You are on page 1of 10

Кејнзова теорија за поторошувачка-Фундаментален психолошки закон:

Луѓето се склони да ја зголемат својата потрошувача при зголемување на нивниот доход,но


не за оној износ за кој се зголемил доходот,односно процентот на промената на
потрошувачката при зголемување на доходот за една единица да е поголем од нула,но
помала од еден.
Економски системи
Постојат три вида економски системи:
а) централно-планска или командна економија
б) слободна-пазарна економија
в) мешана економија

1.Централно планска(командна) економија-


2 основни столба или карактеристики врз кои се потпира планската економија
-државна сопственост и централно планскиот(командниот) начин на координација и
регулација на економските текови
1.1Доминацијата на државна сопственост,предуслов за планска економија,претставува
обврска за реализација на водечката и секаде присутната улога на државата во стопанскиот
живот.
Настанувањето на државна сопственост беше спроведувана со
конфискација,национализација,земјишна реформа и сл.- кои беа најрадикални мерки.
Државата во овој вид економија е директрно инволвирана во реализација на алокација на
ресурсите на:
а)макро ниво-таа ги планира и одредува соодносот меѓу тековната потрошувачка и инвестиции.
б)микро ниво-таа го планира и определува обемот на производство на секое поединечно
претпријатие и индустриска гранка,техниките кои се користат во процесот на производство и
работната сила.
Основен инструмент и механизам со кој државата определува што,како и за кого ќе се
произведува е планот,одреден според строго хиерархиски принцип.
1.2 Централното-планско биро најпрво го утврдува планот,го разчленува од петтогодишен на
едногодишен оперативен план и го праќа до министерствата,кои пак го даваат на секое
претпријатие одделно.Значи извршувањето на планот се заснова врз системот на директиви
кои се проследуваат од највисоки кон најниски институции.
Успешноста во работењето на претпријатијата се мери според степенот на квантитет во
извршување на планските задачи.Не се води сметка за квалитет и трошоци туку само за
количината на произведеното
Предности на командната економија е можноста ресурсите директно да се насочуваат и
алоцираат во согласност со специфичните национални цели.
Слабости на командната економија е сврзана со отсуство на профитна мотивација во
производството.
Поради лимитираноста на индивидуалната слобода на луѓето,целосната државна контрола врз
алокација на ресурсите и дистрибуција на доходот доведува до ограничување на правото на
слободен економски избор и затоа доведе до напуштање на командната економија во
практика.Работниците неможат да бираат работа,купувачите немаат избор при купување.
Транзиција-радикална трансформација на командна еко. кон пазарно стопанство.
Елементи(мерки) на економска транзиција од командна кон пазарна економија:
-стабилизација и либерализација на еко. текови
-техинично знаење
-политичка волја,решителност и истрајност во нејзино спроведување

2.Слободна пазарна економија


Двата основни столба:
а)приватна сопственост
б)пазарниот начин на координација на економските текови
Приватна сопственост-во земјите во транзиција таа настанува по пат на
денационализација,враќање на порано неправедно одземен имот,со приватизација на
државните претпријатија и со создавање соодветни институционални рамки за приватно
инвестирање.
Основни карактеристики:
-нејзината неприкосновеност
-целосна правна заштита
Основна премиса на пазарната економија: Благодарение на “невидливата рака“ на
пазарот,индивидуите следејќи го својот сопствен интерес,придонесуваат за постигнување на
општиот интерес изразен како максимизирање на економската благосостојба.
Трите функции на цените по пазарната економија:
1)ги информираат економските субјекти за состојбите на пазарот
2)даваат сигнали и потстреци за приспобување на производството и потрошувачката
3)oбезбедуваат дистрибуција на доходот
Во услови на пазарна економија слободно се одлучува што,како и за кого ќе се
произведува,притоа се претпоставува дека тие се однесуваат економски рационално,односо
посакуваат дојдат до поголема заработувачка.
Слободен пазарен механизам значи слободно да се формира цената на доброто,односно
ако побарувачката е поголема,цената да биде поголема исто.
Рамнотежна цена-цена која се формира при чистење на пазарот,односно онолку производи
колку се произведуваат, точно толку се трошат, нема ни вишок ниту недостиг на стоки.
Предности на пазарана економија- флексибилноста
-профитната ориентираност на економските субјекти нивен фактор кој ги стимулира и ги
принудува на техничко-технолошки иновации,на изнаоѓање на најсоодветни организациони
решенија,на продуктивно,рентабилно и економично работење.
-конкуренција,високи стапки на штедење и инвестирање
-богата и разновидна понуда
-Трошоците во пазарната економија се пониски бидејки нема скап и ригиден бирократски
кординативен апарат.
Слабости на слобдната пазарна економија
-макроеконмска нестабилност(инфлација и невработеност)
-постоење на стопански циклуси
-ограничената конкуренција влијае негативно врз поттиците на фирмите да бидат ефикасни
Морални (негативни) забелешки на слободната економија
-развива кај луѓето себичност,борба за превласт и моќ,развива лакомост

3.Мешана економија -комбинација од слобдна и командна економија


Карактеристики:
а)постоење државна и приватна сопственост
б)кординацијата на економските активности ја врши пазарот со интервирање на државата
Според тоа,во зависнот од тоа кој вид сопственост доминира и кој е основен механизам на
регулација на економијата,во практика постојат:
1.Мешана планска економија (Кина и Куба)
2.Мешана пазарна економија

1.Државата во мешана планска економија може:


-да дозволи цените на стоките да флуктуираат во согласност со промените во понуда и
побарувачката
-потрошувачите да имаат можност на избор
-менаџерите да избираат техники на користење и да одлучуваат за набавка на материјали
-работниците да имаат слобода во избор на работно место
-да се одобруваат парични бонуси за работници со цел да се зголеми продуктивноста на
трудот
2.Државата во мешана пазарна економија може да влијае врз:
-цените на стоките и инпути,со оданочување или со субвенционирање,а во одредени случаи
и со директна контрола врз цените
-релативните доходи,користејки данок на доход
-структура на производство и на потрошувачка,користејќи го законодавството(забрана за
произведување на дрога)
-макроекономските проблеми,со користење на монетарна,фискална,доходна,девизна
полит

Побарувачка, понуда и пазар


1.Пазар,закон за побарувака и закон за понуда
Пазар-економски простор на кој доаѓа до организирано среќавање на понудата и побарувачката
на стоките и услугите при што се определува нивната цена и количини што се разменуваат.
Видови пазари
-според вид на производство (пазар на коли,добиток,туристички и земјоделски услуги,берза)
-според географско подрачје (локални,регионални,светски,меѓународни,национални пазари)
-според количините на тргување (пазар на големо и пазар на мало)
-според тоа дали пазарот е регулиран од државата (слободни и регулирани пазари)
Закон за побарувачка гласи –побаруваната количина за една стока во определено време ќе се
намалува со зголемување на нејзината цена,а ќе се зголемува со опаѓање на цената доколку сите
други нешта останат неизменети.(ceteris paribus)
Доходен ефект-зголемување на цена на еден производ,доаѓа до намалување на нашиот доход
расположлив за трошење и обратно.
Ефект на супституција-при промена на цена на стоки,потрошувачите се определуваат за соодветна
промена во структура на потрошувачка,односно за поефтин производ. (Пр. кока кола-пепси)
Индивидуална побарувачка- содржи количина на добра при одредени цени само за нашата
индивидуална желба.
Пазарна (вкупна) побарувачка- збир од сите индивидуални побарувачки на еден производ.
Поимот побарувачка- претставува однос меѓу различни количини стоки што купувачите ги
посакуваат и се во можност да ги купат при одредени цени во одреден временски период,под
претпоставка дека сите други нешта се непроменети.
Закон за понуда- понудената количина на една стока зависи пропорционално од нејзината цена
под претпоставка на цетерис парибус.(ќе се зголемува со зголемување на цената доколку сите
други нешта да бидат неизменети)
Поимот понуда- односот меѓу различни количини од една стока што продавачите се во можност
да ги понудат со одредени цени во даден временски период.
2.Криви на понуда и побарувачка
Скала на понуда- табеларен приказ на различни количини од некоја стока што продавачите се се
подготвени и сакаат да ги понудат на пазарот
Скала на побарувачка – табеларен приказ на различни количини стоки што луѓето можат да ги
купат за одредена цена и во одреден период.
Рамнотежна цена и количина се наоѓаат во точката во која се пресекуваат кривата на понуда и
кривата на побарувачка .При цени повисоки од рамнотежни се случува вишок,а при цени помали
се случува недостиг.
Пазарна цена- фактичка цена која преовладува на пазарот во секој конкретен момент
Нормална цена- претставува рамнотежна цена кон која пазарот постојано се стреми но која многу
ретко или никогаш не ја постигнува.
3.Детерминанти на побарувачката-побарувачката е определена не само од цената туку и од:
-вкусови и преференции на потрошувачот
-доходот
-распределба на доходот
-бројот и структура на население
-бројот и цената на другите добра
-очекувањата за идните движења на цените и доход на потрошувачите
3.1 Во зависност од начинот на кој реагира побарувачката за одделни производи при промена на
доходот на потрошувачите разликуваме:
-Нормални добра-чија побарувачка се зголемува со пораст на доходот(месо,тениски
рекети,парфеми,влезници за концерт и сл.)
-Инфериорни добра-чија побарувачка се намалува при зголемување на доход(леб или
маргарин) бидејки кога имаат повеќе пари ке јадат повеќе месо од леб.
3.2 Покрај од сопствена цена,побарувачката зависи и од движење на цените на:
Супститути-стоки кои задоволуваат иста или слична потреба(путер-маргарин,воз-
автобус,кока кола-пепси и сл.)
Комплементарни добра – стоки чие конзумирање на едниот производ е поврзано со
едновремено користење на друг производ (кола-бензин,патики-врвки,PC-дискети).
Кога се очекува цената на еден призвод да поскапе потрошувачите ги зголемуваат
набавките на истиот производ,така реагираат потрошувачите на секое поскапување.
3.3Движење на кривата на побарувачка:
Кога доходот на потрошувалите расте кривата на побарувачка се движи кон
десно,односно потрошувачи се во можност да купат поголеми количини.
Промена на побаруваните количини се однесува и мисли кога движењата на вдолж
кривата на побарувака се поместува предизвикана само од промена на цената(Пр:20 кг
компир 20 ден;после 15 кг компир 25 ден.)
Под промена на побаруваката се мисли на поместување на кривата на побарувачка
предизвикана од дејство на други фактори(детерминанти) Пр:доход,рапсределба,супстути.
4.Детерминанти на понуда
Основниот фактор што ја определува понудата е цената.
-колку е повисока цената,толку може да се се очекува и поголема понуда.
Други фактори кои влијаат на понудата:
-цената на инпутите
-технологијата
-цената на другите производи
-очекувањата за идните движења на цените
-даноци
-субвенции
-државната регулатива
Профит-разлика меѓу вкуните приходи и вкупните трошоци
Секое зголемување на инпутите,влијае врз намалување на профитабилноста.
Врзана понуда-доколку се зголеми цената и понудата на еден производ,доведува и до
производство на други производи.???
Кога се менува цената на некој производ тогаш се менуваат и понудените количини за тој
производ, а кога се менуваат сите други детерминанти на понудата, доведува до промена на
понудата општо земена а не само на поединечен производ.
5.Пазари и контрола на цените
Пазарниот механизам определува што ќе се произведува така што:зголемената побарувачка
на некој производ е индикатор за негово поголемо произведување и обратно.
5.1Државата со цел да го заштити животниот стандард на посиромашните слоеви од
населението често прибегнува кон максимирање на цената.(спречува цената на одреден
приозвод да претера)
Црни пазари-места каде што побогатите се во можност да платат и многу повеќе од
рамнотежната цена со цел да дојдат до посакуваниот производ.
Минимални цени- повисоки од рамнотежните кои државата ги обезбедува најчесто со цел да
ги заштити доходите на производителите особени во дејности кои се подложни на флуктации
во понудата. пр:во земјоделството,ги штити земјоделците.

ЕЛАСТИЧНОСТ НА ПОБАРУВАЧКА И ПОНУДА


Која ценовна стратегија ќе ни обезбеди по оптимален приход?
Одговорот на ова е: Зависи од тоа колку се заинтересирани потрошувачите,ако намалување
на цената придонесува за поголема потрошувачка тогаш логично е цените да ги намалиме.
Всушност за да се утврди оптималната цена потребно е да ја знаеме ценовната еластичност на
побарувачката!
Еластичност е интензитетот на реагирање на некоја варијабила(побарувана или понудена
количина) при промена на факторите што ја определуваат(цена или доход),односно ценовната
еластичност ни прикажува како реагираат побаруваните количини при промена на цената.
1.Ценовна еластичност на побарувачка-претставува однос помеѓу процентуални промени во
побарувана количина спрема процентуални промени во цената,односот е
обратнопропорционален,со негативни коефициенти на еластичност на побарувачка.
Ep= = %

Покрај сопствената цена на некое добро,цената е определена и од цената на сродните стоки.


Вкрстена ценовна еластичност на побарувачката овозможува токму да се измери
респонзивноста на побарувачката за еден производ во однос на промените на цената на некој
друг производ.
Пр: Ако цена на кока кола се зголеми за 20%,побарувачката за пепси кола ке се зголеми за
30%,тогаш вкрстената ценовна еластичност ке биде 1,5. Ова бидејки се супститути можеме да
заклучиме дека имаат позитивна вкрстена еластичност на побарувачка или позитивен
коефициент на в. е.п.
Пр2: Ако цена на бензин се зголеми за 50%,побарувачлата за коли ќе се намали за 25%,тогаш
вкрстената е.п. е -0,5. Ова бидејки се комплемтарни стоки имаат негативен наклон или
негативен коефициент на вкрстена е.п.

2.Цена,побарувана количина и вкупен приход


Доколку коефициентот на ценовната еластичност на побарувачката е поголем од 1 во апсолутен
износ,евентуалното намалување на цената ќе доведе до зголемување на вкупниот приход.

3.Ценовна еластичност на понуда-однос помеѓу процентуалните промени во понудените


количини и процентуалните промени во цената,со тоа што овој однос е
правопропорционален,со позитивни коефициенти на еластичност на понуда.
Еsp==
Закон за понуда: Односот меѓу промените во цената и промените во понудените количини е
правопропорционален: со зголемување на цената се зголемуваат и понудените количини.
-кога при значителна промена на цената доаѓа до енормни промени во понудените количини
станува збор за совршено еластична понуда.
-а кога понудата е фиксна независно од цената на производот тогаш зборуваме за совршено
нееластична понуда.
Фактори кои влијаат на ценовна еластичност на понуда:
а)степенот на зголемување на трошоци при зголемување на аутпутот(производство)
б)временскиот периоди:според Алфред Маршал
-Моментен период:премногу краток како фирмите би го зголемиле производството,понудата е
нееластична
-Кус период:можно е зголемување на производство преку целосно искористување на постојани
капацитети,поради што и понудата станува поеластична.
-Долг период: понудата се приспособува преку зголемување на постојаните капацитети,со
изградба на нови погони.Тогаш еластичноста на понудата е најголема.

4.Доходна еластичност на побарувачка


Со пораст на доход кај потршувачите се зголемува и побарувачката на прозводи.
Енгелови закони:
1` Издатоците за храна во потрошувачкиот буџет се менуваат обратнопропорционално.
2` Издатоците за облека,домување,огрев,светло и сл. остануваат исти независно од доходот.
3` Издатоците за за хигиена,забава,култура,спорт,патување се зголемуваат со зголемување на
доход(распложиви средства за трошење).
Детерминанти на еластичност на потрошувачката-Имено таа зависи од:
- од степенот на неопходноста на добрата
-бројот и достапноста на супститути
-времето кое им стои на располагање на потрошувачите
-релативното учество на даденото добро во вкупната потрошувачка

Теорија на побарувачка и корисноста-6

1.Појдовни претпоставки на моделот на потрошувачкиот избор:


-цените на стоките и услугите за потрошувачот да се дадени големини
-потрошувачот да има даден доход расположив за трошење
-потрошувачот да има свои вкусови и видови задоволства
-потрошувачот да ја избира својата потрошувачка кошница на начин на кој му овозможува
максимирање на задоволствата или корисноста.
Буџетско ограничување- комбинација на стоки и услуги што потрошувачот може да си ги
дозволи да ги купи со својот расположив доход.
а)Меко буџетско ограничување-трошење кое го надминува лимитираниот доход на
потрошувачот,но потоа има можност да го врати со кредити,зајмици.Пример за
социјалистичките држави
б)Цврсто буџетско ограничување-трошење онолку колку што имаш доход,односно колку што ти
е долга чергата.Карактеристика за пазарната слободна економија.
Буџетската линија ги покажува можните комбинации од две стоки што може да ги купи
потрошувачот со својот доход.
Косината на буџетската линија значи за колку мерни единици потрошувачот се удоволил со
еден производ,но со тоа жртвувал конзумирање на друг.
Сите точки десно од линија значат недостапност на потрошувачот поради неговиот ограничен
доход,односно нема средства да ги приушти.
Сите точки лево од линијата значи дека потрошувачот не ги искористува средствата за трошење
до максимизирање на неговите задоволства,туку скратува од нив но сепак штеди дел од
средствата.
Точката на оптималниот избор може да се лоцира некаде на самата буџетска линија,но за да
уврдиме точно во која точка ке се максимизира користноста треба да го знаеме Законот за
опаѓачка маргинална(гранична) корисност кој гласи:
Секоја следна единица од некој производ што се консумира ни причинува помало задоволство
во однос на претходното.Маргиналната корисност(МU) секогаш опаѓа. Пр: кога ќе ја изедеш
првата тулумба ти е слатка но секоја следна ти е се помалце слатка и задоволството опаѓа па
дури може да доведе и до гадење од премногу конзумирање,во превод секое задоволство има
крај.
Маргиналната корисност(MU) секогаш опаѓа,додека вкупната кориснот(TU) расте до одреден
период,додека задоволствата не прекинат,дур не почне да опаѓа.
Оптимумот на трошење за двете стоки и услуги(храна и забава) ќе се постигне во онаа точка
во која маргиналната корисност од една дополнителна парична единица потрошена за забава
ќе биде еднаква на маргиналната корисност од една дополнителна парична единица
потрошена за храна.

2.Криви на индиференција и оптималниот избор


Објаснение на оптималниот избор на потрошувачите се дава само со криви на индиференција
кои што ни ги покажуваат сите можни комбинации од две стоки кои на потрошувачот му
приуштуваат еднакво ниво на задоволство, па сеедно му е што ќе избере.Таа крива е
конкавна,не го допира ординатниот почеток(нултата),а нејзината косина ја определува
Маргиналниот коефициент на супституција(MRS):
-Количина од едно добро(Y)што потрошувачот е спремен да го жртвува за да добие
дополнителна единица од второто добро(X).Пр: Ќе јаде еден оброк помалце во денот само за да
пие 4 наместо 3 пијалоци со другарите.

You might also like