You are on page 1of 2

PEST анализа на Тинекс

1. Економско подрачје – конкуренти, добавувачи, стапка на невработеност, каматни


стапки, приходи на населението, инфлација.
- Стапката на невработеност ја дава структурата на распложливиот кадар кој би
можел да се најде на пазарот на трудот. Доколку е мала стапката на невработеност
бизнисот има помал избор во однос на обезбедување на квалитетно обучена работна
сила и обратно при поголема стапка на невработеност поголема е можноста за избор и
привлекување на работна сила за бизнисот.
-Приходи на населението се значаен фактор за секоја организација. Тие ја отсликуваат
куповната моќ на населението од пазарот каде учествува еден
бизнис. Бруто  домашниот производ и  инфлацијата влијае на способноста на
бизнисот да ги обезбеди потребните ресурси. 
2. Технолошко подрачје- разултатите од промените на технологијата кои менаџерите
ги користат за да произведуваат дизајнираат и произведуваат добра и услуги.
-Технологијата претставува примена на знаење, методи, техники и средства со кои еден
бизнис го трансформира влезот во излезот. Тука најважен фактор е иновацијата или
развој на нови процеси, производи или услуги.
-Стапката на влијание на технологијата како екстерно опкружување врз бизнисот
варира од индустрија до индустрија. На пример, влијанието на технологијата на
информациската индустрија е многу поголемо во однос на влијанието на било која
индустриска гранка.
3. Социо-културно подрачје - составено од вредности, навики/традиција, норми,
ставови, и демографски карактеристики на луѓето.
-Секое општество има одредени навики во однесувањето кои се резултат на историјата
на одредено општество. Навиките на луѓето влијаат на работењето на организацијата
со тоа што доколку се работи за потрошувачи тие навики може да влијаат на начинот
на консумација на производот, навики да користат други производи (супститути) итн.
-Демографските фактори се составени од старосната структура на населението,
полот, составот на работна сила, нивото на едукација, работни вештини на населението
и други карактеристики на истите.
-Овие фактори влијаат на работењето на бизнисот со тоа што даваат прецизна слика на
новите пазари или пак инвестирање во нови погони од страна на организацијата.
4.Меѓународно подрачје- Ова подрачје на опкружувањето е составено од меѓународна
конкуренција, меѓународни пазари, ограничени домашни ресурси итн.
-Ограничените домашни ресурси ќе влијаат на тоа дали бизнисот има потреба да ги
набавува од странскиот пазар. Доколку бизнисот е извозно ориентиран секако дека
влијанието на меѓународната конкуренција ќе биде големо.
-Пробивање на пазар на кој има учество бизнисот од страна на меѓународна
конкуренција или пак воведување на нов производ на меѓународниот пазар од страна
на конкуренцијата ќе бара соодветен одговор од тој бизнис
Swot анализа
Strenghts- силни страни Weaknesess- слаби страни
-Добра локација -Локацијата во однос на конкурентите,
-Добра комуникација со муштериите конкретно во Прилеп
-Добра организациска поставеност на -Високата цена на производите во однос
компанијата на другите маркети
-Еден од најпознатите македонски -Ограничено работно време
брендови
-Постоење на купон картички-за
лојалните потрошувачи
- Големиот избор на производи кој не се
достапни во другите продавници

Opportunities- можности Threats- закани


-Отворање на маркети во останатите - Нестабилност во економијата на
градови од државата и зголемување на национално ниво
ланецот на продажни места во државата -Конкурентските маркети кои нудат
-Проширување на ланецот на продажни производи за пониска цена
места и во странство
-

You might also like