You are on page 1of 10

Тема 4: Економија на бизнисот

1.Основните принципи на економијата

Економијата е наука која што го изучува разместувањето (алоцирањето) на ретките


ресурси и нивна најефикасна употреба.

Основни принципи на економијата се:

1. Економија на ограничени ресурси


- Ресурсите кои ги користат бизнисите за производство на стоки и услуги се релативно
ретки дури и во економски најразвиените земји. Затоа претприемачите и менаџерите
мораат постојано да донесуваат одлуки за нивно штедење и рационално користење.
- Бидејќи економијта како наука се занимава со правилна алокација на ресурсите и
нивно алтернативно користење доаѓа до појава на опортунитетен трошок.
Опортунитетен трошок се јавува кога еден ограничен ресурс ќе се употреби за една
намена автоматски се губи можноста истиот да се употреби за друга намена. Тој е
изгубен приход од едната намена.
- Пример: Еден бизнисмен има 100 000 евра и можност да купи нова машина или парите
да ги стави во банка. Ако купи машина опортунитетен трошок е каматата што ќе ја
изгуби ако ги стави парите во банка. Ако парите ги стави во банка за камата,
опортунитетен трошок се приходите од машината што би ги добил.

2. Основни економски проблеми: што, како и за кого да се произведува?

Индивидуалните потреби, потребите на потрошувачите, на работниците, на менаџерите итн.


определуваат што ќе се произведе, како ќе се произведе и за кого ќе се произведе. Одговорите на
овие прашања постојано ги бараат бизнисите, барајќи профит преку системот за размена на
ресурси и информации

А) Што да се произведува

- Бизнисите се во постојана потрага по добра и услуги кои би можеле да ги


произведуваат и да ги понудат на пазарот. Откривањето на “вистинскиот” производ
кој најдобро ги задоволува потребите на луѓето, претставува одговор на прашањето:
што да се произведува?
Б) Како да се произведува?

- Секогаш постојат повеќе начини за производство на добра. Избраниот начин на


производство секогаш треба да ги задоволува критериумите за квалитет и корисност.

В) За кого да се произведува?

- Добрата и услугите што се произведуваат треба да бидат наменети за различни


категории на луѓе од аспект на нивната економска моќ односно во зависност од тоа
колку се подготвени да платат за нив

3. Маргинални големини
- Во економијата терминот маргинален значи дополнителен- производ, трошок, приход
и др. Пр: добар бизнисмен ќе вработи доплнителен работник ако дополнителниот
(маргиналниот) трошок за ново вработениот (неговата плата) е понизок од
дополнителниот (маргиналниот) приход што тој му го носи

4. Улогата на пазарот во пазарната економија


- Во економијата луѓето реагираат на промените и поттиците што доаѓаат од пазарот.
- Пазарот преку своите механизми: понуда, побарувачка, цена и профит го диктираат
однесувањето на бизнисмените

2.Средства на бизнисите

Фиксен капитал

За секој бизнис нормално да се одвива потребни се фактори за производство. Секој бизнисмен


најпрво ангажира средства за да изгради обијекти, да купи машини опрема и сл. Овие средства се
викаат фиксен капитал и тој се одликува со тоа што служи подолго време, се троши постепено и
дел по дел од својата вредност пренесува на новиот производ Пример: Машина со вредност од
100.000е, во производството се користи 10 години, значи дека машината просечно пренесува
вредност на новиот производ 10.000е годишно. Овој дел кои постепено се троши и се пренесува
на новиот производ се вика амортизација,

Амортизацијата ( од примерот 10.000е) се чува во амортизационен фонд на претпријатието. Од


примерот секоја година во овој фонд одат по 10.000е и по 10 години ќе се соберат 100.000е за да
се замени машината.
Основна функција на амортизацијата е замена на фиксниот капитал.

Амортизацијата може да биде:

- Временска

- Функционална

Временската амортизација го зема во предвид само времето од кога е набавено средството до


кога е отпишано смедководствено.

Функционалната амортизација се базира на пресметување на степенот на искористеност на


средството.

Техниката и технологијата напредуваат брзо и за да може бизнисите да применуваат современе


технологија мора годишно да издвојуваат повеќе парични средства за амортизација одколку што
изнесува потрошокот на машината. Оваа амортизација се нарекува забрзана амортизација.

Фиксните средства се делат во. 3 групи

1. Нематеријални вложувања- Се форма на вложување средства што се ефектуира во текот


на подолг временски период. Тука спаѓаат основачките вложувања, патентите, лиценците,
концесиите и др.

А) основачките вложувања се трошоци за изработка на документација за стекнување фиксни


средства, пред тие да почнат да се користат. Тоа се трошоци за изработка на проектна и друга
документација, трошоци за стручно оспособување и усовршување на вработените и сл.

Б) Патент претставува регистриран пронајдок

В) Лиценца претстаавува купено право да се користи или произведува туѓ пронајдок

Г) Концесија претставува овластување на бизнисот дадено од државата за да може да користи


јавни и комунални добра, да експлатира рудно богатство, да користи воздушен простор и др.
2. Материјални вложувања можат да се јават како природни богатства (градежно или
земјоделско земјиште, шуми, пасишта и сл). Градежни обијекти, опрема и др.

3. Долгорочни финански средства се парични средства што бизнисот ги вложува во бизниси кои
соработуваат со него- Банките

Обртен капитал

Во процесот на производство се троши обртен капитал во кои спаѓа: суровини, енергија, помошен
материјал, плати за вработените и др. Овие елементи во производството се трошат наеднаш и
наеднаш ја пренесуваат вредноста на новиот производ. Обртниот капитал се купува почесто
неделно или месечно.

3.Трошоци на бизнисите

Поим и суштина на трошоците

Секој бизнисмен во процесот на производство ангажира фактори за производство. За тие


фактори сопственикот прави парични издатоци за да ги купи или направи. Овие парични издатоци
што ги прави сопственикот се наречени трошоци. Тие се директно врзани со профитот на
бизнисот.

Трошоците можат да бидат: фиксни, варијабилни, просечни и маргинални.

Фиксни трошоци

Фиксните трошоци се оној вид на трошоци кои секогаш остануваат исти, безразлика на тоа
дали се променил обемот на производсво. Дури и да не работи претпријатието, овие трошоци
мора да се платат. Такви трошоци се:

1. Закупнините за изнајмени објекти, машини, опрема и сл.


2. Амортизацијата
3. Трошок за камата на долгорочни кредити
4. Трошоци за осигурување на имотот на бизнисот
Варијабилни трошоци

Варијабилните трошоци се трошоци кои се менуваат и се во директна зависност од


промените во производството. Такви се: трошоците за суровини, за плати на вработените, за
помошни материјали и др.

Вкупни трошоци

Бизнисите ангажираат работна сила, капитал и материјали. За различен обем на


производство има и различна висина на трошоците. Сите трошоци (фиксни и варијабилни)
направени за добивање на определено количество на производи се викаат вкупни трошоци

Просечни трошоци

Просечните трошоци се трошоци по единица производ. Тие се добиваат кога вкупните


трошоци ќе се поделат со бројот на произведени единици. Постојат: вкупни просечни трошоци,
просечни фиксни трошоци и просечни варијабилни трошоци.

Просечните фиксни трошоци се добиваат кога вкупните фиксни трошоци ќе се поделат со бројот
на аутпути. Просечните фиксни трошоци постојано опаѓаат со порастот на обемот на аутпутите.
Ваквото однесување на просечните фиксни трошоци во економијата упатува кон законот за
економии од обем. Законот за економии од обем вели дека производството во одделни сектори
може да биде ефикасно само ако се организира во масовни серии. На пример, во автомобилската
индустрија, фабрика за автомобили е ефикасна и рентабилна само ако произведува најмалку
300,000 автомобили годишно.

Просечните варијабилни трошоци се варијабилни трошоци по единица аутпут.

Маргинални трошоци

Маргиналните трошоци се најзначајниот вид на трошоци врз кои се потпираат деловните


одлуки и тие се доплонителни трошоци за доплнителна единица аутпут. Овие трошоци го
утврдуваат оптималниот обем на производство кој на бизнисот му овозможува да го максимизира
профитот.
4.Биланс на успех на бизнисот

Билансот на успех претставува преглед на вкупните приходи и трошоци на работењето на


претпријатието за определен временски период, најчесто една година. Тој е најзначајниот
сметководствен извештај и уште се нарекува биланс на добивка или загуба.

Во билансот на успех најпрво се евидентира вкупниот приход на претпријатието кој се добива со


продажба на произведените финални производи.

Од вкупниот приход се вадат:

- Директните или варијабилни трошоци


- Индиректните фиксни трошоци
- Општите трошоци (трошоци за транспорт, за маркетинг и административните трошоци)

Кога од вкупниот приход ќе се извадат сите претходни трошоци се добива оперативниот профит.

5.Финансирање на бизнисите

Класификација на изворите на финансирање на бизнисите

Едно од најзначајните прашања и проблеми со кои се соочува секој бизнис е


финансирањето. Својот раст претпријатието го финансира од сопствени и надворешни извори

Во сопствени извори на финансирање влегуваат: амортизацијата и профитот на претпријатието.

Амортизацијата служи за замена на потрошениот фиксен капитал, односно од амортизациониот


фонд. Собраните пари се инвестиратт во нова опрема.

Профитот на претпријатието се користи за модернизирање и проширување на бизнисот.

Во надворешни извори на финансирање влегуваат:

- Кредити од банките (комерцијални, развојни и меѓународни)


- Формален ризичен капитал
- Берза

Друга поделба е на:

- Неформални извори
- Формални извори

Во неформални извори на финансирање влегуваат:


1. Сопствените заштеди на основачот на бизнисот и 3F парите (позајмици од фамилијата,
роднините и пријателите)
2. Бизнис ангели
3. Бизнис инкубатори

Во формални извори на финансирање влегуваат:

1. Кредити од банките (комерцијални, развојни и меѓународни)


2. Формален ризичен капитал
3. Берзите

1.Доминантните форми на финансирање на бизнисите во различнни развојни фази

Патот кој го поминува едно претпријатие од моментот на неговото основање до моментот


кога тоа претпријатие е препознатливо на пазарот со своите производи е долг и економската
теорија го диференцира во развојни фази:

1. Зачетна фаза- фаза кога претприемачот во својата глава ја формира идејата за бизнис и
го формира концептот. Извор на финансирање во оваа фаза се сопствените заштеди и
3F парите.
2. Почетна фаза- фаза кога идејата е добро разработена и се изработува прототип на
производот. Извор на финансирање се бизнис ангелите.
3. Рана фаза – фаза кога производот се произведува и дистрибуира. Оваа фаза може да
трае до 5 години, а бизнисот сеуште да не носи профит. Извор на финансирање во оваа
фаза е формалниот ризичен капитал.
4. Доцна фаза – фаза кога бизнисот веќе работи со профит и неговиот развој е во нагорна
линија. Извор на финансирање се берзите.

2.Значење на 3F парите

Сопствените средства на основачот се особено важни како за бизнисот, така и за


привлекување на пари од други извори. Кога сопственикот ги вложува своите пари во
реализирање на идејата, им дава на знаење на другите инвеститори дека тој верува во својот
бизнис и е спремен да ги ризикува своите пари. На овој начин, претприемачот е слободен да
побара од други инвеститори да го поддржат неговиот бизнис.

Во 3F парите влегуваат и пари од фамилијата и пријателите. За да може претприемачот да


ги натера пријателите и членовите од фамилијата да инвестираат во неговиот бизнис, тој треба да
е чесен и отворено да им каже со кои проблеми бизнисот би можел да се соочи, кој е ризикот и
кои се можностите за враќање на оплодените пари. Најважно од се е да ги натерате да
инвестираат заради бизнис, а не заради тоа што се обврзани да помогнат.
3.Бизнис ангели

Терминот бизнис ангели потекнува од Бродвеј, каде што во 20-тиот век богатите луѓе
обезбедувале финансиски фондови со кои ги поддржувале театарските претстави, мјузиклите и сл.
Овој тип на финансирање бил мотивиран од љубов кон музиката, театарот, уметноста и др.
Подоцна овој тип на инвестирање почнал да се користи за поддршка на млади, мали бизниси, со
што термиот бизнис ангели го попримил сегашното значење.

Бизнис ангелите се богати поединци, поранешни претприемачи кои своите пари ги


инвестираат во нови мали бизниси најчесто во почетната фаза. Инвестирањето подразбира
вложување на пари во замена за акции, но вложување и време и експертизам, со крајна цел да го
помогнат развојот на бизнисот и со продавање на акциите да остварат финансиска добивка.

За бинис ангелите значајно е тоа што:

1. Тие самостојно одлучуваат во кој бизнис ќе инвестираат и обично бираат нов мал
бизнис кој ветува брз раст и развој.
2. Тие имаат менаџерски претприемачки вештини, знаење, но веќе не се активни,
туку со купување на акции од бизнисот го помагаат. Помагањето е и во давање
совети, пренесување искуство и сл.
3. Бизнис ангелите не вложуваат во фирми чии газди се нивни роднини.
4. Тие не остануваат трајно во фирмата, штом ќе ги оплодат парите, бараат нови
мали бизниси.

4.Бизнис инкубатори

Првите бизнис инкубатори во Македонија се формирани 1997 год. и тоа во помалку


развиените општини. Во 2001 год. формиран е првиот бизнис инкубатор во Скопје. Инкубаторите
на претприемачите кои се сместени кај нив им нудат: евтин деловен простор, користење на
заедничка опрема, техничка, економска и правна помош, администативни услуги и сл.
Инкубаторите даваат поддршка на нови мали бизниси во почетокот на нивниот живот.

Во првата година поддршката е 60%, во втората 40%, во третата 20% од вкупната цена на
услугата. По навршување на трите години бизнисот треаба да го напушти инкубаторот и да
продолжи да работи под пазарни услови, а на негово место ќе дојде друг корисник.

Доколку после 3 годни бизнисот нема да може да опстане, тоа е знак дека нешто не е во
ред со бизнис идејата и претприемачот треба да оцени дали ќе се преструктуира или ќе престане
со тој бизнис.

Можни основачи на бизнис инкубатори се: општините, невладините организации и


асоцијации, фондации и др.
5.Комерцијални банки

Комерцијалните банки за бизнисите обезбедуваат кредити, акционерски капитал и


совети и експертизам.

Комерцијалните банки може да ги кредитираат фирмите со краткорочни кредити преку


пречекорување на влоговите на фирмите и влегување во „црвено салдо“. Фирмите потоа парите
ги враќаат со определена затезна камата.

Комерцијалните банки може да ги финансираат фирмите со долгорочно кредитирање.


За ваквото финансирање банката како заштита зема хипотека, притоа фирмата мора да го исполни
основниот услов, а тоа е да има добар бизнис план од кој се гледа дека идејата е профирабилна.
Комерцијалните банки соработуваат со своите клиенти и им даваат совети за раст на нивните
пари.

6.Формален ризичен капитал

Основен принцип на работење на формалниот ризичен капитал е вложување на пари,


време и експертиза во мали бизниси за да се развие бизнисот и со продавање на акциите да се
оствари профит.

Формалниот ризичен капитал се дели на 2 дела:

 Институционални инвеститори – го сочинуваат пензиските фондови,


осигурителните фондови, донациски фондови на богати поединци и фамилии и
сектори од комерцијалните банки кои имаат големи парични средства.
 Компанија на ризичен капитал – добива средства на купување од
институционалните инвеститори и ги вложува во растечки бизнисисо цел на
зголемување на средствата.

ФРК финансира во фирма која ги исполнува следниве критериуми:


 Фирмата има јак менаџерски тим
 Менаџерскиот тим има експертски знаења и може да ги следи промените
 Сопственикот на бизнисот е јака личност и има поддршка од бизнисот
 Фирмата произведува производи барани на пазарот

7.Берзи

Берзите се секундарен пазар на капитал на кој се врши купување и продавање на


еднаш веќе именувани хартии од вредност. На светските берзи (Њујоршка, Лондонска и
Франкфуртска) критериумите за котирање (продавач на акции) се многу строги и таму може да
котираат само големи корпорации. На овие берзи МСП нема пристап. Затоа во некои развиени
земји (Англија, Холандија, Јапонија, Данска, Франција, САД) се формираат пазари на некотирани
хартии од вредност, пазари преку шалтери преку кои можат да котираат и МСП бидејќи условите
за влез се поблаги. Вредноста на овие пазари преку шалтер е таа што фирмата која сака да купи
или продаде акции склучува договор со некоја инвестициска или универзална банка тоа да го
направи за неа, а фирмата плаќа одреден процент.

You might also like