You are on page 1of 5

ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Врз основа на Статут на Пливачка Федерација на Северна Македонија, Управниот Одбор на седница
одржан на ден 22.11.2017г. усвои:

ДИСЦИПЛИНСКИ ПРАВИЛНИК

Член 1

Овој дисциплински правилник при Пливачка Федерација на Северна Македонија (во понатамошен
текст ПФСМ) предвидува мерки и постапки за казнување на сите членови во ПФСМ кои ќе прекршат
Статут, други општи акти, правилници на ПФСМ и со тоа ќе нанесат штета и углед на пливачкиот спорт
од секаков вид.

Член 2

Непознавање на Статут, правила и правилници, како и останати прописи на ПФСМ и негово


раководство, не ослободува од одговорност.

Член 3

Било кој друг што ќе потпомогне на прекршок или му помогне на прекршителот ќе биде казнет како да
извршил прекршок.

Член 4

Член на ПФСМ, членови на раководство, органи и тела кои веќе биле казнети и повторно направиле
прекршок ќе се казнат со построга мерка.

Член 5

Казни на кого ќе се применуваат од овој Дисциплински правилник се:


1. Раководство на ПФСМ, негови органи и тела
2. Пливачи
3. Тренери
4. Судии
5. Делегати

Член 6

При одредување на казни, мора да се земат во предвид и олеснителни и отежнувачки околности.


Како олеснителни околности се сметаат:
1. Признавање и осеќање на вина
2. Предходно не казнување
Како отежнувачки околности се сметаат:
1. Претходно казнување
2. Доколку прекршокот е сторен од користоњубие и егоистички побуди
3. Доколку прекршокот е организиран од повеќе прекршители

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

4. Доколку прекршокот е сторен на репрезентативен натпревар во Република Северна Македонија


или странство
Дисциплинска постапка не може да биде покрената против прекршител, ако пријавата е поднесена 30
дена по сторен прекршок.
Постапката мора да биде во редовна процедура завршена во рок од 30 дена од денот на извршување
на прекршок.

Член 7

Никој не може да биде казнет пред да биде сослушан од Дисциплинска комисија.


Доколку прекршителот одбие да биде сослушан или не достави изјава во рок од 3 дена дека ќе
присуствува, а не дојде, ќе се смета како да е сослушан и казната ќе се реши врз база на писмен
материјал против него.

Член 8

Доколку прекршителот е веќе казнуван со опомена и во рок од 1 година не изврши нов прекршок, во
нова дисциплинска постапка ќе се смета како претходно да не бил казнуван.

Член 9

Дисциплински прекршоци се:


1. Обид за физички напад на натпреварувачи, судии, раководство на ПФСМ и публика.
2. Неспортско однесување за време на натпревар, состаноци, пцовки и погрдни зборови, закани
кон судии или раководство на ПФСМ, публика.
3. Наговарање на пливач да премине од клуб во клуб, советување или давање на парични или
други материјални добра во спротивно на регистрационен правилник на ПФСМ.
4. Барање на материјална и парична надокнада, нудење или примање на мито.
5. Неоправдано ненастапување или напуштање, поединечно или екипно на меѓународен или
домашен натпревар.
6. Предвремен настап на натпреварувач на јавни натпревари.
7. Неоправдано изостанување од подготовки и настап на репрезентација.
8. Давање лажни или непотполни податоци за идентитет или право на настап во врска со поднесена
пријава за регистрација или настап, како и погрешно или нестручно толкување на правила и
прописи при ПФСМ.
9. Необјективно, неточно и злоупотребено изнесување на податоци од областа на пливање во
средствата за јавно информирање, социјални мрежи, интернет, TV со кое се нанесува штета и
крши углед на Македонскиот пливачки спорт.
10. Ненавремено доаѓање или неоправдано изостанување за вршење на должност делегат, судија и
несовесно вршење на должноста при ПФСМ.
11. Недоставување Записник од натпревари од страна на организатор.
12. Сите останати дела кои не се наброени, а го кршат угледот на поединец или ПФСМ со кои се
нанесува штета во развојот на Македонскиот пливачки спорт како целина.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Член 10

Казни за Дисциплински прекршок се:


1. За натпреварувачи (опомена, забрана за настап на Национални и меѓународни натпревари) од 3
месеци до 2 години, доживотна суспензија.
2. За Раководство на ПФСМ, тренери, судии, делегати (опомена, забрана за вршење функција на
одредено време) од 3 месеци до 3 години, парична казна, доживотна суспензија.

Член 11

Казна, доживотна суспензија се изрекува заради тешки прекршоци кон ПФСМ и пливачкиот спорт, како
и кога прекршителот е казнет од надлежен суд за кривично дело.

Член 12

Сите дисциплински казни стапени на сила се запишуваат во Архива на Дисциплинска комисија при
ПФСМ.

Член 13

Дисциплинска постапка и казна ги изрекува Претседател на Дисциплинска комисија при ПФСМ.

Член 14

Против донесена одлука на Дисциплинска комисија, може да се поднесе жалба во рок од 3 дена до
Управен одбор на ПФСМ.

Член 15

Одлука на Управен одбор на ПФСМ е конечна.

Член 16

Пријава за дисциплински прекршок може да поднесе до Дисциплинска комисија, секој кој е член на
ПФСМ.

Член 17

По примена пријава, Дисциплинска комисија одлучува за покренување на постапка.


Дисциплинска постапка започнува со повикување на прекршителот и негово сослушување, сведоци и
расположлива документација за сторен прекршок.

Член 18

Секој кој е писмено или електронски известен за поведување дисциплинска постапка е должен во рок
од 3 дена да се јави на сослушување на Дисциплинска комисија при ПФСМ. Доколку прекршителот не
даде своја изјава, Дисциплинска комисија ќе изрече дисциплинска казна како да бил сослушан.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Член 19

Доколку Дисциплинската комисија води постапка против било кој член на раководство на ПФСМ, мора
да бидат сослушани и Претседател и Генерален секретар на ПФСМ.

Член 20

Дисциплинска казна/суспензија може да биде:


1. Автоматска
2. Одлука на Дисциплинска комисија
Автоматска суспензија кон натпреварувач, судија, тренер, техничко лице при ПФСМ се изрекува поради
прекршок за исклучување на самиот натпревар.
Раководство на ПФСМ е овластено да суспендира натпреварувач на сам натпревар поради груб
прекршок на правила на самиот натпревар.
Раководство на ПФСМ е должно во рок од 3 дена за изречената автоматска суспензија да ја извести
Дисциплинската комисија при ПФСМ.

Член 21

Автоматска суспензија трае 30 дена.


Дисциплинска комисија при ПФСМ може да долучи за укинување на суспензија или истата ја зголеми
согласно Дисциплински правилник.

Член 22

Лице кое е под суспензија не може да врши функција во пливачки спорт, доколку е натпреварувач
нема право на настап ниту да премине од клуб во клуб.

Член 23

Одлука за казна на Дисциплинска комисија започнува во момент на нејзина достава на прекршителот


лично на рака, по препорачана пошта на матична адреса или клуб.

Член 24

Жалба на одлука за казна од Дисциплинска комисија не го одложува започнувањето на траење на


казната изречена од Дисциплинската комисија при ПФСМ.

Член 25

Вонредно ублажување на казна е дозволено кога постојат докази дека изречената одлука за казна од
Дисциплинската комисија при ПФСМ влијаела со воспитно дејство во смисла на позитивно поправање
на прекршителот. Управниот одбор на ПФСМ може да донесе одлука за ублажување или
ослободување на понатамошно издржување на дисциплинска казна.

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu
ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
SWIMMING FEDERATION NORTH MACEDONIA

Член 26

Толкување на овој Правилник, врши Дисциплинската комисија при ПФСМ по писмен пат. Измена и
дополнување на овој Правилник врши Управен одбор на ПФСМ по предлог на Дисциплинската
комисија при ПФСМ.

Член 27

Овој Правилник стапува на сила од денот на негово донесување со одлука од Управен одбор на ПФСМ.

Скопје, 22.11.2017г.

ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседател
Александар Маленко

e-mail:amalenko79@gmail.com; office@sfnm.eu; pejko@sfnm.eu mob: +389 77 84 64 44; +389 78 338 552; +389 75 33 88 63 www.sfnm.eu

You might also like