You are on page 1of 91

Која е првата Европска заедница основана од Европските земји?

- Европската Заедница за јаглен и челик. (од веб)


Основана од Белгија, Холандија, Луксембург, Германија, Франција и Италија во 1951 година

ЕЗЈЧ е воспоставена со Првиот европски договор, потпишан во Париз, на 18. април 1951
година, а стапи на сила на 23. јули 1952 година. Главна цел на Договорот e дизајнирана со
1. цел да ги елиминира различните бариери во трговијата и да создаде заеднички пазар во кој
производите од јаглен и челик од државите членки ќе се движат слободно и со тоа ќе се
задоволат потребите на Заедницата. При тоа изрично е нагласена решеноста на Заедницата
и прокламацијата за недискриминација по основа на националност и силната верба дека
капиталот и работниците во обата сектора ќе циркулираат слободно.
Траењето на Договорот за основање на на Европската заедница за јаглен и челик беше со
ограничен временски рок од педесет години.. На 23. јули 2002 година, кога престана неговата
важност, посебните правила во однос на секторите за јаглен и челик беа интегрирани во
Правото на Зедницата, нивните посебни ресурси, програми и меѓународни обврски беа
преземени од страна на Европската заедница.

Кој Договор е предложен на Конвенцијата за иднината на Европа во 2003 година?


2.
- Договор за воведување Устав за Европа
Кои беа клучните цели за усвојување на Единствениот европски акт?

- Да се утврди рок за воспоставување на внатрешниот пазар (од веб)

+ промена на начинот на одлучување, за одр. области (за единствениот пазар) наместо


едногласност се воведува квалифицирано мнозинство
Римскиот договор од 1957 година, со кој беше основана Европската економска заедница
(ЕЕЗ), овозможи да се укинат царинските бариери меѓу земјите-членки и да започнат да се
употребуваат заеднички царински тарифи за стоки кои се увезуваат од земји кои не се
нејзини членки. Оваа цел беше исполнета на 1-ви јули 1968 година. Меѓутоа, царинските
давачки се само еден дел од протекционизмот. Во текот на 70-те, постоењето на други
трговски бариери го отежнуваше целосното функционирање на заедничкиот пазар.
Техничките норми, здравствените и безбедносните стандарди, контролите на трговската
размена и националните правила за правото да се работат одредени професии, го
3.
ограничуваа слободното движење на луѓето, стоките и капиталот.
Во јуни 1985 година, Комисијата, објави Бела книга во која беше исцртан планот за
укинување на сите физички, технички и даночни бариери врз слободното движење во
рамките на ЕЕЗ, во текот на следните 7 години.
Целта беше да се поттикне развојот на индустријата и трговијата во рамките на
„единствениот пазар” – голема обединета економска зона слична на американскиот пазар.
Преговорите меѓу владите на земјите-членки резултираа во нов договор – Единствениот
европски акт, кој стапи на сила во јули 1987 година.
Неговите одредби вклучуваат:
проширување на надлежностите на ЕЕЗ за некои политики (социјалната политика,
истражувањето и животната средина);
воспоставување на единствениот пазар до крајот на 1992 година;
почеста употреба на квалификуваното мнозинство во Советот на министри со цел да се
олесни донесувањето одлуки за единствениот пазар.
4. Како ќе ја објасните структурата на Европската унија според Договорот за ЕУ од 1992
година?

- се воспоставува ЕУ со структура во три столба:


А) Европска заедница (прв столб) (претходно: Европска економска заедница),
Б) Заедничка надворешна и безбедносна политика ( втор столб) и
В)Правдата и внатрешните работи (трет столб ) – Полициска и судска соработка во
кривични работи.

*ЕЗ опфаќа Царинска унија, внатрешен пазар, заедничка аграрна политика, политика на
животна средина, економска и монетарна унија
Договорот за ЕУ (Договор од Мастрихт) 1992 година, а стапи во сила во 1993 година. Со неа
беше основана Европската Унија, на Парламентот му беше доделена поголема улога во
донесувањето одлуки и беше предвидена соработка во областа на неколку нови политики.
Новини со Договорот од Мастрихт:
- формирањето на Економската и монетарна унија.
- воведувањето на граѓанство на Унијата со право на престој на целокупната територија на
ЕУ и право на глас на локалните и европските избори,
- проширувањето на надлежностите на Заедницата во повеќе области на политиката,
формирање на кохезиониот фонд, воведувањето на федеративни елементи (принципот на
супсидијарност, Комитетот на региони),
- подобрувањето на постапката за одлучување и подобрувањето на меѓувладината
соработка во рамките на ЗНБП и ПВР.
Што се воведе со Единствениот Европски акт од 1986 година?

- Внатрешниот (единствен) пазар.

Се воведе гласање во Советот со квалификувано мнозинство во неколку области во кои


5. претходно беше предвидена едногласност (предуслов за создавање на внатрешен пазар.
Почеток на соработката меѓу Советот и Европскиот парламент во донесувањето закони
Соработка во надворешната политика
Прво споменување на Европскиот Совет
Проширени надлежностите на Заедницата во бројни области и подбрена постапката за
донесување одлуки.
Кои се законските обврски кои земјата апликант за членство во ЕУ мора да ги исполни?

- Имплементација на целокупното ЕУ законодавство

За влез во ЕУ треба да се исполнат 3 услови (т.н. Копенхашки критериуми):


− политички критериуми: стабилност на институциите што гарантираат демократија,
владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата;
− економски критериуми: постоење на функционална пазарна економија и капацитет за
справување со конкуренцијата и со пазарните сили во Унијата, и
− правни критериуми („acquis communautaire“): способност да се преземат обврските од
6. членството, вклучувајќи и придржување кон целите на политичката, економската и
монетарната унија.
 Европскиот совет во Копенхаген, исто, вклучи и услов што ја дефинира одговорноста на
ЕУ, т.н. „капацитет за интеграција“, кој беше дефиниран како „способност на Унијата да
прими нови држави-членки, а сепак да ја одржи движечката сила на европската интеграција“ .
Со Лисабонскиот договор  Критериумите за членство не се експлицитно наведени во
Договорот за ЕУ, но член 49 упатува кон истите: „се земаат предвид критериумите за
членство одобрени од страна на Европскиот совет“ .
 Државите-кандидатки мора да ги почитуваат „вредностите“ на ЕУ (почитување на
човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото,
човековите права и малцинствата).
7. Кога стапува на сила Договорот за пристапување во ЕУ?

- По ратификувањето на истиот од сите држави-членки на ЕУ(соглансо нивните


уставни процедури). (+ земјата кандидат)

Преговорите за членство (пристапување кон ЕУ) се водат меѓу секоја земја- кандидатка и
Европската комисија, која делува во името на ЕУ. По завршувањето на преговорите,
одлуката за приклучување на нова земја кон ЕУ мора да се донесе едногласно од страна на
сите постоечки земји-членки, на еден од самитите на Советот. Европскиот парламент, исто
така, мора да ја даде својата согласност преку позитивно гласање на апсолутното
мнозинство од европските пратеници. Потоа, сите договори за пристапување кон ЕУ мора да
бидат ратификувани од страна на земјите-членки и земјата-кандидатка, согласно нивните
уставни процедури. (Договор од Лисабон, Член 49)
За која од следните области Договорот од Лисабон и доделува ексклузивна надлежност на
ЕУ?

(а) царинска унија;


(б) воспоставување на правила за конкуренција неопходни за функционирањето на
внатрешниот пазар;
(в) монетарна политика за земјите-членки чија парична единица е еврото;
8.
(г) зачувување на морските биолошки ресурси во рамките на заедничката политика за
рибарство;
(д) заедничка трговска политика.
+ склучување на меѓународни спогодби, кога тоа е предвидено во законодавен акт на
Унијата или кога е неопходно да ѝ се овозможи на Унијата да ја остварува својата внатрешна
надлежност, или кога склучувањето на такви спогодби може да влијае на заедничките
правила или да го промени нивниот опсег.
Со кој договор се воведе постапката на соодлучување?
9.
- Договорот од Мастрихт (1992).
заедничко одлучување на Советот на министрите и на Европскиот Парламент.
Со кој договор се прошири квалификуваното мнозинство на гласање преку директно
утврдување на случаите кога Европскиот совет или Советот на ЕУ одлучуваат со
квалификувано мнозинство на гласови и индиректно преку проширување на редовната
законодавна постапка за нови области?

- Договорот од Лисабон (2007)

Во Советот на министри ќе се прошири гласањето со квалификувано мнозинство, наместо


10.
едногласното донесување одлуки. Со што се овозможи побрзо и поефикасно дејствување.
Квалификуваното мнозинство значи дека, почнувајќи од 2014 година, одлуките на Советот на
министри ќе треба да бидат поддржани од 55% од земјите-членки, застапувајќи најмалку 65%
од европското население. Ваквиот систем им дава двојна легитимност на одлуките. Ќе се
применуваат строги правила во однос на сите предлози за одлучување во нови политички
области со мнозинско гласање. Секоја земја-членка мора да се согласи на секоја таква
промена и националните парламенти ќе имаат право на вето. Меѓутоа, во важните политички
области, како што се оданочувањето и одбраната, и понатаму ќе се одлучува едногласно.
11. Под кои околности може да се суспендираат одредени права на земја-членка на ЕУ според
Договорот од Лисабон?

- Врз основа на образложен предлог од 1/3 од земјите-членки, од Европскиот


парламент или од Европската комисија, Советот (на претседатели/премиери), со
мнозинство од 4/5 од своите членови по добивање согласност од страна на
Европскиот парламент, може да утврди постоење на јасен ризик за сериозна
повреда од страна на земја-членка на вредностите наведени во член 2.
(почитување на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста,
владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучително и правата
на малцинства. Овие вредности се заеднички за земјите-членки во општество во кое
преовладуваат плурализмот, недискриминацијата, толеранцијата, правдата,
солидарноста и еднаквоста меѓу мажите и жените.)
Пред да донесе таква одлука, Советот ја ислушува засегнатата земја-членка и може да ѝ
даде препораки, постапувајќи во согласност со истата процедура.
- Европскиот совет, постапувајќи со едногласност на предлог на 1/3 од земјите-членки
или на Комисијата, и по добивање согласност од страна на Европскиот парламент,
може да одреди постоење на сериозна и постојана повреда од страна на земја-
членка на вредностите споменати во член 2, по повикување на односната земја-
членка да ги претстави своите ставови.
При донесување на констатацијата, Советот со квалификувано мнозинство може да
одлучи привремено да прекине одредени права на соодветната земја-членка што
произлегуваат од примената на Договорот, вклучително и правото на глас на
претставникот на владата на таа земја-членка во Советот. Притоа, Советот ги зема
предвид можните последици од таквото суспендирање на правата и обврските на физичките
и правните лица. Во секој случај, обврските за односната земја-членка според овој Договор
продолжуваат да бидат обврзувачки за таа земја.
Со кој Договор му се доверуваат поголеми законодавни надлежности на Европскиот
парламент и постапката на соодлучување на Европскиот парламент и Советот се прошири
речиси за сите области?

- Договорот од Лисабон (2007)


12.
Го зголеми бројот на областите во кои Европскиот парламент ќе учествува во донесувањето
закони заедно со Советот на министри, и дополнително ја јакне неговата надлежност во
однос на буџетот. Вклучување на граѓаните на ЕУ во одлучувањето претставени во
Парламентот.
Кој Договор е исто познат и како Реформски договор?

- Договорот од Лисабон (2007)

 се врши ИЗМЕНА и ДОПОЛНУВАЊЕ на двата договори кои ја сочинуваат уставната основа
13.
на ЕУ
(Договорот за ЕУ (Договорот од Мастрихт) и Договорот за основање на ЕЗ (Договорот од
Рим) - преименуван во Договор за функционирањето на ЕУ)

* беше потпишан на 13. 12. 2007 година, а стапи во сила на 1. 12 2009 година.
Во кој од Договорите за прв пат се употребува називот ‘Европска унија’?

- Договорот од Мастрихт.

Стапува во сила на 01.11.1993, потпишан 1992


14. Со овој договор се поставуваат темелите на заедничката надворешна и безбедносна
политика, основите за поблиска соработка во областа на правдата и внатрешните работи и
за создавање на економска и монетарна унија со единствена валута.
Називот "Европска унија" службено го заменува дотогашниот  назив "Европска
заедница".

15. Според Договорот од Лисабон бројот на членови на Европскиот парламент (пратеници) од


секоја земја-членка е пропорционален на нивната популација. Кој е минималниот и
максималниот број на пратеници од секоја земја-членка?

- Минимум 6 членови максиуму 96

Бројот на претставници не може да биде поголем од 750 + претседателот. Претставувањето


на граѓаните е регресивно пропорционално, со минимален праг од 6 членови по земја-
членка. На ниедна земја-членка не може да ѝ се доделат повеќе од 96 места.
Договорот го менува начинот на кој местата на членовите на Европскиот Парламент се
распределени меѓу земјите-членки. Наместо дефинирање на точен број (како што тоа беше
случај во сите претходни договори), Договорот од Лисабон му дава овластување на Советот
на ЕУ, постапувајќи едногласно по иницијатива на Парламентот и со негова согласност, да
донесе одлука со која ќе го одреди бројот на членови на Европскиот Парламент за секоја
земја-членка. Покрај тоа, договорот предвидува бројот на членовите да биде дегресивно
пропорционален со бројот на жителите на секоја земја-членка.
Откако Договорот е усогласен, истиот треба да помине низ комплексна процедура на
ратификација од националните парламенти на земјите-членки. Во некои од земјите-членки на
ЕУ пред да се спроведе постапката на ратификација, мора да се одобри Договорот од страна
на граѓаните на референдум. Граѓаните на која земја-членка првично го одбија на
референдум Договорот од Ница?
16.
- Ирска

Стапувањето на сила на Договорот од Ница беше одложено, по негативниот резултат од


референдумот на граѓаните на Ирска, одржан на 11. 06 2001 година, но проблемот беше
разрешен со позитивниот исход од вториот референдум, одржан на 19. 10 2002 година
Една од најзначајните измени воведени со Договорот од Ница е спроведување на
институционална реформа за функцијата и составот на одредени институции или тела на
ЕУ.  Со Договорот се воведе измена во назначувањето и бројот на членови во одредени
институции или тела на ЕУ. Одредбите од Договорот регулираат измена во назначувањето
на членови во најмалку три од следниве институции на ЕУ?

- назначувањето на членови во Европската комисија, со Договорот од Н., јасно и


недвосмислено е предвидена истата измена и во однос на Комитетот на
регионите, како и во Судот на ревизори. (од биле)

* Договорот од НИЦА 2003/04 ја подготвува ЕУ за проширување со 10 држави (промена во


составот т.е. бројот на членови во одредени институции се менува, особено во Комисијата
(по 1 комесар од секоја држава - членка), Комитет на региони (344 претставници - членови на
општинските совети на општините, како и премиерите на големите региони на 27 земји-
членки) и судот на ревизори (по 1 државјанин – експерт од секоја држава членка)

*Измени со Договорот од Ница во однос на институциите


– Комисијата намален состав (по 1 комесар по земја членка)
17. – Советот се воведува т.н.тројно мнозинство (за усвојување на една одлука мора да се
собере квалификувано мнозинство од гласовите кои им припаѓаат на земјите членки
(најмалку 255 од 355 гласови), тие земји да преставуваат најмалку 62% од вкупното
население на ЕУ и најмалку половина од земјите членки позитивно да гласале за одлуката,
независно од големината на нивната територија или население)

**Договорот од Ница стапи во сила од 1. 2 2003 година, го ревидираше и го замени Договорот


од Амстердам во однос на четири институционални прашања:
1. Големината и составот на Комисијата; - по 1 комесар од земја членка
2. Вреднувањето на гласовите во Советот; - тројно мнозинство
3. Зајакнување на соработката и
4. Замената на консензусот со квалификувано мнозинство во процесот на донесување на
одлуки.

Други институционални реформи во однос на правниот систем на Унијата се:


- улогата на Парламентот е зајакната со тоа што распределбата на местата во Парламентот
е приспособена кон новите односи, со тоа што бројот на местата во Парламентот се
зголемува и изнесува 732 пратеници;
- одговорностите на Судот на правдата и Судот од прва инстанца се редефинирани,
формирани се посебни комори, а ревидирани се и нивните статути.
18. Согласно Договорот од Ница, составот на Европската комисија е:

- Намален, по 1 комесар од земја-членка


Што се однесува до составот на Комисијата е одлучено дека по секое идно проширување на
Унијата, од 2005 година, секоја земја-членка ќе поставува само по еден Комесар,
односно поголемите земји-членки се откажуваат од вториот член на Комисијата. Постои
тенденција да се зголеми моќта на претседателот на Комисијата кој во иднина ќе се
назаначува од страна на Европскиот Совет со квалификувано мнозинство.
До моментот кога и 27. Зем1111ја ќе се придружи како членка на Унијата, бројот на
членовите на комисијата ќе порасне до 26 Комесари, со што ќе се промени членот 213 (1) од
Договорот за ЕЗ, со тоа што бројот на членови на Комисијата ќе биде поголем од бројот на
земји членки, при што членовите се избираат рамноправно по пат на ротација;
Граѓаните на која земја два пати на референдум гласаа против членство во ЕУ?
19.
- Норвешка

Каде и кога се усвоени критериумите кои секоја земја која сака да стане членка на ЕУ мора
да ги исполни?
20.
- На самитот во Копенхаген - јуни, 1993 година.
Што не претставува предуслов за зачленување во ЕУ?

За влез во Европската унија треба да се исполнат 3 услови:


− политички критериуми: стабилност на институциите што гарантираат демократија,
владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата;
− економски критериуми: постоење на функционална пазарна економија и капацитет за
справување со конкуренцијата и со пазарните сили во Унијата, и
21.
− правни критериуми („acquis communautaire“): способност да се преземат обврските од
членството, вклучувајќи и придржување кон целите на политичката, економската и
монетарната унија.

Мора да биде европска држава.


Мора да ги почитува принципите на слобода, демократијата и да ги почитува основните
човекови слободи и права и владеење на правото.
Кој Договор за прв пат пропиша употреба на квалификувано мнозинство на гласови за
мнозинството!!! на одлуки кои се носат?

- Единствен европски акт


22.
Претходно (Договори од Рим – едногласно) воведен со ЕЕА за да се комплетира
внатрешниот пазар, потоа со Договор од Мастрихт и сите следни договори се прошируваат
областите воглавно за внатрешен пазар (ЕЗ)
Со кој договор се опфатени заедно Договорот за Европската унија и Договорот за
функционирање на Европската унија?

- Договорот од Лисабон

Како договор за изменување и дополнување, не е наменет да се чита како автономен текст


Се состои од голем број на амандмани на Договорот за ЕУ („Договорот од Мастрихт”) и
23.
Договорот за основање на ЕЗ („Договорот од Рим”), вториот во текот на процесот е
преименуван во „Договор за функционирањето на ЕУ”. Како што е изменет и дополнет од
страна на Договорот од Лисабон, Договорот за ЕУ предвидува одредба за Повелбата за
фундаменталните права ЕУ, со што го прави овој документ правно обврзувачки.
Договорот за ЕУ, Договорот за функционирањето на ЕУ и Повелбата за фундаменталните
права на ЕУ имаат еднаква правна вредност и заедно ја сочинуваат правната основа на
Европската Унија.
24. Кои се основните законодавни институции на ЕУ?
- Европскиот парламент и Советот на ЕУ (министри)

+ Европската комисија како предлгач на акти


Советот на ЕУ е составен од:

- 28 министри, по 1 од секоја земја

претставник од секоја земја-членка на министерско ниво кој е овластен да ја обврзува


владата на таа држава и гласа. Затоа членовите на советот се политичари, а не државни
службеници.

Советот на ЕУ или Совет на министри е законодавно тело на ЕУ, што ги претставува


земјите-членки. Во него членува по еден министер од секоја земја на ЕУ. Советот е главна
институција за донесување на одлуки во рамките на ЕУ. Претседателството со Советот
ротира на секои 6 месеци. Советот е еден од двата законодавни дома во ЕУ, покрај
25.
Европскиот парламент.
Советот на ЕУ: усвојува законодавни акти (регулативи, директиви и др.) во постапка на
коодлучување со Европскиот парламент; помага во координирање на економските политики
на земјите-членки; ја развива Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ врз
основа на стратешките насоки утврдени од Европскиот совет; склучува меѓународни
спогодби во име на Унијата; заедно со Европскиот парламент го усвојува буџетот на ЕУ.
Договорот од Лисабон, 2009 год.: постојат 10 состави на Советот на ЕУ. Со состаноците на
различните состави на Советот претседава релевантниот министер на земјата членка која го
превзема ротирачкото претседателство со ЕУ. Единствено, Советот за надворешни работи
во чија работа учествуваат министрите за надворешни работи на земјите членки, има
постојан претседател - Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.)

Кој вид на гласање вообичаено применува Советот на ЕУ?

- квалификувано мнозинство, освен кога во Договорите е предвидено поинаку.

Согласно Лисабонскиот договор, Советот ги носи одлуките или по пат на:


просто мнозинство, „квалификувано мнозинство” или едногласно, зависно од темата за која
се одлучува.
Советот мора да донесе едногласна одлука за важните прашања како оданочувањето,
измените во договорите на ЕУ, воведувањето на нова политика заедничка за сите земји-
26. членки на ЕУ или при давањето согласност за приклучување на нова земја кон Европската
Унија. Квалификуваното мнозинство (тројно мнозинтво) се користи во преостанатите
случаи.
Квалификувано мнозинство се постигнува кога има мнозинство од земјите членки на ЕУ
(понекогаш и 2/3) кои гласаат за предлогот или најмалку 255 гласа од вкупниот број, односно
345 гласови (тие земји да преставуваат најмалку 62% од вкупното население на ЕУ).
Од 2014 година ќе биде воведен систем на "двојно мнозинство". За да биде прифатен
одреден предлог ќе треба да се обезбедат два вида на мнозинство: мнозинство на земји
(најмалку 15) и мнозинство на гласови од вкупното население на ЕУ (државите мора да
претставуваат најмалку 65% од населението на ЕУ).
27. Европскиот совет е составен од:

- Шефовите на држави или влади на државите-членки (претседаели и премиери),


заедно со неговиот претседател и претседателот на Комисијата (меѓувладино
политичко тело)

Европскиот совет ги одредува генералните политички насоки и приоритети на ЕУ.


Со стапувањето во сила на Договорот од Лисабон 2009 година, Европскиот совет стана една
од седумте официјални институции на Унијата.
Европскиот совет се состанува 2 пати во 6 месеци, во Брисел.
Мандатот на претседателот е 2 и пол години, со право на еден реизбор.
Согласно Договорот од Лисабон, Европскиот совет го обезбедува потребниот стимул за
развој на Унијата и определува генерални политички насоки и приоритети. Европскиот совет
нема законодавна функција.
Што не претставува надлежност на Судот на правдата на Европската унија?

- толкување на правото на ЕУ на целата нејзина територија;


- решавањето на споровите меѓу државите-членки, меѓу Унијата и државите-членки, меѓу
институциите како и меѓу граѓаните на ЕУ

Судот на правдата ја претставува судската власт на ЕУ. Во соработка со судовите на


земјите-членки обезбедува единствена примена и толкување на правото на ЕУ. Судот го
толкува правото на ЕУ со цел да се обезбеди негова еднаква примена во сите земји членки.
Судот исто така ги решава правните спорови меѓу владите на ЕУ и институциите на
Унијата. Поединци, компании или организации, исто така можат да покренат случаи пред
Судот, доколку сметаат дека нивните права биле повредени од страна на некоја од
28.
институциите на ЕУ.

Судот на правдата на Европската унија е основан во 1952 година и неговата мисијата е да


гарантира  почитување на правото при толкувањето и примена на Договорите.Судот на
правдата на ЕУ ја прегледува законитоста на актите на институциите на ЕУ, осигурува дека
земјите-членки ги исполнуваат обврските од договорите и по барање на националните
судови, го толкува правото на ЕУ.Седиштето е во Луксембург. Судот е составен од три
судови: Суд на правдата, Првостепен суд (1988) и Трибунал за јавна служба (2004).Судот на
правдата го сочинуваат по еден судија од секоја земја-членка на ЕУ, а во работата на судот
му помагаат и општи застапници (general advocates) чија задача е да се презентираат
мислења за случаи изнесени пред Судот. Секој судија и генерален застапник се назначуваат
со мандат од 6 години со можност за реизбор.
Која институција на ЕУ се смета за ‘чувар’ на Договорите на ЕУ?

- Европската комисија

Комисијата е непристрасен орган, кој се грижи за правилната примена на одредбите од


Договорите и на одлуките засновани на Договорите. Комисијата може да иницира судска
постапка против која било земја-членка и доколку е неопходно, да го упати случајот до Судот
на правдата. Исто, таа може да казни поединци или претпријатија, кога тие ги прекршуваат
правилата на конкуренција на ЕУ.
Една од нејзините основни задачи е да обезбеди исполнување на обврските на земјите
членки и соодветна примена на одредбите од Договорите и секундарното законодавство, од
29. нивна страна (чл. 226 ДЕЗ). За успешно извршување на оваа задача, таа цел има
овластување да спроведува истраги, кое го врши на сопствена иницијатива, или како одговор
на барање на влада или по жалба од физичко лице. Доколку, следејќи ги резултатите од
својата истрага, Комисијата смета дека постои прекршување на законодавството на
Заедницата, таа ги повикува засегнатите држави, во утврден рок, да поднесат свои
коментари. Ако односната земја, не постапи согласно одредбите или ако објаснувањата кои
ги доставила не се убедливи за Комисијата, таа донесува основано мислење, обврзувачко за
земјата членка во предвиден временски рок. Ако земјата членка одбива да се покори на
основаното мислење, Комисијата го префрла предметот до Судот на правдата, кој го
арбитрира спорот, често ја санкционира нерегуларноста во согласност со забелешката на
Комисијата и бара непослушната земја членка да се покори на правниот поредок на
Заедницата.
30. Која институција директно ги застапува интересите на граѓаните на ЕУ?

- Европскиот парламент

Советот ги претставува владите, Парламентот ги претставува граѓаните, а Комисијата го


претставува европскиот интерес.
Со Договорот од Лисабон се зголемиja областите во кои Европскиот парламент заедно со
Советот на министри ќе учествува при донесувањето закони, и во кои се јакне неговата
надлежност во поглед на буџетот. Оваа поделба на надлежности меѓу Парла- ментот и
Советот на министри е позната како соодлучување, кое стана „вообичаена законодавна
постапка“. Се применува и во новите политички области, какви што се слободата,
безбедноста и правдата.
Договорот од Лисабон му дава поголема улога на Е.Парламент и при одобрувањето на
буџетот на ЕУ.
Која е основната функција на Европската комисија?

- Предлага закони (единствена институција со овластување за т.н законодавна


иницијатива) - извршна функција-

1. Да иницира политики заради остварување на општите интереси на ЕУ, во чиишто


рамки ужива овластување за т.н законодавна иницијатива.
31. 2. да дејствува како ,,заштитник на договорите,, односно да обезбедува правилна
примена на договорите и законодавството на ЕУ (истраги)
3. да ја застапува Унијата во надворешните односи (со исклучок на Заедничката
надворешна и безбедносна политика)
Тоа е единствената институција на ЕУ со општо овластување да дава предлози за
законодавството. Комисијата ја има иницијативата да подготвува предлози, во поглед на
донесувањето на одлуките на Заедницата. Таа сама може да го дополни со амандман
својот предлог, со единствен исклучок за едногласна согласност на Советот.
Кој беше првиот претседател на Комисијата на Европската економска заедница?
32.
- Walter Hallstein 
Кое е познатото име на зградата во која е сместена Европската комисија во Брисел?
33.
- БЕРЛЕМОНT- Le Berlaymont
Којa институција ја донесе одлуката единствената валута да се именува евро?

- Европски совет (15.12.1995, во Мадрид)

На 1 .1. 2002 година, банкнотите и монетите на еврото влегоа во употреба во 12 земји на ЕУ


34.
(“евро зона”).- раководена од страна на Европската Централна банка (ECB)  и европскиот
систем од централни банки (ESCB) во која спаѓаат Народните банки на сите членови на ЕУ.
Како независна банка, ЕЦБ ја има власта да ја определи паричната политика на унијата. Таа
учествува во печатењето на парите, нивното распространување во сите држави-членки, како
и во работата на системот за плаќање во еврозоната.
Каде се наоѓа седиштето на Европската централна банка?
35.
-  Франкфурт, Германија
36. Колку често се среќаваат комисионерите на Европската комисија?

- еднаш неделно, најчесто секоја среда, во Брисел.

Претседателот на Комисијата одлучува за распределбата на надлежностите за политиките


меѓу одделните комесари, како и за прераспределбата на овие надлежности (доколку е
неопходно) во текот на еден мандат на Комисијата. Претседателот, исто така, има право да
бара оставка од комесарите. Тимот составен од 28 комесари (познат како „Колеџот”) се
среќава еднаш неделно, најчесто секоја среда, во Брисел. Секој од комесарите ја
претставува точката на агендата што се однесува на неговата/нејзината политика, а Колеџот
донесува заедничка одлука за неа. Вработените во Комисијата се организирани во оддели,
познати како генерални директорати (ГД) и служби (правната служба и службата за превод).
Секој генерален директорат е надлежен за одредена политика– на пример, постојат
генерален директорат за трговија и генерален директорат за конкурентност – а нив ги
раководи генерален директор, кој одговара пред еден од комесарите.
Кој беше првиот претседател на Европскиот парламент?

37. - 1952 прв претседател Пол-Хенри Спаак


- 1979 прв преседател преку директни избори на граѓаните Симон Веил

Која земја има најголем број на пратеници во Европскиот парламент?


38.
- Германија 96
Во која земја-членка на ЕУ изборите за Европскиот парламент се задолжителни?
39.
- Гласањето е задолжително во Белгија, Луксембург, Кипар и Грција
Како поинаку се нарекува Советот на ЕУ?
40.
- Совет на Министри
Кој претседава со Советот на ЕУ?

- Претседателството ротира помеѓу ЕУ државите членки секои 6 месеци


41.
Во 2019 година од Јануари до јули Романија, од јули до декември Финска
2020 моментално од јули до декември Германија, претходно Хрватска
Советот на ЕУ најголемиот број од своите одлуки ги носи со:

- квалификувано мнозинство

Согласно Лисабонскиот договор, Советот ги носи одлуките по пат на просто мнозинство,


„квалификувано мнозинство” или едногласно, зависно од темата за која се
42. одлучува(едногласна одлука за важните прашања како оданочувањето, измените во
договорите на ЕУ, воведувањето на нова политика заедничка за сите земји-членки на ЕУ или
при давањето согласност за приклучување на нова земја кон ЕУ). Квалификувано мнозинство
значи дека одлуките на Советот се донесуваат со одреден минимален број на гласови.
Бројот на гласови што секоја земја- членка на ЕУ ги има во Советот е приближно одраз на
големината на нејзиното население.

Кои се трите најупотребувани јазици во институциите на ЕУ?


43.
- Англиски , франциски и германски
Која е основната функција на Европскиот парламент?

- Законодавна + политичка, надзорна и буџетска функција

Парламентот има три главни улоги:


1. Со Советот ги споделува надлежностите за донесување закони. Фактот што
44. Парламентот е тело директно избрано од народот го гарантира демократскиот
легитимитет на европските закони.
2. Врши демократска супервизија врз сите институции на ЕУ, а особено врз
Комисијата. Тој има моќ да ги одобрува или да ги одбива номинациите за Претседател на
Комисијата или комесарите и има право да ѝ изгласа недоверба на целата Комисија.
3. Со Советот ги споделува своите надлежности за буџетот на ЕУ, што му овозможува да
влијае врз трошењето на финансиските средства во ЕУ. На крајот на постапката за
усвојување на буџетот, тој го усвојува или го одбива буџетот во целина
45. Која е основната функција на Судот на правдата на ЕУ?
- Толкување и еднаква примена на правото на ЕУ од земјите членки и
институциите на ЕУ
- ја прегледува законитоста на актите на институциите на ЕУ,
- осигурува дека земјите-членки ги исполнуваат обврските од договорите и
- по барање на националните судови, го толкува правото на ЕУ.

Според Договорите, Судот на правдата на ЕУ:


(а) одлучува за постапки доставени од земја-членка, институција или правно или физичко
лице;
(б) дава прелиминарни одлуки, на барање на судови или трибунали на земјите-членки, околу
толкувањето на законодавството на ЕУ или за важноста на актите донесени од институциите;
(в) одлучува во други случаи, предвидени во Договорите.

Судот на правдата на ЕУ е надлежен да следи дали законите на ЕУ подеднакво се


толкуваат и се применуваат во секоја од земјите-членки. За оваа цел, Судот ја
проверува правната страна на постапките на институциите на ЕУ, проверува дали земјите-
членки ги исполнуваат своите обврски и ги толкува законите на ЕУ по барање на
националните судови.
Судот е надлежен да ги решава правните спорови меѓу земјите-членки, институциите на
ЕУ, бизнисите и поединците. Со цел да се справи со илјадниците случаи што ги добива,
Судот е поделен на две главни тела: Суд на правата, кој работи на барањата за
прелиминарни пресуди добиени од националните судови, одредени дејства за
поништување и жалби, и Општ суд, кој пресудува за сите дејства за поништување,
иницирани од страна на поединци и компании, како и некои слични постапки покренати од
земјите-членки. Трибуналот за јавната администрација, кој е специјален трибунал, суди
при спорови меѓу ЕУ и нејзините службеници.
Всушност, ЕСП се состои од три суда, од кои секој има своја јасно дефинирана судска
надлежност: Суд на правдата на Европската унија, Општ (генерален) суд (поранешен
Првостепен суд што, исто така, беше преименуван со Лисабонскиот договор) и
специјализирани судови придодадени на општите судови (поранешниот Трибунал за јавни
служби). Нивната главна задача е да ја проучат законитоста на мерките на Унијата и
да обезбедат единствено толкување и примена на правото на Унијата во сите
држави-членки, како и да решаваат правни спорови меѓу државите-членки на ЕУ,
институциите на ЕУ, претпријатија и поединци.
Која е улогата на Генералниот адвокат во Судот на правдата на ЕУ?

- во поддршка на ЕСП, даваат завршни мислења за поединечни судски


предмети, непристрасно и независно, ги проценува сите стручни и правни прашања на
случајот и на ЕСП му поднесува конкретна, необврзувачка предлог-одлука (правна
експертиза).

46. Од членовите на Општиот суд може да се побара да ја вршат должноста на генерален


адвокат. Генералниот адвокат има должност, постапувајќи непристрасно и независно, на
отворена седница да претставува образложени заклучоци за определени предмети што се
поведени пред Општиот суд за да му помогне на Општиот суд во вршењето на неговите
задачи. Критериумите за изборот на таквите предмети, како и постапките за назначување на
генералните адвокати, се утврдуваат во Деловникот на Општиот суд. Членот што е повикан
да ја врши функцијата на генерален адвокат во некој предмет не може да учествува во
донесувањето на пресудата за предметот.
47. Во случаи кога Советот на ЕУ е надлежен за усвојување на одредени меѓународни договори,
од која институција на ЕУ е неопходно да добие претходна согласност?

- Европски парламент

Освен кога спогодбите се однесуваат исклучиво на заедничката надворешна и безбедносна


политика, Советот ја донесува одлуката за склучување на спогодбата:
(а) по добивањето согласност од Европскиот парламент во следниве случаи:
(i) спогодби за асоцијација; (ii) спогодба за пристапување на Унијата кон Европската
конвенција за заштита на човековите права и фундаментални слободи; (iii) спогодби за
воспоставување на посебна институционална рамка преку организирање постапки за
соработка; Меѓународни спогодби (iv) спогодби со значајни буџетски импликации за Унијата;
(v) спогодби кои покриваат полиња каде што се применува вообичаената законодавна
постапка, или посебната законодавна постапка, кога е потребна согласност од Европскиот
парламент
Која од долунаведените институции денес не претставува институција на ЕУ?

Главните институции на ЕУ денес се следните:


• Европски парламент • Европски совет • Совет на ЕУ (Совет на министри) • Европска
48.
комисија • Суд на правдата на Европската Унија • Европска централна банка • Суд на
ревизори
други тела: • Комитет на регионите • Европски економскo-социјален комитет • Европска
инвестициска банка
Кој го назначува Европскиот Омбудсман?
49.
- Европскиот парламент (мандат од 5 години и можност за реизбор).
Основната надлежност на Европскиот Омбудсман е да

- прима жалби од секој граѓанин на Унијата или секое физичко или правно лице со
живеалиште или регистрирано седиште во земја-членка за случаи на лошо работење
на институции на Унијата, тела, канцеларии или агенции, со исклучок на Судот на
правдата на ЕУ.

Во согласност со неговите должности, Омбудсманот спроведува истрага ако најде основа,


50. или на сопствена иницијатива или врз основа на жалби поднесени директно до
Омбудсманот, или преку член на Европскиот парламент, освен кога наводните факти се или
биле предмет на судска постапка. Кога Омбудсманот утврдил случај на лошо работење,
тогаш тој го проследува случајот до засегнатата институција, тело, канцеларија или агенција,
а тие треба да го известат Омбудсманот за своите гледишта во рок од три месеци.
Омбудсманот потоа доставува извештај до Европскиот парламент и до засегнатата
институција, тело, канцеларија или агенција. Лицето кое ја поднело жалбата се известува за
исходот од ваквата истрага. Омбудсманот доставува годишен извештај до Европскиот
парламент за исходот од неговите истраги.
51. Европскиот суд на ревизори е

- независна надворешна ревизорска институција на ЕУ која врши ревизија на


финансиите
(квази - судска институција)
(како надворешен ревизор на ЕУ придонесува за подобрување на финансиско управување во
Унијата и работи како независен заштитник на финансиските интереси на граѓаните на
Унијата)

Се состои од 28 членови, т.е. по 1 член од секоја држава-членка се именуваат едногласно, од


страна на Советот, а по консултација со Европскиот парламент. Тој испитува дали се
добиени сите приходи на Унијата, дали сите трошоци се направени законски и според
правилата, како и дали било консултирано финансиското раководство за нив. Тој ја врши
својата работа независно од другите институции на ЕУ и од владите.
Судот на ревизори врши ревизија на сметките за сите административни трошоци и приходи
на Заедницата и на сите тела формирани од страна на Заедницата. Овој суд потврдува дека
приходите се остварени, и трошоците се претставени на праведен и законит начин, и прави
преглед на финансиското работење со буџетот на Заедницата, особено од страна на
Комисијата.
Со Договорот од Мастрихт е прифатен како институција на ЕУ за вршење на ревизија на
финансиите во Унијата.
Формиран со вториот Договор за буџет -Договорот за измена на одделни финансиски
регулативи од 1975 година како орган за надворешна контрола на финансиите и буџетот на
Заедницата, со седиште во Луксембург.
Надлежноста на Европскиот суд на ревизори е да

1. ги проверува сметките на сите приходи и расходи на Унијата.


До Европскиот парламент и до Советот доставува изјава за уверување за веродостојноста на
сметките и на законитоста на трансакциите, кои се објавуваат во Службениот весник на ЕУ.
2. проверува дали сите приходи се примени и дали сите расходи се направени на
законски и регуларен начин и дали финансиското управување е стабилно.
Доставува извештај, особено за евентуалните случаи на неправилности.

Надлежноста на Судот на ревизорите е:


• да провери дали средствата на ЕУ, што потекнуваат од даночните обврзници, се исправно
52.
собрани и дали се потрошени законски, економично и за наменски цели, и
• да им гарантира на даночните обврзници максимална вредност за нивните парични
средства и има право на ревизија на секое лице или на секоја организација кои имаат
пристап до фондовите на ЕУ.

Во задачите на Судот на ревизорите спаѓа испитувањето на сите приходни и расходни


сметки на Унијата или на институција на Унијата.
Судот на ревизорите ги врши своите ревизии, за да добие основана потврда за:
• веродостојноста на годишните завршни сметки на Унијата,
• законитоста и регуларноста на основните трансакции, и
• оправданоста на финансиското управување.
Судиите на Судот на правдата на ЕУ се именуваат:

- по 1 судија од секоја земја-членка, од лица чија независност е неоспорна и кои ги


исполнуваат условите од ДФЕУ.
- со заедничка согласност на владите на земјите-членки за период од 6 години, со
53.
можност за реизбор.
Работата на Судот ја помагаат генерални адвокати. Општиот суд вклучува најмалку по еден
судија од земја-членка. Судиите и генералните адвокати на Судот на правдата и судиите на
Општиот суд се избираат од лица чија независност е неоспорна и кои ги исполнуваат
условите наведени во членовите 253 и 254 од ДФЕУ.
Каде се наоѓа седиштето на Европскиот Омбудсман:
54.
- Стразбург

Номинацијата за претседател на Европската комисија

- Советот на ЕУ, постапувајќи со квалификувано мнозинство, му предлага на


Европскиот парламент кандидат за претседател на Комисијата.
Кандидатот се избира од страна на Европскиот парламент со мнозинство од
членовите.
Доколку кандидатот не го добие потребното мнозинство, Европскиот совет со квалификувано
55.
мнозинство во период од 1 месец предлага нов кандидат, кој се избира од Европскиот
парламент со следење на истата процедура.
Советот на ЕУ предложува едно лице кое има намера да го избере за претседател на
Европската комисија. Потенцијалниот претседател потоа го избира својот „кабинет“ со
комесари од редовите на предложените кандидати од страна на државите-членки.
Европскиот парламент треба да ги одобри и претседателот и комесарите како тело, по што
Советот треба да го назначи ова тело.
56. Кои три институции се клучни за процесот на донесување одлуки во ЕУ?
- Советот на ЕУ, Европскиот парламент, Европската комисија

Постојат три политички институции, коишто ја имаат извршната и законодавната власт на


Унијата. Советот ги претставува владите, Парламентот ги претставува граѓаните, а
Комисијата го претставува европскиот интерес. Во суштина, Советот, Парламентот или кое
било друго тело мораат да постават барање за законодавство до Комисијата. Комисијата
потоа прави нацрт план кој го претставува пред Парламентот и Советот, каде што, во
повеќето случаи и двете институции мора да дадат согласност. Предлог−законот стапува во
сила, само доколку се одобри и потпише од страна на двата дома. Должноста на Комисијата
е да обезбеди дека законот е спроведен, преку справување со секојдневното работење на
Унијата и со истрги и предавање на Судот случаи на неспроведување на правото на ЕУ.

Европскиот совет ги дефинира општите политички насоки и приоритети на ЕУ, но тој нема
законодавна улога. Најчесто Европската комисија предлага нови закони, коишто ги усвојуваат
Европскиот парламент и Советот. Потоа спроведувањето на законите е во рацете на земјите-
членки и на Комисијата.
Европскиот парламент:

- е единствено избрано тело кое ги претставува граѓаните на ЕУ и учествува во


законодавниот процес, па според тоа е и единствен легитимен орган на ЕУ.
Пратениците во Европскиот парламент се избираат директно, со општо право на глас
(директни избори во секоја земја членка), на секои 5 години. Секој член има по еден глас.

Европскиот парламент, заедно со Советот, извршува законодавни и буџетски функции.


57.
Европскиот парламент извршува и функции на политичка контрола и консултирање на
начин дефиниран во Договорите. Тој го избира претседателот на Комисијата.
Европскиот парламент се состои од претставници на граѓаните на Унијата. Бројот на
претставници не може да биде поголем од 750, плус претседателот. Претставувањето на
граѓаните е регресивно пропорционално, со минимален праг од 6 и максимален од 96
членови по земја-членка. Локации за работа – Брисел ("plenary sessions"), Лукембург -
administrative offices (the "General Secretariat"). Стразбург ("plenary sessions"). 
Европскиот парламент започнал со работа како советодавно собрание во 1979 година.
На колку години се спроведуваат избори од гласачите на ЕУ за избор на членовите на
Европскиот парламент?
58.
- на секои 5 години
Состаноците на Европскиот совет се вообичаено самити каде лидерите на ЕУ се состануваат
да одлучуваат за:

- за генералните (општи политички) насоки и приоритети на Унијата и го даваат


неопходниот поттик за нејзиниот развој.

Европскиот совет не врши законодавни функции.


Европскиот совет се состои од шефовите на државите и владите на земјите-членки,
59. Претседателот на Европскиот совет и претседателот на Комисијата. Високиот претставник на
Унијата за надворешни работи и безбедносна политика учествува во неговата работа.
Европскиот совет заседава двапати на шест месеци, и се свикува од страна на
Претседателот. Доколку дневниот ред наложува, членовите на Европскиот совет може да
одлучат да бидат помогнати од страна на министер, а во случајот на претседателот на
Комисијата, од страна на член на Комисијата. Одлуките на Европскиот совет се донесуваат
со консензус.
Како самит на шефовите на држави или влади на сите земји на ЕУ, Европскиот совет го
претставува највисокото ниво на политичка соработка меѓу земјите-членки.
60. Која е клучната улога на Европската комисија?
- изготвува предлог – акти (реулативи, директиви итн) законодавна иницијатива
- се грижи за правилна примена на правото на ЕУ (договорите и др акти)

Други функции на Комиијата:


- го изготвува прелиминарниот нацрт на буџетот.
- врши преговори за меѓународни договори што треба да се склучат од страна на Советот
- го промовира општиот интерес на Унијата и ја обезбедува примената на Договорите и
мерките донесени од институциите во согласност со Договорите.
- Ја надгледува примената на правото на Унијата под контрола на Судот на правдата на
Европската унија.
- Го спроведува буџетот и раководи со програмите.
- Извршува координативни, извршни и раководни функции, како што е утврдено во
Договорите.
- Со исклучок на заедничката надворешна и безбедносна политика, и други случаи
предвидени во Договорите, Комисијата го обезбедува надворешното претставување на
Унијата.

* Предлог-актите на Комисијата се основа за секоја одлука што треба да се донесе од


Советот или од Европскиот парламент.
**Европската комисија функционира како „чувар“ на договорите на Европската унија и го
надгледува правилното спроведување на правото и политиките на Унијата. Во случај на
неусогласеност, Европската комисија може да иницира судски постапки против некоја од
државите-членки.
Која институција на ЕУ со седиште во Луксембург е надлежна за контрола на фондовите на
ЕУ, регуларниот начин на нивно полнење од средства од даночните обврзници на земјите-
61. членки, како и законито и економично трошење на средствата од ЕУ фондовите?

- Суд на ревизори на ЕУ
Која институција на ЕУ е надлежна да врши супервизија на работата на Европската
комисија?
62.
- Европскиот Парламент врши контрола на Комисијата преку разгледување на нејзини
извештаи како и со поставување на прашања до европските комесари.
63. Кои се примарните извори на правото на ЕУ?

- Договорите за основање на Европската економска заедница, Европската


заедница за јаглен и челик, Европската заедница за атомска енергија,
вклучувајќи ги и подоцнежните договори што ги дополнуваат (Единствениот
европски акт, Договорот од Мастрихт (Договор за ЕУ), Договорот од Амстердам,
Договорот од Ница, Договорот од Лисабон).

Секундарното право се состои од меѓународни и автономни акти на институциите и телата на


заедниците, дополнети со општите принципи признаени во правниот поредок на ЕЗ. Во
корпусот на ова право влегуваат сите прописи што се носат врз основа на примарното право
или материјали што се однесуваат на судски одлуки.

Секундарното законодавство се состои од:

- Регулативи. Тие се обврзувачки за сите земји членки. Постојат два типа на регулативи.
Првите се регулативи со генерална примена, кои се обврзани да ги применуваат само
земјите кои се споменати во текстот. Вторите регулативи се директно применливи и се
однесуваат на сите држави членки без исклучок и со нивното донесување тие стануваат
автоматски дел од националниот правен систем;

Директиви. Тоа се правно обврзувачки за сите земји членки, но допуштаат различни


модалитети за имплементација. Со директивата всушност Европската унија ѝ наложува на
земјата членка нејзиниот правен поредок во соодветна област да го прилагоди на политиката
на Европската унија. Начинот на имплементација го одбира на земјата членка, но се
вметнува временски лимит.
Одлуки. Одлуките се правни акти кои се обврзувачки само за оние на кои се однесуваат,
односно се однесуваат на изолирани случаи. Субјектот на кој се однесува мора да биде јасно
споменат во текстот. Со нив Унијата бара од одредена држава членка или друг субјект да
отстапи од некој процес, да преземе права или обврски.

Одлуките се разликуваат од Регулативите по тоа што немаат генерална, туку имаат


индивидуална примена. Тие исто така се разликуваат од директивите по тоа што се
применливи онака како што се напишани, без да се остави простор за други начини на
имплементација. Одлуките честопати се применуваат во врска со договори кои ја
ограничуваат конкуренцијата, државната помош, казните и принудните мерки. Регулативите,
директивите и одлуките се објавуваат во Службениот весник на Унијата.

Препораки. Тие се необврзувачки инструмент со кој од страна на Европската унија се


апелира споменатата страна да се однесува на одреден начин.

Мислења. Тие исто така се необврзувачки инструмент со кој се дава оценка на некоја
ситуација, во рамките на Европската унија. Честопати се користат да се апелира кон некоја
држава во врска со нејзини дејствија, кои ја нарушуваат конкуренцијата на заедничкиот
пазар. Во некои случаи тие служат како основа за носење на правно обврзувачки акти, или се
основа за судска постапка пред Судот на правдата. Вистинското значење на мислењата е
политичко и морално. Смислата на постоењето на ваков инструмент е тоа што во различни
случаи и услови се применува многу тесна законска рамка, па оттука се очекува споменатата
страна доброволно да се согласи со аргументите кои се наведени во мислењето.

Судска пракса. Праксата на Судот на правдата е обврзувачка во сите земји членки и исто
така е важен извор на правото. Пресудите на Судот на правдата и на Судот од прва инстанца
се одговор на барањата од Комисијата, националните судови или пак субјектите и граѓаните
на Унијата.

Правната регулатива ги вклучува сите Договори за ЕУ/ЕЗ, целокупното секундарно


законодавство кое денес е во сила, сите меѓународни договори кои ЕУ ги склучува,
сите пресуди на Судот на ЕУ и необврзувачките прописи (soft law). Најдобар алат за
доаѓање и снаоѓање низ правната регулатива е службената и јавна база на податоци:ЕUR-
Lex.Целокупното законодавство и пракса на ЕУ скратено се нарекува (acquis). Доаѓа од
францускиот поим кој значи „ЕУ каква што е“, а ги опфаќа сите права и обврски на државите
членки и институциите на ЕУ. Овој поим ги опфаќа сите правни акти, судска пракса на судот
на Европската заедница, и неформалната пракса и политичките стојалишта и декларации.
Што ги разликува регулативите од останатите секундарни извори на правото на ЕУ?

- директно се применливи и обврзувачки за секоја од земјите-членки.


Земјите-членки не мора да ги имплементираат во своите национални закони, иако понекогаш
таквите измени се неопходни со цел да се избегне можниот конфликт меѓу нив.
64.
Регулативата има општа примена. Таа е обврзувачка во сите свои делови и непосредно се
применува за сите ентитети во сите држави-членки;
Во моментот кога ќе влезат во сила, тие стануваат дел од секој национален правен поредок.
Регулативите служат за обезбедување на единствена примена на правото на Унијата во сите
држави-членки. Истовремено, тие ја спречуваат примената на националните прописи што се
некомпатибилни со своите материјално-правни одредби.
65. Каков вид на дискреција им се дава со директивите на земјите-членки на ЕУ?

- на националните власти им го остава да го изберат формата и методот преку кои


ќе го постигнат резултатот што се сака да се постигне со директивата (обврзувачка е
само во однос на резултатот што се сака да се постигне со неа, за секоја земја членка кон
којашто е упатена)
Државите-членки можат да избираат начин и методи за постигнување на своите цели и
со ова добиваат одредено дискрециско право, земајќи ги предвид специфичните
национални околности. Меѓутоа, државите-членки мораат да ги избираат националните
форми што се најсоодветни за обезбедување на ефективноста на правото на Унијата и ги
транспонираат директивите во облик на обврзувачко национално законодавство што ги
исполнува барањата за правна сигурност и правна јасност и воспоставува состојба каде што
поединците можат да се потпрат на правата што потекнуваат од директивата
За разлика од регулативите, директивите не се директно применливи во домашнте
поредоци на земјите членки. Тие го добиваат целосниот правен статус само откога ќе бидат
имплементирани, уредно спроведени во националното право
Што претставува основна карактеристика на директивите?

- не се директно применливи во домашнте поредоци на земјите членки.

Тие го добиваат целосниот правен статус само откога ќе бидат имплементирани, уредно
спроведени во националното право
Директивите се обврзувачки, поради постигнување на поставената цел, за државите-членки.
66.
Заради осигурување дека целите поставени во директивите можат да се применат за
посебните граѓани, потребен е акт на транспонирање (или „национална мерка за
спроведување“) од страна на домашните законодавци. Државите-членки можат да избираат
начин и методи за постигнување на своите цели и со ова добиваат одредено дискрециско
право, земајќи ги предвид специфичните национални околности. Иако судската пракса на
Судот на правда на ЕУ го надмина ова и дозволи поединци да се повикуваат директно на
право предвидено со Директива која не е имплементирана во нац.законодавств??)
Што се подразбира под ‘правен основ’ на ЕУ мерка?

- Правен основ за донесување на регулатива/директива се Договорите

За оживотворување на политиката на заедниците и Унијата, утврдена во основачките


договори, се задолжени институтите кои се овластени помеѓу другото да донесуваат и
правни акти, т.н. секундарно прао. Правните основи за донесување на правните акти од
67. институтите се содржани во член 288 - За спроведување на надлежностите на Унијата,
институциите донесуваат регулативи, директиви, одлуки, препораки и мислења.

Во одредбите на договорите се наведени прашањата што можат да се регулираат со акти


(без општи надлежности во целата област на политиката)
 За секоја област на политиката, во соодветен член на Договорите се утврдени: опсегот на
надлежностите на ЕУ типот на правни инструменти/ правна основа мерки постапка и
механизам на гласање
Кои акти од Европското законодавство речиси секогаш имаат директно дејство?
68.
- Регулативите имаат општа примена и се целосно обврзувачки и директно
применливи во сите земји-членки
69. Кое од долунаведените претставува општо начело на правото на ЕУ?

- Начелото на супрематија на правото на ЕУ што значи негово првенството пред


правото на државите-членки

1. Начело на национална процедурална автономија,


2. начело на супрематија/супремација
3. Начело на директно дејство/ефект,
4. Начелото на супсидијарност,
5. Начелото на пропорционалност, ефикасна заштита
6. Начело на еднаквост,
7. Начело на одговорност на државата за кршење на правото на ЕЗ,
8. Начело на транспарентност и заштита на податоците
9. Начело на принципот на пренесување и принципот на правна сигурност.
Што се подразбира под начелото на супрематија на правото на ЕУ?

- правото на ЕУ го има првенството пред правото на државите-членки


(супрематија на правото на ЕУ во однос на внатрепниот поредок. Принципот е воведен од
страна на на Судот на правдата.)

Ова значи дека правен акт на ЕУ, што е во спротивност со правната норма на некоја држава-
70.
членка, треба да се примени пред националниот акт, ако тоа е значајно за ЕУ, на пример ако
е значајно за внатрешниот пазар. Ова начело на првенство се применува дури и ако
хиерархиската поставеност на правната норма на некоја држава-членка е повисока од
правниот акт на ЕУ. Според тоа, освен кога случајот е во исклучива внатрешна надлежност
на државатачленка, се применува Европското право. Дури и ако некоја регулатива на ЕУ
била во спротивност со уставот на државата-членка, важи ова начело на првенство, според
кое би се применила европската регулатива
Што се подразбира под начелото на директно дејство на правото на ЕУ?

- директна применливост на правото на еу во националното законодавство

Прво, принципот на директна применливост значи дека Унијата директно им пренесува


права и им наметнува обврски не само на институциите на Унијата и на земјите-членки,
туку и на граѓаните на Унијата.
Директниот ефект е принцип/начело во правото на ЕУ според кој европските правила
имаат директен ефект врз граѓаните на ЕУ и во правото на државите-членки.
Дефиниран за прв пат во случајот Van Gend en Loos v. Nederlanse Administratie der
Belastingen од 1963 година. Во одлуката на Европскиот суд на правдата стои дека правилата
на ЕЗ може (и треба) да бидат применети пред националните судови, поради фактот што
регулативите имаат директен ефект врз индивидуалните права и одговорности слично на
71.
националните закони. Актот на ЕУ има директен ефект ако со него им се даваат права на
физички лица кои мора да бидат потврдени од страна на националните судови. Актот кој има
директен ефект мора да биде јасен, безусловен и независен од какви било натамошни
активности на ЕУ или на државите-членки. Актот има вертикален директен ефект кога им
дава права само за физичките лица, или кога им дава обврски на физичките лица наспроти
државите-членки или други лица.

Европскиот суд на правдата констатирал дека субјекти на правото на тогашната ЕЗ биле „не
само државите-членки туку и нивните државјани“ и понатаму, дека „независно од
законодавствата на државите-членки, правото на ЕЗ не само што им наметнува на
поодделните правни субјекти туку и им доделува права што стануваат дел од нивното правно
наследство...“ (Ibid.) На директно применливите норми на правото на ЕУ субјектите на
националните законодавства може непосредно да се повикуваат пред националните судови.
Кои услови треба да се исполнат за одредба од правото на ЕУ има директно дејство?

- јасна и недвосмислена
- неусловена, независна од дискрециско одлучување/ оценување од органи на
72.
државите-членки или од институциите на ЕУ
- со дејство независно од превземањето на натамошна мерка за имплементација од
страна на Заедницата или државите членки

73. Договорите се директно применливи. Што се подразбира со тоа?

- непосредно дејство врз правните односи не само меѓу државите-членки туку


и меѓу нивните субјекти
- субјектите на националните законодавства може непосредно да се
повикуваат на правото на ЕУ пред националните судови.
Во договорите не е изречно пропишано нивното директно дејство во националните поредоци,
но одредбите од овие договори, неспорно имаат такво дејство (ефект). Секако под услов
конкретната одредба да ги задоволува условите за подобност на одредбата да произведува
директно дејство.
Што се подразбира под начелото на директна применливост на правото на ЕУ?

- На директно применливите норми на правото на ЕУ субјектите на националните


законодавства може непосредно да се повикуваат пред националните судови.

 Принципот на директен ефект е воведен од страна на Судот на правдата во случај „Ван


74. Генд ен Лоос“
 Договорите за ЕУ се повеќе од договори кои само создаваат меѓусебни обврски меѓу
договорните држави
 Тие исто така им доделуваат права на поединците, кои произлегуваат не само во случаи
каде што се изречно одобрени со договорите, туку и поради обврските коишто договорите на
јасно дефиниран начин им ги наметнуваат на поединците, како и на земјите членки и
институциите на ЕУ
Начелото на субсидијаритет се воведе со?

- Договорот од Мастрихт, а сега во ДФЕУ

Во областите што се надвор од оние во кои ЕУ има исклучива надлежност, начелото на


супсидијарност, од една страна, е насочено кон заштита на капацитетот за донесување
одлуки и активности на државите-членки, а од друга страна, ја овластува ЕУ за
интервенирање, кога целите на една активност не можат да бидат постигнати во доволна
мера од страна на државите-членки „поради обемот и ефектот на планираната активност“.
Според тоа, Лисабонскиот договор воведува можна акција на државите-членки „иницирана
од држава-членка, Европскиот парламент, Советот или Комисијата, врз основа на недостиг
од надлежност…“
Начелото подлежи на судско тестирање. Како и да е, во случаите на неговата примена,
институциите на ЕУ имаат широко дискрециско право, што ЕСП е обврзан да го почитува.
75.
Според членот 5 (3), ЛДЕУ постојат три предуслови за интервенирање од страна на
институциите на ЕУ, што се во согласност со начелото на супсидијарност:
• Тоа не мора да биде област што е во исклучива надлежност на Европската унија;
• Целите на планираната активност не можат доволно да се постигнат од страна на
државите-членки;
• Од таа причина, активноста, поради нејзиниот опсег и нејзините ефекти, може поуспешно
да се спроведе од страна на Европската унија.
Општата цел на начелото на супсидијарност е гарантирање на извесен степен на
независност за пониските органи во однос на повисоките или независност на локалните
власти во однос на државните. Примената на начелото на супсидијарност служи како мерка
за мерење на одговорноста, ограничувајќи го извршувањето на овластувањата од страна на
ЕУ во областите каде што со Договорите се обезбедува поделена надлежност на ЕУ со
државите-членки. Во областите во кои со Договорите не ѝ се доделува надлежност на ЕУ, со
начелото не се обезбедуваат дополнителни надлежности (недоделување овластувања).
76. Во контекст на правните лекови за повреда на правото на ЕУ, кој поим од долунаведените се
однесува на фактот дека секој правен лек за повреда на правото на ЕУ мора да биде
достапен под услови поволни како оние за подеднаква повреда на националното право?

,,национална процедурална автономија“ или ,,примарна национална процедурална


одговорност“, - одговорноста на земјите членки, каде што не постојат релевантни
правила на Заедницата за определување на процедуралните услови под кои треба да
се заштитуваат правата на Заедницата.
Начелото на национална процедурална автономија се одликувало со две барања: дека
националните постапки и правила треба да се применуваат за права што
произлегуваат од националното право и правото на ЕЗ на еднаков начин (еднаквост
или недисриминција), и дека тие не трба во практиката да го оневозможат
остварувањето на правата на ЕЗ (практична можност).
прво начелото на еднаквост или недискриминација, што подразбира дека правните
лекови и форми на дејствување достапни за да се обезбедни почитување на националното
право, мора да бидат достапни на истиот начин за да се обезбеди почитување на правото на
ЕУ,
Второ начелото на практична можност, што подразбира дека националните услови и
постапки не треба да го оневозможат остварувањето на правото во практика.

Начело на национална процедурална автономија – со примена на начелото за


соработка утврдено во чл.5 од Договорот, националните судови се задолжени да
обезбедат правна заштита која граѓаните ја добиваат како резултат од директниот
ефект на одредбите на комутативното право.
Што се подрзабира под интергаверментализам (intergovernmentalism)?

- Меѓувладина соработка е институционален принцип, теоретски пристап и метод за


донесување одлуки во меѓународните организации каде што се наоѓа
надлежноста кај земјите членки и одлуките се донесуваат едногласно !!!.

Независните претставници од владите или избраните претставници имаат единствено


77. советодавна или функција на спроведување. Меѓувладината соработка во денешно време
најмногу ја користат меѓународните организации. Овој поим се користи за аспектите на
системите на ЕЗи ЕУ за кои се одлучува преку преговори меѓу земјите членки, во определени
случаи и без инволвираност на Комисијата и за кои Европскиот парламент нема надлежност
за соодлучување и советодавни улоги. Вообичаено меѓувладините аспекти на ЕУ не можат
да се судат од Европскиот суд на правдата. Заедничката надворешна и безбедносна
политика е пример за меѓувладин аспект на ЕУ.

Која од долунаведените институции има право на поднесување иницијатива во


законодавната постапка на ЕУ?
78.
- Европската Комисија

Редовната законодавна постапка претставува

79. - заедничко донесување регулативи, директиви или одлуки од страна на Европскиот


парламент и Советот, на предлог на Комисијата (постапка на соодлучување или
,,вообичаена законодавна постапка”)

Кој е називот на Комитетот основан според редовната законодавна постапка доколку Советот
на ЕУ и Европскиот парламент не може да постигнат договор:
80.
- Комитет за усолгласување / помирување (медијација)
81. Во постапката на согласност како посебна законодавна постапка, Европскиот парламент
одлуката за одобрување на предлог правниот акт поднесен од Советот на ЕУ ја носи со...

- Апсолутно мнозинство

ЕП по правило одлучува со просто мнозинство. Меѓутоа, во случај на амандмани, во


постапката на соработка и соодлучување, како и за повеќето одлуки во постапката на давање
согласност, потребно е апсолутно мнозинство гласови на пратениците
Значајните меѓународни договори бараат апсолутно мнозинство од сите членови.

Во посебните случаи предвидени во Договорите, донесувањето регулативи, директиви или


одлуки од страна на Европскиот парламент со учество на Советот, или од страна на Советот
со учество на Европскиот парламент претставува посебна законодавна постапка.
Комитетот за усогласување, кој се состои од членовите на Советот или нивни претставници и
подеднаков број членови кои го претставуваат Европскиот парламент, има за задача да
постигне договор за заеднички текст, со квалификувано мнозинство на членовите на Советот
или нивните претставници и со мнозинство на членовите кои го претставуваат
Европскиот парламент во рок од шест недели од неговото свикување, врз основа на
позициите на Европскиот парламент и на Советот при второто читање. Комисијата учествува
во постапките на Комитетот за усогласување и ги презема сите потребни иницијативи за
усогласување на позициите на Европскиот парламент и на Советот. Ако во рок од шест
недели од свикувањето Комитетот за усогласување не го одобри заедничкиот текст,
предложениот акт се смета дека не е донесен.
Во кои случаи најчесто се применува советодавната постапка како посебна законодавна
постапка?

- даночни ослободувања во рамките на внатрешниот пазар и Законот за


конкурентност
- кога се бара консултација на советодавните тела: Комитетот на Регионите и
Економскиот и Социјалниот Комитет.

Советодавна постапка:
Според оваа постапка Советот, дејствувајќи едногласно или со квалификувано мнозинство,
во зависност од политичката област, може да усвојува закони врз основа на предлог од
82.
Европската Комисија по консултирање со Европскиот Парламент. Од Советот се бара да се
консултира со Парламентот за законодавните предлози, но не е обврзан со позицијата на
Парламентот. Во практиката, Советот често го игнорира предлогот на Парламентот па
некогаш дури и донесува одлука пред да го дознае неговиот став. Сепак, Европскиот Суд на
Правдата донесе одлука дека Советот мора да го чека мислењето на Парламентот и ги
поништува законите што Советот ги донел пред Парламентот да го изнесе своето мислење.
Парламентот повремено прави опструкција на законите што не му се допаѓаат со давање на
официјална проценка со цел да се добие моќ против овие предлози, одолговлекувајќи го
законодавниот процес. Пред Единствениот Европски Акт советодавната постапка беше
најупотребувана во тогашната Европска заедница.
Ваквата постапка се одвива во прилог на консултации со Европскиот Парламент.
Согласно постапката за усвојување на буџетот на ЕУ, Европската комисија го поднесува
предлог годишниот буџет на ЕУ до:

- Европскиот парламент и Советот најдоцна до 1.9 од годината која ѝ претходи на


годината на извршување на буџетот.

Комисијата може да го изменува предлог-буџетот во текот на постапката сè додека не се


свика Комитетот за усогласување.
Советот го донесува својот став за предлог-буџетот и го проследува до Европскиот
парламент најдоцна до 1 октомври од годината која ѝ претходи на годината на
извршување на буџетот. Советот исцрпно го информира Европскиот парламент за
причините кои довеле до донесувањето на неговиот став.
83.
Ако во рок од 42 дена од таквото известување Европскиот парламент:
(а) го одобри ставот на Советот, буџетот се донесува;
(б) не одлучи, буџетот се смета дека е донесен;
(в) донесе измени со мнозинство на неговите членови, изменетиот предлог се доставува до
Советот и до Комисијата.
Претседателот на Европскиот парламент, во договор со претседателот на Советот, веднаш
свикува средба на Комитетот за усогласување. Сепак, ако во рок од десет дена по
доставувањето на предлогот Советот го информира Европскиот парламент дека ги одобрил
сите измени, Комитетот за усогласување не се свикува.
Парламентот и Советот на ЕУ заедно одлучуваат за годишниот буџет на ЕУ. Парламентот за
него дебатира по две последователни читања, а буџетот не може биде одобрен сè додека не
добие потпис од Претседателот на Парламентот.
84. Согласно постапката за усвојување на буџетот на ЕУ, буџетот на ЕУ се смета дека е усвоен
откако:

- Парламент ќе го усвои годишниот буџет на ЕУ,


Кога постапката е завршена, претседателот на Европскиот парламент објавува дека
буџетот конечно е донесен.

Постапка за усвојување на буџет на ЕУ:


Советот го донесува својот став за предлог-буџетот и го проследува до Европскиот
парламент најдоцна до 1 октомври од годината која ѝ претходи на годината на извршување
на буџетот. Советот исцрпно го информира Европскиот парламент за причините кои довеле
до донесувањето на неговиот став.
Ако во рок од 42 дена од таквото известување Европскиот парламент:
(а) го одобри ставот на Советот, буџетот се донесува;
(б) не одлучи, буџетот се смета дека е донесен;
(в) донесе измени со мнозинство на неговите членови, изменетиот предлог се доставува до
Советот и до Комисијата.
Претседателот на Европскиот парламент, во договор со претседателот на Советот, веднаш
свикува средба на Комитетот за усогласување. Сепак, ако во рок од 10 дена по
доставувањето на предлогот Советот го информира Европскиот парламент дека ги одобрил
сите измени, Комитетот за усогласување не се свикува. Комитетот за усогласување, кој го
сочинуваат членовите на Советот или нивни претставници и подеднаков број членови кои го
претставуваат Европскиот парламент, има за задача да постигне договор за заеднички текст,
со квалификувано мнозинство на членовите на Советот или нивните претставници и
со мнозинство на претставниците на Европскиот парламент во рок од 21 ден од неговото
свикување, врз основа на ставовите на Европскиот парламент и Советот. Комисијата
учествува во постапките на Комитетот за усогласување и ги презема сите потребни
иницијативи за усогласување на ставовите на Европскиот парламент и на Советот. Ако во
предвидениот рок, Комитетот за усогласување одобри заеднички текст, Европскиот
парламент и Советот имаат период од 40 дена од таквото одобрение за донесување на
заедничкиот текст.
Ако во тој рок:
(а) Европскиот парламент и Советот го одобрат заедничкиот текст или не донесат одлука,
или ако една од тие институции го одобри заедничкиот текст или другата не донесе одлука,
буџетот се смета за конечно донесен во согласност со заедничкиот текст; или
(б) Европскиот парламент, постапувајќи со мнозинство на неговите членови, и Советот го
одбијат заедничкиот текст, или ако една од тие институции го одбие заедничкиот текст, а
другата не донесе одлука, нов предлог-буџет се доставува до Комисијата; или
(в) Европскиот парламент, постапувајќи со мнозинство на неговите членови, го одбие
заедничкиот текст, а Советот го одобри, нов предлог-буџет се доставува до Комисијата; или
(г) Европскиот парламент го одобри заедничкиот текст, а Советот го одбие, Европскиот
парламент, во рок од 40 денa од датумот на одбивањето од страна на Советот и
постапувајќи со мнозинство на неговите членови и три петтини од гласовите, може да донесе
одлука да потврди некои или сите измени наведени во став 4(в). Кога измените на
Европскиот парламент не се потврдени, се задржува договорената позиција во Комитетот за
усогласување за буџетските ставки кои се предмет на измената. Буџетот се смета за
дефинитивно одобрен врз таа основа. Ако во рок од 21 ден, Комитетот за усогласување не се
договори за заеднички текст, Комисијата доставува нов предлог-буџет. Кога постапката
предвидена во овој член е завршена, претседателот на Европскиот парламент објавува дека
буџетот конечно е донесен.
85. Во постапката за делегирано донесување на одлуки (систем на комитологија), на Европската
комисија и се делегира надлежност да усвојува акти од општа примена со цел да:

- обезбеди спроведување на актот одобрен од Советот и Парламентот

Кога акотот е одобрен од Советот и Парламентот, Комисијата има одговорност да го


обезбеди неговото спроведување. Ова се прави преку земјите-членки или преку
агенциите. Придонесувањето на неопходните мерки, Комисијата и од комитетите составени
од претставниците на земјите-членки и јавното и правното лоби, (процесот се вика
Комитологија").
Понатаму, Комисијата е одговорна за спроведување на буџетот на ЕУ ; обезбедување,
заедно со европскиот ревизиски суд, дека фондовите на ЕУ се правилно потрошени.
Особено, Комисијата има обврски да ги обезбеди договорите и правните пописи кој
потенцијално се превземени од земјите-членки или од други институции пред спорот на
Европскиот суд. (чувар на договори).
Конечно комисијата обезбедува претставување на Комисијата во надворешното
претставување заедно со земјите-членки на заедничката надворешна и безбедносна
политика, кои ја претставуваат Унијата во тела како што е светската трговска организација.
Исто така, вообичаено е претседателот на Комисијата да присуствува на Г8 состаноците.
- мултифункционална бирократија што располага со раширен систем на комисии
(комитологија), во чии рамки постои мошне тесна соработка, како со администрациите на
државите-членки, така и со националните и евро-асоцијациите.
Кога се применуваат посебните законодавни постапки?

- Во посебните случаи предвидени во Договорите, донесувањето регулативи,


директиви или одлуки од страна на Европскиот парламент со учество на
Советот, или од страна на Советот со учество на Европскиот парламент
претставува посебна законодавна постапка.

Специјални постапки
Постојат специјални законодавни постапки во зависност од темата на предлогот.
Кај постапката на консултација, од Советот се очекува да се консултира со Парламентот за
одреден предлог на Комисијата, но тој не мора да го прифати советот на Парламентот. Оваа
постапка се користи само во неколку области, какви што се некои даночни ослободувања во
86. рамките на внатрешниот пазар и Законот за конкурентност.
Кај постапката на согласност, Парламентот може да прифати или да одбие одреден
предлог, но не смее да предложи негови измени. Оваа постапка може да се користи тогаш
кога предлогот се однесува на одобрување на некој меѓународен договор. Постојат многу
мал број случаи кога Советот и Комисијата, или само Комисијата, можат да усвојат некој
закон без да го консултираат Парламентот.

* Постапката на соработка беше воведена со ЕЕА и ќе биде укината дури со влегувањето во


сила на Договорот од Лисабон. За разлика од Постапката на давање мислење (консулација),
ЕП тука има формално право на измена на законодавниот предлог што ги одредува
правилата на гласање во Советот. Постапката на соодлучување, воведена со Договорот од
Мастрихт и проширена со Договорот од Амстердам, ја укина постапката за соработка, освен
во четири случаи во рамките на → Економската и монетарна унија.
87. Кога се применува постапката на соодлучување

- e редовна законодавна постапка, сите области за кои е потребно квалификувано


мнозинство во Советот, со исклучок на заедничката земјоделска политика и
трговската политика

Поголемиот дел од актите се донесуваат со постапката на соодлучување, што на исто


рамниште ги поставува Европскиот парламент и Советот; Лисабонскиот договор го прошири
овој механизам во 33 нови области. (подобро го интегрира Европскиот парламент, а со тоа и
европските граѓани). Сè уште не се применува во неколку значајни области за кои е потребна
едногласност во Советот, како, на пример, фискалната политика.
Тек на постапката:
Прво читање (претрес)
Законодавниот предлог изработен од страна на Европската комисија е доставен до
Европскиот парламент и до Советот. Европскиот парламент го дава своето мислење со
просто мнозинство, додека Советот усвојува „заеднички став“ со квалификувано мнозинство
(освен за областите на културата, слободата на движење, социјалната заштита и
координацијата на правилата за вршење професија, што се предмет на едногласно
одлучување).
Второ читање (претрес)
Парламентот го добива заедничкиот став на Советот и на располагање има три месеци да
донесе одлука. Притоа, тој може:
- Недвосмислено да го усвои предлогот онака како што е изменет со заедничкиот став или
да не донесе одлука во дадениот временски рок; во двата случаја, актот изменет со
заедничкиот став се усвојува;
- Да го одбие заедничкиот став со апсолутно мнозинство на своите членови; актот не се
усвојува и постапката завршува; или
- Со апсолутно мнозинство од своите членови, да усвои измени на заедничкиот став, што
потоа се доставуваат на оценување до Комисијата; предметот се враќа до Советот.
Ако Советот, гласајќи со квалификувано мнозинство за измените на Европскиот парламент и
едногласно за оние што добиле негативно мислење од Европската комисија, ги усвои сите
измени на Европскиот парламент најдоцна три месеци по нивниот прием, актот се смета за
усвоен. Во спротивно, во рок од шест недели ќе се свика Комитет за помирување
(медијација). Помирување Комитетот за помирување (медијација) се состои од еднаков број
претставници на Советот и Европскиот парламент (по 27 членови), потпомогнат од
Европската комисија. Тој го разгледува заедничкиот став врз основа на измените на
Европскиот парламент и има на располагање шест недели да изработи заеднички текст.
Постапката се запира и актот нема да биде усвоен сè додека Комитетот не усвои заеднички
текст до истекување на рокот. Ако Комитетот за помирување усвои заеднички текст, тогаш тој
се доставува до Советот и до Европскиот парламент на одобрување.
Трето читање (претрес)
Советот и Европскиот парламент имаат шест недели за да го усвојат заедничкиот текст.
Советот дејствува со квалификувано мнозинство, додека Европскиот парламент со
апсолутно мнозинство на гласовите. Доколку ниту една од институциите не го усвои текстот
во рамките на дадениот рок, постапката се запира и актот не се усвојува.
88. Судот на правдата на ЕУ е составен од:

- три суда, секој со јасно дефинирана судска надлежност:


1. Суд на правдата на ЕУ,
2. Општ (генерален) суд
3. специјализирани судови (придодадени на општите судови)

- 28 судии по еден судија од секоја земја-членка 11 генераални адвокати


(моментално).
Судиите ги именуваат владите на земјите-членки со заедничка согласност, со мандат од 6
години.
Нивната главна задача е да ја проучат законитоста на мерките на Унијата и да обезбедат
единствено толкување и примена на правото на Унијата во сите држави-членки, како и да
решаваат правни спорови меѓу државите-членки на ЕУ, институциите на ЕУ, претпријатија и
поединци. Судот на правдата (ЕСП) беше основан уште во 1952 година (како Суд на
Европската заедница за јаглен и челик, ЕЗЈЧ) и оттогаш неговото седиште е во Луксембург.
ЕСП донесува свој Деловник, што треба да биде одобрен од страна на Советот со
квалификувано мнозинство.
Моментално судот се состои од 28 судии и 11 генерални адвокати. Судот може да заседава
во полн состав, во Голем совет (15 судии) или во судски совети од по 5 или 3 судии.
Судот на правдата е составен од 27 судии, по еден од секоја земја-членка, за да се осигури
дека тој ги претставува сите национални правни системи. На Судот му помагаат 8 „генерални
адвокати”, кои даваат мислења за случаите што се поднесени до Судот. Тие мораат тоа да го
сторат јавно и објективно. Судиите и генералните адвокати се или поранешни членови на
највисоките национални судови или правни експерти што уживаат висок углед и во чија
независност нема никаков сомнеж. Нив ги назначуваат владите на земјите-членки по пат на
заеднички договор. Секој од нив е назначен со мандат од 6 години. Судиите во овој суд
избираат Претседател чиј мандат е 3 години. Судот на правдата може да заседава во
целосен состав, како големо заседание од 13 судии или заседанија од 5 или 3 судии,
зависно од сложеноста и важноста на случајот. Околу 60 % од случаите ги разгледува
Заседанието од пет судии, а 25 % од нив ги разгледува Заседанието од три судии. Општиот
суд, исто така, е составен од 27 судии, назначени од страна на земјите-членки со мандат од 6
години. Судиите во Општиот суд, исто така, избираат Претседател од своите редови со
мандат од три години. Овој суд заседава во рамките на заседанија од три или пет судии
(понекогаш и само еден судија) за да врши сослушувања. На сослушувањата за околу 80 %
од случаите на Општиот суд присуствуваат по тројца судии. Големото заседание од 13 судии
или целосниот состав од 27 судии може да заседаваат заедно доколку сложеноста и
важноста на случајот го оправдуваат тоа.
Кои се надлежности на Судот на правдата на ЕУ?

- да следи дали законите на ЕУ подеднакво се толкуваат и се применуваат во


секоја од земјите-членки. (примарното, секундарното и непишаното право и меѓународните
договори што ги склучува Заедницата
Надлежности:
• Да поведе постапка против држава-членка поради непочитување на правото на Унијата;
таквото дејство може да биде изнесено пред ЕСП, било да е од страна на Европската
комисија или од страна на друга држава-членка;
• Да поведе постапка против институции на Унијата по пат на испитување на законитоста на
актите и да ги прогласи за неважечки ако се во спротивност со правото на Унијата
• Да поведе постапка против институциите на Унијата поради непостапување
• Да донесува прелиминарни одлуки за толкувањето на Договорите, или за валидноста и
толкувањето на актите на Унијата, како и за толкувањето на статутите на органите на Унијата
што се основани со акт на Советот
• Да донесува одлуки за спорови во врска со надомест на штети
• Да донесува одлуки за спорови меѓу Унијата и нејзините службеници
• Да донесува одлуки во определени спорови што се во врска со обврските на државите-
89. членки кон Европската инвестициска банка
• Да преземе акција кога судската надлежност е одредена со арбитражна клаузула на некоја
спогодба што ја вклучува Унијата
• Да презема активности при спорови меѓу државите-членки што се во врска со предметот на
Договорот, кога државите-членки повеле спор под некоја специјална спогодба.

Судот на правдата на Европската Унија (Судот) е надлежен да следи дали законите


на ЕУ подеднакво се толкуваат и се применуваат во секоја од земјите-членки. Со други
зборови, дали законите на ЕУ се идентични за сите страни и во сите услови. За оваа цел,
Судот ја проверува правната страна на постапките на институциите на ЕУ, проверува дали
земјите- членки ги исполнуваат своите обврски и ги толкува законите на ЕУ по барање на
националните судови. Судот има овластување да ги решава правните спорови меѓу земјите-
членки, институциите на ЕУ, бизнисите и поединците. Со цел да се справи со илјадниците
случаи што ги добива, Судот е поделен на две главни тела: Суд на правата, кој работи на
барањата за прелиминарни пресуди добиени од националните судови, одредени дејства за
поништување и жалби, и Општ суд, кој пресудува за сите дејства за поништување, иницирани
од страна на поединци и компании, како и некои слични постапки покренати од земјите-
членки. Трибуналот за јавната администрација, кој е специјален трибунал, суди при спорови
меѓу ЕУ и нејзините службеници. (укинат, сега специјализирани судови)
90. Постапката за утврдување повреда на договорите или неисполнување на обврски од
договорите од земја-членка може да се поведе:

- Комисијата или од страна на друга земја членка на ЕУ.

Во секој од случаите, судот ги разгледува наводните тврдења и ја дава својата пресуда.


Доколку биле утврдено дека државата не ги исполнила своите обврски, државата ќе мора
веднаш да го исправи тоа. Доколку судот утврди дека државата не постапила согласно на
неговата пресуда, судот може да изрече парична казна.
Пред земјата-членка да поднесе тужба против друга земја- членка до ЕСП за наводна
повреда на обврските според Договорите, таа го изнесува прашањето пред Комисијата.
Комисијата доставува образложено мислење, по кое секоја од засегнатите земји добива
можност да ги достави својот случај и своите образложенија, писмено и усно. Ако Комисијата
не достави мислење во рок од 3 месеци од датумот на изнесување на прашањето,
отсуството на таквото мислење не спречува тоа прашање да се постави пред Судот.

1. Ако Судот на правдата на ЕУ утврди дека земјата- членка не ги исполнила обврските


според Договорите, земјата треба да ги преземе потребните мерки за усогласување со
пресудата на Судот.
2. Ако Комисијата смета дека засегнатата земја-членка не ги презела потребните мерки за
усогласување со пресудата на Судот, Комисијата може да го изнесе случајот пред Судот
откако ќе ѝ даде можност на земјата да ги поднесе своите образложенија. Таа ја утврдува
висината на паушалната сума или паричната казна за кои смета дека одговараат на
околностите, а кои засегнатата земја-членка треба да ги исплати. Ако Судот утврди дека
засегнатата земја-членка не ја исполнила неговата пресуда, тој може да наметне паушална
сума или парична казна кои таа земја треба да ги плати.
3. Кога Комисијата изложува случај пред Судот во согласност со член 258, бидејќи
засегнатата земја-членка не ја исполнила обврската за известување за мерките за
транспонирање директиви донесени според законодавна постапка, Судот може, доколку
смета дека е соодветно, да определи висина на паушална сума или парична казна кои треба
да ги плати засегнатата земја-членка, и за кои смета дека одговараат на околностите. Ако
Судот утврди повреда, тој може да наметне паушална сума или парична казна за засегнатата
земја-членка кој не го надминува износот утврден од Комисијата. Обврската за плаќање
влегува во сила на датумот утврден од Судот во неговата пресуда.
91. Што не претставува предмет на постапката за утврдување повреда на договорите или
неисполнување на обврски од договорите од земја-членка?

- Оспорување на правни акти на институциите на Унијата


- Прелиминарна одлука за толкување на правото на ЕУ по барање на нац.суд

ЕСП има судска надлежност над сите постапки, освен ако тие се упатени на Општиот суд
(Првостепен суд) за парница од прва инстанца или на Трибуналот за јавни служби
(специјализирани судови). Притоа, ЕПС постапува во втора инстанца само за правни
прашања.
ЕСП има дури и исклучива судска надлежност во случај кога тужбите се поднесени од страна
на државите-членки, од институции на Унијата или од Европската централна банка.

три постапки имаат посебна тежина:


- Тужбата за поништување (тужбата за оспорување) овозможува непосредна судска контрола
на правните акти на органите на Заедницата според правото со повисок ранг. Право на тужба
има секој орган на Заедницата, при што се ограничени на докажување на повреда на
сопствените права. Покрај тоа, секое физичко и правно лице може директно да оспори
правен акт на орган на Заедницата со тужбата за поништување, ако е непосредно и
индивидуално засегнато од мерката.
- Во рамките на тужбата поради повреда на Договорите ќе се испитува постоењето на
повреда на правото на Заедницата преку однесувањето (постапувањето или
непостапувањето) на земјитечленки. Во практиката, главниот дел од оваа постапка го
сочинува задоцнетото или неправилното транспонирање на директивите во националното
право. Право на тужба имаат → Европската комисија и другите земји-членки. На
поднесувањето тужба му претходи вонсудска постапка. Таа постапка ја води Комисијата, со
тоа што најпрво на земјата-членка ѝ се дава можност да се произнесе (т.н. предупредување),
а потоа зазема аргументиран став. Доколку земјата-членка во утврдениот рок не го исполни
барањето од ставот, Комисијата може да се обрати до ЕСП. Доколку во пресудата се утврди
повреда на Договорите од страна на земјата-членка, таа е обврзана тоа да го исправи.
Непочитувањето на пресудата претставува нова повреда на Договорот, против која
Комисијата може повторно да покрене судска постапка со цел земјата-членка да се осуди на
плаќање на паушален износ или парична казна. Според Договорот од Лисабон во иднина
ваквата пресуда ќе може да биде побарана и изречена директно во постапката поради
повреда на Договорот, доколку земјата-членка ја прекршила својата обврска да соопшти
мерки за спроведување директива.
- Карактеристично за постапката за прелиминарна одлука е соработката меѓу судовите на
земјите-членки и ЕСП. Спротивно од директните тужби, се работи за меѓупостапка во
рамките на судски спор пред суд на земја-членка, во кој тој суд има право, а ако одлучува во
последна инстанција и обврска, да поднесе до ЕСП прашања за толкување на правото на
Заедницата, доколку тие се суштински за исходот на спорот. Во исклучителни случаи и суд
кој не претставува последна инстанција е обврзан да поднесе прашање, доколку смета дека
одредена одредба од правото на Заедницата е неважечка, па затоа планира да не ја
примени. Надлежноста на ЕСП во оваа постапка го опфаќа испитувањето на важноста на
секундарното право на Заедницата, како и толкувањето на правото на Заедницата. Одлуката
за неговата конкретна примена во главната постапка ја донесува судот на земјата-членка.
Кои правни акти НЕ се предмет на испитување на законитоста според постапката за
испитување и поништување на правните акти на органите на ЕУ која се спроведува од Судот
на правдата на ЕУ?

- Препораките и мислењата
92.
Судот на правдата на Европската унија ја разгледува законитоста на законодавните акти,
актите на Советот, на Комисијата и на Европската централна банка, освен препораките и
мислењата, и на актите на Европскиот парламент и на Европскиот совет кои имаат правни
ефекти кон трети страни. Тој, исто така, ја разгледува законитоста на актите на телата,
канцеларии или агенции на Унијата кои имаат правни ефекти кон трети страни.
Постапката во случај на неактивност на органите на ЕУ, може да се поведе против

- Европскиот парламент, Европскиот совет, Советот, Комисијата или Европската


централна банка, како и тела, канцеларии и агенции на Унијата

Тужба заради непостапување


Доколку Европскиот парламент, Европскиот совет, Советот, Комисијата или Европската
централна банка не дејствуваат во случај на повреда на Договорите, земјите-членки и
останатите институции на Унијата можат да поднесат тужбено барање пред Судот на
93.
правдата на Европската унија за да се утврди таквата повреда. Овој член се применува за
тела, канцеларии и агенции на Унијата кои нема да дејствуваат, под истите услови.
Тужбеното барање е прифатливо само ако засегнатата институција, тело, канцеларија или
агенција биле први повикани да дејствуваат. Ако во период од 2 месеца по повикувањето,
засегнатата институција, тело, канцеларија или агенција не ја дефинирале својата
позиција, може да се поведе постапка во рок од понатамошен период од 2 месеца. Секое
физичко или правно лице може, според условите утврдени во претходните ставови, да
поднесе претставка пред Судот ако институција, тело, канцеларија или агенција на
Унијата не му доставиле на тоа лице друг акт, освен препорака или мислење.
Пресудата на Судот на правдата во постапката во случај на неактивност на органите на ЕУ е:

- Со пресудата се утврдува дека пропуштањето било незаконско. Судот на


правдата/Општиот суд нема надлежност да нареди да се донесе одлука: од
94. страната против која е донесена пресуда се бара само да преземе мерки за да се
усогласи со пресудата
Институцијата чијшто акт е прогласен за неважечки или чиешто недејствување е спротивно
на Договорите треба да преземе соодветни мерки за исполнување на пресудата на
Судот на правдата на ЕУ.
95. Кои прашања националните судови на земјите-членки може да ги упатат на Судот на
правдата на ЕУ за прелиминарно толкување?

- толкување на одредбите на договорите


- толкувањто и/или со оценката на валидноста на актите на институциите,
телата, канцелариите или агенциите на Унијата

Судот на правдата на ЕУ е надлежен да донесува прелиминарни одлуки за следново:


(а) толкувањето на Договорите;
(б) валидноста и толкувањето на актите на институциите, телата, канцелариите или
агенциите на Унијата.
Кога такво прашање е покренато пред кој било суд или трибунал на земја-членка, тој суд или
трибунал може, доколку смета дека е потребна одлука по тоа прашање за да може да донесе
пресуда, да побара од Судот да се произнесе за тоа.
Кога такво прашање е покренато во случај кој е во постапка пред суд или трибунал на земја-
членка против чијашто одлука нема правен лек во нац. право, тогаш тој суд или трибунал го
покренува тоа прашање пред Судот.
Ако ваквото прашање е покренато во случај кој е во постапка пред суд или трибунал на
земја-членка за лице кое е во притвор, Судот на правдата на ЕУ постапува без непотребно
одлагање.
Кој може да поведе постапка за прелиминарно толкување на правото на ЕУ?

- Националните (судови или трибунали)во секоја земја членка на ЕУ


(најисоките задолжително)

96. се одговорни да обезбедат соодветна примена на правото на ЕУ во земјата.


За да се избегне ризик дека судовите во разни земји може да го толкуваат правото на ЕУ на
различен начин, постои процедура за ‘прелиминарно одлучување’. Доколку националниот
суд има сомненија околу толкувањето на валидноста на правото на ЕУ, може – и понекогаш
мора – да побара совет од Судот на правдата. Таквиот совет се нарекува ‘прелиминарно
одлучување’.
Во кои случаи се применува начелото на процедурална автономија?

- правото на ЕУ да се применува на домашно ниво во согласност со постапките и


условите утврдени со националното право (нац.процесно право) (Начело на
национална процедурална автономија)
97.
 Сепак, постојат 2 услови:
- Постапките треба да се применуваат на ист начин и во националното право и во правото на
ЕУ (принцип на еквивалентност)
- Овие постапки не треба да го оневозможуваат остварувањето на правата на ЕУ во пракса
(принцип на ефективност)
98. Кои услови треба да бидат исполнети за да се утврди одговорност на државата за надомест
на штета на физички и на правни лица, предизвикана со повреда на правото на ЕУ од
нејзините органи?

- противправен акт или пропуст на Унијата/нац.органи


- штета нанесена на тужителот
- причинско-последична врска помеѓу правниот акт или пропустот и таквата
штета
- не е докажана небрежност

 повредено е правото на ЕУ (регулатива или Договори) или не ја спроведе директивата


или не ја спроведе директивата уредно, па со тоа некое физ/прав лице трпи штета
Тужба за надомест на штета
Барањата за надомест на штета предизвикана со дејства било да е на институциите на
Унијата или на државите-членки што се во колизија со правото на Унијата, можат да се
достават до ЕСП.

***Постапка против Унијата Треба да бидат исполнети следните критериуми:


• Подносителот мора да биде физичко или правно лице кое за виновник ја смета ЕУ
(институција на ЕУ). Унијата ја презема одговорноста за своите институции.
• Дејството со кое е прекршено правото на Унијата е извршено од страна на некоја
институција на Унијата или од страна на нејзин службеник.
• Дејството било незаконско.
• Тужителот претрпел штети.
• Штетата била предизвикана од дејството за кое станува збор(причинско-последична
врска).

***Постапка против држава-членка


Иако во Договорите не се споменува експлицитно тужбата против држава-членка, на
подносителите треба да им се дозволи да се обратат до националните судови во случај кога
некоја држава-членка го повредува правото на Унијата. Ова може да се заклучи од член 4 (3),
ЛДЕУ, со кој се предвидува дека државите-членки „треба да преземат соодветни мерки,
општи или посебни, за да се обезбеди исполнување на обврските што произлегуваат од
Договорите или од актите на институциите на Унијата“. Подносителот треба да се обрати до
нац. судови што одлучуваат по тужби за надомест на штета. Меѓутоа, нац. судови потоа
треба да ги спроведат горенаведените начела во рамките на своите процедурални правила,
за да обезбедат законитост на Унијата.
Доколку една земја-членка воопшто не ја спроведе директивата или не ја спроведе
директивата уредно, тогаш нејзините одредби, според судската практика на ЕСП, може под
одредени предуслови да бидат применливи (само) во полза на приватните лица. Доколку тоа
не е можно, на пример, доколку засегнатиот пропис не е доволно прецизен, може против
земјата-членка, што не ја исполнила обврската, да се искористи право на надоместок на
штета според заедничкото право, поради квалификувана повреда на договорна обврска.
Која од долунаведените изјави не беше причина за обединувањето на западноевропските
нации во Европска интеграција по Втората светска војна?

- обнова на Европа и за отстранување на можноста од нова војна на европскиот


континент
На 9 ти мај 1950 година, кога се одбележуваше петгодишнината од победата на фашизмот,
претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Франција Роберт Шуман ја
99. претстави „Декларацијата на Роберт Шуман“ во која бил содржан усогласениот предлог на
Франција и СР Германија за создавање на Европската заедница за јаглен и челик , која би
била отворена за пристапување на државите од Европа. Спред декларацијата, заедницата
која ќе биде раководена од наддржавен орган, ќе оневозможи вкупното производство на
јаглен и челик во Франција и во Германија – суровини кои претставуваат основа на воената
индустрија, во иднина да се користат за воени цели, и со тоа ќе биде спречена секаков вид
на војна, а формирањето на заедницата ќе биде камен темелник на една европска
федерација, неопходна за обезбедување на мирот.
Стапувањето на сила на еден од долунаведените договори беше доведено во прашање со
спроведување на референдуми во Данска и Ирска. Во 2002 година истиот договор беше
ратификуван од сите земји-членки на ЕУ и овозможи проширување на ЕУ. За кој договор се
работи?
100.
- Договорот од Ница

стапи во сила на 1 февруари 2003 година


Со кој Договор се укина структурата на ЕУ заснована на три столба?

- Договорот од Лисабон 2007(2009)


101.
Структурата на трите столба на ЕУ е воведена со Договорот од Мастрихт во 1992 година, а
укината е со Лисабонскиот договор на крајот од 2009 година
Кои три се актуелните важечки договори во ЕУ?

 Договор за Европска Унија


 Договор за функционирање на ЕУ
102.
 Договорот за ЕВРОАТОМ од Рим
(Повелбата за човекови права на ЕУ)- која најверојатно ќе ја нема во одговорот бидејќи се
три

103. Кои земји пристапија кон ЕУ според Договорот за Европската економска зона?

- Норвешка, Исланд и Лихтенштајн,


учествува во единствениот пазар на ЕУ преку договорот за Европската Економска Зона
(EEA).
Договорот за ЕЕО беше потпишан во Порто на 2 мај 1992год. од страна на седумте земји-
членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕАСТ) и Европската заедница (ЕЗ) и
нејзините тогашни 12 земји-членки.
На 6 декември 1992год. Швајцарија гласа против апликацијата за членство во ЕУ, која е
поврзана со ЕУ преку серија билатерални договори.
На 1 јануари 1995год. три поранешни членки на ЕАСТ- Австрија, Финска и Шведска- влегоа
во Европската Унија, што ја заменија Европската заедница откако на 1 ноември 1993год
стапи на сила Договорот од Мастрихт. Учеството на Лихтенштајн во ЕЕО беше одложено се
до 1 мај 1995год.
Денес, договорни страни на ЕЕО се ЕУ и нејзините 28 земји-членки плус Исланд,
Лихтернштајн и Норвешка.

104. Договорот од Лисабон не содржи Протокол за:


- Договорот од Лисабон содржи протоколи за:
1. Протокол (бр.2) за примена на начелото на супсидијарност и пропоционалност
2. протокол (бр. 8) во врска со член 6(2) од ДЕУ за пристапувањето на унијата кон
Европската конвенција за заштита на човековите права и на фундамeнталните слободи
3. протокол (бр. 9) за одлуката на советот во врска со спроведувањето на член 16(4) од
ДЕУ и член 238(2) од ДФЕУ од 1 ноември 2014 година до 31 март 2017 година, од една
страна, и од 1 април 2017, од другата страна
4. протокол (бр. 10) за постојана структурирана соработка што е воспоставена со член 42
од ДЕУ
5. протокол (бр. 11) за член 42 од ДЕУ
6. протокол (бр. 12) за постапката во случај на прекумерен дефицит
7. протокол (бр. 13) за критериумите за конвергенција
8. протокол (бр. 14) за еврогрупата
9. протокол (бр. 15) за определени одредби што се однесуваат на Обединетото Кралство
на Велика Британија и Северна Ирска
10. протокол (бр. 16) за определени одредби што се однесуваат на Данска
11. протокол (бр. 17) за Данска
12. протокол (бр. 18) за Франција
13. протокол (бр. 19) за правото од шенген што е интегрирано во рамките на EУ
14. протокол (бр. 20) за примената на определени аспекти од член 26 од ДФЕУ за
Обединетото Кралство и за Ирска, и за нивната положбата во однос на областа на
слобода, безбедност и правда
15. протокол (бр. 22) дел i дел ii дел iii дел iv
16. протокол (бр. 23) за надворешните односи на земјите-членки во однос на преминувањето
на надворешните граници
17. протокол (бр. 24) за азил за државјани на земјите-членки на ЕУ
18. протокол (бр. 25) за вршењето на поделените надлежности
19. протокол (бр. 26) за услуги од општ интерес
20. протокол (бр. 27) за внатрешниот пазар и конкуренцијата
21. протокол (бр. 28) за економска, социјална и територијална кохезија
22. протокол (бр. 29) за системот за јавна радиодифузија во земјите-членки
23. протокол (бр. 30) за примената на Повелбата за фундаменталните права на ЕУ за
Полска и за Обединетото Кралство
24. протокол (бр. 31) за увоз во ЕУ на нафтени производи што се рафинирани во
холандските антили анекс кон протоколот
25. протокол (бр. 32) за стекнувањето недвижен имот во Данска
26. протокол (бр. 33) 3а член 157 од договорот за функционирањето на ЕУ
27. протокол (бр. 34) за специјалниот режим за Гренланд
28. протокол (бр. 35) за член 40.3.3 од уставот на Ирска
29. протокол (бр. 36) за преодни одредби.

Договорот од Лисабон прави отстапување од целта за воведување устав за


единствена европска заедница преку откажувањето од сите симболи кои би можеле на
ЕУ да ѝ дадат ваков карактер. Во преамбулата на Договорот за ЕУ можат да се најдат
вообичаените општи намери на договорните страни. Тие почиваат на универзалните
вредности, како човекови права, слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото.
Поранешните дискусии за експлицитно споменување на христијанско-еврејското наследство
на европскиот континент или повикувањето кон Бога за самопотврдување на европската
соработка, повеќе не се содржани во Договорот од Лисабон. Целите на Договорот се
ориентирани кон подобрувањето на демократијата и ефикасноста во работењето на органите
на Унијата. На интеграцијата се гледа како на отворен процес кон создавање на што потесна
унија на народите на Европа. Преку Договорот од Лисабон Европската унија за првпат
добива својство на правно лице. Таа го зазема местото на Европската заедница, како
нејзина правна следбеничка. Но, идејата не лежи во создавање европска наддржава.
Одлуките на европско ниво треба да се донесуваат во согласност со начелото на
супсидијарност, што е можно поблиску до граѓаните, почитувајќи ги историјата, културата и
традицијата на земјите-членки. Со Договорот за Устав за Европа како официјални симболи
на ЕУ се предвидени: знамето на Унијата (20 златни ѕвезди на сина заднина), европската
химна („Ода на радоста“ од Бетовен), Денот Договорот од Лисабон 21 на Европа (9 Мај),
еврото и девизата „Обединети во различностите“. И покрај тоа што во дневно-политичката
употреба идентитетот на ЕУ и понатаму се поврзува со овие симболи, нивното наведување е
изоставено во Договорот од Лисабон. Ограничување на симболите на државност во
Договорот од Лисабон претставува и самиот чин на именување на eвропскиот министер за
надворешни работи, кој ќе раководи со новоформираната Европска служба за надворешно
дејствување, односно ќе ја извршува функцијата „Висок претставник на Европската Унија за
надворешна и безбедносна политика“.
Кога некоја земја членка добива специјална позиција којашто отстапува од одредбите
на Договорот, таа редовно е формулирана во протокол.
Договорот од Лисабон пропиша задолжителна примена на Повелбата за основните права на
ЕУ во сите земји-членки на ЕУ. Кои земји-членки на ЕУ врз основа на механизмот opt-out се
изземаа од примената на Повелбата пред нивните национални судови?

- Велика Британија и Полска

ПРОТОКОЛ (бр. 30) ЗА ПРИМЕНАТА НА ПОВЕЛБАТА ЗА ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ ПРАВА НА


ЕУ ЗА ПОЛСКА И ЗА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

Член 1
105.
1. Повелбата не ја проширува можноста на Судот на правдата на ЕУ, или на кој било суд или
трибунал во Полска или во Обединетото Кралство, да оценува дека законите, прописите
или административните одредби, практики или дејствија на Полска или на Обединетото
Кралство не се доследни со фундаменталните права, слободи и начела што таа ги
потврдува.
2. Особено, и заради избегнување на сомневањата, ништо од она што е содржано во Наслов
IV од Повелбата не создава права за кои може да одлучува судот и кои се применливи за
Полска или за Обединетото Кралство, освен ако Полска или Обединетото Кралство не
предвиделе такви права во своите национални права.

106. Што од наведеното влегува во категоријата на извори на примарното право на ЕУ?

- договорите за Унијата: Договорот од Париз - 1951, Договорот од Рим - 1957,


Единствениот европски акт - 1987, Договорот за Европска унија- 1992 или Договорот од
Мастрихт, Договорот од Амстердам, Договорот од Ница - 2001 и Договорот од Лисабон
- 2007. + протоколите,

+ Статути на Е.Централна банка и Е.Инвесициона банка


+ Договори за притапување на земји членки,
+ Договорот за Уставот на Европа ???
+ Договор за Буџет на ЕУ
+ Одлуки на Европскиот совет (некои од нив кои за да стапат во сила мора да се
прифатат од сите земји членки
+Повелба за фундиментлални права ???
Примарното право го сочинуваат Договорите за основање на Европската економска
заедница, Европската заедница за јаглен и челик, Европската заеддница за атомска енергија,
вклучувајќи ги и подоцнежните договори што ги дополнуваат (Единствениот европски акт,
Договорот од Мастрихт (Договор за ЕУ), Договорот од Амстердам, Договорот од Ница,
Договорот од Лисабон)

Со Договорот од Лисабон и се доделува надлежност на Европската комисија за усвојување


на нова категорија на акти. За кој правни акти станува збор?

- Со законодавен акт на Комисијата може да ѝ се додели овластување за донесување


незаконодавни акти со општа примена за дополнување или изменување
одредени несуштински елементи на законодавниот акт.

107. Во одредени области Комисијата има и сопствени законодавни овластувања, особено по


прашања на нејзината организација, буџетот и → политиката на конкуренција или во областа
на движењето на стоки и капитал.
Договорот од Лисабон, покрај правото на петиција до Европскиот парламент и правото на
жалба до Европскиот омбудсма, нуди и простор за директен демократски форум. Најмалку 1
милион граѓани на Унијата, при што „мора да се работи за државјани на поголем број земји-
членки“, можат да поднесат иницијатива до Комисијата и да ја повикаат да поднесе предлог
за европски законодавен акт во рамки на договорите.
Кои извори на правото на ЕУ не се правно обврзувачки?
108.
- препораките и мислењата
Правен акт на ЕУ чија имплементација не е задолжителна и истиот може да се однесува на
одредени земји-членки или проединци. За што станува збор?
109.
- Препорака и мислење

Што се подразбира под капацитет на правото на ЕУ да создава права и обврски за поединци


кои се директно применливи пред националните судови на земјите-членки?

- Принцип на директен ефект

110.  Принципот на директен ефект е воведен од страна на Судот на правдата во историскиот


случај „Ван Генд ен Лоос“ („Van Gend en Loos“)  Договорите за ЕУ се повеќе од договори кои
само создаваат меѓусебни обврски меѓу договорните држави  Тие исто така им доделуваат
права на поединците, кои произлегуваат не само во случаи каде што се изречно одобрени со
договорите, туку и поради обврските коишто договорите на јасно дефиниран начин им ги
наметнуваат на поединците, како и на земјите членки и институциите на ЕУ
Европската комисија дава предлог за правен акт, Европскиот парламент и Советот на ЕУ
вршат прво читање, во рок од шест недели треба да се постигне договор за текстот на
предложениот правен акт. За што се работи во конкретниот случај?
111.
- вообичаената законодавна постапка за донесување акт (постапка на
соодлучување).
Декларацијата за иднината на Европската унија е уште позната и како:
112.
- Ликенска декларација
The Laeken Declaration on the Future of Europe
113. Која земја-членка на ЕУ мораше да спроведе референдум за ратификација на Договорот од
Лисабон?
- Ирска
Според редовната законодавна постапка регулирана со членот 294 ДФЕУ, вклученоста на
Европскиот парламент во усвојувањето на правните акти се состои во:

- при прво читање на предогот на Комисијата, Парламентот дава свое мислење (со
мнозинсво гласови) и гоизвесува Советот за истото
- ако Советот не го прифати мислењето на Парламентот, при првото читање донесува свое
мислење и го доставува до Парламентот
Парламентот може да 1. го одобри ставот на Советот или да не одлучува (актот се смета за
донесен) 2. Да го одбие ставот на Советот (актот се смета дека не е донесен) и 3. Да
предложи измена на ставот на Советот (изменетиот изменетиот текст се проследува до
Советот и Комисијата кои даваат свое мислење за измените.
- Советот (со квалификувано мнозинство) може да ги 1 одобри измените (актот се смета за
донесен) или да не ги одобри сите измени – се закажува Комитет за усоласување кој
одобрува заеднички текст кој Советот и Парламентот го гласаат во рок од 6 недели.

Прво читање
3. Европскиот парламент го донесува својот став при првото читање и го известува Советот
за тоа.
4. Ако Советот го одобри ставот на Европскиот парламент, односниот акт се донесува со
формулацијата која одговара на ставот на Европскиот парламент.
5. Ако Советот не го одобри ставот на Европскиот парламент, тој донесува свој став при
првото читање и го известува Европскиот парламент за тоа.
Второ читање
7. Ако во рок од три месеци од таквото известување Европскиот парламент:
(а) ја одобри позицијата на Советот при првото читање или не одлучил, односниот акт се
смета за донесен со формулацијата која одговара на позицијата на Советот;
(б) ја одбие, со мнозинство на членовите кои го сочинуваат, позицијата на Советот при
114.
првото читање, предложениот акт се смета дека не е донесен;
(в) предложи, со мнозинство на членовите кои го сочинуваат, измени на позицијата на
Советот при првото читање, така изменетиот текст се проследува до Советот и до
Комисијата, кои даваат мислење за таквите измени.
8. Ако во рок од три месеци од примањето на измените на Европскиот парламент, Советот,
со квалификувано мнозинство:
(а) ги одобри сите тие измени, односниот акт се смета за донесен;
(б) не ги одобри сите измени, претседателот на Советот, во согласност со претседателот на
Европскиот парламент, во рок од шест недели свикува средба на Комитетот за
усогласување.
9. Советот постапува со едногласност за измените за кои Комисијата дала негативно
мислење.
Усогласување
10. Комитетот за усогласување, кој се состои од членовите на Советот или нивни
претставници и подеднаков број членови кои го претставуваат Европскиот парламент, има за
задача да постигне договор за заеднички текст, со квалификувано мнозинство на членовите
на Советот или нивните претставници и со мнозинство на членовите кои го претставуваат
Европскиот парламент во рок од шест недели од неговото свикување, врз основа на
позициите на Европскиот парламент и на Советот при второто читање.
12. Ако во рок од шест недели од свикувањето Комитетот за усогласување не го одобри
заедничкиот текст, предложениот акт се смета дека не е донесен.
Трето читање
13. Ако во рок од тој период Комитетот за усогласување одобри заеднички текст, Европскиот
парламент, постапувајќи со мнозинство на гласовите, и Советот, постапувајќи со
квалификувано мнозинство, имаат период од по шест недели од одобрението за донесување
на односниот акт во согласност со заедничкиот текст. Доколку тие не постапат така,
предложениот акт се смета дека не е донесен.
115 Основната надлежност на Високиот претставник за Заедничка надворешна и безбедносна
политика е:
- ја води ЗНБП
- Ја координира ЗНБП
- ја застапува Унијата во врска со прашања од ЗНБП

(„осигурувањето на конзистентноста на надворешното дејствување на Унијата“, т.е.


надворешните односи, и „координирање на другите аспекти на надворешното дејствување
на Унијата“)
Високиот претставник претседава со Советот за надворешни работи.
Кој од следните органи одговара пред Високиот претставник за Заедничка надворешна и
безбедносна политика?
116.
- Европската служба за надворешно дејствување.
Што се случува доколку се појави судир помеѓу правото на ЕУ и националното право усвоено
по стапувањето на сила на Договорите за земјата-членка која е страна во конкретниот
случај?

- правото на ЕУ го има првенството пред правото на државите-членки.


(Принцип на супрематија)

Ова значи дека правен акт на ЕУ, што е во спротивност со правната норма на некоја
држава-членка, треба да се примени пред националниот акт, ако тоа е значајно за ЕУ.
Принцип на супрематија на правото на ЕЗ, се воведе со случајот на Коста в Енел (Costa v
ENEL.).
Најважното средство за гарантирање на единствената примена на правото на Унијата е
117.
механизмот на прелиминарна одлука од страна на ЕСП. Како општо правило, националните
судови на сите држави-членки се одговорни за примената на правото на Унијата во случаи
поврзани со спроведувањето на законите. Меѓутоа, кога некое прашање што се однесува на
толкувањето на законите ќе се иницира пред национален суд или трибунал, тој национален
суд или трибунал може да побара донесување на прелиминарна одлука од страна на ЕСП
„ако смета дека одлуката по тоа прашање е неопходна за донесување на пресудата“.
Националниот суд, ако е суд во највисока инстанца што одлучува по прашањето, може и
мора прашањето да го постави пред ЕСП и да побара од него да се изјасни во врска со
толкувањето на правото на Унијата, со цел да утврди, на пример, дали нивното национално
законодавство е усогласено со правото на Унијата. Предметот на донесување на
прелиминарна одлука, исто така, може да биде насочен кон разгледување на важноста на
некој акт на Унијата.
Кое начело се воспостави со случаите Francovich & Boniface?

- Начело на одговорност на државата за плаќање надоместоци за прекршување


118.
на правото на ЕЗ.

Државата е одговорна за непочитување на правото на ЕУ


119 Кој од следните услови мора да се исполни од страна на тужителот кој тврди дека претпрел
загуба како резултат од делувањето на одредена земја-членка на ЕУ?

- Нарушеното владение на правото мора да биде наменето да пренесува права врз


поединци (од актот кој се прекршува да произлегува некое право за поединец/лице);
- Прекршувањето мора да биде доволно сериозно; да е предизвикана штета;
- мора да постои директна причинско-последична врска помеѓу прекршувањето на
обврската на државата и штетата претррпена од повредените страни

1. Постапка против држава-членка


Иако во Договорите не се споменува експлицитно тужбата против држава-членка, на
подносителите треба да им се дозволи да се обратат до националните судови во
случај кога некоја држава-членка го повредува правото на Унијата. Ова може да се
заклучи од член 4 (3), ЛДЕУ, со кој се предвидува дека државите-членки „треба да преземат
соодветни мерки, општи или посебни, за да се обезбеди исполнување на обврските што
произлегуваат од Договорите или од актите на институциите на Унијата“. Подносителот
треба да се обрати до националните судови што одлучуваат по тужби за надомест на
штета. Меѓутоа, националните судови потоа треба да ги спроведат горенаведените
начела во рамките на своите процедурални правила, за да обезбедат законитост на
Унијата.
 Тужба за надомест на штета
Барањата за надомест на штета предизвикана со дејства било да е на институциите на
Унијата или на државите-членки што се во колизија со правото на Унијата, можат да се
достават до ЕСП согласно со член 268 и член 340 (2), (3), ДФЕУ.
2. Постапка против Унијата Треба да бидат исполнети следните критериуми:
• Подносителот мора да биде физичко или правно лице кое за виновник ја смета ЕУ
наспрема поединечната институција на Унијата што е засегната. Унијата ја презема
одговорноста за своите институции.
• Дејството со кое е прекршено правото на ЕУ е извршено од институција на ЕУ или од нејзин
службеник.
• Дејството било незаконско.
• Тужителот претрпел штети.
• Штетата била предизвикана од дејството за кое станува збор.
120 Кои беа основните аргументи дадени од Европскиот суд на правдата во случајот Francovich
за да се воспостави начелото на одговорност на државата?

- Иако обврската за давање надомест не е напишана во правото на Унијата, Судот


на правдата смета дека тоа е интегрален дел од правниот поредок на ЕУ, со
оглед дека нејзиниот целосен ефект не би бил обезбеден и правата што се
пренесени од него не би биле заштитени кога граѓаните на Унијата би немале
можност да побараат и да добијат обесштетување за повреда на нивните права
од страна на земјите-членки што дејствуваат спротивно на правото на ЕУ.
-
- Судот донесе пресуда според која Италија, не спроведувајќи ја директивата, (им
причинила штета) ги лишила вработените-тужители од нивните права и според
тоа, била одговорна за обесштетување.

Двата случаја (Francovich and Bonifaci) беа поведени против Италија, поради ненавремено
транспонирање на Директивата 80/987/EEЗ за заштита на вработените во случај на
несолвентност на работодавецот, која ги заштитува правата на вработените на надоместок
во периодите што му претходат на отпуштањето врз основа на несолвентност. За таа цел
требаше да се воспостават гаранциски фондови со заштита од доверителите; тие би биле
финансирани од работодавците, од јавните власти или и од едните и од другите. Проблемот
со кој се соочи Судот беше дека, иако целта на директивата беше да им пренесе на
вработените лично право за постојана исплата на плата од гаранциските фондови, на
ова право не можело да му се даде директен ефект од страна на националните судови,
што значеше дека тие не може да го спроведат против националните власти не бил
воспоставен гаранциски фонд и не било можно да се провери кој е должникот во врска со
несолвентноста.

Судот:
– прво, констатирал дека Директивата 80/987 немала директно дејство, бидејќи не
воспоставувала гарантни фондови, туку наметнувала обврска за членките да воспостават
вакви институции;
– второ, сметал дека Владата на РИ не била гарант, бидејќи не ја исполнила обврската што
произлегувала од Директивата;
– трето, ја подвлекол обврската на членките да го почитуваат/спроведуваат правото на
Унијата;
– четврто, го формулирал начелото искрена соработка/соработка со добра верба во насока
на обезбедување на споменатата ефективна судска заштита на правата на приватните лица
што произлегуваат од правото на ЕУ. Зошто? Затоа што комплетната ефективност на
правото на ЕЗ/ЕУ би била попречена и заштитата на правата би била ослабена ако
приватните лица не би добиле отштета /материјална сатисфакција, што не е во интерес на
Заедницата;
– петто, консеквентно на претходното, Судот ги дефинирал и условите за негова
примена: целите содржани во директивите мораат да пропишуваат/ предвидуваат
права на индивидуи; таквите права мораат да бидат утврдливи врз основа на
содржините на конкретните директиви и мора да постои причинско-последична врска
меѓу повредата на релевантните правила и штетата предизвикана на тој начин;
– шесто, кршењето на конкретните одредби мора да биде доволно сериозно, што подразбира
несомнено и сериозно занемарување на ограничувањата при вршењето на овластувањата;
– седмо, исполнувањето на трите погоренаведени услови за постоење повреда на права на
приватни лица и наметнува обврска на државата што го сторила тоа да плати надоместок на
штетата во согласност со правилата на домашното материјално и процесно право (што не
смеат да бидат понеповолни од оние што се применуваат во слични постапки по домашни
тужби) од една страна и со принципите еквивалентност и ефективност на правната заштита,
од друга страна.
Или накратко
Судот ги дефинира следните критериуми за утврдување на државна одговорност:
1. Повредата на правото на ЕУ мора да има за цел да им додели права на поединците
2. Повредата мора да биде доволно сериозна
3. Мора да постои директна причинско-последична врска меѓу повредата извршена од
државата и претрпената загуба.
Кои прашања можат да бидат упатени од националните судови до Судот на правдата на ЕУ
според членот 267 ДФЕУ за прелиминарно толкување?

Судот на правдата на ЕУ е надлежен да донесува прелиминарни одлуки за следново:


- толкувањето на Договорите;
121. - валидноста и толкувањето на актите на институциите, телата, канцелариите
или агенциите на Унијата.

Кога такво прашање е покренато во случај кој е во постапка пред суд или трибунал на земја-
членка против чијашто одлука нема правен лек во националното право, тогаш тој суд или
трибунал го покренува тоа прашање пред Судот.
Кој документ се издава на крајот од административната фаза од постапката според членот
258 ДФЕУ во случај кога земја-членка се противи дека не ги исполнила своите обврски кои
произлегуваат од правото на ЕУ, и Европската комисија има намера да продолжи со
понатамошно постапување?

Ако Комисијата смета дека земја-членка не ги исполнила обврските според Договорите, таа
122. доставува образложено мислење за тоа откако Судот на правдата на ЕУ ќе ѝ даде на
засегнатата земја можност да ги достави своите образложенија.

Образложеното мислење јасно ги определува границите врз кои се темели наводното


прекршување и означува почеток на временскиот период во чии рамки земјата членка мора
да се усогласи, доколку сака да ја избегне конечната етапа (упатување до Судот на
правдата)
123 Која институција на ЕУ може да презема мерки на извршување против земја-членка според
членот 258 ДФЕУ?
- Ако Комисијата смета дека земја-членка не ги исполнила обврските според
Договорите, таа доставува образложено мислење за тоа откако Судот на правдата на
ЕУ ќе ѝ даде на засегнатата земја можност да ги достави своите образложенија. Ако
засегнатата земја не дејствува во согласност со мислењето во рокот кој го утврдува
Комисијата, Комисијата може прашањето да го изнесе пред Судот на правдата на ЕУ.
(Член 258)

Ако Комисијата смета дека засегнатата земја-членка не ги презела потребните мерки за


усогласување со пресудата на Судот, Комисијата може да го изнесе случајот пред Судот
откако ќе ѝ даде можност на земјата да ги поднесе своите образложенија. Таа ја утврдува
висината на паушалната сума или паричната казна за кои смета дека одговараат на
околностите, а кои засегнатата земја-членка треба да ги исплати.(член 260)
Која од долунаведените слободи се смета дека е основоположник на внатрешниот пазар на
ЕУ?
124.
- слободното движење на стоки, лица, услуги и капитал
Европската Заедница за јаглен и челик го обедини производството на јаглен и челик од кои
шест земји?
125.
- Белгија, Германија, Франција, Италија, Луксембург и Холандија
Кој суд е единствено надлежен да го толкува правото на ЕУ со цел да обезбеди негова
единствена примена во сите земји-членки на ЕУ?
126.
- Европскиот суд на правдата
Кој Договор се потпиша во 1985 година и доведе до постепено укинување на граничната
контрола кај земјите потписнички на овој Договор?
127
- Шенгенскиот договор
Кој Договор се потпиша во октомври 1997 година со кој се зголемија надлежностите на
Европскиот парламент, се зголеми фокусот на граѓанството и правата на поединци и доведе
128. до зачетоци на Заедничката надворешна и безбедносна политика?

- Договорот од Амстердам
Кој беше избран во 2009 (ре-избран во 2012 година) како прв постојан претседател на
Европскиот совет според Договорот од Лисабон?
129.
- Херман Ван Ромпуј
Со кој Договор официјално се воведе концептот за Европско граѓанство?

- Договорот од Мастрихт
130
-
како цел на ЕУ го предвиде „зајакнувањето на заштитата на правата и интересите на
граѓаните од своите држави-членки со воведување на граѓанство на Унијата“.
Составена е од 766 членови од јуни 2013 година. Оваа институција усвојува најголем дел од
законите на ЕУ. Таа е единствената институција на ЕУ која се состанува и дебатира јавно.
Истата се избира на директни избори од граѓаните на земјите-членки на ЕУ. Одлучува за
законите на ЕУ и буџетот на ЕУ заедно со Советот на министри. За која институција станува
збор?

- Европски Парламент

сега има 750 пратеници плус 1-претседателот на парламентот 


Оваа институција одлучува за начинот на толкување на правото на ЕУ. Истата гарантира
дека сите земји-членки на ЕУ на ист начин го применуваат правото на ЕУ. Составена е од 28
независни судии, по еден од секоја земја-членка на ЕУ. За која институција на ЕУ станува
132
збор?

- Европскиот суд на правдата


133 Институција на ЕУ каде релевантните министри (за надворешни работи, економија,
земјоделие, финансии, итн.) од секоја земја-членка на ЕУ се состануваат со цел да
одлучуваат за законите на ЕУ и буџетот (заедно со Европскиот парламент) и да ја
спроведуваат Заедничката надворешна и безбедносна политика. За која институција на ЕУ
станува збор?
- Советот на ЕУ / Советот на министри
134 Европската комисија го враќа законот со амандмани до Советот на ЕУ и Европскиот
парламент. За која фаза од постапката на одлучување во ЕУ станува збор?

- Второ читање

МОЕ МИСЛЕЊЕ:
Ако по прво читање, Парламентот не го прифати предлог – актот и предложи амандамни, го
доставува на Советот кој ако не ги прифати, усвојува предлог амандмани, за кои го известува
Парламентот и Комисијата.
Комисијата го враќа законот со амандамани на Парламентот и Советот на второ читање

Тек на постапката
Комисијата, која подготвува предлог-мерка (познато како „право на иницијатива“).
Нацртот изработен од Комисијата, во кој до последен детаљ се утврдуваат содржината и
формата на мерката, оди пред Комисијата во целина, кога за усвојување на мерката е
доволно просто мнозинство. Сега тоа претставува „предлог на Комисијата“ и се испраќа
истовремено до Советот и до Европскиот парламент.
Прво читање во Парламентот и во Советот
Претседателот на Европскиот парламент го доставува предлогот до парламентарната
комисија за координација заради натамошно разгледување. За исходот на размислувањето
на комисијата се расправа на пленарна седница на Парламентот и тоа се утврдува како
мислење со кое предлогот може да се прифати или да се одбие или може да се предложат
измени и дополнувања. Тогаш Парламентот го известува Советот за својата позиција.
Советот сега може да дејствува како што следува во првото читање.
■ Доколку ја одобрува позицијата на Парламентот, актот се донесува во форма на таа
позиција; ова го означува крајот на законодавниот процес.
■ Доколку Советот не ја одобри позицијата на Парламентот, тој ја усвојува позицијата на
првото читање и му ја соопштува на Европскиот парламент.
Советот исцрпно го информира Европскиот парламент за причините кои довеле до
донесувањето на неговиот став при првото читање.
Комисијата во потполност го информира Европскиот парламент за својата позиција.
Второ читање во Парламентот и во Советот
Европскиот парламент има три месеци, почнувајќи од соопштението на позицијата на
Советот, да направи една од следниве работи:
(1) да ја одобри позицијата на Советот или да не донесе одлука; тогаш односниот акт се
смета за усвоен во формулацијата што соодветствува со позицијата на Советот;
(2) да ја отфрли позицијата на Советот со мнозинство гласови од своите членки; тогаш се
смета дека предложениот акт не е усвоен и дека законодавниот процес завршува;
(3) со мнозинство гласови на своите членки да направи измени и дополнувања на позицијата
на Советот; така изменетиот текст тогаш се доставува до Советот и до Комисијата, кои
даваат мислење за измените и дополнувањата. Советот дискутира за изменетата позиција и
има три месеци од датумот на приемот на измените во Парламентот да направи една од
следниве работи:
(1) Може да ги одобри сите измени и дополнувања на Парламентот; тогаш се смета дека
предметниот акт е усвоен. Доколку и Комисијата се согласува со измените и
дополнувањата, доволно е квалификувано мнозинство; доколку не се согласува, Советот
само едногласно може да ги одобри измените и дополнувањата на Парламентот.
(2) Може да избере да не ги одобри измените и дополнувањата на Парламентот или да не го
добие потребното мнозинство; последица од тоа ќе биде постапка на усогласување.

Постапка на усогласување
Постапката на усогласување ја иницира претседателот на Советот во согласност со
претседателот на Европскиот парламент. Централно место во постапката има Комитетот за
усогласување, кој во моментов има по 27 претставници од Советот и од Европскиот
парламент. Комитетот за усогласување има задача да постигне согласност за интегрален
текст со квалификувано мнозинство во рок од шест недели по неговото составување, врз
основа на позициите на Европскиот парламент и на Советот при второто читање.
Комисијата учествува во постапките на Комитетот за усогласување и ги презема сите
потребни иницијативи заради усогласување на позициите на Европскиот парламент и на
Советот. Доколку во рок од шест недели откако е свикан Комитетот за усогласување не го
одобри интегралниот текст, се смета дека предложениот акт не е усвоен.
Трето читање во Парламентот и во Советот
Доколку во рок од шест недели Комитетот за усогласување го одобри интегралниот текст,
Европскиот парламент, постапувајќи со мнозинство гласови, и Советот, постапувајќи со
квалификувано мнозинство, имаат период од шест месеци од одобрувањето да го усвојат
предметниот акт во согласност со интегралниот текст. Доколку не го направат тоа, се смета
дека предложениот акт не е донесен и дека законодавниот процес е завршен.

Постапка за соработка
Постапката за соработка денес се ограничува на одредени одлуки врзани за економската и
монетарната унија. Во првото читање, Европскиот парламент дава мислење за предлогот на
Европската комисија. Советот, дејствувајќи со квалификувано мнозинство, потоа го усвојува
заедничкиот став и му го доставува на Европскиот парламент. Европскиот парламент има рок
од три месеца да донесе одлука: тој може да го усвои, измени или одбие заедничкиот став.
Во понатамошните две инстанци, тој мора да го стори тоа со апсолутно мнозинство на своите
членови. Ако Европскиот парламент го одбие предлогот, Советот може едногласно да донесе
одлука само во неговото второ читање. Во период од еден месец, Европската комисија
повторно го разгледува предлогот на чијашто основа Советот го усвоил заедничкиот
став и преиспитаниот предлог го проследува до Советот. Таа има дискрециско право
да инкорпорира или да исклучува амандмани предложени од страна на Европскиот
парламент. Во рамките на период од три месеци, што може да биде продолжен најмногу за
уште еден месец, Советот може, дејствувајќи со квалификувано мнозинство, да го усвои
предлогот како преиспитан од страна на Европската комисија или, дејствувајќи едногласно,
да го измени преиспитаниот предлог или да усвои амандмани што не се земени предвид од
страна на Европската комисија.
Европскиот парламент расправа по предлозите доставени од Европската комисија и истите
со измени ги враќа назад до Европската комисија. За која фаза од постапката на одлучување
во ЕУ станува збор?

- прво читање (откако предлогот е вратен со амандмани од Советот, а Пармалентот не


ги одобрил)
- Комисијата може во секоја фаза од постапката да го измени предлогот ??

Комисиијата до Пармалент и Советот - Предлог – акт за прво читање


Прво читање во Парламент соусвоен став оди на прво читање во Советот
*ако нема усогласен став меѓу Парламентот и Советот со образложени мислења се враќа кај
135.
Комисијата и Парламентот?
Комисиијата до Пармалент и Советот - Предлог – акт со прелог измени (амандмани) за второ
читање
Второ читање во Парламентот, со усвоен став оди на второ читање во Советот (ако и
Комисијата се согласува со измените и дополнувањата, доволно е квалификувано
мнозинство; доколку не се согласува, Советот само едногласно)
**ако нема усогласен став во второ чиање, се поведува постапка за усогласување преку
Комитет за усогласување,
***ако го усвои предлог – интеграелен текст на актот се оди на трето читање
Трето читање - заради усвојување на интегрален текст на актот во Е.Пармалент (просто
мнозинсто) и Советот (квалификувано мнозинство)
Нов
Кога се одржаа првите избори за Европскиот парламент?
о
 
133.
Која од долунавените земји еднаш ја "замрзна" својата апликација за членство во ЕУ?
136.
- Швајцарија
Кога се одржаа првите избори за Европскиот парламент? 

137. - Од 07 до 10 јуни 1979 година


Во 9 земји членки на ЕЗ се одржани првите општи и непосредни избори за Е. Парламент.
(410 членови).
Кои три од долунаведените земји пристапија во Европските заедници со првиот бран на
проширување во 1973 година?
138.
- Данска, Ирска и Обединетото Кралство (01.01.1973)
Во кој европски град е лоциран Европскиот центар за мониторинг на дроги и зависности од
дроги?
139.
 
- Лисабон, Португалија
Kој француски министер е еден од 'основачите' на ЕУ? Во неговата Декларација од 1950
година се предлага создавање на нова форма на организација на државите во Европа
140. наречена супранационална заедница.

- Роберт Шуман (министер за надворешни работи Франција)


Каде се наоѓа седиштето на Европол?
141
- Хаг, Холандија.
Состаноците на која институција на ЕУ се општопознати како ЕУ самити

- Европскиот совет.
142.
го сочинуваат шефови на држави или на влади (Претседатели и/или премиери) на сите земји
на ЕУ, заедно со неговиот Претседател и Претседателот на Комисијата. највисокото
политичко тело на ЕУ.
Кое од долунаведените претставува мото на ЕУ?
143
- „Обединети во различноста” - In varietate concordia- Единство во разновидноста
Кои се неофицијалните симболи на ЕУ

- знаме, химна, мото, ден на Европа


144.
знамето (20 златни ѕвезди на сина заднина), европската химна („Ода на радоста“ од
Бетовен),
Денот на Европа (9 Мај), еврото и мотото „Обединети во различностите“.
Чии интереси застапува Европскиот економски и социјален комитет?

- работодавците, синдикатите, земјоделците, потрошувачите и другите интересни


групи што заедно го сочинуваат „организираното граѓанско општество“.

ЕЕСК ги застапува интересите на различни сектори на цивилното општествo. Тие во


145
Комитетот се делат на три групи: Работодавачи, Вработени и Разно. Првата група ја
сочинуваат претставниците на приватните и јавните претпријатија и институции, малите и
средните претпријатија, стопанските здруженија, банките и земјоделството. Во другата група
се наоѓаат претставниците на синдикатите, додека третата ја сочинуваат пертставници на
различни интереси, од невладините организации, организациите за заштита на животната
околина до асоцијациите на потрошувачите и академските установи.
146 Која е основната надлежност на Европскиот економски и социјален комитет?

Целта на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ) е во институцијата на ЕУ да


претставува низа економски и социјални групи (особено работодавците и вработените,
земјоделците, превозниците, деловните луѓе, занаетчиите, занимањата и менаџерите на
мали и на средни претпријатија). Тој исто така овозможува форум за потрошувачите, групите
за заштита на животната средина и здруженијата.
ЕСК ги изнесува своите гледишта и ги штити своите интереси во политичките дискусии со
Европската комисија, Советот и Европскиот парламент. Институциите на Унијата можат да
побараат негови мислења на задолжителна или незадолжителна (факултативна) основа.

Задолжително советување во определени области, договорот предвидува дека одлука


може да се донесе само откако Советот или Европската комисија ќе се советуваат со ЕСК во
врска со:
- Земјоделство и рибарство; - Слободно движење на лица, услуги и капитал; - Транспорт;
- Даночни одредби; - Приближување на законите; - Вработување; - Социјална политика;
- Јавно здравство; - Заштита на потрошувачите; - Трансевропски мрежи; - Индустрија;
- Економска, социјална и територијална кохезија; - Истражување и технолошки развој;
- Животна средина.
Чии интереси застапува Комитетот на региони?
 
- Регионите и општините

Комитетот на регионите (КОР) како советодавно тело составено од претставници на


147
европските регионални и локални власти. Тој треба да биде консултиран пред да се донесат
одлуките на ЕУ за прашања како што се регионална политика, животна средина,
образование и сообраќај – сите тие ги засегаат локалните и регионалните управи. Тој ги
застапува нивните интереси во односите со Советот и Европската комисија, на кои им ги
доставува своите мислења.
Вкупно 19 од постојните 28 земји-членки на ЕУ го прифатија еврото како заедничка валута.
Кои од долунаведените земји-членки спаѓаат во останатите девет кои ја задржаа својата
национална валута?
148
- Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Унгарија, Полска, Романија, Шведска и
Обидинетото кралство 

Служба чија основна улога е да ги заштитува финансиските интереси на Европската унија, да


се бори против измами, корупција и секој друг вид на нелегални дејствија, вклучувајќи и
незаконско работење на Европските институции. За која служба станува збор?

- Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).


149
ОЛАФ е општа служба – генерален директорат на Европската комисија. За своите истражни и
оперативни задачи, ОЛАФ е потполно независен во своето работење. На ОЛАФ му е
доделена одговорност за вршење на административни истраги против измами, со што тој
добива посебен независен статус. Мисијата на ОЛАФ е да ги штити финансиските интереси
на Европската унија (буџетот), да се бори против измамата, корупцијата и секоја друга
незаконска активност, вклучувајќи ја и злоупотребата во рамките на европските институции.
Кој настан го одбележува 9 мај – Денот на Европа’?

- Објавувањето на Шумановиот план (декларација) во 1950 година


150
со која е основана Европската заедница за јаглен и челик, што се смета за почетoк на
создавањето на ЕУ.
Колку често ротира претседателството на Советот на ЕУ?
151
- на секои 6 месеци
152 Шенгенскиот договор пропишува укинување на граничните контроли, но не секоја земја-
членка е потписник на истиот. Кои од следниве земји-членки не го усвоија Шенгенскиот
договор?

- Бугарија, Хрватска, Кипар, Романија, Ирска и Обединетото Кралство


 
Добрата, лицата, услугите и капиталот слободно може да се движат низ земјите-членки на
ЕУ. Со тоа се означува:
153
 - Единствениот пазар
е дефиниран како „област без внатрешни граници во која се гарантира слободното движење
на стоки, лица, услуги и капитал, согласно на одредбите од овој Договор“
На кого најчесто Европскиот суд на ревизори врши ревизија?

- Буџет на ЕУ
154
Судот на ревизорите ги проверува сметките на сите приходи и расходи на Унијата. Тој, исто
така, ги проверува сметките на сите приходи и расходи на сите тела, канцеларии или агенции
основани од Унијата до степен до кој релевантните составни инструменти не исклучуваат
таква проверка.
Од колку членови е составен Европскиот суд на ревизори?

- 28 (по 1 државјанин на секоја земја-членка).


155
Неговите членови се потполно независни во извршувањето на своите должности, во општ
интерес на Унијата. Членовите на Судот на ревизори се избираат од лица кои припаѓаат или
припаѓале на надворешни ревизорски тела во нивните земји или лица кои се посебно
квалификувани за таа должност.
Кои институции на ЕУ се надлежни за буџетот на ЕУ?

- Се донесува од Советот и Европскиот парламент, на предлог на Европската


156 комисија.
- Тој е контролиран од службите на Е.Комисија и од Европскиот суд на ревизорите, а
подложен е на надгледување од страна на Е.Парламент со годишната постапка на
раздолжување
Што се воспостави со Договорот од Рим (Договорот за ЕЕЗ)?
157
- Царинска унија и Европска економска заедница била замислена како заеднички
пазар
Кое од долунаведените не претставува основно начело на правото на ЕУ?

1. Начело на национална процедурална автономија,


2. начело на супрематија (Начело за првенство на правото на ЕУ пред националното
право)-
3. Начело на директно дејство/ефект,
158
4. Начелото на супсидијарност,
5. Начелото на пропорционалност, соодветност, ефикасна заштита
6. Начело на еднаквост,
7. Начело на одговорност на државата за кршење на правото на ЕЗ,
8. Начело на транспарентност и заштита на податоците
9. начело на принципот на пренесување и принципот на правна сигурност.
159 Кој суд или судови имаат јурисдикција да изречат надомест на штета според членот 340
ДФЕУ во случаи на вондоговорна одговорност?

- Европскиот суд на правдата


Член 340
Во случај на вондоговорна одговорност, Унијата, во согласност со општите начела
заеднички за законите на земјите-членки, ги надоместува сите штети кои ги предизвикале
нејзините институции или службеници при извршувањето на нивните должности.
Без тоа да влијае врз вториот став, Европската централна банка, во согласност со општите
начела заеднички за законите на земјите-членки, ги надоместува сите штети кои ги
предизвикала банката или нејзините службеници при извршувањето на нивните
должности.
Кои правни акти може да се оспорат според членот 263 ДФЕУ (кога се испитува законитоста
на правните акти)?

- Законодавните акти (директиви, регултиви и одлуки), актите на Советот, на


Парламентот, на Комисијата, како и на Судот на ревизори и на Европската
централна банка, освен препораките и мислењата, и
- Заедничките акти на Европскиот парламент и на Европскиот совет кои имаат
правни ефекти кон трети страни.
- актите на телата, канцеларии или агенции на Унијата кои имаат правни ефекти
160
кон трети страни
Тужбата се иницира против институции што се во надлежност на ЕСП
• акти на Советот,
• заеднички акти на Советот и Европскиот парламент,
• акти на Европскиот парламент што се наменети за правно дејство,
• акти на Европската комисија, и
• акти на Судот на ревизорите и Европската централна банка.
Членовите 263 и 264, ДФЕУ, не предвидуваат одлучување од страна на ЕСП за важноста на
препораките и мислењата, бидејќи тие не се општо правно обврзувачки.
Кои се потенцијалните последици кои може да настапат при успешно постапување според
членот 263 ДФЕУ за испитување на законитоста на правните акти на ЕУ?

- Актот ќе го прогласи за неважечки и ако смета дека е потребно, ќе утврди кои


ефекти на актот кој го прогласил за неважечки се сметаат за конечни.

161 Ако тужбеното барање е основано, Судот на правдата на ЕУ објавува дека односниот акт
е неважечки. Меѓутоа, доколку смета дека е потребно, Судот објавува кои ефекти на актот
кој го прогласил за неважечки се сметаат за конечни. Член 264

Институцијата чијшто акт е прогласен за неважечки или чиешто недејствување е спротивно


на Договорите треба да преземе соодветни мерки за исполнување на пресудата на Судот на
правдата на ЕУ.
Со што се разликуваат регулативите од останатите секундарни правни акти?

- Регулативите (има општа примена) во сите делови се обврзувачки и директно


применливи во сите држави-членки, без да имаат потреба од транспонирање со
некој национален акт (задолжителни за сите субјекти во државата – членка). Во
162
моментот кога ќе влезат во сила, тие стануваат дел од секој национален правен
поредок.
Регулативите служат за обезбедување на единствена примена на правото на Унијата во сите
држави-членки. Истовремено, тие ја спречуваат примената на националните прописи што се
некомпатибилни со своите материјално-правни одредби.
163 Која дискреција се дава со директивите на земјите-членки?

- Државите-членки можат да избираат начин и методи за постигнување на целта


на директивата и со ова добиваат одредено дискрециско право, земајќи ги
предвид специфичните национални околности. Обврзувачки само во поглед на
резултатот.
- Стануваат применливи откако ќе бидат имплементирани во нац.право, не се директно
применливи

Меѓутоа, државите-членки мораат да ги избираат националните форми што се најсоодветни


за обезбедување на ефективноста на правото на Унијата и ги транспонираат директивите во
облик на обврзувачко национално законодавство што ги исполнува барањата за правна
сигурност и правна јасност и воспоставува состојба каде што поединците можат да се
потпрат на правата што потекнуваат од директивата

Кое од долунаведените тела има за цел да ја олесни координацијата на истражните дејствија


против сериозен прекуграничен и организиран криминал, особено во спроведувањето на
барањата за меѓународна правна помош и барањата за екстрадиција во ЕУ?
164
- Единица за судска соработка во ЕУ (EUROJUST). ЕВРОПРАВДА
• Европскиот полициски колеџ (CEPOL).
• Европската полициска служба (EUROPOL).
Кој го усвојува законодавство на ЕУ во постапка на соодлучување ?

- Европскиот парламент и Советот. (по предлог на Комисијата)


Трето читање (претрес) (по спроведена постапка за усогласување преку Комитет за
165
уогласување)
ново
Советот и Европскиот парламент имаат шест недели за да го усвојат заедничкиот
текст. Советот дејствува со квалификувано мнозинство, додека Европскиот парламент со
апсолутно мнозинство на гласовите. Доколку ниту една од институциите не го усвои текстот
во рамките на дадениот рок, постапката се запира и актот не се усвојува.
На кои се подрачја (области ) се однесуваат легислативни компетенции на ЕУ ?

- ексклузивна надлежност на ЕУ (член 3, ДФЕУ)


1. царинската унија,
2. воспоставувањето правила за конкуренција неопходни за функционирање на
внатрешниот пазар,
3. монетарната политика за земјите од еврозоната,
4. заедничката трговска политика и
166
5. делови од заедничката риболовна политика.
6. Склучување на меѓународни спогодби, кога тоа е предвидено во законодавен
акт на Унијата или кога е неопходно да ѝ се овозможи на Унијата да ја остварува
својата внатрешна надлежност, или кога склучувањето на такви спогодби може
да влијае на заедничките правила или да го промени нивниот опсег.
Во овие области на креирање политики во кои само ЕУ може законски да уредува и да
усвојува правно обврзувачки акти, земјите-членки би можеле тоа самите да го прават само
доколку имаат овластување од ЕУ за тоа или за имплементација на актите на Унијата
Кој орган на ЕУ ја поведува постапката за оценување на повреда на основачките договори од
страна на земја членка пред Судот на правда?
167
- Европската комисија

Единствен тужител од член 258, ДФЕУ, и која било држава-членка според член 259
168 Кој може да се јави како странка пред Судот на правда ?
ново
убав - Национални влади на државите членки, институциите на ЕУ, а во одредени
о да случаи и физички лица, компании и организаци ако сметаат дека им е повредено
се некое право.
види
Земји-членики и институции на ЕУ (органите, службите и агенциите на Унијата) и на кое било
друго лице што може да докаже дека има интерес за резултатот на предметот што е
поднесен до Судот. Физичките или правните лица не може да се вклучат во предметите што
се водат меѓу земјите-членки, меѓу институциите на Унијата или меѓу земјите-членки и
институциите на Унијата. Без да се во спротивност со вториот став, земјите, што не се земји-
членки, кои се страни во Спогодбата за Европската економска област, како и Надзорниот
орган на ЕФТА наведен во таа спогодба, може да се вклучат во предметите пред Судот, во
случаите кога предметот се однесува на некоја од областите на примена на таа спогодба

Во кои случаи се обврзани судовите на земјите членки да дадат првенство на примена на


правото на ЕУ во однос на националното право ?

- правен акт на ЕУ, што е во спротивност со правната норма на некоја држава-


членка, треба да се примени пред националниот акт, ако тоа е значајно за ЕУ, на
пример ако е значајно за внатрешниот пазар.

169 Ова начело на првенство се применува дури и ако хиерархиската поставеност на правната
норма на некоја држава-членка е повисока од правниот акт на ЕУ. Според тоа, освен кога
случајот е во исклучива внатрешна надлежност на државата - членка, се применува
Европското право.
Правото на Унијата, кое беше усвоено во согласност со овластувањата утврдени во
спогодбите, има првенство пред коe било противречно законодавство на земјитечленки. Тоа
не само што е посилно од поранешното национално законодавство, туку има и ограничувачки
ефект врз законите што се донесени подоцна.

Каков е составот на Судот на правда ?

- 28 судии + 11 генерални адвокати


- се состои од три суда, од кои секој има своја јасно дефинирана судска надлежност:
Суд на правдата на ЕУ,
Општ (генерален) суд (поранешен Првостепен суд,беше преименуван со Лисабонскиот
договор) и
Специјализирани судови придодадени на општите судови, (поранешенТрибунал за јавни
служби).
170
Судот на правдата е составен од 28 судии, по еден од секоја земја-членка
Судот заседава во следниве можни состави:
■ целосен состав на Судот со 28 судии; одлука од целосниот состав на Судот сѐ уште се
бара само за процедури на отповикување и дисциплински постапки против членови на телата
на Унијата. Некои случаи исто така може да бидат упатени кон целосниот состав на Судот од
страна на самиот Суд на правдата, но само кога станува збор за исклучително важни
постапки и кога станува збор за прашање на преседан;
■ Големо заседание од 13 судии;
■ Заседанија од 5 или од 3 судии.
Кога престанува функција на судија во Судот на правда ?
171
- Мандат од 6 години
- Покрај случаите на редовно менување или смрт, со неговата оставка.
Со кој договор Европската унија го доби целосниот правен субјективитет во меѓународните
172 односи ?
- Лисабонскиот договор.
Кој го врши автентичното толкување на правото на ЕУ?

- Судот на правдата на ЕУ
173 Тој гарантира почитување на законите во толкувањето и примената на Договорите.
Тој е највисокиот и истовремено единствен судски авторитет за прашањата од законите на
Унијата. Општо земено, неговата задача е „да осигури дека при толкувањето на Договорот е
земен предвид законот“.
174 За кои земји Повелбата за основни права на ЕУ од 2000 година, има задолжително правно
дејство во целост.

- Сите земји членки, освен Полска и Обединетото Кралство


Какво е дејството на директивите во националните правни системи во земјите членки на ЕУ ?

- Директивите не се директно применливи, но се обврзувачки за земјите-членки во


175
однос на целта што треба да се постигне, но им оставаат на националните
власти да решат како истата ќе се инкорпорира во нивните домашни правни
системи.
Кои држави го заклучија  Договорот  за јаглен и челик
176
- Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија и Луксембург
Во кои земји на референдум е отфрлен Уставниот договор на ЕУ, поради што е запрена
постапката за неговото усвојување?
177
- во Холандија и Франција (2005 година), го одбија усвојувањето на Европскиот устав.
Кој орган ( институција) го избира претседател на Европската комисија ?

- Европскиот парламент
Европскиот совет, со квалификувано мнозинство, му предлага на Е. Парламент кандидат за
178
претседател на Комисијата. Кандидатот се избира од Европскиот парламент со
мнозинство од членовите. Доколку кандидатот не го добие потребното мнозинство,
Европскиот совет со квалификувано мнозинство во период од еден месец предлага нов
кандидат, кој се избира од Е. парламент со следење на истата процедура.
Кој орган на ЕУ најчесто го предлага законодавтвото на ЕУ и ја има законодавната
инцијативата ?
179
- Европската Комисија
Во кој состав заседава Советот на министри ( Советот на ЕУ), кога се дискутира за општи
прашања ?.

- разни министри или секретари на држави, според изборот на нивните влади .

Се дискутира за некои поопшти политички прашања, обезбедува конзистентност во работата


180 на различните состави на Советот. Тој ги подготвува состаноците на Европскиот совет и
заедно со Претседателот на Европскиот совет и Комисијата ги определува следните чекори.
Советот за општи работи во соработка со Комисијата, обезбедува доследност и континуитет
во работата на различните состави на Советот, во рамки на повеќегодишните програми.
Земјите-членки кои го имаат претседателството ги преземаат сите неопходни мерки за
организација и непречена работа на Советот, со помош на Генералниот секретаријат на
Советот.
Каков е составот на Европскиот совет ?

- шефовите на државите и владите на земјите-членки, Претседателот на


Европскиот совет и претседателот на Комисијата. + Високиот претставник на
181
Унијата за надворешни работи и безбедносна политика учествува во неговата
работа.

- заседава двапати на шест 6 месеци, и се свикува од страна на Претседателот.


Како се избира претседателот на Европскиот совет ?
182
- Европскиот совет избира Претседател, со квалификувано мнозинство, за
мандат од 2 и пол години, кој може да се обнови само еднаш.
Како се избира Европска Комисија?

- Советот предлага Претседател на Комисија, кој во договор со Советот ги


избоира комесарите од редот на предложени кандидати од страна на државите-
членки. Парламентот треба да го одобри Претседателот и кабинетот на
комесари, со што Советот ја назначува Комисијата и Претседателот.

Членовите на Комисијата се избираат од редот на граѓаните на земјите членки врз


основа на систем на строго рамноправна ротација меѓу земјите-членки, кој го одразува
демографскиот и географскиот опсег на сите земји-членки. Овој систем се
воспоставува со едногласност од страна на Европскиот совет во согласност со член
244 од ДФЕУ.

Членовите на Комисијата се избираат врз основа на нивната општа компетентност и


заложба за европските идеи, од лица чија независност е неспорна. Комисијата е
целосно независна во извршувањето на своите обврски. Мандат 5 години (шест месеци
по изборите за Европскиот парламент)
Членовите на Комисијата нема да бараат, ниту да примаат насоки од која било влада или
183 друга институција, тело, служба или субјект. Членовите се воздржуваат од каква било
активност што не е во согласност со нивните должности или со вршењето на нивните задачи.
Од 1 ноември 2014 година, Комисијата се состои од број на членови, вклучително и
претседателот и Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна
политика, што соодветствува на 2/3 од бројот на земјите-членки, освен ако Европскиот совет,
со едногласност, одлучи да го промени овој број.
Постапката за назначување е следнава: Владите на земјите-членки предлагаат нов
Претседател на Комисијата, кој мора да биде избран од страна на Европскиот
парламент. Предложениот Претседател на Комисијата, во договор со владите на земјите-
членки, ги одбира другите членови на Комисијата. Потоа, новиот Парламент ги интервјуира
сите предложени членови и го дава своето мислење за целиот „Колеџ”. Доколку добие
одобрување, новата Комисија може официјално да ја започне својата работа следниот
јануари. Процесот на избор и предлагање кандидати за составот на Европската комисија
почнува од Советот, што предложува едно лице кое има намера да го избере за
претседател на Европската комисија. Потенцијалниот претседател потоа го избира
својот „кабинет“ со комесари од редовите на предложените кандидати од страна на
државите-членки. Следејќи го предложувањето комесари од страна на Советот, Европскиот
парламент треба да ги одобри и претседателот и комесарите како тело, по што Советот
треба да го назначи ова тело.
Како се избираат членовите на Европскиот парламент ?

184 - на општи директни избори, со слободно и тајно гласање од страна на граѓаните на


ЕУ.
со мандат од 5 години
Кој орган на ЕУ е задолжен да го следи извршувањето на пресудите на Судот на правда ?
185
- Европската комисија
Кој го избира претседателот на Судот на правда ?
186
- Судиите го избираат претседателот на Судот на правдата од своите редови за
мандат од 3 години. Тој може да биде избран повторно.
187 Кој одлучува по жалбите на пресудите на Судот за јавна служба ?

- Општиот суд, (претходно Првосепен суд на ЕСП) што се ограничува на правни


прашања.

Против одлуки на Судот за јава служба, може да се поднесе жалба пред Општиот суд,
во рок од 2 месеца по известувањето за одлуката, против конечните одлуки на Судот за
јавната служба и одлуките на тој Суд со кои делумно се решаваат материјално-правните
прашања, или се решаваат процедуралните прашања во врска со приговорите за
ненадлежност или неприфатливост. Член 9
(има измени во називитеи надлежноста ???)
Каде се наоѓа седиштето на Судот на правдата на ЕУ?
188
- Луксембург
Кој го избира Европскиот Омбудсман?

- Европскиот парламент
189
Омбудсманот се избира по секои избори за Европскиот парламент за 5 години мандатот на
парламентот. Омбудсманот може да биде повторно избран.
Каде е утврдена супрематијата на правото на ЕУ во однос на правото на земјите членки ?
190
- случаи– Costa v. ENEL.
Кој орган ги утврдува општите (генералните) стратегии, политички насоки и приоритети  на
ЕУ?
191
- Европскиот совет ѝ дава на Унијата „неопходен поттик за развој“ и ги дефинира
„општите политички насоки и приоритети“
Кои посебни  органи помагаат во работата на Судот на правда на ЕУ и  му даваат правно
мислење?

- Независните правобранители – Генерални адвокати му помагаат на ЕСП. Тие се


192 одговорни за давање на потполно независни и непристрасни „мислења“ за случаите
што им се доделени.
Должност на генералниот адвокат е, постапувајќи со целосна непристрасност и независност,
јавно да поднесува образложени претставки за случаи кога, во согласност со Статутот на
Судот на правдата на ЕУ вклучување.
Кога Европската унија го доби официјалниот и целосниот статус на правно лице?
193
- Договорот од Лисабон

Колку трае претседавање со  на земја членка на ЕУ со Советот на ЕУ  ?


194
- 6 месеци
Колкав е мандатот на  претседателот на Европскиот парламент?
195
- Две и пол години, со можност да биде избран уште еднаш
Колку трае мандатот на членовите на Европксиот парламент
196
- мандат од 5 години на општи директни избори, со слободно и тајно гласање.
Од кога Република Северна Македонија има статус на земја - кандидат за членство во ЕУ?

-  17 декември 2005 
197
Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и додели статус на
кандидат за членство во ЕУ.
198 Кој орган на ЕУ е задолжен да поднесува извештаи за спроведување на законодавството на
ЕУ?

- Комисијата секоја година на Европскиот совет, на Европскиот парламент, на Советот


и на националните парламенти им поднесува извештај за примената на член 5 од
Договорот за ЕУ.
Овој годишен извештај, исто така, се проследува до Економско-социјалниот комитет и до
Комитетот на регионите.
Со кој Договор на ЕУ е востановен Комитетот на региони?
199
- Договорот од Мастрихт – Договор за Европска Унија
Кои земји ги потпишаа римските спогодби во 1957 година ?
200
- Белгија, Франција, Италија, Германија, Холандија и Луксембург
Покрај Договорот за функционирање на ЕУ, кој од наведените Договори ја сочинува
уставната база на ЕУ?
201  - Договор за Европска Унија
 - Договорот за ЕВРОАТОМ од Рим
 - Договорот од Лисабон за ЕУ ???
Со кој конститутивен документ се направи кодификација на Европската политичка соработка
како претходница на Зедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ?

- Единствениот европски акт


202
Европската политичка соработка претставува израз на координација во надворешната
политика меѓу земјите членки, неформално започна во 1970 година, а формализирана е со
Единствениот европски акт кој официјално се применува од 1987 година.
За кои договорни области со Единствениот европски акт беше проширено гласањето со
квалификувано мнозинство гласови?

- Заедничките гранични премини, слободното движење на стоки и услуги и


поморски и воздушен сообраќај ”. (од биле)

- заедничка царинска тарифа;


- слободно движење на услуги; и
203
- поморски и воздушниот транспорт

*- слободно движење на капиталот; НЕ, одговорот кој содржи слободно движење на капитал
носи о бодови-не е точниот

**закони дизајнирани да воспостават единствен пазар, со исклучок на мерките за


оданочување, слободното движење на лицата и правата и интересите на вработените
лица.
Со кој договор беше имплементирана Процедурата на соработка која ќе овозможи
204 Европскиот парламент да се стекне со улога на ко-законодавец со Советот?
 Единствениот европски акт (од 1986)

Кои од наведените столбови ја сочинуваа институционалната структура на ЕУ во согласност


со Договорот за ЕУ?

- Европската заедница (царинска унија, внатрешен пазар, економска и монетарна


205
унија)
- Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, и
- Соработката во областа на полициските и кривични работи (Правда и внатрешни
работи),
206 Во согласност со Договорот за ЕУ, Политиката за азил беше дел од кој столб?

- Трет столб - Соработката во областа на полициските и кривични работи (правда


и внатрешни работи)
Критериумите кои треба да ги исполнат земјите – членки на ЕУ за да влезат во третата фаза
на Економската и монетарна унија и да го прифатат Еврото како нивна валута се нарекуваат
207
- Критериумите од Мастрихт (Критериумите за конвергенција)

Право за полноправно членство во Економската и монетарна унија имаат:

- државите-членки на ЕУ кои ги исполнуваат Критериумите за конвергенција


(Критериуми од Мастрихт) и да го прифатат еврото
208
Косово и Црна Гора го воведоа еврото со едногласна одлука, без формални спогодби со
Европската централна банка, и затоа не се дел од Економската и монетарна унија. Со тоа,
двете земји на Европската централна банка ѝ ги пренесоа сите надлежности поврзани со
нивната валута, без притоа да влијаат на нејзината политика. Можат и држави што не се
членки
Во согласност со Договорот за ЕУ (член 5), ЕУ ги практикува своите надлежности врз основа
на следните принципи:

- начелата на супсидијарниот и пропорционалност, начелото на пренесување

Ограничувањата на надлежностите на Унијата се регулираат со начелото на пренесување.


209 Користењето на надлежностите на Унијата се регулира со начелата на супсидијарниот и
пропорционалност.
Принципот на супсидиерност е дефиниран во член 5 од ДЕЗ вели дека во оние области кои
не се во нејзина исклучителна надлежност, Заедницата да дејствува „само и доколку со
примена на одредени мерки на ниво на земји-членки не може да се постигнат зацртаните
цели,, односно ако поради обемот или дејството на мерките тие цели можат подобро да се
остварат на ниво на Заедницата”
Во согласност со Договорот за ЕУ (член 9), Граѓанството на ЕУ претставува:

- Секој жител на земја-членка е граѓанин на Унијата. Европското граѓанство е


дополнително и не го заменува националното државјанство. (член 9)
- Европското граѓанство (државјанство) е дополнение на националните државјанства и
со него се опфатени голем број права за европските граѓани
Европското државјанство е комплексен поим што сублимира повеќе основни слободи
( слобода на движење, рамноправност итн. ), политички ( право на избори, пристап кон јавни
функции итн. ), економски и социјални права ( слобода на работа, право на вработување во
сите држави-членки ), но и обврски ( воена обврска во националната држава итн. ).
210
Секое лице кое има државјанство на една земја-членка е државјанин на Унијата -
државјанин на ЕУ е секој државјанин на државите-членки
Но, треба да се истакне дека по својата содржина поимот на европско државјанство не е
идентичен со поимот на националното државјанство, како во однос на природата на
слободите и на правата што ја чинат неговата содржина, така и во нивниот обем.
Член 9
Во сите свои активности, Унијата го почитува начелото за еднаквост на своите граѓани, кои
добиваат еднакво внимание од институциите, телата, канцелариите и агенциите. Секој
жител на земја-членка е граѓанин на Унијата. Европското граѓанство е дополнително и
не го заменува националното државјанство.
211 Во согласност со Договорот за ЕУ (член 19), земјите – членки на ЕУ и институциите на ЕУ
пред Судот на правдата ќе бидат претставувани од страна на: ????

- Застапник што се назначува за секој посебен предмет; на застапникот може да му


помага советник или адвокат.
Земјите што не се земји-членки, кои се страни во Спогодбата за Европската економска
област, како и Надзорниот орган на ЕФТА наведен во таа спогодба, се застапуваат на истиот
начин.
Останатите страни мора да се застапуваат од страна на адвокат.
Копенхагенските критериуми за членство во ЕУ опфаќаат:

За влез во Европската унија треба да се исполнат три услови:


− политички критериуми: стабилност на институциите што гарантираат демократија,
владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата;
− економски критериуми: постоење на функционална пазарна економија и капацитет за
справување со конкуренцијата и со пазарните сили во Унијата, и
− правни критериуми („acquis communautaire“): способност да се преземат обврските од
212 членството, вклучувајќи и придржување кон целите на политичката унија, како и економската
и монетарната унија.

+ Целосно усвојување на европското законодавство и негово ефективно спроведување преку


соодветни административни и судски структури.
+ способноста на ЕУ за прифаќање на нови членки, а притоа да се запази динамиката на
европската интеграција. За да се отпочне со преговорите мора да бидат исполнети барем
политичките критериуми за членство на Заедницата. Сепак, одлуката за отпочнување и
завршување на преговорите е акт на политичка дискреција на земјите-членки
Во рамки на политичкиот корпус на Копенхагенските критериуми спаѓаат

213 политички критериуми: стабилност на институциите што гарантираат демократија,


владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата;

Acquis communautaire подразбира:

- Целокупното законодавство и пракса на ЕУ (скратено се нарекува (acquis) франц.


поим кој значи „ЕУ каква што е“, а ги опфаќа сите права и обврски на државите
членки и институциите на ЕУ.
- ги опфаќа сите правни акти, судска пракса на судот на Европската заедница, и
неформалната пракса и политичките стојалишта и декларации
- - збирот на сите европски принципи и правни прописи кои произлегуваат од
општото законодавство на ЕУ, договорите на ЕУ, Изјавите на Европскиот совет,
214 како и пресудите на Европскиот суд.
„ЕУ во нејзината сегашна состојба“ или, со други зборови, тоа се правата и обврските кои ги
делат сите членки на ЕУ. Најконкретно, под поимот „прифаќање на ’Acquis communautaire’“ се
подразбира прифаќањето на ЕУ каква што е денес. Значи, земјите кандидати, пред да и’
пристапат на ЕУ, мораат да го прифатат „Acquis communautaire“, односно, правните прописи
кои ги содржи тој мораат да ги вметнат во сопствениот национален правен поредок.
Или ако се мисли како критериум за државите апликанти дека „Кога ќе ѝ се придружи на
Заедницата/Унијата, новата земја членка безусловно мора да го прифати целокупното
постоечко право на 3аедниците – Acquis Communautaire.“

Шенгенските договори стануваат составен дел од правото на ЕУ со:

- Договорот од Амстердам
215
Шенгенското Aquis се градеше врз основа на Меѓународен договор склучен од
заинтересираните земји членки во 1989 год., а беше вграден во првиот столб со Договорот
од Амстердам од 1999 год.
Договорот од Ница ги реформираше институциите на ЕУ со цел тие да бидат подготвени да
се справат со предизвикот на:
216
- за проширување со нови држави членки (2001)
217 Со Договорот од Ница се амандманираа:
- Договорот за Европската заедница и Договорот за Европската Унија

го ревидираше и го замени Договорот од Амстердам во однос на 4 институционални


прашања:
1. Големината и составот на Комисијата;
2. Вреднувањето на гласовите во Советот;
3. Зајакнување на соработката и
4. Замената на консензусот со квалификувано мнозинство во процесот на донесување на
одлука

Во рамките на интегративните процеси и стратегијата за проширувањето на Унијата со 10


нови членки, Договорите требаше повторно да бидат ревидирани, со цел на институциите на
EU да ѝ овозможат да функционира со претставници од дваесет и пет земји членки. Затоа,
Европскиот совет на заседанието од Ница, (7-9 декември 2000 година) ги усвои неопходните
промени на Договорот за Европската заедница и Договорот за Европската Унија. Договорот
од Ница 12 стапи во сила од 1. февруари 2003 година.

Реформирање на Европската комисија, на тој начин што секоја држава членка од 2005
година дава по еден комесар. Вкупниот состав е ограничен со влезот на 27-та држава-
членка, кога почнува редукцијата и системот на ротација; Прераспределбата на гласовите во
Советот на ЕУ помеѓу државите; Се воведува систем на квалификувано мнозинство на
гласање; Нова распределба на седиштата во ЕП; Остварување на принципот на зајакната
соработка (право на вето на државите-членки кои не се сложуваат се укинува, освен за
сферата на одбранбената политика); Проширување на делокругот на прашања за кои се
одлучува со квалификувано мнозинство; Потпишана е Повелба на ЕУ за фундаменталните
права која прв пат ги обединила граѓанските, политичките, социјалните и економските права
Колку трае мандатот на Претседателот на Европскиот совет на ЕУ во согласност со
Лисабонскиот договор?
218
- 2 и пол години, со право на еден реизбор
Со Лисабонскиот договор за прв пат се предвидува функцијата:
219
- Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика,
поддржан од Европската дипломатска служба (член 18, ЛДЕУ);
Претседателот на Европскиот совет според Лисабонскиот договор е:

- гласник на ЕУ на светската политичка сцена


Европскиот совет избира Претседател, со квалификувано мнозинство, за мандат од две и
пол години, кој може да се обнови само еднаш. Во случај на пречка или сериозна
злоупотреба на должност, Европскиот совет може да го прекине мандатот на Претседателот
во согласност со истата процедура.
Претседателот на Европскиот совет:
(а) претседава и ја води работата на Советот;
220
(б) обезбедува подготовка и континуитет на работата на Европскиот совет во соработка со
претседателот на Комисијата и врз основа на работата на Советот за општи работи;
(в) настојува да ги олесни единството и консензусот во рамките на Европскиот совет;
(г) доставува извештај до Европскиот парламент по секој состанок на Европскиот совет.
Претседателот на Европскиот совет, на свое ниво и во тоа својство, го обезбедува
надворешното претставување на Унијата за прашања во врска со заедничката надворешна и
безбедносна политика, без да е во спротивност со надлежностите на Високиот претставник
на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика. Претседателот на Европскиот
совет не може да извршува национална функција.
221 Дали Претседателот на Европскиот совет поседува извршна моќ како на Претседател на
држава?

- Не, воглано се грижи за подготовка на состаноците на Европскиот совет


The role as President-in-Office was merely a primus inter pares ( first among equals) role among
other European heads of state or government. Being primarily responsible for preparing and
chairing the meetings of the European Council, the role had no executive powers and was in
no sense equivalent to that of a head of state
Европскиот совет и Претседателот на Европскиот совет според Лисабонскиот договор
добиваат:

- поголемо влијание врз организирањето на полицијата и правосудството,


надворешната политика и уставните прашања, вклучувајќи ги: составот на
Парламентот и на Комисијата, прашања во врска со ротирачкото
претседателство, одложување на правата на членство, промена на системот на
гласање во клаузулите на договорите за премостување и номинирање на
претседателот на Европската комисија и високиот претставник на Унијата за
надворешни работи и безбедносна политика
Наднационалната соработка помеѓу шефовите на држави и влади во Европскиот совет
значително се зајакнува. Дури и кога тој законски не смее да дејствува, сепак, игра
значајна улога во утврдувањето на основните политички цели и приоритети на ЕУ.
Членови на Европскиот совет се и претседателот на Комисијата и Претседателот на
Европскиот совет. Во неговата работа учествува и Високиот претставник на ЕУ за
надворешна и безбедносна политика. Оттука можат да се заклучат две работи. Од една
страна, со Договорот од Лисабон се зголемува степенот на ограничување на кадарот во
рамки на европските институции, но, од друга страна, во гласот на претседателот на
Европскиот совет го наоѓаме гласот на ЕУ. Ова може да се толкува како одговор на ЕУ на
прашањето на поранешниот американски министер за надворешни работи, Хенри Кисинџер,
односно неговото барање на телефонски број на ЕУ. Претседателот на Европскиот совет
222
нема повеќе мандат од само шест месеци, како што беше случај досега, туку мандатот му
трае две и пол години, со можност за еден повторен избор. Дали претседателот на
Европскиот совет навистина ќе успее во улогата на гласник на ЕУ на светската политичка
сцена, не зависи само од неговите институционално загарантирани капацитети, туку и од
неговата личност и раководењето со службата. Според Договорот од Лисабон,
Претседателот на Европскиот совет, не навлегувајќи во надворешно-политичките
надлежности на Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, ја застапува
Унијата и во делот на надворешните работи и безбедносната политика (член 15, став 6 од
ДЕУ). Кон внатрешните структури тој треба да дејствува во правец на консензус и да
соработува со претседателот на Комисијата. Обемот на неговата работа се чини огромен.
Оттука лесно може да се заклучи дека големиот број високи позиции во ЕУ, чиј број со
Договорот од Лисабон уште повеќе се зголеми, однадвор изгледа збунувачки, а гледано
одвнатре, во политичкото секојдневие, создава проблеми во разграничувањето на
надлежностите. Се работи за ситуација во која рамо до рамо имаме Претседател на
Европскиот совет, шестмесечното претседателство во Советот, претседател на Комисијата,
претседател на Европскиот парламент, претседател на Еврогрупата, како и Висок
претставник во однос на надворешнополитички прашања. Последниот е и заменик на
претседателот на Комисијата
Европскиот совет обезбедува потребен стимул за развојот на Унијата и ги дефинира
општите политички насоки и приоритети на истата. Европскиот совет не врши
законодавни функции.
223 Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика е

- “министер за надворешни работи на ЕУ“ или Дипломатски кор на Унијата


Моментално е Федерика Могерини
- задолжен е за Службата за надворешни активности, исто воведена со Договор
од Лисабон.
Тоа е комбинација на двете претходни функции: Висок претставник за заедничка надворешна
и безбедносна политика и Комесар за надворешни односи.
Високиот Претставик за НРБП го назначува Европскиот совет и претседава со Советот на
министри за надворешни работи, а во исто време е и заменик на претседателот на
Европската комисија.
Надлежен е да дава предлози, ја спроведува надворешната политика во име на Советот и ги
застапува ставовите на Унијата на меѓународно ниво. Ова е со цел да ѝ се помогне на ЕУ
подобро да ги брани сопствените интереси и вредности на меѓународен план и да може да се
изрази со еден единствен глас.
2. Високиот претставник ја води зедничката надворешна и безбедносна политика, како и
“заедничката безбедносна и одбранбена политика”.
Според Лисабонскиот договор, со квалификувано мнозинство гласови и во договор со
Претседателот на Европската комисија, Европскиот совет го избира:
224
- Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика
Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика треба да
обезбеди:
225
- конзистентноста на надворешното дејствување на Унијата.
Директивите на ЕУ претставуваат:

- Секундарен извор на правото на ЕУ


- обврзувачки закони за сите земји членки или за група земји-членки, а нивната
примена е да се постигне одредена цел.
226
Најчесто мора да се вклучат во националното законодавство за да можат да се постигнат
посакуваните резултати. Обврзувачки се во однос на планираниот резултат и директно
применливи само под одредени услови.
Директивите се обврзувачки за земјите-членки за кои се наменети, со цел постигнување на
саканите резултати, а националните власти имаат право да ја изберат формата и методите.
Која институција на ЕУ може да покрене Процедура за повреда (infringement procedure)
против земја – членка, а поради неспроведување на правото на ЕУ?
227
- Европската комисија – и која било држава-членка според член 259, ДФЕУ – додека
тужена може да биде само некоја држава-членка.
Европската комисија ги идентификува можните повреди на правото на ЕУ врз основа на:

- сопствени истраги или на барање на влада или по жалба од физичк и/правни


лица

Доколку, следејќи ги резултатите од својата истрага, Комисијата смета дека постои


228 прекршување на законодавството на Заедницата, таа ги повикува засегнатите држави, во
утврден рок, да поднесат свои коментари. Ако односната земја, не постапи согласно
одредбите или ако објаснувањата кои ги доставила не се убедливи за Комисијата, таа
донесува основано мислење, обврзувачко за земјата членка во предвиден временски
рок. Ако земјата членка одбива да се покори на основаното мислење, Комисијата го префрла
предметот до Судот на правдата, кој го арбитрира спорот, често ја санкционира
нерегуларноста во согласност со забелешката на Комисијата и бара непослушната земја
членка да се покори на правниот поредок на Заедницата.
229 Покрај останатите активности, Европравда може да понуди:

- Задачите на Европравда може да опфаќаат:


(а) поведување на кривични истраги, како и предлагање на гонења спроведени од
надлежните национални органи, особено на оние што се поврзани со прекршоци извршени
против финансиските интереси на Унијата;
(б) координација на истрагите и гонењата споменати во точка (а);
(в) зајакнување на судската соработка, вклучително и разрешување на судири на судска
надлежност и тесна соработка со Европската правосудна мрежа.

Европскиот парламент и Советот со регулативи донесени во вообичаената законодавна


постапка, ја одредуваат структурата, функционирањето, полето на активности и задачите
на Европравда.

Мисијата на Европравда е да ја поддржи и да ја зајакне координацијата и соработката


меѓу национални органи на прогонот во врска со тешки кривични дела кои влијаат на
две или повеќе земји-членки или за кои е потребно заедничка основа за гонење, врз
основа на спроведени операции и собрани информации од органите на земјите-членки
и од Европравда.
Постапува по барањата од надлежните национални власти на земјите-членки, а може и да
побара од земјите-членки да гонат судскиот процес.
Помага во решавање на судирите на надлежноста во случаи кога надлежните органи за
спроведување на законот на неколку земји-членки се надлежни.
Ја поддржува примената на меѓународните судски инструменти, како што е Европскиот налог
за апсење. Исто така може да обезбеди финансиска поддршка за формирање и работење на
заеднички тимови за истраги.
Како Повелбата за основните права на ЕУ добива целосен правен ефект?

- Со Лисабонскиот договор, Повелбата претставува „важечко право“, опфаќајќи ги


230
со еден документ основните права признаени со Договорите, ЕСП, заедничките
уставни начела на државите-членки, ЕКЧП и Европската социјална повелба и
Повелбата на Советот на Европа.
Повелбата за основите права на ЕУ се темели врз определбите на:

- Европската конвенција за човекови права, но оди подалеку од неа.

Повелбата ги гарантира правата и принципите, вклучувајќи ги и економските и социјалните


права, кои произлегуваат од уставните традиции што се заеднички за земјите-членки,
судската пракса на Европскиот суд на ЕУ и други меѓународни договори. Понатаму,
Повелбата исто така ги штити т.н. "основни права" од третата генерација, како што е
231 експлицитно право на заштита на податоците, гаранции во областа на биоетиката или
правото на добра администрација.
Повелбата ги консолидира сите лични права во еден единствена книга, спроведувајќи го на
тој начин начелото за неделивост на основните права. Таа ги укинува разликувањата што
дотогаш биле правени од европските и меѓународните книги меѓу граѓанските и политичките
права, од една страна, и економските и социјалните права, од друга страна (особено двата
пакта на ОН од 1966 година), и ги набројува сите права групирани според основните начела,
во следните поглавја: • Достоинство. • Слободи. • Еднаквост. • Солидарност. • Граѓански
права. • Правда.
Втората глава (Слободи) од Повелбата за основите права на ЕУ опфаќа:

Член 6 - Право на слобода и безбедност


Член 7 Почитување на приватниот и семеен живот
Член 8 Заштита на личните податоци
Член 9 Право на брак и право на формирање семејство
Член 10 Слобода на мисла, совест и религија
Член 11 Слобода на изразување и информации
232
Член 12 Слобода на собирање и здружување
Член 13 Слобода на уметностите и науките
Член 14 Право на образование
Член 15 Слобода на избор на професија и право на работа
Член 16 Слобода за вршење на дејност
Член 17 Право на сопственост
Член 18 Право на азил
Член 19 Заштита во случај на отстранување, протерување или екстрадиција
233 Полноправни членки на Агенцијата за основните права на ЕУ можат да бидат:
- Само земјите членки на ЕУ, но и за земји набљудувачи откако ќе поминат утврдена
процедура. Р.Македонија е земја набљудувач.

Агенцијата за основните права на ЕУ:

- Формирана е од ЕУ со цел да им обезбеди на институциите на ЕУ и на земјите -


членки независна, врз докази заснована помош и експертиза за основните
права.
- е тело што се раководи од Европското јавно право; таа се разликува од институциите
на Унијата (Совет, Европски парламент, Европска комисија итн.) и има сопствен
правен субјективитет. Конституирана е со акт на секундарно законодавство поради
234 извршување на многу специфична техничка, научна или раководна задача.

ЕУ во 2007 година ја основаше како едно од нејзините тела, со седиште се наоѓа во Виена и
конституирана е во доменот на Европскиот центар за следење на расизмот и
ксенофобијата (ЕУМЦ). Агенцијата е независно тело на ЕУ што се финансира од буџетот на
Унијата.
Агенцијата ги спроведува своите задачи независно и соработува со национални и
меѓународни тела и организации, а особено со Советот на Европа. Исто така, таа тесно
соработува со организации на граѓанското општество.
Основна задача на Агенцијата за основните права на ЕУ е:

- Целта на Агенцијата е да обезбеди помош и експертиза за релевантните


институции и органи на ЕУ и на државите-членки при имплементацијата на
правото на Унијата, во врска со основните права, со цел нивна поддршка при
преземањето мерки или формулирањето на насоките за дејствување во рамките
на нивните надлежности. Сепак, Агенцијата нема надлежност за разгледување на
индивидуалните жалби.
- 1) истражувања во големи размери 2) Компаративно правно или социјално
235 истражување 3) Прирачници за правни професионалци + годишна конференција за
основни права.
9 тематски области од работата на Агенцијата за основни права на ЕУ:
- пристап до правда; - жртви на криминал, вклучувајќи надомест на жртви;
- информатичкото општество и особено почитувањето на приватноста и заштитата на
личните податоци;
- Интеграција на Ромите; - судска соработка, освен во кривични работи;
- правата на детето; - дискриминација;
- миграција и интеграција на мигрантите, виза и гранична контрола и азил;
- расизам, ксенофобија и поврзана нетолеранција.
Имајќи го во предвид значењето на Повелбата за основите права на ЕУ за земјите - членки:

- Повелбата е правно-обврзувачка за органите на ЕУ, како и за земјите членки,


додека го спроведуваат европското право, а Европскиот суд на правдата го
надгледува придржувањето кон истата. Ова не важи за Полска и за Обединетото
Кралство.
236
Со Лисабонскиот договор, Повелбата претставува „важечко право“, опфаќајќи ги со еден
документ основните права признаени со Договорите, ЕСП, заедничките уставни начела на
државите-членки, ЕКЧП и Европската социјална повелба и Повелбата на Советот на Европа.
Повелбата објавена во 2007 година ја има истата правна вредност како и Договорите.
Повелбата не го проширува полето на примена на правото на Унијата над
надлежностите на Унијата и не воспоставува ново овластување или задача за Унијата,
ниту, пак, ги изменува надлежностите и задачите што се дефинирани со договорите.
237 Кога може да дејствува Европската комисија во случај на непочитување на Повелбата за
основните права?
- Ако утврди дека националната власт сторила повреда на Повелбата при
имлементација на правото на EУ, било кое лице може да се пожали на Комисијата, а
Комисијата има право да започне Процедура за повреда (infringement procedure)
- Повелбата се применува од земјата- членка само кога тие го имплементирраат
правото на ЕУ

Договорот за воспоставување на Европски устав беше одбиен на референдумите во:


238
- Холандија и Франција 2005 година
Европската граѓанска иницијатива се покренува на иницијатива на

- 1 милион граѓани кои се државјани на значителен број земји-членки може да


239
преземат иницијатива и да ја повикаат Европската комисија, во рамките на нејзините
надлежности, да достави соодветен предлог за прашања за кои граѓаните сметаат
дека е потребен правен акт
Штом Европската граѓанска иницијатива е регуларно покрената, Европската комисија:

- Има 3 месеци да ја разгледа иницијативата и во текот на овој период, се среќава со


организаторите кои воедно имааат можност да ја претстават иницијативата пред
Европскиот парламент (на јавна расправа). Комисијата дава формален одговор што
планира да прави и ги образложува причините за одлуката. Комисијата не е
обврзана да го предложи актот.
Одговорот во форма на комуникација ќе биде официјално издаден од Колеџот на комесари и
240 ќе биде објавен на сите официјални јазици на ЕУ. Во некои случаи, Комисијата може да даде
прелиминарно мислење и да донесе одлука за понатамошно испитување на предметот пред
да донесе конечна одлука. Комисијата не е должна да достави законодавен предлог врз
основа на иницијатива. Доколку Комисијата одлучи да достави законодавен предлог поврзан
со иницијатива на граѓаните, предлогот се доставува до законодавецот (по правило,
Европскиот парламент и Советот, а во некои случаи само Советот) и, доколку биде
прифатен, предлогот влегува во сила. Граѓанската иницијатива ја повикува Комисијата да
предложи правен акт. Ако Комисијата одлучи да достави предлог, правникот акт ќе мора да
го донесе законодавниот дом за да стане регулатива.
Кое начело се воспостави со случајот Van Gend en Loos v Nederlandse Administratie der
Belastingen?

241 - начелото директно дејство/непосредна примена/директен ефект.

Начелото на директна примена на правото на ЕУ - правото на заедниците создава права и


обврски независно од законодавството на државите-членки.
242 Што се заклучи од случајот Marshall v Southampton and South West Hampshire Area Health
Authority?

Британскиот Апелационен суд за работни односи, до Европскиот суд на правдата поставил


Прелиминарно прашање – претходно прашање дали има повреда на Директивата на ЕУ која
определува еднаквост на мажите и жените при пензионирање.
Европскиот суд утврдил дека националното право е спротивно на директивата на ЕУ,
односно истата не е транспонирана во националното право и воедно утврдил дека
директивите имаат директно вертикално дејство само спрема државата, а не спрема
други индивидуи, но дека истите немаат директно хоризонтално дејство, индувидуа
против индивидуа.

ЕСП во случајот Marshall сметаше дека директниот ефект на една директива не може да
биде оспорен против поединец, туку само против држава - директивите треба да имаат
само вертикален, а не хоризонтален директен ефект Причината што ја дал ЕСП во
предметот Marshall беше: членот 249 наложува дека обврзувачкиот ефект од дадена
директива треба да постои само против државата на која се однесува. Формулацијата на
членот 249 значи дека една држава - членка е само обврзана од страна на директива ако со
неа е спомнато дека е обврзана, наспроти регулативите кои се обврзувачки за сите држави -
членки. Откако ЕСП ја отфрлил директната применливост на една директива против
поединец, Судот заклучил дека подносителот на жалбата сепак би можел да се потпре
врз одредбите од оваа директива против здравствената установа, бидејќи таа може да
се смета како орган на државата.
Оправдувањето на судот што го овозможи “вертикалниот” директен ефект на директивите
против органите на државата не се заснова врз одговорноста на конкретен државен орган
( како здравствената установа) за неуспехот да ја спроведе директивата која се обжалува.
Понатаму, Судот сметаше дека не само судовите, туку и државните органи и домашните
управи коишто немаат улога во формалното спроведување на европското
законодавство, се обврзани во практиката да ги применуваат одредбите од
директивите, нешто што се нарекува “административен директен ефект”.
Надлежниот британски суд, релевантната директива ја применил директно како правен
акт со повисока правна сила.
Кое начело се воспостави со случајот Foster, A and others v. British Gas plc.?

- начелото за директен ефект на директивата врз државите членки

– проширување на вертикалниот директен ефект на директивите на „јавно тело“ Во


случајот Foster Судот сметал оти компанијата Бритиш Гас каде тужителите биле вработени,
243
која во тој период била национализирана индустрија со државно управување со системот за
снабдување со гас на Белика Британија и со монопол над него,. претставува орган на
државата Судот сметаше во низа случаи дека безрезервни и доволно прецизни одредби од
дадена директива може да послужат како поткрепа против организации или тела коишто се
под надлежност и контрола на државата, или имаат посебни овластувања различни од оние
кај приватните лица.
За кои прашања може да се покрене Европската граѓанска иницијатива?

- Во секое поле каде што Европската Комисија има моќ да предложи законски
акти, како што се животната средина, земјоделие, електрична енергија или
трговија.
244
Европската комисија може да предложи акт кој поминува низ вообичаена законска постапка и
посебна законска постапка, но не може во сите сфери на надлежност на ЕУ, како на пример
за заедничка надворешна и безбедносна политика

Како се формира Квалификувано мнозинство во случаи кога Советот треба да гласа на


предлог на Комисијата или Високиот претставник на ЕУ?

245 - најмалку 55% од членовите на Советот, кое опфаќа најмалку 15 земји од


членките и претставува земји-членки што опфаќаат најмалку 65% од
населението на Унијата.

Како се формира квалификувано мнозинство во случаи кога Советот не постапува по предлог


на Комисијата или на Високиот претставник на ЕУ?
246
- најмалку 72% од членовите на Советот кои претставуваат земји-членки со
најмалку 65% од населението на Унијата.
247 Што се заклучи од случајот Von Colson and Kamann v Land Nordrhein-Westfalen?

- Принцип на индиректно дејство или Принципот на усогласено толкување:


обврската да се толкува националното право во согласност со директивите
- Принципот на усогласено толкување или “индиректен ефект”, значи дека ЕСП ја
поттикнува примената на директивите, на начин кој подразбира националното
право да се толкува “во духот” на директивите. Со тоа, ЕСП настојува да обезбеди
ефектуирање на директивите и покрај отсуството на нивно соодветно спроведување
во внатрешниот правен поредок на државите - членки. Националниот суд е тој што
треба да го толкува и да го примени законодавството коешто е донесено за
спроведување на дадена директива во согласност со барањата на правото на
ЕУ, доколку има дискреција да го стори тоа во согласност со националното
право.

- Националните судови да го толкуваат правото на начин да се оствари


релултатот предвиден со директивата на ЕУ – Обврска да се толкува
националното право во склад со правото на ЕУ
Случајот исто така покажува дека доктрината на усогласено толкување или доктрината на
“индиректен ефект”, не бара одредбите од дадена директива да ги задоволат конкретните
критериуми (јасност, прецизност, безусловност) за директен ефект.
Член 5
Земјите-членки ги преземаат сите соодветни општи или специфични мерки, со цел да се
обезбеди остварување на обврските што се јавуваат од Договорите или произлегуваат од
актите на институциите на Унијата.

Какво сфаќање произлезе од случајот Marleasing v La Comercial Internacional de Alimentacion?

- Националните судови имаат обврска да го толкуваат нац.право колку што можат


повеќе во светло на ЕУ дирекива која не е имплементирана во
нац.законодавство, во случаи помеѓи индивидуи.
- директно дејство на директивата во хоризонтална линија, во случаи помеѓу
приватни правни лица
при примената на националното право, без разлика дали одредбите за кои станува збор
биле донесени пред или по директивата, националниот суд кој е повикан да го толкува е
248 обврзан да го направи таквото толкување, до степен до кој е тоа можно, имајќи ја предвид
формулацијата и намената на директивата со цел да се постигне резултатот којшто се бара
со директивата. Пресудата на ЕСП во случајот Marleasing утврдува дека може да се
ефектуира неспроведена директива за да се влијае врз толкувањето на националното право
во случај меѓу поединци или хоризонтален ефект. Оваа пресуда потврди дека поединец би
можел да се повика врз не спроведена директива за да се влијае врз толкувањето на
националното право во случај меѓу поедници. Обврската за усогласено толкување важи
дури и во случај каде што националното право и претходи на директивата и нема
специфична врска со неа.

249 Кои земји може да учествуваат во Перманентната структура соработка?

- Земјите-членки, чии воени капацитети исполнуваат повисоки критериуми и кои


имаат преземено пообврзувачки заложби во оваа област во однос на
најодговорни мисии, воспоставуваат постојана структурна соработка во рамките
на Унијата.

Постојаната структурирана соработка е отворена за секоја земја-членка која се обврзува, од


датумот на влегување во сила на Договорот од Лисабон,:
(а) да пристапи кон поинтензивно развивање на своите одбранбени капацитети преку
развојот на своите национални придонеси и учеството, во мултинационалните сили, во
главните европски програми за опремување и во активностите на Агенцијата во областа на
развојот на одбранбените способности, истражувањето, набавката и вооружувањето
(Европска одбранбена агенција), и
(б) дека ќе има капацитет да обезбеди, најдоцна до 2010 година, на национално ниво или во
состав на мултинационални групни сили, наменски воени единици за планираните мисии ,
структурирани на тактичко ниво како борбени групации, со елементи за поддршка што
вклучува транспорт и логистика, способни за вршење на задачите што се наведени во член
43 од Договорот за ЕУ, во рок од 5 до 30 дена, особено како одговор на барањата од ООН, и
што може да се одржуваат за првичен период од 30 дена, со можност за негово
продолжување на најмалку 120 дена. (Член 43)

Земјите – членки кои имаат намера да пристапат кон Перманентната структурна соработка,
најпрво треба:
250
- за својата намера ќе го известат Советот и Високиот претставник на Унијата.
Која институција за прв пат станува дел од институционалната архитектура на ЕУ со
Лисабонскиот договор?
251
- Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика
Со Лисабонскот договор е проширена јурисдикцијата на Судот на правдата на ЕУ во делот
на:

- прелиминани одлуки во областа на слободата, безбедноста и правдата , за што


претходно беше ограничен, освен во сферата на надворешна и безбедносна
252
политика и
- да одлучува за повреда на правата кои произлегуваат од Повелбата за
фундаментални права на ЕУ од страна на институциите на ЕУ и од државите-
членки при спроведувањето на Договорите.

Дали Фронтекс поседува надлежност за функционирање на прифатните центри за мигранти?


253
- НЕ - Земјите-членки се одговорни за управувањето со центрите за прием.
До кои правни акти стриктно се придржува Фронтекс во своето работење?

- Повелбата за основни права на ЕУ, ЕКЧП, како и релевантното меѓународно


право.
- Кодексот на однесување на Фронтекс (the Frontex Code of Conduct ),
- Шенгенски граничен кодекс
254
Мисијата на фронтекс е да го промовира, координира и развива Интегрираното гранично
управување на линија на Повелбата за фундаментални права и на концептот на Европско
Интегрирано гранично управување

ФРОНТЕКС е Европска агенција за гранична и крајбрежна стража (заштита) која ја


контролира границата на европската Шенген зона во координација со националните гранични
служби.
Дали Фронтекс е инволвиран во процедурите за азил?
- Не
Сепак, службениците распоредени од Фронтекс треба да обезбедат пристап до процедурите
за азил на лица на кои им е потребна меѓународна заштита. Според законодавството на ЕУ
255
за азил, претставено во Кодексот на однесување на Фронтекс, сите службеници распоредени
од Фронтекс се должни да ги достават мигрантите кои бараат азил до националните власти и
да дадат релевантни информации. Обработката на барањата за азил останува исклучива
одговорност на националните власти на одделните земји-членки на ЕУ.
Каде е сместено седиштето на Фронтекс?
256
- Варшава Полска
Европската канцеларија за спречување на измами е уште позната и како?
257
- ОЛАФ
258 Европската канцеларија за спречување на измами:
- е единственото тело на ЕУ, кое има овластување да ги открие, истражува и
спречи измамите со фондовите на ЕУ.

ОЛАФ ја исполнува својата мисија преку:


-спроведување на независни истраги за измама и корупција кои вклучуваат фондови на ЕУ,
со цел да се обезбеди дека сите пари на даночните обврзници на ЕУ достигнуваат проекти
што можат да создадат работни места и раст во Европа;
-придонесува за зајакнување на довербата на граѓаните во институциите на ЕУ преку
истражување на сериозно работење од страна на персоналот на ЕУ и членовите на
институциите на ЕУ;
-развој на здрава политика против измама на ЕУ.

ОЛАФ може да ги испита работите поврзани со измама, корупција и други престапи кои
влијаат на финансиските интереси на ЕУ во врска со:
-целата потрошувачка на ЕУ: главните категории на трошење се структурни фондови,
земјоделска политика и фондови за рурален развој, директно трошење и надворешна помош;
-некои области на приходите од ЕУ, главно царински давачки;
-сомневања за сериозно работење од страна на персоналот на ЕУ и членовите на
институциите на ЕУ

ОЛАФ добива информации за можна измама и неправилности од широк спектар на извори.


Во повеќето случаи, овие информации се резултат на контроли од одговорни за управување
со фондовите на ЕУ во рамките на европските институции или во земјите-членки. Сите
обвинувања добиени од ОЛАФ се подложени на првична проценка за да се утврди дали
обвинението спаѓа во надлежност на Канцеларијата и ги исполнува критериумите за
започнување истрага.
Кога се отвора случај, тој е класифициран под една од следниве три категории:
-Внатрешни истраги: се административни истраги во рамките на институциите и телата на ЕУ
со цел откривање измама, корупција и која било друга незаконска активност што влијае на
финансиските интереси на Европските заедници; вклучително и сериозни работи во врска со
извршувањето на професионалните должности.
-Надворешни истраги: се административни истраги надвор од институциите и телата на ЕУ
со цел откривање измама или друго неправилно однесување од страна на физички или
правни лица. Случаите се класифицирани како надворешни истраги, кога ОЛАФ обезбедува
најголем дел од истражниот влез.
-Случаи за координација: ОЛАФ придонесува за истраги спроведени од националните власти
или други оддели на Заедницата преку олеснување на собирањето и размената на
информации и контакти.

Ja основа Европската комисија со цел да се зајакнат средствата за спречување измами.


ОЛАФ е општа служба – генерален директорат на Европската комисија. За своите
истражни и оперативни задачи, ОЛАФ е потполно независен во своето работење. На ОЛАФ
му е доделена одговорност за вршење на административни истраги против измами, со што
тој добива посебен независен статус. Мисијата на ОЛАФ е да ги штити финансиските
интереси на EU (буџетот), да се бори против измамата, корупцијата и секоја друга незаконска
активност, вклучувајќи ја и злоупотребата во рамките на европските институции. ОЛАФ, на
пример, успешно е ангажиран во борбата против криумчарење цигари, бидејќи огромни
даночни приходи се губат поради таквата појава.
259 Кои од наведените клаузули се предвидени со Лисабонскиот договор?

- Клаузула за заемна помош и солидарност,


- клаузула од јанина,
- клаузула за заштита,
- Мерките за усогласување кои се однесуваат на барањата за заштита на
животната средина вклучуваат, доколку е соодветно,
- Заштитна клаузула која им овозможува на земјите-членки да преземат
привремени мерки, поради неекономски причини поврзани со животната
средина, кои подлежат на постапка за инспекција од страна на Унијата,
- Клаузула за арбитража

Секундарното право на ЕУ опфаќа:

- регулативи, директиви, одлуки, препораки и мислења.

а) акти на институциите - регулативи; - директиви; - одлуки; - препораки и мислења


б) други акти на институциите - други инструменти (упатства и кодекс на однесување) -
одлуки sui generis - необврзувачки акти - резолуции - еднострани декларации – изјави -
инстутуционални спогодби

Секундарното законодавство се состои од правни акти кои произлегуваат од Договорите и


кои се донесуваат во постапка на одлучување во рамки на институциите на ЕУ. Тие правни
акти влијаат на секојдневниот живот на граѓаните не ЕУ. Некои се поопшти, а други се
поконкретни и содржат поединечни мерки и инструменти за спроведување.
260 Секундарното законодавство ги вклучува и темелните акти и извршните мерки. Додека
темелните акти ги донесува Европскиот парламент и Советот на ЕУ, извршните мерки ги
донесува Европската комисија (во форма на уредби и директиви). Извршните мерки го
надополнуваат постојното законодавство кое Парламентот и Советот веќе го донеле. Освен
тоа, ЕУ ги користи препораките и мислењата. За разлика од горе наведените инструменти,
тие немаат обврзувачка моќ. Поради тоа и тие често немаат непосреден ефект, што пак од
друга страна не значи дека не се применуваат во судските постапки. Тие мерки и понатаму
може да ги обврзуваат националните органи ако треба да се реши одредено прашање или
разјасни содржината на некои одредби на Унијата. На пример, национален суд може да се
обрати до Судот на Европската заедница заради толкување на одредена одредба.
Исто така, договорите на ЕУ со трети држави и меѓународни организации, како и
судската пракса на Судот на Европската заедница, го сочинуваат секундарното
законодавствот на ЕУ. Тоа значи дека Договорот за стабилизација и асоцијација на ЕУ со
Република Македонија спаѓа во секундарното законодавство.
Во согласност со Лисабонскиот договор, Европската служба за надворешни активности е
надлежна за:

- подготвува акти што треба да бидат усвоени од Високиот претставник, Европската


комисија или Советот.
- надлежна за дипломатските мисии на ЕУ (делегации) и структурите за разузнавање и
управување со кризи
- соработува со дипломатските служби на земјите-членки
- служи како Министерство за надворешни работи и дипломатски претставништва на
ЕУ, а воедно ја спроведува и Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ
како и други области од нејзината надворешната застапеност
261
- е надлежна за тоа како ЕУ се справува со кризите, има разузнавачки способности и
соработува со Комисијата во области за коишто имаат еднаква надлежност.

Европската служба за надворешни активности е под надлежност на Високиот претставник за


надворешни работи и безбедносна политика
Сепак, иако Високиот претстваник и ЕЕАС можат да предлагаат и спроведуваат политики,
тие го немаат крајниот збор бидејќи за тоа е надлежен Советот за надворешни работи со
којшто претседава Високиот претставник
се состои од службеници од компетентните оддели на Генералниот секретаријат на Советот
и на Комисијата, како и од персонал што се прераспределува од националните дипломатски
служби на земјите-членки.
262 Која институција заедно со Европската служба за надворешни активности го сочинуваат
Секретаријатот на Перманентната структурна соработка?

- Европската одбранбена агенција на чело со Високиот претставник на Унијата за


надворешни работи и безбедносна политика, и Воениот штаб на ЕУ
Во работата на Генералниот секретар на Европската служба за надворешни активности му
помагаат:

- Тројца заменици
263
Заменик-генерален секретар за економски и глобални прашања
Заменик-генерален секретар за политички прашања
Заменик-генерален секретар за заедничка безбедност и одбранбена политика и одговор на
кризи
Член 50 од Лисабонскиот договор предвидува дека:

Јасно изразени правила за истапување од ЕУ (член 50, ЛДЕУ).


264
- Секоја земја-членка може да одлучи да се повлече од Унијата, во согласност со
нејзините уставни барања.
Член 50 од Лисабонскиот договор претставува:

- можноста (постапка) за истапување од ЕУ


Земја-членка што ќе одлучи да се повлече од Унијата го известува Европскиот совет за
својата намера. Во врска со насоките обезбедени од Европскиот совет, Унијата преговара и
склучува договор со таа земјачленка, одредувајќи ги деталите за нејзиното повлекување,
265 имајќи ја предвид рамката за нејзините идни односи со Унијата. За договорот се преговара во
согласност со член 218(3) од ДФЕУ Советот го склучува договорот во име на Унијата,
постапувајќи со квалификувано мнозинство, по добивање на согласност од Европскиот
парламент.
Договорите за односната држава престануваат да важат од датумот на влегување во сила на
договорот за повлекување, или доколку нема таков датум, две години по известувањето
споменато во став 2, освен ако Европскиот
Во согласност со член 7 од Договорот за ЕУ може да се суспендираат определни права на
одредена земја – членка:

- заради сериозна и постојана повреда од страна на земја-членка на вредностите


на почитување на човековото достоинство, слободата, демократијата,
еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права,
266
вклучително и правата на малцинства.
Советот со квалификувано мнозинство може да одлучи привремено да прекине одредени
права на соодветната земја-членка што произлегуваат од примената на Договорот,
вклучително и правото на глас на претставникот на владата на таа земја-членка во
Советот. Притоа, Советот ги зема предвид можните последици од таквото суспендирање на
правата и обврските на физичките и правните лица.
Во согласност со член 7 од Договорот за ЕУ, постапката за суспендирање на определени
права на земја – членка на ЕУ може да се активира тогаш кога:

- По основан предлог на 1/3 од земјите-членки, на Европскиот парламент или на


Комисијата, Советот, во состав на шефови на држави и на влади, може да утврди
постоење на тешка или постојана повреда на начелата на слобода, демократија,
почитување на човековите права и основните слободи, како и на правната држава.
267
Одземањето на одредени права може да биде одлучено, изменето или укинато со
квалификувано мнозинство гласови на Советот.

Клаузулата за суспензија: на земјите-членки на ЕУ да можат да им се одземат одредени


права – вклучувајќи го и правото на глас во рамките на Советот - доколку се утврди тешка
или постојана повреда на човековите права и на основните права (член 7 од ДЕУ).
Каква надлежност поседува ЕУ во областа на царинската унија во согласност со
Лисабонскиот договор?
268
- Ексклузивна надлежност
Во согласност со Лисабонскиот договор, во областа на заштитата и унапредувањето на
здравјето на човекот, Европската унија:

- Надлежност за поддршка
269
- има надлежност да презема активности за поддршка, координација и дополнување
на активностите на земјите-членки.
Значи нема ексклузивна, ниту поделена надлежност, само надлежност за поддршка
Каква надлежност поседува ЕУ во областа на Заедничката трговска политика во согласност
со Лисабонскиот договор?
270
- Ексклузивна надлежност
Каква надлежност поседува ЕУ во областа на слободата, безбедноста и правдата со
Лисабонскиот договор?
271
- Поделена надлежност (ЕУ – земји членки)
Во согласност со член 34 од Лисабонскиот договор, земјите – членки на ЕУ во меѓународните
организации и меѓународните конференции:

- Земјите-членки ги координираат своите активности во меѓународни организации


272 и на меѓународни конференции. Тие ги поддржуваат ставовите на Унијата на
такви форуми. Таквата координација ја организира Високиот претставник за
надворешни работи и безбедносна политика на Унијата.
Во рамки на меѓународни организации и меѓународни конференции во кои не учествуваат
сите земји-членки, оние земји-членки што учествуваат ги бранат ставовите на Унијата. .
273 Во согласност со Лисабонскиот договор, Заедничката безбедносна и одбранбена политика на
ЕУ претставува:

- е составен дел на заедничката надворешна и безбедносна политика. Таа


обезбедува оперативен капацитет за Унијата, потпирајќи се на цивилни и воени средства.
Унијата може да ги искористи тие средства во мисии надвор од својата територија насочени
кон одржување на мирот, спречување на конфликт и зајакнување на меѓународната
безбедност, во согласност со начелата на Повелбата на ОН.
Овие задачи се извршуваат со капацитетите обезбедени од земјите-членки.
Постепено се обликува на заедничка одбранбена политика на Унијата. Оваа политика води
кон заедничка одбрана во моментот кога Европскиот совет со едногласност ќе донесе таква
одлука. Во таков случај тој им препорачува на земјите-членки да ја донесат одлуката во
согласност со нивните соодветни уставни барања. Политиката на Унијата, во согласност со
овој оддел, не е во спротивност со специфичната природа на безбедносната и одбранбената
политика на одредени земји-членки, и ги почитува обврските на одредени земјичленки, чија
заедничка одбрана се реализира преку Северноатланскиот сојуз (НАТО), во согласност со
Северноатланскиот договор и е во согласност со заедничката безбедносна и одбранбена
политика утврдена во таа рамка.
3. Земјите-членки ѝ даваат на располагање на Унијата цивилни и воени капацитети за
спроведување на заедничката безбедносна и одбранбена политика, со цел да придонесат
кон целите дефинирани од страна на Советот. Земјите-членки, кои меѓусебно имаат
воспоставено мултинационални сили, може истите да ги дадат на располагање на
заедничката безбедносна и одбранбена политика. Земјите-членки преземаат обврска
постепено да ги подобруваат своите воени капацитети. Агенцијата во областа на развојот на
одбранбени капацитети, истражувања, набавка на воена техника и вооружување („Европска
агенција за одбрана“) дефинира оперативни барања, промовира мерки за задоволување на
тие барања, придонесува кон идентификување и, каде што е соодветно, спроведување на
каква било мерка потребна за зајакнување на индустриската и технолошката основа на
одбранбениот сектор, учествува во дефинирање на Европската политика во областа на
капацитетите и вооружувањето и му помага на Советот при оценување на подобрувањето на
воените капацитети.
4. Одлуките што се однесуваат на заедничката безбедносна и одбранбена политика, како и
одлуките со кои се иницира мисија како што се споменува во овој член, се донесуваат од
Советот со едногласност на предлог на Високиот претставник на Унијата за
надворешни работи и безбедносна политика или на иницијатива на земја-членка.
Високиот претставник, заедно со Комисијата, онаму каде што тоа е соодветно, може да
предложи употреба и на националните ресурси и на средствата на Унијата.
6. Земјите-членки, чии воени капацитети исполнуваат повисоки критериуми и кои имаат
преземено пообврзувачки заложби во оваа област во однос на најодговорни мисии,
воспоставуваат постојана структурна соработка во рамките на Унијата.
7. Ако земја-членка е жртва на вооружена агресија на својата територија, другите земји-
членки се обврзани да ѝ обезбедат помош и поддршка со сите средства што им стојат
на располагање, во согласност со член 51 од Повелбата на ОН. Ова не е во спротивност
со специфичниот карактер на безбедносната и одбранбената политика на одредени земји-
членки. Заложбите и соработката во оваа област се усогласени со заложбите од
Северноатлантскиот сојуз, кој за оние земји што се нејзини членки останува основа за
нивната колективна одбрана и форум за спроведување на истата.
За повлекување од членство во Перманетната структурна соработка, секоја земја – членка
на ЕУ:
274
- го известува Советот за својата намера, а Советот забележува дека престанува
учеството на односната земја-членка.
На предлог на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика,
Советот со квалификувано мнозинство гласови ќе донесе одлука за утврдување на:

(a) процедури за основање и за финансирање на новооснованиот фонд, особено за


275
износите што се распределуваат во фондот;
(б) процедури за управување со новооснованиот фонд;
(в) процедури за финансиска контрола.

Во согласност со член 33 од Лисабонскиот договор, Специјалните претставници на ЕУ ќе го


извршуваат својот мандат под надлежност на:
276
- Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна
политика,

Советот именува Специјален претставник на ЕУ, на предлог на?


277
- Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна
политика,
Организацијата и функционирањето на Европската служба за надворешни активности се
воспоставува со одлука на:
278
- Советот.
279 Во согласност со член 27 од Лисабонскиот договор, Европската служба за надворешни
активности е предвидено да:

- Му дава поддршка на Високиот претставник на Унијата за НРБП

При извршување на својот мандат, Високиот претставник добива поддршка од Европската


служба за надворешно дејствување. Оваа служба соработува со дипломатските служби на
земјите-членки и се состои од службеници од компетентните оддели на Генералниот
секретаријат на Советот и на Комисијата, како и од персонал што се прераспределува од
националните дипломатски служби на земјите-членки.
Во согласност со Лисабонскиот договор, “зајакнатата соработка” има за цел:

- унапредување на целите на Унијата, заштита на нејзините интереси и


засилување на процесот на интеграција. Таквата соработка е отворена во секое
време за сите земји-членки во согласност со член 328 од ДФЕУ.

Земјите-членки кои сакаат да воспостават зајакната соработка помеѓу себе во една од


областите покриени со Договорите, со исклучок на полињата со ексклузивна надлежност и
280 заедничката надворешна и безбедносна политика, доставуваат барање до Комисијата,
прецизирајќи го опсегот и целите на предложената зајакната соработка. Комисијата за
тоа може да достави предлог до Советот. Во случај кога Комисијата нема да достави
предлог, таа ги информира односните земји-членки за причините за тоа.
Одлуката со која се одобрува зајакната соработка се донесува од Советот, откако тој ќе
утврди дека целите на таквата соработка не можат да се остварат во рамки на разумен
период од страна на Унијата како целина, и под услов најмалку 9 земји членки да
учествуваат во таа соработка. Советот постапува во согласност со процедурата утврдена
во член 329 од ДФЕУ.
Во согласност со Лисабонскиот договор, актите усвоени во рамки на “зајакнатата соработка”:
281
- се обврзувачки само за земјите-членки што учествуваат во таквата соработка .
Актите усвоени во рамки на “зајакнатата соработка”:
282
- не се сметаат за дел од acquis кое треба да се прифати од страна на земјите-
кандидатки за пристапување кон Унијата.
Во согласност со Лисабонскиот договор, “блокирачко малцинство” се формира:

- најмалку минималниот број на членови на Советот кои претставуваат повеќе од 35%


283 од населението на земјите-членки што учествуваат, плус еден член, во спротивно се
смета дека е постигнато квалификувано мнозинство;
- најмалку 4 членки на Советот, во спротивен случај се смета дека е постигнато
квалификувано мнозинство.
При дефинирањето и спроведувањето на своите политики и активности, ЕУ ќе има за цел:
284
- да го промовира мирот, своите вредности и благосостојбата на своите народи.
- Да обезбедува високо ниво на заштита на човековото здравје
Што претставуваат “делегираните акти”?

- незаконодавни акти со општа и со обрзувачка примена за дополнување или


изменување одредени несуштински елементи на законодавниот акт (во кој на
Комисијата и е дадено овластување да донесе делегиран акт)
285
“правни акти без законски карактер”, ги донесува Комисијата;
законодавниот акт мора да биде донесен со експлицитно делегирање на овластување на
Комисијата за оваа цел. Делегираното овластување во секое време може да биде
отповикано од Советот или од Европскиот парламент. Еден делегиран акт може да стапи во
сила само доколку не се поднесени никакви приговори од страна на Европскиот парламент
или на Советот во период утврден во законодавниот акт (член 290, ТФЕУ)
286 Во кои области ЕУ може да донесува легислативни акти?

Кога со Договорите ѝ се пренесува на Унијата ексклузивна надлежност во одредена област,


само Унијата може да пропишува и да донесува законски обврзувачки акти, а земјите-членки
имаат таква можност единствено ако се ополномоштени за тоа од страна на Унијата или со
цел спроведување на актите на Унијата. Кога со Договорите ѝ се пренесува на Унијата
надлежност, споделена со земјите-членки во определена област, Унијата и земјите-членки
може да пропишуваат и да донесуваат законски обврзувачки акти во соодветната област.
Земјите-членки ја остваруваат својата надлежност, доколку Унијата не ја остварила својата
надлежност. Земјите-членки повторно ја остваруваат својата надлежност, доколку Унијата
одлучила да запре со остварување на својата надлежност.

Унијата има ексклузивна надлежност во следните области:


(а) царинска унија;
(б)воспоставување на правила за конкуренција неопходни за функционирањето на
внатрешниот пазар;
(в) монетарна политика за земјите-членки чија парична единица е еврото;
(г) зачувување на морските биолошки ресурси во рамките на заедничката политика за
рибарство;
(д) заедничка трговска политика.
Унијата, исто така, има ексклузивна надлежност во склучување на меѓународни спогодби.
Клаузулата на флексибилност подразбира дека:

- клаузулата за отворена надлежност/флексибилност


- клаузула за диспозитивни овластувања или флексибилност
- Доколку дејствувањето на Унијата е неопходно , во рамките на политиките
дефинирани во Договорите, за остварување на целите утврдени во Договорите, а со
287
Договорите не се предвидуваат потребните овластувања, Советот , постапувајќи
со едногласност по предлог на Комисијата и по добивањето одобрение од
Европскиот парламент, ги донесува соодветните мерки. Кога таквите мерки ги
донесува Советот според посебна законодавна постапка, тој постапува со
едногласност по предлог на Комисијата и по добивањето согласност од Европскиот
парламент.
Која клаузула под строго определени услови овозможува промена на законодавната постапка
од посебна во обична законодавна постапка или начинот на гласање од гласање со
едногласност во гласање со квалификувано мнозинство, без формална измена на
288
конститутивните договори?

- Клаузула Пасарел

На кои области се однесуваат Brake клаузулите?

289 - мерки за координирање на системот за социјално осигурување за мигрантите


- судска соработка во врска со кривични работи (член 82 ТФЕУ);
- воспоставување на заеднички правила за одредени прекршоци
На кои области се однесуваат Accelerator клаузулите?
KLAUZULE ZA UBRZAVANJE
290 - судска соработка во кривични работи (член 82 ТФЕУ);
- воспоставување на заеднички правила за одредени прекршоци/кривични дела
- создавање канцеларија на Европскиот јавен обвинител (член 86 ТФЕУ);
- полициска соработка
291 Што се подразбира под поимот “Европа со повеќе брзини”?
- Група држави да одат со побрзо темпо во интеграцијата или политиката –
можност за Зајакната соработка
земјите-членки на ЕУ ќе можат да соработуваат на различни иницијативи доколку така
одлучат - истовремено, на оние земји кои не сакаат да учествуваат во новите проекти, ќе им
биде дозволено да го сторат тоа. Теоретски, ова значи дека ниту една земја нема да биде
принудувана да се обврзе на некој договор доколку смета дека е теоретски или идеолошки
неприменлив. Мулти-брзинска Европа или двобрзината Европа (наречена исто така
„променлива геометрија Европа“ или „Основна Европа“ во зависност од формата што би ја
презела во пракса) е идејата дека различни делови на ЕУ треба да се интегрираат на
различни нивоа и темпо во зависност од политичката состојба во секоја поединечна
земја.

“Зајакната соработка” претставува постапка во која:


Земјите-членки кои сакаат да воспостават зајакната соработка помеѓу себе во една од
областите покриени со Договорите, со исклучок на полињата со ексклузивна надлежност и
заедничката надворешна и безбедносна политика, доставуваат барање до Комисијата,
прецизирајќи го опсегот и целите на предложената зајакната соработка. Комисијата за тоа
може да достави предлог до Советот. Во случај кога Комисијата нема да достави предлог,
таа ги информира односните земји-членки за причините за тоа.
Земји-членки што сакаат да воспостават зајакната меѓусебна соработка во рамките на
неексклузивните надлежности на Унијата може да ги искористат своите институции и да ги
остварат надлежностите применувајќи ги соодветните одредби од Договорите, во согласност
292
со ограничувањата и деталните уредувања утврдени во овој член и во членовите 326 до 334
од Договорот за функционирањето на Европската унија. Целта на зајакната соработка е
унапредување на целите на Унијата, заштита на нејзините интереси и засилување на
процесот на интеграција. Таквата соработка е отворена во секое време за сите земји-
членки во согласност со член 328 од Договорот за функционирањето на Европската унија. 2.
Одлуката со која се одобрува зајакната соработка се донесува од Советот како крајна
инстанција, откако тој ќе утврди дека целите на таквата соработка не можат да се остварат
во рамки на разумен период од страна на Унијата како целина, и под услов најмалку девет
земјичленки да учествуваат во таа соработка. Советот постапува во согласност со
процедурата утврдена во член 329 од Договорот за функционирањето на Европската унија.

Постапката на согласност како посебна законодавна постапка која се применува за точно


утврдени области регулирани со одредби од ДЕУ и ДФЕУ како на пример за спречување на
дискриминација, членство во ЕУ, добивање на согласност од Европскиот парламент за
договорите за пристапување, пристапување на ЕУ во Европската конвенција за заштита на
293 човековите права, договори со кои се воспоставува специфична институционална рамка која
резултира со буџетски импликации, се поведува по предлог на:

- Советот одлучува едногласно по консултирање на Комисијата и добивање на


согласност од Европскиот парламент,

На чиј предлог беше создаден Европскиот совет?


294
- Француски претседател Валери Гискард Д’Естаинг

Кои се симболите на Европската унија?

знамето на Унијата (дванаесет златни ѕвезди на сина заднина),


295 химна („Ода на радоста“ од Бетовен),
Денот на Европа (9 Мај),
еврото и
мото „Обединети во различностите“.
296 На кои области се однесуваат легислативните компетенции на ЕУ?

Унијата има ексклузивна надлежност во следните области:


(а) царинска унија;
(б) воспоставување на правила за конкуренција неопходни за функц .на внатрешниот
пазар;
(в) монетарна политика за земјите-членки чија парична единица е еврото;
(г) зачувување на морските биолошки ресурси во заедничката политика за рибарство;
(д) заедничка трговска политика.
2. Унијата, исто така, има ексклузивна надлежност во склучување на меѓународни
спогодби, кога тоа е предвидено во законодавен акт на Унијата или кога е неопходно
да ѝ се овозможи на Унијата да ја остварува својата внатрешна надлежност, или кога
склучувањето на такви спогодби може да влијае на заедничките правила или да го
промени нивниот опсег.
Кое право го применува Судот на правдата на ЕУ во решавање на предметите од негова
надлежност?
297
- Правото на ЕУ
Во кои случаи се обврзани судовите на земјите - членки да дадат приоритет на примена на
правото на ЕУ во однос на националното право?
298
- Ако националниот акт е во спротивност со акт на ЕУ
правен акт на ЕУ, што е во спротивност со правната норма на некоја држава-членка, треба
да се примени пред националниот акт, ако тоа е значајно за Европската унија
Во која фаза од постапката Судот за јавната служба може да прави обиди за мирно
решавање на споровите меѓу странките?
299
- Во сите фази од постапката, вклучително и времето кога е поднесено тужбеното
барање, Судот за јавната служба може да ги разгледа можностите за спогодбено
решавање на спорот и може да се обиде да го олесни таквото решавање.
Каква контрола врши Судот на ревизори?
300
- ги проверува сметките на сите приходи и расходи на сите органи на ЕУ, освен
Европската централна банка. (од биле)
Каква е улогата на Комитетот на регионите во процесот на донесување на законодавство и
одлуки во ЕУ?

- Советодавна

301 Комитетот на регионите (КОР) како советодавно тело составено од претставници на


европските регионални и локални власти. Тој треба да биде консултиран пред да се донесат
одлуките на ЕУ за прашања како што се регионална политика, животна средина,
образование и сообраќај – сите тие ги засегаат локалните и регионалните управи. Тој ги
застапува нивните интереси во односите со Советот и Европската комисија, на кои им ги
доставува своите мислења.
Каква е улогата на Економско - социјалниот совет во процесот на донесување на
законодавство и одлуки во ЕУ?
302
- Советодавна
303 Кои се условите за одговорност на земја - членка на ЕУ за надомест на штета на физички и
правни лица предизвикана со повреда на правото на ЕУ?

*** исто 98

• Подносителот мора да биде физичко или правно лице кое за виновник ја смета EУ
(институција на ЕУ) Унијата ја презема одговорноста за своите институции.
• Дејството со кое е прекршено правото на Унијата е извршено од институција на ЕУ
или од страна на нејзин службеник.
• Дејството било незаконско.
• Тужителот претрпел штети.
• Штетата била предизвикана од дејството (причинско последична врска)

1. Постапка против држава-членка


Иако во Договорите не се споменува експлицитно тужбата против држава-членка, на
подносителите треба да им се дозволи да се обратат до националните судови во
случај кога некоја држава-членка го повредува правото на Унијата. Ова може да се
заклучи од член 4 (3), ЛДЕУ, со кој се предвидува дека државите-членки „треба да преземат
соодветни мерки, општи или посебни, за да се обезбеди исполнување на обврските што
произлегуваат од Договорите или од актите на институциите на Унијата“. Подносителот
треба да се обрати до националните судови што одлучуваат по тужби за надомест на штета.
Меѓутоа, националните судови потоа треба да ги спроведат горенаведените начела во
рамките на своите процедурални правила, за да обезбедат законитост на Унијата.
Тужба за надомест на штета
Барањата за надомест на штета предизвикана со дејства било да е на институциите на
Унијата или на државите-членки што се во колизија со правото на Унијата, можат да се
достават до ЕСП согласно со член 268 и член 340 (2), (3), ДФЕУ
И сега до ЕСП или до нац.судови можат да поднесат тужба??
Каков е составот на Европскиот совет?

- се состои од шефовите на државите и владите на земјите-членки, Претседателот


304
на Европскиот совет и претседателот на Комисијата. Високиот претставник на
Унијата за надворешни работи и безбедносна политика учествува во неговата
работа.
Каков е составот на Европскиот совет?
305
- Исто 304
Како се избира Европската комисија?

- Членовите на Комисијата се избираат од редот на граѓаните на земјите членки


врз основа на систем на строго рамноправна ротација меѓу земјите-членки, кој
го одразува демографскиот и географскиот опсег на сите земји-членки.
306
Од 1 ноември 2014 година, Комисијата се состои од број на членови, вклучително и
претседателот и Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна
политика, што соодветствува на 2/3 од бројот на земјите-членки, освен ако Европскиот совет,
со едногласност, одлучи да го промени овој број.
Како се избира Европската комисија?
307
- Исто 306.
308 Која е улогата на Судот на правдата на ЕУ во давањето на насоки на домашните судови на
земјите - членки при толкувањето на правото на ЕУ?

- Преку прелиминарни одлуки го толкува правото на ЕУ

Најважното средство за гарантирање на единствената примена на правото на Унијата е


механизмот на прелиминарна одлука од страна на ЕСП. Лисабонскиот договор ги
интегрираше прелиминарните постапки во поранешниот трет столб во општи прописи,
согласно со член 267, ДФЕУ . Како општо правило, националните судови на сите држави-
членки се одговорни за примената на правото на Унијата во случаи поврзани со
спроведувањето на законите. Меѓутоа, кога некое прашање што се однесува на толкувањето
на законите ќе се иницира пред национален суд или трибунал, тој национален суд или
трибунал може да побара донесување на прелиминарна одлука од страна на ЕСП „ако смета
дека одлуката по тоа прашање е неопходна за донесување на пресудата“. Националниот суд,
ако е суд во највисока инстанца што одлучува по прашањето, може и мора прашањето да го
постави пред ЕСП и да побара од него да се изјасни во врска со толкувањето на правото на
Унијата, со цел да утврди, на пример, дали нивното национално законодавство е
усогласено со правото на Унијата. Предметот на донесување на прелиминарна одлука,
исто така, може да биде насочен кон разгледување на важноста на некој акт на Унијата.
Одговарајќи некој предмет врз основа на поднесено барање согласно со 267, ДФЕУ, ЕСП не
дејствува како апелациски суд, туку едноставно одлучува за толкувањето на правото
на Унијата. Во својата одлука, ЕСП одговара на прашања на националниот суд, што го
поставил прашањето пред ЕСП, и случајот повторно го враќа во националниот суд, што
треба да донесе одлука согласно со толкувањето на правото на Унијата, образложено од
страна на ЕСП.
Што подразбира начелото на супсидијарност во ЕУ?

Во областите во кои ЕУ нема исклучива надлежност (член 2, ДФЕУ), начелото на


супсидијарност, од една страна, е насочено кон заштита на капацитетот за донесување
одлуки и активности на државите-членки, а од друга страна, ја овластува ЕУ за
интервенирање, кога целите на една активност не можат да бидат постигнати во
доволна мера од страна на државите-членки „поради обемот и ефектот на планираната
активност“.

Според членот 5 (3), ЛДЕУ, постојат три предуслови за интервенирање од страна на


институциите на ЕУ, што се во согласност со начелото на супсидијарност:
• Тоа не мора да биде област што е во исклучива надлежност на Европската унија;
• Целите на планираната активност не можат доволно да се постигнат од страна на
државите-членки;
• Од таа причина, активноста, поради нејзиниот опсег и нејзините ефекти, може
поуспешно да се спроведе од страна на ЕУ.

309 Целта на воведувањето на ова начело – првобитно во Договорот од Мастрихт, а сега во


ДФЕУ – беше, исто така, да се осигури дека овластувањата се извршуваат што е можно
поблиску до граѓаните. Меѓутоа, отсекогаш имало поплаки поради фактот дека начелото на
супсидијарност било применето само за проширување на надлежностите на Унијата, а не за
нивно ограничување. Според тоа, Лисабонскиот договор во членот 263 (2), ДФЕУ (нов),
воведува можна акција на државите-членки „иницирана од држава-членка, Европскиот
парламент, Советот или Комисијата, врз основа на недостиг од надлежност…“ Начелото на
супсидијарност има два дела што, исто така, можат да доведат до спротивен ефект. Покрај
тоа, начелото подлежи на судско тестирање. Како и да е, во случаите на неговата примена,
институциите на ЕУ имаат широко дискрециско право, што ЕСП е обврзан да го почитува.
Општата цел на начелото на супсидијарност е гарантирање на извесен степен на
независност за пониските органи во однос на повисоките или независност на
локалните власти во однос на државните. Примената на начелото на супсидијарност
служи како мерка за мерење на одговорноста, ограничувајќи го извршувањето на
овластувањата од страна на ЕУ во областите каде што со Договорите се обезбедува
поделена надлежност на ЕУ со државите-членки. Во областите во кои со Договорите не ѝ се
доделува надлежност на ЕУ, со начелото не се обезбедуваат дополнителни надлежности
(недоделување овластувања).

НОВИ ПРАШАЊА

Кога Советот на ЕУ постапува по предлог кој не доаѓа од страна на Комисијата или


Високиот претставник на ЕУ, одлуките се донесуваат со:

- Во случаи кога предлогот не доаѓа од Комисијата или високиот претставник, се


299.
применува таканареченото правило за засилено квалификувано
мнозинство, според кое потребниот процент на членови на Советот кои треба
да гласаат е 72% (опфаќа најмалку 20 земји-членки од 27), што повторно
претставува најмалку 65% од населението на Унијата.
Буџетот на ЕУ го донесува Европскиот парламент во содејство со:
300.
- Советот на ЕУ
Колку години трае мандатот на Претседателот на Европскиот парламент?
301.
- ИСТО 195: 2,5 години, со можност да биде избран уште еднаш
302. Колку години трае мандатот на Високиот претставник на Унијата за надворешни
работи и безбедносна политика?

- 5 години
Колку постојани комитети и поткомитети брои Европскиот парламент?
303.
- 20 комитети и 2 поткомитети
“Гимних формула” се однесува на:

- Гимних средба е неформален состанок на министрите за надворешни


304. работи на земјите-членки на ЕУ, организиран според ротирачкото
претседателство на Советот на ЕУ од 1974 година (на секои 6 месеци).
Министрите не се придружени од нивни помошници, што го олеснува условот
за неформална и искрена размена на ставови.
Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика е
член на Европскиот совет:

305. - кога се разгледуваат прашања за надворешни работи.

Членките на Европскиот совет се шефови на држави или влади на 27-те земји-членки на ЕУ,
претседател на Европскиот совет и претседател на Европската комисија.

Кој го имплементира Буџетот на ЕУ?

306. - Европската Комисијата е одговорна за спроведување на буџетот во


соработка со земјите-членки, предмет на политичка контрола од страна на
Европскиот парламент.
Како се избира Претседателот на Европската комисија (ЕК)?

- ИСТО 55:
307.
- Го избира Европскиот парламент со мнозинство од членовите, по предлог на
Советот на ЕУ (со квалификувано мнозинство),

Колку Генерални директорати брои Европската комисија?


308.
- 33 Генерални директорати
Кои се официјални јазици на Европската комисија?

- ЕУ има 24 официјални јазици, од кои три (англиски, француски и германски)


имаат повисок статус на „процедурални“ јазици на Европската комисија (додека
309.
Европскиот парламент ги прифаќа сите официјални јазици како работни јазици
Булгарски,хрватски, чешки,дански холандски, англиски,естонски,фински, француски,
германски, грчки, унгарски, ирски, италијански, латвиски, литвански, малтешки, полски,
португалски, романски, словачки, словенски, шпански, шведски
Советот на ЕУ се состанува во “тематски конфигурации”, но кога заседава Советот за
надворешни работи, тогаш со него претседава:
310.
- Високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност
311. По својата суштина, Буџетот на ЕУ примарно претставува:

- Буџетот на ЕУ е првенствено буџет фокусиран на инвестиции, со акцент на


распределување на ресурси кон специфични цели ширум ЕУ, наместо
дуплирање на алокациите на националниот буџет

За разлика од националните буџети, кои главно се користат за обезбедување јавни


услуги и финансирање на системи за социјално осигурување, буџетот на ЕУ
првенствено се користи за инвестиции.
Како се донесува годишниот буџет на ЕУ?

- Буџетот на ЕУ се предлага годишно од Европската комисија. Предложениот


годишен буџет потоа се разгледува и преговара од Советот на ЕУ (кој ги
претставува владите на земјите-членки) и Европскиот парламент (кој ги
претставува граѓаните на ЕУ). За да се донесе буџетот, потребен е консензус
на мнозинството земји-членки и конечно одобрување од Европскиот парламент.
Годишниот буџет мора да остане во рамките утврдени однапред со повеќегодишната
312. финансиска рамка, утврдени за период од пет до седум години. Повеќегодишната
финансиска рамка е долгорочен план за трошење, дозволувајќи и на ЕУ да планира и
да инвестира во долгорочни проекти. Тој е предложен од Европската комисија и
усвоен од советот (со кој се бара едногласно одобрување од секоја земја-членка) со
согласност на Европскиот парламент. Буџетот за една година се утврдува однапред,
но конечните пресметки на плаќањата што се бараат од секоја земја-членка не се
завршени сè додека не заврши буџетската година, а информациите за крајните
приходи и расходи се достапни и се применуваат механизми за корекција.

Кои единици за координација на политиките припаѓаат на Директоратот за граници,


интероперабилност и иновации (Директорат B)?

Оваа Дирекција е составена од четири единици за политика


313.
(1) граници и Шенген,
(2) Шенгенска проценка,
(3) Информациони системи за граници, миграција и безбедност и
(4) Иновации и индустрија за безбедност.
Доколку Советот на ЕУ и Европскиот парламент не постигнат договор за донесување
на Буџетот на ЕУ, тогаш:

- Се свикува Комитет за помирување ако Советот не ги одобри сите


амандмани на Парламетот на второто читање.
-
Според постапката за содлучување помеѓу Советот и Парламентот може да се формира
Комитет за помирување (составен од еднаков број членови на парламентот и претставници на
Советот). Може да се свика за да се решат сите несогласувања помеѓу двете институции по
второто читање на законскиот предлог.
Комисијата е ко-претседавана од Претседателот на Парламентот и Претседателот на Советот,
составена од членови на Советот или нивни претставници и еднаков број претставници на
314. Парламентот. Неговата мисија е да постигне договор за текст прифатлив за обете страни.
Комисијата, исто така, учествува во Комитетот за помирување за да им помогне на Европскиот
парламент и Советот да ги решат нивните разлики.

Советот и Парламентот треба да го усвојат предлогот во рок од 6 недели по


свикувањето на Комитетот:
-со апсолутно мнозинство гласови дадени во Парламентот;
-со квалификувано мнозинство во Советот.
Доколку една од двете институции го одбие предлогот, се смета дека не е усвоен.

Ако Комитетот е свикан за буџетски прашања, тој мора да обезбеди одлука во рок од
21 ден по неговиот состанок. Затоа, Парламентот и Советот мора да го одобрат
заедничкиот буџетски план во рок од 14 дена.
315. Кој систем се користи при алокацијата на пратеничките места во Европскиот
парламент во согласност со Лисабонскиот договор?

- Систем на дегресивна пропорционалност

Договорот го менува начинот на кој се распределуваат местата на европратениците


меѓу земјите-членки. Наместо да се утврди прецизен број (како што беше случај во
секој претходен договор), Договорот од Лисабон му дава моќ на Советот на ЕУ,
постапувајќи едногласно по иницијатива на Парламентот и со негова согласност, да
донесе одлука за одредување на бројот на европратеници за секоја земја-членка.
Покрај тоа, договорот предвидува бројот на европратеници да биде дегресивно
пропорционален на бројот на граѓани на секоја земја-членка.
Бројот на европратеници ќе биде ограничен на 750, покрај претседателот на
парламентот. Дополнително, Договорот од Лисабон ќе го намали макс. број
европратеници од земја-членка од 99 на 96 и го зголемува мин. број од 5 на 6.
Кои директорати ги опфаќа Генералниот директорат за правда и потрошувачи?

Дирекорат А: Граѓанска правда


316. Дирекорат Б: Кривична правда
Дирекорат Ц: Основни права и државјанство на Унијата
Дирекорат Д: Еднаквост
Дирекорат Е: Потрошувачи
Со кои агенции тела на ЕУ Генералниот директорат за правда и потрошувачи е
надлежен да одржува односи?

317.
Генералниот директорат за правда и потрошувачи е надлежен да одржува односи со
следните агенции на ЕУ: Агенцијата на ЕУ за основните права (ФРА),
Европскиот институт за родова еднаквост (EIGE) и
Единицата за судска соработка на ЕУ (ЕУРОЈУСТ).
Кои единици за координација на политиките припаѓаат на Директоратот за стратегија и
општи прашања (Директорат А)?

318. (1) Координација на политиките и меѓуинституционалните односи,


(2) Координација за комуникација, агенции и мрежи,
(3) меѓународна стратегија и
(4) Правни работи.
Кој од наведените директорати припаѓа на Генералниот директорат за миграции и
внатрешни работи?

Директорат А: Стратегија и општи работи


319. Директорат Б: Граници, интероперабилност и иновации
Директорат Ц: Миграција, заштита и визи
Директорат Д: Спроведување на законот и безбедност
Директорат Е: Фондови за миграција и безбедност; Финансиски ресурси
Директорат Ф: Финансиска ревизија, управување со податоци и проценка на ризик
Кои единици за координација на политиките припаѓаат на Директоратот за
спроведување на правото и безбедност (Директорат D)?

(1) Полициска соработка и размена на информации,


320.
(2) Контратероризам,
(3) Спречување на радикализација,
(4) Сајбер криминал и
(5) Политика на организиран криминал и дрога.
321. Кои единици за координација на политиките припаѓаат на Директоратот за миграции,
заштита и визи (Директорат C)?

(1) Политика за нередовна миграција и враќање,


(2) Правни патишта и интеграција,
(3) азил,
(4) Поддршка за управување со миграција и
(5) Политика за визи.
Кој концепт директно произлегува од Европската перспектива за просторен развој
(ESDP)?

- Концепт на територијална кохезија ??

Со усвојување на ЕППР, земјите-членки и Комисијата постигнаа договор за


заедничките цели и концепти за идниот развој на територијата на ЕУ
Европската перспектива на просторен развој се заснова на целта на ЕУ да постигне
избалансиран и одржлив развој, особено преку зајакнување на економската и
социјалната кохезија
Балансиран и одржлив развој на територијата на ЕУ
322.
Долгорочните трендови на просторен развој во ЕУ се пред се под влијание на три
фактори:
- прогресивната економска интеграција и поврзаната зголемена соработка меѓу
земјите-членки,
- зголемена важност на локалните и регионалните заедници и нивната улога во
просторен развој, и
- очекувано проширување на ЕУ и развој на поблиски односи со нејзините
соседи.
Овие три развојни фактори мора да се видат наспроти позадината на глобалниот
економски и технолошки развој, како и општите демографски, социјални и еколошки
трендови. Доколку се користат правилно, тие ќе обезбедат рамка за зголемена
кохезија на европската територија
Во што се состои суштината на територијалната кохезија како концепт?

323. - Територијалната кохезија има за цел порамномерен и одржлив развој.


- Договорот од Лисабон, од 2007 година и во моментов е во процес на
ратификација, воведува трета димензија: Територијална кохезија.
Кои структурни фондови на ЕУ претставуваат главни ресурси за политиката на
територијалната кохезија?
324.
- Европскиот фонд за регионален развој (ЕФРР)
- Европскиот социјален фонд (ЕСФ)
Во согласност со новата методологија за водење на преговорите за членство во ЕУ,
веќе затворените поглавја:

325. - Можат да бидат однново отворени или ресетирани од почеток ако е


потребно преоценат

Already closed chapters could be re-opened or reset if issues need to be reassessed.


Во согласност со новата методологија за водење на преговорите за членство во ЕУ,
како се организирани поглавјата за преговори?
326.
- Во класери:
Fundamentals, Internal Market, Competitiveness and inclusive growth, Green agenda and
sustainable connectivity, Resources, agriculture and cohesion, External relations
Во согласност со новата методологија за водење на преговорите за членство во ЕУ,
кластерите опфаќаат широки теми, и тоа:
327.
- добро управување, внатрешен пазар, економска конкурентност и
поврзаност (good governance, internal market, economic competitiveness and
connectivity)
328. Во согласност со новата методологија за водење на преговорите за членство во ЕУ, со
кој кластер преговорите секогаш започнуваат и секогаш ќе завршуваат?

- кластерот “Основи”
Negotiations on the fundamentals will be opened first and closed last and progress on these
will determine the overall pace of negotiations.
Во согласност со новата методологија за водење на преговорите за членство во ЕУ,
кое поглавје припаѓа во кластерот “Основи”?

23 - Судството и основните права


24 - правда, слобода и безбедност
Економски критериуми
Функционирање на демократските институции
329. Реформа на јавната администрација
5 - јавни набавки
18 - Статистика
32 - Финансиска контрола

23 - Judiciary and fundamental rights 24 - Justice, Freedom and Security Economic criteria
Functioning of democratic institutions Public administration reform 5 - Public procurement 18
- Statistics 32 - Financial control
Во согласност со новата методологија за водење на преговорите за членство во ЕУ,
кое поглавје припаѓа во кластерот “Внатрешен пазар”?

1 - слободно движење на стоки


2 - Слобода на движење на работниците
3 - Право на основање и слобода на
даваат услуги
4 - слободно движење на капитал
6 - Закон за трговски друштва
330.
7 - Закон за интелектуална сопственост
8 - Политика на конкуренција
9 - Финансиски услуги
28 - Заштита на потрошувачите и здравствената заштита

1 - Free movement of goods 2 - Freedom of movement for workers 3 - Right of


establishment and freedom to provide services 4 - Free movement of capital 6 - Company
law 7 - Intellectual property law 8 - Competition policy 9 - Financial services 28 - Consumer
and health protection
Во согласност со новата методологија за водење на преговорите за членство во ЕУ,
кое поглавје припаѓа во кластерот “Конкуренција и инклузивен раст”?

10 - Информатичко општество и медиуми


16 - Оданочување
17 - Економска и монетарна политика
19 - Социјална политика и вработување
331. 20 - Претпријатие и индустриска политика
25 - Наука и истражување
26 - Образование и култура
29 - Царинска унија

10 - Information society and media 16 - Taxation 17 - Economic and monetary policy 19 -


Social policy and employment 20 - Enterprise and industrial policy 25 - Science and
research 26 - Education and culture 29 - Customs union
Како се нарекуваше Општиот суд пред стапувањето на сила на Лисабоснкиот договор?
332.
- Првостепен суд (Судот од прва инстанца)
Во која година е формиран Судот од прва инстанца како конституент на Европскиот
суд на правдата?
333.
- во 1989 година
Во која од наведените области ЕУ поседува специјални компетенции?
(а) царинска унија;
(б) воспоставување на правила за конкуренција неопходни за функционирањето
на внатрешниот пазар;
(в) монетарна политика за земјите-членки чија парична единица е еврото;
(г) зачувување на морските биолошки ресурси во рамките на заедничката
политика за рибарство;
(д) заедничка трговска политика.

334.
***Лисабонскиот договор внесува јасна дефиниција на односите Европската Унија –
земји членки со што воведува три категории на области20:
1. Исклучиви области – Унија, заедничка трговска политика, пазарна конкуренција –
само Европската Унија може да носи прописи;
2. Помошни и дополнителни овластувања – култура, образование, индустрија –
Европската Унија помага со финансиски средства и координира;
3. Поделени надлежности – екологија, транспорт, заштита на потрошувачи –
Европската Унија и државите ја делат законодавната власт преку почитување на
начелото на супсидијарност.
Кој од наведените принципи го опфаќа прашањето за определување на кој суд може
335. да одлучува за границите на законодавната надлежност на ЕУ?

Кои 3 (три) принципи детерминираат како и во кои области ЕУ може да дејствува?

- Принцип на супсидиерност
336.
- Принцип на супрематија
- Начелото на пропорционалност

Во која од наведените области ЕУ може сама да донесува правни акти?


- ИСТО 8
(а) царинска унија;
(б) воспоставување на правила за конкуренција неопходни за функционирањето
на внатрешниот пазар;
(в) монетарна политика за земјите-членки чија парична единица е еврото;
337. (г) зачувување на морските биолошки ресурси во рамките на заедничката
политика за рибарство;
(д) заедничка трговска политика.
+ склучување на меѓународни спогодби, кога тоа е предвидено во законодавен акт
на Унијата или кога е неопходно да ѝ се овозможи на Унијата да ја остварува својата
внатрешна надлежност, или кога склучувањето на такви спогодби може да влијае на
заедничките правила или да го промени нивниот опсег.
Како се нарекува правната доктрина на Судот на правдата на ЕУ според која поединци
може да се повикаат на директниот ефект на одредбите од договорите, кои
доделуваат индивидуални права, со цел да поднесат тужби против други приватни
лица пред националните судови?
338.
- начелото директно ефект / непосредна примена на правото на ЕУ
(договорите) во националните ситеми на земјите членки.

339. Што подразбира доктрината на индиректен ефект?


- И покрај отсуството на нивно соодветно спроведување на директивите во
внатрешниот правен поредок на државите – членки, Националниот суд треба
да го толкува и да го примени законодавството коешто е донесено за
спроведување на дадена директива во согласност со барањата на
правото на ЕУ, доколку има дискреција да го стори тоа во согласност со
националното право.

- Националните судови да го толкуваат правото на начин да се оствари


релултатот предвиден со директивата на ЕУ – Обврска да се толкува
националното право во склад со правото на ЕУ

Преку кое тело Европската канцеларија за спречување на измами (OLAF) работи со


државите-членки во интерес на политиката и праксата за превенција на измами?

340. - Служба за координација против измама (AFCOS)


EU Member States are required to designate an AFCOS in accordance with Article 3(4)
of Regulation 883/2013 to facilitate effective cooperation and exchange of information,
including information of an operational nature, with OLAF.
Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител е замислена да биде:

- ЕЈО треба да биде неделив орган на ЕУ што работи како единствена


канцеларија. На централното ниво се состои од европски главен обвинител, кој
е шеф на КЕЈО како целина и шеф на Колеџот на европски обвинители,
постојани совети и европски обвинители. Децентрализираното ниво се состои
од европски делегирани обвинители лоцирани во земјите-членки.
the EPPO should be an indivisible Union body operating as a single office. The central level
consists of a European Chief Prosecutor, who is the head of the EPPO as a whole and the
head of the College of European Prosecutors, Permanent Chambers and European
Prosecutors. The decentralised level consists of European Delegated Prosecutors located in
341.
the Member States.

- ЕЈО ќе биде независно и децентрализирано обвинителство на ЕУ, со


надлежност да истражува, гони и да ги осудува КД против буџетот на ЕУ, како
што се измама, корупција или сериозна прекугранична измама со ДДВ.

Согласно со Регулативата, се обезбедува систем на споделена надлежност помеѓу


КЕЈО и националните власти во борба против криминалот против финансиските
интереси на ЕУ, заснован на правото на евокација на ЕППО.
This Regulation provides for a system of shared competence between the EPPO and
national authorities in combating crimes affecting the financial interests of the Union, based
on the right of evocation of the EPPO.
342. Европскиот јавен обвинител поседува надлежности за:

- Надлежноста на ЕЈО е ограничена на КД што влијаат на финансиски интереси


на ЕУ во согласност со оваа регулатива.
- Задачите на ЕЈО треба да бидат: истражува, гони и осудува пресуди за
сторителите на КД против финансиските интереси на Унијата според
Директивата (ЕУ) 2017/1371 и прекршоците што се неразделно поврзана со нив.
Секое проширување на оваа надлежност да вклучува тешки КД што имаат
прекугранично димензијата бара едногласна одлука на Европскиот совет

Тhe material scope of competence of the EPPO is limited to criminal offences affecting the
financial interests of the Union in accordance with this Regulation. The tasks of the EPPO
should thus be to investigate, prosecute and bring to judgment the perpetrators of offences
against the Union’s financial interests under Directive (EU) 2017/1371
- КД за кои може да постапува ЕЈО согласно Директива (ЕУ) 2017/1371):
• измама во врска со расходите и приходите
• измама во врска со ДДВ поврзано со територија на две или повеќе држави членки (во
вредност од над 10 милиони евра)
• перење пари на средства добиени од измама на буџетот на ЕУ
• активна и пасивна корупција или малверзации што влијаат на финансиските
интереси на ЕУ и
• учество во криминална организација доколку е во фокусот на своите акт
Кога стапи на сила Регулативата за воспоставување на Европскиот јавен обвинител во
рамки на засилената соработка?
343.
- стапи на сила на 20 ноември 2017 година
Колку држави-членки на ЕУ партиципираат во засилената соработка за
воспоставување на Европскиот јавен обвинител?
344.
22 држави членки
За извршување на своите надлежности, Европскиот јавен обвинител ќе работи со:

- националните власти, вклучително и полициските органи, особено за


извршување на присилни мерки.
- Под принципот на искрена соработка, сите национални власти и соодветните
институции и тела на Унијата, вклучително и Европравда, Европол и ОЛАФ,
треба активно да ги поддржат истрагите и гонењата за KEJO, како и да
соработуваат со него, од моментот кога е пријавено во КЕЈО, се до моментот
кога ќе утврди дали да се гони или да се распредели на друг случај.
The EPPO should rely on national authorities, including police authorities, in particular for
345. the execution of coercive measures. Under the principle of sincere cooperation, all national
authorities and the relevant bodies of the Union, including Eurojust, Europol and OLAF,
should actively support the investigations and prosecutions of the EPPO, as well as
cooperate with it, from the moment a suspected offence is reported to the EPPO until the
moment it determines whether to prosecute or otherwise dispose of the case.

- Во согласност со член 86 ДФЕУ, ЕЈО треба да биде основано од Европравда.


Ова подразбира блиска врска меѓу нив заснована на меѓусебна соработка.
In accordance with Article 86 TFEU, the EPPO should be established from Eurojust. This
implies that this Regulation should establish a close relationship between them based on
mutual cooperation.
Што значи КОРЕПЕР?

- Комитет на постојни претставници во Советот на ЕУ

КОРЕПЕР е Комитет на постојани претставници во EU, составен од шефови или заменик-


шефови на мисијата од земјите-членки на ЕУ во Брисел.
Неговата улога е да ја подготви агендата за состаноците на министерскиот совет на на ЕУ;
346. може да донесе и некои процесни одлуки. Тој ја надгледува и координира работата на околу
250 комитети и работни групи составени од државни службеници од земјите-членки кои
работат на прашања на техничко ниво, за кои подоцна ќе дискутираат КОРЕПЕР и Советот. Со
него претседава Претседателството на Советот на ЕУ.

КОРЕПЕР I се состои од заменици шефови на мисии и се занимава главно со социјални и


економски прашања;
КОРЕПЕР II се состои од шефови на мисии (вонреден и ополномоштен амбасадор) и главно се
занимава со политички, финансиски и надворешно-политички прашања.

347. Кој го сочинува КОРЕПЕР I?

- Заменици на постојните претставници во Советот на ЕУ на секоја земја


Постапката пред Општиот суд вклучува:

- Писмена и усна фаза

Судот на правдата на ЕУ се состои од два суда:


1. Европски суд на правда
2. Општ (генерален суд)
Секој предмет му се доделува на 1 судија („судија-известувач“) и 1 генерален адвокат.
Случаите се обработуваат во 2 фази:

I Писмена фаза
Страните во постапката даваат писмени изјави до Судот - забелешки може да
поднесат и националните власти, институциите на ЕУ и понекогаш приватни лица.
Сето ова е сумирано од судијата-известител и потоа се дискутира на генералното
собрание на Судот, на кое се одлучува:
Колку судии ќе се занимаваат со случајот: 3, 5 или 15 судии (целиот Суд), во зависност
од важноста и сложеноста на случајот. Повеќето случаи ги решаваат 5 судии и многу
ретко се случува целиот суд да го расправа случајот.
Дали треба да се одржи сослушување (усна фаза) и дали е потребно официјално
мислење од генералниот застапник.

II Усна фаза - јавна расправа


Адвокатите од обете страни можат да го изнесат својот случај пред судиите и
348.
генералниот адвокат, кои можат да ги испрашуваат.
Доколку Судот одлучи дека Мислење на генералниот адвокат е потребно, ова се дава
неколку недели по сослушувањето.
Судиите потоа разгледуваат и одлучуваат.
Постапката на Општиот суд е слична, освен што повеќето случаи ги разгледуваат 3
судии и нема генерални адвокати.

Два вида постапки 1. по директни тужби, и 2. други постапки.


Во првата група спаѓаат тужбите поради повреда на Договорите, поништување и
непостапување, тужбата за надоместок на штета против ЕУ, како и тужба според
правото за јавната служба;
во другите постапки се вбројуваат, пред сè, постапката за прелиминарна одлука и
постапката за вештачење.

Првостепениот суд е почетна инстанција за директни тужби на физички или правни


лица против мерки на органите на Заедницата, како и, во одредени случаи, за тужби
на земјите-членки против Комисијата и Советот. Против неговите одлуки може да се
поднесе правен лек до ЕСП ограничен на правните прашања. Спротивно на тоа,
директните тужби на органите на Заедницата, другите тужби на земјите-членки,
изготвувањето експертизи, како и тужбите поради повреда на Договорите, се во
исклучителна надлежност на ЕСП. За постапката за прелиминарна одлука монополот
во одлучувањето на ЕСП со Договорот од Ница е ограничен со тоа што сега
надлежноста во точно утврдени области може да се пренесе на Првостепениот суд.
Рамковните одлуки претставуваа легислативни акти на ЕУ кои се имплементираа
исклучиво во рамки на:
349.
- областа на правдата и внатрешните работи. (наменети за усогласување на
законите и прописите на земјите членки во оваа област).
350. Со кој Договор за прв пат беа воведени рамковните одлуки?

- Договорот од Амстердам.

На 1 декември 2009 година, кога Лисабонскиот договор стапи на сила, третиот столб
на ЕУ и рамковните одлуки како нејзин основен правен инструмент беа укинати;
Поради неизвршување на рамковните одлуки или нивно неправилно имплементирање
од страна на државите-членки, Европската комисија:

- не може да покрене постапка за извршување против земјите-членки за


351.
неспроведување на рамковна одлука или за неправилно спроведување, иако
Судот има надлежност да ги решава несогласувањата меѓу земјите-членки во
врска со толкувањето на рамковните одлуки и да ги сослушува постапките за
поништување во врска со нивната валидност.
За разлика од директивите, рамковните одлуки:

352. - немаат т.н. директно правно дејство во нац.законодавство на земјите


членки (директен ефект).

Со кој договор се укинуваат рамковните одлуки?


353.
- Договорот од Лисабон
Борбените групи на ЕУ се наоѓаат под директна контрола на:
354.
- Советот на ЕУ
Кој од наведените претставуваат основни принципи во процесот на преведување на
европските правни прописи?

Основни принципи се состојат во тоа да на граѓаните на ЕУ им се овоможи:

- да можат да добијат информации за тоа што прави ЕУ


355. - имаат пристап до законите на ЕУ на јазик што можат да го разберат
- можат да учествуваат во процесот на донесување закони на ЕУ

Европејците имаат право да знаат што се прави во нивно име. Тие исто така мора да
бидат во можност да играат активна улога без да мора да учат други јазици.
Користењето што е можно повеќе национални јазици ги прави ЕУ и нејзините
институции поотворени и ефективни.
Обврската за толкување на домашното право во духот на правото на ЕУ и кривичната
одговорност подразбира декa:

- Кога националните судови го применуваат домашното право, тие се


должни да го толкуваат, колку што е можно, во светло на формулацијата и
целта на соодветната директива со цел да се постигне резултатот што го
бара директивата.Оваа обврска за толкување на националното законодавство
во согласност со Правото на ЕУ е својствена на системот на ДФЕУ, бидејќи им
дозволува на националните судови, за работите од нивна надлежност, да
356.
обезбедат целосна ефективност на правото на ЕУ кога одлучуваат за
споровите пред нив.

Потребата од толкување на нац. законодавство во согласност со право на ЕУ бара од


„нац. судови да сторат сé што е во нивна надлежност, земајќи го предвид целата
основа на домашното право и применувајќи ги интерпретативните методи признати од
домашното право, со цел да се осигура дека предметната директива е целосно
ефективна и дека се постигнува резултатот кој е цел на самата директива.

357. Обврската на националниот суд да упатува на содржината на директивата при


толкување на релевантните национални прописи е ограничена тогаш кога:

- од судската пракса е јасно дека „обврската на националниот суд да се повикува


на содржината на директивата при толкувањето на релевантните нац. прописи
е ограничено кога таквото толкување доведува до наметнување на
поединец на обврска утврдена со директива што не е транспонирана или,
особено кога има ефект на утврдување или зајакнување на кривичната
одговорност на лицата кои постапуваат спротивно на одредбите на таа
директива “. (31) Сепак, таа судска пракса се однесува на ограничувањата на
обврската за доследно толкување во кривични предмети (32) и, не треба да се
сфати дека исклучува толкување на националното право во согласност со
директива што ќе резултира со наметнување на работодавач на обврска за
плаќање на надоместок за отпремнина како што е тоа прашање во главната
постапка.
- ограничување на обврската за доследно толкување не може да се примени
надвор од на кривичната постапка, што беше вистинската интенција на ЕСП
кога го зазема овој став
- Обврската за толкување на националното право во согласност со правото на
ЕУ е предмет на одредени ограничувања. Така, обврската на националниот суд
да се повикува на содржината и целта на директивата при толкување и
примена на релевантните правила на домашното право “е ограничена со
општите принципи на правото, особено [тоа] на правната сигурност… и таа
обврска не може служи како основа за толкување на нац. право contra legem'.
- Следствено, само таму каде што Судот ќе препознае дека националниот суд се
соочува со такво ограничување, ќе постапи, како што тоа го стори во својата
пресуда во Kücükdeveci (- 555/07, EU: C: 2010: 21), го толкува општиот принцип
на правото што има за цел да и даде конкретна примена (израз) на одредбата
на секундарното законодавство. Во случај на судир помеѓу општиот принцип на
правото и националното законодавство, ЕСП тогаш ќе му укаже на
националниот суд дека може да се повика на принципот во спор меѓу поединци
со цел да се исклучи примената на националната одредба што е спротивна на
правото на ЕУ.
- Обврска за националниот суд е при примена на одредбите на националното
законодавство, да ги толкуваат на таков начин што нивната примена во
конкретен случај би била во согласност со формулацијата и целта на
предметната директива. Постоењето на национална судска пракса што не е во
согласност со Директивата 2000/78 не претставува никаква пречка за
исполнување на обврска од страна на националниот суд за толкување на
националното право во согласност со правото на ЕУ. Покрај тоа, ниту
принципот на правна сигурност ниту принципот на заштита на легитимните
очекувања не се спротивставуваат на исполнувањето на таа обврска.
Организацијата и промоцијата на ефективна и регуларна меѓупарламентарна
соработка во рамки на ЕУ, се утврдува:
358.
- Договорот од Лисабон
Кој може да застапува пред Судот на правдата на ЕУ?

- Застапник што се назначува за секој посебен предмет; на застапникот може


да му помага советник или адвокат.
359.
Земјите што не се земји-членки, кои се страни во Спогодбата за Европската економска
област, како и Надзорниот орган на ЕФТА наведен во таа спогодба, се застапуваат на
истиот начин.
- Останатите страни мора да се застапуваат од страна на адвокат.
360. Што опфаќа устната фаза во постапката пред Судот на правдата на ЕУ?

- јавното сослушување – кога адвокатите го изнесуваат својот случај пред


судиите и генералните правобранители, кои пак можат да поставуваат
прашања за нив
Втората фаза претставува јавната расправа. Зависно од тоа колку е комплексен
предметот, може да се направи пред панел од 3, 5 или 13 судии или пред целиот суд.
На расправата, адвокатите на двете страни го изнесуваат својот предмет пред
судиите и обвинителот, кои може да ги испрашуваат. Потоа, обвинителот го дава
своето мислење. Потоа, судиите дискутираат за предметот и ја изнесуваат својата
пресуда. Од правобранителите се бара да го дадат своето мислење за предметот
само доколку судот верува дека за тој конкретен предмет се отвораат нови законски
поенти. Судот не мора да го следи нивното мислење. Пресудите на судот се
мнозински одлуки и се читаат на јавната расправа.
Што претставува имунитетот на пратениците во Европскиот парламент?

- пратениците на Европскиот парламент не можат да бидат предмет на


каква било форма на истрага, притвор или правна постапка поради
изразени мислења или гласови дадени во својство на европратеник.
Постојат две категории на имунитет:
- неоговорност за даден глас и изразено мислење при извршување на
361. нивните должности (апсолутен имунитет), и
- заштита од гонење и ограничување на личната слобода за време на
седниците на Е. парламент (неповредливост или релативен имунитет).

Парламентарниот имунитет не е лична привилегија на членот, туку гарантира дека


европратеник може слободно да јаврши функцијата во својот мандат и не може да биде
изложен на произволен политички прогон. Како такво, тоа ја гарантира независноста и
интегритетот на Парламентот како целина.

Поради потребата за воспоставување на систем за надгледување на


административните и финансиските работи што директно ги засегаат
европратениците, како и другите должности што нив им се доделени со Деловникот на
362. Европскиот парламент или Бирото на Европскиот парламент, Европскиот парламент
избира:

- квестори
Колкав е бројот на квестори што ги избира Европскиот парламент?
363.
- 5 квестори се избираат меѓу европратениците со мандат од 2,5 години, т.е.
половина парламентарен мандат.
Колкав временски период трае мандатот на квесторите?
364.
- со мандат од 2,5 години
Во каков капацитет учествуваат квесторите во работата на Бирото на Европскиот
парламент?
365.
- Советодавен/консултативен капацитет
Кој го сочинува Бирото на Европскиот парламент (ЕП)?
366.
- претседателот на E. парламент, 14 потпретседатели и 5 квестори
Бирото на Европскиот парламент номинира 2 потпретседатели овластени за:
367.
- односи со националните парламенти
Бирото на Европскиот парламент номинира 1 потпретседател овластен за:
368.
- структурирана консултација со европското граѓанско општество за главни
(клучни) теми.
369. Конференцијата на Претседателите (во рамки на Европскиот парламент) е составена
од:

- Претседателот на E. парламент и претседателите на политичките групи.


Еден претставник на неврзаните членови, исто така, има место во Конференцијата на
претседателите, но нема право на глас.
Конференцијата на Претседателите (во рамки на Европскиот парламент) донесува
одлуки поврзани со:

- прашања што се однесуваат на односите на Парламентот со другите


370. институции и тела на ЕУ и со националните парламенти на земјите-членки.

Конференцијата на претседателите ги донесува своите одлуки со консензус или со


пондерирано гласање засновано врз бројот на членови во секоја политичка група. Должностите
на Конференцијата на претседателите се утврдени во Деловникот за работа. Ја организира
работата на Европскиот парламент и неговите тела.

Политичките групи во Европскиот парламент се организираат врз основа на:

- политичка определба а не според националното потекло.


371. - единствена европска политичка партија (на пример, Европската народна
партија, Партијата на европските социјалисти) или може да вклучуваат
повеќе од една европска партија, како и национални партии и независни
(на пример, Либералната група).
Што значи акронимот COSAC?
372.
- Конференција на парламентарни комитети за европски прашања на
земјите членки
Кој поседува право на пристап до документите на Европскиот парламент, во
согласност со член 15 од Договорот за функционирање на ЕУ?

Член 15:

- Секој граѓанин на Унијата и секое физичко или правно лице што живее или
има регистрирано седиште во земја-членка, имаат право на пристап до
документите на институциите, телата, канцелариите и агенциите на
373. Унијата, без оглед на нивниот медиум, предмет на принципите и условите
што треба да се дефинираат во согласност со овој став.

Општите принципи и ограничувања врз основа на јавен или приватен интерес што го
регулираат ова право на пристап до документите ги утврдуваат Европскиот парламент и
Советот, преку прописи, постапувајќи во согласност со вообичаената законодавна постапка.
Секоја институција, тело, канцеларија или агенција осигурува дека нејзините постапки се
транспарентни и во својот Деловник разработуваат специфични одредби за пристап до
нејзините документи, во согласност со прописите наведени во вториот потстав .

Што се имплементираше со Директивата 2006/54/EC?


374.
- принципот на еднакви можности и еднаков третман на мажите и жените во
областа на вработувањето и професијата
Кои директиви ги консолидира Директивата за еднаков третман 2006/54/EC?
375.
- Таа ги заменува Директивата за еднаков третман (76/207 / ЕЕЗ) и
Директивата за еднаква плата (75/117 / ЕЕЗ).
376. Што констатирал Генералниот адвокат Мадуро во случајот Coleman v Attridge Law
(2008) C-303/06?

- дека законот за дискриминација постои за борба против сите форми на


дискриминација, вклучително и оние поврзани со заштитени групи на луѓе.
- „Еден начин на повреда на достоинството и автономијата на луѓето кои
припаѓаат на одредена заштитена група (пр.дете инвалид) не е насочена
директно кон нив, туку кон трети лица кои се тесно поврзани со нив, а кои
самите не припаѓаат на групата (мајката на дете инвалид).”
Директивата за граѓански права 2004/38/EC, уште е позната и како:

- Директива за слободно движење го дефинира правото на слободно движење


377.
на граѓаните од Европската економска област (ЕЕА), кое ги вклучува земјите-
членки на ЕУ и трите членки на Европската асоцијација за слободна трговија
(ЕФТА) Исланд, Норвешка и Лихтенштајн.
Што опфаќа Директивата 2009/28/EC?

- унапредување на употребата на енергија од обновливи извори и


378. изменување и последователно укинување на Директивите 2001/77 / ЕЗ и
2003/30 / ЕЗ

Директивата 2009/28 / ЕЦ воспоставува обврзувачка цел 20% од потрошувачката на енергија


во рамки на ЕУ да биде од обновливи извори на енергија до 2020 година.

Со Директивата INSPIRE се воспостави генерална рамка за:

- Воспоставување на инфраструктура за просторни информации/ податоци


(spatial data infrastructure (SDI)) за целите на политиките за животната
средина и политиките или активностите на Европската заедница што
379.
можат да влијаат на животната средина.

Директивата се однесува на 34 теми за просторни податоци потребни за апликации во


животната средина.

Кој го сочинува КОРЕПЕР II?

380. - постојани претставници на секоја земја-членка. Со него претседава


постојан претставник на земјата кој претседава со Советот за општи
работи.
Што престатвува “Античи (Antici) групата”?

- подготвително тело на Комитетот на постојани претставници на земјите-


членки на ЕУ (ја подготвува работата на Корепер II) од технички аспект,
асистенција на постојните претствници. Групата дава прв преглед на
позициите на делегациите. Групата е составена од претставници на
381. постојаните претставници и претставник на Европската комисија.

Групата е одговорна за меѓусебно информирање за позициите на нејзините претпоставени,


можните граници на маневрирање и утврдување на редоследот на точките на дневниот ред.
Групата Антици (именувана по нејзиниот италијански основач) е составена од претставници на
постојаните претставници, Европската комисија, а на состаноците на групата можат да
присуствуваат и Генералниот секретаријат на Советот и Европската служба за надворешни
работи и член на правната служба на Советот.

За кои конфигурации на Советот, КОРЕПЕР II ја подготвува работата?

Корепер II ја подготвува работата на 4 конфигурации на Советот:


382. - економски и финансиски работи ,
- надворешни работи ,
- општи работи,
- правда и внатрешни работи
383. Како се нарекува доктрината од правото на ЕУ која подразбира дека ако пресудата
или владеењето на правото е доволно јасно, тогаш една земја-членка не е должна да
упати прашање за донесување на прелиминарна судска одлука до Судот на правдата
на Европската унија?

- Acte Clair Доктрина

Во судската пракса на Судот на правда се изразиле доктрини од кои произлегуваат исклучоци


кога нац.суд иако решава во последна инстанца не мора да побара прелиминарно толкување
доктрината Acte Clair: јасни одредби чиј примена во конкретен случа не остава
сомнеж за нејзино толкување, па нац.суд не е дожен да бара прелиминарно толкување и /
доктрина Acte laclairé: Судот веќе дали прелиминарна одлука за толкување на
некоја одредба од правото на ЕУ во сличен случај, па нац.суд не е дожен да бара
прелиминарно толкување (систем на ЕУ прецеденти)

Која правна доктрина произлезе од пресудата на Судот на правдата на ЕУ во случајот


Srl CILFIT v Ministry of Health?

- Доктрината Acte Clair / Acte laclairé во случаи со директен данок на СПЕУ


- Обврска националниот суд да бара на прелиминарна одлука не е
апсолутна и зависи дали прашањето за толкување на одредба од право на
384. ЕУ е доволно јасна / без сомнеж за правилна примена кој ќе обезбеди
конзистентна судска пракса во земјите на ЕУ и дала истата веќе била
разјаснета во прелиминарна одлука на Судот на правдата во претходен
сличен случај
Судот на правдата утврди дека националниот суд во последен степен не е обврзан да упатува
барање за прелиминарна одлука (толкување) кога прашањето е прецизно јасно или кога ЕСП
веќе донел одлука за толкување на прашањето упатено од националниот суд.

“CILFIT критериумите” се однесуваат на:

- Исклучок од обврската за националниот суд кој решава во последна инстанца да


бара прелиминарно толкување од Судот на правда (од чл. 177 ст.3 од Договор на ЕУ)

- Во чл.177, ст. 3 од Договорот за ЕЕЗ е регулирана обврска за националниот суд кој решава во
385. последна инстанца (против чии одлуки нема правен лек во националното право) кога пред него
ќе се постави прашање за примена на одредба од правото на ЕУ, да се обрати до Судот на
правдата, освен ако утврди дека поставеното прашање 1) не е битно (не е релевантно за
одлуката во главниот спор) или дека 2) конкретната одредба на Заедницата веќе била предмет
на толкување од Судот на правдата или 3) нац. Суд оценил дека правилна примена правото на
ЕУ во конкретен случај, не остава простор за никаков разумен сомнеж; (ваквата оценка треба
да ги има во предвид карактеристиките својствени за правото на ЕУ, посебно потешкотиите при
толкување, односно ризикот за неконзинстентна судската пракса во рамки на ЕУ.

Кој може да поднесе барање до Судот на правдата на ЕУ за донесување на


прелиминарна судска одлука?

- Националните судови и трибунали кои одлучуваат во последна инстанца


(и национални судови кои не одлучуваат во последна инстанца доколку пред
386. нив се појави прашање за примена на одредба од правото на ЕУ за која смета
дека е неважечка)

Прелиминарна пресуда е одлука на Европскиот суд на правдата (ЕСП) за толкување на правото на ЕУ,
дадена како одговор на барање на суд или трибунал на земја-членка на ЕУ. Прелиминарната пресуда
е конечна одредба на правото на ЕУ, без можност за жалба. ЕСП ја доставува својата одлука до судот
што се повикува, кој потоа е должен да ја спроведе пресудата.

387. Пристапот на Судот на правдата на ЕУ во однос на определувањето кој “суд или


трибунал” може да поднесе барање за донесување на прелиминарна судска одлука
зависи од кои фактори?

- Дали прашањето за кое е потребно прелиминарно толкување на одредба од


правото на ЕУ е релевантно и дали одоворот на истото ќе влијае на одлуката
за главниот спор
- Дали одредба од правото на ЕУ е доволно јасна, па нема простор за сомнеж за
нејзина примена (што ќе обезбеди воедначена и конзистентна судска пракса)
- Дали прашањето било предмет на толкување од страна на Судот на правда во
сличен предмет и за истото постои прелиминарна одлука
Кој суд одлучува дали да се упати барање за донесување на прелиминарна судска
одлука до Судот на правдата на ЕУ?

- Националниот суд или трибунал пред кој е покренат спор ја презема


388.
одговорност за утврдување и на потребата од барање за прелиминарна
одлука и за релевантноста на прашањата што ги доставува до ССЕУ.
- Нац. Суд на последна инстанца е должен но исто така дискреционо ја
утврдува потребата и релевантнноста на прашањата
Што произлегува од пресудата во случајот Bacardi-Martini SAS and Cellier des Dauphins
v Newcastle United Football Company Ltd.?

- Заклучокот е дека ЕСП нема материјал пред него за да покаже дека е потребно
да донесе одлука за компатибилноста со правото на ЕУ на законодавство на
друга земја-членка, а не она од кое, нац.суд го упатувал барањето за
прелиминарно одлучување.
- Судот утврди дека нема надлежност да донесува прелиминарна одлука за
прашање поднесено од национален суд каде што е сосема очигледно дека
толкувањето или проценката на валидноста на одредба од Правото на ЕУ што
ја бара тој суд нема никаква врска со фактите, предмет на главната постапката
или нејзината цел, или кога проблемот е хипотетички поставен или кога Судот
го нема фактичкиот или правниот материјал неопходен за да даде корисен
одговор на прашањата доставени до него.
За да може ЕСП да ја извршува својата задача во согласност со Договорот, од
389. суштинско значење е националните судови да објаснат, без било каква сомнеж, зошто
сметаат дека одговорот на нивните прашања е неопходен за да се овозможи да
донесат пресуда. Така, ЕСП утврди дека е од суштинско значење националниот суд да
даде во најмала рака некакво објаснување за причините за изборот да ги примени
одредбите на правото на ЕУ, што ЕСП би требало да ги толкува и за врската што ја
воспоставува помеѓу тие одредби и националното законодавство применливи за
спорот.
- Во конкретниот случај, упатените прашања за прелиминарно одлучување
имаат за цел да му овозможат на националниот суд да ја процени
компатибилноста законодавството на ЕУ со законодавството на друга земја-
членка, ЕСП мора да биде детално информиран за причините на тој суд зошто
да смета дека одговорот на прашањата се неопходни за да се овозможи
расудување.

Слобода на обезбедување услуги - Одбивање прикажување реклами за алкохолни пијалоци на спортски


настан што се одржува во земја-членка чиј закон дозволува тв рекламирање алкохолни пијалоци, но се
емитува на тв во друга земја-членка, чиј закон забранува такво рекламирање

Дали барањето на странките во спорот го обврзува националниот суд да упати


барање за донесување на прелиминарна судска одлука до Судот на правдата на ЕУ?

- Надлежноста на Судот да даде прелиминарна одлука за толкувањето или


валидноста на правото на ЕУ се врши исклучиво по иницијатива на
390.
националните судови и трибунали, без разлика дали странките во
главната постапка изразиле желба да се упати прашање до Судот.

(директна соработка помеѓу Судот на правдата и националните судови преку постапка


што е целосно независна од каква било иницијатива на страните)
391. Дали националниот суд може да бара од Судот на правдата на ЕУ донесување на
одлука за валидноста на примарното право на ЕУ, на пример, во врска со неговата
усогласеност со општото меѓународно јавно право?
- Националниот суд може да побара од СПЕУ одлука за валидност на
основното право на ЕУ, на пример, во врска со неговата усогласеност со
општото јавно меѓународно право.

Според членот 267 ДФЕУ, ЕСП има надлежност да донесува прелиминарни одлуки во
врска со актите на институциите на ЕУ. Но, со Одлуката 2009/941, донесена врз
основа на член 300 ЕЗ, (член 218 од ДФЕУ), Советот на ЕУ го одобри протоколот од
Хаг, чиј текст е додаден на одлуката. Второ, според утврдената судска пракса, договор
склучен од Советот, во согласност со член 218 од ДФЕУ, е акт на една од нејзините
институции, во смисла на потставот (б) ) од првиот став на член 267 ДФЕУ. (Случај C-
83/17 прелиминарна одлука за примена / усогласеност на право на ЕУ со Хашки
протокол)

 Надлежност на ЕСП во прелиминарно одлучување:


1. Толкување на одредби од примарно и секундарно право
2. Оценка на валидноста на актите на секундарно право (дали се во
согласносност со примарното право т.е. дали пр. Некоја регулатива/
директива е во согласност со Догоровите)
3. Оценка на Усогласеноста на право на ЕУ со меѓународни договори, ЕСП дава
ако истиот е прифатен од институциите на ЕУ (согласно судската пракса)
4. Оценка на усогласеноста на нац.право со правото на ЕУ, посредно преку
толкување на одредба на правото на ЕУ во смисла нејзина примена во
конкретен случај во постапка пред нац.суд. (согласно судската пракса)
Само за кои постапки Судот на правдата на ЕУ може да ја анализира усогласеноста на
националното право со правото на ЕУ?

- Кога ЕСП одлучува по барање за прелиминарна одлука за толкување и


правилна примена на правото на ЕУ во конкретен случај кој е или не е во
опсегот на примена на правото на ЕУ
- ЕСП нема надлежност да одлучува за толкување на одредбите на
националните закони и прописи или за нивната усогласеност со правото
на ЕУ, но преку прелиминарното одлучување за правилна примена на
одредба од правото на ЕУ во конкретен случај во едно нац.
Законодавство, задира и во прашањето за усогласеноста на нац.право со
првото на ЕУ.

Независно од ограничената улога на Судот во смисла на нац.право на земјите членки,


неговите прелиминарни одлуки се од огромно значење бидејќи се однесуваат на
392.
односот помеѓу правото на Заедниците и националните права. Токму преку
овластувањето за претходно одлучување ЕСП ги изградил доктрините за директен
ефект и супрематија на правото на ЕУ врз националните права.
ЕСП има надлежност да донесува прелиминарна одлука за прашања во врска со
одредбите на правото на ЕУ во ситуации во кои, дури и ако фактите за случајот во
главната постапка не спаѓаат во полето на примена на правото на ЕУ директно,
одредбите од правото на ЕУ стануваат применливи според домашното законодавство
заради реновирање направено со тој закон до содржината на тие одредби. Во такви
околности, ова е во интерес на ЕУ, а со цел да се спречат идни разлики во
толкувањето, одредби земени од правото на ЕУ треба да се толкуваат униформно.
Така, толкување на одредби од правото на ЕУ од страна на ЕСП во ситуации што не
спаѓаат во опсегот на Правото на ЕУ е оправдано кога таквите одредби се применливи
на такви ситуации според националното законодавство директно и безусловно, со цел
да се осигура дека тие ситуации и ситуациите што спаѓаат во опсегот на правото на ЕУ
се третираат исто.
393. Што може да направи Судот на правдата на ЕУ доколку добие барање за донесување
на прелиминарна судска одлука од страна на националниот суд кое не е точно
формулирано?
- Може да бара толкување/преформулирање .
Дали постои утврдена постапка за доставување на барањето до Судот на правдата на
ЕУ за донесување на прелиминарни судски одлуки?

Постапка по барање за прелиминарни одлуки


Националниот суд доставува прашање до ЕСП во врска со толкувањето или
валидноста на одредба од правото на ЕУ. Кога тоа барање е преведено на сите јазици
на ЕУ од службата за превод на Судот, Регистарот ги известува тоа за странките во
националната постапка, а исто така и сите земји-членки и институциите на ЕУ. Во
Службениот весник на ЕУ се објавува известувањето во кое се наведуваат, меѓу
другото, имињата на странките во постапката и содржината на прашањата. Страните,
земјите-членки и институциите имаат рок од два месеци да достават писмени
забелешки до Судот на правдата.

Посебни форми на постапка:


Поедноставената постапка
Кога прашањето упатено на прелиминарно одлучување е идентично со прашањето за
кое Судот е веќе бил повикан да донесе прелиминарна одлука, или кога одговорот на
прашањето нема основан сомнеж за правилна примена направото на ЕУ или истото
јасно произлегув од постојната судска пракса, Судот може, по сослушувањето на
генералниот адвокат, да ја донесе својата одлука со образложена наредба,
наведувајќи ја претходната пресуда во врска со тоа прашање или соодветната судска
пракса.
394.
Забрзана постапка
Забрзаната постапка му овозможува на Судот брзо да ги донесе своите пресуди во
многу итни случаи со намалување на роковите што е можно повеќе и со апсолутен
приоритет. По барање на една од страните, Претседателот на Судот може да одлучи,
на предлог на судија-известител, и по сослушувањето на генералниот адвокат и
другите странки, дали посебната итност на случајот бара употреба на забрзана
постапка . Таквата постапка може да се користи и за барање за прелиминарни
пресуди. Во тој случај, барањето го поднесува националниот суд со кој се бара
прелиминарната пресуда и во барањето мора да ги наведе околностите што
утврдуваат дека пресудата за прашањето поставена пред Судот е од исклучителна
итност.

Постапка за итна прелиминарна одлука (ЈПП)


Оваа постапка му овозможува на Судот на правдата да се справи во многу пократок
временски рок со најчувствителните прашања што се однесуваат на областа на
слободата, безбедноста и правдата (полициска и судска соработка во граѓански и
кривични прашања, како и визи, азил, имиграција и други политики поврзани со
слободно движење на лица). Случаите што се решаваат во рамките на ЈПП се
упатуваат на Совет составен од пет специјално назначени судии и пишаниот дел од
постапката, во пракса, во суштина се спроведува по електронски пат и е многу
скратен, како во однос на времетраењето, така и во бројот на оние кои се овластени
да поднесат писмени забелешки, повеќето од нив интервенираат во усниот дел од
постапката, што е задолжително.
395. Кога стануваат облигаторни прелиминарните судски одлуки на Судот на правдата на
ЕУ?

- Со доставување на Прелиминарната одлука на ЕСП до нац. Суд кој ја


побарал, која е конечна, без можност за жалба.
Нац.суд може да бара да постави ново прашање за кое бара прелиминарно ако во
понатамошниот тек на постапката се појави сомнеж во правилна примена на некоја
одредба од правото на ЕУ, но не и да бара преиспитување на валидноста на првата
прелиминарна одлука
- ЕСП ја доставува својата одлука до нац. суд што се повикува, кој потоа е
должен да ја примени односно да ја има во предвид при одлучувњето за
главната работа.
Непочитување на прелиминарната одлука на ЕСП значи повреда на правото на ЕУ за
што постои одговорност за државата членка.
- Прелиминарните одлуки не ги обврзуваат нац. судови во други случаи.
Сепак, толкувањето на Судот на правдата е вклучено во одредбите и
принципите на правото на ЕУ на коишто се однесува. Па обврзувачкиот
ефект од толкувањето едноставно се совпаѓа со обврзувачкиот ефект на
одредбите и принципите на коишто се однесува и што треба да се
почитуваат од сите национални судови на земјите-членки.
Во оваа смисла прелиминарната одлука е обврзувачка и за нац.суд (и за повисокиот
суд во земјата членка) кој побарал и за сите нац.судови на земјите членки.
- Од друга страна, Судот на правдата прифаќа дека прелиминарна одлука
се бара пред конечно утврдување на фактите, било да е тоа од страна на
судот што се повикува или во подоцнежна постапка по жалба. Затоа, кога
прелиминарната одлука на Судот на правдата се однесува на фактичка
или правна состојба што се покажало дека не е релевантно за одлучување
за главната работа пред националниот суд, прашањето за обврзувачки
ефект на прелиминарната пресуда не се поставува во однос на главната
постапка што довела до прелиминарна одлука. Така, прелиминарната
пресуда е обврзувачка за националните судови „во однос на толкувањето
на одредбата на ЕУ и актите во прашање“.Следува дека и фактите и
националното право што се применуваат на случајот не влегуваат во
надлежност на Судот дури и ако биле интегрирани во прелиминарната
одлука.
Според тоа, националниот суд може, на пример, да одлучи за главната постапка врз
основа на националното процесно право без некогаш да се примени толкувањето на
правото на ЕУ предвидено со прелиминарната пресуда. Слично на тоа, може да има
ситуации кога, се покажало дека прелиминарната одлука на Судот не е релевантна за
решавање на главната постапка.
Од случајот Amministrazione delle Finanze dello Stato v Simmenthal SpA се заклучува
дека:

- националниот суд има должност да даде целосен ефект на одредните од


правото на ЕУ, дури и ако подоцна биде донесе спротивставен национален
закон.
(Случајот се однесува на судир на правото помеѓу нац. правен систем и правото на
ЕУ)
396. во согласност со принципот на приоритет на правото на ЕУ, односот помеѓу одредбите
на Договорите и директно применливите мерки на институциите од една страна и
националното право на земјите-членки од друга страна е таков што тие одредби и
мерки не само што со нивното влегување во сила, автоматски ја прави неприменлива
секоја спротивставена одредба од национално законодавство - со оглед на тоа што
тие се составен дел од правниот поредок што се приоритет на него и имаат приоритет
на територијата на секоја од земјите-членки – туки истовремено ја исклучува можноста
за усвојување на нови национални законодавни мерки кои се некомпатибилни со
одредбите на Заедницата.
397. Што се заклучило од случајот Schmidberger v Austria?

- неуспехот на Австрија да ги забрани демонстрациите ги прекрши член 34 и 35 и


член 4 на ТЕУ (3). Сепак, ова беше оправдано со основното право на
демонстрантите за слобода на изразување и собирање според ЕКЧП,
националниот устав и принципите што беа составен дел од правото на ЕУ.
Човековите права беа основен принцип во правото на ЕУ и слободно
изразување и здружување меѓу „основните столбови на демократското
општество“. Тие може да бидат ограничени само ако „ограничувањата всушност
одговараат на цели од општ интерес и не, земајќи ја предвид целта на
ограничувањата, претставуваат непропорционално и неприфатливо мешање,
нарушувајќи ја самата суштина на загарантираните права“.

(Случајот се однесува на слободното движење на стоки во ЕУ).

Шмидбергер, кој раководеше со компанија за товарни возила, која бара отштета за


загубата предизвикана од протест на лица што го спречиле со камион да достави
стока во Австрија.
Што се заклучило од случајот Stauder v Cuty of Ulm?

- ЕСП смета дека правилно толкувана, мерката на ЕУ не бара да се прикаже


име на корисникот на купонот. Притоа, призна дека човековите права се
дел од непишаните општи принципи на правото на ЕУ.

Кога една одлука се однесува на сите земји-членки, потребата од униформа примена


398. и за униформно толкување бара разгледувањето на една верзија на текстот да не е
изолирано, и да се толкува и врз основа на реалната намера на неговиот автор и
целта што тој сака да ја постигне, а особено во светлината на верзиите на сите ...
јазици. ... Толкувано на овој начин, оспорената одредба не содржи ништо што е во
состојба да ги повреди основните човекови права запишани во општите принципи на
правото на Заедницата и заштитено од Судот.

(Случајот се однесува на заштитата на човековите права во ЕУ).


Што се заклучило од случајот J Nold v Commission?

„Основните права претставуваат составен дел од општите принципи на правото.


Заштитувајќи ги овие права, Судот е должен да инспирира од уставните традиции
заеднички за земјите-членки. Не може да поддржува мерки што се некомпатибилни со
основните права признати и заштитени со Уставот на тие држави “.
-Овие права не се апсолутни – може да бидат предмет на ограничувања на јавниот интерес.
399. Судот наведува дека гаранциите дадени на одредено претпријатие не можат да бидат
проширени за да се заштитат повеќе комерцијални интереси / можности, чии ризикот е дел од
самата суштина на економската активност.
-П требаше да ги признае економските промени што ги донесе рецесијата и соодветно да ги
изврши адаптациите.
Оваа одлука воспостави разбирање меѓу земјите членки и Европскиот суд на правдата: им
дозволи на државните судови да предлагаат препораки кога законот на Европскиот суд на
правдата и правата на државниот суд ќе влезат во конфликт.

You might also like