You are on page 1of 2

1.

Посвојувањето претставува правна и општествена институција со која меѓу посвоителите и


посвоеното дете се засноваат роднински односи, кои зависно од видот на посјовувањето се
идентични со природниот родителски однос, посвојувањето се заснова со правен акт, значи по
вештачки, а не по природен пат како крвното сродство, па затоа сродството со посјовување и е
познато под името граѓанско сродство. Бидејќи со посвојувањето се создава посебен облик на
семејство, а со тоа се овозможува и семејноправна заштита на децата, тоа претставува институција
од посебно општествено значење и таков третман има и во семејно правната регулатива. Како
правен институт, посвојувањето се заснова со правен акт со којшто се воспоставува роднински
однос и тоа родителски однос меѓу посвоителот којшто е полнолетно деловно способно лице и
посвоеникот којшто е туѓо мало дете. Тоа значи дека од моментот на засновање на родителски
однос по пат на посвојување , започнуваат да се остваруваат сите права и должности меѓу
посвоителот и посвоеникот кои што постојат меѓу родителите и децата. Во зависност од
содржината на односите што се создаваат со посвојувањето и од трајноста на тие односи,
посвојувањето се јавува во два вида: потполно посвојување и непотполно посвојување.
Потполно посвојување - е начин на засновање на родителски однос во кок меѓу посвоителот и
неговото семејство и посвоеникот и неговото потомство се создаваат права и должности кои
постојат меѓу крвни роднини. Односите што се создаваат со потполното посвојување се од траен
карактер бидејќи правата и должностите се изедначени со оние кои постојат меѓу крвни роднини.
Непотполно посвојување претставува востанување на роднински однос, во кок меѓу посвоителите
и посвоеникот настануваат само односи меѓу родители и деца. Бидејќи непотполното посвојување
не претставува дефинитивно раскинување на односите на посвоеното дете со неговото
поранешно семејство, ниту пак со него се воспоставува целосен роднински однос на посвоеното
дете до семејството на посвоителот и со неговите роднини, непотполното посвојување може да се
раскине.

За засновање на посвовојувањето потребно е да бидат исполнети определени услови и тоа:


учество на определени лица (посвоител, посвоеник, родителите или старателот на посвоеникот ),
согласна изјава на овие лица за засновање на посвојувањето, учество на надлежен државен орган
и засновање на посвојувањето во форма предвидена со законот.

2. Старателството е институт чија основна цел е заштита на лицата на кои таа им е неопходна, а тоа
на прво место се малолетните деца кои од било која причина се лишени од родителската грижа.
Но стсрстелството опфаќа и полнолетни лица кои заради својата здравствена состојба имаат
потреба од грижа и од заштита на своите права и интереси. Старателството опфаќа и други
категории полнолетни лица кои од најразлични причини не се во состојба сами да се грижат за
себе и за заштита на своите права и интереси. Старателското право го сочинуваат нормите со кои
де уредува организираната општествена заштита на сите категории на лица на кои таа им е
потребна односно на лицата ставени под старателство. Старателството е стара општествена и
правна институција. Во римското право таа се појавува во два вида: туторство и кураторство.
Во новата концепција која започна да се изградува по војната, појдовна точка беа категориите
лица на кои треба да им се пружи старателска заштита односно на кои таа им е потребна и
околностите кои ја наметнале потребата тие лица да се стават под старателство. Се разграничуваат
трите вида на старателство : старателство врз малолетни лица, старстелство врз лица лишени од
деловна способност, старателство за посебни случаи. Кога под старателство се става малолетно
лице, тогаш целта на старателството се постигнува со згрижување на малолетното дете, со
неговото воспитување и образование, со што се обезбедуваат услови за правилен развој на
неговата личност и оспособување за самостоен живот. Кај полнолетните лица лишени од деловна
способност кои се ставаат под старателство, целта на старателството е на прво место грижа за
нивната личност, бидејќи се тоа лица кои заради здравствени недостатоци, ја изгубиле деловната
способност. Целта на старателството во сите други случаи се сведува на заштита на одредени
права и интереси на лицата кои не се во состојба тоа сами да го направат, било да станува збор за
определено правно дело, или пак потррбата од таквата заштита да е наметната од определена
правна ситуација.

Вториот вид во кој се изведува старателската функција е со поставување на старател а тоа е лице
кое непосредно се грижи за личноста и имотните права и интереси на лицето ставено под
старателство. Законот за семејство определува кои својства треба да ги поседува лицето и кои
услови треба да бидат исполнети за тоа лице да може да биде старател. Неопходно е лицето да
поседува лични својства и способности за вршење на должноста старател. Ставот на нашето
законодавство е дека првенствено право имаат најблиските роднини на лицето под старателство,
се разбира доколку ги исполнат сите потребни услови за таа функција. Нашиот закон изречно ги
наведува лицата кои не можат да бидат старатели и тоа: лице на кое му е одземено вршењето на
родителско право; на кор му е одземема или ограничена деловната способност; чии интереси се
во спротивност со интересите на лицата под старателство, односно кое не дава гаранција дека
лицето под старателство правилно ќе го воспита; од кор до оглед на неговото поранешно и
сегашно поведение, личните својства и односи со лицето под старателство и неговите родители,
не може да се очекува дека правилно ќе ја врши старателската функција.

You might also like