You are on page 1of 17

Универзитет Св:Климент Охридски

Правен факултет Кичево


Дисперзирани студии Струга

Семинарска работа по предметот:


Политички систем
На тема:
Политички партии

Ментор: Изработил:
Проф.Др:Илија Тодоровски Мариана Ристевска
447/б
Политички партии

СОДРЖИНА

страна
1. Значење, поим и дефинирање на политичката партија......2

1.1. Општи напомени за значењето


на политичката партија.......................................................2

1.2. Дефинирање на политичката партија...............................3

1.3. Елементи на политичката партија.....................................3

2. Појава и развој на политичките партии..............................4

3. Видови политички партии...................................................6

4. Функции на политичките партии........................................9

5. Односи и разлики меѓу политичките партии -


фракции - интересни групи - групи за притисок и
масовни политички движења.............................................11

5.1. Политичките партии и фракциите....................................11

5.2. Политичките партии и интересните групи.......................12

Користена литература.............................................................15

2
Политички партии

1. Значење, поим и дефинирање на политичката партија

1.1. Општи напомени за значењето на политичката


партија

1. Во политиката , идеите и вредностите едноставно не можата


да постојата, да се реализираат и самовреднуваат изолирано. Нив им
е потребна подвижна сила со која тие ќе ја трансформираат
апстрактната идеологија во практичен легислативен ефект. Оваа
политичка сила е политичката партија.
Политичарите кои се наоѓаат во владејачката структура, но и
оние надвор од неа, во голема мера се легитимирани во своето
дејствување во партијата на која тие и припаѓаат, но и од силата на
убедувањето на нејзините членови. Меѓутоа се чини дека постои
нешто што е многу посилно од носталгијата и повикот по
неостварените желби, нешто што во најголема мера го оправдува
постоењето на политичките партии. Суштински, тоа е вербата дека
некои од “ идеите и вредностите” на политичарите имаат трајно
значење.
Политиката преку која овие идеи и врдености се
имплементираат во реалноста може, повеќе или помалку, за покус
или подолг временски период и во зависност од конкретните услови,
да ја менува својата содржина и форма, но идеологијата е таа која им
се покорува на промените.
2. Демократското водење на политиката денес речиси е
целосно невозможно без организирање на политичките партии.
Имено, тие со истакнувањето на своите кандидати и како
претставници во власта, како претставници во највисоките партиски
тела и органи и како кандидати за можни членови во парлементото и
владата, ја играат најзначајната улога во процесот на политичкото
“регрутирање”, тие моболизираат илјадници луѓе во сегментот на
политичкото партиципирање, тие директно влијаат врз политичкиот
приоритет и успехот на многубројните избирачи.
Со агрегација на сопствените интереси во политичките
платформи и предизборните ветувања, политичките партии им
овозможуваат на граѓаните де го изберат начинот на кој тие ќе бидат
владеани.
Насоката на креирање на една цела низа оригинални политички
активности, упатени кон многубројните свери на влијанија во
политичкиот или поширокиот општествен систем, наспроти
влијанието врз политиката, бараат потребна контрола врз работењето

3
Политички партии

и дејствувањето на репрезентативните системски институции.


Таквата есенцијално значајна контрола ја преземаат политичките
партии преку својата примарна цел - фузионирање во власта или
непосредно влијание врз неа.

1.2. Дефинирање на политичката партија

1. Современите политички партии најопшто се дефинираат


како доброволни политички организации чија што демократска цел е
вршење контрола врз системот на владејачката политика, преку
избор на свои членови кои ќе бидат нејзин составен дел, или онака
како што тоа го кажал Едмунд Буке: “Политичката партија е
организација во која граѓаните се обединуваат со цел промовирење
на нацилоналните интереси врз основа на некои одделни принципи
кои се прифатливи за сите.
Целите на политичките партии не се толку насочени кон
промовирање на националниот интерес, освен на индиректен начин.
Тие повеќе се упатени кон оживотворувањето на сопствените и
интересите на групат за кои партијата е формирана.
2. Спред идеолошкиот карактер на партијата, политичката
партија се дефинира како доброволна, раелативно трајна, политичка
организација чијашто цел на организирање и постоење е преземање и
вршење на државната власт, учесто во неа или континуирано
влијание врз неа заради заштита и остварување одредени класни или
групни интерси во рамките на една идеолошка концепција за
општата државна политика и заедничките интереси на општеството.

1.3. Елементи на политичката партија

При дефинирањето на политичката партија неопходно е да ги


земеме предвид основните елементи на политичката партија, без кои
една партија не може да се дефинира во современа смисла на зборот,
и тоа:
Прво, желбата за освојување на власта или, ако таа е освоена,
нејзино задржување што е можно подолго време. Со помош на овој
елемент. Политичките партии сосема очигледно се разликуваат од
интересните групи, кои за разлика од партиите, се насочени кон
остварување на интереси подалечни од политичките, економските,
социјални, етнички и сл.
Второ, внатрешната партиска организација (организациската
структура - членство и водство). Партискито водство и членството ја

4
Политички партии

сочинуваат основната партиска структура. Во работењето на


партијата цел и на едните и на другите е остварување на задачи, кои
се зацртани во партиската програма со реализирање на промотивни
активност во текот на предизборниот период на национално, државно
и локално ниво. Во зависност од тоа дали се работи за партија кој
има или нема формално членство постојат три круга на
партиципација и тоа:
а) Првиот, најширок круг, ги опфаќа самите граѓани кои
гласале за кандидатите на партијата;
б) Вториот круг ги опфаќа т.н. симпатизери; и
в) Третиот, најтесниот, ги опфаќа пaртиските активисти.
Во партиите кои имаат формално членство постои и уште еден
круг на партиципиенти кои се наоѓаат меѓу симпатизерите и
активистите. По правило, во групата активни членови влегуваат
партиските водачи, активистите и т.н. група на професионални
активисти, а во групата пасивни членови влегуваат симпатизерите
кои гласаат за партијата и нејзините кандидати, меѓутоа не се
директно вклучени во нејзиниот внатрешен живот.

2. Појава и развој на политичките партии

1. Со проширување на правото на глас и со развојот на


парламентаризам, оние кои имаат желба да влијаат врз легислативата
и вкупната владејачка структура имаа потреба од средства и
механизми за организирана поддршка на своите кандидати, можни
претставници во власта.
За појавата на партиите во современа смисла на зборот како
самостојни организации во рамките на политичкиот систем е
потребно да бидат остверни најмалку три општи услови:
1) Институционално одвојување на апаратот на јавната власт
од општеството, од самата владејачка класа и од вршење на
раководната функција во него;
2) Проширување на политилката арена до степен на кој ќе
биде можно целосно изразување на различните класни и други
групни интереси во односите кон државата и државната политика;
3) Издиференцирана политичка поделба во општеството како
израз на претходно извршената економска и класна поделеност на
граѓаните во него.
2. Модерните политички партии како механизми за
организирање поддршка меѓу граѓаните кои првпат се појавуваат при
крајот на XVIII и првата половина на XIX век, добиваат вистинска

5
Политички партии

смисла со заживувањето на парламентарната власт во општеството и


со проширувањето на активното избирачко право на поширок круг на
граѓани, ослободено од различните видови цензуси кои во текот на
историјата го ограничувале во поголема мера. Историски погледнато,
првите политички партии се формирале на два начина:
Првиот начин е најкарактеристичен за Англија во која, како
прва земја на капитализмот и творец на парламентаризмот, најсилно
дошле до израз партиско-политичките поделби, и тоа најнапред во
владејачката класа, а подоцна и пошироко.
Врз основа на овие поделби во парламентот се создаваат
првите т.н. парламентарни групи од редот на самите пратеници, чија
цел била групно и заедничко настапување на следните избори и
повторно освојување на власта. Освен парламентарните групи кои се
формирале во рамките на парламентот, како начин на формирање на
првите современи политички партии се јавуваат и т.н. изборни
комитети со свои активисти надвор од парламентот. Овие комитети
се формирале од редот на оние активни граѓани чија цел била
непосредно следење и влијание врз изборниот процес и изборната
победа.
Вториот начин на формирање на политички партии се појавил
како разултат на влијанието на различните интересни групи
(синдикати, цркви, професионални асоцијации и слично) врз
обликувањето и креирањето на политичкиот живот. Овие партии
најчесто ги испреплетуваат своите функции со активностите на
интерсните групи преку креирање поблиска работна поврзаност со
интересните групи. Во овој случај цел на формираните партии беше
да бидат претставени многу повеќе како соцојални и економски
отколку како политички организации.
3. Првите политички партии не се ниту професионализирани,
ниту специјализирани тела. Се чини дека тоа беа творби кои се
формирале за заштита на интересите на мал број конкурентски елити
кои преку политичките партии вршат повеќе или помалку силна и
спонтана ремобилизација на “клиентелата”. Значењето на
општествениот имиџ им овозможуваше на ваквите личности да си ја
зачуваат незвисност во однос на еднаквите со нив, а поради
недоволната индивидуална енергија на дејствување на политичкиот
пазар тие своите први системски потфати на претставување и
мобилизирање ги структурираа околу мулти функционалните групи
(идејни здруженија, весници, асоцијации, изборни комитети, тајни
формации и сл.). Најнапред овие личности се стрмеа да си го

6
Политички партии

обезбедат социјалниот статус и економската позиција, а дури потоа


да ја реализираат својата политичка кариера.
Вистинскиот момент кога тие ја зајакнуваат сопствената
структура и позиции во политичкиот систем беше моментот кога:
а) Се воспостави вистински политички пазар во државата каде
што тие се формираат и активно егзистираат. Во вака утврдениот
пазар, политичките партии имаат отворен можност да ги
испорачуваат политичките производи и да ги легитимираат вон
партиските процедури во политичката размена;
б) Заживеа и се консолидира политичката опозиција;
в) Се изврши поделба на политичкиот простор со
привлекување на вниманието и довербата на избирачите кои,
определувајќи се за партиските кандидати, го создадоа избирачкото
тело;
г) Се изврши генерирање нов вид чинители, политички
професионалци, кои се заинтересирани пред се за чисто политичка
добивка и доминација врз партискиот капитал;
д) Се изврши хомогенизирање на размената внатре во самата
организација преку изградување релативно унифицирана определба
за изградба на социјлен свет, тргнувајќи од чисто политички и
партиски ставови.

3. Видови политички партии

1. Во политичката теорија долго време беше прифатена


поделбата што се појави во Европа при крајот на XIX век. Според
оваа поделба сите политички партии можеме да ги поделиме во две
групи и тоа:
а) конзервативни, кои се бореле за понатамошно задржување
на старите феудални односи, и
б) либерални партии, кои биле противници на старата
општествена структура и поборници на новите граѓански односи во
демократски услови.
Меѓутоа ваквата едноставна поделба на политичките партии
беше доведена под прашање во оној момент кога на политичката
сцена во голем број европски држави, со појавата на работничките
партии, се потиснаа либералните партии. Таков беше случајот со
Англија кога Либералната партија , како партиски опонен на
Конзервативната партија, беше заменета со Лабуристичката партија
на трдјунионите.

7
Политички партии

Се чини дека најприфатлива поделба на политичките партии во


теоријата и практиката е онаа на граѓански и работнички партии.
Во групата на граѓански политички партии се вбројуваат
конзервативните, либералните и демохристијанските политички
партии.
2.Граѓанските партии се појавиле многу порано од
работничките во услови што се различни и специфични за секоја
конкретна држава.
Така на пример, Демократската партија на САД, кој произлезе
од некогашните приврзаници на Томас Џеферсон е формирана како
резултат на потребата на успешното водење на изборниот натпревар
со цел добивање мнозинство гласови од граѓаните за одрдени
партиски кандидати.
Поделбата на луѓето на аристократи и демократи беше
заедничка карактеристика на американската политика во раните
години од XVIII век. Водачот на федералистите, Александар
Хамилтон, најсилно веруваше во ваквата поделба која имаше своја
подлога во поделеноста на граѓаните на богати и добро ситуирани, од
една, и сиромашни, од друга страна.
Интересно е да се спомене дека американските политички
партии се разликуваат во неколку работи од партиите во другите
развиени демократии. Споредено со политичките партии во Европа,
американските партии:
- се во основа неидеолошки партии;
- нивното членство е сосема неформално без обврска за
плаќање на формална членарина;
- главните активности на партиите се насочени кон
предизборните кампањи и изборниот процес. Токму затоа
овие партии се нарекуваат уште и партии на електоратите.
Демохристијанските политички партии во некои европски
земји каде што религијата длабоко се вкоренила во системот имаат
големо влијание врз државната политика. Посебно овие партии
успешно дејствуваат во оние земји, каде што дејствува католичката
цреква и нејзините световни организации. Централната идеја на
дејствувањето на овие партии е е т.н. “христовен социјализам” во
која како принцип водач се смета реализацијата на социјалната
правда во смисла на учењето на Исус Христос под услов да се
почитува приватната сопственост на средатвата за производство.
Социјалната правда според идеите на демохристијанските
партии, ќе може да се достигне само тогаш кога ќе се постигне
целосна соработка меѓу класите и хармонизација на нивните односи.

8
Политички партии

Религиозните принципи треба да бидат основа на државната


политика. Во таа смисла, како најважен принцип ќе се смета
христијанската демократија, според кој сите граѓани треба да имаат
исти од Бога дадени природни права, а одговорностите да се
одредуваат во согласност со потребите.

3. Во групата работнички партии се вбројуваат


социјалдемократските, социјалистичките, комунистичките и
партиите на “новата социјалистичка левица”.
Работничките политички партии се фомираа малку подоцна за
разлика од граѓанските партии како резултат на силно изразениот
организиран отпор на работниците против експлоататорската
буржоазија и назадните рекреациони сили. Со појавата на
работничките групи, всушност, почнува периодот на создавање
масовни политички организации. Тие имаа сосема поинаков карактер
наспроти граѓанските партии на богатите и угледни граѓани.
Првата социјалдемократска партија се појавила во Германија
во 1869 година . Меѓутоа, современата социјалдемократска струја се
формира при крајот на Првата светска војна како опортунистичка
партија во работничото движење. Социјалдемократската партија
настанува како резултат на десните и централистички сили кои се до
1920 година биле организирани околу два посебни меѓународни
центри:
а) десницата и дел од централистичките сили кои ја
организирале т.н. Бернска интернационала во 1919 година со цел
обновување на идеите на Втората интернационала;
б) умерените сили кои го организирале Меѓународното
работничко здружение на социјалостичките партии на т.н. Биенската
интернационала во 1921година.
Поделбата на работничката класа резултираше со расцеп
помеѓу социјалдемокретите од една страна, и комунистите, од друга
страна.
Комунистичките партии продолжија да го следат начинот на
дејствување во стилот на Октомвриската револуција, манифестирајќи
силна идеолошка и програмска хомогеност, во согласност со
принципот на демократски централизам. Меѓутоа, веднаш по Втората
светска војна, хомогеноста и монолитноста почна да опаѓаат.
Партиите на новата социјалистичка левица, или во теоријата
уште попознати како партии на автономните социјалисти, се создале
уште во времето на расцепот меѓу социјалдемократите и
комунистичките партии.

9
Политички партии

Овие партии имале за цел да се дистанцираат од другите


субјекти на политичката сцена преку нудење среден пат или
алтернатива на развојот на социјалистичкито општеств со цел
надминување на слабостите на постојните работнички партии..
Лабуристичките партии се специфичен вид на работнички
партии. Нивната посебност се состои во тоа што во овие партии не
постојат индивидуални, туку единствено колективни членови
изразени преку синдикатите. Првиот чекор во формирањето на
лабуристичката партија во Англија беше направен со создавање на
лабуристичкиот Претставнички комитет во 1900 година.
Корените на лабуристичката партија многу малку се наоѓаат во
желбата за промовирање на социјалистичката идеологија, а многу
повеќе тие се насочени кон утврдување најдобар пректичен начин за
унапредување на интересите на синдикатите21.
4. Накратко, основните разлики кои најевидентно се
манифестираат меѓу граѓанските и работничките партии можеме да
ги поделиме во три поголеми групи:
а) група на идеолошки разлики;
б) групи во разлики на целите на нивното дејствување како
разлики во нивниот социјален состав, и
в) група на разлики во однос на начинот на нивното
организирање.
Интересно е да се спомене дека во науката за политиката
плитичките партии се класифицираат и врз основа на други
поинакви критериуми.

4. Функции на политичките партии

Политичките партии како политички организации на на


граѓани кои имаат заеднички интереси и кои се првенствено
организираниза освојување или одржување на власта остваруваат
три најважни функции:
Прво, кандидирање на преставници за највисоките политички
институции во системот;
Второ, непосредно влијание врз конципирањето на дневниот
ред во политиката преку идентификацијата на најголемите
политички проблеми во државата и понудување на можни излезни
решенија;

1
H.Eckstein, Pressure Group Politics, George Allen & Unwin, London, 1960.

10
Политички партии

Трето, организирање на парламентот, владата и другите


политички институции во насока на креирање на државната
политика32.
Од друга страна според преставниците на доминантната
плуралистичка теорија за демократијата, политичките партии ги
извршуваат следните најважни функции:
1. Помирување на кофликтните интерси, политичките
партии ги претставуваат интерсите на на различните групи во
општеството. Како такви тие понекогаш се третитраат како средство
со чија помош конфликтните елементи на сличните интерси се
надминуваат, хармонизираат и усогласуваат со целината на
полтичкиот систем;
2. Партиципирање, како релативно трајни организации
политичките партии им создаваат услови и можности на самите
самите граѓани да учествуваат во политиката, односно да учествуваат
во изборот на кандидат за локалните или парламентарните избори, во
организирањето на самите избори и влијание врз политиката преку
партиските конференции;
3. Регрутирање на кандидати, партиите се основните
средстства со чија што помош демократските лидери се регрутираат
и обучуваат за служба во локалните совети, собранија,
министерските или кабинетски функции и слично;
4. Остварување на демократска контрола, демократски
избраните членови на партијата се наоѓаат во различни функции
преку кои тие можат да вршат влијание и контрола врз сите
позначајни сегменти на системот во целина;
5. Избор, преку претставувањето на политичките програми и
заземање на видни политички позиции, партиите им овозможуваат на
избирачите избор помеѓу повеќето конкурентски политички опции.
Постоењето на множество разновидни партии во рамките на
политичкиот систем претставува многу битен елемент и тест за
суштината на самата демократија. Ова и практично се покажа со
повикувањето на повеќепартиските слободни избори во Источна
Европа по уривањето на комунистичката хегемонија во 1989 годин;
6. Репрезентирање, во согласност со стрикната уставна
интерпретација на избранитe кандидати, политичките партии ги
претставуваат интересита на граѓаните во своите изборни единици,
но тие, исто така, им служат за реализирање на пошироките
национални интереси на различните социо-економски групи;

2
Lance T. LeLoup, Politics in America – the Abillityto Govern, Second Edition, West Publising
Company, str. 172

11
Политички партии

7. Комуникација, партиите секојдневно комуницираат со


граѓаните и институциите на системот преку разновидните средства
за информирање и комуницирање со цел максимално запознавање со
интересите на граѓаните во дежавите и канализирање на своите
активности во општествот;
8. Одговорност, со времето на избори партиите го формираат
својот внатрешен состев на есенцијалните политички институции во
системот, преку кои тие се непосредно одговорни за сите постапки
направени во текот на нивниот состав.

5. Односи и разлики меѓу политичките партии-


фракции-интересни групи-групи за притисок и масовни
политички движења

5.1. Политичките партии и фракциите

За разлика од политичката партија која ја дефинираме како


комплексна политичка организација со одредени елементи и цели на
дејствување, под поимот фракција се подразбира структурирана
група во рамките на самата политичка партија, кој настојува да
раководи или влијае со управувањето на партијата43.
Врз основа на ваквата дефинициска определеност на
фракцијата можеме да констатираме дека таа не претставува група
членови кои се организирани и дејствуваат како посебен политички
ентитет надвор од партијата, туку ентитет кој егзистира во рамките
на партијата.
Оттука фракцијата во современата политичка теорија се
одредува како вид субгрупа на партијата кој се формира околу
одреден цел, интерес или конкретен партиски водач во рамките на
самата партија, или, поедноставно, фракцијата не упатува кон
постоење издвоена група во рамките на самата партија чие што
постоење и дејствување се разликува од онаа на партијата.
Најчесто се вели дека фракцијата ја сочинува одреден број на
граѓани, без разлика на тоа дали припаѓаат на мнозинството или
малцинството од целината, кои се обединети и насочени кон исти,
заеднички импулси на страст и интерес, непријателски насочени кон
правата на другите луѓе, или кон постојаното агрегирање на
интересите во заедницата.

3
A. Zuckerman, Socilal Structure and Political Competition – The Italia Case, World Politics, no.3,
1972, str.430.

12
Политички партии

Постоењето фракции во рамките на било која партија не е


невообичена појава во светската политика. Фракциите како болест
многу бргу излегуваат надвор од партиите и се прошируваат во
рамките на политичките институции на системот, внесувајќи раздор
и непријателство во секојдневната политика на односи.
Во европската политика често се употребува и терминот блок
за означување комбинации од групи и партии во рамките на
легислативното тело, кои се формираат за добивање на мнозинство
во него. Во американската политика, пак, употребата на терминот
блок е стеснета со значење на привремени коалиции, чиишто членови
влегуваат во составот на легислативното тело, а кои се формирани
надвор од партиите со цел унапредување на одреден партикуларен
интерес. Основната карактеристика на блокот се состои во тоа што
неговите членови не се откажуваат од партиското членство при
стапувањето во него.

5.2. Политичките партии и интересните групи

1.Демократското општество во рамките на своето егзистирање


и дејствување секогаш вклучува голем број форми на организирање и
здружување на граѓаните по најразлични основисо цел на
остварување и поттикнување на сопствените интереси и желби во
поширокиот општествен простор.
Додека политичките партии ги афирмираат политичките
интереси на граѓаните и желбата за непосредна политичка
партиципација во власта и институциите на власт, интересните групи
претставуваат групи кои имаат поширока основа на здружување,
заснована врз различни критериуми, почнувајќи од професијата,
религијата, спортот и слично. Меѓутоа, се чини дека најредовно
прифатен критериум за организирање на интересните групи
претставува економскиот интерес. Така, како интересни групи во
практиката најчесто се јавуваат синдикатите, културните, спортските
и други здруженија, младинските организации итн.
Политичките партии се разликуваат од интересните групи по
три основи:
1. Политичките партии се директно инволвирани во
политиката, за разлика од интересните групи кои имаат сосема
поинакви основи на организирање и здружување;
2.Партиите мораат да развиваат сеопфатни политички
програми со цел стекнување мнозинство во електоратот: тие мораат
да ги обединат и урамнотежат барањата од множеството интереси. За

13
Политички партии

разлика од партиите, интересните групи имаат цел да ги


артикулираат интересите на своите партиципиенти за прашања кои
се многу пошироки од политичките; и
3. Партиите во власта треба да ја прифатат одговорноста за
координирањето и имплементирањето на широкиот спектар потреби
во политиката. Од друга страна, интересните групи се многу повеќе
насочени кон влијание врз креаторите на политиката во области во
кои тие се директно засегнати.
2. Во американската политика многу често интерсните групи се
поистоветуваат со групите за притисок (“Pressure groups”) кои
претставуваат неформални политички организации чиешто влијание
е насочено кон креирање и имплементирање на јавната политика.
Самиот термин притисок рressure може да се опише како вид
активност или вид на организација.
Оттука, групите за притисок најчесто се дефинираат како
организации, преку т.н. лобирање во интерес на одредена програма,
имаат цел да влијаат врз јавната политика и врз процесот на
донесување на одлуки на локално, национално и меѓународно ниво,
начесто во рамките на некоја поединечна, доста ограничена сфера.
Основната разлика меѓу партиите и групите за притисок се
состои во тоа што групите за притисок, по правило, на учествуваат
директно со свои кандидати на изборите. Меѓутоа, по правило,
групите за притисок играат многу важна улога во рамките на самата
партија. Така, на пример, тие можат да се испреплетуваат со
активностите на партиите во однос на прашањата за обезбедување
средства за финасирање на некој партиски кандидат и обезбедување
поддршка во изборниот процес.
Меѓутоа, сепак, разликата мнеѓу овие два вида политички
ентитета останува и понатаму присутно. Цел на групите за притисок
не е освојување или оддржување на власта. Тие, како вид
“пристрасно организации” по правило придонесуваат за селективен
пристап и решавање на проблемите преку посебна призма на
можности, кој им одговара на нивните интерси и потреби. Групите за
притисок не усвојуваат, ниту, пак, тоа се очекува од нив, се опфатен,
целосен поглед кон политиката од типот на оној кој го прифаќаат
партиите.
3. Постојат два главни вида групи за притисок:
a) регионални (иннтерсни);
б) причински (унапредувачки)54.
4
Bil Co-xall & Lynton Robins, Contemporary British Politics, Second Edition,
MacMilan, 1994, str.281.

14
Политички партии

Интерсните групи израснаа како резултат на извршувањето на


економската функција. Тие постојат во реалноста со цел
унапредување на интересите на граѓаните кои се вклучени во некоја
конкретна професија, економска активност или занимање.
Синдикатите и деловните групи влегуваат во оваа категорија групи.
Спротиовно на нив, т.н. причински групи почнаа да
егзистираат во оној момент кога се искристализира потребата од
промовирање на некои верувања, ставови или принципи. Овие групи
најчесто се поставуваат во однос со идеолошките и
преференцијалните групи. Главната карактеристика на овие групи е
во нивната доброволна природа, односно членовите кои влегуваат во
нивниот состав се доброволно органиизирани во нив.
Поголемиот дел од групите за притисок не се чисто политички
групи. Така, на пример, главните цели на постоењето на црквите,
универзитетите, синдикатите или добротворните организации се од
религиска, образовна, економска или добротворна природа. Сепак,
сите овие групи понекогаш политички ги претставуваат своите
интереси и интересите на своите членови. Оние групи на кои
политичкото претставување не им е примарна цел, можат да се
означат како секундарни интересни групи, бидејќи нивната главна
цел на постоење не е политичко лобирање, додека примарните групи
се оние групи кои главната причина за сопственото постоење ја
наоѓаат во процесот на политичкото лобирање.
Иако не се насочени кон директно партиципирање и
извршување на власта, сeпак групите за притисок понекогаш се
сметаат како форми на здружување кои се многу слични со
партиите.Таа сличност најчесто се негoва констатацијата дека
групите за притисок, слично како и политичките партии,
претставуваат вид агенции за политичко заoстапување и
партиципирање, тие се механизам за изразување на интересите и
мислењата на граѓаните, односно форми преку кои народот
индиректно се инволвира во политиката.
Иако немаат свои претставници во власта, групите за притисок
во високо развиените демократски западни системи играат важна
улога во институциите на поредокот преку многубројните тела за
регулирање и надзор кои се испреплетуваат меѓу нив.

15
Политички партии

Заклучок

Освен во светот, сведоци сме дека и кај нас постојат паовеќе


партии. Во нашата земја постои повеќепартиски политички систем
што значи постојат повеќе партии. Ове се разбира има два аспекта
позитивен и негативен.
Тоа што во нашата земја постојат повеќе политички партии
зборува дека во нашата држава е развиена свеста за демократијата но
и во исто време дека демократијата како поим се изнигнува од ден на
ден на повисок пиедестал.
Од друга страна пак постоењето на повеќе политички партии
во нашата земја според мене создава хаос. Тоа не значи дека треба да
постои само една партија туку дека не треба да има премногу.
Развојот на политичките партии не се случува преку ноќ туку
тое е процес кој се одвива во подолг враменски период и чиј развој
асоцира на децении, векови.
Луѓето отсекогаш имале потреба да се обединуваат во
племиња, организации, групи и здруженија. Така се чувствувале по
безбедни но истовремено имале чувство дека прават нешто сигурно и
добро. Сите оние кои се наоѓат во одредена група, организација па и
политичка партија имаат одредени ставови, сваќања кои им се
заеднички и ги поврзуваат. Тое е начинот и причината да останат
заедно и да функционираат како целина. Доколку се случи нивните
ствови да се разијдат и се случува она неминовното – распаѓањето.
Затоа и многу партии кои порано биле обединети во едно име се
разделиле како што е примерот со социјал-демократската партија,
која се раздвоила на социјална и демократска партија.

16
Политички партии

Користена литература

Edmund Burke,Works of Edmund Burke, New York, 1960, I,


189 str.

Bil Co-xall & Lynton Robins, Contemporary British Politics,


Second Edition, MacMilan, 1994, str.281.

Проф. Д-р Саво Климовски, Уставно право и политички


систем, Скопје, 2003 год.

www.google.com

17

You might also like