и доколку го усвои со
мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на
Републиката е должен да го потпише указот. Претседателот е должен да
го потпише указот и за прогласување на законите кои се донесени со
двотретинско мнозинство. Пред да влезат во сила законите се објавуваат
во “Службен весник на Р.С. Македонија”, најдоцна во рок од седум дена
од денот на нивното донесување.
ИТНА ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН
 По исклучок, закон може да се донесе и по итна постапка,
кога е неопходно заради спречување и отстранување на
поголеми нарушувања во стопанството или кога тоа го бараат
интересите на безбедноста и одбраната на Републиката или во
случаи на поголеми природни непогоди, епидемии или други
вонредни и неодложни потреби.
 Кога предлог на закон се разгледува по итна постапка, не се
одржува општ претрес. Второто и третото читање се
одржуваат на иста седница. Второто читање започнува со
претрес по предлогот на законот. Собранието може да побара
од матичното работно тело и Законодавно-правната комисија
да се изјаснат по амандманите поднесени по завршувањето на
нивните седници.
СКРАТЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА
ЗАКОН
 Предлагачот на предлогот на законот може да му предложи на
Собранието да расправа по предлогот на законот по скратена
постапка во случај кога: не е во прашање сложен и обемен
закон; престанок на важноста на некој закон или одделни
одредби од некој закон или не се во прашање сложени или
обемни усогласувања на законот со правото на Европската
унија.
 Собранието го задолжува матичното работно тело и
Законодавно-правната комисија да расправаат по предлогот на
законот. Кога предлогот на законот се разгледува по скратена
постапка Собранието одржува општ претрес.
 Второто и третото читање се одржуваат на иста седница.
Второто читање започнува со претрес по предлогот на
законот. Амандмани можат да се поднесат на седницата до
почетокот на третото читање на предлогот на законот.
ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ
НА ЗАКОН
 Ако законот е повеќе пати изменуван или дополнуван, или ако
со законот се вршат пообемни изменувања и дополнувања,
предлагачот на законот може да предложи да се утврди
пречистен текст на законот. Ако оцени дека тоа е оправдано,
Собранието ќе ја овласти Законодавно-правната комисија да
утврди пречистен текст на законот и да го објави во “Службен
весник на Р.С. Македонија” во рок од 30 дена од денот на
објавувањето на законот за изменување и дополнување на
законот во “Службен весник на Р.С. Македонија”.
 Пречистениот текст на законот го изготвува предлагачот на
законот и на Законодавно-правната комисија и го поднесува за
утврдување во рок од 15 дена од денот на објавувањето на
законот за изменување и дополнување на законот во “Службен
весник на Р.С. Македонија”.
АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЗАКОН
 Барање за давање на автентично толкување на закон може да поднесе
секој пратеник, Уставниот суд на РСМ, Врховниот суд на РСМ, Јавниот
обвинител на РСМ, Народниот правобранител на РСМ,
градоначалниците на општините и на градот Скопје и советите на
општините и на градот Скопје, доколку тоа е потребно во врска со
примената на законите во нивното работење.
 Барањето се поднесува до Претседателот на Собранието кој го упатува
до Законодавно-правната комисија и до Владата. Содржи назив на
законот, одредби на кои се бара толкување и причините за тоа.
 Откако ќе се прибацви мислење од Владата и матичното работно тело,
Законодавно-правната комисија ако оцени дека барањето е оправдано,
изготвува предлог на автентично толкување и го доставува до
Собранието.
 По предлогот за ватентично толкување на закон и еветуално поднесени
амандмани, Собранието расправа и одлучува на иста седница.
Предлогот на автентично толкување се усвојува со истото мнозинство
со кое се донесува законот на кој се дава автентично толкување.
Автентичното толување се објавува во “Службен весник на РСМ”.

You might also like