You are on page 1of 22

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АГЕНЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ
за работата на Агенцијата за управување со одземен имот за 2013 година

Скопје, мај 2013 год.

Содржина:

I. Вовед

II. Општи податоци


III. АКТИВНОСТИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ ЗА
ПЕРИОДОТ ОД 01.01.2013 до 31.08.2013 год.
3.1.Отстапување на одземени предмети со правосилна одлука и привремено
одземени предмети
3.2. Уништување на наркотични дроги , психотропни супстанции и прекурзори
како и одземено оружје, муниција и експлозивен материјал

3.3. Ништење на предмети со кои се повредени правата од интелектуална


сопственост   

3.4.Конфискација на имот и имотна корист


3.4.1. Парични средства уплатени во Буџетот на Република Македонија за 2013
год.
3.4.1.1. Постапување по предметот “Пајажина”
3.4.2. Конфискувани недвижности за 2013 год.

3.4.3. Спроведување постапка за продажба на акциите на Централна


Кооперативна Банка во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот
3.5.Внатрешно зајакнување на кадровските капацитети на Агенцијата
3.6. Други активности на Агенцијата

IV.Понатамошен развој на законската рамка за конфискацијата на имот, имотна


корист и одземени предмети

4.1.Измени и дополнувања на Законот за управување со конфискуван имот, имотна


корист и одземени предмети;

4.2. Измени и дополнувања на Подзаконски акти

V.СОРАБОТКА СО ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ И ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА и УЧЕСТВО


НА МЕЃУНАРОДНИ СРЕДБИ

5.1. Соработка со други државни органи

5.2.Учество на меѓународни средби

5.3.Учество во проекти
5.4. Обуки на вработените
V.I. ГЛАВНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ ВО
ИДНИНА

I. ВОВЕД

Годишниот извештај за работата на Агенцијата за управување со одземен имот (во


натамошниот текст:Агенцијата) е изготвен согласно член 10 од Законот за управување со
конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка
(Сл.весник бр.98/08, 145/10, 104/13 и 187/13) и го доставуваме до Владата на Република
Македонија. Овој годишен извештај е усвоен од Управниот одбор на Агенцијата во месец јуни
од причини што мандатот на членовите на Управниот одбор истече на ден 14 април 2014 год. и
мандатот на членовите е продолжен крајот на месец мај.

Годишниот извештај за работата на Агенцијата за управување со одземен имот содржи


податоци за работата на Агенцијата, потоа за користењето, управувањето и располагањето со
конфискуваниот имот, имотна корист и одземени предмети за периодот од месец јануари
заклучно со месец декември 2013 год. Во овој извештај детално е опишана работата на
Агенцијата за 2013 год согласно надлежностите во законот и расположливите капацитети.

Агенцијата за управување со одземен имот е основана со Законот за управување со


конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка
( "Службен весник на Република Македонија" бр. 98/08 и 145/10) кој е донесен во август 2008
година, a започна да се применува од 1 јануари 2009 година. Со овој закон е даден правниот
субјективитет на Агенцијата односно нејзиното основање, надлежностите, управувањето,
раководењето користењето и располагањето со привремено конфискуваниот имот, имотна
корист и привремено одземените предмети, како и конфискуваниот имот, имотната корист и
одземените предмети со правосилна одлука во кривична и прекршочна постапка, како и други
прашања поврзани со работата на Агенцијата за управување со одземен имот.

II.Општи податоци

Агенцијата за управување со одземен имот е самостоен орган на Владата на Република


Македонија и има свој печат во кој е содржан називот, грбот и името Република Македонија.
Органи на управување на Агенцијата се Управниот одбор и Директорот на Агенцијата.

Управниот одбор е составен од пет члена и тоа по еден член на предлог од


Министерството за правда, Министерството за финансии, Државното правобранителство,
Судскиот совет на Република Македонија и Советот на јавниoт обвинител на Република
Македонија. Мандатот на Управниот одбор истече на ден 14.04.2014 год., за што е потребно
Владата на Република Македонија да избере нови членови на Управниот одбор.
Со Агенцијата раководи директор. Директорот на Агенцијата го избира и разрешува Владата
на Република Македонија.

Седиштето на Агенцијата е во Скопје на ул: Македонија бб, а за сместување на


предметите кои се привремено или трајно одземени, располага со:

- Магацински објект и плац за возила во КПУ Идризово


- Магацински објект (во кругот на Тетекс) во Тетово
- Плац за возила во Гевгелија
- Плац за возила во Миладиновци
- Нови плацеви во Кичево и Петровец кои се во фаза на оспособување за чување на
возила

Агенцијата за управување со одземен имот располага со веб страна: wwww.odzemenimot.gov.mk ,


и e-mail адреса : info@odzemenimot.gov.mk
Согласно Правилникот за внатрешна организација и Правилникот за систематизација на
работните места на Агенцијата, формирани се 3 сектори и тоа:

 Сектор за правни работи, сочинет од три Одделенија:


- Одделение за извршување одлуки
- Одделение за нормативни и правни работи
- Одделение меѓународна соработка

 Сектор за финансиски прашања, сочинет од две Одделенија:


- Одделение за сметководство и плаќања
- Одделение за буџетска координација и буџетска контрола

 Сектор за оперативно работење, сочинет од 5 Одделенија:


- Одделение за преземање на одземен имот
- Одделение за проценување на одземен имот
- Одделение за организирање на работата на јавни извршители
- Одделение за продажба на имот и набавки
- Одделение за логистичка подршка
како и две посебни одделенија :
 Одделение за управување со човечки ресурси
 Одделение за внатрешна ревизија

III.АКТИВНОСТИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ ЗА


ПЕРИОДОТ ОД 01.01.2013 до 31.12.2013 год.

Агенцијата за управување со одземен имот и во текот на 2013 год. продолжи активно да ги


извршува работите предвидени со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист
и одземени предмети и да постапува со одземениот имот согласно начелата на добар домаќин и
добар стопанственик, раководејќи се од начелата на законитост, ефикасност, економичност,
транспарентност, одговорност, стручност, професионалност и ажурност.

Агенцијата за управување со одземен имот и во текот на овие месеци


продолжи со законски утврдените надлежности и тоа:

 Во рамките на своите ограничени кадровски и технички капацитети


Агенцијата управуваше со конфискуваниот имот, имотната корист и
одземените предмети,
 со согласност на судот и надлежниот орган управуваше со привремено
конфискуваниот имот и имотна корист и привремено одземените предмети со цел да се
заштити вредноста на имотот согласно со овој закон за што беа спроведени повеќе
постапки за отстапување на привремено одземени предмети како храна, облека итн.
 ја спроведуваше постапката за извршување на конфискацијата на имот и имотна
корист при што беа конфискувани поголем број недвижности, пари од сметки итн.
 И во овој период Агенцијата во рамките на своите просторни можности го чуваше и
складираше одземениот имот во магацините во КПУ Идризово, Плацот во
Миладиновци, Магацинот во Тетово за одземен имот, Плацот во Гевгелија со
магацинот, појаснуваме дека наведените магацини не се доволни за складирање на
целокупниот одземен имот во кривична и прекршочна постапка за што Агенцијата ја
извести Владата на Република Македонија.

 вршеше процена во рамките на своите капацитети и во соработка со Министерството за


правда-Бирото за судски вештачења,
 води евиденција на целокупниот одземен имот за кој има добиено известување од
органот кој го одзема привремено или со правосилна пресуда или решение,
 вршеше продажба на одземениот имот,
 изготвуваше статистички, финансиски и други извештаи за одземениот имот,планира,
организира и спроведува обука за вработените во Агенцијата и другите субјекти
вклучени во постапувањето со одземениот имот ,
 дава мислења во врска со примената на овој закон и
 врши други работи утврдени со закон.

3.1.Отстапување на одземени предмети со правосилна одлука и привремено


одземени предмети

Агенцијата за управување со одземен имот и во овој период во 2013 год. продолжи


активно да ги извршува работите предвидени со Законот за управување со конфискуван имот,
имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка. Покрај
надлежностите и овластувањата што ги има со Закон и другите подзаконски акти, Агенцијата
за управување со одземен имот постапува редовно и согласно Заклучоците од Владата на
Република Македонија.

Заклучно со месец август 2013 година, Агенцијата ги извршуваше пресудите и


решенијата на судовите и другите надлежни институции за одземање на предмети,
конфискација на имот и имотна корист, кои се доставени на извршување на Агенцијата и тоа:

- 572 пресуди за одземање на возила,


- 95 пресуди за одземање на цигари,
- 145 пресуди за одземање на наркотични дроги,
- 308 пресуди за одземање на оружје,
- 350 пресуди за одземање на дрва,
- 951 пресуда за одземање на други предмети (облека, лекови, жива стока), а меѓу нив
и предмети со незначителна вредност (камења,трски, стапови, рибарски мрежи, рачки итн.).

Од страна на државните органи и други правни лица беа доставени околу 70 барања за
отстапување на возила без надомест, со претходна согласност на Владата на Република
Македонија. Во рамките на своите законски надлежности Агенцијата отстапи 66 возила на
други институции во вредност од 19.447.490,00 ден., за што изготви решенија за отстапување
на одземени предмети со правосилна пресуда на кои Владата даде одлука за согласност на
истите.

По однос на постапувањето со одземените скапоцени камења и благородните метали


Агенцијата, Агенцијата отстапи на чување 256 монети и други предмети од непроценлива
вредност на Министерството за култура-Управата за заштита на културно наследство, како
соодветна институција надлежна за чување на овој вид предмети.

Во однос на отстапување на друг одземен имот Агенцијата за управување со одземен


имот учествуваше со останатите институции, во акцијата за помош на поплавените отстапи
значителна количина на облека, техничка стока, покуќнина, дрва и други предмети на
Министерството за труд и социјална политика за потребите на загрозените лица во
поплавените подрачја.

Исто така согласно законските надлежности Агенцијата отстапи и привремено одземен


имот согласно член 51 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и
одземени предмети во кривична и прекршочна постапка ( Сл.весник бр.98/08, 145/10 и 104/13 )
и тоа разновидна храна (зеленчук, овошје, риба, паштети, сирење и др. ) во вредност од
950.000,00 денари за потребите на Министерството за труд и социјална политика,
Министерство за правда – Управа за извршување на санкции и Министерство за локална
самоуправа.
Во соработка со Царинската Управа, на крајот на годината околу 76 илјади парчиња  запленета
царинска стока, се доделени на социјално ранливи семејства. Станува збор за 4.000 парчиња
текстил, 5.200 парчиња обувки и над 60.000 парчиња прибор и опрема за домаќинство.

Со измените во Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост,


се овозможи одземената фалисфикувана стока (обувки и облека) да биде донирана, за што
претходно потребно е да се обезбедат неколку услови и тоа: согласност од претставниците чии
трговски марки се злоупотребени, документи од надлежните органи дека производите се
безбедни и здрави за употреба и дебрендирање на стоката, односно отстранување на
брендовите од фалсификуваната стока. Согласно Законот и по донесената Одлука од Владата
на Република Македонија за начинот на распределба на ваквата стока, Агенцијата за
управување со одземен имот при преземањето на запленетата стока од ваков вид од
Царинската управа,  ќе ја отстапува на Министерството за труд и социјална политика

3.2.Уништување на наркотични дроги , психотропни супстанции и прекурзори


како и одземено оружје, муниција и експлозивен материјал

На ден 09.07.2013 год. во комбинатот “Југохром”- Јегуновце, по повод Светскиот ден 


за борба против малото и лесно оружје, и согласно програмата на ОН за превенција,борба и
искоренување на недозволената трговија со мало и лесно оружје ,чијшто потписник е и
Република Македонија, Агенцијата за управување со одземен имот во соработка со Комисијата
за уништување на одземено оружје, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори
формирана од Министерот за правда, како и во соработка со Министерството за внатрешни
работи, спроведе јавно уништување на запленетото оружје и дрога, потекнати од извршени
кривични дела за кои се донесени правосилни одлуки.

Во печките на Југохром, јавно беа уништени вкупно 265 парчиња оружје, од кои: 

- 48 ловни пушки,

-18 ловни карабини,  

-1 малокалибараска пушка,

-6 автоматски пушки,

-21 воздушна пушка, 

-76 сигнални пиштоли,

-93 пиштоли,

-2 воздушни пиштоли, како и

ДРОГА И ТОА:

-60 115 гр. Хероин,

-1 465 гр. Кокаин,

-226 952 гр. Марихуана и


-15 266 парчиња таблети.      

3.3. Ништење на предмети со кои се повредени правата од интелектуална сопственост   

   На ден  12.12.2013 год. во 11 часот во депонијата “Дрисла”, од страна на Координативното


тело за интелектуална сопственост на Владата на Република Македонија и Комисијата за
уништување на одземен имот на Агенцијата за управување со одземен имот, беше извршено
јавно уништување на одземените производи со кои беа повредени правата од интелектуална
сопственост во тековната година (авторското право и сродните права и правата од индустриска
сопственост). Предмет на уништувањето беа одземените предмети при координирани акции на
Координативното тело за интелектуална сопственост кои се одземени од овластени лица на
соодветните надлежни институции и од индивидуалните акции на државните инспекциски
органи со кои беа повредени правата од интелектуална сопственост во тековната година, а за
кои се донесени правосилни и извршни кривични и прекршочни одлуки на надлежните судови.

Во текот на спроведеното јавно ништење беа уништени вкупно 5 469 пиратски предмети, 


од кои при своето дејствување во однос на превземените активности од страна на
Агенцијата за управување со одземен имот, беа уништени 2 416 пиратски предмети
(пиратски ДВД и ЦД-а) со кои е извршена повреда на индустриската сопственост.

Целта на спроведувањето на ова јавно уништување на предмети со кои се повредени правата


од интелектуална сопственост е насочена кон јакнење на јавната свест за значењето на правата
од интелектуална сопственост, односно превентивната улога во понатамошна повреда на
правата. 

3.4.Конфискација на имот и имотна корист


3.4.1. Парични средства уплатени во Буџетот на Република Македонија за 2013 год.

Во однос на конфискацијата на имот и имотна корист, по доставувањето на правосилни


пресуди за извршување од страна на судовите Агенцијата веднаш започнува постапка за
пронаоѓање имот на осудените лица од кои се конфискува имотна корист во полза на
Република Македонија. Во текот на 2013 год. Агенцијата има добиено 50-ина правосилни
судски пресуди за конфискација на имотна корист. И во текот на 2013 година Агенцијата
продолжи со наплата при што покажа значителен успех во извршувањето на пресудите, што
резултираше и со значителен прилив на парични средства по овој основ на сметката на
Агенцијата за управување со одземен имот, кои се уплатени во Буџетот на Република
Македонија и тоа паричен износ од 261.357.000,00 ден. или 4.249.700,00 евра.

3.4.1.1. Постапување по предметот “Пајажина”

По однос на предметот “Пајажина” и барањето од стечајниот управник за враќање на


парични средства од впаричена стечајна маса во износ од 42.037.823,00 ден. како впаричен
имот во стечајна маса би сакале да ја информираме Владата дека Управниот одбор на
Агенцијата на повеќе седници детално го разгледуваше ова барање за изнаоѓање на конечно
решение по истото.

По однос на истото прашање, претходно беше одржан состанок во Основниот Суд


Скопје 1 Скопје, за враќање на разликата од паричните средства од 62.614.660,00 денари кој со
решение на кривичниот суд КОК-КР.бр.160/12 од 31.07.2012 година бил замрзнат до вкупно
конфискуваниот износ, на кој состанок беа донесени неколку заклучоци за враќање на
средствата. По однос на состанокот Агенцијата за управување со одземен имот ја
информираше и Владата на Република Македонија која донесе заклучок со укажување на
Агенцијата за управување со одземен имот дека предмет на конфискација можат да бидат само
средства кои биле обезбедени претходно со времени мерки во кривичната постапка.

Во однос на извршувањето на правосилната судска одлука Агенцијата за управување со


одземен имот постапува врз основа на член 25 и член 28 од Законот за управување со
конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка
(Сл.Весник бр.98/08, 145/2010 и 104/13) согласно кои по донесената правосилна одлука на
судот или друг орган со која се конфискува имот, имотна корист или се одземаат предмети
задолжително веднаш ја известува Агенцијата за управување со одземен имот, која постапува
по извршување на одлуката за одземање на имот.
Во конкретниот случај “Пајажина” Основниот Суд Скопје 1 Скопје на ден 14.03.2011
год. има донесено правосилна и извршна пресуда VI КОК бр.23/11, потврдена со пресуда на
Апелациониот Суд Скопје КОКЖ.бр.43/12 од 25.02.2013 год. Во пресудата согласно член 97 и
член 98 од КЗ солидарно од А1 телевизија и осудените се конфискува имотна корист која се
состои во пари во вкупен износ од 286.731.676,50 ден. прибавена со одбегнување плаќање
даноци и придонеси кон државата и износ од 8.469.523,00 ден. прибавени со неплаќање
даночни обврски кон државата. Понатаму, во пресудата наведено е дека доколку
конфискацијата не е можна од обвинетите и правните лица се конфискува и секоја друга
сопственост имот, или актива, материјални или нематеријални права, како и друг имот што
одговара на вредноста на прибавената корист, а дел од имотот привремено е обезбеден со
решение од Истражниот судија КИОК бр.62/10 од 14.02.2011 год., КОК бр.6/12 од 12.01.2012
год., продолжувани со решенија на Кривичниот совет и решение КОК 23/11 од 28.02.2012 год.
До Агенцијата за управување со одземен имот од страна на Основен Суд Скопје 1
Скопје покрај пресудата, доставени се и горенаведените решенија со кои е обезбеден имотот
кој треба да се конфискува согласно правосилната пресуда и тоа во конкретниот случај за А1
телевизија доставено е решението КИОК бр. 62/10 од 14.02.2011 год., со кое се врши
привремено замрзнување и задржување на парични средства во износ од 124.223.343,00 денари
од банкарските сметки на правното лице А1 Телевизија и тоа од: НЛБ Тутунска Банка АД
Скопје, Прокредит Банка АД Скопје, Охридска Банка АД Скопје и Комерцијална Банка АД
Скопје.
Согласно горенаведеното Агенцијата за управување со одземен имот има постапено по
налогот за извршување на правосилната пресуда на Основниот Суд Скопје 1 Скопје како и
решенијата за привремено обезбедување на имотот, од што произлегува дека постои правен
основ за конфискација на парични средства во износ од 124.223.343,00 денари од банкарските
сметки на правното лице А1 Телевизија.

Решенијата за привремено замрзнување и задржување на банкарски сметки во висина


на паричен износ од 62.614,660 ден. КОК-Кр.бр.160/12 од 31.07.2012 год. и решението КОК
бр.206/12 од 28.09.2012 год. не се доставени со правосилната пресуда на извршување од страна
на Основниот Суд Скопје 1 Скопје до Агенцијата за управување со одземен имот , ниту пак на
наше барање до Агенцијата е доставен доказ – извод од стечајната сметка за впаричување на
имотот од продажба на стечајна маса на стечајниот должник А1 Телевизија ДООЕЛ Скопје- во
стечај сметано од денот на отварањето на стечајната постапка до денот на донесување на
решението за конфискација на Агенцијата за управување со одземен имот, со кое е извршено
пленидба на паричните средства од стечајната сметка на стечајниот должник А1 Телевизија
ДООЕЛ Скопје- во стечај што ја поседува во НЛБ Тутунска Банка.
Горенаведената документација ја побаравме од причини што Агенцијата не располага
со потребна документација и точни податоци за продадениот и впаричен имот од продажбата
на стечајната маса согласно барањето од 18.10.2013 год. на стечајниот управник Ацо Петров за
враќање на износот од 42.037.823,00 ден. како впаричен имот во стечајна маса.

По однос на барањето на мислење од Основниот Суд Скопје 1 Скопје , известени сме


дека постапката по предметот КОК бр.23/11 е правосилно завршена со пресуда КОК бр.23/11
од 14.03.2013 год., со која е одлучено конфискација на имотна корист што се состои во пари и
од сметката на А1 Телевизија ДООЕЛ претходно обезбедени со решение КИОК бр. 62/10 од
14.02.2011 год., согласно кое и постапила Агенцијата за управување со одземен имот.

Како што наведовме погоре до денес не сме ги добиле Решенијата за привремено


замрзнување и задржување на банкарски сметки во висина на паричен износ од 62.614,660 ден.
КОК-Кр.бр.160/12 од 31.07.2012 год. и решението КОК бр.206/12 од 28.09.2012 год., ниту пак
извод од стечајната сметка на А1 Телевизија како доказ за паричните средства од впаричена
стечајна маса за износ од 42.037.823,00 ден, за што по однос на барањето на стечајниот
управник постапката е сеуште во тек.

Во однос на конфискацијата на имотна корист по правосилни пресуди од правни лица


каде во текот на постапката замрзнати се средства на нивните редовни сметки, Агенцијата за
управување со одземен имот наоѓа на потешкотии при извршувањето на правосилните пресуди
од причини што во текот на кривичната постапка над правните лица се отвора стечајна
постапка и согласно член 79 од Законот за стечај се отвара нова стечајна сметка на правното
лице во стечај на која сметка, паричните средства од редовните сметки се префрлаат на новата
денарска сметка што ја отворил стечајниот управник, а редовните сметки се затворени на ден
01.08.2011 год.

3.4.2. Конфискувани недвижности за 2013 год.

По основ на конфискација на имотна корист од осудените исто така конфискувани се и


повеќе недвижности со решение на Агенцијата кои се префрлени во сопственост на Република
Македонија, кои детално се прикажани во Табела 1. За дел од нив извршена е проценка од
страна на Бирото за судски вештачења и истите проценети се во вкупен износ 18.442.000,00
или 299.900,00 ЕУР.

 
одземен имот/недвижности
63 м2 стан на ул.18-Ноември бр.2. 1-пр., видно од Имотен лист број 92289 од Катастарска
општина Гостивар 1( Проценката изнесува 805.777,00 ден )
подзграда 74 м2, двор 280 м2, земјиште под зграда 16 м2 и 73 м2, видно од Имотен лист број
3987 од Катастарска општина( Гостивар 1 Проценката изнесува 620.200,00 ден )
стан во семејна зграда 56 м2, стан во семејна зграда 49 м2, згради во останато стопанство
од 49 м2 видно од Имотен лист број 26220 од Катастарска општина Гостивар 1 (Проценката
на недвижноста изнесува 681.967,00 ден )
право на сопственост на 1/2 од :КП бр. 8346 дел 1 култура двроно место со површина од 500
м2 место викано ул.Првомајска 117 Скопје;КП бр. 8346 дел 1 култура земјиште под зграда, со
површина од 301м2 место викано ул.Првомајска 117 Скопје;КП бр. 8346 дел 1 култура
овоштарници, со површина од 663 м2 место викано ул.Првомајска 117 Скопје видно од
имотен лист бр.98060 Катастарска општина Центар 1.( Проценката на недвижноста
изнесува 20.000,00 денари за м2 )
право на сопственост на 1/2 од :КП бр. 8346 дел 1 со адреса на ул.163 бр.117 и тоа:
помошни простории со внатрешна површина од 67 м2,стан во семејна зграда со внатрешна
површина од 72 м2, помошни згради со внатрешна површина од 33 м2 и внатрешна
површина од 15 м2,помошни простории со внатрешна површина од 24 м2, станови во
семејна зграда со внатрешна површина од 73 м2, внатрешна површина од 73 м2 видно од
имотен лист бр.449 Катастарска општина Центар 1.( Проценка на недвижноста изнесува
4.361.195,00 ден )
делумно право на сопственост на 1/24 од :КП бр. 13784 на викано место Кленовец култура
дворно место во површина од 204 м2 и земјиште под зграда 74 м2 видно од имотен лист
бр.12162 Катастарска општина Битола 3. Објектот не е запишан во сопственост на
Агенцијата од причина што потребно е да се достави геодетски елаборат за снимање на
новоизграден објект, за да може да се запише сопственоста. (НЕМА ПРОЦЕНКА )
во ИЛ.БР. 27236 за КО Велес се изврши промена на носителот на правото на сопственост од
КП .2509 се запишува во сопственост на Република Македонија –Агенција за управување со
одземен имот и тоа стан со површина од 55 м2 и 6 м2 помошни простории на ул Страшо
Пинџур (НЕМА ПРОЦЕНКА )
промена на сопственоста на недвижностите запишани во ИЛ.бр26015 за КО Велес од
досегашниот носител Зоран Манасков на РМ-Агенција за управување со одземен имот и тоа
на КП бр. 3085 на ул.Родна Ивева во вкупна површина од 236 м2 зграда бр.1.стан 1 во
површина од 43 м2, зграда бр.1 кат-ПР стан 2 во површина од 164 м2, зграда бр.1 кат ПР
стан 2 во површина од 7м2, зграда бр.2-ПР кат-ПР во површина од 22 м2 ( Извршената
проценка на недвижноста му изнесува 3.496.147,00 ден )
Конфискуван имот од Славица Маринковска Конфсикувана е 1/1 Стан во стамбена Зграда -
стан со површина од 68м2 од кои 14 м2 помошни простори, на КП бр.731/2 со имотен
лист 18585 КО- Центар 2. Станот е под хипотека во корист на НЛБ Тутунска Банка .
Конфискувана од Ѓултен Џемаили и Џеват Џемаили 1/1 Стан во стамбена зграда -стан со
површина од 53 м2 и помошни простори со површина 2м2 на катастарска парцела 2470/0 со
имотен лист 6667 катастарска општина Чаир и ИЛ.93991 КО Чаир КП 3381 нива со
површина од 1049м2 1/5 идеален дел на Обвинетата Ѓултен Џемаили .
Конфискувана од Слободан Пејоски 1/1 стан со вкупна површина од 127м2 од кои 16м2
помошни простори на ИЛ.52663 КП 2526 катастарска општина Карпош.
Конфискувана од Жан Крстановски сопруг на обвинетата Нташа Крстановска 1/1 стан со
вкупна површина од 75 м2 од кои 9 м2 лоѓи , балкони и тараси со Имотен лист бр.48368 со
кп 617/0 Катастарска општина Кисела Вода .
Конфискувана од Хеди Рамковски и Емел Рамковски е 1/3 нива од (идеален дел) на двете
осудени лица и 1/3 идеален дел од Лејла Рамковска.Пеперута,објект со намена ДЗ-спорт и
рекреација со површина од 275м2 и земјиште во вкупна површина од 15.737 од кои под
објект 323 м3, 14640 м2 нива а 774 м2 овоштарници со ИЛ.12105.КП.3176/1 Катастарска
општина Нерези
Конфикувана од Хеди Рамковски 1/1 стан во семејна зграда со површина од 106 м2, од кои
41 м2 помошни простори и земјиште со површина од 80 м2 под објект, и 260 м2 двор, со
имотен лист 263 со КП,3109 во катастарска општина Карпош.
Конфискувана од Жаклина Ѓорѓиевска 1/2 (ИДЕАЛЕН ДЕЛ )објект со вкупна површина од
112м2 од кои 83 м2 стан во семејна зграда 29 м2 помошни простори и земјиште во бкупна
површина од 417 м2 од кои 114 м2 под зграда, со ИЛ.230 СО КП.651 катастарска општина
Гази Баба.
Конфискувана од Шерафедин Рауф и Невин Рауф 1/1 Стан со вкупна површина од 96 м2 од
кои 4 м2 помошни простори , а 18м2 гаража со ИЛ.6462 КП 2470 со Катастарска општина
Чаир.
Конфискувана од Жаклина Ѓорѓиевска објект во вкупна површина 139м2 од кои 66 м2 зпз
67м2 дм и 6 м2 зпз, како и стан од 47 м2 со помошни простори и 42 м2 и помошна
просторија од 4м2 со ИЛ 6900 КО ЦЕНТАР 1 СО КП.12268.
Конфискувана од Александер Дамовски 1/1 двор од 909 м2 и под зграда од 57 м2, како и
приземје од 30 м2 и сутерен од 43 м2 со ИЛ.2127 КО МАВРОВО , КП 1075.
Конфискувана од Невин Рауф и Арзу Рауф 1/1 стан со вкупна површина од 124 м2 од кои 13
м2 помошни простори ИЛ.92689 КО Чаир , кп 540.
Конфискувана од Невин Рауф 1/1 стан со површина од 96m2 од кои 4m2 помошни
простори,a 18m2 со ИЛ 6462 ко Чаир КП 2470.
Конфискувана од Зоран Мицецевски објект во останато стопанство со површина од 22 м2
ИЛ.5626 КО Радишани КП 2187.
Конфискувана од Жан Крстановски 1/1 стан - со вкупна површина од 75 м2, од кои 9 м2
Лоѓи, балкони, и тараси со ИЛ 48368 КО Кисела вода 2 КП 617.
Конфискувана од Ибраими Ибраим 1/1 од 8 м2 и пр од 50 м2 со ИЛ.12399, ко Карпош, КП
796 .
Хеди Рамковски од Хедфи РАМКОВСКИ И Емел Рамковска 1/1 (идеален дел ) со површина
од 275м2 и земјиште во вкупна површина од 15.737 м2 од кои под објект е 323 м2, 14640
м2 нива 774 м2 со имотен лист 12105 со кп 3176/1

Во однос на горенаведените недвижности, Агенцијата се обрати до Министерството за


правда - Бирото за судски вештачења да се изврши проценка на конфискуваните
недвижности со цел за истите да се спроведе постапка за продажба.

За дел од недвижностите Агенцијата поднесе барања за иселување и испразнување на


имотот од луѓе и предмети , се со цел недвижноста да се превземе во корист на државата
Република Македонија, да се изврши проценка и да се отпочне постапка за продажба.

Во однос на недвижностите кои се конфискуваат, за дел од истите има товар односно


хипотека по основ на земен кредит од банка или некој друг вид на заем.
3.4.3. Спроведување постапка за продажба на акциите на Централна
Кооперативна Банка во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот

Во однос на продажбата на одземените акции на Централна Кооперативна банка врз


основа на правосилна пресуда, со извадок од Нацрт-записникот од 78-та седница на Владата на
Република Македонија Агенцијата за управување со одземен имот беше задолжена да ги даде
на продажба запленетите акции, по цена и на начин по кој ќе се продаваат акциите на
Министерството за финансии. Согласно член 33 од Законот за управување со конфискуван
имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (Сл.весник
бр.98/08, 145/2010 и 104/3013) продажбата и управувањето на одземениот имот со правосилна
одлука кој се состои од хартии од вредност се врши согласно со прописите со кои е уреден
прометот на хартии од вредност.
Согласно задолжението дадено од сто четириесет и третата седница на Владата
на Република одржана на ден 29.06.2013 год. со кое Агенцијата за управување со одземен
имот, беше задолжена во рок од 15 дена да изврши измени на Правилникот за постапување со
одземен имот, во смисла на детално уредување на постапката за продажба на акциите,
вклучително и утврдување на почетната продажна цена. Согласно заклучокот Агенцијата во
предвидениот рок, во соработка со претставници од Министерството за правда,
Министерството за економија и Министерството за финансии работеше на изготвување и
донесување на Нов Правилник за постапување со одземен имот, кој Управниот одбор го усвои
на 11-тата седница одржана на ден 31.07.2013 год. Со новиот Правилник во посебно поглавје
детално се пропишува постапката за продажба на акциите вклучително и утврдувањето на
почетната продажна цена. Новиот Правилник е објавен во “Службен Весник на РМ” во бр.115
од 19.08.2013 год. а стапи во сила 8-иот денот од денот на неговото објавување, односно влезе
во сила на 27.08.2013 год .

Во однос на отпочнување на постапката за продажба на акциите Агенцијата се


обрати до Македонска берза АД Скопје, да не известат која е просечната цена на акциите на
Централна Кооперативна Банка, со која се тргува на Берзата во последните 12 месеци, според
податоците на Македонска берза за што со допис бр.01-1622/2 од 03.09.2013 год. бевме
известени дека просечната цена на обичните акции издадени во Централна Кооперативна
Банка АД Скопје во последните 12 месеци (30.08.2012.-30.08.2013 год.) изнесува 615,00 ден. за
една акција.
Согласно член 15 и член 33 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна
корист и одземени предмети (Сл.весник на РМ бр. 98/2008, бр.145/2010 и 104/13), како и
согласно член 15 од Правилникот за постапување со одземен имот 09-2845/4 од 13.08.2013 год.
(Сл.весник на РМ бр. 115/13), а во врска со заклучокот бр.1 од сто триесет и шестата седница
на Владата на Република Македонија одржана на 21.05.2013 година, Управниот одбор на
седницата одржана на ден 10.09.2013 година донесе Одлука за продажба на акциите во
Централна Кооперативна Банка АД Скопје во сопственост на Агенцијата за управување со
одземен имот, Агенцијата достави предлог за продажба на акциите на која Владата даде
согласност и ја задолжи Агенцијата за управување со одземен имот, по добивање на
согласноста на Одлуката за продажба на акциите во Централна Кооперативна Банка АД Скопје
во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот бр. 02- 3299/2 од 10.09.2013 год
како предлог за спроведување на постапка за продажба на акциите во Централна кооперативна
Банка во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот, да ја спроведе постапката
за продажба на акциите согласно Правилникот за постапување со одземениот имот.
Постапувајќи по задолжението Агенцијата постапи веднаш и објави ја објави продажбата на
акциите во два дневни весника што излегуваат на територијата на Република Македонија.
Агенцијата ќе продолжи со постапката до продажба на акциите на Македонската берза.

Агенцијата согласно Одлуката на Управниот Одбор и и членот 17 од Правилникот за


постапување со одземен имот, по добивање на согласност од Владата, АУОИ ја спроведува
продажбата на акциите согласно поглавјето во кое се содржани одредбите за постапување со
хартии од вредност од Правилникот за постапување на одземен имот (Сл.весник на РМ бр.
115/13).

Агенцијата за управување со одземен на  објавената - Продажба на 5.870 обични акции(во


сопственост на АУОИ), издадени од Централна Кооперативна Банка АД-Скопје, кои беа
понудени на продажба на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје по пат на јавна
берзанска аукција изврши продажба по принципот “се или ништо” со продажна цена на една
акција 615,00 ден или вкупна постигната продажна цена 3.610.050,00 ден. 

За останатите акции во сопственост на Агенцијата продажбата ќе биде извршена по


конституирањето на Владата на Република Македонија.

3.5.Внатрешно зајакнување на кадровските капацитети на Агенцијата

Во Агенцијата за управување со одземен имот за периодот до 01.03.2013 год директор беше


Г-дин Земри Ќамиљи, а за периодот од 01.03.2013 год. до 30.04.2013 год, директор на
Агенцијата беше г-дин. Ејуп Рустеми. Во наредниот период до ден денес директор на
Агенцијата е г-дин Башким Амети.

Во овој период, со цел зајакнување на слабите кадровски капацитети на Агенцијата во


тек беа постапки за преземање на 1 (еден) вработен од Министерството за транспорт и врски и
1 (еден) вработен од Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија во АУОИ
на позиција раководител на одделение за проценување на одземен имот и раководител на
одделение за продажба на одземен имот и набавки. Во насока на подобрување на кадровската
екипираност на АУОИ како еден од условите за непречено функционирање во работата,
АУОИ ја извести Владата на Република Македонија и надлежните институции и за целиот овој
период ги направи сите можни напори, барем делумно да се пополнат празните места согласно
Систематизацијата за работни места, со нови вработувања или со преземање на вработени од
други институции од причини што не се вработени ниту 30% од предвидените 113 работни
места со систематизацијата, со што можеме да заклучиме дека постои значителен недостиг на
кадар, кој би можел ефикасно да ги извршува законските надлежности на АУОИ, што би имало
за крајна цел зголемување на приходите во Буџетот на Република Македонија. Во наредниот
период беа превземени од ЈП Македонски шуми 16 општи работници кои беа прераспределни
по магацините и плацевите на Агенцијата.
Во соработка со МИОА, Агенцијата побара од сите државни органи да ја известат за
суфицит на вработени кои би можеле да се преземат, но од институциите бевме известени дека
немаат вишок на вработени. Во иднина Агенцијата со сите напори и сили ќе бара пополнување
барем на половина од бројот на предвидените вработувања согласно Систематизацијата, со цел
успешно извршување на законските надлежности.

Во однос на работата на Управниот одбор, заклучно со месец декември 2013 година


Управниот одбор на АУОИ активно одржуваше седници и беа одржани вкупно 22 (дваесет и
две) седници каде што редовно и полноправно членовите на Управниот одбор носеа одлуки
согласно Законот.
3.6.Други активности на Агенцијата
Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување на ден 05.06.2013 год. беше извршен
инспекциски надзор во магацините во Тетово и КПУ Идризово, на Агенцијата за управување
со одземен имот каде во магацинот во КПУ Идризово беа утврдени следните недостатоци :

- Не е приложен на увид “ план за заштита и спасување од природни непогоди и други


материи,

- Не е приложена на увид “проценка на загрозеност од природни непогоди и други


несреќи,

- Не е приложено на увид Правилник за заштита од пожари и експлозии,

- не е приложен документ за спроведена обука на вработените во однос на заштита и


спасување,

- во магацинот во Идризово напојувањето со електрична енергија се спроведува од


соодветниот објект на КПУ “Идризово” без заштитен уред.

- нема изведено хидрантска мрежа, присутен е еден “сув” и неопремен, надворешен


хидрант,

-нема систем за заштита од атмосферско празнење,

- во складот се чуваат опасни материи,

- нема интегриран систем за автоматско откривање, јавување и гаснење пожар

Од страна на инспекторите побарано е да се преземат следните мерки и рокови за


отстранување на недостатоците и тоа:

1. Да се доведат во исправна состојба сите видови инсталации-постоечки, а воедно да


се изведат и сите оние кои се наведени согласно записникот.
2. Да се изврши експортирање во складот за чување на опасни материи.
3. Да се прибави согласност за Елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни
материи. Рокот за извршување е 60 дена.
4. Да се изготви План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи
и за истиот да се прибави мислење од Дирекцијата за заштита и спасување. Рок за
извршување 90 дена.
5. Да се изготви проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи. Рок
за извршување 90 дена.
6. Да се изготви Правилник за заштита од пожари и експлозии. Рок за извршување 90
дена.
7. Да се спроведе обука на вработените во однос на заштитата и спасувањето со
посебен акцент на заштитата од пожари и експлозии. Рок за извршување 15 дена.
По извршениот редовен инспекциски надзор во магацинот во Тетово на ден 05.06.2013
год. констатирано е следното:

- Да се комплетираат средствата за гаснење пожар,


- Системот за водоснабдување не работи,
- Да се комплетира и стави во исправна состојба хидрантската мрежа,
- Алармниот систем не работи,
- Паничните светла не се во исправна состојба,
- Да се изврши А-тест на громобранската инсталација,
- Да се донесе правилник за заштита од пожари и експлозии

Сите горенаведени недостатоци се прекршок и се спротивни на одредбите од Законот


за заштита и спасување (службен весник бр.93 од 24.07.2012 година) и за истите предвидено
во законот е поведување прекршочна постапка. За отстранување на неправилностите на
Агенцијата даден и е рок приложените мерки да се комплетираат во рок од 90 календарски
дена.

Во однос на горенаведеното, Агенцијата веднаш пристапи кон отстранување на


недостатоците за кои можеше да интервенира и тоа:

- Во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување беше спроведена обука на


вработените во Агенцијата за управување со одземен имот за универзална единица за
заштита и спасување, за што вработените добија сертификати од Дирекцијата.
- Управниот одбор на Агенцијата за управување со одземен имот на предлог на Директорот
усвои Правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.
- Агенцијата со барање се обрати до КПУ Идризово за сервисирање на постојните апарати
за ППЗ заштита или за отстапување на користење сервисирани апарати за ППЗ заштита
кои се во исправна состојба за потребите на Агенцијата, со цел превентивно спречување
на несакани дејствија-пожари од причини што во депото се чуваат и пиротехнички
средства и лесно запаливи течности, на кое барање КПУ Идризово одговори позитивно и и
отстапи на Агенцијата неколку апарати на користење, кои не се доволни.

- во однос на отстранување на останатите недостатоци, Агенцијата не располага со


финансиски средства за отстранување на истите, согласно задолженијата на
инспекциските служби на Дирекцијата за заштита и спасување, за што се надеваме дека со
Буџетот за идната година средствата ќе се обезбедат.

- Најитно неопходни се средства за противпожарна заштита и спроведување на мерките за


отстранување на недостатоците на магацините и плацевите на АУОИ согласно Законот за
заштита и спасување (Службен весник бр.93 од 24.07.2012 година), најмногу од причини
што во магацините се чуваат пиротехнички средства и лесно запаливи течности, што во
случај на експлозија би настанале големи материјални штети, како и нивното складирање
и условите за чување треба да бидат во согласност со Законот за заштита од експлозивни
материи.

Агенцијата за управување со одземен имот согласно законските надлежности, го чува и


складира целокупниот одземен имот во кривична и прекршочна постапка во повеќе плацеви и
магацински простори лоцирани во Скопје, Тетово и Гевгелија:

1.Плацот за возила и магацин во Скопје во КПД Идризово технички се несоодветно


обезбедени и неколку пати се имаат случено кражби од непознати сторители кои се навремено
и уредно пријавени во Министерството за внатрешни работи, со што е направена значителна
штета, не само од оштетување на објектот, туку е направена и значителна материјална штета.
2.Плацот Миладиновци за одземени возила кој е отворен плац од 10000 м2 каде се
наоѓаат возила преземени од АМСМ, кој исто така не е соодветно обезбеден.

3.Магацин во Тетово за одземен имот, превземен од Царинската Управа со отворен


плац од 12960 м2 и магацин плус административен објект со вкупна покриена површина од
4440 м2. И во овој магацин неколку пати се случиле кражби со што е направена значителна
материјална штета, и кои се пријавени во Министерството за внатрешни работи од страна на
Агенцијата за управување со одземен имот.

4.Плац во Гевгелија со магацин – отворен плац кој не е обезбеден со чуварска служба и


техничка опрема како и останатите плацеви.

Во сите горенаведени магацини, во однос на обезбедувањето на предметите на


плацевите и магацините Агенцијата не располага со:

- техничка опрема како камери за видео надзор,


- компјутери,
- алармен систем
- и се што е неопходно за обезбедување на истите и предметите во нив,
- ниту пак располага со финансиски средства за да може да ги обезбеди неопходните
технички и човечки ресурси за обезбедување на магацините и плацевите.

Во врска со обезбедување на просторни капацитети Агенцијата за управување со


одземен имот склучи Договор за користење на два плаца со Министерството за одбрана
во рамките на касарните во Кичево и Петровец со што овој период ќе биде обезбеден
простор за сместување возила правосилно и привремено одземени во кривична и
прекршочна постапка од Царинската Управа и др.органи кои одземаат.

Во однос на магацинските простори од затворен тип, Агенцијата за управување со


одземен имот се уште нема доволно или има многу мали капацитети за да може да ја преземе и
складира целокупната стока одземена во кривична и прекршочна постапка, пред се одземената
стока на Царинската Управа како приоритетна, ниту пак има средства во Буџетот за да може да
плаќа приватни складишта за чување, за што се надеваме во Буџетот за 2015 год. средствата ќе
бидат обезбедени.

Во однос на кражбите во горенаведените магацини и плацеви Агенцијата се обрати за


помош до Министерството за внатрешни работи во делот на изнајдување на начин за
позасилено обезбедување на магацините и плацевите со кои располага Агенцијата, но не наиде
на позитивен одговор.

Во однос на зголемување на безбедноста на магацинските простори и плацевите


Агенцијата спроведе постапка за набавка на опрема за видео надзор согласно Законот за јавни
набавки, за која намена беа обезбедени 13 камери кои се наменети за обезбедување на
магацинот во Идризово и Тетово.

Агенцијата спроведе постапка за надградба и ажурирање на официјалната веб страна на


Агенцијата која гласи: odzemenimot.gov.mk, во согласност со Законот за јавни набавки. Истата
е надградена и проширена и може да се користи и функционира на три јазици: македонски,
албански и англиски.

Во поглед на зајакнување на техничките капацитети на Агенцијата согласно Законот за


јавни набавки спроведена е постапка за набавка на персонални компјутери, при што
обезбедени се 10 персонални компјутери.
IV.Понатамошен развој на законската рамка за конфискацијата на имот, имотна корист
и одземени предмети

4.1.Измени и дополнувања на Законот за управување со конфискуван имот, имотна


корист и одземени предмети;

Во Службен весник бр. 104 од 24 јули 2013 год. и 187/13 од 30.12.2013 год. излегоа
Измените на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети
во кривична и прекршочна постапка , а стапија на сила 8-иот ден од денот на нивното
објавување.

Согласно измените проширени се надлежностите на Агенцијата и тоа во


членот 48 предвидено е дека Агенцијата со добиена претходна согласност на
судот кој ја донел одлуката за привремено одземање во кривична постапка
ќе донесе одлука за продажба или отстапување на привремено одземен
подвижен имот во кривична постапка доколку процени дека со чувањето на
имотот се намалува неговата вредност или трошоците за негово чување се
несразмерно големи. Барањето за претходна согласност за продажба и отстапување,
Агенцијата го доставува до судот кој донел одлука за привремено одземање подвижен
имот во кривична постапка во рок од десет дена од денот на известувањето за
привремено одземениот подвижен имот во кривична постапка.
Согласноста за продажба или отстапување на привремено одземен подвижен
имот во кривична постапка судот ќе ја донесе во рок од 15 дена од денот на
поднесувањето на барањето од страна на Агенцијата.

Агенцијата по применото известување од судот или органот кој донел


одлука за привремено одземениот подвижен имот во прекршочна постапка ќе
донесе одлука за продажба или отстапување на привремено одземен подвижен
имот во прекршочна постапка доколку процени дека со чувањето на имотот се
намалува неговата вредност или трошоците за негово чување се несразмерно големи.
Одлуката за продажба и отстапување на привремено одземениот имот во
прекршочна постапка Агенцијата ја донесува во рок од 15 дена од денот на
известувањето за привремено одземениот подвижен имот во прекршочна
постапка.
По добивање на согласноста привремено одземените предмети ќе се отстапуваат без
надомест или ќе се продаваат, со што парите ќе се чуваат на посебна сметка до завршување на
постапката. Во случај на враќање на привремено одземениот предмет средствата од сметката
ќе се вратат на сопственикот во висина на проценката, а ако е отстапен предметот Агенцијата
исто така ќе ги исплати средствата во висина на проценката.

Понатаму во членот 49 пропишано е дека средствата добиени од продажбата на


привремено одземените предмети се уплатуваат на посебна приходна сметка на Агенцијата , а
доколку се донесе правосилна одлука за враќање на предметот кој е продаден, Агенцијата на
сопственикот му ги исплаќа средствата добиени со продажбата од посебна приходна сметка.

Доколку е донесена правосилна одлука за враќање на отстапен привремено одземен


предмет Агенцијата на сопственикот ќе му ги исплати средствата од проценката.

Членот 52 се менува и гласи со тоа што се прошируваат правните лица на кои може да
се отстапат одземени предмети со правосилна одлука и тоа освен на други државни органи,
Агенцијата може да отстапи и на фондови, агенции, дирекции, јавни установи, независни
регулаторни тела основани од Република Македонија, трговски друштва основани од
Република Македонија и други основани од Република Македонија како и единиците на
локалната самоуправа , по претходна согласност на Владата на Република Македонија.

Агенцијата на горенаведените правни субјекти исто така може да им отстапи и


привремено одземени предмети за кои е добиена согласност согласно член 48, по претходна
согласност на Владата на Република Македонија.

Со овие измени Агенцијата доби поголеми надлежности и овластувања во делот на


отстапувањето на привремено одземен имот како и отстапувањето на одземените предмети, но
исто така, предметите нема да губат вредност и ќе се подобри управувањето со
конфискуваниот имот од страна на Агенцијата за управување со одзмен имот во насока на
ефикасно управување на конфискуваниот имот и одземените предмети, негова продажба и
остварување приходи во Буџетот на Република Македонија.
Во врска со донесувањето и стапувањето на сила на измените од Законот за управување
со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка
Агенцијата го извести Министерството за правда дека по стапувањето на сила на измените на
законот, Агенцијата за управување со одземен имот веднаш започна со спроведување на
обврските од измените, но дел од надлежностите се уште нема можност да се спроведат.
Во врска со член 51-а од измените на законот , по однос на известувањето на другите
органи за одземениот имот, Агенцијата не е во можност да ги известува во рок од два дена
наведените органи, за што Работната група која ќе изготви техничка спецификација за
софтверско решение за водење евиденција на целокупниот одземен имот, ќе изготви и
спецификација за веб портал на кој секојдневно ќе бидат известувани другите органи за видот
на предметите кои се одземаат и нивното барање за отстапување ќе се доставува електронски
до Агенцијата за управување со одземен имот и ќе биде ажурирано на секојдневна основа, за
кој софтвер и портал Агенцијата ќе спроведе постапка за јавна набавка согласно Законот за
јавни набавки.

Согласно член 16 и член 48 од измените на законот, во поглед на преземање и постапување со


одземените предмети, а со оглед на фактот Агенцијата за управување со одземен имот, нема
капацитет да го преземе целокупниот имот, за секојдневна евиденција, сместување и
постапување по предметите кои се одземаат, Агенцијата за управување со одземен имот
иницираше формирање Работна Група која би изготвила техничка спецификација за
софтверско решение за водење евиденција на целокупниот одземен имот (база на податоци со
евиденција, датотеки, слики, скенирана документација во секоја фаза од постапката), со што
Агенцијата веднаш ќе има пристап до секој одземен предмет, имот и имотна корист и истиот ќе
го отстапува или продава согласно законот.

4.2. Измени и дополнувања на Подзаконски акти

Агенцијата во соработка со претставници од Министерството за правда,


Министерството за економија и Министерството за финансии работеше на изготвување и
донесување на Нов Правилник за постапување со одземен имот, кој Управниот одбор го усвои
на 11-тата седница одржана на ден 31.07.2013 год. Со новиот Правилник во посебно поглавје
детално се пропишува постапката за продажба на хартии од вредност, а во останатите глави
детално се опишани постапките за управувањето и продажбата со други одземени предмети.
Новиот Правилник е објавен во “Службен Весник на РМ” во бр.115 од 19.08.2013 год. а стапи
во сила 8-иот денот од денот на неговото објавување, односно влезе во сила на 27.08.2013 год .
Овој правилник беше изготвен и донесен огласно задолжението дадено од сто четириесет и
третата седница на Владата на Република одржана на ден 29.06.2013 год. со кое Агенцијата за
управување со одземен имот, беше задолжена во рок од 15 дена да изврши измени на
Правилникот за постапување со одземен имот, со цел да се создадат законски услови за
продажба на акциите на Централна кооперативна банка во сопственост на Агенцијата. Со
стапување во сила на Правилникот Агенцијата веднаш започна постапка за продажба на
акциите.

Согласно измените на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и


одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (Службен весник бр. 104 од 24 јули
2013 год. и 187/13 од 30.12.2013 год.) Управниот одбор на Агенцијата на предлог на
Директорот усвои Правилник за постапување со привремено одземен имот во кривична и
прекршочна постапка и трајно одземени предмети во управна постапка, со кој детално е
пропишан начинот на постапувањето со привремено одземениот имот.

Исто така беше донесен и Стратегиски план на Агенцијата за управување со одземен


имот за периодот од 2014-2016 год. тригодишен стратегиски план во кој се опфатени
програмите и активностите за остварување на целите и приоритетите на Агенцијата за
управување со одземен имот.

V.СОРАБОТКА СО ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ И ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА и УЧЕСТВО


НА МЕЃУНАРОДНИ СРЕДБИ

5.1. Соработка со други државни органи

Пред формирање на Агенцијата, надлежноста за управување со конфискуваниот имот,


имотната корист и одземени предмети ја извршувале повеќе институции како: сите 27 судови
низ Република Македонија, Царинската управа на Република Македонија преку царинските
испостави низ целата земја, Министерството за внатрешни работи преку секторите за
внатрешни работи и полициските станици, како и Шумската Полиција.
Со формирањето Агенцијата, ги наследи согласно Законот, надлежностите на овие
институции во поглед на постапувањето со одземените предмети, имотот, и имотната корист.
И во овој период, Агенцијата продолжи да соработува со овие органи и тоа: Царинската
управа, Судовите во Република Македонија, Министерство за внатрешни работи, Шумска
полиција, Инспекторат за земјоделство, Пазарна инспекција, Техничка инспекција, и други
органи.

Обемот на делокругот на надлежностите на Агенцијата е преголем и се однесува на


управување на одземените предмети во прекршочна постапка на Царинската Управа и во
кривична постапка, и ги опфаќа конфискуваниот имот, имотна корист и одземени предмети од
страна на судовите на целата територија на Република Македонија, како и сите органи што
водат прекршочна постапка како Пазарната Инспекција, сите единици на Шумската Полиција,
Министерството за внатрешни работи итн. Од ваквиот голем обем на работа невозможно е во
краен рок, конкретно постапување по истите.

Соработката со секој од горенаведените органи има свои специфичности во однос на


начинот на преземање и чување на предметите/стоката.
- Во поглед на зголемените законски надлежности согласно последните измени, во
соработка со Министерството за правда доставен е Акционен План до Владата на
Република Македонија за зголемување на кадровските капацитети во поглед на
преземањето на стоките, за што имаме негативно мислење и задолжена е Агенцијата да
побара превземање на вработени од другите државни органи, за што сметаме дека
повторно треба да се побара кадровско зајакнување на Агенцијата од причини што
истото е неопходно за спроведување на измените на законот.
- Во однос на спроведување на законските обврски согласно новите измени на законот
донесен е Правилник за управување со привремено одземениот имот во кривична и
прекршочна постапка, и трајно одземениот имот во управна постапка, согласно кој
Правилник ќе бидат склучени Меморандуми за соработка со сите надлежни
институции за одземање на предмети во кои детално ќе биде пропишан начинот на
примо-предавање на одземените предмети заедно со целокупната документација и сите
спецификации за предметите. Во фаза на склучување се Меморандуми за соработка со
ЈП Паркови и зеленило и Министерството за правда-Управа за извршување на
санкциите- затворите.
- Во однос на спроведување на законските измени во делот на отстапување и продажба
на привремено одземени предмети во кривична постапка со согласност од судот,
Агенцијата за управување со одземен имот во текот на 2013 год. ги има превземено
следните активности:
-поднесени барања за согласност до судовите за отстапување 94 возила;
- за 18 возила добиен е позитивен одговор од судовите;
- за возилата за кои е добиена согласност 10 се отстапени во 2013 год.,
останатите во 2014 год.;
- за 76 барања за согласност за отстапување возила добиен е негативен
одговор;

Во однос на преземање на стоката од Царинската Управа, Агенцијата ги превзема


одземените предмети од ЦИ Аеродром, ЦИ Ќафасан, ЦИ Скопје магацин-подрум за што
Агенцијата ги презема само оние предмети за кои има целокупна документација и соодветни
услови за чување на истите. Во прилог листа на предмети превземени од Царинската Управа:

5.1.1. Соработка и учество во работата на АУОИ во АД Славија извоз-увоз Скопје

Агенцијата освен со државните органи и други институции, во 2013 год. остваруваше


соработка и учествуваше во работата на АД Славија извоз-увоз Скопје како мнозински
акционер во друштвото . Имено овластени претставници од страна на Директорот на
Агенцијата редовно учествуваа на одржаните Собранија на акционери и активно учествуваа во
донесувањето на Одлуките во врска со работењето во друштвото.

5.2.Учество на меѓународни средби

Во текот на 2013 год. Директорот на Агенцијата како и други претставници заземаа


учество на повеќе меѓународни средби на кои беа опфатени теми и дискусии врска со
идентификацијата и трасирањето  на криминалниот имот како и практиките за конфискација на
земјите членки, преку обезбедени ефективни информации, координации и соработки кои ќе го
олеснат следењето и идентификација на приносите од криминал и други поврзани имоти
стекнати  со криминал што може да станат предмет на замрзнување, заплена или конфискација
донесена од страна на надлежниот судски орган во текот на кривична постапка.

Во поглед на пронаоѓањето на имотот стекнат по кривичен пат, Агенцијата за


управување со одземен имот и понатаму активно се насочува кон интензивирање на
меѓународната  соработка со другите држави. За таа цел, а на покана на Европската комисија,
директорот на Агенцијата за управување со одземен имот г-дин Башким Амети зема учество на
8-от состанок на ЕУ Платформата за повраток на имот (Platform of Asset Recovery Offices –
ARO) кој се одржува  на 4-ти и 5-ти декември 2013 год во Брисел. 
Во поглед на зајакнување на капацитетите Агенцијата за управување со одземен имот
оствари соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, за што во
беа одржани состаноци помеѓу Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот и
претставници на Амбасадата.

Во рамките на соработката на Агенцијата за управување со одземен имот  и Амбасадата на


САД во Скопје, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Башким Амети
оствари повеќе работни средби со двајцата експерти: г-ѓа Пиле Хамер – раководител на Бирото
за запленет имот во Националната кривична полиција на Естонија и г-дин Џошуа Вајсман –
офицер за регионална безбедност од Амбасадата на САД во Талин- Естонија беа во тридневна
посета на Агенцијата за управување со одземен имот, на поддршка и иницијатива на
Амбасадата со цел да се изврши проценка на капацитетите на Агенцијата со цел експертите да
дадат своите согледувања и препораки до соодветните македонски владини преставници.

На работниот состанок беше разговарано за надлежностите и активностите на Агенцијата во


поглед на управувањето со конфискуваниот имот, имотната корист и одземените предмети,
нивното чување и складирање, вршењето на проценка, водењето евиденција на целокупниот
одземен имот и продажбата. 

 Претставник од  Агенцијата за управување со одземен имот во периодот од 17.11-22.11.2013


год., учествуваше на Семинар одржан во Дубровник – Р.Хрватска, на тема: “Зајакнување на
казнено – правните институции во Средна и Југоисточна Европа” на покана од
Министерството за правда на Р.Хрватска, а на заедничка иницијатива на Владата на Република
Хрватска и Амбасадата на САД. Семинарот беше насочен кон примената на правната рамка во
склад на ЕУстандардите и истражните инструменти за сузбивање на транснационалниот
криминал, како и размена на искуства во поглед на зајакнувањето на капацитетите на
институциите кои се вклучени во борбата против организираниот криминал.

5.3.Учество во проекти

Агенцијата за управување со одземен имот заедно со други институции како Царинската


управа, Управата за јавни приходи, Јавното Обвинителство, Првостепениот Суд Скопје 1
Скопје итн., е вклучена како корисник на Tвининг Проектот “ИПА 2010 - “ Поддршка за
ефикасно спречување и борба против корупцијата” во рамките на Секторот за правда,
внатрешни работи и фундаментални права, каде носител на проектот е Државната комисија за
спречување на корупција.

Целта и намената на проектот е да се обезбеди ефикасно спроведување на антикорупциската


политика и понатамошно промовирање на доброто владеење и владеењето на правото во
земјата, како и подобрување на имплементацијата на националната правна рамка за борба
против корупцијата, зајакнување на националните механизми за спречување и борба против
корупцијата и соработка помеѓу Агенцијата за управување со одземен имот, Државната
комисија за спречување на корупција, судовите, и други институции.

5.4. Обуки на вработените

Агенцијата за управување со одземен имот, преку свои претставници во 2013 год.


учествуваше на следните семинари и обуки:

- Обука на тема: конзистентна примена на Законот за јавни набавки организирано од


Министерство за информатичко општество и администрација на Република Македонија;

- Семинар на Тема: “Конфискација на имот-соочување со новите предизвици” каде земаа


учество претставници од Холандија;

- Семинар за Пристапните преговори на Европската Унија за поглавје 23 правосудство и


фундаментални права организирано од Секретаријатот за европски прашања во соработка со
Развојната програма на Обединети нации ;

- Обука на тема:Право на слободен пристап до информации од јавен карактер;

- Обука на тема: Медијацијата во Република Македонија: Основни принципи, можности и


предности организирано од Министерство за правда, а со техничка логистичка поддршка на
Министерство за информатичко општество и администрација на Република Македонија.
- Обука на тема: “Регистар на државни службеници” организирано од Министерство за
информатичко општество и администрација на Република Македонија;

- Обука на тема:Конзистентна примена на Законот за електронско управување организирано од


Министерство за информатичко општество и администрација на Република Македонија;

V.I. ГЛАВНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН


ИМОТ ВО ИДНИНА

Како и до сега и во иднина, Агенцијата за управување со одземен имот и понатаму ќе


биде ефикасен орган во борбата против криминалот и целосно ќе се посвети на пронаоѓање на
имот стекнат од кривично дело, конфискација на имотот, ефикасно управување, продажба и
остварување приходи во Буџетот на Република Македонија.

Агенцијата за управување со одземен имот согласно начелата на законитост,


економичност, ефикасност, транспарентност, постапување со внимание на добар домаќин,
одговорност, стручност, професионалност и ажурност ќе воспостави систем на одговорна и
отчетна државна служба пред граѓаните и Владата на Република Македонија, во однос на
управувањето, отстапувањето, продавањето на конфискуваниот имот, имотна корист и
одземени предмети.

Агенцијата за управување и во иднина со сите расположливи капацитети вложува


натчовечки напори за спроведување на новите надлежности согласно последните измени на
законот, како и претходните измени , со кои значително се зголемија обврските на Агенцијата,
а просторните, кадровски и технички капацитети се исти веќе подолг временски период , за
што апелираме во соработка со Владата на Република Македонија да се разгледа можноста
капацитетите да се зголемат со цел ефикасно управување со одземениот имот, соодветно
сместување и складирање, како и продажба на истиот со цел зголемување на Буџетот на
Република Македонија.
Директор
Bashkim Ameti
______________

You might also like