You are on page 1of 25

ДИПЛОМСКИ ТРУД НА ТЕМА:

ТРГОВСКА РАЗМЕНА КОЈА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


ЈА ОСТВАРУВА СО ЗЕМЈИТЕ ЦО ЦЕФТА ВО УСЛОВИ НА
ПАНДЕМИЈА ОД КОВИД-19

Изработил:

Виктор Трајковски

Скопје,2021
СОДРЖИНА:

ВОВЕД

1.ОСНОВА НА ЦЕФТА И НЕЈЗИНА ПРИЧИНА

2.ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕФТА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ЦАРИНА И ПОТЕКЛО НА


СТОКИ

3.СЛОБОДНАТА ТРГОВИЈА ПОМЕЃУ ЦЕФТА ЧЛЕНКИТЕ ВО УСЛОВИ НА


ПАНДЕМИЈА

4.РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

5.ЈАВНИ НАБАВКИ

6.МАКЕДОНИЈА КАКО ЧЛЕН ВО ЦЕФТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И ПРИМЕНА НА


НЕЦАРИНСКИ МЕРКИ

7.АНАЛИЗА НА СОСТОЈБИТЕ И ПРОБЛЕМИТЕ ВО ДОМЕНОТ НА ПРИМЕНАТА


НА НЕЦАРИНСКИТЕ МЕРКИ ВО РМ

8.НАДВОРЕШНА ТРГОВСКА РАЗМЕНА ЈАНУАРИ – СЕПТЕМВРИ 2020

9.КООПЕРАЦИЈА СО ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ЗАКОНИ И РЕГИОНАЛНИТЕ


ИНИЦИЈАЦИИ

ЗАКЛУЧОК
ВОВЕД

Во услови на се поизразена глобализација во светската економија,


регионалната и субрегионалната соработка, засонваота на заеднички интереси и
потребни регионални партнери, добива се повеќе на значење. Во основа, таа
одржува потреба да земјите, со слични услови на развој и економски проблеми во
остварувањето на своите реформаторски цели здружат сили и средства за
поефикасно прилагодување на гловалните предизвици. Регионалната
иницијатива, која вклучува земји од Западниот Балкан, имаат за цел да го олеснат
одржливиот економски развој по пат на модернизација на инфтраструктурата,
поготово енергетската и транспортната, како и по пат на трговска либерализација
и потикнување на инвестиции. Проектот за усогласено регионално стратешко
пристапување кон еконмски развој на земјите од југоисточна Европа е во постојан
напредок, а еден најзначајните чекори со кој се извршува сето тоа е Договорот за
слободна трговија – ЦЕФТА, со кој е предвидено да се воспостави зона на
слободна трговија до крајот на 2010 година. Основна целна Договорот е
делотворно и во што поголема мера на користење на расположливи финансиски
средства на јавен и приватен сектор, со што во голема мера се користат
расположливи финансиски средства на јавниот и приватниот сектор, со значајно
се унапредува и подобрува деловната клима со која би се овозможиле поголеми
инвестиции и поголема вработеност.1

ЦЕФТА претставува договор со кои денес се дефинира единствена зона на


слободна трговија во Југоисточна Европа. Договорот донесување укинување на
бариери во трговијата на тоа подрачје, тргање на царински и други
административни прописи со стандардите на Светската трговска организација
(СТО), воведување на арбитража за решавање на спорот и правило на
дијагонална кумулација.

1
Vapa-Tankosić, J., Predavanja za studente FIMEK-a, Novi sad, 2010
Договорот е резултат на компромис кои спрема тоа има свои предности и мани, но
од него се очекува силно влијание на меѓусебната трговија на земјите од
Југоисточна Европа и потикнува процес на интеграција во Европска Унија.

Гледано глобално, регионалната соработка одразува потреба земните кои се


наоѓаат во приближна иста транзиција или фази на транзиција, кои се среќаваат
со слични економски проблеми, заеднички напори за ефикасност прилагодување
на глобалните предизвици. Земјите од Западниот Балкан имаат за цел
олеснување на одржливиот економски развој низ модернизација на патната и
енергетската инфраструктура, потикнување на инвестиции, како и низ трговска
либерализација. ЦЕФТА договорот апострофира значењето на странските
директни инвестиции, и тоа низ мерки кои регионот го прават инвестиционо
прифатлив и привлечен за пласман на странски капитал. Од тука ќе се обидеме
да доловиме во овој труд, значењето на ЦЕФТА, тргањето на бариерите и
неусогласеноста на различни типови кои би влијаеле, покрај останатото, на
намалување на заинтересираноста на странските инвеститори во услови на
Ковид19 пандемијата, која на жалост се уште трае. Покрај тоа, влијанието на
пандемијата и на политичката и правната сигурност, кои секако претставуваат
клучни услови за интензивирање на надворешните директни инвестиции во
цемјите од ЦЕФТА.2

1. ОСНОВА НА ЦЕФТА И НЕЈЗИНА ПРИЧИНА


2
Vapa-Tankosić, J., Predavanja za studente FIMEK-a, Novi sad, 2010
Во сферата на глобализацијата на светското стопанство, се повеќе се
наметнува потребата за вклучување во светските стопански текови на сите земји
кои се пазарно ориентирани. Посебно е присутна потребата за интензивна
размена на стока, услуги, труд и капитал. За сите земји од овој регион, па така и за
Македонија, главен предизвик претставува приклучување кон Европската Унија.
Предизвиците се главно во усогласување на царинските и други политики,
институции, како и прилагодување на економијата на овие, претежно земји во
транзиција на принцип на либералното пазарно делување. Либерализација на
пазарот донесува многу олеснувања за трговија, како што се укинување на увозни
и извозни царини, слободен проток на стока и капитал, укинување на монополот и
поголема конкуренција која ќе донесе до пониска цена и подигнување на
квалитетот на произовдите и услугите за крајниот купувач. Од друга страна се
јавуават и некои негативни ефекти, по пат на губење на механизмот на заштита на
домашното производство, по пат на субвенции, квота и висока царина. Истотака,
влезот на странски, конкурентни производи доведување до опаѓање на
домашното производство, отпуштање на работници и намалување на нивниот
стандард. Меѓутоа, единствено е мислењето дека либерализацијата сепак
донесување повеќе корист отколку штета, затоа што доведува до ефикасна
алокација и користење на ресурсите, поради прилагодување на правилата на
3
светскиот пазар, како и полесен пристап на модерната технологија.

CEFTA, или Central European Free Trading Agreement, претставува договор помеѓу
земјите од Балканот за слободна трговија. Негова основна улога е припрема на
земјите потписници за пристапување во Европската Унија. Договорот настанал
3
Скрипта:Договори од меѓународен промет, Универзитет Гоце Делчев-Штип
1992 година, со потпишување на 21.12.1992 во Краков, Полска. Првите земји
потписнички биле таканарачените земји од „Вишеградската група“ – Полска,
Унгарија, Чехословачка, која како што знаеме подоцна се поделила на Чешка и
Словачка.

Таа група е основана со цел да се олесни и забрза европската интеграција


на земјите потписнички, кои патем биле најразвиени комунистички земји, кој во тој
период заостанувале зад Западна Европа. 4 Нивните карактеристика пак сега е
релативно добри развиени принципи на слободен пазар и стабилен економски
раст. Поради тоа, во 1994 година овој договор стапил на сила, а подоцна е
дополнет во Брно 1995 и во Блед 2003 година. На овој договор подоцна му се
придружуваат и други земји:

- Словенија 1996 година

- Романија 1997

- Бугарија 1999

- Хрватска 2003

- Македонија 2006 година.

Услови за влез за придружување биле:

- Членство во СТО или почитување на прописите на СТО

- Потпишан документ за пристапување во Европската Унија или некој друг


документ за пристапување

- Договор за слободна трговија со останатите членки на ЦЕФТА. 5

Првите земјите членки со приклучувањето на ЕУ, го напуштаат овој договор, па


затоа е решено на 06.04 е донесена одлука за проширување на ЦЕФТА договорот
и приклучување на други земји од Југо-Источна Европа со овој договор. Оваа
4
http://www.cefta2006.com/cefta-structures 31.05.2010

5
Трговската размена меѓу Р. Македонија и Р. Косово – Стопанска комора на Р. Македонија
одлука претходила со основање на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа,
кој е основан 1999 година. Под покровителство на Пактот, воспоставена е зона на
слободна трговија во регионот на Југоисточна Европа. Оваа зона е заснована на
Меморандум и олеснување во трговијата во 2001 година, со самото тоа
овозможила потпишување на билатерален договор за слободна трговија помеѓу
земјите членки, заснована на принципи на СТО. Со оглед на спроведувањето на
овие одредби на овој договор било комплицирано, бидејќи имало дури 32
членови, донесена е одлука за потпишување на горе наведениот Договор за
измена и пристапување кон Договорот за слободна трговија во Централна Европа
ЦЕФТА, 2006 во Букурешт. Потписници на овој договор се Србија, Албанија, Босна
и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Романија, Македонија, Молдавија и
УНМИК, односно тогашно Косово. Бугарија и Романија како први потписнички, по
влегувањето во ЕУ, го напуштаат овој договор.

Основни принципи и елементи на ЦЕФТА се:

- Заеднички комитет, кој претставува една од членовите на основа на


ротација, се менуваат секоја година, 2021 година е Македонија

- Поткомитет за стопанство и санитарна и фитосанитарни прашања

- Поткомитет за царина и правила на потекло

- Поткомитет за технички бариери во трговијата и нетарифните бариери

- ЦЕФТА секретаријат6

Секој од овие поткомитети може да основа сопствени тела по потреба, истотака


се одржуваат и редовни состаноци со одговорните министри на земјите членки.
Со оглед на тоа дека ЦЕФТА договорот е прилично важен за Македонија, ќе ги
погледнеме кои се елементите на овој договор:

6
UNCTAD- Конференција на Обединетите нации за трговија и развој
- Поголема хармонзиација на стопанските односи во регионот имајќи ги во
вид дека мрежата на билатерлани договори поради различни шеми
значајно ги компликувала меѓусебните стопански односи, а со тоа и
наоѓање на деловни луѓе во нив

- Подобрен е механизмот за решавање на спорот до кој може да дојде во


текот на примената на Договорот што е значајно нов квалитет и фактор на
поголема сигурност на либерализација на трговијата во регионот.

- Отворена е можност за примена на дијагонални кумулации на потеклото на


стоката, што силно станува извозен и инвестиционен капацитет во
регионот, раст на неговата технолошка опременост и конкурентност а со
тоа и потребно ниво на способност на производот за пласман на пазарот на
ЕУ како и во глобалниот опсег

- Со ЦЕФТА договорот 2006 се отворени и нови области на развој на


меѓусебните економски односи во поглед на либерализацијата на
трговијата на услуги, прашање на инвестиција, јавни набавки,
интелектуална сопственост.7

- За Македонија посебно е значаен овој ДОговор што предвидува што


меѓусебните трговски односи на членките на ЦЕФТА мораат да раководат
по правилата на СТО и ЕУ. Тоа практично значи дека и пред членстовото на
СТО и потпишувањето на Договорот за стабилизација и придружување на
системскиот амбиент Македонија влегува во прилагодување на нејзиното
производство.

2. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕФТА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ЦАРИНА И


ПОТЕКЛО НА СТОКИ

7
https://cefta.int/legal-documents/#1463498231136-8f9d234f-15f9
ЦЕФТА поткомитетот организира состаноци на кои присуствуваат високи
претставници од царинските управи и министерства на  ЦЕФТА земјите (Албанија,
Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Србија и Косово), претставници на
ЕФТА земјите, како и директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, високи претставници
на Европската Комисија, Светска банка, ИФЦ и транспортната заедница на ЕУ. 
На ваквите состаноци се изложуваат и објаснуваат приоритетите на Царинската
управа во однос на рамките на претседателството со ЦЕФТА поткомитетот, како
што се и прашањата за суштинско олеснување на трговијата.

Една од главните точки кои се тема на разговор е и отпочнувањето на


меѓународно признавање на сертификатот за Овластен економски оператор –
ОЕО на ниво на ЦЕФТА, со кое во голема мера ќе се олесни протокот на стока на
нашите економски оператори, ќе се забрзаат царинските постапки, ќе се намалат
трошоците и секако ќе се зголеми нивната конкурентност. 8 Тема на разговор била
и конвенцијата за потекло на стоки – ПЕМ конвенцијата, преку склучување
договори за слободна трговија со ЕУ, што всушност ќе биде олесување за нашите
економски оператори, зголемување на нивната конкурентност, особено на оние
кои извезуваат во земјите на Европската унија и ПЕМ зоната. Следна многу важна
точка од агендата на дискусии е развојит на електронска трговија помеѓу ЦЕФТА
земјите, кој, имајќи ја предвид моменталната ситуација со КОВИД кризата, во
иднина ќе биде од особено значење за економските оператори при размена на
стоки како во ЦЕФТА регионот, така и со ЕУ и ЕФТА земјите. На еден од овие
состаноци членките високо ја оценија досегашната соработка во рамките на SEED
системот (систем за размена на податоци помеѓу ЦЕФТА земјите), и се
договориле за проширување на системот со можност за размена на  pre-arrival
информации, односно информации пред пристигање на стоката со ЕУ земјите.  

3. СЛОБОДНАТА ТРГОВИЈА ПОМЕЃУ ЦЕФТА ЧЛЕНКИТЕ ВО


УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА

8
http://customs.gov.com.mk
Пристапот до слободната трговија со стоки и услуги веројатно ќе биде
неопходен за да се ограничи директното влијание на пандемијата и да се олесни
закрепнувањето. Земјите од Западен Балкан пристапија кон олеснување на
нарушувањето на транспортот и трговијата на стоки откако Секретаријатот на
ЦЕФТА го усвои концептот на зелен лента. Концептот е започнат на 13 април 2020
година на определени гранични премини што исполнуваат конкретни услови. Како
што беше објавено од секретаријатот, зелените ленти беа отворени за сите стоки,
а сообраќајот низ нив течеше 24/7. Избраните гранични премини беа оние каде
царинските и другите потребни постапки се вршат најефикасно. Приоритет им се
даваше на најосновните прехранбени производи, производи за животинска
исхрана и на медицинските средства дефинирани од Светската царинска
организација. Списокот на основни стоки може да се преоценува и да се менува, а
може да се определат и други гранични премини откако ќе ги исполнат условите.

Системот на електронска размена на податоци (СЕРП) се користи за да се забрза


царинењето на најосновните стоки.9 Некои земји и понатаму имаа ограничувања
на одредени производи поврзани со КОВИД-19 (Табела 1), но се очекуваше тие да
одлучат да ги укинат овие забрани во духот на концептот на зелената лента и на
нивната посветеност на отворената трговија. Мерките за рационализирање на

9
http://en.wikipedia.org/wiki/Central_European_Free_Trade_Agreement ,

31.05.2010
трговските постапки и за олеснување на трговијата на границите беа неопходни за
да се намали влијанието на кризата и да се поддржи закрепнувањето.
Одржувањето на транспортните и на логистичките услуги по главните коридори
беше основно за понатамошен пристап до основните стоки и услуги.

Подобрувањето на договорите за транзит, забрзувањето на движењето низ


коридорите на медицинските добра поврзани со пандемијата и на прехранбените
и енергетските производи и одржувањето на соодветно здравствени контроли
беше потребно за да се дополнат реформите на трговските политики и мерките за
олеснување на трговијата на среден рок. Трговските политики, како што е
намалувањето на царините и другите мерки за олеснување на поминувањето на
границите се очекуваше да ги минимизираат директните нарушувања
предизвикани од пандемијата.10

Воведени беа итни политики за олеснување на трговијата, за управување со


ризикот и за олеснување на протокот на основни медицински добра како:

• Суспендирање на царините на клучните медицински/санитарни материјали.


• Поедноставување на добивањето дозволи за медицински производи и
разгледување на отворање на трговијата на услуги поврзани со здравството
за да им се помогне на земјите да се справат со кризата и да олабават дел
од притисокот врз домашните здравствени услуги.
• Разгледување на намалување на увозните и извозните давачки, особено на
царините на храната и на другите неопходни производи како дел од
програма за поддршка на приходите на домаќинствата и на деловната
активност.
• Намалување на царините за медицински материјали и за прехранбени
производи за да се поддржи потрошувачката на основните работи и да се
ограничи негативното влијание врз најсиромашните.

10
Central European Free Trade Agreement, Elimination of Non-tariff barriers in Cefta
• Усвојување на мерки за олеснување на безбедна прекугранична трговија,
особено да се осигура проток на основните медицински и прехранбени
производи и погенерално олеснување на континуитетот на бизнисот преку
(1) заштита на службениците во првите редови на границите;
(2) давање приоритет на ракувањето базирано на ризик со пратките за итна
помош; (3) поддршка на поинтензивното користење на управувањето со
ризикот за да се олесни движењето на ниско ризичниот товар и да се
11
минимизира трупањето на товар и стопирањето на трговските текови.

Беа воведени итни политики за олеснување на притисокот врз извозните и


увозните оператори како:

• Намалување на даночниот и на административниот товар врз


увозниците и извозниците
• Давање приоритет на ракувањето базирано на ризик со пратките за итна
помош.
• Поддршка на поинтензивното користење на управувањето со ризикот за
да се олесни движењето на ниско ризичниот товар и да се минимизира
трупањето на товар и тесните грла во трговските текови.

Откако итниот одговор на кризата премина во фаза на закрепнување, беа


разгледани среднорочни политики како што се:

• Охрабрување на соработката на внатрешните и надворешните гранични


агенции за да се олесни трговијата заснована на принципите на
еквивалентност, взаемно признавање и еквивалентни системи.
• Осигурување дека мерките и граничните активности се транспарентни
така што давателите на логистички услуги и трговците можат подобро да
ги предвидат проблемите и да управуваат со трговските текови.
11
Стопанска комора на Р. Македонија
• Брзо анализирање и отстранување на сите удвоени и непотребни
постапки (барани документи, лиценцирање итн.) што не се потребно и
што можат да го попречат движењето на критичните и на расипливите
стоки.

4. РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Земјите од регионот на Западен Балкан денес се многу подобро поврзани


преку различни форми на соработка отколку пред десет години. Овој успех никако
не треба да се потценува. Споредувајќи ја моменталната состојба со онаа во 2000
година, постигнати се низа резултати во економската интеграција на Западен
Балкан. Како едно од позначајните постигнувања во оваа интеграција несомнено е
ЦЕФТА-договорот за слободна трговија (CEFTA – Central European Free Trade
Agreement) кој денес ја дефинира единствената слободна трговска зона во
Југоисточна Европа, иако името на договорот го опишува договорот на земјите од
Средна Европа. Во однос на слободата на движењето на стоки, во земјите на
ЦЕФТА е постигнато 100 % укинување на царинските давачки, односно увозот на
стоки од кој било вид во ЦЕФТА-земјата не подлежи на плаќање на царина.

Во економска смисла, ЦЕФТА-регионот претставува потполна зона на


слободна трговија. Република Северна Македонија во 2020 година 10 % од
надворешно-трговската размена ја остварува со земјите членки на ЦЕФТА. И
покрај целосниот степен на либерализација на трговијата со стоки, обемот на
интра-ЦЕФТА трговијата во последниве 5 години расте со помала стапка во однос
на порастот на надворешно-трговската размена на земјите членки на ЦЕФТА со
ЕУ. Овој факт емпириски покажува дека се потребни сериозни подобрувања во
напорите за зголемување на растот на трговската размена и поголема регионална
интеграција, пред сè, преку елиминирање на нецаринските бариери и поголема
посветеност на олеснувањето на трговијата, либерализацијата на услугите и
слободата на движење на работници.

Во 2021 година, претседавањето со ЦЕФТА ќе биде од Република Северна


Македонија. Приоритети на македонското претседателство се: слободно движење
на стоките, либерализација на трговијата со услуги, отстранување на бариерите
за трговијата со стоки и услуги, склучување на дополнителен протокол кон
ЦЕФТА-договорот за воспоставување на механизам за решавање на спорови и
понатамошен институционален развој на ЦЕФТА. Клучните предизвици на
македонското претседателство, исто така, се поврзани со мерките за
интегрираното управување со границите и воспоставување на заеднички гранични
премини заради побрзо движење на стоките преку граница, заедничка акција
против еколошките предизвици што, исто така, покажуваат регионална димензија.
Нашето претседателство е потврда за огромните постигнати резултати на
Владата на Република Северна Македонија во подобрувањето и негувањето на
регионалната соработка, во соочувањето со тешкото минато на ЦЕФТА-земјите и
заплетканите прашања на меѓусебна недоверба. Нашите приоритети се во насока
на обезбедување на европска иднина кон која се стремат сите членки на ЦЕФТА.
Заради исполнување на овие приоритети, Владата и сите министерства и
институции, пред сè Министерството за економија, Царинската управа, Агенцијата
за храна и ветерина и другите гранични агенции, ќе имаат интензивна соработка
со Секретаријатот на ЦЕФТА, Транспортната заедница, Европската комисија и
Регионалниот совет за економска соработка.

5. ЈАВНИ НАБАВКИ

Во март 2020 година Владата го усвои предлогот за „зелен коридор“ на


Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Централно-европскиот
договор за слободна трговија (ЦЕФТА) за да се олеснат трговијата и транспортот
на стоки со преземање дополнителни мерки за да се спречи ширењето на КОВИД-
19.70 Во април 2020 година Република Северна Македонија го потпиша и се
приклучи на Заедничкиот договор за набавки на ЕУ за набавка на медицински
средства и опрема.Кризата со КОВИД-19 наметна потреба од итни набавки на
стоки, услуги и работи со цел да се спречи ширењето на вирусот. Во соопштение
за медиумите Бирото за јавни набавки, како надлежен орган, објави дека „сите
договорни органи кои треба да извршат набавки во постапка со преговарање без
објавување оглас од причини од крајна итност, за набавките кои се директно
поврзани со епидемијата од КОВИД-19 можат да ги реализираат без претходно да
бараат мислење од Бирото за јавни набавки.

Причината со која се појаснува ваквата постапка во законскиот акт е „со цел


потребите да се задоволат во најкус можен рок без какво било одложување“. Во
објавата е наведено и дека причините треба соодветно да се образложат во
одлуката за јавна набавка. Тоа значително го зголемува ризикот од
злоупотреби/корупција и дава уште поголема важност на набавките што се
спроведуваат за време на пандемија, на транспарентноста и на отчетот, особено
во услови кога Собранието не заседава. И покрај јасните инструкции од страна на
Бирото, дури две третини од склучените договори за итни набавки се објавени по
истекот на законскиот рок, како што е прикажано во извештајот на Центарот за
граѓански комуникации. Во извештајот понатаму се наведува дека „за 68 % од
склучените договори институциите директно го прекршиле Законот за јавни
набавки, којшто ги обврзува да ги објавуваат известувањата за склучените итни
договори, заедно со примерок од договорите, во рок од десет дена од нивното
склучување“. Авторите на овој извештај откриле дека „значаен дел од
институциите не ги наведуваат во договорите ниту договорените количини ниту
договорените поединечни цени, со што практично го оневозможуваат увидот во
суштинските делови од тендерите“. Покрај тоа, 43 % од вредноста на сите
набавки може да се поврзе со само пет економски оператори, иако вкупно 186
економски оператори добиле тендер поврзан со КОВИД-19. Имајќи предвид дека
станува збор за договори за спроведување итни јавни набавки за КОВИД-19 во
вредност од 6,7 милиони евра, односно пари на даночните обврзници, само за
првите шест месеци од кризата, ваквите податоци се поразителни и водат кон
заклучокот дека државните институции не успеале рационално да ги користат
јавните средства. Сето тоа се случува додека државата ги мобилизира сите
ресурси за меѓународните донатори, билатералните партнери и механизмите на
ЕУ и на НАТО. За време на интервјуата дел од соговорниците укажаа на
предизвиците поврзани со јавните набавки во практика.

Во време на криза не е неочекувано дека ќе се изменат пазарните цени и дека


некои институции нема да можат целосно да ги спроведат набавките. Тоа е
особено важно за помалите институции кои располагаат со многу поограничени
ресурси и капацитети. Еден од соговорниците истакна дека одредени набавки за
сите институции се спроведувале преку Генералниот секретаријат на Владата,
додека, пак, институциите самостојно спроведувале дел од набавките. Во иднина
би било корисно доколку таквата поделба е подобро регулирана и основните
набавки да се прават на централно ниво, со цел задоволување на потребите на
институциите. Покрај тоа, сите институции треба да се воздржуваат од набавки
што не се неопходни и да ги минимизираат трошоците со цел тие средства да се
искористат во справувањето со КОВИД-19. Може да се очекува дека и
финансиските ограничувања ќе го отежнат приспособувањето на институциите на
работење од далечина, со оглед на тоа дека нема да бидат во можност да
спроведат набавка на алатки за таа намена. При случувања од поголеми
размери, како што е пандемијата со КОВИД-19, неопходно е внимателно да се
пренесуваат пораките што се однесуваат на јавното здравје, како и останатите
пораки. Во ситуација кога има нејаснотии и во научните сознанија за природата на
овој вирус, многу лесно доаѓа до појава и засилување на погрешното
информирање и дезинформациите.

6. МАКЕДОНИЈА КАКО ЧЛЕН ВО ЦЕФТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И


ПРИМЕНА НА НЕЦАРИНСКИ МЕРКИ

Анализа на примената на нецаринските мерки во Република Македонија Во


магистерскиот труд истражувањето е насочено кон анализа на примената на
нецаринските мерки во Република Македонија, притоа посебно акцентирајќи ги
аспектите во однос на примената на техничките бариери. Анализата на оваа
проблематика се смета за особено актуелна, поради фактот дека во последните
неколку години изразито се нагласува потребата од преземање и унапредување
на нецаринските мерки во Република Македонија. Нецаринските бариери денес се
најважниот регулативен инструмент на трговската политика на многу земји, помеѓу
кои и Република Македонија. Листата на нецарински бариери е исклучително
долга, а нивниот број со тек на време не се намалува, туку, напротив, се
зголемува, што отвора тема за долга дискусија. За илустрација, во меѓународната
трговија се регистрирани повеќе од 2000 различни видови нецарински бариери.
Може да се каже дека нецаринските бариери имаат дискриминаторски карактер во
надворешната трговија, бидејќи тешко се идентификуваат, менуваат и
контролираат. Тие опфаќаат широк спектар на адиминистративни и нецарински
мерки, кои ги спречуваат нормалните надворешнотрговски текови и овозможуваат
дополнителна заштита на домашното стопанство. Во услови на неодамнешната
глобална финансиска криза беше многу веројатно да се очекува раст на многу
нарушувања во меѓународната економија, особено во меѓународните трговски
текови, како резултат на зголемената примена на нецаринските бариери. Тоа
беше основната причина за неопходноста за регулирањето на сѐ уште
нерегулираните области во меѓународната трговија на мултилатерално ниво.
Покрај иницијативата на СТО, можат да се забележат значајни чекори во
регулирањето на нецаринските бариери од страна на другите мултилатерални
организации.

Мултилатералниoт договор за слободна трговија - CEFTA 2006, кој е базиран на


принципите и правилата на слободна трговија на СТО, треба да се имплементира
адекватно и во целост, па оттука укинувањето на нетарифните и техничките
бариери е во рамките на надлежноста на државните органи, но од приватниот
сектор се очекува да ги идентификува. Министерството за економија во секоја
земја-членка ги евидентира пријавените нетарифни бариери и ја ажурира листата,
којашто е транспарентна за надлежните државни органи од земјите на CEFTA.
Стопанската комора на Македонија ги поттикнува македонските компании да
доставуваат во континуитет информации за искуствата и сознанијата за
проблемите со кои се соочуваат во соработката со земјите-членки на CEFTA
12
(Албанија, БиХ, Косово, Молдавија, Хрватска, Србија и Црна Гора) со цел
идентификување и елиминирање на нивните вистински причини. Примената на
нетарифните бариери во меѓусебната трговија на земјите-членки на CEFTA се
покажа како сериозен проблем, што значајно ја отежнува и намалува трговската
соработка. Во овој контекст се идентификувани повеќе мерки, коишто се предмет
на разгледување, усогласување и/или елиминирање.

7. АНАЛИЗА НА СОСТОЈБИТЕ И ПРОБЛЕМИТЕ ВО ДОМЕНОТ НА


ПРИМЕНАТА НА НЕЦАРИНСКИТЕ МЕРКИ ВО РМ

Според извештајот на СТО за Република Македонија, македонската


трговија е силно насочена кон своите партнери за слободна трговија. Во
моментов, 90% од македонскиот извоз, а речиси 80% од увозот се врши согласно
договорите за слободна трговија , околу 80% од тргуваните стоки се ослободени
од царински давачки, а 7% се тргуваат со повластени царински давачки.
Договорите за слободна трговија ѝ овозможија на Република Македонија да се
вклучи во системот на дијагонална кумулација на потеклото на стоките во врска со
ЕУ, ЕФТА, земјите од Централна и Источна Европа, Турција и CEFTA (Централно
европската слободна трговска зона). Во однос на применетите MFN тарифи, тие
се намалени од 11, 1% во 2004 година на 8, 5% во 2013 година. Додека
просечните тарифи се ниски, дисперзијата на стапките е релативно висока, кои се
движат од нула до 70%. 101 Подготвената храна, обувки и капи, оружје и
муниција, како и производите од растително потекло, имаат просечна тарифна
стапка над или далеку над просекот. По пристапувањето кон СТО, Република
Македонија се обврза да ги елиминира и да не ги воведе или применува
12
Трговската размена меѓу Р. Македонија и Р. Косово – Стопанска комора на Р. Македонија
квантитативните ограничувања на увозот или други нетарифни мерки, како што се
лиценцирањето, квоти, забрани, дозволи,и други ограничувања кои имаат
еквивалентен ефект, а коишто не можат да се оправдаат со правилата на СТО.

Владата ги има главно усогласено своите технички стандарди со релевантните


директиви на ЕУ и има постигнато висок степен на транспозиција на европското
техничко законодавство во националното законодавство, се мисли на
хоризонталната правна рамка во врска со стандардизација, акредитација, оцена
на сообразност и на надзор на пазарот. Во СТО Република Македонија се обврза
за изменување и дополнување на постојното законодавство во согласност со
Спогодбата за СПС во областа на ветеринарните и фитосанитарните мерки, во
однос на: нови прописи за заштита на животните врз основа на стандардите и
препораките на Светската организација за здравје на животните (ОИЕ); новите
прописи за заштита на растенијата во согласност со Меѓународната конвенција за
заштита на растенијата (IPPC); преглед и усогласување на националното
законодавство со стандардите Codex Alimentarius (CA); реорганизација на
националната референтна лабораторија во согласност со ISO / IEC стандардите и
изготвување на Национална програма за безбедност на храната.

Ова ѝ овозможи на земјата да го прифати принципот на еднаквост за вршење на


контрола, инспекција и процедури на одобрување во согласност со правилата на
СТО, и да го земе во предвид техничкиот ризик за проценка развиен од страна на
релевантните меѓународни организации. Според извештајот, во областа на
безбедноста на храната и ветеринарна политика, земјата има постигнато високо
ниво на усогласување на домашното законодавство со меѓународните стандарди
СПС.
8. НАДВОРЕШНА ТРГОВСКА РАЗМЕНА ЈАНУАРИ – СЕПТЕМВРИ
2020

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната


вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот
јануари – септември 2020 година, изнесува 12 288 709 илјади САД долари и
бележи пораст од 5.6 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредност на ивезена стока во истиот период, изнесува 5 377 820 илјади САД
долари и бележи пораст од 6.5 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 910 889
илјади САД долари, што е за 4.8 % повеќе во споредба со истиот период од
претходната година. 13

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2020 година,


изнесува 1 533 069 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз, во
периодот јануари – август 2020 година, изнесува 77.8 %.
Во девете месеци на 2020 година, РС Македонија има остварено вкупна трговска
размена со Р. Турција во вредност од 387 414 илјади САД долари што е за 4%
повеќе споредено со истиот период во 2019 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнеува
65 831 илјади САД долари што претставува намалување за 6.7% во однос на ист
период 2019 г. Увозот е зголемен за 6.5% и изнесува 321 583 илјади САД долари.
Р. Турција е и понатаму осми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно по
Германија, Англија, Грција, Србија, Италија, Бугарија и Кина. (Државен завод за
статистика на РСМ , 5.11..2020).
Вкупните странски инвестиции во првите 9 месеци од ова година изнсуваат 55.6
милиони САД долари.Турските инвестиции за даден период изнесуваат 27.16
милиони САД долари (Народна Банка на РС. Македонија)

13
Grandov, Z., Međunarodna ekonomija i globalizacija, Beograd: Beogradsko

trgovačko društvo, 2009


9.КООПЕРАЦИЈА СО ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ЗАКОНИ И
РЕГИОНАЛНИТЕ ИНИЦИЈАЦИИ

Претседателството мора да остане во блиска копоперација со


Регионалниот Кооперационен Совет кој е главен на координацијата на
Заедничкиот Регионален Пазар. За таа цел, Претседателството на Северна
Македонија превзема понатамошни акции, ако е потребно, да дополни со
кооперација помеѓу ЦЕФТА структурите и имплементацијата на ЦРМ агендата,
поготово со други регионални иницијативи кои се вклучени во теренот. Македонија
мора да ги продолжи заостанатите операции од претходното претседателство
како што се промоција на јавно-приватниот сектор и дијалогото во ЦЕФТА. Затоа,
Македонија ќе ја продлабочи комуникацијата спрема приватниот сектор во
ЦЕФТА, кооперацијата помеѓу јавниот и привате сектор во ЦЕФТА
достигнувањата, цивилното општество, заедно со продолжување на успешната
ккоперација со WB6 CIF. Претседателството има за цел да продолжи да
комуницира со и да одржува кооперација со Европската Комисија и ГИЗ, кој е една
од главните улоги во имплементирањето на ЦЕФТА. 14 Под овој приоритет,
Претседателството ќе организира средба на донорите, за време на Студиската
тура која беше одложена поради Ковид-19. Истотака, Македонија треба да
обезбеди континуирана кооперација со Транспортното Општество, ЕБРД,
Светската Банка, ЕФТА, ФАО, ОЕЦД, ИФЦ, ИТЦ, ВТО, ВЦО, чија техничка
поддршка е од есенцијално значење за да продолжат активностите од ЦЕФТА
структурите. Истотака, Европската Комисија и УНВТО ќе бидат информирани за
прогресот за регулаторниот дијалог за размена на туристички услуги. Конечно,
Претседателството на Македонија 2021 треба да обезбеди навремено и
континуирано имплементирање на ЦЕФТА договорот.

14
http://www.pks.rs/Default.aspx?alias=www.pks.rs/cefta 31.05.2010
ЗАКЛУЧОК

Регионалната соработка на Западен Балкан е едно од најчесто


споменуваните прашања последниве години. Како резултат на ваквите дискусии,
земјите од регионот на Западен Балкан денес се многу подобро поврзани преку
различни форми на соработка отколку пред десет години. Овој успех никако не
треба да се потценува. Споредувајќи ја моменталната состојба со онаа во 2000
година, постигнати се низа резултати во економската интеграција на Западен
Балкан. Како едно од позначајните постигнувања во оваа интеграција несомнено
е ЦЕФТА-договорот за слободна трговија (CEFTA – Central European Free Trade
Agreement) кој денес ја дефинира единствената слободна трговска зона во
Југоисточна Европа, иако името на договорот го опишува договорот на земјите од
Средна Европа. ЦЕФТА претставува договор за слободна трговија меѓу Албанија,
Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Молдавија, Србија, Косово
и Црна Гора.

Нема сомнеж дека ЦЕФТА договорот на своите членки им донел


повеќенаменска корист, како во производството и трговијата, така и во
прилагодувањето на прописот и институтциите на принципите на слободиот пазар
и неговото делување. Можеби и најбита работа која овој договор ја носи, е
дијагоналниот систем на кумулација на потекло, кој овозможува во финалниот
производ вградува компоненти на произведени во било која земја и зона без
плаќање на додатни царински давачки. Ова е добар сигнал за странските
инвеститори, затоа што се укинуваат бариерите кој се создавале поради бројни
билатерални договори во слободна трговија. Поготово е важно значаен приливот
на СДИ, странски директни инвестиции. Самиот тој претставвуа доста ефикасно
средство за развој на целото стопанство, затоа што освен свеж капитал, кој носи и
бенефиции во вид на увоз на нови производни технологии кои овозможуваат
подобро искористени предности на стопанството, како што се квалитетна работна
сила и ниски трошоци на производство. Сетоа ова со наведениот дијагонален
систем на кумулација на потекло на производство, ги прави ЦЕФТА земјите
атрактивни за вложување на странски инвеститори. Следна многу важна точка
развој на електронска трговија помеѓу ЦЕФТА земјите, кој, имајќи ја предвид
моменталната ситуација со КОВИД кризата, во иднина ќе биде од особено
значење за економските оператори при размена на стоки како во ЦЕФТА регионот,
така и со ЕУ и ЕФТА земјите. 

Во насока на избегнување на административните бариери кои се дополнително


зголемени поради Ковид19, во трговијата земјите членки на ЦЕФТА треба да ја
зголемат транспарентноста преку редовно разменување на информации на
официјалниот веб-сајт на ЦЕФТА за олеснување на трговијата. Треба да бидат
организирани работилници на кои ќе се споделат добри практики во врска со
електронската размена на податоци и најважно од се, неопходно е да се забрза
спроведувањето на поедноставени постапки.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. Vapa-Tankosić, J., Predavanja za studente FIMEK-a, Novi sad, 2010


2. Скрипта:Договори од меѓународен промет, Универзитет Гоце Делчев-Штип
3. Grandov, Z., Međunarodna ekonomija i globalizacija, Beograd: Beogradsko
trgovačko društvo, 2009
4.Технички бариери и нивното влијание врз надворешната трговија со посебен
осврт на Р. Македонија – Сандра Парнара 2014
5.UNCTAD- Конференција на Обединетите нации за трговија и развој
6. http://en.wikipedia.org/wiki/Central_European_Free_Trade_Agreement ,
31.05.2010
7.Трговската размена меѓу Р. Македонија и Р. Косово – Стопанска комора на Р.
Македонија
8. http://www.pks.rs/Default.aspx?alias=www.pks.rs/cefta 31.05.2010
9. http://www.cefta2006.com/cefta-structures 31.05.2010

10. United Nations Conference on Trade and Development (2011): “Technical Notes on
Trade Facilitation Measures”, United Nations, New York and Geneva.

11. Central European Free Trade Agreement, Elimination of Non-tariff barriers in Cefta

12. https://cefta.int/legal-documents/#1463498231136-8f9d234f-15f9

13. https://cefta.int/

You might also like