You are on page 1of 8

ГЛАВА 11

1. На која основна премиса се потпирала изградбата на


социјалистичкото општество?

Социјалистичкото општество врз таканаречена Теорија за дивергенција, чија


основна премиса била дека социјалистичките произведени односи треба да бидат
негација на капитализмот. Всушност во социјализмот требало едновремено да се
обезбеди и економска ефикасност и социјална правда. Основа на негацијата на
капитализмот била од идеолошки мотиви а не од економско-рационални мотиви.
Резултатите биле поразителни. Социјализмот како економски и општествено-
политички систем во двете негови форми и централистичко административен и
самоуправувањето и општествената сопственост не го положил тестот на
реалноста, затоа што не обезбедил економска ефикасност, економски пораст и
развој а со тоа ниту реална можност за решавање на животните потреби на луѓето.

Во што се состои основата на економската транзиција?


Колапсот на социјалистичкиот самоуправен пазарен економски систем како и на
административно-централистичкиот сиситем кај социјалистичките држави на
почетокот на 90-тите години од 20-тиот век предизвикал трагање по нови решенија.
Во таа смисла транзицијата кон пазарна економија и парламентарна
демократија се наметнала како неопходност, а не како слобода на изборот.
Теорија на конвергенција, транзиционите промени требало да овозможат
прифаќање на универзалните, генетски карактеристики на капиталистичката
пазарна економија со почитување на спецификите кои произлегувале од
економската реалност на секоја држава одделно.

Се поставило прашање како по 40 годишно искуство со социјализмот (централно-


административниот во централно и источните социјалистички земји и
самоуправниот систем во СФРЈ) да се премине во систем на пазарна економија. Тоа
значело и политичка и економска демократизација.

Промените во СФРЈ започнале кон крајот на 80-тите години од 20-тиот век.


Транзицијата на македонскиот економски и политички систем се интензивирала по
осамостојувањето во 1991г. Транзицијата претставува сложен, комплексен ис
оцијално сензитивен процес кој испорачува високи економски трошоци и доведува
до зголемување на социјалните тензии.

2. Кои биле најизразените карактеристики на неповолната економска и


социјална положба на македонската економија за време на
транзицијата?
Кои фактори го оптоварувале процесот на транзиција на
македонската економија?
3. Кои фактори претставувале дополнително отежнување на почетокот
на транзицијата во Македонија?
Транзицијата во РМ била отежната од надворешните околности како и тешката
внатрешна состојба. Следниве фактори го оптоварувале процесот на транзиција на
РМ:

• неповолна претходна економска и социјална состојба на македонската


економија, заради релативно нискиот развој, висока невработеност, голем
број на социујални случаи, висока инфлација, немање на девизни резерви,
неповолна економска структура на стопанствпото, високи интерни и
екстерни дефицити, ниска конкурентност на производите наспроти висока
увозна зависност
• процесот на транзиција стартувал паралелно со дисолуција од СФРЈ и
конституирање на РМ која се одвивала на драматичен начин, со конфликти и
војна која дополнително ја трауматизирала македонската економија
• губење на добар дел на дотогашните пазари со кои Македонија развивала
комплементарна економска структура
• блокади од Грција која била политичка и блокадата на СР Југославија која
била последица на меѓународните санкции и оневозможила на РМ
поврзување ос надворешните пазари
• РМ во почетокот на транзицијата немала пристап на меѓународните пазари
на капитал и немала можност за повлекување на дополнителни финансиски
средства за поддршка на транзицијата (воспоставувањето на релациите со
ММФ бил можен откако РМ прифатила дел од неалоцираните долгови на
СФРЈ )

Комплексноста на транзицијата се состои во тоа што РМ немала модел од кој би


црпела искуства, а од друга страна требало да се реализираат крупни промени во
економскиот систем и неговите потсистеми, колку што е можно да се избегнат
грешките и да се обезбеди моженост за отварање кон пазарна економија. Била
обезбедена и значајна техничка помош од ММФ и Светската банка а подоцна и од
ЕУ.

Кои се основните насоки на реформите во транзицијата на


економскиот систем во Македонија во текот на 90-тите години од
20-тиот век?
Основни насоки на реформите во транзицијата на економскиот систем во
Македонија во текот на 90-тите години од 20-тиот век се:

• Реформите на правната рамка:


- редефинирање на сопственост
- воспоставување на правила на тргување со сопственоста
- воспоставување зна правила за влез и излез на пазарот
- воспоставување на правила за заштита на конкуренцијата
• Макроекономски реформи:
- воспоставување на нов монетарен систем
- воспоставување на нов фискален систем
- воспоставување на нов вид политика на доходите
• Микроекономски реформи:
- либерализација на цените
- либерализација на надворешната трговија
- формирање на пазар на капитал
- привлекување на СДИ
• Структурни реформи:
- приватизација
- поддршка на МСП
- нов начин на управување со јавните претпријатија
- структурни промени во финансискиот сектор
4. Кои правни акти спаѓаат врз таканаречената прва генерација закони
во периодот на транзицијата?
Промените кои ја опфаќаат правната рамка е остварена преку првата генерација на
закони:

1) За уредување на правото на сопственост (материјална и интелектуална


сопственост)
2) За размена односно тргување со сопственички права
3) За влез и за функционирање на деловните субјекти (Закон за трговски
друштва, закони од сфера на банкарството, за странски вложувања, за
уредување на работните односи)
4) За излез од од деловната сфера (Закон за стечај и ликвидација)
5) Антимонополска регулатива и регулатива за спречување на злоупотреба на
доминантната положба на пазарот)
6) Закон за функционирање на сферите од јавен интерес (државна регулација на
таа сфера)
7) Закон за остварување на социјалната функција на државата

Со новиот економски систем била поставена цел за усогласување на македонското


законодавство со законодавството на ЕУ. Тој процес континуирано трае, затоа што
РМ има аспирации за влез во ЕУ. Процесот на апроксимација на законодавството
на РМ кон она на ЕУ не може да се изведе во еден потфат затоа што постои
обемност на правната рамка на ЕУ законите, затоа што со менувањето на законите
се доведува до големи промени во РМ, и затоа што е потребно таа регулатива кон
која треба да се приспособи македонската регулатива постојано се менува.

Кои се реални остварувања спроведени во обликување на


економскиот систем во Македонија?
Реалните остварувања од реформите спроведени во РМ се:

• менување на нормативната рамка и нејзина апроксимација со ЕУ


законодавството, таа задача се уште трае заради динамиќноста на ЕУ
законите
• преку макроекономските мерки во домен на монетарната и фискалната
политика постигнато е макроекономска ценовна стабилност како и
стабилност на буџетскиот дефицит до 3% од БДП и ниска инфлација.
5. Врз што се потпира ортодоксниот антиинфлаторен приод?
Ортодоксниот антиинфлаторен приод се потпира на рестриктивна монетарна и
фискална политика. Ова е приод за спречување на инфлацијата која настанала
со вишок на агрегатна понуда (вкупно количество на производи и услуги што
при дадени цени се спремни да ги произведат деловните субјекти и да ги
понудат на пазарот во одреден период). Ортодоксниот антиинфлациски програм
во одреден период доведува до неизбежни рецесиски последици. Борбата
против инфлација резултира со смалување на производството, вработеноста и
потрошувачката.

Монетарна политика ја спроведува Народната банка и преку нејзините


инструменти се контролира оптекот на парите (монетарните и кредитните
агрегации, каматните стапки и девизниот курс). Цели на монетарната политика
се:

- Висока стапка на вработеност


- Стабилност на цените
- Стабилност на каматните стапки
- Стабилност н финансискиот пазар
- Стабилност на девизните пазари

Рестриктивна монетарна политика

- делува преку отежнувањето на условите на кредитирање односно


рестриктивно поставување на инструментите на монетарната политика
со цел да се смалат парите во оптек (скапи пари)
- се зголемуваат каматните стапки на кредитите кои доведуваат до
- смалување на приватните и јавните инвестиции и потрошувачката
- смалување на вработеноста
- мултипликативен пад на БДП

Фискалната политика во основа подразбира мерки на владата за раководење на


буџетските трошења и оданочувањето. Со одмерување на јавните приходи и
расходи државата се обидува да делува на стопанските учесници ја насочува
стопанската активност и обезбедува услови за стопански раст. Делува преку два
инструменти:
- буџетска политика – приходите и расходите на државата (кој го
предложува Министерството за финансии а го усвојува НБ)
- даночна политика (политика на буџетски приходи) – со даноците се
полни буџетот.

Рестриктивна фискална политика делува преку:

- повисоки даночни стапки


- смалување на државната потрошувачка

6. Врз што се потпира хетеродоксниот антиинфлаторен приод?


Хетеродоксниот приод се потпира врз политика на доходот (т.е. контрола на
цените и на платите). На почетокот на транзицијата бил прифатен овој приод.
Ценовната инфлација како и инерциската инфлација се надминува со мерките на
хетеродоксниот антиинфлаторен програм. Воведување на сидро (замрзнат или
утврден раст) за платите, цените некои монетарни агрегати и девизниот курс.

Кое номинално сидро го користи стабилизационата монетарна и


фискална политика на Македонија од 1995 година до денес?

Стабилизационата монетарна политика како номинално сидро (таргет) го користи


девизниот курс. Во почетокот денарот бил врзан за германската марка, за по 2000
година да биде врзан за еврото. Таквата политика дава евидентни резултати во
ценовната стабилизација. Инфлацијата 1992 година била 1925 %, 1993 г 230%,
1994 година на 55%, 1995 година на 19% а од 1996 година е на ниска едноцифрена
бројка.

7. Во што се состои суштинското значење на структурните реформи?


8. Кон што биле првенствено насочени структурните реформи во
финансискиот сектор на Македонија?

За да се овозможи макроекономска стабилност потребно е паралелно да се


спроведат и структурни реформи. Тие се од суштинско значење за динамизирање
на економскиот развој за подобро искористување на расположливите
производни фактори а во тие рамки и пораст на вработеноста, зајакнување на
конкурентноста и слично.

Структурни промени во реален сектор: важни за подобрување на економските


перформанси во функционирање на македонската економија и тие претставуваат
најздрав начин на совладување на економските и социјалните проблеми во
државата. Структурните реформи се промени на составот на една економија од
повеќе аспекти. Тие опфаќаат:

- Сопственичка трансформација
- Организационо преструктуирање
- Технолошко преструктуирање
- Финансиско преструктуирање
- Диверзификација на инструментите за прибирање дополнителна
акумулација
- Кадровско преструктуирање
- Прифаќање на маркетинг концепт на работење

Но во РМ структурната промена во реалниот сектор била сведена на


сосптвеничка трансформација те приватизација на општествениот
капитал. Дури и процесите на структурни промени во кои управувала
владата не биле извршени никакви други промени освен сопственичката.
Другите промени како што се технолошките, организационите се
оставени на идните сопственици. Од тие причини во извештаите на
Европската комисија се уште е нагласена потребата од доследно
остварување на овие промени.

Структурни промени во финансискиот сектор

Сведени се на реформа на банкарскиот сектор, а другите небанкарски


институции не постоеле или биле слабо развиени. Структурните промени
во финансискиот сектор биле многу важни од причина што требале да
обезбедат финансиска подршка на реалниот сектор како и да се врати
довербата на штедачите. Процесот на структурни промени во овој сектор
биле општи мерки кон сите банки и посебни кон некои. Со овие промени
требало да се постигне:
- Чистење на билансите на банките од лошата актива ( кредитите кои
биле дадени пред транзицијата кои се движеле од 15-40%) кое се
извршило преку Агенција за санација на банките која настојувала да
ги наплати побарувањата со дисконтирани цени
- Приватизација на банките
- Оперативно преструктуирање кое заостанувало особено во
раководење со ризиците
- Осовременување на банкарскиот сектор

Социјална проодност на транзиционите промени

Шоковите од транзицијата ја наметнале потребата од јасно дефинирана и


конзистента социјална политика. Со уставот донесен 1991 г РМ е дефинирана како
социјална држава. Транзицијата довела до голема невработеност и голем број на
социјални случаи. Затоа се дефинирале активни мерки во социјалната сфера кои
зафаќаат голем дел од буџетот. На тој начин се обезбедува намалување на
социјалните тензии.

You might also like