You are on page 1of 6

ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Врз основа на Статутот на Пливачка Федерација на Северна Македонија, а согласно член 14 и 82 од


Законот за Спорт на Р. Македонија (Службен весник на Р.М бр.29/2002, 66/2004, 81/2008, 18/2011,
51/2011, 64/2012, 148/2013, 187/2013, 42/2014, 138/2014, 177/2014, 72/2015, 153/2015, 6/2016,
55/2016, 61/2016, 106/2016, 190/2016), и врз основа на член 5 и 25 од Закон за Здружение на
граѓани(Службен весник на Р.М бр.52/2010, 135/2011 и 55/2016) , Собранието на Пливачка Федерација
на Северна Македонија на седницата одржана на 18.11.2017г. го усвои следниот:

ДЕЛОВНИК
ЗА РАБОТА НА СОБРАНИЕТО НА
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
I ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Собранието на Пливачка Федерација на Северна Македонија (во понатамошен текст: Собрание), како
највисок орган на Пливачка Федерација на Северна Македонија (во понатамошен текст: ПФСМ), ги
извршува своите работи и задачи, работи врз основа и во согласност со одредбите од Статутот на
ПФСМ и овој Деловник.
Собранието работи на седници.

Член 2

Со овој Деловник се уредуваат постапките за работа и одлучување на Собранието, начинот на


остварување на права и должности на членовите и делегатите на Собранието како и други прашања
кои се од интерес за работата на Собранието и неговите тела.

Член 3

За подготовка на Собранието и спроведување на заклучоци и одлуки непосредно се одговорни


Претседателот на ПФСМ и Управниот одбор.

Член 4

Седница на Собранието се свикува по потреба, а најмалку 1 (еднаш) годишно. Покани и материјал за


Собрание се доставува најдоцна 15 дена пред одржување.
Исклучиво материјалот може да се достави и во пократок рок.

Член 5

Доколку на седницата се расправа за предлог-документи кои се порано доставени, делегатите се


должни, доколку имаат предлози, да предадат текст во пишана или електронска форма најдоцна 7
дена пред одржување на Собранието.
За амандманот со кој ќе се согласи предлагачот, на седницата на Собранието не се расправа туку
станува составен дел од актот.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Член 6

Прашањата кои се во врска со работата на Собранието, а не се регулирани со Статут на ПФСМ или со


овој Деловник се регулираат со посебни одлуки на Собранието.

Член 7

Собранието може на секоја седница да го разреши Претседателот, Управниот одбор или надзорниот
орган или само посебни членови на тие органи пред истекување на мандатот за кој се избрани.
Предлог за разрешување може да поднесе Претседателот или Управниот одбор на ПФСМ.

Член 8

На седница на Собрание може да присуствуваат и да учествуваат во работа, но без право на глас лица и
здрушенија само по покана на Претседателот.

Член 9

Делегат на Собрание се стекнува со права и должности како член на Собрание само со верификација на
мандатот на Собрание.
Верификација на мандатот врши Собранието врз основа на извештај на Верификациона комисија.
Претседавачот на Собранието предлага, а Собранието ги бира членовите на Верификационата
комисија со акламација-дигање на рака.

Член 10

Делегатот на Собрание има право на седницата Собранието да учествува во расправа за прашања кои
се во надлежност на Собранието, да поднесува предлози за донесување на општи акти, како и
амандмани за предложени документи и да участвува во формулација на заклучоци, одлуки и ставови
на Собранието.

Член 11

ПФСМ не сноси патни и трошкови за сместување на делегатите на Собранието на ПФСМ.

Член 12

Седница на Собрание се свикува по писмен пат. Поканата за седница мора да содржи место, време на
одржување и предлог дневен ред на седницата. Покрај поканата во прилог се доставува предлог
дневен ред и друга потребна документација.
Покана и материјал за редовна седница на Собранието на ПФСМ се праќа најмалку 15 дена или во
случај на вонредна седница 7 дена пред одржување на Собранието на сите членови.
Кога постојат оправдани причини, рокот за доставување на покани и материјал за редовн Собрание
може да биде и пократок, но не помалку од 7 дена.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Член 13

Предлог дневен ред за Собрание составува Управниот одбор на ПФСМ на предлог на Претседателот на
ПФСМ, а се утврдува со мнозинство на гласови од присутните делегати на Собранието.

Член 14

Пред утврдување на дневниот ред, претседавачот по извештај од Верификационата комисија утврдува


дали постои кворум за одржување на Собрание.
Членовите на Собранието се должни најдоцна 7 дена пред одржување на Собранието да ја известат
Стручната служба на ПФСМ за евентуалната спреченост за учество на седницата, освен оправдани
случаи кои не се во можност да бидат предвидени кога рокот може да е пократок.
Ако се утврди дека не постои кворум, претседавачот ја одлага седницата на Собраниетоз за датум и
време кој одговара, но не подолго од 30 дена.
Ако во текот на седницата претседавачот се посомнева во постоењето на кворум ќе изврши прозивка
или пребројување.

Член 15

За дневниот ред на седницата се решава без претрес и расправа.


Дневниот ред се утврдува со мнозинство на гласови од присутните делегати на Собранието.

Член 16

Седницата на Собранието ја отвара и со неа раководи во својство на претседавач Претседателот на


ПФСМ или друголице во согласност со Статутот на ПФСМ.

Член 17

Претседавачот, во врска со секоја точка од дневниот ред, пред да отвори расправа може да даде збор
на подносителот на одреден предлог.

Член 18

На седницата на Собранието секој член има право на збор. Никој не може да збори без да побара и да
добие збор.
Претседавачот дава збор според редоследот на пријава за дискусија.
На Собранието може да зборат и други лица кои не се членови ниту пак делегати на Собранието, по
одлука на претседавачот.

Член 19

На седницата, пред одлучување, може да се расправа по секое прашање од дневниот ред.


Должината на излагањето на седницата е ограничена на три минути и излагачот е должен д асе држи
исклучиво по точката од дневниот ред за што се расправа.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Претседавачот во случај на пречекорување на времето предвидено за излагање ќе го опомене


говорникот дека времето е истечено, а ако овој во наредната минута не го заврши говорот,
претседавачот ќе му го одземе зборот.
За секое прашање се дискутира додека има пријавени говорници. Делегатот на Собранието може само
еднаш да се јави по иста точка од дневниот ред.

Член 20

Ако делгатот на Собранието побара збор за да го исправи наведувањето кон него или кон
организацијата која ја застапува/претставува и кое е според него неточно, претседавачот ќе му даде
збор после говорот на лицето кое предизвикало потреба за исправка.
Во тој случај членот на Собранието во својот говор мора да се ограничи на исправката и не може
говорот да трае подолго од 1 минута.

Член 21

Говорникот може да збори само за прашање кое е на дневен ред.


Ако говорникот се оддалечи од дневниот ред, претседавачот на тоа ќе го опомене и ќе го повика да се
држи на дневниот ред. Ако говорникот и после повикот не се држи на дневниот ред, претседавачот ќе
му го одземе зборот.

Член 22

Делегатот на Собранието кој сака да говори за повреда на овој Правилник или за повреда на дневниот
ред, претседавачот му дава збор штом овој побара. излагањето на делагатот не може да трае подолго
од 1 минута. Ако делегатот не е задоволен од објаснувањето на претседавачот по прашањето одлучува
Собранието без претрес.

Член 23

Кон одлучување се пристапува после расправата, освен во случаи во кои со одредбите од овој
Деловник е одредено да се одлучува без расправа.
Претседавачот може да предложи Собранието да ја заклучи расправата и пред исцрпување на
дискусијата на пријавените говорници, ако смета дека прашањето доволно е разгледано.

Член 24

Со текот на расправата раководи претседавачот. Во текот на седницата претседавачот:


 дава збор на членовите на Собранието според редоследот на нивното пријавување за расправа;
 се грижи за одржување на редот на седницата. Во оваа прилика има право на членот на
Собранието кој смета на текот на седницата да му изрече опомена, да му одземе збор или да го
отстрани од седницата;
 да ја заклучи расправата по секоја точка од дневниот ред.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Член 25

Собранието носи полноправни одлуки доколку на седницата присуствуваат мнозинство на делегати на


Собранието, освен во случаи предвидени со Статут на ПФСМ и Закон.

Член 26

Гласањето по повод носење на одлука е јавно - со дигање на рака, освен во случаи предвидени со
Статут. Собранието може да донесе одлука за одредено прашање да се гласа тајно.
Кога се гласа за избор помеѓу 2 или повеќе кандидати, ќе биде избран кандидатот кој ќе добие
најмногу гласови од присутните делегати, ама само доколку истовремено за него гласаат повеќе од
половина присутни делегати. Ќе се гласа за кандидатите, по азбучен ред од почетната буква на
презимето.
Претседавачот ги повикува членовите на Собранието според списокот на делегати да го превземат
гласачкото ливче и тоа се евидентира.
Изборната комисија, односно посебна комисија, записнички ги утврдува резултатите на тајното
гласање по следниот редослед:
1. се утврдува бројот на изработени гласачки ливчиња;
2. се утврдува бројот на делегати кои присуствуваат на седницата
3. се утврдува бројот на членови кои го превземале гласачкото ливче
4. се утврдува бројот на не неупотребени гласачки ливчиња кои ќе се запечатат во коверт
5. се отвара гласачката кутија и со пребројување се утврдува бројот на гласачки ливчиња и ако
нивниот број е поголем од бројот на членови на Собранието кои ги превземале, постапката се
прекинува, употребениот материјал се одвојува за уништување и се повторува гласањето
6. се утврдува исправност, односно неисправност на гласачките ливчиња
7. неисправните гласачки ливчиња се одвојуваат во коверт кој се запечатува
8. со пребројување на исправните гласачки ливчиња се утврдува резултатот од гласањето
9. после обработка на сите гласачки ливчиња се утврдува бројот на гласови кои ги добил секој од
предлозите, односно секој од кандидатите.
Кога се гласа со тајно гласање, гласачкото ливче е важечко само ако е заокружен еден одговор по
прашање, додека сите други се наважечки.
Кај избор или гласање по пат на гласачки ливчиња секој член на Собранието добива ливче на кое се
испишани имињата или тема на гласање по редот на кандидирање или поднесување на предлогот, а
пред секое име или назив е означен реден број. Членот гласа со заокружување на редниот број од
предлогот кој сака да го гласа.

Член 27

При одлучувањето/гласањето делегатот на Собранието се изјаснува со ЗА, ПРОТИВ или ВОЗДРЖАН.


При изборот, гласањето се врши за поединечни кандидати или за цела листа.
За време на одлучувањето, јавно или тајно, никој не може да добие збор пред да се соопштат
резултатите од одлучувањето.

Член 28

По завршување на расправата и одлучувањето во врска со сите прашања кои биле на дневен ред,
претседавачот ја заклучува седницата.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Член 29

Записник прави записничар кој го бира Собранието, заедно со 2 оверувачи на записник на предлог на
претседавачот пред започнување на седницата. Во записникот се внесува постоење на кворум, имиња
на присутни и отсутни членови и останати присутни (по покана), име и презиме на дискутантите,
предлози, одлуки и заклучоци со резултатите од гласањето и изборот, предлози и одлуки со имиња на
предлагачи.
Интегрални текстови од одлуките се даваат во прилог на записникот.
Двата оверувачи на записникот, записничарот и претседавачот на Собранието го оверуваат записникот
најдоцна 30 (триесет) дена од завршување на седницата на Собранието. Оверувачите се должни да го
прочитаат текстот од записникот во целост и со свој потпис да гарантираат за точноста на неговата
содржина.
Оригиналниот текст на записникот го сочинува 1 (еден) примерок, а по потреба и повеќе.

Член 30

Седниците на Собранието се отворени за јавност. За одржување на Собрание се известува преку


официјална web страна на ПФСМ: www.sfnm.eu

Член 31

Седниците на Собранието можат да бидат и затворени за јавност. Одлука за тоа се носи по предлог на
претседавачот со мнозонство на гласови од присутни членови на Собрание со право на глас.
Во случај седницата да е затворена за јавност може да се издаде соопштение на средствата за јавно
информирање, кое го издава претседавачот.

Член 32

По изборот, новоизбраниот Претседател на ПФСМ го превзема раководењето со седницата на


Собранието.

Член 33

Претседателот на ПФСМ предлага кандидати членови на Управниот одбор.

Член 34

Овој Деловник стапува на сила од моментот на негово усвојување.

Скопје, 18.11.2017г.

Претседавач на Собранието

Александар Маленко

__________________

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu

You might also like