You are on page 1of 77

В.

ПРАШАЊА ПО КАЗНЕНО ПРАВО


I. ОПШТ ДЕЛ ОД КРИВИЧЕН ЗАКОНИК

1. Кои се елементите на кривичното дело?


а) дејствие
б)предвиденост во законот
в)противправност
г)вина
д)казнивост

2. Кои се објективни а кои субјективни елементи на кривичното дело? -


Објективни елемемнти на кривичното дело се:
а)Сторителот,
б)дејствието на извршување,
в)објектот на дејствување и
г)последицата,
како дополнителни елементи од објективна природа се:
а)Начинот на извршувањето
б)употреба на определени средства при извршувањето на делото,
в)преземање дејствие на извршување во определена ситуација,
в)извршување на дејствието на определено место,
г)определување лични својства, односи, околности, неопходни за остварување на битието на
делото и
д)привилегирани и квалифицирани облици.

Субјективни елементи на кривичното дело се:


а) Намерата,
б) целта и
в)побудите.

3. Кои се елементите на кривичната одговорност?

4. Кога сторителот одговара за дело сторено од небрежност?


Кривично дело е сторено од небрежност кога сторителот бил свесен дека поради неговото
сторување или несторување може да настапи штетна последица, но лекомислено сметал
дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи или кога не бил свесен за
можноста од настапување на штетна последица, иако според околностите и според своите
лични својства бил должен и можел да биде свесен за таа можност.

5. Што е дело од мало значење?


Не е кривично дело она дело што, иако содржи обележја на кривично дело, претставува дело
од мало значење поради отсуството или незначителноста на штетните последици и
нискиот степен на кривична одговорност на сторителот.

6. За кои дела важи законската одредба за дело од мало значење?


Кривично дело за кое е пропишана парична казна или казна затвор до три години.

7. Каков треба да биде нападот и каква треба да биде одбраната за да се применат


законските одредби за нужна одбрана?
Нужна е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие од себе или од друг,
истовремен противправен напад. Нападот треба да е објективно насочен кон загрозување
или повреда на кое било правно добро. Нападот е противправен кога за дејствието на напаѓ
ачот не стои никакво правно овластување, засновано врз општ или поединечен правен акт.
Нападот треба да биде истовремен, актуелен, или непосредно да претстои, да е започн
ат, да трае или привремено да биде прекинат. Одбраната треба да биде неопходно потре
бна за одбивање на нападот и истата по својот интензитет треба да одговара на интензит
1
етот на нападот.

8. Како се постапува при пречекорување на границите за нужната одбрана?


Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана може да се казни побла
го, а ако пречекорувањето го сторил поради силна раздразнетост или уплав предизвикан со
нападот, може и да се ослободи од казна.

9. Каква треба да биде опасноста и какво треба да биде отстранувањето на опасноста


за да се применат законските одредби за крајна нужда?
Крајна нужда постои кога делото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од
друг, истовремена нескриена опасност што на друг начин не можела да се отстрани, а притоа
стореното зло не е поголемо од злото што се заканувало.

10. Како се постапува при пречекорување на границите за крајна нужда?


Сторителот кој сам предизвикал опасност од небрежност или ги пречекорил границите на
крајната нужда, може да се казни поблаго, а ако пречекорувањето е сторено под особено
олеснувачки околности - може и да се ослободи од казна.

11. Која е разликата меѓу непресметливост и битно намалена пресметливост?


Не е пресметлив сторителот кој во време на извршувањето на кривичното дело не м
ожел да го сфати значењето на своето дело или не можел да управува со своите поста
пки поради трајна или привремена душевна болест, привремена душевна растроеност или
заостанат душевен развој, или други особено тешки душевни пречки (непресметливост). Ст
орителот на кривично дело чија способност да го сфати значењето на своето дело или спос
обноста да управува со своите постапки била битно намалена поради некоја состојба од с
тав 1 може да се казни поблаго (битно намалена пресметливост).

12. Што се actiones liberae in causa?


Кривично е одговорен сторителот на кривично дело кој со употреба на алкохол, дроги или на
друг начин ќе се доведе во состојба во која не можел да го сфати значењето на своето дело
или да управува со своите постапки, ако пред да се доведе во таа состојба, делото било
опфатено со неговата умисла или во однос на кривичното дело кај него постоела
небрежност, а законот за такво дело предвидува кривична одговорност и за небрежност.

13. Кога се смета дека кривичното дело е сторено со умисла?


Кривичното дело е сторено со умисла кога сторителот бил свесен за своето дело и го сакал
неговото извршување или кога бил свесен дека поради неговото сторување или несторување
може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување.

14. Што е директна а што евентуална умисла?


Постојат два вида умисла: директна и евентуална. Заеднички елементи на директната и
евентуалната умисла се свеста за делото и волјата за неговото извршување, кај директната
умисла определено како сакање на делото, а кај евентуалната како согласување со неговата
последица.

15. Кога се смета дека кривичното дело е сторено од небрежност?


Кривично дело е сторено од небрежност кога сторителот бил свесен дека поради неговото
сторување или несторување може да настапи штетна последица, (свесна небрежност) но
лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи или кога не бил
свесен за можноста (несвесна небрежност) од настапување на штетна последица, иако
според околностите и според своите лични својства бил должен и можел да биде свесен за
таа можност.

16. Што е свесна а што несвесна небрежност?


Свесна небрежност постои во случаите кога кривичното дело е сторено од небрежност а
сторителот бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи
штетна последица, но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да

2
настапи. Казненото дело е сторено од несвесна небрежност кога сторителот не бил свесен за
можноста од настапување на штетна последица, иако според околностите и според своите
лични својства бил должен и можел да биде свесен за таа можност.

17. На кој начин се одговара за потешка последица од кривичното дело?


Кога од кривичното дело произлегла потешка последица за која законот пропишува потешка
казна, таа казна може да се изрече ако сторителот во однос на последицата постапувал од
небрежност.

18. Што е стварна заблуда?


Не е кривично одговорен сторителот кој во време на извршувањето на кривичното дело не
бил свесен за некое негово обележје определено со закон или ако погрешно сметал дека
постојат околности според кои, доколку тие навистина постоеле, тоа дело би бидо дозволено.

19. Дали сторителот одговара за кривично дело сторено во заблуда поради


небрежност?
Ако сторителот бил во заблуда поради небрежност, кривично е одговорен за кривичното дело
сторено од небрежност кога законот определува кривична одговорност и за такво дело.

20. Што е правна заблуда?


Не е кривично одговорен сторителот на кривично дело кој од оправдани причини не
знаел и не можел да знае дека тоа дело е забрането.

21. Како одговара сторителот кој можел да знае дека делото е забрането?
Ако сторителот на кривичното дело можел да знае дека делото е забрането, може да се казни
поблаго.

22. Кога се одговара за подготвување на делото?


Тој што со умисла подготвува извршување на кривично дело, ќе се казни само кога тоа
законот изречно го определува.

23. Дали секогаш се одговара за обид на кривичното дело?


Тој што со умисла ќе започне извршување на кривично дело, но нема да го доврши, ќе се
казни за обид на кривично дело за кое според закон може да се изрече затвор од пет години
или потешка казна, а за обид на друго кривично дело само кога законот изречно пропишува
казнување и за обид.

24. Што е неподобен обид?


Сторителот кој ќе се обиде да изврши кривично дело со неподобно средство или спрема
неподобен предмет, може да се ослободи од казна.

25. Дали сторителот одговара при доброволно откажување од подготвувањето или


обидот на кривичното дело?
Сторител кој подготвувал или се обидел да изврши кривично дело, но доброволно с
е откажал од неговото извршување, може да се ослободи од казна.

26. Кога се смета дека сторителот доброволно се откажал од подготвувањето на


кривичното дело?
Сторителот се откажал од подготвувањето на делото кога престанал со натамошното
подготвување или го спречил или сериозно настојувал да го спречи започнувањето на
извршувањето на кривичното дело.

27. Што е разликата помеѓу соизвршителство и помагање во извршување на


кривичното дело?
Ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен
придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се
казни со казната пропишана да тоа дело. Како помагање во извршувањето на кривично дело
ќе се смета особено: давање совети или упатства како да се изврши кривичното дело,
3
ставање средства за располагање на сторителот за извршување на кривичното дело,
отстранување на пречките за извршување на кривичното дело, како и однапред ветено
прикривање на кривичното дело на сторителот, на средствата со кои е извршено кривичното
дело, на трагите на кривичното дело или на предметите прибавени со кривичното дело.

28. Како одговараат соизвршителите на кривичното дело?


-секој од нив ќе се казни со казната пропишана да тоа дело.

29. Која е одговорноста за поттикнување на кривичното дело?


Тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се казни како да го сторил
самиот.

30. Што се смета за помагање во извршувањето на кривичното дело?


Како помагање во извршувањето на кривично дело ќе се смета особено: давање сов
ети или упатства како да се изврши кривичното дело, ставање средства за располагање на
сторителот за извршување на кривичното дело, отстранување на пречките за извршување
на кривичното дело, како и однапред ветено прикривање на кривичното дело на сторителот
на средствата со кои е извршено кривичното дело, на трагите на кривичното дело или на п
редметите прибавени со кривичното дело.

31. Како одговара лицето кое помогнало во извршувањето на кривичното дело?


Тој што на друг со умисла ќе му помогне во извршување на кривично дело ќе се казн
и како да го сторил самиот, а може да се казни и поблаго.

32. Кои се условите за кривична одговорност на правното лице?


Правното лице е одговорно и за кривично дело сторено од негов вработен или заста
пник на правното лице со кое е остварена значителна имотна корист или на друг му е нанес
ена значителна штета, ако: 1) извршувањето на заклучок, наредба или друга одлука или од
обрение на орган на управување, орган на раководење или надзорен орган претставува сто
рување на кривично дело или 2) до сторување на делото дошло поради пропуштање на до
лжниот надзор на органот на управување, органот на раководење или надзорниот орган ил
и 3) органот на управување, органот на раководење или надзорниот орган не го спречил кр
ивичното дело или го прикрил или не го пријавил пред покренувањето на кривична постапк
а против сторителот.

33. Кои се границите на одговорноста на правното лице?


Правното лице е одговорно за кривично дело и кога постојат фактички или правн
и пречки за утврдување на кривичната одговорност на физичкото лице како сторител
на делото. Ако кривичното дело е сторено од небрежност, правното лице е одговорно под
условите од (32 прашање) ако со закон е предвидено казнување за кривично дело сторено
од небрежност.

34. Како се регулира одговорноста во случај на стечај и промена на статутот на


правното лице?
Правното лице што е во стечај е одговорно за кривичното дело сторено до донесув
ање на решение за отворање на стечајна постапка под условите од членот 28-а на овој з
аконик, ако со делото е стекната за него значителна имотна корист или на друг му е нанесе
на значителна штета. Ако пред завршувањето на кривичната постапка против правното лиц
е дојде до присоединување, спојување, поделба или друга статусна промена согласно со за
кон поради која тоа го изгубило статусот на правно лице, кривичната постапка ќе продолжи
против неговиот правен следбеник или следбеници.

35. Како се делат кривичните дела во однос на начинот на нивното извршување?


Кривичното дело може да се изврши со сторување или со несторување.

4
36. Во кое време се смета дека е сторено кривичното дело?
Кривичното дело е сторено во време кога сторителот работел или бил должен да работи, без
оглед кога настапила последицата.

37. Како се одредува местото на извршување на кривичното дело?


Кривичното дело е извршено како во местото каде што сторителот работел или бил
должен да работи, така и во местото каде што настапила лоследицата.

38. Што е цел на казнувањето според Кривичниот законик?


Покрај остварување на правдата, цел на казнувањето е спречување на сторителот да врши кр
ивични дела и негово превоспитување и воспитно да се влијае врз другите да не вршат криви
чни дела.

39. Кои се главните казни?


1) -казна затвор;
2) парична казна;
3) забрана на вршење професија, дејност или должност;
4) забрана на управување со моторно возило;
5) протерување странец од земјата и
6) забрана за посетување на спортски натпревари.

40. Кои се споредните казни?


(1) -Казната забрана на вршење професија, дејност или должност
(2) Казните забрана на управување со моторно возило и протерување странец од зе
мјата
(3) Казната забрана на управување со моторно возило
(4) Казната забрана за посетување на спортски натпревари

41. Дали паричната казна може да биде и главна и споредна казна?


Да.

42. Што се смета за законитост во изрекувањето на казната?


На сторител на кривично дело му се изрекува казната пропишана за стореното крив
ично дело, а поблага казна од пропишаната може да се изрече само под условите предвид
ени со овој законик.

43. Кој е општиот законски минимум и максмимум на казната затвор?


Затворот не може да биде пократок од 30 дена, ниту подолг од 20 години. За криви
чните дела за кои е пропишана и казна доживотен затвор, може да се изрече казна долготр
аен затвор од 40 години.

44. Дали казната доживотен затвор може да се пропише како единствена главна казна?
Не.

45. На кои сторители не може да им се изрече казна доживотен затвор?


Ако за кривично дело сторено со умисла е пропишан затвор во траење од 20 години,
за тешки форми на тоа дело може да се пропише и казна доживотен затвор. Казната дожив
отен затвор не може да се изрече на сторител кој во време на извршување на кривичното д
ело не навршил 21 година од животот.

46. Како се изрекува казната затвор?


Затворот се изрекува на полни години и месеци, а до шест месеци и на полни денов
и.
5
47. Каде се издржува казната затвор?
Затворот се издржува во установи за издржување на казна определени со закон.

48. Што е условен отпуст?


Осудениот може да се отпушти од издржување на казна затвор под услов до истекот
на времето за кое е изречена казна да не стори ново кривично дело, ако се поправил така
што основано може да се очекува дека на слобода добро ќе се однесува, а особено дека не
ма да врши кривични дела. При оцената дали осудениот условно ќе се отпушти ќе се земе
предвид неговото поведение за време на издржувањето на казната, извршувањето на рабо
тните обврски со оглед на неговата работна способност и други околности што покажуваат
дека е постигната целта на казнувањето.

49. Под кои услови може да се даде условен отпуст?


Условно може да се отпушти осудениот кој издржал половина од казната затвор. По
исклучок, условно може да се отпушти и осуден кој издржал само една третина од казната з
атвор под условите од став 1 и ако посебни околности, што се однесуваат на личноста н
а осудениот, очигледно покажуваат дека е постигната целта на казнувањето.

50. Дали осудените на доживотен затвор може да добијат условен отпуст?


Осудениот на казна доживотен затвор условно не може да се отпушти пред да издржи
најмалку 25 години казна затвор.

51. Кои мерки може да му се одредат на условно отпуштениот?


На условно отпуштениот судот може да му одреди заштитен надзор, што се состои во
посебни мерки на помош, грижа, надзор или заштита кои ги спроведува социјалниот орган.
При осуди на дела на насилство, судот може да одреди и забрана за посетување на спортски
натпревари што ја спроведува Министерството за внатрешни работи.

52. Во кои случаи се отповикува условниот отпуст?


Судот ќе го отповика условниот отпуст ако осудениот додека е на условен отпуст стори едно
или повеќе кривични дела за кои е изречена казна затвор или малолетнички затвор над две
години или ако по две писмени опомени од страна на надлежниот орган не ги исполнува
обврските од заштитниот надзор

53. Што е облигаторно, а што факултативно отповикување на условниот отпуст?


Судот може да го отповика условниот отпуст ако условно отпуштениот стори едно ил
и повеќе кривични дела за кои е изречена казна затвор или малолетнички затвор до две год
ини. При оцената дали ќе го отповика условниот отпуст, судот особено ќе ја земе предвид с
родноста на сторените кривични дела, нивното значење, побудите од кои се сторени и друг
и околности што укажуваат на оправданоста за отповикување на условниот отпуст.

54. Како се изрекува паричната казна?


Паричната казна се изрекува во дневни глоби, при што бројот на дневните глоби не
може да биде помал од пет, ниту поголем од 360 дневни глоби.

55. Како се одредува висината на дневната глоба?


Висината на дневната глоба судот ја одредува имајќи ги предвид имотните и личнит
е прилики на сторителот, тргнувајќи по правило од чистиот дневен приход што сторителот г
о остварува или може да го остварува, како и од семејните и други обврски на сторителот и
неговата имотна состојба во времето на донесувањето на судската одлука. Најмалата вред
ност на дневната глоба е едно евро во денарска противвредност, а најголемата 5.000 евра
во денарска противвредност.

56. Што се случува ако осудениот не ја плати паричната казна во определениот рок?

6
Ако осудениот не ја плати паричната казна во определениот рок, судот може да определи нов
рок или ако оцени дека осудениот не сака да ја плати, да нареди нејзино присилно
извршување во постапка утврдена со закон. Ако давањето нов рок кој не може да биде подолг
од три месеца или присилното извршување останат без успех, судот ќе ја изврши така што за
секоја дневна глоба ќе определи еден ден затвор или, кога паричната казна е изречена како
споредна казна, за секои започнати 20 евра во денарска противвредност ќе определи еден
ден затвор, со тоа што затворот не може да биде подолг од шест месеци.

57. Кои се отежнувачки и олеснувачки околности при одмерување на казната?


Судот ќе ги има предвид сите околности што влијаат казната да биде помала или поголема
(олеснувачки и отежнувачки околности), а особено: степенот на кривичната одговорност,
побудите од кои е сторено делото, јачината на загрозувањето или повредата на заштитното
добро, околностите под кои е сторено делото, придонесот на жртвата во извршувањето на
делото, поранешниот живот на сторителот, неговите лични припики и неговото однесување по
стореното кривично дело, како и други околности што се однесуваат на личноста на
сторителот.

58. Што треба да има предвид судот при одмерување на казната кај делата сторени од
омраза?
При одмерување на казната судот посебно ќе има предвид дали кривичното дело е с
торено против лице или група на лица или имот, непосредно или посредно, поради нивната
припадност на одреден пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група,
етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверувањ
е, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен ста
тус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен стат
ус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или ратифику
ван меѓународен договор.

59. Во кои случаи судот може на сторителот да му одмери казна под границата
пропишана со закон?
Судот може на сторителот да му одмери казна под границата пропишана со закон, во рамкит
е предвидени во членот 41 од овој закон или да примени поблаг вид на казна во случај:
1) кога изрекува казна по поднесен предлог на спогодба за признавање на вина склу
чена меѓу јавниот обвинител и обвинетиот и
2) кога обвинетиот ја признае вината на главната расправа согласно со одредбите
од Законот за кривичната постапка.
3) Ако постојат особено олеснувачки околности.

60. Кои се границите на ублажувањето на казната?


1) -за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од
десет години, казната може да се ублажи до пет години затвор,
2) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од о
сум години, казната може да се ублажи до четири години затвор,
3) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од п
ет години, казната може да се ублажи до три години затвор,
4) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од ч
етири години, казната може да се ублажи до две години затвор,
5) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од т
ри години, казната може да се ублажи до една година затвор,
6) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од е
дна година, казната може да се ублажи др три месеци затвор,
7) за кривичното дело е пропишана најмала мера на казна затвор под една година, к
азната може да се ублажи до 30 дена затвор,
8) за кривичното дело е пропишана казна затвор до три години со назначување на н

7
ајмалата мера, наместо казна затвор може да се изрече парична казна и
9) за кривичното дело е пропишана парична казна со назначување на најмалата
мера, казната може да се ублажи до општиот законски минимум.

61. Кога може судот да го ослободи од казна сторителот на кривичното дело?


Судот може да го ослободи од казна сторителот на кривичното дело само кога тоа з
аконот изречно го предвидува.

62. Кои се посебните основи за ослободување од казна?


Судот може да го ослободи од казна сторителот на кривично дело сторено од небрежност
кога последиците на делото сторителот го погодуваат така тешко што изрекувањето на
казна во таков случај не би одговарало на целта на казнувањето.

63. Кога се смета дека има стек на кривичните дела?


Ако сторителот со едно дејствие или со повеќе дејствија сторил повеќе кривични дела за кои
истовремено му се суди, судот претходно ќе ги утврди казните за секое од тие дела, па за
сите дела ќе изрече единствена казна.

64. Каков може да биде стекот на кривичните дела?


Идеален(хомоген и хетероген), Реален, Привиден ( специјалитет, субсидијаритет, конзумпција
и алтернативитет)

65. Како се одредува одговорноста за кривични дела сторени во стек?


Претходно ќе ги утврди казните за секое од тие дела, па за сите дела ќе изрече единствена
казна.

66. Кои се елементите на продолжено кривично дело?


На сторителот кој со умисла ќе изврши две или повеќе временски поврзани дејствија што
претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти
прилики или други слични околности, судот ќе му изрече единствена казна во границите на
казната пропишана за тоа дело.

67. Како се одредува одговорноста за продолжено кривично дело?


Судот ќе му изрече единствена казна во границите на казната пропишана за тоа дел
о. На сторителот кој под условите од став 1 ќе изврши две или повеќе временски поврзани
дејствија што претставуваат остварување на истородни дела, судот ќе му изрече казна во г
раниците на казната пропишана за најтешкото дело. Ако со дејствијата од ставовите 1 и 2 с
торителот како вкупна последица ја оствари последицата на некое потешко кривично дело,
ќе се казни со казната пропишана за тоа дело.

68. Како се одмерува казната на осуденото лице?


Ако на осудено лице му се суди за кривично дело сторено пред да започнало издржувањето
на казната по поранешната осуда или за кривично дело сторено за време на издржување на
затвор или малолетнички затвор, судот ќе изрече единствена казна за сите кривични дела со
примена на одредбите на член 44 земајќи ја порано изречената казна како веќе утврдена.
Казната или дел од казната што осудениот ја издржал, ќе му се засмета во изречената казна
затвор. За кривично дело сторено пред да започнало издржувањето на казната или во текот
на издржувањето на казната затвор или малолетнички затвор по поранешна осуда, судот на
сторителот ќе му изрече казна независно од порано изречената казна, ако со примената на
одредбите од член 44 не би можела да се оствари целта на казнувањето со оглед на
траењето на неиздржаниот дел од порано изречената казна. Осудениот кој за време на
издржувањсто на казната затвор или малолетнички затвор, ќе стори кривично дело за кое
законот пропишува парична казна или затвор до една година, ќе се казни дисциллински.

69. Како се засметува времето поминато во притвор?


Времето поминато во притвор, како и секое лишување од слобода во врска со кривично дело,
се засметуваат во изречената казна затвор, малолетнички затвор и парична казна.

8
70. Кои се цели на алтернативните мерки?
Целта на алтернативните мерки е спрема кривично одговорниот сторител да не се примени
казна за полесни дела кога тоа не е нужно заради кривично-правна заштита и кога може да се
очекува дека целта на казнувањето може да се оствари со предупредување со закана на
казна (условна осуда), само предупредување (судска опомена) или со мерки на помош и
надзор на однесувањето на сторителот на слобода.

71. Кои видови алтернативни мерки се предвидени во Кривичниот законик?


1) -условна осуда;
2) условна осуда со заштитен надзор;
3) условно прекинување на кривичната постапка:
4) општокорисна работа;
5) судска опомена и
6) куќен затвор.

72. Под кои услови судот може да изрече условна осуда наместо ефективна казна
затвор?
Условна осуда може да се изрече кога на сторителот му е утврдена казна затвор во
траење до две години или парична казна. Условната осуда може да се изрече и кога е утвр
дена казна затвор во траење до две години или парична казна со примена на одредбите за
ублажување на казната.

73. Што треба да земе предвид судот при одлучувањето дали ќе изрече условна осуда?
При одлучувањето дали ќе изрече условна осуда, водејќи сметка за целта на условн
ата осуда, судот посебно ќе ги земе предвид личноста на сторителот, неговиот поранешен
живот, неговото однесување по извршеното кривично дело, степенот на кривичната одгово
рност и другите околности под кои е сторено делото.

74. Што е облигаторно, а што факултативно отповикување на условната осуда?


Ако во времето за проверување осудениот стори едно или повеќе кривични дела за кои е
изречена казна затвор помала од две години или парична казна судот, откако ќе ги оцени сите
околности што се однесуваат на сторените кривични дела и на сторителот, а посебно
сродноста на сторените кривични дела, нивното значење и побудите од кои се сторени, ќе
одлучи дали ќе ја отповика условната осуда. Притоа судот е врзан со забраната на
изрекување условна осуда, ако на сторителот за кривичните дела утврдени во условната
осуда и за новите кривични дела треба да му изрече казна над две години затвор.

75. Како ќе постапи судот ако утврди дека осудениот извршил кривично дело пред да
биде условно осуден?
Судот ќе ја отповика условната осуда ако по нејзиното изрекување утврди дека осудениот
извршил кривично дело пред да биде условно осуден и ако оцени дека не би имало основа за
изрекување на условна осуда да се знаело за тоа дело.

76. Во кои рокови може да се отповика условната осуда?


Условната осуда може да се отповика во текот на времето за проверување. Ако осудениот во
тоа време стори кривично дело што повлекува отповикување на условната осуда, а тоа со
пресудата е утврдено дури по истекот на времето за проверување, условната осуда може да
се отповика најдоцна во рок од една година од денот кога изминало времето за проверување.

77. Кога судот ќе одреди условна осуда со заштитен надзор?


-Заштитен надзор судот ќе одреди кога ќе најде дека условната осуда нема доволно да
влијае врз сторителот повеќе да не врши кривични дела, а околностите сврзани со личноста
на сторителот или средината во која живее го прават оправдано очекувањето дека целта на
условната осуда ќе се постигне ако се определат и мерки на помош, грижа, надзор или
заштита.

9
78. Кои обврски судот може да му ги одреди на осудениот на условна осуда со
заштитен надзор?
1) -оспособување, остручување и преквалификување за да може осудениот да го з
адржи работното место што го зазема или да бидат создадени претпоставки за вработувањ
е,
2) прифаќање на вработување што одговара на способностите и склоноста на осуд
ениот,
3) посетување на програма за работа со осуденици за кривични дела сторени при вр
шење на семејно насилство;
4) извршување на обврските за издржување на семејството, подигање на децата и д
руги семејни обврски,
5) овозможување увид и совети во врска со распоредувањето и трошењето на сред
ствата од платата и другите приходи што ги остварува,
6) непосетување определени видови локали или други места каде што се точи алкох
олен пијалак или се игра на среќа,
7) забрана на употреба на алкохолни пијалаци, дроги и други психотропни супстанц
ии,
8) користење на слободното време според оцена на социјалниот орган,
9) одбегнување и недружење со лица кои негативно влијаат врз осудениот и
10) подложување на лекување или социјална рехабилитација во соодветни специја
лизирани установи.

79. За какви дела може да се изрече мерката општокорисна работа?


За кривични дела за кои е пропишана парична казна или казна затвор до три години судот
може, со согласност на сторителот, да му изрече мерка на општокорисна работа на
слобода, ако делото е сторено под олеснувачки околности, а сторителот порано не бил
осудуван.

80. Колку може да трае мерката општокорисна работа?


Мерката се изрекува во траење од 40 до 240 часа, што осудениот е обврзан да ги од
работи без надоместок во државен орган, јавно претпријатие, јавна установа или хуманитар
на организација, за време на државни празници, саботни и неделни денови и не пократко о
д пет часа неделно, во период најмногу до 12 месеца. Кога постојат здравствени или оправ
дани лични и семејни причини судот може да го продолжи извршувањето на мерката најмно
гу уште за шест месеци.

81. За какви дела може да се изрече мерката судска опомена?


Судска опомена може да се изрече за кривични дела за кои е пропишан затвор до една
година или парична казна, а се сторени под такви олеснувачки околности кои ги прават
особено лесни.

82. Што треба да има предвид судот при изрекувањето на мерката судска опомена?
При одлучувањето дали ќе изрече судска опомена судот, водејќи сметка за целта на судската
опомена, посебно ќе ги земе предвид личноста на сторителот, неговиот поранешен живот,
неговото однесување по извршеното кривично дело, степенот на кривичната одговорност и
другите околности под кои е сторено делото.

83. Во какви случаи судот може да изрече мерка куќен затвор?


Ако сторителот на кривичното дело за кое е пропишана парична казна или казна затвор до
една година е стар и изнемоштен, тешко болен или е бремена жена, судот може да му
изрече казна затвор и истовремено да одлучи, со негова согласност казната да ја издржува
во куќен затвор.

84. Што се случува ако осудениот ја прекрши забраната за напуштање на домот?


Ако осудениот ја прекрши забраната за напуштање на домот, судот може да одреди
10
заменетата казна затвор да се изврши во целост во установа за извршување на казната зат
вор.

85. Кои се мерките за безбедност според Кривичен законик?


1) -задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа,
2) задолжително психијатриско лекување на слобода,
3) задолжително лекување на алкохоличари и наркомани и
4) медицинско-фармаколошко лекување на сторители на полов напад врз дете до 14
години.

86. Која е целта на мерките за безбедност?


Цел на мерките на безбедност е да се отстранат состојбите или условите што можат да влија
ат сторителот во иднина да врши кривични дела.

87. На кои сторители и под кои услови им се изрекува мерка на безбедност


задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа?
На сторител кој сторил кривично дело во состојба на непресметливост или битно на
малена пресметливост, судот ќе му изрече задолжително психијатриско лекување и чување
во здравствена установа, ако утврди дека поради таа состојба повторно може да стори крив
ично дело и дека за отстранување на оваа опасност е потребно негово лекување и чување
во таква установа.

88. На кои сторители и под кои услови им се изрекува мерка на безбедност


задолжително психијатриско лекување од слобода?
На сторител кој сторил кривично дело во состојба на непресметливост или битно намалена
пресметливост, судот ќе му изрече задолжително психијатриско лекување на слобода ако
утврди дека поради таквата состојба повторно може да стори кривично дело, а за
отстранување на оваа опасност е доволно негово лекување на слобода.

89. На кои сторители и под кои услови им се изрекува мерка на безбедност


задолжително лекување на алкохоличари и наркомани?
На сторител на кривично дело поради зависност од постојана употреба на алкохолни
пијалаци, дроги и други психотропни супстанции кога постои опасност поради оваа зависност
и натаму да врши кривични дела, судот може да му изрече задолжително лекување.

90. На кои сторители и под кои услови им се изрекува мерка на безбедност


медицинско- фармаколошко лекување?
На сторител на кривично дело полов напад врз дете до 14 години кога постои опасност и
натаму да врши такви дела судот може да му изрече мерка на медицинско-фармаколошко
лекување. Ако за делото е пропишана казна доживотен затвор судот може на сторителот да
му изрече казна затвор од 40 години ако тој се согласи на медицинско-фармаколошко
лекување кое ќе трае до крајот на неговиот живот или до времето до кое според оцената на
судот е потребно да трае лекувањето.

91. Која е главната казна и кои се споредните казни за правно лице?


За кривични дела на правни лица како главна казна се изрекува парична казна. Споредни ка
зни:
1) забрана за добивање дозвола, лиценца, концесија, овластување или друго право
утврдено со посебен закон;
2) забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавнa н
абавкa и договори за јавно - приватно партнерство;
3) забрана за основање на нови правни лица;
4) забрана за користење субвенции и други поволни кредити;
5) одземање на дозвола, лиценца, концесија, овластување или друго право утврден
о со посебен закон;
11
6) привремена забрана за вршење на одделна дејност;
7) трајна забрана за вршење на одделна дејност и
8) престанок на правното лице.

92. Кои се условите за изрекување на споредните казни за правно лице?


Ако оцени дека изрекувањето на една или повеќе од споредните казни одговара на тежината
на стореното дело и дека со тоа правното лице ќе се спречи во иднина да врши такви дела,
судот може да ги изрече казните од членот 96-б точки од 1 до 4 на овој законик заедно со
парична казна.

93. Што е општа конфискација на имот?


Никој не може да ја задржи непосредната и посредната корист прибавена со кривичн
о дело.

94. Што е конфискација на посредна имотна корист?


Покрај непосредната имотна корист од сторителот ќе се конфискува и посредната имотна ко
рист што се состои во:
1) имотот во кој е трансформирана или претворена користа прибавена од кривично
дело;
2) имотот стекнат од законски извори, доколку користа прибавена од кривично дело
е помешана, во целост или делумно, со таквиот имот, до проценетата вредност од помеша
ната корист прибавена од кривично дело и
3) приходот или друга корист што произлегува од користа прибавена од кривично
дело, од имот во кој користа прибавена од кривично дело е трансформирана или претворена
или од имот во кој е помешана користа прибавена од кривично дело, до проценетата
вредност на помешаната корист прибавена од кривично дело.

95. На кој начин се извршува конфискација на имот?


Од сторителот ќе се конфискува непосредната и посредната имотна корист прибаве
на со кривичното дело што се состои во пари, движни или недвижни предмети од вредност,
како и секоја друга сопственост, имот или актива, материјални или нематеријални права, а
ако нивната конфискација не е можна од сторителот ќе се конфискува друг имот што одгова
ра на вредноста на прибавената корист. Непосредната и посредната имотна корист се конф
искува и од трети лица за кои е остварена со извршување на кривичното дело. Имотната ко
рист од ставот (1) се конфискува и од членови на семејството на сторителот на кои е прене
сена ако е очигледно дека не дале надоместок што одговара на вредноста на прибавената
имотна корист или од трети лица ако не докажат дека за предметот или имотот дале проти
внадоместок што одговара на вредноста на прибавената имотна корист. Предметите што с
е прогласени за културно наследство и природни реткости, како и оние за кои оштетениот е
лично врзан, се конфискуваат од трети лица, без оглед на тоа дали истите им биле пренесе
ни со соодветен надомест.

96. Што е проширена конфискација?


Од сторителот на кривично дело сторено во рамките на злосторничко здружение со кое се
остварува имотна корист и за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, како и
кривично дело во врска со тероризмот од членовите 313, 394-а, 394-б, 394-в и 419 на овој
законик за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна или е поврзано
со кривичното дело перење пари за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години,
ќе се конфискува имотот стекнат во временски период пред осудата што судот го определува
според околностите на случајот, но не подолг од пет години пред сторувањето на делото, кога
врз основа на сите околности судот основано е уверен дека имотот ги надминува законските
приходи на сторителот и потекнува од такво дело.

97. Како се заштитува оштетениот при конфискација на имот?


Оштетениот кој во кривичната постапка во однос на своето имотно- правно барање е упатен
на спор може да бара да се намири од износот на конфискуваната вредност, ако поведе спор
во рок од шест месеци од денот на правосилноста на одлуката со која е упатен на спор и ако
12
во рок од три месеци од денот на правосилноста на одлуката со која е утврдено неговото
барање побара намирување на пленетата вредност.

98. Кои се условите за одземање предмети?


Од сторителот на кривичното дело ќе се одземат и предметите што биле наменети или се
употребени за извршување на кривичното дело без оглед дали се негова сопственост или
сопственост на трето лице ако тоа го бараат интересите на општата безбедност, здравјето на
луѓето или причините на моралот.

99. Што е рехабилитација?


Рехабилитацијата значи предвремен престанок на казните што се состојат во забрани и на
казната протерување странец од земјата и правните последици од осудата и бришење на
осудата од казнената евиденција.

100. Што е законска рехабилитација?


Осудата за изречената алтернативна мерка освен условна осуда и осудата со која ст
орителот на кривичното дело е ослободен од казна се бришат од казнената евиденција ако
осудениот во рок од една година од денот на правосилноста на судската одлука не стори н
ово кривично дело. Условната осуда се брише од казнената евиденција по една година отка
ко ќе помине времето за проверка ако за тоа време осудениот не стори ново кривично дело.
Осудата на парична казна и казната забрана на управување со моторно возило, изречена к
ако единствена казна, се брише од казнената евидеиција кога ќе поминат три години од де
нот на извршената, застарената или простената казна ако за тоа време осудениот не стори
ново кривично дело. Осудите на затвор до три години се бришат од казнената евиденција к
ога ќе поминат пет години од денот на издржаната, застарената или простената казна ако
за тоа време осудениот не стори ново кривично дело.

101. Што е судска рехабилитација?


По протекот на три години од денот на издржаната, застарената или простената казн
а судот може да определи да престанат правните последици од осудата што се однесуваат
на забрана на стекнување на определени права.

102. Кога почнува застарувањето на кривичното дело?


Застарувањето на кривичното гонење почнува од денот кога е сторено кривичното дело или
настапила последицата. Ако делото е сторено спрема дете застарувањето на кривичното
гонење почнува од денот на неговото полнолетство

103. Дали сите кривични дела застаруваат?


Кривичното гонење и извршувањето на казната не застарува за кривичните дела пре
двидени во членовите од 403 до 407-б и 416-а, како ни за кривични дела за кои со ратифику
вани меѓународни договори е предвидена незастарливост.

104. Кои се ефектите на амнестијата и помилувањето?


На лицата кои се опфатени со акт за амнестија им се дава ослободување од гоне
ње или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, им се заменува из
речената казна со поблага казна, им се определува бришење на осудата или им се укинува
определена правна последица од осудата. Со помилувањето на поименично определено л
ице му се дава ослободување од гонење или потполно или делумно ослободување од извр
шување на казната, му се заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативн
и мерки или му се определува бришење на осудата или му се укинува, односно му се опред
елува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната. Со по
милувањето може да се определи укинување или пократко траење на овие казни, забрана
на вршење на професија, дејност или должност, забрана на управување со моторно возило
на сторителите кои се возачи по занимање и протерување на странец од земјата.

105. Кое е дејството на амнестијата и помилувањето врз правата на трети лица?


Со давањето амнестија или помилување не се засега во правата на трети лица засновани врз
осудата.
13
106. Важењето на кривичното законодавство во територијата на Република Македонија
(територијален принцип).
Кривичното законодавство важи за секој кој на територијата на Република Македонија ќе
стори кривично дело. Кривичното законодавство важи и за секој кој ќе стори кривично дело на
домашен брод, без оглед каде се наоѓа бродот во времето на извршувањето на делото.
Кривичното законодавство важи и за секој кој ќе стори кривично дело во домашен цивилен
водзухоплов додека е во лет или во домашен воен воздухоплов без оглед каде се наоѓал
воздухопловот во време на извршувањето на делото.

107. Важење на кривичното законодавство за определени кривични дела извршени во


странство (реален принцип).
Кривичното законодавство важи за секој кој во странство ќе стори кривично дело од членот
268 на овој законик, ако фалсификувањето се однесува на домашни пари и од членовите 305
до 326, 357 до 359-а, 394-а до 394-г и 403 до 422 на овој законик.

108. Што се подразбира под правно лице?


Под правно лице се подразбираат: Република Македонија, единиците на локалната с
амоуправа, политички партии, јавни претпријатија, трговски друштва, установи и други здру
женија, фондови, финансиски организации и други со закон одредени организации регистри
рани како правни лица и други заедници и организации на кои им е признато својството на п
равно лице. Под странско правно лице се подразбира јавно претпријатие, установа, фонд,
банка, трговско друштво или друг облик на организираност според законите на странска др
жава во вршење на стопански, финансиски, банкарски, трговски, услужни или други дејност
и, кој има седиште во друга држава, или претставништво во Република Македонија, или е о
сновано како меѓународно друштво, фонд, банка или установа.

109. Што е одговорно лице во правно лице?


Како одговорно лице во правно лице се смета лице во правно лице на кое со оглед н
а неговата функција или врз посебно овластување во правното лице му е доверен определ
ен круг на работи што се однесуваат на извршување на законските прописи или на прописи
те донесени врз основа на закон или општ акт на правното лице во управувањето, користе
њето и располагањето со имот, раководењето со производниот или деловен потфат, некој
друг стопански процес или надзорот над нив. Како одговорно лице се смета и службено лиц
е кога се во прашање дела кај кои како, сторител е означено одговорно лице, а не се предв
идени во главата за кривични дела против службената должност, односно како кривични де
ла на службено лице предвидени во некоја друга глава на овој законик. Кога е тоа посебно
предвидено со овој законик, како одговорно лице се смета и лицето кое врши посебна функ
ција или овластување или на кое му е доверено самостојно вршење на определени работи
во странско правно лице, како и лицето кое е претставник на странско правно лице во Репу
блика Македонија.

110. Што се подразбира под семејно насилство?


Под семејно насилство се подазбира малтретирање, грубо навредување, загрозување на
сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое
се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, спрема брачен другар,
родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или
заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат
заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи.

111. Што се подразбира под жртва на кривично дело?


Под жртва на кривично дело се подразбира секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи
физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда
или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено кривично
дело.

112. Што се подразбира под дело од омраза?

14
Како дело од омраза изречно предвидено со одредбите на овој Законик, се смета кривично
дело против физичко или правно лице и со нив поврзани лица или имот кое е сторено во
целост или делумно поради реална или претпоставена (замислена, вообразена)
карактеристика или поврзаност на лицето што се однесува на раса, боја на кожа,
националност, етничко потекло, религија или уверување, ментална или телесна попреченост,
пол, родов идентитет, сексуална ориентација и политичко уверување.

113. Како се дефинира убиството и колку е основната казна за убиство?


Тој што друг ке лиши од живот ги исполнува обележјата на кривично дело убисто. Ќе
се казни со затвор најмалку пет години.

114. Кои се квалификувани убиства и како се казнуваат?


Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што:
1) друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин,
2) друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилство,
3) друг ќе лиши од живот и притоа со умисла ќе го доведе во опасност животот на у
ште некое лице,
4) друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување или прикривање на
друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди,
5) друг ќе лиши од живот по порачка,
6) друг ќе лиши од живот заради вадење на орган, ткиво или клетки за пресадување;
7) ќе лиши од живот женско лице за кое знае дека е бремено или малолетно лице и
8) ќе лиши од живот судија, јавен обвинител или адвокат, при вршењето на неговата
функција, односно дејност или службено или воено лице при вршењето на работите на јавн
ата или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на сторит
ел на кривично дело или чување на лице лишено од слобода.

115. Што се привилегирани убиства?

Привилегирани убиства се убиства во посебна субјектива состојба на раздразнетост


предизвикана од однесување на жртвата.

-Убиство од благородни побуди-Тој што друг ќе лиши од живот од благородни побуди, ќе се


казни со затвор од шест месеци до пет години.

-Убиство на миг- Тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на
силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно
насилство од страна на убиениот

-Убиство од небрежност-Тој што друг ќе лиши од живот од небрежност

-Убиство на дете при пораѓање- Мајка што ќе го лиши од живот своето дете за време на
пораѓањето или непосредно по пораѓањето во состојба на растројство предизвикано со
пораѓањето. Обидот е казнив.

-Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство- Тој што друг ќе наведе на


самоубиство или ќе му помогне во извршувањето на самоубиството и тоа ќе биде извршено

-Противправно прекинување на бременост- Тој што спротивно на прописите за прекинување


на бременост, на бремена жена со нејзина согласност ќе изврши, ќе започне да врши или ќе
помогне да изврши прекинување на бременоста

116. Како се извршува убиство на дете при пораѓање?

15
Мајка што ќе го лиши од живот своето дете за време на пораѓањето или непосредно по
пораѓањето во состојба на растројство предизвикано со пораѓањето ќе се казни со затвор од
три месеци до три години.

117. Како се извршува делото наведување на самоубиство и помагање во


самоубиството?
Тој што друг ќе наведе на самоубиство или ќе му помогне во извршувањето на самоубиството
и тоа ќе биде извршено, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

118. Кои се квалификувани облици на делото противправно прекинување на бременост


и присилна стерилизација?
Тој што се занимава со вршење на делото од став 1, ќе се казни со затвор од една д
о пет години. Тој што на бремена жена без нејзина согласност ќе изврши или ќе започне да
врши прекинување на бременоста, ќе се казни со затвор од една до пет години. Тој што без
согласност или со доведување во заблуда или искористување на незнаењето на женско ли
це спротивно на закон, со хируршка интервенција или на друг начин ќе ја прекине нејзината
способност за репродукција, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако делото е сто
рено спрема малолетно женско лице или настапило тешко телесно нарушување на здравје
то или смрт на женското лице, сторителот, ќе се казни за делото од ставот (1) на овој член
со затвор од шест месеци до пет години, а за делото од ставовите (2), (3) и (4) на овој член
со затвор најмалку пет години.

119. Која е разликата меѓу телесна повреда и тешка телесна повреда?


Телесна повреда- Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето. Тешка
телесна повреда- Тој што друг тешко телесно ќе го повреди или здравјето тешко ќе му го
наруши.

120. Што е објект на заштита кај делото повреда на рамноправност на граѓаните,


повреда на правото на употреба на јазик и писмо?
Правата на човекот и граѓанинот, утврдени со Уставот на Република Македонија, закон или со
ратификуван меѓународен договор. Со Уставот, закон или ратификуван меѓународен договор
загарантираното право на употреба на јазикот и писмото.

121. Како се извршува делото противправно лишување од слобода?


Тој што друг противправно ќе затвори, ќе го држи затворен или на друг начин ќе му ја одземе
или ограничи слободата на движење.

122. Кој е квалификуваниот облик на делото грабнување?


Тој што делото го стори спрема малолетно лице или тој што заради остварување на
целта на грабнувањето се заканува дека ќе го лиши од живот грабнатото лице или дека теш
ко телесно ќе го повреди, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

123. Кој е квалификуваниот облик на делото нарушување на неповредливост на домот?


Ако делото го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од
шест месеци до пет години.

124. Како се извршува делото противзаконско вршење на претрес?


Тој што противзаконито ќе врши претрес на лице, дом затворен или заграден простор што му
припаѓа на домот или на приватен деловен простор.

125. Како се извршува делото неовластено прислушкување и тонско снимање;


неовластено снимање?
Тој што со употреба на посебни уреди неовластено прислушкува или тонски снима разговор
или изјава што не му е наменета.

126. Што е објект на заштита кај делото неовластено прислушкување и тонско снимање,
неовластено снимање?
16
Кај неовластено прислушкување и тонско снимање како и кај делото неовластено снимање
објект на заштита е приватноста на луѓето.

127. На кој начин се врши делото повреда на авторски и сродни права?


Тој што во свое име или во име на друг неовластено ќе објави, прикаже, репродуцира,
дистрибуира, изведе, емитува или на друг начин неовластено ќе посегне по туѓо авторско
право или сродно право,односно авторско дело изведба или предмет на сродно право.

128. На кој начин се врши делото спречување на избори и гласање?


Тој што со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин оневозможува или спречува
одржување избори или гласање или го оневозможува или спречува утврдувањето или
објавувањето на резултатите од гласањето.

129. Кој е квалификуваниот облик на делото спречување на избори и гласање?


Тој што ќе го стори делото со употреба на оружје, експлозивни или други опасни направи, со
примена на насилство спрема две или повеќе лица или во организирана група, или на
подрачјето на две или повеќе избирачки места.

130. На кој начин се врши делото повреда на слободата на определување на


избирачите?
Тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг
ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право.

131. На кој начин се врши делото злоупотреба на избирачко право?


Тој што на избори или гласање ќе гласа наместо друг или ќе гласа повеќе од еднаш.

132. Како се казнува поткупот при избори и гласање?


Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга кор
ист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото п
раво, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

133. Кој е квалификуваниот облик на делото повреда на тајноста на гласањето?


Ако делото од став 1 го стори член на изборен орган или друго службено лице во вр
шењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор најмалку пе
т години.

134. Како се казнува основното дело уништување на изборен материјал?


Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да биде
неупотреблива исправа, книга или спис што служи за изборите или гласањето, ќе се казни со
затвор најмалку три години.

135. Кој може да биде сторител на делото изборна измама?


Член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со
изборите или гласањето што при изборите или гласањето, ќе го измени бројот на дадените
гласови со додавање или одземање на едно или повсќе гласачки ливчиња или ќе го измени
бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатиге од изборите
или гласањето со додавање или одземање на еден или повеќе гласови.

136. Каков облик на вина треба да има сторителот на делото повреда на правото од
работен однос?
Тој што свесно (умисла) не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за
засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата,
работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или
за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи
право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една
година.

17
137. На кој начин се врши делото повреда на правото од социјално осигурување?
Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за
здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и други видови социјално осигурување и со
тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа.

138. На кој начин се врши делото силување?


Тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот
или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се
казни со затвор од три до десет години.

139. Колку се казнува основното дело силување?


Ќе се казни со затвор од три до десет години

140. Кои се квалификувани облици на делото силување?


Ако делото е сторено врз дете кое не наполнило 14 години сторителот, ќе се казни с
о затвор најмалку десет години. Ако поради делото настапила тешка телесна повреда, смрт
или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено
суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години. Тој
што друг ќе присили на обљуба со сериозна закана дска за него или за нему блиско лице ќе
открие нешто што би му наштетило на неговата чест и углед или дека ќе предизвика друго т
ешко зло, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години

141. Како се казнува делото обљуба врз немоќно лице?


Тој што врз друг ќе изврши обљуба, злоупотребувајќи го душевното заболување, душевната
растроеност, немоќта, заостанатиот душевен развој или друга состојба поради која тоа лице е
неспособно за отпор, ќе се казни со затвор најмалку осум години.

142. Кој е квалификуван облик на делото полов напад врз дете кое не наполнило 14
години?
Ако поради делото настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или
делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку 15 години.

143. На кој начин се врши делото обљуба со злоупотреба на положбата?


Тој што со злоупотреба на својата положба ќе наведе на обљуба или друго полово дејствие
лице кое спрема него се наоѓа во однос на подреденост или зависност или со иста намера го
малтретира, застрашува или спрема него постапува на начин со кој се понижува човековото
достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

144. На кој начин се врши делото посредување во вршење проституција?


Тој што врбува, наведува, поттикнува или намамува лице на проституција или тој што на кој и
да е начин учествува во предавање на лице на друг заради вршење проституција.

145. Кој е квалификуван облик на делото одземање дете?


Тој што противправно ќе одземе дете од родител, посвоител, старател, од установа или од
лице на кое му е доверено или спречува тоа да биде кај лице кое има право на тоа или
оневозможува извршување на извршна одлука за доделување на малолетно лице. Ако
делото е сторено од користољубие или други ниски побуди или со примена на сила, закана
или измама или ако поради тоа потешко е загрозено здравјето, воспитувањето,
издржувањето или школувањето на детето, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци
до три години.

146. На кој начин се врши делото пренесување на заразна болест?


Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи,
дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на
заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна

18
болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна
болест.

147. Што е објект на заштита кај делото недопуштено пресадување на делови од


човечко тело?
Објект на заштита е телото и здравјето на луѓето.

148. На кој начин се врши делото неовластено производство и пуштање во промет на


наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори?
Тој што неовластено организира, произведува, преработува, продава или нуди на продажба
или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување
или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и
прекурсори.

149. Како се казнува основното дело овозможување на употреба на наркотични дроги?


Ќе се казни со затвор од една до пет години.

150. Како се казнува службеното лице кое врши дело загадување на животната средина
и природата?
Ќе се казни со казна затвор најмалку четири години.

151. Како се казнува основното дело кражба?


Парична казна или казна затвор до 3 години.

152. На кој начин се врши делото тешка кражба и како се казнува?


-Ако кражбата е сторена:
1)со кршење или провалување во затворени простории, со совладување препреки или на
друг начин совладување поголеми пречки,
2)од страна на повеќе лица здружени заради вршење кражба,
3)на дрзок начин,
4)од страна на лице кое кај себе имало некакво оружје или опасно орудие заради напад
или одбрана,
5)за време на пожар, поплава или слична несреќа и
6)со искористување на немоќта или несреќата на друг,сторителот ќе се казни со затвор
од една до пет години.

153. Која е разликата меѓу разбојништво и разбојничка кражба?


Тој што со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото
на друг ќе одземе туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои -
разбојништво. Тој што, затечен во кражба, ќе употреби сила или закана дека непосредно ќе
нападне врз животот или телото на друг со намера украдениот предмет да го задржи -
разбојничка кражба.

154. На кој начин се врши делото измама?


Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе
некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во
заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ
имот.

155. Како се казнува делото измамување на купувачи?


Ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

156. На кој начин се врши делото оштетување и неовластено навлегување во


компјутерски систем?
Тој што неовластено ќе избрише, измени, оштети, прикрие или на друг начин ќе направи
неупотреблив компјутерски податок или програма или уред за одржување на информатичкиот
систем или ќе го оневозможи или отежне користењето на компјутерски систем, податокот или
програмата или на компјутерска комуникација.

19
157. Што е компјутерска измама?
Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист со внесување
во компјутер или информатички систем невистинити податоци, со невнесување на вистинити
податоци со менување, бришење или прикривање на компјутерски податоци, со
фалсификување на електронски потпис или на друг начин ќе предизвика невистинит резултат
при електронската обработка и преносот на податоците.

158. Со каква намера се врши делото намерно предизвикување стечај?


Да не може да се утврди неговата вистинска имотна состојба.

159. Како се казнува делото предизвикување на стечај со несовесно работење?


Ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

160. Со каква намера се врши делото изнуда?


Со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист.

161. Како се казнува делото уцена?


Ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

162. На кој начин се врши делото лихварство?


Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг
несразмсрна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките
станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста.

163. На кој начин се врши делото прикривање?


Тој што ќе купи, ќе прими во залог или на друг начин ќе прибави, прикрие или протури
предмет или имот за кој знае дека е прибавен со кривично дело или она што е добиено за
него со продажба или со замена.

164. Кој е квалификуваниот облик на делото фалсификување на пари?


Ако поради делата од ставовите 1 и 2 дошло до растројство во стопанството на земјата,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

165. Како зе врши делото перење на пари и други приноси од казниво дело?
Тој што ќе пушти во оптек или промет, прими, преземе, замени или раситни пари или друг
имот што го прибавил со казниво дело или за кој знае дека е прибавен со казниво дело, или
со претворање, промена, пренос или на друг начин ќе прикрие дека потекнува од таков извор
или ќе ја прикрие неговата локација, движење или сопственост, ќе се казни со затвор од една
до десет години.

166. Што е објект на заштита кај делото перење на пари и други приноси од казниво
дело?
Објект на заштита е финансиското работење и јавните финансии на државата.

167. Како се врши делото криумчарење?


Тој што се занимава со пренесување непријавени стоки или стоки различни од декларираните
или пријавените преку царинска линија, избегнувајќи ја царинската контрола, или тој што
избегнувајќи ја царинската контрола ќе пренесе непријавена или стока различна од
декларираната или пријавената од поголема вредност.

168. Каква треба да биде намерата кај делото царинска измама?


Тој што со намера самиот или некој друг да избегне целосно или делумно плаќање на
давачки и даноци кои се плаќаат при увоз или извоз на кој е обврзан со закон, на царинскиот
орган му даде лажни податоци за стоки и други факти од влијание за пресметката за наплата
или враќање на давачките и даноците, или не исполни обврска според закон што е од
влијание на пресметката на давачките и даноците кои се плаќаат при увоз или извоз или на
друг начин го доведе во заблуда царинскиот орган, а износот на давачките и даноците кои се
20
плаќаат при увоз или извоз е од поголема вредност, ќе се казни со затвор од шест месеци до
три години и со парична казна.

169. Што е објект на заштита кај делото даночно затајување?


Објект на заштита е буџетот на РМ.

170. Кој може да биде сторител на делото загрозување на безбедноста во сообраќајот?


Учесник во сообраќај на јавните патишта кој не се придржува кон прописите и со тоа го
загрози јавниот сообраќај така што ќе ги доведе во опасност животот или телото на луѓето
или имот од значителен обем, па поради тоа некое лице телесно ќе биде повредено или ќе
настапи значителна имотна штета.

171. Како се казнува делото загрозување на територијалната целина?


Ќе се казни со затвор најмалку пет години.

172. Што е објект на заштита кај делото загрозување на независноста?


Независниот статус на Република Македонија.

173. Кои се елементите на делото терористичко загрозување на уставниот поредок и


безбедноста и како се казнува?
Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република
Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар,
поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на
несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

174. На кој начин се врши делото учество во странска војска, полиција, паравоени или
параполициски формации и како се казнува?
Тој што спротивно на закон создава, организира, регрутира, превезува, организира превоз,
опремува, обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска
војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или
поединечно, надвор од територијата на Република Македонија, ќе се казни со затвор од
најмалку пет години.

175. Кој е квалификуваниот облик на делото оддавање на државна тајна?


Ако делото од став 1 е извршено за време на војна или непосредна воена опасност или
довело до загрозување на безбедноста на економската или воената моќ на Република
Македонија сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.

176. Кој се јавува како сторител на делото злоупотреба на службената положба и


овластување?
Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со
пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на
својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му
нанесе штета.

177. Што е објект на заштита кај делото злоупотреба на службената положба и


овластување?
Објект на заштита е имотот на луѓето или некое друго право повредено со злоупотребата на
службената должност.

178. Како се казнува делото злоупотреба на службената положба и овластување?


Ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

179. На кој начин се врши делото примање поткуп?


Службено лице кое директно или индиректно ќе побара или ќе прими подарок или друга
корист или ќе прими ветување за подарок или друга корист за себе или за друг за да изврши
во рамките на своето службено овластување службено дејствие што не би смеело да го
изврши или да не изврши службено дејствие што би морало да го изврши.

21
180. Како се казнува основниот облик на делото примање поткуп?
Ќе се казни со затвор од четири до десет години.

181. Кој се јавува како сторител на делото давање на поткуп?


Тој што директно или индиректно на службено лице ќе му даде, вети или ќе му понуди
подарок или друга корист за него или за друг за да изврши во рамките на своето службено
овластување службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши службено
дејствие што би морало да го изврши или тој што посредува при ова.

182. Како се казнува основниот облик на делото давање поткуп?


Ќе се казни со затвор од една до пет години.

183. На кој начин се врши делото непријавување на подготвување на кривично дело?


Тој што знае дека се подготвува извршување на кривично дело за кое според законот може да
се изрече казна затвор од пет години или потешка казна, па во времето кога се уште било
можно да се спречи неговото извршување не го пријавил тоа, а делото било во обид или
извршено.

184. Како се казнува делото помагање на сторител по извршено кривично дело?


Тој што ќе скрие сторител на кривично дело за кое гонењето се презема по службена
должност или со прикривање на орудијата, трагите, предметите или на друг начин ќе му
помогне да не биде откриен или тој што крие осудено лице или презема други дејствија со кои
се оди кон тоа да не се изврши казната, изречените мерки на безбедност или да не се
применат воспитните мерки упатување во воспитна установа или во воспитно-поправен дом,
ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

185. Кој е квалификуваниот облик на делото лажно пријавување на кривично дело?


Тој што со подметнување траги или предмети на кривично дело или на друг начин ќе
предизвика поведување на кривична постапка за кривично дело за кое гонењето се презема
по службена должност против лице за кое знае дека не е сторител ќе се казни со затвор од
една до три години.

186. Кој се јавува како сторител на делото давање на лажен исказ?


Сведок, вештак, преведувач или толкувач кој пред суд, јавен обвинител, нотар, извршител,
орган на управа или друг орган кој донесува одлуки во со закон уредена постапка ќе даде
лажен исказ.

187. Како се казнува делото незаконито влијание врз сведоци?


Тој што со закана дека ќе нападне врз животот или телото или имот од поголем обем, со
нудење поткуп, со попречување или на друг начин влијае некое лице да се појави или да не
се појави како сведок во постапка пред суд или во управна постапка, или ако е повикано како
сведок да даде или да не даде исказ во определена смисла.

188. Кои се квалификувани облици на делото неизвршување на судска одлука?


Ако со делото од ставовите (1), (2) и (3) на овој член се предизвикало потешка повреда на
правата на друг или значителна имотна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до
десет години.

189. Со каква намера се врши делото компјутерски фалсификат?


Тој што со намера да ги употреби како вистински неовластено ќе изработи, внесе, измени,
избрише или направи неупотребливи компјутерски податоци или програми што се одредени
или подобни да служат како доказ за факти што имаат вредност за правните односи или тој
што таквите податоци или програми ќе ги употреби како вистински.

190. На кој начин се врши и како се казнува делото спречување на службено лице во
вршење на службено дејствие?

22
Тој што со сила или сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото ќе
спречи службено лице во вршење службено дејствие или ќе го присили на вршење службено
дејствие, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

191. Како се казнува делото напад врз службено лице при вршење работи на
безбедноста?
Со парична казна или со затвор до три години.

192. Што е злосторничко здружување?


Група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна
затвор од три години или потешка казна.

193. Како се казнува злосторничкото здружување?


Припадникот на групата или бандата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

194. На кои начини се врши делото трговија со луѓе?


Тој што со сила, сериозна закана доведува во заблуди или други форми на присилба,
грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојбата на бременост, нем
оќ или физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или
друга корист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице или на д
руг начин врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа лица зара
ди експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација, порн
ографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна бременост,
незаконито посвојување или нему сличен однос, питачење или експлотација заради со зак
он забранета активност или недопуштено пресадување делови од човековото тело.

195. На кој начин се врши делото тероризам?


Тој што ќе изврши едно или повеќе дела на убиство, телесно повредување, грабнување на
лица, уништување на јавни објекти, транспортни системи, објекти на инфраструктура,
компјутерски системи и други објекти во општа употреба, грабнување на авиони или други
средства на јавен транспорт, производство, поседување, транспорт, трговија, набавка или
примена со нуклеарно оружје, биолошки, хемиски оружја и други видови на оружја и опасни
материи, како и истражувања во насока на развој на биолошко и хемиско оружје, пуштање на
опасни радиоактивни, отровни и други опасни супстанции или предизвикување на пожар или
експлозија, уништување на постројки за снабдување со вода, енергија или други основни
природни извори, со намера за загрозување на животот и телото и создавање чувство на
несигурност или страв кај граѓаните.

196. Како се казнува делото Меѓународен тероризам?


Ќе се казни со затвор најмалку три години.

197. Кој е квалификуван облик на делото земање на заложници?


Ако при извршувањето на делото од став 1 сторителот со умисла го лишил од живот
грабнатото лице, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

198. Што е објект на заштита кај делото геноцид?


Животот и телото на припадници на некоја национална, етничка, расна или верска група.

199. Како се врши делото геноцид?


Тој што со намера наполно или делумно да уништи некоја национална, етничка, расна или
верска група, ќе нареди да се вршат убиства или тешки повреди на телото или тешко
нарушување на физичкото или душевното здравје на членовите на групата или присилно
раселување на населението или групата да се стави во такви животни услови што доведуваат
до наполно или делумно истребување на групата или да се применат мерки со кои се
спречува раѓање меѓу припадниците на групата или да се врши присилно преселување на
деца во друга група или тој што со иста намера ќе изврши некое од наведените дела.

23
200. Како се казнува делото геноцид?
Ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

201. Како се казнуваат воените злосторства против цивилно население?


Ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

202. Како одговараат командатите и другите претпоставени за дела сторени од лица


под нивната команда?
Воениот командант или лицето кое дејствува во такво својство е кривично одговорен за сите
кривични дела од членовите 403 до 416-а, извршени за време на војна или каков било
вооружен судир, меѓународен или внатрешен, од припадници на регуларни или
парамилитарни вооружени формации под негова директна команда и контрола, ако знаел или
врз основа на сите околности бил должен и можел да знае дека подготвуваат или вршат
такви дела, или пропуштил да ги преземе сите неопходни и разумни мерки за да го спречи
нивното извршување, или спречил или пропуштил покренување на кривично гонење на
сторителите на кривичните дела. Претпоставениот е кривично одговорен за сите кривични
дела од членовите 403 до 416-а, извршени за време на вооружен судир или за време на мир
од неговите потчинети во вршењето на службена или друга должност или работна обврска,
ако знаел или врз основа на сите околности бил должен и можел да знае дека подготвуваат
или вршат такви дела, или пропуштил да ги преземе сите неопходни и разумни мерки за да го
спречи нивното извршување, или спречил или пропуштил покренување на кривично гонење
на сторителите на кривичните дела.

203. Како се казнува основното дело криумчарење на мигранти?


Ќе се казни со затвор најмалку четири години.

204. Што се подразбира под расна дискриминација?


Тој што шири идеи за супериорност на една раса над друга или пропагира расна омраза или
поттикнува на расна дискриминација.

205. Што е објект на заштита кај делото расна и друга дискриминација?


Основните човекови права и слободи признати од страна на меѓународната заедница.

206. Како се казнува делото загрозување лица под меѓународна заштита?


Ќе се казни со затвор најмалку една година.

207. Што е објект на заштита кај делото злоупотреба на постапката за јавен повик,
доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство?
Прописите за постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-
приватно партнерство.

208. Што се подразбира под поимот насилство врз дете?


Под насилство врз дете покрај насилството се подразбира и психичко насилство, насилство
преку интернет, врсничко насилство, како и демнење и следење на детето.

209. Како се казнува делото насилство врз дете?


Со парична казна или со затвор од шест месеци до три години.

210. На кој начин се врши делото попречување на правдата?


Тој што со намера да наведе на давање на лажен исказ лице кое може да биде повикано како
сведок, или вештак или да го спречи или да го отежне прибавувањето докази или
докажувањето во кривичната постапка, во постапка пред суд или друг орган кој што води
постапка согласно закон ќе се закани дека ќе нападне врз животот или телото или имот од
поголем обем, лице кое може да биде повикано како сведок или вештак или на нив блиски
лица, или со примена на сила, насилство, противправно лишување од слобода, со нудење
поткуп или на друг начин ќе влијае или ќе спречи тоа лице да се појави како лице кое може да
биде повикано како сведок, сведок или вештак во постапката, или ако е повикано како сведок
или вештак да даде или да не даде исказ во определена смисла.
24
211. Како се казнува делото попречување на правдата?
Ќе се казни со затвор од една до пет години.

II. ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

1. Кои гаранции ги содржи правото на правично судење?


Лицето обвинето за кривично дело има право во правично и јавно судење пред независен и
непристрасен суд, во контрадикторна постапка да може да ги оспорува обвиненијата против
него и да предлага и изведува докази во своја одбрана.

2. Во што се состои правото на судење во разумен рок?


Лицето против кое се води постапката има право во разумен рок да биде изведено п
ред суд и да му биде судено без неоправдано одолжување. Судот е должен постапката да ј
а спроведе без одолжување и да ја оневозможи секоја злоупотреба на правата кои им прип
аѓаат на лицата кои учествуваат во постапката. Траењето на притворот и другите ограничу
вања на личната слобода мора да бидат сведени на најкратко нужно време.

3. Кои докази се сметаат за прибавени на незаконит начин?


Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата
утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и
доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова
судската одлука.

4. Во каков состав судат судовите во прв степен?


Во прв степен судовите судат во совети составени од двајца судии и тројца судии -поротници
за кривични дела за кои со закон е пропишана казна затвор во траење од 15 години или казна
доживотен затвор, а во совети составени од еден судија и двајца судии -поротници за
кривични дела за кои со закон е пропишана поблага казна. За кривични дела за кои како
главна казна е пропишана парична казна или казна затвор до пет години, во прв степен суди
судија поединец.

5. Во каков состав судат судовите во втор степен?


Во втор степен судовите судат во совети составени од петмина судии за кривични дела за кои
со закон е пропишана казна затвор во траење од 15 години или казна доживотен затвор, а
во совети составени од тројца судии за кривични дела за кои е пропишана поблага казна.
Кога суди во втор степен на расправа, советот е составен од двајца судии и тројца судии
поротници.

6. Во каков состав судат судовите во трет степен?


Во трет степен судовите судат во совети составени од петмина судии.

7. За што одлучува советот составен од тројца судии (КС) во првостепените судови?


Првостепените судови, во совет составен од тројца судии, одлучуваат за жалби против
одлуките на судијата на претходна постапка и против други решенија кога тоа е определено
со овој закон, донесуваат одлуки во прв степен надвор од главната расправа, донесуваат
пресуда според одредбите за извршување на странска кривична пресуда утврдени со
посебен закон и ставаат предлози во случаите предвидени во овој или во друг закон.

8. Како, по правило, се определува месната надлежност?


Месно надлежен, по правило, е судот на чие подрачје е извршено или обидено кривичното
дело.

9. Како се определува месна надлежност на судот кога делото е извршено или обидено
на подрачје на различни судови?
Ако кривичното дело е извршено или обидено на подрачја на различни судови или на
границата на тие подрачја или е неизвесно на кое подрачје е извршено или обидено,
25
надлежен е оној од тие судови што по барање од овластениот тужител прв ја започнал
постапката, а ако постапката сé уште не е започната, судот до кој прво е поднесено барањето
за поведување на постапката.

10. Како се определува месна надлежност за дела сторени преку печатот?


Ако кривичното дело е сторено преку печат, надлежен е судот на чие подрачје списот е
печатен. Ако тоа место не е познато или списот е печатен во странство, надлежен е судот на
чие подрачје се растура печатениот спис. Ако според Законот е одговорен составувачот на
списот, надлежен е и судот на местото во кое составувачот има живеалиште или судот на
местото каде што се случил настанот на кој се однесува списот.

11. Како се постапува кога надлежниот суд од правни или стварни пречки е спречен да
постапува?
Ако надлежниот суд од правни или стварни причини е спречен да постапува, е должен да го
извести за тоа непосредно повисокиот суд кој по испитувањето на јавниот обвинител, кога
постапката се води по барање од јавниот обвинител, ќе определи друг стварно надлежен суд
на своето подрачје.

12. Кој е овластен да поднесе предлог за пренесување на месната надлежност?


По предлог од судијата на претходната постапка, судијата поединец или од претсед
ателот на советот или по предлог од јавниот обвинител кој постапува пред судот што одлуч
ува за пренесување на месната надлежност кога кривичната постапка се води по барање о
д јавниот обвинител.

13. Во кои случаи судија или судија поротник e должен да бара изземање?
Судија или судија - поротник не смее да врши судиска должност, ако:
1) е оштетен со кривичното дело;
2) обвинетиот, неговиот бранител, тужителот, оштетениот, неговиот законски застапник и
ли полномошник, му е брачен, односно вонбрачен другар или роднина по крв во права лин
ија до кој и да е степен, во странична линија до четврти степен, а по сватовство до втор сте
пен;
3) со обвинетиот, неговиот бранител, тужителот или со оштетениот е во однос на старател,
лице под старателство, посвоител, посвоеник, хранител или храненик;
4) во истиот кривичен предмет учествувал како судија на претходна постапка, учествувал
во испитувањето на обвинението пред главната расправа, или учествувал во постапката ка
ко тужител, бранител, законски застапник или полномошник на оштетениот, односно на туж
ителот, или е испитан како сведок или како вештак и
5) во истиот предмет учествувал во донесувањето на одлуката на понискиот суд или ако в
о истиот суд учествувал во донесувањето на одлуката која се побива со жалбата.

14. Како се одвива постапката за изземање на судија или судија поротник?


Судијата или судија - поротник веднаш штом ќе дознае дека постои некоја од причините за
изземање од членот 33 став (1) на овој закон, е должен да ја прекине секоја работа врз тој
предмет и за тоа да го извести претседателот на судот, кој ќе му определи замена. Ако
станува збор за изземање на претседателот на судот, тој самиот ќе си определи заменик од
редот на судиите на тој суд, а ако тоа не е можно ќе побара од претседателот на непосредно
повисокиот суд да определи замена.

15. Во кои случаи странките може да бараат изземање и како се постапува во таков
случај?
Странките можат да поднесат барање за изземање до почетокот на главната распра
ва, а ако за причината за изземањето ја дознале подоцна, барањето го поднесуваат ведна
ш по дознавањето.

16. Кој е надлежен да одлучува за изземање на судија или судија поротник?


За барањето за изземање од членот 35 на овој закон одлучува претседателот на судот.

26
17. Кои права и должности ги има јавниот обвинител во предмети за кривични дела за
кои се гони по службена должност?
Во предметите за кривични дела за кои гонењето се презема по службена должн
ост, јавниот обвинител има право и должност да:
- ги насочува дејствијата на органите надлежни за откривање и пријавување на кривичните
дела и на нивните сторители,
- предлага или да издава наредба за преземање на посебни истражни мерки, под услови и
на начин определени со овој закон,
- донесува наредба и да спроведува истражна постапка,
- пронаоѓа, предлага и да обезбедува докази, под услови и на начин опредeлени со овој за
кон,
- предлага привремени мерки заради обезбедување на имот или предмети прибавени со к
ривично дело или заради извршување на мерката конфискација,
- одлучува за одлагање на кривичното гонење под услови и на начин определeни со овој з
акон,
- предлага издавање на казнен налог под услови определени со овој закон,
- преговара и да се спогодува со обвинетиот за признавање на вина, на начин и под услов
и определени со овој закон,
- поднесува и застапува обвиненија пред надлежниот суд,
- поднесува жалби против неправосилни судски одлуки и вонредни правни лекови против п
равосилни судски одлуки,
- одлучува по жалба на оштетениот во случаи утврдени со овој закон и
- презема и други дејствија утврдени со закон.

18. Во кои случаи дејствијата во постапката може да ги преземе и ненадлежен јавен


обвинител?
Кога постои опасност од одлагање, дејствијата во постапката ќе ги преземе и ненадлежен
јавен обвинител, но за тоа мора веднаш да го извести надлежниот јавен обвинител.

19. За кој вид на кривични дела (од аспект на пропишана казна) може јавниот обвинител
условно да го одложи кривичното гонење?
Јавниот обвинител со согласност на оштетениот може со решение да го одложи кривичното
гонење за кривично дело за кое е пропишана казна затвор до три години ако осомничениот
е подготвен да се однесува според упатствата на јавниот обвинител и да ги исполни
определените обврски со кои се намалуваат или отстрануваат штетните последици на
кривичното дело, се става крај на вознемирувањето што е резултат на кривичното дело,
односно се влијае со цел да се реинтегрира осомничениот.

20. Кои обврски може да се наметнат на осомничениот во случај на условно одлагање


на кривичното гонење?
1) отстранување или надоместување на штетата;
2) враќање на одземените предмети;
3) плаќање на паричен придонес во полза на Буџетот на Република Македонија или инстит
уција што врши јавни овластувања или во хуманитарни цели;
4) исполнување на обврските во однос на издржувањето;
5) подложување под третман за одвикнување од зависности;
6) подложување на психосоцијална терапија заради отстранување на насилничко однесув
ање;
7) забрана за посетување или контактирање со жртвите на казненото дело, како и со трети
лица определени од страна на јавниот обвинител во период не подолг од шест месеци;
8) определување општокорисна работа во траење од 40 до 120 часа или
9) кога се исполнети условите за ослободување поради компензација на штетата
определени со Кривичниот законик.

21. Како постапува јавниот обвинител ако осомничениот ги започнал, но не ги довршил


наметнатите обврски?

27
Ако сторителот ги започнал, но не ги довршил наметнатите обврски во определениот рок,
јавниот обвинител поднесува предлог за поведување скратена постапка, при што се зема
предвид делот од извршените обврски.

22. Во кои случаи јавниот обвинител не е должен да преземе кривично гонење или
може да се откаже од гонењето? - ако:
1) во Кривичниот законик е утврдено дека судот може сторителот на кривично дело да го о
слободи од казна и ако јавниот обвинител со оглед на конкретните околности на случајот ќе
оцени дека самата пресуда без кривична санкција не е потребна;
2) во Кривичниот законик за кривичното дело е пропишана парична казна или казна затвор
до три години, а осомничениот поради вистинско каење го спречил настанувањето на штет
ните последици или ја надоместил сета штета и ако јавниот обвинител со оглед на конкрет
ните околности на случајот ќе оцени дека кривичната санкција не е основана или
3) осомничениот како член на организирана група, банда или друго злосторничко здружен
ие доброволно соработува пред или по откривањето или во текот на кривичната постапка и
ако таквата соработка и изјава на тоа лице е од суштествено значење за кривичната поста
пка.

23. Како се формираат истражните центри на јавното обвинителство?


Истражните центри се формираат со одлука на јавниот обвинител на Република Македонија.

24. Кои надлежности ги имаат истражните центри на јавното обвинителство?


Учествуваат во преземањето на истражните дејствија на начин што го подготвуваат
нивното спроведување, примаат изјави и предлози, како и самостојно преземаат определе
ни истражни дејствија доверени од страна на јавниот обвинител. Записникот за ваквото деј
ствие го одобрува јавниот обвинител во рок од 48 часа од преземеното дејствие. Работниц
ите кои се избрани да работат во истражниот центар му се на располагање на јавниот обви
нител, работат под негова контрола и надзор, ги почитуваат и извршуваат неговите наредб
и, работат согласно со неговите насоки и упатства и за својата работа му одговараат на јав
ниот обвинител.

25. Кои се должностите на правосудната полиција?


Правосудната полиција по службена должност или по наредба на јавниот обвинител презема
мерки и активности со цел за откривање и криминалистичко истражување на кривични дела,
спречување на натамошни последици на кривични дела, фаќање и пријавување на нивните
сторители, обезбедување на докази и други мерки и активности што можат да користат за
непречено водење на кривичната постапка. Правосудната полиција спроведува истражување
и дејствија наложени или доверени од судот и јавното обвинителство

26. Каков е составот на правосудната полиција?


Должностите на правосудната полиција, во смисла на овој закон, ги вршат: полициските служ
беници во организационите единици во Министерството за внатрешни работи, Управата за ф
инансиска полиција и Царинската управа кои согласно со законски утврдениот делокруг на ра
бота преземаат мерки и активности за откривање на кривични дела, фаќање и пријавување н
а сторителите на кривични дела, обезбедување на докази на кривичните дела и други мерки с
о кои се овозможува непречено водење на кривичната постапка; припадниците на правосудна
та полиција во истражните центри на јавното обвинителство и службениците доделени на јав
ниот обвинител.

27. Кои лица влегуваат во составот на службеници на правосудната полиција?


Службеници на правосудната полиција се полициските службеници во Министерството за
внатрешни работи, припадниците на Управата за финансиска полиција и со закон овластени
лица на Царинската управа од организационите единици наведени во членот 48 точки 1 и 3
од овој закон, како и припадниците на правосудната полиција во истражните центри на
јавното обвинителство.

28. Каков статус имаат службениците доделени на јавниот обвинител по потреба?


Статус на правосудна полиција.
28
29. Какви надлежности има јавниот обвинител во однос на дисциплинска одговорност
на припадниците на правосудната полиција?
За дисциплинска одговорност на припадниците на правосудната полиција во врска со
вршењето на функциите согласно со овој закон, надлежниот јавен обвинител може да
поднесе иницијатива за поведување дисциплинска постапка до надлежниот орган каде што се
вработени припадниците на правосудната полиција, согласно со закон.

30. Кои жртви имаат право на посебни мерки на процесна заштита при давањето исказ
и испитувањето во сите фази на постапката?
Жртвите имаат право на посебни мерки на процесна заштита при давањето исказ и
испитувањето во сите фази на постапката, ако:
1) во времето на давањето на исказот се на возраст под 18 години;
2) со давањето исказ или одговор на определено прашање би се изложиле себе си или бл
иско лице на сериозна опасност по животот, здравјето или физичкиот интегритет (загроз
ени жртви) и
3) заради возраста, природата и последиците на кривичното дело, физичкиот или психичк
иот инвалидитет или друга од значење здравствена состојба, општественото и културното
минато, семејните околности, религиозните уверувања и етничката припадност на жртвата,
однесувањето на обвинетиот, членовите на семејството или пријателите на обвинетиот кон
жртвата би имало штетни последици по нивното психичко или физичко здравје или негат
ивно ќе влијае врз квалитетот на дадениот исказ (посебно чувствителни жртви).

31. Спрема кои жртви судот мора да определи посебна мерка на процесна заштита?
Судот мора да определи посебна мерка на процесна заштита во случаите од ставот
(1) точка 1 на овој член(прашање 30), и тоа:
1) кога детето жртва има потреба од посебна грижа и заштита или
2) кога детето е жртва на трговија со луѓе, насилство или сексуална злоупотреба.

32. Кои посебни права ги има жртвата на кривични дела против половата слобода и
половиот морал, човечноста и меѓународното право?
Жртвата на кривични дела против половата слобода и половиот морал, човечноста и меѓуна
родното право, покрај правата од членот 53 на овој закон ги има и следниве права:
1) пред испитувањето да разговара со бесплатен советник или со полномошник, доколку в
о постапката учествува како оштетен;
2) да биде испитувана од лице од ист пол во полиција и јавното обвинителството;
3) да не одговори на прашања што се однесуваат на личниот живот на жртвата , а не се по
врзани со кривичното дело;
4) да бара испитување со помош на визуелно-тонски средства на начин опред
елен со овој закон и да бара исклучување на јавноста на главната расправа.

33. Кои права ги има лице повикано, приведено или лишено од слобода?
(1) Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде известено,
на јазик што го разбира, за причините за повикувањето, приведувањето или лишувањето о
д слобода за какво и да е сомневање за сторено кривично дело против него, како и за него
вите права и од лицето не може да се бара изјава.
(2) Обвинетиот најпрвин на јасен начин мора да се поучи за правото да молчи, за правото
насамо да се советува со адвокат и да има бранител по негов избор за време на испитува
њето.
(3) Лицето приведено или лишено од слобода ќе се поучи и за правото да извести член на
неговото семејство или нему блиско лице, односно дипломатско- конзуларното претставни
штво на државата чиј државјанин е лицето за неговото приведување или лишување од сло
бода.
(4) По потреба или по барање на лицето приведено или лишено од слобода ќе му се обез
беди соодветна лекарска помош.

34. Кои основни права ги има секој обвинет?

29
Секој обвинет ги има следниве основни права:
- да биде навремено и детално информиран, на јазик што го разбира, за делата за кои се т
овари и за доказите против него,
- да има доволно време и можности за подготвување на својата одбрана, а особено да им
а увид во списите и да биде запознаен со доказите против него и во негова корист, како и д
а комуницира со бранител по сопствен избор,
- да биде суден во негово присуство и да се брани лично или со помош на бранител по со
пствен избор, а доколку нема средства да плати бранител, да добие бесплатен бранител к
ога тоа го бараат интересите на правдата,
- да ја изнесе својата одбрана,
- да не биде присилен да даде исказ против себе или своите блиски или да признае вина,
- да има можност да се изјасни за фактите и доказите што го товарат и да ги изнесе сите ф
акти и докази што му одат во прилог,
- самиот или преку бранител да ги испита сведоците против него, како и да му се обезбеди
присуство и испитување на сведоците во негова корист под исти услови, како и сведоците п
ротив него и
-во текот на главната расправа да се советува со својот бранител.

35. Кога обвинетиот мора да се поучи за правото на бранител?


Обвинетиот пред првото испитување или пред друго дејствие за кое таа обврска е
предвидена со овој закон мора да се поучи дека има право на бранител по свој избор со кого
може насамо да се советува и дека бранителот може да присуствува на неговото испитување.

36. Дали постои можност обвинетиот да даде усно полномошно?


Обвинетиот може на бранителот да му даде и усно полномошно на записник пред органот
пред кој се води постапката.

37. Кои лица не може да бидат бранители?


Бранител не може да биде жртвата, оштетениот, брачниот, односно вонбрачниот др
угар на жртвата, на оштетениот или на тужителот, ниту нивен роднина по крв во права лин
ија. Бранител не може да биде лице кое е повикано како сведок во постапката, освен ако сп
оред овој закон е ослободено од должноста за сведочење и изјавило дека нема да сведочи
или ако бранителот се сослушува како сведок во случајот од членот 213 точка 2 на овој зак
он. Бранител не може да биде лице кое во истиот предмет e сообвинето, ниту лице кое пос
тапувало како судија, јавен обвинител или полициски службеник.

38. Во кои случаи постои задолжителна одбрана?


(1) -Ако обвинетиот е нем, глув или неспособен самиот успешно да се брани, или ако про
тив него се води кривична постапка за кривично дело за кое во законот е пропишана казна
доживотен затвор, мора да има бранител уште при првото испитување.
(2) Обвинетиот мора да има бранител ако против него е определен притвор за времето д
одека трае притворот.
(3) По поднесениот обвинителен акт поради кривично дело за кое со закон е пропишана к
азна затвор од десет години или потешка казна затвор, обвинетиот мора да има браните
л во времето на доставувањето на обвинителниот акт.
(4) Во текот на постапката за преговарање и спогодување со обвинителот за признавањ
е на вината, обвинетиот мора да има бранител.
(5) Обвинетиот на кој му се суди во отсуство мора да има бранител веднаш по донесено
то решение за судење во отсуство.

39. Како постапува судот ако, во случај на задолжителна одбрана, обвинетиот самиот
не земе бранител?
Ако обвинетиот во случаите на задолжителна одбрана не земе бранител сам, претседателот
на судот ќе му постави бранител по службена должност за натамошниот тек на кривичната
постапка до правосилноста на пресудата.

30
40. Кои услови треба да бидат исполнети за да се ползува законската можност за
одбрана на сиромашни?
Кога не постојат услови за задолжителна одбрана, ако според својата имотна состојба не
може да ги поднесува трошоците на одбраната, на обвинетиот може по негово барање да
му се постави бранител, кога тоа го бараат интересите на правдата, а особено тежината на
кривичното дело и сложеноста на случајот. Во барањето обвинетиот може самиот да посочи
определен адвокат за бранител од листата на адвокати од соодветната адвокатска заедница.

41. Кој е надлежен да одлучува по барањето на обвинетиот за одбрана на сиромашни?


За барањето одлучува судијата на претходната постапка, односно претседателот на советот,
а бранителот го поставува претседателот на судот.

42. Како се постапува во случај на отповикување на полномошно?


Кога обвинетиот го отповикува полномошното на својот бранител, за тоа ќе го извести судот
веднаш, а најдоцна во рок од три дена.

43. Како се постапува во случај кога бранителот се откажал од полномошното?


Кога бранителот го откажал полномошното на обвинетиот, обвинетиот е должен веднаш, а
најдоцна во рок од три дена да го извести судот за отповикувањето на полномошното и ако
обвинетиот не определил нов бранител, судот во рок од три дена ќе му постави бранител по
службена должност.

44. Во кои случаи може да се разреши поставениот бранител?


(1) Наместо поставениот бранител од членовите 74 и 75 на овој закон, обвинетиот може с
амиот да земе друг бранител. Во тој случај поставениот бранител ќе се разреши.
(2) Поставениот бранител само од оправдани причини може да бара да биде разрешен.
(3) Претседателот на судот, по барање на претседателот на советот или обвинетиот, или
со негова согласност, може да го разреши поставениот бранител, ако неуредно и несовесн
о ја врши должноста. Наместо разрешениот бранител, претседателот на судот ќе постави
друг бранител. За разрешувањето на бранителот претседателот на судот ќе ја извести Адв
окатската комора на Република Македонија.

45. Какви права има бранителот?


Бранителот е овластен во корист на обвинетиот да ги презема сите дејствија што мо
же да ги преземе обвинетиот. За подготовка на одбраната бранителот може да бара извест
увања од граѓани. Во текот на кривичната постапка, бранителот има право да ги разгледа с
писите и доказите, согласно со одредбите од овој закон. Бранителот има право да направи
увид и да добие препис од записниците и другите списи од дејствијата на кои одбраната им
ала право да присуствува, а кои се чуваат во јавното обвинителство.

46. Како се остварува увидот во списите?


Во текот на кривичната постапка, бранителот има право да ги разгледа списите и доказите,
согласно со одредбите од овој закон. Бранителот има право да направи увид и да добие
препис од записниците и другите списи од дејствијата на кои одбраната имала право да
присуствува, а кои се чуваат во јавното обвинителство.

47. Како се остварува комуникацијата помеѓу бранителот и обвинетиот во притвор?


Ако обвинетиот се наоѓа во притвор бранителот може со него слободно и без надзор да се д
опишува и да разговара. По исклучок, судијата на претходната постапка ова право може да г
о подложи само на визуелен надзор ако притворот е одреден по основ на членот 165 став
(1) точка 2 од ЗКП, а постои веројатност дека обвинетиот ќе ги злоупотреби контактите со бр
анителот.

48. Што содржи писмената покана со која се врши повикувањето?


Ги содржи називот на органот што повикува, името и презимето на повиканото лице,
називот на кривичното дело што му се става на товар, местото каде што повиканото лице т
реба да дојде, денот и часот кога треба да дојде, назначување во какво својство се повикув
а и предупредување дека во случај на недоаѓање може да биде приведен, службен печат и
31
потпис од одговорното лице, во органот кој го повикува лицето, односно на надлежниот суд
и судијата кој го повикува.

49. Што содржи решението во однос на мерката на претпазливост - забраната за


напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето?
Со решениетo со кое се определува мерката на претпазливост забрана на напуштање на
престојувалиштето, односно живеалиштето судот ќе го определи местото во кое обвинетиот
мора да престојува додека трае мерката, како и границите вон кои не смее да се оддалечува.

50. Што содржи решението во однос на мерката на претпазливост - обврска на


обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен
државен орган?
Со решението со кое се определува мерката на претпазливост обвинетиот повреме
но да се јавува на одредено лице или надлежен државен орган, судот ќе определи службен
о лице на кое обвинетиот мора да му се јавува, рокот во кој треба да се јавува и начинот на
водење на евиденцијата за јавување.

51. Што содржи решението во однос на мерката на претпазливост - привремено


одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно
забрана за нејзино издавање?
Решението со кое се определува мерката на претпазливост привремено одземање на патна
или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино
издавање, судот го донесува ако постои опасност од бегство. Во решението се наведуваат
податоците за патната исправа. Одземената патна исправа се чува кај органот што ја одзел и
се враќа со одлука на судот кога ќе престанат причините поради кои била одземена.
Забраната за издавање на патна исправа престанува со одлука на судот.

52. Што содржи решението во однос на мерката на претпазливост - забрана за


посетување на определено место или подрачје?
Со решението со кое се определува мерката на претпазливост забрана за посетува
ње на определено место или подрачје судот ќе го определи местото или подрачјето, како и
растојанието на кое не смее да се приближува.

53. Што содржи решението во однос на мерката на претпазливост - забрана за


приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со
определени лица?
Со решението со кое се определува мерката на претпазливост забрана за приближу
вање или воспоставување, односно одржување контакти или врски со одредени лица, су
дот ќе ја определи далечината, местото или подрачјето до кое обвинетиот не смее да се пр
иближи, односно ќе наведе поблиски податоци за лицето или лицата со кои се забранува в
оспоставување или одржување контакти или врски.

54. Што содржи решението во однос на мерката на претпазливост - забрана за


преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело?
Со решението со кое се определува мерката на претпазливост забрана за презема
ње на определени работни активности што се поврзани со кривичното дело, судот подетал
но ќе ги определи видот и предметот на тие работни активности.

55. Кој орган, во зависност од фазата на постапување е надлежен да ги определи


мерките на претпазливост?
Мерките на претпазливост пo предлог на јавниот обвинител во текот на истражната постапка
ги определува судијата на претходната постапка, а по стапувањето на обвинението во правна
сила или по поднесувањето на обвинителниот предлог до правосилноста на пресудата, судот
пред кој се води постапката.

56. До кога може да траат мерките на претпазливост?


Мерките на претпазливост може да траат додека постои потреба, а најдолго до
правосилноста на пресудата.
32
57. Како се врши проверка на извршувањето на мерките на претпазливост?
Судот по службена должност на секои два месеца преиспитува дали има потреба за
траење на мерката на претпазливост и таа може да се укине и пред рокот ако престанала п
отребата или ако повеќе не постојат законски основи за примената.

58. Кои услови треба да бидат исполнети за судот, на предлог на странките, да може да
определи гаранција?
Судот на предлог на странките може да определи гаранција против лице за кое е до
несена наредба за спроведување на истражна постапка ако оцени дека постои основано со
мневање дека сторило кривично дело и кога постојат околности што:
1) укажуваат на опасност од бегство или
2) го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе го повтори или доврши кривичното дело
или ќе го стори кривичното дело со кое се заканува.

59. Во кои случаи може да се менува висината на гаранцијата?


Веќе определената висина на гаранцијата може да се промени во случај на проширување на
истражната постапка, како и доколку во текот на постапката се дознаат дополнителни околн
ости во однос на имотната состојба на обвинетиот, а кои влијаат врз определувањето на вис
ината на гаранцијата.

60. Во кои случаи се укинува гаранцијата?


Гаранцијата му се враќа на лицето кое ја положило ако е донесена ослободителна пресуда,
ако обвинението се одбива или ако постапката е запрена.

61. Во кои случаи пропаѓа положената гаранција?


Положената гаранција ќе пропадне и на обвинетиот ќе му се определи притвор, ако:
- не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот;
- побегне и
- го повтори или доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува.

62. Кој е надлежен орган за донесување на решение за гаранција?


Решение за гаранција донесува во текот на истражната постапка судијата на претходна пост
апка, а по потврдување на обвинителниот акт или поднесување на обвинителен предлог, ре
шение за гаранцијата донесува советот од членот 25 став (5) .

63. Кој орган е надлежен да одлучува по жалба на решението за определување,


укинување или пропаѓање на гаранцијата?
Против решението за определување, укинување или пропаѓање на гаранцијата е дозволена
жалба до непосредно повисокиот суд.

64. Кој издава наредба за приведување и во кои случаи?


Наредба да се приведе обвинетиот може да издаде судот ако постојат основи за притвор од
членот 165 на овој закон, ако веќе е донесено решение за притвор или ако уредно повиканиот
обвинет не дојде, а својот изостанок не го оправда или ако не можело да се изврши уредно
доставување на поканата, а од околностите очигледно произлегува дека обвинетиот го
одбегнува приемот на поканата.

65. Кога се смета дека е лице затечено во извршување на кривичното дело?


Лице затечено во извршување на кривично дело е лице кое е забележано при вршење на
дејствието на делото, односно лице кое непосредно по сторено кривично дело е затечено под
околности кои укажуваат дека сторило кривично дело.

66. Кој може да лиши од слобода лице затечено во извршување на кривично дело и што
е должен да стори во таков случај?
Лицето затечено во извршување на кривично дело за кое се гони по службена должност може
да го лиши од слобода секој ако постои опасност од бегство за што веднаш се известува

33
полицијата. Лицето лишено од слобода се задржува сè до доаѓањето на полицијата, која мора
за тоа веднаш да биде известена.

67. Во кои случаи правосудната полиција може без одлука на суд да лиши некого од
слобода?
Правосудната полиција може без одлука на суд да лиши од слобода и лице за кое п
остојат основи на сомневање дека сторило кривично дело за кое се гони по службена долж
ност само ако постои опасност од одлагање, ако постои некоја од причините за притвор од
членот 165 став (1) на овој закон, но е должна веднаш, а најдоцна во рок од шест часа од
лишувањето од слобода да го изведат лицето пред надлежниот судија на претходната пос
тапка и за тоа да го извести јавниот обвинител. За причините и за времето на лишувањето
од слобода правосудната полиција го известува судијата на претходната постапка, за што
составува службена белешка.

68. За што се поучува лицето лишено од слобода што се задржува?


При лишувањето од слобода лицето веднаш ќе се запознае за причините за лишувањето од
слобода и ќе се поучи за правата од членот 69 на овој закон веднаш или откако за тоа ќе се
создадат услови.

69. Во кој рок задржаното лице треба да биде изведено пред службеникот за прифат?
Лицето лишено од слобода мора во рок од најмногу шест часа да се доведе пред
службеникот за прифат во посебно определените полициски станици, кој со посебно пишано
и образложено решение ќе одлучи дали лицето ќе се задржи поради причините од членот 159
став (1) на овој закон или ќе биде пуштено на слобода.

70. Кој има увид и контрола во регистарот на Министерство за внатрешни работи за


лицата лишени од слобода?
За лицата лишени од слобода се води посебен регистар во информатичкиот систем на
Министерството за внатрешни работи. Увид и контрола во овој регистар редовно врши
надлежниот јавен обвинител. Увид во овој регистар врши и Народниот правобранител на
Република Македонија.

71. Какви обврски има службеникот за прифат по прием на лицето лишено од слобода?
(1) -Службеникот за прифат го известува јавниот обвинител веднаш по приемот на лице
то лишено од слобода. Известувањето се внесува во записникот за задржување.
(2) Службеникот за прифат ги внесува во записник и приемот на предметите одземени
од лицето лишено од слобода. Примерок од овој записник се доставува на јавниот обвинит
ел, лицето лишено од слобода и полицискиот службеник што го довел.
(3) Службеникот за прифат наложува претрес на лицето лишено од слобода при неговот
о доведување во полициската станица или друго место определено за задржување согласн
о со членот 161 став (4) на овој закон. Предметите и трагите кои можат да послужат како до
каз или кои можат да ја загрозат безбедноста на лицето лишено од слобода или некое друг
о лице привремено ќе се одземат со потврда.

72. Колку може најдолго да трае задржувањето пред лицето лишено од слобода да се
изведе пред надлежен судија?
Задржувањето може да трае најдолго 24 часа од моментот на лишување од слобода и во овој
рок лицето мора да се изведе пред надлежниот судија. По истекот на овој рок задржаното
лице мора да биде пуштено на слобода.

73. Кои органи имаат право без дозвола и одобрение да ги посетуваат и без надзор да
разговараат со задржаните лица?
Народниот правобранител на Република Македонија, претставниците на Европскиот
комитетот за превенција од тортура или понижувачко однесување или казнување на Советот
на Европа, претставниците од Поткомитетот за превенција од тортура и друг вид нечовечко
постапување и казнување при Комитетот за спречување на тортурата при Организацијата на
Обединетите нации имаат право без дозвола и одобрение да ги посетуваат и без надзор да
разговараат со задржаните лица.
34
74. Какви права има задржаното лице што е странски државјанин?
Лице кое е странски државјанин има право да контактира со дипломатско-конзуларното
претставништво на неговата земја. Полицијата ќе му помогне да стапи во контакт со
дипломатско-конзуларното претставништво или со друг претставник со дипломатски статус
кој ги застапува интересите на неговата земја.

75. Како се остварува правото на адвокат на лицето лишено од слобода?


Лицето лишено од слобода може насамо да се советува со адвокат во секое време, било да е
дење или ноќе. Ако нема свој адвокат или не може да стапи во контакт со него, лицето
лишено од слобода може да побара да ја види листата на дежурните адвокати. Адвокатот
може во секое време да дојде да го посети во полициската станица. Во времето од 20,00
часот навечер до 8,00 часот наутро лицето има право да добие адвокат од листата на
дежурни адвокати, која ја составува Адвокатската комора на Република Македонија.
Тpошоците за дежурниот адвокат како бранител за време на задржувањето ноќе паѓаат на
товар на Буџетот на Република Македонија.

76. Во кои случаи може да се определи мерката куќен притвор?


Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело и има услови
за определување притвор од членот 165 став (1) на овој закон, судот може да определи
мерка куќен притвор и да му нареди на тоа лице да не го напушта домот за определено
време.

77. Во кои случаи при определување на мерката куќен притвор може да се дозволи
оддалечување од станот на одредено време?
На лицето против кое е определен куќен притвор судот може по исклучок да му опре
дели да се оддалечи за одредено време од станот или од друг простор, ако:
1) тоа е потребно за лекување или
2) тоа го бараат посебните околности поради кои може да настапат штетни последиц
и по животот, здравјето или имотот на лицето или на неговите блиски.

78. Каква дополнителна забрана може да се определи со решението со кое се


определува мерката куќен притвор?
Во решението со кое се определува куќен притвор, покрај забраната за оддалечување од
домот или од друг простор, судот може да определи забрана за комуникација со лица или
забрана за употреба на средствата за комуникација, односно обврска за почитување на
мерките на видео и електронски надзор, или да нареди примена на други мерки согласно со
членот 146 од овој закон.

79. Во кои случаи спрема лицето кому му е определена мерката куќен притвор ќе биде
определена мерката притвор?
Ако лицето против кое е определен куќниот притвор се оддалечи од домот или од д
руг простор спротивно на забраната на судот, или во определено време не се врати во дом
от или другиот определен простор, или не се придржува на забраната за комуникација со л
ицата или забраната за употреба на средствата за комуникација или го избегнува или попр
ечува спроведувањето на мерките на видео и електронски надзор, против тоа лице ќе се о
дреди притвор. Лицето за тоа ќе се опомене со решението за куќен притвор.

80. Кој врши надзор врз мерката куќен притвор?


Судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата,
определувајќи го и начинот на неговото извршување.

81. По кои основи може да се определи мерката притвор?


Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело, док
олку притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, против тоа лице
може да се определи притвор, ако:
1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности
што укажуваат на опасност од бегство;

35
2) постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичнот
о дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со в
лијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите;
3) особени околности го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, или ќе г
о доврши обиденото кривично дело или дека ќе стори кривично дело со кое се заканува ил
и
4) уредно повиканиот обвинет очигледно избегнува да дојде на главната расправа, или ак
о судот направил два обиди уредно да го повика обвинетиот, а сите околности укажуваат д
ека обвинетиот очигледно одбегнува да ја прими поканата.

82. Кој орган е надлежен за определува на мерката притвор во претходната постапка?


Притвор во претходна постапка определува судот по писмен и образложен предлог на овлас
тен тужител и само врз основите што ги навел овластениот тужител во предлогот.

83. Колку трае мерката притвор кога е определена заради утврдување на идентитетот?
Притворот што е определен само поради тоа што не може да се утврди идентитетот на
лицето, трае додека овој идентитет не се утврди.

84. Колку трае мерката притвор кога е определена затоа што обвинетиот очигледно
одбегнува да дојде на главна расправа?
Притворот трае до објавувањето на пресудата, а најдолго 30 дена.

85. Кои елементи мора да ги содржи изреката на решението за определување на


мерката притвор?
Притворот се определува со писмено решение. Изреката на решението за определу
вање притвор, содржи:
1) име и презиме на лицето кое се лишува од слобода;
2) кривичното дело за кое се обвинува;
3) податоците за наредбата за спроведување истражна постапка;
4) законскиот основ за определување притвор;
5) рокот на кој во истражната постапка бил определен притворот;
6) одредбата за пресметување на времето за кое лицето кое се притвора било лишено од
слобода пред донесување на решението за притвор;
7) називот на установата во која се извршува мерката притвор и
8) поуката за правото на жалба на решението за притвор.

86. Што треба да содржи образложението на решението за определување на мерката


притвор?
Во образложението на решението за притвор задолжително ќе се наведат:
1) сите факти и докази од кои произлегува основаното сомневање дека обвинетиот го сто
рил кривичното дело,
2) образложените причини кои ја оправдуваат секоја одделна основа по која е определен
притворот и
3) причините поради кои судот смета дека целта на притворот не може да се оствари со н
екоја друга мерка за обезбедување присуство.

87. Каков е текот постапувањето на судијата на претходна постапка кога му е доведено


лице против кое има предлог за определување на мерката притвор?
Судијата на претходната постапка ќе ги испита двете странки и бранителот за околн
остите од значење за определување на притворот, а на лицето лишено од слобода кое му
е доведено веднаш ќе му соопшти дека може да земе бранител кој може да присуствува на
неговото испитување и ако е потребно ќе му помогне да најде бранител. Ако лицето лишен
о од слобода изјави дека не сака да земе бранител, судијата на претходната постапка е до
лжен да го сослуша без одлагање. Ако во случај на задолжителна одбрана лицето лишено
од слобода не земе бранител во рок од 12 часа од часот кога е поучено за ова право, или и
зјави дека не сака да земе бранител, ќе му се назначи бранител по службена должност. Ве
днаш по сослушувањето судијата на претходна постапка ќе одлучи дали лицето лишено од
слобода ќе го притвори или ќе го пушти на слобода.
36
88. Во кој рок му се предава решението со кое е определена мерката притвор на лицето
спрема кое е определен притвор?
Решението за притвор му се предава на лицето на кое се однесува веднаш, но не повеќе од
шест часа од неговото изведување пред судијата на претходна постапка. Во списите
мора да се назначи часот на изведување пред судијата и часот на предавањето на
решението.

89. Кој орган и во кој рок одлучува по жалба на решение за определување на мерката
притвор?
Против решението со кое се определува притвор, притвореното лице може да се жали до
советот од членот 25 став (5) на овој закон во рок од 24 часа од часот на предавањето на
решението.

90. Кој орган и во кој рок одлучува по жалба на решение за одбивање на предлогот за
определување на мерката притвор?
Против решението на судијата на претходна постапка со кое се одбива предлогот за
определување притвор, дозволена е жалба во рок од 24 часа до советот од членот 25 став
(5) на овој закон (КС). Жалбата не го задржува извршувањето на решението. Против решен
ието на советот од членот 25 став (5) на овој закон, со кое се определува притвор, обвине
тиот има право на жалба во рок од 24 часа за која одлучува советот на повисокиот суд.

91. Во кои случаи може да се определи краткотраен притвор?


Судијата на претходната постапка може по предлог на јавниот обвинител со писмен
о и образложено решение да му определи на лицето лишено од слобода краткотраен прит
вор до 48 часа од доведувањето на лицето лишено од слобода пред судијата на претходна
постапка, во случај кога ќе најде дека постои основано сомневање дека лицето е сторит
ел на кривично дело кое му се става на товар и дека постојат основи за определување н
а мерката притвор од членот 165 став (1) точки 1, 2 и 3 на овој закон, ако јавниот обвин
ител против лицето сè уште не донел наредба за спроведување истражна постапка.

92. Колку може да трае притворот во истражната постапка?


Вкупното траење на притворот во истражната постапка, сметајќи го и времето на т
раење на лишувањето од слобода пред донесувањето на решението за притвор не може д
а биде подолго од 180 дена и со истекот на тој рок притворениот веднаш ќе се пушти на сл
обода.

93. Колку може најдолго да трае притворот по одобрување на обвинителниот акт?


По правосилност на обвинението притворот може да трае најмногу до:
1) една година за кривичните дела за кои може да се изрече казна затвор до 15 години и
2) две години за кривичните дела за кои може да се изрече казна затвор доживотен затв
ор.

94. Во кои случаи судот може да оцени дека треба да се укине мерката притвор?
Притворот се укинува со решение и обвинетиот ќе се пушти на слобода кога судот ќ
е оцени дека е исполнет некој од следниве услови:
1) кога ќе престанат причините поради кои притворот бил определен, односно продолжен;
2) ако натамошниот притвор не би бил во сразмерност со тежината на стореното кривично
дело;
3) кога истата цел заради која е определен притворот може да се постигне со некоја друга
мерка;
4) кога укинување на притворот предложил јавниот обвинител пред поднесување на обвин
ителниот акт;
5) ако обвинетиот е ослободен од обвинението или е огласен за виновен а е ослободен од
казната или е осуден само на парична казна, или му е изречена судска опомена или условн
а осуда, или поради засметувањето на притворот казната веќе ја издржал или ако обвинен
ието е одбиено, освен во случај кога е одбиено поради ненадлежност на судот;
6) кога ќе истечат роковите за траење на притворот или
37
7) кога притворот е определен според членот 165 став (1) точка 2 од овој закон, а обвинетио
т дал изјава за признавање на вината или откако ќе бидат прибавени сите докази поради
кои притворот по овој основ бил определен, а најдоцна до завршување на главната распр
ава.

95. Кои се основите за преземање на претрес на дом?


Претрес на дом на обвинетиот и на други лица, може да се преземе кога е веројатно
дека ќе се пронајде обвинетиот кој се бара заради приведување или ќе се пронајдат траги
на кривичното дело или предмети важни за кривичната постапка.

96. Кога може да се изврши претрес на адвокатска канцеларија?


Претрес на адвокатска канцеларија може да се преземе само во постапка против
адвокатот и тоа во однос на предмет, спис или исправа посебно определени во наредба
та за претрес.

97. Во што се состои пребарувањето на компјутерски систем и компјутерски податоци?


По барање на извршителот на наредбата лицето, кое го користи компјутерот или им
а пристап до него или до друг уред или носител на податоци, е должно да овозможи приста
п до нив и да ги даде потребните известувања за непречено остварување на целта на прет
ресот. По барање на извршителот на наредбата лицето кое го користи компјутерот или има
пристап до него или до други уред или носител на податоци е должно веднаш да преземе
мерки со кои се спречува уништување или менување на податоците.

98. Што опфаќа и како се врши претрес на лице?


Претрес на лице опфаќа претрес на облеката, обувките, површината на телото, подвижните
предмети што лицето ги носи или се во негово владение, просторот во кој е затечено лицето
во време на преземањето на претресувањето и средството за превоз кое се користи во време
на претресувањето.

99. Што треба да содржи барањето за издавање наредба за претрес?


Барањето за издавање наредба за претрес мора да содржи:
- назив на судот, како и име и функција на подносителот на барањето,
- факти што укажуваат на веројатноста дека лицето, односно предметите наведени во чл
енот 182 став (1) на овој закон ќе се најдат на означеното или опишаното место или кај опр
еделено лице и
- барање судот да издаде наредба за претрес поради пронаоѓање на лице или одземање
на предмети.

100. Во кои случаи може да се поднесе усно барање за издавање наредба за претрес?
Барањето за издавање на наредба за претрес може да се поднесе во усна форма кога постои
опасност од одлагање. Усното барање може да му се соопшти на судијата на претходната
постапка и по телефон, радиоврска или преку друго средство на електронска комуникација.

101. Како постапува судијата на претходна постапка во случај на усно барање за


издавање наредба за претрес?
Кога е поднесено усно барање за издавање на наредба за претрес, судијата на прет
ходната постапка натамошниот тек на разговорот ќе го забележи. Во случајот кога се корис
ти звучен или стенографски запис, судијата на претходната постапка е должен да го даде з
аписникот на препис, да ја завери идентичноста на преписот и да ги предаде оригиналнио
т записник и преписот на судот во рок од 24 часа од издавањето на наредбата. Во случај
на дословно бележење на разговорот, судијата на претходната постапка ќе се потпише на к
опијата од записникот и ќе ја предаде на судот во рок од 24 часа од издавањето на наредб
ата.

102. Што треба да содржи наредбата за претрес?


Наредбата за претрес содржи:
- назив на судот што ја издал наредбата,
- ако наредбата за претрес се издава врз основа на усно барање, тоа ќе се наведе заедно
38
со означување на името на судијата на претходната постапка што ја издава наредбата и вр
емето и местото на издавање,
- органот на кој се однесува наредбата,
- целта на претресувањето,
- име и презиме, а по потреба и опис на лицето кое треба да се пронајде или опис на пред
метите што треба да се пронајдат при претресувањето,
- одредување или опис на местото што ќе се претресува или лицето кое треба да се пронај
де, со наведување на адреса, податоци за сопственикот, односно владетелот на предметот
или домот и другите простории и други податоци значајни за утврдување на идентитетот,
- упатство дека наредбата треба да се изврши меѓу 5,00 и 21,00 часот или овластување д
ека наредбата може да се изврши во кое било време ако тоа судот изрично го одреди,
- овластување на извршителот на наредбата дека може без предавање на наредба да вле
зе во просториите што треба да се претресат ако тоа судот изрично го одреди,
- упатство наредбата и одземените предмети да му се однесат на судот без одлагање,
- поука дека обвинетиот има право да го извести бранителот и дека претресот може да се
изврши и без присуство на бранителот ако тоа го бараат исклучителни околности и
- потпис на судијата на претходната постапка кој ја издава наредбата и службен печат на с
удот.

103. Како постапува извршителот на наредбата за претрес на дом пред почетокот на


претресот?
Пред почетокот на претресот, извршителот на наредбата мора да се легитимира и д
а му ја предаде наредбата за претрес на лицето кај кое или врз кое ќе се врши претресот.
Пред претресот лицето на кое се однесува наредбата за претрес ќе се повика доброволно
да го предаде лицето, односно предметите што се бараат.

104. Како се постапува кога лицето на кое се однесува наредбата за претрес на дом
бара присуство на бранител?
Кога лицето на кое се однесува наредбата за претрес бара присуство на бранител, почетокот
на претресот ќе се одложи до неговото доаѓање, но најдолго два часа. Ако е веројатно дека
избраниот бранител во тој рок не може да дојде, на лицето ќе му се овозможи да земе
бранител од листата на дежурни адвокати. Ако лицето не земе бранител или повиканиот
бранител во тој рок не дојде, претресот може да се изврши и без присуство на бранител.

105. Како се постапува при извршување на наредба за претрес на дом што очигледно е
напуштен?
При извршување на наредбата за претрес со која се одредува претрес на дом кој оч
игледно е напуштен, извршителот на наредбата не е должен да информира за причините з
а претресот, туку може да влезе веднаш во домот или друга просторија ако тие се празни и
ли ако оправдано смета дека се празни, или ако со наредбата изречно е овластен да влезе
без претходна најава.

106. Во кои случаи може да се пристапи кон претрес без претходно да се предаде
наредбата?
Кон претрес може да се пристапи и без претходно предавање на наредбата, без пре
тходна покана за предавање на лице или предмети и без поука за право на бранител, ако:
- се претпоставува вооружен или физички отпор,
- е нужно при сомневање дека е сторено тешко кривично дело што го сторила група или ор
ганизација или злосторничко здружение, претресот да се изврши ненадејно,
- претресувањето треба да се изврши во јавни простории и
- се стравува од уништување или прикривање на трагите на кривичното дело или предметит
е важни за кривичната постапка.

107. Како се постапува кога при претресот ќе се најдат предмети кои укажуваат на друго
кривично дело?
Ако при претресувањето се најдат предмети што немаат врска со кривичното дело поради кое
е наредено претресувањето, но кои укажуваат на друго кривично дело кое се гони по

39
службена должност, тие привремено ќе се одземат, а за одземањето веднаш ќе се издаде
потврда и веднаш ќе се извести јавниот обвинител заради поведување на кривична постапка.
Ако јавниот обвинител најде дека нема основа за поведување на кривична постапка, а не
постои некоја друга законска основа според која би требало предметите да се одземат, тие
веднаш ќе се вратат.

108. Во кои случаи може да се влезе во дом без наредба за претрес?


Држателот на домот или на други простории ќе се повика да биде присутен при прет
ресувањето, а ако тој е отсутен ќе се повика неговиот застапник или некој од возрасните до
машни лица или соседи. Доколку лицето кај кое треба да се изврши претресувањето не е
присутно, наредбата се остава во просторијата каде што се врши претресувањето, а прет
ресувањето ќе се изврши и без негово присуство.

109. Што содржи наредбата за привремено одземање на предмети?


Наредбата за привремено одземање на предмети содржи назив на судот, правен ос
нов за привремено одземање на предмети, определување и прецизен опис на предметите
што треба привремено да се одземат, име и презиме на лицето од кое треба привремено д
а се одземат предметите, место на кое, односно во кое треба привремено да се одземат пр
едметите, рок во кој треба да се одземат и поука за правен лек.

110. Како се постапува со лице што одбива да ги предаде предметите кои треба
привремено да бидат одземени?
Судијата на претходната постапка по образложен предлог на јавниот обвинител ќе го
казни лицето кое ќе одбие да ги предаде предметите со парична казна според одредбите на
членот 88 став (1) од овој закон, а ако лицето и понатаму одбива да ги предаде предметите ќ
е се казни според одредбата на членот 88 став (7) од овој закон. За жалбата против решени
ето со кое е изречена парична казна одлучува советот од членот 25 став (5) на овој закон. Ж
албата не го задржува извршувањето на решението. На ист начин ќе се постапи и спрема сл
ужбено или одговорно лице во државен орган, институција што врши јавни овластувања или
правно лице. Казните не може да се применат кон осомничениот.

111. Во кои случаи може привремено да се одземат предмети без наредба?


Предметите од членот 194 став (1) на овој закон може привремено да се одземат и без
наредба од судот доколку постои опасност од одлагање и за кои постојат основи за
сомневање дека се предмети на кривично дело. Доколку лицето кое се претресува изрично се
спротивстави на одземањето на предметите, јавниот обвинител во рок од 72 часа од
извршениот претрес ќе поднесе барање до судијата на претходната постапка за
дополнително одобрување за одземање на предмети.

112. Кои предмети не може да бидат одземени?


Со судска наредба не можат да се одземат:
1) списи и други исправи на државните органи со чие објавување би се повредило чување
то на државна или воена тајна, сé додека надлежниот орган поинаку не одлучи;
2) писмени обраќања на обвинетиот спрема својот бранител освен ако обвинетиот добро
волно не ги предаде;
3) технички снимки што се наоѓаат кај лицата од членот 214 став (1) на овој закон, а кои ти
е ги направиле за факти за кои се ослободени од должноста за сведочење;
4) записи, изводи од регистар и слични исправи кои се наоѓаат кај лицата од членот 214 ст
ав (1) на овој закон, а кои ги направиле за факти за кои тие во вршењето на своето занима
ње ги дознале од обвинетиот и
5) записи за факти што ги направиле новинари и нивни уредници во средствата за јавно и
нформирање од изворот за известување и податоците за кои дознале во вршењето на свое
то занимање и кои се употребени во текот на уредувањето на средствата за јавно информи
рање, кои се наоѓаат во нивно владение или во редакцијата во која се вработени.

113. Како постапува јавниот обвинител, а како постапува судот, во случај на основано
сомневање дека одредено лице на своите банкарски сметки прима, чува, пренесува
или на друг начин располага со приноси од казниво дело?

40
Ако постои основано сомневање дека одредено лице на своите банкарски сметки прима,
чува, пренесува или на друг начин располага со приноси од казниво дело, а тој принос е
важен за истражната постапка на тоа кривично дело или според законот подлежи на присилно
одземање, по образложено барање од јавниот обвинител, судот може да издаде решение со
кое на банката или на другите финансиски институции ќе им нареди да му достават
документација и податоци за банкарските сметки и други финансиски трансакции и работи на
тоа лице, како и за лицата за кои основано се верува дека се вклучени во тие финансиски
трансакции или работи на осомничениот, ако таквите податоци би можеле да бидат доказ во
кривичната постапка.

114. Што треба да содржи барањето на јавниот обвинител кога бара од судот
определување на привремена мерка одземање на имот или предмети кои според
Кривичниот законик треба да се одземат, мерка запленување или друга неопходна
привремена мерка?
Барањето на јавниот обвинител содржи:
- краток опис на кривичното дело и неговиот законски назив,
- опис на имотот или предметите што потекнуваат од извршување на кривично дело,
- податоци за лицето што го поседува тој имот или предмети,
- докази на кои се засновува сомневањето дека имотот, односно предметите, потекнуваат
од кривичното дело и
- причини за веројатноста дека до крајот на кривичната постапка ќе биде особено отежнато
или оневозможено одземањето на имотот или предметите.

115. За што задолжително ќе се информира и поучи обвинетиот пред секое


испитување?
Пред секое испитување обвинетиот задолжително ќе се информира и поучи:
1) зошто се обвинува и кои се основите на сомневањето што стојат против него;
2) дека не е должен да ја изнесе својата одбрана, ниту да одговара на поставените праша
ња, но доколку даде изјава таа може да се користи во постапката против него;
3) дека може да земе бранител по свој избор со кого може насамо да се советува и кој мож
е да присуствува на испитувањето;
4) дека може да се изјасни за делото кое му се става на товар и да ги изнесе сите факти и
докази кои му одат во полза;
5) дека има право на увид во списите и да ги разгледува предметите кои се одземени;
6) дека има право на бесплатна помош на преведувач, односно толкувач ако не го разбир
а или зборува јазикот кој се користи при испитувањето и
7) дека има право на преглед од лекар при потреба од медицински третман или заради ут
врдување на евентуални полициски пречекорувања.

116. Како се постапува кога испитувањето на обвинетиот кај јавниот обвинител се


снима?
Испитувањето на обвинетиот од страна на јавниот обвинител или во негово присуст
во може да се снима со апарат за визуелно-тонско снимање. За снимањето обвинетиот пос
ебно ќе се поучи, при што ќе се опомене за тоа дека снимените изјави можат да се користа
т во постапката. За секој прекин во испитувањето во снимката ќе се назначат причините и в
реметраењето на прекинот, како и времето на продолжување и завршување на испитување
то. За испитувањето ќе се изработат три примероци, од кои по еден примерок за јавниот об
винител и обвинетиот и еден примерок се запечатува и се предава на судијата на претходн
ата постапка. Јавниот обвинител ќе изработи писмен препис од снимката, и тој препис се п
риложува во списите на предметот. Снимката не смее да се објавува, емитува и користи за
намени и цели надвор од кривичната постапка.

117. Кои прашања не смее да му се поставуваат на обвинетиот?


При испитувањето не смее да се поаѓа од претпоставката дека обвинетиот признал нешто
што не признал, ниту смеат да му се поставуваат прашања во кои е веќе содржано како треба
на нив да се одговори. Спрема обвинетиот не смее да се употреби измама за да се дојде до
негова изјава или признание.

41
118. Како се врши испитувањето на обвинетиот?
По поуката за правата обвинетиот ќе се праша што има да наведе во своја одбрана.
При испитувањето на обвинетиот треба да му се овозможи во непречено излагање да се из
јасни за сите околности што го товарат и да ги изнесе сите факти што му служат за одбран
а. Обвинетиот се испитува усно. При испитувањето на обвинетиот може да му се дозволи д
а ги користи своите забелешки. Кога обвинетиот ќе го заврши својот исказ, ќе му се постава
т прашања доколку е потребно да се пополнат празнините и да се отстранат противречнос
тите или неразбирливоста во неговото излагање. Испитувањето треба да се врши така што
ќе се почитува личноста на обвинетиот. Спрема обвинетиот не смеат да се употребат сила,
закана или други слични средства за да се дојде до негова изјава или признание.

119. Кои лица не можат да бидат сведоци?


Не може да биде сведок:
1) лице кое со својот исказ би ја повредило должноста на чување државна или воена тајна,
додека надлежниот орган не го ослободи од таа должност;
2) бранител на обвинетиот за она што му го доверил обвинетиот како на свој бранител, ос
вен ако самиот обвинет го бара тоа;
3) лице кое со својот исказ би ја повредило должноста за чување деловна тајна во однос н
а тоа што го дознало во вршењето на своето занимање (верски исповедник, адвокат и лека
р), освен ако е ослободено од таа должност со посебен пропис или со писмено, односно со
дадена изјава на записник на лицето во чија корист е востановено чувањето тајна, односно
со таква изјава на неговиот правен наследник;
4) малолетно лице кое со оглед на својата возраст и душевна развиеност не е способно д
а го сфати значењето на своето право дека не мора да сведочи освен ако самиот обвинет г
о бара тоа и
5) лицето кое поради својата душевна или телесна болест, односно својата возраст воопш
то не е во состојба да сведочи.

120. Кои лица се ослободени од должноста да сведочат?


Ослободени од должност да сведочат се:
1) брачниот и вонбрачниот другар на обвинетиот;
2) роднините на обвинетиот по крв во права линија, роднините во странична линија заклуч
но до трет степен, како и роднините по сватовство заклучно до вториот степен и
3) посвоеник и посвоител на обвинетиот.

121. Кои прашања не смее да му се поставуваат на сведокот?


Забрането е на оштетениот и на сведокот да им се поставуваат прашања кои се однесуваат
на нивниот сексуален живот и сексуалните склоности, политичкото и идеолошкото
определување, расното, национално и етничко потекло, моралните критериуми и други
особено лични и семејни околности, освен по исклучок, ако одговорите на таквите прашања
се непосредно и очигледно поврзани со потребните разјаснувања на битните обележја на
кривичното дело кое е предмет на постапката.

122. На кој начин се врши испитување на сведокот?


Сведоците се испитуваат одделно. Сведокот по правило одговорите ги дава усно. С
ведокот претходно ќе се опомене дека е должен да зборува вистина и дека не смее ништо
да премолчи, а потоа ќе се предупреди дека давањето на лажен исказ претставува кривичн
о дело. Сведокот ќе се предупреди и дека не е должен да одговори на прашањата предвид
ени во членот 216 од овој закон и ова предупредување ќе се внесе во записник. Потоа свед
окот ќе се праша за името и презимето, името на таткото, занимањето, престојувалиштето,
односно живеалиштето, местото на раѓање, годините на возраста и за неговиот однос со о
бвинетиот и оштетениот. Сведокот ќе се предупреди дека е должен органот што ја води по
стапката да го извести за промената на адресата или на престојувалиштето, односно живе
алиштето. При испитување на сведок не е дозволено служење со измама ниту поставувањ
е на такви прашања во кои е веќе содржано како би требало да се одговори.

123. Како се постапува во случај кога уредно повиканиот сведок нема да дојде и нема
да го оправда изостанокот?
42
Ако сведокот кој уредно е повикан не дојде, а не го оправда изостанокот, или без одобрение
или оправдана причина ќе се оддалечи од местото каде што треба да биде испитан, може со
судска наредба да се доведе присилно, а судот може и да го казни со парична казна .

124. Како се постапува во случај кога сведокот ќе дојде, а без законска причина не сака
да сведочи?
Ако сведокот дојде и без законска причина не сака да сведочи, иако е предупреден за
последиците, може да се казни парично со казна , а ако и потоа одбие да сведочи, ќе се казни
со парична казна определена во членот 88 став (1) од овој закон. Ако сведокот и по втората
парична казна одбие да сведочи, а постапката се води пред судот, може да му се изрече
казна затвор до 30 дена.

125. Кои услови треба да бидат исполнети за загрозениот сведок да го ускрати


давањето исказ и изнесување на личните податоци?
Ако постои веројатност дека со давањето исказ или со одговор на определено праш
ање, сведокот, соработникот на правдата или жртвата, односно оштетениот би се изложил
себеси или нему блиско лице на сериозна опасност по животот, здравјето или физичкиот и
нтегритет, загрозениот сведок може да го ускрати давањето исказ или изнесувањето на
лични податоците додека не се обезбедат услови за негова заштита.

126. Како се врши заштита на загрозен сведок во претходна постапка?


Веднаш штом ќе дознае за веројатноста за постоењето на околностите од членот 22
6 на овој закон, јавниот обвинител ќе преземе мерки за заштита на загрозениот сведок. Јав
ниот обвинител со тоа ќе го запознае загрозениот сведок. Јавниот обвинител со решение ќ
е го определи псевдонимот на загрозениот сведок, како и посебниот начин на учество во по
стапката и на испитувањето. На испитувањето на загрозениот сведок во претходната поста
пка не присуствуваат обвинетиот и неговиот бранител, ниту оштетениот и неговиот законск
и застапник. Податоците за загрозениот сведок јавниот обвинител ќе ги запечати во посебе
н коверт и тоа ќе го забележи во списот, користејќи го псевдонимот на загрозениот сведок.
Запечатениот коверт со податоците за загрозениот сведок може да ги побара и да ги отвор
и само второстепениот суд кога одлучува по жалба. На ковертот ќе се забележи дека е отв
орен и ќе се наведат имињата на членовите на советот кои ќе се запознаат со неговата сод
ржина. Откако членовите на советот ќе се запознаат со неговата содржина, ковертот повто
рно ќе се запечати и ќе му се врати на јавниот обвинител. На загрозениот сведок не смее д
а му се поставуваат прашања со кои на директен или индиректен начин би го открил својот
идентитет, местото на живеење, вработеноста и членовите на семејството. Лицата кои во к
ое било својство ќе ги дознаат податоците за загрозениот сведок се должни да ги чуваат ка
ко класифицирана информација.

127. Како се врши заштита на загрозениот сведок на главна расправа?


Писмено образложениот предлог за посебниот начин на испитување на загрозениот
сведок, јавниот обвинител во запечатен коверт му го поднесува на судијата, односно совет
от за оцена на обвинителниот акт при поднесување на обвинителниот акт. Судот одлучува
за предлогот на јавниот обвинител со решение кое е должен да го донесе најдоцна во рок о
д 48 часа од приемот на предлогот. Ако судот го прифати предлогот на јавниот обвинител,
ќе го определи со решение псевдонимот на загрозениот сведок, ако дотогаш не бил опреде
лен, како и посебниот начин на учество во постапката и на испитувањето. Против решениет
о на судот не е дозволена жалба. Посебниот начин на испитување може да се состои од пр
икривање на идентитетот, а во определени случаи и изгледот на загрозениот сведок.

128. Во кој случај се презема реконструкција на настан?


Заради проверување на прибавените докази или утврдување на фактите кои се од з
начење за разјаснување на работите, органот што ја води постапката може да одреди реко
нструкција на настанот, која се врши така што ќе се повторат дејствијата или ситуациите во
условите под кои според прибавените докази се одиграл настанот. Ако во исказите на одде
лни сведоци или осомничени, односно обвинети, дејствијата или ситуациите се различно п
рикажани, реконструкцијата на настанот, по правило, посебно ќе се изврши со секој од нив.

43
129. Со каков акт се определува вештачењето и кој орган е надлежен?
Вештачењето се определува со писмена наредба. Во текот на претходната постапка
наредбата ја донесува јавниот обвинител, а на главната расправа судот.

130. Што содржи извештајот на вештакот?


Содржи: докази што ги прегледал, извршени тестови, наодот и мислењето до кои дошол и
сите други релевантни податоци што вештакот смета дека се потребни за праведна и
објективна анализа. Вештакот ќе образложи како дошол до определено мислење.

131. Како се одвива постапката за вештачење?


Пред да почне вештачењето ќе се повика вештакот внимателно да го разгледа предметот н
а вештачењето, точно да наведе сé што ќе забележи и најде, и своето мислење да го изнесе
непристрасно и во согласност со правилата на науката или вештината. Тој посебно ќе се пре
дупреди дека давањето лажен исказ претставува кривично дело. Органот пред кој се води п
остапката му ги покажува на вештакот предметите што ќе ги разгледа, му поставува праша
ња и по потреба бара објаснување во однос на дадениот наод и мислење. На вештакот мож
ат да му се даваат појаснувања, а може да му се дозволи и да ги разгледува списите. Вешта
кот може да предложи да се прибават докази, предмети и податоци што се од важност за да
вање наод и мислење. Ако присуствува на увид, реконструкција или на друго истражно дејст
вие, вештакот може да предложи да се разјаснат одделни околности или да му се постават
одделни прашања на лицето кое се сослушува.

132. Кои дејствија ги преземаат техничките советници?


По барање на странките, техничките советници можат да присуствуваат при вештач
ењето и на вештите лица да им даваат предлози или ставаат забелешки во однос на вешт
ачењето, кои се внесуваат во извештајот. Ако техничките советници се именувани по завр
шеното вештачење можат да ги разгледаат наодот и мислењето или да побараат од орган
от што ја води постапката да бидат овластени да го прегледаат лицето или разгледаат пре
дметот или местото што се предмет на вештачење.

133. Во кои случаи се врши преглед и обдукција на леш?


Преглед и обдукција на леш ќе се преземе кога постои сомневање дека смртта е пре
дизвикана со кривично дело. Ако лешот е веќе закопан ќе се определи ексхумација заради
негов преглед и обдукција.

134. Во кои случаи се определува психијатриско вештачење?


Ако се јави сомневање дека е исклучена или е намалена, пресметливоста на обвине
тиот, поради трајна или привремена душевна болест, привремена душевна растроеност ил
и заостанат душевен развој, ќе се определи психијатриско вештачење на обвинетиот. Ако с
е јави сомневање дека е исклучена или е намалена способноста на обвинетиот да учествув
а во постапката, поради трајна или привремена душевна болест, привремена душевна раст
роеност или заостанат душевен развој, ќе се определи психијатриско вештачење на обвине
тиот, доколку со преглед од страна на стручно лице не може со сигурност да се утврди спос
обноста.

135. Во кои случаи може да се преземе телесен преглед на обвинетиот без негова
согласност?
Телесен преглед на обвинетиот или на други лица ќе се преземе и без нивна соглас
ност ако е потребно да се утврдат фактите важни за кривичната постапка.

136. Кои видови посебни истражни мерки постојат согласно Закон за кривична
постапка?
Посебни истражни мерки:
1) следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации во постапка у
тврдена со посебен закон;
2) следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом и
ли деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории заради с

44
оздавање на услови за следење на комуникации;
3) тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од домот ил
и деловен простор означен како приватен;
4) таен увид и пребарување во компјутерски систем;
5) автоматско, или на друг начин, пребарување и споредување на личните податоци;
6) увид во остварени телефонски и други електронски комуникации,
7) симулиран откуп на предмети;
8) симулирано давање и примање поткуп;
9) контролирана испорака и превоз на лица и предмети;
10) користење на лица со прикриен идентитет за следење и собирање на информации ил
и податоци;
11) отворање симулирана банкарска сметка и
12) симулирано регистрирање на правни лица или користење на постојни правни лица за с
обирање на податоци.

137. За кои кривични дела може да се определат посебните истражни мерки?


Посебните истражни мерки може да се определат, кога постојат основи на сомневање:
1) за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку четири години, а се под
готвуваат, во тек е извршување или се извршени од страна на организирана група, банда
или друго злосторничко здружение или
2) за кривичните дела убиство од членот 123; грабнување од членот 141; посредување во
проституција од членот 191 ставови (1), (3) и (4); прикажување на порнографски материјали
на малолетник од членот 193; производство и дистрибуција на детска порнографија од чле
нот 193-а; намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполни
л 14 години од членот 193-б; неовластено производство и пуштање во промет на наркотичн
и дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 ставови (1) и (3); оштетување
и неовластено навлегување во компјутерски систем од членот 251 ставови (4) и (6); изнуда
од членот 258; уцена од членот 259 став (2); присвојување на добра под привремена зашти
та или културно наследство или природна реткост од членот 265; изнесување, односно изв
езување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или при
родни реткости од членот 266 став (1); отуѓување на културно наследство од особено значе
ње во државната сопственост од членот 266-а; перење пари и други приноси од казниво де
ло од членот 273 ставови (1), (2) и (3) и од ставови (5), (6), (8) и (12); криумчарење од члено
т 278 ставови (3) и (5); царинска измама од членот 278-а; злоупотреба на службена положб
а и овластување од членот 353; проневера во службата од членот 354; измама во службата
од членот 355; послужување во службата од членот 356; примање на поткуп од членот 357
ставови (1), (4), (5) и (6); давање на поткуп од членот 358 ставови (1) и (4); противзаконито
посредување од членот 359 став (6); незаконито влијание врз сведоци од членот 368-а став
(3); злосторничко здружување од членот 394 став (3); терористичка организација од членот
394-а ставови (1), (2) и (3); тероризам од членот 394-б и финансирање тероризам од члено
т 394-в сите од Кривичниот законик или
3) за кривични дела против државата (Глава XXVIII), кривични дела против човечноста и м
еѓународното право (Глава XXXIV) од Кривичниот законик.

138. Спрема кои лица може да се определат посебни истражни мерки?


Наредбата може да се однесува на лице кое:
1) сторило кривично дело од членот 253 на овој закон (прашање 136)
2) презема дејствие на извршување на кривично дело од членот 253 на овој закон или
3) подготвува извршување на кривично дело од членот 253 на овој закон кога подготвувањ
ето е казниво според одредбите на Кривичниот законик .

139. Кои посебни истражни мерки ги определува јавниот обвинител?


Мерките од членот 252 став (1) точки 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 на овој закон (прашање 135) ги оп
ределува јавниот обвинител со писмена наредба.

140. Кои посебни истражни мерки ги определува судијата на претходна постапка?

45
Мерките од членот 252 став (1) точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој закон (прашање 135) по
образложено барање на јавниот обвинител ги определува судијата на претходната постапка
со писмена наредба.

141. Што мора да содржи наредбата со која се определува една или повеќе посебни
истражни мерки?
Наредбата со која се определува една или повеќе посебни истражни мерки содржи:
-законски назив на кривичното дело,
-лицето или предметите врз кои ќе се применат мерките,
-техничките средства кои ќе се применат,
-обемот и местото на спроведување на мерките,
-сознанијата и доказите врз основа на кои се засноваат основите на сомневање и
образложение за причините поради кои податоците или доказите не можат да се соберат на
друг начин,
-органот што треба да ја спроведе наредбата и
-времетраењето на мерката.

142. Што содржи анонимизираниот примерок од наредбата што се доставува до


Оперативно техничката агенција?
Ги содржи:
- број на наредбата и органот кој ја издал,
- техничките средства кои ќе се применат,
- времетраењето на посебните истражни мерки и идентификациониот број и
- видот на телекомуникацискиот систем, телефонскиот број или друг податок за
идентификација, како и идентификацискиот број за секој од нив поодделно.

143. Што содржи анонимизираниот примерок од наредбата за потребите на надзор и


контрола?
Содржи податоци за:
- бројот на наредбата и органот кој ја издал,
- времетраење на мерката и
- идентификацискиот број.

144. Колку најдолго може да траат посебните истражни мерки без да бидат
продолжени?
Посебните истражни мерки може да траат најдолго четири месеци.

145. Колку може да изнесува продолжувањето на посебните истражни мерки што може
да го одобри судијата на претходна постапка кога не се работи за кривични дела
казниви со затвор од најмалку 4 години?
Продолжување на мерките од членот 252 став (1) точки 1, 2, 3 и 4 на овој закон најдолго за
уште четири месеци може да одобри судијата на претходната постапка, а по образложено
писмено барање на јавниот обвинител.

146. Колку вкупно може да трае примената на посебните истражни мерки (од првото
определување со сите можности за продолжување) кога се работи за кривични дела
казниви со затвор од најмалку 4 години?
За кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку четири години за кои постои
основано сомневање дека се извршени од страна на организирана група, банда или друго
злосторничко здружение, судијата на претходната постапка може да го продолжи рокот од
ставот (2) на овој член за уште најдолго шест месеци, по писмено барање на јавниот
обвинител, а врз основа на проценка на корисноста од собраните податоци со примена на
мерката и врз разумно очекување дека со мерката и натаму може да се добијат податоци од
интерес за постапката.

147. За кои дела може да се прошири наредбата за посебни истражни мерки?


Ако при спроведувањето на мерката се добијат податоци за кривично дело кое не е опфатен
о со наредбата, мерката ќе продолжи само доколку станува збор за кривично дело од члено
46
т 253 на овој закон и така собраните податоци може да се користат како доказ во кривичната
постапка.

148. Каков е режимот за чување и ништење на податоците собрани со посебните


истражни мерки?
Ако во рок од 15 месеци по завршување на спроведување на мерката не се поведе кривична
постапка, сите собрани лични податоци се бришат или уништуваат под надзор на судијата на
претходна постапка, јавниот обвинител и претставникот на Дирекција за заштита на личните
податоци за што јавниот обвинител ќе состави записник.

149. Што е должна да преземе полицијата по приемот на кривичната пријава или


добиеното сознание за сторено кривично дело што се гони по службена должност?
По приемот на кривичната пријава или добиеното сознание за сторено кривично дело за кое
се гони по службена должност, полицијата е должна да ги преземе потребните мерки за
пронаоѓање на сторителот на кривичното дело, сторителот или соучесникот да не се скрие
или побегне, да се откријат и обезбедат трагите на кривичното дело и предметите што можат
да послужат како доказ, како и да ги собере сите известувања што би можеле да бидат од
корист за успешно водење на кривичната постапка.

150. Кои дејствија спаѓаат во полициските овластувања во рамките на полициските


извиди?
полицијата може:
1) да бара потребни известувања од граѓани;
2) да сопре, легитимира и да изврши потребен преглед на лица, превозни
средства и багаж ако постојат основи на сомневање дека кај нив ќе се пронајдат траги на
кривичното дело или предмети што можат да послужат како доказ. Времето на нивното
задржување не може да биде подолго од шест часа. Полицијата може да употреби сила во
разумна мера само како крајно средство ако тоа е нужно за да се изврши преглед на лицето,
превозното средство или багажот;
3) да пренасочи или ограничи движење на лица и превозни средства на
определен простор за нужно потребно време, но не повеќе од шест часа;
4) да преземе потребни мерки заради утврдување на идентитетот на лицата и на
предметите;
5) да спроведе потрага, да распише распис по лицето и објава по имотот и
имотната корист или по предметите по кои се трага;
6) во присуство на службено или одговорно лице да изврши преглед на
определени објекти и простории на државни органи, институции што вршат јавни
овластувања и други правни лица и да оствари увид во нивната документација и
7) да преземе други потребни мерки и дејствија предвидени со закон

151. Во кој случај може да се бара судска контрола над законитоста на преземено
дејствија и како постапува судијата на претходната постапка?
Лицето кое смета дека со преземањето на некое од дејствијата е повредено некое н
егово право, може во рок од осум дена од дознавањето за преземањето на дејствието да п
однесе жалба до судијата на претходна постапка, кој е должен со решение да одлучи за за
конитоста на дејствието или мерката, со што лицето не се ограничува во правото да подне
се кривична пријава и во правото својата правна заштита да ја остварува на друг начин.

152. Во кој случај се поведува истражната постапка?


Истражната постапка се пoведува против определено лице кога постои основано со
мневање дека сторило кривично дело за кое се гони по службена должност или по предлог.

153. Кои докази се собираат односно се изведуваат во текот на истражната постапка?


Во истражната постапка: се собираат докази и податоци што му се потребни на јавниот
обвинител за да може да одлучи дали ќе поднесе обвинение или ќе се откаже од кривичното
гонење и се изведуваат доказите за кои постои опасност дека не ќе можат да се изведат на
главната расправа или дека нивното изведување би било сврзано со тешкотии

47
154. Кои надлежности ги има судијата на претходната постапка?
(1) -По донесувањето на наредба за спроведување на истражна постапка до судијата на п
ретходната постапка јавниот обвинител може да стави образложен предлог за определува
ње на мерка притвор или други мерки за обезбедување на присуство на обвинетиот. Судија
та на претходната постапка е должен без одлагање да го разгледа ваквиот предлог и ведна
ш да одлучи по него. Ако судијата на претходната постапка не се сложи со предлогот на јав
ниот обвинител, за тоа ќе донесе посебно образложено решение. Против ова решение јавн
иот обвинител има право на жалба во рок од 24 часа до советот од членот 25 став (5) на о
вој закон.
(2) По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходната постапка во текот на истраж
ната постапка издава наредба за претрес на дом, други простории и лица. Ако судијата не
се согласи со ваквиот предлог на јавниот обвинител, ќе побара да донесе одлука за тоа сов
етот од членот 25 став (5) на овој закон во рок од 24 часа.
(3) Во случаи определени со закон, по предлог на јавниот обвинител, судијата на претходн
ата постапка издава наредба за спроведување на посебните истражни мерки.
(4) Ако постои основано сомневање дека со стореното кривично дело е остварена имотна
корист, јавниот обвинител може да му предложи на судијата на претходната постапка, имот
от или средствата да се стават под надзор на судот и да издаде некоја од мерките за привр
емено обезбедување на имотот или средствата што се во врска со кривично дело.
(5) Во случаи определени со овој закон, по барање на јавниот обвинител или осомничени
от, судијата на претходната постапка ќе спроведе доказно рочиште.
(6) Судија на претходната постапка постапува во постапка за меѓународна соработка во к
ривична материја според овластувањата определени со посебен закон.

155. Што е должен јавниот обвинител да достави до осомничениот и бранителот пред


истек на рокот за завршување на истражната постапка?
Пред истекот на рокот предвиден во членот 301 од овој закон јавниот обвинител е д
олжен на осомничениот и бранителот да им достави известување за завршување на истра
жната постапка од страна на јавниот обвинител. Пред завршувањето на истражната постап
ка јавниот обвинител, ако тоа не го сторил претходно, е должен да го испита осомничениот.

156. Што содржи известувањето што го доставува јавниот обвинител до осомничениот


и бранителот?
Известувањето содржи краток опис на кривичното дело за кое било постапувано, пр
авната квалификација, со назначување дека сите списи од спроведената истражна постапк
а се дадени на чување во архивата на јавното обвинителство и дека осомничениот и негов
иот бранител имаат право да ги прегледуваат списите и доказите и да составуваат препис.

157. Со кои докази е должен јавниот обвинител да го запознае обвинетиот?


Јавниот обвинител е должен да го запознае обвинетиот со доказите што во истражната
постапка ги прибавил против него, како и да му ги открие доказите за кои дознал, а кои можат
да бидат од полза за одбраната.

158. Со каква цел може бранителот да презема дејствија во рамките на дејствијата на


одбраната?
Бранителот може да презема дејствија заради пронаоѓање и собирање на докази во корист
на одбраната.

159. Како постапува бранителот со лица со кои разговара во текот на дејствијата на


одбраната?
Бранителот ги информира лицата : за личното својство и за видот на разговорот, ак
о има намера само да разговара или пак да прибави изјави или известувања, тогаш да ги на
веде начините и обликот на нивното забележување, за правото воопшто да не одговараат и
ли пак да не дадат определена изјава и за забраната за откривање на прашањата поставени
од полицијата или од јавниот обвинител и за дадените одговори.

160. Како бранителот ги забележува изјавите од лицата со кои разговара?

48
Изјавата од членот 307 став (2) на овој закон, која е потпишана од лицето кое ја дало, ја
заверува бранителот. Бранителот составува белешка во која наведува: датум кога ја примил
изјавата, лични податоци за себе и лични податоци за лицето кое ја дало изјавата, потврда
дека обрнал внимание на предупредувањето и фактите што се наведени во изјавата.
Изјавата се приложува кон списите на бранителот.

161. Како бранителот може да обезбеди пристап до приватни простории или простории
што не се отворени за јавноста?
Ако е потребно да се пристапи до приватни простории или во простори кои не се отворени з
а јавноста, во дом и простории поврзани со домот, а лицата што со нив располагаат не дава
ат дозвола за пристап, по барање на бранителот, пристапот го одобрува судот со образложе
на наредба со која се определува и неговото конкретно спроведување.

162. Во кои случаи може да се одржи доказното рочиште?


Во текот на истражната постапка по барање на осомничениот и јавниот обвинител м
оже да се одржи доказно рочиште. По барањето на странките за одржување на доказното р
очиште со решение одлучува судијата на претходната постапка во рок од три дена. Доказн
о рочиште може да се одржи во следниве случаи, ако:
1) е веројатно дека сведокот поради болест или смрт нема да може да се испита на главна
та расправа;
2) е потребно вештачење, а доказите се однесуваат на лице, предмет или место чија сост
ојба е подложна на неизбежни промени или
3) постојат конкретни околности што укажуваат дека сведокот е изложен на насилство, зак
ана, ветување на пари или друга корист за да не сведочи или лажно да сведочи.

163. Што треба да содржи барањето за одржување доказно рочиште?


Одржување на доказно рочиште странките можат да предложат во текот на истражната
постапка. Во барањето за одржување на доказно рочиште се наведуваат доказите кои се
предлага да се изведат на доказното рочиште и причината поради која доказите нема да
може да се изведат на главната расправа.

164. Како се спроведува доказното рочиште?


Доказното рочиште го спроведува судијата на претходната постапка. За рочиштето ќ
е се известат осомничениот и неговиот бранител, јавниот обвинител и оштетениот. Недоаѓ
ањето на една од странките која е уредно известена, а која не го оправдала својот изостан
ок не го спречува одржувањето на доказното рочиште. На рочиштето може да присуствува
и застапникот, односно полномошникот на оштетениот. Во случај да не се појави бранител
от на осомничениот судијата ќе му определи друг бранител согласно со членот 74 од овој з
акон. Доказите се изведуваат според правилата за изведување докази на главна расправа.
Изведувањето на доказите не смее да се прошири на факти кои се однесуваат на осомниче
н чиј бранител не е присутен на доказното рочиште. Доколку изведувањето на доказите не
биде завршено на едно рочиште, судијата ќе закаже следно рочиште во рок не подолг од с
едум дена.

165. Во кои случаи може да се бара одлагање на доказното рочиште?


Јавниот обвинител и осомничениот можат да бараат од судијата на претходната пос
тапка одлагање на доказното рочиште ако со неговото одржување би се загрозиле едно ил
и повеќе дејствија кои се преземаат во истражната постапка.

166. Под кои услови може доказите изведени на доказното рочиште да се користат во
текот на главната расправа?
Доказите изведени на доказното рочиште може да се употребат на главната расправа само
против оној обвинет чиј бранител бил присутен во текот на изведувањето на доказите на
доказното рочиште, освен ако изречно се откажал од правото на бранител.

167. Кога се одржува рочиште за оцена на обвинителниот акт?


Во случаите кога јавниот обвинител ќе утврди дека постојат доволно докази од кои може да
очекува донесување осудителна пресуда за сторено кривично дело за кое е предвидена
49
казна затвор до десет години, надлежен за вршење на оцена на обвинителниот акт е судијата
за оцена на обвинителниот акт (судија поединец).

168. Како се одвива текот на рочиштето за оцена на обвинителниот акт?


Јавниот обвинител накратко ги изнесува резултатите од истражната постапка, доказ
ите на кои се заснова обвинителниот акт и кои го оправдуваат неговото поднесување. Осо
мничениот и неговиот бранител го образложуваат поднесениот приговор против обвинител
ниот акт, а ако приговор не бил поднесен може да укажат на доказите кои му одат во корис
т на осомничениот, на можните пропусти во истражната постапка или на незаконски прибав
ените докази, при што наведуваат во кој дел го оспоруваат обвинителниот акт. На рочиште
то одбраната може да предложи листа на докази кои бара да се изведат на главната распр
ава. На рочиштето осомничениот може да даде изјава дека се чувствува виновен за сите и
ли за одделни кривични дела од обвинителниот акт. Во ваков случај рочиштето продолжув
а согласно со одредбите од членот 334 на овој закон. Јавниот обвинител и бранителот мож
е на наводите на спротивната странка да возвратат само еднаш. Кога судијата или советот
за оцена на обвинителниот акт смета дека може да донесе одлука во однос на основаноста
на обвинителниот акт го прогласува рочиштето за завршено.

169. Како се одвива текот на рочиштето во случај на изјава за признавање вина во фаза
на оцена на обвинителнот акт?
Ако осомничениот кој има бранител поднел изјава за признавање на вина во однос н
а сите или одделни кривични дела содржани во обвинителниот акт, односно дал ваква изја
ва на рочиштето, судијата или советот за оцена на обвинителниот акт проверува дали:
1) изјавата за признавање вина е дадена доброволно, свесно и со разбирање на последиц
ите од неа, вклучувајќи ги и последиците сврзани за имотноправното побарување и трошоц
ите на кривичната постапка и
2) постојат доволно докази за вината на осомничениот.
Изјавата за признавање на вината се внесува во записник.

170. Како се постапува на рочиштето за поднесување предлог-спогодба ако судот ја


прифати односно не ја прифати предлог-спогодбата?
Ако судијата или советот за оцена на обвинителниот акт ја прифати изјавата за призн
авање на вината, по предлог од осомничениот и неговиот бранител или на предлог од јавнио
т обвинител може да се бара одлагање на рочиштето заради спроведување постапка за спог
одување и доставување предлог-спогодба согласно со одредбите од членот 483 до 490 на о
вој закон. Во случај на предлог судијата или советот за оцена на обвинителниот акт го одлаг
а рочиштето за период од 15 дена и определува датум за наредното рочиште. Ако судијата и
ли советот за оцена на обвинителниот акт не ја прифати изјавата за признавање вина тоа го
констатира на записник, ги запознава присутните странки и рочиштето за оцена на обвините
лниот акт продолжува.

171. Како постапува судијата односно советот за оцена на обвинителниот акт при оцена
на обвинителниот акт?
Судијата или советот за оцена на обвинителниот акт ја оценува основаноста на
обвинителниот акт во однос на сите кривични дела кога во приговорот против обвинителниот
акт осомничениот не дал изјава за признавање на вината или ако дадената изјава за вина не
била прифатена. Судијата или советот за оцена на обвинителниот акт оценува само одделни
кривични дела од обвинителниот акт ако врз основа на прифатената предлог- спогодба
советот за оцена на обвинителниот акт за одделни кривични дела од обвинителниот акт
донел пресуда во смисла на членот 490 од овој закон. При оцена на обвинителниот акт,
судијата или советот за оцена на обвинителниот акт го цени обвинителниот акт од аспект на
наводите наведени во приговорот против обвинителниот акт, списите на предметот и
доказите доставени во прилог на обвинителниот акт.

172. Во кој случај при оцена на обвинителниот акт може да се донесе решение за
издвојување на докази?
Ако судијата или советот за оцена на обвинителниот акт, по службена должност или

50
по предлог од одбраната утврди дека во списите се наоѓаат докази во смисла на членот 12
став (2) од овој закон (Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слобод
ите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународнит
е договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не м
оже да се заснова судската одлука.), донесува решение за нивно издвојување од списите
на предметот. Судијата или советот за оцена на обвинителниот акт ќе обезбеди издвоенит
е докази да се затворат во посебна обвивка и се чуваат кај судијата на претходната постап
ка. Издвоените докази не можат да се разгледаат, ниту можат да се користат во постапката.

173. Кој орган е надлежен да одлучува по жалбата на решението за издвојување на


доказите донесено во текот на оцената на обвинителниот акт?
Против решението за издвојување на доказите дозволена е жалба до советот на пов
исокиот суд.

174. Во кои случаи судијата односно советот за оцена на обвинителниот акт може да го
одбие обвинителниот акт?
Судијата или советот за оцена на обвинителниот акт со посебно решение ќе го одби
е обвинителниот акт како неоснован во однос на сите или одделни кривични дела, ако утвр
ди дека:
1) делото што е предмет на обвинителниот акт не е кривично дело;
2) постојат околности што ја исклучуваат кривичната одговорност, а нема основ за прим
ена на мерки на безбедност;
3) нема барање од овластен тужител, предлог на оштетениот или одобрение од надл
ежен државен орган, ако е тоа потребно според законот, или дека постојат околности шт
о го исклучуваат гонењето или
4) нема доволно докази во прилог на обвинението.

175. Во кој рок се закажува главната расправа?


Претседателот на советот ќе ја закаже главната расправа најдоцна во рок од 30 ден
а од денот на приемот на обвинителниот акт во судот, а за дела од организираниот кримина
л најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на обвинителниот акт во судот. Ако во ово
ј рок не ја закаже главната расправа претседателот на советот писмено ќе го извести претсе
дателот на судот за причините поради кои главната расправа не е закажана. Претседателот
на судот по потреба ќе преземе мерки главната расправа да се закаже.

176. Во кој случај претседателот на советот може да донесе решение за издвојување на


докази пред закажување на главната расправа?
Ако претседателот на советот утврди дека во списите се наоѓаат записници или известувања
од членот 94 на овој закон ќе донесе решение за нивно издвојување, пред закажувањето на
главната расправа, а по правосилноста на решението ќе ги издвои во посебна обвивка и ќе
му ги предаде на надлежниот јавен обвинител заради одвоено чување од другите списи.

177. Каде, по правило, се одржува главната расправа и дали постојат исклучоци во


однос на местото каде се одржува главната расправа?
Главната расправа се одржува во седиштето на судот и во судската зграда. Ако во од
делни случаи просториите на судската зграда не се погодни за одржување на главната расп
рава, претседателот на судот може да определи расправата да се одржи во друга зграда. Гл
авната расправа може да се одржи и во друго место на подрачјето на надлежниот суд, ако т
оа по образложен предлог од претседателот на судот го дозволи претседателот на повисоки
от суд.

178. Во кои случаи претседателот на советот може да одбие предложен доказ?


Претседателот на советот може да ги одбие предложените докази, ако:
1) предлогот се однесува на со закон забранет начин на прибирање на докази, на доказ чиј
ашто употреба со закон не е дозволена или на факт којшто според закон не може да се док
аже (незаконит предлог);
2) се нејасни, нецелосни или очигледно се насочени кон значително одолжување на поста

51
пката или
3) фактите што според предлогот би требало да се утврдат не се релевантни за одлучува
ње, односно не постои поврзаност меѓу фактите што треба да се утврдат и решавачките ф
акти, или таа поврзаност поради правни причини не може да се установи (неважен предло
г).

179. Кога може да се исклучи јавноста од главната расправа?


Од отворањето на заседанието па до завршувањето на главната расправа советот може во
секое време по службена должност или по предлог на странките или оштетениот да ја
исклучи јавноста од дел на главната расправа или од целата главна расправа.

180. Од кои причини може да се исклучи јавноста?


Ако тоа е потребно заради чување на државна, воена, службена или важна деловна тајна,
чување на јавниот ред, заштита на приватниот живот на обвинетиот, сведокот или
оштетениот, заштита на безбедноста на сведокот или жртвата и/или заштита на интересите
на малолетникот.

181. На кого не се однесува исклучувањето на јавноста?


Исклучувањето на јавноста не се однесува на странките, на оштетениот, нивните зак
онски застапници и полномошници, како и на бранителот, освен во случаи определени со за
кон.

182. Што значи исклучување на јавноста во дел од главната расправа?


Од отворањето на заседанието па до завршувањето на главната расправа советот може во
секое време по службена должност или по предлог на странките или оштетениот да ја
исклучи јавноста од дел на главната расправа или од целата главна расправа, ако тоа е
потребно заради чување на државна, воена, службена или важна деловна тајна, чување на
јавниот ред, заштита на приватниот живот на обвинетиот, сведокот или оштетениот, заштита
на безбедноста на сведокот или жртвата и/или заштита на интересите на малолетникот.

183. Дали за исклучувањето на јавноста одлучува советот по службена должност или


се одлучува на предлог од странките и оштетениот?
Советот може во секое време по службена должност или по предлог на странките или
оштетениот да ја исклучи јавноста од дел на главната расправа или од целата главна
расправа.

184. Кои обврски ги има претседателот на советот во рамките на раководењето со


главната расправа?
Претседателот на советот раководи со главната расправа. Должност на претседател
от на советот е да се грижи за сестрано претресување на предметот и за отстранување на с
é она што ја одолжува постапката а не служи за разјаснување на работите. Претседателот н
а советот одлучува за предлозите на странките ако за нив не одлучува советот.

185. Кој е надлежен да се грижи за одржување на редот во судницата?


Должност на претседателот на советот е да се грижи за одржувањето на редот во судницата
и за достоинството на судот. Тој може веднаш по отворањето на заседанието да ги
предупреди лицата кои присуствуваат на главната расправа да се однесуваат пристојно и да
не ја нарушуваат работата на судот. Претседателот на советот може да определи
претресување на лицата кои присуствуваат на главната расправа.

186. Кој може да биде казнет поради нарушување на редот и дисциплината во текот на
главната расправа?
Ако јавниот обвинител, обвинетиот, бранителот, оштетениот, законскиот застапник,
полномошникот, сведокот, вештакот, преведувачот, односно толкувачот или друго лице кое
присуствува на главната расправа го нарушува редот или не се придржува на наредбите од
претседателот на советот за одржување на редот, претседателот на советот ќе го опомене.
Ако опомената биде безуспешна, советот може да нареди обвинетиот да се отстрани од
судницата, а другите лица може не само да ги отстрани, туку и да ги казни со паричната казна
52
187. Кој одлучува за отстранување на обвинетиот од судница?
По одлука на советот обвинетиот може да биде отстранет од судницата за определено
време, а доколку повторно го нарушува редот на главната расправа, тогаш и за сето време
додека трае доказната постапка.

188. Како се постапува во случај кога обвинетиот ќе стори кривично дело на главната
расправа?
Ако обвинетиот на главната расправа стори кривично дело советот по правило, по обвинение
на овластениот тужител, кое може да биде и усно изнесено, ќе ја прошири главната расправа
и на тоа дело. Против тоа обвинение не е дозволен приговор.

189. Како се постапува во случај на недоаѓање на тужителот на главната расправа?


Ако на главната расправа што е закажана врз основа на обвинителен акт од јавниот
обвинител не дојде јавниот обвинител, кој е уредно повикан, а не го извести судот за причи
ните за својата спреченост, ќе се казни со парична казна предвидена во членот 89 од овој з
акон, а главната расправа ќе се одложи. Ако на главната расправа не дојде приватниот туж
ител, иако е уредно повикан, ниту неговиот полномошник, претседателот на советот или су
дијата поединец ќе ја запре постапката со решение.

190. Како се постапува во случај на недоаѓање на обвинетиот на главната расправа?


Ако обвинетиот е уредно повикан, а не дојде на главната расправа ниту го оправда с
војот изостанок или не може да му се врачи покана, а од околностите очигледно произлегу
ва дека го одбегнува приемот на поканата, советот ќе нареди да се доведе присилно, во см
исла на членот 157 од овој закон. Ако доведувањето не би можело веднаш да се изврши, с
оветот ќе одлучи главната расправа да не се одржи и ќе нареди обвинетиот да се доведе п
рисилно на идната расправа. Ако до приведувањето, обвинетиот го оправда изостанокот, п
ретседателот на советот ќе ја отповика наредбата за присилно доведување. Ако уредно по
виканиот обвинет очигледно избегнува да дојде на главната расправа, или ако судот напра
вил два обида уредно да го повика обвинетиот, а сите околности укажуваат дека обвинетио
т очигледно одбегнува да ја прими поканата, советот може да определи притвор согласно с
о членот 165 став (1) точка 4 од овој закон.

191. Како се постапува во случај на недоаѓање на бранителот на главната расправа?


Ако на главната расправа не дојде бранителот кој е уредно повикан, а не го извести судот за
причините на спреченост кога за таа причина сознал или ако бранителот без одобрение ја
напушти главната расправа, а не постои можност веднаш да се земе друг бранител без штета
за одбраната, главната расправа по предлог на обвинетиот ќе се одложи, а може да се одржи
и без присуство на бранител, ако одбраната не е задолжителна. Во случај на одлагање,
советот со решение ќе одлучи бранителот да ги поднесе трошоците што настанале поради
одложувањето ако тоа може да се препише на негова вина.

192. Како се постапува во случај на недоаѓање на сведок или вештак на главната


расправа?
Ако сведок или вештак неоправдано изостане и покрај уредната покана или пак очиг
ледно избегнува да дојде на главна расправа, советот може да нареди веднаш да се довед
е присилно. Главната расправа може да почне и без присуство на повикан сведок или вешт
ак и во тој случај советот ќе одлучи во текот на главната расправа дали поради отсуство на
сведокот или вештакот главната расправа треба да се прекине или одложи. Сведокот или в
ештакот кој е уредно повикан, изостанокот не го оправдал, советот може да го казни со пар
ичната казна определена во членот 224 и 237 од овој закон, а може да нареди на новата гл
авна расправа да се доведе присилно. Советот може во оправдан случај да ја отповика од
луката за казната.

193. Од кои причини може да се одложи главната расправа?


Надвор од случаите посебно предвидени во овој закон, по барање на странките, бра
нителот или по службена должност, главната расправа ќе се одложи со решение на претсе
дателот на советот ако е потребно подолго време за прибавување на нови докази, или ако

53
во текот на главната расправа се утврди дека кaj обвинетиот по стореното кривично дело н
астапило душевно заболување или душевно растројство или ако постојат други сериозни п
речки за одржување на главната расправа.

194. За колку време може да се одложи главната расправа?


Главната расправа се одложува само за време колку што трае пречката, односно причините
што довеле до одлагање, а претседателот на советот е должен секој нареден месец да го
известува претседателот на судот за тоа дали сé уште постоjат причините за одлагањето.
Претседателот на судот ќе презема потребни мерки за забрзување на постапката.

195. Во кои случаи одложената главна расправа почнува одново?


Главната расправа која е одложена почнува одново ако се изменил составот на сов
етот или судијата поединец. Со согласност на странките, советот може да одлучи определе
ни сведоци и вештаци да не се сослушуваат повторно, туку да се прочитаат нивните искази
внесени во записниците од поранешната главна расправа. Ако одлагањето траело подолго
од 90 дена, главната расправа мора одново да почне и сите докази мора повторно да се из
ведат. По испитување на странките судијата, односно советот може да одлучи сведоците и
вештаците да не се сослушуваат повторно туку да се прочитаат нивните искази внесени во
записниците од поранешната главна расправа. Ако во текот на главната расправа пред сов
етот составен од еден судиjа и дваjца судии - поротници во случај на измена на обвинение
то за кривично дело за чие cyдeњe е надлежен совет составен од двајца судии и троjца суд
ии - поротници, советот ќе се дополни и главната расправа ќе почне одново.

196. Во кои случаи може да се прекине главната расправа?


Судиjата, односно претседателот на советот може да ја прекине главната расправа
поради одмор или поради истек на работното време, или поради прибавување на определе
ни докази за кратко време или поради подготвување на обвинението или на одбраната, осв
ен во случаите предвидени со овој закон.

197. Како се води записникот за главната расправа?


Текот на главната расправа се снима тонски или визуелно-тонски. На почетокот на ра
справата, претседателот на советот ги известува присутните странки и другите учесници во
постапката за тоа дека расправата се снима и дека снимката претставува тонски или визуел
но-тонски запис од одржаната расправа. Кога не постојат технички услови за тонско или визу
елно-тонско снимање на текот на главната расправа, претседателот на советот може да нар
еди за текот на главната расправа да се води стенографски записник. Стенографскиот запис
ник, во рок од 48 часа од одржувањето на главната расправа ќе се дешифрира и прегледа, ќ
е се потпише од лицето кое го составува, странките, судијата поединец, односно претседате
лот на советот и ќе се приклучи кон предметот.

198. Што претставуваат воведните говори на странките?


Главната расправа започнува со држење воведни говори. Прво зборува тужителот,
а потоа бранителот или обвинетиот. Обвинетиот има право да не одржи воведен говор. Во
своите говори странките можат да изнесат кои решавачки факти имаат намера да ги докаж
уваат, да ги изложат доказите што ќе ги изведуваат и да ги определат правните прашања п
о коишто ќе расправаат. Во говорите не смеат да се изнесуваат факти за поранешна осуду
ваност на обвинетиот. Странките во воведниот говор не можат да се изјаснуваат за наводи
те и понудените докази на спротивната странка. Ако оштетениот или неговиот полномошни
к се присутни, предјавуваат имотноправно барање.

199. Во кој дел од текот на главната расправа обвинетиот може да ја признае вината?
По воведниот говор на тужителот, претседателот на советот ќе го праша обвинетиот
дали разбира за што е обвинет и доколку се увери дека обвинетиот не разбрал за што е об
винет, накратко ќе ја изнесе содржината на обвинението на начин најразбирлив за обвинет
иот. Претседателот на советот ќе го поучи обвинетиот за правото да молчи или да даде св
ој исказ и ќе го советува внимателно да го следи текот на главната расправа, при што ќе му
укаже дека може да изнесува докази во своја одбрана, да им поставува прашања на сообв
инетите, сведоците и вештаците, и да става забелешки во поглед на нивните искази. Потоа
54
претседателот на советот ќе го повика обвинетиот да се произнесе во однос на сите кривич
ни дела на обвинението дали се чувствува за виновен или не.

200. Како постапува судот по даденото признание за вината на главната расправа?


По даденото признание за вината, судијата поединец, односно претседателот на советот е
должен да испита дали признанието е доброволно, дали обвинетиот е свесен за правните
последици од признавањето на вината, за последиците сврзани за имотноправното
побарување и трошоците на кривичната постапка.

201. Кои докази се изведуваат во случај на прифатено признание на вина на главната


расправа?
По спроведувањето на дејствијата од ставот (2) на овој член (претходно прашање) о
д страна на судот, во доказна постапка ќе се изведат само оние докази што се однесуваат
на одлуката за санкцијата.

202. За кој основ не може обвинетиот да поднесе жалба против пресудата врз основа
на признание на главна расправа?
На погрешно утврдена фактичка состојба.

203. По кој редослед се изведуваат доказите во текот на доказната постапка?


Доказите се изведуваат по следниов редослед, и тоа:
1) докази на обвинението и докази врзани со имотноправното барање;
2) докази на одбраната;
3) докази на обвинението за побивање на доказите на одбраната (реплика) и
4) докази на одбраната како одговор на побивањето (дуплика).

204. Што претставува директното испитување и која странка го врши?


Директното испитување го врши странката која го предложила сведокот, односно ве
штакот или техничкиот советник.

205. Што претставува вкрстено испитување и која странка го врши?


Вкрстеното испитување го врши спротивната страна. Прашањата за сведокот на спротивната
странка се ограничени и се однесуваат на прашањата кои претходно биле поставени во текот
на испитувањето на сведокот од странката која го предложила.

206. Што претставува дополнително испитување и која странка го врши?


Дополнителното испитување го врши повторно страната која го повикува сведокот, односно
вештакот и прашањата што се поставуваат при ова испитување се ограничени на прашањата
поставени во текот на испитувањето на спротивната страна.

207. Какви надлежности има претседателот на советот во текот на изведување на


доказите?
Претседателот на советот ќе го контролира начинот и редоследот на испитување на
сведоците и вештаците и изведувањето на доказите водејќи сметка за ефикасност, економ
ичност на постапката и по потреба за утврдување на вистината. Претседателот на советот
по приговор од странките ќе забрани прашање и одговор на прашање кое веќе е поставено,
ако го оцени како недопустливо или ирелевантно за предметот. Претседателот на советот,
ќе одбие изведување на доказ за кој смета дека е непотребен и без значење за предметот
и за тоа ќе даде кратко образложение. Претседателот на советот по приговор од странките
ќе забрани поставување на прашања кои во себе содржат и прашање и одговор, освен при
вкрстено испитување. Претседателот на советот на предлог на странката што го предложи
ла сведокот ќе одобри вкрстено испитување, ако поради исказот што го дава сведокот на гл
авната расправа не може повеќе да се смета како сведок на странката што го предложила.
Претседателот на советот за време на изведување на доказите се грижи за достоинството
на странките, обвинетиот, сведоците и вештаците. Во текот на целата доказна постапка пр
етседателот на советот се грижи за дозволеноста на прашањата, валидноста на одговорит
е, праведно испитување и оправданоста на приговорите. За приговорите изнесени усно на

55
главна расправа во процесот на испитување на сведоците, вештаците и оштетениот, судија
та одлучува веднаш со решение.

208. Кои исклучоци од непосредното изведување на доказите се дозволени според


Закон за кривична постапка?
Доколку докажувањето на еден факт се заснова врз забележување од некое лице, т
оа треба лично да се испита на главната расправа, освен во случаите кога се испитува заш
титен сведок согласно со членот 228 од овој закон. Испитувањето не може да се замени со
читање на записник од негов претходно даден исказ, ниту со писмена изјава. Исказите на с
ведоците дадени во истражната постапка и изјавите собрани во рамки на дејствијата на од
браната во текот на истражната постапка може да се користат при вкрстено испрашување
или при побивање на изнесени наводи или во одговор на побивање, заради оцена на верод
остојноста на исказите дадени на главната расправа. Записници за дадени искази на доказ
ното рочиште можат со одлука на судот да се изведат како доказ со читање или репродуци
рање. Доколку по започнувањето на главната расправа се појават индиции врз основа на к
ои може да се заклучи дека сведокот бил изложен на насилство, закана, ветување на пари
или друга корист, за да не сведочи или лажно да сведочи на главната расправа, исказите н
а сведокот дадени пред јавниот обвинител во претходната постапка може со одлука на суд
от да се изведат како доказ.

209. Како се врши измена и проширување на обвинението?


Ако обвинителот оцени дека изведените докази укажуваат дека се променила фактичката
состојба изнесена во обвинението, може на главната расправа да го измени обвинението. Ако
обвинетиот во текот на главната расправа во заседанието стори кривично дело или ако во
текот на главната расправа се открие некое порано сторено кривично дело на обвинетиот,
советот по правило, по обвинение на овластениот тужител, кое може да биде и усно
изнесено, ќе ја прошири главната расправа и на тоа дело.

210. Што претставува дополнение на доказната постапка?


По завршената доказна постапка странките и оштетениот може да стават предлози
за дополнение на доказна постапка за нови околности што се јавиле во текот на главната р
асправа. Заради отстранување на противречностите во наодите и мислењата на вешти или
стручни лица, судот по предлог на странките или по службена должност може да определи
супер вештачење. Супер вештачењето судот го определува по електронски пат со примен
а на правилото на случаен избор од регистарот на вештаци, во присуство на двете странки,
односно на тужителот и бранителот.

211. Каква е поврзаноста на пресудата со обвинението?


Пресудата може да се однесува само на лицето кое е обвинето и само на делото шт
о е предмет на обвинението содржано во поднесениот, односно на главната расправа изме
нетиот или проширениот обвинителен акт. Судот не е врзан за предлозите на тужителот во
однос на правната оцена на делото.

212. Врз кои докази се заснова пресудата?


Судот ја заснова пресудата само врз фактите и доказите што се изнесени на главната
расправа.

213. Врз кои докази не може да се заснова пресудата?


Пресудата не може да се заснова само врз основа на исказот на загрозениот сведок
прибавен со примена на одредбите за прикривање на нивниот идентитет или изгледот зара
ди негова заштита и заштита на негови блиски лица. Пресудата не може да се заснова сам
о врз основа на исказите дадени во претходна постапка кои се користат на главна расправа
како ни врз Записници за дадени искази на доказното рочиште кои со одлука на судот се из
ведени како доказ со читање или репродуцирање.

214. Во кои случаи се изрекува одбивателна пресуда?


Пресуда со која се одбива обвинението судот ќе изрече, ако:
1) за пресудување судот не е стварно надлежен;
56
2) постапката е водена без барање на овластен тужител;
3) тужителот од започнувањето па до завршувањето на главната расправа се откажал од
обвинението;
4) немало потребен предлог, одобрение или ако надлежниот државен орган се откажал
од предлогот, односно одобрението или ако оштетениот се откажал од предлогот;
5) обвинетиот за истото дело е веќе правосилно осуден, ослободен од обвинението ил
и постапката против него е правосилно запрена со решение и
6) обвинетиот со акт на амнестија или помилување е ослободен од гонењето или крив
ичното гонење не може да се преземе поради застареност, или ако постојат други околн
ости што го исклучуваат кривичното гонење.

215. Во кои случаи се изрекува ослободителна пресуда?


Пресуда со која обвинетиот се ослободува од обвинението судот ќе изрече, ако:
1) делото за кое се обвинува не е кривично дело според законот;
2) има околности што ја исклучуваат кривичната одговорност и
3) јавниот обвинител или тужителот не докажал надвор од разумно сомневање дека обвин
етиот го сторил делото за кое се обвинува.

216. Што содржи осудителната пресуда?


Во пресудата во која обвинетиот се огласува за виновен судот ќе изрече:
1) за кое дело се огласува за виновен, со назначување на фактите и околностите што прет
ставуваат обележје на кривичното дело, како и на оние од кои зависи примената на опреде
лена одредба од Кривичниот законик;
2) законски назив на кривичното дело и кои одредби од Кривичниот законик се применети;
3) на каква казна се осудува обвинетиот или се ослободува од казна според одредбите од
Кривичниот законик;
4) одлука за алтернативна мерка;
5) одлука за мерките на безбедност, конфискацијата на имот и имотната корист и одземањ
е предмети;
6) одлука за засметување на лишување од слобода, на притвор или на веќе издржаната к
азна и
7) одлука за трошоците на кривичната постапка, за имотноправното барање, како и за тоа
дека правосилната пресуда треба да се објави преку печатот, радиото или телевизијата.
Ако обвинетиот е осуден на парична казна, во пресудата ќе се назначи рокот во кој т
реба да се плати паричната казна и начинот на кој да се изврши замена на паричната казна
во случај паричната казна да не може да се наплати ни по присилен пат.

217. Кои субјекти може да изјават жалба на пресуда на првостепен суд и во кој рок?
Жалба можат да изјават странките, бранителот, законскиот застапник на обвинетиот
и оштетениот. Против пресудата донесена во прв степен овластените лица можат да изјав
ат жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот од пресудата.

218. За што може да се жали оштетениот со жалба на пресуда на првостепен суд?


Оштетениот може да ја побива пресудата во однос на одлуката за трошоците на кривичната
постапка, а доколку е досудено имотноправно побарување и во тој дел.

219. Што се подразбира под одрекување од правото на жалба?


Обвинетиот може да се одрече од правото на жалба само откако му е доставена пресудата.
Обвинетиот и пред тоа може да се одрече од правото на жалба ако тужителот и
оштетениот кога имаат право да изјават жалба поради сите основи (член 407 став (4)) се
одрекле од правото на жалба, освен ако обвинетиот според пресудата би требало да
издржува казна затвор.

220. Што се подразбира под откажување од правото на жалба?


До донесувањето на одлуката на второстепениот суд, обвинетиот може да се откаже од веќе
изјавената жалба. Обвинетиот може да се откаже и од жалбата што ја изјавил неговиот
бранител или лицата наведени во членот 411 став (2) од овој закон.

57
221. По кои жалбени основи може да се побива пресудата?
Пресудата може да се побива:
1) поради суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка,
2) поради погрешно утврдена фактичка состојба,
3) поради повреда на Кривичниот законик и
4) поради одлука за кривичните санкции, за одземање на имотна корист, за трошоците з
а кривичната постапка, за имотноправните барања, како и поради одлука за објавува
ње на пресудата преку печатот, радиото или телевизијата.

222. Кои се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка?


-Суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка постои:
1) ако судот бил непрописно составен или ако во изрекувањето на пресудата учествувал с
удија или судија - поротник кој не учествувал на главната расправа или кој со правосилна о
длука е изземен од судењето;
2) ако на главната расправа учествувал судија или судија - поротник кој морал да се иззем
е (член 33 точки 1, 2, 3, 4 и 5);
3) ако главната расправа е одржана без лице чие присуство на главната расправа е задол
жително според законот;
4) ако спротивно на законот јавноста била исклучена на главната расправа;
5) кога се повредени прописите на кривичната постапка по прашањето дали постои обвин
ение од овластен тужител или предлог од оштетениот, односно одобрение од надлежниот
орган;
6) кога пресудата ја донел суд кој поради стварната ненадлежност не можел да суди во тој
предмет или ако судот неправилно го одбил обвинението поради стварна ненадлежност;
7) кога судот со својата пресуда не го решил наполно предметот на обвинението;
8) кога пресудата се заснова врз доказ врз кој според одредбите на овој закон не може да
се заснова пресудата освен ако со оглед на другите докази е очигледно дека и без тој дока
з би била донесена иста пресуда;
9) ако обвинението е пречекорено (член 398 став (1));
10) ако со пресудата е повредена одредбата на членот 428 од овој закон;
11) ако пресудата е нејасна и противречна на самата себе или во неа не се наведени при
чините за решавачките факти или докази изведени на главната расправа, или
12) кога судот ги повредил одредбите за употреба на јазикот во постапката утврдена со о
вој закон.
-Суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка постои и кога судот
додека ја подготвувал главната расправа или во текот на главната расправа или при донесу
вање на пресудата не применил или неправилно применил некоја одредба од овој закон, ако
тоа влијаело или можело да влијае врз законитото и правилното донесување на пресудата.
-Суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка постои и ако се повред
ени правата на одбраната, а тоа влијаело или можело да влијае врз законитото и правилно
то донесување на пресудата или правото на обвинетиот на правично судење.

223. Во што се состои повредата на Кривичниот законик како основ за жалба?


Повреда на Кривичниот законик постои, ако:
1) делото за кое се гони обвинетиот не е кривично дело;
2) има околности што ја исклучуваат кривичната одговорност;
3) има околности што го исклучуваат кривичното гонење, а особено ако настапила застар
еност на кривичното гонење или гонењето е исклучено поради амнестија или помилување
или работата е веќе правосилно пресудена;
4) во однос на кривичното дело што е предмет на обвинението е применет закон што не м
оже да се примени;
5) со одлуката за казната, за условната осуда или за судската опомена, односно со одлука
та за мерката на безбедност, или за одземање на имотната корист е пречекорено овластув
ањето што го има судот според законот и
6) се повредени одредбите за засметување на притворот, како и на секое лишување од сл
обода во врска со кривичното дело и на издржаната казна.

58
224. Што претставува погрешно утврдена фактичка состојба?
Пресудата може да се побива поради погрешно утврдена фактичка состојба кога нек
ој решавачки факт погрешно е утврден или не е утврден. Погрешно утврдена фактичка сос
тојба постои и кога на тоа укажуваат нови факти или нови докази.

225. Во што се состои повредата поради одлука за кривична санкција како основ за
жалба?
Пресудата, односно решението за судска опомена може да се побива поради одлука за
казната, условна осуда и судска опомена кога со таа одлука не е пречекорено законското
овластување (член 416 точка 5), но судот не ја одмерил правилно казната со оглед на
околностите што влијаат казната да биде поголема или помала и поради тоа што судот ги
применил или не ги применил одредбите за ублажување на казната, за ослободување од
казната, за условна осуда или за судска опомена, иако за тоа постоеле законски услови.

226. Како постапува судот во случај на ненавремена жалба?


Ненавремената и недозволената жалба ќе ја отфрли со решение претседателот на советот
на првостепениот суд.

227. Како постапува судот во случај на недозволена жалба?


Ненавремената и недозволената жалба ќе ја отфрли со решение претседателот на советот
на првостепениот суд.

228. Какви овластувања има судијата известител?


Кога списите по жалбата ќе стигнат до второстепениот суд, во рок од три дена од пр
иемот на списите се определува судија известител. Ако во прашање е кривично дело за ко
е се гони по барање од јавниот обвинител, судијата известител без одлагање ќе ги достави
списите до надлежниот јавен обвинител кој е должен да ги разгледа и без одлагање или на
јдоцна во рок од 15 дена, а кај посложени предмети најдоцна во рок од 30 дена, да му ги вр
ати на судот. За седницата на советот ќе се извести јавниот обвинител и оној обвинет и нег
овиот бранител, или приватниот тужител кој во рокот предвиден за жалба или за одговор н
а жалбата барал да биде известен за седницата или предложи одржување на расправа пре
д второстепениот суд. Судијата известител може по потреба од првостепениот суд да приб
ави извештај за повредите на одредбите на кривичната постапка, а може преку тој суд или
преку судијата на претходната постапка на судот на чие подрачје треба да се изврши дејст
вието или на друг начин да ги провери наводите во жалбата во однос на новите докази и н
овите факти, или од други органи или правни лица да прибави потребни извештаи или спис
и. Првостепениот суд, односно надлежниот јавен обвинител што ја водел истражната поста
пка од кој судијата известител бара извештаи или преземање дејствија, должни се да поста
пат по таквото барање во рок кој не надминува 30 дена. Ако судијата известител утврди де
ка во списите се наоѓаат записниците и известувањата предвидени во членот 93 од овој за
кон, списите без одлагање ќе ги достави до првостепениот суд пред одржувањето на седни
цата на второстепениот совет, за да претседателот на првостепениот совет донесе решени
е за нивно издвојување од списите и, по правосилноста на решението, во затворена обви
вка да му ги предаде на судијата на претходната постапка заради чување одвоено од други
те списи.

229. Како се одвива текот на седницата на советот во постапката по жалба?


Седницата на советот започнува со извештајот на судијата известител за состојбата
на работата. Потоа подносителот на жалбата ја образложува жалбата, а по него збор доби
ва спротивната страна за да одговори на наводите во жалбата, односно во одговорот на жа
лбата, не повторувајќи го она што е содржано во извештајот, а заради дополнување на изв
ештајот може да се бара да се прочитаат одделни списи. Недоаѓањето на странките кои се
уредно известени не го спречува одржувањето на седницата на советот. Ако обвинетиот не
го известил судот за промената на живеалиштето, односно престојувалиштето, седницата
на советот може да се одржи иако обвинетиот не бил известен за седницата.

230. Кога се одржува расправа пред советот на второстепениот суд?


Расправа пред советот на второстепениот суд ќе се одржи, ако:

59
1) се утврди дека постои суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка
од членот 415 став (1) на овој закон кои според оцената на советот може да се надмине со
одржување на главна расправа или
2) се утврди дека постои погрешно утврдена фактичка состојба во текот на првосте
пената постапка или кога новите факти и докази за првпат изнесени во жалбата се оц
енети како дозволени.

231. Во кои граници второстепениот суд ја испитува првостепената пресуда по


службена должност?
Второстепениот суд ја испитува пресудата во оној дел во кој се побива со жалбата,
но секогаш мора по службена должност да испита дали:
1) постои повреда на одредбите на кривичната постапка од членот 415 став (1) точки 1, 5,
6, 8, 9, 10 и 11 на овој закон и дали главната расправа спротивно на одредбите од овој зако
н е одржана во отсуство на обвинетиот, а во случај на задолжителна одбрана и во отсуство
на бранителот на обвинетиот и
2) на штета на обвинетиот е повреден Кривичниот законик (член 416).

232. Што значи забраната за менување на полошо?


Ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на него
ва штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција.

233. Што подразбира привилегијата на здружување?


Ако второстепениот суд по повод на која и да е жалба утврди дека причините поради кои ја д
онел одлуката во корист на обвинетиот се од корист и за некој од сообвинетите кој не изјави
л жалба или не ја изјавил во тој правец, ќе постапи по службена должност како да постои так
ва жалба.

234. Какви одлуки донесува второстепениот суд по жалба?


Второстепениот суд на седница на советот може да ја отфрли жалбата како ненавр
емена или како недозволена, или да ја одбие жалбата како неоснована и да ја потврди прв
остепената пресуда, или да ја преиначи првостепената пресуда, или да ја укине првостепе
ната пресуда поради суштествени повреди и да го врати предметот на повторно одлучува
ње или да ја укине првостепената пресуда и да одржи расправа.

235. Во кој случај второстепениот суд ќе ја преиначи првостепената пресуда?


Второстепениот суд, уважувајќи ја жалбата или по службена должност со пресуда ќе ја
преиначи првостепената пресуда ако утврди дека решавачките факти во првостепената
пресуда правилно се утврдени и дека со оглед на утврдената фактичка состојба по
правилна примена на законот треба да се донесе поинаква пресуда.

236. Во кој случај второстепениот суд ја укинува првостепената пресуда поради


суштествени повреди?
Второстепениот суд, уважувајќи ја жалбата или по службена должност со решение ќ
е ја укине првостепената пресуда и ќе го врати предметот на повторно судење ако утврди
дека постои суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, освен ако не
одлучи да одржи расправа пред второстепениот суд.

237. Во кои случаи може да се поднесе жалба на пресуда на второстепениот суд?


Против пресудата на второстепениот суд е дозволена жалба до судот што одлучува
во трет степен само во следниве случаи, ако:
1) второстепениот суд изрекол казна доживотен затвор, или ако ја потврдил пресудата
на првостепениот суд со која е изречена таква казна;
2) второстепениот суд донел пресуда врз основа на одржаната расправа и
3) второстепениот суд ја преиначил пресудата на првостепениот суд со која обвинети
от е ослободен од обвинението и изрекол пресуда со која обвинетиот се огласува за ви
новен.

60
238. Во кои случаи правосилната пресуда може да се преиначи без повторување на
кривичната постапка?
Правосилната пресуда може да се преиначи без повторување на кривичната постап
ка, ако:
1) во две или повеќе пресуди против истиот осуден правосилно се изречени повеќе казни,
а не се применети одредбите за одмерување на единствена казна за дела во стек;
2) при изрекувањето на единствена казна со примена на одредбите за стек е земена како
утврдена казната што е веќе опфатена во казната изречена според одредбите за стек во не
која поранешна пресуда;
3) кога по правосилноста на пресудата ќе се јават околности што ги немало кога се изреку
вала пресудата или не биле познати иако постоеле, а тие очигледно би довеле до поблага
осуда;
4) правосилната пресуда со која за повеќе кривични дела е изречена единствена казна не
би можела да се изврши во еден дел поради амнестија, помилување или од други причини
и
5) по правосилната пресуда со која обвинетиот е огласен за виновен за продолжено крив
ично дело се појават нови оштетени лица, првостепениот суд ќе ја преиначи пресудата во д
елот за имотноправното барање, а постапката се поведува по предлог на оштетените во р
ок од три месеци од денот на дознавањето на пресудата.

239. Во кои случаи кривичната постапка завршена со правосилна пресуда може да се


повтори во корист на осудениот?
Кривичната постапка завршена со правосилна пресуда може да се повтори во корис
т на осудениот, ако:
1) се докаже дека пресудата е заснована врз лажна исправа, визуелно-тонска снимка или
врз лажен исказ на сведокот, вештакот, толкувачот или преведувачот, односно толкувачот;
2) се докаже дека до пресудата дошло поради кривично дело на судијата, на судијата -пор
отник или на лице кое ги вршело истражните дејствија;
3) се изнесат нови факти или се поднесат нови докази што самите за себе или во врска со
поранешните докази се подобни да причинат ослободување на лицето кое било осудено ил
и негова осуда според поблаг кривичен закон;
4) на некое лице за исто дело повеќе пати му е судено или ако повеќе лица се осудени пор
ади исто дело што можело да го стори само едно лице или некои од нив;
5) во случај на осуда за продолжено кривично дело или за друго кривично дело што споре
д законот опфаќа повеќе истовидни или повеќе разновидни дејствија се изнесат нови факт
и или се поднесат нови докази што укажуваат дека осудениот не го сторил дејствието што
е опфатено со делото од осудата, а постоењето на овие факти би било од суштествено вли
јание врз одмерување на казната и
6) со правосилна одлука на Европскиот суд за човековите права се утврди повреда на чов
ековите права и основни слободи во текот на постапката.

240. Во кои случаи кривичната постапка завршена со правосилна пресуда може да се


повтори на штета на осудениот?
Кривичната постапка во исклучителни случаи може да се повтори на штета на осудениот ако
пресудата со која обвинението се одбива е донесена поради стварна ненадлежност на
судот, а јавниот обвинител покренал постапка пред надлежен суд и притоа побарал
повторување на постапката.

241. Како се одвива одлучување по барањето за повторување на постапката?


Судот со решение ќе го отфрли барањето ако врз основа на самото барање и на спи
сите од поранешната постапка утврди дека барањето го поднело неовластено лице или де
ка нема законски услови за повторување на постапката, или дека фактите и доказите врз ко
и се заснова барањето веќе биле изнесени во поранешното барање за повторување на пос
тапката што е одбиено со правосилно решение на судот, или дека фактите и доказите очиг
ледно не се подобни врз основа на нив да се дозволи повторување или утврди дека станув
а збор за лажна исправа или лажен исказ на сведокот или вештакот, или дека подноситело
т на барањето не постапил според членот 452 став (2) од овој закон. Ако судот не го отфрл
и барањето ќе се достави препис на барањето до противната странка која има право во рок
61
од осум дена да одговори по барањето. Кога на судот ќе му стигне одговор на барањето ил
и кога ќе измине рокот за давање одговор, претседателот на советот ќе определи да се изв
идат фактите и да се прибават доказите на кои се повикува во барањето и во одговорот на
барањето. По спроведените извиди судот со решение веднаш ќе одлучи за барањето за по
вторување на постапката според членот 448 од овој закон. Во други случаи, кога се во пра
шање кривични дела за кои се гони по службена должност, претседателот на советот ќе оп
редели списите да се испратат до јавниот обвинител кој без одлагање ќе ги врати списите
со свое мислење. Кога јавниот обвинител ќе ги врати списите, ако не определи извидот да
се дополни врз основа на резултатите од извидот, судот ќе го уважи барањето и ќе дозволи
повторување на кривичната постапка или ќе го одбие барањето ако новите докази не се по
добни да доведат до повторување на кривичната постапка. Ако судот најде дека причините
поради кои дозволил повторување на постапката постојат и за некој од сообвинетите што н
е поднел барање за повторување на постапката ќе постапи по службена должност како да
постои такво барање. Во решението со кое се дозволува повторување на кривичната поста
пка судот ќе одлучи веднаш да се определи нова главна расправа, или предметот да се вр
ати во состојба на истражна постапка, односно да се спроведе истражна постапка ако ја не
мало.

242. Во кои случаи се повторува постапката на лице судено во отсуство?


Кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство (член 365), а настапи
ла можност повторно да му се суди во негово присуство, ќе се повтори и надвор од условит
е предвидени во членот 364 од овој закон, ако осудениот или неговиот бранител поднесе б
арање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дозна
л за пресудата со која е осуден во отсуство. Надвор од случаите предвидени во ставот
(1) на овој член судот во секој случај ќе дозволи повторување на постапката, доколку пр
отив лицето осудено во отсуство во тек е постапка за екстрадиција и доколку државата во к
оја се наоѓа лицето бара гаранции дека на лицето ќе му се дозволи право на повторно суде
ње во негово присуство.

243. За кои основи може да се поднесе барање за заштита на законитоста?


Против правосилни судски одлуки јавниот обвинител на Република Македонија може да
поднесе барање за заштита на законитоста ако е повреден Уставот на Република Македонија,
законот или меѓународен договор, ратификуван согласно со Уставот на Република
Македонија.

244. Кој надлежен орган одлучува по барањето за заштита на законитоста?


Врховниот суд на Република Македoнија за барањето одлучува на седница.

245. Како се постапува во Врховниот суд по прием на барањето за заштита на


законитоста?
Барањето за заштита на законитоста поднесено од јавниот обвинител на Република
Македонија во смисла на членот 457 од овој закон се поднесува до Врховниот суд на Репуб
лика Македoнија. Врховниот суд на Република Македoнија за барањето одлучува на седни
ца. Пред да биде предметот изнесен на решавање, судијата определен за известител мож
е, по потреба, да прибави известување за истакнатите повреди на законот. За седницата с
екогаш ќе се известува јавниот обвинител.

246. Каква одлука донесува Врховниот суд кога ќе оцени дека барањето за заштита на
законитоста е основано?
Кога судот ќе утврди дека барањето за заштита на законитоста е основано, ќе донесе
пресуда со која според природата на повредата, или ќе ја преиначи правосилната одлука,
или ќе ги укине во целост или делумно одлуките на првостепениот и на повисокиот суд или
само одлуката на повисокиот суд и предметот ќе го врати на повторна одлука или судење до
првостепениот или до повисокиот суд, или ќе се ограничи само на тоа да ја утврди повредата
на законот.

247. Каква одлука донесува Врховниот суд кога ќе оцени дека барањето за заштита на
законитоста е основано, а е поднесено на штета на осудениот?

62
Ако барање за заштита на законитоста е поднесено на штета на осудениот, а судот
ќе најде дека е основано, ќе утврди само дека постои повреда на законот, не засегајќи во
правосилната одлука.

248. Во кој случај (според изречената затворска казна) може да се поднесе барање за
вонредно преиспитување на правосилна пресуда?
Лицето кое правосилно е осудено на безусловна казна затвор или малолетнички з
атвор од најмалку една година и неговиот бранител може да поднесе барање за вонредно
преиспитување на правосилна пресуда поради повреда на законот во случаите предвиден
и со овој закон.

249. Кои предуслови треба да бидат исполнети за поднесување на барањето за


вонредно преиспитување на правосилна пресуда?
Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда се поднесува во рок од
30 дена од денот кога обвинетиот ја примил правосилната пресуда. Осудениот што не кори
стел редовен правен лек против пресудата не може да поднесе барање за вонредно преис
питување на правосилна пресуда, освен ако со пресудата на второстепениот суд наместо о
слободување од казна, судска опомена, условна осуда или парична казна е изречена казна
затвор, односно наместо воспитна мерка казна малолетнички затвор.

250. По кои основи може да се бара вонредно преиспитување на правосилна пресуда?


Барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда може да се поднесе:
1) поради повреда на Кривичниот законик на штета на осудениот од членот 416 точки 1, 2,
3 и 4 на овој закон или поради повреда од членот 416 точка 5 на овој закон, ако пречекорув
ањето на овластувањето се однесува на одлуката за казната, алтернативна мерка или кон
фискација на имот и имотна корист и одземање на предмети или одземање на имотна кори
ст;
2) поради повреда на одредбите на кривичната постапка предвидени во членот 415 став
(1) точки 1, 5, 8, 9 и 10 од овој закон и
3) поради повреда на правата на одбраната или поради повреда на одредбите на кривична
та постапка во жалбената постапка, ако таа повреда влијаела или можела да влијае врз з
аконитото и правилното донесување на пресудата или врз правото на обвинетиот на пра
вично судење.

251. Кој надлежен орган одлучува по барањето за вонредно преиспитување на


правосилна пресуда?
Врховен.

252. Какви одлуки донесува Врховниот суд кога одлучува по барање за вонредно
преиспитување на правосилна пресуда?
-

253. Што е предмет на спогодувањето?


Предмет на спогодувањето е видот и висината на кривичната санкција што ќе се предложи во
предлог-спогодбата, а ако постои согласност од осомничениот предмет на спогодување може
да биде и имотноправното побарување од оштетениот.

254. Кои се елементите на предлог спогодбата?


Предлог-спогодбата поднесена мора да содржи:
1) податоци за јавниот обвинител, осомничениот и неговиот бранител;
2) опис и правна квалификација на кривичните дела опфатени со предлог- спогодбата;
3) предложената кривична санкција според видот и висината;
4) видот и висината на имотноправното побарување и начинот на негово остварување, ак
о осомничениот дал согласност во смисла на членот 484 од овој закон;
5) изјава на осомничениот дека свесно и доброволно ја прифаќа предлог- спогодбата и по
следиците што произлегуваат од неа;

63
6) изјава од јавниот обвинител и осомничениот дека се откажуваат од правото на жалба до
колку се донесе пресуда со која се прифаќа предлог-спогодбата;
7) трошоците на постапката;
8) потпис на јавниот обвинител, осомничениот и неговиот бранител и
9) датум и место на склучувањето на предлог-спогодбата.

255. Какво е учеството на бранителот во спогодувањето?


Осомничениот мора да има бранител од моментот на започнувањето на постапката
за спогодување.

256. Каква е улогата на судот во спогодувањето?


Судијата на претходната постапка не смее да учествува во постапката за спогодување меѓу
јавниот обвинител и осомничениот и неговиот бранител.

257. Како постапува судијата на претходна постапка по прием на предог – спогодбата?


Во рок од три дена по приемот на предлог-спогодбата, судијата на претходната пост
апка закажува рочиште за оцена на предлог-спогодбата. На рочиштето ги повикува поднос
ителите на предлог- спогодбата и должен е да испита дали таа доброволно е поднесена, д
али осомничениот е свесен за правните последици од нејзиното прифаќање, за последици
те поврзани за имотно правното побарување и трошоците на кривичната постапка. Јавниот
обвинител, осомничениот и неговиот бранител во текот на рочиштето не смеат да поднеса
т барање за утврдување кривична санкција различна од кривичната санкција содржана во п
редлог спогодбата. Доколку јавниот обвинител или осомничениот и неговиот бранител под
несат вакво барање, се смета дека се откажале од предлог-спогодбата и судијата на претх
одната постапка донесува решение во смисла на членот 489 став (1) од овој закон. Судијат
а на претходната постапка ги поучува јавниот обвинител и осомничениот и неговиот бранит
ел дека имаат право до донесување на одлуката да се откажат од предлог-спогодбата. Суд
ијата на претходната постапка ги поучува јавниот обвинител и осомничениот и неговиот бр
анител дека прифаќањето на предлог-спогодбата се смета за откажување од правото на ж
алба на донесената пресуда врз основа на предлог-спогодбата.

258. Во кои случаи судијата на претходна постапка може да ја одбие предлог


спогодбата?
Ако судијата на претходната постапка утврди дека прибавените докази за фактите в
ажни за избор и одмерување на кривичната санкција не го оправдуваат изрекувањето на пр
едложената кривична санкција, односно дека јавниот обвинител, осомничениот и неговиот
бранител во текот на рочиштето поднеле барање за утврдување кривична санкција различ
на од кривичната санкција содржана во предлог- спогодбата, донесува решение со кое ја о
дбива предлог- спогодбата и списите ги доставува до јавниот обвинител.

259. Што содржи пресудата врз основа на предлог спогодба и до кого се доставува?
Пресудата ги содржи елементите на осудителна пресуда согласно со членот 404 о
д овој закон. Пресудата се објавува веднаш, а се изготвува во писмена форма во рок од три
дена од објавувањето. Пресудата без одлагање им се доставува на јавниот обвинител, осом
ничениот и неговиот бранител. Примерок од пресудата без одлагање му се доставува и на о
штетениот. Ако оштетениот не е задоволен од одлуката за видот и висината на досуденото и
мотноправно побарување, своето право оштетениот може да го остварува во парнична пост
апка.

260. Во кој случај судијата поединец може да ги упати странките на медијација?


Во случај кога делото се гони по приватна тужба надлежниот судија поединец на рочиштето
за мирење од причини на целесообразност може да даде предлог до страните за давање
согласност за упатување на медијација.

261. Како се определува медијатор?


Во рок од три дена од дадената согласност, страните спогодбено определуваат еден или по
веќе медијатори од Именикот на медијатори и за тоа го известуваат судијата поединец.

64
262. Колку трае постапката за медијација?
Постапката за медијација може да трае најдолго до 45 дена од денот на дадената согласнос
т од страните до надлежниот судија - поединец.

263. Како завршува постапката за медијација?


Постапката за медијација може да заврши со потпишување писмена спогодба и се п
рименуваат одредбите од членовите 495 и 496 на овој закон. Постапката за медијација, осв
ен со потпишување писмена спогодба, може да заврши:
1) со писмена изјава на медијаторот, по извршените консултации со странките дека не се
оправдани натамошни обиди за медијација, на денот на поднесувањето на изјавата;
2) со истекот на рокот од 45 дена констатиран со известување од страна на медијаторот;
3) со повлекување на страните во кое било време од постапката за медијација без притоа
да ги наведат причините за тоа. Повлекувањето ќе се смета од денот на поднесување на и
зјавата за повлекување и
4) кога медијаторот со решение ќе ја запре постапката за медијација доколку смета дека е
постигната спогодба што е незаконска или неподобна за извршување.

264. Што содржи писмената спогодба како резултат на успешната медијација?


Спогодбата мора да ги содржи најмалку следниве елементи:
1) податоци за осомничениот, односно обвинетиот и неговиот бранител;
2) податоци за оштетениот, односно за приватниот тужител;
3) опис на настанот и правната квалификација на делото;
4) денот кога започнала постапката за медијација;
5) податоци за вкупниот број средби одржани со странките, заедно или одвоено;
6) предмет на спогодбата - надоместок на штета, извршување определени обврски од стр
ана на сторителот, односно обвинетиот во полза на оштетениот, извинување од сторитело
т, односно обвинетиот до оштетениот, враќање на предмети или друг основ за кој страните
постигнале спогодба;
7) рок за исполнување на обврските кој не може да биде подолг од три месеци;
8) одлука за надоместок на трошоците од постапката;
9) датум на составување на писмената спогодба;
10) потпис од страните во медијацијата и
11) заверка на спогодбата од страна на медијаторот со потпис и штембил издаден од Ком
ората на медијаторите.

265. Кои услови треба да бидат исполнети за судијата поединец да донесе решение за
запирање на постапката?
До истек на рокот за исполнување на обврските, осомничениот е должен да приложи доказ за
исполнетост на обврските и за надоместок на трошоците на постапката кај надлежниот судија
поединец. По прием на доказите и потврда за надоместок на трошоците на постапката,
судијата поединец носи решение за запирање на постапката.

266. Што содржи предлогот за издавање казнен налог?


Предлогот за издавање казнен налог содржи:
1) лични податоци за обвинетиот;
2) опис на кривичното дело што се става на товар;
3) правна квалификација на делото;
4) доказите со кои располага обвинителството и
5) видот и висината на кривичната санкција или друга мерка која му се предлага на судот.

267. Која санкција може да се предложи во предлогот за издавање казнен налог?


Со предлогот за издавање казнен налог јавниот обвинител му предлага на судот изр
екување на една или повеќе од следниве кривични санкции или мерки:
1) парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби;
2) условна осуда со утврдена казна затвор до три месеца или парична казна;
3) забрана за управување на моторно возило до две години и

65
4) конфискација на имот и имотна корист прибавена со кривично дело и одземање на п
редмети.

268. Во кои случаи може да се отфрли предлогот за издавање казнен налог?


Судија поединец ќе го отфрли предлогот за издавање казнен налог ако се работи за кривично
дело за кое не може да се поднесе таков предлог.

269. Какви права има обвинетиот и неговиот бранител по прием на пресудата со која е
изречен казнениот налог?
Обвинетиот и неговиот бранител можат во рок од осум дена од денот на приемот на
пресудата да поднесат приговор против пресудата во писмена форма или усно или со запи
сник во судот. Приговорот не мора да биде образложен, но може да содржи докази во кори
ст на одбраната. Обвинетиот може да се откаже од правото на приговор до закажувањето
на главната расправа. Плаќањето на паричната казна пред истекот на рокот за приговор не
се смета за откажување од правото на приговор.

270. Како се постапува при изрекување судска опомена?


Решението за судска опомена се објавува веднаш по завршувањето на главната расправа со
суштествените причини. Во тој случај претседателот на советот ќе го предупреди обвинетиот
дека за кривичното дело што го сторил не му се изрекува казна, зашто се очекува дека и
судската опомена врз него доволно ќе влијае повеќе да не врши кривични дела. Ако
решението за судска опомена се објавува во отсуство на обвинетиот, судот ваквото
предупредување ќе го внесе во образложението на решението. За одрекување од правото на
жалба или за писмената изработка на решението согласно се применува одредбата на
членот 486 став (2) од овој закон.

271. Што содржи пресудата со која се изрекува општокорисната работа?


Во пресудата со која се изрекува општокорисна работа како примарна кривична санк
ција, судот ќе определи:
а) за кое дело се огласува за виновен, со назначување на фактите и околностите што претс
тавуваат обележје на кривично дело, како и на оние од кои зависи примената на определен
а одредба од Кривичниот законик;
б) законски назив на кривичното дело и кои одредби од Кривичниот законик се применети;
в) вкупен број часови општокорисна работа;
г) вкупен број часови што мора да се извршат во текот на една недела;
д) место на извршување на општокорисната работа и
ѓ) последиците во случај на непридржување кон мерката и начинот на замена на општокор
исната работа со казна затвор.

272. Што содржи решението кога се изрекува алтернативната мерка условно


прекинување на водењето на постапката?
Судот по предлог на овластениот тужител ќе донесе решение за прекинување на по
стапката во која ќе го определи рокот на прекинувањето на постапката и обврската на стор
ителот во тој рок да не стори ново кривично дело и да ги исполни другите предвидени обвр
ски.

273. Кој е надлежен суд за водење на постапката против правните лица?


За водење на кривичната постапка против правно лице надлежен е судот каде што с
е наоѓа седиштето на правното лице, односно претставништвото на странското правно лиц
е. Ако странско правно лице нема претставништво на територијата на Република Македони
ја, или ако се води единствена постапка против правното лице и одговорното лице во прав
ното лице, надлежноста на судот се определува според општите одредби за месната надл
ежност на овој закон.

274. Кое лице е овластен претставник на правното лице?


Овластен претставник на правното лице е одговорното лице во правното лице опре
делено со закон, одлука заснована врз закон, статут или друг општ акт на органите на упра
66
вување на правното лице. Ако овластениот претставник е и самиот обвинет за кривичното
дело, за кое се води постапка и против правното лице, или е повикан како сведок во постап
ката, или постојат фактички или правни пречки тој да го претставува правното лице, правно
то лице е должно да определи со писмено полномошно друг претставник од редот на одгов
орните лица или вработените во правните лица. Писменото полномошно може да се даде
и на записник пред судот пред кој се води постапката.

275. Во кој случај се определува претставник по службена должност?


Правното лице е должно да определи претставник во рок од осум дена од денот на
приемот на поканата за главна расправа. Ако правното лице во овој рок не определи претс
тавник и за тоа не го извести судот, претставник на правното лице ќе определи судот пред
кој се води постапката по службена должност и за тоа ќе го извести правното лице. Претст
авник по службена должност судот определува од одговорните лица или вработените во пр
авното лице, а ако тоа не е можно од редот на адвокатите. Претставник по службена должн
ост судот ќе определи и кога правното лице престанало да постои пред правосилното довр
шување на кривичната постапка, ако во рок од осум дена од престанокот на правното лице
претставникот не го определил неговиот правен следбеник.

276. Кое лице може да биде бранител на правното лице во кривичната постапка?
Обвинетото правно лице може да има бранител што го определува овластениот пре
тставник на правното лице. Кога како претставник на правното лице по службена должност
од страна на судот е определен адвокат, тој ја врши и функцијата на одбрана на обвинетот
о правно лице.

277. Што мора да содржи обвинението против правното лице?


Обвинението против правното лице мора да го содржи и името на обвинетото правно лице,
неговото седиште според податоците во Централниот регистар на Република Македонија,
матичниот број, името и презимето на неговиот претставник и неговата адреса, како и
државјанството и бројот на пасошот на странецот определен како претставник на правното
лице.

278. Како се одвива текот на главната расправа и завршни зборови во постапката


спрема правно лице?
На главната расправа во единствената постапка против правното и одговорното лиц
е прво се врши распит на одговорното лице за секоја точка од обвинението, а потоа и на пр
етставникот на правното лице. Редоследот на изведување на докази го определува судот т
ргнувајќи прво од доказите што се однесуваат на одговорното лице. По завршниот збор на
бранителот и претставникот на обвинетото правно лице, завршен збор има бранителот на
одговорното лице и одговорното лице. Одредбите за донесување на пресуда без главна ра
справа (член 497) се применуваат и во кривичната постапка против правното лице. Судот м
оже да одлучи ако е обезбеден бранител главната расправа да се одржи и без присуство н
а претставникот на правното лице, доколку уредно е повикан а не го оправдал своето недо
аѓање, ако оцени дека неговото присуство не е неопходно.

279. Што мора да содржи пресудата спрема правното лице?


Пресудата изречена на правното лице мора да содржи име на правното лице и негово
седиште, матичен број, име и презиме на неговиот претставник и адреса на живеење, како и
државјанство и број на патната исправа на странецот определен како претставник на
правното лице.

280. Кои вонредни правни лекови може да се користат во постапката спрема правното
лице?
Во кривичната постапка против правно лице може да се користат вонредните правни
лекови барање за повторување на постапката и барање за заштита на законитоста.

281. Како се постапува со предметите што според Кривичниот законик мора да се


одземат во случај кога постапката нема да заврши со пресуда со која обвинетиот се
огласува за виновен?

67
Предметите што според Кривичниот законик мора да се одземат, ќе се одземат и ког
а кривичната постапка нема да заврши со пресуда со која обвинетиот се огласува за винов
ен. Посебно решение за тоа донесува органот пред кој се водела постапката во моментот к
ога постапката е завршена, односно кога е запрена.

282. Како се постапува спрема лицето врз кое е пренесен имотот или имотната корист
односно спрема претставникот на правното лице во постапка за конфискација на имот
и имотна корист?
При конфискација на имот и имотна корист прибавена со кривично дело, лицето врз
кое е пренесена имотна корист, како и претставникот на правното лице ќе се повикаат зара
ди испитување во претходната постапка и на главната расправа. Во поканата ќе се предуп
редат дека постапката ќе се спроведе и без нивно присуство. Претставникот на правното л
ице ќе се испита на главната расправа по обвинетиот. На ист начин ќе се постапи во однос
и на лицето врз кое е пренесена имотната корист, ако не е повикано како сведок. Лицето вр
з кое е пренесена имотната корист, како и претставникот на правното лице се овластени во
врска со утврдувањето на имотната корист да предлагаат докази и по овластување на прет
седателот на советот да им поставуваат прашања на обвинетиот, на сведоците и вештацит
е.

283. Во кој случај судот ќе изрече мерка проширена конфискација?


Судот ќе изрече мерка проширена конфискација под услови пропишани во Кривични
от законик, ако обвинетиот во рок од една година од денот на започнување на главната
расправа не може да докаже дека имотот или имотната корист се законски стекнати.
Ако во рок пократок од рокот од ставот (1) на овој член судот донесе првостепена пресуда з
а кривичното дело, кога постојат законски услови за изрекување на мерката проширена кон
фискација, судот таа мерка ќе ја изрече со дополнителна пресуда против која е дозволена
жалба согласно со одредбите од овој закон.

284. Во кој случај се изрекува мерката проширена конфискација спрема трето лице?
Судот со решение ќе изрече мерка проширена конфискација под услови пропишани
во Кривичниот законик и спрема трето лице ако во рок од две години од денот на започнув
ањето на посебната постапка за конфискација не докаже дека за имотот или имотнат
а корист дал противнадомест што одговара на нивната вредност.

285. Што содржи одлуката на судот со која е изречена мерката конфискација на имот и
имотна корист?
Во изреката на пресудата или на решението судот ќе наведе кој имот или предмет,
односно паричен износ се конфискува.

286. Во кои случаи се спроведува Посебната постапка за конфискација на имот и


имотна корист и одземање на предмети?
Кога постојат фактички или правни пречки за водење на кривична постапка против с
торител на кривично дело, судот по предлог на јавниот обвинител ќе спроведе посебна пос
тапка за конфискација на имот и имотна корист и одземање на предмети, ако се исполнети
условите од Кривичниот законик.

287. Кои дејствија се преземаат во текот на Посебната постапка за конфискација на


имот и имотна корист и одземање на предмети?
Во постапката од ставот (1) на овој член, на предлог на јавниот обвинител, ќе се изв
едат потребните докази. Судот со решение ќе изрече мерка конфискација на имот и имотн
а корист и одземање на предмети ако се докаже дека се работи за имот или имотна корист
стекнати со кривично дело или за предмети кои се употребени или настанале со извршува
ње на кривично дело или треба да се одземат според одредбите на Кривичниот законик. П
ротив решението од ставот (2) на овој член лицето од кое се конфискува имотот или имотн
ата корист или одземаат предмети има право на жалба до непосредно повисокиот суд во р
ок од осум дена.

II. ЗАКОН ЗА ПРАВДА ЗА ДЕЦАТА

68
1. Кое дете е дете во ризик?
Дете во ризик е секое дете кое наполнило седум, а не наполнило 18 години со теле
сна попреченост или пречки во менталниот развој, жртва на насилство, воспитно и социјалн
о запуштено, кое се наоѓа во таква состојба во која е отежнато или е оневозможено оствару
вањето на воспитната функција на родителите/или/от, односно старателите/или/от, кое не е
вклучено во системот на образованието и воспитувањето, вовлечено во питање, скитање и
ли проституција, кое употребува дроги и други психотропни супстанции и прекурзори или ал
кохол, а кое поради ваквите состојби е или може да дојде во допир со закон како жртва или
како сведок на дејствие кое со закон е предвидено како прекршок или дејствие кое со закон
е предвидено како кривично дело,

2. Кое дете е дете во ризик до 14 години?


Дете во ризик до 14 години е секое дете кое во времето на извршување на дејствието со
закон превидено како кривично дело за кое е утврдена парична казна или казна затвор над
три години или дејствие со закон предвидено како прекршок наполнило седум, а не
наполнило 14 години.

3. Кое дете е дете во ризик од 14 до 18 години?


Дете во ризик од 14 до 18 години е секое дете кое во времето на извршување на дејствието
со закон предвидено како кривично дело за кое е утврдена парична казна или затвор до три
години или дејствие со закон предвидено како прекршок наполнило 14, а не наполнило 18
години

4. Кое дете е дете во судир со закон од 14 до 16 години?


Дете во судир со законот од 14 до 16 години е секое дете кое во времето на извршување на
дејствието со закон предвидено како кривично дело со казна затвор над 3 години наполнило
14 а не наполнило 16 години.

5. Кое дете е дете во судир со закон над 16 години?


Дете во судир со законот над 16 години е секое дете кое во времето на извршување на
дејствието со закон предвидено како кривично дело со казна затвор над 3 години наполнило
16 а не наполнило 18 години.

6. Кое дете е дете жртва?


Дете жртва е секое дете на возраст до 18 години кое претрпело штета вклучувајќи физичка
или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или
загрозување на правата и интересите како последица на дејствие со закон предвидено како
кривично дело.

7. На која категорија дете може да му се изречат само воспитни мерки?


На дете од 14 до 16 годишна возраст за дејствие кое со закон е предвидено како кри
вично дело можат да му се изречат само воспитни мерки.

8. Кои санкции може да се изречат на дете од 16 до 18 годишна возраст?


На дете од 16 до 18 годишна возраст за дејствие кое со закон е предвидено како кривично
дело можат да му се изречат воспитни мерки, а по исклучок може да му се изрече казна или
алтернативна мерка.

9. Што е целта на санкциите спрема деца?


Целта на воспитните мерки, казните, алтернативните мерки и на прекршочните санкции е пр
еку давање заштита и помош на децата со вршење надзор над нив, со нивно стручно оспосо
бување и со развивање на нивната лична одговорност да се обезбеди нивно воспитување, п
ревоспитување и правилен развој.

10. Кои видови воспитни мерки може да бидат изречени на дете над 14 годишна
возраст?

69
На дете над 14 годишна возраст за дејствие што со закон е предвидено како
кривично дело може да му се изречат следниве воспитни мерки:
-укор или упатување во центар за деца,
- на засилен надзор од страна на родителите/или/от, односно старателите/или/от, згри
жувачко семејство или од страна на центарот и
- заводски мерки упатување во воспитна установа или во воспитно-поправен дом.

11. Во што се состои воспитната мерка Укор?


Укор се изрекува ако е доволно и само прекорување на детето за стореното дејствие.
При изрекувањето на укорот на детето ќе му се укаже на штетноста од неговата постапка и
ќе се предупреди дека во случај на нејзино повторување спрема него може да биде изрече
на друга санкција.

12. Во што се состои воспитната мерка Упатување во центар за деца?


Судот ќе ја изрече мерката упатување во центар за деца кога е потребно со соодв
етни краткотрајни мерки да се изврши влијание врз личноста и поведението на детето. Д
етето на кого му е изречена оваа мерка судот може да го упати во центар за деца:
- на определен број часови во текот на денот во празнични денови и тоа најмногу во чети
ри празнични денови едно по друго,
- на определен број часови во текот на денот, но најмногу еден месец или
- на непрекинат престој на определен број денови, но не повеќе од 20 дена.
При изрекувањето на оваа мерка судот ќе води сметка за тоа со нејзиното извршувањ
е детето да не изостане од редовната настава или од работата. Во центарот за деца, детето
ќе врши работи што одговараат на неговата психофизичка состојба. Кога ќе изрече упатувањ
е во центар за деца, судот може да определи за време и по извршувањето на оваа мерка де
тето да се стави под засилен надзор на центарот, за период не подолг од шест месеци.

13. Кога судот изрекува засилен надзор од страна на родителот односно старателот и
во што се состои оваа мерка?
Судот ќе изрече мерка на засилен надзор од страна на родителите/или/от, односно с
тарателите/или/от ако родителите/или/от, односно старателите/или/от пропуштиле, а биле
во можност да вршат надзор над детето. Кога судот ќе ја изрече оваа мерка ќе им наложи н
а родителите/или/от, односно на старателите/или/от одредени должности во поглед на мер
ките што треба да се преземат за воспитување на детето, за негово лекување и за отстрану
вање на штетните влијанија врз него, а може да им даде и потребни упатства. Судот допол
нително ќе одлучи за престанок на оваа мерка со тоа што тоа не може да трае помалку од
една година ниту подолго од три години.

14. Кога судот изрекува засилен надзор од страна на згрижувачко семејство и во што
се состои оваа мерка?
Ако родителите/или/от, односно старателите/или/от на детето не се во можност да в
ршат надзор над него или ако тоа основано не може да се очекува од него, детето ќе му се
предаде на згрижувачко семејство кое сака да го прими и кое има можност да врши засилен
надзор над него. Извршувањето на оваа мерка ќе се запре кога родителите/или/от, односно
старателите/или/от на детето ќе се здобијат со можност да вршат засилен надзор над нег
о или кога според резултатите на воспитувањето и превоспитувањето ќе престане потребат
а од засилен надзор.

15. Кога судот изрекува засилен надзор од страна на центарот и во што се состои оваа
мерка?
Ако родителите/или/от, односно старателите/или/от не се во можност да вршат заси
лен надзор над детето, а не постојат услови за предавање на детето на згрижувачко семејс
тво заради вршење ваков надзор, детето ќе се стави под надзор на центарот. Судот дополн
ително ќе одлучи мерката да престане, со тоа што нејзиното траење не може да биде покра
тко од една ни подолго од три години. За времетраењето на мерката детето и натаму остан
ува да живее кај своите родители/или/от или кај други лица кои го издржуваат, а засилениот

70
надзор врз него го врши центарот. Ако детето не може да остане во семејството во кое жив
еело, центарот ќе го смести во воспитна установа и ќе се грижи за неговото школување или
вработување, за издвојување од средината што штетно влијае врз него, за потребното леку
вање и за подобрување на приликите во кои живее.

16. Кои посебни обврски може да се одредат при мерка на засилен надзор?
Судот може на детето да му ги одреди овие обврски:
- да му се извини лично на оштетеното лице,
- да ја поправи или надомести штетата предизвикана со стореното дејствие,
- редовно да го посетува училиштето,
- да не изостанува од работното место за деца над 15 години,
- да се оспособи за работа што одговара на неговите способности, наклонетости и фи
зичка сила за деца над 15 години,
- да прифати работа за деца над 15 години,
- да му забрани употреба на алкохолни пијалаци, дрога и други психотропни супс
танции,
- да се упати во соодветна здравствена установа или советувалиште,
- полезно да го користи слободното време,
- да не контактира со лица кои штетно влијаат врз неговата личност,
- да се остручи и преквалификува заради задржување на работното место што го заз
ема или за создавање претпоставки за вработување за деца над 15 години,
- да овозможи увид и да прифати совети во врска со распоредувањето и трошењето на пла
тата и другите приходи што ги остварува,
- да се вклучи во работа на хуманитарна организација, комунална, еколошка или невладина
организација,
- да се вклучи во одредена спортска, културно-забавна организација или здружение со обв
рска да ги посетува редовните проби или тренинзи и
- да му се забрани движење без придружба на неговите родители/или/от, односно стар
атели/или/от од 22,00 часот до 5,00 часот.

17. Во што се состои заводската мерка упатување во воспитна установа?


Судот може да упати во воспитна установа дете врз кое треба да се обезбеди постој
ан надзор од страна на стручни лица (со стручна и школска подготовка за воспитувачи) зар
ади воспитување, превоспитување и правилен развој. Во воспитната установа детето остан
ува најмалку шест месеци, а најмногу три години. При изрекувањето на оваа мерка судот не
го определува нејзиното траење туку за тоа дополнително одлучува согласно со членот 47
став (2) од овој закон.

18. Во што се состои заводската мерка упатување во воспитно-поправен дом?


Дете спрема кое треба да се применат потрајни и засилени мерки за воспитување и
превоспитување и негово целосно одвојување од дотогашната средина, судот може да го у
пати во воспитно-поправен дом. При одлучувањето дали ќе ја изрече оваа мерка судот пос
ебно ќе ја земе предвид тежината и природата на стореното дејствие и околноста дали спр
ема детето порано биле изрекувани воспитни мерки или казна затвор за деца. Во воспитно-
поправен дом детето останува најмалку една година, а најмногу пет години, односно до нап
олнети 23 години. При изрекувањето на оваа мерка судот не го определува нејзиното трае
ње, туку за тоа дополнително одлучува. Судот ја преиспитува потребата од престој во восп
итно-поправниот дом секоја година, по службена должност, по предлог на јавниот обвините
л или по предлог на воспитно-поправниот дом.

19. Кои казни може да му се изречат на дете над 16 годишна возраст?


Под условите определени со овој закон, на детето над 16 годишна возраст можат
да му се изречат следниве казни:
- затвор за деца,
- парична казна,
- забрана на управување со моторно возило од определен вид или категорија и

71
- протерување на странец од земјата.

20. Спрема кои деца и во кои случаи може да се изрече Затвор за деца?
Затвор за деца може да се изрече на дете кривично одговорно над 16 годишна возраст кое
сторило дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело за кое е утврдена казна
затвор од пет години или потешка казна, ако делото е сторено под особено отежнувачки
околности и при висок степен на кривична одговорност на сторителот и притоа не би било
оправдано да се изрече воспитна мерка.

21. Кои околности ги зема судот предвид при одмерување на казната затвор за деца?
При одмерувањето на казната затвор за деца судот ќе ги земе предвид сите околности што
влијаат казната да биде поголема или помала, пропишани во Кривичниот законик, водејќи
посебно сметка за степенот на душевната развиеност на детето и за времето потребно за
неговото воспитување, превоспитување и стручно оспособување.

22. Кои услови треба да бидат исполнети за детето да се пушти на условен отпуст?
Детето кое е на издржување на казната затвор за деца може да се пушти на условен отпуст
ако издржало најмалку една третина, но не пред да издржи една година од изречената
казна доколку превоспитувањето е успешно. Ако на детето му е изречена казна затвор за
деца до две години и шест месеци може да се пушти на условен отпуст на една третина од
изречената казна.

23. Дали паричната казна може да се изрече како споредна казна и во кои случаи?
За дела сторени од користољубие, паричната казна може да се изрече како споредна казна
заедно со казната затвор за деца или со условна осуда со заштитен надзор.

24. Колку изнесува бројот на дневни глоби?


Паричната казна се изрекува во дневни глоби. Бројот на дневните глоби не може да биде
помал од една ниту поголем од 120 дневни глоби.

25. Во кои случаи и на кој начин неплатената парична казна може да се замени со
општокорисна работа?
Неплатената парична казна судот може да ја замени со мерката општокорисна работа. Една
дневна глоба се заменува со три часа општокорисна работа, при што вкупниот број часови
општокорисна работа не може да биде поголем од 100 часа.

26. Спрема која категорија деца и за каков облик на преземени дејствија може да се
изречат алтернативните мерки?
На кривично одговорно дете над 16 годишна возраст за стореното дејствије што со
закон е предвидено како кривично дело можат да му се изречат следниве алтернативни м
ерки:
- условна осуда со заштитен надзор,
- условно прекинување на водење на постапка спрема детето и
- општокорисна работа.

27. Кои видови алтернативни мерки може да се изречат според Законот за правда за
децата?
-условна осуда со заштитен надзор,
- условно прекинување на водење на постапка спрема детето и
- општокорисна работа.

28. Објасни во кои случаи судот изрекува условна осуда со заштитен надзор.
Условна осуда со заштитен надзор може да се изрече кога на детето му е утврдена к
азна затвор во траење до три години или парична казна. Ако на детето му е утврдена и каз
на затвор за деца и парична казна, судот може да изрече условна осуда за двете казни или
само за казната затвор за деца. Времето за проверување судот го одредува во траење кое
не може да биде пократко од една ниту подолго од три години. Заштитниот надзор се состо
72
и во една или повеќе обврски предвидени во членот 44 од овој закон за кои детето е должн
о да се придржува во времето за проверување.

29. Во што се состои алтернативната мерка условно прекинување на постапката?


Судот може да одлучи условно да ја прекине постапката спрема дете над 16 годишна возраст
за дејствие што со закон е предвидено како кривично дело за кое е утврдена парична казна
или казна затвор до пет години, ако детето изразило каење за извршеното дело, ако ги
отстранило последиците на делото, ако ја надоместило штетата или се помирило со
оштетениот, кој е согласен со прекинувањето на постапката, под услов во рок од две години
детето да не стори друго дејствие што со закон е предвидено како кривично дело.

30. Во кои случаи може да се изрече општокорисна работа?


Судот може на кривично одговорно дете над 16 годишна возраст кој сторило дејствие што со
закон е предвидено како кривично дело за кое е утврдена парична казна или казна затвор до
три години да му изрече мерка на општокорисна работа во траење од пет до 100 часа кога е
потребно со оваа мерка да се изврши воспитно влијание врз личноста и поведението на
детето.

31. Како се постапува спрема полнолетно лице кое во време на судењето не наполнило
21 година?
На полнолетно лице кое во време на судењето не наполнило 21 година може да му се суди
само за дејствија што со закон се предвидени како кривични дела кои ги сторил како дете од
14 до 16 годишна возраст за кои е утврдена казна поголема од пет години. На вакво лице
судот може да му изрече само соодветна мерка на засилен надзор или заводска воспитна
мерка.

32. Какви санкции може да му се изречат на полнолетно лице за дејствие што со закон
е предвидено како кривично дело кое го извршило како дете над 16 годишна возраст?
На полнолетно лице за дејствие што со закон е предвидено како кривично дело кое
го извршило како дете над 16 годишна возраст може да му се изрече соодветна мерка на за
силен надзор или заводска воспитна мерка, казна или алтернативна мерка. При оцената да
ли и која од овие санкции ќе изрече, судот ќе ги земе предвид сите околности на случајот, а
особено тежината на стореното дело, времето што поминало од неговото извршување, пов
едението на сторителот, како и целта што треба да се постигне со овие санкции.

33. Во кои случаи може да се изречат воспитни мерки на помлади полнолетни лица?
На сторител кој како помладо полнолетно лице извршило дејствие што со закон е пр
едвидено како кривично дело, а во времето на пресудувањето не наполнило 21 година, суд
от може да му изрече соодветна мерка на засилен надзор или заводска мерка, ако со оглед
на неговата личност и околностите под кои е сторено делото, може да се очекува дека и со
воспитната мерка ќе се постигне целта што би се остварила со изрекувањето на казната.

34. Кои услови треба да бидат исполнети за јавниот обвинител да ја примени


постапката за мерки на одвраќање?
По пријавата за дејствие што со закон е предвидено како кривично дело сторено од
дете над 14 години, за кое е утврдена парична казна или казна затвор до три години.

35. Кои одлуки може да ги донесе јавниот обвинител во постапката за примена на


мерки на одвраќање?
Надлежниот јавен обвинител може:
- да не поведе постапка пред судот иако постојат докази дека го сторил дејствието што со з
акон е предвидено како кривично дело, доколку смета дека не би било целесообразно да с
е води постапка со оглед на природата на дејствието што со закон е предвидено како криви
чно дело и на околностите под кои е сторено, на поранешниот живот на детето и на негови
те лични својства, како и кога извршувањето на казната или на воспитната мерка е во тек,
- условно да го одложи поведувањето на постапката пред судот за време од шест месе
ци под услов во тој рок да не стори друго дејствие што со закон е предвидено како крив
ично дело и да ја надомести штетата или на друг начин да ги поправи штетните после
73
дици предизвикани со сторување на делото и
- да не поведе постапка доколку врз основа на извештајот од центарот утврди дека е пос
тигната спогодба меѓу детето и неговото семејство и оштетениот за враќање на имотнат
а корист, надоместувањето на штетата или поправањето на штетните последици на дел
ото.

36. Како може да постапи јавниот обвинител во рамки на постапката за примена на


мерки на одвраќање во случај на дејствија што со закон се предвидени како кривични
дела за кои е утврдена казна затвор до пет години?
За дејствија што со закон се предвидени како кривични дела за кои е утврдена казна затвор
до пет години, јавниот обвинител може во рок од 30 дена да одлучи да не поведе постапка
иако постојат докази дека детето го сторило дејствието што со закон е предвидено како
кривично дело, ако смета дека не би било целесообразно да се води постапка со оглед на
природата на дејствието што со закон е предвидено како кривично дело и на околностите под
кои е сторено, на поранешниот живот на детето и на неговата личност.

37. Кои права ги има детето жртва?


Детето жртва на кривично дело ги има следниве права:
- со него да се постапува со почитување на неговото достоинство,
- да биде заштитено од секаква дискриминација,
- да биде известено за своите права на јазик разбирлив и соодветен на неговата воз
раст, како и почитување на правото на приватност,
- да бидат информиран родителите/или/от, односно старателите/или/от за сите праш
ања во врска со кривичното дело и во врска со осомничениот, обвинетиот и осуденио
т,
- детето, односно родителите/или/от, односно старателите/или/от да учествуваат во крив
ичната постапка како оштетен со приклучување кон кривичниот прогон или за остварува
ње на имотноправното барање за штета,
- на посебна заштита на неговата безбедност и на безбедноста на неговото семејство, гри
жа и внимание од страна на органите и субјектите кои учествуваат во кривичната постапк
а,
- право на посебна заштита од секундарна виктимизација или ревиктимизација
- право на психолошка и друга стручна помош и поддршка од страна на органи, установи и о
рганизации за помош на деца жртви за кривични дела.

38. Кои права ги има детето сведок?


Детето сведок ги има истите права како детето жртва освен правата 4 и 5.

39. Како треба да постапуваат полицијата, јавниот обвинител и судот спрема детето
жртва?
Полицијата, јавниот обвинител и судот постапуваат со посебна грижа спрема детето жртва на
кривично дело давајќи му ги поуките ( од прашање 37) и се грижат за неговите интереси при
донесувањето на одлука за кривично гонење против обвинетиот за што се составува
службена белешка или записник.

40. Во кои случаи судот мора да определи посебна мерка на процесна заштита спрема
детето жртва?
Детето жртва има право на посебни мерки на процесна заштита при давањето исказ и испиту
вањето во сите фази на постапката. Судот мора да определи посебна мерка на процесна заш
тита и тоа:
- кога детето жртва има потреба од посебна грижа и заштита или
- кога детето е жртва на трговија со луѓе, насилство или сексуална злоупотреба, како и на
кривични дела против човечноста и меѓународното право или други тешки дела сторени с
према деца за кои со закон е утврдена казна затвор над четири години.

74
41. Кои посебните мерки на процесна заштита при давање исказ може да се применат
спрема деца жртви и деца сведоци?
Како посебни мерки на процесната заштита при давањето исказ, судот може да опре
дели:
- користење на екрани за заштита на жртвата и сведокот од погледот на обвинетиот,
- прикривање на идентитетот или на изгледот,
- давање исказ преку видеоконференција,
- отстранување на тогите и капите,
- исклучување на јавноста,
- видео и аудио запис на исказот кој ќе се користи како доказ,
- видео и аудио запис од распитот кој ќе се користи како доказ,
- земање исказ преку посредство на стручно лице,
- употреба на посебни технички средства за комуникација и
- заштита на приватноста на детето и на неговото семејство.

42. Во кој дел од постапката судот е должен да ја исклучи јавноста?


Судот ја исклучува јавноста од делот на постапката во кој се репродуцира записот од исказот
и од распитот на детето жртва или се применува друга посебна мерка на процесна заштита
при земање исказ или распит или се изведуваат процесни дејствија со кои може да се нанесе
штета на неговата личност и неговиот развој.

43. Како се сослушува детето жртва?


Детето жртва се сослушува како сведок на начин кој не влијае штетно врз неговиот п
сихофизички развој и со примена на посебни мерки на процесна заштита.

44. Објасни во каква постапка детето жртва може да оствари право на обештетување.
Детето за кое со правосилна судска одлука е утврдено дека е жртва, односно оштет
ено со дејствие што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок со елементи н
а насилство и на кое му е признато имотноправно побаруање, може да поднесе барање за
обештетување од средствата од членот 151 став (1) од овој закон (фонд за обештетување)
до надлежниот суд, кога поради фактички или правни пречки имотно правното побарување
не може да се изврши од имотот на сторителот на кривичното дело или другиот акт на наси
лство и кога од правосилноста на одлуката за имотно правното побарување изминале пове
ќе од шест месеци.

III. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИТЕ

1. Како се постапува со класифицираните информации според Законот за заштита на


сведоци?
Секое лице или орган вклучен во постапката за заштита не смее без овластување од
Одделението да дава какви било информации поврзани со одреден сведок, со соработник на
правдата и жртвата кога се јавуваат во својство на сведок и со нивните блиски лица, како и за
мерките за заштита, во периодот пред вклучувањето во Програмата, за време на
спроведувањето на мерките и по престанокот на Програмата. Размената на податоци меѓу
надлежните органи се одвива на начин на кој не смее да биде загрозена безбедноста на
сведокот и на соработникот на правдата и жртвата кога се јавуваат во својство на сведок,
како и на нивните блиски лица. Надлежните органи се должни веднаш да го известат
Одделението за секое барање за откривање на класифицираните информации.

2. Кои се мерките за заштита според Законот за заштита на сведоци?


Мерки за заштита се:
1) чување на тајност на идентитетот;
2) обезбедување на лична заштита;
3) промена на живеалиште, односно престојувалиште и
4) промена на идентитет.

IV. ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИ


75
1. Какви видови на прекршочни санкции се предвидени во Законот за прекршоци?
За прекршоци на прекршочно одговорни сторители може да им се изречат следниве
прекршочни санкции:
1) опомена;
2) општокорисна работа;
3) глоба;
4) негативни поени;
5) престанок на важење на возачка дозвола;
6) забрана на управување со моторно возило;
7) забрана на вршење професија, дејност или должност;
8) протерување на странец од земјата;
9) забрана за влез и присуство на спортски натпревари и
10) забрана на користење на субвенции и други средства обезбедени од Буџетот на
Република Македонија.

2. Кои се условите за изрекување на прекршочни санкции?


(1) Опомената се изрекува како самостојна прекршочна санкција или во замена за глоба кога
се работи за прекршок сторен под такви олеснувачки околности кои го прават особено лесен
или кога со нејзиното изрекување се постигнува целта на законот.
(2) Општокорисна работа се изрекува како самостојна прекршочна санкција или во замена за
глоба кога глобата не може да биде извршена согласно со случаи определени со закон.
(3) Глобата се изрекува како главна прекршочна санкција.
(4) Негативните поени се изрекуваат како замена на глобата.
(5) Престанок на важење на возачка дозвола или забрана на управување со моторно возило
се изрекуваат со глоба, опомена или како самостојни прекршочни санкции во случаите
определени со закон.
(6) Забраната на вршење професија, дејност или должност се изрекува како самостојна
прекршочна санкција, а во случај на повторно сторување на прекршокот се изрекува заедно
со глоба.
(7) Протерувањето странец од земјата се изрекува заедно со глоба, опомена или како
самостојна прекршочна санкција во случаите определени со закон.
(8) Забраната за влез и присуство на спортски натпревари се изрекува заедно со глобата или
како самостојна прекршочна санкција во случаите определени со закон.
(9) Забрана на користење на субвенции и други средства обезбедени од Буџетот на
Република Македонија се изрекува заедно со глобата, опомената или како самостојна
прекршочна санкција во случаите определени со закон.

3. Како се одвива мандатната постапка со издавање на мандатен патен налог?


Кога овластеното службеното лице ќе утврди дека е сторен прекршок за кој со закон е
предвидено издавање на прекршочен платен налог, на сторителот на прекршокот ќе му го
врачи прекршочниот платен налог. Во прекршочниот платен налог се наведени битните
елементи на дејствието од кое произлегува правното обележје на прекршокот, лично име,
адреса и единствен матичен број на граѓанинот, ако се работи за странец и број на патната
исправа и држава, а за правно лице, назив, седиште и даночен број, местото и времето на
сторување на прекршокот, правната квалификација на прекршокот, износот на глобата, број
на сметката за плаќање, правна поука како и други податоци во согласност со закон. Во
постапката за порамнување глобата во прекршочниот платен налог се изрекува во фиксен
износ пропишан со закон, а ако глобата е пропишана во распон се изрекува минималниот
пропишан износ за прекршокот. По приемот на прекршочниот платен налог сторителот е
должен да ја плати глобата изречена во рок од осум дена од денот на приемот на
прекршочниот платен налог на сметката означена во прекршочниот платен налог. Сторителот
кој ќе ја плати глобата во рокот од ставот (4) на овој член ќе плати половина од изречената
глоба, за кое право се поучува во правната поука. Во постапката која ќе заврши со плаќање
на прекршочен платен налог не се плаќаат трошоци на постапката. Сторителот којшто со
заминувањето заради престој во странство би можел да го одбегне плаќањето на глобата, е
должен веднаш да ја плати глобата изречена со прекршочниот платен налог. Ако сторителот
не ја плати глобата во рокот од ставовите (4) и (7) на овој член, овластеното службено лице
76
поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд односно
прекршочен орган.

4. Кои одлуки се носат во прекршочна постапка?


Решение за утврдување прекршок, Решение со кое сторителот се ослободува од одговорност
и Решение за запирање и прекин на постапка.

V. ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР

1. Кои видови прекршоци се предвидени во Законот за прекршоците против јавниот


ред и мир?
Прекршок против јaвниот ред и мир врши секој кој со своето однесување или постапка го
нарушува мирот, работата или вообичаениот начин на живеење на граѓаните, на јавно место
ја загрозува нивната безбедност или создава несигурност, го оневозможува непреченото
движење на ѓраѓаните на јавни места или го нарушува остварувањето на нивните права и
обврски, ја попречува работата и извршувањето на надлежностите на државните органи и
други институции кои вршат јавни овластувања, или вршењето на дејностите на правнитe
лица или на друг начин го нарушува јавниот ред и мир.

77

You might also like