You are on page 1of 4

1.

Што е маркетинг и кои активности ги вклучува овој процес-објасни


- Маркетингот е филозофија, која ја насочува целата компанија кон создравање на
профит преку задоволување на потребите на потрошувачите.

 Активности поврзани со развој на производите,

 Активности во врска со достапноста на производите до потрошувачите преку


дистрибутивната мрежа

 Активности поврзани со нивната промоција

 Активности поврзани со нивната цена

2.Објаснете ги четирите маркетинг ориентации (филозофии) и нивниот фокус?

 - 1. производствена ориентација: Филозофија која повеќе се фокусира на


способностите на фирмата на интерно ниво, отколку на желбите и потребите на
пазарот.

 2. продажна ориентација: Идеја дека луѓето купуваат повеќе производи и


услуги, доколку се користат агресивни продажни техники и дека високиот
степен на продажба, резултира со голем профит.
 3. пазарна ориентација: филозофија според која продажбата не зависи од
агресивниот персонал за продажба, туку од одлуката на потрошувачот за
купување на производот. Синоним е на маркетинг концептот
 4. социјална маркетинг ориентација (концепт на општествен маркетинг): го
проширува маркетинг концептот третирајќи дека организацијата не постои само
за да ги задоволи желбите и потребите на клиентите и да ги постигне нејзините
цели, туку и за да ги заштити или зајакне инивидуалните и општествените
долгорочни интереси.

4. Кои основни инструменти на маркетингот постојат-објасни

-Производ(финално добро или услуга за задоволување на потребите на


потрошувачите)

-Дистрибуција(доставата на производот до продажниот сектор)

-Промоција(реклама на производот)

-Цена(вредноста односно колку чини тој производ)

-Физички параметри(згради,опрема,возила на продажната компанија)

-Процес(усовршување на самиот тек на процесот за краен резултат без несакани


дејствија)

-Луѓе(интеракции помеѓу потрошувачите и вработените во компаниите)


-Продуктивност и квалитет(ефективно и ефикасно искористување на инпутите,а
квалитетот ни покажува колку призводот може да му излезе во пресрет на
потрошувачот)

5, Дали е можно да се модифицираат 4Р инструментите и како?

-Доколку се комбинира ефикасен маркетинг микс концепт може да се очекуваат уште


поголеми позитивни ефекти од работењето.

8, Колку и кои се нивоата на сегментирање-објасни?


-Масовен маркетинг (масовно производство,дистрибуција,промоција)
-Сегментирачки маркетинг(прилагодување на потребата до еден или повеќе сегменти)
-Субсегментирачки маркетинг(фокусирање на подгрупа во рамките на еден сегмент)
-Микромаркетинг маркетинг( прилагодување на маркетинг програмите кон тесно
дифинирање на географски,демографски, психографски и др.сегменти)

11, Објасни ги бизнис пазарите наспроти потрошувачките пазари?


-Во бизнис пазарите побарувачката има помала еластичност,поголем обем на
купување на производи,помалку купувачи,географски се
концентрирани,дистрибуцијата е по директна,влијанието врз природата на купување е
повеќекратна,преговарањето е покомплексно,производот се користи за понатамошна
обработка.

14, Објасни го процесот на маркетинг планирање преку координатите планирање и


примена?

-Неефективно планирање и ефективна примена=брзо умирање

-Ефективно планирање и ефективна примена=просперитет

-Ефективно планрање и неефективна примена=бавно умирање

-Неефективно планирање и неефективна примена=пропаст

16, Објасни ги елементите на маркетибг планирањето (процес на маркетинг


планирање низ фази)?
-Прва фаза-Резиме(кратко резиме за главните цели и препораки во планот)
-Втора фаза-Анализа на пазарот(SWOT анализа, кои ни се можностите,претпоставки)
-Трета фаза-Формулирање на стратегија(обработка на масијата и маркетинг целите),
Таргетирање на пазарот(разработка на маркетинг микс концептот и одредување
таргет група)
-Четврта фаза-Финансиски елемент(проценка на продажбата и на трошоците)
-Пета фаза –Контролна функција(дали соодветно се имплементирал планот и
препознавање на можните грешки)

17, Објаснете ги видовите на маркетинг планови?


-Офанзивни и дефанзивни
-На постоечки производ или на нов производ(маркетинг планот за нов производ може
да содржи повеќе непознатости)
-За домашен или за глобален пазар(излегувањето на глобален пазар бара добра
анализа заради специфичноста на пазарните сегменти)

19, На кои дименизи треба да се обрне внимание при селектирање на целните пазари
(Mc Kinlеy/General Electric матрицата?
- Се оценува атрактивноста на стопанската гранка/пазарот

(се оценува преку проценка на вкупната побарувачка на пазарот и фактичката


продажба на индустријата на пазарот)
-. Се идентификуваат конкурентите и нивната продажба, па потоа се оценува
компаниската конкурентната предност на пазарот

20, Што претставува позиционирањето на пазарот и какви пристапи постојат-објасни?


-Позиционирањето на пазарот му дава на производот јасно,посебно и пожелно место
во главата на целните потрошувачи во споредба со конкурентските производи.
 Позиционирањето во значаен дел се потпира на неопипливи, отколку на
опипливи атрибути кај производите.
 Секое позиционирање се прави врз база на еден или повеќе атрибути кај
производот, т.е. eдинствени емоционални предлози (ESP emotional selling
proposition)
 Позиционирањето се заснива на активности кои што ги превзема компанијата
за вршење на одредено влијание во мислите на купувачите.
 Резултат на успешно позиционирање е дистинкција
на производите (вредност на понудата и нејзината цена)
- позиционирање на вредноста

23, Објасни го маркетинг организирањето по принципот-функционален и географски


модел?

-Функционалната организација
Главниот збор во компанијата го има врвниот менаџмент односно извршниот
директор.Одлуката за извршување им ја проследува на менаџментот од средно ниво
каде се наоѓаат директорите за финансии,маркетинг,човечки ресурси,продажба и сл, а
тие на менаџментот од пониско ниво односно на менаџерите на одделни групи или
сектори.
-Географскиот модел
Исто така главниот збор го има извршниот директор,па ја проследува одлуката на
средниот менаџмент.Тие ја проследуваат одлуката на менаџментот на пониско ниво
каде што се наоѓаат менаџерите по определени региони.

26, Што претставуваат функциите маркетинг контрола и маркетинг ревизија-објасни?


 - Маркетинг контрола – проверка на исправноста и резултатите од
функционирање на секоја функција. Цел на контролата е да се согледаат
отстапувањата помеѓу планираните и извршените задачи и методолошкиот
пристап во остварување на целите.

 Маркетинг контролата содржи 4 (четири) основни чекори:


- Поставување на цели (стандарди или норми);
- Мерење на резултатите според овие стандарди или норми;
- Оценување (компарација) на остварените резултати и степен на девизација
- Корективна акција на отстапувањата од поставените стандарди и/ или
планови

 Маркетинг ревизија – дополнително, темелно, систематско, периодично


оценување како компанијата се вклопува и поврзува со средината, се
проверува маркетинг системот и одделните активности.
 Маркетинг ревизија треба да биде доволно независна и објективна,
спроведена од страна на внатрешна или надворена страна, за да ја има
довербата од врвот на раководството

You might also like