You are on page 1of 12

СЕМИНАРСКИ ТРУД ПО ПРЕДМЕТОТ СУДСКО ПРАВО НА ТЕМА:

ИЗВРШИТЕЛИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИЗРАБОТИЛА:

СОЊА ЈАКИМОВСКА

СКОПЈЕ, ФЕВРУАРИ 2022


СОДРЖИНА:

1. ВОВЕД

2. ИЗВРШНА ПОСТАПКА И ИЗВРШУВАЊЕТО КАКО ОСНОВЕН ЕЛЕМЕНТ

3. ИЗВРШИТЕЛИ И НИВНА НАДЛЕЖНОСТ

4. КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

5. НАДОМЕСТОК ЗА РАБОТАТА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ЗАКЛУЧОК

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

2
ВОВЕД

Извршувањето треба да се сфати како стапување на сила на судските одлуки


како и на други судски или несудски извршни наслови. Тоа може да содржи налог
нешто да се направи, да се воздржи од правење или да се плати она што е
досудено. Тоа може да вклучува и  парични казни или затворски
санкции. Ефективното извршување на обврзувачка судска одлука е основен
елемент на  владеењето на правото. Неопходно е да се обезбеди доверба на
јавноста во авторитетот на судството. Судската независност и правото на
1
правично судење се доведуваат во прашање доколку одлуката не се изврши.

Извршувањето на одлуката не смее да биде поткопано од надворешна


интервенција, било од извршната или законодавната власт, преку наметнување на
ретроактивна законска регулатива. Извршувањето на одлуката не смее да биде
поткопано од надворешна интервенција, било од извршната или законодавната
власт, преку наметнување на ретроактивна законска регулатива.

1 Член 6 од ЕКЧП - https://www.echr.coe.int/Documents/Convention_MKD.pdf

3
1. ИЗВРШНА ПОСТАПКА И ИЗВРШУВАЊЕТО КАКО ОСНОВЕН ЕЛЕМЕНТ

Извршната постапка мора да се спроведува во согласност со основните права


и слободи.2 Самиот поим „независен“ суд3 значи дека неговото овластување да
носи обврзувачка одлука не може да подложи на одобрение или ратификација, и
дека содржината на одлуката не може да се измени  од страна на несудска власт,
вклучувајќи го и шефот на државата. Затоа сите гранки на власта  во државите
треба да обезбедат правните одредби што ја уредуваат независноста на
судовите, утврдени во нивните устави или на највисоките нивоа на нивното
законодавство, да бидат толкувани на начин што истите ќе повикуваат на итно
извршување на одлуките без мешање на другите власти во државата, со
единствените исклучоци  во случаи на  амнестија или помилување во  кривичните
случаи. Извршувањето на една судска одлука може да се одложи само со друга
судска одлука.

Лишувањето од слобода мора да е во согласност со правата заштитени со


членовите 3 и 8 на ЕКЧП, и при тоа земајќи ги во предвид стипулациите од членот
8.2 од истата. Обврска на судијата е да ги штити и брани овие права. Без разлика
дали модалитетите за извршување на казнените мерки се обврска на судија,
одбор за условно ослободување, или управно тело, спроведувањето на таквите
мерки мора да подложи на правичност на постапката и на судски надзор и
ревизија.

2. ИЗВРШИТЕЛИ И НИВНА НАДЛЕЖНОСТ


2 Членовите 3,5,6,8,10,11 од ЕКЧП - https://www.echr.coe.int/Documents/Convention_MKD.pdf
3 Член 6 од ЕКЧП - https://www.echr.coe.int/Documents/Convention_MKD.pdf

4
Извршителите не смеат да имаат овластување да ги оспорат или менуваат
условите на пресудата. Доколку е потребно за една  од страните да се спроведе
одлуката, потапката за извршување треба да може лесно да се отпочне. Секое
попречување на истото, на пример во вид на прекумерни трошоци, треба да се
избегнува. Извршувањето треба да биде брзо и делотворно. Затоа треба бидат
обезбедени потребните средства за извршувањето. Треба да има јасна правна
регулатива во поглед на  расположливите ресурси, надлежните органи и
постапките за спроведување на  нивното  доделување. Извршувањето треба да
биде правично, брзо, делотворно и пропорционално. Странките треба да се во
можност лесно да отпочнат постапка за извршување. Секое попречување на
истото, на пример заради премногу големи трошоци, треба да се избегнува. Сите
постапки на извршување мора да бидат спроведени во согласност со основните
права и слободи признати од ЕКЧП и други меѓународни инструменти. 4

3. КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Комората на извршители на Република Македонија е финансиски стабилна,


технички и структурно и кадровски опремена организација, со изграден и
препознатлив имиџ во РМ и на меѓународен план, која преку своето дејствување
го штити угледот и честа на нејзините членови и обезбедува учество на нејзиното
членство во донесувањето на законската регулатива за вршењето на нивната
дејност, ја следи судската и извршителска практика и обезбедува континуирана
едукација на извршителите. Мисијата на Комората на извршители во Република
Македонија се состои во тоа што КИРМ е организација во која по закон членуваат
сите извршители и нивните заменици и истата се грижи за заштита на статусот и
угледот на извршителите, заради зголемување на довербата на граѓаните во
правосудниот систем. КИРМ тоа го постигнува преку учество во креирање на

4 https://www.pravdiko.mk

5
законската регулатива, континуирана едукација на членството, следење на
судската и извршителска практика и нејзино воедначување, соработка со
институциите во системот и сродните меѓународни организации.5

Надзор над работата на извршителите, односно Комората се врши според


месечен план за надзор кој содржи листа на извршители над чија работа се врши
надзор во текот на месецот, како и врз основа на сознанија за ненавремено и
неправилно работење на извршителите, односно Комората, добиени од државни
органи, правни и физички лица, како и по барање на претседателот на судот.

При вршење на надзор, по приемот на писменото кое укажува на направилно


работење на одреден извршител, односно на Комората, се бара одговор од
извршителот, односно Комората над чија работа се врши надзорот, со цел да се
утврди потребата за вршење на надзорот, при што на извршителот, односно на
Комората им се доставува копија од писменото. Извршителот, односно Комората
најдоцна осум дена од денот на приемот на барањето се изјаснува писмено со
аргументиран и образложен одговор и приложува докази во поткрепа на својот
одговор.6 По добиените сознанија за кои извршителот, односно Комората писмено
се изјасниле, овластените лица вршат надзор во просториите на извршителот,
односно Комората доколку:

- оценат дека одговорот на извршителот, односно Комората не содржи


произнесување по сите точки од барањето за одговор и
- постои сомневање во вистинитоста на наводите или сомневање во
веродостојноста на приложените докази.

Ако извршителот односно Комората не достави одговор во задолжителниот рок,


овластените лица вршат надзор над нивното работење во просториите на
извршителот односно Комората. При вршење на надзор може да се побара
мислење од друг надлежен орган, доколку се оцени дека од истото ќе се утврди
потребата за вршење на надзор. Во случај на добиени сознанија од анонимна
претставка или предлог, се постапува само доколку станува збор за јавен интерес
5 http://kirm.mk/
6 Службен весник на РМ, бр. 226 од 30.12.2016 година

6
утврден со закон. За извршениот надзор во присуство на извршителот, односно
претседателот на Комората, овластените лица составуваат записник кој содржи
податоци за:

 денот и часот на пратено известување за надзор;


 извршителот над кој се врши надзорот, односно Комората;
 денот и часот на вршење на надзорот; овластените лица кои го вршат
надзорот;
 фактичката состојба од преземените службени дејствија;
 листата на земени копии од списи или докази, исписите од електронска
евиденција врз кои е вршен надзорот;
 констатираните очигледни недостатоци со напатствија за нивно
отстранување и со рок за постапување;
 забелешките дадени на извршителот, односно претседателот на Комората,
потписи на овластените лица и потпис и печат на извршителот, односно
потпис на претседателот на Комората и печат на Комората;

Записникот се составува во два примерока и еден примерок од записникот


веднаш му се врачува на извршителот. Извршителот, односно Комората во
периодот определен во записникот за надзор го известуваат Министерството за
правда за преземените дејствија за отстранување на констатираните недостатоци
и приложуваат доказ за постапувањето.

4. НАДОМЕСТОК ЗА РАБОТАТА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Извршителот за преземање на извршените дејстви ја наплаќа награда и


надоместок на трошоците според:

- надоместок за обработка на предмет, трошоци и спроведени дејствија и

- награда на извршителот за извршените дејствија.

7
 Надоместокот за обработка на предмет на нотарски платен налог против
физичко лице за услуги кои произлегуваат од комунални дејности,
топлинска енергија, електрична енергија, телефонија, мобилни и кабелски
оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и
одводнување на земјоделско земјиште, по поднесено барање за
извршување по извршна исправа изнесува 2 евра во денарска
противвредност по средниот курс на Народна банка на Република
Македонија на денот на пресметувањето.
 Надоместокот за обработка на предмет по поднесено барање за
извршување по извршна исправа чие главно побарување над 100 евра, но
не надминува 300 евра изнесува 5,5 евра во денарска противвредност по
средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на
пресметувањето.7
 Надоместокот за обработка на предмет по поднесено барање за
извршување по извршна исправа чие главно побарување е определено над
1000 евра, но не надминува 3000 евра изнесува 15 евра во денарска
противвредност по средниот курс на Народна банка на Република
Македонија на денот на пресметувањето.
 Надоместокот за обработка на предмет по поднесено барање за
извршување по извршна исправа чие главно побарување е определено над
80.000 евра изнесува 90 евра во денарска противвредност по средниот курс
на Народна банка на Република Македонија на денот на пресметувањето.8

Наградата на извршителот за извршените дејствија, извршителот ја


определува според видот на извршната исправа и видот на побарувањето кое
треба да се изврши, како и според износот на наплатеното побарување. Кога
вредноста на предметот на извршување кај непаричното побарување не е
утврдена во извршната исправа како вредност за определување на наградата на
извршителот се зема вредноста на предметот утврдена преку проценител во
текот на извршувањето. Кога предмет на извршувањето е несторување или

7 Закон за извршна постапка на РМ


8 Службен весник на РМ, бр. 226 од 30.12.2016 година

8
трпење, враќање работник на работа или друга престација каде што не е можно
да биде утврдена, наградата на извршителот изнесува 500 евра во денарска
противвредност по средниот курс на Народна банка на Република Македонија на
денот на пресметувањето. Наградата на извршителот за извршените дејствија не
може да биде поголема од 5.500 евра во денарска противвредност по средниот
курс на Народна банка на Република Македонија на денот на пресметувањето,
без оглед на висината и видот на побарувањето. Наградата за извршувањето
извршителот ја наплаќа од должникот во текот на спроведување на
извршувањето.9

При извршување заради наплата на парични побарувања, извршителот во


налогот за извршување, поединечно ќе ги утврди надоместокот за обработка на
предметот, цената за извршните дејствија, реалните трошоци, такси и наградата
на извршителот. При извршување заради остварување на непарично побарување,
извршителот во налогот за извршување поединечно ќе ги утврди надоместокот за
обработка на предметот, цената за извршните дејствија, како и реалните трошоци
и такси кои произлегуваат од извршените дејствија на извршителот и наградата на
извршителот.

Цената на извршните дејствија извршителот ја определува според видот,


обемот и времетраењето на извршувањето на извршните дејствија и местото на
нивното извршување. Извршителот донесува заклучок за запирање на
извршувањето и заклучок за прекин на извршувањето, без оглед дали примил
аванс за тоа извршно дејствие, ако:

- настапила смрт на странката или нејзиниот законски застапник,


- доверителот го повлекол барањето,
- доверителот не се произнел за текот на извршувањето во рокот од 8 дена
од денот на приемот на барањето на извршителот, согласно член 93 став
(3) од Законот за извршување,
- ако настапиле правни последици од отварање стечајна постапка за странка
правно лице,

9 Закон за извршна постапка на Република Македонија

9
- извршната исправа е правосилно укината, преиначена, поништена или
ставена вон сила, односно ако потврдата за извршност е правосилно
укината,
- во случаи кога извршителот е изземен од натамошното извршување,
- доверителот побарал одлагање повеќе од два пати,

Извршителот не го тарифира донесувањето на заклучоците, заклучоците за


одложување на извршните дејствија, ниту заклучокот (поправање на грешка во
акти на извршителот), согласно Правилникот за формата на налозите,
заклучоците, записниците, барањата, службените белешки, потврдите и другите
акти кои ги изготвува извршителот при преземањето на извршните дејствија.10

Извршителот по барање на странките изготвува и доставува известување со


пресметка за состојба на главен долг, трошоци утврдени во извршната исправа,
камата, надоместокот за обработка на предметот, цена за извршни дејствија,
награда на извршителот за извршените дејствија, како и реалните трошоци и
такси кои се настанати при спроведување на извршувањето.

Извршителот ги наплаќа од должникот само надоместокот за обработка на


предметот и цената за презе мените извршни дејствија, доколку должникот:
- ја исполнил обврската утврдена во извршната исправа по поднесување на
барање за извршување од доверителот, а пред моментот кога дознал или можел
да дознае дека е отпочната постапка за присилно извршување;
- постапил по поканата на извршителот во определениот рок за доброволно
исполнување на обврската утврдена во извршната исправа.

ЗАКЛУЧОК

10 Службен весник на Република Македонија“ број 226/16

10
Извршната постапка мора да се спроведува во согласност со основните права
и слободи. За одлуката да се спроведува истата мора да биде прецизна и јасна во
одредувањето на обврските и правата што се применуваат со цел да се избегнат
секакви пречки за ефективно извршување. Одлуките на Судот покажуваат дека во
некои случаи законодавната или извршната власт се обидуваат да влијаат врз
извршувањето преку одбивање или укинување или отфрлање на помош на
полицијата. Тие исто така се мешаат во парници што се во тек преку усвојување
на одредби, честопати декларирани како  ретроактивни или толкувачки со цел да
се смени предвидливиот исход на еден или повеќе судски случаи или преку
воведување на нови правни лекови за нивно преиспитување.

Кога извршната исправа е реализирана должникот ги плаќа надоместокот за


обработка на предметот, цената на извршните дејствија, наградата на
извршителот за извршените дејствија, реалните трошоци и такси. Кога
извршувањето е запрено по барање на довери- телот или извршната исправа е
правосилно укината, преиначена, поништена или ставена вон сила, надоместокот
за обработка на предметот, цената на извршните дејствија и наградата ги плаќа
доверителот. Извршителот не наплаќа цена за извршни дејствија против кои е
изјавен приговор против незаконитости при извршувањето, а кои со правосилна
одлука на судот се ставени вон сила.

Постапката за извршување не смее да се одложува, освен врз основи утврдени


со закон. Секое одлагање треба да подложи на проценка од страна на судијата.
Извршувањето на една судска одлука може да се одложи само со друга судска
одлука.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

11
1. Закон за извршна постапка на Република Македонија

2. ЕКЧП - https://www.echr.coe.int/Documents/Convention_MKD.pdf

3. Службен весник на Република Македонија“ број 226/16

4. http://kirm.mk/

5. https://www.pravda.gov.mk/Upload/Documents/STATUT.pdf

6. Правилник за начинот на вршење надзор над работата на Комората на


извршители на Република Македонија и на извршителите

7. www.pravdiko.mk

8. Тарифа за награда и надоместок на другите трошоци за работата на


извршителите

12

You might also like