You are on page 1of 42

МЕЃУНАРОДНА ЕКОНОМИЈА

РЕГИОНАЛНИ ЕКОНОМСКИ
ИНТЕГРАЦИИ
ЕВРОПСКА УНИЈА
• По катастрофите од Првата и Втората светска војна, во
голема мера се зголемија стремежите за основање на (она
што подоцна стана) Европска Унија, поттикнати од желбата
за обнова на Европа и за отстранување на можноста од нова
војна на европскиот континент ( отстранување на бариерите
во трговската размена).
• Минимум макроекономска стабилност и
конвертибилност на валутите
• Ова расположение водеше до основањето на Европската
Заедница за јаглен и челик од страна на СР Германија,
Франција, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург.
Ова беше направено преку Договорот од Париз, кој е
потпишан во април 1951, а стапи во сила во јули 1952.
ЕВРОПСКА УНИЈА
• Првата целосна царинска унија изворно беше
позната како Европска економска заедница и
беше основана со Договорот од Рим во 1957, а
стапи во сила на 1 јануари 1958. Таа подоцна
беше променета во Европска заедница, која
сега го претставува “првиот столб” на ЕУ.
• Франција, СР Германија, Италија, Белгија,
Луксембург и Холандија
Европска Унија
• Да ги отстраната царините, контингентите и
др. рестрикции во меѓународната размена
• Да воведат заедничка царинска политика
за увоз на стоки од земји што не се членки
на заедницата
• Да обезбедат слободно движење на
капитал и работна сила
• Да воспостават заедничка транспортна
политика и политика во поглед на
конкуренцијата и деловното однесување
• Да ја координираат и синхронизираат
монетарната и фискалната политика на
економиите во заедницата
Европска Унија
• Целосно воспоставување на Зона на слободна трговија
постигнато во 1968г.
• Отстранување на сите бариери во размената на
индустриски стоки во ЕЕЗ
• Позитивни ефекти во вкупниот економски раст и пораст
на животниот стандард на жителите
• До 1970 заедничка царинска политика спрема трети
земји- РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЦАРИНСКА УНИЈА

• Во 1973г Велика Британија, Ирска, Данска


• 1981 Грција
• 1987- Шпанија и Португалија
• .
ЕВРОПСКА УНИЈА 1973

 Member States: Germany, France, Italy, the


Netherlands, Belgium and Luxembourg.
New Member States: Denmark, Ireland and the United
Kingdom.
ЕВРОПСКА УНИЈА 1987
Member States: Germany, France, Italy, the
 

Netherlands, Belgium, Luxembourg, Denmark,


Ireland, United Kingdom and Greece.
 
New Member States: Spain and Portugal.
Европска Унија
• Царинската унија обезбеди поттик за развој на
машинска, хемиска инд., транспортна опрема и горива,
пренасочување на трговијата во област на зем. п-во
• Воспоставување на заеднички пазар во 1985- големи
намалувања на цените под притисок на конкуренцијата
• Поттикнување на вкупната побарувачка, шанса за поголемо
производство и економија од обем
• Воведувањето на зедничкиот пазар не доведе до
автоматско интегрирање на националните европски пазари.
• Потешко отстранување на нецаринските барирери
• Стоките трабало да бидат предмет на контрола при премин
на граници во унијата
• Големи трошоци за стандардизација
• Регистрација на производи
• .
Европска Унија
• 1985 Европската комисија објави документ под наслов
• .Дооформување на внатрешниот пазар, во кој се
наведуваат преостанатите бариери што го попречуваат
слободното движење на стоки, услуги и фактори за п-во
што треба да се отстранат и 300 законски мерки што
траба да се спроведат.
• Целосно спроведување на Зедничкиот пазар до
1992, зголемување на вложувањата во научно
истражувачката работа, заеднички здравствени,
заштитни и технички стандарди и заемно
признавање на националните стандарди во сите
други сфери
Европска Унија
• Шефовите на државите и владите во земјите од ЕЕЗ
на самитот во Мастрихт во 1991- Мастришка
спогодба со која се воспоставуваат основите на
Европската монетарна унија и Европската
политичка унија ( 3 фази)
1. Отстранување на контролата на движењето на
капиталот и зајакнување на соработката во сферата
на економската и монетарната политика
2. Воспоставување Европски монетарен институт и
поголема координација на националните монетарни
политики
3. Воспоставување европска Централна банка и
заедничка валута
Европска Унија
• Мултиплицирање на трансакциски трошоци, грижа за
стабилноста на своите валути и девизни резерви ја правело
ЕУ понеефикасна од САД кaде трансакциите се одвиваат
по единствени цени
• 1999 еврото е воведено како пресметковна валута, чија
вредност е определена од вредноста на сите земји
членки на Унијата без Велика Британија и Данска и
Грција
• Формирана Европска Централна банка со седиште во
Франкфурт
• Цените на сите стоки се изразувале двојно во
национална валута и во евра во перод од 01.01.1999-
31.12.2001.
• На 01.01.2002 повлекување на националните валути и
нивна замена со евра по фиксен курс
Европска Унија
• Евро скептицизам ЕУ е субоптимална валутна зона
• За да функционира потребно е сите земји да имаат
приближно исто ниво на ек.развиеност и иста фаза на
економски циклус, флексибилност на цените и
наемнините, автоматски механизам за трансфер на
фискални ресури, отсртанување на јазични, културни и
др. бариери
• Неможност за користење на фискална, монетарна и
политика на девизен курс, за елиминирање на
економските шокови
• Поголема корист за земјите што имаат поинтензивна
соработка
ЕВРОПСКА УНИЈА 1995
Member States: Germany, France, Italy, the
Netherlands, Belgium, Luxembourg, Denmark, Ireland,
United Kingdom, Greece, Spain and Portugal.
 
New Member States: Austria, Finland and Sweden.
ЕВРОПСКА УНИЈА 2004
2004. Member States: Germany, France, Italy, the
Netherlands, Belgium, Luxembourg, Denmark, Ireland,
United Kingdom, Greece, Spain, Portugal, Austria, Finland
  and Sweden.

  New Member States: Czech Republic, Cyprus, Estonia,


Latvia, Lithuania, Hungary, Malta, Poland, Slovenia and
Slovakia.
Candidate Countries: Bulgaria, Romania and Turkey.
 
Европска Унија
• 1995 - Австрија, Финска, Шведска ( преминување на ЕЕЗ во
Европска Унија)
• 2004 - Кипар, Естонија, Унгарија, Чешка, Летонија,
Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија.
• 2007 - Бугарија, Романија
• 2013 - Хрватска

• Норвешка, Исланд, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн,


Ватикан, Монако и Швајцарија не се членки, но имаат
посебни договори со ЕУ.
• Обид за воспоставување на Европска економска
област – заеднички пазар меѓу ЕУ и ЕФТА
• Политичка унија, заеднички визен режим, жителство и
право на глас
ЕУ и ефектот на пренасочување на
трговијата
Мал број на индустрии во кои може да се воспостави економија
од обем (машинска, хемиска, транспортна опрема и горива)
Три пати поголем ефект на создавање на трговијата од
ефектот пренасочување на трговијата.
Нето ефектот од создавање на трговијата е на страната на
индустриските производи, додека кај земјоделските
производи присутно е пренасочување на трговијата.
ЕЕЗ целосно ги отстрани сите бариери во размената на
земјоделски производи и националните стабилизциони
политики во земјоделството ги заменија со ЗАЕДНИЧКА
ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА
Обезбедување на поддршка на цените што фармерите ги
добиваат за своите производства
ЕУ и ефектот на пренасочување на
трговијата
 ЗЗП го поддржува неефикасното производство на земјите
на ЕЕЗ
 Подршката се изразува преку високи царини и строг
режим на контингенти на страната на увозот на
земјоделски производи од ЕЕЗ, а на страна на извоз преку
агресивно субвенционирање заради обезбедување
пониски цени за пробив на странските пазари.
 Субвенционирање на извозот е неопходност поради
постоење на земјоделски вишоци што не можеа да се
реализираат во рамките на ЕУ.
 Поради пониски цени на странските пазари,
реализацијата е можна само преку извозни субвенции.
ЕУ и ефектот на пренасочување на
трговијата
 Фармерите се важен дел од политичката машинерија на ЕУ.
 ЗЗП – задолжителниот откуп-големи трошоци во европскиот
буџет.
 Префрлувањето на овие трошоци на товар на ЕУ и
реализацијата на производите на меѓународниот пазар по
пониски цени од набавните предизвикува револт кај
останатиот дел од светот- причина за реципрочни
дискриминаторски мерки за зем. П-ди од страна на др
развиени земји.
 ЗЗП доведе до: значително намалување на
потрошувачкиот вишок, поттик на неефикасните
производства, нерационална алокација на ресурсите и
намалување на благосостојбата на ЕУ и светската
благосостојба, воопшто.
Северноамериканска зона на
слободна трговија (НАФТА)
• Јакнеењето на интеграционите процеси на ЕУ доведе до
намалување на влијанието на САД и влошување на
преговарачките позиции во меѓународната економија
• Економската соработка меѓи САД и Канада се
интензивира во 80 те.
• 2/3 од извозот на Канада наменет за пазарот во САД
• Потреба од воспоставување на пазар што ќе овозможи
раст на економијата од обем, успешно
функционирање и развој на националните фирми
• Спогодба за Слободна трговија меѓу САД и Канада
1989г што ќе овозможи либерализирање на режимот на
стокова размена, отстранување на сите квантитативни и
квалитативни бариери, укинување на царините во
период од 10 години.
Северноамериканска зона на
слободна трговија (НАФТА)
• Воспоставување на правила за либерализација на
режимот на услуги и отсранување на дел од
бариерите за движење на капитал во вид на
дирекни инвестиции
• Правила за определување на потеклото на стоките
• Арбитража за решавање на меѓусебните спорови со
експерти од двете земји
• На САД им се овозможи пристап кон некои
стратешки ресурси со кои располага Канада ( нафта ,
природен гас и ураниум)
• Канада доби поголем пазар заради ориентираност на
голен дел од извозот на пазарот на САД
Северноамериканска зона на
слободна трговија (НАФТА)
• Заради помалиот пазарен потенцијал од ЕУ и
амортизирање на конкуренцијата- проширување на
слободната трговска размена на целиот континет
Америка ( вклучување на Мексико во преговорите)
• Мексико е заостаната економија со огромна
неквалификувана работна сила која на илегален
начин преминуваше на територијата на САД
• Се сметаше да се создадат подобри услови за
живот и работа во Мексико, олеснување на
процедурата за добивање виза и поголема
контрола врз движењето на рботната сила од
Мексико во САД.
• Во 1994 потпишана Северноамериканска спогодба
за слободна трговија меѓу САД, Канада и Мексико
(НАФТА)
Ефекти од формирање на НАФТА
 Пазарен потенцијал од 370 милиони жители- пандан на ЕУ
на територија на Северна Америка
 Голем обединет пазар за натамошен раст и развој на
национални форми
 Полесно соочување со конкуренцијата на американските и
светските пазари
 Отстранувањето на царинските и нецаринските бариери даде
поттик на меѓусебната размена (извозот на САД во Мексико
порасна 90% а увозот од Мексико 140% за само 5 години.
 Размената меѓу Сад и Канада порасна за 50 %, се воспоставија
трговски врски меѓу Канада и Мексико
 Значаен ефект на пренасочување на трговијата од другите
делови на светот во полза на НАФТА
Ефекти од формирање на НАФТА
 Отстранувањето на трговските бариери им даде компаративна
предност на на трудоинтензивните призводства од Мекско за
сметка на Кореа и Тајван и др земји од Централна и Јужна
Америка со што нивното учестви се намали за 20%
 Пренасочување на 40 % од трговска размена од партнерите од
развиените земји од ЕУ
 ЗА МЕКСИКО - Поттик на пололем раст на мексиканската
економија, подигање на наемнините, трансфер на современа
технологија, позитивен поттик врз целата интеграција преку
зголемен увоз на стоки од САД и Канада во Мексико
 Дилеми и полемики во меѓународната јавност поради
политички притисоци и ризици.
Ефекти од формирање на НАФТА
 Проблем на големите разлики во нивото на наемнините
(привлечени од пониското ниво на наемнините еден дел од
инвестициите наменети за САД и Канада ќе се пренасочат и ќе
бидат вложени во Мексико- загрозени интересите на
нискоквалификувана раб. сила од двете земји )
 Проблем во големите разлики во законодавната
инфраструктура во екологијата ( заради ниските еко-
стандарди голем дел од валканите индустрии ќесе насочат во
мексико каде ќе ги загадат почвите, водата и воздухот
 Проблем во определување на потеклото на стоките (проблем
со слободен увоз на финални производи кои наастанале во
капацитети со јапонски или западноевропски капитал со
спојување на странски увозни компоненти, кои без царински
давачки би ги загрозиле позициите на дом. фирми (62,5% во дом.
индустр)
Ефекти од формирање на НАФТА
 Не дојде до одлив на приватен капитал
 Позитивни влијанија во сферата на политиката
 Слободна американска трговска зона (FTАА)- сите земји од
Северна , Централна и Јужна Америка- 850 милиони жители и
привлекување на најголемите економии, нови пазарни
стопанства со голем пазарен потенцијал
Централно европска зона на
слободна трговија (ЦЕФТА)
 Регионална интеграција која настана во 90 по пат на
интегрирање на неколку земји од Централна и
Источна Европа, кои порано му припаѓаа на
социјалистичкиот блок
 Воспоставување на социјалистички режим на
стопанставата по Втората светска војна
 Успех на социјалистичките револуции во светот
 Економска и политичка изолација на
социјалистичките земји од страна на земјите од ЕУ и
САД
 Помош од САД преку Маршалов План
 Како одговор на формирање на НАТО алијансата, соц.
Земји се обединиле во Варшавски пакт – воено
политичка организација
Централно европска зона на
слободна трговија (ЦЕФТА)
 На економски план се обединиле во Совет за заемна економска
помош (СССР, ДДР, Полска, Чехословачка, Унгарија,
Романија и Бугарија и до 1948 ФНРЈугославија)
 Централистичко плански систем на уредување
 Насочување на стопанскиот развој на секоја земја спрема
потребите на стопанствата на др.земји
 Детални планови со кои се определувал стопанскиот раст на
секоја производна дејност
 Акцент се ставал на рзвојот на тешката индустија
 Земјите не располагале со девизни и златни резерви
 Не можеле да обезбедат конвертибилност на своите валути кои
ги користеле за набавка на стоки што не можеле сами да ги
произведат
Централно европска зона на
слободна трговија (ЦЕФТА)
 Специфичен платен систем врз база на клиринг- Банка за
меѓусебни порамнувања, која водела евиденција за размената на
земјите чкенки во интеграцијата
 Меѓусебните побарувања и долгувања биле пресметувани во
пресметковна рубља – валута со договорен курс меѓу земјите
членки без конкретна материјална форма
 Салдата во рамената можеле да бидат порамнети само врз
билатерален принцип
 СЕВ постигнал завидни резулатати во обнова на стопанствата,
покачувањето на животниот стандард на населението и техничко
технолошки достигнувања (Астронаутика и нуклеарна физика)
Централно европска зона на слободна
трговија (ЦЕФТА)
 Во средината на 60 земјите на СЕВ почнале да заостануваат во
развојот
 Не успеале да се прилагодат кон промените во потрошувачката
индустрија
 Заостанувале во сите инд. п-ва, п-дите имале квалитет, но не и
дизајн
 Запоставување на развојот на земјоделското п-во, увоз на храна,
криза на хипопродукција
 Започнување на процесите на отворање кон надворешниот свет
( Унгарија, Источна Германија)
 Распаѓање на повеќенационалните држави на повеќе делови
 Започнување на процесите на приватизација на капиталот,
воспоставување на пазарни институции, либерализација на
пазарните функции
Централно европска зона на слободна
трговија (ЦЕФТА)
 Економски шок поради загуба на најголемиот дел
од пазарите и пресекување на снабдувачките
канали, намалување на производниот и извозниот
потенцијал и враќање на нивото на развој
 Немање пазари за пласман на производите,
распаѓањето на клириншкиот платен систем,
недостигот на конвертибилна валута, немање
пристап на пазарите на развиените земји, слаба
конкурентска способност, неприфаќање на
нивните п-ди од развиените земји под изговор дека
цените не се пазарни, туку содржат
административни елементи
Централно европска зона на
слободна трговија (ЦЕФТА)
• Покажување на зрелост преку формирање на сопствена
зона на слободна трговија ЦЕФТА
• Во 1991, иницијатива, формирана 1992, започна да
функционира 1994
• Членки се: Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија,
Полска, Романија Словачка и Словенија.
• Нивното членстви во CEFTA престана кога тие стана
земји членки на ЕУ.
Од 1 Јули 2013, Членки на CEFTA се: Албанија,
Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија,
Црна Гора, Србија и Косово.
Цефта 1994

Цефта 2004
ЦЕФТА 2013
Централно европска зона на
слободна трговија (ЦЕФТА)
• Услови за членство:
• Земјата кандидат да има потпишано билатерална
спогодба за слободна трговија со други земји членки
• Да има стекнато асоцијативен статус во ЕУ
• Да биде членка на СТО
• Сите земји членки да дадат согласност за прием
• Укинување на сите царински и нецарински бариери,
посебно кај прехранбените п-ди и воведување
фитосанитарни и ветеринарни стандарди
• Не профункционира како вистинска слободна зона ,
но за поголемиот дел од нејзините членки послужи
како виза за влегување во ЕУ
Click icon to add picture
Click icon to add picture
Click icon to add picture

You might also like