You are on page 1of 302

СЕМЕЈНО ИСПИТ

1.Поим, форма и постапка за склучување брак

Законот за семејство на Р. Македонија го дефинира бракоткако со закон уредена заедница

на живот на маж и жена, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејство
и општество. Бракот претставува институција од посебен општествен интерес за чие
склучување законот предвидел точно определени услови. Притоа бракот може да се
склучи само во форма која што е определена во законот доколку се исполнети условите за
склучување и за полноважност на бракот. Во законот за семејство предвидени се два вида
услови: постоење на суштествени услови без кои бракот неможе да биде склучен;
непостоење на околности, таканаречени брачни пречки,за да може склучениот брак да
биде полноважен.

Во првата категорија, суштествени услови, законот ги предвидува следните: постоење на

две лица од различен пол, согласна изјава дека сакаат да склучат брак, согласната изјава
да биде дадена пред надлежниот орган на начин определен со овој закон. Во втората
категорија, брачни пречки односно околности при чие постоење не може да се склучи
полноважен брак, законот ги предвидува следните: малолетство,брачност, манифестна
форма на душевно заболување и неспособност за расудување и заостанатост во
менталниот развој, недостатоци на волја, сродство.

Претходната постапка ги опфаќа дејствијата кои се преземаат пред самото склучување на

бракот, значи му претходат на чинот на склучување на бракот. Така лицата кои имаат
намера да стапат во брак, поднесуваат пријава до органот на управата надлежен за водење
на матичните книги на венчани, притоа пријавата може да се даде било писмено, било
усно на записник. Покрај пријавата идните брачни другари, според законот се должни да
приложат и извод од матичната книга на родени, а кога е потребно и други документи,
како што е решение со кое е дозволено склучување на брак, судска пресуда со која
претходниот брак престанал, полномошно кога едниот од брачните другари претставен
преку полномошник. Матичарот е должен во оваа претходна фаза да провери дали
постојат околности кои укажуваат на постоење на брачни пречки. Тоа ќе го стори
првенствено врз основа на изјавите на идните брачни другари, но по потреба и на друг
начин. Ако матичарот утврди дека подносителите на пријавата ги исполниле сите услови
предвидени во законот, вклучувајќи го и фактото дека нема основа за постоење на брачни
пречки тој во договор со лицата кои сакаат да склучат брак го утврдува денот и часот за
склучување на брак.

Склучување на брак(венчавање)

Чинот на венчавање го означува моментот на склучување на брак и притоа е неопходно

тоа да се изврши на свечен начин. Законот за семејство предвидува дека склучувањето на
брак се врши на свечен начин и во посебна за тоа определена службена просторија (место
за склучување). Законот предвидува дека бракот се склучува во присуство на лицата кој
сакаат да склучат брак, советникот во собранието на општината што тоа ќе го определи,
двајца сведоци и матичарот. Притоа како сведок може да се појави секое лице кое
поседува деловна способност. Чинот на склучување на брак започнува со извештајот од
страна на матичарот дека идните брачни другари се присутни и дека врз основа на
исправите, изјавите на идните брачни другари и на сведоците е утврдено дека не постојат
пречки за склучување на брак. Советникот откако ќе констатира дека нема приговори на
извештајот започнува со самиот чин на венчавање.Откако брачните другари ќе дадат
потврдна изјава дека се согласни да склучат брак со идниот брачен другар матичарот ќе ја
запише во матичната книга на венчани во која се потпишуваат идните брачни другари,
советникот во општината, сведоците и матичарот. Бракот е склучен кога идните брачни
другари ќе се потпишат во матичната книга на венчани.

2.Престанок на правото на издржување(кога престанува правото на издржување)

Правото на издржување на поранешниот брачен другар престанува во следните случаи:
кога ќе престанат претпоставките односно условите кои ги предвидува законот за
остварување на правото на издржување (брачниот другар да нма доволно средства за
издржување и да е неспособен за работа или е без работа не по своја вина; кога ќе истече
времето за кое е досудено издржувањето; кога поранешниот брачен другар кој добива
издржување, ќе склучи нов брак, или ќе стапи во вонбрачна заедница.

Значи што брачниот другар ќе биде во состојба да создава средства за живот, се оспособи
за работа и се вработ или пак остане без работа не по своја вина, не постои основ за
остварување на правото на издржување. Времетраењето на правото на издржување може
да трае најмногу пет години, но дека зависно од околностите на конкретниот случај судот
може да одлучи за подолг или пократок период од наведениот. Со истекувањето на
определениот рок во судската одлука доаѓа до престанок на правото на издржување. Со
стапувањето во нов брак или вонбрачна заедница, поранешниот брачен другар е упатен на
дргу начин да ги обезбедува потребните средства за живот со што исто така доаѓа до
престанок на правото на зидржување. Треба да се води сметка вонбрачата заедница да
траела најмалку една година за да може таа да произведе исти правни дејства како и
брачната заедница, впрочем и при одлучувањето за издржување, односно за остварување
на правото за издржување на лица кои живеат во вонбрачна заедница треба да се води
сметка за исполнување на овој услов: фактичката заедница на живот во вонбрачната
заедница да траела најмалку една година.

Посвојувањето претставува правна и опшествена институција со која посвоителите и

посевоеното дете се засноваат роднински односи коиз зависно од видот на посвојувањето
се идентични со природниот родителски однос, посјојувањето се заснова со правен акт,
значи по вештачки, а не по природен пат како крвно сродство па затоа сродството со
посвојувањето е и познато под името граѓанско сродство. Бидејќи со посвојувањето се
создава посебен облик на семејство со тоа се овозмужува и семејноправна заштита на
децата, тоа претстваува институција од посебно опшествено значење

zivkomitreski@gmail.com
предмет и содржина на семејно право

видови старателство

форма на склучување на брак

ништовност на брак

видови старателство

Старателството е институт чија основна цел е заштита на лицата на кои таа им е

неопходна, а тоа на прво место се малолетните деца кои од било која причина се лишени
од родителската грижа. Но стсрстелството опфаќа и полнолетни лица кои заради својата
здравствена состојба имаат потреба од грижа и од заштита на своите права и интереси.
Старателството опфаќа и други категории полнолетни лица кои од најразлични причини
не се во состојба сами да се грижат за себе и за заштита на своите права и интереси. Во
новата концепција која започна да се изградува по војната, појдовна точка беа категориите
лица на кои треба да им се пружи старателска заштита односно на кои таа им е потребна и
околностите кои ја наметнале потребата тие лица да се стават под старателство. Се
разграничуваат трите вида на старателство : старателство врз малолетни лица,
старстелство врз лица лишени од деловна способност, старателство за посебни случаи.
Кога под старателство се става малолетно лице, тогаш целта на старателството се
постигнува со згрижување на малолетното дете, со неговото воспитување и образование,
со што се обезбедуваат услови за правилен развој на неговата личност и оспособување за
самостоен живот. Кај полнолетните лица лишени од деловна способност кои се ставаат
под старателство, целта на старателството е на прво место грижа за нивната личност,
бидејќи се тоа лица кои заради здравствени недостатоци, ја изгубиле деловната
способност. Целта на старателството во сите други случаи се сведува на заштита на
одредени права и интереси на лицата кои не се во состојба тоа сами да го направат, било
да станува збор за определено правно дело, или пак потррбата од таквата заштита да е
наметната од определена правна ситуација.
Старателството е институт чија основна цел е заштита на лицата на која таа им
неопходна,а тоа на прво место се малолетните деца ки од било која причина се лишени од
родителска грижа.

1. ПОИМ,ФОРМА И ПОСТАПКА ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА БРАК

2. ВРЗ КОИ НАЛИНИ ПРЕСТАНУВА ПОЛНОВАЖНИОТ БРАК И ОБЈАСНИ ГИ
ИСТИТЕ
3. ШТО ПРЕТСАВУВА СТАРАТЕЛСТВОТО, КОИ СЕ НЕГОВИТЕ ВИДОВИ И
ОБЈАСНИ ЗА СТАРАТЕЛ?

Старателството е институт чија основна цел е заштита на лицата на кои таа им е

неопходна, а тоа на прво место се малолетните деца кои од било која причина се лишени
од родителската грижа. Но стсрстелството опфаќа и полнолетни лица кои заради својата
здравствена состојба имаат потреба од грижа и од заштита на своите права и интереси.
Старателството опфаќа и други категории полнолетни лица кои од најразлични причини
не се во состојба сами да се грижат за себе и за заштита на своите права и интереси.
Старателското право го сочинуваат нормите со кои де уредува организираната
општествена заштита на сите категории на лица на кои таа им е потребна односно на
лицата ставени под старателство. Старателството е стара општествена и правна
институција. Во римското право таа се појавува во два вида: туторство и кураторство.

Во новата концепција која започна да се изградува по војната, појдовна точка беа

категориите лица на кои треба да им се пружи старателска заштита односно на кои таа им
е потребна и околностите кои ја наметнале потребата тие лица да се стават под
старателство. Се разграничуваат трите вида на старателство : старателство врз малолетни
лица, старстелство врз лица лишени од деловна способност, старателство за посебни
случаи. Кога под старателство се става малолетно лице, тогаш целта на старателството се
постигнува со згрижување на малолетното дете, со неговото воспитување и образование,
со што се обезбедуваат услови за правилен развој на неговата личност и оспособување за
самостоен живот. Кај полнолетните лица лишени од деловна способност кои се ставаат
под старателство, целта на старателството е на прво место грижа за нивната личност,
бидејќи се тоа лица кои заради здравствени недостатоци, ја изгубиле деловната
способност. Целта на старателството во сите други случаи се сведува на заштита на
одредени права и интереси на лицата кои не се во состојба тоа сами да го направат, било
да станува збор за определено правно дело, или пак потррбата од таквата заштита да е
наметната од определена правна ситуација.

Вториот вид во кој се изведува старателската функција е со поставување на старател а тоа

е лице кое непосредно се грижи за личноста и имотните права и интереси на лицето
ставено под старателство. Законот за семејство определува кои својства треба да ги
поседува лицето и кои услови треба да бидат исполнети за тоа лице да може да биде
старател. Неопходно е лицето да поседува лични својства и способности за вршење на
должноста старател. Ставот на нашето законодавство е дека првенствено право имаат
најблиските роднини на лицето под старателство, се разбира доколку ги исполнат сите
потребни услови за таа функција. Нашиот закон изречно ги наведува лицата кои не можат
да бидат старатели и тоа: лице на кое му е одземено вршењето на родителско право; на
кор му е одземема или ограничена деловната способност; чии интереси се во спротивност
со интересите на лицата под старателство, односно кое не дава гаранција дека лицето под
старателство правилно ќе го воспита; од кор до оглед на неговото поранешно и сегашно
поведение, личните својства и односи со лицето под старателство и неговите родители, не
може да се очекува дека правилно ќе ја врши старателската функција.

-
4. Кога престанува правото на издржување?
-
5. Што претставува посвојувањето, кои се видовите и условите за посвојување?
- Посвојувањето претставува правна и општествена институција со која меѓу
посвоителите и посвоеното дете се засноваат роднински односи, кои зависно од
видот на посјовувањето се идентични со природниот родителски однос,
посвојувањето се заснова со правен акт, значи по вештачки, а не по природен пат
како крвното сродство, па затоа сродството со посјовување и е познато под името
граѓанско сродство. Бидејќи со посвојувањето се создава посебен облик на
семејство, а со тоа се овозможува и семејноправна заштита на децата, тоа
претставува институција од посебно општествено значење и таков третман има и во
семејно правната регулатива. Како правен институт, посвојувањето се заснова со
правен акт со којшто се воспоставува роднински однос и тоа родителски однос
меѓу посвоителот којшто е полнолетно деловно способно лице и посвоеникот
којшто е туѓо мало дете. Тоа значи дека од моментот на засновање на родителски
однос по пат на посвојување , започнуваат да се остваруваат сите права и
должности меѓу посвоителот и посвоеникот кои што постојат меѓу родителите и
децата.
- Во зависност од содржината на односите што се создаваат со посвојувањето и од
трајноста на тие односи, посвојувањето се јавува во два вида: потполно
посвојување и непотполно посвојување.
Потполно посвојување - е начин на засновање на родителски однос во кок меѓу
посвоителот и неговото семејство и посвоеникот и неговото потомство се создаваат
права и должности кои постојат меѓу крвни роднини. Односите што се создаваат со
потполното посвојување се од траен карактер бидејќи правата и должностите се
изедначени со оние кои постојат меѓу крвни роднини. Непотполно посвојување
претставува востанување на роднински однос, во кок меѓу посвоителите и
посвоеникот настануваат само односи меѓу родители и деца. Бидејќи непотполното
посвојување не претставува дефинитивно раскинување на односите на посвоеното
дете со неговото поранешно семејство, ниту пак со него се воспоставува целосен
роднински однос на посвоеното дете до семејството на посвоителот и со неговите
роднини, непотполното посвојување може да се раскине.

За засновање на посвовојувањето потребно е да бидат исполнети определени услови и

тоа: учество на определени лица (посвоител, посвоеник, родителите или старателот на
посвоеникот ), согласна изјава на овие лица за засновање на посвојувањето, учество на
надлежен државен орган и засновање на посвојувањето во форма предвидена со
законот.

-
- Што претставува сродството, наведи ги неговите видови, и објасни за крвно
сродство и срдоство по сватовство!

Сродството претставува правно призната врска помеѓу две или повеќе лица врз основа на
која настануваат одредени права и обврски.Во зависност од начинот на засновување на
сродствотo постојат: крвно, граѓанко (посвојување), сродство по сватовство , духовно
(кумство), сродство по млеко (со задојување на туѓо дете).Крвно сродство
претставуваправно призната врска меѓу две или повеќе лица кои потекнуваат од ист
заеднички предок.Пресметувањето на крвното сродство претставува определување
наблизината или оддалеченоста на крвните роднини која се определува со степени на
сродство.Во зависност од начинот на засновување, крвното сродство може да се јави како:
брачно и вонбрачно.Сродство по сватовство настанува со склучување на брак, со што се
заснова правна врска помеѓу роднините на едниот и другиот брачен другар во прв степен
на сродство.

- Што претставува старателството, кои се неговите видови и објасни за

старател?!

Старателството е институција чија основна цел е заштита на лицата на кои таа им е

најнеиопходна лица лишени од родителса грижа и полнолетни кои заради здравствената
состојба несе во можност да се грижат за себе и своите интереси и права. Старател е лице
кое се грижи за имотните и правни интересина лицето ставено под старателство. Нашиот
закон овозможува како старател да се јави близок роднина кој ги познава интересите и
желбина на лицето доколку се согласи и се разбира треба согласност од лицето ставено
под старателство. Со стрателско право не можат да се стекбнат лица накои им е одземено
родителското право, лица со одземена и ограничена деловна способност, лица чие
поведение во минатото и сегашноста штетно би влијаело и чица чии интереси се
спротивни на оние на штитеникот. Едно лице може да биде старател на едно или повеќе
лица во согласност заемна и доколку не се нарушуваат правата и интересите.
Старателството може да биде и комбинирано кога дел од надлежностите ги има ЦСР а дел
старателот. Постојат три видови и тоа стрателство над малолетник, над лица лишени од
деловна способност и старателство во посебни случаеви.
- Кога престанува правото на издржување?

Правото на издржување престанува кога престанале условите кои ги предвидува законот

кога брачниот другар нема доволно средства за издржување и не е способен заработане по
своја вина, кога ќе истече времето за кое е досудено издржувањето и кога поранешниот
брачендругар кој добива издршкаќе склучи нов брак

- Што претставува посвојувањето, и наведи ја постапката за посвојување?

Посвоител е лице државјанин на РМ а во исклучителни случаи предвидени со закон и

странски државјанин со одобрение од МТСП.Посвоителот треба да биде деловно
способен, психофизички исправен и да поседува морални својства. Како посвоител се
јавува едно лице. Ндлежен орган за спроведување на посвојувањето е ЦСР. Посвоеник е
малометно лице а старосната граница е три месеци живот. Посвоител не може да биде
лице на кое му е одземено родителското право, со органичена или одземена деловна
способност, душевно болно лице или лице кое се смета дека ќе ја злоупотреби состојбата
на посвоеникот. За да може да настане посвојување потребна е согласност на родителите
на посвоеникот а ако е постар од 10 години потребна е и негова согласнос.Ако во
постапката за посвојување која ја спроведува цср лицето кое сака да посвои дете
поднесува барање до ЦСР како и документи за посвојување кој ги носи МТСП. ЦСР прави
проценка на способноста и мотивите за посвојување. Ако се процени се позитивно се
засновува посвојувањето. Во постапката потребно е да учествуваат посвоителот, неговиот
брачен другар (може да отсуствува ако претходно дал согласностпред ЦСР), родителите
на посвоеникот, самиот посвоеник ако е постар од 10год.ако ЦСР го одбие барањето за
посвојување може да се поднесе жалба до МТСП. Највазно во постапката е составувањето
на записникот и решението бидејќи тоа значи и фактичко засновување на односот. Потоа
матичарот тоа го запишува во книгата на родени и издава извод.

ЗАКОН ЗА СЕМЕЈСТВОТО (Пречистен текст ) ПРВ ДЕЛ ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со

овој закон се уредуваат: бракот и семејството, односите во бракот и семејството, одредени
облици на посебна зашита на семејството, нарушените односи и насилството во бракот и
семејството, посвојувањто, старателството, издржувањето, како и постапката пред судот
во брачните спорови. Член 2 Семејство е животна заедница на родители и деца и други
роднини, ако живеат во заедничко домаќинство. Семејството настанува со раѓање на деца
и со посвојување. Член 3 Односите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно
почитување, меѓусебно помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните
деца. Член 4 Републиката обезбедува посебна заштита на семејството, мајчинството,
децата, малолетните лица, децата без родители и децата без родителска грижа.
Републиката обезбедува заштита на бракот и семејството од нарушени односи и насилство
во бракот и семејството. Член 5 Републиката создава и обезбедува научни, економски и
социјални услови за планирање на семејството и за слободно и одговорно родителство. Во
остварувањето на правото на слободно и одговорно родителство, родителите се должни да
обезбедат оптимални услови за здрав раст и развој на своето дете во семејството и
општеството. Член 6 Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која
се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Односите
меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат
брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање. Член 7
Родителството настанува со раѓање и посвојување. Оспорување и утврдување на
родителството е дозволено под услови и на начин утврден со овој закон. Член 8
Родителите спрема своите деца имаат еднакви права и должности (родителско право).
Односите на родителите и децата се засноваат на права и должности на родителите да се
грижат за подигање, чување, воспитание и образование на своите деца и да ги развиваат
нивните работни способности и навики. Родителското право го вршат родителите заедно
во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената
заедница. На родителот може да му биде одземено или ограничено вршењето на
родителското право под услови предвидени со овој закон. Член 9 Правата и должностите
на родителите и на другите роднини спрема децата, како и правата и должностите на
децата спрема родителите и другите роднини се еднакви, без оглед дали децата се родени
во брак или надвор од бракот. Член 10 Родителското право престанува со полнолетство на
детето или на друг начин предвиден со овој закон. Полнолетството се стекнува со
наполнување 18 години од животот, кога полнолетното лице се здобива со деловна
способност. Член 11 Издржувањето е право и должност на родителите, на децата и на
другите роднини утврдени со овој закон, како и на лицата кои живеат во брачна или
вонбрачна заедница. Доколку издржувањето не може да се оствари од лицата од став 1 на
овој член, на необезбедените членови на семејството, Републиката им обезбедува средства
неопходни за издржување, под услови определени со закон. Член 12 Републиката преку
старателство обезбедува заштита на децата без родители, на малолетните деца без
родителска грижа и на полнолетните лица под услови и начин утврден со овој закон. Член
13 Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на
овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со
брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за
време на траењето на таа заедница. Член 14 Работите сврзани со посебна заштита и помош
на семејството, насилство во бракот и семејството, дел од работите сврзани со
посвојувањето, како и работите на старателство, утврдени во овој закон, ги врши центар за
социјална работа со методите на стручната, советодавната и советовалишната
интердисциплинарна тимска работа. За работите од ставот 1 на овој член кои се
однесуваат на посвојувањето одлучува Комисија при Министерството за труд и социјална
политика (во натамошниот текст: Комисија). За работите од став 1 на овој член центарот
за социјална работа и Комисијата ги применуваат одредбите од Законот за општата
управна постапка. По жалбите изјавени против решенија на центарот за социјална работа
решава Министерството за труд и социјална политика. По жалбите изјавени против
решенијата на Комисијата решава соодветна комисија за работи од социјалната политика
при Владата на Репбулика Македонија (во натамошниот текст: Комисија при Владата на
Република Македонија) Жалбите изјавени против решенијата на центарот за социјална
работa и Комисијата не го задржува нивното извршување. Член 14-а Овластувањето за
спроведување на извршувањето на решенијата на центарот за социјална работа,
службеното лице го докажува со легитимација. Легитимацијата на службеното лице ја
издава министерот за труд и социјална политика. Образецот на легитимацијата на
службеното лице и начинот на нејзиното издавање го пропишува министерот за труд и
социјална политика. Член 14-б Бројот на извршителите и овластувањата кои ги имаат
извршителите ги определува министерот за труд и социјална политика со решение. ВТОР
ДЕЛ БРАК И СКЛУЧУВАЊЕ НА БРАК 1. Услови за склучување и полноважност на
бракот Член 15 Брак можат да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена
волја пред надлежен орган, на начин определен со закон. Член 16 Не може да склучи брак
лице кое не наполнило 18 години од животот. Надлежниот суд може, во вонпроцесна
постапка, да дозволи склучување на брак на лице кое наполнило 16 години од животот ако
утврди дека тоа достигнало телесна и душевна зрелост потребна за вршење на правата и
должностите што настануваат во бракот, а по претходно прибавено мислење од
здравствена установа и укажана стручна помош во центарот за социјална работа. Член 17
Не може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не му престане. Член 18
Не можат да склучат брак лица кои поради манифесна форма на душевно заболување со
присуство на психотични симптоми или резидуални знаци од болеста не се во состојба да
го сфатат значењето на бракот и обврските што произлегуваат од него, а кои се
истовремено неспособни за расудување. Не можат да склучат брак и лица кои
заостануваат во менталниот (психичкиот) развој, а припаѓаат во групата на лица со тешка
и најтешка ментална заостанатост IQ под 36 °. Лицата кои се распоредени како лица со
умерени пречки во психичкиот развој или со лесни пречки во психичкиот развој, како и
лица кои имаат тешки наследни заболувања во фамилијата, можат да склучат брак по
претходно прибавено мислење за генетската конструкција издадено од Заводот за
ментално здравје на деца и младинци Скопје или друга соодветна институција која се
занимава со вршење на генетски истражувања. Член 19 Бракот не е полноважен кога
согласноста за склучување на брак е дадена под присила или во заблуда. Член 20 Не
можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка, татко и
внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и сестра по татко, односно по мајка, стрико и
дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први
братучеди. Не можат да склучат брак и лица чие сродство од претходниот став е засновано
со посвојување. Член 21 Не можат меѓу себе да склучат брак свекор и снаа, зет и тешта,
очув и паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие склучување
тие дошле во такво сродство, престанал. Од оправдани причини надлежниот суд може во
вонпроцесна постапка, да дозволи роднините од став 1 на овој член меѓу себе да склучат
брак. Член 22 Вонбрачното сродство претставува пречка за склучување на брак како и
брачното. 2. Постапка за склучување на брак Член 23 Лицата кои имаат намера да стапат
во брак поднесуваат пријава до органот на управата надлежен за водење на матичните
книги на венчаните. Пријавата за склучување на брак може да се даде писмено или усно
на записник. Кон пријавата, идните брачни другари, приложуваат извод од матична книга
на родените, потврда дека посетиле предбрачно и брачно советувалиште во центарот за
социјална работа кога прв пат склучуваат брак и други исправи кога е тоа потребно
(решение со кое е дозволено склучување на брак, доказ дека претходниот брак престанал,
полномошно и слично.) Член 24 Матичарот ќе провери, врз основа на изјавата на лицата
кои сакаат да стапат во брак, а по потреба и на друг начин, дали постои законска пречка за
склучување на бракот. Матичарот е должен со решение да го одбие склучувањето на
бракот, ако утврди дека според законот не е дозволено неговото склучување. Против
решението од став 2 на овој член лицата кои поднеле пријава за склучување на брак може
да поднесат жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до органот на
управата надлежен за водењето на матичните книги. По жалбата против решението од
став 2 на овој член решава лицето кое раководи со органот на управата надлежен за
водењето на матичните книги. Член 25 Денот и часот за склучувањето на бракот го
определува матичарот во договор со лицата кои сакаат да склучат брак. Член 26
Склучување на брак се врши на свечен начин и во посебна определена службена
просторија. По барање на лицата кои сакаат да склучат брак, бракот може да се склучи и
на некое друго место, ако за тоа постојат оправдани причини. Член 27 Бракот се склучува
во присуство на лицата кои сакаат да склучат брак, одборникот во собранието на
општината што тоа ќе го определи, двајца сведоци и матичарот. Сведок при склучување
на брак може да биде секое деловно способно лице. Член 28 Во посебно оправдани
случаи, органот надлежен за водење на матичните книги на венчаните може со решение да
дозволи бракот да се склучи со присуство само на еден од идните брачни и полномошник
на другиот брачен другар. Полномошното содржи лични податоци за давателот на
полномошното, полномошникот и лицето со кое давателот на полномошното сака да
склучи брак. Полномошното се издава во форма на јавна исправа. Член 29 Склучувањето
на бракот започнува со извештај на матичарот дека се присутни подносителите на
пријавата и дека врз основа на исправите, изјавите на идните брачни другари и на
сведоците, е утврдено дека не постојат пречки за склучување на бракот. Ако бракот се
склучува преку полномошник се чита полномошното издадено во смисла на член 28 од
овој закон. Откако одборникот на собранието на општината ќе утврди дека нема приговор
на извештајот на матичарот, ги запознава идните брачни другари со значењето на бракот и
правата и обврските што произлегуваат од него. Потоа го прашува поединечно секој од
идните брачни другари дали се согласува да склучи брак со идниот брачен другар.
Изјавата на идните брачни другари дека се согласни да го склучат бракот, матичарот ќе ја
запише во матичната книга на венчаните, во која потоа се потпишуваат идните брачни
другари, одборникот во општината, сведоците и матичарот. Бракот е склучен кога идните
брачни другари ќе се потпишат во матичната книга на венчаните. По потпишувањето од
двајцата идни брачни другари, одборникот на општината ќе прогласи дека меѓу жената и
мажот, наведени со нивните лични имиња, бракот е склучен. Веднаш по запишувањето во
матичната книга на венчаните на брачните другари ќе им се издаде извод од матичната
книга на венчаните. Член 30 Бракот склучен по верски обичаи не произведува правно
дејство. II . ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ Член 31 При
склучувањето на бракот, брачните другари можат да се спогодат да го земат за презиме
презимето на едниот или на другиот брачен другар или секој да го задржи своето презиме
или секој од нив на своето презиме да го додаде презимето на другиот брачен другар или
едниот брачен другар да го земе презимето на другиот брачен другар и на тоа презиме да
му го додаде своето презиме. Член 32 Секој брачен другар е независен во изборот на
работата и занимањето. Брачните другари спогодбено одлучуваат за местото на
заедничкото живеење и за водење на заедничкото домаќинство. Член 33 Брачните другари
секој според своите способности се грижат за задоволување на потребите на семејството.
Член 33-а Се забранува секаков вид на насилство во бракот и семејството. III .
ПРЕСТАНОК НА БРАКОТ Член 34 Бракот престанува со смрт на еден од брачните
другари, со прогласување на исчезнатиот брачен другар за умрен, со поништување и со
развод на бракот. Ако еден од брачните другари е прогласен за умрен, бракот престанува
со денот, кој со правосилното решение е утврден како ден на неговата смрт. Бракот
престанува со поништување и со развод кога пресудата за поништување, односно развод,
ќе стане правосилна. 1. Поништување на брак Член 35 Бракот ќе се поништи ако се утврди
дека при неговото склучување постоела некоја од брачните пречки предвидени во
членовите 16 до 22 на овој закон. Член 36 Поништување на брак може да бара еден од
брачните другари, јавниот обвинител, како и физичко и правно лице кое за тоа има правен
интерес, ако со овој закон не е определено поинаку. Поништување на брак склучен под
принуда може да бара само брачниот другар кој бил принуден да го склучи бракот. Тужба
може да се поднесе во рок од една година од денот кога опасноста од извршувањето на
принудата престанала. Поништување на брак склучен во заблуда може да бара само
брачниот другар кој во заблуда се согласил да склучи брак. Тужба може да се поднесе во
рок од една година од денот на сознавањето на заблудата. Член 37 Правото на
поднесување тужба за поништување на брак не преминува на наследниците на тужителот,
но тие можат да ја продолжат започнатата постапка. Член 38 Тужба за поништување на
бракот поради причините утврдени во членовите 16 до 22 на овој закон, освен кога се
работи за принуда, заблуда, како и за малолетство, може да се поднесе и по престанок на
бракот. 2. Развод на брак Член 39 Бракот може да се разведе со заемна согласност на
брачните другари. Ако брачните другари имаат заеднички малолетни деца или полнолетни
деца над кои им е продолжено родителското право, потребно е да поднесат спогодба за
начинот на вршењето на родителските права и должности и за издржувањето и
воспитанието на децата. Судот ќе донесе одлука за развод на бракот по заемна согласност
на брачните другари ако утврди дека тие таа согласност ја донеле слободно, сериозно и
непоколебливо. Член 40 Бракот може да се разведе по барање на еден од брачните другари
ако брачните односи се до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал
неподнослив. Член 41 Брачниот другар може да бара развод на бракот ако брачната
заедница фактички престанала подолго од една година. Член 42 Во случај на развод или
поништување на бракот, секој од поранешните брачни другари го задржува презимето
што го има, а може да бара и промена на тоа презиме. Член 43 Правосилна пресуда за
развод или поништување на бракот, судот ја доставува до органот на управата надлежен
за водење на матична книга на венчаните најдоцна во рок од 30 дена заради упис на
промените, како и до центарот за социјална работа, ако во бракот имаат малолетни деца
или деца над кои е продолжено родителското право. ТРЕТ ДЕЛ ОДНОСИ НА
РОДИТЕЛИ И ДЕЦА I . РОДИТЕЛСКО ПРАВО Член 44 Родителското право го
сочинуваат правата и должностите на родителите да се грижат за личноста, правата и
интересите на своите малолетни деца и децата над кои е продолжено родителското право.
Член 45 Родителското право им припаѓа на мајката и на таткото подеднакво. Ако еден од
родителите е умрен или не е познат или му е одземено родителското право или ако од
други причини е спречен да го врши родителското право, родителското право го врши
другиот родител. II . ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА Член 46
Родителите имаат право и должност да ги издржуваат своите малолетни деца, да се грижат
за нивниот живот и за нивното здравје, да ги подготвуваат за самостоен живот и работа, да
се грижат за нивното воспитание, школување и стручно оспособување. Детето има право
да биде издржувано од своите родители, да биде згрижено, да биде заштитен неговиот
живот и здравје, да биде оспособено за самостоен живот и работа, да му се обезбедат
оптимални услови за негово воспитување, школување и стручно оспособување, зависно од
условите на семејството. Член 47 Малолетните деца имаат право да живеат со своите
родители. Малолетните деца можат да живеат одвоено од своите родители само кога е тоа
од непосреден интерес за децата или кога тоа е од заеднички интерес за децата и за
родителите. Детето има право да одржува лични односи и непосредни контакти со
родителот со кого не живее. Родителот со кого детето не живее има право и должност да
одржува лични односи и непосредни контакти со своето дете. Малолетните деца имаат
право да одржуваат непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на
родителот кој е умрен, на кого му е одземено родителското право или од други причини е
спречен да го врши родителското право. Член 48 Родителите имаат право и должност да
ги застапуваат своите малолетни деца. Детето има право да биде застапувано од своите
родители или старатели. Член 49 Поднесоците и изјавите за малолетните деца може
полноважно да се доставуваат на едниот или на другиот родител, а ако родителите не
живеат заедно, тогаш на родителот кај кого живее детето. III . ЗАСНОВАЊЕ НА
ОДНОСИ МЕЃУ РОДИТЕЛИ И ДЕЦА 1. Утврдување на татковство и на мајчинство Член
50 Брачниот другар на мајката се смета за татко на детето родено за време на траењето на
бракот или во рок од 300 дена по престанокот на бракот. Член 51 За татко на детето
родено надвор од брак се смета лицето кое детето ќе го признае за свое. Татковство може
да се признае пред матичар, центарот за социјална работа и суд. Органот пред кого е
дадено ова признание должен е без одлагање записникот за признавање на татковството да
го достави до матичарот, надлежен за упис на детето во матичната книга на родените.
Признавање на татковството може да биде направено и со тестамент. Член 52 Изјава за
признавање на татковството на дете родено надвор од брак може да се даде и преку
полномошник. Полномошното мора да биде заверено и да содржи изрично овластување на
полномошникот, да даде изјава за признавање на татковство на одредено дете кое го
родила одредена мајка. Член 53 Изјава за признавањето на татковство на дете родено
надвор од брак може да се даде и пред раѓање на детето. Изјавата дадена пред раѓање на
детето произведува правно дејство под услов детето да се роди живо. Член 54 Татковство
не може да се признае по смртта на детето, освен ако тоа оставило потомство. Член 55
Татковството на дете родено надвор од брак може да признае секое полнолетно деловно
способно лице, како и малолетно лице ако е постаро од 16 години, како и лице со
ограничена деловна способност, доколку е способно да ја сфати содржината и значењето
на изјавата за признавање на татковство. Член 56 Признавањето на татковството
произведува правно дејство и се запишува во матичната книга на родените само ако со тоа
се согласи мајката на детето, која за тоа матичарот ја известува. Изјавата за согласност за
признавање на татковство мајката ја дава во рок од 30 дена по приемот на известувањето.
Кога мајката не е жива или е исчезната, со непозната адреса или со ограничена или
одземена деловна способност, изјавата ја дава старателот на детето со одобрение на
центарот за социјална работа. Член 57 Ако детето е постаро од 16 години, потребна е и
негова согласност за признавање на татковството. Изјавата за согласност се дава во рок од
30 дена од денот на приемот на известувањето. Ако детето е помало од 16 години, и е под
старателство, бидејќи мајката е умрена или е со непознато живеалиште или
престојувалиште или му е одземена деловната способност, изјава за согласност за
признавање на татковството дава старателот на детето со одобрение на центарот за
социјална работа. Член 58 Ако мајката на детето и детето кое е постаро од 16 години или
старателот на детето кога е потребна неговата согласност, не се согласат со признавањето
на татковството или не се изјаснат за тоа во рок од 30 дена по приемот на известувањето,
лицето кое го признало детето за свое може да поднесе тужба заради утврдување дека е
тој татко на детето. Тужба може да се поднесе во рок од три месеци по приемот на
известувањето за несогласување на лицата од став 1 на овој член, или по истекот на рокот
од став 1 на овој член. Член 59 Изјавата за признавање на татковство, како и изјавата на
мајката и детето за согласност со признаеното татковство, не може да се отповикуваат.
Лице кое дало изјава за признавање на татковство, односно изјава за согласност со
признавање на татковство, може да бара поништување на изјавата ако е таа предизвикана
со принуда или е дадена поради измама или во заблуда. Тужба за поништување на
изјавата може да се поднесе во рок од една година од кога принудата престанала, односно
од денот кога заблудата, односно измамата е откриена. Член 60 Детето родено надвор од
брак, тужба заради утврдување на татковство, може да поднесе до навршувањето на 21
година од животот. Ако е детето малолетно или е деловно неспособно, тужба во негово
име може да поднесе мајката, додека го врши родителското право. Старателот, со
одобрение на центарот за социјална работа може да поднесе тужба за утврдување на
татковство додека трае старателството, но најдоцна до навршена 21 година од животот на
детето. Центарот за социјална работа може по службена должност да покрене постапка за
утврдување на татковство, доколку мајката вршејќи го родителското право ги занемарува
интересите на детето и не покренала постапка за утврдување на татковство. Член 61 За
татко на детето, родено надвор од брак, ќе се смета лице кое со мајката на детето имало
полови односи во време од најмалку 180 до 300 дена пред раѓањето на детето, доколку не
се докаже спротивното. При утврдувањето на татковството судот особено ги зема предвид
и заедничкиот живот и меѓусебните односи на мајката на детето и на тужениот пред и по
раѓањето на детето, како и медицинските и други докази кои не го исклучуваат тужениот
дека е татко на детето. Член 62 Не е дозволено утврдување на татковство на дете кое е
зачнато со вештачко оплодување. Член 63 Одредбите на овој закон за утврдување на
татковство соодветно се применуваат и при утврдување на мајчинство. 2. Оспорување на
татковство и на мајчинство Член 64 Брачниот другар може да оспорува татковство на дете
кое го родила неговата брачна другарка за време на траењето на бракот или пред истекот
на 300 дена од престанокот на бракот, ако смета дека не му е татко на детето. Тужбата за
оспорување на татковство се поднесува во рок од три месеци од денот на дознавањето за
раѓањето. Ако брачниот другар на мајката е лишен од деловна способност или ако ја
изгубил деловната способност пред истекот на рокот за оспорување на татковство,
татковството може да го оспорува неговиот старател со одобрение на центарот за
социјална работа и тоа во рок од три месеци од кога дознал за раѓањето на детето. Член 65
Ако по истекот на рокот за поднесување на тужба од став 2 на член 64, од овој закон се
откријат факти и докази од кои произлегува дека брачниот другар не е татко на детето кое
го родила неговата брачна другарка, на негово барање Врховниот суд на Република
Македонија со решение може да определи нов рок за поднесување тужба за оспорување на
татковство. Барањето од став 1 на овој член не може да се поднесе по полнолетството на
детето. Член 66 Мајката може да оспорува татковство на лице кое според овој закон се
смета за татко на нејзиното дете. Тужбата за оспорување на татковството од став 1 на овој
член се поднесува во рок од три месеци од раѓањето на детето. Член 67 Детето може да
оспорува дека му е татко лицето кое според овој закон се смета за негов татко. Тужбата за
оспорување на татковство детето може да ја поднесе најдоцна до навршување на 21
година од животот. Член 68 Жената која во матичната книга на родените е запишана како
мајка на детето може да го оспорува своето мајчинство ако смета дека не му е мајка.
Тужба заради оспорување на мајчинство може да се поднесе во рок од три месеци од
дознавањето на фактот дека не му е мајка на детето, а најдоцна до полнолетство на детето.
Член 69 Жената која себе си се смета за мајка на детето може да го оспорува мајчинството
на жената која во матичната книга на родените е запишана како мајка на детето под услов,
со истата тужба да бара и утврдување на нејзиното мајчинство. Тужбата од став 1 на овој
член може да се поднесе во рок од три месеци од дознавањето дека е таа мајка на детето, а
најдоцна до полнолетството на детето. Во случаите од став 1 на овој член барањето за
оспорување на мајчинство ќе биде одбиено доколку жената која се смета за мајка на
детето не го докаже своето мајчинство. Член 70 Детето може да го оспорува мајчинството
на жената која во матичната книга на родените е запишана како негова мајка. Тужбата
заради оспорување на мајчинство детето може да ја поднесе до навршување на 21 година
од животот. Член 71 Оспорување на татковство не е дозволено кога мајката, со писмена
согласност на нејзиниот брачен другар, е оплодена со вештачка инсеменација. Член 72
Татковство не може да се оспорува по смртта на детето. Член 73 Законските наследници
на таткото, на мајката и на детето, немаат право да поднесуваат тужба за оспорување на
татковство, односно мајчинство, но тие можат да ја продолжат тужбата поднесена од нив.
Член 74 До полнолетството на детето, како и во случаите кога детето е лишено од деловна
способност, тужба за оспорување на татковство и мајчинство, во негово име, може да
поднесе старателот, со одобрение на центарот за социјална работа. Член 75 Не е дозволено
утврдување или оспорување на мајчинство и татковство во случај кога родителскиот
однос настанал со посвојување. IV . ВРШЕЊЕ НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО Член 76
Родителското право родителите го вршат заеднички и спогодбено. Во случај на
несогласување на родителите во вршењето на родителското право решава центарот за
социјална работа. Член 77 Ако тоа го бараат интересите на детето, родителите можат да го
доверат детето на чување и воспитание на трето лице или да го сместат во соодветна
установа. Ако родителите или родителот кој сам го врши родителското право од
оправдани причини подолго време отсуствуваат од местото на живеење и со себе не ги
водат децата, децата можат да ги доверат на чување и воспитание на друго лице, доколку
центарот за социјална работа таквото сместување претходно го одобри. Ќе се смета дека
одобрување е дадено доколку во рок од 30 дена по поднесувањето на барањето, центарот
за социјална работа не донесе решение. Дете не може да се даде на чување и воспитание
на лице кое не може да биде старател. Член 78 Во случаите кога родителите на детето не
живеат заедно, тогаш се спогодуваат кај кого од нив детето ќе остане на чување и
воспитание, а ако за тоа не можат да се спогодат или ако нивната спогодба не одговара на
интересите на детето, решение за тоа ќе донесе центарот за социјална работа. Центарот за
социјална работа на барање на еден од родителите или по службена должност, ќе донесе
ново решение за доверување на детето на чување и воспитание ако тоа го бараат
изменетите околности. Член 79 Во случаите кога родителите на детето не живеат заедно
тогаш тие се спогодуват за начинот на одржување на личните односи и непосредни
контакти со детето. Доколку родителите на детето во рок од најмногу два месеца не се
согласат за начинот на одржување на личните односи и непосредни контакти со детето,
центарот за социјална работа донесува решение за тоа. При определување на личните
односи и непосредните контаткти на детето со родителот, центарот за социјална работа го
ифнормира детето и ги зема предвид неговите ставови и мислења во зависност од возраста
и степен на развиток и го известува за можните последици од одлуките. Центарот за
социјална работа по барање на родителот може одново да го уреди начинот на одржување
на личните односи и непосредни контакти на родителите со децата ако тоа го бараат
изменетите околности. Одржувањето на личните односи на децата со родителите може да
се ограничи или привремено да се забрани само заради заштита на здравјето и на другите
интереси на детето. Во случај кога не се остварува правото на малолетното дете да
одржува непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на родителот кој е
умрен, на кого му е одземено родителското право или од други причини е спречен да го
врши родителското право, Центарот за социјална работа, донесува решение за начинот на
одржување на непосредните контакти. Член 80 Со пресудата со која се разведува бракот
судот ќе одлучи за чувањето, воспитанието и издржувањето на заедничките деца. Ако
родителите не се спогодиле за ова или ако нивната спогодба не одговара на интересите на
децата, судот, откако ќе прибави мислење од центарот за социјална работа и ќе ги испита
сите околности, ќе одлучи дали децата ќе останат на чување и воспитание кај еден
родител или некои ќе останат кај мајката, а некои кај таткото или сите ќе бидат доверени
на некое трето лице или установа. Родителот на кого не му се доверени децата има право
да одржува лични односи и непосредни контакти со нив, ако судот не определи поинаку
со оглед на интересите на децата. Судот, по барање на еден од разведените брачни
другари или центарот за социјална работа, ќе ја измени одлуката за чување и воспитание
на децата и за односите на разведените брачни другари спрема нивните заеднички деца,
доколку тоа го бараат изменетите околности. Член 81 Судот ќе одлучи за доверување на
децата на чување и воспитание и кога: 1) донесува пресуда со која се утврдува дека бракот
не постои и 2) во спорови за утврдување или оспорување на татковство или мајчинство
доколку донесувањето на одлуката со оглед на исходот на спорот и околностите за
случајот е можно и потребно. Кога донесува одлука за доверување на деца на чување и
воспитание судот доколку е потребно ќе наложи на странката кај која се децата во
определен рок да ги предаде децата на родителот, односно друго лице или установа. Член
82 По поништувањето или разводот на бракот, во однос на вршењето на родителското
право и уредувањето на личните односи и непосредни контакти со децата на родителот кај
кого не се децата, центарот ги има истите овластувања како и кога родителите се во брак.
V . НАДЗОР НАД ВРШЕЊЕТО НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО Член 83 Центарот за
социјална работа врши надзор над вршењето на родителското право. Член 84 Центарот за
социјална работа е должен да презема потребни мерки заради заштита на личноста,
правата и интересите на детето. Секој граѓанин, орган и правно лице должен е да го
извести центарот за социјална работа веднаш штом дознае дека родителот не го врши
родителското право или дека од други причини е потребна заштита на личноста, правата и
интересите на детето. Член 85 Ако тоа го бараат интересите на детето, центарот за
социјална работа ги предупредува родителите на недостатоците во воспитанието и
развојот на детето и им помага детето правилно да го развиваат и воспитуваат, а може да
ги упати тие самите или заедно со детето да посетат соодветно советувалиште или некоја
друга здравствена, социјална или воспитна установа која може да им даде потребен совет.
Член 86 Ако тоа го бараат интересите на детето, центарот за социјална работа може да
донесе решение за постојан надзор над вршењето на родителското право во поглед на сите
деца или само во поглед на некое од нив. Член 87 Центарот за социјална работа со
решение може да го одземе детето од едниот и да го довери на чување и воспитание на
другиот родител, на некое друго лице или на соодветна установа, кога родителите,
односно родителот кај кого детето живее го запостави детето во поглед на чувањето и
воспитанието или кога постои сериозна опасност за неговиот правилен развој и
одгледување. Центарот за социјална работа може да донесе решение, со кое на родителот
кој подолго од три месеца не давал издржување за детето, ќе му го ограничи правото да
одржува лични односи и непосредни контакти со детето, се додека не ги изврши
обврските спрема детето. Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на
родителот кај кого детето не е доворено на чување и воспитание, ќе му го ограничи
правото на одржување на лични односи и контакти со детето, доколку неоправдано повеќе
од три пати непрекинато, не го почитувал решението на центарот за социјална работа.
Центарот за социјална работа може да донесе решение со кое ќе го даде детето на престој
кај родителот на кого детето не му е доверено на чување и воспитание ореден временски
период, но не подолго од 15 дена, доколку повеќе од два пати едно по друго другиот
родител неоправдано не го почитувал решението на центарот за социјална работа.
Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот ќе му го ограничи
правото на одржување на лични односи и контакти со детето или истите ќе му ги забрани
за одреден временски период, но не подолго од шест месеца, доколку во рокот определен
со решението, не го вратил детето или го задржал подолго од времето определено во
решението или го однел во непознат правец. Центарот за социјална работа ќе донесе
решение со кое времено ќе го довери детето на другиот родител, трето лице или ќе го
смести во друго семејство или во соодветна установа, како последен избор, доколку има
сознанија дека личните односи и непосредните контакти на детето се прекинати подолго
од два месеца поради не постапување по решение на центарот за социјална работа од
страна на родителот кај кого детето е доверено или поради нарушени партнерски односи,
кои штетно се одразуваат врз развојот на детето. Со одземањето на детето не престануваат
другите права и должности на родителите спрема детето. Во случаите од ставовите
1,2,3,4,5,6 и 7 на овој член, центарот за социјална рбота ги задолжува родителите да
посетат соодветно советувалиште. По престанок на причините поради кои детето е
одземено од родителите, центарот за социјална работа, со решение ќе го врати детето кај
родителите. Член 88 Центарот за социјална работа може сам или по предлог на
родителите, односно на старателот, на лицето на кого детето му е доверено на чување и
воспитание или на предлог на јавниот обвинител, да смести дете во соодветна установа
ако дошло до пореметување на неговото поведение. Член 89 Центарот за социјална работа
кога постои оправдано сомнение за злоупотреба, може да бара од родителите да биде
известен за начинот на управување со имотот на детето. Центарот за социјална работа
може да бара судот, заради заштита на имотните интереси на детето, да дозволи
преземање на мерки за обезбедување врз имотот на родителите. Центарот за социјална
работа може да бара од судот, заради заштита на имотните интереси на детето, да реши,
родителите во поглед на управувањето со имотот на детето, да имаат положба на старател.
Член 90 На родителот кој го злоупотребува вршењето на родителското право или грубо го
занемарува вршењето на родителските должности по прибавено мислење од центарот за
социјална работа, му се одзема вршењето на родителското право со решение на судот, во
вонпроцесна постапка. Како злоупотреба или грубо занемарување на родителските
должности во смисла на ставот 1 од овој член, ќе се смета ако родителот : - спроведува
физичко или емоционално насилство над детето; - полово го искористува детето; - го
присилува детето на работа која не одговара на неговата возраст; - му дозволува употреба
на алкохол, дрога или други психотропни супстанци; - го наведува детето на општествено
неприфатливи поведенија; - го напушти детето и подолго од три месеца не се грижи за
детето, и -ако на кој било друг начин грубо ги крши правата на детето. На родителот може
да му биде одземено вршењето на родителското право во поглед на сите деца или во
поглед на некое од нив. Член 91 Постапка заради одземање на родителското право може
да поведе другиот родител, центарот за социјална работа или јавниот обвинител. Центарот
за социјална работа е должен да поведе постапка за одземање на родителското право кога,
на кој и да било начин, ќе дознае дека за тоа постојат причини утврдени со овој закон.
Центарот за социјална работа кога ќе дознае дека постои опасност од злоупотреба на
родителското право или опасност од грубо занемарување на родителските должности,
должен е веднаш да преземе мерки за заштита на личноста, правата и интересите на
детето. Член 92 Родителското право може, со одлука на судот, да му биде вратено на
родителот кога ќе претстане причината поради која тоа право му е одземено. Предлог за
враќање на родителското право може да поднесе родителот или Центарот за социјална
работа. VI . ПРЕСТАНОК И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО Член 93
Родителското право престанува со полнолетство на детето, со стапување во брак на детето
пред полнолетството и со посвојување. Со стапување во брак малолетното лице се здобива
со деловна способност. Член 94 Судот, по предлог на родителите или на центарот за
социјална работа може, во вонпроцесна постапка, да одлучи родителите да продолжат да
го вршат родителското право, ако детето и по полнолетството поради пречки во
психичкиот развој, не е способно само да се грижи за својата личност, права и интереси.
Кога ќе престанат причините поради кои родителското право било продолжено судот, по
предлог на родителите или на центарот за социјална работа, ќе одлучи за престанок на
родителското право. Одлуката на судот од ставовите 1 и 2 на овој член се заведува во
матичната книга на родените и во книгите за евиденција на недвижности. VI-a Нарушени
односи и насилство во бракот и семејството. Член 94-а Лицата кои живеат во брак,
односно семејството се должни меѓусебно да се почитуваат, помагаат и заштитуваат. Член
94-б Се забранува секаков вид на насилство меѓу членовите на семејството, без оглед на
пол и возраст. Под насилство во бракот и семејството (во натамошниот текст: семејно
насилство) од ставот 1 на овој член се смета однесување на член на семејството кој со
примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална или
сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или работно искористување на друг член
на семејството. Како насилство од ставот 2 на овој член, се смета однесување сторено: - од
едниот брачен другар врз другиот брачен другар кои живеат или живееле во брачна или
вонбрачна заедница или во кој било вид заедница како семејство или ако имаат заедничко
дете; - меѓу браќа и сестри, полубраќа и полусестри; - над дете; - над постарите членови во
семејството и - над лица - членови на семејството чија деловна способност е делумно или
целосно одземена. Член 94-в Жртва на семејно насилство може да биде кој било член од
семејството, без оглед на пол и возраст. Извршител на семејно насилство може да биде:
брачниот или вонбрачниот другар, поранешниот брачен или вонбрачен другар, лицето кое
живее или живеело во заедница со лицето жртва на семејното насилство, лице со кое се
има заедничко дете или лице кое е поврзано до четврти степен на крвно сродство и втор
степен по сватовство со овие лица, или се со нив во брачна или вонбрачна заедница или во
друг вид на заедница на живеење. Член 94-г Центарот за социјална работа секогаш кога
има сознанија дека во семејството се нарушени семејните односи или има семејно
насилство сам или на барање на член од семејството презема мерки за заштита на
семејството и лицата кои се жртва на семејното насилство. Центарот за социјална работа
секогаш кога има сознанија дека во смејството постои семејно насилство врз малолетно
дете или лице со ограничена или одземена деловна способност презема мерки за заштита.
Сознанијата од ставовите 1 и 2 на овој член, Центарот за социјална работа ги добива од
граѓани, службени и правни лица, кои се должни без одлагање да го известат Центарот за
таквите сознанија. Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во
семејството постои семејно насилство ги презема следниве мерки на заштита: 1)
обезбедува нужно сместување за лицето - жртва на насилство, кое може да трае најмногу
шест месеца со можност за продолжување за уште шест месеца; 2) обезбедува соодветна
здравствена заштита; 3) обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман; 4)
ги упатува во соодветно советувалиште; 5) доколку во семејството има дете кое е на
редовно школување, помага за продолжување на редовното образование; 6) го известува
органот за прогон; 7) дава секаков вид на правна помош и застапување; 8) покренување
постапка пред надлежниот суд; 9) по потреба поднесува барање до судот за изречување на
привремена мерка за заштита и 10) презема други мерки за кои ќе оцени дека се
неопходни за решавање на проблемот. Центарот за социјална работа ги презема мерките
од ставот 4 на овој член кога извршител на семејното насилство е некое од лицата
утврдени во членот 94-в на овој закон. Член 94-д Центарот за социјална работа ќе поднесе
барање на изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство до судот за
малолетни и деловни неспособни лица секогаш кога родителот, старателот или законскиот
застапник тоа нема да го сторат. Центарот за социјална работа, барањето од ставот 1 на
овој член, за полнолетни и деловно способни лица, ќе го достави до судот, само со
согласност на жртвата на семејното насилство. Член 94-ѓ Центарот за социјална работа
кон барањето од членот 94-д на овој закон доставува записник и извештај за преземените
дејствија, во кој може да даде и предлог за изречување на привремена мерка со предлог
намерка. Член 94-е Центарот за социјална работа, доколку има сознанија дека се извршени
дејствија од членот 94-б на овој закон поднесува барање до надлежниот суд за изречување
на привремена мерка, со која судот може на сторителот на семејното насилство да: 1)
забрани да се заканува дека ќе стори семејно насилство; 2) забрани да малтретира,
вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со член на
семејството, директно или индиректно; 3) забрани да се приближува до живеалиштето,
училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на
семејството; 4) одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување
на конечна одлука од надлежниот суд; 5) забрани да поседува огнено или друго оружје
или истото да му биде одземено; 6) го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за
задоволување на секојдневните потреби на семејството; 7) изрече задолжително
издржување на семејството; 8) нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште; 9)
нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и други психотропни
супстанци или има некое заболување; 10) го задолжи да ги надомести медициснките и
другите трошоци настанати од семејното насилство и 11) изрече која било друга мерка
која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите
членови на семејството. Член 94-ж Предлог за изречување привремена мерка може да
поднесе брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна
или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, поранешен брачен другар или лица
кои се наоѓаат во блиски лични односи кон кои се преземени дејствија на семејно
насилство, без оглед дали е поднесена тужба во кривична постапка. Родител, старател или
законски застапник може да поднесе предлог во име на малолетно дете и лице со
ограничена или одземена деловна способност, како и за лице над кое е продолжено
родителското право. Предлогот од ставовите 1 и 2 на овој член лицата го доставуваат до
надлежниот центар за социјална работа определен според местото на живеење на жртвата
на семејното насилство. Член 94-з Привремената мерка за заштита од семејно насилство
може да трае најмногу една година. Доколку семејното насилство продолжи и по истекот
на мерката од членот 94-е на овој закон, центарот за социјална работа може да поднесе
барање за продолжување на некоја од мерките. Член 94-ѕ Центарот за социјална работа го
следи извршувањето на изречената мерка и за текот на спроведувањето на мерката го
известува судот на негово барање. Член 94-и Центарот за социјална работа може да
поднесе предлог до надлежниот суд за укинување на изречената мерка и пред истекот на
рокот за кој е изречена мерката, доколку оцени дека истата ја постигнала целта заради која
е изречена. Центарот за социјална работа може да поднесе предлог за измена на
изречената мерка или за нејзино продолжување, доколку оцени дека изречената мерка е
несоодветна или дека ќе ги постигне бараните резултати, но дека за тоа е потребно истата
да трае подолг временски период. Член 94-ј Во спроведување на заштитните мерки
центарот за социјална работа соработува со граѓани, правни лица и организации.
ЧЕТВРТИ ДЕЛ ПОСВОЈУВАЊЕ 1. Основни одредби Член 95 Со посвојувањето се
создаваат односи какви што настануваат со раѓањето (потполно посвојување) или само
односи што постојат меѓу родители и деца (непотполно посвојување). Каков однос ќе се
создаде со посвојувањето зависи од волјата на посвоителот, на родителите на детето кое
се посвојува, односно на неговиот старател и на самото дете ако е постаро од дванаесет
години. Член 96 Само малолетно лице може да биде посвоено. Член 97 Посвојувањето
може да се заснова само ако е во согласност со најдобриот интерес на малолетникот.
Посвојувањето се засновува пред Комисијата. Член 97-а Комисијата е составеа од пет
члена именувани од министерот за труд и социјална политика. Член на Комисијата може
да биде лице кое работи најмалку 15 години во областа и кое се истакнало во работењето.
Комисијата во својот состав мора да има: правник, педагог, психолог и социјален
работник. Мандатот на членовите на Комисијата е пет години. Конститутивната седница
на Комисијата ја свикува министерот за труд и социјална политика. Претседателот на
Комисијата се избира од членовите на Комисијата со мандат од една година. Комисијата
работи самостојно и одлуките ги донесува едногласно. Комисијата донесува деловник за
работа. Комисијата за својата работа секои три месеца го известува, а секоја година
поднесува извештај за својата работа до министерот за труд и социјална политика. Член
97-б Административно-техничките работи на Комисијата ги врши лице од
Министерството за труд и социјална политика. Член 97-в Министерот за труд и социјална
политика, со акт ги утврдува висината и начинот на плаќање на надоместок на реалните
трошоци направени во постапката за посвојување. Член 98 Никој не може да биде посвоен
од повеќе лица, освен кога како посвоители се јавуваат брачните другари. Член 99
Посвоител, по правило, може да биде само државјанин на Република Македонија. По
исклучок од став 1 на овој член како посвоител може да се јави и лице кое е странски
државјанин. Во случаите од ставот 2 на овој член потребно е да се прибават извадоци од
законот што се одонесува на посвојувањето на земјата на посвоителите и други
информации и докази за да се обезбедат најмалку еднакви или подобри услови за животот
и развојот на детето. Посвојувањето од лицето од став 2 на овој член се заснова со
согласност на Комисијата, а по предлог на центарот за социјална работа. Согласноста од
ставот 4 на овој член ќе се издаде само ако детето не може да биде посвоено на
територијата на Република Македонија 2. Услови за посвојување Член 100-а Посвоител
може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични својства за успешно вршење на
родителските права и да не е постаро од 45 години. Посвоител може да биде лице
најмалку 18 години постаро од посвоеникот. По исклучок од ставот 1 на овој член како
посвоител може да се јави лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу
посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години. Брачни другари можат
да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница.
Член 100-б Кога детето го посвојува брачниот другар на родителот на детето, детето може
да биде посвоено без разлика на старосните граници утврдени во членот 100-а на овој
закон. Член 100-в По исклучок, од членот 100-а, ставови 1 и 4 на овој закон, како
посвоител може да се јави и лице или брачни другари кои ја надминуваат горната граница
на старост, доколку се посвојува брат или сестра на детето кое е веќе посвоено. Член 101
Не може да се посвои сродник во права линија, ниту брат, ниту сестра. Член 102
Посвоител не може да биде лице: а) на кое му е одземено или ограничено родителското
право, како и лице на кое му е изречена казна за сторено кривично дело со ефективна
казна затвор во траење од над шест месеца, б) на кое му е ограничена или одземена
деловната способност, в) за кое постои основано сомневање дека положбата на посвоител
ќе ја употреби на штета на посвоеникот, г) кое е душевно болно или лице со пречки во
интелектуалниот развој, како и лице кое боледува од болест што може да го доведе во
опасност здравјето и животот на посвоеникот и д) чија физичка попречност е од таков
степен што може оправдано да се сомнева во можноста да се грижи за детето; ѓ) ако е
постаро од 45 години; е) зависник од дрога или други психотропни супстанции или
алкохол; ж) кое има тешко хронично заболување или е болно од неизлечива заразна
болест и з) ако мислењето на стручниот тим на центарот за социјална работа е негативно
во однос на можноста тие лица да бидат родители. Член 103 За посвојување е потребна
согласност на обата родители на посвоеникот, односно на неговиот старател, како и на
посвоеникот ако е постар од дванаесет години. Доколку родителот е малолетен, покрај
неговата согласност се зема и согласност на законскиот застапник. Не е потребна
согласност на родител на кој му е одземена деловната способност или му е одземено
вршењето на родителското право или на родител на кој повеќе од една година не му се
знае престојувалиштето. Не е потребна согласност ниту од родител на дете сместено во
институција или друго семејство, кој не пројавил интерес за детето повеќе од шест месеца
од рокот во кој бил должен да го земе детето. Не е потребна согласност ниту од
посвоеникот кој до посвојувањето живеел во семејството на посвоителот пред
наполнувањето на дванаесетгодишна возраст. Не е потребна согласност од лицето кое
мајката го посочила како родител на детето, родено надвор од брак, кој во рок од три
месеци по раѓањето на детето не покренал постапка за признавање на тоа дете или за
утврдување на татковство во однос на тоа дете. 3. Засновање на посвојување Член 104
Лицето кое сака да посвои поднесува барање до Комисијата. Кон барањето од став 1 на
овој член се приложуваат документите определени со правилникот за водење на
евиденција на посвоените лица и за определување на документи за посвојувањето, кој го
донесува министерот за труд и социјална политика. Важноста на документите од ставот 2
на овој член е една година. Член 104-а По приемот на барањето со документите,
Комисијата врши проверка на документите и откако ќе констатира дека се исполнети
условите од членот 104 став 2 на овој закон копија од барањето, заедно со копија од
целокупниот предмет, во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето ги доставува до
центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на подносителите на
барањето. Комисијата ако од извршената процена на документите утврди дека не се
исполнети условите од членот 102 на овој закон, ќе донесе решение со кое ќе го одбие
барањето. Член 104-б Центарот за социјална работа до кого е препратено барањето врши
процена за подобноста на посвоителите и за мотивите на посвојувањето, преку
континуирано следење на потенцијалните посвоители, најмалку шест месеца, но не повеќе
од една година и врз основа на наодот и мислењето на стручниот тим изготвува предлог за
упис во регистарот на можни посвоители. Член 104-в Во рокот утврден во членот 104-б на
овој закон лицата кои сакаат да посвојат дете можат да бидат упатени да посетат
соодветно советувалиште. Начинот на работата на советувалиштето од ставот 1 на овој
член, со акт, ги утврдува министерот за труд и социјална политика. Член 104-г Центарот
за социјална работа по извршувањето на работите од членот 104-б на овој закон, сите
списи заедно со наодот и мислењето на стручниот тим, со предлог за упис во регистарот
на можни посвоители ги доставува до Комисијата. Член 104-д Комисијата во рок од 30
дена, но не повеќе од 60 дена, од денот на приемот на работите од членот 104-г на овој
закон, донесува одлука и врши упис во регистарот на можни посвоители доколку се
исполнети условите утврдени со овој закон или ќе го врати предметот на доработка и ќе
определи рок во кој надлежниот центар за социјална работа е должен да постапи и да ги
отстрани недостатоците ако таа тоа сама не го стори. Комисијата ќе донесе решение за
бришење од регистарот на можни посвоители, по засновање на посвојување, ако настане
некој од условите утврдени во членот 20 од овој закон и поради смрт на посвоителот.
Член 104-ѓ Центарот за социјална работа ги следи малолетните лица без родители и
родителска грижа и дава предлог за упис во регистарот на можни посвоеници, кој го
доставува до Комисијата. Предлог од ставот 1 на овој член, заедно со наодот и мислењето
од стручниот тим и поединечните наоди и мислења на стручните работници, центарот за
социјална работа ги доставува до Комисијата, која е должна во рок од 30 дена од денот на
приемот на работите од ставот 1 на овој член да изврши упис во регистарот на можни
посвоеници. Комисијата ќе донесе решение за бришење од регистарот на можни
посвоеници, по засновање на посвојувањето, доколку родителот ја повлече соглансоста од
членот 107 на овој закон и поради смрт на посвоеникот. Член 104-е Министерот за труд и
социјална политика со акт ја пропишува формата, содржината и начинот на водење на
регистрите на можни посвоители и можни посвоеници. Член 104-ж Комисијата секогаш
може да изврши проверка на основаноста на предлогот од членовите 104-г и 104-ѓ на овој
закон на центарот за социјална работа. Член 104-з Комисијата примерок од одлуката и
извадок од регистрите од членовите 104-г и 104-ѓ на овој закон заедно со копија од
целокупната документација, веднаш ги доставува до надлежниот центар за социјална
работа, а подносителот на барањето го известува за извршениот упис. Член 104-ѕ
Центарот за социјална работа по приемот на работите од членот 104-з на овој закон,
предлага најсоодветни посвоители и предметот со предлог за сместување на детето во
семејството на можните посвоители го доставува до Комисијата. Комисијата може да
изврши проверка на основаноста на предлогот од ставот 1 на овој член и врз основа на
податоците кои ги има во регистарот на можни посвоители и документите, може да
одлучи детето да го смести во друго семејство. Министерот за труд и социјална политика,
со акт ги пропишува поблиските услови и критериуми за избор на посвоители. Член 104-и
Комисијата по извршените работи од членот 104-ѕ на овој закон донесува решение за
сместување на детето во семејството на посвоители и копии од списите на можните
посвоители и посвоеникот, веднаш доставува до центарот за социјална работа, надлежен
според местото на живеење на можните посвоители. Во решението од ставот 1 на овој
член, при потполно посвојување се внесуваат податоци за датумот и местото на раѓање на
детето, од кои не може да се открие идентитетот на родителите на детето. Сместувањето
на детето од ставот 1 на овој член не може да биде пократко од шест месеца, ни подолго
од девет месеца. Центарот за социјална работа е должен континуирано да го следи
сместувањето на детето и секои три месеци да доставува извештај до Комисијата.
Комисијата може во рокот утврден во ставот 3 на овој член, секогаш кога ќе оцени за
потребно да изврши проверка на семејството каде што е сместено детето. Член 104-ј
Центарот за социјална работа по истекот на периодот на сместување, изготвува извештај
за сместувањето и дава мислење детето да се посвои од конкретни посвоители и истиот го
доставува до Комисијата заради засновање на посвојување. Комисијата доколку од увидот
во списите оцени дека предлогот на центарот за социјална работа не е во интерес на
детето, истиот може да го одбие или предметот да го врати за дополнување на постапката
или да предложи други посвоители. Комисијата во рок од 30 дена од денот на приемот на
работите од ставот 1 на овој член, донесува решение за засновање на посвојување. Член
105 При засновање на посвојувањето е потребно присуство на посвоителот, неговиот
брачен другар, родителите, односно старателот на посвоеникот, како и на посвоеникот ако
е постар од дванаесет години, освен на посвоеникот од став 5 на член 103 на овој закон.
Во оправдани случаи не е потребно присуство на брачниот другар на посвоителот, кој не
се јавува како посвоител, ако својата согласност за посвојување ја дал пред центарот за
социјална работа, на записник во кој мора да бидат точно означени посвоителот и
посвоеникот. Засновувањето на посвојувањето се врши без присуство на јавноста. Член
106 Родителите, односно родителот кој сам го врши родителското право, согласноста
детето да може да биде посвоено може да ја дадат и претходно пред центарот за социјална
работа надлежен според местото на живеење на родителите, без да го определат
посвоителот. Ако детето нема живи родители, согласноста да биде посвоено ја даваат
сродниците во права линија или старателот. Кога лицата од став 1 на овој член дале таква
согласност во постапката за засновање на посвојување согласноста за посвојување ја дава
старателот на малолетното дете. Согласноста по раѓање на детето, во писмена форма, во
просторииите на центарот за социјална работа, кој е месно надлежен, ја дават родителите
од став 1 на овој член без оглед на видот на брачната заедница и врска. Согласноста
своерачно ја пишува родителот кој се согласува детето да го даде на посвојување, а ја
потпишува родителот и овластен претставник на центарот за социјална работа. Пред
родителот да ја даде согласноста од ставот 1 на овој член, центарот за социјална работа ќе
го запознае со сите последици од давањето на изјавата. Член 107 Согласноста за
посвојување родителите ја даваат по наполнување на три месеци возраст на детето.
Посвојувањето на детето може да се заснова најрано по навршување на три месеци
старост на детето. Согласноста за посвојување може да се повлече се до моментот на
засновање на посвојување на детето. Член 109 Службеното лице на Комисијата, врз
основа на исправите и изјавите за личниот идентитет на присутните лица утврдува дека
тоа се лицата од член 105 на овој закон, а потоа ги запознава со правата и должностите
што произлегуваат од посвојувањето и ќе побара изјави за согласност за посвојување од
лицата кои се должни согласно со овој закон, да дадат таква изјава, односно ќе ги прочита
нивните порано дадени изјави за согласност. Член 110 При посвојувањето се составува
записник и се донесува решение. Во записникот и во решението за посвојувањето се
внесуваат податоци за видот на извршеното посвојување, за спогодбата за личното име на
посвоеникот, за местото на раѓање на детето и за неговите наследни права спрема
посвоителот, доколку посвојувањето е непотполно. Записникот го потпишуваат
службеното лице од центарот за социјална работа кое го застапува детето, родителите на
детето, посвоителите и претседателот на Комисијата. Член 111 По засновањето на
посвојувањето во матичната книга на родените, како родители на детето се запишуваат
посвоителите, а како место на раѓање на детето се запишува местото што спогодбено ќе го
определат посвоителите и Комисијата. Матичарот е должен да изврши нов упис во
книгата на родените и за тоа да им издаде на посвоителите извод од матичната книга на
родените. Член 112 Комисијата решението за посвојување ќе го достави до надлежниот
матичар најдоцна во рок од 15 дена заради упис во матичната книга на родените. По
извршениот нов упис во матичната книга на родените, матичарот е должен матичната
служба да ја извести заради бришење на стариот упис. 4. Права и должности на
посвоителот и на посвоеникот Член 113 Со потполното посвојување меѓу посвоителот и
неговото семејство и посвоеникот и неговото потомство се создаваат права и должности
кои постојат меѓу крвни роднини. Со потполното посвојување престануваат заемните
права и должности меѓу посвоеното дете и неговото поранешно семејство. Ако
посвоителот е брачен другар на еден од родителите на посвоеникот, посвојувањето не
влијае врз односите меѓу посвоеникот и тој родител, како и спрема неговите роднини.
Член 114 При потполното посвојување наследните права на посвоеникот и неговото
потомство спрема посвоителот и неговото семејство и на посвоителот и неговото
семејство спрема посвоеното дете и неговото потомство се изедначени со наследните
права меѓу крвните роднини. Член 115 Со непотполно посвојување меѓу посвоителите и
посвоеникот настануваат само односи меѓу родители и деца. Наследните права меѓу
посвоителот и посвоеникот и неговото потомство при непотполното посвојување се
заемни. При непотполното посвојување, наследните права на посвоеникот спрема
посвоителот може да се ограничат или сосема да се исклучат ако во моментот на
посвојувањето посвоителот има свои родени деца. Ако како посвоители при непотполното
посвојување се јавуваат брачни другари, наследните права на посвоеникот може различно
да се определат спрема секој од нив. Доколку наследните права на посвоеникот биле
ограничени или исклучени, посвоителот не може да го наследи посвоеникот и неговото
потомство по закон. 5. Престанок на посвојување Член 116 Потполно посвојување не
може да се раскине. Член 117 Непотполното посвојување може да престане по спогодба
меѓу посвоителот и посвоеникот според одредбите кои важат за посвојувањето. Ако
посвоеникот е малолетен, центарот за социјална работа е должен да испита дали
претстанувањето на посвојувањето е во согласност со најдобриот интерес за посвоеникот.
Член 118 Комисијата може да реши непотполното посвојување да престане ако утврди
дека тоа го бараат интересите на малолетниот посвоеник. Секој граѓанин, орган и правно
лице, до Комисијата можат да поднесат претставка за потребата за престанок на
непотполното посвојување кога е тоа во интерес на малолетниот посвоеник. Член 119
Комисијата по барање на посвоителот или посвоеникот кога ќе се утврди дека за тоа
постојат оправдани причини може да реши непотполното посвојување да престане. Член
120 Ако во текот на постапката за раскинување на непотполното посвојување настапи
смрт на посвоеникот или на посвоителот, барањето за раскинување на посвојувањето
можат да го продолжат нивните законски наследници. Член 121 По престанокот на
непотполното посвојување, надлежниот центар за социјална работа може да го задолжи
посвоителот да го издржува посвоеникот до полнолетството врз товар на посвоителот,
земајќи ја предвид нивната имотна состојба. Надлежниот центар за социјална работа,
може да утврди обврска на полнолетниот посвоеник за издржување на посвоителот кој не
е способен за стопанисување и нема средства за живот. Член 122 Со престанок на
непотполното посвојување одново настануваат заемни права и должности меѓу
посвоеникот и неговото поранешно семејство. Посвоеникот го добива своето поранешно
презиме, а по негово барање може да го задржи презимето што го добил при
посвојувањето, ако со тоа се согласи посвоителот. Член 123 Правосилното решение за
престанок на непотполното посвојување се доставува на надлежниот матичар заради упис
во матичната книга на родените. Член 123-а Податоците за заснованите посвојувања се
службена тајна. ПЕТТИ ДЕЛ СТАРАТЕЛСТВО I . ОСНОВНИ ОДРЕДБИ Член 124 Со
старателството Републиката им дава посебна заштита на малолетните деца кои се без
родителска грижа и на полнолетни лица на кои им е одземена или ограничена деловната
способност. Според одредбите на овој закон заштитата им се дава и на други лица кои не
се во состојба или немаат можност сами да се грижат за заштитата на своите права и
интереси. Член 125 Работите на старателството ги врши центарот за социјална работа
непосредно, преку старатели или други лица кои вршат работи сврзани со старателството.
Надлежноста на центарот за социјална работа се определува според местото на
живеалиштето, а ако нема живеалиште, според престојувалиштето на лицето кое треба да
се стави под старателство. Местото на живеалиштето и местото на престојувалиштето се
определуваат според моментот кога настанале условите за ставање под старателство. Член
126 Центарот за социјална работа презема потребни мерки за остварување на целите на
старателството. Центарот за социјална работа во подготвувањето, донесувањето и
спроведувањето на своите решенија, односно мерки, применува облици на социјална
заштита, методи на социјална и друга стручна работа, како и се користи со услугите на
социјалните, здравствените, образовно-воспитните и други установи. Член 127 Постапка
за ставање под старателство се поведува по службена должност или по барање на
заинтересираните лица. Постапката од став 1 на овој член е итна. Член 128 За потребата
некое лице да се стави под старателство или врз него да се примени некој облик на
заштита што ја дава центарот за социјална работа, должни се да го известат тој орган: 1)
матичарот и државните органи кога во вршењето на работите од своја надлежност ќе
дознаат за таков случај; 2) роднините, членовите на семејството и соседите и 3)
претпријатијата, установите, месните заедници и другите организации и заедници. Член
129 Кога центарот за социјална работа ќе дознае за потребата некое лице да се стави под
старателство, тој веднаш презема соодветни мерки за заштита на личноста, правата и
интересите на тоа лице и поведува постапка за ставање под старателство. При
определување на обликот на заштитата врз лицето кое се става под старателство, центарот
за социјална работа првенствено ќе се раководи од интересите на лицето кое се става под
старателство и интересите на неговото семејство, како и од материјалните можности, при
што во реализацијата на заштитата соработува со соодветни организации и органи. Член
130 Центарот за социјална работа според Законот за општа управна постапка решава за
ставање под старателство, за поставување или за разрешување од должност старател, за
обемот на овластувањата на старателот и за правата и правните интереси на лицето под
старателство и за престанок на старателството. Во другите случаи центарот за социјална
работа постапува на најцелисходен начин, зависно од природата на мерките на
старателството што ги определува. Центарот за социјална работа може да ги менува
своите порано донесени решенија, кога тоа го бараат интересите на лицето под
старателство, ако со тоа не се засегнуваат правата на трети лица. Член 131 Лицето под
старателство, кое е во состојба да го стори тоа, неговите роднини, како и претпријатијата
и установите, органите и организациите предвидени во член 128 од овој закон, како и
секој граѓанин можат да поднесат приговор за работата на старателот и за работата на
центарот за социјална работа. Приговорот за работата на старателот се доставува до
центарот за социјална работа, а приговорот на работата на центарот за социјална работа се
доставува до министерството за труд и социјална политика. Член 132 Центарот за
социјална работа ги испитува приговорите и ако најде дека се основани, ќе определи
мерки кои треба да се преземат. Ако министерството за труд и социјална политика најде
дека приговорот е основан, ќе даде упатство на центарот за социјална работа. Центарот за
социјална работа по добиеното упатство решава кои мерки ќе ги презема и за тоа го
известува второстепениот орган. Член 133 Трошоците за спроведување на мерките што се
преземаат во интерес на лицето под старателство се покриваат од: 1) приходите на лицето
под старателство; 2) средствата добиени од лица кои се должни да му даваат издржување
на лицето под старателство; 3) имотот на лицето под старателство; 4) средствата на лицето
под старателство остварени како право од социјална заштита и 5) други извори. Член 134
Центарот за социјална работа е должен да води евиденција за лицата ставени под
старателство, за преземените мерки на старателство и за имотот на лицето под
старателство. За водење на евиденцијата и документацијата од став 1 на овој член
министерот за труд и социјална политика донесува упатство. II . СТАРАТЕЛ Член 135 На
лицето под старателство, центарот за социјална работа назначува старател, доколку не
одлучи должноста старател да ја врши непосредно. За старател се поставува лице кое има
лични својства и способности за вршење на должноста старател, а кое претходно ќе даде
согласност да биде старател. За старател првенствено се поставува близок роднина на
лицето под старателството. При поставување на старател, центарот за социјална работа ги
зема предвид и желбите на лицето под старателство, ако тоа е во состојба да ги изрази,
како и желбите на неговите блиски роднини. Член 136 Исто лице може да биде поставено
за старател и за повеќе лица ако за тоа се согласи, ако тоа не е во спротивност со
интересите на некое од лицата кои се ставаат под старателство и ако со тоа тие се
согласат. Член 137 На лице под старателство сместено во воспитна, социјална,
здравствена или друга установа или организација, како и во друго семејство или лице,
центарот за социјална работа ќе му постави старател за вршење на работите на
старателството што лицето, семејството или установата не ги врши во рамките на својата
редовна дејност. Член 138 Центарот за социјална работа може со решение да ги ограничи
овластувањата на старателот и да реши одделни работи од старателството да ги врши
непосредно. Ако центарот за социјална работа ја врши старателската функција во смисла
на став 1 од овој член тој може одделни работи да ги довери да ги вршат стручни лица во
негово име и под негов надзор. Член 139 Не може да биде старател лице: 1) на кое му е
одземено вршењето на родителското право; 2) на кое му е одземена или ограничена
деловната способност; 3) чии интереси се во спротивност со интересите на лицата под
старателство, односно кое не дава гаранција дека лицето под старателство правилно ќе го
воспита и одгледа и 4) од кое, со оглед на неговото поранешно и сегашно поведение,
личните својства и односите со лицето под старателство и неговите родители, не може да
се очекува дека правилно ќе ја врши старателската функција. Член 140 Центарот за
социјална работа во решението со кое го поставува старателот, ги определува неговите
должности и обемот на неговите овластувања. Центарот за социјална работа пред да го
донесе решението од став 1 на овој член, го запознава старателот со значењето на
старателството, со неговите права и должности и со другите поважни податоци потребни
за вршење на должноста старател. Центарот за социјална работа на старателот му издава
старателска исправа во која е содржан обемот на неговите овластувања. Член 141 За
ставање под старателство и за престанок на старателството центарот за социјална работа
го известува матичарот во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението. Ако
лицето ставено под старателство има недвижен имот, центарот за социјална работа ќе го
извести и надлежниот орган кој ги води книгите за евиденција на недвижностите. Член
142 Старателот е должен во рамките на своите овластувања совесно да се грижи за
личноста и за правата и интересите на лицето под старателство и совесно да управува со
неговиот имот. Старателот не може без претходно одобрение од центарот за социјална
работа да презема работи кои ги минуваат рамките на редовното работење или
управување со имотот на лицето под старателство. Старателот не може да дава подароци
или да прави други располагања со имотот на лицето под старателство без надомест и не
може лицето под старателство да го обврзува како гарант. Член 143 Ако лицето под
старателство има имот, центарот за социјална работа ќе донесе решение да се изврши
попис и процена и имотот да се предаде на старателот на управување. Пописот и
процената на имот на лицето под старателство го врши комисија именувана од центарот за
социјална работа. На пописот и процената на имотот на лицето под старателство
задолжително присуствуваат старателот и лицето под старателство, ако е во состојба да
сфати за што се работи, како и лицата во чие владение е имотот на лицето под
старателство. Член 144 По исклучок на член 142 на овој закон, центарот за социјална
работа, може да изврши попис и процена на имотот и да преземе други мерки за
обезбедување на имотот на лицето кое се става под старателство и пред донесување на
решение за ставање под старателство, доколку за тоа постојат оправдани причини. Во
случај на непосредна опасност по имотот на лицето под старателство во поглед на
неговиот недвижен имот, центарот за социјална работа може и пред пописот и процената
на имотот да побара од судот заверка во јавните книги за евиденција на недвижности за
поведување на постапка за ставање на тоа лице под старателство. Член 145 Ако лицето
под старателство има имот надвор од подрачјето на надлежниот центар за социјална
работа, центарот за социјална работа грижата за тој имот може да му ја довери на
центарот за социјална работа на чие подрачје се наоѓа имотот. Центарот за социјална
работа на кого му е доверена грижата за имотот може да определи посебен старател над
тој имот или да се грижи за него непосредно. Органот од став 2 на овој член е должен
еднаш годишно да го известува надлежниот центар за социјална работа за состојбата на
имотот. Решавањето за располагање со имотот од став 1 на овој член го задржува
надлежниот центар за социјална работа. Член 146 Старателот е должен со помош на
центарот за социјална работа да презема потребни мерки за обезбедување средства
неопходни за спроведување на мерките кои во интерес на лицето под старателство ги
определил центарот за социјална работа. Член 147 Старателот, само со одобрение на
центарот за социјална работа, може да ги презема во име и за сметка на лицето ставено
под старателство следниве работи: 1) да го отуѓи или оптовари недвижниот имот; 2) да
отуѓи движни предмети од поголема и од посебна лична вредност или да располага со
имотни права од поголема вредност; 3) да се откаже од наследство или од легат или да
одбие подарок и 4) да презема други мерки определени со закон. Центарот за социјална
работа во постапката за давање на одобрение за старателот во поглед на располагањето и
управувањето со имотот, односно со правата на лицето под старателство, ја определува
намената на прибавените средства и врши надзор над нивната употреба. Член 148
Старателот не може да го застапува лицето под старателство во правни дела во кои како
друга странка учествува брачниот другар или близок роднина на старателот, туку за таков
случај центарот за социјална работа ќе му постави на лицето под старателство друг
старател или самиот ќе го застапува. Член 149 Старателот може без одобрение од
центарот за социјална работа да отуѓи плодови, ситна стока, предмети што се подложни на
брзо расипување и други предмети, доколку е тоа во рамките на редовното работење и
управување со имотот. Паричните средства добиени со продажба на предметите од став 1
на овој член можат да се користат само за задоволување на потребите на лицето под
старателство. Член 150 Старателот може за работи за кои не е потребно одобрение да бара
совет од центарот за социјална работа, кој е должен таков совет да даде. Центарот за
социјална работа е должен на старателот да му укаже помош во вршење на работите кои
тој не е во можност самиот да ги изврши, а особено во составување на подавки, во
застапување пред судот и пред други органи. Член 151 Старателот, лицето, другото
семејство и установа во кое е сместено лицето под старателство се должни на центарот за
социјална работа да му доставуваат извештај за својата работа секоја година, како и тогаш
кога тоа тој ќе го побара. Во случај старателството да го врши непосредно центарот за
социјална работа, извештај за работата е должен да поднесе неговиот работник или друго
лице кое во името на центарот за социјална работа ги врши работите на старателството.
Извештајот се поднесува писмено или усмено на записник. Од извештајот на старателот
треба да се види неговата грижа за лицето ставено под старателство, а особено за неговото
здравје, издржувањето и оспособувањето за самостоен живот, а кај малолетните лица под
старателство и за нивното воспитание и образование, како и за сî друго што е од значење
за личноста на лицето под старателство. Извештајот од ставовите 1 и 2 на овој член треба
да содржи и податоци за управувањето и располагањето со имотот на лицето под
старателство и за сите приходи и расходи на лицето под старателство во изминатата
година, како и за крајната состојба на неговиот имот. Член 152 Старателот ги врши своите
должности, по правило без надоместок. Центарот за социјална работа може на старателот
да му определи и надомест како награда, ако вложил дополнителен труд и се истакнал во
вршењето на своите должности. Висината на надоместокот на трошоците за старателот од
став 2 на овој член ја утврдува центарот за социјална работа. Наградата и надоместокот на
трошоците ги одобрува центарот за социјална работа од приходот на лицето под
старателство, а доколку со тоа би се загрозило издржувањето на лицето под старателство
тие трошоци ќе паднат на товар на буџетот на Републиката. Член 153 Старателот е должен
да му ја надомести штетата на лицето под старателство што му ја сторил со неправилно,
несовесно или невнимателно вршење на должноста. Центарот за социјална работа го
утврдува износот на штетата и го повикува старателот во определен рок штетата да ја
надомести. Доколку старателот не ја надомести утврдената штета во определениот рок
центарот за социјална работа непосредно ја надоместува штетата на лицето под
старателство. Центарот за социјална работа може кај надлежниот суд да бара од
старателот надомест на исплатениот ознос од став 2 на овој член. Заради обезбедување на
правата на лицето под старателство, повредени со работењето на старателот, центарот за
социјална работа е должен спрема старателот да преземе и други мерки предвидени со
закон. Член 154 Ако старателот умре или самоволно престане да ја врши старателската
должност или ако настанат околности кои го спречуваат старателот да ја врши својата
должност, центарот за социјална работа е должен, без одлагање, да преземе мерки на
заштита на интересите на лицето под старателство и да му постави нов старател. Член 155
Центарот за социјална работа ќе го ослободи од вршење на старателската должност ако
тоа тој самиот го побара, водејќи сметка за интересите на лицето под старателство, но
најдоцна во рок од три месеци од денот на поднесувањето на барањето. Центарот за
социјална работа ќе го смени старателот ако утврди дека во вршењето на должноста тој е
невнимателен, ги злоупотребува овластувањата, дека со неговата работа се загрозуваат
интересите на лицето под старателство или ако смета дека за лицето под старателство е
покорисно да му се постави друг старател. Член 156 Кога на старателот ќе му престане
старателската должност согласно со одредбите на член 155 од овој закон, центарот за
социјална работа е должен веднаш да ги преземе сите потребни мерки за заштита на
интересите на лицето под старателство и да му постави нов старател. Старателот на кого
му престанала старателската должност, должен е на центарот за социјална работа да му
поднесе извештај и сметка за своето работење и на новиот старател да му ја предаде
должноста со записник во рокот што ќе го одреди центарот за социјална работа, но не
повеќе од 30 дена. Член 157 Во случај на престанок на потребата за старателство Центарот
за социјална работа ќе го повика старателот во определен рок да поднесе извештај за
работата и за состојбата на имотот на лицето под старателство, како и да го предаде
имотот на управување на лицето кое било под старателство, односно на родителот или на
посвоителот. Предавањето на имотот се врши во присуство на старателот, лицето кое било
под старателство, односно на родителот или посвоителот и на претставник на центарот за
социјална работа. Член 158 Центарот за социјална работа е должен да преземе мерки за
обезбедување на правата и интересите на лицето под старателство што произлегуваат од
работењето на старателот, како и мерки за заштита на правата и на интересите и на други
лица кои произлегуваат од односите на старателството. III. СТАРАТЕЛСТВО НАД
МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА Член 159 Под старателство ќе се стави малолетно лице без
родителска грижа. Дете без родителска грижа е дете чии родители не се живи кои се
исчезнати, непознати или се со непознато живеалиште повеќе од една година и дете чии
родители без оглед на причините привремено или трајно не ги извршуваат своите
родителски права и должности. Член 160 Старателот на малолетно лице е должен да се
грижи како родител за личноста на малолетникот, а особено за неговото здравје,
воспитание, образование и оспособување за самостоен живот и работа. Член 161
Старателот може само со одобрение на центарот за социјална работа: - да го прекине
образованието на малолетникот или да го промени видот на образованието; - да одлучи за
изборот, вршењето или промената на занаетот на малолетникот и - да преземе и други
мерки во поглед на личноста на малолетникот определени со закон. Член 162 Малолетник
под старателство кој наполнил 15 години од животот може сам, без одобрение на
старателот, да заснова работен однос и слободно да располага со остварената плата, при
што е должен сам да придонесува за своето издржување, воспитание и стручно
оспособување. Малолетник од став 1 на овој член може сам да презема правни работи за
кои, доколку се од поголемо значење, потребно е одобрение од неговиот старател. За
работите од член 161 на овој закон кои старателот не може сам да ги преземе, потребно е
согласност од центарот за социјална работа. Член 163 Старателството над малолетно лице
престанува со неговото полнолетство, со склучување на брак, со посвојување или кога ќе
престане било која од причините утврдено во член 159 став 2 на овој закон. Центарот за
социјална работа ќе продолжи да му дава помош на лицето на кое старателството му
престанало поради полнолетство ако тоа, додека траело старателството, од оправдани
причини не можело да се оспособи за самостоен живот и работа. Член 164 Ако и по
полнолетството, поради пречки во психичкиот развој лицето не е способно само да се
грижи за себе и за своите права и интереси, старателот или центарот за социјална работа
ќе поведат постапка тоа лице по друг основ да биде ставено под старателство. IV .
СТАРАТЕЛСТВО НАД ЛИЦА НА КОИ ИМ Е ОДЗЕМЕНА ИЛИ ОГРАНИЧЕНА
ДЕЛОВНАТА СПОСОБНОСТ Член 165 Лицата на кои со одлука на судот делумно или
целосно им е одземена деловната способност, центарот за социјална работа ги става под
старателство. Деловната спососбност е способност на лице да изрази правно релевантна
волја за учество во правниот промет. Член 166 Правосилното решавање за одземање,
односно ограничување на деловната способност судот веднаш го доставува до центарот за
социјална работа кој, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, го става лицето
под старателство. Член 167 Старателот на лице на кое му е одземена или ограничена
деловната способност, должен е да се грижи особено за неговата личност, права, интереси,
сместување и здравје, имајќи ги предвид причините поради кои на лицето му е одземена,
односно ограничена деловната способност, настојувајќи тие да бидат отстранети, а лицето
да се оспособи за самостоен живот и работа. Член 168 Старателот на лице на кое му е
одземена деловната способност ги има правата и должностите на старател на малолетно
лице кое нема наполнето 15 години живот. Старателот на лице на кое му е ограничена
деловната способност има должности и права на старател на малолетно лице кое има
наполнето 15 години живот. Член 169 Судот е должен веднаш да го извести центарот за
социјална работа кога ќе се поведе постапка за одземање на деловната способност на
лицето. Центарот за социјална работа во постапката за одземање на деловната способност
на лицето може на тоа лице да му постави привремен старател, ако најде дека е тоа
потребно. Должноста привремен старател престанува веднаш штом ќе се постави постојан
старател или штом решението на судот со кое се одбива предлогот за одземање на
деловната способност ќе стане правосилна. Член 170 Привремениот старател има исти
права и должности како старател над малолетно лице кое навршило 15 години живот.
Центарот за социјална работа може, ако е тоа потребно, да ги прошири правата и
должностите на привремениот старател како на старател над малолетно лице кое не
навршило 15 години живот. Член 171 Ако старателот утврди дека кај лицето на кое му е
одземена деловната способност настанале околности кои упатуваат на потреба за враќање
на деловната способност, односно за измена на поранешната одлука, тој е должен, без
одлагање, за тоа да го извести центарот за социјална работа. Член 172 Старателството над
лице на кое му е одземена деловната способност престанува кога со решение на судот ќе
му се врати деловната способност. V . СТАРАТЕЛ ЗА ПОСЕБНИ СЛУЧАИ Член 173
Центарот за социјална работа ќе му постави старател за одделни работи или определен
вид работи на лице чие место за живеење не е познато, а кое нема застапник, на непознат
сопственик на имот кога е потребно некој да се грижи за тој имот, како и во други случаи
кога е тоа потребно заради заштита за правата и интересите на одделни лица. Старател на
лицата од став 1 на овој член, под услови утврдени со закон, може да постави и органот
пред кој се води постапката. Овој орган е должен за тоа без одлагање да го извести
центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа спрема старателот поставен во
смисла на став 2 на овој член ги има сите овластувања како и спрема старателот кого сам
го поставил. Член 174 Центарот за социјална работа може да постави посебен старател на:
- лице над кое родителите го вршат родителското право за водење спор меѓу него и
неговите родители, за склучување на одделни правни дела меѓу нив, како и во други
случаи кога нивните интереси се во спротивност и - лице под старателство за водење спор
меѓу него и старателот, за склучување правни дела меѓу нив, како и во други случаи кога
нивните интереси се во спротивност. Кога меѓу малолетници над кои исто лице врши
родителско право или меѓу лица кои имаат ист старател треба да се води спор или да се
склучи правно дело во кое интересите на малолетните, односно на лицата под
старателство се во спротивност, центарот за социјална работа на секое од нив ќе постави
посебен старател за водење на спорот, односно склучување на правното дело. Кога
родителите, старателите и државните органи во вршењето на должноста, ќе дознаат за
случаите од став 2 на овој член, должни се за тоа да го известат центарот за социјална
работа. Член 175 Центарот за социјална работа во случаи предвидени со овој закон, ќе
преземе потребни мерки за заштита на личноста, правата и интересите на странски
државјани додека органот на државата, чиј државјанин е тој, не донесе потребно решение
и не преземе определени мерки. Член 176 На барање на лице кое поради болест, старост
или од други оправдани причини не е способно само да се грижи за себе за своите права и
правни интереси, центарот за социјална работа може да му постави старател за одделни
работи или за определен вид работи. На барање на лицето од став 1 на овој член центарот
за социјална работа ќе донесе решение за престанок на старателството. Член 177 При
поставувањето на старател според одредбите на членовите 175 и 176 од овој закон,
центарот за социјална работа обемот на должностите и правата на старателот, го
определува во зависност од околностите на секој одделен случај. ШЕСТИ ДЕЛ
ИЗДРЖУВАЊЕ Член 178 Издржувањето на членовите на семејството и на другите
роднини е нивно право и должност. Во случаите во кои меѓусебното издржување на
членовите на семејството и на другите роднини не може да се оствари во целост или
делумно, Републиката на необезбедените членови на семејствотото им обезбедува
средства неопходни за издржување под услови определени со закон. Откажувањето од
правото на издршка нема правно дејство. 1. Издржување на децата, на родителите и на
другите роднини Член 179 Родителите се должни да ги издржуваат своите малолетни
деца. Ако школувањето и стручното образование на децата продолжува и по
полнолетството, родителите се должни, понатаму да ги издржуваат децата до редовното
завршување на школувањето, но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст. Ако
полнолетното лице е неспособно за работа поради болест, физички или психички
недостаток, а нема доволно средства за живот и не може да ги добие од својот имот,
родителите се должни да го издржуваат додека трае таа неспособност. Член 180 Обврската
за издржување постои и меѓу други роднини во права линија, како и меѓу браќа и сестри
во поглед на издржувањето на малолетните браќа и сестри, а во однос на полнолетните
браќа и сестри само под условите на член 179 став 3 на овој закон. Член 181 Децата се
должни да ги издржуваат своите родители кои се неспособни за работа, а немаат доволно
средства за издржување или средствата за издржување не можат да ги остварат од својот
имот. По исклучок, судот може да го одбие барањето за издржување кога издржување
бара родител, на кој му било одземено родителското право, иако детето за тоа има
можности или ако судот, ценејќи ги сите околности на случајот, најде дека тоа би била
очигледна неправда за детето. Член 182 Очувот и маќеата се должни да ги издржуваат
своите малолетни пoсиноци, освен ако тие имаат роднини кои според овој закон се
должни да ги издржуваат и ако тие роднини за тоа имаат можности. Обврската на очувот,
односно маќеата да ги издржуваат своите малолетни пoсиноци, постои и по смртта на
родителот на детето, со кого очувот, односно маќеата бил во брак ако до моментот на
смртта постоела семејна заедница меѓу очувот, односно маќеата и пoсиноците. Ако бракот
меѓу родителот и очувот, односно маќеата на детето е поништен или разведен, обврската
за издржување на очувот, односно на маќеата спрема пoсинокот престанува. Член 183
Пoсиноците се должни да го издржуваат својот очув, односно маќеата ако тие подолго ги
издржувале и се грижеле за нив. Ако очувот, односно маќеата имаат свои деца, обврската
на пoсиноците е заедничка со тие деца . Член 184 Лицата кои според овој закон се должни
меѓусебно да се издржуваат ја даваат издршката по оној ред по кој давателите на
издржувањето доаѓаат на наследство. Ако обврската за издржување паѓа на товар на
повеќе лица заедно, тогаш таа се дели меѓу нив според нивните можности. 2. Издржување
на брачен другар Член 185 Брачниот другар кој нема доволно средства за издржување и е
неспособен за работа или е без работа без своја вина, има право на издржување од својот
брачен другар сразмерно со неговите можности. Судот може, земајќи ги предвид сите
околности на случајот, да го одбие барањето за издржување ако издржување бара
брачниот другар кој злонамерно или без оправдани причини го напуштил својот брачен
другар. Член 186 Под условите од член 186 на овој закон необезбедениот брачен другар
има право да бара, со пресудата со која бракот се разведува, да му се досуди извесен износ
на име на издржување на товар на другиот брачен другар сразмерно со неговите
можности. По исклучок од одредбата од став 1 на овој член брачниот другар може со
посебна тужба, во рок од една година по престанокот на бракот, да бара издржување само
ако условите за издржување утврдени во член 185 од овој закон постоеле во моментот на
заклучувањето на главната расправа на постапката за разводот на бракот и непрекинато
траеле до заклучување на главната расправа во постапката за издржување. Член 187 Судот
може да го одбие барањето за издржување ако издржување бара брачен другар, кој без
сериозен повод од страна на другиот брачен другар, грубо и недолично се однесувал во
брачната заедница или ако неговото барање би претставувало очигледна неправда за
другиот брачен другар. Член 188 Судот може да го одбие барањето за издржување, ако
брачните другари во подолг период на одвоен живот, наполно самостојно, обезбедувале
средства за своето издржување или ако од околностите на случајот, се утврди дека
брачниот другар кој бара издржување, не е доведен во потешка материјална положба од
онаа во која се наоѓал во моментот на склучување на брак. Член 189 Правото на издршка
на необезбедениот поранешен брачен другар трае најмногу пет години по разводот на
бракот или по поништување на бракот. По барање на брачниот другар, судот може да го
продолжи правото на издржување и по истекот на рокот од став 1 на овој член, ако утврди
дека за тоа постојат оправдани причини, а особено ако необезбедениот брачен другар, ни
по истекот на тој временски период , не ќе биде способен самиот да се издржува. Член 190
Судот може обврската за издржување да ја определи да трае и помалку од пет години кога
постојат претпоставки дека барателот на издржувањето е во можност во догледно време
на друг начин да си обезбеди средства за издржување. Во случај кога бракот траел кратко
време судот може, ценејќи ги сите околности, да одлучи обврската за издржување да трае
определено време или барањето за издржување во целост да биде одбиено без оглед дали
барателот на издржувањето, во догледно време може да си обезбеди средства за
издржување, доколку тој не одгледува заедничко малолетно дете. Притоа судот посебно
ќе цени дали имотните прилики на брачниот другар се измениле во врска со склучување
на бракот. Во оправдани случаи судот може обврската за плаќање на издршката да ја
продолжи на неопределено време. Тужбата за продолжување на обврската за издржување
може да се поднесе само до истекот на времето за кое издржувањето е досудено. Член 191
Правото на поранешниот брачен другар на издржување престанува кога ќе престанат
условите од член 185 на овој закон, кога ќе истече времето за кое е досудено
издржувањето и кога поранешниот брачен другар кој добива издржување ќе склучи нов
брак, односно ќе стапи во вонбрачна заедница. Член 192 Во случај на поништување на
брак, брачниот другар кој во времето на склучувањето на бракот не знаел за причината за
ништавност може да бара на товар на другиот брачен другар да му се досуди издржување,
под условите под кои разведениот брачен другар може да го остварува правото на
издржување. Член 193 При одлучување за издржување на лице од вонбрачна заедница
соодветно се применуваат одредбите од овој закон што се однесуваат на издржување на
брачните другари. 3. Определување на издршка Член 194 При утврдување на потребата за
издржување на лицето, судот ќе ја земе предвид неговата имотна состојба, способноста за
работа, можноста за вработување, здравствената положба, како и другите околности од
кои зависи оцената за неговите потреби. Кога издршката се определува за дете, судот ќе ја
земе предвид и возраста на детето, како и потребите за неговото школување. При
утврдување на можностите на лицето кое е должно да дава издржување, судот ќе ги земе
предвид сите негови приходи и вистинските можности за стекнување на заработка и
неговите сопствени потреби и законски обврски по основ на издржувањето спрема други
лица. Член 195 Во спорот на родителите околу издржувањето на детето, судот како
придонес за издржување на детето на родителот на кого детето му е доверено на чување и
воспитание, ќе ги цени работата и грижата на тој родител кој ги внесува во воспитанието и
подигањето на детето. Член 196 Висината на издржувањето судот може да ја определи во
определен износ или во процент од остварениот личен доход, односно од приходите и
примањата остварени од вршење на друг вид дејност. Член 197 Центарот за социјална
работа може во име на малолетното дете да поведе спор за издржување, односно за
зголемување на издржувањето, кога родителот кај кого детето се наоѓа на чување и
воспитание, без оправдани причини, не го користи тоа право. Ако родителот не бара
извршување на досуденото издржување, центарот за социјална работа може во името на
малолетното лице да поднесе предлог за извршување. Член 198 Центарот за социјална
работа ќе настојува родителите да се спогодат за издржувањето на детето, односно за
зголемување на придонесот во издржување на детето кога тоа го бараат зголемените
потреби на детето или тоа го овозможуваат подобрените материјални прилики на
давателот на издржувањето. Член 199 Центарот за социјална работа може, со полномошно
на стари лица во нивно име да поведе и води спор за остварување на правото на
издржување спрема лицата кои според одредбите на овој закон се должни да ги
издржуваат. Член 200 Лицето кое е должно да дава издржување, освен за обврската на
родителот спрема малолетни деца, може по свој избор да плаќа определен паричен износ
на име на издржувањето или лицето да го земе на издржување кај себе или да му обезбеди
издржување на друг начин. Лицето кое има право на издржување може од оправдани
причини да бара издржувањето да му се обезбеди само во пари. Член 201
Заинтересираното лице може да бара судот да го зголеми, да го намали или да го укине
издржувањето досудено со поранешна правосилна пресуда ако се измениле околностите
врз основа на кои е донесена пресудата. Член 202 Давателот на издршката (орган,
организација, заедница или физичко лице) може од лицата кои според овој закон биле
должни да даваат издршка, со тужба да бара надоместок на сторените трошоци за издршка
на лицето, доколку тие биле оправдани. СЕДМИ ДЕЛ ИМОТНИ ОДНОСИ I . ИМОТНИ
ОДНОСИ НА БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ 1. Имот на брачните другари Член 203 Имотот на
брачните другари може да биде посебен и заеднички. Член 204 Имотот кој едниот брачен
другар го имал во времето на склучувањето на бракот претставува негов посебен имот.
Како посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што брачниот другар ќе го
добие по основа на наследство, легат и подарок, како и предметите стекнати во бракот, а
кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари,
доколку не претставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на
вкупниот заеднички имот. Секој брачен другар самостојно управува и располага со
посебниот имот, доколку брачните другари поинаку не се договорат. Член 205 Имотот кој
брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот претставува нивен заеднички имот.
Член 206 Правото на сопственост на брачните другари врз недвижности кои се нивен
заеднички имот, во смисла на член 205 од овој закон се запишува во јавните книги на
името на двајцата брачни другари како нивен заеднички имот. Ако во јавните книги како
споственик на заедничкиот имот е запишан само едниот од брачните другари, ќе се смета
дека уписот е извршен на името на двајцата брачни другари. Ако во јавните книги се
запишани двајцата брачни другари како сосопственици на определени делови, ќе се смета
дека на тој начин извршиле делба на заедничкиот имот. 2. Управување и располагање со
имотот Член 207 Брачните другари заеднички и спогодбено управуваат и располагаат со
заедничкиот имот. Со својот дел во заедничкиот имот брачниот другар не може
самостојно да располага, ниту да го товари со правно дело меѓу живите. Член 208
Брачните другари можат да се договорат управувањето и располагањето со заедничкиот
имот или со дел од него да го врши едниот од нив. Договорот може да се однесува на сите
работи на управување и располагање или само на редовното управување или на точно
определени работи. Кога не е поинаку договорено, управувањето опфаќа и располагање во
рамките на редовното работење. Секој брачен другар може да го раскине договорот за
управување или располагање со заедничкиот имот во секое време, освен кога со
раскинувањето очигледно му се нанесува штета на другиот брачен другар. Член 209 Во
вршењето на работите кои ги надоместуваат во рамките на редовното управување со
имотот потребна е согласност на другиот брачен другар, изразена во форма која се бара за
соодветното правно дело. Член 210 Ако за управувањето со заеднички имот или за
одделна работа во врска со управувањето, брачните другари не можат да се спогодат, а
ниту еден од нив не бара делба, судот во вонпроцесна постапка може на предлог на еден
од брачните другари, да определи потребни мерки кои се однесуваат на управувањето. 3.
Делба на зеднички имот Член 211 За време на траењето и по престанокот на бракот,
брачните другари можат спогодбено да го поделат зедничкиот имот или да побараат од
судот тој тоа да го стори. Со делбата на заедничкиот имот меѓу брачните другари
настанува режим на посебен имот. Член 212 Ако не дојде до спогодба, делбата на
заедничкиот имот, на барање на еден брачните другари ја врши судот во вонпроцесна
постапка. При утврдувањето на деловите на брачните другари во заедничкиот имот судот
тргнува од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари се дели на еднакви делови.
По барање на еден од брачните другари, судот може да му определи поголем дел од
заедничкиот имот, ако тој докаже дека неговиот придонес во заедничкиот имот очигледно
и значително е поголем од придонесот на другиот брачен другар. Член 213 При делба на
заедничкиот имот, на барање на брачниот другар во неговиот дел првенствено ќе се внесат
оние предмети од заедничкиот имот кои служат за вршење на неговиот занает, односно
дејност. Од заедничкиот имот ќе се издвојат и ќе му се предадат на брачниот другар,
покрај неговиот дел и оние предмети стекнати со работа во текот на брачната заедница,
кои служат исклучиво за негова лична употреба. Ако вредноста на предметите од
ставовите 1 и 2 на овој член е несразмерно голема во однос на вредноста на сиот
заеднички имот ќе се изврши делба и на тие предмети, освен ако брачниот другар кој овие
предмети би требало да ги добие не ја надомести на другиот брачен другар соодветната
вредност или на другиот брачен другар, со негова согласност, не му отстапи други
предмети. Член 214 На брачниот другар на кого му се доверени заедничките деца на
чување и воспитание му се даваат, покрај неговиот дел , и предметите кои им служат на
децата или се наменети само за нивна непосредна употреба. При делбата на заедничкиот
имот на брачниот другар на кого се доверени заедничките деца на чување и воспитание му
се доделуваат и оние предмети за кои е очигледно дека е во интерес да бидат во посед и во
сопственост на брачниот другар на кого децата му се доверени. Член 215 Ако при делбата
на заедничкиот имот се утврди дека на еден од брачните другари му припаѓа значително
помал дел, судот може на барање на еден од брачните другари да определи, тој дел на тој
брачен другар, да му се надомести во пари. 4. Одговорност за долговите спрема трети
лица Член 216 За обврските што еден брачен другар ги имал пред склучување на бракот,
како и за обврските што ќе ги прими по склучувањето на бракот, не одговара другиот
брачен другар. Брачните другари одговараат солидарно за обврските што едниот брачен
другар ги примил спрема терти лица за намирување на тековните потреби на брачната
заедница, како и за обврските што според општите прописи ги товарат обата брачни
другари. Брачниот другар кој од својот посебен имот ја исполнил солидарната обврска
има право да бара другиот брачен другар да му го надомести делот на обврската што паѓа
на него. Член 217 Подароците што брачните другари ги направиле еден на друг пред
склучувањето на бракот или во текот на бракот не се враќаат. II . ИМОТНИ ОДНОСИ НА
ВОНБРАЧНИ ДРУГАРИ Член 218 Имотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во
вонбрачна заедница се смета за нивeн заеднички имот. При делбата на тој имот соодветно
се применуваат одредбите за делба на заедничкиот имот на брачните другари. III .
ИМОТНИ ОДНОСИ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА Член 219 Малолетни деца можат да
имаат свој имот кој ќе го стекнат на со закон определен основ. Со тој имот, освен со оној
што малолетникот го стекнал со работа, до неговото полнолетство управуваат и
располагаат родителите на малолетникот, на начин утврден со овој закон. Член 220 Ако
родителите не живеат заедно, со имотот на детето управува родителот со кого детето
живее, ако центарот за социјална работа на предлог на другиот родител, не одлучи
поинаку. Член 221 Приходите од имотот на своето дете родителите можат да ги
употребуваат првенствено за негово издржување, воспитание и образование, како и за
неопходните потреби на семејната заедница, доколку сами немаат доволно сопствени
средства. Родителите можат со одобрение на центарот за социјална работа да го отуѓат
или оптоварат имотот на своето дете заради негово издржување, воспитание и
образование или ако тоа го бараат некои други интереси, како и кога тоа го бараат
неопходни потреби на семејната заедница. ОСМИ ДЕЛ СУДСКИ ПОСТАПКИ I .
ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ Член 222 Во постапките во кои судот одлучува во брачните,
семејните и други спорови од овој закон како и за насилството во бракот и семејството се
применуваат одредбите на Законот за процесната постапка и Законот за извршната
постапка, ако со овој закон не е поинаку определено. Член 223 Во споровите од член 222
на овој закон, кога странките имаат заеднички малолетни деца или деца над кои е
продолжено родителското право, и во случај на семејно насилство постапката е итна. Член
224 Во постапките од член 222 на овој закон јавноста е исклучена како на рочиштето за
главна расправа, така и на рочиштето за обид за мирење. По исклучок, претседателот на
советот, може да дозволи на рочиштето за главна расправа да присуствуваат научни и
јавни работници, кои се занимаваат со проблемите на бракот и семејството, како и лица
кои странките ќе ги предложат. Претседателот на советот може во согласност со
странките да дозволи присуство на лицата од став 2 на овој член и на рочиштето за обид
за мирење. Член 225 Во споровите од член 222 на овој закон не е дозволено изречување на
пресуда поради изостанок или пресуда врз основа на признание или пресуда врз основа на
откажување, а е исклучено и судско порамнување, освен во споровите за издршка. Член
226 Во споровите од член 222 на овој закон, постапката во прв степен ја води и одлуките
ги донесува совет составен од еден судија и двајца судии поротници, а во втор степен,
совет од тројца судии. Во постапката за спогодбен развод на брак може одлука да донесе и
судија поединец под условите определени со овој закон. Член 227 Кога судот одлучува по
вонреден правен лек, одлучува во совет од пет судии. II. ПОСТАПКА ВО БРАЧНИ
СПОРОВИ Член 228 Во брачните спорови покрај судот од општа месна надлежност,
месно надлежен е и судот на чија територија брачните другари имале последно заедничко
живеалиште. Член 229 Процесната постапка во брачните спорови се поведува со тужба.
Ако брачните другари бараат бракот да се разведе по заемна согласност, процесната
постапка се поведува со тужба со спогодбен предлог за развод на бракот. Член 230
Правото на тужба за поништување на бракот и за развод на бракот не преоѓа на
наследниците. Наследниците од умрениот брачен другар кој ја поднел оваа тужба можат
да бараат утврдување дека тужбата за поништување, односно за развод на бракот била
основана. Барањето од став 1 на овој член може да се истакне во процес кој е веќе
започнат од умрениот брачен другар, ако од неговата смрт не поминало повеќе од шест
месеци. По истекот на овој рок постапката се запира. Одредбите од ставовите 1 и 2 на овој
член соодветно ќе се применуваат и кога постапката е покрената по предлог за спогодбен
развод на брак. Член 231 Ако брачниот спор се поведува преку полномошник, во
полномошното треба да биде назначено видот на тужбата и причините поради кои
тужбата може да се поднесе. Член 232 За лицата од член 18 ставови 1 и 2 на овој закон,
тужба може да поднесе неговиот старател само по претходна дозвола од центарот за
социјална работа. Член 233 Тужениот може од своја страна да поднесе тужба за
поништување на брак или за развод на брак кај судот кај кој е тужен (противтужба).
Одлуките за двете тужби ќе се донесат со една пресуда. Член 234 Во споровите за развод
на брак тужителот може да ја повлече тужбата до заклучување на главната расправа без
согласност на тужениот, а со согласност на тужениот додека постапката правосилно не е
завршена. Откажување од тужбеното барање има правно дејство како повлекување на
тужба. Член 235 Кога тужителот ја повлекол тужбата согласно со член 234 на овој закон,
судот ќе донесе решение со кое тоа ќе го утврди. Ако тужбата е повлечена по донесување
на првостепена пресуда, првостепениот суд со решение ќе констатира дека тужбата е
повлечена, дека пресудата е без правно дејство и дека постапката се запира. Изјавата за
повлекување на тужбата се упатува до првостепениот суд и кога постапката, по правен
лек, е во тек. Во таков случај првостепениот суд ќе ги побара списите од второстепениот
суд и ќе донесе решение во смисла на став 2 на овој член. Ако изјавата за повлекување е
дадена пред повисокиот суд, тој суд ќе му ја достави заедно со списите на надлежниот
првостепен суд. Против решението од став 2 на овој член странките имаат право на жалба.
Член 236 Предлогот за спогодбен развод на брак, брачните другари можат да го повлечат
се додека постапката правосилно не е завршена. Ќе се смета дека предлогот е повлечен и
тогаш кога од предлогот ќе се откаже еден од брачните другари. Предлогот за спогодбен
развод на брак може да се повлече со поднесок или на записник пред судот. Во случаите
од став 1 на овој член судот донесува решение за запирање на постапката. Ако постапката
се води пред второстепениот суд се применува одредбата од став 2 на член 235 од овој
закон. Член 237 По приемот на тужбата за развод на брак или на предлогот за спогодбен
развод на бракот, пред доставувањето на тужбата на тужениот, се спроведува постапка за
мирење на брачните другари. Постапката за мирење на брачните другари нема да се
спроведе ако: 1. еден од брачните другари е неспособен за расудување; 2. еден или обата
брачни другари живеат во странство; 3. едниот брачен другар е со непознато место на
живеење подолго од шест месеци и 4. по противтужба за развод на брак, без оглед кога е
таа поднесена, а обидот за мирење на брачните другари по тужбата завршил безуспешно.
Ако брачните другари имаат заеднички малолетни деца или деца над кои е продолжено
родителското право, постапката за мирење ја спроведува центарот за социјална работа. Во
случаите од став 3 на овој член, судот во рок од осум дена доставува писмено известување
до центарот за социјална работа, со податоци кога постапката за развод на брак е
поведена, основните причини поради кои се бара развод на бракот и податоци за децата.
Центарот за социјална работа е должен во рок од три месеци од приемот на
известувањето, да ја заврши постапката за мирење на брачните другари. Ако брачните
другари немаат заеднички малолетни деца или деца над кои е продолжено родителското
право, постапката за мирење на брачните другари ја спроведува судот, ако истиот не
оцени дека е целисходно мирењето да се отстапи на центарот за социјална работа.
Постапката за мирење на брачните другари пред центарот за социјална работа се уредува
со закон. Член 238 Кога постапката за мирење на брачните другари ја спроведува судот,
претседателот на советот закажува посебно рочиште. Рочиштето за мирење се одржува
само во присуство на претседателот на советот, без присуство на записничар. Член 239
Рочиштето за обид за мирење е посебно рочиште и тоа не смее да се спои со рочиштето за
главна расправа. Член 240 На рочиштето за обид за мирење се повикуваат двајцата брачни
другари лично да присуствуваат. Ако постапката за развод на брак е поведена со тужба, а
еден или двајцата брачни другари, уредно поканети, не дојдат на рочиште за обид за
мирење, ќе се смета дека мирењето не успеало. Ако постапката е поведена со предлог за
спогодбен развод на бракот, а еден или двајцата брачни другари не дојдат на рочиште за
обид за мирење, а не го оправдаат своето отсуство, ќе се смета дека предлогот бракот да се
разведе по заемна согласност е повлечен. Во поканата за рочиштето за мирење ќе се
наведе дека ќе настанат последици од ставоите 2 и 3 на овој член. Член 241 Ако на
рочиштето за обид за мирење не дојде до помирување на брачните другари, а се оцени
дека има изгледи да дојде до помирување, односно дека не е добиено цврсто уверување
дека натамошното мирење е залудно, може да се определи ново рочиште за обид за
мирење. Член 242 При обидот за мирење ќе се настојува да се испитаат причините што
довеле до поведување на постапка за развод на бракот, ќе се обиде да се измират брачните
другари, а по потреба ќе им се препорача да се обратат на предбрачното и брачното
советувалиште или друга установа која може да им даде потребен совет. Член 243 Кога ќе
оцени дека тоа е во интерес на мирењето, претседателот на советот може да води разговор
одделно со секој брачен другар. Член 244 На рочиштето за обид за мирење, како и во
текот на целата постапка за развод на брак, судот соработува со центарот за социјална
работа. Член 245 За одржаното рочиште за мирење претседателот на советот составува
службена белешка. Член 246 Ако обидот за мирење не успее, претседателот на советот,
закажува рочиште за главна расправа и на тужениот му ја доставува тужбата за развод на
брак, укажувајќи на присутната странка на последиците од недоаѓање утврдени во член
254 од овој закон. Член 247 Во поканата за рочиште за главна расправа ќе се наведе, дека
за тужителот ќе настанат последици од член 254 на овој закон ако не дојде на првото
рочиште за главна расправа. За недоаѓање на наредните рочишта ќе се применат
одредбите за мирување на постапката согласно со Законот за процесната постапка. Член
248 Претседателот на советот не мора да закаже рочиште за главна расправа ако мирењето
не успеало, а е поведена постапка за развод на брак со предлог за спогодбен развод на
брак на брачни другари кои немаат заеднички деца. Во случај од став 1 на овој член,
претседателот на советот, откако ќе утврди дека брачните другари, заемната согласност за
развод на бракот ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо, донесува пресуда со која
бракот ќе го разведе. Член 249 Ако во бракоразводниот спор се решава за чување,
издржување и воспитание на децата, судот ќе го повика центарот за социјална работа да
учествува на рочиштето заради заштита на интересите на децата и ќе му ги достави сите
одлуки донесени во таа постапка. Во постапката од став 1 на овој член центарот за
социјална работа ќе даде предлог за чување, издржување и воспитание на децата, а може,
во границите на овој предлог, да изнесува нови факти и докази што странките не ги
навеле, да вложува правни средства и да презема други процесни дејства во интерес на
децата. Член 250 Имотните спорови меѓу брачните другари освен споровите за
издржување не може да се решаваат заедно со бракоразводниот спор. Член 251 Во текот
на постапката за бракоразводните спорови судот може со решение да определи
привремени мерки заради давање издршка на заедничките деца и за нивно доверување на
чување и воспитание. Привремените мерки од став 1 на овој член можат да се определат
по службена должност, по предлог на една од странките, како и на предлог на центарот за
социјална работа. Привремените мерки од став 1 на овој член судот може да ги определи и
во корист на брачниот другар, по негов предлог. Жалбата против решението од ставовите
1, 2 и 3 на овој член не го задржува извршувањето на решението. Член 252 Привремените
мерки траат до правосилното завршување на постапката, но судот може по службена
должност или по барање на една од странките нив да ги менува. Член 253 Кога бракот се
разведува по заемна согласност на брачните другари, а брачните другари имаат малолетни
или полнолетни деца над кои е продолжено родителското право, спогодбата од став 2 на
член 39 од овој закон за начинот на вршењето на родителските права и за доверување на
децата на чување и воспитание, се поднесува писмено или усно во записник кај
надлежниот првостепен суд. Ако кон предлогот за спогодбен развод на брак, не е
доставена и спогодбата од став 1 на овој член, судот ќе постапи согласно со одредбите од
Законот за процесната постапка за неуредни поднесоци. Член 254 Ако тужителот, односно
неговиот полномошник не дојде на првото рочиште за главната расправа, ќе се смета дека
тужбата за развод на брак е повлечена. За недоаѓање на странките на наредните рочишта
ќе се применуваат одредбите од Законот за процесната постапка за мирување на
постапката. Член 255 Кога постапката за развод е поведена по предлог за спогодбен
развод, па на рочиштето за главна расправа изостане еден или двајцата брачни другари, а
не го оправдале изостанокот иако се уредно поканети, ќе се смета дека предлогот е
повлечен. Член 256 При оцена на спогодбата на брачните другари судот е должен да
прибави мислење од центарот за социјална работа и доколку оцени дека спогодбата е
спротивна на интересите на децата, ќе донесе своја одлука. Центарот за социјална работа е
должен во рок од 15 дена од приемот на барањето од судот да даде мислење во смисла на
став 1 од овој член. Мислење од став 1 на овој член судот ќе прибави од центарот за
социјална работа и во споровите кога се бара развод на брак со тужба. Член 257 Фактите
врз кои странките го засноваат тужбеното барање во брачниот спор, а странките во спорот
имаат заеднички малолетни деца и кога тие факти се однесуваат на децата, судот може да
ги утврдува и кога тие не спорни меѓу странките. Судот не смее да се впушти во
испитување на вистинитоста на другите факти за кои дознал од исказот на странките или
на друг начин, а кои би можеле да претставуваат друга бракоразводна причина како
основа на тужбата. Член 258 Доколку бракот се разведува по предлог за спогодбен развод
на брак образложението на пресудата содржи само констатација дека брачните другари
својата согласност за развод на брак ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо. Член
259 Пресудата со која се разведува бракот по предлог за спогодбен развод на брак може да
се побива: 1. поради суштествена повреда на одредбите на процесната постапка од член
354 став 2 на Законот за процесната постапка; 2. поради погрешна примена на
материјалното право и 3. поради тоа што предлогот за развод на брак по заемна
согласност бил даден во заблуда, под влијание на сила или закана и во случај ако за
донесување на ова пресуда не постоеле услови одредени со овој закон. Против
првостепената пресуда од став 1 на овој член странките можат да изјават жалба во рок од
15 дена. Жалбата во која се изнесени причините поради кои жалба не може да се изјави ќе
се отфрли како недозволена. Против одлуката на второстепениот суд од став 1 на овој
член не е дозволена ревизија. Член 260 Ако со правосилна пресуда бракот е разведен или
поништен, одлуката за рзвод на брак, односно поништување на брак не може да се побива
со вонредни правни лекови. Член 261 Одредбите од членовите 251, 252 и 256 ќе се
применуваат и на споровите со кои се бара поништување на бракот. III. ПОСТАПКА ВО
СПОРОВИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ И ОСПОРУВАЊЕ НА ТАКОВСТВОТО И
МАЈЧИНСТВОТО Член 262 Во споровите за утврдување или оспорување на татковство
или мајчинство, малолетното дете може да поднесе тужба или пред судот од општа месна
надлежност или пред судот на чие подрачје има живеалиште, односно престојувалиште.
Пред судот на своето живеалиште, односно престојувалиште детето може да поднесе
тужба и по полнолетството, но само доколку тужениот нема живеалиште, односно
престојувалиште на територијата на Република Македонија. Одредбите од став 1 на овој
член се применуваат и во случаите кога детето поднесува тужба заедно со друго лице.
Член 263 Како странки во спорот за утврдување на татковство се лицето чие татковство се
утврдува, детето и мајката на детето, а центарот за социјална работа само кога согласно со
одредбите на овој закон е овластен да поведе постапка за утврдување на татковство. Како
странки во спорот за оспорување на татковство се лицето кое го оспорува татковството,
лицето чие татковство се оспорува, детето и мајката на детето. Кога татковството го
оспорува мажот на мајката од подоцнежниот брак, како странка во постапката е и мажот
на мајката од поранешниот брак. Член 264 Ако со тужбата за утврдување и оспорување на
татковство како тужители и тужени не се опфатени сите лица кои мораат да бидат странки
во постапката, судот ќе го подучи тужителот да го тужи и лицето кое со тужбата не е
опфатено или да го повика лицето да се приклучи кон тужбата како нов тужител. Ако
тужителот во рокот што ќе го одреди судот не ја прошири тужбата на сите лица кои
мораат да бидат странки во постапката или ако тие лица не се приклучат кон тужбата,
судот по тужбата ќе постапи согласно со одредбите од Законот за процесната постапка за
неуредни поднесоци. Член 265 Странките кои во тужбата за оспорување и утврдување на
татковството или мајчинството се означени како тужители или тужени се единствени
сопроцесници. Кога тужбата ја поднесува овластено лице во законски рок, на тужбата
може да и се придружи и лице на кое му истекнал рокот за поднесување на тужба. Член
266 Ако детето и родителот, кој по законот го застапува детето, имаат спротивни
интереси, центарот за социјална работа ќе му постави на детето старател за посебни
случаи. Член 267 Во споровите за утврдување или оспорување на татковството ќе се
применуваат одредбите на членовите 234 став 2, 251 и 252 од овој закон. Во споровите за
утврдување на мајчинството соодветно ќе се применуваат сите одредби како во споровите
за утврдување или оспорување на татковството. Член 268 Ако во спорот за утврдување на
татковството, тужениот го признае татковството, постапката се запира, а судот ќе постапи
согласно со член 51 став 2 на овој закон. Член 269 Постапката за оспорување на
мајчинството се води одделно од постапката за утврдување на мајчинствто. По исклучок
од став 1 на овој член доколку постапката ја поведува жената која се смета за мајка на
детето се води единствена постапка. Член 270 Одредбите од член 257 на овој закон се
применуваат и во споровите за утврдување и оспорување на татковството и мајчинството
и за поништување на татковството утврдено со признание. Член 271 Во споровите за
утврдување и оспорување на татковство и мајчинство, против правосилна пресуда е
дозволена ревизија. IV . ПОСТАПКА ВО СПОРОВИ ЗА ДОВЕРУВАЊЕ НА ДЕЦА НА
ЧУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ Член 272 Во постапката заради доверување на деца на
чување и воспитание судот не е врзан со барањата на странките. Член 273 Против
второстепената одлука за доверување на деца на чување и воспитание е дозволена
ревизија. Кога одлуката за доверување на деца за чување и воспитание се донесува во
брачен спор, правните последици од оваа одлука настануваат оној ден кога ќе настанат и
правните последици од пресудата со која се утврдува дека бракот не постои или се
поништува или се разведува. V . ПОСТАПКА ВО СПОРОВИТЕ ЗА ИЗДРЖУВАЊЕ Член
274 Со пресудата со која бракот се поништува или се разведува, судот ќе донесе одлука за
издржување на лицата утврдени во член 179 од овој закон. Член 275 Одлука за
издржување на детето судот може да донесе и во спорови за утврдување или оспорување
на татковство или мајчинство, кога донесувањето на оваа одлука, со оглед на исходот на
спорот и околностите на случајот, е можно и потребно. Член 276 Во спорот за издржување
нема да се применуваат одредбите од Законот за процесната постапка кои се однесуваат
на постапката во спорови од мала вредност. Член 277 Во споровите за издржување на
малолетно дете или полнолетно дете над кое е продолжено родителското право се
применува одредбата од член 272 на овој закон. Член 278 Жалбата изјавена против
одлуката на судот во споровите за издржување не го задржува нејзиното извршување.
Член 279 Во споровите за издржување е дозволена ревизија. V-а Постапка за изречување
на привремена мерка за заштита од семејно насилство Член 279-а Во постапките за
изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство одлучува судија
поединец. По приемот на барањето од членот 94-е на овој закон, судот закажува рочиште.
Член 279-б Во постапката од членот 279 -а на овој закон јавноста е исклучена. Член 279-в
Судот по барањето на центарот за социјална работа за изречување на привремена мерка од
членот 94-е на овој закон ќе постапи веднаш и во рок од седум дена од денот на приемот
на барањето ќе донесе одлука. По исклучок од ставот 1 на овој член, судот ќе донесе
одлука во рок од три дена од денот на приемот на барањето доколку постои основано
сомнение дека постои сериозна опасност по живот и здравјето на член од семејството.
Член 279-г На рочиштето се присутни извршителот и жртвата на семејното насилство и
претставник од центарот за социјална работа. По оцена на судот, може да бидат повикани
и други лица. Член 279-д Привремената мерка за заштита од семејно насилство може да
трае најмногу една година. Судот може да побара известување од центарот за социјална
работа за спроведување на изречената мерка. Член 279-ѓ Судот по предлог на центарот за
социјална работа, може да ја продолжи, укине или измени одлуката. Член 279-е Примерок
од одлуката судот доставува до странките и центарот за социјална работа, јавното
обвинителство и органот за прогон. Член 279-ж Жалбата изјавена против одлуката на
судот не го задржува нејзиното извршување. V-б Казнени одредби Член 279-з Со парична
казна од 5.000 до 10.000 денари ќе се казни за сторен прекршок тој што нема да постапи
согласно со обврските од членот 94-г став 3 на овој закон. Со парична казна од 100.000 до
2000.000 денари ќе се казни за сторен прекршок и правното лице што нема да постапи
согласно со обврските од членот 94-г став 3 на овој закон. Со паричната казна од ставот 1
на овој член ќе се казни за прекршок и одговорното лице во правното лице од ставот 2 на
овој член. VI . ПОСТАПКА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ Член 280 За одлучување по предлогот за
извршување на одлуката на судот со која се наложува да се предаде детето на родителот
или на друго лице, односно установа на која детето е доверено на чување и воспитание,
месно надлежен е судот според местото на живеење или престојување на родителот кој го
бара извршувањето, како и судот на чија територија се наоѓа детето. За спроведување на
извршувањето месно надлежен е судот на чија територија се затекнало детето. Член 281
При спроведувањето на присилно извршување судот води сметка за итноста на постапката
и за потребата да се заштити личноста на детето. Судот, откако ќе ги оцени сите
околности на случајот, ќе одлучи дали извршувањето ќе го спроведе со изрекување на
парична казна против лицето кај кого се наоѓа детето или со одземање на детето од тоа
лице. Ако целта на извршувањето не може да се постигне со изрекување и извршување на
одлуката за парична казна, извршувањето ќе се спроведува со одземање на детето од
лицето кај кого детето се наоѓа и со предавање на детето на родителот, односно друго
лице или установа на која тоа е доверено на чување, одгледување и воспитание. Во
постапката за извршување судот ќе побара помош од центарот за социјална работа. VII .
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 282 Подзаконските прописи предвидени со овој
закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 283 Управните и судските постапки покренати пред влегувањето во сила на овој
закон ќе продолжат според одредбите од овој закон. Член 284 Старателите поставени
според досегашните прописи продолжуваат да работат според одредбите од овој закон.
Член 285 Со влегување во сила на овој закон престануваат да важат: Законот за брак
(“Службен весник на СРМ” број 35/73, 28/74 и 13/78), Законот за односите на родителите
и децата (“Службен весник на СРМ” број 5/73, 17/73), Законот за посвојување (“Службен
весник на СРМ”, број 5/73, 17/73), Законот за старателство (“Службен весник на СРМ”
број 5/73) и Законот за посебни процесни постапки во семејните спорови (“Службен
весник на СРМ” број 13/78). Подзаконските прописи донесени врз основа на законите од
став 1 на овој член ќе се применуваат до донесувањето на прописите од член 282 на овој
закон. Член 286 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија”. Член 36 Подзаконските прописи предвидени
со овој закон ќе се донесат во рок од три месеца од денот на влегување во сила на овој
закон. Член 37 Комисијата од членот 3 на овој закон се формира во рок од три месеца од
денот на влегување во сила на овој закон. До формирање на Комисијата од ставот 1 на
овој член, работите од посвојувањето кои се однесуваат на приемот на барањата и водење
на постапката за посвојување ќе ги врши центарот за социјална работа. Член 38
Постапките за посвојувањето започнати пред денот на влегување во сила на овој закон ќе
продолжат според одредбите на овој закон. Член 39 Центарот за социјална работа ќе
изврши достава на предметите од членот 38 на овој закон до Комисијата заради упис во
регистарот на можни посвоители и регистарот на можни посвоеници во рок од 30 дена од
денот на формирањето на Комисијата. Член 40 Се овластува Законодавно-правната
комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот
за семејството. Член 41 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето
во “Службен весник на Република Македонија”.

СТАРАТЕЛСТВО

Поим

Старателството е институт чија основна цел е заштита на лицата на кои таа им е

неопходна, малолетни деца лишени од родителска грижа и полнолетни лица кои заради
својатаздравствена состојба не се во можност да се грижат за заштита на своите интереси
и права. Старателството го сочинуваат норми со кои се овозможува организирана
општетсвена заштитана сите категории граѓани на кои им е потребна. Основна задача и
цел на старателството била и останува заштита на личноста и имотните права на лицата
кои поради вораста а некои и заради нарушената здравствена и ментална состојба не се во
можност да се грижат за себе и за своите интереси и права.

Тоа е со закон регулирана заштита која државата ја дава на наведената категорија на

граѓамни. Може да се јави во различни видови и тоа: старателство врз малолетници, врз
лица лишени од деловна способност и старателство за посебни случаеви.
Цеите зависат од видот на заштитата која е потребна за одредена категорија која се става
под старателство. Кога под старателство се става малолетно лице тоа е со цел заштити
згрижување на детето, негово оспитување, образование и оспособување за самостоен
живот. Кај полнолетни лица лишени од деловна способост целта е грижа за нивната
личност и за имот.а кај старателство за посебни случаеви се сведува на заштита на
одредени интереси и права на лицата кои се ставаат пос старателств.

Начела на старателското право

1. Начело на општетсвен карактер на стар. Право

Старателството кај нас е организирано какко оппштетсвена институција па во
однос на тоа и сите работи поврзани со тоа ги извршува орган на старателство кој е
државен кој својата функција не ја извршува секогаш непосредно туку за тоа може
да постави старател чија работа ја следи.Старателскиот орган води сметка за
интересите на лицето кое е ставено под старетелство, што значи дека семејството
нема никакво влијание. И друг значаен аргумент е тоа дка средствата од кои се
финансира органот за старателство се општетсвени.
2. Начело на посебна општетствена заштита на лицата под старателство
Произлегува од уставот и законот за семесјтво согласно кои е задолжително да се
обезбеди посебна заштита на малолетни деца лишени од родителска гриѓа како и
на оние полнолетни лица кои не се во состојба да се грижат за себе и за заштита на
своите права но и на други кои од било кои причине нам можат да се грижат за
себе и своите права.
3. Начело на првенство на заштита на личноста на штитеникот
Заштита на личноста ставена под старателство под што се подразбира целосна
заштита во која најпрво се внимава на личната заштита на штитеникот а потоа и на
имотните права и интереси.

Организација на старателството
Зада може да ги исполни задагите предвидени во уставот и семејната регулатива
мора да биде организирано на соодветен начин. Од една страна тоа мора да ги
следи состојбите на општетсвото кои се одвиваат во таа сфера а од друга страна да
се труди да ги обезбеди условите за реализирање на своите задачи за да ја оствари
својата функција. Затоа сите функции се извршуваат преку надлежниот орган за
старателство во кој се вклучени авторитетни стручни тимови составенио од
социјални работници, социолози, психолози, правници.

Орган на старателство
Стварна надлежност
Врз основа на ставраната надлежност земјите може да се групираат во три групи.
Во првата група спаѓаат оние каде влијание има традиционалниот концепт на
старателство и каде смесјтвото има значајна улога.Кај нив судијата го избира
семесниот совет од редовите на семејството кој во суштина го има и главниот збор
за определување на старател.(Франција, Белгијаидр)
Втората група ја сочинуваат законодавства а земјите каде главен е зборот на
старателскиот суд кој е надлежен за оваа сфера (Германија, Австрија идр). А
третата се земји кои како стварно надлежен орган го определуваат органот на
власта односно управниот орган. (земјите од поранешна СССР).
На просториите на поранешна ЈУгославија во чии рамки спагала и нашата држава
ккао огран за старателство се јавува центарот за социјални работи, општинскиот
орган на управа надлезен за социјални прашања и други органи кои ќе ги определи
општинското собрание.Кога зборуваме за стварана надлежост на старателски орган
го имаме во предвид неговотио значење во потесна смисла.
Месна надлежност
Месната надлежност се остварува според постојаното местото на живеење на
лицето кое се става под старателство. Доколку лицето нема постојано место на
живеење се определува според местото на престојувалиште. Промените на местото
на претсојувалиште не влијаат врз промена на личноста на старател и мерките кои
се превземени.
Организација на стартелството и старателскиот орган во РМ
Според законот за семејство во РМ надлежен е ЦСР. Неговата надлежност се
определува според местото на живеење или престојување, во моментот кога
натанале услови за лицето да биде ставено под старателство. ЦСР има широк
дијапазон на надлежности и активности а често користи и услуги на здравствени,
воспитно образовни и др. Установи. Во надлежнот на ЦСР влегуваат следните
ингеренции: Решава за ставање на лице под старателство, за поставување или
разречување на старател неговите овластувања, за правата и интересите на лицето
под старателство какои за претсанок на старателството. Не се врзува за енаш
донесено решение. Во зависнот од условите во кои лицето се наога може да го
промени. Решенијата ги носи според законот за општа управна постапка.

Дејност на органот за старателство

Активностите на ЦСР можат да се поделат на две групи. Во првата спаѓаат оние
кои ги врши какко старателски орган (во потесна смислам на зборот) а во втората
во рамките на законот за заштита на семејството воопшто, заштита на малолетници
и категорија на полнолетни лица врз основа на други одредби од законот за
семејство во која има широк спектар на социјални и општетствени активности.

Непосредно и посредно извршување на старателските работи

Непосредно- старателскиот орган сам ја извршува работата без да назначува
старател но и тогаш треба да се донесе решение во кое ќе биде наведено лице кое
ќе ги извршува работите.Под посредно извршување на старателската функција
старателскиот орган со посебно решение назначува старател кој добива улога на
еден вид посредник помеѓу лицето ставено под старателство и ЦСР. За својата
работа старателот дава отчет пред ЦСР.
Постапка за ставање под старателство
Постапката итна и се поведува е по службена должност или по барање на
заинтересирани лица.Притоа најважно е ЦСР да с направи проценка на потребата
лицето да се стави под старателство. Врз основа н атоа Законот јасно предвидел
дека доколку се појави потреба за некое лице да се стапи под тарателство или врз
него да се примени некој облик на социјална заштита треба да се извести ЦСР, тоа
може да го направи матичарот или државните органи кога обавувајќи ја својата
работа дошле до такво сознание, роднини или членови на соседството,
претпријатија, установи и др.организации и заедници. При тоа ЦСР реагира и во
зависност од околностите го определува обикот на заштита. Во донесувањето на
својата оценка ги има во предвид интересите на лицето кое се става под
старателство и интересите на неговото семејство.
Приговор за работата на старателот и за работата на ЦСР
Кога се работи се греши, во работата на ЦСР можни се пропусти а од работата на
старателот лицето ое е под старатлство најдиректно може да ги почувствува
последиците. Па зато следствено на тоа може да се поднесе приговор кој може да
го поднесат и други физички и правни лица доколку лицето кое е под старателство
тоа не може да го направи.Кога се поднесува приговор против старателот тој се
поднесува до ЦСР кое е надлежно да ги испита наведените факти и доколку утврди
дека се основани може да определи мерки за да се исправат грешките на старателот
но може и да донесе решение за поставување на нов старател. Кога приговорот се
однесува на работата на ЦСР тој се поднесува до Министерството за труд и
социјална политика како второстепен орган кое откако ќе ги испита наводите ќе
донесе упатста по кое ќе треба да постапи првостепениот орган и со решение да го
информира второстепениот.
Доста често како прашање се наметнуваат материјалните средтсва кои се потребни
за да се реализира старателството па согласно нашиот закон за семејство
трочоците кои настанале во интерес на лицето кое е под старателство можат да се
покријат од приходите на лицето кое е под старателство, средствата кои ги добива
од лица кои се должни да го издржуваат лицето кое е под старателство, имотот на
лицето, од средства доколку остварува социјална заштита и други извори. ЦСР
исто така е должно да води евиденција за лицето ставено под старателство во која
се внесуваат сите мерки како и податоците за имотот.
Старател
Поим
Старател е лице кое непосредно се грижи за личноста и имотните права и интереси
на лицето ставено под старателство. Законот за семесјтво кои својстав и услови
треба да бидат исполнети за едно лице да се јави како старател. Во нашето
законодавство прифатено е дека првенство имаат блиски роднини на лицето
доколку ги исполнуваат условите за вршење на функцијата и доколку се согласат
да прифатат. Тоа значи дека тие најдобро ги познаваат потребите и навиките и
воопшто сите околности на лицето кое се става под старателство, што е несомнена
претпоставка за успешно извршување на старателската функција. Истои така кон
тоа придонесува и желбата на лицето кое се става под старателство доколу е во
состојба да ја изрази но и на блиските роднини.
Според нашиот закон старатели не можат да бидат: лице на кое му е одземено
родителското право, лице со одземена или органичена деловна способност, лица
чии интереси се о спротивност со интересите на лицето под старателство и лице
кое со оглед на сегашното и поранешно поведение и лични својства и односите со
лицето под старателство не може да се очекува дека правилно ќе ја врши својата
старателска фукнција. Може да се случи едно лице да биде поставено за старател
на повеќе лица доколју со тоа се согласи лицето кое се става за старател исто така
да се согласат и лицата кои се ставаат под старателство и истото да не е во
спротивност со интересите на некое од тие лица ставени под старателство. Во
некои случаи се врши органичување на овластувањата на старателот каде има
поделена надлежност со ЦСР и имаме комбинирано вршење на старателската
функција.

Должности и овластувања на старателот

Се определува во решение кое го изготвува ЦСР. ЦСР претхпдно ќе го запознае
старателот со прават и должностите како и со други податоци важни за вршење на
функцијата и ќе му издаде исправа на која се внесени неовите права и
должности.Најважна задача е старателот совесно да се грижи за правата и
интересите на лицето ставено под старателство. Најважно е старателот совесно да
управува со имотот на лицето . Старателот не може без дозвола од ЦСР да
превзема активноси кои ќе му нанесат имотна штета. Не смее да дава подароци
ниду да прави други располагања без надомест и не може да го става лицето под
старателство како гарант.
Кога лцето под старателство поседува имот ЦСР донесува решение за да се изврши
попис и процека на имотот и негово предавање на управување кај старателот.
ЦСР именува комисија која го споверува пописот и проценката во присуство на
старателот и лицето доколку е способно да присуствува по што се донесува
решение во кое се наведуваат ингеренциите на старателот и на цср. За да не се
загрози имотната сигурност на лицето ставено под старателство ЦСР може да
побара посебни мерки за обезбедување на имотот. Во таа смисла ќе изврши попис и
проценка на имотот и други мерки на бебедност а во некои случаи може да побара
од судот да внесе забелешка во јавните книги за евиденција на недвижности. Во
случај кога имотот на лицето под старателство се наоѓа на подрачјето на друг ЦСР
тогаш недлежниот центар може да му го довери нему. Тој може да постави
старателили самиот да се грижи за имотот меѓутоа не може да решава за
располагање со имотот, тоа може да го прави само надлежниот центар на кој
претходниот му поднесува годишен извештај за работата. За да се реализираат
мерките неопходни се средства кои се обезбедуваат од обработка на имотот па за
таа цел старателот е должен да ги превзема потребните меркисо помош на
центарот. Соработката помеѓу старателот и центарот е многу значајна во
остварувањето на старателското право. Од тоа произлегува и сто старателот може
самостојно да превзема, што во согласност со центарот а што не смее во поглед на
имотната состојба на лицето кое се става под старателство. Старателот може
самостојно да отуѓува прлодови кои се подложни на распаѓање и на тој начин да
обезбедува средства за одржување на имотот. Старателот треба да бара совет од
ЦСР при застапување пред суд и други органи вклучувајчи ги и составувањето на
поднесоци. Старателот не смее без одобрение на ЦСР да го отуѓува или оптоварува
имотот , да ги отуѓува или располага со имотните права од поголема вредност, да
се откаже од наследно право или од легат и да одбие подарок и да превзема други
мерки кои се наведени со закон а му треба согласност од ЦСР. Но постојат и
работи кои старателот не може да ги превземи ни со одобрение од ЦСР кога лицето
е застапувано пред суд за правни дела во кои како друга странка учествува брачен
другар или роднина на старателот.
Поднесување извештај за работа
Законот го обврзува старателот како и членовите од семесјтвото со кое живее
лицето кое е под старателство или институција доколку истото е сместено во неа
еднаш годишно или во заисност од потребите и барањето на ЦСР да поднесува
извештај за својата работа. Содржината на извештајот зависи од видот на
старателството па така кога се работи за малолетник најважно е да се внесат
податоци за грижата за неговото воспитување и образование, здравјето,
издржувањето и оспособувањето за самостоем живот. Извештајот претставува
вистинска слика. Покрај старателот извештај поднесуваат и членови на семејството
во кое е сместно или инстутуцијата. Во вториод дел на извештајот се внесуваат
податоци за имотната состојба на лицето како во однос на управување и
располагање со имотот, сите приходи и расходи со цел да биде прикажана
состојбата на имотот. Извештајот може да се поднесе писмено или усно на
записник.
Награда за работата на старателот
Старателот својата работа ја извршува доброволно без надоместок.Законот
предвидува можност за надоместок доколку се покаже дека се истакнал во
извршувањето на своите должности. Оценка за ова дава ЦСР тој ја утврдува и
висинат на надоместокот а средствата се обезбедуваат од имотот на лицето ако го
има ако не се намируваат од државниот буџет.
Мерки против несовесен и немарен старател
Се случува старателот со своите постапки да му нанесе штета на лицето за чии
интереси треба да се грижи. Штетат ја утврдува ЦСР а старателот е должен да му ја
даде на лицето кое е под старателство. Ако се случи да не ја исплати во определен
рок кој го утврдил ЦСР самиот тој ја надоместува и преку надлежен суд да бара
старателот да му го надомести износот кој му го исплатиле на лицето кое е под
старателство.
Претсанок на должноста старател
Старателстака функција не е условена со утвдрен рок па следствено на тоа ќе трае
се додека постојат причини поради кои е и засновата. Истата може да престане од
причини од субјективен и објективен карактер. Престанокот мже да биде и не по
вина на самиот старател , таа може да престане самоволно и поради смрт на
старателот.
Ослободување од старателска должност по барање на старателотнастанува кога
ќе се исполнат услови и кога тој самиот повеќе не може да ја извршува својата
работа.Тој за тоа поднесува барање до ЦСР и истиот најдоцна во период од три
месеци е ослободен од обврската. Тогаш ЦСР води сметка за интересите на лицето
и превзема мерки за поставување на нов старател.
Сменување (разрешување) на старателот –овде причините не се од објективен
карактер туку поради вина на старателот. Старателот че биде сменет од страна на
ЦСР кое утвдрило дека со невнимание ја вршел својата работа и ги загрозил
интересите на лицето под старателство. На лицето се покренува постапка да му се
назначи нов старател. Стариот е должен да поднесе извештај за работата се
доденот кога му завршува функцијата како и сметка за своето работење. Должен е
да ја предаде должноста на новиот старател на записник во период кој ќе го
определи ЦСР но не подолг од 30 дена
Престанок на потребата за вршењње на старателство – имаме кога престанале
околностите поради кои одредено лице е ставено под старателство во тој случај
старателот е должен во определен рок да поднесе извештај за работата и за
имотната состојба на лицето да го предаде имотот на управување на лицето кое
дотогашбило под старателство или на негов роднина или посвоител. Предавањето
на имотот треба да се изврши во присуство на старателот, лицето или роднина или
посвоител а присуствува и претставник од ЦСР.
Престанок на должноста старател заради смрт на старателот – бидејќи е строго
врзана за личноста на старателот и претставува строго лично право на старателот.
ЦСР е должен штом ќе биде известен да превземе мерки за поставување на нов
старател.
Видови старателство
Постојат три вдови на старателство и тоа стрателство врз малолетници, врз лица
лишени од деловна способност и старателство за посебни случаи.
Старателство над малолетни лица – Поголема застапеност во практиката. Се
смета дека под старателство ќе бидат поставени малолетни лица кои се без
родителска грижа, тоа се сите оние ситуации во кое детето е лишено од родителска
грижа без разлика на тоа дали детето е лишено од физичко непостоење на
родителите, дали грижата отсуствува поради нивна вина или пак родителите се
спречени да ја вршат од објективни причини. На пример доколу и самите родители
се под старателство во случај кога им е одземена или органичена деловната
способност и детето по автоматизам се става под старателство.
Должност и овлатувања на старателот
Рековме дека старател се поставува во сите оние случаи во ои детето е личено од
родителска грижа. Така да должностите и овластувањата се слични како и кај
природниот родителски однос. На прво место е грижа за личноста на детето,
неговото здравје, воспитување, образование и оспособување за самостоен живот.
Грижа за личноста на малолетникот подразбира и Грижа за здравјето на
малолетникот се мисли на неговото физичко одгледување почнувајќи од
неговите физиолошки потреби, хигиенски, здравствени па се до социјални како и
соодветно сместување. Ако старателот на детето е близок роднина тој може да го
смести во својот дом, во друго семесјтво или во некоја соодветна установа каде
највазно е да има исполнување на условите за нормално одгледување. Доколку
детето треба да се третира здравствено , ЦСР треба тоа да го обезбеди.
Грижа за воспитување и образование – Правилно да го усмери детето во поглед
на неговото образование и однесување. Доколку се појават дефекти во
однесувањето на детето кои ги надминуваат можностите а старателот може да биде
доверено на чување и воспитување на друго лице или во соодветна установа.
Старателот не може сам да одлучува за прекинување на образованието на
малолетникот ниту за промена на видот на образованието без одобрение од цср.
Оспособување за самостоен живот и работа –како сублимат на горе наведените
значи дека се постигнала успешна функција на старателството и малолетникот се
оспособил за самостоен живот.
Грижа за имотот на малолетникот
Старателот може да превзема дејствија во рамките на своите овластувања но во
некои случаи му е потребно одобрение од ЦСР како што беа работа и управување
со имотот , негово отуѓување па се до застапување на лицето ставено под
старателство. Законот за семејство предвидува можност малолетник со навршени
15 години да може сам без одобрение од стартел дда заснова работен однос па
тогаш следствено на тоа врз основа на приходите со кои располага сам да се грижи
за своето издржување, воспитување и стручно оспособување. Тој може во одредени
случаи да превзема и определени правни дејствија но ако се од поголему значење
му треба одобрение од старател.
Престанок на старателството на малолетно лице
Со полнолетство- кога се навршени 18 години и се здобива со деловна способност
и тогаш може самиот да се грижи за себе и за заштита на своите права.Постои
отстапка кога не можел поради пречки во психофизичкиот развој сам да се грижи
тогаш му се назначува старател.
Со склучување на брак се стекнува и деловна способност кога малолетното лице е
со навршени 16 години живот , бидејќи тоа го дозволува нашето законодавство. По
претходно прибавено мислиње од здравствена установи и укажана помош од ЦСР.
Со посвојување – каде имаме замена на природниот родителски однос и
посоителите се грижат за детето.
Престанок на други пречки – Согласно законот за дете без родители се смета дете
без родителска гриша чии родители не се живи или се непознати со непознато
живеалиште повеќе од една година како и она чии родителити привремено не ги
извршуваат своите родителски права. Кога една од овие причини ќе престане ,
престанува и старателството.
Со смрт на малолетникот се случува и фактички престанок на старателскиот однос.
Старателството може да се продолжи доколку околностите покажуваат дека детето
е полнолетно но име пречки во психо физичкиот развој и не е способно да се грижи
за своите интереси и права. ЦСР ке бара нов старател но ќе се смени само основот.

Старателство над лица лишени од деловна способност

Станува збор за старателство над лица кои се полнолетни но заради одредени
здравствени недостатоци , душевно заболување или ментална заостанатост или
друга состојба не се во мо=ност самите да се грижат за себе и за заштита на своите
права и интереси. Но исто така можат да ги загрозат интересите и правата на трети
лица се јавува потреба од нивно ставање под старателство.
-Права и должности на старателот

Старателот ги има следниве задолженија да се грижи за личноста, за неговите

праваи интереси за негово сместување и за неговото здравје.. Старателот се гризи
за здравјето на лицетои се стреми да ги отклони причините кои довеле до таква
состојбаљ да му помогни да се излекува и Да му ја подобри здравствената состојба.
Постојат разлики кај старател на лице на кое целосно му е доземена деловната
способност каде има изедначување на овластувањата како кај старател на
малометно лице кое нема навршени 15 години каде старателот може да превзема
дејствија во рамките на своите овластувања но во некои случаи му е потребно
одобрение од ЦСР како што беа работа и управување со имотот , негово отуѓување
па се до застапување на лицето ставено под старателство. И старателство над лица
во случај на делумна одземена деловна способност која се истоветува со правата и
должностите на старател на малолетно лице кое има наполнети 15 години од
животот може сам без одобрение од стартел дда заснова работен однос па тогаш
следствено на тоа врз основа на приходите со кои располага сам да се грижи за
своето издржување, воспитување и стручно оспособување. Тој може во одредени
случаи да превзема и определени правни дејствија но ако се од поголему значење
му треба одобрение од старател.деловната способност ја одзема судот со
правосилно решение и веднаш истото го доставува до ЦСР кој е должен во рок од
30 дена од денот на приемот да го стави лицето под старателство. Соработката на
судот и центарот овде е многуу значајна. Од друга страна пак центарот може во
текот на постапката на лицето да му постави привремен старател чија улога е до
поставување на траен старател но додека трае должноста тој ги има истите права и
должности какои старател над малолетно лице кое навршило 15 години.
Старателот е должен да се гризи и да ја следи здравствената состојба на лицето па
така со подобрување на неговата здравствена состојба треба да го известо ЦСР да
укаже дека се повлекле околностите и се создале нови за враќање на деловната
способност на тоа лице. ЦСР врз основа на иницијатива на старателот и податоците
за состојбата на лицето му предлага на судот да го прогласи за ограничено деловно
способно. Постапката е регулирана со Законот за вонпроцесна постапка со решение
од судот дека му се враќа деловната способност на лицето.
-старателство за посебни случаи
Предвидено е кај лица чие место на живеење не е познато и во случајкога нема
застапник кај непознат сопственик на имот со цел се обезбеди некој да се грижи за
имотот. Старател може да се постави од страна на органот пре дкој се води
постапката ако се исполнети условите од законот при што органот е должен да го
извести ЦСР.
-старателство над отсутни лица
Треба да бидат исполнети да услови: на лицето да не му се знае местото на
живеење и второ да нема својзастапник. Ова е во случаи кога се претпоставува дека
лицето е живо но не му се знае местото на живеење и треба да се заштити за
одредени работи и бидејќи нема свој застапник постои можност да му се направи
штета. Старател се поставува за да се заштитат неговите интереси и права но и да
се заштитат права и интереси на трети лица во оставинска постапка. Правата и
обврските на старателот произлегуваат од секој конкретен случај. Старателството
престанува кога старателот ќе ги изврши конкретните работни односи за кои бил
поставен, кога лицето кое е отсутно ќе се врати, кога лицето ќе постави свој
застапник или истото починало.
-старателство над непознат сопственик на имот
Кај овој вид на старателствоп целта е да се заштитат имотните права на имот без
сопственик од оштетување или ограбување. Во тој случај ЦСР поставува посебен
старател.неговите права и должности ги одредува ЦСР во зависност од
ситуацијата.старателот управува со имотот и има право само исклучително да го
отуѓи или со него да располага само со одобрение од ЦСР. Од управувањето со
имотот се создаваат и средства со ои не може да располага старателот и тој мора
нив да ги чува и ако се појави сопственикот да ги предаде. Ова старателство
престанува кога ќе се појави сопственикот.
Старателство над странски државјанин
Постои кога странски државјанин ќе се најде на територијата на РМ во состојба во
која не е во можност да се грижи за своите интереси и права , да заболи да доживее
несреѓа и како последица да му биде нарушено физичкото и менталното здраве
законот го овластува ЦСР да превземе мерки за заштита на правата и интересоте на
странскиот државјанин.Има привремен карактер и рае до моментот додека
надлежен орган не донесе решение и не превземи потребни мерки. Нашата држава
пристапува кон поставувае на старател на странски државјанин само исклучително
бидејчи за тоа е потребно барање од страна на надлежен орган на државата чиј
државјанин е . Односите и мерките кои се превземаат се регулирани со
меѓународни конвенции. Во зависност од тоа барањето може да го поднесе или
конзуларно претсавништво на државата чиј државјанин е или надлежен орган на
старателство на матичната држава.Овластувањата а старателот ги определува ЦСР
и зависат од секој конкретен случај. Штом претстанат околностите за старателство
претсатнува и старателството односно има привремен карактер.
Посебен старател
Со посебен старател се овозможува заштита на интересите на лицата кога тие се во
спротивност со интересите на нивните родители или старатели. Се поставува на
лице само кога имаме одредено правно дело во случаи наброени со законот како
што е кога лицето над кое се врши родителско право води спор со неговиот
родител, кај лице кое се наоѓа под старателство а истото води спор со старателот и
интересите им се спротивни, кај повеќе лица акоимаат ист старател а се води спор
или треба да се склучи правно дело доколку имаат спротивни интереси.Правата и
обврските ги определува ЦСР.
Други случаи на старателство
Имаме во случаите кога едно лице поради старост или болест или од други
оправдани причини не е во состојба да се грижи за своите интереси на негово
барање ЦСР може да постави старател но тоа не подразбира одземање или
органичување на деловната способност.

1. Поим и предмет на семејното право

Семејното право како систем има две значења: семејно право како посебна гранка и како
правна наука. Според првото, семејното право е дел од позитивното право со кој се
уредува бракот, семејството и семејните односи кои настануваат меѓу определени лица врз
основа на бракот и сродството или само врз основа на сродството. Освен ови еодноси,
семејното прааво ги уредува и односите кои настануваат врз основа ма старателство. Тое
асе случаите кога едно малолетно лице останува без родителска грижа, кога едно
полнолетно лице е лишено од деловна способност, како и случаите кога определена
категорија на лица има потреба од општествена заштита заради неможноста сами да се
грижат за себе и за своите права. Сеемејното право всушност претставува збир на
систематизирани правни норми, групирани во правни институти, со кои се регулираат
односите во семејството и се уредува нивната правна заштита. Кога семејното право ги
уредува само односите кои настануваат внатре во семејството, меќу членовите , тогаш
станува збор за семејно ораво по потесна смисла. Во поширока смисла семејното право
има смисла кога ги уредува односите во поширок круг на лица. Предмет на семејното
право е правното регулирање на бракот и семејствоот, како и на односите кои што
настануваат меѓу членовите на семејството вклучувајќи ги и односите кои настануваат со
старателството. Предметот на семејното право како наука е поширок од позитивното
семејно право, како резултат на комплексност и сложеноста на брачните и семејните
односи кои се уредуваат и со други правила (обичајни,етички, морални, религиозни).

2. Извори на семејното право

3. Делови на семејното право

4. Кои се основни начела на семејното право и накратко објасни ги

5. Структурата и надлежноста на европскиот суд за човекови права

6. Поим за семејство

7. Кои видови на семејства постојат и објасни ги накратко

8. Што е семејна задруга

9. Кои се функциите на семејството и накратко објасни ги

10. Што е сродство и кои видови на сродство постојат

11. Што е крвно сродство

12. Поим и предмет на брачното право

13. Кои се начела на брачното право и објасни ги

14. Поим и правна природа на свршувачката

15. Престанок и последици од раскинувањето на свршувачката

16. Кои услови постојат за склучување на брак

17. Кои брачни пречки постојат

18. Објасни ја надлежноста за склучување на брак

19. Објасни ја претходната постапка за склучување на брак

20. Објасни го венчањето како склучување на брак

21. Кои се дејствата на бракот врз личните односи на брачните партнери

22. Кои начини на престанок на бракот постојат

23. Што е апсолутно ништовен брак

24. Што е релативно ништовен брак

25. Поим и основни карактеристики на развод на брак

26. Кои се последиците од престанок на бракот со смрт

27. Кои се последиците од поништувањето и од разводот на бракот

28. Поим и правно уредување на вонбрачната заедница

29. Поим и предмет на родителското право 30. Кои се основни начела на родителското
право

31. Што преставува мајчинство

32. На кој начин може да се оспори мајчинството

33. Објасни за утврдување на вонбрачно татковство со признавање

34. Објасни за утврдување на татковство со одлука на суд

35. На кој начин може да се оспори брачното татковство

36. Кои се права и должности на родителите спрема децата

37. На кој начин се врши родителското право

38. Објасни за ограничување или одземање на вршењето на родителското право

39. На кој начин може да престане родителското право

40. Поим и видови на посвојување

41. Кои се условите за посвојување

42. Објасни кој може да биде посвеник ,а кој може да биде посвоител

43. Објасни ја постапката за посвојување

44. Кои се права и должности на посвоителот и посвоеникот

45. На кој начин престанува посвојувањето

46. Што преставува старателското право и кои начела постојат

47. Кој е орган на старателството

48. Кои се правата и должностите на старателот

49. Објасни за старателство над малолетни лица

50. Објасни за старателство над лица лишени од деловна способност

51. Објасни за старателство во посебни случаи

52. Поим и карактеристики на издржувањето

53. Времетрање и престанок на издршката

54. Определување на издршката

55. Имотни односи на брачните другари

56. Заеднички имот на брачните другари

57. Посебен имот на брачните другари

СЕМЕЈНО ПРАВО ОНЛАЈН АВГУСТ 2020

Упатство: Open book испит, времетраење 60 минути. Внимателно прочитајте ја

ситуацијата која ви дава информации во врска со одговорите. Квалитетот на вашите
одговори ќе биде оценет според вашата способност да го примате знаењето од областа на
семејното право за да го решите соодветниот проблем што е опишан во прашањето. Од
вас се очекува да го опишете решението и да дадете рационално објаснување на одговорот
што ќе го дадете (објаснување, зошто сте го одбрале тоа решение).

1.А.М. и Г.М. склучиле брак на ден 22.03.2016 година, кој е заведен во матичната книга на
венчаните за град Скопје. Во бракот А.М. и Г.М. имаат две деца кои се сега малолетни.
А.М. и Г.М. сакаат да го прекинат бракот. Кои можности ги имаат брачните другари?
Образложете го одговорот.

Кои правни последици ги предизвикува ваквиот чин согласно позитивното право на РСМ?
Образложете го својот одговор.

Овие последици се однесуваат на презимето, заедничкиот имот, правото на наследување и

враќање на подароците.

Презиме.Престанокот на бракот по пат на поништување и развод не влијае врз промената

на брачното презиме.Всушност брачниот другар може да го задржи презимето или да го
врати презимето кое го имал пред склучувањето на брак.Таа можност ја има брачниот
другар и во случај на престанок на бракот со смерт на брачниот другар. Но исто така и
доколку склучи нов брак брачниот другар може да го задржи тоа презиме бидејќи
прописите не го забрануваат тоа.

Заеднички имот –заедничкиот имот се дели на еднакви делови освен во случај на барање
на еден од брачните другари ќе се докаже дека неговиот придонес е очигледно и
значително поголем од придонесот на другиот брачен другар.

Издржување-една од последиците од престанокот на бракот со поништување односно

развод може да се однесува на стекнување на правото на издржување на едниот брачен
другар од страна на другиот брачен другар доколку за тоа бидат исполнети условите
предводени со закон.

Право на наследување – со престанокот на бракот со поништување или развод

настануваат одредени последици во областа на наследувањето.Брачните другари кои
инаку се заемни наследници го губат законското право на наследување.Во случај кога
бракот престанал со поништување по смртта на едниот брачен другар, правото на
наследување ќе зависи од неговата совесност.Доколку се утврди дека тој бил несовесен
односно знаел за причината за ништовност на бракот, нема законско право за
наследување.Исто така преживеаниот брачен другар го губи законското право на
наследување, ако оставителот поднел тужба за развод на брак а во меѓувреме умрел, ако
се докаже дека тужбата била основана.Во тестаменталното наследување, правото на
наследување зависи од времето на составување на тестаментот.Тестаментот губи правно
дејство ако е составен за време на траење на бракот.Тестаментот ќе произведе право
дејство ако оставителот во тестаментот наведе односно даде изрична изјава дека неговиот
брачен другар останува негов наследник и во случај бракот да престане со развод.Дилеми
нема кога тестаментот е напишан по престанокот на бракот,врз волјата на тестаторот да го
определи својот брачен другар за свој наследник, не влијаел фактот на престанокот на
нивниот брак.

Враќање на подароци- една од последиците од престанокот на баркот со развод односно

поништување е враќањето на подароците.Постојат законодавства кои не го регулираат ова
прашање а тоа е Косово.Во законодавствата кои го регулираат ова прашање општо
прифатено е правилото дека се враќаат само подароците од несразмерна вредност дека
обичните подароци не се враќаат-ова било во законодавствата на републиките на
поранешна СФРЈ.Интересно било што во овие законодавства при одлучување за враќање
на подароците се земала предвид несовесноста на брачниот другар при поништувањето на
бракот и верноста на брачниот другар при разсводот на бракот . Од овие решенија
отстапуваат Словенија и поранешниот закон на СР Македонија.Според друга концепција,
подароците воопшто не се враќаат независно од нивната вредност.

Последици од поништување и развод на брак кои се однесуваат на децата:

Едно од најважните прашања кои се поставуваат при поништувањето и разводот на бракот

е одлуката за чување воспитување и издржување на децата.Ова се однесува на
заедничките малолетни деца како и на полнолотните на кои им е продолжено
родителското право.Доколку родителите успеат да се спогодат околу начинот на
рподителското право при разводот, судот ќе ја прифати нивната спогодба ако таа е
поволна за девата.Најважната улога во оценката на околностите му се доверува на
центарот за социјална работа, а центарот секогаш се води од интересот на децата, а
подобрата материјална положба на едниот родител не е одлучувачка во оценката.Без
разлика на кој од родителите му се доверени децата, обврската за нивното издржување е
заедничка.Определувањето на висината на придонесот за издршка се врши во согласност
со потребите на децата а може да се менува во зависност од имотната состојба на едниот
или другиот родител.Првобитната одлука за чување на децата на едниот родител може да
се менува ако тоа го бара центарот за социјална работа врз основа на сознанија и оценка,
или еден од разведените родители .Родителот на кој дететот не му е доверено на чување
има право да одржува лични односи со детето на начин и со динамика за која се спогодиле
двајцата разведени родители, или како решил судот врз основа на мислење од центарот.

2.Објаснете го односот помеѓу издржувањето на децата од страна на родителите и

издржувањето на родителите од страна на децата.

Издржување на децата

Прва најважна, безусловна и неотповиклива обврска на родителите е да ги издржуваат

своите малолетни деца.Родителите во рамките на својата законска и морална обврска да ги
одгледуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивното здравје, воспитание и
оспособување за самостоен живот, согласно законот се обврзани да ги издржуваат своите
малолетни деца до нивното полнолетство задолжително, а под одредени услови
предвидени во законот и по полнолетството. Во поранешниот закон за односите на
родителите и децата на СРМ беше предвидено дека дури родител кој е лишен од
родителското право не се ослободува од обврската да го издржува своето дете.Мерката
одземање на родителското право е преземена токму со цел да се заштитат интересите на
детето и претставува вид на казна за родителот па ослободувањето на родителот од
должноста на издржување во овој случај нема никакво оправдување.Во Законот за
семеството изтично се определува дека родителите се должни да ги издржуваат своите
малолетни деца.Меѓутоа , должноста за издржување на децата може да продолжи и по
нивното полнолетство кога тоа го налагаат определени потреби на детето а тоа е кога
школувањето и стручното образување продолжува и по навршено полнолетство, се до
завршувањето на школувањето но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст од
животот.Како што е познато дека со склучувањето на брак детето стекнува деловна
способност.Со оглед на ова би можело да се очекува родителот да не е обврзан да
продолжи да го издржува малолетното дете, од моментот кога ќе склучи брак.Но во
судската практика е заземен став според кој обврската на родителот да го издржува
детето, ако тоа склучи брак, продолжува доколку неговиот брачен другар не е во состојба
да го издржува.Освен школувањето и стручното оспособување на децата, друга причина
за продолжување на должноста родителите да ги издржуваат своите малолетни деца и по
нивното полнолетство, може да биде и болеста на детето односно негов физички или
психички недостаток.Тука услов е и детето да нема доволно средства за живот а не може
да ги добие од својот имот и во овој случај обврската на родителите ќе трае се додека трае
неспособноста на детето.

Обврската на децата да се грижат за старите и изнемоштени лица за прв пат беше

подигнато на ниво на едно од начелата на семејното право во Уставот на поранешна СФРЈ
од 1974 година. Оваа должност на децата произлегува од заемните права и должности кои
ја сочинуваат содржината на родителскиот однос.Бидејќи еден од врвните принципи е
заштитата на децата од тука како логична последица на родителските должности
произлегуваат и нивните права кон децата, кои пак според законот се должни да има ја
возвратат грижата на своите стари и изнемоштени родители.

3.Лицата А.Б. и Д.И. на ден 26.06.2019 година направиле свршувачка. Меѓутоа, во месец
ноември 2019 година свршувачката била раскината од страна на лицето А.Б.

Свршувачката не секогаш доведува до склучување на брак со што доаѓа и до

неисполнување на целта на свршувачката односно до нејзин престанок.Последиците од
свршувачката настануваат во случај на еднострано раскинување на свршувачката се кое се
нанесува штета на свршеникот но и на најблиските роднини.Штетата може да биде
директна или индиректна, материјална и морална.

Така во случајов А.Б. кој ја раскинува свршувачката доколку неоправдано ја раскинал

свршувачката треба да ја надомести штетата на Д.И. при што тука ќе треба да се
разграничи материјалната од нематеријалната односно моралната штета причинета на
Д.И.Надомест на материјалната штета може да ба ра самиотр свршеник Д.И. или неговите
родители без чија вина дошло до раскинување на свршувачката.Родителите на Д.И. можат
да бараат надомест на материјална штета за трошоците кои ги направиле за
свршувачката.Токму заради ова правото да се бара надомест на штета е наследливо,
бидејќи по својата природа не е врзано за личноста. За штетата А.Б. и Д.И. сите останати
прашања ќе ги решат според важечките правила на граѓанското право за штетата.Во овој
случај на раскин на свршувачката од страна на А.Б. важи правилото за надомест на
сторената ѓтета но не и на пропуштената добивка. Во поглед на нематеријалната или
моралната штета , во повекето патријахални средини донекаде и денес но во помала
мерка,бидејќи во прописите на оние земји кои го регулираат прашањето за надомест на
моралната штета најмногу доаѓа до израз патријахалното сваќање за свршеницата како
оштетена страна, тоа право и е признаено како на совесна страна односна онаа која не е
виновна за раскин на свршувачката, а тоа е најчесто свршеницата.Според овие прописи
таа има право да бара од виновниот свршеник да и плати надомест за штетата чија висина
ќе биде определен во зависност од сваќањата, во соодветната средина за повредената чест,
намалените шански за склучување на нов брак, претрпена психичка болка, особено во
случај на бременост на свршеницата.

При раскинување на свршувачката како во случајов се поставува и прашањето з

авраќањето на подароците.Враќањето на подароците се поставува како задолжително во
некои земји во случај на смрт на еден од свршениците.Кога пак свршувачката ќе престане
по пат на раскинување како што во случајот е од страна на А.Б. враќањето на подароците
се врши според правилата на граѓанското право.Заради неисполнување на целта на
свршувачката – склучување на бракот, без оглед на тоа по чија вина дошло до
раскинување на свршувачката , постои обврска на враќање на подароците од двете страни
по основ на принципот на неосновано збогатување, став што е општо прифатен и во
судската практика.

4.Објаснете ги аспектите на начелото на лаицитет како едно од основните начела на

семејното право.

Начелото на лаицитет го означува световниот односно лаичкиот карактер на семејното

право во Македонија.Тоа претставува еден вид на продолжување на првобитното
поставено начело за одвоеност на црквата од државата во сферата на семејните односи.
Имено ова начело беше содржано во Уставот на ФНРЈ од 1946 година а прифатено во
сојузните прописи на СФРЈ а потоа во Републичкото семејно право на законодавство кое
се вбројува и Законот за брак на СР Македонија од 1973 година. Суштината на ова начело
се состои од неприфаќањето на влијанието на верата и верските организации во
законодавната регулатива од оваа сфера а исто така и во судската практика. Имено
споровите кои ќе произлезат од семејството се во исклучива надлежност на државните
органи. Во согласност со ова начело е укинувањето на брачните пречки кои имаат верски
карактер, како што е духовното сродство, монашкиот завет кај православните и целибатот
кај католиците.

ИЛИ

Начелото на лаицитет во семејното право претставува отстранување на влијанието на

црквата и другите верски и религиозни влијанија на бракот, семејството и семејните
односи, чие уредување е во исклучива надлежност на државните органи. Ова начело
произлегува од уставното начело на одвоеност на црквата и другите верски и религиозни
заедници од државата (чл.19 ст.3). Во таа насока, во уредувањето на семејните односи
надлежна е државата со чии прописи се уредуваат семејните односи.Така, Уставот на РСМ
предвидува дека правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се
уредуваат со закон (чл.40 ст.2).

Ова начело во нашето семејно законодавство се изразува преку регулирањето на условите

за склучување на брак, правата и должностите на брачните партнери и престанокот на
бракот. Како резултат на ова начело, во современите законодавства се укинуваат брачните
пречки кои имаат верски карактер и се воведува разводот на брак, кој долго време бил
забранет поради силното влијание на религијата во регулирањето на брачните и на
семејните односи. Начелото на лаицитет се изразува и во рамките на регулирањето на
односите помеѓу родителите и децата, како и во вршењето на надзорот над остварувањето
на раодителското право.

Семејно право поим?

Посебна гранка во која се изучуваат и регулираат односите во семејството.Има две значења првото се
однесува на семсјното право како посебна правна гранка која го регулира семејството како иституција и
односите во него.Како посебна гранка се означувакако позитивно право и се состои во регулирање на
семсјтвото во целост како институција уредување на односите во него и обезбедување на правна заштита.
Семесјното право претставува збир на норми кои го регулираат семејството како институција, односите и
правната заштита.Покрај тоа што ги регулира односите во кругот на семесјтвото исто така ги регулира и
односите со други лица врз основа набрак и сродтсво. А ворото значење е на ниво на научна дисциплина дел
од правната наука која ги систематизира и проучува прописите со кои се регулира бракот, семејсните односи
и семесјтвото во потесна и поширока смисла.Предмет на семсјното право се односите во бракот и
семејството како и односите кои настануваат од старателскиот однос но исто така односите во вонбрачните
заедници. Дејствијата се смевуваат на права и обврски од неимотен и имотен карактер.Задача на семејсното
право е организирана општетсвена заштита на семејството.Нашето семејсно право се темели врз начело на
општетсвена и правна заштита на семејството, еднаквост на правата и должностите, одвоеност на црквата
од државата, посебна заштита на мајката и децата, планирање на семејството и слободно родителство,
посебна заштита на деца без родители и родителска грижа, должност на децата да се грижат за
изнемоштените родители и рамноправност на деца родени во брак и надвор од него. Се дели на брачно,
родителско и старателско право.Брачното ги уредува однсоите помеѓу брачните другари , начинот на
склучување на брак и престанок на бракот, родителското меѓу родителите и децата родени во брак,
вонбрачни и посвоени и односи меќу блиски роднини.А старателското право се однесув ана грижа врз
малолетници.

Постапка за склучување брак?

Бракот е со закон уредена заедница на маж и жена во која се одвиваат нивните интереси интересите на
семејството и општетсвото.Во законот за семсјтво на РМ предвидени се услови за склучување на брак без
чие постоење не може да се склучи (различен пол на лицата, согласна изјава за склучување на брак и истата
да биде дадена пред надлежен орган на начин предвиден во законот и) и услови за полноважност на истиот
(малолетство, брачност, недостатоци на волја, стродство и форми на душефно заболување , неспособност за
расудување и ментална заостанатост).

Лицата кои имаат намера да стапат во брак поднесуваат пријава до органот надлежен за водење на
матичната книга н авенчани или писмено или усно на записник.Исто така треба да приложат и извод од
матичната книга на родени а во некои околности и други документи (пресуда за развод) доколку претходно
биле во брак, решение со кое се дозволува склучување на брак кога имало некоја брачна пречка или
полномошно кога еден од брачните другари е претставуван преку полномошник и најново потврда дека
посетиле предбрачно и брачно советувалиште во ЦСР.Матичарот проверува дали постојат пречки и ако
дојде до сознание дека има должен е со решение да го одбие бракот, лицата против решението имаат право
на жалба. Ако нема пречки во договор со брачните другари го одредува денот и времето за склучување на
брак. Исто така матичарот им препорачува на брачните другари да се запознаат со здравствената состојба
еден со друг. Местото за склучување на брак е посебна службена просторија а чинот е свечен. Во
исклучителни случаи бракот може да биде склучен и надвор ако постои околност и за тоа одлучува
матичарот.На свечениот чин присуствуваат брачните другари, двајца сведоци, матичарот и советник од
општината. Лицата кои склучуваат брак мора да присуствваат бидејќи даваат согласна изјава на волја а ако
има пречки за присуство присуствува полномошник кој мора да има специјално полномошно.Улогата на
матичарот е од техничка природа, аоветникот од општината е лице кое ја претставува државата и неговоо
присуство е многу важно за бракот да биде полноважен, а сведоците ја даваат потврдата за идентитетот на
лицата кои стапуваат во брак. Чинот на склучување на бракот започнува со извештај на матичарот за
присуството на брачни другари и дека нема пречки. Советникот започнува со чинот на венчавање и ги
запознава младоженците со значењето на бракот и им поставува прашање каде ја изразуваат својата
волја.Потоа брачните другари се потпишуваат во матичната книга, тоа значи дека бракот е склучен.Бракот
случен во верски објексти нема правно дејство. По зашишување во матичната книга се издава извод од М.К
на венани.

Форми на брак?

Се однесува на збирот на елементите почнувајќи од присуството на малдоженците, сведоците, давањето

согласнот, просторијата каде се склучува бракот кои е неопходни за да се склучи брачниот договор. Во
законот за семсјтво на РМ предвидени се услови за склучување на брак без чие постоење не може да се
склучи (различен пол на лицата, согласна изјава за склучување на брак и истата да биде дадена пред
надлежен орган на начин предвиден во законот и) но исто така непоходно е да не постојат ордедени
околности односно претпоставки за така склучениот брак да биде полноважен. Тука спаѓаат (малолетство,
брачност, недостатоци на волја, стродство и форми на душефно заболување , неспособност за расудување и
ментална заостанатост). Исполнувањето на двата вида услови е претпоставка дека бракот може да
произведува правни дејства. Според една концепција браковите се постоечки и непостоечки. Потоечки ако
ги исполнуваат суштествените услови (различен пол на лицата, согласна изјава за склучување на брак и
истата да биде дадена пред надлежен орган на начин предвиден во законот). Втората концепција е ублажена
варијанта и прифатен ае поделбата на полноважни каде неопходно е да бидат исполнети суштествените
услови какои да не постојат околности кои се пречки и ништовни.Брачни пречки се познати и предвидливи
и имаат големо влијание дали бракот е полноважен. Тоа се малолетство, брачност, форми на душефно
заболување , неспособност за расудување и ментална заостанатост. Тие се делат на Оние кои дведуваат до
апсолутна ништовност и релативна. Во првата група спаѓаат малолетство под 16 години, брачност, душевно
заболување.До релативна ништовност доведуваат: малолетство над 16 години, умерени пречки во
псхофизичкиот развој и недостатоци на волја. Според можноста на диспензација односно дали се
отстранливи или не пречките се делат на неотстрансливи и отстранливи. Кај неотстранливите не е можно да
се добие дозвола од суд за склучување на брак. Овде спаѓаат: малолетсво под 16 години, брачност ,
манифестирана форма на душевно заболување, неспособност за расудување и заостанатост , крвно сродство
во прва линија а во странична од 4 степен и сродство со посвојување.Отстранливи се малолетство над 16,
стодство по сватовство и непотполно посвојување. Дозвола за ослободување од брачни пречки се добива од
суд. Во однсос на трајноста се делат на времени и трајни. Само брачната пречка сродство има траен
карактер.Според бројот на лица врз кои делуваат се делат на апсолутни и релативни. Релативни кај
сродството која опфаќа одреден број лица и апсолутни кај кои опфатено е едно лице (малолетство, брачност,
психофизичко заболување).

Претсанок на брак?

Престанок на неполноважен брак кад еимаме престанок на ништовен тоа е брак кој е склучен и покрај
постоење на околности што законот ги предвидел како брачни пречки како и оние кои се склучени и покрај
постоење на други околности и правни факти. Овие бракови се склучени и покрај постоењето на некоја од
брачните пречки (малолетвсто, брачност, душевна заостанатост и неспособност за расудување, сродство,
недостатоци на волја). Ништовноста на бракот може да биде апсолутна и релативна во зависност од
природата на пречките. Кај апсолутно нижтовните поништувањето се врши од општ интересдури и тогаш
кога бракот престанал може да го бара еден од брачните другари, јавен обвинител какои физичко и правно
лице кои има правен интерес.Причини кои доведуваат се брачност бидејќи бракот е заедница на еден маж и
една жена. Тужба за ништовност може да поднесат брачните другари, јавен обинител. Правото на тужба не
застарува. Душевно заболување односно заостанатост и неспособност за расудување бракот склучен при
постоење на вакви заболувања однсосно состојби е неполноважен и станува збор за апсолутна
ништовност.Сродство,апсолутна ништовност бидејќи е неспоиво со карактерот на брачниот однос. Различни
видови на сродство немаат исто значење Во прва линија е неотстранлива брачна пречка (дедо, баба, мајка,
таткои внуци) какои меѓу роднини од странична линија до 4 степен. Со крвното сродство се изедначува и
сродство по посвојување.Сродство по сватовсто е отстранлива брачна пречка.Кај релативно ништовни
бракови природата на брачните пречки ги засегаат само брачните партнери како кај малолетсво и
недостатоци на волја. Недостатоци на волја постојат само кај принуда или заблуда. При принуда лицето е
свесно но бидејќи е под присила ја дава изјавената волја и врз основа на тоа може да бара ништовност а кај
заблуда има погрешна претстава за некој фак за лицето со кое стапува во брак. Тужбите и во двата случаи се
поднесуваат во период од една година од кога се склучил бракот. Во вториот случај со малолетвото бракот е
релативно ништовен. Има отстапувања доколку лицето има над 16 или веќе навршени 16 години во постапка
судот да утврди дека постигнало теесна и душевна зрелот е е способно за вршење на правата и обврските во
брак по претходно прибавено мислење од здравствена установа и ЦСР.Полноважниот брак може да
преставне со смрт на еден од брачните другари, со прогласување на изчезнат брачен другар за починат и со
развод. Кај смрт на еден од брачните другари бракот претсанува по сила на закон. Кај прогласување на
изчезнат брачен другар за починат судот најпрво спроведува постапка во која изчезнатото лице го
прогласува за починато и носи решение. Денот кога е донесено решението е ден кога престанал и бракот.Со
развод кој е и најчест начин на престанок на бракот кога постојат причини предвидени со закон од страна на
суд во постапка пропишана со закон.бракот се разведува со согласност на брачните другари или по барање
на еден доколку брачните односи се нарушени до мера до оја заедничкиот живот станал неподнослив и
доколку брачната заедница фактички престанала.

Старателство постапка?
Постапката итна и се поведува е по службена должност или по барање на заинтересирани лица.Притоа
најважно е ЦСР да направи проценка на потребата лицето да се стави под старателство и во зависност од
околностите го определува обикот на заштита. Во донесувањето на својата оценка ги има во предвид
интересите на лицето кое се става под старателство и интересите на неговото семејство.Старател е лице кое
непосредно се грижи за личноста и имотните права и интереси на лицето ставено под старателство. Во
нашето законодавство прифатено е дека првенство имаат блиски роднини на лицето доколку ги исполнуваат
условите за вршење на функцијата и доколку се согласат да прифатат. Тоа значи дека тие најдобро ги
познаваат потребите и навиките контоа придонесува и желбата на лицето кое се става под старателство
доколу е во состојба да ја изрази но и на блиските роднини. Според нашиот закон старатели не можат да
бидат: лице на кое му е одземено родителското право, лице со одземена или органичена деловна способност,
лица чии интереси се о спротивност со интересите на лицето под старателство и лице кое со оглед на
сегашното и поранешно поведение и лични својства и односите со лицето под старателство не може да се
очекува дека правилно ќе ја врши својата старателска фукнција. Може да се случи едно лице да биде
поставено за старател на повеќе лица доколу со тоа се согласи лицето кое се става за старател исто така да се
согласат и лицата кои се ставаат под старателство и истото да не е во спротивност со интересите на некое од
тие лица ставени под старателство. Во некои случаи се врши органичување на овластувањата на старателот
каде има поделена надлежност со ЦСР и имаме комбинирано вршење на старателската функција. Најважна
задача е старателот совесно да се грижи за правата и интересите на лицето ставено под старателство.
Најважно е старателот совесно да управува со имотот на лицето. Старателот не може без дозвола од ЦСР да
превзема активноси кои ќе му нанесат имотна штета. Законот го обврзува старателот како и членовите од
семесјтвото со кое живее лицето кое е под старателство или институција доколку истото е сместено во неа
еднаш годишно или во заисност од потребите и барањето на ЦСР да поднесува извештај за својата работа.
Извештајот може да се поднесе писмено или усно на записник. Старателстака функција не е условена со
утвдрен рок па следствено на тоа ќе трае се додека постојат причини поради кои е и засновата. Истата може
да престане од причини од субјективен и објективен карактер. Престанокот мже да биде и не по вина на
самиот старател , таа може да престане самоволно и поради смрт на старателот.

Посвоител и постапка за посвојување?

Посвоител е лице државјанин на РМ а во исклучителни случаи предвидени со закон и странски државјанин

со одобрение од МТСП.Посвоителот треба да биде деловно способен, психофизички исправен и да поседува
морални својства. Како посвоител се јавува едно лице. Ндлежен орган за спроведување на посвојувањето е
ЦСР. Посвоеник е малометно лице а старосната граница е три месеци живот. . Посвоител не може да биде
лице на кое му е одземено родителското право, со органичена или одземена деловна способност, душевно
болно лице или лице кое се смета дека ќе ја злоупотреби состојбата на посвоеникот. За да може да настане
посвојување потребна е согласност на родителите на посвоеникот а ако е постар од 10 години потребна е и
негова согласнос.Ако во постапката за посвојување која ја спроведува цср лицето кое сака да посвои дете
поднесува барање до ЦСР како и документи за посвојување кој ги носи МТСП. ЦСР прави проценка на
способноста на посвоителот како и проценка на мотивите за посвојување. Ако се процени се позитивно се
засновува посвојувањето. Во постапката потребно е да учествуваат посвоителот, неговиот брачен другар
(може да отсуствува ако претходно дал согласностпред ЦСР), родителите на посвоеникот, самиот посвоеник
ако е постар од 10год.ако ЦСР го одбие барањето за посвојување може да се поднесе жалба до МТСП.
Највазно во постапката е составувањето на записникот и решението бидејќи тоа значи и фактичко
засновување на односот. Во записникот се внесуваат податоци на наведените лица. При потполно
посвојувањена не се внесуваат податоци за наследни права а кај непотполно се внесуваат. Потоа матичарот
треба да изврши упис во книгата на родени и да издаде на посвоителот извод од книгата на родени.

Доживотна издршка?

Давателот на издршката се обврзува да го издржува доживотно примателот на издршката или некое

трето лице, а примателот на издршката во надомест му го остава целиот свој имот или определен дел
од имотот, чие предавање е одложено се до неговата смрт.Како субјекти во договорот за доживотна
издршка се јавува примателот на издршката и давателот на издршката, а доколку доживотното
издржување се договара во корист на некое трето лице, се јавува тоа трето лице.Како примател на издршка
може да се јави секое физичко лице, а најчесто се стари и изнемоштени лица кои имаат извесен имот, но не
се во состојба сами да се грижат за себе. Издршката всушност се состои  во задоволување на основните
животни потреби на лицето кое ја прима издршката, но може да се врши и со давање одредена сума на пари
или натура.

1. Поим, форма и постапка за склучување брак

Законот за семејство на Р. Македонија го дефинира бракот како со закон уредена заедница

на живот на маж и жена, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејство
и општество. Бракот претставува институција од посебен општествен интерес за чие
склучување законот предвидел точно определени услови. Притоа бракот може да се
склучи само во форма која што е определена во законот доколку се исполнети условите за
склучување и за полноважност на бракот. Во законот за семејство предвидени се два вида
услови: постоење на суштествени услови без кои бракот неможе да биде склучен;
непостоење на околности, таканаречени брачни пречки,за да може склучениот брак да
биде полноважен. Во првата категорија, суштествени услови, законот ги предвидува
следните: постоење на две лица од различен пол, согласна изјава дека сакаат да склучат
брак, согласната изјава да биде дадена пред надлежниот орган на начин определен со овој
закон. Во втората категорија, брачни пречки односно околности при чие постоење не
може да се склучи полноважен брак, законот ги предвидува следните:
малолетство,брачност, манифестна форма на душевно заболување и неспособност за
расудување и заостанатост во менталниот развој, недостатоци на волја, сродство.
Претходната постапка ги опфаќа дејствијата кои се преземаат пред самото склучување на
бракот, значи му претходат на чинот на склучување на бракот. Така лицата кои имаат
намера да стапат во брак, поднесуваат пријава до органот на управата надлежен за водење
на матичните книги на венчани, притоа пријавата може да се даде било писмено, било
усно на записник. Покрај пријавата идните брачни другари, според законот се должни да
приложат и извод од матичната книга на родени, а кога е потребно и други документи,
како што е решение со кое е дозволено склучување на брак, судска пресуда со која
претходниот брак престанал, полномошно кога едниот од брачните другари претставен
преку полномошник. Матичарот е должен во оваа претходна фаза да провери дали
постојат околности кои укажуваат на постоење на брачни пречки. Тоа ќе го стори
првенствено врз основа на изјавите на идните брачни другари, но по потреба и на друг
начин. Ако матичарот утврди дека подносителите на пријавата ги исполниле сите услови
предвидени во законот, вклучувајќи го и фактото дека нема основа за постоење на брачни
пречки тој во договор со лицата кои сакаат да склучат брак го утврдува денот и часот за
склучување на брак.
Склучување на брак(венчавање)
Чинот на венчавање го означува моментот на склучување на брак и притоа е неопходно
тоа да се изврши на свечен начин. Законот за семејство предвидува дека склучувањето на
брак се врши на свечен начин и во посебна за тоа определена службена просторија (место
за склучување). Законот предвидува дека бракот се склучува во присуство на лицата кој
сакаат да склучат брак, советникот во собранието на општината што тоа ќе го определи,
двајца сведоци и матичарот. Притоа како сведок може да се појави секое лице кое
поседува деловна способност. Чинот на склучување на брак започнува со извештајот од
страна на матичарот дека идните брачни другари се присутни и дека врз основа на
исправите, изјавите на идните брачни другари и на сведоците е утврдено дека не постојат
пречки за склучување на брак. Советникот откако ќе констатира дека нема приговори на
извештајот започнува со самиот чин на венчавање.Откако брачните другари ќе дадат
потврдна изјава дека се согласни да склучат брак со идниот брачен другар матичарот ќе ја
запише во матичната книга на венчани во која се потпишуваат идните брачни другари,
советникот во општината, сведоците и матичарот. Бракот е склучен кога идните брачни
другари ќе се потпишат во матичната книга на венчани.

2. Врз кои начини престанува полноважниот брак, и објасни ги истите?!

Полноважниот брак може да престане со смрт на брачен другар, со прогласување на

исчезнатиот брачен другар за исчезнат и развод. Смртта на брачниот другар како
природен факт како своја последица го има престанокот на бракот. Со моментот на смртта
престануваат сите функции на брачната заедица меѓу мажот и жената,затоа со смртта на
брачниот другар бракот престанува по сила на закон.По своето дејство врз престанок на
бракот со смртта се изедначчува и прогласувањето на исчезнат брачен другар за умрен.
Прогласувањето а исчезнато лице за умрено не интересира од аспект на утврдувањето на
моемнтот на престанок на бракот и од аспект на последиците вез бракот доколку се случи
брачниот другар кој што е прогласен за умрен да се јави по извесно време или на друг
начин да се утврди дека е жив. За разлика од смртта при прогласувањето на едно лице за
умрено многу е потешко да се утврди фактот дали навистина е исчезнатото лице е умрено
како и моментот кога настапила смртта. Зато при определвањето се тргнува од
претпоставка. Според тоа денот кој што ќе биде определен во правосилното решение за
прогласување на исчезнатото лице за умрено како ден за неговата смрт ќе претставува и
момент кога престанал бракот.Разводот претставува начин на рпестанок на полноважен
брак. Притоа причините за развод настануваат откако тој ќе биде склучен. Причините што
ќе настанат во текот на брачната заеница доведуваат до престанување на заедничкиот
живот. Разводот претставува најчест начин на престанок на брак. Дека бракот не е само
приватен однос меѓу брачните другари докажува и фактот дека тој може да се разведе
само со одлука на надлежен државен орган односно судот во постапка пропишана со
закон.

3.Што претставува старателството, кои се неговите видови и објасни за

старател?!
Старателството е институт чија основа цел е заштита а лицата на ко таа им е еопходна а
тоа е на прво место се малолетните деца кои било од која причина се лишени од
родителската грижа. Но старателството опфаќа и полнолетни лица кои заради својата
здравствена состојба имаат потреба од грижа и од заштита на своите права и интереси.
Старателството опфаќа и други категории на полнолетни лица кои од најразлични
причини не се во состојба сами да се грижат за себе и за заштита на своите права и
интереси. Старателското право го сочинуваат нормите со кои се уредува организираната
опшествена заштита на сите категории на лица на кои таа им е потребна односно на
лицата ставени под старателство. Старателството е стара ошествена и правна
институција . Во римското право таа се појавува во два вида: туторство и кураторство. Во
новата концепција која започна да се изградува по војната појдовната точка беа
категориите лица на кои треба да им се пружи старателска заштита односно на кои таа им
е потребна на околостите кои ја наметнале потребата тие лица да се ставаат под
старателство. Се разграничуваат трите вида на старателство: старателство врз малолетни
лица, старателство вез лишените од деловна спосопбност, старателство за посебни слчаи.
Кога под старателство се става малолетно лице тогаш целта на старателството се
постигнува со згрижување на малолетно дете со неговото воспитување и образование со
што се обезбедуваат услови за правилен развој на еговата личност и оспособување а
самостоен живот. Кај полнолетите лица лишени од деловна способност кои ставаат под
старателство целта на старателството е на прво место грижа за нивната личност бидејчи
тоа се лица кои заради здравтсвени недостатоци ја изгубиле деловната способност. Целта
на старателството во сите други случаи се сведува на заштита на одредени права и
интереси на лицата кои не се во состојба тоа сами да го направата, било да стаува збор за
определено правно дело или пак потребата од таквата заштита да е аметната од
определена правна ситуација. Вториот вид во кој се изведува старателската функција е со
поставување на старател а тоа лице кое непосредно се грижи за личноста и имотните
рпава и интереси на лицето ставено под старателство. Законот за семејството определува
кои својства треба да ги поседува лицето и кои услови треба да бидат исполнети за тоа
лице да може да биде старател. Неопходно е лицето да поседува лични својства и
способности за вршење а должноста старател. Ставот а нашето законодавство е дека
првенствено право имаат најлиските роднини на лицето под старателство, се разбира
доколку ги исполнат сите потребни услови за таа функција. Нашиот закон изречно ги
наведува лицата кои неможат да бидат старатели и тоа: на лице кое му одземено вршеето
на родителско право, на кој му е одземена или ограничена деловна способност, чии
интереси се во спротивност на интересите на лицата под старателство, односно кое не
дава гаранција дека лицето под старателство правилно ќе го воспита, од кој до оглед на
старателство и неговите родители не може да се очекува дека правилно ќе ја врши
старателската функција.

4. Кога престанува правото на издржување?

Правото на издржување на поранешниот брачен другар престанува во следните случаи:

кога ќе престанат претпоставките односно условите кои ги предвидува законот за
остварување на правото на издржување (брачниот другар да нма доволно средства за
издржување и да е неспособен за работа или е без работа не по своја вина; кога ќе истече
времето за кое е досудено издржувањето; кога поранешниот брачен другар кој добива
издржување, ќе склучи нов брак, или ќе стапи во вонбрачна заедница. Значи што
брачниот другар ќе биде во состојба да создава средства за живот, се оспособи за работа и
се вработ или пак остане без работа не по своја вина, не постои основ за остварување на
правото на издржување. Времетраењето на правото на издржување може да трае најмногу
пет години, но дека зависно од околностите на конкретниот случај судот може да одлучи
за подолг или пократок период од наведениот. Со истекувањето на определениот рок во
судската одлука доаѓа до престанок на правото на издржување. Со стапувањето во нов
брак или вонбрачна заедница, поранешниот брачен другар е упатен на дргу начин да ги
обезбедува потребните средства за живот со што исто така доаѓа до престанок на правото
на зидржување. Треба да се води сметка вонбрачата заедница да траела најмалку една
година за да може таа да произведе исти правни дејства како и брачната заедница,
впрочем и при одлучувањето за издржување, односно за остварување на правото за
издржување на лица кои живеат во вонбрачна заедница треба да се води сметка за
исполнување на овој услов: фактичката заедница на живот во вонбрачната заедница да
траела најмалку една година.

5.Што преставува посвојувањето, кои се видовите и условите за посвојување?

Посвојувањето претставува правна и општествена институција со која меѓу посвоителите
и посвоеното дете се засноваат роднински односи, кои зависно од видот на посвојувањето
се идентични со природниот родителски однос. За разлика од природниот родителски
однос, посвојувањето се заснова со правен акт, значи по вештачки а не по природен пат
како крвното сродство. Со посвојувањето се создава посебен облик на семејство и со тоа
се овозможува семејноправна заштита на децата, па поради тоа посвојувањето претставува
институција од посебно општествено значење. Како правен институт посвојувањето се
заснова со правен акт со кој што се воспоставува роднински однос и тоа родителски однос
меѓу посвоителот којшто е полнолетно деловно способно лице и посвоеникот којшто е
туѓо малолетно дете. Од моментот на засновање на родителскит однос по пат на
посвојување, започнуваат да се остваруваат сите права и должности меѓу посвоителот и
посвоеникот кои што постојат меѓу родителите и децата. Во зависнот од содржината на
односите што се создаваат со посвојувањето и од трајноста на тие односи, посвојувањето
се јавува во два вида: потполно и непотполно посвојување. Потполно посвојување е начин
на засновање на родителски однос во кој меѓу посвоителот и неговото семејство и
посвоеникот и неговото потомство се создаваат права и должности кои постојат меѓу
крвни роднини. Односите што се создаваат со потполното посвојување се од траен
карактер, бидејќи правата и должностите се изедначени на оние кои постојат меѓу крвни
роднини, па така еднаш востановениот родителски однос, не може да престане.
Непотполно посвојување претставува востановување на роднински однос, во кој меѓу
посвоителите и посвоеникот настануваат само односи меѓу родители и деца. Бидејќи
непотполното посвојување не претставува дефинитивно раскинување на односите на
посвоеното дете со неговото поранешно семејство, ниту пак со него се воспоставува
целосен родителски однос, непотполното посвојување може да се раскине. За засновање
на посвојувањето потребно е да бидат определени услови од суштествен карактери тоа:
учество на определени лица ( посвоител, посвоеник, родителите или старателот на
посвоеникот), согласна изјава на овие лица за засновање на посвојувањето, учество на
надлежен државен орган(центарот за социјална работа), засновање на посвојувањето во
форма предвидена со закон.

1. Што претставува сродство-то, наведи ги неговите видови, и објасни за крвно

сродство и срдоство по сватовство!
Сродството претставува правно призната врска помеѓу две или повеќе лица врз основа на
која настануваат одредени права и обврски. Во зависност од начинот на засновување на
сродствотo постојат: крвно, граѓанко (посвојување), сродство по сватовство , духовно
(кумство), сродство по млеко (со задојување на туѓо дете). Крвно сродство
претставуваправно призната врска меѓу две или повеќе лица кои потекнуваат од ист
заеднички предок. Пресметувањето на крвното сродство претставува определување
наблизината или оддалеченоста на крвните роднини која се определува со степени на
сродство. Во зависност од начинот на засновување, крвното сродство може да се јави како:
брачно и вонбрачно.Сродство по сватовство настанува со склучување на брак, со што се
заснова правна врска помеѓу роднините на едниот и другиот брачен другар во прв степен
на сродство.

2. Што претставува старателството, кои се неговите видови и објасни за старател?!

Старателството е институција чија основна цел е заштита на лицата на кои таа им е

најнеиопходна лица лишени од родителса грижа и полнолетни кои заради здравствената
состојба несе во можност да се грижат за себе и своите интереси и права. Старател е лице
кое се грижи за имотните и правни интересина лицето ставено под старателство. Нашиот
закон овозможува како старател да се јави близок роднина кој ги познава интересите и
желбина на лицето доколку се согласи и се разбира треба согласност од лицето ставено
под старателство. Со стрателско право не можат да се стекбнат лица накои им е одземено
родителското право, лица со одземена и ограничена деловна способност, лица чие
поведение во минатото и сегашноста штетно би влијаело и чица чии интереси се
спротивни на оние на штитеникот. Едно лице може да биде старател на едно или повеќе
лица во согласност заемна и доколку не се нарушуваат правата и интересите.
Старателството може да биде и комбинирано кога дел од надлежностите ги има ЦСР а дел
старателот. Постојат три видови и тоа стрателство над малолетник, над лица лишени од
деловна способност и старателство во посебни случаеви.

3. Кога престанува правото на издржување?

Правото на издржување престанува кога престанале условите кои ги предвидува законот

кога брачниот другар нема доволно средства за издржување и не е способен заработане по
своја вина, кога ќе истече времето за кое е досудено издржувањето и кога поранешниот
брачендругар кој добива издршкаќе склучи нов брак

4. Што претставува посвојувањето, и наведи ја постапката за посвојување?

Посвоител е лице државјанин на РМ а во исклучителни случаи предвидени со закон и

странски државјанин со одобрение од МТСП.Посвоителот треба да биде деловно
способен, психофизички исправен и да поседува морални својства. Како посвоител се
јавува едно лице. Ндлежен орган за спроведување на посвојувањето е ЦСР. Посвоеник е
малометно лице а старосната граница е три месеци живот. Посвоител не може да биде
лице на кое му е одземено родителското право, со органичена или одземена деловна
способност, душевно болно лице или лице кое се смета дека ќе ја злоупотреби состојбата
на посвоеникот. За да може да настане посвојување потребна е согласност на родителите
на посвоеникот а ако е постар од 10 години потребна е и негова согласнос.Ако во
постапката за посвојување која ја спроведува цср лицето кое сака да посвои дете
поднесува барање до ЦСР како и документи за посвојување кој ги носи МТСП. ЦСР прави
проценка на способноста и мотивите за посвојување. Ако се процени се позитивно се
засновува посвојувањето. Во постапката потребно е да учествуваат посвоителот, неговиот
брачен другар (може да отсуствува ако претходно дал согласностпред ЦСР), родителите
на посвоеникот, самиот посвоеник ако е постар од 10год.ако ЦСР го одбие барањето за
посвојување може да се поднесе жалба до МТСП. Највазно во постапката е составувањето
на записникот и решението бидејќи тоа значи и фактичко засновување на односот. Потоа
матичарот тоа го запишува во книгата на родени и издава извод.

1.Посвојувањето претставува правна и општествена институција со која меѓу

посвоителите и посвоеното дете се засноваат роднински односи, кои зависно од видот на
посјовувањето се идентични со природниот родителски однос, посвојувањето се заснова
со правен акт, значи по вештачки, а не по природен пат како крвното сродство, па затоа
сродството со посјовување и е познато под името граѓанско сродство. Бидејќи со
посвојувањето се создава посебен облик на семејство, а со тоа се овозможува и
семејноправна заштита на децата, тоа претставува институција од посебно општествено
значење и таков третман има и во семејно правната регулатива. Како правен институт,
посвојувањето се заснова со правен акт со којшто се воспоставува роднински однос и тоа
родителски однос меѓу посвоителот којшто е полнолетно деловно способно лице и
посвоеникот којшто е туѓо мало дете. Тоа значи дека од моментот на засновање на
родителски однос по пат на посвојување , започнуваат да се остваруваат сите права и
должности меѓу посвоителот и посвоеникот кои што постојат меѓу родителите и децата.
Во зависност од содржината на односите што се создаваат со посвојувањето и од трајноста
на тие односи, посвојувањето се јавува во два вида: потполно посвојување и непотполно
посвојување.
Потполно посвојување - е начин на засновање на родителски однос во кок меѓу
посвоителот и неговото семејство и посвоеникот и неговото потомство се создаваат права
и должности кои постојат меѓу крвни роднини. Односите што се создаваат со потполното
посвојување се од траен карактер бидејќи правата и должностите се изедначени со оние
кои постојат меѓу крвни роднини. Непотполно посвојување претставува востанување на
роднински однос, во кок меѓу посвоителите и посвоеникот настануваат само односи меѓу
родители и деца. Бидејќи непотполното посвојување не претставува дефинитивно
раскинување на односите на посвоеното дете со неговото поранешно семејство, ниту пак
со него се воспоставува целосен роднински однос на посвоеното дете до семејството на
посвоителот и со неговите роднини, непотполното посвојување може да се раскине.

За засновање на посвовојувањето потребно е да бидат исполнети определени услови и тоа:

учество на определени лица (посвоител, посвоеник, родителите или старателот на
посвоеникот ), согласна изјава на овие лица за засновање на посвојувањето, учество на
надлежен државен орган и засновање на посвојувањето во форма предвидена со законот.

2. Старателството е институт чија основна цел е заштита на лицата на кои таа им е

неопходна, а тоа на прво место се малолетните деца кои од било која причина се лишени
од родителската грижа. Но стсрстелството опфаќа и полнолетни лица кои заради својата
здравствена состојба имаат потреба од грижа и од заштита на своите права и интереси.
Старателството опфаќа и други категории полнолетни лица кои од најразлични причини
не се во состојба сами да се грижат за себе и за заштита на своите права и интереси.
Старателското право го сочинуваат нормите со кои де уредува организираната
општествена заштита на сите категории на лица на кои таа им е потребна односно на
лицата ставени под старателство. Старателството е стара општествена и правна
институција. Во римското право таа се појавува во два вида: туторство и кураторство.

Во новата концепција која започна да се изградува по војната, појдовна точка беа

категориите лица на кои треба да им се пружи старателска заштита односно на кои таа им
е потребна и околностите кои ја наметнале потребата тие лица да се стават под
старателство. Се разграничуваат трите вида на старателство : старателство врз малолетни
лица, старстелство врз лица лишени од деловна способност, старателство за посебни
случаи. Кога под старателство се става малолетно лице, тогаш целта на старателството се
постигнува со згрижување на малолетното дете, со неговото воспитување и образование,
со што се обезбедуваат услови за правилен развој на неговата личност и оспособување за
самостоен живот. Кај полнолетните лица лишени од деловна способност кои се ставаат
под старателство, целта на старателството е на прво место грижа за нивната личност,
бидејќи се тоа лица кои заради здравствени недостатоци, ја изгубиле деловната
способност. Целта на старателството во сите други случаи се сведува на заштита на
одредени права и интереси на лицата кои не се во состојба тоа сами да го направат, било
да станува збор за определено правно дело, или пак потррбата од таквата заштита да е
наметната од определена правна ситуација.

Вториот вид во кој се изведува старателската функција е со поставување на старател а тоа

е лице кое непосредно се грижи за личноста и имотните права и интереси на лицето
ставено под старателство. Законот за семејство определува кои својства треба да ги
поседува лицето и кои услови треба да бидат исполнети за тоа лице да може да биде
старател. Неопходно е лицето да поседува лични својства и способности за вршење на
должноста старател. Ставот на нашето законодавство е дека првенствено право имаат
најблиските роднини на лицето под старателство, се разбира доколку ги исполнат сите
потребни услови за таа функција. Нашиот закон изречно ги наведува лицата кои не можат
да бидат старатели и тоа: лице на кое му е одземено вршењето на родителско право; на
кор му е одземема или ограничена деловната способност; чии интереси се во спротивност
со интересите на лицата под старателство, односно кое не дава гаранција дека лицето под
старателство правилно ќе го воспита; од кор до оглед на неговото поранешно и сегашно
поведение, личните својства и односи со лицето под старателство и неговите родители, не
може да се очекува дека правилно ќе ја врши старателската функција.

Семејнотоинаследнотоправоседвеправнидисциплиникоисемеѓусебноповрзаниииспреплете
ни,
приштотенденциитеодатвонасокананивноизучувањекакоеденнаставенпредметнаправнитес
тудии. ВаквитетенденциисеприфатениинанашиотФакултетзаправнинауки. Оттука,
ќезапочнемесосемејнотоправо,
коегиопфаќабрачнотоправоилипоточноодноситекоинастануваатмеѓубрачнитедругарикоин
астануваатсосклучувањетонабракот, содржинатанатиеодноси, какоипрестанокотнабракот.
Воедно, предметнаизучувањенасемејнотоправоеиродителскотоправо,
односноодноситекоинастануваатмеѓуродителитеидецата,
какоипроблематикатанапосвојувањето.
Старателствотоеуштееденинститутоддоменотнасемејнотоправочијацелеобезбедувањеназа
штитанамалолетнилицабезродителскагрижа,
какоинаполнолетнилицакоинесеспособнидасегрижатзасебе. Истотака,
предметнаизучувањеќебидеииздржувањетовосемејството,
какоизразнасолидарностамеѓунеговитечленови,
какоиодредениаспектинаимотнитеодносивобракотивонбрачнатазаедница.

ЗАКОН ЗА СЕМЕЈСТВОТО
(Пречистен текст )
ПРВ ДЕЛ
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој закон се уредуваат: бракот и семејството, односите во бракот
и семејството, одредени облици на посебна зашита на семејството,
нарушените односи и насилството во бракот и семејството, посвојувањто,
старателството, издржувањето, како и постапката пред судот во брачните
спорови.
Член 2
Семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини,
ако живеат во заедничко домаќинство.
Семејството настанува со раѓање на деца и со посвојување.
Член 3
Односите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно
почитување, меѓусебно помагање и издржување и заштита на интересите
на малолетните деца.
Член 4
Републиката обезбедува посебна заштита на семејството,
мајчинството, децата, малолетните лица, децата без родители и децата без
родителска грижа.
Републиката обезбедува заштита на бракот и семејството од
нарушени односи и насилство во бракот и семејството.
Член 5
Републиката создава и обезбедува научни, економски и социјални
услови за планирање на семејството и за слободно и одговорно
родителство.
Во остварувањето на правото на слободно и одговорно родителство,
родителите се должни да обезбедат оптимални услови за здрав раст и
развој на своето дете во семејството и општеството.
Член 6
Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која
се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и
општеството.
Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука
на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно
почитување и заемно помагање.
Член 7
Родителството настанува со раѓање и посвојување.
Оспорување и утврдување на родителството е дозволено под услови
и на начин утврден со овој закон.
Член 8
Родителите спрема своите деца имаат еднакви права и должности
(родителско право).
Односите на родителите и децата се засноваат на права и должности
на родителите да се грижат за подигање, чување, воспитание и
образование на своите деца и да ги развиваат нивните работни
способности и навики.
Родителското право го вршат родителите заедно во согласност со
потребите и интересите на децата и интересите на општествената
заедница.
На родителот може да му биде одземено или ограничено вршењето
на родителското право под услови предвидени со овој закон.
Член 9
Правата и должностите на родителите и на другите роднини спрема
децата, како и правата и должностите на децата спрема родителите и
другите роднини се еднакви, без оглед дали децата се родени во брак или
надвор од бракот.
Член 10
Родителското право престанува со полнолетство на детето или на
друг начин предвиден со овој закон.
Полнолетството се стекнува со наполнување 18 години од животот,
кога полнолетното лице се здобива со деловна способност.
Член 11
Издржувањето е право и должност на родителите, на децата и на
другите роднини утврдени со овој закон, како и на лицата кои живеат во
брачна или вонбрачна заедница.
Доколку издржувањето не може да се оствари од лицата од став 1 на
овој член, на необезбедените членови на семејството, Републиката им
обезбедува средства неопходни за издржување, под услови определени со
закон.
Член 12
Републиката преку старателство обезбедува заштита на децата без
родители, на малолетните деца без родителска грижа и на полнолетните
лица под услови и начин утврден со овој закон.
Член 13
Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност
со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку
една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на
меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа
заедница.
Член 14
Работите сврзани со посебна заштита и помош на семејството,
насилство во бракот и семејството, дел од работите сврзани со
посвојувањето, како и работите на старателство, утврдени во овој закон, ги
врши центар за социјална работа со методите на стручната, советодавната
и советовалишната интердисциплинарна тимска работа.
За работите од ставот 1 на овој член кои се однесуваат на
посвојувањето одлучува Комисија при Министерството за труд и социјална
политика (во натамошниот текст: Комисија).
За работите од став 1 на овој член центарот за социјална работа и
Комисијата ги применуваат одредбите од Законот за општата управна
постапка.
По жалбите изјавени против решенија на центарот за социјална
работа решава Министерството за труд и социјална политика.
По жалбите изјавени против решенијата на Комисијата решава
соодветна комисија за работи од социјалната политика при Владата на
Репбулика Македонија (во натамошниот текст: Комисија при Владата на
Република Македонија)
Жалбите изјавени против решенијата на центарот за социјална
работa и Комисијата не го задржува нивното извршување.
Член 14-а
Овластувањето за спроведување на извршувањето на решенијата на
центарот за социјална работа, службеното лице го докажува со
легитимација.
Легитимацијата на службеното лице ја издава министерот за труд и
социјална политика.
Образецот на легитимацијата на службеното лице и начинот на
нејзиното издавање го пропишува министерот за труд и социјална политика.
Член 14-б
Бројот на извршителите и овластувањата кои ги имаат извршителите
ги определува министерот за труд и социјална политика со решение.
ВТОР ДЕЛ
БРАК И СКЛУЧУВАЊЕ НА БРАК
1. Услови за склучување и полноважност на бракот
Член 15
Брак можат да склучат две лица од различен пол со слободно
изјавена волја пред надлежен орган, на начин определен со закон.
Член 16
Не може да склучи брак лице кое не наполнило 18 години од животот.
Надлежниот суд може, во вонпроцесна постапка, да дозволи
склучување на брак на лице кое наполнило 16 години од животот ако утврди
дека тоа достигнало телесна и душевна зрелост потребна за вршење на
правата и должностите што настануваат во бракот, а по претходно
прибавено мислење од здравствена установа и укажана стручна помош во
центарот за социјална работа.
Член 17
Не може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не
му престане.
Член 18
Не можат да склучат брак лица кои поради манифесна форма на
душевно заболување со присуство на психотични симптоми или резидуални
знаци од болеста не се во состојба да го сфатат значењето на бракот и
обврските што произлегуваат од него, а кои се истовремено неспособни за
расудување.
Не можат да склучат брак и лица кои заостануваат во менталниот
(психичкиот) развој, а припаѓаат во групата на лица со тешка и најтешка
ментална заостанатост IQ под 36 °.
Лицата кои се распоредени како лица со умерени пречки во
психичкиот развој или со лесни пречки во психичкиот развој, како и лица кои
имаат тешки наследни заболувања во фамилијата, можат да склучат брак
по претходно прибавено мислење за генетската конструкција издадено од
Заводот за ментално здравје на деца и младинци Скопје или друга
соодветна институција која се занимава со вршење на генетски
истражувања.
Член 19
Бракот не е полноважен кога согласноста за склучување на брак е
дадена под присила или во заблуда.
Член 20
Не можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија
(дедо, баба, мајка, татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и
сестра по татко, односно по мајка, стрико и дете од брат, вујко и дете од
сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди.
Не можат да склучат брак и лица чие сродство од претходниот став е
засновано со посвојување.
Член 21
Не можат меѓу себе да склучат брак свекор и снаа, зет и тешта, очув и
паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие
склучување тие дошле во такво сродство, престанал.
Од оправдани причини надлежниот суд може во вонпроцесна
постапка, да дозволи роднините од став 1 на овој член меѓу себе да склучат
брак.
Член 22
Вонбрачното сродство претставува пречка за склучување на брак како
и брачното.
2. Постапка за склучување на брак
Член 23
Лицата кои имаат намера да стапат во брак поднесуваат пријава до
органот на управата надлежен за водење на матичните книги на венчаните.
Пријавата за склучување на брак може да се даде писмено или усно
на записник.
Кон пријавата, идните брачни другари, приложуваат извод од матична
книга на родените, потврда дека посетиле предбрачно и брачно
советувалиште во центарот за социјална работа кога прв пат склучуваат
брак и други исправи кога е тоа потребно (решение со кое е дозволено
склучување на брак, доказ дека претходниот брак престанал, полномошно и
слично.)
Член 24
Матичарот ќе провери, врз основа на изјавата на лицата кои сакаат да
стапат во брак, а по потреба и на друг начин, дали постои законска пречка
за склучување на бракот.
Матичарот е должен со решение да го одбие склучувањето на бракот,
ако утврди дека според законот не е дозволено неговото склучување.
Против решението од став 2 на овој член лицата кои поднеле пријава
за склучување на брак може да поднесат жалба во рок од осум дена од
денот на приемот на решението до органот на управата надлежен за
водењето на матичните книги.
По жалбата против решението од став 2 на овој член решава лицето
кое раководи со органот на управата надлежен за водењето на матичните
книги.
Член 25
Денот и часот за склучувањето на бракот го определува матичарот во
договор со лицата кои сакаат да склучат брак.
Член 26
Склучување на брак се врши на свечен начин и во посебна
определена службена просторија.
По барање на лицата кои сакаат да склучат брак, бракот може да се
склучи и на некое друго место, ако за тоа постојат оправдани причини.
Член 27
Бракот се склучува во присуство на лицата кои сакаат да склучат
брак, одборникот во собранието на општината што тоа ќе го определи,
двајца сведоци и матичарот.
Сведок при склучување на брак може да биде секое деловно
способно лице.
Член 28
Во посебно оправдани случаи, органот надлежен за водење на
матичните книги на венчаните може со решение да дозволи бракот да се
склучи со присуство само на еден од идните брачни и полномошник на
другиот брачен другар.
Полномошното содржи лични податоци за давателот на
полномошното, полномошникот и лицето со кое давателот на
полномошното сака да склучи брак.
Полномошното се издава во форма на јавна исправа.
Член 29
Склучувањето на бракот започнува со извештај на матичарот дека се
присутни подносителите на пријавата и дека врз основа на исправите,
изјавите на идните брачни другари и на сведоците, е утврдено дека не
постојат пречки за склучување на бракот.
Ако бракот се склучува преку полномошник се чита полномошното
издадено во смисла на член 28 од овој закон.
Откако одборникот на собранието на општината ќе утврди дека нема
приговор на извештајот на матичарот, ги запознава идните брачни другари
со значењето на бракот и правата и обврските што произлегуваат од него.
Потоа го прашува поединечно секој од идните брачни другари дали се
согласува да склучи брак со идниот брачен другар.
Изјавата на идните брачни другари дека се согласни да го склучат
бракот, матичарот ќе ја запише во матичната книга на венчаните, во која
потоа се потпишуваат идните брачни другари, одборникот во општината,
сведоците и матичарот.
Бракот е склучен кога идните брачни другари ќе се потпишат во
матичната книга на венчаните.
По потпишувањето од двајцата идни брачни другари, одборникот на
општината ќе прогласи дека меѓу жената и мажот, наведени со нивните
лични имиња, бракот е склучен.
Веднаш по запишувањето во матичната книга на венчаните на
брачните другари ќе им се издаде извод од матичната книга на венчаните.
Член 30
Бракот склучен по верски обичаи не произведува правно дејство.
II . ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ
Член 31
При склучувањето на бракот, брачните другари можат да се спогодат
да го земат за презиме презимето на едниот или на другиот брачен другар
или секој да го задржи своето презиме или секој од нив на своето презиме
да го додаде презимето на другиот брачен другар или едниот брачен другар
да го земе презимето на другиот брачен другар и на тоа презиме да му го
додаде своето презиме.
Член 32
Секој брачен другар е независен во изборот на работата и
занимањето.
Брачните другари спогодбено одлучуваат за местото на заедничкото
живеење и за водење на заедничкото домаќинство.
Член 33
Брачните другари секој според своите способности се грижат за
задоволување на потребите на семејството.
Член 33-а
Се забранува секаков вид на насилство во бракот и семејството.
III . ПРЕСТАНОК НА БРАКОТ
Член 34
Бракот престанува со смрт на еден од брачните другари, со
прогласување на исчезнатиот брачен другар за умрен, со поништување и со
развод на бракот.
Ако еден од брачните другари е прогласен за умрен, бракот
престанува со денот, кој со правосилното решение е утврден како ден на
неговата смрт.
Бракот престанува со поништување и со развод кога пресудата за
поништување, односно развод, ќе стане правосилна.
1. Поништување на брак
Член 35
Бракот ќе се поништи ако се утврди дека при неговото склучување
постоела некоја од брачните пречки предвидени во членовите 16 до 22 на
овој закон.
Член 36
Поништување на брак може да бара еден од брачните другари,
јавниот обвинител, како и физичко и правно лице кое за тоа има правен
интерес, ако со овој закон не е определено поинаку.
Поништување на брак склучен под принуда може да бара само
брачниот другар кој бил принуден да го склучи бракот. Тужба може да се
поднесе во рок од една година од денот кога опасноста од извршувањето
на принудата престанала.
Поништување на брак склучен во заблуда може да бара само
брачниот другар кој во заблуда се согласил да склучи брак. Тужба може да
се поднесе во рок од една година од денот на сознавањето на заблудата.
Член 37
Правото на поднесување тужба за поништување на брак не
преминува на наследниците на тужителот, но тие можат да ја продолжат
започнатата постапка.
Член 38
Тужба за поништување на бракот поради причините утврдени во
членовите 16 до 22 на овој закон, освен кога се работи за принуда, заблуда,
како и за малолетство, може да се поднесе и по престанок на бракот.
2. Развод на брак
Член 39
Бракот може да се разведе со заемна согласност на брачните
другари.
Ако брачните другари имаат заеднички малолетни деца или
полнолетни деца над кои им е продолжено родителското право, потребно е
да поднесат спогодба за начинот на вршењето на родителските права и
должности и за издржувањето и воспитанието на децата.
Судот ќе донесе одлука за развод на бракот по заемна согласност на
брачните другари ако утврди дека тие таа согласност ја донеле слободно,
сериозно и непоколебливо.
Член 40
Бракот може да се разведе по барање на еден од брачните другари
ако брачните односи се до таа мера нарушени што заедничкиот живот
станал неподнослив.
Член 41
Брачниот другар може да бара развод на бракот ако брачната
заедница фактички престанала подолго од една година.
Член 42
Во случај на развод или поништување на бракот, секој од
поранешните брачни другари го задржува презимето што го има, а може да
бара и промена на тоа презиме.
Член 43
Правосилна пресуда за развод или поништување на бракот, судот ја
доставува до органот на управата надлежен за водење на матична книга на
венчаните најдоцна во рок од 30 дена заради упис на промените, како и до
центарот за социјална работа, ако во бракот имаат малолетни деца или
деца над кои е продолжено родителското право.
ТРЕТ ДЕЛ
ОДНОСИ НА РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
I . РОДИТЕЛСКО ПРАВО
Член 44
Родителското право го сочинуваат правата и должностите на
родителите да се грижат за личноста, правата и интересите на своите
малолетни деца и децата над кои е продолжено родителското право.
Член 45
Родителското право им припаѓа на мајката и на таткото подеднакво.
Ако еден од родителите е умрен или не е познат или му е одземено
родителското право или ако од други причини е спречен да го врши
родителското право, родителското право го врши другиот родител.
II . ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА
Член 46
Родителите имаат право и должност да ги издржуваат своите
малолетни деца, да се грижат за нивниот живот и за нивното здравје, да ги
подготвуваат за самостоен живот и работа, да се грижат за нивното
воспитание, школување и стручно оспособување.
Детето има право да биде издржувано од своите родители, да биде
згрижено, да биде заштитен неговиот живот и здравје, да биде оспособено
за самостоен живот и работа, да му се обезбедат оптимални услови за
негово воспитување, школување и стручно оспособување, зависно од
условите на семејството.
Член 47
Малолетните деца имаат право да живеат со своите родители.
Малолетните деца можат да живеат одвоено од своите родители
само кога е тоа од непосреден интерес за децата или кога тоа е од
заеднички интерес за децата и за родителите.
Детето има право да одржува лични односи и непосредни контакти со
родителот со кого не живее.
Родителот со кого детето не живее има право и должност да одржува
лични односи и непосредни контакти со своето дете.
Малолетните деца имаат право да одржуваат непосредни контакти со
родителите и други блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого му е
одземено родителското право или од други причини е спречен да го врши
родителското право.
Член 48
Родителите имаат право и должност да ги застапуваат своите
малолетни деца.
Детето има право да биде застапувано од своите родители или
старатели.
Член 49
Поднесоците и изјавите за малолетните деца може полноважно да се
доставуваат на едниот или на другиот родител, а ако родителите не живеат
заедно, тогаш на родителот кај кого живее детето.
III . ЗАСНОВАЊЕ НА ОДНОСИ МЕЃУ РОДИТЕЛИ И ДЕЦА
1. Утврдување на татковство и на мајчинство
Член 50
Брачниот другар на мајката се смета за татко на детето родено за
време на траењето на бракот или во рок од 300 дена по престанокот на
бракот.
Член 51
За татко на детето родено надвор од брак се смета лицето кое детето
ќе го признае за свое.
Татковство може да се признае пред матичар, центарот за социјална
работа и суд. Органот пред кого е дадено ова признание должен е без
одлагање записникот за признавање на татковството да го достави до
матичарот, надлежен за упис на детето во матичната книга на родените.
Признавање на татковството може да биде направено и со тестамент.
Член 52
Изјава за признавање на татковството на дете родено надвор од брак
може да се даде и преку полномошник.
Полномошното мора да биде заверено и да содржи изрично
овластување на полномошникот, да даде изјава за признавање на
татковство на одредено дете кое го родила одредена мајка.
Член 53
Изјава за признавањето на татковство на дете родено надвор од брак
може да се даде и пред раѓање на детето. Изјавата дадена пред раѓање на
детето произведува правно дејство под услов детето да се роди живо.
Член 54
Татковство не може да се признае по смртта на детето, освен ако тоа
оставило потомство.
Член 55
Татковството на дете родено надвор од брак може да признае секое
полнолетно деловно способно лице, како и малолетно лице ако е постаро
од 16 години, како и лице со ограничена деловна способност, доколку е
способно да ја сфати содржината и значењето на изјавата за признавање
на татковство.
Член 56
Признавањето на татковството произведува правно дејство и се
запишува во матичната книга на родените само ако со тоа се согласи
мајката на детето, која за тоа матичарот ја известува.
Изјавата за согласност за признавање на татковство мајката ја дава
во рок од 30 дена по приемот на известувањето.
Кога мајката не е жива или е исчезната, со непозната адреса или со
ограничена или одземена деловна способност, изјавата ја дава старателот
на детето со одобрение на центарот за социјална работа.
Член 57
Ако детето е постаро од 16 години, потребна е и негова согласност за
признавање на татковството. Изјавата за согласност се дава во рок од 30
дена од денот на приемот на известувањето.
Ако детето е помало од 16 години, и е под старателство, бидејќи
мајката е умрена или е со непознато живеалиште или престојувалиште или
му е одземена деловната способност, изјава за согласност за признавање
на татковството дава старателот на детето со одобрение на центарот за
социјална работа.
Член 58
Ако мајката на детето и детето кое е постаро од 16 години или
старателот на детето кога е потребна неговата согласност, не се согласат
со признавањето на татковството или не се изјаснат за тоа во рок од 30
дена по приемот на известувањето, лицето кое го признало детето за свое
може да поднесе тужба заради утврдување дека е тој татко на детето.
Тужба може да се поднесе во рок од три месеци по приемот на
известувањето за несогласување на лицата од став 1 на овој член, или по
истекот на рокот од став 1 на овој член.
Член 59
Изјавата за признавање на татковство, како и изјавата на мајката и
детето за согласност со признаеното татковство, не може да се
отповикуваат.
Лице кое дало изјава за признавање на татковство, односно изјава за
согласност со признавање на татковство, може да бара поништување на
изјавата ако е таа предизвикана со принуда или е дадена поради измама
или во заблуда.
Тужба за поништување на изјавата може да се поднесе во рок од
една година од кога принудата престанала, односно од денот кога
заблудата, односно измамата е откриена.
Член 60
Детето родено надвор од брак, тужба заради утврдување на
татковство, може да поднесе до навршувањето на 21 година од животот.
Ако е детето малолетно или е деловно неспособно, тужба во негово
име може да поднесе мајката, додека го врши родителското право.
Старателот, со одобрение на центарот за социјална работа може да
поднесе тужба за утврдување на татковство додека трае старателството, но
најдоцна до навршена 21 година од животот на детето.
Центарот за социјална работа може по службена должност да
покрене постапка за утврдување на татковство, доколку мајката вршејќи го
родителското право ги занемарува интересите на детето и не покренала
постапка за утврдување на татковство.
Член 61
За татко на детето, родено надвор од брак, ќе се смета лице кое со
мајката на детето имало полови односи во време од најмалку 180 до 300
дена пред раѓањето на детето, доколку не се докаже спротивното.
При утврдувањето на татковството судот особено ги зема предвид и
заедничкиот живот и меѓусебните односи на мајката на детето и на
тужениот пред и по раѓањето на детето, како и медицинските и други докази
кои не го исклучуваат тужениот дека е татко на детето.
Член 62
Не е дозволено утврдување на татковство на дете кое е зачнато со
вештачко оплодување.
Член 63
Одредбите на овој закон за утврдување на татковство соодветно се
применуваат и при утврдување на мајчинство.
2. Оспорување на татковство и на мајчинство
Член 64
Брачниот другар може да оспорува татковство на дете кое го родила
неговата брачна другарка за време на траењето на бракот или пред истекот
на 300 дена од престанокот на бракот, ако смета дека не му е татко на
детето.
Тужбата за оспорување на татковство се поднесува во рок од три
месеци од денот на дознавањето за раѓањето.
Ако брачниот другар на мајката е лишен од деловна способност или
ако ја изгубил деловната способност пред истекот на рокот за оспорување
на татковство, татковството може да го оспорува неговиот старател со
одобрение на центарот за социјална работа и тоа во рок од три месеци од
кога дознал за раѓањето на детето.
Член 65
Ако по истекот на рокот за поднесување на тужба од став 2 на член
64, од овој закон се откријат факти и докази од кои произлегува дека
брачниот другар не е татко на детето кое го родила неговата брачна
другарка, на негово барање Врховниот суд на Република Македонија со
решение може да определи нов рок за поднесување тужба за оспорување
на татковство.
Барањето од став 1 на овој член не може да се поднесе по
полнолетството на детето.
Член 66
Мајката може да оспорува татковство на лице кое според овој закон
се смета за татко на нејзиното дете.
Тужбата за оспорување на татковството од став 1 на овој член се
поднесува во рок од три месеци од раѓањето на детето.
Член 67
Детето може да оспорува дека му е татко лицето кое според овој
закон се смета за негов татко.
Тужбата за оспорување на татковство детето може да ја поднесе
најдоцна до навршување на 21 година од животот.
Член 68
Жената која во матичната книга на родените е запишана како мајка на
детето може да го оспорува своето мајчинство ако смета дека не му е мајка.
Тужба заради оспорување на мајчинство може да се поднесе во рок
од три месеци од дознавањето на фактот дека не му е мајка на детето, а
најдоцна до полнолетство на детето.
Член 69
Жената која себе си се смета за мајка на детето може да го оспорува
мајчинството на жената која во матичната книга на родените е запишана
како мајка на детето под услов, со истата тужба да бара и утврдување на
нејзиното мајчинство.
Тужбата од став 1 на овој член може да се поднесе во рок од три
месеци од дознавањето дека е таа мајка на детето, а најдоцна до
полнолетството на детето.
Во случаите од став 1 на овој член барањето за оспорување на
мајчинство ќе биде одбиено доколку жената која се смета за мајка на
детето не го докаже своето мајчинство.
Член 70
Детето може да го оспорува мајчинството на жената која во
матичната книга на родените е запишана како негова мајка.
Тужбата заради оспорување на мајчинство детето може да ја поднесе
до навршување на 21 година од животот.
Член 71
Оспорување на татковство не е дозволено кога мајката, со писмена
согласност на нејзиниот брачен другар, е оплодена со вештачка
инсеменација.
Член 72
Татковство не може да се оспорува по смртта на детето.
Член 73
Законските наследници на таткото, на мајката и на детето, немаат
право да поднесуваат тужба за оспорување на татковство, односно
мајчинство, но тие можат да ја продолжат тужбата поднесена од нив.
Член 74
До полнолетството на детето, како и во случаите кога детето е
лишено од деловна способност, тужба за оспорување на татковство и
мајчинство, во негово име, може да поднесе старателот, со одобрение на
центарот за социјална работа.
Член 75
Не е дозволено утврдување или оспорување на мајчинство и
татковство во случај кога родителскиот однос настанал со посвојување.
IV . ВРШЕЊЕ НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО
Член 76
Родителското право родителите го вршат заеднички и спогодбено.
Во случај на несогласување на родителите во вршењето на
родителското право решава центарот за социјална работа.
Член 77
Ако тоа го бараат интересите на детето, родителите можат да го
доверат детето на чување и воспитание на трето лице или да го сместат во
соодветна установа.
Ако родителите или родителот кој сам го врши родителското право од
оправдани причини подолго време отсуствуваат од местото на живеење и
со себе не ги водат децата, децата можат да ги доверат на чување и
воспитание на друго лице, доколку центарот за социјална работа таквото
сместување претходно го одобри. Ќе се смета дека одобрување е дадено
доколку во рок од 30 дена по поднесувањето на барањето, центарот за
социјална работа не донесе решение.
Дете не може да се даде на чување и воспитание на лице кое не може
да биде старател.
Член 78
Во случаите кога родителите на детето не живеат заедно, тогаш се
спогодуваат кај кого од нив детето ќе остане на чување и воспитание, а ако
за тоа не можат да се спогодат или ако нивната спогодба не одговара на
интересите на детето, решение за тоа ќе донесе центарот за социјална
работа.
Центарот за социјална работа на барање на еден од родителите или
по службена должност, ќе донесе ново решение за доверување на детето
на чување и воспитание ако тоа го бараат изменетите околности.
Член 79
Во случаите кога родителите на детето не живеат заедно тогаш тие се
спогодуват за начинот на одржување на личните односи и непосредни
контакти со детето. Доколку родителите на детето во рок од најмногу два
месеца не се согласат за начинот на одржување на личните односи и
непосредни контакти со детето, центарот за социјална работа донесува
решение за тоа.
При определување на личните односи и непосредните контаткти на
детето со родителот, центарот за социјална работа го ифнормира детето и
ги зема предвид неговите ставови и мислења во зависност од возраста и
степен на развиток и го известува за можните последици од одлуките.
Центарот за социјална работа по барање на родителот може одново
да го уреди начинот на одржување на личните односи и непосредни
контакти на родителите со децата ако тоа го бараат изменетите околности.
Одржувањето на личните односи на децата со родителите може да се
ограничи или привремено да се забрани само заради заштита на здравјето
и на другите интереси на детето.
Во случај кога не се остварува правото на малолетното дете да
одржува непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на
родителот кој е умрен, на кого му е одземено родителското право или од
други причини е спречен да го врши родителското право, Центарот за
социјална работа, донесува решение за начинот на одржување на
непосредните контакти.
Член 80
Со пресудата со која се разведува бракот судот ќе одлучи за
чувањето, воспитанието и издржувањето на заедничките деца.
Ако родителите не се спогодиле за ова или ако нивната спогодба не
одговара на интересите на децата, судот, откако ќе прибави мислење од
центарот за социјална работа и ќе ги испита сите околности, ќе одлучи дали
децата ќе останат на чување и воспитание кај еден родител или некои ќе
останат кај мајката, а некои кај таткото или сите ќе бидат доверени на некое
трето лице или установа.
Родителот на кого не му се доверени децата има право да одржува
лични односи и непосредни контакти со нив, ако судот не определи поинаку
со оглед на интересите на децата.
Судот, по барање на еден од разведените брачни другари или
центарот за социјална работа, ќе ја измени одлуката за чување и
воспитание на децата и за односите на разведените брачни другари спрема
нивните заеднички деца, доколку тоа го бараат изменетите околности.
Член 81
Судот ќе одлучи за доверување на децата на чување и воспитание и
кога:
1) донесува пресуда со која се утврдува дека бракот не постои и
2) во спорови за утврдување или оспорување на татковство или
мајчинство доколку донесувањето на одлуката со оглед на исходот на
спорот и околностите за случајот е можно и потребно.
Кога донесува одлука за доверување на деца на чување и воспитание
судот доколку е потребно ќе наложи на странката кај која се децата во
определен рок да ги предаде децата на родителот, односно друго лице или
установа.
Член 82
По поништувањето или разводот на бракот, во однос на вршењето на
родителското право и уредувањето на личните односи и непосредни
контакти со децата на родителот кај кого не се децата, центарот ги има
истите овластувања како и кога родителите се во брак.
V . НАДЗОР НАД ВРШЕЊЕТО НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО
Член 83
Центарот за социјална работа врши надзор над вршењето на
родителското право.
Член 84
Центарот за социјална работа е должен да презема потребни мерки
заради заштита на личноста, правата и интересите на детето.
Секој граѓанин, орган и правно лице должен е да го извести центарот
за социјална работа веднаш штом дознае дека родителот не го врши
родителското право или дека од други причини е потребна заштита на
личноста, правата и интересите на детето.
Член 85
Ако тоа го бараат интересите на детето, центарот за социјална
работа ги предупредува родителите на недостатоците во воспитанието и
развојот на детето и им помага детето правилно да го развиваат и
воспитуваат, а може да ги упати тие самите или заедно со детето да
посетат соодветно советувалиште или некоја друга здравствена, социјална
или воспитна установа која може да им даде потребен совет.
Член 86
Ако тоа го бараат интересите на детето, центарот за социјална
работа може да донесе решение за постојан надзор над вршењето на
родителското право во поглед на сите деца или само во поглед на некое од
нив.
Член 87
Центарот за социјална работа со решение може да го одземе детето
од едниот и да го довери на чување и воспитание на другиот родител, на
некое друго лице или на соодветна установа, кога родителите, односно
родителот кај кого детето живее го запостави детето во поглед на чувањето
и воспитанието или кога постои сериозна опасност за неговиот правилен
развој и одгледување.
Центарот за социјална работа може да донесе решение, со кое на
родителот кој подолго од три месеца не давал издржување за детето, ќе му
го ограничи правото да одржува лични односи и непосредни контакти со
детето, се додека не ги изврши обврските спрема детето.
Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот
кај кого детето не е доворено на чување и воспитание, ќе му го ограничи
правото на одржување на лични односи и контакти со детето, доколку
неоправдано повеќе од три пати непрекинато, не го почитувал решението
на центарот за социјална работа.
Центарот за социјална работа може да донесе решение со кое ќе го
даде детето на престој кај родителот на кого детето не му е доверено на
чување и воспитание ореден временски период, но не подолго од 15 дена,
доколку повеќе од два пати едно по друго другиот родител неоправдано не
го почитувал решението на центарот за социјална работа.
Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот
ќе му го ограничи правото на одржување на лични односи и контакти со
детето или истите ќе му ги забрани за одреден временски период, но не
подолго од шест месеца, доколку во рокот определен со решението, не го
вратил детето или го задржал подолго од времето определено во
решението или го однел во непознат правец.
Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое времено ќе
го довери детето на другиот родител, трето лице или ќе го смести во друго
семејство или во соодветна установа, како последен избор, доколку има
сознанија дека личните односи и непосредните контакти на детето се
прекинати подолго од два месеца поради не постапување по решение на
центарот за социјална работа од страна на родителот кај кого детето е
доверено или поради нарушени партнерски односи, кои штетно се
одразуваат врз развојот на детето.
Со одземањето на детето не престануваат другите права и должности
на родителите спрема детето.
Во случаите од ставовите 1,2,3,4,5,6 и 7 на овој член, центарот за
социјална рбота ги задолжува родителите да посетат соодветно
советувалиште.
По престанок на причините поради кои детето е одземено од
родителите, центарот за социјална работа, со решение ќе го врати детето
кај родителите.
Член 88
Центарот за социјална работа може сам или по предлог на
родителите, односно на старателот, на лицето на кого детето му е
доверено на чување и воспитание или на предлог на јавниот обвинител, да
смести дете во соодветна установа ако дошло до пореметување на
неговото поведение.
Член 89
Центарот за социјална работа кога постои оправдано сомнение за
злоупотреба, може да бара од родителите да биде известен за начинот на
управување со имотот на детето.
Центарот за социјална работа може да бара судот, заради заштита на
имотните интереси на детето, да дозволи преземање на мерки за
обезбедување врз имотот на родителите.
Центарот за социјална работа може да бара од судот, заради заштита
на имотните интереси на детето, да реши, родителите во поглед на
управувањето со имотот на детето, да имаат положба на старател.
Член 90
На родителот кој го злоупотребува вршењето на родителското право
или грубо го занемарува вршењето на родителските должности по
прибавено мислење од центарот за социјална работа, му се одзема
вршењето на родителското право со решение на судот, во вонпроцесна
постапка.
Како злоупотреба или грубо занемарување на родителските
должности во смисла на ставот 1 од овој член, ќе се смета ако родителот :
- спроведува физичко или емоционално насилство над детето;
- полово го искористува детето;
- го присилува детето на работа која не одговара на неговата возраст;
- му дозволува употреба на алкохол, дрога или други психотропни
супстанци;
- го наведува детето на општествено неприфатливи поведенија;
- го напушти детето и подолго од три месеца не се грижи за детето, и
-ако на кој било друг начин грубо ги крши правата на детето.
На родителот може да му биде одземено вршењето на родителското
право во поглед на сите деца или во поглед на некое од нив.
Член 91
Постапка заради одземање на родителското право може да поведе
другиот родител, центарот за социјална работа или јавниот обвинител.
Центарот за социјална работа е должен да поведе постапка за
одземање на родителското право кога, на кој и да било начин, ќе дознае
дека за тоа постојат причини утврдени со овој закон.
Центарот за социјална работа кога ќе дознае дека постои опасност од
злоупотреба на родителското право или опасност од грубо занемарување
на родителските должности, должен е веднаш да преземе мерки за заштита
на личноста, правата и интересите на детето.
Член 92
Родителското право може, со одлука на судот, да му биде вратено на
родителот кога ќе претстане причината поради која тоа право му е
одземено.
Предлог за враќање на родителското право може да поднесе
родителот или Центарот за социјална работа.
VI . ПРЕСТАНОК И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО
Член 93
Родителското право престанува со полнолетство на детето, со
стапување во брак на детето пред полнолетството и со посвојување.
Со стапување во брак малолетното лице се здобива со деловна
способност.
Член 94
Судот, по предлог на родителите или на центарот за социјална
работа може, во вонпроцесна постапка, да одлучи родителите да
продолжат да го вршат родителското право, ако детето и по
полнолетството поради пречки во психичкиот развој, не е способно само да
се грижи за својата личност, права и интереси.
Кога ќе престанат причините поради кои родителското право било
продолжено судот, по предлог на родителите или на центарот за социјална
работа, ќе одлучи за престанок на родителското право.
Одлуката на судот од ставовите 1 и 2 на овој член се заведува во
матичната книга на родените и во книгите за евиденција на недвижности.
VI-a
Нарушени односи и насилство во бракот и семејството.
Член 94-а
Лицата кои живеат во брак, односно семејството се должни меѓусебно
да се почитуваат, помагаат и заштитуваат.
Член 94-б
Се забранува секаков вид на насилство меѓу членовите на
семејството, без оглед на пол и возраст.
Под насилство во бракот и семејството (во натамошниот текст:
семејно насилство) од ставот 1 на овој член се смета однесување на член
на семејството кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни
повреди, емоционална или сексуална злоупотреба и материјално,
сексуално или работно искористување на друг член на семејството.
Како насилство од ставот 2 на овој член, се смета однесување
сторено:
- од едниот брачен другар врз другиот брачен другар кои живеат или
живееле во брачна или вонбрачна заедница или во кој било вид заедница
како семејство или ако имаат заедничко дете;
- меѓу браќа и сестри, полубраќа и полусестри;
- над дете;
- над постарите членови во семејството и
- над лица - членови на семејството чија деловна способност е
делумно или целосно одземена.
Член 94-в
Жртва на семејно насилство може да биде кој било член од
семејството, без оглед на пол и возраст.
Извршител на семејно насилство може да биде: брачниот или
вонбрачниот другар, поранешниот брачен или вонбрачен другар, лицето
кое живее или живеело во заедница со лицето жртва на семејното
насилство, лице со кое се има заедничко дете или лице кое е поврзано до
четврти степен на крвно сродство и втор степен по сватовство со овие
лица, или се со нив во брачна или вонбрачна заедница или во друг вид на
заедница на живеење.
Член 94-г
Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во
семејството се нарушени семејните односи или има семејно насилство сам
или на барање на член од семејството презема мерки за заштита на
семејството и лицата кои се жртва на семејното насилство.
Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во
смејството постои семејно насилство врз малолетно дете или лице со
ограничена или одземена деловна способност презема мерки за заштита.
Сознанијата од ставовите 1 и 2 на овој член, Центарот за социјална
работа ги добива од граѓани, службени и правни лица, кои се должни без
одлагање да го известат Центарот за таквите сознанија.
Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во
семејството постои семејно насилство ги презема следниве мерки на
заштита:
1) обезбедува нужно сместување за лицето - жртва на насилство, кое
може да трае најмногу шест месеца со можност за продолжување за уште
шест месеца;
2) обезбедува соодветна здравствена заштита;
3) обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман;
4) ги упатува во соодветно советувалиште;
5) доколку во семејството има дете кое е на редовно школување,
помага за продолжување на редовното образование;
6) го известува органот за прогон;
7) дава секаков вид на правна помош и застапување;
8) покренување постапка пред надлежниот суд;
9) по потреба поднесува барање до судот за изречување на
привремена мерка за заштита и
10) презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за
решавање на проблемот.
Центарот за социјална работа ги презема мерките од ставот 4 на овој
член кога извршител на семејното насилство е некое од лицата утврдени во
членот 94-в на овој закон.
Член 94-д
Центарот за социјална работа ќе поднесе барање на изречување на
привремена мерка за заштита од семејно насилство до судот за малолетни
и деловни неспособни лица секогаш кога родителот, старателот или
законскиот застапник тоа нема да го сторат.
Центарот за социјална работа, барањето од ставот 1 на овој член, за
полнолетни и деловно способни лица, ќе го достави до судот, само со
согласност на жртвата на семејното насилство.
Член 94-ѓ
Центарот за социјална работа кон барањето од членот 94-д на овој
закон доставува записник и извештај за преземените дејствија, во кој може
да даде и предлог за изречување на привремена мерка со предлог намерка.
Член 94-е
Центарот за социјална работа, доколку има сознанија дека се
извршени дејствија од членот 94-б на овој закон поднесува барање до
надлежниот суд за изречување на привремена мерка, со која судот може на
сторителот на семејното насилство да:
1) забрани да се заканува дека ќе стори семејно насилство;
2) забрани да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или
на друг начин комуницира со член на семејството, директно или
индиректно;
3) забрани да се приближува до живеалиштето, училиштето,
работното место или определено место кое редовно го посетува друг член
на семејството;
4) одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до
донесување на конечна одлука од надлежниот суд;
5) забрани да поседува огнено или друго оружје или истото да му
биде одземено;
6) го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за
задоволување на секојдневните потреби на семејството;
7) изрече задолжително издржување на семејството;
8) нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште;
9) нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и
други психотропни супстанци или има некое заболување;
10) го задолжи да ги надомести медициснките и другите трошоци
настанати од семејното насилство и
11) изрече која било друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна
за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови на
семејството.
Член 94-ж
Предлог за изречување привремена мерка може да поднесе брачниот
другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или
вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, поранешен брачен другар
или лица кои се наоѓаат во блиски лични односи кон кои се преземени
дејствија на семејно насилство, без оглед дали е поднесена тужба во
кривична постапка.
Родител, старател или законски застапник може да поднесе предлог
во име на малолетно дете и лице со ограничена или одземена деловна
способност, како и за лице над кое е продолжено родителското право.
Предлогот од ставовите 1 и 2 на овој член лицата го доставуваат до
надлежниот центар за социјална работа определен според местото на
живеење на жртвата на семејното насилство.
Член 94-з
Привремената мерка за заштита од семејно насилство може да трае
најмногу една година.
Доколку семејното насилство продолжи и по истекот на мерката од
членот 94-е на овој закон, центарот за социјална работа може да поднесе
барање за продолжување на некоја од мерките.
Член 94-ѕ
Центарот за социјална работа го следи извршувањето на изречената
мерка и за текот на спроведувањето на мерката го известува судот на
негово барање.
Член 94-и
Центарот за социјална работа може да поднесе предлог до
надлежниот суд за укинување на изречената мерка и пред истекот на рокот
за кој е изречена мерката, доколку оцени дека истата ја постигнала целта
заради која е изречена.
Центарот за социјална работа може да поднесе предлог за измена на
изречената мерка или за нејзино продолжување, доколку оцени дека
изречената мерка е несоодветна или дека ќе ги постигне бараните
резултати, но дека за тоа е потребно истата да трае подолг временски
период.
Член 94-ј
Во спроведување на заштитните мерки центарот за социјална работа
соработува со граѓани, правни лица и организации.
ЧЕТВРТИ ДЕЛ
ПОСВОЈУВАЊЕ
1. Основни одредби
Член 95
Со посвојувањето се создаваат односи какви што настануваат со
раѓањето (потполно посвојување) или само односи што постојат меѓу
родители и деца (непотполно посвојување).
Каков однос ќе се создаде со посвојувањето зависи од волјата на
посвоителот, на родителите на детето кое се посвојува, односно на
неговиот старател и на самото дете ако е постаро од дванаесет години.
Член 96
Само малолетно лице може да биде посвоено.
Член 97
Посвојувањето може да се заснова само ако е во согласност со
најдобриот интерес на малолетникот.
Посвојувањето се засновува пред Комисијата.
Член 97-а
Комисијата е составеа од пет члена именувани од министерот за труд
и социјална политика.
Член на Комисијата може да биде лице кое работи најмалку 15 години
во областа и кое се истакнало во работењето.
Комисијата во својот состав мора да има: правник, педагог, психолог и
социјален работник.
Мандатот на членовите на Комисијата е пет години.
Конститутивната седница на Комисијата ја свикува министерот за
труд и социјална политика.
Претседателот на Комисијата се избира од членовите на Комисијата
со мандат од една година.
Комисијата работи самостојно и одлуките ги донесува едногласно.
Комисијата донесува деловник за работа.
Комисијата за својата работа секои три месеца го известува, а секоја
година поднесува извештај за својата работа до министерот за труд и
социјална политика.
Член 97-б
Административно-техничките работи на Комисијата ги врши лице од
Министерството за труд и социјална политика.
Член 97-в
Министерот за труд и социјална политика, со акт ги утврдува висината
и начинот на плаќање на надоместок на реалните трошоци направени во
постапката за посвојување.
Член 98
Никој не може да биде посвоен од повеќе лица, освен кога како
посвоители се јавуваат брачните другари.
Член 99
Посвоител, по правило, може да биде само државјанин на Република
Македонија.
По исклучок од став 1 на овој член како посвоител може да се јави и
лице кое е странски државјанин.
Во случаите од ставот 2 на овој член потребно е да се прибават
извадоци од законот што се одонесува на посвојувањето на земјата на
посвоителите и други информации и докази за да се обезбедат најмалку
еднакви или подобри услови за животот и развојот на детето.
Посвојувањето од лицето од став 2 на овој член се заснова со
согласност на Комисијата, а по предлог на центарот за социјална работа.
Согласноста од ставот 4 на овој член ќе се издаде само ако детето не
може да биде посвоено на територијата на Република Македонија
2. Услови за посвојување
Член 100-а
Посвоител може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични
својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45
години.
Посвоител може да биде лице најмалку 18 години постаро од
посвоеникот.
По исклучок од ставот 1 на овој член како посвоител може да се јави
лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и
посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.
Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не
ја надминува горната старосна граница.
Член 100-б
Кога детето го посвојува брачниот другар на родителот на детето,
детето може да биде посвоено без разлика на старосните граници утврдени
во членот 100-а на овој закон.
Член 100-в
По исклучок, од членот 100-а, ставови 1 и 4 на овој закон, како
посвоител може да се јави и лице или брачни другари кои ја надминуваат
горната граница на старост, доколку се посвојува брат или сестра на детето
кое е веќе посвоено.
Член 101
Не може да се посвои сродник во права линија, ниту брат, ниту
сестра.
Член 102
Посвоител не може да биде лице:
а) на кое му е одземено или ограничено родителското право, како и
лице на кое му е изречена казна за сторено кривично дело со ефективна
казна затвор во траење од над шест месеца,
б) на кое му е ограничена или одземена деловната способност,
в) за кое постои основано сомневање дека положбата на посвоител ќе
ја употреби на штета на посвоеникот,
г) кое е душевно болно или лице со пречки во интелектуалниот развој,
како и лице кое боледува од болест што може да го доведе во опасност
здравјето и животот на посвоеникот и
д) чија физичка попречност е од таков степен што може оправдано да
се сомнева во можноста да се грижи за детето;
ѓ) ако е постаро од 45 години;
е) зависник од дрога или други психотропни супстанции или алкохол;
ж) кое има тешко хронично заболување или е болно од неизлечива
заразна болест и
з) ако мислењето на стручниот тим на центарот за социјална работа е
негативно во однос на можноста тие лица да бидат родители.
Член 103
За посвојување е потребна согласност на обата родители на
посвоеникот, односно на неговиот старател, како и на посвоеникот ако е
постар од дванаесет години.
Доколку родителот е малолетен, покрај неговата согласност се зема и
согласност на законскиот застапник.
Не е потребна согласност на родител на кој му е одземена деловната
способност или му е одземено вршењето на родителското право или на
родител на кој повеќе од една година не му се знае престојувалиштето.
Не е потребна согласност ниту од родител на дете сместено во
институција или друго семејство, кој не пројавил интерес за детето повеќе
од шест месеца од рокот во кој бил должен да го земе детето.
Не е потребна согласност ниту од посвоеникот кој до посвојувањето
живеел во семејството на посвоителот пред наполнувањето на
дванаесетгодишна возраст.
Не е потребна согласност од лицето кое мајката го посочила како
родител на детето, родено надвор од брак, кој во рок од три месеци по
раѓањето на детето не покренал постапка за признавање на тоа дете или за
утврдување на татковство во однос на тоа дете.
3. Засновање на посвојување
Член 104
Лицето кое сака да посвои поднесува барање до Комисијата.
Кон барањето од став 1 на овој член се приложуваат документите
определени со правилникот за водење на евиденција на посвоените лица и
за определување на документи за посвојувањето, кој го донесува
министерот за труд и социјална политика.
Важноста на документите од ставот 2 на овој член е една година.
Член 104-а
По приемот на барањето со документите, Комисијата врши проверка
на документите и откако ќе констатира дека се исполнети условите од
членот 104 став 2 на овој закон копија од барањето, заедно со копија од
целокупниот предмет, во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето
ги доставува до центарот за социјална работа, надлежен според местото на
живеење на подносителите на барањето.
Комисијата ако од извршената процена на документите утврди дека
не се исполнети условите од членот 102 на овој закон, ќе донесе решение
со кое ќе го одбие барањето.
Член 104-б
Центарот за социјална работа до кого е препратено барањето врши
процена за подобноста на посвоителите и за мотивите на посвојувањето,
преку континуирано следење на потенцијалните посвоители, најмалку шест
месеца, но не повеќе од една година и врз основа на наодот и мислењето
на стручниот тим изготвува предлог за упис во регистарот на можни
посвоители.
Член 104-в
Во рокот утврден во членот 104-б на овој закон лицата кои сакаат да
посвојат дете можат да бидат упатени да посетат соодветно
советувалиште.
Начинот на работата на советувалиштето од ставот 1 на овој член, со
акт, ги утврдува министерот за труд и социјална политика.
Член 104-г
Центарот за социјална работа по извршувањето на работите од
членот 104-б на овој закон, сите списи заедно со наодот и мислењето на
стручниот тим, со предлог за упис во регистарот на можни посвоители ги
доставува до Комисијата.
Член 104-д
Комисијата во рок од 30 дена, но не повеќе од 60 дена, од денот на
приемот на работите од членот 104-г на овој закон, донесува одлука и врши
упис во регистарот на можни посвоители доколку се исполнети условите
утврдени со овој закон или ќе го врати предметот на доработка и ќе
определи рок во кој надлежниот центар за социјална работа е должен да
постапи и да ги отстрани недостатоците ако таа тоа сама не го стори.
Комисијата ќе донесе решение за бришење од регистарот на можни
посвоители, по засновање на посвојување, ако настане некој од условите
утврдени во членот 20 од овој закон и поради смрт на посвоителот.
Член 104-ѓ
Центарот за социјална работа ги следи малолетните лица без
родители и родителска грижа и дава предлог за упис во регистарот на
можни посвоеници, кој го доставува до Комисијата.
Предлог од ставот 1 на овој член, заедно со наодот и мислењето од
стручниот тим и поединечните наоди и мислења на стручните работници,
центарот за социјална работа ги доставува до Комисијата, која е должна во
рок од 30 дена од денот на приемот на работите од ставот 1 на овој член да
изврши упис во регистарот на можни посвоеници.
Комисијата ќе донесе решение за бришење од регистарот на можни
посвоеници, по засновање на посвојувањето, доколку родителот ја повлече
соглансоста од членот 107 на овој закон и поради смрт на посвоеникот.
Член 104-е
Министерот за труд и социјална политика со акт ја пропишува
формата, содржината и начинот на водење на регистрите на можни
посвоители и можни посвоеници.
Член 104-ж
Комисијата секогаш може да изврши проверка на основаноста на
предлогот од членовите 104-г и 104-ѓ на овој закон на центарот за социјална
работа.
Член 104-з
Комисијата примерок од одлуката и извадок од регистрите од
членовите 104-г и 104-ѓ на овој закон заедно со копија од целокупната
документација, веднаш ги доставува до надлежниот центар за социјална
работа, а подносителот на барањето го известува за извршениот упис.
Член 104-ѕ
Центарот за социјална работа по приемот на работите од членот
104-з на овој закон, предлага најсоодветни посвоители и предметот со
предлог за сместување на детето во семејството на можните посвоители го
доставува до Комисијата.
Комисијата може да изврши проверка на основаноста на предлогот од
ставот 1 на овој член и врз основа на податоците кои ги има во регистарот
на можни посвоители и документите, може да одлучи детето да го смести
во друго семејство.
Министерот за труд и социјална политика, со акт ги пропишува
поблиските услови и критериуми за избор на посвоители.
Член 104-и
Комисијата по извршените работи од членот 104-ѕ на овој закон
донесува решение за сместување на детето во семејството на посвоители и
копии од списите на можните посвоители и посвоеникот, веднаш доставува
до центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на
можните посвоители.
Во решението од ставот 1 на овој член, при потполно посвојување се
внесуваат податоци за датумот и местото на раѓање на детето, од кои не
може да се открие идентитетот на родителите на детето.
Сместувањето на детето од ставот 1 на овој член не може да биде
пократко од шест месеца, ни подолго од девет месеца.
Центарот за социјална работа е должен континуирано да го следи
сместувањето на детето и секои три месеци да доставува извештај до
Комисијата.
Комисијата може во рокот утврден во ставот 3 на овој член, секогаш
кога ќе оцени за потребно да изврши проверка на семејството каде што е
сместено детето.
Член 104-ј
Центарот за социјална работа по истекот на периодот на сместување,
изготвува извештај за сместувањето и дава мислење детето да се посвои
од конкретни посвоители и истиот го доставува до Комисијата заради
засновање на посвојување.
Комисијата доколку од увидот во списите оцени дека предлогот на
центарот за социјална работа не е во интерес на детето, истиот може да го
одбие или предметот да го врати за дополнување на постапката или да
предложи други посвоители.
Комисијата во рок од 30 дена од денот на приемот на работите од
ставот 1 на овој член, донесува решение за засновање на посвојување.
Член 105
При засновање на посвојувањето е потребно присуство на
посвоителот, неговиот брачен другар, родителите, односно старателот на
посвоеникот, како и на посвоеникот ако е постар од дванаесет години,
освен на посвоеникот од став 5 на член 103 на овој закон.
Во оправдани случаи не е потребно присуство на брачниот другар на
посвоителот, кој не се јавува како посвоител, ако својата согласност за
посвојување ја дал пред центарот за социјална работа, на записник во кој
мора да бидат точно означени посвоителот и посвоеникот.
Засновувањето на посвојувањето се врши без присуство на јавноста.
Член 106
Родителите, односно родителот кој сам го врши родителското право,
согласноста детето да може да биде посвоено може да ја дадат и
претходно пред центарот за социјална работа надлежен според местото на
живеење на родителите, без да го определат посвоителот.
Ако детето нема живи родители, согласноста да биде посвоено ја
даваат сродниците во права линија или старателот.
Кога лицата од став 1 на овој член дале таква согласност во
постапката за засновање на посвојување согласноста за посвојување ја
дава старателот на малолетното дете.
Согласноста по раѓање на детето, во писмена форма, во
просторииите на центарот за социјална работа, кој е месно надлежен, ја
дават родителите од став 1 на овој член без оглед на видот на брачната
заедница и врска.
Согласноста своерачно ја пишува родителот кој се согласува детето
да го даде на посвојување, а ја потпишува родителот и овластен
претставник на центарот за социјална работа.
Пред родителот да ја даде согласноста од ставот 1 на овој член,
центарот за социјална работа ќе го запознае со сите последици од
давањето на изјавата.
Член 107
Согласноста за посвојување родителите ја даваат по наполнување на
три месеци возраст на детето.
Посвојувањето на детето може да се заснова најрано по навршување
на три месеци старост на детето.
Согласноста за посвојување може да се повлече се до моментот на
засновање на посвојување на детето.
Член 109
Службеното лице на Комисијата, врз основа на исправите и изјавите
за личниот идентитет на присутните лица утврдува дека тоа се лицата од
член 105 на овој закон, а потоа ги запознава со правата и должностите што
произлегуваат од посвојувањето и ќе побара изјави за согласност за
посвојување од лицата кои се должни согласно со овој закон, да дадат
таква изјава, односно ќе ги прочита нивните порано дадени изјави за
согласност.
Член 110
При посвојувањето се составува записник и се донесува решение.
Во записникот и во решението за посвојувањето се внесуваат
податоци за видот на извршеното посвојување, за спогодбата за личното
име на посвоеникот, за местото на раѓање на детето и за неговите
наследни права спрема посвоителот, доколку посвојувањето е непотполно.
Записникот го потпишуваат службеното лице од центарот за
социјална работа кое го застапува детето, родителите на детето,
посвоителите и претседателот на Комисијата.
Член 111
По засновањето на посвојувањето во матичната книга на родените,
како родители на детето се запишуваат посвоителите, а како место на
раѓање на детето се запишува местото што спогодбено ќе го определат
посвоителите и Комисијата.
Матичарот е должен да изврши нов упис во книгата на родените и за
тоа да им издаде на посвоителите извод од матичната книга на родените.
Член 112
Комисијата решението за посвојување ќе го достави до надлежниот
матичар најдоцна во рок од 15 дена заради упис во матичната книга на
родените.
По извршениот нов упис во матичната книга на родените, матичарот е
должен матичната служба да ја извести заради бришење на стариот упис.
4. Права и должности на посвоителот и на посвоеникот
Член 113
Со потполното посвојување меѓу посвоителот и неговото семејство и
посвоеникот и неговото потомство се создаваат права и должности кои
постојат меѓу крвни роднини.
Со потполното посвојување престануваат заемните права и
должности меѓу посвоеното дете и неговото поранешно семејство.
Ако посвоителот е брачен другар на еден од родителите на
посвоеникот, посвојувањето не влијае врз односите меѓу посвоеникот и тој
родител, како и спрема неговите роднини.
Член 114
При потполното посвојување наследните права на посвоеникот и
неговото потомство спрема посвоителот и неговото семејство и на
посвоителот и неговото семејство спрема посвоеното дете и неговото
потомство се изедначени со наследните права меѓу крвните роднини.
Член 115
Со непотполно посвојување меѓу посвоителите и посвоеникот
настануваат само односи меѓу родители и деца.
Наследните права меѓу посвоителот и посвоеникот и неговото
потомство при непотполното посвојување се заемни.
При непотполното посвојување, наследните права на посвоеникот
спрема посвоителот може да се ограничат или сосема да се исклучат ако во
моментот на посвојувањето посвоителот има свои родени деца.
Ако како посвоители при непотполното посвојување се јавуваат
брачни другари, наследните права на посвоеникот може различно да се
определат спрема секој од нив.
Доколку наследните права на посвоеникот биле ограничени или
исклучени, посвоителот не може да го наследи посвоеникот и неговото
потомство по закон.
5. Престанок на посвојување
Член 116
Потполно посвојување не може да се раскине.
Член 117
Непотполното посвојување може да престане по спогодба меѓу
посвоителот и посвоеникот според одредбите кои важат за посвојувањето.
Ако посвоеникот е малолетен, центарот за социјална работа е должен
да испита дали претстанувањето на посвојувањето е во согласност со
најдобриот интерес за посвоеникот.
Член 118
Комисијата може да реши непотполното посвојување да престане ако
утврди дека тоа го бараат интересите на малолетниот посвоеник.
Секој граѓанин, орган и правно лице, до Комисијата можат да
поднесат претставка за потребата за престанок на непотполното
посвојување кога е тоа во интерес на малолетниот посвоеник.
Член 119
Комисијата по барање на посвоителот или посвоеникот кога ќе се
утврди дека за тоа постојат оправдани причини може да реши непотполното
посвојување да престане.
Член 120
Ако во текот на постапката за раскинување на непотполното
посвојување настапи смрт на посвоеникот или на посвоителот, барањето за
раскинување на посвојувањето можат да го продолжат нивните законски
наследници.
Член 121
По престанокот на непотполното посвојување, надлежниот центар за
социјална работа може да го задолжи посвоителот да го издржува
посвоеникот до полнолетството врз товар на посвоителот, земајќи ја
предвид нивната имотна состојба.
Надлежниот центар за социјална работа, може да утврди обврска на
полнолетниот посвоеник за издржување на посвоителот кој не е способен
за стопанисување и нема средства за живот.
Член 122
Со престанок на непотполното посвојување одново настануваат
заемни права и должности меѓу посвоеникот и неговото поранешно
семејство. Посвоеникот го добива своето поранешно презиме, а по негово
барање може да го задржи презимето што го добил при посвојувањето, ако
со тоа се согласи посвоителот.
Член 123
Правосилното решение за престанок на непотполното посвојување се
доставува на надлежниот матичар заради упис во матичната книга на
родените.
Член 123-а
Податоците за заснованите посвојувања се службена тајна.
ПЕТТИ ДЕЛ
СТАРАТЕЛСТВО
I . ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 124
Со старателството Републиката им дава посебна заштита на
малолетните деца кои се без родителска грижа и на полнолетни лица на
кои им е одземена или ограничена деловната способност.
Според одредбите на овој закон заштитата им се дава и на други
лица кои не се во состојба или немаат можност сами да се грижат за
заштитата на своите права и интереси.
Член 125
Работите на старателството ги врши центарот за социјална работа
непосредно, преку старатели или други лица кои вршат работи сврзани со
старателството.
Надлежноста на центарот за социјална работа се определува според
местото на живеалиштето, а ако нема живеалиште, според
престојувалиштето на лицето кое треба да се стави под старателство.
Местото на живеалиштето и местото на престојувалиштето се
определуваат според моментот кога настанале условите за ставање под
старателство.
Член 126
Центарот за социјална работа презема потребни мерки за
остварување на целите на старателството.
Центарот за социјална работа во подготвувањето, донесувањето и
спроведувањето на своите решенија, односно мерки, применува облици на
социјална заштита, методи на социјална и друга стручна работа, како и се
користи со услугите на социјалните, здравствените, образовно-воспитните и
други установи.
Член 127
Постапка за ставање под старателство се поведува по службена
должност или по барање на заинтересираните лица.
Постапката од став 1 на овој член е итна.
Член 128
За потребата некое лице да се стави под старателство или врз него
да се примени некој облик на заштита што ја дава центарот за социјална
работа, должни се да го известат тој орган:
1) матичарот и државните органи кога во вршењето на работите од
своја надлежност ќе дознаат за таков случај;
2) роднините, членовите на семејството и соседите и
3) претпријатијата, установите, месните заедници и другите
организации и заедници.
Член 129
Кога центарот за социјална работа ќе дознае за потребата некое лице
да се стави под старателство, тој веднаш презема соодветни мерки за
заштита на личноста, правата и интересите на тоа лице и поведува
постапка за ставање под старателство.
При определување на обликот на заштитата врз лицето кое се става
под старателство, центарот за социјална работа првенствено ќе се
раководи од интересите на лицето кое се става под старателство и
интересите на неговото семејство, како и од материјалните можности, при
што во реализацијата на заштитата соработува со соодветни организации и
органи.
Член 130
Центарот за социјална работа според Законот за општа управна
постапка решава за ставање под старателство, за поставување или за
разрешување од должност старател, за обемот на овластувањата на
старателот и за правата и правните интереси на лицето под старателство и
за престанок на старателството.
Во другите случаи центарот за социјална работа постапува на
најцелисходен начин, зависно од природата на мерките на старателството
што ги определува.
Центарот за социјална работа може да ги менува своите порано
донесени решенија, кога тоа го бараат интересите на лицето под
старателство, ако со тоа не се засегнуваат правата на трети лица.
Член 131
Лицето под старателство, кое е во состојба да го стори тоа, неговите
роднини, како и претпријатијата и установите, органите и организациите
предвидени во член 128 од овој закон, како и секој граѓанин можат да
поднесат приговор за работата на старателот и за работата на центарот за
социјална работа.
Приговорот за работата на старателот се доставува до центарот за
социјална работа, а приговорот на работата на центарот за социјална
работа се доставува до министерството за труд и социјална политика.
Член 132
Центарот за социјална работа ги испитува приговорите и ако најде
дека се основани, ќе определи мерки кои треба да се преземат.
Ако министерството за труд и социјална политика најде дека
приговорот е основан, ќе даде упатство на центарот за социјална работа.
Центарот за социјална работа по добиеното упатство решава кои мерки ќе
ги презема и за тоа го известува второстепениот орган.
Член 133
Трошоците за спроведување на мерките што се преземаат во интерес
на лицето под старателство се покриваат од:
1) приходите на лицето под старателство;
2) средствата добиени од лица кои се должни да му даваат
издржување на лицето под старателство;
3) имотот на лицето под старателство;
4) средствата на лицето под старателство остварени како право од
социјална заштита и
5) други извори.
Член 134
Центарот за социјална работа е должен да води евиденција за лицата
ставени под старателство, за преземените мерки на старателство и за
имотот на лицето под старателство.
За водење на евиденцијата и документацијата од став 1 на овој член
министерот за труд и социјална политика донесува упатство.
II . СТАРАТЕЛ
Член 135
На лицето под старателство, центарот за социјална работа назначува
старател, доколку не одлучи должноста старател да ја врши непосредно.
За старател се поставува лице кое има лични својства и способности
за вршење на должноста старател, а кое претходно ќе даде согласност да
биде старател.
За старател првенствено се поставува близок роднина на лицето под
старателството.
При поставување на старател, центарот за социјална работа ги зема
предвид и желбите на лицето под старателство, ако тоа е во состојба да ги
изрази, како и желбите на неговите блиски роднини.
Член 136
Исто лице може да биде поставено за старател и за повеќе лица ако
за тоа се согласи, ако тоа не е во спротивност со интересите на некое од
лицата кои се ставаат под старателство и ако со тоа тие се согласат.
Член 137
На лице под старателство сместено во воспитна, социјална,
здравствена или друга установа или организација, како и во друго семејство
или лице, центарот за социјална работа ќе му постави старател за вршење
на работите на старателството што лицето, семејството или установата не
ги врши во рамките на својата редовна дејност.
Член 138
Центарот за социјална работа може со решение да ги ограничи
овластувањата на старателот и да реши одделни работи од старателството
да ги врши непосредно.
Ако центарот за социјална работа ја врши старателската функција во
смисла на став 1 од овој член тој може одделни работи да ги довери да ги
вршат стручни лица во негово име и под негов надзор.
Член 139
Не може да биде старател лице:
1) на кое му е одземено вршењето на родителското право;
2) на кое му е одземена или ограничена деловната способност;
3) чии интереси се во спротивност со интересите на лицата под
старателство, односно кое не дава гаранција дека лицето под старателство
правилно ќе го воспита и одгледа и
4) од кое, со оглед на неговото поранешно и сегашно поведение,
личните својства и односите со лицето под старателство и неговите
родители, не може да се очекува дека правилно ќе ја врши старателската
функција.
Член 140
Центарот за социјална работа во решението со кое го поставува
старателот, ги определува неговите должности и обемот на неговите
овластувања.
Центарот за социјална работа пред да го донесе решението од став 1
на овој член, го запознава старателот со значењето на старателството, со
неговите права и должности и со другите поважни податоци потребни за
вршење на должноста старател.
Центарот за социјална работа на старателот му издава старателска
исправа во која е содржан обемот на неговите овластувања.
Член 141
За ставање под старателство и за престанок на старателството
центарот за социјална работа го известува матичарот во рок од 15 дена од
денот на правосилноста на решението.
Ако лицето ставено под старателство има недвижен имот, центарот
за социјална работа ќе го извести и надлежниот орган кој ги води книгите за
евиденција на недвижностите.
Член 142
Старателот е должен во рамките на своите овластувања совесно да
се грижи за личноста и за правата и интересите на лицето под старателство
и совесно да управува со неговиот имот.
Старателот не може без претходно одобрение од центарот за
социјална работа да презема работи кои ги минуваат рамките на редовното
работење или управување со имотот на лицето под старателство.
Старателот не може да дава подароци или да прави други
располагања со имотот на лицето под старателство без надомест и не
може лицето под старателство да го обврзува како гарант.
Член 143
Ако лицето под старателство има имот, центарот за социјална работа
ќе донесе решение да се изврши попис и процена и имотот да се предаде
на старателот на управување.
Пописот и процената на имот на лицето под старателство го врши
комисија именувана од центарот за социјална работа.
На пописот и процената на имотот на лицето под старателство
задолжително присуствуваат старателот и лицето под старателство, ако е
во состојба да сфати за што се работи, како и лицата во чие владение е
имотот на лицето под старателство.
Член 144
По исклучок на член 142 на овој закон, центарот за социјална работа,
може да изврши попис и процена на имотот и да преземе други мерки за
обезбедување на имотот на лицето кое се става под старателство и пред
донесување на решение за ставање под старателство, доколку за тоа
постојат оправдани причини.
Во случај на непосредна опасност по имотот на лицето под
старателство во поглед на неговиот недвижен имот, центарот за социјална
работа може и пред пописот и процената на имотот да побара од судот
заверка во јавните книги за евиденција на недвижности за поведување на
постапка за ставање на тоа лице под старателство.
Член 145
Ако лицето под старателство има имот надвор од подрачјето на
надлежниот центар за социјална работа, центарот за социјална работа
грижата за тој имот може да му ја довери на центарот за социјална работа
на чие подрачје се наоѓа имотот.
Центарот за социјална работа на кого му е доверена грижата за
имотот може да определи посебен старател над тој имот или да се грижи за
него непосредно.
Органот од став 2 на овој член е должен еднаш годишно да го
известува надлежниот центар за социјална работа за состојбата на имотот.
Решавањето за располагање со имотот од став 1 на овој член го
задржува надлежниот центар за социјална работа.
Член 146
Старателот е должен со помош на центарот за социјална работа да
презема потребни мерки за обезбедување средства неопходни за
спроведување на мерките кои во интерес на лицето под старателство ги
определил центарот за социјална работа.
Член 147
Старателот, само со одобрение на центарот за социјална работа,
може да ги презема во име и за сметка на лицето ставено под старателство
следниве работи:
1) да го отуѓи или оптовари недвижниот имот;
2) да отуѓи движни предмети од поголема и од посебна лична
вредност или да располага со имотни права од поголема вредност;
3) да се откаже од наследство или од легат или да одбие подарок и
4) да презема други мерки определени со закон.
Центарот за социјална работа во постапката за давање на одобрение
за старателот во поглед на располагањето и управувањето со имотот,
односно со правата на лицето под старателство, ја определува намената на
прибавените средства и врши надзор над нивната употреба.
Член 148
Старателот не може да го застапува лицето под старателство во
правни дела во кои како друга странка учествува брачниот другар или
близок роднина на старателот, туку за таков случај центарот за социјална
работа ќе му постави на лицето под старателство друг старател или самиот
ќе го застапува.
Член 149
Старателот може без одобрение од центарот за социјална работа да
отуѓи плодови, ситна стока, предмети што се подложни на брзо расипување
и други предмети, доколку е тоа во рамките на редовното работење и
управување со имотот.
Паричните средства добиени со продажба на предметите од став 1 на
овој член можат да се користат само за задоволување на потребите на
лицето под старателство.
Член 150
Старателот може за работи за кои не е потребно одобрение да бара
совет од центарот за социјална работа, кој е должен таков совет да даде.
Центарот за социјална работа е должен на старателот да му укаже
помош во вршење на работите кои тој не е во можност самиот да ги изврши,
а особено во составување на подавки, во застапување пред судот и пред
други органи.
Член 151
Старателот, лицето, другото семејство и установа во кое е сместено
лицето под старателство се должни на центарот за социјална работа да му
доставуваат извештај за својата работа секоја година, како и тогаш кога тоа
тој ќе го побара.
Во случај старателството да го врши непосредно центарот за
социјална работа, извештај за работата е должен да поднесе неговиот
работник или друго лице кое во името на центарот за социјална работа ги
врши работите на старателството.
Извештајот се поднесува писмено или усмено на записник.
Од извештајот на старателот треба да се види неговата грижа за
лицето ставено под старателство, а особено за неговото здравје,
издржувањето и оспособувањето за самостоен живот, а кај малолетните
лица под старателство и за нивното воспитание и образование, како и за сî
друго што е од значење за личноста на лицето под старателство.
Извештајот од ставовите 1 и 2 на овој член треба да содржи и
податоци за управувањето и располагањето со имотот на лицето под
старателство и за сите приходи и расходи на лицето под старателство во
изминатата година, како и за крајната состојба на неговиот имот.
Член 152
Старателот ги врши своите должности, по правило без надоместок.
Центарот за социјална работа може на старателот да му определи и
надомест како награда, ако вложил дополнителен труд и се истакнал во
вршењето на своите должности.
Висината на надоместокот на трошоците за старателот од став 2 на
овој член ја утврдува центарот за социјална работа.
Наградата и надоместокот на трошоците ги одобрува центарот за
социјална работа од приходот на лицето под старателство, а доколку со тоа
би се загрозило издржувањето на лицето под старателство тие трошоци ќе
паднат на товар на буџетот на Републиката.
Член 153
Старателот е должен да му ја надомести штетата на лицето под
старателство што му ја сторил со неправилно, несовесно или невнимателно
вршење на должноста.
Центарот за социјална работа го утврдува износот на штетата и го
повикува старателот во определен рок штетата да ја надомести. Доколку
старателот не ја надомести утврдената штета во определениот рок
центарот за социјална работа непосредно ја надоместува штетата на
лицето под старателство.
Центарот за социјална работа може кај надлежниот суд да бара од
старателот надомест на исплатениот ознос од став 2 на овој член.
Заради обезбедување на правата на лицето под старателство,
повредени со работењето на старателот, центарот за социјална работа е
должен спрема старателот да преземе и други мерки предвидени со закон.
Член 154
Ако старателот умре или самоволно престане да ја врши
старателската должност или ако настанат околности кои го спречуваат
старателот да ја врши својата должност, центарот за социјална работа е
должен, без одлагање, да преземе мерки на заштита на интересите на
лицето под старателство и да му постави нов старател.
Член 155
Центарот за социјална работа ќе го ослободи од вршење на
старателската должност ако тоа тој самиот го побара, водејќи сметка за
интересите на лицето под старателство, но најдоцна во рок од три месеци
од денот на поднесувањето на барањето.
Центарот за социјална работа ќе го смени старателот ако утврди дека
во вршењето на должноста тој е невнимателен, ги злоупотребува
овластувањата, дека со неговата работа се загрозуваат интересите на
лицето под старателство или ако смета дека за лицето под старателство е
покорисно да му се постави друг старател.
Член 156
Кога на старателот ќе му престане старателската должност согласно
со одредбите на член 155 од овој закон, центарот за социјална работа е
должен веднаш да ги преземе сите потребни мерки за заштита на
интересите на лицето под старателство и да му постави нов старател.
Старателот на кого му престанала старателската должност, должен е
на центарот за социјална работа да му поднесе извештај и сметка за своето
работење и на новиот старател да му ја предаде должноста со записник во
рокот што ќе го одреди центарот за социјална работа, но не повеќе од 30
дена.
Член 157
Во случај на престанок на потребата за старателство Центарот за
социјална работа ќе го повика старателот во определен рок да поднесе
извештај за работата и за состојбата на имотот на лицето под старателство,
како и да го предаде имотот на управување на лицето кое било под
старателство, односно на родителот или на посвоителот.
Предавањето на имотот се врши во присуство на старателот, лицето
кое било под старателство, односно на родителот или посвоителот и на
претставник на центарот за социјална работа.
Член 158
Центарот за социјална работа е должен да преземе мерки за
обезбедување на правата и интересите на лицето под старателство што
произлегуваат од работењето на старателот, како и мерки за заштита на
правата и на интересите и на други лица кои произлегуваат од односите на
старателството.
III. СТАРАТЕЛСТВО НАД МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА
Член 159
Под старателство ќе се стави малолетно лице без родителска грижа.
Дете без родителска грижа е дете чии родители не се живи кои се
исчезнати, непознати или се со непознато живеалиште повеќе од една
година и дете чии родители без оглед на причините привремено или трајно
не ги извршуваат своите родителски права и должности.
Член 160
Старателот на малолетно лице е должен да се грижи како родител за
личноста на малолетникот, а особено за неговото здравје, воспитание,
образование и оспособување за самостоен живот и работа.
Член 161
Старателот може само со одобрение на центарот за социјална
работа:
- да го прекине образованието на малолетникот или да го промени
видот на образованието;
- да одлучи за изборот, вршењето или промената на занаетот на
малолетникот и
- да преземе и други мерки во поглед на личноста на малолетникот
определени со закон.
Член 162
Малолетник под старателство кој наполнил 15 години од животот
може сам, без одобрение на старателот, да заснова работен однос и
слободно да располага со остварената плата, при што е должен сам да
придонесува за своето издржување, воспитание и стручно оспособување.
Малолетник од став 1 на овој член може сам да презема правни
работи за кои, доколку се од поголемо значење, потребно е одобрение од
неговиот старател.
За работите од член 161 на овој закон кои старателот не може сам да
ги преземе, потребно е согласност од центарот за социјална работа.
Член 163
Старателството над малолетно лице престанува со неговото
полнолетство, со склучување на брак, со посвојување или кога ќе престане
било која од причините утврдено во член 159 став 2 на овој закон.
Центарот за социјална работа ќе продолжи да му дава помош на
лицето на кое старателството му престанало поради полнолетство ако тоа,
додека траело старателството, од оправдани причини не можело да се
оспособи за самостоен живот и работа.
Член 164
Ако и по полнолетството, поради пречки во психичкиот развој лицето
не е способно само да се грижи за себе и за своите права и интереси,
старателот или центарот за социјална работа ќе поведат постапка тоа лице
по друг основ да биде ставено под старателство.
IV . СТАРАТЕЛСТВО НАД ЛИЦА НА КОИ ИМ Е ОДЗЕМЕНА ИЛИ
ОГРАНИЧЕНА ДЕЛОВНАТА СПОСОБНОСТ
Член 165
Лицата на кои со одлука на судот делумно или целосно им е
одземена деловната способност, центарот за социјална работа ги става под
старателство.
Деловната спососбност е способност на лице да изрази правно
релевантна волја за учество во правниот промет.
Член 166
Правосилното решавање за одземање, односно ограничување на
деловната способност судот веднаш го доставува до центарот за социјална
работа кој, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, го става
лицето под старателство.
Член 167
Старателот на лице на кое му е одземена или ограничена деловната
способност, должен е да се грижи особено за неговата личност, права,
интереси, сместување и здравје, имајќи ги предвид причините поради кои
на лицето му е одземена, односно ограничена деловната способност,
настојувајќи тие да бидат отстранети, а лицето да се оспособи за самостоен
живот и работа.
Член 168
Старателот на лице на кое му е одземена деловната способност ги
има правата и должностите на старател на малолетно лице кое нема
наполнето 15 години живот.
Старателот на лице на кое му е ограничена деловната способност
има должности и права на старател на малолетно лице кое има наполнето
15 години живот.
Член 169
Судот е должен веднаш да го извести центарот за социјална работа
кога ќе се поведе постапка за одземање на деловната способност на
лицето.
Центарот за социјална работа во постапката за одземање на
деловната способност на лицето може на тоа лице да му постави
привремен старател, ако најде дека е тоа потребно.
Должноста привремен старател престанува веднаш штом ќе се
постави постојан старател или штом решението на судот со кое се одбива
предлогот за одземање на деловната способност ќе стане правосилна.
Член 170
Привремениот старател има исти права и должности како старател
над малолетно лице кое навршило 15 години живот.
Центарот за социјална работа може, ако е тоа потребно, да ги
прошири правата и должностите на привремениот старател како на
старател над малолетно лице кое не навршило 15 години живот.
Член 171
Ако старателот утврди дека кај лицето на кое му е одземена
деловната способност настанале околности кои упатуваат на потреба за
враќање на деловната способност, односно за измена на поранешната
одлука, тој е должен, без одлагање, за тоа да го извести центарот за
социјална работа.
Член 172
Старателството над лице на кое му е одземена деловната способност
престанува кога со решение на судот ќе му се врати деловната способност.
V . СТАРАТЕЛ ЗА ПОСЕБНИ СЛУЧАИ
Член 173
Центарот за социјална работа ќе му постави старател за одделни
работи или определен вид работи на лице чие место за живеење не е
познато, а кое нема застапник, на непознат сопственик на имот кога е
потребно некој да се грижи за тој имот, како и во други случаи кога е тоа
потребно заради заштита за правата и интересите на одделни лица.
Старател на лицата од став 1 на овој член, под услови утврдени со
закон, може да постави и органот пред кој се води постапката. Овој орган е
должен за тоа без одлагање да го извести центарот за социјална работа.
Центарот за социјална работа спрема старателот поставен во смисла
на став 2 на овој член ги има сите овластувања како и спрема старателот
кого сам го поставил.
Член 174
Центарот за социјална работа може да постави посебен старател на:
- лице над кое родителите го вршат родителското право за водење
спор меѓу него и неговите родители, за склучување на одделни правни дела
меѓу нив, како и во други случаи кога нивните интереси се во спротивност и
- лице под старателство за водење спор меѓу него и старателот, за
склучување правни дела меѓу нив, како и во други случаи кога нивните
интереси се во спротивност.
Кога меѓу малолетници над кои исто лице врши родителско право или
меѓу лица кои имаат ист старател треба да се води спор или да се склучи
правно дело во кое интересите на малолетните, односно на лицата под
старателство се во спротивност, центарот за социјална работа на секое од
нив ќе постави посебен старател за водење на спорот, односно склучување
на правното дело.
Кога родителите, старателите и државните органи во вршењето на
должноста, ќе дознаат за случаите од став 2 на овој член, должни се за тоа
да го известат центарот за социјална работа.
Член 175
Центарот за социјална работа во случаи предвидени со овој закон, ќе
преземе потребни мерки за заштита на личноста, правата и интересите на
странски државјани додека органот на државата, чиј државјанин е тој, не
донесе потребно решение и не преземе определени мерки.
Член 176
На барање на лице кое поради болест, старост или од други
оправдани причини не е способно само да се грижи за себе за своите права
и правни интереси, центарот за социјална работа може да му постави
старател за одделни работи или за определен вид работи.
На барање на лицето од став 1 на овој член центарот за социјална
работа ќе донесе решение за престанок на старателството.
Член 177
При поставувањето на старател според одредбите на членовите 175
и 176 од овој закон, центарот за социјална работа обемот на должностите и
правата на старателот, го определува во зависност од околностите на секој
одделен случај.
ШЕСТИ ДЕЛ
ИЗДРЖУВАЊЕ
Член 178
Издржувањето на членовите на семејството и на другите роднини е
нивно право и должност.
Во случаите во кои меѓусебното издржување на членовите на
семејството и на другите роднини не може да се оствари во целост или
делумно, Републиката на необезбедените членови на семејствотото им
обезбедува средства неопходни за издржување под услови определени со
закон.
Откажувањето од правото на издршка нема правно дејство.
1. Издржување на децата, на родителите и на другите роднини
Член 179
Родителите се должни да ги издржуваат своите малолетни деца.
Ако школувањето и стручното образование на децата продолжува и
по полнолетството, родителите се должни, понатаму да ги издржуваат
децата до редовното завршување на школувањето, но најдоцна до
навршување на 26 годишна возраст.
Ако полнолетното лице е неспособно за работа поради болест,
физички или психички недостаток, а нема доволно средства за живот и не
може да ги добие од својот имот, родителите се должни да го издржуваат
додека трае таа неспособност.
Член 180
Обврската за издржување постои и меѓу други роднини во права
линија, како и меѓу браќа и сестри во поглед на издржувањето на
малолетните браќа и сестри, а во однос на полнолетните браќа и сестри
само под условите на член 179 став 3 на овој закон.
Член 181
Децата се должни да ги издржуваат своите родители кои се
неспособни за работа, а немаат доволно средства за издржување или
средствата за издржување не можат да ги остварат од својот имот.
По исклучок, судот може да го одбие барањето за издржување кога
издржување бара родител, на кој му било одземено родителското право,
иако детето за тоа има можности или ако судот, ценејќи ги сите околности
на случајот, најде дека тоа би била очигледна неправда за детето.
Член 182
Очувот и маќеата се должни да ги издржуваат своите малолетни
пoсиноци, освен ако тие имаат роднини кои според овој закон се должни да
ги издржуваат и ако тие роднини за тоа имаат можности.
Обврската на очувот, односно маќеата да ги издржуваат своите
малолетни пoсиноци, постои и по смртта на родителот на детето, со кого
очувот, односно маќеата бил во брак ако до моментот на смртта постоела
семејна заедница меѓу очувот, односно маќеата и пoсиноците.
Ако бракот меѓу родителот и очувот, односно маќеата на детето е
поништен или разведен, обврската за издржување на очувот, односно на
маќеата спрема пoсинокот престанува.
Член 183
Пoсиноците се должни да го издржуваат својот очув, односно маќеата
ако тие подолго ги издржувале и се грижеле за нив. Ако очувот, односно
маќеата имаат свои деца, обврската на пoсиноците е заедничка со тие деца
.
Член 184
Лицата кои според овој закон се должни меѓусебно да се издржуваат
ја даваат издршката по оној ред по кој давателите на издржувањето доаѓаат
на наследство.
Ако обврската за издржување паѓа на товар на повеќе лица заедно,
тогаш таа се дели меѓу нив според нивните можности.
2. Издржување на брачен другар
Член 185
Брачниот другар кој нема доволно средства за издржување и е
неспособен за работа или е без работа без своја вина, има право на
издржување од својот брачен другар сразмерно со неговите можности.
Судот може, земајќи ги предвид сите околности на случајот, да го
одбие барањето за издржување ако издржување бара брачниот другар кој
злонамерно или без оправдани причини го напуштил својот брачен другар.
Член 186
Под условите од член 186 на овој закон необезбедениот брачен
другар има право да бара, со пресудата со која бракот се разведува, да му
се досуди извесен износ на име на издржување на товар на другиот брачен
другар сразмерно со неговите можности.
По исклучок од одредбата од став 1 на овој член брачниот другар
може со посебна тужба, во рок од една година по престанокот на бракот, да
бара издржување само ако условите за издржување утврдени во член 185
од овој закон постоеле во моментот на заклучувањето на главната
расправа на постапката за разводот на бракот и непрекинато траеле до
заклучување на главната расправа во постапката за издржување.
Член 187
Судот може да го одбие барањето за издржување ако издржување
бара брачен другар, кој без сериозен повод од страна на другиот брачен
другар, грубо и недолично се однесувал во брачната заедница или ако
неговото барање би претставувало очигледна неправда за другиот брачен
другар.
Член 188
Судот може да го одбие барањето за издржување, ако брачните
другари во подолг период на одвоен живот, наполно самостојно,
обезбедувале средства за своето издржување или ако од околностите на
случајот, се утврди дека брачниот другар кој бара издржување, не е
доведен во потешка материјална положба од онаа во која се наоѓал во
моментот на склучување на брак.
Член 189
Правото на издршка на необезбедениот поранешен брачен другар
трае најмногу пет години по разводот на бракот или по поништување на
бракот.
По барање на брачниот другар, судот може да го продолжи правото
на издржување и по истекот на рокот од став 1 на овој член, ако утврди дека
за тоа постојат оправдани причини, а особено ако необезбедениот брачен
другар, ни по истекот на тој временски период , не ќе биде способен самиот
да се издржува.
Член 190
Судот може обврската за издржување да ја определи да трае и
помалку од пет години кога постојат претпоставки дека барателот на
издржувањето е во можност во догледно време на друг начин да си
обезбеди средства за издржување.
Во случај кога бракот траел кратко време судот може, ценејќи ги сите
околности, да одлучи обврската за издржување да трае определено време
или барањето за издржување во целост да биде одбиено без оглед дали
барателот на издржувањето, во догледно време може да си обезбеди
средства за издржување, доколку тој не одгледува заедничко малолетно
дете. Притоа судот посебно ќе цени дали имотните прилики на брачниот
другар се измениле во врска со склучување на бракот.
Во оправдани случаи судот може обврската за плаќање на издршката
да ја продолжи на неопределено време.
Тужбата за продолжување на обврската за издржување може да се
поднесе само до истекот на времето за кое издржувањето е досудено.
Член 191
Правото на поранешниот брачен другар на издржување престанува
кога ќе престанат условите од член 185 на овој закон, кога ќе истече
времето за кое е досудено издржувањето и кога поранешниот брачен
другар кој добива издржување ќе склучи нов брак, односно ќе стапи во
вонбрачна заедница.
Член 192
Во случај на поништување на брак, брачниот другар кој во времето на
склучувањето на бракот не знаел за причината за ништавност може да бара
на товар на другиот брачен другар да му се досуди издржување, под
условите под кои разведениот брачен другар може да го остварува правото
на издржување.
Член 193
При одлучување за издржување на лице од вонбрачна заедница
соодветно се применуваат одредбите од овој закон што се однесуваат на
издржување на брачните другари.
3. Определување на издршка
Член 194
При утврдување на потребата за издржување на лицето, судот ќе ја
земе предвид неговата имотна состојба, способноста за работа, можноста
за вработување, здравствената положба, како и другите околности од кои
зависи оцената за неговите потреби.
Кога издршката се определува за дете, судот ќе ја земе предвид и
возраста на детето, како и потребите за неговото школување.
При утврдување на можностите на лицето кое е должно да дава
издржување, судот ќе ги земе предвид сите негови приходи и вистинските
можности за стекнување на заработка и неговите сопствени потреби и
законски обврски по основ на издржувањето спрема други лица.
Член 195
Во спорот на родителите околу издржувањето на детето, судот како
придонес за издржување на детето на родителот на кого детето му е
доверено на чување и воспитание, ќе ги цени работата и грижата на тој
родител кој ги внесува во воспитанието и подигањето на детето.
Член 196
Висината на издржувањето судот може да ја определи во определен
износ или во процент од остварениот личен доход, односно од приходите и
примањата остварени од вршење на друг вид дејност.
Член 197
Центарот за социјална работа може во име на малолетното дете да
поведе спор за издржување, односно за зголемување на издржувањето,
кога родителот кај кого детето се наоѓа на чување и воспитание, без
оправдани причини, не го користи тоа право.
Ако родителот не бара извршување на досуденото издржување,
центарот за социјална работа може во името на малолетното лице да
поднесе предлог за извршување.
Член 198
Центарот за социјална работа ќе настојува родителите да се спогодат
за издржувањето на детето, односно за зголемување на придонесот во
издржување на детето кога тоа го бараат зголемените потреби на детето
или тоа го овозможуваат подобрените материјални прилики на давателот
на издржувањето.
Член 199
Центарот за социјална работа може, со полномошно на стари лица во
нивно име да поведе и води спор за остварување на правото на
издржување спрема лицата кои според одредбите на овој закон се должни
да ги издржуваат.
Член 200
Лицето кое е должно да дава издржување, освен за обврската на
родителот спрема малолетни деца, може по свој избор да плаќа определен
паричен износ на име на издржувањето или лицето да го земе на
издржување кај себе или да му обезбеди издржување на друг начин.
Лицето кое има право на издржување може од оправдани причини да
бара издржувањето да му се обезбеди само во пари.
Член 201
Заинтересираното лице може да бара судот да го зголеми, да го
намали или да го укине издржувањето досудено со поранешна правосилна
пресуда ако се измениле околностите врз основа на кои е донесена
пресудата.
Член 202
Давателот на издршката (орган, организација, заедница или физичко
лице) може од лицата кои според овој закон биле должни да даваат
издршка, со тужба да бара надоместок на сторените трошоци за издршка на
лицето, доколку тие биле оправдани.
СЕДМИ ДЕЛ
ИМОТНИ ОДНОСИ
I . ИМОТНИ ОДНОСИ НА БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ
1. Имот на брачните другари
Член 203
Имотот на брачните другари може да биде посебен и заеднички.
Член 204
Имотот кој едниот брачен другар го имал во времето на склучувањето
на бракот претставува негов посебен имот.
Како посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што
брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како
и предметите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување
на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не претставуваат
несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот
заеднички имот.
Секој брачен другар самостојно управува и располага со посебниот
имот, доколку брачните другари поинаку не се договорат.
Член 205
Имотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот
претставува нивен заеднички имот.
Член 206
Правото на сопственост на брачните другари врз недвижности кои се
нивен заеднички имот, во смисла на член 205 од овој закон се запишува во
јавните книги на името на двајцата брачни другари како нивен заеднички
имот.
Ако во јавните книги како споственик на заедничкиот имот е запишан
само едниот од брачните другари, ќе се смета дека уписот е извршен на
името на двајцата брачни другари.
Ако во јавните книги се запишани двајцата брачни другари како
сосопственици на определени делови, ќе се смета дека на тој начин
извршиле делба на заедничкиот имот.
2. Управување и располагање со имотот
Член 207
Брачните другари заеднички и спогодбено управуваат и располагаат
со заедничкиот имот.
Со својот дел во заедничкиот имот брачниот другар не може
самостојно да располага, ниту да го товари со правно дело меѓу живите.
Член 208
Брачните другари можат да се договорат управувањето и
располагањето со заедничкиот имот или со дел од него да го врши едниот
од нив.
Договорот може да се однесува на сите работи на управување и
располагање или само на редовното управување или на точно определени
работи.
Кога не е поинаку договорено, управувањето опфаќа и располагање
во рамките на редовното работење.
Секој брачен другар може да го раскине договорот за управување или
располагање со заедничкиот имот во секое време, освен кога со
раскинувањето очигледно му се нанесува штета на другиот брачен другар.
Член 209
Во вршењето на работите кои ги надоместуваат во рамките на
редовното управување со имотот потребна е согласност на другиот брачен
другар, изразена во форма која се бара за соодветното правно дело.
Член 210
Ако за управувањето со заеднички имот или за одделна работа во
врска со управувањето, брачните другари не можат да се спогодат, а ниту
еден од нив не бара делба, судот во вонпроцесна постапка може на
предлог на еден од брачните другари, да определи потребни мерки кои се
однесуваат на управувањето.
3. Делба на зеднички имот
Член 211
За време на траењето и по престанокот на бракот, брачните другари
можат спогодбено да го поделат зедничкиот имот или да побараат од судот
тој тоа да го стори.
Со делбата на заедничкиот имот меѓу брачните другари настанува
режим на посебен имот.
Член 212
Ако не дојде до спогодба, делбата на заедничкиот имот, на барање на
еден брачните другари ја врши судот во вонпроцесна постапка.
При утврдувањето на деловите на брачните другари во заедничкиот
имот судот тргнува од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари
се дели на еднакви делови.
По барање на еден од брачните другари, судот може да му определи
поголем дел од заедничкиот имот, ако тој докаже дека неговиот придонес
во заедничкиот имот очигледно и значително е поголем од придонесот на
другиот брачен другар.
Член 213
При делба на заедничкиот имот, на барање на брачниот другар во
неговиот дел првенствено ќе се внесат оние предмети од заедничкиот имот
кои служат за вршење на неговиот занает, односно дејност.
Од заедничкиот имот ќе се издвојат и ќе му се предадат на брачниот
другар, покрај неговиот дел и оние предмети стекнати со работа во текот на
брачната заедница, кои служат исклучиво за негова лична употреба.
Ако вредноста на предметите од ставовите 1 и 2 на овој член е
несразмерно голема во однос на вредноста на сиот заеднички имот ќе се
изврши делба и на тие предмети, освен ако брачниот другар кој овие
предмети би требало да ги добие не ја надомести на другиот брачен другар
соодветната вредност или на другиот брачен другар, со негова согласност,
не му отстапи други предмети.
Член 214
На брачниот другар на кого му се доверени заедничките деца на
чување и воспитание му се даваат, покрај неговиот дел , и предметите кои
им служат на децата или се наменети само за нивна непосредна употреба.
При делбата на заедничкиот имот на брачниот другар на кого се
доверени заедничките деца на чување и воспитание му се доделуваат и
оние предмети за кои е очигледно дека е во интерес да бидат во посед и во
сопственост на брачниот другар на кого децата му се доверени.
Член 215
Ако при делбата на заедничкиот имот се утврди дека на еден од
брачните другари му припаѓа значително помал дел, судот може на барање
на еден од брачните другари да определи, тој дел на тој брачен другар, да
му се надомести во пари.
4. Одговорност за долговите спрема трети лица
Член 216
За обврските што еден брачен другар ги имал пред склучување на
бракот, како и за обврските што ќе ги прими по склучувањето на бракот, не
одговара другиот брачен другар.
Брачните другари одговараат солидарно за обврските што едниот
брачен другар ги примил спрема терти лица за намирување на тековните
потреби на брачната заедница, како и за обврските што според општите
прописи ги товарат обата брачни другари.
Брачниот другар кој од својот посебен имот ја исполнил солидарната
обврска има право да бара другиот брачен другар да му го надомести делот
на обврската што паѓа на него.
Член 217
Подароците што брачните другари ги направиле еден на друг пред
склучувањето на бракот или во текот на бракот не се враќаат.
II . ИМОТНИ ОДНОСИ НА ВОНБРАЧНИ ДРУГАРИ
Член 218
Имотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница
се смета за нивeн заеднички имот.
При делбата на тој имот соодветно се применуваат одредбите за
делба на заедничкиот имот на брачните другари.
III . ИМОТНИ ОДНОСИ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА
Член 219
Малолетни деца можат да имаат свој имот кој ќе го стекнат на со
закон определен основ. Со тој имот, освен со оној што малолетникот го
стекнал со работа, до неговото полнолетство управуваат и располагаат
родителите на малолетникот, на начин утврден со овој закон.
Член 220
Ако родителите не живеат заедно, со имотот на детето управува
родителот со кого детето живее, ако центарот за социјална работа на
предлог на другиот родител, не одлучи поинаку.
Член 221
Приходите од имотот на своето дете родителите можат да ги
употребуваат првенствено за негово издржување, воспитание и
образование, како и за неопходните потреби на семејната заедница,
доколку сами немаат доволно сопствени средства.
Родителите можат со одобрение на центарот за социјална работа да
го отуѓат или оптоварат имотот на своето дете заради негово издржување,
воспитание и образование или ако тоа го бараат некои други интереси, како
и кога тоа го бараат неопходни потреби на семејната заедница.
ОСМИ ДЕЛ
СУДСКИ ПОСТАПКИ
I . ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
Член 222
Во постапките во кои судот одлучува во брачните, семејните и други
спорови од овој закон како и за насилството во бракот и семејството се
применуваат одредбите на Законот за процесната постапка и Законот за
извршната постапка, ако со овој закон не е поинаку определено.
Член 223
Во споровите од член 222 на овој закон, кога странките имаат
заеднички малолетни деца или деца над кои е продолжено родителското
право, и во случај на семејно насилство постапката е итна.
Член 224
Во постапките од член 222 на овој закон јавноста е исклучена како на
рочиштето за главна расправа, така и на рочиштето за обид за мирење.
По исклучок, претседателот на советот, може да дозволи на
рочиштето за главна расправа да присуствуваат научни и јавни работници,
кои се занимаваат со проблемите на бракот и семејството, како и лица кои
странките ќе ги предложат.
Претседателот на советот може во согласност со странките да
дозволи присуство на лицата од став 2 на овој член и на рочиштето за обид
за мирење.
Член 225
Во споровите од член 222 на овој закон не е дозволено изречување
на пресуда поради изостанок или пресуда врз основа на признание или
пресуда врз основа на откажување, а е исклучено и судско порамнување,
освен во споровите за издршка.
Член 226
Во споровите од член 222 на овој закон, постапката во прв степен ја
води и одлуките ги донесува совет составен од еден судија и двајца судии
поротници, а во втор степен, совет од тројца судии.
Во постапката за спогодбен развод на брак може одлука да донесе и
судија поединец под условите определени со овој закон.
Член 227
Кога судот одлучува по вонреден правен лек, одлучува во совет од
пет судии.
II. ПОСТАПКА ВО БРАЧНИ СПОРОВИ
Член 228
Во брачните спорови покрај судот од општа месна надлежност, месно
надлежен е и судот на чија територија брачните другари имале последно
заедничко живеалиште.
Член 229
Процесната постапка во брачните спорови се поведува со тужба.
Ако брачните другари бараат бракот да се разведе по заемна
согласност, процесната постапка се поведува со тужба со спогодбен
предлог за развод на бракот.
Член 230
Правото на тужба за поништување на бракот и за развод на бракот не
преоѓа на наследниците.
Наследниците од умрениот брачен другар кој ја поднел оваа тужба
можат да бараат утврдување дека тужбата за поништување, односно за
развод на бракот била основана.
Барањето од став 1 на овој член може да се истакне во процес кој е
веќе започнат од умрениот брачен другар, ако од неговата смрт не
поминало повеќе од шест месеци. По истекот на овој рок постапката се
запира.
Одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член соодветно ќе се
применуваат и кога постапката е покрената по предлог за спогодбен развод
на брак.
Член 231
Ако брачниот спор се поведува преку полномошник, во полномошното
треба да биде назначено видот на тужбата и причините поради кои тужбата
може да се поднесе.
Член 232
За лицата од член 18 ставови 1 и 2 на овој закон, тужба може да
поднесе неговиот старател само по претходна дозвола од центарот за
социјална работа.
Член 233
Тужениот може од своја страна да поднесе тужба за поништување на
брак или за развод на брак кај судот кај кој е тужен (противтужба).
Одлуките за двете тужби ќе се донесат со една пресуда.
Член 234
Во споровите за развод на брак тужителот може да ја повлече
тужбата до заклучување на главната расправа без согласност на тужениот,
а со согласност на тужениот додека постапката правосилно не е завршена.
Откажување од тужбеното барање има правно дејство како
повлекување на тужба.
Член 235
Кога тужителот ја повлекол тужбата согласно со член 234 на овој
закон, судот ќе донесе решение со кое тоа ќе го утврди.
Ако тужбата е повлечена по донесување на првостепена пресуда,
првостепениот суд со решение ќе констатира дека тужбата е повлечена,
дека пресудата е без правно дејство и дека постапката се запира.
Изјавата за повлекување на тужбата се упатува до првостепениот суд
и кога постапката, по правен лек, е во тек. Во таков случај првостепениот
суд ќе ги побара списите од второстепениот суд и ќе донесе решение во
смисла на став 2 на овој член.
Ако изјавата за повлекување е дадена пред повисокиот суд, тој суд ќе
му ја достави заедно со списите на надлежниот првостепен суд.
Против решението од став 2 на овој член странките имаат право на
жалба.
Член 236
Предлогот за спогодбен развод на брак, брачните другари можат да
го повлечат се додека постапката правосилно не е завршена. Ќе се смета
дека предлогот е повлечен и тогаш кога од предлогот ќе се откаже еден од
брачните другари.
Предлогот за спогодбен развод на брак може да се повлече со
поднесок или на записник пред судот.
Во случаите од став 1 на овој член судот донесува решение за
запирање на постапката.
Ако постапката се води пред второстепениот суд се применува
одредбата од став 2 на член 235 од овој закон.
Член 237
По приемот на тужбата за развод на брак или на предлогот за
спогодбен развод на бракот, пред доставувањето на тужбата на тужениот,
се спроведува постапка за мирење на брачните другари.
Постапката за мирење на брачните другари нема да се спроведе ако:
1. еден од брачните другари е неспособен за расудување;
2. еден или обата брачни другари живеат во странство;
3. едниот брачен другар е со непознато место на живеење
подолго од шест месеци и
4. по противтужба за развод на брак, без оглед кога е таа
поднесена, а обидот за мирење на брачните другари по тужбата завршил
безуспешно.
Ако брачните другари имаат заеднички малолетни деца или деца над
кои е продолжено родителското право, постапката за мирење ја спроведува
центарот за социјална работа.
Во случаите од став 3 на овој член, судот во рок од осум дена
доставува писмено известување до центарот за социјална работа, со
податоци кога постапката за развод на брак е поведена, основните причини
поради кои се бара развод на бракот и податоци за децата. Центарот за
социјална работа е должен во рок од три месеци од приемот на
известувањето, да ја заврши постапката за мирење на брачните другари.
Ако брачните другари немаат заеднички малолетни деца или деца
над кои е продолжено родителското право, постапката за мирење на
брачните другари ја спроведува судот, ако истиот не оцени дека е
целисходно мирењето да се отстапи на центарот за социјална работа.
Постапката за мирење на брачните другари пред центарот за
социјална работа се уредува со закон.
Член 238
Кога постапката за мирење на брачните другари ја спроведува судот,
претседателот на советот закажува посебно рочиште.
Рочиштето за мирење се одржува само во присуство на
претседателот на советот, без присуство на записничар.
Член 239
Рочиштето за обид за мирење е посебно рочиште и тоа не смее да се
спои со рочиштето за главна расправа.
Член 240
На рочиштето за обид за мирење се повикуваат двајцата брачни
другари лично да присуствуваат.
Ако постапката за развод на брак е поведена со тужба, а еден или
двајцата брачни другари, уредно поканети, не дојдат на рочиште за обид за
мирење, ќе се смета дека мирењето не успеало.
Ако постапката е поведена со предлог за спогодбен развод на бракот,
а еден или двајцата брачни другари не дојдат на рочиште за обид за
мирење, а не го оправдаат своето отсуство, ќе се смета дека предлогот
бракот да се разведе по заемна согласност е повлечен.
Во поканата за рочиштето за мирење ќе се наведе дека ќе настанат
последици од ставоите 2 и 3 на овој член.
Член 241
Ако на рочиштето за обид за мирење не дојде до помирување на
брачните другари, а се оцени дека има изгледи да дојде до помирување,
односно дека не е добиено цврсто уверување дека натамошното мирење е
залудно, може да се определи ново рочиште за обид за мирење.
Член 242
При обидот за мирење ќе се настојува да се испитаат причините што
довеле до поведување на постапка за развод на бракот, ќе се обиде да се
измират брачните другари, а по потреба ќе им се препорача да се обратат
на предбрачното и брачното советувалиште или друга установа која може
да им даде потребен совет.
Член 243
Кога ќе оцени дека тоа е во интерес на мирењето, претседателот на
советот може да води разговор одделно со секој брачен другар.
Член 244
На рочиштето за обид за мирење, како и во текот на целата постапка
за развод на брак, судот соработува со центарот за социјална работа.
Член 245
За одржаното рочиште за мирење претседателот на советот
составува службена белешка.
Член 246
Ако обидот за мирење не успее, претседателот на советот, закажува
рочиште за главна расправа и на тужениот му ја доставува тужбата за
развод на брак, укажувајќи на присутната странка на последиците од
недоаѓање утврдени во член 254 од овој закон.
Член 247
Во поканата за рочиште за главна расправа ќе се наведе, дека за
тужителот ќе настанат последици од член 254 на овој закон ако не дојде на
првото рочиште за главна расправа.
За недоаѓање на наредните рочишта ќе се применат одредбите за
мирување на постапката согласно со Законот за процесната постапка.
Член 248
Претседателот на советот не мора да закаже рочиште за главна
расправа ако мирењето не успеало, а е поведена постапка за развод на
брак со предлог за спогодбен развод на брак на брачни другари кои немаат
заеднички деца.
Во случај од став 1 на овој член, претседателот на советот, откако ќе
утврди дека брачните другари, заемната согласност за развод на бракот ја
донеле слободно, сериозно и непоколебливо, донесува пресуда со која
бракот ќе го разведе.
Член 249
Ако во бракоразводниот спор се решава за чување, издржување и
воспитание на децата, судот ќе го повика центарот за социјална работа да
учествува на рочиштето заради заштита на интересите на децата и ќе му ги
достави сите одлуки донесени во таа постапка.
Во постапката од став 1 на овој член центарот за социјална работа ќе
даде предлог за чување, издржување и воспитание на децата, а може, во
границите на овој предлог, да изнесува нови факти и докази што странките
не ги навеле, да вложува правни средства и да презема други процесни
дејства во интерес на децата.
Член 250
Имотните спорови меѓу брачните другари освен споровите за
издржување не може да се решаваат заедно со бракоразводниот спор.
Член 251
Во текот на постапката за бракоразводните спорови судот може со
решение да определи привремени мерки заради давање издршка на
заедничките деца и за нивно доверување на чување и воспитание.
Привремените мерки од став 1 на овој член можат да се определат по
службена должност, по предлог на една од странките, како и на предлог на
центарот за социјална работа.
Привремените мерки од став 1 на овој член судот може да ги
определи и во корист на брачниот другар, по негов предлог.
Жалбата против решението од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не го
задржува извршувањето на решението.
Член 252
Привремените мерки траат до правосилното завршување на
постапката, но судот може по службена должност или по барање на една од
странките нив да ги менува.
Член 253
Кога бракот се разведува по заемна согласност на брачните другари,
а брачните другари имаат малолетни или полнолетни деца над кои е
продолжено родителското право, спогодбата од став 2 на член 39 од овој
закон за начинот на вршењето на родителските права и за доверување на
децата на чување и воспитание, се поднесува писмено или усно во
записник кај надлежниот првостепен суд.
Ако кон предлогот за спогодбен развод на брак, не е доставена и
спогодбата од став 1 на овој член, судот ќе постапи согласно со одредбите
од Законот за процесната постапка за неуредни поднесоци.
Член 254
Ако тужителот, односно неговиот полномошник не дојде на првото
рочиште за главната расправа, ќе се смета дека тужбата за развод на брак
е повлечена.
За недоаѓање на странките на наредните рочишта ќе се применуваат
одредбите од Законот за процесната постапка за мирување на постапката.
Член 255
Кога постапката за развод е поведена по предлог за спогодбен
развод, па на рочиштето за главна расправа изостане еден или двајцата
брачни другари, а не го оправдале изостанокот иако се уредно поканети, ќе
се смета дека предлогот е повлечен.
Член 256
При оцена на спогодбата на брачните другари судот е должен да
прибави мислење од центарот за социјална работа и доколку оцени дека
спогодбата е спротивна на интересите на децата, ќе донесе своја одлука.
Центарот за социјална работа е должен во рок од 15 дена од приемот
на барањето од судот да даде мислење во смисла на став 1 од овој член.
Мислење од став 1 на овој член судот ќе прибави од центарот за
социјална работа и во споровите кога се бара развод на брак со тужба.
Член 257
Фактите врз кои странките го засноваат тужбеното барање во
брачниот спор, а странките во спорот имаат заеднички малолетни деца и
кога тие факти се однесуваат на децата, судот може да ги утврдува и кога
тие не спорни меѓу странките.
Судот не смее да се впушти во испитување на вистинитоста на
другите факти за кои дознал од исказот на странките или на друг начин, а
кои би можеле да претставуваат друга бракоразводна причина како основа
на тужбата.
Член 258
Доколку бракот се разведува по предлог за спогодбен развод на брак
образложението на пресудата содржи само констатација дека брачните
другари својата согласност за развод на брак ја донеле слободно, сериозно
и непоколебливо.
Член 259
Пресудата со која се разведува бракот по предлог за спогодбен
развод на брак може да се побива:
1. поради суштествена повреда на одредбите на процесната
постапка од член 354 став 2 на Законот за процесната постапка;
2. поради погрешна примена на материјалното право и
3. поради тоа што предлогот за развод на брак по заемна
согласност бил даден во заблуда, под влијание на сила или закана и во
случај ако за донесување на ова пресуда не постоеле услови одредени со
овој закон.
Против првостепената пресуда од став 1 на овој член странките
можат да изјават жалба во рок од 15 дена.
Жалбата во која се изнесени причините поради кои жалба не може да
се изјави ќе се отфрли како недозволена.
Против одлуката на второстепениот суд од став 1 на овој член не е
дозволена ревизија.
Член 260
Ако со правосилна пресуда бракот е разведен или поништен,
одлуката за рзвод на брак, односно поништување на брак не може да се
побива со вонредни правни лекови.
Член 261
Одредбите од членовите 251, 252 и 256 ќе се применуваат и на
споровите со кои се бара поништување на бракот.
III. ПОСТАПКА ВО СПОРОВИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ И
ОСПОРУВАЊЕ НА ТАКОВСТВОТО И МАЈЧИНСТВОТО
Член 262
Во споровите за утврдување или оспорување на татковство или
мајчинство, малолетното дете може да поднесе тужба или пред судот од
општа месна надлежност или пред судот на чие подрачје има живеалиште,
односно престојувалиште. Пред судот на своето живеалиште, односно
престојувалиште детето може да поднесе тужба и по полнолетството, но
само доколку тужениот нема живеалиште, односно престојувалиште на
територијата на Република Македонија.
Одредбите од став 1 на овој член се применуваат и во случаите кога
детето поднесува тужба заедно со друго лице.
Член 263
Како странки во спорот за утврдување на татковство се лицето чие
татковство се утврдува, детето и мајката на детето, а центарот за социјална
работа само кога согласно со одредбите на овој закон е овластен да поведе
постапка за утврдување на татковство.
Како странки во спорот за оспорување на татковство се лицето кое го
оспорува татковството, лицето чие татковство се оспорува, детето и мајката
на детето.
Кога татковството го оспорува мажот на мајката од подоцнежниот
брак, како странка во постапката е и мажот на мајката од поранешниот брак.
Член 264
Ако со тужбата за утврдување и оспорување на татковство како
тужители и тужени не се опфатени сите лица кои мораат да бидат странки
во постапката, судот ќе го подучи тужителот да го тужи и лицето кое со
тужбата не е опфатено или да го повика лицето да се приклучи кон тужбата
како нов тужител.
Ако тужителот во рокот што ќе го одреди судот не ја прошири тужбата
на сите лица кои мораат да бидат странки во постапката или ако тие лица
не се приклучат кон тужбата, судот по тужбата ќе постапи согласно со
одредбите од Законот за процесната постапка за неуредни поднесоци.
Член 265
Странките кои во тужбата за оспорување и утврдување на
татковството или мајчинството се означени како тужители или тужени се
единствени сопроцесници.
Кога тужбата ја поднесува овластено лице во законски рок, на
тужбата може да и се придружи и лице на кое му истекнал рокот за
поднесување на тужба.
Член 266
Ако детето и родителот, кој по законот го застапува детето, имаат
спротивни интереси, центарот за социјална работа ќе му постави на детето
старател за посебни случаи.
Член 267
Во споровите за утврдување или оспорување на татковството ќе се
применуваат одредбите на членовите 234 став 2, 251 и 252 од овој закон.
Во споровите за утврдување на мајчинството соодветно ќе се
применуваат сите одредби како во споровите за утврдување или
оспорување на татковството.
Член 268
Ако во спорот за утврдување на татковството, тужениот го признае
татковството, постапката се запира, а судот ќе постапи согласно со член 51
став 2 на овој закон.
Член 269
Постапката за оспорување на мајчинството се води одделно од
постапката за утврдување на мајчинствто.
По исклучок од став 1 на овој член доколку постапката ја поведува
жената која се смета за мајка на детето се води единствена постапка.
Член 270
Одредбите од член 257 на овој закон се применуваат и во споровите
за утврдување и оспорување на татковството и мајчинството и за
поништување на татковството утврдено со признание.
Член 271
Во споровите за утврдување и оспорување на татковство и
мајчинство, против правосилна пресуда е дозволена ревизија.
IV . ПОСТАПКА ВО СПОРОВИ ЗА ДОВЕРУВАЊЕ НА ДЕЦА НА
ЧУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ
Член 272
Во постапката заради доверување на деца на чување и воспитание
судот не е врзан со барањата на странките.
Член 273
Против второстепената одлука за доверување на деца на чување и
воспитание е дозволена ревизија.
Кога одлуката за доверување на деца за чување и воспитание се
донесува во брачен спор, правните последици од оваа одлука настануваат
оној ден кога ќе настанат и правните последици од пресудата со која се
утврдува дека бракот не постои или се поништува или се разведува.
V . ПОСТАПКА ВО СПОРОВИТЕ ЗА ИЗДРЖУВАЊЕ
Член 274
Со пресудата со која бракот се поништува или се разведува, судот ќе
донесе одлука за издржување на лицата утврдени во член 179 од овој
закон.
Член 275
Одлука за издржување на детето судот може да донесе и во спорови
за утврдување или оспорување на татковство или мајчинство, кога
донесувањето на оваа одлука, со оглед на исходот на спорот и околностите
на случајот, е можно и потребно.
Член 276
Во спорот за издржување нема да се применуваат одредбите од
Законот за процесната постапка кои се однесуваат на постапката во
спорови од мала вредност.
Член 277
Во споровите за издржување на малолетно дете или полнолетно дете
над кое е продолжено родителското право се применува одредбата од член
272 на овој закон.
Член 278
Жалбата изјавена против одлуката на судот во споровите за
издржување не го задржува нејзиното извршување.
Член 279
Во споровите за издржување е дозволена ревизија.
V-а
Постапка за изречување на привремена мерка
за заштита од семејно насилство
Член 279-а
Во постапките за изречување на привремена мерка за заштита од
семејно насилство одлучува судија поединец.
По приемот на барањето од членот 94-е на овој закон, судот закажува
рочиште.
Член 279-б
Во постапката од членот 279 -а на овој закон јавноста е исклучена.
Член 279-в
Судот по барањето на центарот за социјална работа за изречување
на привремена мерка од членот 94-е на овој закон ќе постапи веднаш и во
рок од седум дена од денот на приемот на барањето ќе донесе одлука.
По исклучок од ставот 1 на овој член, судот ќе донесе одлука во рок
од три дена од денот на приемот на барањето доколку постои основано
сомнение дека постои сериозна опасност по живот и здравјето на член од
семејството.
Член 279-г
На рочиштето се присутни извршителот и жртвата на семејното
насилство и претставник од центарот за социјална работа.
По оцена на судот, може да бидат повикани и други лица.
Член 279-д
Привремената мерка за заштита од семејно насилство може да трае
најмногу една година.
Судот може да побара известување од центарот за социјална работа
за спроведување на изречената мерка.
Член 279-ѓ
Судот по предлог на центарот за социјална работа, може да ја
продолжи, укине или измени одлуката.
Член 279-е
Примерок од одлуката судот доставува до странките и центарот за
социјална работа, јавното обвинителство и органот за прогон.
Член 279-ж
Жалбата изјавена против одлуката на судот не го задржува нејзиното
извршување.
V-б
Казнени одредби
Член 279-з
Со парична казна од 5.000 до 10.000 денари ќе се казни за сторен
прекршок тој што нема да постапи согласно со обврските од членот 94-г
став 3 на овој закон.
Со парична казна од 100.000 до 2000.000 денари ќе се казни за
сторен прекршок и правното лице што нема да постапи согласно со
обврските од членот 94-г став 3 на овој закон.
Со паричната казна од ставот 1 на овој член ќе се казни за прекршок и
одговорното лице во правното лице од ставот 2 на овој член.
VI . ПОСТАПКА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ
Член 280
За одлучување по предлогот за извршување на одлуката на судот со
која се наложува да се предаде детето на родителот или на друго лице,
односно установа на која детето е доверено на чување и воспитание, месно
надлежен е судот според местото на живеење или престојување на
родителот кој го бара извршувањето, како и судот на чија територија се
наоѓа детето.
За спроведување на извршувањето месно надлежен е судот на чија
територија се затекнало детето.
Член 281
При спроведувањето на присилно извршување судот води сметка за
итноста на постапката и за потребата да се заштити личноста на детето.
Судот, откако ќе ги оцени сите околности на случајот, ќе одлучи дали
извршувањето ќе го спроведе со изрекување на парична казна против
лицето кај кого се наоѓа детето или со одземање на детето од тоа лице.
Ако целта на извршувањето не може да се постигне со изрекување и
извршување на одлуката за парична казна, извршувањето ќе се спроведува
со одземање на детето од лицето кај кого детето се наоѓа и со предавање
на детето на родителот, односно друго лице или установа на која тоа е
доверено на чување, одгледување и воспитание.
Во постапката за извршување судот ќе побара помош од центарот за
социјална работа.
VII . ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 282
Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок
од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 283
Управните и судските постапки покренати пред влегувањето во сила
на овој закон ќе продолжат според одредбите од овој закон.
Член 284
Старателите поставени според досегашните прописи продолжуваат
да работат според одредбите од овој закон.
Член 285
Со влегување во сила на овој закон престануваат да важат:
Законот за брак (“Службен весник на СРМ” број 35/73, 28/74 и 13/78),
Законот за односите на родителите и децата (“Службен весник на СРМ”
број 5/73, 17/73), Законот за посвојување (“Службен весник на СРМ”, број
5/73, 17/73), Законот за старателство (“Службен весник на СРМ” број 5/73) и
Законот за посебни процесни постапки во семејните спорови (“Службен
весник на СРМ” број 13/78).
Подзаконските прописи донесени врз основа на законите од став 1 на
овој член ќе се применуваат до донесувањето на прописите од член 282 на
овој закон.
Член 286
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија”.
Член 36
Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок
од три месеца од денот на влегување во сила на овој закон.
Член 37
Комисијата од членот 3 на овој закон се формира во рок од три
месеца од денот на влегување во сила на овој закон.
До формирање на Комисијата од ставот 1 на овој член, работите од
посвојувањето кои се однесуваат на приемот на барањата и водење на
постапката за посвојување ќе ги врши центарот за социјална работа.
Член 38
Постапките за посвојувањето започнати пред денот на влегување во
сила на овој закон ќе продолжат според одредбите на овој закон.
Член 39
Центарот за социјална работа ќе изврши достава на предметите од
членот 38 на овој закон до Комисијата заради упис во регистарот на можни
посвоители и регистарот на можни посвоеници во рок од 30 дена од денот
на формирањето на Комисијата.
Член 40
Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на
Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за
семејството.
Член 41
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија”.

СТАРАТЕЛСТВО

Поим

Старателството е институт чија основна цел е заштита на лицата на кои таа им е

неопходна, малолетни деца лишени од родителска грижа и полнолетни лица кои заради
својатаздравствена состојба не се во можност да се грижат за заштита на своите интереси
и права. Старателството го сочинуваат норми со кои се овозможува организирана
општетсвена заштитана сите категории граѓани на кои им е потребна. Основна задача и
цел на старателството била и останува заштита на личноста и имотните права на лицата
кои поради вораста а некои и заради нарушената здравствена и ментална состојба не се во
можност да се грижат за себе и за своите интереси и права.

Тоа е со закон регулирана заштита која државата ја дава на наведената категорија на

граѓамни. Може да се јави во различни видови и тоа: старателство врз малолетници, врз
лица лишени од деловна способност и старателство за посебни случаеви.

Цеите зависат од видот на заштитата која е потребна за одредена категорија која се става
под старателство. Кога под старателство се става малолетно лице тоа е со цел заштити
згрижување на детето, негово оспитување, образование и оспособување за самостоен
живот. Кај полнолетни лица лишени од деловна способост целта е грижа за нивната
личност и за имот.а кај старателство за посебни случаеви се сведува на заштита на
одредени интереси и права на лицата кои се ставаат пос старателств.

Начела на старателското право

4. Начело на општетсвен карактер на стар. Право
Старателството кај нас е организирано какко оппштетсвена институција па во
однос на тоа и сите работи поврзани со тоа ги извршува орган на старателство кој е
државен кој својата функција не ја извршува секогаш непосредно туку за тоа може
да постави старател чија работа ја следи.Старателскиот орган води сметка за
интересите на лицето кое е ставено под старетелство, што значи дека семејството
нема никакво влијание. И друг значаен аргумент е тоа дка средствата од кои се
финансира органот за старателство се општетсвени.
5. Начело на посебна општетствена заштита на лицата под старателство
Произлегува од уставот и законот за семесјтво согласно кои е задолжително да се
обезбеди посебна заштита на малолетни деца лишени од родителска гриѓа како и
на оние полнолетни лица кои не се во состојба да се грижат за себе и за заштита на
своите права но и на други кои од било кои причине нам можат да се грижат за
себе и своите права.
6. Начело на првенство на заштита на личноста на штитеникот
Заштита на личноста ставена под старателство под што се подразбира целосна
заштита во која најпрво се внимава на личната заштита на штитеникот а потоа и на
имотните права и интереси.

Организација на старателството

Зада може да ги исполни задагите предвидени во уставот и семејната регулатива

мора да биде организирано на соодветен начин. Од една страна тоа мора да ги
следи состојбите на општетсвото кои се одвиваат во таа сфера а од друга страна да
се труди да ги обезбеди условите за реализирање на своите задачи за да ја оствари
својата функција. Затоа сите функции се извршуваат преку надлежниот орган за
старателство во кој се вклучени авторитетни стручни тимови составенио од
социјални работници, социолози, психолози, правници.

Орган на старателство
Стварна надлежност
Врз основа на ставраната надлежност земјите може да се групираат во три групи.
Во првата група спаѓаат оние каде влијание има традиционалниот концепт на
старателство и каде смесјтвото има значајна улога.Кај нив судијата го избира
семесниот совет од редовите на семејството кој во суштина го има и главниот збор
за определување на старател.(Франција, Белгијаидр)
Втората група ја сочинуваат законодавства а земјите каде главен е зборот на
старателскиот суд кој е надлежен за оваа сфера (Германија, Австрија идр). А
третата се земји кои како стварно надлежен орган го определуваат органот на
власта односно управниот орган. (земјите од поранешна СССР).
На просториите на поранешна ЈУгославија во чии рамки спагала и нашата држава
ккао огран за старателство се јавува центарот за социјални работи, општинскиот
орган на управа надлезен за социјални прашања и други органи кои ќе ги определи
општинското собрание.Кога зборуваме за стварана надлежост на старателски орган
го имаме во предвид неговотио значење во потесна смисла.
Месна надлежност
Месната надлежност се остварува според постојаното местото на живеење на
лицето кое се става под старателство. Доколку лицето нема постојано место на
живеење се определува според местото на престојувалиште. Промените на местото
на претсојувалиште не влијаат врз промена на личноста на старател и мерките кои
се превземени.

Организација на стартелството и старателскиот орган во РМ

Според законот за семејство во РМ надлежен е ЦСР. Неговата надлежност се
определува според местото на живеење или престојување, во моментот кога
натанале услови за лицето да биде ставено под старателство. ЦСР има широк
дијапазон на надлежности и активности а често користи и услуги на здравствени,
воспитно образовни и др. Установи. Во надлежнот на ЦСР влегуваат следните
ингеренции: Решава за ставање на лице под старателство, за поставување или
разречување на старател неговите овластувања, за правата и интересите на лицето
под старателство какои за претсанок на старателството. Не се врзува за енаш
донесено решение. Во зависнот од условите во кои лицето се наога може да го
промени. Решенијата ги носи според законот за општа управна постапка.

Дејност на органот за старателство

Активностите на ЦСР можат да се поделат на две групи. Во првата спаѓаат оние
кои ги врши какко старателски орган (во потесна смислам на зборот) а во втората
во рамките на законот за заштита на семејството воопшто, заштита на малолетници
и категорија на полнолетни лица врз основа на други одредби од законот за
семејство во која има широк спектар на социјални и општетствени активности.

Непосредно и посредно извршување на старателските работи

Непосредно- старателскиот орган сам ја извршува работата без да назначува
старател но и тогаш треба да се донесе решение во кое ќе биде наведено лице кое
ќе ги извршува работите.Под посредно извршување на старателската функција
старателскиот орган со посебно решение назначува старател кој добива улога на
еден вид посредник помеѓу лицето ставено под старателство и ЦСР. За својата
работа старателот дава отчет пред ЦСР.
Постапка за ставање под старателство
Постапката итна и се поведува е по службена должност или по барање на
заинтересирани лица.Притоа најважно е ЦСР да с направи проценка на потребата
лицето да се стави под старателство. Врз основа н атоа Законот јасно предвидел
дека доколку се појави потреба за некое лице да се стапи под тарателство или врз
него да се примени некој облик на социјална заштита треба да се извести ЦСР, тоа
може да го направи матичарот или државните органи кога обавувајќи ја својата
работа дошле до такво сознание, роднини или членови на соседството,
претпријатија, установи и др.организации и заедници. При тоа ЦСР реагира и во
зависност од околностите го определува обикот на заштита. Во донесувањето на
својата оценка ги има во предвид интересите на лицето кое се става под
старателство и интересите на неговото семејство.
Приговор за работата на старателот и за работата на ЦСР
Кога се работи се греши, во работата на ЦСР можни се пропусти а од работата на
старателот лицето ое е под старатлство најдиректно може да ги почувствува
последиците. Па зато следствено на тоа може да се поднесе приговор кој може да
го поднесат и други физички и правни лица доколку лицето кое е под старателство
тоа не може да го направи.Кога се поднесува приговор против старателот тој се
поднесува до ЦСР кое е надлежно да ги испита наведените факти и доколку утврди
дека се основани може да определи мерки за да се исправат грешките на старателот
но може и да донесе решение за поставување на нов старател. Кога приговорот се
однесува на работата на ЦСР тој се поднесува до Министерството за труд и
социјална политика како второстепен орган кое откако ќе ги испита наводите ќе
донесе упатста по кое ќе треба да постапи првостепениот орган и со решение да го
информира второстепениот.
Доста често како прашање се наметнуваат материјалните средтсва кои се потребни
за да се реализира старателството па согласно нашиот закон за семејство
трочоците кои настанале во интерес на лицето кое е под старателство можат да се
покријат од приходите на лицето кое е под старателство, средствата кои ги добива
од лица кои се должни да го издржуваат лицето кое е под старателство, имотот на
лицето, од средства доколку остварува социјална заштита и други извори. ЦСР
исто така е должно да води евиденција за лицето ставено под старателство во која
се внесуваат сите мерки како и податоците за имотот.
Старател
Поим
Старател е лице кое непосредно се грижи за личноста и имотните права и интереси
на лицето ставено под старателство. Законот за семесјтво кои својстав и услови
треба да бидат исполнети за едно лице да се јави како старател. Во нашето
законодавство прифатено е дека првенство имаат блиски роднини на лицето
доколку ги исполнуваат условите за вршење на функцијата и доколку се согласат
да прифатат. Тоа значи дека тие најдобро ги познаваат потребите и навиките и
воопшто сите околности на лицето кое се става под старателство, што е несомнена
претпоставка за успешно извршување на старателската функција. Истои така кон
тоа придонесува и желбата на лицето кое се става под старателство доколу е во
состојба да ја изрази но и на блиските роднини.
Според нашиот закон старатели не можат да бидат: лице на кое му е одземено
родителското право, лице со одземена или органичена деловна способност, лица
чии интереси се о спротивност со интересите на лицето под старателство и лице
кое со оглед на сегашното и поранешно поведение и лични својства и односите со
лицето под старателство не може да се очекува дека правилно ќе ја врши својата
старателска фукнција. Може да се случи едно лице да биде поставено за старател
на повеќе лица доколју со тоа се согласи лицето кое се става за старател исто така
да се согласат и лицата кои се ставаат под старателство и истото да не е во
спротивност со интересите на некое од тие лица ставени под старателство. Во
некои случаи се врши органичување на овластувањата на старателот каде има
поделена надлежност со ЦСР и имаме комбинирано вршење на старателската
функција.

Должности и овластувања на старателот

Се определува во решение кое го изготвува ЦСР. ЦСР претхпдно ќе го запознае
старателот со прават и должностите како и со други податоци важни за вршење на
функцијата и ќе му издаде исправа на која се внесени неовите права и
должности.Најважна задача е старателот совесно да се грижи за правата и
интересите на лицето ставено под старателство. Најважно е старателот совесно да
управува со имотот на лицето . Старателот не може без дозвола од ЦСР да
превзема активноси кои ќе му нанесат имотна штета. Не смее да дава подароци
ниду да прави други располагања без надомест и не може да го става лицето под
старателство како гарант.
Кога лцето под старателство поседува имот ЦСР донесува решение за да се изврши
попис и процека на имотот и негово предавање на управување кај старателот.
ЦСР именува комисија која го споверува пописот и проценката во присуство на
старателот и лицето доколку е способно да присуствува по што се донесува
решение во кое се наведуваат ингеренциите на старателот и на цср. За да не се
загрози имотната сигурност на лицето ставено под старателство ЦСР може да
побара посебни мерки за обезбедување на имотот. Во таа смисла ќе изврши попис и
проценка на имотот и други мерки на бебедност а во некои случаи може да побара
од судот да внесе забелешка во јавните книги за евиденција на недвижности. Во
случај кога имотот на лицето под старателство се наоѓа на подрачјето на друг ЦСР
тогаш недлежниот центар може да му го довери нему. Тој може да постави
старателили самиот да се грижи за имотот меѓутоа не може да решава за
располагање со имотот, тоа може да го прави само надлежниот центар на кој
претходниот му поднесува годишен извештај за работата. За да се реализираат
мерките неопходни се средства кои се обезбедуваат од обработка на имотот па за
таа цел старателот е должен да ги превзема потребните меркисо помош на
центарот. Соработката помеѓу старателот и центарот е многу значајна во
остварувањето на старателското право. Од тоа произлегува и сто старателот може
самостојно да превзема, што во согласност со центарот а што не смее во поглед на
имотната состојба на лицето кое се става под старателство. Старателот може
самостојно да отуѓува прлодови кои се подложни на распаѓање и на тој начин да
обезбедува средства за одржување на имотот. Старателот треба да бара совет од
ЦСР при застапување пред суд и други органи вклучувајчи ги и составувањето на
поднесоци. Старателот не смее без одобрение на ЦСР да го отуѓува или оптоварува
имотот , да ги отуѓува или располага со имотните права од поголема вредност, да
се откаже од наследно право или од легат и да одбие подарок и да превзема други
мерки кои се наведени со закон а му треба согласност од ЦСР. Но постојат и
работи кои старателот не може да ги превземи ни со одобрение од ЦСР кога лицето
е застапувано пред суд за правни дела во кои како друга странка учествува брачен
другар или роднина на старателот.
Поднесување извештај за работа
Законот го обврзува старателот како и членовите од семесјтвото со кое живее
лицето кое е под старателство или институција доколку истото е сместено во неа
еднаш годишно или во заисност од потребите и барањето на ЦСР да поднесува
извештај за својата работа. Содржината на извештајот зависи од видот на
старателството па така кога се работи за малолетник најважно е да се внесат
податоци за грижата за неговото воспитување и образование, здравјето,
издржувањето и оспособувањето за самостоем живот. Извештајот претставува
вистинска слика. Покрај старателот извештај поднесуваат и членови на семејството
во кое е сместно или инстутуцијата. Во вториод дел на извештајот се внесуваат
податоци за имотната состојба на лицето како во однос на управување и
располагање со имотот, сите приходи и расходи со цел да биде прикажана
состојбата на имотот. Извештајот може да се поднесе писмено или усно на
записник.
Награда за работата на старателот
Старателот својата работа ја извршува доброволно без надоместок.Законот
предвидува можност за надоместок доколку се покаже дека се истакнал во
извршувањето на своите должности. Оценка за ова дава ЦСР тој ја утврдува и
висинат на надоместокот а средствата се обезбедуваат од имотот на лицето ако го
има ако не се намируваат од државниот буџет.
Мерки против несовесен и немарен старател
Се случува старателот со своите постапки да му нанесе штета на лицето за чии
интереси треба да се грижи. Штетат ја утврдува ЦСР а старателот е должен да му ја
даде на лицето кое е под старателство. Ако се случи да не ја исплати во определен
рок кој го утврдил ЦСР самиот тој ја надоместува и преку надлежен суд да бара
старателот да му го надомести износот кој му го исплатиле на лицето кое е под
старателство.
Претсанок на должноста старател
Старателстака функција не е условена со утвдрен рок па следствено на тоа ќе трае
се додека постојат причини поради кои е и засновата. Истата може да престане од
причини од субјективен и објективен карактер. Престанокот мже да биде и не по
вина на самиот старател , таа може да престане самоволно и поради смрт на
старателот.
Ослободување од старателска должност по барање на старателот настанува
кога ќе се исполнат услови и кога тој самиот повеќе не може да ја извршува својата
работа.Тој за тоа поднесува барање до ЦСР и истиот најдоцна во период од три
месеци е ослободен од обврската. Тогаш ЦСР води сметка за интересите на лицето
и превзема мерки за поставување на нов старател.
Сменување (разрешување) на старателот –овде причините не се од објективен
карактер туку поради вина на старателот. Старателот че биде сменет од страна на
ЦСР кое утвдрило дека со невнимание ја вршел својата работа и ги загрозил
интересите на лицето под старателство. На лицето се покренува постапка да му се
назначи нов старател. Стариот е должен да поднесе извештај за работата се
доденот кога му завршува функцијата како и сметка за своето работење. Должен е
да ја предаде должноста на новиот старател на записник во период кој ќе го
определи ЦСР но не подолг од 30 дена
Престанок на потребата за вршењње на старателство – имаме кога престанале
околностите поради кои одредено лице е ставено под старателство во тој случај
старателот е должен во определен рок да поднесе извештај за работата и за
имотната состојба на лицето да го предаде имотот на управување на лицето кое
дотогашбило под старателство или на негов роднина или посвоител. Предавањето
на имотот треба да се изврши во присуство на старателот, лицето или роднина или
посвоител а присуствува и претставник од ЦСР.
Престанок на должноста старател заради смрт на старателот – бидејќи е строго
врзана за личноста на старателот и претставува строго лично право на старателот.
ЦСР е должен штом ќе биде известен да превземе мерки за поставување на нов
старател.

Видови старателство
Постојат три вдови на старателство и тоа стрателство врз малолетници, врз лица
лишени од деловна способност и старателство за посебни случаи.
Старателство над малолетни лица – Поголема застапеност во практиката. Се
смета дека под старателство ќе бидат поставени малолетни лица кои се без
родителска грижа, тоа се сите оние ситуации во кое детето е лишено од родителска
грижа без разлика на тоа дали детето е лишено од физичко непостоење на
родителите, дали грижата отсуствува поради нивна вина или пак родителите се
спречени да ја вршат од објективни причини. На пример доколу и самите родители
се под старателство во случај кога им е одземена или органичена деловната
способност и детето по автоматизам се става под старателство.
Должност и овлатувања на старателот
Рековме дека старател се поставува во сите оние случаи во ои детето е личено од
родителска грижа. Така да должностите и овластувањата се слични како и кај
природниот родителски однос. На прво место е грижа за личноста на детето,
неговото здравје, воспитување, образование и оспособување за самостоен живот.
Грижа за личноста на малолетникот подразбира и Грижа за здравјето на
малолетникот се мисли на неговото физичко одгледување почнувајќи од
неговите физиолошки потреби, хигиенски, здравствени па се до социјални како и
соодветно сместување. Ако старателот на детето е близок роднина тој може да го
смести во својот дом, во друго семесјтво или во некоја соодветна установа каде
највазно е да има исполнување на условите за нормално одгледување. Доколку
детето треба да се третира здравствено , ЦСР треба тоа да го обезбеди.
Грижа за воспитување и образование – Правилно да го усмери детето во поглед
на неговото образование и однесување. Доколку се појават дефекти во
однесувањето на детето кои ги надминуваат можностите а старателот може да биде
доверено на чување и воспитување на друго лице или во соодветна установа.
Старателот не може сам да одлучува за прекинување на образованието на
малолетникот ниту за промена на видот на образованието без одобрение од цср.
Оспособување за самостоен живот и работа –како сублимат на горе наведените
значи дека се постигнала успешна функција на старателството и малолетникот се
оспособил за самостоен живот.
Грижа за имотот на малолетникот
Старателот може да превзема дејствија во рамките на своите овластувања но во
некои случаи му е потребно одобрение од ЦСР како што беа работа и управување
со имотот , негово отуѓување па се до застапување на лицето ставено под
старателство. Законот за семејство предвидува можност малолетник со навршени
15 години да може сам без одобрение од стартел дда заснова работен однос па
тогаш следствено на тоа врз основа на приходите со кои располага сам да се грижи
за своето издржување, воспитување и стручно оспособување. Тој може во одредени
случаи да превзема и определени правни дејствија но ако се од поголему значење
му треба одобрение од старател.
Престанок на старателството на малолетно лице
Со полнолетство- кога се навршени 18 години и се здобива со деловна способност
и тогаш може самиот да се грижи за себе и за заштита на своите права.Постои
отстапка кога не можел поради пречки во психофизичкиот развој сам да се грижи
тогаш му се назначува старател.
Со склучување на брак се стекнува и деловна способност кога малолетното лице е
со навршени 16 години живот , бидејќи тоа го дозволува нашето законодавство. По
претходно прибавено мислиње од здравствена установи и укажана помош од ЦСР.
Со посвојување – каде имаме замена на природниот родителски однос и
посоителите се грижат за детето.
Престанок на други пречки – Согласно законот за дете без родители се смета дете
без родителска гриша чии родители не се живи или се непознати со непознато
живеалиште повеќе од една година како и она чии родителити привремено не ги
извршуваат своите родителски права. Кога една од овие причини ќе престане ,
престанува и старателството.
Со смрт на малолетникот се случува и фактички престанок на старателскиот однос.

Старателството може да се продолжи доколку околностите покажуваат дека детето

е полнолетно но име пречки во психо физичкиот развој и не е способно да се грижи
за своите интереси и права. ЦСР ке бара нов старател но ќе се смени само основот.

Старателство над лица лишени од деловна способност

Станува збор за старателство над лица кои се полнолетни но заради одредени
здравствени недостатоци , душевно заболување или ментална заостанатост или
друга состојба не се во мо=ност самите да се грижат за себе и за заштита на своите
права и интереси. Но исто така можат да ги загрозат интересите и правата на трети
лица се јавува потреба од нивно ставање под старателство.
-Права и должности на старателот
Старателот ги има следниве задолженија да се грижи за личноста, за неговите
праваи интереси за негово сместување и за неговото здравје.. Старателот се гризи
за здравјето на лицетои се стреми да ги отклони причините кои довеле до таква
состојбаљ да му помогни да се излекува и Да му ја подобри здравствената состојба.
Постојат разлики кај старател на лице на кое целосно му е доземена деловната
способност каде има изедначување на овластувањата како кај старател на
малометно лице кое нема навршени 15 години каде старателот може да превзема
дејствија во рамките на своите овластувања но во некои случаи му е потребно
одобрение од ЦСР како што беа работа и управување со имотот , негово отуѓување
па се до застапување на лицето ставено под старателство. И старателство над лица
во случај на делумна одземена деловна способност која се истоветува со правата и
должностите на старател на малолетно лице кое има наполнети 15 години од
животот може сам без одобрение од стартел дда заснова работен однос па тогаш
следствено на тоа врз основа на приходите со кои располага сам да се грижи за
своето издржување, воспитување и стручно оспособување. Тој може во одредени
случаи да превзема и определени правни дејствија но ако се од поголему значење
му треба одобрение од старател.деловната способност ја одзема судот со
правосилно решение и веднаш истото го доставува до ЦСР кој е должен во рок од
30 дена од денот на приемот да го стави лицето под старателство. Соработката на
судот и центарот овде е многуу значајна. Од друга страна пак центарот може во
текот на постапката на лицето да му постави привремен старател чија улога е до
поставување на траен старател но додека трае должноста тој ги има истите права и
должности какои старател над малолетно лице кое навршило 15 години.
Старателот е должен да се гризи и да ја следи здравствената состојба на лицето па
така со подобрување на неговата здравствена состојба треба да го известо ЦСР да
укаже дека се повлекле околностите и се создале нови за враќање на деловната
способност на тоа лице. ЦСР врз основа на иницијатива на старателот и податоците
за состојбата на лицето му предлага на судот да го прогласи за ограничено деловно
способно. Постапката е регулирана со Законот за вонпроцесна постапка со решение
од судот дека му се враќа деловната способност на лицето.
-старателство за посебни случаи
Предвидено е кај лица чие место на живеење не е познато и во случајкога нема
застапник кај непознат сопственик на имот со цел се обезбеди некој да се грижи за
имотот. Старател може да се постави од страна на органот пре дкој се води
постапката ако се исполнети условите од законот при што органот е должен да го
извести ЦСР.
-старателство над отсутни лица
Треба да бидат исполнети да услови: на лицето да не му се знае местото на
живеење и второ да нема својзастапник. Ова е во случаи кога се претпоставува дека
лицето е живо но не му се знае местото на живеење и треба да се заштити за
одредени работи и бидејќи нема свој застапник постои можност да му се направи
штета. Старател се поставува за да се заштитат неговите интереси и права но и да
се заштитат права и интереси на трети лица во оставинска постапка. Правата и
обврските на старателот произлегуваат од секој конкретен случај. Старателството
престанува кога старателот ќе ги изврши конкретните работни односи за кои бил
поставен, кога лицето кое е отсутно ќе се врати, кога лицето ќе постави свој
застапник или истото починало.
-старателство над непознат сопственик на имот
Кај овој вид на старателствоп целта е да се заштитат имотните права на имот без
сопственик од оштетување или ограбување. Во тој случај ЦСР поставува посебен
старател.неговите права и должности ги одредува ЦСР во зависност од
ситуацијата.старателот управува со имотот и има право само исклучително да го
отуѓи или со него да располага само со одобрение од ЦСР. Од управувањето со
имотот се создаваат и средства со ои не може да располага старателот и тој мора
нив да ги чува и ако се појави сопственикот да ги предаде. Ова старателство
престанува кога ќе се појави сопственикот.
Старателство над странски државјанин
Постои кога странски државјанин ќе се најде на територијата на РМ во состојба во
која не е во можност да се грижи за своите интереси и права , да заболи да доживее
несреѓа и како последица да му биде нарушено физичкото и менталното здраве
законот го овластува ЦСР да превземе мерки за заштита на правата и интересоте на
странскиот државјанин.Има привремен карактер и рае до моментот додека
надлежен орган не донесе решение и не превземи потребни мерки. Нашата држава
пристапува кон поставувае на старател на странски државјанин само исклучително
бидејчи за тоа е потребно барање од страна на надлежен орган на државата чиј
државјанин е . Односите и мерките кои се превземаат се регулирани со
меѓународни конвенции. Во зависност од тоа барањето може да го поднесе или
конзуларно претсавништво на државата чиј државјанин е или надлежен орган на
старателство на матичната држава.Овластувањата а старателот ги определува ЦСР
и зависат од секој конкретен случај. Штом претстанат околностите за старателство
претсатнува и старателството односно има привремен карактер.
Посебен старател
Со посебен старател се овозможува заштита на интересите на лицата кога тие се во
спротивност со интересите на нивните родители или старатели. Се поставува на
лице само кога имаме одредено правно дело во случаи наброени со законот како
што е кога лицето над кое се врши родителско право води спор со неговиот
родител, кај лице кое се наоѓа под старателство а истото води спор со старателот и
интересите им се спротивни, кај повеќе лица акоимаат ист старател а се води спор
или треба да се склучи правно дело доколку имаат спротивни интереси.Правата и
обврските ги определува ЦСР.
Други случаи на старателство
Имаме во случаите кога едно лице поради старост или болест или од други
оправдани причини не е во состојба да се грижи за своите интереси на негово
барање ЦСР може да постави старател но тоа не подразбира одземање или
органичување на деловната способност.

СЕМЕЈНО ИСПИТ

1.Поим, форма и постапка за склучување брак

Законот за семејство на Р. Македонија го дефинира бракоткако со закон уредена заедница

на живот на маж и жена, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејство
и општество. Бракот претставува институција од посебен општествен интерес за чие
склучување законот предвидел точно определени услови. Притоа бракот може да се
склучи само во форма која што е определена во законот доколку се исполнети условите за
склучување и за полноважност на бракот. Во законот за семејство предвидени се два вида
услови: постоење на суштествени услови без кои бракот неможе да биде склучен;
непостоење на околности, таканаречени брачни пречки,за да може склучениот брак да
биде полноважен.

Во првата категорија, суштествени услови, законот ги предвидува следните: постоење на

две лица од различен пол, согласна изјава дека сакаат да склучат брак, согласната изјава
да биде дадена пред надлежниот орган на начин определен со овој закон. Во втората
категорија, брачни пречки односно околности при чие постоење не може да се склучи
полноважен брак, законот ги предвидува следните: малолетство,брачност, манифестна
форма на душевно заболување и неспособност за расудување и заостанатост во
менталниот развој, недостатоци на волја, сродство.

Претходната постапка ги опфаќа дејствијата кои се преземаат пред самото склучување на

бракот, значи му претходат на чинот на склучување на бракот. Така лицата кои имаат
намера да стапат во брак, поднесуваат пријава до органот на управата надлежен за водење
на матичните книги на венчани, притоа пријавата може да се даде било писмено, било
усно на записник. Покрај пријавата идните брачни другари, според законот се должни да
приложат и извод од матичната книга на родени, а кога е потребно и други документи,
како што е решение со кое е дозволено склучување на брак, судска пресуда со која
претходниот брак престанал, полномошно кога едниот од брачните другари претставен
преку полномошник. Матичарот е должен во оваа претходна фаза да провери дали
постојат околности кои укажуваат на постоење на брачни пречки. Тоа ќе го стори
првенствено врз основа на изјавите на идните брачни другари, но по потреба и на друг
начин. Ако матичарот утврди дека подносителите на пријавата ги исполниле сите услови
предвидени во законот, вклучувајќи го и фактото дека нема основа за постоење на брачни
пречки тој во договор со лицата кои сакаат да склучат брак го утврдува денот и часот за
склучување на брак.

Склучување на брак(венчавање)
Чинот на венчавање го означува моментот на склучување на брак и притоа е неопходно
тоа да се изврши на свечен начин. Законот за семејство предвидува дека склучувањето на
брак се врши на свечен начин и во посебна за тоа определена службена просторија (место
за склучување). Законот предвидува дека бракот се склучува во присуство на лицата кој
сакаат да склучат брак, советникот во собранието на општината што тоа ќе го определи,
двајца сведоци и матичарот. Притоа како сведок може да се појави секое лице кое
поседува деловна способност. Чинот на склучување на брак започнува со извештајот од
страна на матичарот дека идните брачни другари се присутни и дека врз основа на
исправите, изјавите на идните брачни другари и на сведоците е утврдено дека не постојат
пречки за склучување на брак. Советникот откако ќе констатира дека нема приговори на
извештајот започнува со самиот чин на венчавање.Откако брачните другари ќе дадат
потврдна изјава дека се согласни да склучат брак со идниот брачен другар матичарот ќе ја
запише во матичната книга на венчани во која се потпишуваат идните брачни другари,
советникот во општината, сведоците и матичарот. Бракот е склучен кога идните брачни
другари ќе се потпишат во матичната книга на венчани.

2.Престанок на правото на издржување(кога престанува правото на издржување)

Правото на издржување на поранешниот брачен другар престанува во следните случаи:
кога ќе престанат претпоставките односно условите кои ги предвидува законот за
остварување на правото на издржување (брачниот другар да нма доволно средства за
издржување и да е неспособен за работа или е без работа не по своја вина; кога ќе истече
времето за кое е досудено издржувањето; кога поранешниот брачен другар кој добива
издржување, ќе склучи нов брак, или ќе стапи во вонбрачна заедница.

Значи што брачниот другар ќе биде во состојба да создава средства за живот, се оспособи
за работа и се вработ или пак остане без работа не по своја вина, не постои основ за
остварување на правото на издржување. Времетраењето на правото на издржување може
да трае најмногу пет години, но дека зависно од околностите на конкретниот случај судот
може да одлучи за подолг или пократок период од наведениот. Со истекувањето на
определениот рок во судската одлука доаѓа до престанок на правото на издржување. Со
стапувањето во нов брак или вонбрачна заедница, поранешниот брачен другар е упатен на
дргу начин да ги обезбедува потребните средства за живот со што исто така доаѓа до
престанок на правото на зидржување. Треба да се води сметка вонбрачата заедница да
траела најмалку една година за да може таа да произведе исти правни дејства како и
брачната заедница, впрочем и при одлучувањето за издржување, односно за остварување
на правото за издржување на лица кои живеат во вонбрачна заедница треба да се води
сметка за исполнување на овој услов: фактичката заедница на живот во вонбрачната
заедница да траела најмалку една година.

Посвојувањето претставува правна и опшествена институција со која посвоителите и

посевоеното дете се засноваат роднински односи коиз зависно од видот на посвојувањето
се идентични со природниот родителски однос, посјојувањето се заснова со правен акт,
значи по вештачки, а не по природен пат како крвно сродство па затоа сродството со
посвојувањето е и познато под името граѓанско сродство. Бидејќи со посвојувањето се
создава посебен облик на семејство со тоа се овозмужува и семејноправна заштита на
децата, тоа претстваува институција од посебно опшествено значење

zivkomitreski@gmail.com

предмет и содржина на семејно право

видови старателство

форма на склучување на брак

ништовност на брак

видови старателство

Старателството е институт чија основна цел е заштита на лицата на кои таа им е

неопходна, а тоа на прво место се малолетните деца кои од било која причина се лишени
од родителската грижа. Но стсрстелството опфаќа и полнолетни лица кои заради својата
здравствена состојба имаат потреба од грижа и од заштита на своите права и интереси.
Старателството опфаќа и други категории полнолетни лица кои од најразлични причини
не се во состојба сами да се грижат за себе и за заштита на своите права и интереси. Во
новата концепција која започна да се изградува по војната, појдовна точка беа категориите
лица на кои треба да им се пружи старателска заштита односно на кои таа им е потребна и
околностите кои ја наметнале потребата тие лица да се стават под старателство. Се
разграничуваат трите вида на старателство : старателство врз малолетни лица,
старстелство врз лица лишени од деловна способност, старателство за посебни случаи.
Кога под старателство се става малолетно лице, тогаш целта на старателството се
постигнува со згрижување на малолетното дете, со неговото воспитување и образование,
со што се обезбедуваат услови за правилен развој на неговата личност и оспособување за
самостоен живот. Кај полнолетните лица лишени од деловна способност кои се ставаат
под старателство, целта на старателството е на прво место грижа за нивната личност,
бидејќи се тоа лица кои заради здравствени недостатоци, ја изгубиле деловната
способност. Целта на старателството во сите други случаи се сведува на заштита на
одредени права и интереси на лицата кои не се во состојба тоа сами да го направат, било
да станува збор за определено правно дело, или пак потррбата од таквата заштита да е
наметната од определена правна ситуација.
трудово право...

поим и видови извори на трудово право

организациска структура на мод

елементи на работен однос

заштита на правата на работникот кај работодавачот и пред надлежен суд

Старателството е институт чија основна цел е заштита на лицата на која таа им

неопходна,а тоа на прво место се малолетните деца ки од било која причина се лишени од
родителска грижа.

СЕМЕЈНО ПРАВО ОНЛАЈН АВГУСТ 2020

Упатство: Open book испит, времетраење 60 минути. Внимателно прочитајте ја

ситуацијата која ви дава информации во врска со одговорите. Квалитетот на вашите
одговори ќе биде оценет според вашата способност да го примате знаењето од областа на
семејното право за да го решите соодветниот проблем што е опишан во прашањето. Од
вас се очекува да го опишете решението и да дадете рационално објаснување на одговорот
што ќе го дадете (објаснување, зошто сте го одбрале тоа решение).

1.А.М. и Г.М. склучиле брак на ден 22.03.2016 година, кој е заведен во матичната книга на
венчаните за град Скопје. Во бракот А.М. и Г.М. имаат две деца кои се сега малолетни.
А.М. и Г.М. сакаат да го прекинат бракот. Кои можности ги имаат брачните другари?
Образложете го одговорот.

Кои правни последици ги предизвикува ваквиот чин согласно позитивното право на РСМ?
Образложете го својот одговор.

Овие последици се однесуваат на презимето, заедничкиот имот, правото на наследување и

враќање на подароците.

Презиме.Престанокот на бракот по пат на поништување и развод не влијае врз промената

на брачното презиме.Всушност брачниот другар може да го задржи презимето или да го
врати презимето кое го имал пред склучувањето на брак.Таа можност ја има брачниот
другар и во случај на престанок на бракот со смерт на брачниот другар. Но исто така и
доколку склучи нов брак брачниот другар може да го задржи тоа презиме бидејќи
прописите не го забрануваат тоа.

Заеднички имот –заедничкиот имот се дели на еднакви делови освен во случај на барање
на еден од брачните другари ќе се докаже дека неговиот придонес е очигледно и
значително поголем од придонесот на другиот брачен другар.

Издржување-една од последиците од престанокот на бракот со поништување односно

развод може да се однесува на стекнување на правото на издржување на едниот брачен
другар од страна на другиот брачен другар доколку за тоа бидат исполнети условите
предводени со закон.

Право на наследување – со престанокот на бракот со поништување или развод

настануваат одредени последици во областа на наследувањето.Брачните другари кои
инаку се заемни наследници го губат законското право на наследување.Во случај кога
бракот престанал со поништување по смртта на едниот брачен другар, правото на
наследување ќе зависи од неговата совесност.Доколку се утврди дека тој бил несовесен
односно знаел за причината за ништовност на бракот, нема законско право за
наследување.Исто така преживеаниот брачен другар го губи законското право на
наследување, ако оставителот поднел тужба за развод на брак а во меѓувреме умрел, ако
се докаже дека тужбата била основана.Во тестаменталното наследување, правото на
наследување зависи од времето на составување на тестаментот.Тестаментот губи правно
дејство ако е составен за време на траење на бракот.Тестаментот ќе произведе право
дејство ако оставителот во тестаментот наведе односно даде изрична изјава дека неговиот
брачен другар останува негов наследник и во случај бракот да престане со развод.Дилеми
нема кога тестаментот е напишан по престанокот на бракот,врз волјата на тестаторот да го
определи својот брачен другар за свој наследник, не влијаел фактот на престанокот на
нивниот брак.

Враќање на подароци- една од последиците од престанокот на баркот со развод односно

поништување е враќањето на подароците.Постојат законодавства кои не го регулираат ова
прашање а тоа е Косово.Во законодавствата кои го регулираат ова прашање општо
прифатено е правилото дека се враќаат само подароците од несразмерна вредност дека
обичните подароци не се враќаат-ова било во законодавствата на републиките на
поранешна СФРЈ.Интересно било што во овие законодавства при одлучување за враќање
на подароците се земала предвид несовесноста на брачниот другар при поништувањето на
бракот и верноста на брачниот другар при разсводот на бракот . Од овие решенија
отстапуваат Словенија и поранешниот закон на СР Македонија.Според друга концепција,
подароците воопшто не се враќаат независно од нивната вредност.

Последици од поништување и развод на брак кои се однесуваат на децата:

Едно од најважните прашања кои се поставуваат при поништувањето и разводот на бракот

е одлуката за чување воспитување и издржување на децата.Ова се однесува на
заедничките малолетни деца како и на полнолотните на кои им е продолжено
родителското право.Доколку родителите успеат да се спогодат околу начинот на
рподителското право при разводот, судот ќе ја прифати нивната спогодба ако таа е
поволна за девата.Најважната улога во оценката на околностите му се доверува на
центарот за социјална работа, а центарот секогаш се води од интересот на децата, а
подобрата материјална положба на едниот родител не е одлучувачка во оценката.Без
разлика на кој од родителите му се доверени децата, обврската за нивното издржување е
заедничка.Определувањето на висината на придонесот за издршка се врши во согласност
со потребите на децата а може да се менува во зависност од имотната состојба на едниот
или другиот родител.Првобитната одлука за чување на децата на едниот родител може да
се менува ако тоа го бара центарот за социјална работа врз основа на сознанија и оценка,
или еден од разведените родители .Родителот на кој дететот не му е доверено на чување
има право да одржува лични односи со детето на начин и со динамика за која се спогодиле
двајцата разведени родители, или како решил судот врз основа на мислење од центарот.

2.Објаснете го односот помеѓу издржувањето на децата од страна на родителите и

издржувањето на родителите од страна на децата.

Издржување на децата

Прва најважна, безусловна и неотповиклива обврска на родителите е да ги издржуваат

своите малолетни деца.Родителите во рамките на својата законска и морална обврска да ги
одгледуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивното здравје, воспитание и
оспособување за самостоен живот, согласно законот се обврзани да ги издржуваат своите
малолетни деца до нивното полнолетство задолжително, а под одредени услови
предвидени во законот и по полнолетството. Во поранешниот закон за односите на
родителите и децата на СРМ беше предвидено дека дури родител кој е лишен од
родителското право не се ослободува од обврската да го издржува своето дете.Мерката
одземање на родителското право е преземена токму со цел да се заштитат интересите на
детето и претставува вид на казна за родителот па ослободувањето на родителот од
должноста на издржување во овој случај нема никакво оправдување.Во Законот за
семеството изтично се определува дека родителите се должни да ги издржуваат своите
малолетни деца.Меѓутоа , должноста за издржување на децата може да продолжи и по
нивното полнолетство кога тоа го налагаат определени потреби на детето а тоа е кога
школувањето и стручното образување продолжува и по навршено полнолетство, се до
завршувањето на школувањето но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст од
животот.Како што е познато дека со склучувањето на брак детето стекнува деловна
способност.Со оглед на ова би можело да се очекува родителот да не е обврзан да
продолжи да го издржува малолетното дете, од моментот кога ќе склучи брак.Но во
судската практика е заземен став според кој обврската на родителот да го издржува
детето, ако тоа склучи брак, продолжува доколку неговиот брачен другар не е во состојба
да го издржува.Освен школувањето и стручното оспособување на децата, друга причина
за продолжување на должноста родителите да ги издржуваат своите малолетни деца и по
нивното полнолетство, може да биде и болеста на детето односно негов физички или
психички недостаток.Тука услов е и детето да нема доволно средства за живот а не може
да ги добие од својот имот и во овој случај обврската на родителите ќе трае се додека трае
неспособноста на детето.

Обврската на децата да се грижат за старите и изнемоштени лица за прв пат беше

подигнато на ниво на едно од начелата на семејното право во Уставот на поранешна СФРЈ
од 1974 година. Оваа должност на децата произлегува од заемните права и должности кои
ја сочинуваат содржината на родителскиот однос.Бидејќи еден од врвните принципи е
заштитата на децата од тука како логична последица на родителските должности
произлегуваат и нивните права кон децата, кои пак според законот се должни да има ја
возвратат грижата на своите стари и изнемоштени родители.

3.Лицата А.Б. и Д.И. на ден 26.06.2019 година направиле свршувачка. Меѓутоа, во месец
ноември 2019 година свршувачката била раскината од страна на лицето А.Б.

Свршувачката не секогаш доведува до склучување на брак со што доаѓа и до

неисполнување на целта на свршувачката односно до нејзин престанок.Последиците од
свршувачката настануваат во случај на еднострано раскинување на свршувачката се кое се
нанесува штета на свршеникот но и на најблиските роднини.Штетата може да биде
директна или индиректна, материјална и морална.

Така во случајов А.Б. кој ја раскинува свршувачката доколку неоправдано ја раскинал

свршувачката треба да ја надомести штетата на Д.И. при што тука ќе треба да се
разграничи материјалната од нематеријалната односно моралната штета причинета на
Д.И.Надомест на материјалната штета може да ба ра самиотр свршеник Д.И. или неговите
родители без чија вина дошло до раскинување на свршувачката.Родителите на Д.И. можат
да бараат надомест на материјална штета за трошоците кои ги направиле за
свршувачката.Токму заради ова правото да се бара надомест на штета е наследливо,
бидејќи по својата природа не е врзано за личноста. За штетата А.Б. и Д.И. сите останати
прашања ќе ги решат според важечките правила на граѓанското право за штетата.Во овој
случај на раскин на свршувачката од страна на А.Б. важи правилото за надомест на
сторената ѓтета но не и на пропуштената добивка. Во поглед на нематеријалната или
моралната штета , во повекето патријахални средини донекаде и денес но во помала
мерка,бидејќи во прописите на оние земји кои го регулираат прашањето за надомест на
моралната штета најмногу доаѓа до израз патријахалното сваќање за свршеницата како
оштетена страна, тоа право и е признаено како на совесна страна односна онаа која не е
виновна за раскин на свршувачката, а тоа е најчесто свршеницата.Според овие прописи
таа има право да бара од виновниот свршеник да и плати надомест за штетата чија висина
ќе биде определен во зависност од сваќањата, во соодветната средина за повредената чест,
намалените шански за склучување на нов брак, претрпена психичка болка, особено во
случај на бременост на свршеницата.

При раскинување на свршувачката како во случајов се поставува и прашањето з

авраќањето на подароците.Враќањето на подароците се поставува како задолжително во
некои земји во случај на смрт на еден од свршениците.Кога пак свршувачката ќе престане
по пат на раскинување како што во случајот е од страна на А.Б. враќањето на подароците
се врши според правилата на граѓанското право.Заради неисполнување на целта на
свршувачката – склучување на бракот, без оглед на тоа по чија вина дошло до
раскинување на свршувачката , постои обврска на враќање на подароците од двете страни
по основ на принципот на неосновано збогатување, став што е општо прифатен и во
судската практика.

4.Објаснете ги аспектите на начелото на лаицитет како едно од основните начела на

семејното право.
Начелото на лаицитет го означува световниот односно лаичкиот карактер на семејното
право во Македонија.Тоа претставува еден вид на продолжување на првобитното
поставено начело за одвоеност на црквата од државата во сферата на семејните односи.
Имено ова начело беше содржано во Уставот на ФНРЈ од 1946 година а прифатено во
сојузните прописи на СФРЈ а потоа во Републичкото семејно право на законодавство кое
се вбројува и Законот за брак на СР Македонија од 1973 година. Суштината на ова начело
се состои од неприфаќањето на влијанието на верата и верските организации во
законодавната регулатива од оваа сфера а исто така и во судската практика. Имено
споровите кои ќе произлезат од семејството се во исклучива надлежност на државните
органи. Во согласност со ова начело е укинувањето на брачните пречки кои имаат верски
карактер, како што е духовното сродство, монашкиот завет кај православните и целибатот
кај католиците.

ИЛИ

Начелото на лаицитет во семејното право претставува отстранување на влијанието на

црквата и другите верски и религиозни влијанија на бракот, семејството и семејните
односи, чие уредување е во исклучива надлежност на државните органи. Ова начело
произлегува од уставното начело на одвоеност на црквата и другите верски и религиозни
заедници од државата (чл.19 ст.3). Во таа насока, во уредувањето на семејните односи
надлежна е државата со чии прописи се уредуваат семејните односи.Така, Уставот на РСМ
предвидува дека правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се
уредуваат со закон (чл.40 ст.2).

Ова начело во нашето семејно законодавство се изразува преку регулирањето на условите

за склучување на брак, правата и должностите на брачните партнери и престанокот на
бракот. Како резултат на ова начело, во современите законодавства се укинуваат брачните
пречки кои имаат верски карактер и се воведува разводот на брак, кој долго време бил
забранет поради силното влијание на религијата во регулирањето на брачните и на
семејните односи. Начелото на лаицитет се изразува и во рамките на регулирањето на
односите помеѓу родителите и децата, како и во вршењето на надзорот над остварувањето
на раодителското право.

СЕМЕЈНО ПРАВО ОНЛАЈН АВГУСТ 2020

Упатство: Open book испит, времетраење 60 минути. Внимателно прочитајте ја

ситуацијата која ви дава информации во врска со одговорите. Квалитетот на вашите
одговори ќе биде оценет според вашата способност да го примате знаењето од областа на
семејното право за да го решите соодветниот проблем што е опишан во прашањето. Од
вас се очекува да го опишете решението и да дадете рационално објаснување на одговорот
што ќе го дадете (објаснување, зошто сте го одбрале тоа решение).

1.А.М. и Г.М. склучиле брак на ден 22.03.2016 година, кој е заведен во матичната книга на
венчаните за град Скопје. Во бракот А.М. и Г.М. имаат две деца кои се сега малолетни.
А.М. и Г.М. сакаат да го прекинат бракот. Кои можности ги имаат брачните другари?
Образложете го одговорот.

Кои правни последици ги предизвикува ваквиот чин согласно позитивното право на РСМ?
Образложете го својот одговор.

Овие последици се однесуваат на презимето, заедничкиот имот, правото на наследување и

враќање на подароците.

Презиме.Престанокот на бракот по пат на поништување и развод не влијае врз промената

на брачното презиме.Всушност брачниот другар може да го задржи презимето или да го
врати презимето кое го имал пред склучувањето на брак.Таа можност ја има брачниот
другар и во случај на престанок на бракот со смерт на брачниот другар. Но исто така и
доколку склучи нов брак брачниот другар може да го задржи тоа презиме бидејќи
прописите не го забрануваат тоа.
Заеднички имот –заедничкиот имот се дели на еднакви делови освен во случај на барање
на еден од брачните другари ќе се докаже дека неговиот придонес е очигледно и
значително поголем од придонесот на другиот брачен другар.

Издржување-една од последиците од престанокот на бракот со поништување односно

развод може да се однесува на стекнување на правото на издржување на едниот брачен
другар од страна на другиот брачен другар доколку за тоа бидат исполнети условите
предводени со закон.

Право на наследување – со престанокот на бракот со поништување или развод

настануваат одредени последици во областа на наследувањето.Брачните другари кои
инаку се заемни наследници го губат законското право на наследување.Во случај кога
бракот престанал со поништување по смртта на едниот брачен другар, правото на
наследување ќе зависи од неговата совесност.Доколку се утврди дека тој бил несовесен
односно знаел за причината за ништовност на бракот, нема законско право за
наследување.Исто така преживеаниот брачен другар го губи законското право на
наследување, ако оставителот поднел тужба за развод на брак а во меѓувреме умрел, ако
се докаже дека тужбата била основана.Во тестаменталното наследување, правото на
наследување зависи од времето на составување на тестаментот.Тестаментот губи правно
дејство ако е составен за време на траење на бракот.Тестаментот ќе произведе право
дејство ако оставителот во тестаментот наведе односно даде изрична изјава дека неговиот
брачен другар останува негов наследник и во случај бракот да престане со развод.Дилеми
нема кога тестаментот е напишан по престанокот на бракот,врз волјата на тестаторот да го
определи својот брачен другар за свој наследник, не влијаел фактот на престанокот на
нивниот брак.

Враќање на подароци- една од последиците од престанокот на баркот со развод односно

поништување е враќањето на подароците.Постојат законодавства кои не го регулираат ова
прашање а тоа е Косово.Во законодавствата кои го регулираат ова прашање општо
прифатено е правилото дека се враќаат само подароците од несразмерна вредност дека
обичните подароци не се враќаат-ова било во законодавствата на републиките на
поранешна СФРЈ.Интересно било што во овие законодавства при одлучување за враќање
на подароците се земала предвид несовесноста на брачниот другар при поништувањето на
бракот и верноста на брачниот другар при разсводот на бракот . Од овие решенија
отстапуваат Словенија и поранешниот закон на СР Македонија.Според друга концепција,
подароците воопшто не се враќаат независно од нивната вредност.

Последици од поништување и развод на брак кои се однесуваат на децата:

Едно од најважните прашања кои се поставуваат при поништувањето и разводот на бракот

е одлуката за чување воспитување и издржување на децата.Ова се однесува на
заедничките малолетни деца како и на полнолотните на кои им е продолжено
родителското право.Доколку родителите успеат да се спогодат околу начинот на
рподителското право при разводот, судот ќе ја прифати нивната спогодба ако таа е
поволна за девата.Најважната улога во оценката на околностите му се доверува на
центарот за социјална работа, а центарот секогаш се води од интересот на децата, а
подобрата материјална положба на едниот родител не е одлучувачка во оценката.Без
разлика на кој од родителите му се доверени децата, обврската за нивното издржување е
заедничка.Определувањето на висината на придонесот за издршка се врши во согласност
со потребите на децата а може да се менува во зависност од имотната состојба на едниот
или другиот родител.Првобитната одлука за чување на децата на едниот родител може да
се менува ако тоа го бара центарот за социјална работа врз основа на сознанија и оценка,
или еден од разведените родители .Родителот на кој дететот не му е доверено на чување
има право да одржува лични односи со детето на начин и со динамика за која се спогодиле
двајцата разведени родители, или како решил судот врз основа на мислење од центарот.

2.Објаснете го односот помеѓу издржувањето на децата од страна на родителите и

издржувањето на родителите од страна на децата.

Издржување на децата

Прва најважна, безусловна и неотповиклива обврска на родителите е да ги издржуваат

своите малолетни деца.Родителите во рамките на својата законска и морална обврска да ги
одгледуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивното здравје, воспитание и
оспособување за самостоен живот, согласно законот се обврзани да ги издржуваат своите
малолетни деца до нивното полнолетство задолжително, а под одредени услови
предвидени во законот и по полнолетството. Во поранешниот закон за односите на
родителите и децата на СРМ беше предвидено дека дури родител кој е лишен од
родителското право не се ослободува од обврската да го издржува своето дете.Мерката
одземање на родителското право е преземена токму со цел да се заштитат интересите на
детето и претставува вид на казна за родителот па ослободувањето на родителот од
должноста на издржување во овој случај нема никакво оправдување.Во Законот за
семеството изтично се определува дека родителите се должни да ги издржуваат своите
малолетни деца.Меѓутоа , должноста за издржување на децата може да продолжи и по
нивното полнолетство кога тоа го налагаат определени потреби на детето а тоа е кога
школувањето и стручното образување продолжува и по навршено полнолетство, се до
завршувањето на школувањето но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст од
животот.Како што е познато дека со склучувањето на брак детето стекнува деловна
способност.Со оглед на ова би можело да се очекува родителот да не е обврзан да
продолжи да го издржува малолетното дете, од моментот кога ќе склучи брак.Но во
судската практика е заземен став според кој обврската на родителот да го издржува
детето, ако тоа склучи брак, продолжува доколку неговиот брачен другар не е во состојба
да го издржува.Освен школувањето и стручното оспособување на децата, друга причина
за продолжување на должноста родителите да ги издржуваат своите малолетни деца и по
нивното полнолетство, може да биде и болеста на детето односно негов физички или
психички недостаток.Тука услов е и детето да нема доволно средства за живот а не може
да ги добие од својот имот и во овој случај обврската на родителите ќе трае се додека трае
неспособноста на детето.

Обврската на децата да се грижат за старите и изнемоштени лица за прв пат беше

подигнато на ниво на едно од начелата на семејното право во Уставот на поранешна СФРЈ
од 1974 година. Оваа должност на децата произлегува од заемните права и должности кои
ја сочинуваат содржината на родителскиот однос.Бидејќи еден од врвните принципи е
заштитата на децата од тука како логична последица на родителските должности
произлегуваат и нивните права кон децата, кои пак според законот се должни да има ја
возвратат грижата на своите стари и изнемоштени родители.
3.Лицата А.Б. и Д.И. на ден 26.06.2019 година направиле свршувачка. Меѓутоа, во месец
ноември 2019 година свршувачката била раскината од страна на лицето А.Б.

Свршувачката не секогаш доведува до склучување на брак со што доаѓа и до

неисполнување на целта на свршувачката односно до нејзин престанок.Последиците од
свршувачката настануваат во случај на еднострано раскинување на свршувачката се кое се
нанесува штета на свршеникот но и на најблиските роднини.Штетата може да биде
директна или индиректна, материјална и морална.

Така во случајов А.Б. кој ја раскинува свршувачката доколку неоправдано ја раскинал

свршувачката треба да ја надомести штетата на Д.И. при што тука ќе треба да се
разграничи материјалната од нематеријалната односно моралната штета причинета на
Д.И.Надомест на материјалната штета може да ба ра самиотр свршеник Д.И. или неговите
родители без чија вина дошло до раскинување на свршувачката.Родителите на Д.И. можат
да бараат надомест на материјална штета за трошоците кои ги направиле за
свршувачката.Токму заради ова правото да се бара надомест на штета е наследливо,
бидејќи по својата природа не е врзано за личноста. За штетата А.Б. и Д.И. сите останати
прашања ќе ги решат според важечките правила на граѓанското право за штетата.Во овој
случај на раскин на свршувачката од страна на А.Б. важи правилото за надомест на
сторената ѓтета но не и на пропуштената добивка. Во поглед на нематеријалната или
моралната штета , во повекето патријахални средини донекаде и денес но во помала
мерка,бидејќи во прописите на оние земји кои го регулираат прашањето за надомест на
моралната штета најмногу доаѓа до израз патријахалното сваќање за свршеницата како
оштетена страна, тоа право и е признаено како на совесна страна односна онаа која не е
виновна за раскин на свршувачката, а тоа е најчесто свршеницата.Според овие прописи
таа има право да бара од виновниот свршеник да и плати надомест за штетата чија висина
ќе биде определен во зависност од сваќањата, во соодветната средина за повредената чест,
намалените шански за склучување на нов брак, претрпена психичка болка, особено во
случај на бременост на свршеницата.
При раскинување на свршувачката како во случајов се поставува и прашањето з
авраќањето на подароците.Враќањето на подароците се поставува како задолжително во
некои земји во случај на смрт на еден од свршениците.Кога пак свршувачката ќе престане
по пат на раскинување како што во случајот е од страна на А.Б. враќањето на подароците
се врши според правилата на граѓанското право.Заради неисполнување на целта на
свршувачката – склучување на бракот, без оглед на тоа по чија вина дошло до
раскинување на свршувачката , постои обврска на враќање на подароците од двете страни
по основ на принципот на неосновано збогатување, став што е општо прифатен и во
судската практика.

4.Објаснете ги аспектите на начелото на лаицитет како едно од основните начела на

семејното право.

Начелото на лаицитет го означува световниот односно лаичкиот карактер на семејното

право во Македонија.Тоа претставува еден вид на продолжување на првобитното
поставено начело за одвоеност на црквата од државата во сферата на семејните односи.
Имено ова начело беше содржано во Уставот на ФНРЈ од 1946 година а прифатено во
сојузните прописи на СФРЈ а потоа во Републичкото семејно право на законодавство кое
се вбројува и Законот за брак на СР Македонија од 1973 година. Суштината на ова начело
се состои од неприфаќањето на влијанието на верата и верските организации во
законодавната регулатива од оваа сфера а исто така и во судската практика. Имено
споровите кои ќе произлезат од семејството се во исклучива надлежност на државните
органи. Во согласност со ова начело е укинувањето на брачните пречки кои имаат верски
карактер, како што е духовното сродство, монашкиот завет кај православните и целибатот
кај католиците.

ИЛИ

Начелото на лаицитет во семејното право претставува отстранување на влијанието на

црквата и другите верски и религиозни влијанија на бракот, семејството и семејните
односи, чие уредување е во исклучива надлежност на државните органи. Ова начело
произлегува од уставното начело на одвоеност на црквата и другите верски и религиозни
заедници од државата (чл.19 ст.3). Во таа насока, во уредувањето на семејните односи
надлежна е државата со чии прописи се уредуваат семејните односи.Така, Уставот на РСМ
предвидува дека правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се
уредуваат со закон (чл.40 ст.2).

Ова начело во нашето семејно законодавство се изразува преку регулирањето на условите

за склучување на брак, правата и должностите на брачните партнери и престанокот на
бракот. Како резултат на ова начело, во современите законодавства се укинуваат брачните
пречки кои имаат верски карактер и се воведува разводот на брак, кој долго време бил
забранет поради силното влијание на религијата во регулирањето на брачните и на
семејните односи. Начелото на лаицитет се изразува и во рамките на регулирањето на
односите помеѓу родителите и децата, како и во вршењето на надзорот над остварувањето
на раодителското право.

2. Поим, форма и постапка за склучување брак

Законот за семејство на Р. Македонија го дефинира бракоткако со закон уредена заедница

на живот на маж и жена, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејство
и општество. Бракот претставува институција од посебен општествен интерес за чие
склучување законот предвидел точно определени услови. Притоа бракот може да се
склучи само во форма која што е определена во законот доколку се исполнети условите за
склучување и за полноважност на бракот. Во законот за семејство предвидени се два вида
услови: постоење на суштествени услови без кои бракот неможе да биде склучен;
непостоење на околности, таканаречени брачни пречки,за да може склучениот брак да
биде полноважен. Во првата категорија, суштествени услови, законот ги предвидува
следните: постоење на две лица од различен пол, согласна изјава дека сакаат да склучат
брак, согласната изјава да биде дадена пред надлежниот орган на начин определен со овој
закон. Во втората категорија, брачни пречки односно околности при чие постоење не
може да се склучи полноважен брак, законот ги предвидува следните:
малолетство,брачност, манифестна форма на душевно заболување и неспособност за
расудување и заостанатост во менталниот развој, недостатоци на волја, сродство.
Претходната постапка ги опфаќа дејствијата кои се преземаат пред самото склучување на
бракот, значи му претходат на чинот на склучување на бракот. Така лицата кои имаат
намера да стапат во брак, поднесуваат пријава до органот на управата надлежен за водење
на матичните книги на венчани, притоа пријавата може да се даде било писмено, било
усно на записник. Покрај пријавата идните брачни другари, според законот се должни да
приложат и извод од матичната книга на родени, а кога е потребно и други документи,
како што е решение со кое е дозволено склучување на брак, судска пресуда со која
претходниот брак престанал, полномошно кога едниот од брачните другари претставен
преку полномошник. Матичарот е должен во оваа претходна фаза да провери дали
постојат околности кои укажуваат на постоење на брачни пречки. Тоа ќе го стори
првенствено врз основа на изјавите на идните брачни другари, но по потреба и на друг
начин. Ако матичарот утврди дека подносителите на пријавата ги исполниле сите услови
предвидени во законот, вклучувајќи го и фактото дека нема основа за постоење на брачни
пречки тој во договор со лицата кои сакаат да склучат брак го утврдува денот и часот за
склучување на брак.
Склучување на брак(венчавање)
Чинот на венчавање го означува моментот на склучување на брак и притоа е неопходно
тоа да се изврши на свечен начин. Законот за семејство предвидува дека склучувањето на
брак се врши на свечен начин и во посебна за тоа определена службена просторија (место
за склучување). Законот предвидува дека бракот се склучува во присуство на лицата кој
сакаат да склучат брак, советникот во собранието на општината што тоа ќе го определи,
двајца сведоци и матичарот. Притоа како сведок може да се појави секое лице кое
поседува деловна способност. Чинот на склучување на брак започнува со извештајот од
страна на матичарот дека идните брачни другари се присутни и дека врз основа на
исправите, изјавите на идните брачни другари и на сведоците е утврдено дека не постојат
пречки за склучување на брак. Советникот откако ќе констатира дека нема приговори на
извештајот започнува со самиот чин на венчавање.Откако брачните другари ќе дадат
потврдна изјава дека се согласни да склучат брак со идниот брачен другар матичарот ќе ја
запише во матичната книга на венчани во која се потпишуваат идните брачни другари,
советникот во општината, сведоците и матичарот. Бракот е склучен кога идните брачни
другари ќе се потпишат во матичната книга на венчани.

2. Врз кои начини престанува полноважниот брак, и објасни ги истите?!

Полноважниот брак може да престане со смрт на брачен другар, со прогласување на

исчезнатиот брачен другар за исчезнат и развод. Смртта на брачниот другар како
природен факт како своја последица го има престанокот на бракот. Со моментот на смртта
престануваат сите функции на брачната заедица меѓу мажот и жената,затоа со смртта на
брачниот другар бракот престанува по сила на закон.По своето дејство врз престанок на
бракот со смртта се изедначчува и прогласувањето на исчезнат брачен другар за умрен.
Прогласувањето а исчезнато лице за умрено не интересира од аспект на утврдувањето на
моемнтот на престанок на бракот и од аспект на последиците вез бракот доколку се случи
брачниот другар кој што е прогласен за умрен да се јави по извесно време или на друг
начин да се утврди дека е жив. За разлика од смртта при прогласувањето на едно лице за
умрено многу е потешко да се утврди фактот дали навистина е исчезнатото лице е умрено
како и моментот кога настапила смртта. Зато при определвањето се тргнува од
претпоставка. Според тоа денот кој што ќе биде определен во правосилното решение за
прогласување на исчезнатото лице за умрено како ден за неговата смрт ќе претставува и
момент кога престанал бракот.Разводот претставува начин на рпестанок на полноважен
брак. Притоа причините за развод настануваат откако тој ќе биде склучен. Причините што
ќе настанат во текот на брачната заеница доведуваат до престанување на заедничкиот
живот. Разводот претставува најчест начин на престанок на брак. Дека бракот не е само
приватен однос меѓу брачните другари докажува и фактот дека тој може да се разведе
само со одлука на надлежен државен орган односно судот во постапка пропишана со
закон.

3.Што претставува старателството, кои се неговите видови и објасни за

старател?!
Старателството е институт чија основа цел е заштита а лицата на ко таа им е еопходна а
тоа е на прво место се малолетните деца кои било од која причина се лишени од
родителската грижа. Но старателството опфаќа и полнолетни лица кои заради својата
здравствена состојба имаат потреба од грижа и од заштита на своите права и интереси.
Старателството опфаќа и други категории на полнолетни лица кои од најразлични
причини не се во состојба сами да се грижат за себе и за заштита на своите права и
интереси. Старателското право го сочинуваат нормите со кои се уредува организираната
опшествена заштита на сите категории на лица на кои таа им е потребна односно на
лицата ставени под старателство. Старателството е стара ошествена и правна
институција . Во римското право таа се појавува во два вида: туторство и кураторство. Во
новата концепција која започна да се изградува по војната појдовната точка беа
категориите лица на кои треба да им се пружи старателска заштита односно на кои таа им
е потребна на околостите кои ја наметнале потребата тие лица да се ставаат под
старателство. Се разграничуваат трите вида на старателство: старателство врз малолетни
лица, старателство вез лишените од деловна спосопбност, старателство за посебни слчаи.
Кога под старателство се става малолетно лице тогаш целта на старателството се
постигнува со згрижување на малолетно дете со неговото воспитување и образование со
што се обезбедуваат услови за правилен развој на еговата личност и оспособување а
самостоен живот. Кај полнолетите лица лишени од деловна способност кои ставаат под
старателство целта на старателството е на прво место грижа за нивната личност бидејчи
тоа се лица кои заради здравтсвени недостатоци ја изгубиле деловната способност. Целта
на старателството во сите други случаи се сведува на заштита на одредени права и
интереси на лицата кои не се во состојба тоа сами да го направата, било да стаува збор за
определено правно дело или пак потребата од таквата заштита да е аметната од
определена правна ситуација. Вториот вид во кој се изведува старателската функција е со
поставување на старател а тоа лице кое непосредно се грижи за личноста и имотните
рпава и интереси на лицето ставено под старателство. Законот за семејството определува
кои својства треба да ги поседува лицето и кои услови треба да бидат исполнети за тоа
лице да може да биде старател. Неопходно е лицето да поседува лични својства и
способности за вршење а должноста старател. Ставот а нашето законодавство е дека
првенствено право имаат најлиските роднини на лицето под старателство, се разбира
доколку ги исполнат сите потребни услови за таа функција. Нашиот закон изречно ги
наведува лицата кои неможат да бидат старатели и тоа: на лице кое му одземено вршеето
на родителско право, на кој му е одземена или ограничена деловна способност, чии
интереси се во спротивност на интересите на лицата под старателство, односно кое не
дава гаранција дека лицето под старателство правилно ќе го воспита, од кој до оглед на
старателство и неговите родители не може да се очекува дека правилно ќе ја врши
старателската функција.

4. Кога престанува правото на издржување?

Правото на издржување на поранешниот брачен другар престанува во следните случаи:

кога ќе престанат претпоставките односно условите кои ги предвидува законот за
остварување на правото на издржување (брачниот другар да нма доволно средства за
издржување и да е неспособен за работа или е без работа не по своја вина; кога ќе истече
времето за кое е досудено издржувањето; кога поранешниот брачен другар кој добива
издржување, ќе склучи нов брак, или ќе стапи во вонбрачна заедница. Значи што
брачниот другар ќе биде во состојба да создава средства за живот, се оспособи за работа и
се вработ или пак остане без работа не по своја вина, не постои основ за остварување на
правото на издржување. Времетраењето на правото на издржување може да трае најмногу
пет години, но дека зависно од околностите на конкретниот случај судот може да одлучи
за подолг или пократок период од наведениот. Со истекувањето на определениот рок во
судската одлука доаѓа до престанок на правото на издржување. Со стапувањето во нов
брак или вонбрачна заедница, поранешниот брачен другар е упатен на дргу начин да ги
обезбедува потребните средства за живот со што исто така доаѓа до престанок на правото
на зидржување. Треба да се води сметка вонбрачата заедница да траела најмалку една
година за да може таа да произведе исти правни дејства како и брачната заедница,
впрочем и при одлучувањето за издржување, односно за остварување на правото за
издржување на лица кои живеат во вонбрачна заедница треба да се води сметка за
исполнување на овој услов: фактичката заедница на живот во вонбрачната заедница да
траела најмалку една година.

5.Што преставува посвојувањето, кои се видовите и условите за посвојување?

Посвојувањето претставува правна и општествена институција со која меѓу посвоителите
и посвоеното дете се засноваат роднински односи, кои зависно од видот на посвојувањето
се идентични со природниот родителски однос. За разлика од природниот родителски
однос, посвојувањето се заснова со правен акт, значи по вештачки а не по природен пат
како крвното сродство. Со посвојувањето се создава посебен облик на семејство и со тоа
се овозможува семејноправна заштита на децата, па поради тоа посвојувањето претставува
институција од посебно општествено значење. Како правен институт посвојувањето се
заснова со правен акт со кој што се воспоставува роднински однос и тоа родителски однос
меѓу посвоителот којшто е полнолетно деловно способно лице и посвоеникот којшто е
туѓо малолетно дете. Од моментот на засновање на родителскит однос по пат на
посвојување, започнуваат да се остваруваат сите права и должности меѓу посвоителот и
посвоеникот кои што постојат меѓу родителите и децата. Во зависнот од содржината на
односите што се создаваат со посвојувањето и од трајноста на тие односи, посвојувањето
се јавува во два вида: потполно и непотполно посвојување. Потполно посвојување е начин
на засновање на родителски однос во кој меѓу посвоителот и неговото семејство и
посвоеникот и неговото потомство се создаваат права и должности кои постојат меѓу
крвни роднини. Односите што се создаваат со потполното посвојување се од траен
карактер, бидејќи правата и должностите се изедначени на оние кои постојат меѓу крвни
роднини, па така еднаш востановениот родителски однос, не може да престане.
Непотполно посвојување претставува востановување на роднински однос, во кој меѓу
посвоителите и посвоеникот настануваат само односи меѓу родители и деца. Бидејќи
непотполното посвојување не претставува дефинитивно раскинување на односите на
посвоеното дете со неговото поранешно семејство, ниту пак со него се воспоставува
целосен родителски однос, непотполното посвојување може да се раскине. За засновање
на посвојувањето потребно е да бидат определени услови од суштествен карактери тоа:
учество на определени лица ( посвоител, посвоеник, родителите или старателот на
посвоеникот), согласна изјава на овие лица за засновање на посвојувањето, учество на
надлежен државен орган(центарот за социјална работа), засновање на посвојувањето во
форма предвидена со закон.
Психологијата на семејство или Семејната психологија е гранка на
психологијата која се занимава со проучување на емоциите, мислењето,
однесувањето на поединците, паровите и семејствата во контекстот во кој
функционираат;
• Претставува специјалност која се заснова на теоријата на системите, со
семејството како систем со најголем фокус;
• Основа – семејната динамика игра витална улога во психолошкото
функционирање на членовите на семејството

Психологијата на семејство во проучување на семејството ги зема во предвид

неговата
историја и моменталното опкружување (заедницата, етничката припадност, системи на
поддршка итн);
• Семејните психолози во работата со семејствата ги согледуваат работите (проблем,
потешкотија, симптом...) не само од перспектива на членот на семејството кој ги
презентра,
туку и преку разбирање на контекстите во кои тие се развиле;
• Психолозите работат со индивидуи, парови, семејства, групи и други организирани
системи користејќи ги принципите на семејната психологија.

Што е СЕМЕЈСТВО?

Семејството, како организирана социјална заедница, е севкупност на

внатрешни интеракции меѓу членовите и надворешни односи со средината,
кои овозможуваат развој на членовите на семејството исполнувајќи повеќе
функции;
• Секое семејство функционира на единствен начин, но заедничко за сите
семејства е да обезбедат сигурност, љубов, разбирање, почитување,
поддршка и самоостварување за сите членови на семејниот систем;

Дефинирање на семејството
„Семејството е примарна заедница од био-социјален карактер која
историски ги менува своите форми и функции, но во основа
останува општествено санкционирана врска меѓу мажот и жената и

нивните родени или адоптирани деца.Пешиќ-Голубовиќ

Дефинирање на семејството
„Семејството е основна општествена група која зависно од
историскиот и општествено-економскиот развиток ги опфаќа
лицата врзани со брак и нивното потомство, евентуално
поширокиот или потесен круг на сродници кои се здружуваат за
задоволување на различни биолошки, социјални, воспитни,
емотивни и други потреби.“
- М. Младеновиќ (1969)

• Денес – СОВРЕМЕНО СЕМЕЈСТВО

Алтернативни заедници кои суштествено функционираат како семејство;
Растечки број на вонбрачни заедници
Еднородителски семејства
Постразводни семејства
Мешани/комбинирани семејства (брачни партнери подигнуваат свои деца и
деца од своите претходни бракови)
Семејства со истополови брачни партнери

Во минатото – Дефиницијата на семејството опфаќа доминантно

преферирана идеја за семејство - нуклеарно семејство, двајца
родители и нивните деца.

Карактеристики на семејството

Различните форми на семејно функционирање во постмодерното време

ја прави бесмислена проценката на било која семејна конфигурација;
• Денес имаме НОВА СЕМЕЈНА РЕАЛНОСТ - современото семејство е во
постојана криза и трансформација, независно од временскиот период, а
со тоа се менува и структурата и функциите во семејниот систем.
• Во семејната психологија се согледува неминовната потреба од
проширување на погледите и ставовите кои се однесуваат на семејството.

ФУНКЦИИ НА СЕМЕЈСТВОТО

Семејството е дел од социјалните промени, и како такво се

менува и се трансформира согласно актуелните општествени
трендови;
• Семејните фунции се структурираат според целокупните
промени во сите области на семејниот живот, не
занемарувајќи го општествениот живот;
• Современите услови наметнуваат барања што семејството
треба да ги следи, со цел да се адаптира и да ги задоволи
своите потреби;
• Под влијание на културата, религијата, етницитетот,
социоекономските односи, социополитичките случувања,
семејствата го креираат својот стил на живеење и го
детерминираат индивидуалниот и семејниот раст и развој на
семејните членови

Функциите на современото
семејство можеме да ги
разгледаме на три нивоа:
• Биолошко ниво
• Психосоцијално ниво
• Економско ниво

Функции на семејството – БИОЛОШКО

НИВО

На биолошко ниво, семејството има за цел задоволување на

сексуалните и репродуктивните потреби;
• Семејството овозможува задоволувањето на сексуалните потреби да биде
регулирано во рамки на семејните системи, иако регулирањето на сексуалните
активности е под влијание и на социокултурните услови.
• Една универзална регулатива е инцестот – културна норма која забранува сексуални
односи меѓу роднини (браќа, сестри, родители и деца, роднини од пошироко
семејство),
• Претходно, преку механизмот на формирање на брак се регулирала оваа семејна
функција во форма на долготрајно партнерство меѓу маж и жена, но во современи
услови на живеење многу семејни заедници не вклучуваат и формиран брак меѓу
партнерите, кои пак исто така не мора да бидат маж и жена (хомосексуални

бракови).Преку задоволување на сексуалните потреби се реализира и

репродуктивната функција на семејството (иако задоволувањето на
сексуалниот нагон не мора да значи репродукција). Таа е една од
фундаменталните функции, и преку неа семејството го обезбедува својот
континуитет и продолжување на човечкиот род.
• Иако оваа функција се смета за најелементарна, сепак е предизвикана од
современите услови на живеење – се повеќе индивидуи се одлучуваат да
одгледуваат деца сами (самостојно родителство) и со асистирани методи
за репродукција;
• Од овие причини, не можеме секогаш да зборуваме за биолошкорепродуктивната
функција во литерално значење на зборовите, поради
тоа што биолошката функција подразбира биолошки потомци.
Родителството може да се остварува и со адоптивни потомци, кои исто
така се основен дел од семејната заедница.

Функции на семејството –
ПСИХОСОЦИЈАЛНО НИВО,

На психосоцијално ниво, семејството ги има следните функции:

• Социјализација
• воспитна и образовна функција
• развивање и задоволување на емоционалните потреби меѓу семејните
членови
• заштита на членовите.

Функции на семејството: ЕКОНОМСКО

НИВО

Семејството на економско ниво има

функција да ги задоволи
материјалните потреби на
членовите на семејството, односно
да обезбедува храна, облека,
домување, образование,
здравствена заштита, рекреативни
активности и други материјални
потреби за сите членови.

ФУНКЦИИ Исполнувањето на функциите на семејството секако е

тесно поврзано со структурата на семејниот систем.
• Во минатото, доминантен бил традиционален облик на
организирање на семејниот живот –
многубројни, проширени семејства кои заеднички извшувале
повеќе улоги. (Mason, 1992; Evans, 2004)
• Денес, посебно во западните земји, доминантни се семејствата
составени од родители и деца,
одвојувајќи се од проширените семејни системи. (Bongaarts,2001;
Bianchi and Casper, 2000)
Улогите на членовите во современите семејства исто така се
значително променети (на пример, улогата на
жената, економската независност).
Формалното организирање на семејниот живот се повеќе во
современите семејства се напушта, многу
заедници не подразбираат брак меѓу партнерите, религиозно
организирање и слично.
Многу автори сметаат дека и многу од функциите што порано ги
вршело семејството, сега ги извршуваат
социјалните агенции – државата, училиштето, социјалните сервиси,
услужните сервиси итн.

ФУНКЦИИ НА
СЕМЕЈСТВОТО
• Без разлика за каква семејна структура станува
збор, дали тоа е нуклеарна, еднородителска,
повеќегенерациска, мултиетничка, заедница со
или без деца, таа е функционална доколку ги
задоволува потребите на сите членови и
успешно ги исполнува сите функции.
• Сепак, промените на функциите на
современото
семејство и неговите структурни модификации
не го губат значењето на семејството како систем
и социјална единица. Потребите и околностите
кои ги предизвикуваат промените покажуваат
дека семејството не е статичка институција и
согласно условите се менува во фунција на
растот и развојот.

СЕМЕЈСТВОТО
КАКО СИСТЕМ
• Секое семејство функционира како
систем – ја
регулира хомеостазата со реагирање на
каква било
промена, очекувана или неочекувана, за
време на
семејните животни циклуси;
• Пошироките системи и контексти надвор
од
семејството (пошироко семејство, роднини,
пријатели, работно место, училиште,
институции...)
играат важна улога за поддршка на
семејниот систем
да функционира и да се одржи како таков.
• Вистински предизвик е да се одржи
здраво
семејното функционирање!
ОСОБИНИ НА
СЕМЕЈНИОТ
СИСТЕМ
1. Функционира како целина
2. Има свои граници кон другите системи –
ригидни/полупропустливи/ пропустливи
3. Распределба на улоги (на пример, улога на
мајка,
татко, дете, баба дедо, внуче, брачна улога)
4. Субсистеми - родителски субсистем, детски
субсистем (сиблинзи)
5. Хиерархија на потсистеми
6. Комуникација – вербална/невербална,
експлицитна/имплицитна...

ЗАДАЧИ НА СЕМЕЈНИОТ
СИСТЕМ НА СЕМЕЈСТВОТО

ЗАДАЧИ НА СЕМЕЈНИОТ СИСТЕМ

Секој член на семејството има своја улога во
семејниот систем, но и надвор од него;
• Улогите кои ги има секој семеен член се важни како
за нивното индивидуално, така и за семејното
функционирање.
• Менаџирањето на улогите може да биде
вистински предизвик во семејството!

Улогите се дефинираат како пропишани и

повторувачки однесувања кои вклучуваат збир на
реципрочни активности со останатите членови на
семејството;
• Распределбата на семејните улоги е биолошки
одредена, со 5 основни положби:
• Сопруг – татко
• Сопруга – мајка
• Син – брат
• Ќерка – сестра
• Останати положби надградени на првите 4 (баба, дедо, тетка,
вујко...)

Улоги во семејниот систем

Распределбата е одредена и зависи од:

• Општествените сфаќања за значењето и важноста на одредена улога
во семејството;
• Општествено усвоениот тип на вредносни системи со кои се одредува
и положбата на половите и на генерациите во семејната заедница.
• Освен улогите во семејството, секој семеен член исполнува и
многу други улоги надвор од него (професионални улоги,
улога на пријател)...

Според дадените критериуми за распределба на улогите разликуваме:

• Традиционална поделба – по пол и возраст;
• Патријахална поделба – татко;
• Егалитарна поделба – рамномерна распределба (лични склоности и способности).
Моделите за улоги во семејството се добиваат од своето родителско семејство.

Проблем: Доколку дојде до расчекор помеѓу

научените и очекувани улоги во
семејството, можен е конфликт на улогите!

Семејните улоги се производ на личните и средински фактори (пол,

средина, традиција, култура) и како такви подложни се на промени...
• Улогите во семејниот систем потребно е логично да се надополнуваат, но
и да се диференцираат (на пример, улога на родител и улога на брачен
партнер не се исти улоги!)

Основи за здраво семејно функционирање

1.Родителите настојуваат да овозможат поволна семејна средина за децата;

2. Членовите на семејството имаат независност едни од други;
3. Креативни разлики се охрабруваат во семејниот систем;
4. Има јасна структура во која родителите ја дефинираат агендата на
функционирање, но се отворени да преговараат;
5. Родителите активно градат самодоверба кај своите деца преку комплименти
и демонстрирање наклонетост;
6. Членовите на семејството активно се слушаат едни со други;

7. Членовите на семејството ги решаваат конфликтите на конструктивен и

ненасилен начин;
8. Членовите на семејството се вклучуваат во семејни активности во кои
уживаат заеднички;
9. Секој семеен член е сигурен во поддршката која ја добива од семејството;
10. Родителите поминуваат квалитетно време со нивните деца;
11. Родителите се сигурни, доверливи и флексибилни.

ФОРМИРАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО
ОД БИОЛОШКО ДО ИНТЕРПЕРСОНАЛНО
Проф. д-р Диана Белевска
М-р Милена Спасовска
ТЕОРИСКИ ПРИСТАПИ ВО
ИЗУЧУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО
Различни теориски пристапи даваат свој придонес во изучувањето и
определувањето на семејството, истите можат да се класифицираат на следниот
начин:
1. Историско-институционален пристап
2. Структурално-функционален пристап
3. Интеракциско-симболички пристап
Социолозите, психолозите, антрополозите и професионалци од многу други
правци го истражуваат семејството и неговите карактеристики, и секоја теорија
е како дел од мозаик неопходен во приближување на семејството која не е
само заедница туку често и многу пошироко од тоа – вистински космос!
ОД БИОЛОШКО ДО
ИНТЕРПЕРСОНАЛНО
• Историјата на животот претставува историја на размножувањето како најзначаен
процес кој се одиграл на земјата а со кој и природата се обновува и го продолжува
животот;
• Со животот управуваат два нагони – нагонот за самоодржување и сексуалниот нагон
кои упатуваат на здружување и размножување;
• Но, без оглед на тоа какви правила и вредности владеат во одредена култура, јасно е
дека повеќето партнери не ги поврзува само обостраниот сексуален интерес туку и
чувствата кои го надминуваат телесното;
• Исто така, еволуцијата со себе носи развивање на социјалните импулси во човекот кои
се многу повеќе од потреба за здружување поради исхрана, секс, одбрана или напад –
тие се изразуваат со потреба за меѓусебно среќавање во процесот на стварање на
заедништво кое има биолошка, психолошка и социјална содржина.
БИОЛОШКИ АСПЕКТ НА
ПАРТНЕРСКИ ОДНОСИ
Биолошкиот аспект на партнерските односи се одразува во сексуалното
однесување кое се темели на нагонските потреби;
• За разлика од други облици на живот во природата, сексуалната
активност на човекот се вкрстува во неговата биолошка и социјална
димензија. Сексуалноста не опстанува во поединецот, туку во
динамичниот однос на партнерите;
• Сексуалниот идентитет се огледува во соживувањето со примарните и
секундарните полови карактеристики, односно нивното прифаќање;
• Сексуалната улога се формира во функција на културолошките образци
на однесување, со што се моделира и сексуалното однесување на
поединецот;
• Интерперсоналните културолошки детерминанти го одредуваат
сексуалниот развој низ развојните периоди (психосексуални развојни
фази).
ПСИХОЛОШКИ АСПЕКТ НА
ПАРТНЕРСКИ ОДНОСИ
Психолошкиот аспект на партнерски односи опфаќа
емоционално врзување на партерите кое не мора да
вклучува и сексуална компонента;
• Суштината на емоционалното поврзување е во иксуствата
кои еден човек ги имал во тек на развојот во блиските
односи со значајните објекти кои даваат поддршка,
разбирање, нежност и сите останати компоненти кои се
однесуваат на љубов и приврзаност;
• Блискоста на интерперсоналните контакти во првите
искуства длабоко е всадена во човекот и тој во тек на
животот ја повторува во различните односи –
партнерски, родителски, пријателски итн.
STILL FACE експеримент
ПСИХОЛОШКИ АСПЕКТ НА
ПАРТНЕРСКИ ОДНОСИ
• Сексуалните импулси допринесуваат за емоционално поврзување на
партнерот;
• Од базичните сексуални потреби, преку култивираната еротика до љубов меѓу
партнерите – човековиот живот е исполнет со потребата за спојување.
СОЦИЈАЛЕН АКСПЕКТ НА
ПАРТНЕРСКИТЕ ОДНОСИ
Социјалниот аспект на партнерските односи опфаќа формирање на социјална институција –
брак или друг облик на формална партнерска заедница и тоа согласно нормите, вредностите
и законитостите во контекстот во кој единките функционираат;
• Уште во примарното семејство поединецот низ процесот на учење се адаптира на социјалната
средина – своите нагонски потреби ги реализира согласно правилата кои важат во неговото
опкружување, односно ги модификува сексуалните и емоционалните задоволства;
• Во таа смисла, им дава карактер на социјално признавање и прифаќање низ формалното
организирање на партнерските релации;
• Дополнително, социјалниот аспект на партнерските односи се огледува и низ потребата
партнерите во контакт со другите да настапуваат како заедница, да формираат заеднички
системи на вредности, да се однесуваат општествено одговорно...
ИНТЕРПЕРСОНАЛНОСТ
• Во животот во социјалната средина поединецот започнува
еден многу важен процес на интерпесонални односи;
• ИНТЕРПЕРСОНАЛНОСТА е неповторлив спој на две личности во
природата и во партнерските односи;
Личноста е формиран систем на психички квалитети кои се
реализираат преку свест за сопствена социјална адаптација, и
оттука ПАРТНЕРСКИОТ ОДНОС е важен простор во кој човекот е
свесен за психосоцијалното присуство на другиот човек,
другиот партнер;
• Со партнерот се воспоставува процес на меѓусебна адаптација
на новонастанатиот квалитет на заедништво и на живот на
едно повисоко ниво од индивидуалното.
ИНТЕРПЕРСОНАЛНОСТ
• Преку интерперсоналните релации се остваруваат различни доживувања,
се обезбедуваат сигурност и самопотврда;
• Интерперсоналните искуства се поле за размена на потреби и енергија, во
рамки на партнерските односи индивидуалните специфичности на
партнерите се почитуваат и прифаќаат;
Партнерскиот однос претставува многу повеќе од збир на две личности во
една целина, тој се продлабочува низ блискост, доверба, комуникација,
преку формирање на правила, системи на вредности и верувања, преку
планирање на иднината итн;
• Смислата на партнерските односи на ниво на интерперсонални и
интеракциски односи треба да се бара во потребата на партнерите да како
личности созреваат унапредувајќи го своето заедништво;
• Најчесто до распад на партнерските заедници доаѓа во оној момент кога
партнерската ситуација престанува да биде предизвик за понатамошен
раст и развој.
ИЗБОР НА ПАРТНЕР И ФОРМИРАЊЕ
НА СЕМЕЈСТВО
Животот на човекот се одвива во непрекинат ланец на
избори и одлуки – од една страна бира а од друга страна
е објект на нечиј избор;
• Слободата на човекот може најмногу да се изрази низ
можноста да избира и да прифати или да одбие нечиј
избор, но во исто време да претставува оптеретување
или да предизвикува страв;
• Во семејната психологија кога зборуваме за избор на
партнер, зборуваме за ситуација кога се избира партнер
и односот од партнерски прераснува во семеен однос.
ИЗБОР НА ПАРТНЕР
Изборот на партнер со право може да се каже дека го пренесува минатото и допира до
иднината;
• Она што од МИНАТОТО се пренесува на потомството се наследните особини
(интелектуални потенцијали, темперамент, тип на личност, психијатриски болести итн) и
најчесто несвесно се пренесува семејниот систем на вредности, верувања, облици на
емоционално врзување, митови, семејни тајни, начинот на избор на партнер и др.
• Сенека уште одамна зборува дека почетокот е во нашата власт, но психолошката
слоевитост и сложеност на човекот која опфаќа постоење на колективно, фамилијарно и
индивидуално несвесно, како и под влијание на различни икуствени и средински
фактори го стеснуваат просторот за дејствување по слободна волја и свест, како во
изборот така и во однесувањето.
ИЗБОР НА ПАРТНЕР
• Човекот има тенденција да повторува поранешни обрасци, тие се веќе познати
паришта кои се пратени со најмала неизвесност и страв од новото и од промените;
• За избор кој е во наша власт неопходно е човекот да има храброст, љубопитност и
креативност, со што би ја проширил слободата на избор и би се спротивставил на
стереотипите на претходно воспоставените начини и услови за избор;
Изборот на партнер ќе го разгледаме во рамки на неколку категории изразени преку
следните влијанија:
Наследно влијание
Развојно влијание
Трансгенерациско влијание
влијание на надворешната средина (социолошки и културолошки влијанија).
НАСЛЕДНО ВЛИЈАНИЕ
• Овие влијанија најмногу ги проучува Леополд Сонди (1937) во
рамки на своите теории за природата и делувањето на
фамилијарното несвесно на животот на човекот;
Со анализа на родословните стебла успева да докаже дека меѓу
индивидуалното несвесно (поттиснати содржини од животот на
човекот) и колективното несвесно (архетипови) се наоѓа
фамилијарно несвесно чија содржина се латентни рецесивни
гени кои во суштина несвесно го одредуваат изборот на интимен
и брачен партнер, пријател, идеалите, професијата итн;
• Практично, тоа значи дека ако постои влијание на фамилијарно
несвесно, тогаш се бара партнер во кој несвесно се откриваат
слични наследни особини.
РАЗВОЈНО ВЛИЈАНИЕ
Развојот на детето и подоцнежните облици на однесување, мислење и другите
процеси делумно зависат од конституцијата (интелигенција, темперамент, тип на
личност), но и од односот на семејните членови во рамки на семејниот систем;
• Истражувањата покажуваат дека односот на мајката кон детето (кој е особено
значаен однос за развојот) зависи од нејзините односи кон првите објекти на љубов
(мајка и татко), од нејзиното животно искуство како и од односот на таткото на
детето кој претставува нејзин избор на партнер;
• Во поволни животни ситуации низ развојот човекот има посебни способности да се
адаптира на сите развојни фази и да достигне зрелост и подготвеност за здрав
партнерски однос;
• За подобро разбирање на влијанието на развојните фази врз изборот на партнер,
дадена е динамичка рамка на развој на објектните односи.
ФАЗИ НА ОБЈЕКТНИ ОДНОСИ И
ИЗБОР НА ПАРТНЕР
Во психодинамската теорија објект е се она што
осигурува задоволување на потреби – првобитен
објект на љубов е мајката;
Во сите фази на психосексуалниот развој
индивидуата се наоѓа во близок контакт со објектот
кој ги задоволува неговите потреби, како нагонски
така и емоционални;
Биолошката и психолошка беспомошност на детето
влијае да тој објектен однос со својот квалитет ги
одредува и другите односи во подоцнежниот живот.
ФАЗИ НА ОБЈЕКТНИ ОДНОСИ И
ИЗБОР НА ПАРТНЕР
Во психоаналитичката теорија предобјектниот стадиум ја
означува фазата нарцизам и симбиоза измеѓу мајката и
детето;
• Во овој стадиум единката преживува и физички и
психолошки сразмерно на љубовта и грижата која ја добива
од мајката – овој стадиум го одредува само љубовта кон себе
и земање за себе;
• Детето се доживува како едно со мајката – не разликува јас
од не јас;
• Период – до 12 недели или до појава на првата насмевка за
која се вели дека е прв објектен однос.
ФАЗИ НА ОБЈЕКТНИ ОДНОСИ И
ИЗБОР НА ПАРТНЕР
Со интеграција на искуствата, детето почнува да го проценува објектот мајка
на „добар“ и „лош“ во зависност од задоволување на неговите потреби;
Кон добар објект усмерува пријатни љубовни чувства (либидни пулзии)
Кон лош објект упатува непријателски (агресивни) чувства
•Либидните и агресивните чувства се основа на несвесното функционирање.
•Во изборот на партнер, на пример ако мајката не била доволно присутна во
животот на детето, од партнерот може да се бара да биде постојано
присутен, секое оддалечување ќе поттикнува агресивно однесување кај
другиот партнер.
ФАЗИ НА ОБЈЕКТНИ ОДНОСИ И
ИЗБОР НА ПАРТНЕР
• Кога во животот на детето има и добар и
лош објект, во ваков случај почнува да
делува механизмот одвојување (splitting) во
сите ситуации во кои се доведува во
прашање давање и скратување;
• Овој механизам може да има одлучувачка
улога во изборот на партнер и тогаш
пресудна улога игра потребата од
дополнување.
РАН РАЗВОЈ
• Во предгениталниот развој (орална, анална и фалусна фаза) на детето либидните чувства
се насочуваат кон родителите од спротивен пол, а агресивните и ривализаторски чувства
кон родителот од ист пол (нема сексуално значење);
• Ситуацијата на триаголник мајка-татко-дете се означува како едипална ситуација, ако
родителите како партнери не се доволно блиски тогаш детето воспоставува блискост со
еден од нив и во таква зависна положба го држи подолг период во животот;
• Овој однос влијае на подоцнежниот избор на партнер – се бира личност која со своите
особини е слична на родителот со кој била воспоставена блискост во едипалната
ситуација.
ЛАТЕНЦИЈА
Во фазата на латенција
карактеристично е стекнување
знаења, интелектуално созревање,
вклучување во социјални
активности;
• Се зајакнуваат одбраните на
детето кои доаѓаат од
несвесното, а расте
прилагодувањето на барањата на
надворешната средина;
АДОЛЕСЦЕНЦИЈА
Адолесценцијата е најбурен период од развојот на личноста, тоа е фаза на
понатамошно сексуално созревање со потреба за воспоставување на интимни
односи;
• Ја карактеризира зависност од родители и потреба за осамостојување со
прифаќање на обврските на пат кон созревање;
• Се зголемува потребата за сексуален контакт истовремено со страв од реализација
на тие потреби, се остварува прилагодување на телесните и психолошките промени;
• Доколку младата личност е поврзана со едниот од родителите, остварувањето на
сопствената автономија е потешко и поболно, се изразува низ одбивање на
животните стилови на родителите и избор на партнер кој е спротивност од нив.
ЗРЕЛОСТ
Кога ќе се постигне зрелост, се развива приврзаност кон партнерот која се одликува со
потреба за давање и остварување на заедничко задоволство на сексуален, емоционален и
интелектуален план;
• Sullivan (1972) зборува и за стекнување самодоверба преку вреднување на родителите,
семејството и околината од најмала возраст;
• Доколку индивидуата има ниска самодоверба, тогаш избира партнер кој најчесто избира
партнер чија инфериорност е уште повеќе изразена (во основа – страв дека супериорен
партнер ќе функционира како родител кој омаловажува);
• Ако во детството се формира лошо мислење за себе, може да мотивира избор на партнер
кој ќе помогне да се неутрализираат негативните чувства.
НАРЦИСТИЧКИ
ИЗБОР НА ПАРТНЕР
Во овој тип на избор, партнерот
би требало да биде ист како оној
кој го избира и да одговара на
идеалот ЈАС, што би значело дека
во партнерот се бара себе.
ИЗБОР НА ПАРТНЕР ПО
ТИП НА ДОВЕРБА
Како детето стекнува доверба во родителите во однос
на неговите базични потреби така во овој тип на
партнер се бара личност која ќе игра улога на родител;
• И во едниот и во другиот тип на избор цел е да се
обезбеди партнер со кој се зацврстува и заштитува
личноста која го врши изборот;
• Не е важен партнерот и односот кон него, туку важна е
позицијата на оној кој бира и делот кој го зазема во
партнерскиот однос.
ИНЦЕСТЕН ИЗБОР
Се означува и како невротична ендогамија – партнерот се бира по сличноста
со родителот од спротивен пол, вклучувајќи ги и карактеристиките на физички
изглед, темперамент, емоционално реагирање и други особини;
Друг облик на овој избор е невротична егзогамија, постои обид да се негира
инцестот на неколку начини:
 Долготрајно избегнување да се формализира партнерската релација
 Се бира партнер од друга раса, култура, социјално потекло, религија и сл.
 Се бира партнер без никакво сексуално искуство
Невротична полигамија е исто така инцестен тип на избор – цел е со
постојано менување на партнерот да се избегне сликата на родителот од
спротивен пол.
ИНВЕРТЕН ИЗБОР
• Овој тип на избор се однесува на
ситуација кога еден родител
недостасува, и тоа родител од
спротивен пол (по смрт, развод
или родителот е неефикасен во
родителската улога);

• Во изборот на партнери се

вредуваат оние особини кои се

слични на особините на

родителот од ист пол.

ЗАЉУБЕНОСТ И ЉУБОВ
Заљубеноста е појава во која човекот со помош на
партнерот најмногу се приближува на самиот себе –
тоа е состојба при која нарцистичкото либидо
преминува на партнерот и тој го заменува сопственото
непостигнато идеално ЈАС;
Љубовта се разликува од заљубеноста во тоа што
двајцата партнери допуштаат индивидуалност,
признаваат различност, поднесуваат раздалеченост,
имаат развиена комуникација, постојат здрави
граници меѓу нивните личности и негуваат подрачје
во кое има блискост, слични погледи на свет и систем
на вредности.
ТРАНСГЕНЕРАЦИСКИ ВЛИЈАНИЈА
Влијание на изборот на партнер има и семејството низ неколку генерации,
изборот е заснован на усвоен модел на роднините од поширокото семејство;
• Понекогаш изборот е мотивиран од загуба на значајна семејна фигура, партнерот
се бира со исти карактеристики како изгубениот член за да го надополни неговото
место;
• Партнерскиот избор често е под влијание на семејните потреби и желби – се бира
партнер со одредено занимање или социјална положба;
• Улогата на овие несвесни трансгенерациски влијанија е да се одржи status quo низ
повеќе генерации – секоја промена би барала нови обрасци, системи на
вредности итн.
СОЦИО-ЕКОНОМСКИ И
КУЛТУРОЛОШКИ ВЛИЈАНИЈА
• Оваа група влијанија се свесни и познати на оној кој ги бира, укажуваат дека
партнерскиот однос не е само сексуално, емоционално и интелектуално одредена
врска туку и дека има компоненти на социјално и културолошки одредена
содржина;
• Свесниот избор е составен дел на зрелиот избор на партнер, но тој може да биде
основа на потребата да се манипулира со партнерот или тој да се користи за личен
успех и афирмација, положба итн.
• Во различни култури имаме различен однос кон изборот на партнер, истите се
менуваат постојано согласно контекстот во кој живееме.
ФОРМИРАЊЕ НА СЕМЕЈСТВО
• Кога ќе се воспостави формализирана партнерска врска (брак, со заедништво
други облици на партнерско функционирање) се случуваат повеќе промени
на различи нивоа;
• Се случува сепарација од примарното семејство, се менуваат улогите и
одговорностите, се формира нова семејна заедница која расте и се развива
низ животните циклуси исполнувајќи различни функции и задачи.

Функционирање на
семејството како
систем
ПРОФ. Д-Р ДИАНА БЕЛЕВСКА
М-Р МИЛЕНА СПАСОВСКА
 Семејството е примарна социјална
група која има свои карактеристики,
особености, функции и задачи;
 Во семејството се случува личниот
раст и развој на поединецот од дете
до зрела личност низ семејните
процеси;
 Општеството влијае на обликот,
структурата и функцијата на
семејството, и тоа и дава различни
карактеристики на семејната
заедница низ различните култури и
облици на семејно организирање
низ историјата.
 Во однос на сите други социјални групи, семејството е единствена група
која поединецот не ја избира – нема човек без семејство без оглед на
неговата социјална форма;
 Семејството се одликува со воспоставување на сложени емоционални
односи, таа е важна за секој поединец и тоа за целиот негов живот;
 Највоопштено, семејството има три универзални карактеристики:
 Тоа е заедница на индивидуи и деца кои можат да бидат родени или посвоени
(но можни се облици на семејно функционирање без деца);
 Во неа се развива личноста на поединецот;
 Семејството како заедница обезбедува емоционална и интелектуална
поврзаност на своите членови и го поттикнува нивниот раст и развој.
Системски пристап
 Системскиот пристап гледа на семејството како на жив
систем, односно како целина чии делови се во
интеракција;
 Со системскиот пристап се воведува циркуларното
согледување на односите, каде со механизмот на
повратна спрега се објаснуваат односите измеѓу
деловите на системот;
 Се влегува во светот на кибернетиката и на еден нов
начин се согледува и целата меѓучовечка интеракција.
Семејството како систем
 Според Општата теорија на системи постојат три базични нивоа:
 Индивидуа
 Семејство
 Екосистемски супрасистем – социоекономско и културно ниво.
Семејството како организиран систем претставува организирана, трајна,
самообновувачка целина со променливи обрасци на однесување.
Таа е систем составен од субсистеми (индивидуален, партнерски, родителски,
субсистем кој го формираат децата /сиблинг субсистем), а истовремено како
целина е дел од еколошкиот супрасистем.
Семејството како систем
 Односите меѓу субсистемите се засноваат на
основа на природниот, динамички збир на
луѓе кои се поврзуваат биолошки,
емоционално, интелектуално и бихевиорално;
 Со супрасистемот семејството разменува
енергија и информации како што тоа го
прават субсистемите внатре во целината на
семејниот систем.
Интерперсонални граници
 Карактеристика на секој систем е да има ГРАНИЦИ
– тоа се невидливи линии меѓу поединечните
субсистеми;
 Границите ги одредуваат правилата за тоа кој и
како учествува во семејниот живот и промовираат
индивидуален идентитет и автономно
функционирање;
 Тие се начин на ограничување на просторната,
временската и емоционална територија на
односите во семејството;
Интерперсонални граници
 Границите можат да бидат:
 Дифузни граници – креираат вмрежени семејни односи кои се
дисфункционални;
 Цврсти, ригидни граници – одразуваат неповрзаност и незаинтересираност во
семејните односи и исто така одразуваат дисфункционален облик на семејни
односи на ниво на граници;
 Полупропустливи граници – јасните пропустливи граници меѓу субсистемите
се сметаат за здрави граници.
Структура на семејството
 Семејството како систем има своја структура, која ја сочинуваат односите меѓу субсистемите и
правилата во регулација на контрола на однесувањето и одржувањето на семејниот систем.
 Во однос на структурата, семејствата можат да бидат:
 Нуклеарно семејство – двајца родители и деца;
 Еднородителско семејство – семејство со самохран родител кој самостојно воспитува едно или повеќе
деца;
 Проширено семејство (мултигенерациско семејство) –повеќе возрасни лица кои се во сродство и живеат
во ист дом и функционираат заеднички (вклучува баба, дедо, тетки, братучеди кои живеат заедно);
 Семејство без деца – партнери кои живеат заеднички без потомство;
 Постразводни семејства – партнери кои формираат семејство по развод на претходен брак и деца од тој
брак
 Семејство со истополови брачни партнери;
 Други облици на семејно организирање (на пример, семејни комуни).
ХИЕРАРХИЈА
 Хиерархијата е огранизациона
структура на семејството околу моќта
и улогите во донесување на одлуки и
правила;
 Родителскиот субсистем има
најголема моќ во донесување на
одлуки во семејството, и како таков
има највисока хиерархиска положба
во семејниот систем.
Генерациски граници
 Генерациските граници се правила кои ги
диференцираат родителските и детските права
и обврски и ја одржуваат хиерархиската
организација во семејствата.
 СЕМЕЈНИТЕ СОЈУЗИ претставуваат здружување
на членовите на семејството околу заедничка
цел;
 КОАЛИЦИИ претставуваат здружување на два
члена (или повеќе) против трет.
Општа теорија на системи
Применувајќи ја општата теорија на системи на семејството и неговото функционирање,
може да се заклучи:
1. Деловите на семејството (субсистеми) се наоѓаат во постојан меѓуоднос;
2. Еден дел на семејството (член, субсистем) не може да се разбере изолирано од
другите делови на системот;
3. Семејното функционирање е повеќе од само збир на индивидуално
функционирање;
4. Семејната структура и организација се значајни во одредување на однесувањето на
однесувањето на одредени членови;
5. Семејството како систем дејствува низ трансакционални обраци, кои го обликуваат
однесувањето на членовите на семејството.
Семејството како систем
Ако семејството се согледа како систем кој игра централна улога во
социјализацијата, психолошкиот и биолошки развој и одржување на семејните
членови, тогаш тоа подразбира три вида задачи кои семејството треба да ги исполни:
 Базични задачи – заштита и обезбедување на основни потреби за исхрана,
домување и на емоционален план давање поддршка, љубов и разбирање на сите
семејни членови;
 Развојни задачи – поттикнување на раст и развој на членовите низ сите фази на
индивидуален и семеен развој;
 Задачи кои произлегуваат од потреба за прилагодување и реагирање во ситуации
кога се појавуваат неочекувани настани (болест, смрт, развод...).
ДИМЕНЗИИ НА СЕМЕЈНО
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
 Основните димензии на семејно функционирање се
однесуваат на:
1. Комуникација
2. Семејни улоги
3. Емоционална поврзаност на членовите на семејството;
4. Начин на афективно семејно реагирање
5. Контрола на однесувањето
6. Степен на диференцијација меѓу членовите и субсистемите
7. Однос кон губитоци и промени
8. Став во однос на решавање на семејните проблеми
КОМУНИКАЦИЈА
 Се проценува инструменталниот и афективен дел на комуникацијата;
 Димензиите на вербална комуникација се:
 Пораката е јасна и директна (упатена е некому)
 Пораката е јасна и индиректна (не се знае на кој е упатена, инперсонална)
 Маскирана и директна (содржината е нејасна, но се знае на кој е точно упатена);
 Маскирана и индиректна (содржината е нејасна и е инперсонална).
Најефективна е јасната и директна комуникација, а најнеефикасна е маскирана и
индиректна комуникација.
КОМУНИКАЦИЈА
 Врската меѓу вербалната и невербалната комуникација се однесува на конкруентност
и неконгруентност:
 КОНГРУЕНТНА КОМУНИКАЦИЈА – постои ускладеност на двете нивоа на комуникација;
 НЕКОНГРУЕНТНА КОМУНИКАЦИЈА – двете форми на комуникација не се усогласени.
 Прифаќањето на пораките се однесува на тоа како членовите на семејството
реагираат на пораките:
 Прифаќање значи постоење на сознанија за содржината на она што се соопштува и како се
соопштува;
 Игнорирање – примачот на пораката се однесува како да пораката не постои;
 Дисквалификување – примачот одбива да ја прифати содржината на оној кој ја испраќа
пораката.
УЛОГИ
Улогите можат да бидат иструментални и афективни со следните
цели:
1. Управување со системот и одржување на системот
опфаќа донесување на одлуки, одржување на граници и
водство над системот во функција на раст и развој;
 Стабилност на семејните улоги се изразува преку поделба на
улогите и одговорности за улогите (според степен на
подготвеност);
2. Обезбедување на средства за живот;
3. Грижа и поддршка;
4. Улога во развивање на животни вештини (се однесува на
тоа кој во семејството поттикнува потенцијали кај другите
членови).
УЛОГИ
 Најефикасно е кога членовите во
семејството имаат јасни функции кои
одговараат на нивните години,
образование, положба во семејниот
систем и индивидуалните квалитети;
 Потребно е улогите да се распоредат
според способностите и можностите
за преземање одговорност.
ЕМОЦИОНАЛНА ПОВРЗАНОСТ
 Се однесува на карактеристичен тип на емоционално врзување на семејните членови;
 Согледувањето може да се однесува на целото семејство или на дијади/тријади;
 Има неколку типови во континуитетот од вмреженост до неповрзаност на семејните
членови:
1. Недостаток на емоционален однос кога членовите на семејството се однесуваат како
туѓинци;
2. Учество лишено од емоции – лажно заедништво;
3. Непостојано, променливо учество;
4. Нарцистичко учество;
5. Нагласено учество во кое членовите на семејството се заинтересирани за некој друг но без
наметливост;
6. Претерано вмрежување, блискост и пробивање на граници;
7. Симбиотичко вмрежување со тенденција за креирање на недиференцирана семејна маса.
НАЧИН НА АФЕКТИВНО СЕМЕЈНО
РЕАГИРАЊЕ
 Се однесува на чувства кои преовладуваат во
семејната атмосфера;
 Можат да бидат топли, чувства на задоволство,
духовитост, нежност и емпатија, до чувства на
безнадежност, очај, непријателство;
 Најфункционално е кога семејството има широка
скала на афективно реагирање, и кога
афективниот одговор е соодветен на содржината.
КОНТРОЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ
 Контролата на однесување е важна и за децата и за возрасните членови на
семејството;
 Ригидната контрола се однесува на многу тесна и органичена скала на правила –
нема договарање и флексибилност, се однесува на сите возрасти;
 Флексибилна контрола – подразбира разумна количина на флексибилност во
поставување на правила на однесување кои земаат во обзир нови ситуации или
промени во содржината;
 Екстремна демократија – се е дозволено;
 Хаотична контрола – опфаќа цел спектар од демократија до ригидност
(родителите користат различен стил).
ОДНОС КОН ГУБИТОЦИ И ПРОМЕНИ
 Овој однос означува способност на
семејството да прифати промена –
созревање, сепарација и смрт како реални
животни ситуации;
 За тоа е потребно да постои добро утврдена
граница меѓу субсистемите, добри односи
на семејството со околината и преносен
вредносен систем.
ОДНОС КОН СЕМЕЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ
 Тоа е однос кон пратичните и афективни семејни проблеми;
 Најефективно е семејното функционирање кое опфаќа повеќе фази во однос на
проблемот: препознавање (дали проблемот вистински постои), комуникација
околу проблемот, алтернативни планови во решавање на проблемот, одлука за
акција на основа на избор на алтернативни можности, акција со која се
реализира план, насочување на акција на конечно решение, и на крај процена на
успех на акцијата.
И други димензии на семејно функционирање имаат исто така значајно место –
животниот циклус на семејството и трансгенерациската анализа (хоризонтално и
вертикално согледување на семејството).
Останати концепти на системскиот
пристап во изучување на
семејството
 Системскиот пристап воведува нови содржини и гледишта кои овозможуваат сеопфатно разбирање во
однос на тоа како настануваат семејните проблеми, симптоматското однесување на семејните
членови и како семејството како целина се однесува кон се тоа;
 Симтоматското однесување на еден семеен член има повеќеслојно значење, со цел да се пронајдат
механизми за преживување и одржување на семејната целост;
 Во продолжение се дадени останатите клучни концепти од системската теорија кои се значајни за
функционирање на семејството како систем.
КИБЕРНЕТСКИ ЦИРКУЛАРЕН МОДЕЛ
 Овој модел означува дека
односите во едно семејство се
двострани и меѓузависни;
 Однесувањето на еден член од
семејството е резултат на
циркуларна поврзаност на
сите членови во семејниот
систем.
FEEDBACK МЕХАНИЗАМ
 Тоа е процес во кој влез на информација во семејниот систем води до посложен
излез на информацијата (реакција на системот која нема индивидуален
карактер);
 Негативниот feedback пробува да го коригира системот и да го доведе во
рамнотежа (пример, дете со симптом воспоставува хармонија меѓу родителите);
 Позитивниот feedback го поттикнува семејниот систем да се менува и спречува
задржување во status quo (криза во семејството може да биде позитивен
feedback).
ЦЕЛИНА
 Семејството како систем е повеќе од само
поединечен збир на индивидуи, односите се тие
што ја прават повеќе од обичен збир;
 Поради тоа, промената во еден дел од целината се
одразува на сите други делови;
 Хипофункција во еден дел од системот (на пример,
сопруг со болест на зависност кој не одговара на
својата улога во семејството), предизвикува другите
делови од системот да функционираат
хиперфункционално (сопруга ги презема најголем
дел од задачите).
КОМУНИКАЦИЈА
 Комуникациските обрасци во
семејството не носат само
информации, туку говорат и за
релацијата меѓу два или
повеќе членови на
семејството.
ХОМЕОСТАЗА
 Со овој механизам се воспоставува
стабилност, еквилибриум и статус без
промена, и се заснова на негативен
feedback.
МОРФОГЕНЕЗА
 Процес на развој на семејството
кој е поттикнат од позитивен
feedback – тоа е еволуциона и
нестабилна парадигма.
СЕМЕЈНИ УЛОГИ
 Улогите се обрасци со кои членовите
на семејството ги исполнуваат своите
функции;
 Вклучуваат обврски кои се неопходни
за функционирање на семејството, но
постојат и очекувани улоги за членовите
кои се смета дека треба да ги
исполнуваат (социокултурно
одредени, или според пол и сл.).
ИДЕНТИФИКУВАН ПАЦИЕНТ
 Тоа е член на семејството кој е носител на симптом (психоза, невротско
растројство, болест на зависност...);
 Идентификуваниот пациент е најсензитивниот семеен член, најдисфункционален
но и со најголема моќ бидејќи го регулира однесувањето на другите членови на
семејството;
 Семејството го истакнува како свој проблем, и „да не би имал симптом, во
семејството нема да има проблеми“.
ОДНОСИ
 Во системскиот пристап се истакнува значењето на обрасците на односи
пред да се опишуваат поединечни карактеристики на членовите на
семејството;
 Има три базични видови односи:
 КОМПЛЕМЕНТАРЕН – еден член е над друг член (up – down)
 СИМЕТРИЧЕН – две личности имаат исто однесување (up-up / down-down)
 РЕЦИПРОЧЕН – однос кој вклучува појава на едното и другото однесување.
ОДНОСИ
 Односите во семејството можат да бидат
дијадни и тријадни;
 Тријадните односи (коалиции и алијанси)
често ги прати процес на триангулација
во дисфункционалните семејства (две
лица го заобиколуваат својот конфликт
користејќи трет член);
 Оваа постапка ја намалува семејната
напнатост но не ја решава.

ЖИВОТНИ ЦИКЛУСИ –
ИНДИВИДУАЛНИ И СЕМЕЈНИ
Проф. д-р Диана Белевска
М-р Милена Спасовска
СЕМЕЈНИ ТРАНЗИЦИИ НИЗ
ЖИВОТНИТЕ ЦИКЛУСИ
 Семејството е единствен систем кој се движи низ времето и во
основа е различен од другите системи;
 Сложениот тек низ времето се одвива низ специфични фази на
развој наречени животни циклуси;
 Во продолжение се дадени индивидуалните и семејните
животни циклуси, со цел да се разбере функционирањето на
индивидуата и семејството низ нивната интеракција.
ИНДИВИДУАЛНИ ЖИВОТНИ
ЦИКЛУСИ
Секоја индивидуа има сопствен индивидуален животен
циклус кој се обликува, движи и развива внатре во
матриксот на семејниот животен циклус.
Стадиум: ДОВЕРБА - НЕДОВЕРБА
 Назив на стадиумот: орално-сензорен, трае од раѓање до 1 година
 Психосоцијална криза: доверба - недоверба
 Развојна задача: градење на топло прифаќање на односот со мајката,
потоа еден вид социјално прилагодување и воспоставување на релации
со околината, развој на сензорните, перцептивните и моторните
функции.
 Психосоцијални способности: се гради надеж, верба и доверба
 Маладаптации и малигнитеи: сензорни пореметувања (преголема
доверба) - повлеченост (преголема недоверба). Неуспех во оваа
развојна фаза доведува до недоверба во себе и другите.
 Значајни врски: со мајката. Адекватен однос на мајката кон потребите и
барањата на телото и умот на детето доведува до тоа да детето осознае
дека може да има доверба во неа, во себе и во светот.
Стадиум: АВТОНОМИЈА/СРАМ И
СОМНЕЖ
 Назив на стадиумот: анално – мускулен, трае од 1 година до 3 години
 Психосоцијална криза: Автономија /срам и сомнеж
 Развојна задача: движење; развој на фантазијата; развој на говорот; самоконтрола
општествено врзување; развој на сензорните, перцептивните и моторните функции ,
постигнување автономија во однос на другите и дефинирање на себе во однос на
другите, сепарација од примарните објекти пред се мајката
 Психосоцијални способности: снага , волја, одлучност
 Маладаптации и малигнитеи: импулсивност (преголема автономија) -
компулсивност (преголем срам и сомнеж), неуспех го доведува да се чуствува
гнасно, лошо и непослушно
 Значајни врски: со двајцата родители. Родителите треба да дадат на детето растечка
независност, во рамка на релативна сигурност и да ги одржат цврстите забрани во
други области . Тоа ќе резултира со чуство на толеранција и самодоверба кај детето,
чуство на моќ и гордост.
Стадиум: ИНИЦИЈАТИВА-ВИНА
 Назив на стадиумот: генитално – локомоторен, трае од 3 година до 6 години
 Психосоцијална криза: иницијатива / вина
 Развојна задача: градење на иницијатива која потоа ке биде основа за
тенденција кон постигнување ; разрешување на Едиповиот комплекс; ран развој
на моралноста; развој на самопочитување, истражување на социјалната
околина, вклучување на себе и на другите во игра, превземањеактивност.
 Психосоцијални способност: усмереност кон извршување на целта , храброст
 Маладаптации и малигнитеи: Неуспех во оваа фаза може да доведе до
безобзирност (преголема иницијатива) - инхибираност (преголема вина ),
отпор, агресија кон се што е ново и неистражено
 Значајни врски: со потесното семејство. Односот родител и деца станува
триангулиран, детето станува независен активен ако не и компетативен партнер
Стадиум: ТРУДЕЉУБИВОСТ /
ИНФЕРИОРНОСТ
 Назив на стадиумот: латенција, трае од 6 година до 12 години
 Психосоцијална криза: Трудољубивост / инфериорност
 Развојна задача: стекнување на пријателство, учење на вештини, тимски игри ,
самопроценка, стекнување на одговорност кон извршување на одредени
задачи.
 Психосоцијални способности: компетентност, го менува односот кон
родителите и према себе, развива компентентност кон одредени
одговорности поврзани со училични одговорности и себеорганизирање.
 Маладаптации и малигнитеи: еднострана виртуозност (преголема
трудољубивост) --- инертност , преголема инфериорност ако не успее да се
организира околу постигнувања на задачите врзани за училиште пред се
 Значајни врски: со соседството, училиштето, школски другари.
Стадиум: ИДЕНТИТЕТ / КОНФУЗИЈА
НА ИДЕНТИТЕТОТ
 Назив на стадиумот: адолесценција, трае од 12 година до 18 години
 Психосоцијална криза: Идентитет / конфузија на идентитетот
 Развојна задача: телесно созревање, емоционален развој, припадност на
врсничката група, пријателство, учење на вештини, тимски игри ,
самопроценка, синтетизирање на се што се случувало и градело во
претходните фази и градење на стабилно чувство на идентитет ( единствено и
неповторливо битие, која знае кој е тој, што сака и кон што се стреми и носи
одлуки за својот понатамошен живот.
 Психосоцијални способност: верност, лојалност, самопроценка, сигурност во
себе
 Маладаптации и малигнитеи: фанатизам-неприфаќање,конфузија на
идентитетот, изолираност, анксиозност, неодлучност и тн.
 Значајни врски: со врсниците, со институциите.
Стадиум: БЛИСКОСТ / ИЗОЛАЦИЈА
 Назив на стадиумот: млад возрасен, трае од 18 година до 30 години
 Психосоцијална криза: Блискост / изолација
 Развојна задача: формирање на интимна врска, стабилна врска,
постигнување на автономија и развивање на капацитет на интимност
 Психосоцијална способност: способност за интимен контакт и љубов
 Маладаптации и малигнитеи: промискуитетност (преголема блискост)
- свртување кон себе (преголема изолација);
 Значајни врски: со врсниците, со институциите.
Стадиум: ПЛОДОТВОРНОСТ /
СТАГНАЦИЈА, ОКУПИРАН СО СЕБЕ
 Назив на стадиумот: средна возраст, трае од 30 година до 65 години
 Психосоцијална криза: Плодотворност / стагнација , окупиран со
себе
 Развојна задача: фаза на генеративност, формирање на стабилни
емотивни врски , формирање на брак, семејство , управување со
кариерата и домаќинството, родителство.
 Психосоцијални способност: грижа за себе и други, за постигнување
во кариера
 Маладаптации и малигнитеи: хиперекстензија (преголема
плодотворност), фокусирање само на кариера а отфрлање на
можни постигнувања на др. поле
 Значајни врски: со домашните и соработниците.
Стадиум: ИНТЕГРИТЕТ
 Назив на стадиумот: стара возраст
 Траење на стадиумот: од 65 години до смрт
 Психосоцијална криза: Интегритет / безнадежност
 Развојна задача: интеграција на целокупниот животен процес,
унапредување на интелектуалната снага; усмерување на енергијата на
нови работи активности, сумирање на дотогашното завршено, промена
на аглите на гледање на смрта.
 Психосоцијални способности: мудрост
 Маладаптации и малигнитеи: суета (преногу мудрост) ------незадоволство
од сумираното депресивност, длабок очај (преголема безнадежност)
 Значајни врски: со човештвото.
СЕМЕЈНИ ЖИВОТНИ ЦИКЛУСИ
 Семејниот животен циклус започнува со циклус на
неврзан возрасен или предбрачен животен циклус.
ПРЕДБРАЧЕН СТАДИУМ
 Практични задачи: финансиска независност, грижа за себе
,формулирање на лични животни цели (до извесен период оваа фаза
својствена само за мажи)
 Емоционални задачи: диференцирање на емотивен план од семејство и
стекнување, доживување на компетентност, прифаќање на односот
родител-потомство, одлука што тоа на емотивен план ќе понесе од
семејството;
 Релациски задачи: сепарација од семејството по потекло; одвојување без
отсечување, развивање на односи со врсници; кариера
 Очекувани настани: вработување, професионален ангажман,
формирање на врска, формирање на неформална партнерска
заедница
 Можни кризи: сепарациони проблеми; потешкотии во релација со
врсниците; проблем со вработување и отпочнување на кариера
СОЗДАВАЊЕНА СЕМЕЈСТВО СО
СКЛОПУВАЊЕ БРАК
 Практични задачи: Независност на парот; формирање на домаќинство,
дефинирање на улогите и поделба на обврските.
 Емоционални задачи: баланс помеѓу потребите и очекувањата; создавање на
брачен договор, посветување на бракот
 Релациски задачи: формирање на стабилна брачна заеднице на доживувањето
на припадност; функционираат како дијада, воспоставување на граници;
правила на брачно и семејно функционирање; усогласување на систем на
вредности; тип на односи , комуникациски стил, динамика на моќта, граници на
меѓусебна блискост и дистанца
 Очекуван настан: здружување на две семејства, планирање на потомство,
сексуалноприлагодување
 Можни кризи: сексуални проблеми; неплодност; соматизација; крај на медениот
месец.
СЕМЕЈСТВО СО МАЛИ ДЕЦА
 Практични задачи: финансиски обврски; организација на домаќинството;
реорганизација поради влегување на нов член, подигање на детето.
 Емоционални задачи: прифаќање на новиот семеен член; грижа и родителска
одговорност
 Релациски задачи: одржување на брачниот субсистем; интеграција на новите
улоги; комуникација како родители, расподелба на авторитетот и моќта;
вредносен став за родителство- интеграција сопствените родители во системот
 Очекувани настани: Семејство-тројка, Траен систем, подршка од родителите,
градење на однос кон моќта, авторитетот и воспитното влијание на баба и дедо.
 Можни кризи: брачно незадоволство; неприфаќање на родителска улога,
проблеми кај детето; конфликти со сопствените родители; запоставување на дете,
борба за моќ во воспитниот процес
СЕМЕЈСТВО СО ПРЕДШКОЛСКО
ДЕТЕ
 Практични задачи: припрема на детето за предшколска институција,
родителите го внесуваат детето во меѓучовечките односи,го навикнуваат детео
на општествени правила.
 Емоционални задачи: подршка и потикнување на интензивен ран развој на
детето.
 Релациски задачи: одржување на брачниот субсистем; прилагодување на
потребите на секое дете, справување со прекумерно трошење на енергија и
недостиг на приватност;
 Очекувани настани: внесување на дете во предшколска институција, нови
културно образовни потреби кој ги наметнува детето, реорганизирање на
обврските, правилата
 Можни кризи: дете кое излегува од контрола; проблеми во
однесувањето,агресивност, љубомора, емоционални проблеми, соматски
проблеми, проблеми во комуникацијата со родителите; брачни проблеми...
СЕМЕЈСТВО СО ШКОЛСКО
ДЕТЕ
 Практични задачи: подготовка за училишни задачи, реорганизација на време на
брачни партнери, социјализација на дете,преиспитување на воспитна улога од
родителите
 Емоционални задачи: дозволување на детето да воспостави односи надвор од
семејството содругарчиња
 Релациски задачи: проширување на семејните интеракции со општеството,
подршка на образовното постигнување на детето, правила за комуникацијадете порамноправно учествува
 Очекувани настани: тргнување во училиште, редефенирање на границите кон
надвор и внатре,
 Можни кризи: училишни проблеми, недисциплина, неуспех, школски,
емоционална незрелост,психосоматика,школска фобија, проблеми во
комуникацијата меѓу родителите, неуедначен воспитен процес брачно
незадоволство;
СЕМЕЈСТВА СО АДОЛЕСЦЕНТИ
 Практични задачи: помалку крути правила и рутина, постојано редефинирање
на односите; промена на границите; баланс на контрола и слобода; промена
на хиерархијата;отварање на семејствот а вредносните системи на младите,
редефенирање на родителскиот авторитет
 Емоционални задачи: флексибилност поврзана за промена и губиток на
контрола; дозвола за детска независност, страв од сексуалноста и
одраснување на децата;
 Релациски задачи: одржување на добар контакт на родителите и
адолесцентите; грижа за сопствените остарени родители; префокусирање на
средновечна кариера брачните проблеми,
 Очекувани настани: Адолесцент со сопствен вредносен ситем, повеќе е надвор
одколку внатре, влегување во повеќе институции , интерес за спротивниот пол,
 Можни кризи: проблеми кај адолесцентите; криза на „средните години“ на
родителите, зависност , сепарациони проблеми
ЛАНСИРАЧКО СЕМЕЈСТВО
 Практични задачи: финансиски обврски; повторно фокусирање на работа; ново
преуредување на границите, надминување на кризите при трајно одвојување
 Емоционални задачи: организација на секојдневното живеење без деца;
соочување со стареењето и смртта на сопствените родители, прифаќање на
излегување и влегување во семејството
 Релациски задачи: реструктурирање на брачните односи; комуникација
возрасни со возрасни со своите деца, обезбедување на супортивна база во
семејството, воспоставување на рамноправност во моќта авторитетот на децата
родителите
 Очекувани настани: стекнување на независност, заминување од семејството,
воспоставување на партнерски релации, дипломирање, вработување,
 Можни кризи: развод; појава на симптом / депресија, анксиозност/; феномен на
заминување и повторно враќање
ПОСТРОДИТЕЛСКО СЕМЕЈСТВО
 Практични задачи: брачните партнери ги негуваат остарените родители ,
стануваат баба и дедо што бара преуредување на границите,преиспитување
на партнерската релација
 Емоционални задачи: организација на секојдневното живеење , соочување со
стареењето и смртта на сопствените родители, воспоставување односи со
ново оформените семејства на своите деца со нивните деца
 Релациски задачи: реструктурирање на брачните односи, регулирање на
близина и дистанца; завршено дефинирање на границите кон семејството на
своите деца
 Очекувани настани: влегување на нови членови во семејство, воспоставување
на односи начин на комуникација, раѓање на внуци, ангажман околу чување
на внуци,припрема за пензионирање, пензионирање
 Можни кризи: депресија, анксиозност, болест.
ОСТАРЕНО СЕМЕЈСТВО
 Практични задачи: намалување на финансиската моќ; потреба
од медицинска помош и грижа
 Емоционални задачи: соочување со сопствената немоќ, смртта
и прифаќање на загуба; прифаќање на зависната позиција
 Релациски задачи: обезбедување на системи на поддршка
 Можни кризи: болест, смрт, појава на симптом; губитоци
/замена, фиксирање после губитокот

ГЕНОГРАМ
Проф. д-р Диана Белевска
М-р Милена Спасовска
ШТО Е ГЕНОГРАМ?
•Генограмот е една од најоригиналните техники во семејната психологија кој има и
широка примена во семејната дијагностика, во истражувањето и едукацијата;
•Тоа е формат за цртање на семејното стебло кое ги бележи податоците за семејните
членови и нивните релации низ најмалку 3 генерации;
• Генограмот ги опишува семејните информации графички на таков начин да
овозможува брз гешталт на сложените семејни обрасци и е богат извор на хипотези,
покажувајќи како клиничкиот проблем може да се поврзе со семејниот контекст. Со
тоа се прави еволуцијата и на проблемот и контекстот низ време;
•Накратко, генограмот овозможува јасен увид во структурата, динамиката и
историјата на семејниот систем низ повеќе генерации, во вертикален и
хоризонтален пресек;
• Востанов е од Murray Bowen кон крајот на седумдесетите години од минатиот век.
ШТО Е ГЕНОГРАМ?
•Наспроти широката примена на генограмот од психолозите и семејните терапевти, не
постои општа согласност за “правиот начин” како да се направи генограмот;
•Дури и меѓу клиничарите со слична теориска ориентација, постои само мал консензус
во врска со тоа кои специфични информации да се бараат, како тие да се бележат, и
што сето тоа значи;
•Тие му овозможуваат на клиничарот да ја мапира семејната структура јасно и да ја
забележи и задржи семејната “слика” таква каква била кога прв пат се јавиле;
•Како клинички запис, генограмот дава можност за ефикасен клинички заклучок, што
дава можност да дури и оној клиничар кој не е запознаен со случајот брзо прибере
голем број на информации за семејството и да има прегледност за потенцијалните
проблеми.
ТЕОРЕТСКО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ
Генограм претставува визуелен дијаграм на семејна
поврзаност на структурата, релациите и историјата низ
најмалку три генерации.
•Тој претставува мапа на семејното живеење, т.е. графички ја претставува
животната содржина на секое конкретно семејство, за тоа како тоа сега го
води, како го водело и како во иднина ќе го води потенцијалот;
•Информациите во генограмот се собираат со интеграција на визуелни,
вербални и емоционални материјали добиени од членовите на семејството.
КОНСТРУИРАЊЕ НА ГЕНОГРАМ
•Најчесто генограмот се конструира во првата сесија и постојано се ревидира во следните, со добивање на
нови информации, и со тоа иницијалната проценка станува основа за третман;
•Генограмот може да им помогне на семејните членови да се видат на нов начин и да ја видат пошироката
слика на семејството, како актуелна така и историска;
•Структурните, релациски и функционални информации за семејството на генограмот можат да се видат и
хоризонтално (низ семејниот контекст) и вертикално (низ повеќе генерации);
•Со скенирање на актуелниот семеен контекст на клиничарот му се овозможува пристап кон блискоста која
непосредните играчи во семејната драма ја имаат еден кон друг, но и кон пошироките системи, а со тоа
добива можност и да ги проценува семејните снаги и ранливоста во релација со севкупната ситуација;
•Генограмот вклучува цела лепеза на карактери, членови на нуклеарното и проширено семејство, но и други
значајни личности кои било кога живееле или играле важна улога во семејното живеење;
•Дава заклучок за сегашната семејна ситуација, вклучувајќи ги настаните и проблемите.
КОНСТРУИРАЊЕ НА ГЕНОГРАМ
•Креирањето на генограмот
вклучува 3 нивоа:
1. Мапирање на семејната структура
2. Бележење на информации за
семејството
3. Приказ на семејните релации
1. МАПИРАЊЕ НА СЕМЕЈНА
СТРУКТУРА
•Основа на генограмот е графичкото прикажување на тоа како се различните семејни
членови биолошки и законски поврзани еден со друг од една во следна генерација;
•Мапата се состои од:
• фигури кои ги претставуваат луѓето и
• линии кои ги петставуваат нивните односи.
•Како и со секоја друга мапа нејзиното толкување има свое значење само доколку се
симболите дефинирани од страна на тие што го читааат генограмот;
•И во цртање на генограмот постојат различни пристапи, ние ги претставуваме
стандардните.
МАПИРАЊЕ НА СЕМЕЈНА
СТРУКТУРА
МАПИРАЊЕ НА СЕМЕЈНА
СТРУКТУРА
МАПИРАЊЕ НА СЕМЕЈНА
СТРУКТУРА
•Фигурите кои ги претставуваат семејните членови поврзани се со линии кои ги
претставуваат нивните биолошки или законски врски (релации).
МАПИРАЊЕ НА СЕМЕЈНА
СТРУКТУРА
•Ако парот има деца, тие се бележат под основната линија, по редот на раѓање од
лево-најстаро, кон десно-најмало.
2. БЕЛЕЖЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
ЗА СЕМЕЈСТВОТО
•Откако ќе ја нацртаме семејната структура, можеме да
започнеме со додавање на информации за семејството,
особено во врска со:
•Демографските информации (возраст, дата на раѓање и на смрт,
локација, образование, професија);
•Функционалните информации (податоци за медицинското,
емоционално и бихевиорално функционирање на секој одделен семеен
член);
•Критични семејни настани (важни транзиции, релациски обрасци,
загуби, успеси) – ги бележиме на краевите на генограмот или на посебен
лист хартија и во бележењето ја следиме семејната хронологија според
3. ПРИКАЗ НА СЕМЕЈНИ РЕЛАЦИИ
•Третото ниво при конструирање на генограмот подразбира обележување на релации
помеѓу семејните членови, базирано на известувањата добиени од самите семејни
членови, но и на директните опсервации на клиничарот;
•За таа цел користиме различни линии кои имаат за цел да симболизираат различни
видови релации помеѓу семејните членови.
ПРИКАЗ НА СЕМЕЈНИ РЕЛАЦИИ
ГЕНОГРАМСКО ИНТЕРВЈУ
•Прибирањето на информации за генограмот обично се случува во тек на семејното
интервју;
•Се додека семејните членови не дојдат со намера да ја кажат нивната семејна
историја, нема да биде можно така едноставно да се приберат податоците за
генограмот;
•Ако на тоа се инсистира, особено кај предходно неподготвено семејство, лесно
може да се случи тоа да се оддалечи од терапевтот, па дури и да ја напушти
средбата;
•Затоа, собирање на информации за генограмот треба да биде дел од многу
поопштата цел на придружување и помош на семејството.
ГЕНОГРАМСКО ИНТЕРВЈУ
•Процесот на собирање семејни информации оди во вид на кругови со
постојано проширување на бројот барани и добиени информации, за
семејството и пошиокиот контекст;
•Мрежата ќе се шири во различни правци:
• Од презентираниот проблем кон поширокиот контекст на проблемот;
• Од непосредното домаќинство кон проширеното семејство и пошироките социјални системи;
• Од сегашната семејна сиуација кон историската хронологија на семејните настани;
• Од едноставни, незастрашувачки прашања кон тешки, со анксиозност предизвикувачки
прашања;
• Од очигледните факти до пресудување за функционирањето и релациите, па се до
хипотетичките семејни обрасци.
РАШОМОНОВ ЕФЕКТ
(РАШОМОНИЈАДА)
•Информации за генограмот може да се добијат од еден или повеќе семејни членови;
•Иако добивањето податоци од повеќе семејни членови ја зголемува нивната точност, дава
можност да се споредуваат различните перспективи и директно да се опсервираат
интеракциите помеѓу членовите, тоа со себе носи и можност различните членови различно да
ги опишуваат и квалификуваат настаните во семејството (Рашомонов ефект);
•Сепак, не е секогаш можно да се видат повеќе семејни членови и тогаш генограмот го
базираме на исказите на само еден член;
•Времето потребно за комплетирање на генограмот е различно од случај до случај - и додека
основните информации можеме да ги собереме за помалку од еден час, интервјуто за
сеопфатна семејна проценка кој би вклучил повеќе семејни членови може да трае од 60-90
мин;
•Некои клиничари претпочитаат водење на генограмско интрвју во тек на неколку
последователни сеанси.
ПРЕЗЕНТИРАН ПРОБЛЕМ И
НЕПОСРЕДНОТО ДОМАЌИНСТВО
•Семејствата обично доаѓаат со специфичен проблем кој за клиничарот би требало да биде појдовна
точка;
•На почетокот му соопштуваме на семејството деа ни се потребни основни информации за нив за да
поцелосно го разбереме проблемот и овие информации го добиваме преку прашањата за
презентираниот проблем и неговото влијание на непосредното домаќинство;
•За најголемиот број луѓе има смисла ако прашуваме за непосредното семејство и за контекстот во кој
се јавува проблемот: Кој живее во домаќинството? Во каква релација се членовите еден кон друг?
Каде живеат останатите семејни членови?
•Со цел да ја нацрта структурата на непосредното семејство клиничарот прашува за името, возраста и
полот на секоја личност. Следат прашања поврзани со проблемот преку кој се дополнуваат
податоците на генограмот: Кои семејни членови знаат за проблемот? Како секој гледа на проблемот,
и како секој на него реагирал? Дали било кој друг во семејството има сличем проблем? Кои обиди за
решенија биле сторени и од кого во која ситација?
•Ова е добар момент да се истражува и а предодните напори да се побара помош за разрешување на
проблемот, предходни третмани, терапевти, хоспитализаци и сегашните можни извори.
СЕГАШНА СОСТОЈБА
•Следен чекор во проширување на семејната мрежа се прашањата за сегашната
семејна состојба;
•Повторно се тргнува од прашања за проблемот и кој е се во него вовлечен:
• Што неодамна се случувало во семејството?
• Се случиле ли неодамна промени во семејството (луѓе да доаѓале или заминувале, болести,
проблеми на работа и друго).
•Важно е да се добијат информации за неодамнешните транзици на животните
циклуси, исто како и за антиципираните промени на семејната состојба
(особено смрт и раѓања, бракови, разводи, заминување на семеен член и
друго).
ПОШИРОК СЕМЕЕН КОНТЕКСТ
•Клиничарот ќе бара можност да го истражува поширокиот семеен контекст прашувајќи за
проширеното семејство на сите возрасни кои се вклучени;
•Кога ќе почувствува дека е правиот момент клиничарот може да праша: Би сакал да ве прашам за
вашето потекло кое би ми помогнало подобро да го разберам вашиот сегашен проблем?
•Доколу семејството реагира негативно, мудро е да се одложи распитот за следна прилика. Обично
детално се истражува секоја од страните посебно, низ најмалку 3 генерации;
•Се прашува: Да започнеме со мајка ти!
• Таа е кое дете од колку во нејзината фамилија?
• Кога е родена? Дали е жива?
• Ако не: Кога умрела? Од што?
• Ако е жива: Каде е таа сега? Со кого живее? Што работи? Дали се пензионирала? Кога?
• Кога и како го сретнала татко ви? Кога се ожениле? Дали била предходно мажена (Ако да: Кога? Колку
траел
бракот? Има ли деца од тој брак? Дали биле раставени или разведени? Дали е предходниот сопруг жив или
не?
• Ако е умрен, кога тоа се случило?
СОЦИЈАЛЕН КОНТЕКСТ
•Во генограмот се опфатени и податоци кои се
однесуваат на пријатели, соседи, свештени
лица, наставници, лекари и други кои се важни
за функционирањето на семејството;
•Прашуваме:
• Каква улога надворешните луѓе играат во вашето
семејство?
• Добивавте ли помош од заедницата?
• Кој надвор од семејството бил важен во вашиот живот?
• Дали некој друг било кога живеел со вашето семејство?
Кој, Кога? Каде се тие сега?
• Какви се искуствата а вашето семејство со докторите и
други професионалци или агенции задолжени за
помош?
ФАКТИ
•Ние всушност собраме факти за секој
семеен член: витална статистика, вид
објективни податоци за секого како што
се:
•Дата на раѓање, смрт (и причина), брак,
развод, болест и други;
•Сиблинг позиција;
•Етничка и религиозна припадност;
•Образование и професија.
ИСТОРИСКА ПЕРСПЕКТИВА
•Како што прибираме се повеќе факти, некои дупки ќе се појават во описот на
семејните настани;
•За да добие поширока историска перспектива за семејството, клиничарот го користи
генограмот да ја мапира еволуцијата низ време;
•Ако семејството прифати, некои членови можат да започнат да истражуваат за
историјата и со тоа да ги прошируваат перспективите - тоа значи дека ќе разговараат
со други роднини, ќе пребаруваат по семејните документи или ќе ги видат
медицинските и родословни записи;
•Не е задача само да се набележат семејните настани, туку и да се лоцира семејниот
развој низ историска димензија.
ИСТОРИСКА ПЕРСПЕКТИВА
•Внимавајќи на обрасците кои се јавуваат во врска со транзициите во семејството
повлекуваме хипотези за семејниот адаптивен стил;
•Особено критични се неочекувани и трауматски смртни случаи, или смрт на
стожерот на семејството - ние ги бараме специфичните обрасци на адаптација или
ригидност кои ги следат овие транзиции;
•Од интерес е и историјата на специфични проблеми во семејството, кои детално ги
истражуваме - како се менуваат семејните обрасци во различни периоди, пред да
се јави, во тек и по појавување на проблемот;
•Гледајќи го семејството во неговата историска перспектива значи поврзување на
минатото, сегашноста и иднината и забележување на семејната флексибилност и
адпатирање на промените.
БЕЛЕЖЕЊЕ НА СЕМЕЈНИ
РЕЛАЦИИ И УЛОГИ
•По мапирање следи распит за релациите во семејството и за функционирањето и улогата на секој
член. Тоа секако може да допре чувствилени прашања и треба да се биде внимателен;
•Треба да се добијат што е можно повеќе перспективи за секоја релација. Цел е да се откријат
разликите, исто како и сличностите за семејните релации, со што се збогатува генограмот и за
терапевтот и за семејството;
•Од релациите во семејството добиваме и претстава за комплементарноста на улогите;
•Нагалените имиња или надимците се исто така важни, откривајќи ја позицијата или карактерот.
ТЕШКИ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО
ИНДИВИДУАЛНОТО
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
•Алкохолизам, долготрајна невработеност и друга
остра симптоматологија директно упатуваат на
сиромашно функционирање;
•Треба да знаеме дека многу семејни членови не
функционираат добро во една, но затоа
функционираат добро во друга област, која може да
ја скрие нивната дисфункционалност. Затоа,
потребен е внимателен распит да се добие
вистинското ниво на функционирање;
•Знаејќи дека се ова чувствителни прашања треба да
бидат поставувани внимателно и со такт, секогаш
предупредувајќи ги членовите и давајќи им можност
и да не одговорат. Клиничарот ќе го определува и
нивото на притисок врз членовите за да добие
информација.
ПОСТАВУВАЊЕ ПРИОРИТЕТИ ПРИ
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДОБИЕНИТЕ
ИНФОРМАЦИИ
•Како приоритетни теми на генограм се сметаат следните информации:
• Повторувачки симптоми – релациски или функционални обрасци кои се присутни во
семејството и низ генерации, повторени триаголници, коалиции, прекини, обрасци на
конфликт, поголеми и помало функционирање;
• Коинциденции на податоци: смрт на семејството или годишница од смртта да се
совпадне со појава на симптомот или со негова промена со друг симптом, или
коинцидирање на симптомот со појава на некој друг проблем кај друг семен член;
• Влијание на промените и прераните промени во животните циклуси: на пример,
промени во функционирањето или релациите кои се совпаѓаат со критичните семејни
животни настани (раѓање, смрт, брак).
ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ГЕНОГРАМ
СЕМЕЈНА СТРУКТУРА
•Првата област на интерпретација е основната
семејна структура, која претставува
структурни обрасци кои ги поврзуваат
линиите и фигурите на семејниот дијаграм;
•Оттука следат хипотези за семејните
прашања, улоги, релации и други
информации базирани на нормативните
очекувања за таквата композиција на
домаќинство, сиблинг позоциите и
невообичаената семејна конфигурација.
ВИД НА СЕМЕЈСТВО
(ДОМАЌИНСТВО)
•Со само еден поглед на генограмот можеме да видиме какво е семејството
(домаќинството):
• ИНТАКТНО НУКЛЕАРНО СЕМЕЈСТВО - се мисли дека е ова типично традиционално семејство.
На генограмот гледаме брачен пар во прв брак и нивни заеднички биолошки деца. Се мисли
дека се ова добро функционални семејства и не се од особен интерес за клиничарот. Но сепак
она што тој може да се истражува е кои се снагите и факторите кои тоа семејство го одржале
заедно. И како дополнување, се очекува дека тука ќе имаме класична триангулација родителродител-дете.
• ЕДНОРОДИТЕЛСКО СЕМЕЈСТВО - Може да се јави како последица на смрт или напуштање на
семејството од едниот родител, поради сепарација, развод, заминување. Од интерес се сите
проблеми врзани за еднородителствувањето: самотија, економски проблеми, одговорност,
проблеми во воспитување на децата. Исто така и влијание на загубата врз семејството. Често
таквите семејства се дел од пошироката мрежа, нарекувана “би-нуклеарно семејство”, или
“мултинуклеарно семејство”, во кое децата се дел на неколку различни семејни структури.
ВИД НА СЕМЕЈСТВО
(ДОМАЌИНСТВО)
•СЕМЕЈСТВО СО ПОВТОРЕН БРАК - Тоа е семејство создадено од еден или двајцата родители по
предходен развод или смрт, напуштање на партнерот, донесувајќи ги во домаќинството и децата. Во
истото домаќинство можат да се најдат и децата од другиот партнер, природени деца и др. Овие
семејства се соочени со специфични проблеми: старателство, посети, љубомора, фаворозирање,
конфликт на лојалност, очув/маќеа, полубрат/полусестра и др. Од интерес е како разводот или
загубата влијаела на секој семен член и специфичноста на семејните триангулации.
•ТРИ-ГЕНЕРАЦИСКО СЕМЕЈСТВО - Во овие семејства родителите на еден од партнерите живеат заедно
со семејството. Ова е особено често во случај на еднородителско семејство кога барајќи помош и
подршка од сопствените родители со време остануваа трајно да живеат со баба/дедо. Од интерес ќе
бидат прашањата околу меѓугенерациските граници, алијанси и конфликти, поставувајќи прашање:
кој е тука родител?
•ДОМАЌИНСТВО КОЕ ВКЛУЧУВА ПРОШИРЕНО СЕМЕЈСТВО И ДРУГИ НЕ СЕМЕЈНИ ЧЛЕНОВИ -
Домаќини
во куќата, чувари, сестри, вујковци, тетки и др. роднини, усвоени деца, деца на чување и др. можат да
бидат вклучени во домаќинството. Доколку е член некој кој не е биолошки ниту законски врзан за
семејството (домаќинска), но е особено важен за даденото семејство, тој станува неформален член на
мрежата проширени сродници. Следи истражување на релациите и улогите со чувствителност за
оваков вид семејна композиција.
СИБЛИНГ ПОЗИЦИЈА
•Ја означува поставеноста на децата во
семејството);
•Од важност е положбата, полот и број
години помеѓу децата во семејството;
•Односот кон овие важни фактори зависи
од многу нешта, како на пример
етничките заедници;
•Важно е да се подвлече дека во различни
пореметени состојби на семејството
децата стануваат важен извор на заштита;
•Како и да е за најголемиот број нас
сиблинг релацијата е најдолгата која ја
имаме во животот.
Најстаро дете во семејството
Според Адлер, од првородените најчесто
се очекуваат големи работи;
Воспитувано е да се чувствува посилно,
помудро, попаметно, поодговорно - така
го гради концептот на авторитет и
традиција и на некој начин е
конзервативно;
Од ова дете се очекува да биде
преодговорно, родителски настроено,
особено одговорно во однос на чување на
семејната историја, традиција и обичаи.
Средно дете во семејството
Средното дете во фамилијата под силен
притисок од двете страни;
Тоа покажува карактеристики или на постаро,
или на помало, што е често резултат и на
односот на родителите;
 Затоа е со најнејасна позиција, треба да се
бори да биде запазено но и да одржи баланс
во детскиот субсистем;
Доколку не е единствено машко или женско
меѓу децата, средното дете често ќе биде во
позиција да бие битка за свое место и улога во
семејството.
Најмало дете во семејството
Наспроти кажаното, најмалото дете е
често неодговорно, палаво, третирано
како “бебе” во семејството околу кое сите
треба да се грижат, вклучително и
најстарото дете;
Но, овие деца ќе бидат растеретени од
семејната традиција и очекувања, па често
имаат помал респект кон авторитети и
конвенционалности.
Единствено дете
Имаат често тенденција да бидат или
социјално независни, помалку насочени кон
групата, посериозни во однесувањето или
можеби со поголем степен на анксиозност и
страв од сепарација поради поголемата грижа
и заштита од родителите;
Тоа се деца на кои е насочено сето внимание
и грижа на родителите и поради тоа силно се
врзани за нив.
Важноста на полот на детето во
семејството
Вреднувањето на половите во голема мерка ќе
зависи од контекстот, традицијата, културата;
На пример, ако се сите женски деца во
семејството, а најмалото е машко, па макар и
најмало ќе има сосема друга позиција отколку во
други семејства каде и предходно има машки
деца;
Родителски однесувања и предрасуди во поглед
на полните разлики - Верувањата и однесувањата
на родителите во врска со улогата на половите во
семејството влијае во голема мерка на нивните
очекувања од децата. На пример, односот кон
машките деца и очекувањата од нив во многу
култури…
Разлика во години помеѓу две
деца
Правило е дека поблиската разлика меѓу
сиблинзите овозможува побогата размена
на животни искуства, на чиј екстрем се
идентичните близнаци;
Колку се разликата во години поголема
толку помалку споделуваат слични животни
исксуства;
Се смета дека сиблинзи кои се повеќе од 6
години разлика растат повеќе како да се два
единци во семејството, отколку како
сиблинзи – тоа се должи на различните
развојни фази низ кои минуваат одвоено.
Време на раѓање на секое дете
според семејната историја
Некогаш, кога детето ќе се роди во
критичен момент за семејната историја, се
јавуваат специјални очекувања од него,
како дополнение на вообичаено
очекуваните за неговата сиблинг позиција;
Особено критични за семејството се
загубите, пред се смрт и транзициите.
Карактеристики на детето
Дете со специјални карактеристики може
да ги промени очекуваните сиблинг
обрасци во семејството;
На пример, помалото дете лесно може
да стане функцонално постаро во
семејството ако постарото дете има
одредени потешкотии во развојот.
Семеен „програм” за детето
Поради бројни причини, кои не се секогаш и така јасни, семејствата може да
имаат специфичен сет на очекувања за одредено дете, независно од неговата
сиблинг позиција;
Обрасците на именување (според некој член во семејството), често ја
предвидува животната историја, т.е. очекувањата од детето;
Иако прекарите и надимците ни изгледаат неважни, и тие се чести водители
во дообјаснувањето на семејните очекувања (на пример, на детето му се
обраќаат со „Директоре“).
НЕВООБИЧАЕНА СЕМЕЈНА
КОНСТЕЛАЦИЈА
На пример, кога е генограмотт со бројни бракови во семејството од двете
страни - тема ќе биде бракот, неговата одржливост и ризикот од разводи
преженување. Или, случај на бројни деца кои не се оженети или живеат во
вонбрачни заеднии; вонбрачно раѓани деца и сл. Невообичаени се и оние
генограми во кои постојат вкрстени бракови помеѓу двете страни.
ЖИВОТЕН ЦИКЛУС
Втора категорија претставува разбирање на промените на животниот циклус на
кој семејството се прилагодува;
Ускладеноста на возраста и датите со животниот циклус овозможува проценка
за тоа дали настаните на животниот циклус се јавуваат во рамките на
нормативните очекувања;
Доколку не, можат да се јават проблеми во справување со очекуваните
проблеми во врска со животниот циклус - ова се должи на вообичаените
очекувања во врска со возраста на секој семеен член и фазата од животниот
циклус (возраст при раѓање на прво дете, возраст на женење и сл.).
ПОВТОРУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ НИЗ
ГЕНЕРАЦИИ
Бидејќи семејните обрасци можат да се пренесуваат од една генерација
во следната, истите можат да се видат на генограмот како повторувачки
обрасци низ генерации, во рамките на функционирањето, релациите и
семејната структура. Нивното препознавање овозможува на семејството
да го одбегне повторувањето на непожелните во сегашноста и да не ги
повтори во иднина.
 Обрасци на функционирање - адаптивно или маладаптивно, или начин на решавање
на проблемите;
 Релациски обрасци - близина, оддалеченост, конфликт, прекин и други можат исто
така да се повторуваат из повеќе генерации;
 Повторени структурни обрасци - вообичаено е во ситуации кога низ генерации се
повторува истата семејна структура да се интензивираат обрасците.
ЖИВОТНИ НАСТАНИ И СЕМЕЈНО
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
•Оваа категорија дава можност да разбереме како е животните настани и
промените во семејното функционирање взаемно поврзани;
•Генограмот ги бележи многуте критични настани во семејната историја, и тоа
ќе биде од полза да се бараат коинциденциите на различни животни настани и
промените во семејното функционирање. често навидум неповзани настани
кои се јавуваат во приближно исто време во семејната историја се систематски
поврзани и имаат длабоко влијание на севкупното семејно функционирање;
•Такви се: заглавени стресни настани, влијание на трауматски настани,
реагирања на годишници, и искуствените релации на семејството со
социјалните, економски и политички настани;
•Со тоа го проценуваме влијанието на промените врз семејството но и неговата
ранливост за идни промени.
РЕЛАЦИСКИ ОБРАСЦИ И
ТРИАНГУЛАЦИИ
•Релациските обрасци во семејството различно
се квалификуваат како: “блиски”, “во фузија”,
“непријателски”, “конфликтни”, “оддалчени”,
“прекинати” и др.
•Сложеноста на семејните релации е
бесконечна, и освен тоа, релациите се
менуваат со тек на време;
•Наспроти сложеноста, генограмот секогаш
предлага релациските обрасци и понатаму да
бидат истражувани.
СЕМЕЕН БАЛАНС И ДИСБАЛАНС
•Последна категорија во анализа на генограмот, која ги обединува сите до сега
изнесени принципи;
•Всушност, во секој образец може да се види баланс или дисбаланс: во семејна
структура, улоги, ниво на функционирање, ресурси и друго;
•Баланс и дисбалан се однесува на функционалната цлина на семејниот систем,
семејните системи не се хомогени и во контрастни карактеристики се присутни
во едно исто семејство;
•Во добро функционалните семејства овие карактеристики обично помеѓу себе
балансираат. На пример, комплементарност на постар и помал, каде
постариот има тенденција да се грижи, а помалот да bиде под нечија грижа.
ПРИМЕНА НА ГЕНОГРАМОТ
•Долго време генограмот се применувал примарно како инструмент за
проценка и за дизајнирање на терапевтските интервенции;
•Од неодамна генограмот служи и за чување на записите, семејна проценка и
за дизајнирање на стратешките интервенции (на пример, парадокс- со
посочување на обрасци за кои мислиме дека не можат да се променат
парадоксално може да дојде до промена).
ПРЕДНОСТИ
 Економичен
Сеопфатен
Повеќедимензионален
Лесно прифатлив
Лесно изводлив
Со висок степен на откритие
Комуникативен
Стимулативен
ОГРАНИЧУВАЊА НА ГЕНОГРАМОТ
• Иако се податците собрани на генограмот релативно објективни,
неговото толкувење е во голема мерка субјективно. Затоа
толкувањата треба да имаат статус на хипотези и сугестии за
понатамошна експлорација;
•Во изобилието на податоци се јавува дилема кои да се следат на
што да му се даде предност?
••Увидот во генограмот понекогаш го вовлекува семејството во
детерминистички разбирања на сопственото живеење и
функционирање (како хороскоп).

ФУНКЦИОНАЛНИ И
ДИСФУНКЦИОНАЛНИ
СЕМЕЈСТВА
Проф. д-р Диана Белевска
М-р Милена Спасовска
КОНЦЕПТ НА ФУНКЦИОНАЛНОСТ И
ДИСФУНКЦИОНАЛНОСТ
• Функционалност често се користи во литературата за дефинирање на нормалноста.
• Под функционално обично подразбираме ЕФИКАСНО, и претставува ПРОЦЕНКА ЗА
УПОТРЕБЛИВОСТА И ЕФИКАСНОСТА НА СЕМЕЈНИТЕ ОБРАСЦИ ВО ПОСТИГНУВАЊЕ
НА СЕМЕЈНИТЕ ЦЕЛИ;
• Во последно време на ова се надополнуваат и чувство на благосостојба, поврзаност
помеѓу семејните членови, квалитет на семејно живеење и друго;
• При проценката функционално/дисфункционално мора да се води сметка за целите
кои семејството пред себе ги поставува, во кои се вклучени:
• системот на вредности,
• животните циклуси,
• задоволувањето на економските и културни потреби и друго.
НОРМАЛНОСТ / ФУНКЦИОНАЛНОСТ
• ФУНКЦИОНАЛНО: семејни обрасци кои
овозможуваат достигнување на семејните
цели кои семејството себе си ги поставува.
• ДИСФУНКЦИОНАЛНО: семејни обрасци
со кои не се исполнуваат задачите туку
доаѓа до појава на симптом или
незадоволство.
ТРИ ОБЛАСТИ НА ФУНКЦИОНАЛНОСТ
1. Организациски процеси
2. Комуникација
3. Системи на верување
ОРГАНИЗАЦИСКИ ПРОЦЕСИ
• Ја подржуваат интеграцијата на
семејството како целина, а не како
прост збир на единки;
• Ги дефинираат односите и
структурата на семејството.
ЕЛЕМЕНТИ НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ
ПРОЦЕСИ
ФЛЕКСИБИЛНОСТ
• Баланс меѓу СТАБИЛНОСТ и
ПРОМЕНА
КОХЕЗИВНОСТ
• Баланс меѓу БЛИСКОСТ и
ИНДИВИДУАЦИЈА
ФУНКЦИОНАЛНА ФЛЕКСИБИЛНОСТ
СТАБИЛНОСТ
• Предвидливи, конзистентни:
правила, улоги и обрасци на
интеракции
• Стабилна структура
• Ритуали и рутина
МОЖНОСТИ ЗА ПРОМЕНА =
АДАПТАБИЛНОСТ
• Прилагодување на променетите
околности и на развојните
императиви во рамки на семејните
животни циклуси, особено кога се
кризи во прашање
Баланс меѓу стабилност и промена!
ФУНКЦИОНАЛНА ФЛЕКСИБИЛНОСТ
• Функционалната флексибилност
овозможува одржување на
стабилноста, но отвора можност и за
прилагодување на одредените
животни околности и потреби на
членовите на семејството.
ДИСФУНКЦИОНАЛНА СТРУКТУРА И
НЕФЛЕКСИБИЛНОСТ
РИГИДНИ СЕМЕЈСТВА
• Доминантност на еден член;
• Нема преговори;
• Недефинирани улоги;
• Ригидни правила.
ХАОТИЧНИ СЕМЕЈСТВА
• Дезорганизација;
• Нејасни и менливи улоги;
• Нема јасни правила;
• Некозистентност.
ПОВРЗАНОСТ / КОХЕЗИВНОСТ
Се однесува на емоционална поврзаност на
семејните членови.
o Хиерархија
o Граници
o Коалиции
o Блискост
o Индивидуалност
• Заедничко и индивидуално поминато
време,
• Дружење со пријатели, полиња на интерес,
рекреација…
ФУНКЦИОНАЛНА КОХЕЗИВНОСТ
• Баланс помеѓу блискоста и посветеноста
(заедништвото);
• Толеранција за разликите и одвоеноста - ЈАС /
НИЕ;
• Присутност на диференцирани, но меѓусебно
поврзани чланови на семејството;
• Границите се полупропустливи;
• Улогите се јасно дефинирани.
ДИСФУНКЦИОНАЛНА КОХЕЗИВНОСТ
УМРЕЖЕНИ СЕМЕЈНИ СИСТЕМИ
• Дифузни граници;
• Нејасна диференцијација;
• Голем притисок кон заедништво;
• Нема автономност;
• Индивидуално заедништво.
ДЕЗАНГАЖИРАНИ СЕМЕЈНИ
СИСТЕМИ
• Дистанца;
• Ригидни граници;
• Заедница на индивидуи.
ФУНКЦИОНАЛНО е:
• Тенденција кон стабилност, одржување на
рамнотежа, но и потреба за прилагодување
на одредените животни околности;
• Постоење на поврзаност и одржување на
релацијско заедништво кое е негувачко и
поддржувачко, но со почитување на
индивидуалните разлики и можност за
индивидуален развиток и остварување на
автономните потреби.
Културолошкиот контекст е ВАЖЕН!
КОМУНИКАЦИИ
Две функции:
• Содржина, факти, мислења, чувства;
• Релационен аспект кој ја дефинира природата
на односите;
Три клучни аспекти во комуникацијата:
• Јасност;
• Отворено емоционално изразување;
• Колаборативно решавање на проблемите.
ТРИ КЛУЧНИ АСПЕКТИ ВО
КОМУНИКАЦИИТЕ
• Јасност;
• Отворено емоционално
изразување;
• Колаборативно решавање на
проблемите.
ЈАСНОСТ
• Комуникацијата во функционалните семејства е јасна, директна,
специфична и искрена;
• Вербалните и пораките на ниво на однесување се козистентни;
• Контекстуалната јаснотија е присутна и прави разлика помеѓу фантазијата и
стварноста, фактите и мислењето, сериозноста и хуморот;
• Особено е важно да постои јасност поврзана со дефиницијата на релациите
што секој член очекува и мисли за другите, што значат нивните интеракции.
НЕЈАСНА КОМУНИКАЦИЈА
• Кога комуникацијата е нејасна, испрекината,
неконгруентна, придонесува за конфузија и
недоразбирања бидејќи членовите
функционираат врз база на неточни
претпоставки и се обидуваат да читаат
мисли;
• Долготрајни нејаснотии во пораките за
очекувањата во улогите и дифузните
граници можат да придонесат за развивање
на различните пореметувања бидејќи ја
зголемува анксиозноста и конфузијата.
ФУНКЦИОНАЛНО - ОТВОРЕНО
ЕМОЦИОНАЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ
• Толеранција на широк дијапазон на чувства;
• Меѓусебна доверба;
• Нема обвинувања и лични напади во
семејството;
• Се прифаќа неизвесноста, амбиваленцијата и
несогласувањата;
• Членовите на семејството покажуваат интерес
за она што другите го кажуваат и постои
очекување за разбирање.
ДИСФУНКЦИОНАЛНО
ЕМОЦИОНАЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ
• Присутен е страв и недоверба;
• Критицизам, вина и обвинување;
• Емоционалното изразување станува високо реактивно;
• Комуникацијата е затворена и тајновита за да се одбегне споделување на болните
чувства;
• Амбивалентните чувства не се прифатени;
• Во умрежените семејства членовите се обидуваат да ги потиснат амбивалентните
чувства или ги негираат негативните емоции и однесувања, ги потенцираат
позитивните чувства;
• Во дезангажираните семејства членовите можат да изразуваат лутина и негативни
емоциии, но оскудни се во изразување на пофалби или нежности.
КОЛАБОРАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА
ПРОБЛЕМИ
Се однесува на:
• Препознавање (именување) на проблемите;
• Разговор, комуникација;
• Колаборативен бреинсторминг;
• Донесување на одлуки за планот;
• Остварување на планот;
• Пратење на вложените напори и проценување
на успешноста.
ВЕРУВАЊА
• Верувањата се вредности, убедувања, ставови, претпоставки кој ги формираат
премисите кои се потоа тригери на емоционалните реакции, кои ги информираат
нашите одлуки и влијаат на нашето однесување;
• Тие се придонес кон чувството на поврзаност и го организираат искуството кое им
овозможува на членовите на семејството да ги разберат кризните ситуации;
• Семејствата конструираат заеднички верувања за тоа како светот функционира и
како семејствата функционираат во тој свет;
• Овие заеднички верувања се развиваат и се потврдуваат во тек на животните
циклуси на семејството и низ трансгенерациски односи влијаат на семејните правила
кои управуваат со семејниот живот;
• Во функционалните семејства, правилата на односите ги организираат
интеракциите и ја одржуваат интеграцијата на системот така што го регилираат
однесувањето на членовите.
БАЗИЧНИ ЕЛЕМЕНТИ НА СЕМЕЈНАТА
ФУНКЦИОНАЛНОСТ
1. Поврзаност и посветеност на взаемно поддржувачките односи, семеен идентитет „НИЕ СМЕ
СЕМЕЈСТВО“ ;
2. Почитување на индивидуалните разлики, автономија, обезбедување на добробит за сите членови;
3. Расподелба на моќта и одговорноста;
4. Нега, заштита, социјализација и грижа за вулнерабилните членови;
5. Извор на базична економска сигурност, поширока психосоцијална подршка од проширеното семејство и
од
општествената заедница;
6. Организациона стабилност која ја карактеризира јасност, конзистентност и предвидливост на
однесувањето;
7. Адаптабилност и флексибилност во исполнувањето на барања за промена, разрешување на стресот и
проблемите
во средба со очекуваните и неочекуваните кризи;
8. Комуникациони процеси: отворени, јасни и со широк опсег на емоционално изразување без обвинување,
критицизам, жртвување, постоење на емпатија;
9. Ефикасно решавање на проблемите и недоразбирањата;
10.Заеднички систем на верувања кои овозможуваат меѓусебна доверба, врска со минатите и идни
генерации,
етички вредности и однос кон општеството во целост.
НОРМАЛНОСТ
• Културолошките идеали и понатаму го одредуваат и
дефинираат нормалното семејство;
• Свесност за имплицитните претпоставки за нормалноста,
здравјето, дисфункционалноста која ја носиме во себе од
нашите лични перспективи за животот кои се вткаени во
нашата култура, личното искуство и клиничките теории;
• Потребно е да го експлорираме семејниот идентитет на
секое семејство и неговото видување на нормалноста;
• Семејствата имаат различни конфигурации кои можат да
бидат функционални - не е формата туку процесот и
квалитетот на односите она што е важно;
• Различните семејни форми имаат различни предизвици,
имаат различни структурални ограничувања и имаат
различни ресурси за функционирање.
ФУНКЦИОНАЛНО СЕМЕЈСТВО
Ако се користи критерумот функционално како оптимално, главни карактеристики на
ОПТИМАЛНИТЕ СЕМЕЈСТВА би биле:
• Отворени ставови и базична доверба;
• Изразено почитување кон одвојување, индивидуалност, автономија и приватност;
• Отворени, јасни и топли комуникации;
• Постојана родителска коалиција и рамноправна распределба на моќ меѓу родителите;
• Флексибилна контрола по пат на договор, во рамките на основната хиерархија родителдете;
• Спонтани интеракции, со присуство на радост и хумор;
• Високо ниво на иницијатива;
• Поттикнување на заедништво преку различност;
• Почитување на животољубието и на јаките личности.
ФУНКЦИОНАЛНО СЕМЕЈСТВО
Функционалните семејства поседуваат:
• Легитимен авторитет, востановен и поддржуван во тек на време;
• Стабилни (конзистентни) правила во системот, востановени, почитувани и
оживотворени во нивното функционирање;
• Стабилна, постојана размена на однесување и грижа;
• Ефективни и стабилни постапки кон децата и во одржување на бракот;
• Листа на цели кон кои се стреми секој член и целиот семеен систем (семеен курс на
делување);
• Доволна флексибилност и адаптибилност да се прилагоди на развојните
предизвици, како и на неочекуваните кризи.
ДИСФУНКЦИОНАЛНИ СЕМЕЈСТВА
• Дисфункционално семејство подразбира семејни обрасци со кои не се исполнува
задачата, туку доаѓа до појава на симптом, незадоволство или друг тип на проблем;
• Доколку терминот се однесува на целото семејство (дисфункционално семејство) тој во
преголема мерка ги патологизира и обвинува членовите на семејството за настанувањето
на проблемот;
• Затоа, подобро е со терминот да се означи само одреден образец како дисфункционален
и да се укаже на нивото на системот во кој е тој образец дисфункционален;
• Познато е дека функционалноста на едно ниво (на пример, одржување на нестабилен
брак), може да биде дисфункционален за друго ниво (во овој случај, во однос на
субсистем деца);
• Доколку во проценката ги вклучиме и другите пошироки социјални системи можеме да ја
утврдуваме и нивната дисфункционалност во однос на семејството (училиште, работна
организација и слично);
• Затоа, интервенцијата понекогаш треба да се упати не само на семејството туку и на
пошироките системи кои можат да бидат извор на дисфункционалност.
ДИСФУНКЦИОНАЛНОСТ И КОМУНИКАЦИЈАТА ВО
СЕМЕЈСТВОТО
Дисфункционалните СС не се во состојба:
• Јасно да комуницираат;
• Пораките не се конгруентни со однесувањето, видни се разлики
помеѓу чувствата и комуникациите и со бројни скриени пораки;
• Да ја комплетираат трансакцијата, да проверат, да прашаат;
• Да интерпретираат задоволство, ниту хостилност;
• Да видат како другите ги гледаат;
• Да видат како самите себе се гледаат;
• Да ги соопштат меѓусебно своите доживувања;
• Да ги соопштат надежите, стравовите, очекувањата.
• Не можат да не се сложат;
• Не можат да изберат / одлучат;
• Не можат да учат низ пракса;
• Не можат да се ослободат од минатото и од повредувачкте
ефекти на моделите на минатото;
• Не можат да бидат директни, да критикуваат во прво лице, да
проценуваат, да наоѓаат грешки, да уочат збунетост, да откријат
дека се во стапица;
• Не користат адекватен јазик;
• Не можат да постават јасни прашања во желба да ги дознаат
намерите на другиот, а се со цел да ги заокружат резултатите.
ДИСФУНКЦИОНАЛНОСТ И КОМУНИКАЦИЈАТА ВО
СЕМЕЈСТВОТО
КАТЕГОРИИ НА ДИСФУНКЦИОНАЛНИ
СЕМЕЈСТВА
Категории во однос на психијатриските, брачни проблеми, проблеми на училиште и
проблеми со полицијата и законот:
• ГРУПА А: спаѓаат најзагрозени семејства со присуство на многубројни проблеми. На
пример, секој родител има психијатриска дијагноза, партнерите имаат брачни поблеми,
децата се неспешни на училиште или имаат проблеми со однесувањето;
• ГРУПА Б: спаѓаат семејства со два или најмногу три проблеми. Обично е тоа брачен,
родителски пролем, еден родител (невротична мајка, на пример) и некое од децата
покажуваат психијатриски или некои други проблеми во однесуавњето;
• ГРУПА В: спаѓаат семејства во кои е детето назначено како проблем (училишен неуспех
или деликвенција);
• ГРУПА Г: семејствата од оваа група не соопштуваат дека имаат проблем, но
истражувачите воочуваат дисфункционалност;
• ГРУПА Д: во оваа група припаѓаат семејства кои функционираат добро и по своја и по
проценка на истражувачите.
НОРМАЛНОСТ ВО СЕМЕЈСТВОТО
• Нормалноста во семејството треба да се
разбере како ПРОЦЕС кој се остварува низ
време, во одреден социо-културен контекст, а
со помош на кој, низ развиени интеракции, се
остваруваат основните задачи на
семејството, како што се подигнување, нега и
заштита на потомството и грижа за старите
членови.
• При дефинирање на нормален семеен процес
мора да се имаат предвид менливите
погледи на менливите семејства во
менливиот свет!

БРАК
и
РАЗВОД НА БРАК
Проф. д-р Диана Белевска
М-р Милена Спасовска
Што е пар?
Пар е најмалата семејна единица, која ја сочинуваат два
члена од иста генерација и вклучува сексуална и физиолошка
блискост и генерално ги исклучува останатите “врсници”;
◦ Години: барем адолесценти;
◦ Појдовна точка: доброволно афективно врзување ;
◦ Пол: најчесто хетеро, но и хомосексуалан;
◦ Цел: проект за заеднички живот и взаемна поддршка.
Целта на односите во парот не е потомство, туку взаемната
поддршка.
ПАР
◦ Парот е примарен „фактор“ на потврда на нашиот идентитет;
◦ Секој пар има сопствен збир на правила со кои ја регулира блискоста/дистанцата во односот;
◦ Парот ја потврдува и зајакнува нашата идеја за „себе самите“;
◦ Освен смртта, болот и страдањето, еден од најголемите стравови кои можеме да ги искусиме е
загуба на идентитетот;
◦ Постојат два начина на „загуба“ на ова лагодно чувство на лична сигурност, самопотврдување и
компетентност:
1. Чувство на преплавеност (претерана блискост) - реакција е бегство и правење на дистанца;
2. Чувство на голема оддалеченост (претерана дистанца) - реакција е да се „грабнува“ личноста и
„лепење“.
Брачен/партнерски однос
Внатрешни задачи:
◦ Систем на ОБВРСКИ
◦ Систем на КОМУНИКАЦИИ
◦ ЉУБОВ: внимание, грижа, нежност, почит,подршка, разбирање, толеранција и
др.
◦ Поле на КОНФЛИКТИ, во кои е компромисот неминовен, низ разговор, барање
на решенија (компромис).
◦ ПРЕГОВАРАЊЕ за потребите до ниво на уговор за брачните односи
◦ Поле на СПЕЦИФИЧНИ ЗАДАЧИ на брачните партнери, врзани за одредени фази
на животниот циклус на бракот..
Надворешни задачи:
◦ Релациите со роднини, пријатели, училишниот систем, верски заедници, други
супрасистеми
◦ Професионалниот однос и др.
Полиња на детерминираност на бракот
СОЦИЈАЛЕН КОНТЕКСТ: димензија за бракот дадена од средината (ставови за брак):
◦ РОДИТЕЛИ како приоритетна улога, брак заради деца;
◦ Брак заради ЕКОНОМСКА ЗАВИСНОСТ или взаемен договор;
◦ Значење на ЕТНИЦИТЕТОТ – МЕШОВИТ БРАК (како се договараа , дали некој ќе треба да го
жртвува својот етнички идентитет за сметка на другиот или е можен компромис и сл.);
◦ КУЛТУРОЛОШКИ релации, зависно од контекстот;
◦ РЕЛИГИОЗНА припадност, потребен е договор за тоа што да прифатат, а што да отфрлат;
◦ ОБРАЗОВНО ниво - доколку има разлики тоа се разрешува или со превземање на друга паралелна
улога или со минимизирање на значење на други улоги на партнерот.
Контекст на ПРОШИРЕНИ СЕМЕЈНИ СИСТЕМИ: особено важен контекст;
◦ Мое - твое семејство;
◦ Според Василиу: добар брак е можен само доколку и двата партнера го познаваат
семејството на другиот низ најмалку 3 генерации.
ПРЕДУСЛОВ ЗА ДОБАР БРАК Е УСПЕШНА СЕПАРАЦИЈА ОД ПРИМАРНОТО СЕМЕЈСТВО!
◦ Односите помеѓу брачните партнери се градат со време, или се воспоставуваат
ултимативно од самиот почеток како комплементарни, симетрични или егалитарни.
Полиња на детерминираност на бракот
ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА ПАРТНЕРСКАТА
РЕЛАЦИЈА
◦ Здрав брак се согледува како однос на две
лица кои се релативно добро диференцирани,
способни за блискост и посветеност на
партнерската релација, како однос во кој
партнерите минимално проектираат
ирационални очекувања, мотиви и фантазии
во оној другиот, прифаќајќи го, наспроти
неговите мани и разочарувања, како „доволно
добар“ (Nichols, 1984).
„Позитивни“ парови – В. Сатир
◦ Секој партнер:
◦ Има доволно автономија и компетентност;
◦ Може да каже “Да” и “Не” на искрен и емотивен начин;
◦ Може да бара тоа што го сака;
◦ Ги препознава и превзема одговорност за своите постапки и чувства;
◦ Ги одржува дадените ветувања;
◦ Може да биде добар, љубезен, духовит, пристоен и автентичен;
◦ Има апсолутна слобода да прави коментари за она што се случува;
◦ Ги подржува соништата на оној друг секогаш кога е тоа можно за
него или за неа;
◦ Тие заедно соработуваат наместо да се натпреваруваат.
Фактори кои ги диференцираат среќните
парови од другите групи
1. Способност да се препознае и уважи
перспективата на партнерот (accepting
influence);
2. Способност да се поправи односот после
конфликтот (repair attempts);
3. Спремност да се прифати комуникација;
4. Начинот на перцепција на бракот.
Способност да се препознае и уважи
перспективата на партнерот
◦ Оваа особина се смета за исклучително
значајна за брачната релација бидејќи
овозможува постигнување на компромис
и функционално решавање на конфликти;
◦ Едновремено, ја засилува блискоста и
кохезивноста во партнерската релација.
Способност односот да се поправи после
конфликтот
Во тек и после конфликтот од значење е способноста на
парот да го репарира односот:
◦ Ублажувајќи го конфликтот низ хумор;
◦ Изразувајќи чувства;
◦ Извинувајќи се;
◦ Привремено менувајќи ја темата, што го редуцира нивото на
тензија во односот.
Дисфункционалните парови, за разлика од ова, остануваат
ригидно фиксирани за конфликтната тема, засилувајќи го
нивото на тензија и конфликт.
Подготвеност да се прифати
комуникација
◦ Авторите препознаваат три можни начини на
одговори на желбата на партнерите за
комуникација: ОДБИВАЊЕ, ИГНОРИРАЊЕ И
ПРИФАЌАЊЕ;
◦ Во 85% случаи кај среќните парови партнерот
искажал подготвеност за комуникација;
◦ При тоа, искажале хумор и желба за игра во
тек на дневните активности, а тоа не
постоело кај дисфункционалните парови.
Начин на перцепција на бракот
◦ Среќните парови искажуваат тенденција кон
присетување претежно на убавите спомени,
за разлика од несреќните кои не можеле да
се сетат на настаните од минатото или се
сеќавале само на непријатните спомени;
◦ Некои автори сметаа дека перцепцијата на
минатото може да претставува фактор на
предвидување на стабилноста/развод на
бракот.
БРАЧНИ СТАДИУМИ
1. Формирање на брак – спојување;
2. Проширување – почеток на родителство;
3. Скратување – индивидуацијата и
евентуалната сепарација на младите;
4. Постродителски;
5. Можност за прекин на бракот, а потоа
еднородителско живеење или повторен
брак.
ПРОЦЕНА НА
ФУНКЦИОНАЛНОСТ/ДИСФУНКЦИОНАЛНОСТ НА БРАКОТ
Во секоја развојна фаза на бракот, функционалноста/
дисфункционалноста се проценува низ димензиите:
◦ ОБВРСКИ
◦ ЉУБОВ
◦ КОМУНИКАЦИИ
◦ КОНФЛИКТ И КОМПРОМИС
◦ ДОГОВОР И
◦ СПЕЦИФИЧНИ ЗАДАЧИ
Формирање на брак - спојување
◦ Важна е рамнотежата на улогите во бракот, баланс на внатрешни и надворешни
обврски;
◦ Најчести проблеми и конфликти:
1. ОБВРСКИ: јасно дефинирање, кога, моментално или трајно, колку и санкција.
2. ЉУБОВ: количина, искреност, начин, спонтаност, реципрочност, дали за тоа се разговара, На
пр: ако ме сакаш треба да знаеш што мене ми треба, што сакам, што мислам. . . јас нетреба да
ти кажувам што ми е мене важно, како да ме сакаш. . .ако ти кажам, тоа веќе не е тоа . . .” .
3. КОМУНИКАЦИИ: соодветен процес на комуницирање и соодветни комуникациски обрасци.
Со тек на време доаѓа до формирање на комуникациски стилови. За добри односи во бракот
потребно е да постои постојан проток на информации: што работам, што сакам, што мислам.
На пр: Партнерот по доаѓање дома ништо не кажува. Нема кажување, нема споделување.
4. КОНФЛИКТ И КОМПРОМИС: Партнерите учат како и колку се со меѓусебно различни
потреби, очекувања, планови. Учат да влезат во конфликт, да го прифатат како нормална
појава и учат како од него да излезат, а да влезат во компромисно ниво на
функционирање. Компромисното решение на конфликтот е дозвола да сме различни по
принцип на отстапка;
5. ДОГОВОР: Брачните партнери работат на преиспитување и разјаснување на
очекувањата, за да постапно се дојде до добар брачен договор. Во работа со брачните
партнери тие треба:
1. да се поттикнуваат да зборуваат за тоа што мислат, што сакаат, што планираат, што очекуваат;
2. да се прекине негирачкиот систем и да се оди кон афирмативен став.
6. СПЕЦИФИЧНИ ЗАДАЧИ: Партнерите имаат задача да се одвојат од примарното семејство
и да развијат брачен идентитет и карактер, одвојување и формирање на ново, сосема
автентично. Следно е воспоставување на взаемно задоволство, со богат афективен
живот, квалитетни сексуални односи.
Формирање на брак - спојување
Проширување на бракот - родителство
◦ Родителство е тест за брачните односи;
1. Редефинирање на љубов, сакање, взаемни односи;
2. Проширување и продлабочување на комуникациите;
3. Баланс помеѓу родителското и брачното функционирање, особено на емоционално поле;
4. Компромис кон надвор: партнерите треба да работат со т.н. пливачки брачни односи, за
реурамнотежување на
брачните односи;
5. Договор: нов договор низ разговор и договор за нова распределба на обврски (брачни, а не родителски);
6. Специфичните задачи: се бројни.
◦ Се бара простор за актуелната реалност (талог во бракот);
◦ Една од крупните задачи е учење на родителската улога, пред се во вид на родителски пар;
◦ Потребна е работа на повторни односи со сопствените родители за завземање на ново место во
семејната мрежа, сега како родителски пар.
Скратување-контракција
◦ Индивидуација и евентуална сепарација на децата, по што парот останува сам / возобновување и
ревоспоставување на брачните односи;
1. ОБВРСКИ: родителскиот пар е на тест, а со тоа и брачниот. Основно прашање е како да својата висока
животна инвестиција-децата сега ја дезинвестираат и повторно да реинвестираат во својот брачен
однос.
2. ЉУБОВ: брачна заситеност / монотонија; родителската грижа на штетан на брачниот однос. Во СТ:
освежување на брачниот однос.
3. КОМУНИКАЦИИ: негивање на ова интелектуално ниво при опаѓање на биолошкото ниво.
4. КОНФЛИКТ/КОМПРОМИС: намалено поради ускладени лични и заеднички интереси.
5. ДОГОВОРИ: ускладување на очекувањата со индивидуалните можности.
6. СПЕЦИФИЧНИ ЗАДАЧИ: работа на “празно гнездо” и на фазите кои доаѓаат.
Помеѓу 3-4 стадиум
◦ Грижа за сопствените родители,
соочување со губиток на близок
член и стекнување на вештини за
надминување на губитокот.
Постродителски стадиум
◦ Особено чувствителен за брачното живеење, пред се за оние парови кои се примарно насочени кон децата;
1. ОБВРСКИ: главна обврска - взаемна подршка, свртување еден кон друг и обид да се најдат нови значења
на
сопственото живеење, нови задачи и извори на задоволства. Меѓутоа, често фокус на внуци.
2. ЉУБОВ: одржување на емоционалните односи на задоволително ниво и креирање на блискост во светло
на
природното опаѓање на физиолошките функции (сексуални желби и способности), а често во нескладната
здравствена состојба на партнерите (еден болен, друг здрав). Не смее да се заборави дека кај старите лица
емоционалниот контакт поефикасно се остварува преку телесен допир (како кај деца во рана фаза). Се смета
дека е
во оваа фаза особено важна проценка на психолошката подготвеност за губиток на партнеро.
3. КОНФЛИКТ-КОМПРОМИС: особено е важно да се работи на адекватна трпеливост и взаемно разбирање
на
стравовите како последица на намалената работоспособност.
4. ДОГОВОР: потребна е постојана взаемна подршка, разговарање и преговарање за перзистентната болка
како
последица на губиток (губење на снага, спретност, вештини, близок член и сл.). Потребно е постојано
редефинирање на задоволството, секогаш во склад со можностите.
5. СПЕЦИЈАЛНИ ЗАДАЧИ: фокусот на работата е на мирниот живот, при што е често потребно вклучување
на членовите
на поширокото семејство, било само како дружење или помош во нега.
Важно
Можност за прекин на
бракот по што следи
еднородителско живеење
или повторен брак.
Брачни партнери - очекувања
◦ Венчаните луѓе сосема добро се совпаѓаат на бројни начини:
◦ во степенот на општа зрелост,
◦ капацитет на интимност,
◦ толеранцијата на лутина,
◦ сексуалната температура,
◦ во капацитетот да бидат вулгарни,
◦ степенот на спонтаност,
◦ искреност, или
◦ други психолошки димензии.
◦ И она што е особено важно бракот е непрекината битка за
остварување на блискост.
ПАРТНЕРСКА/БРАЧНА КРИЗА
1. Паника поради приврзаност
2. Прва година на заеднички живот
3. Прв син/ќерка (и секоја друга бременост и раѓање на дете)
4. Невработеност
5. Смрт на родител
6. Адолесценција на синот / ќерката
7. Враќање на работа (таа, моментално)
8. Опаѓање на сексуалните активности
9. Партнерска врска на синот / ќерката
10. Празно гнездо
11. Пензионирање
12. Станување на баба / дедо
Брачен/партнерски конфликт
◦ Паровите се караат околу:
◦ Деца
◦ Пари
◦ Семејство по потекло
◦ Начин на разрешување на пораснатата тензија во брачната дијада често зависи од
степенот на вулнерабилност со кој се влегува во бракот;
◦ Парнерите се во непрекината игра на БЛИСКОСТ И ДИСТАНЦА и КОНФЛИКТОТ е често
начин на остварување на блискост.
СЕПАРАЦИЈА И РАЗВОД
◦ Паровите немаат еден брак туку два: негов и нејзин;
◦ Секој член на парот брачната заедница ја доживува така различно, да функционално
тие имаат два брака – никаде, како при разводот, ова не е така видливо;
◦ Тоа се гледа во разликите во квалификување на нивните релации, односи, одговорности,
договори и др.;
◦ Различно ги опишуваат обостраните мотивации, интереси, ставови, мислења;
◦ Тоа оди до таму, да сосема различно се прифаќа и идејата за крај на бракот;
◦ И тука, како и бројно пати до тогаш, партнерите се разидуваат: едниот мисли дека
одамна требале да се разведат, другиот дека има уште надеж и треба да се почека.
◦ Според други бракот има 3 елемента: ТАА – ТОЈ –
БРАКОТ;
◦ Во принцип, на секој развод предходат 2-3 години
дисфункционален брак со честа виолентност, со
предходни чести раздвојувања и спојувања;
◦ Одлуката за развод е секогаш крупна одлука и бара
сериозна реорганизација на системот и личното
живеење;
◦ Разводот е честа причина за регрес, враќање кај
сопствените родители, често значи и пад на
стандардот на живеење.
СЕПАРАЦИЈА И РАЗВОД
Разводот како процес
◦ Вонредна развојна криза;
◦ Загуба без ритуали и без легална вина, следен
со емоционална вина;
◦ Еден од најзначајните животни стресори со
кумулативен ефект;
◦ Мултипли и далекусежни легални, социјални,
психолошки и економски последици;
◦ Промена на семејниот идентитет,
реорганизација на целиот семеен систем.
Разводот како процес
◦ Просечно 2 години дисфункционални партнерски односи;
◦ Разводот е криза која го прекинува животниот циклус на семејството и го насочува во друга
насока;
◦ Се смета за една од варијациите на фазите на животните цикуси на семејството;
◦ 1-3 години се потребни за враќање на хомеостазата;
◦ КУМУЛАТИВЕН СТРЕС
◦ Се смета дека една од причините на доживување на среќа при веридба и венчавка е доживувањето дека
сме ТОКМУ НИЕ СМЕ ОДБРАНИ;
◦ Слично на тоа, една од причините за чувството на разочараност, тага, очај, при разводот е и доживувањето
дека сме ТОКМУ НИЕ СМЕ ОТФРЛЕНИ.
Причини за развод
◦ Недоволна или прекината вербална комуникација;
◦ Недостиг на меѓусебен конструктивен дијалог;
◦ Активно одбегнување на контактите и разговорот;
◦ „Побарувачки (жени)/ одбегнувачки (мажи)“;
◦ Доживување дека сопругот/та го кочи или го гуши
личниот развиток;
◦ Вонбрачни/ вонпартнерски врски;
◦ Љубомора, алкохолизам, насилство.
ФАЗИ ВО ПРОЦЕСОТ НА РАЗВОД
1. Креирање на предразводна одлука;
2. Реструктурирање во тек на
разводот;
3. Постразводно опоравување;
4. Повторен брак или живот во т.н.
бинуклеарен брак.
РАЗВОДЕН ПРОЦЕС
1. ПРЕД РАЗВОДОТ
◦ Емоционален развод
2. ВО ТЕК НА РАЗВОДОТ
◦ Законски аспекти
◦ Економски развод
◦ Родителство и старателство врз децата
◦ Социјална мрежа (заедница, училиште, проширено
семејство
◦ Религиозни аспекти
3. ПОСТ РАЗВОДОТ
◦ Психолошки развод
ЗАДАЧА НА СЕМЕЈНИ ПСИХОЛОЗИ
◦ РАЗВОДОТ Е БОЛЕН ПРОЦЕС И ТУКА
НЕМА РИТУАЛИ;
◦ Задача на терапијата е да се дојде до
РАЗВОД БЕЗ ЧУВСТВО НА ВИНА;
◦ Наша задача не е да ги усреќиме
партнерите кои се разведуваат, туку да
помогнеме РАЗВОДОТ ДА НЕ ДОБИЕ
ПАТОЛОШКИ ДИМЕНЗИИ.
ДЕЦА ВО РАЗВОДОТ
НЕМА РАЗВОД НА РОДИТЕЛИ, ТУКУ САМО РАЗВОД НА БРАЧНИ ПАРТНЕРИ!
◦ Три конфликтни перспективи: моја-твоја-детска;
◦ Деца – во конфликт на лојалност;
◦ Старателство-чувствителна тема;
◦ Преговарање за релациите во семејството;
◦ Редефинирање на релација родител-дете;
◦ Редефинирање на границите во новите системи;
◦ Вториот родител е психолошки присутен и кога е физички
отсутен;
◦ Интимност и моќ.
ДЕЦА ВО РАЗВОДОТ
◦ Емотивно страдање е присутно секогаш, но без
висок ризик од сериозно психијатријско растројство;
◦ Во неконзистентни семејни системи децата ја
превземаат моќта и контролата;
◦ Првата година е најризична, особено за единци
(квалитетот на родителството е смален, родителското
внимание е смалено, а правилата се недоволно
конзистентни);
◦ Најризичен е дезангажираниот родител (авторитарен
или занемарувачки) кој не е емоционално присутен.
ДЕЦА ВО РАЗВОДОТ
◦ Најважни се животниот циклус на семејството и индивидуален развоен циклус на
децата;
◦ Најголем ризик носат деца кои, во моментот на разводот, живеат во семејства кои
се во предучилишна и адолесцентна семејна фаза;
◦ Деца подобро поднесуваат смрт на родител отколку разведен родител. Мртов
родител за деца е одличен објект за идентификација, делумно и поради неговата
идеализација. За разлика од тоа, разведен родител е често поле за конфликти и
разочарувања, како и фантазматски претпоставки: Ако ја оставил мама, може да
ме остави и мене!
ДЕЦА ВО РАЗВОДОТ
◦ Децата најчесто се движат помеѓу двата
екстрема:
◦ Едните се совршени, внимателни, тивки, пред се
бидејќи се исплашени и доживуваат екстремни
стравови;
◦ Други се агресивни, лути, немирни, праќајќи порака:
ако ме оставиш направи го тоа сега.
◦ Во тек на разводот, при давање совети и
препораки, треба да се заштитуваат пред се
правата на децата.
ДЕЦА ВО РАЗВОДОТ
СТАРАТЕЛСТВО
◦ ЕДНОСТРАНО СТАРАТЕЛСТВО - Децата живеат со едниот родител кој ја има законската
контрола. Другиот обично добива право за посета;
◦ ЗАЕДНИЧКО ФИЗИЧКО СТАРАТЕЛСТВО - Детето регуларно се движеи помеѓу двете
домаќинства;
◦ ЗАЕДНИЧКО ЗАКОНСКО СТАРАТЕЛСТВО - Овој вид наликува на еднострано старателство,
освен што обата родители ги споделуваат големите одлуки во врска со одгледување на
детето;
◦ СПОДЕЛЕНО СТАРАТЕЛСТВО - Детето останува со секој родител од 6 месеци до 1 година;
◦ РАЗДВОЕНО СТАРАТЕЛСТВО - Некои деца одат со едниот, некои со другиот родител.

z
ПОСВОЈУВАЊЕ НА ДЕЦА ВО
СЕМЕЈСТВОТО (АДОПЦИЈА)
Проф. д-р Диана Белевска
М-р Милена Спасовска
z
Посвојување
 Право на секое дете е да порасне во семејство каде ќе биде
прифатено сакано и кое му излегува во пресрет на неговите
потреби;
 Најдобро – детето да расте во биолошко семејство;
 Посвојување е траен облик на заштита, трајно чувство
на припадност за детето, заедништво за сите,
поразличен но добар начин да се стане родител.
z
За посвоителите, посвојувањето е:
 Голема радост, но во исто време и сериозна и побарувачка задача;
 Родителство – улога во која нема одмор, боледување, пауза…
 Токму затоа потребно е единственост во одлуката за посвојување на
партнерите;
 Порака – радост во куќата, но никој не ја дава пораката – хаос во куќата;
 Нова улога - родители, менување на приоритетите;
 Бара добра подготовка и реорганизација.
Посвојување
z
 Да се овозможи на дете кое не може да живее со своите
биолошки родители, да живее во рамките на алтернативното
семејство кое ќе му даде љубов, сигурност, безбедност, и
трајност на односите, да формира свој идентитет (личен и
семеен) и да ги реализира своите потенцијали.
Цел на посвојувањето
z
 Резултатот на процесот на проценка и подготовка на идните
посвоители е пронаоѓање на семејство кое најдобро излегува во
пресрет на потребите на конкретното дете;
 Процесот на проценка на подготвеноста неопходно е е постојано
да се следи и евалуира;
 Процесот на проценка ги опфаќа:
 проценка на мотивите на идните родители/посвоители;
 проценка на личноста на родителите/посвоители;
 Подготовка на идните родители.
Процес на процена и подготовка за
посвојување
z
Мотивите можат да бидат:
 Фаталистички мотиви (средината влијае) иницирани од
културолошката порака -децата се смисла на животот;
 Нарцистички (исклучиво лични) – детето -доживување на
лична вредност;
 Инструменталистички – детето да ги чува (да не бидеме
сами).
Потребно е најпрво родителите/посвоители да ја разрешат
дилемата за биолошко дете.
Мотиви за посвојување
z
ПОСВОЈУВАЊЕ
Цел на добра нега/насочено кон дете
На детето да му се обезбеди:
 Сигурна семејна база;
 Чувство на припадност;
 Поддршка во растот и развојот, градење на
самопочитување, развивање на таленти и
интереси;
 Залагање за потребите на детето во
институции, поддршка во формирање на
однос со врсници.
z
ПОСВОЈУВАЊЕ - разработка на
значајни теми
1. Продлабочување на знаењата за потребите на детето;
2. Иницирање на самопроценка на родителите/посвоители;
3. Иницирање на разработка на чувствата поврзани со
инфертилитетот;
4. Иницирање на увид во процесот на прифаќање на
инфертилитетот;
5. Проверка на зрелоста на одлуката за посвојување.
z
ПОСВОЈУВАЊЕ
ПОДГОТОВКА – ЦЕЛИ
 Обликување на ставовите на посвоителите за нив како идни
родители, за родителството како процес и подигање на
компететноста;
 Процес на преработка на претходните кризи поврзани со
добивање дете – излез/снаги;
 Стекнувања на знаења за можните идни кризи;
 Донесување на конечна одлука за посвојување.
z
ПОДГОТОВКА: ПОРАКИ ЗА
ПОСВОИТЕЛИТЕ
 Семејството е најубавиот подарок на детето;
 Детето треба да знае дека е посакувано и
сакано;
 Посвоеното дете не е компензација, тоа е
сосема нова одлука;
 Посвојувањето е процес кој трае целиот
живот.
z
ПОДГОТОВКА: МОТИВАЦИЈА И
ЗРЕЛОСТ НА ОДЛУКАТА
Чија е одлуката за посвојување?
Колку е само на двајцата партнери, а колку е под притисок на
проширеното семејство или социјалната средина?
 Во процесот на подготовка потребно е да се работи на стравовите,
дилемите…
 Да се поддржат посвоителите дека имаат право на преиспитување
на одлуката и право на откажување пред детето да стигне во
нивното семејство.
z
ПОСВОЈУВАЊЕ -
КОНТРАИНДИКАЦИИ
 Доколку желбата не е присутна кај двајцата родители;
 Доколку родителите сметаат дека не треба да му се каже на
детето дека е посвоено;
 Кога кај еден или двајцата родители не е завршен процесот
на оджалување за биолошко дете;
 Кога функцијата на посвојувањето е разрешување на брачна
криза, задоволување на потребите да се биде сакан, да се
надмине тагата или осаменоста, одбегнување на решавање
на други семејни проблеми…
z
ПРИПРЕМА: КАРАКТЕРИСТИКИ НА
ДЕЦАТА ЗА ПОСВОЈУВАЊЕ
 Почетно ниво на знаење за децата кои се
посвојуваат (ставови, предрасуди...);
 „Замислено дете“ и подготвеност за
прилагодување на вистинското дете;
 Демитологизација на стереотипот за
децата кои се посвојуваат.
z
ПОДГОТОВКА: ИНФОРМАЦИИ ЗА
ДЕТСКИОТ РАЗВИТОК
 Стекнување на знаења за детскиот развој-физички,емоционален и социјален;
 Што значи континуиран стабилен емоционален однос со детето за неговиот
развој;
 Специфичности на развитокот на децата лишени од дотогашно родителско
старателство;
 Што можат да направат за да го надокнадат тоа за да нема последици;
 Влијание на наследство/средина;
 Развојни норми и индивидуални карактеристики.
z
ДОАЃАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО
СЕМЕЈСТВОТО
 Простор за новата улога-родител и
поставување приоритет на родителството;
 Семејна организација во склад со
потребите на детето;
 Да се почитуваат насоките за дотогашните
навики, ритам на детето и полека да се
воведуваат новини;
 При заминување од претходната средина
да се понесат предмети, фотографии
доколку ги има.
z
ДОАЃАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО
СЕМЕЈСТВОТО
 Воведување на детето во поширокото семејство;
 Градење на граници како родители од своите примарни семејства, пријатели, роднини
и слично;
 Договори за родителска организација во негувањето на детето.
z
Дилеми поради кои може да се јават
на терапија
 Кога и како да му кажат на детето дека е
посвоено?
 На кого се да каже дека детето е
посвоено?
 Како да ги воведат биолошките родители
во приказната?
 Како да постапат ако детето се
распрашува за своето потекло и посака да
ги запознае своите биолошки родители?
z
Дилема: дали и кога да се каже?
 Соопштувањето не е момент, тоа е процес кој бара континуиран дијалог во
склад когнитивниот развоен период на детето;
 Припрема на посвоителот / релаксираност, спонтаност;
 Најдобар период – околу 4 години/ разбира приказни, цртани филмови;
 Важен е начинот, тонот на дискусијата;
 Креирање на атмосфера-отворена и природна коминикација;
 Секој нареден разговор-продлабочена приказна, нови детали;
 Изјави на љубов и среќа, дека е сакан таков каков што е…
z
ДЕТСКОТО МИНАТО
 Да се користи зборот посвојување, на
нормален начин како дел на секојдневието;
 Се препорачува да се користи реченица
„жената која те родила” – не мајка, не
биолошка мајка;
 На крај од секој разговор да се презентира
љубов кон детето и вербално и невербално.
z
Втор момент да се појават на
терапија
 Пред заминување на училиште:
 објаснување на зборот посвојување/ зајакнување на детето да знае да
одговори на прашања на околината;
 8 година - детето потполно ја разбира природата на своето потекло;
 потполно oтворен разговор/детето да ги наметнува темите
 родителите/ го сакаат баш таков како е.
z
Препораки за посвоителите
 Да разговараат, да бидат добри слушатели, да се менуваат и да растат;
 Да воспостават добра соработка со училиштето;
 Да ги прифатат чувствата на детето и да му помогнат да ги изрази и разбере;
 Да се почитуваат напорите на детето;
 Да не прават за детето она што може самото;
 Да не излегуваат во пресрет на секое барање на детето;
 Да бидат покрај детето кога може да биде повредено поради своето потекло да го утешат
да го подржат;
 Да дозволат да разбере дека не се идеални.
z
Трет момент кога може да се јават на
терапија
 Се појавуваат биолошките родители/интерес кај детето;
 Детето сака да ги запознае;
 Да се работи на разбирање на потребата на детето / како интегрирање на
минатото и да го заокружи идентитетот (кој сум јас, каде припаѓам);
 Сакаат да знаат зошто не живеат со биолошките родители;
 Во развојот: Позитивна слика за себе / наспроти јас не сум сакан, сум
неприфатлив и лош;
 Родители/посвоители да му понудат поддршка на детето во
остварувањето/заокружувањето на својот идентитет.
z
Техники/интервенции во работа со
семејства
 Поддршка,
 Придружување
 Нормализација (за стравовите)
 Психоедукација
 Преврамување
 Гледање низ нова перспектива
 Циркуларно истражување
 Хипотетички прашања
 Антиципација на
случувања/воведување на криза
и припрема за справување
 Учење на отворена, јасна
,персонална комуникација

You might also like