You are on page 1of 12

ИСПИТНИ ПРАШАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ ПРЕТПРИЕМНИШТВО

1. Карактеристики на претприемништвото:
1. ИНОВАЦИЈА-КОЈА СОЗДАВА КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ И ОД КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА МОЌТА И
СИЛАТА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО,
2. РИЗИК-ПРЕСМЕТАН Е НО НЕ ИСТ КАКО РИЗИКОТ ВО КОЦКАЊЕТО,
3. КОМБИНАЦИЈА И ЗАЕМНА СУТСТИТУЦИЈА НА РАЗВОЈНИТЕ ФАКТОРИ-ВКЛУЧЕН И Т.Н.
МАРКЕТИНГ МИКС
4. РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА РЕСУРСИТЕ-НИВНА АЛОКАЦИЈА КОН ТОЧКИТЕ НА НАЈВИСОКА
ПРОДУКТИВНОСТ.

2. Лични карактеристики на претприемачот според Џон Берч:


1. ЖЕЛБА ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ-МНОГУ Е ЗАДОВОЛЕН КОГА ГИ РЕШАВА
ПРОБЛЕМИТЕ,
2. ПОСЕДУВА КАПАЦИТЕТ ЗА ОБЕМНА РАБОТА-МОЖЕ ДА РАБОТИ НАПОРНО И
ДОЛГО,
3. РАБОТИТЕ ГИ ЗАВРШУВА ДО КРАЈ-ИМА ЧУВСТВО НА ОДГОВОРНОСТ З АТОА
ШТО ЗАПОЧНУВА ДА ГО РАБОТИ,
4. САКААТ ДА ОСТВАРАТ ПРОФИТ-НО НЕ КАКО ПРОФИТ ТУКУ КАКО МЕРКА ЗА
ОСТВАРЕН УСПЕХ.
5. ЗА СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ САКААТ ДА БИДАТ ДОБРО НАГРАДЕНИ-ПАРИЧНАТА
НАГРАДА ИМ Е ВАЖНА , НО САКАТ ДА БИДАТ ПОЧИТУВАНИ ВО СРЕДИНАТА.
6. НЕПОПРАВЛИВИ ОПТИМИСТИ-ТЕШКОТИИТЕ ГИ СМЕТАТ ЗА ПРИВРЕМЕНИ И
НИВ ГИ ГЛЕДАТ КАКО МОЖНОСТИ.

3. Услови за отпочнување на претприемничка активност:


- Денешните услови за стопанисување се карактеризираат со изразени економски-
развојни димензии во кои големо значење има претприемничка активност не само од
аспект на зголемување на производството туку и од аспект на задоволување на
потребите од потрошни добра и услуги.
- Отпочнувањето со прептриемничка активност бара задоволување на одредени
неопходни услови. Како неопходни услови за отпочнување на претприемничката
активност се наведуваат следниве:
поседување на претприемнички дух
зголемување на бројот на малите претпријатија
мотивите на претприемачот за отпочнување за сопствен бизнис
поседување на одредени лични карактеристики
ризик од претприемничката активност и
 Мотивираност од можноста за остварување на профит.
4. Ризици при започнување со претприемничка активност:
Претприемачот не може да го предвиди ризикот од деловната активност во моментот на
започнување на истата туку тој може да ги предвиди само факторите кои го водат до
остварување на задоволителни деловни резултати. Секој деловен потфат е изложен на
соодветни ризици односно различни опсаности кои идните претприемачи не ги посакуваат
но не можат од нив да побегнат. Како можни ризици при започнување со претприемничка
активност се издвојуваат следниве:
- Финансиски ризик односно финансиска загуба која може да настане доколку добро
не се проценат вложувањата во деловниот потфат
- Ризик од уништување на кариерата на деловниот потфат
- Ризик од психички заболувања и сл
- Ризик од запоставување на фамилијата и сл.

5. Разлики меѓу претприемач и менаџер:


1. МЕНАЏЕРИТЕ СЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ ДИРЕКТОРИ, ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ ВООБИЧАЕНО СЕ
СОПСТВЕНИЦИ.
2. МЕНАЏЕРИТЕ НЕ СЕ СОПСТВЕНИЦИ ИЛИ ПОСЕДУВААТ МАЛ БРОЈ АКЦИИ,
ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ СЕ СОПСТВЕНИЦИ И НЕ САКААТ ДА ЈА ДЕЛАТ
СОПСТВЕНОСТА СО ДРУГ
3. МЕНАЏЕРИТЕ СЕ СОЛИДНО ЕДУЦИРАНИ ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ НЕ СЕ ВИСОКО
ЕДУЦИРАНИ
4. МЕНАЏЕРИТЕ ВНИМАВААТ ПРИ ОДЛУЧУВАЊЕТО,ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ СЕ
КРЕАТИВНИ И ИНОВАТИВНИ И СЕ ОДНЕСУВААТ ВРЗ ОСНОВА НА БАРАЊАТА
НА ПАЗАРОТ.
5.

6. Карактеристики на малите претпријатија:


Малите претпријатија претставуваат претпријатија кои се во сопственост на едно лице или
индивидуа. Како основни карактеристики на малите претпријатија можат да бидат:
- Број на вработени
- Малиот обем на работа
- Малиот обем на потрошувачи кои ги опслужуваат
- Подрачје на дејствување и
- Обем на промет.

7. Причини за отпочнување со претприемничка активност:

8. Програми за едукација и обука на претприемачите


9. Извори на информации за посакуваниот бизнис:
Истражувањето, развивањето и проектирањето на посакуваниот бизнис бара од претприемачот да
поседува доволно информации за истиот. Новите бизниси се најчувствителни во фазата на развој. За да
се намали чувствителноста и ризикот за новиот бизнис потребно е потенцијалниот претприемач да
биде доволно информиран.Изворите на информации може да бидат различни.

- Во основа тие може да бидат поделени на :


 Примарни извори на информации и
 Секундарни извори на информации

 Примарните информации може да се добијат на различни начини: преку набљудување,


интервјуа, анкети и прашалници спроведени на одредена група испитаници.
 Кога се спроведува физибилити студија за ново проектиран бизнис потребно е да се
спроведат анкети и прашалници за добивање на информации за потенцијалните купувачи.
Наједноставен начин да се добијат посакуваните информации е да се спроведе истражување на
пазарот преку анкети и прашалници.

 Секундарните извори на информации претставуваат официјално публикувани податоци кои се


креирани од државни институции, министерства, агенции, финансиски институции – банки,
локални институции, стопански комори и сл. Секоја институција има сопствена веб страна преку
која потенцијалните претприемачи може да ги добијат потребните информации. Во иднина,
потребните информации, претприемачите ќе може да ги добиваат само преку официјални
интернет пребарувачи а не преку пишани, публикувани извори на информации. Во групата на
секундарни извори на информации спаѓаат:
 Публикувани информации и
 Интернет информации - онлајн бази на податоци и податоци достапни на ЦД.

10. SWOT анализа:


Преку SWOT анализата се врши анализа на екстерното и интерното окружување. Називот SWOT анализа
потекнува од следните англиски зборови :
S-Strengths-сили
W-Weaknesses-слабости
O-Opportunities-можности, шанси
T-Threats-закани, опасности

- Силите (Strenghts) всушност претставуваат јаки страни и ги определуваат јаките точки на


претпријатието. При определување на силите потребно е да се има реален пристап.
Претпријатијата вообичаено имаат неколку или само една сила, предност дефинирана како
предност која постои во претпријатието но истата на различни начини постојано претпријатието
ја користи.

- Слабостите (Weaknesses) претставуваат слаби точки од аспект на претпријатието и од аспект на


потрошувачите. Слабостите ги претставуваат основните недостатоци кои се присутни или може
во блиска иднина да имаат влијание на работата и опстанокот на претпријатието и
симптоматските слабости во кои може да бидат содржани некои основни слабости.

- Можностите (Opportunitis) претставуваат акции кои претпријатието потенцијално може да ги


преземе со цел остварување на определените стратегиски цели. Идентификувањето на
можностите зависи од промените кои се случуваат во технологијата и пазарот, конкуренцијата,
промените на државно ниво, промени во законската регулатива, промени во банкарскиот и
социјалниот сектор, промени во начинот на живот и сл.

- Заканите, опасностите (Threats) претставуваат подрачја во кои претпријатието е осетливо од


аспект на конкурентните претпријатија. Опасностите претставуваат клуч против кој
претпријатието треба да ги насочи своите напори заради одржување на бизнисот и
напредување на пазарот.

11. Проектирање на новиот бизнис:


Проектирањето на новиот бизнис подразбира проектирање и пронаоѓање на потребни ресурси кои се
состојат од финансиски и соодветни човечки ресурси со соодветни вештини како и проектирање на
временската и просторна димензија на бизнисот а тоа е времето кога новото претпријатие ќе отпочне
со работа и местото на извршување на дејноста. Новиот бизнис може да биде проектиран од поединец
- потенцијален претприемач или пак од група потенцијални претприемачи - основачки бизнис тим.
Проектирањето на новиот бизнис опфаќа :
 Проектирање на деловен план и
 Проектирање на акциони планови

Процесот на проектирање на деловен план се состои од неколку фази :


 Анализа и истражување на пазарот
 Анализа на производствената стратегија
 Анализа на пазарната стратегија
 Анализа на трошоците на работењето

12. Бизнис план-содржина:


- Бизнис планот претставува мапа, скица на посакуваниот бизнис преку која претприемачот се
обидува да стигне до посакуваната цел. Бизнис планот не е ништо друго освен едноставен план на
бизнисот или алатка, средство преку кои се реализираат бизнис идеите. Едноставно, на лист
хартија се запишува она што е бизнис идеја, како да се реализира бизнис идејата и кога да се
реализира. Едноставно кажано, бизнис планот е пишана подготовка на бизнис активностите.

- Иако не постојат пишани правила за тоа што треба да содржи секој бизнис план во
основа тој треба да содржи одговор на следните прашања:
 Која е бизнис идејата ?
 Како да се реализира бизнис идејата (што содржи финансискиот план, планот за производство и
планот за маркетинг ? и
 Кога ќе се реализира бизнис идејата ?

- Квалитетниот бизнис план ги содржи :


 целите на бизнисот,
 потребните активности за реализирање на целите,
 финансиските средства потребни за реализирање на бизнисот и
 временската димензија за реализирање на бизнисот.

13. Принципи за составување на бизнис план


14. Составни делови на бизнис планот:
- Насловна страна на бизнис план - Секој бизнис план треба да започне со насловна страна. На истата
се забележани називот и адресните податоци на претпријатието и личните податоци на
претприемачот, сопственик на претпријатието.

- Содржина на бизнис план - Во содржината на бизнис планот наведени се посебно сите елементи од
кои е составен бизнис планот и број на страна. Од содржината на прв поглед може да се увиди дали
бизнис планот е комплетен или не.

- Резиме - Резимето содржи краток опис на бизнис идејата и информации од кои секој кој го чита ќе
добие јасна слика за тоа што е бизнис идејата. Резимето претставува важен дел од бизнис планот па
затоа е потребно внимателно да се пишува.

- Воведен дел - Во воведниот дел опишани се главните аспекти на бизнис планот. Во овој дел кратко и
јасно треба да биде опишана основната цел која претприемачот има намера да ја реализира преку
бизнис планот, дејноста во која ќе работи претпријатието, предметот на работа и финансиските
средства потребни за реализирање на бизнис планот.

- Главни делови - Главните делови на бизнис планот се опишани преку опис на работата на
претпријатието, анализа на претпријатието, анализа на производствениот процес, анализа на пазарот и
финансиска анализа.

- опис на работата на претпријатието

- анализа на претпријатието - Секое претпријатие работи во одредена дејност или сектор. Анализата
на претпријатието содржи информации за самото претпријатие и тоа :
 Oд кога постои претпријатието ?
 Кои се основачи на претпријатието ?
 Колкав е износот на поединечните влогови ?
 Колкав е основачкиот влог на претпријатието ?
 Кои се основните карактеристики на дејноста која ја извршува претпријатието?
(производствено, трговско или услужно претпријатие)

- анализа на производствениот процес - Секој ефективен бизнис план содржи анализа и развој на
производствениот процес. Инвеститорите се заинтересирани за производствениот процес и неговиот
развој. Оваа анализа содржи одговор на основното прашање :
 Кои се основните производи или услуги ?

- анализа на пазарот - Анализата на пазарот содржи информации за тоа каде и како претприемачот
планира да ги продава производите и услугите. Претприемачот треба внимателно да ја разработи оваа
етапа од бизнис планот бидејќи овде се содржани информации за она што е најважен интерес на
претприемачот а тоа е остварување на профит и ефектуирање на самата бизнис идеја.
- финансиска анализа - Секој дел од бизнис планот има посебна важност. Финансиската анализа
претставува оној дел од бизнис планот кој обезбедува информации за финансиската проценка на
средствата кои ги има претпријатието и е подготвено да ги ќе вложи во бизнисот.

- Извештај за готовински тек - Составен дел на финансиската анализа е извештајот за готовински


тек. Извештајот за готовински тек содржи информации за износот и периодот на очекуваните
приходи и трошоци за определен временски период. Предвидувањето на приходите и
трошоците му овозможува на претприемачот реално да ја согледа потребата од финансиски
средства а во периодот кога тие се достапни, полесно да ги распореди на соодветни позиции.

- Фиктивен финансиски извештај - Краен резултат на финансиската анализа е изработка на


фиктивен финансиски извештај или фиктивен - предвиден биланс на состојба и биланс на
приход или популарно наречен биланс на успех. Предвидувањето на овие извештаи е во
зависност од предвидувањата на пазарот.

- Завршен дел - Во последниот, завршен дел од бизнис планот треба да биде прикажана временската
димензија на бизнис планот односно кој период - кога ќе се реализираат основните активности од
бизнис планот. Определувањето на временскиот период за реализирање на активностите им помага на
претприемачите да ги намалат грешките во планирањето на активностите бидејќи често пати
претприемачот греши во предвидувањето на не реални цели и активности.

- Прилози - Основниот дел од бизнис планот треба да биде краток и да ги прикаже оние информации
кои се потребни за реално и целосно прикажување на бизнис идејата. Преку прилозите поконкретно се
објаснуваат одредени сегменти од бизнис планот а потенцијалните инвеститори и сите кои го читаат
бизнис планот добиваат важни информации за бизнисот.

15. Можни грешки при изработка на бизнис планот:


- Новите бизнис планови се соочуваат со многу ризици. Успешен бизнис план значи прифатен бизнис
план од потенцијалните инвеститори. При презентирањето или за време на реализирањето на бизнис
планот претприемачите може да се соочат со неуспех.
- Лошо изработен бизнис план - значи некомплетен бизнис план, во кој недостасува почетната,
насловна страна или пак недостасуваат други делови од содржината на бизнис планот. страна или пак
недостасуваат други делови од содржината на бизнис планот. Лошо изработениот бизнис план или
некомплетниот бизнис план остава лоша слика кај потенцијалните инвеститори кои може да добијат
чувство дека би работеле со аматери кои не се со сериозни намери во бизнисот.
- Премногу обемен бизнис план - може да предизвика двоумење кај потенцијалните
инвеститори за намерата на претприемачот бидејќи наведува на мислење дека зад големината
на бизнис планот се прават обиди да се прикријат одредени недостатоци на идејата.

- Премногу краток бизнис план - исто така може да предизвика сомнеж кај инвеститорите
бидејќи тие ќе помислат дека претприемачот се обидува да прикрие одредени информации за
бизнисот. Неуспехот во прикажувањето на сопствената идеја значи и потенцијален неуспех на
бизнисот, поради што инвеститорите не би се одлучиле да инвестираат во новиот бизнис.
- Предолг опис на резимето - ја заскрива содржината на основната бизнис идеја а недобро
разбраната бизнис идеја претставува услов за неуспех на бизнис планот.

- Лош приказ на производствениот процес - оневозможува претприемачот да согледа во која


развојна фаза е производот, дали сега ќе се воведува, или е веќе развиен бидејќи брзината на
материјализација на вложените средства зависи од фазата на развојниот процес на производот.

- Лош приказ на пазарната анализа - придонесува инвеститорот да не добие одговор на


основните прашања за продажба на производите а тоа се :
Дали има потрошувачи за производите ? и
Дали потрошувачите се подготвени да го купат производот ?

- Лош приказ на финансиската анализа - само ја отежнува постапката на избор на бизнис планот.
Финансиските предвидувања се оној елемент од бизнис планот кој покажува дека
претприемачот ја избира идејата за да оствари профит.

- Лошо изработен или не изработен завршен дел - од бизнис планот претставува грешка во
изработката на планот бидејќи отсуството на информации за временската рамка на бизнис
планот создава несигурност и неизвесност за инвеститорите а и за самиот претприемач.

16. Презентација на бизнис планот:


- Изработениот бизнис план, потребно е да биде презентиран. Колку и да е добар изработениот
бизнис план, доколку не биде презентиран значи како и да не е изработен. Добрата презентација пред
се зависи од самиот претприемач. Презентацијата претставува можност да ја покаже и докаже
претприемачот својата идеја а не како состојба на стрес и стравување од неуспех.
- Формалната презентацијата на бизнис планот за самиот претприемач претставува предизвик и
можност да се победи стравот и несигурноста и да се покажат вистинските вредности на планот и
способноста на претприемачот. Кога претприемачот вака реагира на стресните ситуации,
презентацијата повеќе се доближува до очекувањата и веднаш добива нова форма. Тој може да
реагира негативно или позитивно.

17. Принципи за презентација на бизнис планот:


За успешно одржување на презентацијата потребно е претприемачот да ги применува следните
принципи:
 Добри подготвителни активности – добра подготовка за презентација
 Внимателен избор на содржината за презентацијата
 Внимателен избор на зборовите за презентацијата
 Сериозност и убедливост во презентацијата
 Повторување и
 Отвореност за соработка со присутните

 Добри подготвителни активности – добра подготовка за презентација ја истакнува важноста на


оваа работа. И најдобриот бизнис план ако остане во фиока или ако биде лошо презентиран,
ќе стане најлош план. Добрата подготовка обезбедува успех. Претприемачот треба да го знае
времето за презентација, на пример 15 минути и во тој период да се подготви прецизно,
убедливо и внимателно да ја прикаже идејата.

18. Форми за започнување со мал бизнис

19. Физибилити студија за основање на ново претпријатие

20. Анализа на пазарот на производите и услугите кои ќе ги нуди новото претпријатие

21. Анализа на локација на новото претпријатие

22. Финансиските потреби за започнување со работа на мало претпријатие

23. Правни барања за работење на претпријатието

24. Договор за основање на мало претпријатие

25. Правна регулатива за основање на претпријатие во Република Македонија

26. Специфични карактеристики на ново формирано мало претпријатие

27. Негативни карактеристики на организационата форма-основање на ново претпријатие

28. Процес на купување на постојно претпријатие

29. Анализа на екстерното окружување

30. Анализа на интерното окружување

31. Анализа на правната документација

32. Донесување на одлука за купување на постојно претпријатие

33. Промена на сопственоста на постојното претпријатие

34. Оценување на бизнисот

35. Причини за продавање на претпријатието

36. Анализа на профитабилноста на претпријатието

37. Анализа на екстерното окружување


38. Анализа на интерното окружување

39. Можностите за идниот претприемач од купување на постојно претпријатие

40. Ограничување за идниот претприемач од купувањето на постојно претпријатие

41. Поим и карактеристики на фамилијарниот бизнис

42. Видови фамилијарен бизнис

43. Организациска структура кај фамилијарни претпријатија

44. Управување во фамилијарни претпријатија

45. Процес на стратегиски менаџмент во фамилијарни претпријатија

46. Фамилијата и бизнисот

47. Критериуми за усогласување на барањата на фамилијата и бизнисот

48. Сукцесија на фамилијарен бизнис

49. Модел на сукцесија на фамилијарен бизнис

50. Поим за франшиза:


Во економската литература од франшизата се зборува како начин на започнување со мал бизнис или
како начин за брза експанзија,раст и развпј на веќе постојно претпријатие односно како можност за
подобрување на бизнисот. Поимот франшиза потекнува од францускиот збор “franchie” што значи
привилегија. Франшизата ги определува формалните односи кои се воспоставени помеѓу сопственикот
на производот,процесот или услугата и сопственикот на малиот бизнис.

51. Видови франшиза:


- франшиза за дистрибуција подразбира склучување на договор помеѓу две независни
страни,франшизер и франшизант за размена на определени теритотијални права,да чува одредени
количини на стоки и услуги на залиха,да ги одржува производите и услугите на начин предвиден во
договорот соодветно на стандардите на франшизерот.
- франшиза за производство претставува еден вид договор за фарншиза склучен помеѓу две страни кои
се правно независни со кој се регулираат односите во производството односно производот и времето
на производство.
- франшиза по име претставува договор со кој му се овозможува на корисникот на франшизата да го
користи името на позната личност со цел зголемување на продажбата на определен производ или пак
името на позната личност се користи како симбол за квалитетот на одреден производ.
- франшиза на трговска марка претставува таков вид на франшиза каде што познат производ
комерцијално се користи за надоместок наместо името на поединец. Франшизата на трговска марка
постои тогаш кога франшизантот ги купува правата за користење на трговска марка од франшизерот но
без правото да го диструбуира производот под името на франшизерот.
52. Избор на договор за франшиза:
53. Учесници во франшизата
54. Права на франшизерот
55. Обврски на франшизерот
56. Права на франшизантот
57. Обврски на франшизантот
58. Можности за сопственикот на франшизата
59. Ограничувања за сопственикот на франшизата
60. Можности за идниот претприемач од склучениот договор за деловна франшиза
61. Ограничувања за идниот претприемач од склучениот договор за деловна франшиза
62. Е-претприемачки бизниси и претприемачи:
Последните неколку години електронското работење и е-бизнисите имаат се поголема улога во
секојдневниот живот. Сведоци сме на еден од најважните настани a тоа е забрзаниот развој на
информатичката технологија. Забрзаниот развој на информатичката технологија го менува начинот на
работа, учење и живот воопшто. Развојот на науката и технологијата придонесува за дигитализирање на
сите области а преку тоа и промена на начинот на живот и работа на сите во окружувањето.

63. Е-активности:
Електронскиот бизнис или популарно наречен е-бизнис ги опфаќа сите активности кои претпријатието
ги реализира со комитентите а тоа се нарачките, доставата, плаќањето на производите и услугите,
односно купувањето и продавањето на производите и услугите, меѓусебната размена на производите и
услугите преку електоронски мрежи или интернет како и активностите кои се реализираат внатре во
претпријатието а конкретно се однесуаваат на самиот процес на производство, истражување и развој,
човечките ресурси и начинот на работа. Преку е-технологијата и интернетот, претпријатието се
поврзува со своите соработници, набавувачи, конкуренти и потрошувачи.

64. Користење на информатичката технологија и интернетот:


Користењето на информатичката технологија и интернетот од страна на претприемачите и малите
претпријатија подразбира избор на една од следните можности :
 Избор и користење на интернет технологија за евидентирање и следење на финансиската
евиденција,
 Собирање и употреба на бази податоци со користење на соодветен софтвер,
 Користење на информатичка технологија за финансиски трансакции и електронска
комуникација со потрошувачите и клиентите и
 Користење на информатичка технологија за маркетинг активности со користење на телефонска
или интернет комуникација.

65. Подрачја на користење на информатичката технологија и интернетот:


Од аспект на употребата на современата информатичката технологија од страна на малите
претпријатија може да издвојат две подрачја на користење на истата :
 Употреба на е-технологијата за насочување и користење на деловните информации и
 Употреба на е-технологијата за пренесување на деловните информации

66. Причини поради кои не се користи информатичката технологија и интернетот:


Постојат повеќе причини поради кои претприемачите не ги користат информатичката технологија и
интернетот во своето работење. Од поголемиот број причини може да се издвојат следните:
 трошоците и достапноста на информатичката технологија и интернетот,
 трошоците и достапноста до стручни лица експерти за правилна употреба и користење на
информатичката технологија и интернетот,
 обука и стекнување на потребните вештини за користење на информатичката технологија и
интернетот и
 одбивност од воведување промени во работењето и користење на традиционалните деловни
практики во работењето.

67. Електронски пристап до претпријатијата:


Претпријатието може да има изработена квалитетна веб страница но тоа нема никаква важност
доколку потрошувачите немаат начин и пристап да бидат информирани за тоа. Затоа пристапот до
интернет профилот на претпријатието е исто така важно како и самата веб страница на претпријатието.
Преку својата веб страница секое претпријатие има за цел да биде многу посетувано. За да го постигне
тоа треба да биде регистрирано кај интернет пребарувачите. Наједноставен начин за електронски
пристап до веб страницата на претпријатието е електронското пребарување со помош на пребарувачи и
директориуми.

68. Предности од е-бизнисот за претприемачите:


Е- бизнисот им овозможува голем број придобивки на малите претпријатија и претприемачите. Е-
бизнисот и е-технологијата создаваат услови за подобрување на бизнисот и извршување на бизнис
активностите. Е-бизнисот и е-технолигијата им овозможуваат пристап :
 на малите претпријатија на глобалниот пазар ;
 на малите претпријатија во глобалните синџири на набавка на материјали и суровини;
 на услужните претпријатија до големите клиенти;
 пристап за промоција и развој на сите гранки во економијата, земјоделството, услужните
претпријатија, туризмот и сл. и
 до современите начини на маркетинг и промоција на производите и услугите.

69. Слабости од е-бизнисот за претприемачите:


Користењето на Е- бизнисот и интернетот во насока на подобрување на работењето на малото
претпријатие е можно доколку претпријатието има соодветна стратегија за електронско работење
и соодветен менаџмент и човечки ресурси за реализирање на стратегијата. Но секоја работа или е-
бизнис се следени од соодветни ризици. Претпријатијата за да ги искористат придобивките од е-
бизнисот, мора внимателно да пристапат во разгледувањето на сите аспекти од електронското
работење. Затоа малите претпријатија треба конкретно и прецизно да ги определат своите цели на
работење и да го дефинираат сето она што сакат да го постигнат преку електронското работење.
70. Начини за обезбедување на заштита во е-работењето

You might also like